porta3 158

68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 158 / ПЕТОК 03.06.2011 година VII прв пасивЕн објЕКт во маКЕдонија Старо, ново и природа во едно осЛо сКопсКа нЕдЕЛа на арХитЕКтура 2011

Upload: dejan-davitkov

Post on 09-Mar-2016

263 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

Porta3 broj 158

TRANSCRIPT

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

158

/ ПЕТ

ОК

03.0

6.20

11 г

один

а VI

I

прв пасивЕн објЕКт во маКЕдонија

Старо, ново и природа во едноосЛо

сКопсКа нЕдЕЛа на

арХитЕКтура 2011

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

158

/ ПЕТ

ОК

03.0

6.20

11 г

один

а VI

I

број 158 пЕтоК 03.06.2011 година VII

Конечно, голем културно архитектонски настан кај нас. Почна Скопска недела на архитектура 2011. За организаторите, Скопје е неоткриена архитектонска дестинација која треба да се смести на мапата на значајни архитектонски и културни центри во регионот и пошироко. Настанот на тема „Суперград“ се одвива во Домот на АРМ, а на платото пред Домот е поставен игло шатор со капацитет за 300 лица, кој за време на манифестацијата ќе биде место за одмор, средби и забава. Во Струмица свечено беше отворен објектот на компанијата „Експро“, прв објект од категоријата пасивни куќи во државава. Станува збор за објект, административна зграда, приспособен на највисоките стандарди кои овозможуваат огромни енергетски заштеди, а ќе биде полезен и за околината. Инвестицијата би се повратила за малку подолго од четири години, ако не и порано, со оглед на постојаното зголемување на цените на енергијата

и енергетските суровини. Да се биде во Осло во мај, на 21 степен целзиусов, кога во Скопје е девет степени, навистина е доживување. Во светлината на долгиот ден може да се види се она што не случајно овој град го прави културна престолнина на северот од Европа. Може да се види како умните, но и богати Норвежани успеваат грaдот, кој според број на жители е близу до Скопје, да го претворат во спој од невидена убавина од старо и ново и природата. Старото се чува, а ново се гради според најмодерни трендови. Минатата година, општина Никшиќ распиша конкурс за проект на Филозофски факултет, на кој покрај реномирани проектантски студија од регионот, учестуваа и млади архитекти од Македонија и Црна Гора собрани во неформална група. Иако не била доделена првата награда, нивниот проект е морален победник на конкурсот.

од рЕдаКцијата

ИНФО 06СКОПСКА НЕДЕЛА НА

АРХИТЕКТУРА 2011СКОПЈЕ НЕОТКРИЕНА

АРХИТЕКТОНСКА ДЕСТИНАЦИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО 10„ЕКСПРО“ СТРУМИЦАПРВ ПАСИВЕН ОБЈЕКТ

ВО МАКЕДОНИЈА

РЕГИОНИ 18ДОЈРАН ОТВОРА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ

ИНТЕРВЈУ 24ЕЛЕНА НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ

ЗА ТРАДИЦИЈАТА КАКО ИНСПИРАЦИЈА...

АРХИТЕКТУРА 32НИКШИЌ - МЛАДИТЕ АРХИТЕКТИ

НАСПРОТИ ПРЕСТИЖНИТЕ СТУДИЈА

РЕПОРТАЖА 34ОСЛО - СТАРО, НОВО И

ПРИРОДА ВО ЕДНО

ЕКОЛОГИЈА 54ИНТЕРВЈУ СО ГОРАН

АНГЕЛОВ (ЈП ДРИСЛА) 34

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИДаниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВИгор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИЛеонида Пенка БАШАНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

32

Насловна страница: OSLO OPERA HOUSE, ОСЛО, НОРВЕШКААвтор: TARALD LUNDEVALL за SNØHETTA

10

06

24

драги ЧитатЕЛи,

4

НАЈПОВОЛНИ УСЛОВИ

ФАСАДНО СКЕЛЕ

• производство EU• сертификат DIN EN 12810-1:2003• бесплатна обука за монтажа и сертифицирање• во цената се вклучени комплетна конструкција, водоотпорни подови, огради, нивелирачки ногари...

Бул.Александар Македонски ББ, Скопјетел/факс: 2535-099 и 2580-852e-mail: [email protected]

www.BAUKIT.mk

`

ПОРТА 3 јуни 201136

6

инфопоЧна сКопсКа нЕдЕЛа на арХитЕКтура 2011

сКопјЕ нЕотКриЕна арХитЕКтонсКа дЕстинација

од 1 до 6 јуни се одржува манифестацијата „Скопска недела на архитектура“

(Skopje Architecture Week), прв ваков настан кај нас кога е во прашање архитектурата. Според организаторите, целта е Скопје да се смести на мапата на значајни архитектонски и културни центри во регионот и пошироко. Настанот на тема „Суперград“ се одвива во Домот на АРМ, а на платото пред Домот е поставен игло шатор со капацитет за 300 лица, кој за време на манифестацијата ќе биде место за одмор, средби и забава.

Оваа манифестација е настан кој го одбележува урбаното живеење, односно архитектурата во еден поширок социолошки и културолошки контекст и поврзаност на градот и луѓето во него, уметноста и дизајнот. Според зборовите на Иван Мирковски, еден од организаторите, настанот „Скопска недела на архитектура“ собра на едно место 40-ина предавачи, реномирани архитекти, експерти по архитектура,

социологија на урбано живеење, дизајн и урбанизам од Германија, Велика Британија, Норвешка, Словенија, Австрија, Хрватска, Латвија, Естонија, Белгија, Србија, Албанија, Косово, Унгарија, Италија, Грција, Бугарија и Чешка. Настанот овозможува пренос и размена на идеи за модерното урбано живеење, но во исто време и можност да се зголеми бројот на промотори што ќе го пренесат впечатокот од нашиот град во сопствените земји, затоа што Скопје е сè уште недоволно откриена архитектонска дестинација, со сопствен пулс кој освен печатот на Кензо Танге содржи стари уникатни архитектонски специфичности, интересни во културолошка смисла. Програмата вклучува изложби, дебати, студентски работилници, филмска програма и музика, ќе го исполниме вашето време со уникатно искуство и доживување на концептот на архитектурата како дел од модерното живеење и во социолошко-културолошки контекст.

Манифестацијата „Скопска недела на архитектура“ е логично продолжение на Форум Скопје, настан кој во последните 3 години во форма на дебати и разговори за градот Скопје собра бројни гости од странство (Виена, Милано, Берлин, Венеција, Филаделфија, Чикаго, Њујорк, Мадрид, Рим, Токио, Загреб) кои ги пренесоа искуствата од западниот свет. На отворањето на манифестацијата, беше отворена изложбата „Градот и Иднината“ посветена на Богдан Богданович (1922 - 2010), кој беше не само водечки архитект за споменици во бивша Југославија туку и неконвеционален урбанолог, есеист, дисидент, истражувач на градови, и писател кој градеше за да може да пишува и пишуваше за да може да гради. Изложбата прикажува повеќе од 70 дела и повеќе фотографии на овој голем мислител на архитектурата. Изложбата е организирана во соработка со Архитектонскиот Центар од Виена (Az W).

додЕЛуваЊЕ на награди

промоција на дипЛомирани студЕнти на градЕЖниот и на арХитЕКтонсКиот ФаКуЛтЕт

на Градежниот и на Архитектноскиот факултет при Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“ беа промовирани дипломираните студенти за академската 2010/2011 година. За најдобар студент на Градежниот факултет е прогласен дипломираниот градежен

инженер Бојан Пеливаноски, од хидротехничката насока, кој дипломираше со просечна оценка -10. Тој е добитник и на Златниот прстен од страна на Инжeнерската институција на Македонија. Наградата на Адинг ја доби Игор Атанасов за изработена најдобра дипломска работа на тема „Енергетски ефикасна куќа од слама“. На промоцијата на дипломирани студенти на Архитектонскиот факултет, беа истакнати следните наградени студенти: Марија Милошевска со Златен прстен од страна на Инженерската институција на Македонија, и Добрица Дојчиноска наградена од Адинг за најдобро изведена дипломска работа.

Членовите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија на 7 јуни во Домот на

армијата ќе го одржат своето годишно Собрание. На Собранието се очекува да се разговара за работи што се од интерес за архитектите, а ќе се предложи

за усвојување и Правилникот за конкурси. Документот, според предлагачите, претставува основа за правилна партнерска соработка на сите сочинители на конкурсот и го поттикнува развојот на културата на градење во Македонија со остварување на

естетски, економски, социолошки, еколошки и технолошки цели. Се очекува членовите на ААМ да го изразат своето незадоволство од работата на Комората на овластени инженери и овластени архитекти. „Да покажеме дека сме незадоволни од работата

на Комората. Повикувам на една цивилизирана, културна реакција со која ќе го покажеме нашето незадоволство од работата на Комората која

постои од 2005 година, а досега ништо од ветеното не исполнија. Не треба само да се издаваат лиценци, треба да се работи на многу други полиња“, рече пред неколку дена претседателот на ААМ, Даница Павловска.

годиШното собраниЕ на асоцијацијата на арХитЕКти на маКЕдонија

арХитЕКтитЕ За цивиЛиЗиран протЕст против работата на Комората

инфо

3 јуни 2011 ПОРТА3 7

7

ќерките фирми на АДИНГ, Бизнис Центар Адинг и Инвест А ги одбележаа

своите јубилеи, 20 и 10 години од основањето. По тој повод, во рамките на одбележувањето на јубилеите, беа пуштени во употреба новите погони на фабриката - одделение за боени системи на база на растворувачи, одделение за течни адитиви и одделение за пастозни системи на база на водени дисперзии. Исто така, традиционално беа наградени вработените во Деловниот систем со стаж од 10, 20, 25 и 30 години. Инаку, АДИНГ годинава одбележува 42 години од постоењето. Компанијата е основана на 30 мај 1969 година.

Како што е познато, АДИНГ е компанија со акционерски капитал, и е специјализирана за производство и пласман на адитиви и други хемиски материјали за градежништво. Своето производство го врши во капацитетите во седиштето на компанијата во Скопје, а дел е организирано и во Бугарија и Казахстан. Производството на АДИНГ го следат и стручни служби: примена, пласман и инженеринг, детална контрола на квалитетот на производите и развој на нови производи. Техничката и професионалната помош се извршуваат не само во просториите на компанијата туку и на терен, по барање на деловните партнери.

„паКомаК“ ЧЛЕн на интЕрнационаЛна мрЕЖа

отпадот ја ЗаЧЛЕни маКЕдонија во „пројуроп“РЕЦИКЛИРаЊЕ Најдоцна до 30 јуни сите компании ќе мора да најдат начин како ќе го рециклираат својот отпад. Имаат две опции- селектирањето и рециклирањето на отпадот да го доделат на „Пакомак“ или сами да се грижат за отпадниот материјал

непрофитната македонска компанија „Пакомак“ стана дел од интернационалната

мрежа за управување со амбалажен отпад „Пројуроп“, во кој членуваат компании од 32 европски земји и Канада. Членството во „Пројуроп“ значи

право на лиценца за користење на општоприфатениот симбол „грин дот“, а тоа значи дека компанијата има платено финансиски надомест на лиценцирана компанија за управување со амбалажниот отпад, и дека истата ги почитува еколошките стандарди дефинирани со закон, а според директивите на ЕУ. Но, кај македонските компании е слаб интересот за решавање на проблемот со амбалажниот отпад. Најдоцна до 30 јуни сите компании ќе мора да најдат начин како ќе го рециклираат својот отпад. Имаат две опции- селектирањето и рециклирањето на отпадот да го доделат на „Пакомак“ или сами да се грижат за отпадниот материјал. Доколку не го решат проблемот ќе плаќаат пенали на

државата. Како причина за слабиот одзив изминативе шест месеци се наведува неинформираноста. „Според Законот, Пакомак треба да соработува со локалните самоуправи и да ја подигне постоечката инфраструктура во општините, преку поставување посебни контејнери, заедничко вложување во комунална опрема, со цел да се подигне капацитетот на локалната самоуправа за собирање повеќе отпад и негово селектирано собирање. Но, главна пречка во тоа ни е неинформираноста на засегнатите страни за законот за управување со овој отпад“, вели Филип Ивановски од „Пакомак“.Од интернационалната мрежа за управување со амбалажен отпад овој закон го правдаат со намалување

на дивите депонии и отварање на нови работни места. Предлагаат и граѓаните да се приклучат кон акцијата за селектирање на отпадот. "Задача на Пакомак е да излезе на улица и да им каже на граѓаните зошто треба да ги делат амбалажите и како. Ни велат да не возиме автомобил, ама не можеме да се откажеме од тоа, ни велат помалку да купуваме, ама не се откажуваме ниту од тоа. Со еден тон рециклиран материјал се заштедува еден тон јаглероден диоксид. Секој може да помогне, а општините се тие што се блиски до граѓаните и тие се одговорни за поставување на контејнерите и за подигнување на јавната свест“, нагласува Христијан Штиглиц од „Пројуроп“. Генералниот менаџер на „Пројуроп“ Јоаким Кводен, вели дека членството на „Пакомак“ во оваа мрежа значи дека европските принципи ќе се применуваат и во Македонија. „Сите членови на Пројуроп се обврзани да и ја дадат на „Пакомак“ неопходната експертиза и да го оживеат концептот на одговорен производител во Македонија. Само во 2009 година 42 милијарди тони амбалажа е повратена и околу 25 милиони тони еквивалент на јаглероден диоксид зачуваваме. Затоа е важно да се реши проблемот со амбалажниот отпад“, истакна Кводен.

К.С.Т.

