s work no.33

12
S-WORK NO. 33

Upload: trajan3

Post on 22-Jul-2016

216 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

By Star-Star

TRANSCRIPT

Page 1: S work No.33

S-WORKNO. 33

Page 2: S work No.33

Имавме можност и привилегија да дознаеме повеќе за животот на една 27 годишна транвеститка од Скопје која се занимава со сексуална работа. „Родена сум во предградието на Скопје. Потекнувам од традиционално семејство со кое живеев за време на целото мое детство. Како дете бев навистина сакан и почитуван не само од моето семејство туку и во друштвото и околината. Јас сум син на еден прав Балканец. Како поминуваше времето, така се повеќе стануваше јасно дека сум поразлична од моите врсници, а тоа го забележуваа и моите родители.“ – раскажува Лила, како да сака тој дел од нејзиниот живот да го прескокне. Направи кратка пауза, се намурти и продолжи. „Уште во детството бев поразлична од другите. Тоа се забележуваше уште од Основно училиште. Не ме интересираше спорт, сакав само да играм. Моите ми забрануваа, се плашеа дека можеби ќе станам геј. Но тоа не оди баш така. Јас сум жена која е заробена во машко тело. Тоа е за мене вистината, како што за тебе е вистина дека имаш плави очи. Мојот татко не можеше да го прифати тоа, не можеше да поднесе синот да биде ќерка, дури и по цена синот да биде и длабоко несреќен. Па затоа се криев.“ – продолжува Лила. „За време на пубертетските години, на 14 годишна возраст сфатив дека нема враќање назад, а на 16 години почнав да се облекувам како девојка. Знаев дека нема да биде воопшто лесно.“ - ни раскажува Лила. Повеќе не и е непријатно да разговара со мене. Не ме познава, но добро се познава себеси.„Кога првиот пат купив женска гардероба, како нешто во мене да се промени. Тоа сум јас. Бев среќна, но незнаев дека ќе ме чека голема борба.“ – кажува низ смеа. „Сестра ми повеќе ме сака, но има и некој кој ме мрази.“„На мои 24 години започнав да се занимавам со сексуалната работа. Почнав како масерка на еротски масажи, но со текот на времето почнав да нудам и секауални услуги. На инсистирање на една моја другарка исто така транс личност, започнав со масажи и таа ме упати во оваа работа.Сега работам сама, во изнајмен стан во Скопје. На почетокот работев исклучиво по препорака од други сексуални работнички, се додека не стекнав мои постојани клиенти. Клиентите ги наоѓав преку разни печатени огласи, но и на многубројни интернет сајтови. Сум се соочувала со навистина непријатни ситуации, кога одредени клиенти барале да им се вратат парите назад, ми се заканувале итн., но секогаш сум гледала тоа да биде решено на мирен начин, бидејки нашите институции не преземаат ништо ако ти се случи нешто непријатно како силување, и било какво малтретирање, физичко или психичко. Денеска покрај мојата работа, ја сум и активистка за човекови права, и од неодамна станав дел од здружението за поддршка на сексуалните работници - СТАР-СТАР.

Отворен разговор

со една транвеститка

од Скопје

Page 3: S work No.33

За транс личностите дури и нивното појавување во јавност како шетање по улица е опасно. Ако одам до продавница, некој веднаш ми префрла. Тешко е да те сфати некој кој воопшто не те познава, а сака да те повреди, а ти на него не му мислиш зло. Многу е тешко за другите транс личности кои лесно се препознаваат. Ми се случило дури и девојки да ми бидат љубоморни ако нејзиниот дечко го сврти погледот кон мене. Има некои луѓе кои откако подобро ќе ме запознаат сфаќаат дека сум нормална личност како и секоја друга, која сака да се шегува и дружи, меѓутоа со свој личен избор за сексуалната ориентација, како и работата што ја работам.