просЛава со нови проиЗводствЕни КапацитЕтијубиЛЕи на „биЗнис цЕнтар адинг“ и на „инвЕст а“

инфо

ПОРТА 3 јуни 201138

8

македонскиот инженерски врв се собра на едно место, на четвртиот по ред

геоинженерски ден што се одржа во бизнис центарот на Скопски саем на 18 мај 2011 година, во организација на компанијата за напредни инженерски и геопросторни технологии „Геолинк“ од Битола. Уште од минатата година геоинженерскиот ден прерасна во конференција, а годинава тој само се потврди како најголем централен стручен настан во Македонија кој го обединува инженерскиот врв од архитектурата, високоградбата, нискоградбата, урбанизмот, геодезијата и географските информациски системи. Големиот број учесници имаа можност да слушнат вкупно 20 предавања, и тоа од деветмина странски и од двајца домашни предавачи. Концептот беше замислен и реализиран, така што сите учествуваа во воведниот дел, а по првата пауза беа поделени по две тематски области, геопростор во едната сала и архитектура, инженеринг и изградба на објекти во другата.Конференцијата ја отвори Петар Ташковски, директорот на „Геолинк“, кој, посакувајќи им добредојде и успешна работа на присутните, го изрази и своето задоволство од фактот што настанот не само што стана традиционален

туку и од година в година се повеќе добива на значење.„Ние сме мал тим, но многу напорно работиме за да го овозможиме ова и затоа сме им многу благодарни на сите што не поддржуваат“, нагласи Ташковски.Првото предавање го одржа професорот Башким Идризи од Државниот универзитет во Тетово, кој говореше за националните дигитални просторни податоци во инфраструктурата на просторни податоци, како и за влијанието на директивите на Европската унија. Давид Блазе од „Аутодеск“ потоа покажа како се моделираат инфраструктурни објекти со новите технологии, а Дејан Стелкиќ од компанијата „ОСА“ од Србија, која е главен дистрибутер на производите на Аутодеск за просторот на поранешна Југославија, ги откри новостите во продажната мрежа. Поздравен говор имаа и стратешките партнери на „Геолинк“ од Словенија, компанијата „Калиопа“, а за новостите во Аутокад 2012 говореше Борис Ташковски од „Геолинк“.Вниманието на присутните особено го привлекоа двајцата предавачи од Западна Европа. Белгиецот Франсоа Дебру, претставник на „ЕРДАС“ од Брисел, зборуваше за прибирањето, анализата и дистрибуцијата на големи количини геопросторни податоци и за

обработката на сателитски снимки за потребите на државната одбрана, катастарските агенции, шумските и земјоделските претпријатија, општините, урбанистите и на другите. „ЕРДАС“ е американска компанија со 30-годишно искуство во оваа област. Сајмон Кејси од „ЕУСИ“ (европски вселенски снимки), заедно со Петар Ташковски објаснија што се е потребно за да се испорача една прецизна и квалитетна сателитска снимка.Секако, централен момент на конференцијата беше презентацијата на интернет-интранет ГИС системот и-Општина (www.opstina.mk), кој е пандан на словенечкиот систем и-Комунала. „И-Општина“ е систем за прегледување, уредување и пребарување на општински, регионални и државни просторни информации, кој е наменет за општинските управи и за граѓаните на едно место, во интернет околина. Тој подразбира изградба на податочен просторен систем што вклучува регистри на просторните единици, земјиштен катастар, дигитален катастар на недвижнсти, како и аерофотографски снимки, потоа цвентрален регистар на население и на деловни субјекти, јавна стопанска инфраструктура и други општински податоци што се на располагање. Тоа значи

дека преку и-Општина може да се пребарува просторот по презиме или по куќен број, да се види кој живее во некоја куќа или кои фирми се наоѓаат во одреден објект, како и да се пребараат парцели и да се добијат извештаи по видот на нивната употреба. Системот го претставија Славко Герчер и Игор Димник од „Калиопа“ од Словенија, а за него говореше и Зоран Дервишов од „Геолинк“.Новините во Аутокад Мап 3Д беа презентирани на крајот од конференцијата, каде што беше прикажано како се управува со извори на геопросторни податоци.

К.С.Т.

Фирмата „бЕЛина“ ги прЕЗЕнтираШЕ новинитЕ од „КраФт“ и „Кандис“

бои, ЛаКови и дЕКоративни маЛтЕри

Уште од минатата година геоинженерскиот ден прерасна во конференција, а годинава тој само се потврди како најголем централен стручен настан во Македонија кој го обединува инженерскиот врв

одрЖан ЧЕтвртиот гЕоинЖЕнЕрсКи дЕн

СО и-опШтина ВО ДИгИТАЛНАТА еРА НА ЛОКАЛНАТА САмОУПРАВА

Фирмата „Белина“ ги презентираше новините од „Крафт“ и „Кандис“,

компании кои произведуваат бои, лакови и декоративни малтери со висок квалитет, безбедност, лесна употреба, еколошки и со пристапни цени. Од фирмата „Крафт“ беше презентирана висококвалитетната производствена програма на бои за надворешни и внатрешни ѕидови, специфични површини, метал и дрво. Од фасадните бои беше презентирана најновата 100-процентна боја која само по 24 часа е отпорна на дожд и други надворешни влијанија. За внатрешните ѕидови се нудат премази за визуелно прикривање на

вдлабнатини и за мувла. Металните површини може да се премачкаат со средство „3 во 1“, кое се нанесува без претходна подлога и без отстранување на 'рѓата. Рамните покриви може да се премачкуваат со средство за изолација на влага кое не дозволува водата да пробива под покривот, туку да испарува. И просториите изложени на влага може да се заштитат со посебно средство од програмата на „Крафт“ кое ја задржува топлината на ѕидот и не дозволува да дојде до кондензација. И од програмата на италијанската фирма „Кандис“ беа презентирани декоративни малтери за внатрешни ѕидови и надворешни фасади со кои се постигнува совршенство. К.С.Т.

скопје

3 јуни 2011 ПОРТА3 9

9

стаКЛЕна Катна гараЖа прЕд тцц „пЛаЗа“

Катната гаража, која во основа ќе има модерна стаклена фасада, ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката над земја и две нивоа под земја, а ќе се гради на површина од околу 3.070 квадратни метри.

градските власти, покрај многуте градилишта во централното подрачје, отворија уште едно

за изградба на катна гаража. Современиот објект се наоѓа на улицата Даме Груев кај ТЦЦ „Плаза“. Објектот, што ќе обезбеди јавен паркинг за околу 605 возила, ќе придонесе кон решавање на еден од најголемите сообраќајни проблеми во центарот на градот - обезбедување паркинг-плац за сите.

Катната гаража, која во основа ќе има модерна стаклена фасада, ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката над земја и две нивоа под земја, а ќе се гради на површина од околу 3.070 квадратни метри.

„На приземјето и на првиот кат се предвидува простор за трговско-деловна намена, а на другите катови ќе има место за паркирање на 600 возила и 120 за велосипеди.

Сообраќајот по катови ќе се одвива преку спирална рампа сместена во кула. На секој кат се предвидени тоалети за посетителите, вклучувајќи и тоалет за лицата со посебни потреби. Објектот е енергетски

ефикасен, според сите стандарди, со модерни системи за греење и ладење, како и противпожарна заштита. Фасадата на објектот ќе биде застаклена и ќе овозможува

природна вентилација“, информира градоначалникот Коце Трајановски.За оваа катна гаража, чија изградба ќе чини речиси 1,4 милиони евра, Градот подигна кредит, а финансиската конструкција ќе ја затвори и со средства од градската каса. Предвидено е објектот да биде готов во рок од две години. За градежните активности се ангажирани од „Конструктор инженеринг“, кои ќе го градат објектот според идејно решение изработено од Градежниот институт „Македонија“, а главен проектант е Љубин Макаровски.Инаку, ова е втората катна гаража што почнаа да ја градат градските власти. Неодамна тие стартуваа и со изградба на наменски објект за паркирање во непосредна близина на Цветен пазар. Предвидено е со објектите да стопанисува градското ЈП „Градски паркинг“.

К.С.Т.

опШтинсКитЕ вЛасти ги ЗасуКаа раКавитЕ

КарпоШ го ЗаФати градЕЖЕн бум

општинските власти од Карпош градежната сезона ја искористуваат за поправање

на улици, тротоари, канализации, реконструкции на жардиниерите. Градежни работи има во двете урбани заедници Тафталиџе. Таму се изведува приклучок кон централен топлификациски систем на градот, дислокација на надземен вод по улицата „Прашка“, но се поправаат и тротоари на улиците: „Париска“, „Иван Милутиновиќ“, „Софиска“, „Стокхолмска“, „Копенхагенска“, „Будимпештанска“, „Јоаким Осоговски“, „Његошева“. Атмосферска канализација се поставува на улиците „Стокхолмска“, „Копенхагенска“ и „Његошева“. За сите овие градежни активности во двете урбани заедници Тафталиџе општината ќе потроши околу 24 милиони денари.Градежен бум освен Тафталиџе го зафати и Карпош 4. Во населбата Карпош 4 ќе почнат да се градат нови инфраструктурни објекти на

осум поголеми локации, предвидени со Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Карпош за оваа година. Во овој дел се работи на изградба

на пешачки патеки на блок меѓу улиците „Разловечко востание“, „Никола Парапунов“, „Соле Стојчев“, „Волгоградска“, „Желево“ и „Трифун Бузев“. Реконструкција

со проширување на тротоари има на улиците „Никола Парапунов“, „Невеска“, „Воденска“ и на „Вич“. Владо Тасевски е урбаната заедница која, покрај Карпош 4 и Тафталиџе 1 и 2, е во центарот на пролетните реконструкции кои општината ги презема на своето подрачје. Таму се работи на изградба на атмосферска канализација на улиците „Алжирска“ и „Каирска“, како и реконструкција на тротоари на улицата „Багдадска“ и на булеварот „Партизански одреди“, во делот од улицата „Бледски договор“ до „Франклин Рузвелт“. Покрај замената на тротоари, на потегот од улицата „Бледски договор“ до „Франклин Рузвелт“ се врши и реконструкција на жардиниерите. Во рамките на овој циклус на градежни работи во ек е и санација и боење на станбена кула на булеварот „Партизански одреди“. Градежни работи има и во урбаните заедници Кузман Јосифовски-Питу, Пецо Божиновски-Кочо и Нерези. Изградба на атмосферска канализација има по улиците „Џумајска“ и „Девол“, а фекална канализација на улицата „Козле“. На улиците „Џумајска“ и „Козле“ се попрваат тротоарите, а се реконструираат и асфалтираат улиците „Жданец“, „Теодосие Синаитски“ и „Девол“.

К.С.Т.

поЧна иЗградбата на нов објЕКт

ПОРТА 3 јуни 2011310

10

градежништво

Објектот што е изграден според енергетска ефикасност е во највисоката класа. Значајно е тоа што има највисока заштита на влијанието врз животната средина, со многу мала емисија на штетни гасови како јаглероден диоксид.

Компанијата „ЕКспро“ од струмица има одговор на сЕ посКапата ЕнЕргија

прв пасивЕн објЕКт во маКЕдонија

3 јуни 2011 ПОРТА3 11

11

градежништво

Зошто да градиме пасивни куќи и објекти? Аргументите во одговорот на ова прашање

се повеќезначни. Пред сè, да ги споменеме биолошките и здравствените предности. Пасивните објекти со својот комфор и удобност во текот на сите годишни сезони обезбедуваат удобна температура, свеж воздух со изедначена и регулирана влажност, како и висока заштита од врева со што обезбедуваат квалитетен и здрав животен простор. Свеж воздух се обезбедува континуирано, а влегува термички подготвен преку топлински изменувач воздух-земја. Потрошениот се

исфрла по одземање на неговата топлина над 70% преку рекуператор при што не доаѓа до топлински загуби. Оптималната влажност на воздухот се регулира уште при влегувањето на воздухот во топлинскиот изменувач воздух-земја, каде вишокот кондензира, а другата воздушна влага која се создава во просторот ја акумулираат гипсените површини во просторот. Се овозможува изедначена температура во кој било дел од просторот, со можност за фина регулација, обезбедена од добрата изолација (без топлински загуби) и системите за површинско греење (под и ѕид).

Висока звучна заштита и акустика обезбедуваат применети системи со камена волна кои покрај термоизолациските својства обезбедуваат и над 70 децибели заштита однадвор, како и висока заштита од ударен звук во подот и помеѓу просторите во преградните ѕидови и таваница. Специјалните акустични плочи Cleaneo истовремено го прочистуваат воздухот од настанати можни миризби.

ЕКономсКи оправдана инвЕстицијаСпоред својата цена, пасивните објекти се поскапи од 30% до

Ваквите објекти се вистински пример за филозофијата на одржлив развој, намалување на емисијата на штетни гасови за спас на планетата. Затоа најчесто се именувани како еко куќи, зелени куќи и сл.

Во Струмица свечено беше отворен објектот на компанијата „Експро“, прв објект од категоријата пасивни куќи во државава. Станува збор за објект, административна зграда, приспособен на највисоките стандарди кои овозможуваат огромни енергетски заштеди, а ќе биде полезен и за околината. Инвестицијата би се повратила за малку подолго од четири години, ако не и порано, со оглед на постојаното зголемување на цените на енергијата и енергетските суровини. Во неговата изградбата се користени најнови материјали и опрема на компаниите „Кнауф“ и „Рехау“. Реализацијата на овој проект е пример дека кај нас треба се повеќе да се градат енергетски ефикасни објекти, што ќе биде и обврска кога ќе бидеме близу влезот во ЕУ. Практично се отвора нова страница во проектирањето и изведбата на објекти низ Македонија.

„Енергенсите се сè помалубројни и енергијата е сè поскапа. Според испитувањата, најголемите потрошувачи на енергија во светот се станбените објекти кои сумарно трошат повеќе од индустриските објекти и сите превозни средства во светот. Објектот е проектиран и изграден според високите технички барања и стандарди за енергетска ефикасност почнувајќи од формата на објектот, ориентацијата, термичката заштита на обвивката, количината на отвори и други стаклени делови да обезбедат минимални загуби на енергија “, рече Славчо Ѓоргиев, сопственик на компанијата „Експро“, на отворањето. „Порта3“ од почетокот го следеше развојот на овој проект. Минатата година имавме текстови посветени на неговата изградба. Сега кога тој стана стварност, го замоливме Ѓоргиев да ги сподели искуствата од градењето на овој објект со нејзините читатели.

Согласно Чл.43 од Статутот на ААМ и согласно член 3 од Правилникот за доделување на наградата, “Андреја Дамјанов”, се доделува на државјани на Р.Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов” имаат членовите на ААМ. Предлогот треба да содржи: куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Рокот за поднесување на предлозите трае 90 дена од денот на распишувањето. Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од петчлена Комисија, избрана од

Управниот одбор (УО) на ААМ . Еден член во Комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов”. Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов”, согласно Чл. 39 од Статутот на ААМ, станува член на Архитектонската академија на

Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул.Даме Груев 14а во Скопје.Телефон за информации е 02/3237 277. e-mail: [email protected]

Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) објавува

ЈАВЕН ПОВИКза предлагање на можни добитници на

наградата “Андреја Дамјанов” за 2011 година

градежништво

3 јуни 2011 ПОРТА3 13

13

50% во зависност од функцијата (станбен, деловен или др.). Но во текот на експлотацијата овие објекти имаат најбрзо враќање на вложените средства, пред сè преку потрошената енергија. Еве како трошат објектите за 1 м2 годишно само за греење на просторот: неизолиран објект троши повеќе од 300 kWh m2 год. (30 л. нафта за греење); изолиран објект со стандарди во регионот троши околу 180 kWh m2 год. (18 л. нафта); пасивните за греење трошат до 15 kWh m2 годишно (1,5 л. нафта).Пасивниот објект троши 20 пати помалку од неизолираниот, 12 пати помалку од стандардните.Ако ја додадеме и потрошената енергија за ладење и вентилирање многу лесно ќе добиеме износ на потрошени пари и период на враќање на

вложеното. Од економската анализа за оправданоста на инвестицијата за нашиот објект која ја направивме, добивме дека вложените средства се враќаат за 4,3, односно за помалку од 5 години. Во пресметките калкулиравме со сегашната цена на енергијата, а сите знаеме дека во наредните 5 години таа значително ќе се зголемува.

ЕКоЛоШКи приФатЛив проЕКтСо оглед на многу малата потрошена енергија за одржување, овие објекти имаат најмала можна емисија на штетни гасови како СО2. Енергијата што ја користат е од нивната околина, и тоа претежно пасивно користење на сончева енергија која е обновлива. Посебно се внимава да биде потрошено што

помалку енергија за производство и транспорт на сите материјали кои се вградуват во овие објекти. Овие објекти се вистински пример за филозофијата на одржлив развој, намалување на емисијата на штетни гасови за спас на планетата. Затоа најчесто се именувани како ЕКО КУЌИ, ЗЕЛЕНИ КУЌИ и слично.

административна Зграда „ЕКспро“ струмицаОбјектот што го изградивме според енергетска ефикасност е во највисоката енергетска ефикасна класа. Значајно е тоа што има највисока заштита на влијанието врз животната средина, со многу мала емисија на штетни гасови како јаглероден диоксид (СО2).Класата пасивен го карактеризира со највисока термичка заштита, со многу изолација, без линиски и

точкасти топлински мостови, форма и ориентација која обезбедува најмалку можни топлински загуби и топлински добивки. Енергијата што ја користи е претежно сончева енергија акумулирана од околината во земјата. Објектот е проектиран и изграден според високите технички барања и стандарди за енергетска ефикасност почнувајќи од формата на објектот, ориентацијата, термичката заштита на обвивката, количината на отвори и други стаклени делови да обезбедат минимални загуби на енергија (како и добивки во летниот период). Обвивката на објектот со применетите градежни системи обезбедува висока термичка заштита и ги задоволуваат вредностите на коефициентите за пасивни објекти:

ПОРТА 3 јуни 2011314

14

градежништво

1. Надворешни ѕидови U=0.12 Wm2/K 2. Покрив и таван U=0.10 Wm2/K 3. Под над терен U=0.14 Wm2/K 4. Прозорци и надворешни врати U=0.80 Wm2/K

Надворешните ѕидови се проектирани и изведени од дрвна конструкција С24 со исполна од камена волна со густина од 50 кг/м3

и двослојна дебелина 10 см + 8 см. Внатрешната страна се состои од KNAUF ѕидна облога на дрвена конструкција со исполна од камена волна со густина 50 кг/м3 а дебелина 8 см со парна брана и двојно обложена противпожарна гипс плоча. Од надворешната страна е поставена пародифузна фолија и облога од КNAUF гипс фазер градежна плоча 1,5 см и KNAUF Аквапанел цементна плоча. Фасадата е од камена волна со густина 90 кг/м3

изведена во два система. Поголем дел е контактна фасада KNAUF INSULATION со систем ламела дебелина 12 см, и помал дел вентилирана

фасада KNAUF INSULATION со дебелина 8 см. Вкупната изолација во надворешен ѕид е со дебелина од 38 см.Покривот е изведен на принцип со добро вентилирана конструкција. Тој се состои од челични носачи врз кои е поставена дрвена конструкција од 14 см со исполна изолација од камена волна 50 кг/м3, во двослојна дебелина од 14 см и плус 8 см преку која е поставена водонепропустлива пародифузна фолија. Над неа има дрвена кострукција 2 х 8 см со што се обезбедува добро вентилирање. Од внатрешна страна покривот е обложен со Кнауф противпожарна облога на дрвена конструкција и исполна од камена волна со густина 50кг/м3 во дебелина од 20 см.Таваницата е изведена со специјална KNAUF Cleaneo акустична плоча која го прочистува воздухот од создадените миризби (како лак од мебел, чад и други миризби). Вкупната изолација во покривот и таванот е со дебелина од 42 см. Тлото на терен е изведено над темелните греди со поставена

двослојна изолација ХРЅ со дебелина од 12 см. Над неа се наоѓа бетонска плоча од 10 см преку која е поставена камена волна со густина 150 кг/м3

и дебелина 10 см, со парна брана врз која е лиена кошулка фибро бетон 5см. Пред лиење на завршна течна KNAUF Fliessestrich FE-50 кошулка е поставена камена волна со густина 150 кг/м3 и дебелина 3 см.Под течната кошулка е поставен Рехау систем на подно греење и ладење. Вкупната изолација во тлото е со дебелина од 25 см.

Столаријата на објектот помеѓу греан и негреан простор не надминува 15% од вкупната површина на обвивката, а е изведена со примена на REHAU Geneo прозорска и фасадна техника, застаклен со тројно стакло и исполна од аргон. Со примена на овие градежни системи кои обезбедуваат висока термичка заштита, се проектирани и инсталирани системи за греење, ладење и вентилирање без кои не можеме да обезбедиме рационално и економично користење на енергијата.

3 јуни 2011 ПОРТА3 15

15

градежништвопримЕнЕти систЕми на REHAUREHAU AWADUKT Thermo - топлоизменувач воздух-земја, систем од цевки обложени со сребрен филм кој обезбедува заштита од бактерии и габички, поставени во земја на длабочина од 2,5 м во должина од 196 м низ кои ги внесуваме потребните количини свеж воздух, а од земјата обезбедуваме термички добивки.REHAU AQUA - топлинска пумпа вода-вода за греење и ладење со највисока ефикасност на искористување на топлината од земјата, проектирана и инсталирана според специфичноста на нашиот објект во кој имаме поголеми потреби за ладење.REHAU системи на површинско греење и пасивно ладење - инсталирани се два системи подни и ѕидни, со што ги задоволуваме потребите од греење, а ги дополнуваме и потребите за ладење на објектот.

REHAU Автоматика за рационално користење на системите и приспособување на потребите за удобно живеење во просторот.REHAU SOLECT - соларен систем за санитарна топла вода со висок степен на искористеност на сончева енергија.REHAU RAUTITAN - инсталација за питка вода со висок проток и голема сигурност.REHAU PIANO PLUS - инсталација за одвод со карактеристики на бесшумност. Системот за вентилирање го помага грењето. Тој се состои од клима-комора, воздухот го зема инсталацијата AWADUKT Thermo каде претходно е термички подготвен, а по потреба го догрева од топлинската пумпа, па го распоредува во објектот со инсталирани вентилациски канали за довод. Потрошениот воздух по канали за одвод го вади од просториите. Но пред да го исфрли воздухот надвор со

рекуператор му ја одзема топлината и пак ја враќа во објектот.Ладењето и вентилирањето на објектот во летниот режим на користење покрај пасивното (подно и ѕидно) го користи AWADUKT Thermo. Систем со цевки низ кои поминува прочистен свеж воздух кој се лади од земјата (во лето е 14 до16о С) влегува во клима комората каде по потреба се доладува од топлинската пумпа и по вентилациски канали ќе биде внесен и воден во просторите на објектот свеж со измена n=0,5.Греењето на објектот го помагаме и со инсталиран ѕид т.н. ТРОМБЕОВ ЅИД кој е систем од масивен, црно-обоен бетонски ѕид, пред кој има стаклена површина која ја пропушта сончевата светлина, а топлината ја акумулира масивниот ѕид и по канали создадената топлина ја распоредуваме во објектот. Електричното осветлување во објектот во најголем дел се светилки од LED диоди, кои се

најмали потрошувачи на енергија.Обезбедената максимална топлинска заштита и применетите инсталации и опрема за пасивно греење и ладење, со мерењата добивме потрошувачка на примарна енергија за греење помала од 15 kWh/m2 годишно. Вкупните потреби за енергија за ладење, вентилирање, греење санитарна топла вода, осветлување и др. се проектирани според највисоките барања за оваа класа, а ќе ги потврдиме и со мерењето кое го вршиме.Инсталиран е комплетен мониторинг систем, опрема преку која ја мериме и следиме потрошената енергија, надворешната температура, внатрешната во просториите, создадената температура во Тромбеовиот ѕид, влажноста на воздухот, квалитетот на воздухот. Со тоа ќе можеме комплетно и постојано да ги следиме, анализираме и проучуваме ефектите од сите инсталирани системи.

Славчо ѓОРГИЕВ

Volkswagen Комерцијални возила го испратија Amarok на пат околу светот за 100 дена• Активистот Јоаким Франц за борба против вирусот ХИВ, ја води експедицијата низ 50 земји со новиот теренец Amarok на Volkswagen Комерцијални возила.

На десетгодишнината од светската експедицијата за подигнување на свеста за сида (WAAE), Volkswagen Комерцијални возила уште еднаш дадоа поддршка на екстремниот спортист Јоаким Франц во неговата борба против вирусот ХИВ, при што екипата беше опремена со пет возила Amarok специјални, со соодветна монтажна и дополнителна опрема специјално наменета за турнејата „Помести го светот".

Оваа година, авантуристичкиот тим патува околу светот по маршрута која изгледа како буквата "W": Во експедицијата патуваљето го започна Ванкувер, Канада, и во моментов конвојот се наоѓа во Централна Америка, и оди накај Аргентина. Од таму патуваљето продолжува низ Европа, па се упатува јужно кон Јужна Африка, а потоа назад до Египет за да навлезе во Азија и да се упатат кон Русија и Кина, со крајна цел да се дојде до Австралија. Во тој процес, учесниците имаат цел да пропатуваат низ 50 земји за 100 дена.

Харалд Шаумбург, член на управниот одбор за продажба и маркетинг на брендот Volkswagen - Комерцијални возила, гледа големи предности за двете страни во оваа соработка: Освен општествената одговорност која ние ја покажавме со нашата посветеност во соработката со Јоаким Франц, во исто време ова е вистински тест за нашите возила, за луѓето и за технологијата, тест со кој ќе ги испитаме нивните можни физички граници.

Партнери сме со Јоаким Франц и неговиот тим, а ова партнерство трае веќе десет години. Amarok го има своето деби како превозно средство за оваа експедиција. Amarok е идеален избор за да биде дел од тимот, имајќи ја предвид амбициозната цел да се поминат над 65.000 километри за 100 дена. Под тешки и сложени услови, Amarok веќе ја докажа својата верност како возило за придружба и поддршка на релито Дакар.

Експедицијата на нивниот пат ќе се соочи со низа екстремни ситуации, без разлика дали тоа се топлите и прашливи патишта во Африка или ледените патишта што треба да се поминат на Андите, Amarok е направен за да се справи со овие услови, и да стигнете до места каде што со другите возила едноставно не може да се замисли.

Благодарение на својот 4MOTION погон на сите тркала, ABS и електронска програма за стабилизирање, Amarok е најдобро возило за авантуристи, при што нивното патување ќе биде безбедно и комформно. Amarok е опремен со тврд покрив и спална кабина, со што станува вистински дом за овие храбри луѓе кои учествуваат во оваа авантура.

www.biroproekt.com.mkproektproekt

17

ПОРТА 3 јуни 2011318

18

региони

Дваесет години по еколошката катастрофа на Дојранското ЕзероСтар Дојран во мај. Зеленило, спокој, водата во езерото сè повеќе се враќа. Долж брегот се гради рекреативна патека. Се асфалтира улицата што минува низ населбата и води до граничниот премин со Грција. Отворени градилишта за реконструирање на индивидуални куќи и некои од старите хотели, во населбата Карач наголемо се гради. Никнуваат се повеќе нови куќи. Други хотели веќе се реновирани....Слика која зборува дека е пред крај минатото од пред дваесет години, кога се закани еколошката катастрофа предизвикана од

повлекувањето на езерските води, и кога на повидок беше замирањето на ова место и неговата околина. Тогаш се продаваа викендички многу евтино. Сега сето тоа е минато. Цените на куќите повторно одат нагоре. Се зголемува и бројот на туристите. Градоначалникот на општина Дојран, Глигор Чабулев со задоволство констатира дека се горди од оствареното во изминатите две години од неговото доаѓање на чело на општината. „Инвестираме најмногу во инфраструктурата и покрај минималниот буџет, но успешното менаџирање ги дава своите плодови“, вели тој. Чабулев жали што сè уште од страна на Советот на општината не е усвоен урбанистичкиот план направен пред една година. Но, не се откажува. „Ни требаат инвестиции за доброто на општината, ни недостасува урбана опрема, осветлување, треба да се реновира колекторскиот систем изграден уште во времето на СФРЈ, да се модернизира пречистителната станица, исто и водоводната мрежа и канализацијата. И тоа за сите крајбрежни населби. На овој начин

ќе се придонесе и за екологијата“. Се планира и купување машина за чистење на тињата во езерото со што ќе се спречи трулење на трската, која е природен био-филтер на езерската вода. Тињата би се користела за облагородување на земјоделските површини на полињата во општината. Во тек е снимање на теренот во местото Николиќ, што значи подготовка за негово урбанизирање и евентуално отворање на граничен премин кон Грција и на тој дел од езерото. Не се забораваат и населбите Црничани и Фурка.

рЕКрЕативна патЕКаИзградбата на рекреативната патека во Стар Дојран е во полн ек. Неа ќе можат да ја користат пешаци, велоспидеисти и ролери. До крајот на јуни ќе биде изградена до некогашниот објект „Партизан“, а планот е целосно да се заврши до крајот на годинава. На тој начин посетителите на Дојран ќе можат безгрижно, далеку од моторниот сообраќај да се рекреираат покрај самиот брег на езерото. Градоначалникот

Чабулев посебен акцент става врз реализацијата на меѓународни, прекуграничните проекти. Поконкретно, со неодамна добиен европски проект во соработка со Бугарија, општина Дојран ќе го реконструира старото училиште, кое се наоѓа веднаш до саат-кулата. Планот е тоа да прерасне во музеј, кој ќе сведочи за времињата од војните што се одвивале на овој простор. Градоначалникот најави дека предвидува реконструкција на бункерите долж линијата на таканаречениот „Дојранскиот фронт“, која треба да заврши за две години. За оваа работа е заинтересирана и Фондација од Кралскиот двор од Велика Британија. Нејзини претставници веќе биле во Дојран. И тие сакаат да се вклучат во работите со оглед на историското минато. Очекувањата се дека наследниците на некогашните британски војници ќе сакаат да видат каде и како војувале нивните предци. Во рамките на овој меѓународен проект, финансиран од програмата за прекугранична соработка „ИНТЕРРЕГ 4“ на Европската комисија за развој,

дојран

дојран отвора нови пЕрспЕКтиви

региони

3 јуни 2011 ПОРТА3 19

19

исто така е и изградбата на летна сцена во Стар Дојран.По долги години затишје во изградбата на нови туристички населби, пред неполна година имаше јавно наддавање за купување земјиште во населбата Карач, во која треба да бидат изградени 29 викендички. Населбата зафаќа површина од 61 хектар, од кои над 8.000 квадратни метри се наменети за викендички, 5,6 хектари за зеленило, близу еден хектар за детско игралиште, а зафаќа и 16,5 хектари од брегот на езерото наменет за плажа. Досега се изградени дваесетина модерни куќи, кои веднаш паѓаат во очи кога влегувате во Дојран. Пред почетокот на туристичката сезона почна да се работи и на уредување на езерскиот брег, каде што треба да се направи плажа која се наоѓа источно од туристичката населба. Таа ќе биде наменета за сопствениците и гостите на новите викендички. Градоначалникот Чабулев верува и во развојот на алтернативниот туризам. Тој очекува да се распише тендер за концесија на езерото. А потоа да се обнови традицијата

на лов на риби со помош на птици, таканаречените мандри, да се обнови мрестилиштето, да се отвори Хидробиолошки завод....За сето она што е остварено и што се планира неопходни се пари. Чабулев е оптимист. Засега се користат

општински средства, средства од Владата на Република Македонија, од Бирото за регионален развој преку центарот за развој на Југоисточниот плански регион, од Програмата за прекугранична соработка. Тој најавува премин

кон економијата. Правење на мали индустриски објекти, за што веќе постојат планови. Нивната реализација ќе значи и повеќе пари за општината, а со тоа и полесна и побрза реализација на сите останати инфрструктурни и други проекти.