„Кога првиот пат купив женска гардероба, како нешто во мене да се промени. Тоа сум јас. Бев среќна, но незнаев дека ќе ме чека голема борба.“

Page 4: S work No.33

Кратко резиме на проектот

„Студентите во сексуалната индустрија“

„Живеев од сексуалната работа за време на студирањето“

Неодамна, истражувачите од Универзитетот од Свонсил ги објавија резултати од проектот „Студентите во сексуалната индустрија“, кој претставува прв сеопфатен обид да се анализира состојбата на студентите кои исто така работат како сексуални работници. Ова истражување открива дека 5% од студентите даваат „директни“ сексуални услуги , но и „индирекно“, како што се фоторафирањето, веб камери и хот-лајн разговори. Иако 5% е навистина мал број од студентите, сепак повеќето од испитаниците размислувале како да се добие работа во секс индустријата за да можат да го продолжат високото образование.Некои од наодите на оваа студија не се изненадувачки. Со зголемувањето на школарината, како и намалувањето на универзитетските средства за стипендии и кредити, работата во секс индустријата станува се попривлечна за студентите кои имаат финансиски потешкотии. Голем број сексуални работници, изјавиле дека минималната плата или скратеното работно време во секс индустријата не им претставува опција, а најчеста причина за вклучување во сексуалната работа е добивањето повеќе пари. Според ова истражување спроведено помеѓу студентите кои работат како сексуални работници, поголем број се мажи отколку жени, т.е 5% мажи во споредба со 3,4% жени кои се изјасниле дека даваат сексуални услуги за време на студирањето, и покрај фактот дека има и транс-сексуални работници кои нудат сексуални услуги.Како најчесто наведени позитивни аспекти и бенефиции кои ги уживаат студентите работејќи ја сексуалната работа се флескибилното работно време, добрите услови за работа и сексуалното задоволство. Многумина изјавиле дека уживаат во својата работа. Но, во скоро секој случај, преовладува стигмата и дискриминацијата, така што студентите покрај задоволството сепак се принудени на тајност. „Мислам дека во тоа е проблемот“ изјавува еден студент, „Сè се претвора во една голема тајна.... морам да внимавам што зборувам и каде одам“.Како прилог на истражувањето, направени се кратки интервјуа со 3 студенти во однос на нудењето на сексуални услуги за време на студирање.

КЛЕР„Јас студирам историја и филозофија на Универзитетот во Лондон и сум втора година. Почнав да работам после 1 година од студиите. На почетокот бев вклучена во повеќе разни хонорарни работи, работев во кафичи и во пабови како келнерка. Меѓутоа на ниедно место не бев доволно платена. Студенскиот кредит не ми ги покриваше трошоците ни за книги, а камо ли за живот, храна, и трошоци за транспорт.

Page 5: S work No.33

„Живеев од сексуалната работа за време на студирањето“

Имав потешкотии во учењето,особено кога требаше да работам во вечерните часови. На пример, работејќи во пабот заработував по 10 фунти од час, работев по 8 часа по две вечери неделно за да можам дома да донесам вкупно 150 фунти неделно.Неодамна се преселив од северниот дел од Лондон. Моето семејство не е толку моќно и не можат многу да ми помага финансиски. Кога се преселив во Лондон не познавав никого,морав се сама да започнам од почеток. На почетокот живеев во пренаселен и бучен стан, заедно со други студенти. Кога почнав да работам како сексуална работничка можев да си дозволам стан во кој ќе живеам сама. За оваа работа се огласувам преку еден веб сајт, и имам редовни клиенти, секако одам и на повик во хотели, но и повремено на нивните работни места. Работното време ми е флексибилно, ми се вклопува со предавањата на факултетот, и можам да си го организирам времето како што мене ми одговара. Доколку имам испити за полагање и повеќе ангажмани околу факултетот тогаш не работам.По завршување на првата година од моето студирање слушнав приказни од студентите кои работат како сексуални работници и по извесно време случајно се запознав со една студентка која има работено како стриптизерка. Потоа се запознав со уште една колешка која работи како придружничка за деловни состаноци. Таа ме упати во работата, ми даде информации каде да испраќам огласи за нудење на услуги, како да избегнувам лоши клиенти, како безбедно да работам...Таа беше прва која ми ја покажа „Декларацијата за правата на сексуалните работници“ од Организацијата на сексуални работници од Англија, во која е многу убаво објаснето како функционира законот тука. Навистина немав поим дека нелегално е да работат две девојки заедно.Работата што ја работам ми се допаѓа, но страв ми е да не ме уапсат. Доколку ме евидентираат како сексуална работничка, тоа може да ми претставува проблем во иднина кога би посакала да ја сменам работата. Работата во секс индустријата е многу добра, повеќе си платена, но и повеќе ми одговара во однос на времето од било која друга работа што сум ја имала претходно. Моите пријатели од Факултетот работат смени од по 10 часа за минимална плата, други пак немаат одредено работно време и никогаш не знаат колку часа работат во неделата или пак воопшто не работат, што им претставува проблем во организирањето на својот буџет и плаќањето сметки.