Глигор Чабулев,Градоначалник на општина Дојран

региони

Дваесет месеци по катастрофалниот пожар кој до темел

ги изгоре конаците, машката трпезарија, библиотеката, галеријата за икони, монашките ќелии и другите простории на Горен палат на Бигорскиот манастир, работите на обновата напредуваат и до крајот на годинава се очекува градежните работи целосно да завршат. - Иако сме релативно блиску до завршниот дел на санацијата на северозападниот дел на Горен палат, првобитниот изглед сè уште не се препознава! Зошто?! Затоа што главниот лик го дава дрвениот дел од Конакот: чардаците,

За сите досегашни активности беа потрошени околу 40 милиони денари,

пред сè буџетски средства од ланскиот и годинашниот буџет на Владата на Република

Македонија, како и донации на верници

дваЕсЕт мЕсЕци по КатастроФаЛниот поЖар

бигорсКи Ќе гО ВРАТИ АВТеНТИЧНИОТ ЛИК

ПОРТА 3 јуни 2011320

20

ЕКО ИНОВАЦИИ и имплементирање на најнови технологии е тоа што АДОРА Инженеринг е синоним за квалитет во градежништвото. Резиденцијата ПОД ВОДНО е ексклузивен објект под падините на Водно во самиот центар на Скопје изграден по сите европски стандарди за квалитетно домување и едниствен во Македонија со енергетска ефикасност : - Фотоволтажен систем за производство на струја за заедничкото осветлување - Сретификат за сите вградени матерјали- Темелна плоча од 95 см - асеизмички, армирано-бетонска конструкција со марка бетон минимум МБ30 и над МБ40- Термо фасада со графитен неопор, најнов тип фасади - Надворешна столарија со РОТО оков и 4-сезонско стакло - Видео надзор и електричен пристап- Во секој влез има два лифта - Сопстевен паркинг на 2 нивоа - Преградни ѕидови до 27 см (2/12 + 3 см изолација од трвдопресован тервол)- Блиндор врати- Прва класа паркет - Прва класа шпанска плочка - Оптички интернет, ТВ и кабелска инсталација во секој стан- Лист за предбележување и можност за кредитирање до 30 години - Онлајн каталог на www.adora.com.mk Резиденцијалниот станбено - деловен комплекс ПОД ВОДНО е дизајниран за сите оние заинтересирани да живеат на мирна локација во центарот на Скопје. Урбан стил кој ги нуди сите придобивки на модерното живеење, функционалност, квалитет и сигурност, со целосен панорамски поглед на Скопје и Водно. Самата локација е ПОД ВОДНО.

Докажано најдобри!ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕТЕ СЕ НА 072 204 024 и 070 365 738

ПРВ РЕЗИДЕНЦИЈАЛЕН КОМЛЕКС ВО МАКЕДОНИЈА со СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАЖЕН СИСТЕМ

РЕЗИДЕНЦИЈА „ПОД ВОДНО“ АДОРА

„Адора инженеринг“ ДООЕЛ, ул. „Орце Николов“ 182А, реон 55, Карпош, 1000 Скопје, Република Македонијател. +389 (0)2 3093 200; 3093 201; 3093 909, факс. +389 (0)2 3093 908,

web: www.adora.com.mk, e-mail: [email protected]

еркерите, скалите и слично, ни вели игуменот на Бигорскито манастир, архимандритот Партениј и додава: Од самиот почеток на обновата, започнавме со потрага по идентичен матерјал и фирма која е способна стручно и со најголема професионалност да го подготви и монтира. Поголемата количина на граѓата со пресеците, иста каква што беше и пред пожарот, ја порачавме во Босна и Херцеговина, се наоѓа во сушална и набрзо ќе биде обработена, донесена и монтирана. Со тоа ќе се исполни условот за поставување на кровната конструкција, бидејќи на тој принцип беше изграден и стариот Горен палат, чардаците беа под ист покрив. Со реализацијата на овој зафат не само што ќе се наѕира финишот туку и ќе се врати истиот, стар автентичен изглед на конаците. Според игуменот Партениј, доколку се обезбедат потребните средства, до крајот на годинава треба да се очекува целосно враќање на истиот изглед на целиот Горни палат, а уште една година ќе биде потребна да се изработат таваниците, резбите и останатиот ентериер кој изгоре во пожарот. Во возобновувањето на Бигорскиот манастир, како што ни вели игуменот Партениј, средствата се единствениот проблем за зголемување на динамиката врз реконструкцијата. Соработката со институциите задолжени за реконструкцијата на конаците е во најдобар ред. Националниот конзерваториски центар навремено ги изработува проектите и фазите, со средства кои за оваа намена се доделени од УНЕСКО. УЗНК не само што го даде неопходното конзерваториско одобрение туку и преку свои инспектори врши надзор и ја следи динамиката на обновата. Пожарот избувна на 30 септември 2009 година во Источниот палат на Бигорскиот манастир. Огнените јазици за неколку часа го проголтаа ремек-делото на мијачките мајстори, го срамнија до темел и сè беше претворено во пепел и саѓи. Монашкото братство веднаш презеде активности и ја започна обновата. Верници – доброволци со помош на градежна механизација го исчистија целиот опожарен простор. Потоа беше пристапено кон обезбедување на објектот, заради опасноста од уривање,

како и заради сеизмичките активности. Во следната фаза беа заштитени ѕидовите на објектот од надворешни атмосферски влијанија, со привремен покрив над машката трпезарија и со градежен најлон над останатиот дел. Напоредно беше извршена и санација на најосетлвите делови: беа заменети изгорените дрвени кушаци, уништените надвратници, натпрозорници и слично. Се ископа половина метар под визбата и беше поставен нов тампон, мршав бетон, добра изолација и беа ставени нови темелни греди, а воедно беа отворени нови столбови кои ја врзуваат конструкцијата со старите ѕидови. Потоа, постоечките АБ греди се исчистија до железото, беше извршено џакетирање и беа врзани со нови касетни АБ плочи. За да биде се како што треба и квалитетно, секој камен од ѕидот беше исчистен и наоколу беше ставена нова фуга како замена за старата изгорена, и беше извршено инјектирање на целата површина. Градежниците, по поставувањето на последната АБ касетна плоча, продолжија со обработка на камен бигор и започнаа со ѕидање на апсидата на машката трпезарија, за да се добие стариот автентичен лик. Со оваа фаза ќе завршат градежните работи на северозападниот дел и со идентична постапка ќе се продолжи на североисточниот дел на Горни палат. За сите досегашни активности беа потрошени околу 40 милиони денари, пред сè буџетски средства од ланскиот и годинашниот буџет на Владата на Република Македонија, како и донации на верници. Националниот конзерваториски центар процени дека пожарот на Бигорскиот манастир му нанесе матерјална штета од околу 5,5 милиони евра, кога беа изгорени над 3.000 квадратни метри корисина површина со многу вреден ентериер, таваници, резбарии, фрески, икони, столарија, инвентар и слично. Но, како што истакнува игуменот Партениј, со домаќинско работење реконструкцијата и обновата на опожарениот дел на Бигорски ќе ја завршат со половина од оваа сума.

Киро КИПРОСКИ

ПОРТА 3 јуни 2011322

22

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

3 јуни 2011 ПОРТА3 23

23

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

ПОРТА 3 јуни 2011324

24

интервју

Доцент д-р Елена Никољски-Паневски работела како архитект во повеќе претпријатија за проектирање и производство на ентериери, мебел и опрема. Била проектант на ентериери и мебел за индивидуални куќи, станови и јавни објекти, и го уредувала списанието за внатрешно уредување „Мој дом“. Автор е на ТВ емисиите од областа на домувањето и уредувањето на ентериерите „Дома сме“, „Знаци во просторот“, „Соба со поглед“. Предава повеќе предмети на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, насока Проектирање на мебел и ентериер, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Повод за овој разговор е нејзината докторска дисертација насловена „Интегралност кај недвижниот и движниот мебел во македонската куќа во 19 век и можности за континуитет“.

Јавноста ве познава по интересните концептуални емисии наменети за домот, додека колегите по реализираните ентериери. Сосема актуелно за Вас, а со кое малкумина се запознаeни, е вашaтa докторска дисертација посветена

на мебелот во македонската куќа од 19 век. Ќе ни кажете ли нешто повеќе за оваа ваша работа? Сакав да работам на тема за која нема ништо на интернет. За кое колегите нема да можат да ми кажат дека е ,,симнато од интернет“. Без истражување нема научно дело. Така и мојот докторат е едно вистинско истражување, со сите параметри кое тоа ги подразбира. Во фокусот е Македонија, мојата земја, значи етно тема.

Додека го разгледував материјалот забележав навистина вложен труд во него, од самата идеја до графичка реализација на делото, поткрепено со фотографии и докази од тоа време, кои ретко можат да се најдат. Вие докажавте дека со обемно истражување, може да се постигне квалитетно дело. Раскажете ни за почетоците, имавте ли помош во врска со наоѓање на докази, цртежи, илустрации од тоа време? Најмногу ми помогнаа податоците и документацијата во вид на проекти, снимки, фотографии и записи од територијата на целата наша земја, кои се наоѓаат во Институтот за историја на

архитектура и уметност и заштита на градителското наследство, како и во Кабинетот за внатрешна архитектура (реализирани преку проектот ,,етно предмети“ што траеше од 1993-2003 година), се разбира, при Архитектонскиот факултет во Скопје. Потоа следуваа моите соработки со Етнолошкиот музеј на Македонија и многу литература за да успеам да го вообличам делото. Консултирав повеќе од 300 автори, а трудот има библиографија од 12 страници. Кој работел научно дело знае што значи тоа. Повеќето од документираните материјали, главно цртежи од претходно споменатиот проект, се преземени од кабинетот по Ентериер и дизајн, каде соработував со проф. Митко Хаџи-Пуља. Сепак, безрезервната поддршка во научен поглед од менторот проф.д-р Јасмина Хаџиева Алексиевска го обезбеди високото ниво на трудот. Благодарна сум им на соработката и стручноста.

Доближете нè до темата. Дали, кога се соочивте со некој проблем, посакавте да се откажете или, пак, можеби токму тоа беше предизвикот за да се продолжи понатаму?

Автентичниот регионален стил на македонската архитектура и ентериери го препознаваме веднаш бидејќи го отсликува нашиот идентитет во кој се пронаоѓаме себесиЗа традицијата како инспирација при дизајнирањето на мебел...

ЕЛЕна ниКољсКи панЕвсКи

3 јуни 2011 ПОРТА3 25

25

интервју

Темата е интегралност. За историјата на македонските ентериери од суштествено значење е да се разбере концептот на интегралност меѓу движниот и фиксниот (недвижниот) мебел, бидејќи токму нивната интегралност е носител на автентичниот регионален стил, на истиот начин на кој настанале обележјата на останатите анализирани и познати стилови од европските земји. Никогаш нема да се откажам од моето истражување, тоа продолжува и по докторатот, зашто ова е една неисцрпна тема за работа на полето на дизајнот.

Како кај нас се третира наследството, ја негуваме ли традицијата кога е во прашање дизајнот на мебел? Културолошкиот проблем на пресликување на европските или светските ентериери кај нас е одамна присутен. И јас се прашувам од кои причини? Дали клиентите тоа го бараат или архитектите го нудат заведени од убавината на фотографиите во каталогот. Како и со сите други нешта во животот, така и тука, вистината е некаде на средината. Добиениот резултат е повисоко или пониско буџетно декорирани простори кои ги задоволуваат моменталните желби на корисниците, не навлегувајќи премногу во суштината на дизајнот, а тоа е функционалноста. Во современите ентериери направени по ,,последна мода“, понекогаш не можете да си го проектирате корисникот внатре, затоа често кај народот ќе чуете ,,да ти е страв да седнеш“ или ,,да не пипнеш“, како реакција на одредени завршници или одреден мебел во просторот, кои се ултимативно нежни или софистицирани за секојдневна употреба. Процесот на проектирање не е лесен...и е повеќеслоен.

Дали развиените европски земји го третираат проблемот на традицијата поквалитетно? Токму поради тоа во трудот е направена споредба, односно се анализираат примерите на другите земји. А, тие се конкретни и реални (во трудот се опфатени

Скандинавскиот и Јапонскиот пример), мислам на новите движења во современата архитектура и дизајн кои се потпираат врз придобивките од традицијата. Сè почесто овие обиди се инвентивни поради воспоставување на континуитет што е многу важно за една земја. Кај нас, овие тенденции се јавуваат како одредени фолклористички белези, каде традицијата се реализира преку стихијна и неаналитичка апликација на традиционални форми со често пренагласени декоративни елементи.

Колку македонската куќа од тоа време е инспиративна за дизајнерите? Дали при истражувањето наидовте на нешто што навистина ви остави посебен впечаток за да продолжите да го истражувате и можеби ќе резултира со современ дизајн? Се разбира, јас веќе работам на тоа. Размислете и самите што да издвоите, што е поубаво во македонската традиционална архитектура: дали објектите што сосема се приспособуваат на теренот и на улицата, дали вниманието со кое се ориентирани прозорците кон доживувањата надвор од објектот, дали ентериерот и мебелот што како внатрешно ткиво на објектот дише заедно со него, дали е тоа столот понекогаш изведен само од две поубаво одбрани парчиња дрво, дали антропометричноста на објектот каде човекот е во центарот на сите мерки.... не знам навистина што е позначајно. Можеби најзначајно во овој процес е односот кон наследеното како кон нешто блиско во кое се пронаоѓаме.

Можеби е несекојдневно, но дали размислувате вашето дело да биде отпечатено во поголем тираж. Навистина е убаво кога секој Македонец во рацете би држел едно вакво дело. Дали сте размислувале да го споделите вашиот труд на таков или сличен начин? Убаво би било да се преработи и стилски да се сведе на литература за продажба, би била

многу горда, пред сè, затоа што традицијата е битен елемент од нашето постоење. Преку нејзиното единство со современото се стигнува до таа толку посакувана национална препознатливост, идентитет. Знаете како, наогајќи се во една транзициона состојба, квалитетниот однос со традицијата сме го загубиле некаде по патот на себеспознавањето и себепоставувањето во современи глобални рамки. Важно е да се разбере дека односот кон традицијата не треба да биде контрадикторен. Традицијата треба да биде длабоко всадена во мислата на луѓето и во начинот на живот, па со оглед на тоа да претставува составен суптилен дел од современата архитектура, ентериери и дизајн. Традицијата не треба ниту да се крева на пиедестал по секоја цена, како што тоа се прави во некои европски земји (на пример во Англија, каде дури и се шегуваат употребувајќи го зборот „pastish,“ секогаш кога се критикува некоја градба која по секоја цена сака да се доближи до минатото - како лушпа без содржина) туку таа треба да се почитува и да се носи со себе во неуморната глобална иднина преместувајќи ја секогаш во сè посовремени рамки на егзистенција. Знаете јас сум половина Русинка, но тука сум родена и сосема се пронаоѓам себеси во ова што го зборувам.