„Работата што ја работам ми се допаѓа, но страв ми е да не ме уапсат“.

Page 6: S work No.33

Знам повеќе студенти кои ги напуштиле студиите поради недостаток од финансии. Повеќето студенти кои работат како сексуални работници не сакаат да зборуваат за тоа, бидејќи не сакаат да се дознае за нивната работа. Постојат повеќе животни приказни за луѓе кои започнале со сексуалната работа кои ги дознав откако и јас започнав да работам како ескорт. Мојата бивша цимерка нудела сексуални услуги за да може да си ја плати киријата за станот во кој живеела. Друга девојка привремено работела како сексуална работничка за да заработи повеќе пари и да може да го посетува своето семејство. Работата е неопходна додека студираш, особено ако школарината, кириите и трошоците за живот се превисоки за студентите, и секој си има право на избор што ќе работи додека студира.

ХАРИРаботам како ескорт – придружник. Мажите ме ангажираат на час, за секс, дружба или ноќни излегувања. Почнав да давам сексуални услуги затоа што немав пари да ги плаќам месечните трошоци за кирија и сметки, ниту пак да излегувам и да се дружам. Се пријавив на еден вебсајт, мислејќи дека нема да ми одговорат , но сепак ми одговорија. И чувството беше одлично. Навистина е добро кога знаеш дека имаш способност да ги наведеш луѓето да ти платат за услугата која им ја нудиш - на тој начин се чуствуваш моќно.Повеќето мои пријатели знаат што работам, но сепак внимавам на кого му кажувам, бидејќи постои голема стигма во врска со нудењето сексуални услуги. Еден од моите пријатели се обиде да ме оцрни пред другите изјавувајќи дека сум една машка, валкана курва, но јас воопшто не се чувствувам така.

„Повеќето мои пријатели знаат што работам, но сепак внимавам на кого му кажувам, бидејќи постои голема стигма во врска со нудењето сексуални услуги“

Page 7: S work No.33

За мојата работа сум платен прилично добро. Имам доволно пари за да можам да ги плаќам месечните трошоци за кирија и сметки, а остатокот го трошам за излегувања и дружење со пријателите. Приливот на пари не ми е константен, оваа работата како ескорт е таква што не можеш во секое време да пронајдеш клиент ниту пак во истиот момент кога ќе ти затребаат повеќе пари, затоа внимавам колку трошам. Не можам да кажам дека имам некое поголемо негативно искуство во нудењето на сексуални услуги, иако мојата замисла е да најдам некој богат човек кој ќе ме финансира месечно, за да не мора да барам други клиенти. Сепак би издвоил една случка, кога еден оженет човек кој ме повика во неговата фирма. Мојот изговор за да влезам во неговата канцеларија беше дека сум дојден таму на интервју за работа, и токму тоа го кажав во приемното одделение, секако по негови инструкции. Меѓутоа ме однесоа во една голема канцаларија каде дојдоа повеќе луѓе кои навистина ми правеа интервју за работа, бидејќи мислеа дека сум за тоа дојден, и беше прилично непријатно. Подоцна му пуштив смс, но тој се правеше дека не ме познава. Незнам како, но целата ситуација ескалираше, се вмеша и полицијата, бидејки тој им ги имаше дадено моите податоци.