Колку вашата книга може да придонесе за развојот на македонскиот дизајн? Велам развој, во насока како македонската традиција може да биде инспирација, како што во разговорот ги споменавме Јапонија и Скандинавија. Едноставно, младите ќе поседуваат голем број податоци на едно место, во една книга. Од македонската традиционална архитектура би можеле да научиме многу, особено за тоа како се гради и негува автентичен стил на еден народ и култура. Автентичниот регионален стил на македонската архитектура и ентериери го препознаваме веднаш бидејќи се наоѓаме себеси

во него. Набљудувајќи го нашето архитектонско наследство, етно предмети и мебел ги доживуваме како свои, токму поради тоа што се препознаваме во нив. Зад овој момент на препознавање се крие долгата традиција на форми, материјали, постапки кои ни се познати, кои сме ги гледале и доживувале, дури и тогаш кога не сме обрнувале внимание на тоа. Накратко, само преку вистинско разбирање на овој комплексен однос, ќе можеме да го изградиме сопствениот однос кон традицијата, кој евидентно ни недостига.

Биејќи сте професор на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, доволно ви е познато дека студентите се соочуваат со недостиг од книги, и малку се посветува внимание на традицијата и македонскиот дом. Оттука, за жал, избледува и чувството за она „нашето“. Кое е вашето мислење? Литература има многу, книги, списанија, зборници, интернет, но прашање е дали новите студенти имаат трпение и желба за учење, работа и пред сè, себеизразување на најдобар можен начин, зашто факултетот е место каде доаѓате да покажете што знаете, затоа и се вика така – факултет. Денес студентите сакаат сè одеднаш, брзо, едноставно и со што е возможно помалку труд. Притоа треба да бидат свесни дека ваквиот пристап носи исто такви резултати - брзи, површни, недоволни. За среќа, ова не е правило. Во мојата работа во секоја генерација сум опкружена со студенти со кои ми е особено драго да работам, со кои сакам да се пофалам и да ги препорачам таму каде што треба. Проектирањето никогаш не било едноставна задача и ретко кој во тоа е добар. Тие малкумина веднаш се препознаваат како ,,огреани од сонцето“ по инженерскиот, истражувачкиот и неуморен дух, кој е единствен двигател на полето на архитектурата и дизајнот.

Ирина ЈаНКОВСКа

Автентичниот регионален стил на македонската архитектура и ентериери го препознаваме веднаш бидејќи го отсликува нашиот идентитет во кој се пронаоѓаме себесиЗа традицијата како инспирација при дизајнирањето на мебел...

ПОРТА 3 јуни 2011326

26

урбанизам

ПОДЗЕМЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ХЕЛСИНКИИДНИНа Хелсинки е ограничен со бариери кои го лимитираат неговиот раст. Од една страна, тука е веќе изграденото урбано ткиво, додека од друга страна, како природна граница се јавува водата, па затоа единствениот правец за ширење на градот останува под земја.

главниот град на Финска е првиот град во историјата, кој изготви урбанистички

план од сосема поинаков вид. Имено, планот се однесува на подземјето на Хелсинки, и е фокусиран на градење во цврсто карпесто тло. Градот Хелсинки досега има изградено мноштво подземни содржини, и планира да изгради уште повеќе, со што ќе се олесни градскиот метеж, ќе се ослободи земјиштето и ќе ја задржи веќе добро препознатливата и дефинирана градска силуета.

Легенда: сино - планирано со овој план, сиво - постоечка изградена подземна структура, портокалово - можен развој во иднина.

3

27

273 јуни 2011 ПОРТА

урбанизам

Црква Temppeliaukio (изградена во цврст камен)

Подземниот план ги прикажува обете постоечки и идни подземни простории и тунели. Сивата боја укажува на посточките капацитети, додека сината на планираните. Постојните сообраќајни коридори се прикажани со светлосиво, додека идните со светлосино. Постоечките витални-пристап врски до подземјето за техничко одржување на објектите и тунелите, во прилогот се прикажани со триаголници. Хелсинки е ограничен со бариери кои го лимитираат неговиот раст. Од една страна, тука е веќе изграденото урбано ткиво, додека од друга страна, како природна граница се јавува водата, па затоа единствениот правец за ширење на градот останува под земја.Подземни цркви, спортски сали, терени за хокеј на мраз, патеки за трчање, постројки за обработка на вода, трговски центри, автобуски станици како и многу други содржини, се само мал дел од се она што се предвидува за изградба во иднина.

Хелсинки

ПОРТА 3 јуни 2011328

28

подземен тунел

урбанизамОд 1960 година, па сè до денес, градот Хелсинки вешто ги искористува подземните просторни ресурси. Изградени се повеќе од 400 простории и тунели со должина од 200 км. Денес постојат повеќе од 200 нови резервации во регистарот за долгорочни подземни проекти. Побарувачката за подземни објекти во центарот на Хелсинки значително се зголеми, а во исто време се зголеми и потребата за контрола на градежните работи во подземјето. Како што урбаната структура станува се погуста, така сè повеќе објекти се приспособуваат согласно нивната намена да бидат изградени под земја. Притоа постои и потребата, сите овие подземни простори да се поврзат и да формираат кохерентни и меѓусебно поврзани комплексни системи. Кога се планира и кога се одобруваат нови подземни проекти, многу е важно да се зачуваат простори за долгорочни јавни функции, како што се тунели, канали за сообраќај и простории за техничко одржување, без кои подземниот град не би функционирал. Брзиот

развој на подземниот град и потребата да се координираат различните проекти, доведе до иницијативата за подготовка на ПОДЗЕМЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН. Имајќи правен статус, подземниот урбанистички план ја зајакнува систематизацијата на природата и квалитетот на подземните конструкции, но во исто време ја подобрува размената на информации поврзани за подземниот град.Денес се прават напори да се ублажи побарувачката за подземни простории во централниот дел на Хелсинки, со дисперзија на просториите во области надвор од центарот на градот. Промената на намената на веќе изградените објекти во централниот дел е тешко спроводлива, што веднаш укажува на важноста и потребата од подземно урбанистичко планирање. Подземните резервации се веќе поделени во следниве категории врз основа на нивната главна намена, и тоа: заеднички технички системи, сообраќај и паркинг, одржување и складирање

и услуги и администрација. Урбанистичкиот план е поделен на четири нивоа и тоа: проект-план, спецификација на потреби, провизорни просторни барања и конечни просторни барања.Комуналните технички системи (како што се енергетските, водоводните и телекомунакациските водови) поради тоа што се големи затворени мрежни системи, се поставени во неколку различни пунктови кои се поврзани со комунални тунели. Комуналните тунели се лоцирани на таква длабочина каде што просторот резервиран за нив, не би имал значителен ефект врз останатите подземни простории. Согласно Законот, сопственкот на имотот има контрола над подземниот дел од имотот, додека вертикалната сопственост не е крајно дефинирана во законодавството. Сопственоста интерпретирана во нејзините граници се ограничува на долната граница на имотот, до длабочина каде што имотот може технички да биде искористен. Во праксата, тоа значи длабочина од 6 м од

најниската точка на имотот.Градот Хелсинки разви стратегија на наплата за користење на подземниот простор, односно кирија за просторот за само 50% колку што истиот би чинел ако е над земја. Секој кој гради под земја, потпишува договор за правото да го користи подземното градилиште. Право на сопственост се добива врз основа на доброволни трансакции, договори или откуп врз основа на Закон. Предуслов за добивање на градежна дозвола е доказ барателот да има контрола на подземното градилиште. За разлика од досегашниот дводимензионален катастарски систем, од мај 2006 година, Министерството за земјоделство и шумарство оформи работна група за проучување на тродимензионален катастарски систем во Финска, со што изградбата во подземјето е олеснета и е законски регулирана.Тоа значи дека за различни имоти позиционирани на иста локација по вертикала, можат да се јават различни сопственици.

3 јуни 2011 ПОРТА3 29

29

Подземните градежни зафати имаат исклучително важна и клучна улога во развојот на градската структура на Хелсинки и соседните области, поради создавањето на унифицирани и еко-ефикасни комплекси. Подземниот урбанистички план поставува рамка за понатамошно планирање, ја подобрува ефикасноста на целокупната економија на подземните објекти, ја зголемува нивната безбедност и ја промовира нивната употреба. Прописите во планирањето се општи, со што им се дозволува на објектите да имаат различни намени, односно да бидат мултифункционални. Планот ги презентира најважните подземни објекти и планови за просторни побарувања, за кои може да бидат потврдени јавни или приватни проекти, кои се обезбедуваат за долгорочен период. Подземниот план има некои од карактеристиките на стратешки план за зачувување на земјиштето. Тој укажува на резервации за земјиштето обезбедени за проекти кои се од клучно значење за општеството во целост. Планот прикажува и вклучува и карпести ресурси резервирани за изградба на сè уште неименувани подземни објекти, со цел да се идентификуваат добри локации за функциите погодни за употреба, и ресурси кои ќе ги намалат притисоците врз карпестите

ресурси во центарот на градот. Направени се низа испитувања на тлото и носивоста на карпестиот подземен ресурс, и притоа се испитани конкретни области кои се приспособени за изградба на сали и слични големи простори. Користен е модел врз основа на кој се направени испитувања, и тоа, земена е пештера со стандардни големини (ширина 50 метри, должина 150 метри и висина 12 метри). Моделот се базира врз основа на карактеристиките на тлото што се директно поврзани со конкретната локација, и притоа се земени предвид и локалните зони на слабо земјиште како и карпестите ресурси кои се веќе изградени. Во основа, може да се каже дека карпестото тло во Хелсинки не е далеку под површината на земјата и дека има многу локации погодни за изградба на подземни содржини. Истражувањето покажа дека надвор од центарот на градот се откриени 55 карпести области, кои имаат доволна цврстина за сместување на големи подземни објекти во близина на големите сообраќајници, а притоа да ги користат постојните пристапи до подземните простории. Постојат околу 40-ина неименувани карпести ресурсни области кои сè уште немаат резервација за употреба и определна цел. Просечна површина на овие области е 30 ха. Вкупната површина која сè уште нема добиено намена и содржина е

речиси 1.400 ха, што пак претставува 6,4% од површината на земјата во Хелсинки. При изборот на овие ресурси се земени предвид нивната достапност, сегашни и планирани пристапи, сообраќајни врски, сопственост на земјиштето

како и евентуални рекреативни, пејзажни и еколошки вредности.

Маја ЛУКаРЕВСКа, планер урбанист при Агенција

за планирање на просторот

урбанизам

Подземен базен за пливање со капацитет од 1.000 посетители на две нивоа. Базенот има околу 400.000 посетители годишно. Изделкан во цврстиот камен, истиот по потреба може да се претвори во засолниште за итни случаи за 3.800 луѓе.

ПОРТА 3 јуни 2011330

30

дубаи

вештачки остров „палма“Проектот наречен One & Only, на чиј дизајн и конструкција студиото ДСА активно работеше во текот на изминатите три години, е лоциран на западните краци на вештачкиот остров „Палма“ во Дубаи. Комплексот што се состои од маниристичка куќа, шест пансиони, четири вили, комплетен спа – центар, морски ресторан и уште неколку други комплементарни објекти, беше завршен и отворен за рекорден период. Покрај високиот степен на луксуз, дополнителна атракција претставува комбинацијата на амбиенти на копнените и водните објекти кои се елементи на комплексот.

Лос ангЕЛЕс

природа како архитектураОбјектот лоциран во малото гратче Лос Ангелес во Чиле е дело на Turner Arquitectos. Во него се сместени хотел, казино и центар за конвенции и конференции. Инспирација за надворешниот изглед се околните шуми, кои како главен економски ресурс на градот, претставуваат и негов заштитен знак. Фасадните елементи имаат вертикални и дијагонални насоки, на тој начин претставувајќи ги стеблата и гранките на дрвјата карактеристични за овој крај.

јоХанЕЗбург

уникат во студенскиот кварт на јоханесбургХотелот „Лумуну“ во студентскиот кварт на Јоханезбург е солиден пример за успешно извршена реконструкција на објект, од страна на студиото Lupini Architects. Компанијата South Point Management Services се пробива на сосем нов пазар, притоа задржувајќи го имиџот на социјално ориентирана компанија, која се грижи за нивото на интра-структурите. Објектот има седум ката на кои се рспоредени 60 сместувачки единици, ресторан со кафуле, се вклопува во јавниот простор, а во непосредна близина се наоѓаат просториите на самата компанија. Со тоа, тие го применуваат урбаниот концепт на живот кој го застапуваат наречен „Работа-Живот-Игра“.

архитектура инфо

3 јуни 2011 ПОРТА3 31

31

буЕнос аирЕс

вертикална сафари-зоолошка градинаАрхитектонското биро „Инфлукс Студио“ предлага необичен зоолошки облакодер за сафари и панорамски поглед на Буенос Аирес. Ваквиот предлог претставува редефинирање на терминот „зоолошка градина“. Животните ќе бидат сместени во пространи „градини“ на повеќе катови, каде што ќе можат да се движат слободно, додека посетителите низ објектот ќе се движат со сафари-возила. Со висина од над 240 метри и подвижна кружна платформа за панорамско набљудување, овој објект би бил еден од најпрепознатливите и најпосетуваните во градот.

подготви: Леонида ПЕНКа БаШа

Лас вЕгас

Клиника во бранови од металКлиниката за хронични заболувања на мозокот во Лас Вегас е уште една футуристичка архитектонска изведба на Френк Гери. Волуменозната структура постигнува ефект на маркетинг-алатка за фондацијата што ја претставува. Во објектот се сместени клиника, истражувачки центар и НВО. Најдобрите ефекти во ентериерот се постигнати во клиничкиот дел, каде што вратите и прозорците во топла нијанса на светло дрво создаваат чувство на дом, а не на болница. Исто така, ходниците се функционално планирани така што пациентите со различни стадиуми на болеста ретко доаѓаат во допир.

ЧиКаго

молитва во утринска рефлексијаПоследниот проект на архитектот Џон Ронан е лоциран во Чикаго. Карактеристично за авторот, овој објект ја изразува материјалноста на архитектурата. Архитектот користи едноставна палета на материјали со која визуелно го одвојува овој објект во просторот, од училишниот комплекс во кој се наоѓа. Објектот го сочинуваат три стаклени блокови во полна висина на објектот, кои содржат филтри за дневна светлина. Благодарение на овој елемент, просторот е интензивно осветлен со природно осветлување, особено во текот на утринските часови кога фреквентноста во објектот е најинтензивна.

архитектура инфо

ПОРТА 3 јуни 2011332

32

архитектура

општината Никшиќ во Црна Гора, кон крајот на минатата година распиша конкурс за проект на Филозофскиот

факултет, со кој започна да се дополнува дадениот ДУП на целокупниот универзитетски кампус. Според планот е предвидено во текот на следниов период да се сконцентрира и доврши урбаниот развој започнат уште кон крајот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век… Според информациите, на конкурсот учествувале 15 пореномирани проектантски студија од регионот, меѓу кои и престижните Studiograd i StudioSynthesis од Подгорица. Од друга страна, распишаниот конкурс бил повод за создавање и на еден

мешовит тим од профеционалци, кои своите искуства и знаење ги обединиле во еден креативен, современ и урбан проект. Се работи за тим кој го сочинуваат архитектот Александар Петров од Скопје, кој редовно учествува на сите позначајни конкурси во регионот и пошироко, заедно со Александар Асанин, Иван Асановиќ и Милич Ѓерковиќ, сите од Подгорица. Според Петров, „ваквата мултикултурна и мултидисциплинарна соработка се претворила во добитна комбинација“. Имено, иако не била доделена првата награда, нивниот проект е морален победник на конкурсот. Тој за Порта3 вели дека „конкурсот бил одличен повод да се создаде една мултикултурна

група меѓу Црногорци и Македонци, кои успеаја речиси да ја освојат главната премија. Го освоивме второто место, иако се сметаме за морални победници поради тоа што првата награда не беше воопшто доделена. Она што сакам да го истакнам е дека успеавме, од една неформална група како нашата, да ги победиме едни од двете водечки студија кои редовно ги добиваат конкурсите низ Црна Гора“. Проектот од самиот почеток бил поставен да ја следи дадената урбана логика, иако формата и кубусот беа веќе строго зададени преку градежната линија и грубо ја контролираа масивната форма. Како што вели Петров, „најголемиот проблем го создаваше малата квадратура од дадената маркица,

која создаваше речиси невозможно какво било алтернативно разигрување на волуменот“. Според него, „рационалното размислување било одлука која за цело време го следела развојот на проектот, односно се штедело на секој простор и се направила поделба на зададените функции благодарение на наметнатиот, централниот атриум“. „Просторот успешно го дистрибуиравме, а воедно и го поделивме за да биде независен при неговото функционирање, т.е. да се подели администрацијата од студентскиот дел. Типскиот кат во првите две етажи се повторува, додека во приземјето се одзема еден модул со цел да се направи спој на двата различни влеза. Сутеренот ја

Младите архитекти наспроти престижните студија

мЕѓународни КонКурси

МОРаЛНИ ПОБЕДНИЦИ

Минатата година, општина Никшиќ распиша конкурс за проект на Филозофски факултет,

на кој покрај реномирани проектантски студија од регионот, учестуваа и млади

архитекти од Македонија и Црна Гора собрани во неформална група. Иако не

била доделена првата награда, нивниот проект е морален победник на конкурсот.

3 јуни 2011 ПОРТА3 33

33

архитектура

доживува кулминацијата бидејќи се проширува преку подземјето со дел од постоечкиот јавен простор на приземјето, и на тој начин се добива дополнителен простор кој се појавува покрај библиотеката - простор кој би се користел за пауза и одмор. Со тоа функционалната батерија ја добива композицијата од типот А/ББ'Б'“, објаснува Петров.Двата влеза на приземјето се поставени на начин да го задржат текот на постоечкото движење. Едниот се надополнува со градското ткиво (станува административен влез), додека другиот со постоечкиот кампус и преку блага рампа се поврзува со нашиот нов објект, кој впрочем станува главен студентски влез.Сутеренот е обложен со масивен

необработен камен, со цел да се заштити внатрешноста на просториите, а воедно и да го спои целокупниот објект со земја, додека горната фасада е целосно отворена со стаклена конструкција, на која се поставени вертикални заштитници за сонце, за да се заштитат јужната, западната и источната фасада. Во северниот дел, каде што не се потребни овие заштитници, се монтира друг тип материјал од перфорирани алуминиумски панели, со цел да се постигне еден исчекор со што би се разбило повторувањето. Тука се сместени деканатот, кабинетите на академскиот персонал, а фасадата е од отпечатено стакло по која „течат“ мислите и пораките на големите светски писатели,

испишани на различни јазици. Тој мотив воедно претставува и прва слика на куќата за сите кои доаѓаат од правец на центарот на градот. Затоа рабовите на тој дел од фасадата се третирани како своевидна „антологиска рамка“ на внимателно одбрани мисли, испишани на стакло, со содржини кои одговараат на поимот интелектуална слобода.Овој проект, според Петров, претставува вистински доказ како група архитекти, штотуку споени во тим, кои не се познаваат од порано, освен преку размена на своите CV претходно, но со знаење, квалитет, креативност, идеи, тимска деноноќна макотрпна работа и упорност, ја постигнала целта. „Ова за мене

како Македонец е од посебно значење што во друга земја, како архитект заедно со тимот со кој работевме оставивме најсилен впечаток. Секако, посебно беше задоволството што многу позитивно бев прифатен од архитектонската фела во Црна Гора“. „Во силна конкуренција на познати архитекти и архитектонски студија со работно искуство и до 15 години, инаку доста познати и докажани, успеавме да победиме, ние млади ентузијасти, кои секојдневно и макотрпно го пробиваме патот до успехот“, заклучува младиот архитект Александар Петров, кој денес живее и работи во Италија, Црна Гора и Македонија.

Дејан БУѓЕВаЦ

КАРИЕРА Александар Петров е архитект, кој денес живее и работи во Италија. Роден е во Скопје во 1978 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Biaggio Rosetti“ во Ферара (Италија), кај професорот Џовани Корбелини. Од 2005 година, Петров е член на Италијанската комора на архитекти во Ферара и Џенова како овластен архитект. Од 2010 година, работи како слободен архитект на релација Македонија, Црна Гора и Италија, и учествува на сите позначајни конкурси преку неформалната група APTSarchitect.com, која самиот тој ја предводи.

ПОРТА 3 јуни 2011334

34

репортажа

Да се биде во Осло во мај, на 21 степен целзиусов, кога во Скопје е девет степени, навистина е доживување. Во

светлината на долгиот ден може да се види се она што не случајно овој град го прави културна престолнина на северот од Европа. Може да се види како умните, но и богати Норвежани успеваат грaдот, кој според број на жители е близу до Скопје, да го претворат во спој од невидена убавина од старо и ново. Старото се чува, ново се гради. И тоа според најмодерни трендови. Сама по себе се наметнува споредбата со нашиот главен град. И во Осло се инвестира. Инфраструктура, модерни зданија, станбени делови. Секоја инвестиција е посебна приказна за себе. Градбите се уникати. Независно дали станува збор за автопат, станбен, деловен или културен објект. Го прашувам мојот домаќин дали некој го диктира стилот на градење. Не го разбира прашањето. Кога му ги објаснувам нашите состојби, коса му се крева на глава. Норвешка е богата и скапа земја. Дел од големите девизни приливи од нафтата и гасот норвешката држава ги вложува во фондови, дома и надвор од

земјата за да се оплодуваат. Мојот домаќин вели дека така прават за идните генерации да имаат полза од наследството остварено со црпењето на нафтата и гасот. Му велам, нашите власти на идните генерации им оставаат долгови. Од аеродромот до Осло се доаѓа со експресен воз, патнички или со автобус. Зависи која цена сакате да ја платите. По пат од левата и од десната страна се сретнуваат мали населби со куќи на приземје или уште еден кат, направени од дрво, кое можете да го збележите само доколку се доближите до нив. Сите впиени во зеленило. Овде-онде има по некоја мала индустриска зона, веројатно за мали и средни компании. Самиот град е сместен околу прекрасениот истоимен фјорд. Името значи „устие на Ло“, според реката на која бил основан. Во 17 век данскиот крал Кристијан IV (Норвешка тогаш била данска провинција), по еден пожар во кој изгорел стариот град наредил да се изгради нов, веднаш до изгорениот, и тоа од камен за да не страда од пожари. Во негова чест бил наречен Христијанија. Во време кога Норвешка била под шведска власт градот го нарекле Кристијанија. И тоа име го носел се до 1924 година

осЛо

Старо, ново и природа во едноВо Осло се инвестира. Инфраструктура, модерни зданија, станбени делови. Секоја инвестиција е посебна приказна за себе. Градбите се уникати. Независно дали станува збор за автопат, станбен, деловен или културен објект. А старото се чува.

(Специјално за Порта3) Мирче аДаМЧЕВСКИ

Катедралата во Осло:Лутеранската катедрала во Осло

е изградена во 1697 година во барокен стил. Во неа се одржуваат

крунисувањата и венчавките на кралското семејство. Освен

кралското семејство неа ја користи и владата за јавни настани. Во 2006 година започна реновирењето кое заврши во април минатата година.

3 јуни 2011 ПОРТА3 35

35

репортажа

кога му е вратено старото име Осло. Градот е спој на модерно, старо и на природата. Според некои податоци тој е најстар град во Скандинавија со први траги на почетокот на 11 век. Има над 550.000 жители. Градот се ширел од централното јадро, кое е урбанизирано на начин што сè ти е на дофат. Ако тргнеш по централната градска оска - улицата Карл Јохан, која почнува од Централната железничка станица и завршува кај кралската палата, попатно ќе ги видиш речиси сите знаменитости на градот. Лево и десно од неа, во попречните улици има многу еднокатни, но не

повеќе од петкатни објекти кои се изградени во 19 и на петокот на 20 век. Но, него го краси и модерна архитектура со зданија направени на празни простори од градот или на место на урнати згради. Веднаш до Централната железничка станицата е „залепен“ големиот трговски центар, од каде се продолжува кон деловниот центар на градот со високите зданија од алуминиум и стакло, меѓу кои доминира хотелот „Редисон САС“. Непосредно до железничката станица е сместена главната автобуска станица и нормално, влезот во подземната железница, а тука се и трамвајските

и автобуските постојки. Поаѓајќи од железничката станица и одејќи попатно долж улицата Карл Јохан од десната страна, на педестина метри, ви паѓа во око Катедралната црква. Пред неа мал плоштад, споменици, фонтани, и народ испоседнат во нивните подножја. Како да се правени за одмор на луѓето, а не да застрашуваат со својата големина и недостапност за обичниот човек.Неколку стотини метри подолу по централната улица, од левата страна е зданието на норвешкиот Парламент. Првата асоцијација е дека пред него нема метални огради, како кај нас, ниту полиција.

Во паркот пред парламентот, целиот виолетов од јоргованите што беа во полн цут и ја ширеа својата миризба, народот се сонча одмарајќи се, а група Палестинци испоседнати и застанти со транспаренти во раце мирно протестираат против она што го прави Израел во Палестина и истовремено за решавање на нивните проблеми со азилот. Веројатно сметаат дека ќе извршат „притисок“ врз членовите на парламентот за својата кауза и проблеми.Од десната страна на улицата Карл Јохан се наоѓа хотелот „Гранд“, на средина меѓу Кралската палата

Старо, ново и природа во едно

Норвешкиот Парламент: Зданието е изградено во март 1866 година по шест години од почетокот на градњето.

Тоа е во еклектички стил, во кој се гледа големо влијание од Франција и од Италија.

Архитект е швеѓанецот Emil Langlet.

ПОРТА 3 јуни 2011336

36

и Парламентот. Хотелот денес е познат како главно сместувалиште на добитникот на Нобеловата награда за мир и место каде што се одржува банкетот по тој повод. Во подножјето мноштво гости, кои измамени од убавото време завалени во удобните столици на „Гранд кафе“ се насладуваат на храната и пијалаците. Негови постојани посетители биле Едвард Мунк и Хенрик Ибзен. Зад него е главната трговска и културна зона, со мноштво ексклузивни бутиици, театри и галерии, сместени претежно во згради од 19 или почетокот на 20 век.Продолжувајќи по централната улица од десната страна во очи паѓа старата зграда на Универзитетот во Осло. Нема студентски џагор. Тук-таму по некој студент. Главниот кампус на Универзитетот во Осло сега е преселен подалеку од центарот. Во старото здание во центарот на Осло сега се наоѓа само Правниот факултет. Малку поделеку од универзитетот пред нас се отвора видикот кон огромно здание со кое

практично завршува централната оска на градот - улицата Карл Јохан. Улицата на својот крај удира во Кралската палата. Лево и десно од неа во тревниците се сончаат гладните за сонце Норвежани. И младо и старо граба од сончевите зраци. Палатата од предниот дел

личи на ненаселена или поточно на напуштено здание. Нема огради како што сме навикнале да ги гледаме кралските палати на други династии. Однапред црвен песок, споменик пред зданието..., делува некако пусто. Но кога ќе заминете од задниот нејзин дел, веднаш ви станува јасно дека се наоѓате на место каде не му е дозволен влезот на кој било намерник. Зад големиот парк е кралската резиденција до која може да се дојде само преку строго контролираните влезови. Скршнувајќи лево од „Гранд“ хотелот и напуштајќи ја улицата Карл Јохан, пред нас се открива Градската куќа. Црвено здание, импознатно според својата големина и декоративноста внатре и однадвор. Со голем плоштад пред него, на кој има приказна од скулптури

со фонтана во средината. Рај за скејтерите. Зданието има централен дел висок околу 21 метар и две кули, лево и десно од него, високи по 66 метри. Таму секоја година се доделува Нобеловата награда за мир. Во Градската куќа се сместени градскиот совет, градската администрација и уметнички студија и галерии. Се смета дека Градската куќа и нејзината околина претставуваат голем израз на сета уметничка умешност и знаење во Норвешка во средината на 20 век. Градската куќа е прогласена за здание на векот во Норвешка. Ако фрлите поглед на лево од Градската куќа ќе видите едно мало возвишување. Таму е тврдината и замокот Акерсхус, извишена над брегот на фјордот. За основач на замокот се смета кралот Хакон

„гранд“ хотел: Хотелот е основан

во 1874 година. Изграден е во

класичен стил, типичен за Осло во

тоа време, со фасада од бел гранит и

кула-часовник над главниот влез.

Универзитетот во Осло: Централното здание на Универзитетот. Направен е во стилот класицизам, под инспирација од прочуените градби на познатиот пруски градител и архитект Karl Friedrich Schinkel во Берлин.

Најстарите згради во Осло: Изградени во првата половина на 17 век

репортажа

3

37

373 јуни 2011 ПОРТА

V Магнусон. Тоа е првпат во истријата на Норвешка да биде изграден замок од тули и камен. Замокот неколкупати бил опожаруван и одново подиган. После еден пожар во 1624 година кралот Кристијан IV поставува темел на нов град, веднаш во подножјето на тврдината, и оттука почнува да се шири градот што денес се вика Осло. Замокот во тој период добива ренесансен облик. Во меѓувреме бил и кралски затвор. Тој е и кралски мавзолеј, каде што се сместени посмртните останки на неколку кралеви и членови на кралското семејство. Кон крајот на 19 век почнува негова реконструкција која траела до 1976 година. Денес тврдината и замокот се под управа на норвешката армија. Но, тоа не пречи дел од тврдината да се

користи од населението што во топлите денови наоѓа време за одмор и сончање, и во меѓувреме да се посети и некој од музеите сместени таму, а поврзани со воената историја на Норвешка. Под тврдината ден-денес има зданија од првата половина на 17 век. Во едната од нив некогаш било седиштето на градскиот совет. Во тој дел од градот има многу музеи сместени во зданија од 19 век. Во едно такво е и Националниот музеј за архитектура. Кон него е додадена доградба со модерен дизајн, така што е направен спој на старо и ново. Погледот од тврдината Акерхус кон спротивниот брег на фјордот Осло води кон мноштво модерни зданија, и по некое старо, што говори дека на тоа место

Кралска палата: Изградена во првата половина на 19 век. Архитекти Hans Ditlev Franciscus Linstow

градската куќа или Oslo City Hall: Нејзината изградба е иницирана уште во втората декада на 20 век. Изградбата е започната во 1931 година, но за време на германската окупација е прекината, така што конечно е предадена во употреба во 1950 година. Изградена е во стилот функционализам. Архитекти се Arnstein Arneberg и Magnus Poulsson.