АБИГЕЛ Како студентка се занимавав со нудење разни сексуални услуги. Работев како сексуална работничка, како хот-лајн девојка, за придружба и на веб камера.Студенскиот кредит и стипендијата ми ги покриваа само месечните трошоци и она најосновното за живот. Но, тоа не беше доволно за да се покријат сите реални трошоци – школски средства, учебниците, училишни патувања, и сл. По завршување на првата година од моите студии и пред да ја разгледам можноста за работа во секс индустријата, имам работено на две места за да можам да ги покријам основните трошоци. Заработував минимална сума пари, иако работев прекувремено, и тоа не беше доволно за да можам да ги завршам студиите. Бев исцрпена и немав доволно време за

„Мојата одлука да работам како сексуална работничка беше мотивацијата за заработување повеќе пари“

Page 8: S work No.33

да се посветам на академскиот живот.Мојата одлука да работам како сексуална работничка беше мотивацијата за заработување повеќе пари. Давањето сексуални услуги ми овозможи повеќе време да посветам на студиите, но и да заработам доволно пари за живот. Можев да работам само 2-3 часа неделно и да имам доволно пари и време за да можам ефикасно да учам, што не беше случај кога работев како продавачка или келнерка, а заработував многу помалку. Навистина ја сакав оваа работа бидејќи без проблеми можев да си ги плаќам месечните трошоци, знаејќи дека секогаш можам да си дозволам подобар живот, без страв дека утре ќе немам пари. Кога дипломирав, продолжив да работам како сексуална работничка, што ми беше во корист, бидејки и стажирањето требаше да се плати. Немам семејство кое би ме издржувало. На овој начин успеав да не западнам во долгови додека барав работа во согласност со мојата диплома. Секако, не е лесно да работиш како сексуален работник. Најлошото е тоа што лицата кои нудат сексуални работи се дискриминирани. Д-р Сагар од проектот „Студенти во сексуалната индустрија“ изјавува: „Повеќето студенти кои учествувале во истражувањето и кои работеле како сексуални работници ја започнале оваа работа поради фактот дека им треба финансиска поддршка, но и дека тоа им претставува задоволство.“ „На повеќето студенти им е потребна поддршка или помош. Најголемиот предизвик за овој проект е да се реши проблемот со стигмата која е присутна во сексуалната работа. "

Хомоеротична уметност: Најголемата колекција на пениси во светотЧарл Леслидобар денес има 80 години и целиот свој живот го има поминато во собирање на најголемата колекција на хомоеротични уметнички дела. Заедно со својот партнер Фриц Лохман, го основале Лесли и Лохман музејот за геј и лезбејска уметност во 1987 година како реакција на ХИВ/СИДА кризата во тоа време. Сместена на едно поткровје во Менхетен, оваа колекција содржи стотици описи на голи машки тела, вклучувајќи ги и нивните гениталии. Без разлика дали се во облик на сламки, како украси на полици за книги, ѕидни слики или украси за на маса, пенисите се насекаде и ги има најразлични. Некои од нив имаат и славни потписи како што се Маплторп, Ворхол или Кокто. Главното уметничко дело претставува заеднички огромен гол портрет на Чарл и Фриц кој виси над нивната софа. Приказната зад оваа колекција е истовремено толку фасцинанта колку што е депресивна. Еден дел од музејот содржи дела земени од семејства на уметници кои починале од СИДА. Во она што тие го исфрлиле како ѓубре, Лесли пронашол историско парче кое вреди да се спаси. Неговата животна приказна е толку интересна, што дури и авторот Кевин Кларк одлучил дека заслужува да се напише книга зе него. Во монографијата “The Art of Looking“, Кларк се присетува на една анегдота од животот на Чарлс Лесли, вклучувајќи ја и приказната за тоа како започнала модерната Сохо сцена и како станал колекционер на хомоеротични уметнички дела.

Page 9: S work No.33
Page 10: S work No.33
Page 11: S work No.33
Page 12: S work No.33

Во издание на Поддржано од