репортажа

38

38 ПОРТА 3 јуни 20113

некогаш била индустриска, а денес шопинг зона и кварт со скапи станови. Сите сместени покрај кејот, новите изградени од стакло и алуминиум. На повеќе катови, по правило се деловно-станбените објекти. Деловните во долните катови, а горните се резервирани за домување. Тие надвиснуваат еденонадруго за да можат и жителите од зградите во заднина да се насладуваат на убавината на фјордот. За време на нашиот престој тие се капеа во сонце, кое одблеснуваше од нивните фасади, балкони и прозорци. Како да нема ѕид. Се е стакло и сонцето влегува речиси во секој дел од становите. И нормално, зеленило. Зеленило на улиците, зеленило на балконите и на прозорците. Кафеаните покрај кејот се полни со луѓе. Џагор, музика, и повторно скулптури. Посетителите се слеваат со нив, бидејќи некои се така направени да се користат за одмор, а не за да се покажат. Скулптурите извираат од водата, од брегот, од улиците...

Акер Бриж

Тврдината Акерсхус: Изградена во 1290 година од камен и тула. Подоцна направен и замок во стил романтизам.

Пешачки надвозник: челик и бетон

Хотелот Редисон САС

репортажа

И се стокмено. Никако пренатрупано. Квартот се вика Акер Бриж. Мношто канали кои водат од фјордот кон копното се користат за укотвување на помали пловила, но и за доловување на морето во внатрешноста на квартот. И ако зданијата долж улицата Карл Јохан го доловуваат минатото на Осло, ако Акер Бриж е модерен кварт за престиж, модерни зданија можат да се видат и во други делови од градот. Веќе го споменавме Осло сити, центарот со возвишени зданија од стакло-алуминиум. Но, тука е и објектот на Норвешката опера на кој ќе посветиме посебен текст. Здание кое испливува или се влева во морето, како сакате. Целото од мермер. Тука е и модрената инфраструктура во градот. Одговара на сите современи барања. Обединети се сите видови транспорт. Надземен и поземен. Возови, трамваи, автобуси, метро. Градот е ископан под земја за изградба на тунели, било за метрото или за автомобилски сообраќај. До него водат широки патишта-магистрали, со мноштво надвозници, подвозници и клучки. Поминав преку еден пешачки надвозник, пуштен во сообраќај една недела пред моето доаѓање во Осло. Целиот е од хромиран челик, со модерна линија. Се гради и приодот кон главниот норвешки град. Сообраќајот ќе се одвива на неколку нивоа, со голема клучка пред самиот влез на градот. Конечно, богатите Норвежани не само што гледаат кон иднината на своите поколенија и штедат пари за нив, тие наголемо се залагаат за заштита на човековата околина. И покрај тоа што имаат доволно нафта и гас, Норвежаните многу користат велосипеди, но почнуваат да се возат и во електромобили. На улиците на Осло тие не се реткост. Се забележуваат иако се бесшумни. Мали по габарит, но темпераментни и практични. За време на прошетките видов дека на одделни паркинзи веќе има поставено станици за полнење на акумулаторите на електромобилите. Овде е 21 век.

3 јуни 2011 ПОРТА3 39

39

Осло обилува со скулптури

Акер Бриж: некогашната

индустриска зона е претворена во

кварт за престиж, домување и

забава. модерна архитектура во која доминира стаклото

и алуминиумот.

грижа за екологијата: Полнење на акумулаторите на електромобилите

репортажа

40

40 ПОРТА 3 јуни 20113

ентериер

Широкиот асортиман опции за опремување на ентериерите може да не збуни во иста мера во која може и да ни помогне. Затоа е значајно најнапред да знаете каде се движите со желбите за вашето внатрешно уредување. Кога еднаш ќе знаете прецизно што е тоа што ве прави среќни дома или какво е тоа уредување за кое може да се каже дека вашиот дом го прави комфорен, тогаш можете да почнете со уредувањето. Постојат и некои постапки кои овој процес го олеснуваат, мислам на процесот на одлучување, една од нив на пример е изборот на ,,тема“ за вашето уредување. За избор на тема на вашето уредување може многу да ви помогне проектантскиот тим на Дизајн Фантазија, на што убаво укажува токму примерот на оваа куќа. Станува збор за едносемејна куќа во Скопје, каде што ова младо семејство го живее својот сон. Темата е примена на природните материјали: дрво, камен, волна, кожа, стакло и природните обработки, завршници.Дневната ја краси модерниот дизајн и прочистените потези, делува голема и воздушеста токму поради тоа што не е претрупана со мебел. Комодата за хајфај опрема и соодветната висечка композиција со слична намена се со нагласено

хоризонтална линија и хоризонтално отворање на елементите надолу со вакуумски оков, што се смета за одличен избор со оглед на функцијата. Ниската маса со големи димензии, го надополнува ефектот на линеарност и модерен дизајн во аголот за конверзација. Фокална точка во дневната зона покрај огништето, би можеле да бидат и прозорците затоа што дневната ја прават од соба во соба со поглед. Изборот на мебел со тактилно топла структура, изработката на бродскиот под во завршница на орев, и обработката на дел од ѕидните површини со македонска буња е добар бидејќи дневната е простор каде што целото семејство се збира и најчесто престојува. А, нашата денешна соба го отсликува карактерот на домаќините. Модерните ентериери не мора да делуваат студено и покрај намалената декорација и примената на гамата на неутрални тонови. Со употреба на топли материјали, како во случајот со оваа куќа, и тоа како се затоплува атмосферата до степен посакуван од семејството. Додаток повеќе во насока на софистицираност на ентериерот се сигурно парчињата мебел во високосјаен бел медијапан, кои секогаш изгледаат како недопрени од човековата рака. Во заднината

на белата комода е поставен тапет со мала, но впечатлива декоративна црта која внесува личен печат во ентериерот. И кујната е сосема бела. И кај неа доаѓа до израз квалитетот на високосјајните површини од медијапан во боја, кои ја прават Дизајн Фантазија единствена во нејзината цел: да го доближи европскиот производ до македонскиот пазар. Не секој може, и не секој има технички и производствени можности за да произведе ваква завршница - со оглед на постапката на боење со надпритисок, во специјални комори и квалитетот на употребениот материјал кој подлежи на сите европски стандарди. Оваа кујна предизвикува апетит и дава идеи за нови рецепти. Накратко, таа си ја исполнила својата задача. Задачата и е да биде комплетно во хармонија со луѓето што ја користат, вклучувајќи ги и димензиите на мебелот. Работната површина и сите останати елементи кои треба да бидат позиционирани така што ќе ја олеснуваат работата, визуелното доживување и движењата во кујната според коректната ергономија.Да го поставите комфорот, удобноста на врвот од листата на приоритетите за вашето домување не е воопшто едноставно како

што навидум се чини. Затоа што денес, кога говориме за комфор мислиме не само на неговата физичка појава туку и на еден многу поширок ранг сензитивни сензорни задоволства. Бидејќи комфорот е повеќеслоен, тој денес подразбира: конвенционалност, ефикасност, лезет, задоволство, домаќинлук, интимност и приватност, како и најзначајното - искуството. Тешко е да се одреди што е тоа што ќе направи да се чувствувате комфорно во вашиот дом, особено откако можеби знаете што сакате без да знаете зошто го посакувате. Како што гледате не е едноставно, луѓето комфорот го препознаваат кога го доживуваат. При препознавањето, повеќето од сензитивните доживувања се потсвесни и не само физички туку и во голем дел емотивни и интелектуални. Најдобро е да се востанови неговото физичко ниво, затоа што е добра база врз која се надоградуваат останатите важни сензитивни појави на комфорот. Како на пример топлината и светлината. Па подоцна на сцена да стапат мебелот и опремата.

доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПаНЕВСКИ, дипл.инж.арх.

фото: Владимир СЕКУЛОВСКИ

КУЌА СО ПОГЛЕДИПрозорецот над работната зона за миење е еден од најпосакуваните елементи за секоја домаќинка и квалитет повеќе во кујните.

3

41

3 јуни 2011 ПОРТА 41

ентериер

Токму размислувањето за ергономијата ја доведе Дизајн Фантазија до идејата да креира суперфункционални кујнски елементи - како на пример овој повеќенаменски

остров на кој му е прилепена трпезариската маса која е дел од кујната. Во сето белило на кујната таа доминира поради завршницата во ефектот на орев.

Во соработка со:

Како што гледате, тенденцијата е минимален и модерен израз со акцент на квалитетот и убавината на првокласните материјали употребени за одделни површини во форма на фурнир добиен со фајн-лајн технологијата (како на пример полукружната комода во округлата трпезарија), потоа убавината на природните фурнири (на пример оревот употребен за изработка на мебелот во дневната) или пак високосјајните завршници (како на пример комодата и кујната во бел медијапан).

тренд репорт

ПОРТА 3 јуни 2011342

42

Луксузна класика до најмал детаљ50. мЕѓународЕн саЕм За мЕбЕЛ во миЛано

Во минатиот број ги споменавме настаните што беа организирани низ центарот на милано, во склоп на меѓународниот саем. Сега ќе се задржиме на главната саемска манифестација во објектот Fiera Milano каде што се одржуваше Salone Internazionale del Mobile (саем за мебел), Salone Internazionale del Complemento d’Arredo (асесоари за

домување), биеналната изложба Euroluce (осветлување), биеналната изложба Salone Ufficio (канцелариски мебел) и Salone Satellite (изложба на дела од млади дизајнери). За 50 години од постоењето на оваа најголема светска дизајнерска манифестација, кога во 1961 година имало 12.000 посетители на површина од 11.000 м2 и 328 изложувачи, оваа година достигна повеќе од 300.000 посетители на површина од 210.000 м2 и повеќе од 2.500 изложувачи.Во салоните Salone Internazionale del Mobile (саем за мебел) и Salone Internazionale del Complemento d’Arredo (асесоари за домување), како и секогаш, беа застапени категориите: класика, модерна и дизајн сместени во 5 павилјони, односно 14 хали.

(Специјално за Порта3 од Милано) Сандра ДОНЧЕВа, дипл.инж.арх.

Луксузна класика до најмал детаљ

тренд репорт

3 јуни 2011 ПОРТА3 43

43

Луксузна класика до најмал детаљ

КЛасиКаЗа разлика од другите категории, тука можеше да се забележи значително помала раздвиженост на посетители. Диспозицијата на штандовите беше ортоганална, а нивното уредување беспрекорно и луксузно до најмал детаљ, наменети за љубителите на овој тип мебел. Изложувањето беше во 2 павилјони, кои се состоеја од 4 хали.

Во наредниот број следува текст за

категоријата ДИЗАЈН

44

44 ПОРТА 20 мај 20113

наука

ХАНС ХОЛАЈН (1934-), исто како и Густав Пајхл, има студирано кај Клеменс Холцмајстер, а

потоа во 1960 година дипломирал на универзитетот Беркли, Калифорнија. По експериментите со колористички колажи и изработката на неколку ентериери,

тој ги обликува продавниците за накит Шулин во Виена (1974). Тие привлекуваат внимание со своите оптички сензации, како на пример добро простудираната „пукнатина“ на објектот, која продолжува до самиот главен влез. Градскиот музеј Абтајберг во

Менхенгладбах (1972-82), Ханс Холајн го прави со убаво расчленета просторна структура, зависна од функционалните делови. Одделните кубуси тој ги обложува со мермер, алуминиум, цинк и стакло, што целосно соодветствува на мултифункционалната содржина.

Сите волумени се поставени на врвот од едно живописно терасесто партерно решение, така што објектот со право го носи епитетот „Акропол на новата религија“, односно културата. Музејот на модерната уметност во Франкфурт (1982-91) е подигнат на многу тесна сегментна локација, од што произлегува логична скулптурална архитектура, каде што различните простори се групирани околу централната изложбена сала. Во ентериерот, зениталното осветлување постепено се спушта кон главниот влез. Хас хаус во Виена (1985-90) се

истакнува како интересна појава наспроти градската катедрала, која делумно се отсликува во нејзината стаклена цилиндрична фасада. Четирикатниот хол на објектот е обликуван со екстравагантни детали и материјали. Над холот се издигаат два ката на канцелариски простор и простории за банка, а над сите нив е сместен двокатен ресторан, кој низ стаклениот цилиндер има поглед на целиот плоштад пред катедралата. Проектот за музеј во карпа кај Салцбург (1990) е поставен со цел да биде непосредно до стариот град. Централниот простор, од кој може да се гледаат високите карпи, и зениталното осветлување имаат метафизички карактеристики во обликувањето.

австрија (5)миХаиЛ тоКарЕв: 100 години модЕрна арХитЕКтура (110)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани извадоци

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Х. Холајн. Градскиот музеј Абтајберг, Менхенгладбах

Х. Холајн. Проект за музеј во карпа, Салцбург. Пресек и макета

Х. Холајн. Хас хаус, Виена

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

ww

w.p

ort

a3.

co

m.m

k

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

ПОРТА 3 јуни 2011346

46

урбанизам

Б

ФаКТИ за ЈУВЕНТУС АРЕНА - ТориноСедишта: 41.000Период на изградба: 2009-2011Цена на изградба: 168 милиони евраСостав: Ресторани, фан-шоп, музеј, хотел, шопинг центар, кино сала, кугларница.Инвеститор: Juventus F.C. SpAДизајнерски Тим: Hernando Suarez и Gino Zavanella

3 јуни 2011 ПОРТА3 47

47

Б

спортски храмови

јувентус Арена е само привременото име на новиот стадион кој од минатото лето

се гради во регионот Пиемонт, конкретно во градот Торино, од каде доаѓа и еден од најпопуларните италијански клубови низ историјата, Јувентус. На местото на досегашниот дом на Јувентус, стадионот „Деле Алпи“, од минатата година почна изградбата на 168 милиони евра вредната Јувентус Арена. Стариот „Деле Алпи“ изграден во 1988 година, се покажа како сосема неудобен, со лош дизајн и надвор од вистинските потреби на еден гигант како Јувентус, па првично беше затворен за употреба во 2006 година, за да во 2009 година биде срамнет со земја. На истото место денес се издигнува новата супер-модерна арена, чиј сопственик повторно е клубот

Јувентус, но која донесе неколку пионерски работи во Италија.Прво, Јувентус е првиот клуб на Апенините кој поседуваше свој стадион и реши да го урне за да изгради нов. Второ, новата Јувентус Арена е единствената што ќе биде со помал капацитет од оној што го имал неговиот претходник. „Деле Алпи“ имаше места за нешто повеќе од 66.000 гледачи, додека новиот дом на „Старата Дама“ ќе има точно 41.000 места на трибините. Фановите на Јувентус се песимисти по оваа втора точка, затоа што сметаат дека 41.000 места се премалку за 4,4 милионскиот Торино и интересот што владее за средбите на овој клуб. Новиот дом на „Јуве“ се гради по примерот на англиските стадиони и ќе биде комплетно фудбалски, со спуштени трибини до работ

на теренот. Вкупната површина на стадионот ќе биде 355.000 м2, додека само внатрешниот дел од стадионот зазема површина од 45.000 м2. Во состав на објектот е планиран и простор од 150.000 м2 за услужни и комерцијални објекти, како и околу 34.000 м2 за административен простор. Покрај стадионот, клубот Јувентус дел од средствата инвестираше и за оформување на изгледот и надвор од стадионот, како и изградба на дополнителни капацитети. Планот за изградба опфаќа и изградба на хотелски комплекс, шопинг центар, продавница (фан-шоп) на Јувентус, еден клупски музеј, кино сала, кугларница, ресторани (најверојатно три), како и нови клупски канцеларии.Дизајнот на Јувентус Арената е интересен и затоа што покривот

на стадионот ќе биде проѕирен, со дополнителна заштита од сонце и други надворешни влијанија. Исто така, трибинскиот простор и најблиските седишта на централните трибини ќе бидат спуштени на само 10 до 15 метри од теренот. Клубот и агенцијата „Спорт 5“ потпишаа договор за стратешко партнерство и за ексклузивно именување на стадионот. „Спорт 5“ има ексклузивно право да го продаде името на стадионот на некој од заинтересираните спонзори, но засега нема најава кој би бил кумот на новата арена во Торино. Според планот, најдоцна до почетокот на новата сезона арената би требало да доживее промоција, а „Јуве“ новата сезона да ја почне со настапи на својот нов стадион.

Сашо КУЗМаНОВСКИ

јувЕнтус арЕна - торино

аНГЛИЈа Новиот дом на „Јуве“ се гради по примерот на англиските стадиони и ќе биде комплетно фудбалски, со спуштени трибини до работ на теренот

ДОАЃА НАСЛеДНИКОТ НА

„дЕЛЕ аЛпи“

ПОРТА 3 јуни 2011348

48

технологии

Пред извесно време имав можност да се сретнам со еден мошне интересен градежен софтвер, „Гала Констракшн“ (Гала). Потекнува, условно кажано од нашите простори, поточно од Хрватска, а се користи во над 150 градежни компании од подрачјето на поранешна Југославија. Оваа релативно одлична бројка, ни кажува дека над 1.000 инженери секој ден се потпираат на Гала со намера планирање, оптимирање и водење на градежните проекти. Што стои зад успехот на Гала? Од компанијата „Гала Констракшн Софтвер“, велат Гала е создаден

„на темелот на повеќегодишната работа на стручни луѓе од подрачјето на градежништвото, економијата и финансиите, а во последните години во развојот е директно вклучен и Градежниот факултет во Загреб...“. Резултат на сето тоа е софтвер, интегрално програмско решение за градежната струка кое во целост ги решава прашањата како што се: калкулација, планирање, контрола на трошоците, пресметка на изведените работи. Или ако претпочитате, Гала е сложен програм сочинет од модули кои ги опфаќаат

сите аспекти на градењето, овозможувајќи увид и контрола на сите градежни процеси во секое време. Користејќи ја предноста на технологијата и искуството на професионалците, кое е преточено низ многуте алгоритми, корисникот има шанса исклучително брзо, точно и навремено да донесе вистински одлуки и со тоа да се стекне со конкурентска предност. Но како тоа функционира? Гала е составен од следните целини:

Организатор: ја потпомага организацијата на градење

преку манипулација со меилови, дневници, задачи, календари, белешки, документи итн; Трошоци: овозможува брза, прецизна и прегледна изработка на трошоци, потребни ресурси, планирана заработка, нормирање; Планирање: преку користење на добро познатите методи на мрежно планирање, WBS, EVA, организација на активностите, гантов дијаграм, дијаграми, С-криви итн; Реализација: со водење и следење на работните налози, градежните дневници, контрола на планираните и потрошени ресурси;

гаЛа КонстраКШнСОФТВеР НеОПХОДеН ВО СеКОјА гРАДежНА КОмПАНИјА

3 јуни 2011 ПОРТА3 49

49

технологии

Магацин: приемници, испратници, требовања, порачки, состојба на магацинот, контрола на потрошениот материјал; Финансии: градежна ситуација, градежна книга, пресметки, сметки, следење на плаќањата итн.

Поради импресивните можности, Гала е вистински избор за голем број професионалци од областа на градежништвото: изведувачи, подизведувачи, проект менаџери, раководители на градилишта, инвеститори итн. Сепак, најголема корист имаат градежните компании каде сите тие професионалци работат како тим. Дотолку повеќе што Гала се однесува на сите области во градежништвото: високо и нискоградба, завршни работи, лимарски работи, водовод и канализација, електро, челични конструкции, монтажни објекти и друго. За да овозможи една таква разновидност, Гала се потпира на нормативи за работата, материјалите и машините и

содржи 21 вид на работи, 9.750 групи и преку 25.000 нормативи. Но тоа не е се: „Базата на нормативи е отворена за промени, така што внесот на нови податоци (искуствени норми) или промена на постојните, е прашање на избор“. Гала од неодамна е локализиран и преведен и на македонски јазик. Сепак „програмот има вграден модул за превод, како и опции за дефинирање на различни стапки на ДДВ, логотип, ознаки на валутите. Со можност за креирање ценовници во евра, денари, куни и слично, програмот е спремен за користење во која било земја“. Гала функционира како ЕРП софтверите. Ги опфаќа сите битни градежни процеси, се инсталира мрежно (со сите администраторски привилегии и ограничувања), работењето е во реално време со тимска колаборација. Гала се базира на софтверските решенија на Мајкрософт и поради тоа е сосема компатибилен со други апликации. Пред сè тоа се Мајкрософт Офис

апликациите, но и со апликации за книговодствено и материјално работење (ЕРП) како што е Даталаб Пантеон, на пример. Од компанијата охрабруваат за поврзување на Гала со ЕРП софтверите, бидејќи тогаш ќе се постигне целосна искористеност на можностите во рамки на една компанија. За поздравување е и IFC поврзаноста, односно апликацијата е во состојба да извлече податоци од моделите на градежни објекти дизајнирани од најважните светски BIM (Building Information Modeling) софтвери, како што се Autocad Revit, Graphisoft ArchiCAD, Tekla, Arcon, Nemetschek и други. Минималните технички побарувања за користење на програмот се: оперативен систем Windows XP SP2, процесор Pentium со такт на 2 Ghz, 1024 MB RAM, VGA графичка картичка со минимум 128 MB RAM, со 1024 px резолуција, 96 DPI (100% големина на буквите), Internet Explorer 7 или понов, минимум

150 MB простор на хард дискот, за компјутерите во мрежа 100 Mb мрежна картичка, интернет врска (поради техничката поддршка). Гала е целосно компатибилен со Windows 7 оперативниот систем и тоа во 32 и 64-битна верзија. Компанијата нуди и техничка поддршка преку телефонска врска или преку сопствен софтвер за поддршка на далечина. Со купувањето на софтверот следи и гарантен период. Гала се нуди во 5 верзии и тоа: ГАЛА основна верзија, ГАЛА организатор, ГАЛА мрежно планирање, ГАЛА мрежно планирање и организатор, ГАЛА мрежно планирање и организатор и ЕВА. Цените според официјалната веб страница се движат од 1.000 евра за основната верзија до 2.000 за напредните.Претставник на компанијата во Македонија е Хантерс ДООЕЛ.

Повеќе прочитајте на: www.gala-construction-software.com

Трајче СТОЈаНОВ, дипл.инж.арх.

експерт

ПОРТА 3 јуни 2011350

50

Во Република Македонија немаме многу избор за тоа каде да градиме, а да ги

избегнеме сеизмичките региони. Според Јордановски (1993) 75% од територијата на Република Македонија се наоѓа во сеизмички региони со очекуван интензитет на земјотреси од 8 или повеќе

степени, од кои 20% со очекуван интензитет до 9 степени (18%) и 10 степени (2%), а преостанатите 25% се наоѓаат на сеизмички активни региони со очекуван интензитет на земјотреси до 7 степени. Поуките од минатото укажуваат дека изградбата според прописите за асеизмичка градба е важен

предуслов за намалување на повредливоста на изградената средина, но таа истовремено сама по себе не може да биде решение на проблемот, особено не долгорочно гледано. Потребно е да се земат и други фактори во предвид како на пример повредливоста на неносечки конструктивни елементи, просторите

помеѓу објектите и други. Искуствата стечени од земјотресите во периодот од 1970 година па до сега, укажуваат на причини за загриженост во однос на тоа колку се безбедни постојните армирано-бетонски објекти. Според Coburn и др. (1992) и Pomonis и Spence(1995) само помеѓу 1977

ЗаШтитата од ЗЕмјотрЕси по ФуКуШима - просторитЕ помЕѓу објЕКтитЕ

Да се надеваме дека нема да се повтори Скопје-26 јули

Искуствата стечени од земјотресите во периодот од 1970 година па до сега,

укажуваат на причини за загриженост во однос на тоа колку се безбедни постојните армирано-бетонски објекти. Само помеѓу

1977 и 1991 година 17% (над 20.000 лица) имаат загинато при рушења на

армирано-бетонски објекти во светот. Рушењата на армирано-бетонски објекти

во земјотреси се одговорни за 30% (Ерменија, 1988 година) и 80% (Мексико

Сити, 1985 година) од евидентираните загинати лица во овие земјотреси.

(Специјално за Порта3 од Велика Британија) д-р Владимир Б. ЛаДИНСКИ, дипл.инж.арх.

Урнатини од земјотресот во Хаити

експерт

3 јуни 2011 ПОРТА3 51

51

и 1991 година 17% (над 20.000 лица) имаат загинато при рушења на армирано- бетонски објекти во светот. Рушењата на армирано-бетонски објекти во земјотреси се одговорни за 30% (Ерменија, 1988 година) и 80% (Мексико Сити, 1985 година) од евидентираните загинати лица во овие земјотреси (Coburn и др., 1992). Повредливоста на армирано-бетонските објекти испроектирани и изведени според застарени технички прописи или пак оние што не се испроектирани и изведени според принципите за асеизмичка градба може да биде многу голема, и покрај тоа што овие објекти се значитело помалку повредливи од објектите од неармирана масивна градба. Врз основа на истражувањата на последиците од претходните земјотреси, Coburn и др. (1992) нагласуваат дека армирано-бетонските објекти иако се помалку повредливи имаа потенцијал да усмртат поголем процент од лицата што се наоѓаат во објектите во моментот на нивното рушење. Процентот на смртност помеѓу лицата што се наоѓаат во повеќекатен објект со армирано-бетонска рамовска конструкција во моментот на неговото рушење може да изнесува помеѓу 20% и 97%, што е значително повисоко во споредба со смртноста при рушење на објекти со масивен конструктивен систем што се движи од 5% до 18%. Доколку подобрите прописи и нивното почитување при проектирањето и изградбата на објектите можат да ја намалат повредливоста на истите, исто така е потребно да се разгледа ситуацијата од аспект на тоа што ќе се случи со оние што го преживале земјотресот и избегале од објектот, како и оние понесреќните што преживеале, но се затрупани под урнатините. Повредливоста на овие две категории во добар дел ќе зависи од подготовката и опременоста на службите за спасување, но и од организацијата на просторите помеѓу објектите. Според досегашните искуства за објекти од масивна или армирано-бетонска конструкција во случај на нивно евентуално рушење, а во зависност од геометријата на рушењето, урнатините се очекува да се распространат хоризонатлно од надворешните ѕидови во основата на објектот на далечина еднаква на

1/3 до 1/2 од висината на објектот, а во случаи на превртување на објектот дури и до 2 пати од висината на објектот. При ова се смета дека висината на урнатините по периметарот на објектот ќе се движи околу 1/5 од висината на објектот при што секој 1 кубен метар урнатини се очекува да тежи околу 1 тон. Оттука, растојанието помеѓу објектите може да игра голема улога во напорите за заштита на населението и спасувањето на лицата во тешко оштетени или делумно, или пак целосно изрушени објекти. Основната причина за ова е да се остави можност за пристап за спасување и евакуација на лицата од загрозениот објект или комплекс. Доколку објектите се премногу блиску лоцирани, евентуалното рушење на еден дел од објектите може да го оневозможи пристапот на возилата за итна помош, противпожарните возила, или пак тешката градежна механизација неопходна за расчистување на армирано-бетонските објекти. Истовремено, во случај и да не дојде до рушење на објектите, евентуалното рушење на неносечки конструктивни елементи се очекува да биде лоцирано во теоретската зона на урнатините околу објектот. Како резултат, потребно е жителите на објектот и околните објекти да можат да се евакуираат по зони кои ќе бидат надвор од очекуваните подрачја на рушење. Сево ова налага соодветни растојанија помеѓу објектите. Сегашните урбанистички трендови во земјата се чини дека се базирани врз принципите на максимално можно искористување на расположивите парцели со минимални простори наменети за партерно уредување на објектите. Зголемувањето на изграденоста преку изградбата на максимално дозволен број катови без оглед на профилот на улицата, само дополнително ја усложнува ситуацијата. Ваквиот пристап во комбинација со нерешеното паркирање и гаражирање на возилата уште повеќе ги комплицира работите, бидејќи значително се намалени можностите за пристап и евакуација, а истовремено значително се зголемени подрачјата на теоретско рушење на делови од објекти и повредливоста на изградената

средина. Противпожарните возила и крановите за дигање на конструктивни елементи имаат оптимални зони на делување. На пример, доколку противпожарното возило треба да оперира на поголема одалеченост од објектот, да речеме заради паркирани возила од кои не може да се прстапи лесно до објектот на оптималното растојание, значително ќе се намали оперативната висина до која противпожарните скали или корпа за спасување можат да достигнат. Дури и погорново да не е проблем, и сите лица да се избегани од објекот и објектот и околните објекти да не се срушени, каде би се засолниле избеганите лица додека да престанат првичните последователни земјотреси или пак се утврди дека објектите се безбедни за станарите да се вратат во нив? Постојните сознанија укажуваат на потреба од површина околу 3м2 по лице во зоната на засолнување, која е одалечена најмалу 2 пати од висината на соседните објекти. На колку локации во нашите урбани средини денес овие потребни површини за засолнување навистина можат да се обезбедат? Дури и да постојат материјални и технички можности, дел од новоизградените јавни и деловни објекти да бидат заштитени од влијанијата на земјотресите со примена на најсовремени пасивни и активни системи за заштита, што во теорија би требало да дозволи најголемо ниво на можна заштита и можности за најголемо можно искористување на парцелата, за постојниот градежен фонд и поголемиот дел од нестанебните објекти, ваквиот пристап не е реална опција барем во догледна иднина. Оттука, генерацијата што го донела

Урбанистичкиот план на Скопје од 1965 година, по земјотресот од 1963 година, веројатно го избрала најсоодветното и најдолгорочното решение преку трикратно зглемување на урбната зона на градот, да се намалат густините на изграденост и населеност, а со тоа и да се намали повредливоста на изградената средина. Ова тројно зголемување на урбаната зона на градот било направено со цел на оваа површина да се сместат приближно ист број жители како и пред земјотресот. Од 1980 година овие „намалени густини“ се предмет на постојано згуснување преку доградби и надградби на објектите, изградба на поголем број помали станови, изградба на нови објекти во рамките на оргинално замислените слободни површини, итн. Иницијално ова било резултат на задоволување на потребите што почнале да произлегуваат како последица на наглиот раст на градот по земјотресот, а од независноста на земјата како резултат на трендовите за финасиска добивка преку градежните зафати. Искрено се надевам дека катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје на 26 јули 1963 година никогаш нема да се повтори со истиот или сличен интензитет и дека нема да има можност да се утврди во кој степен отстапувањата од оргинално планираното во 1965 година, во текот на 80-тите години и подемот на либералниот капитализам во периодот по осамостојувањето на Република Македонија, ја имаат зголемено повредливоста на изградената средина од земјотреси и истата ја имаат направено помалку одржлива за сите нас сега, и особено за генерциите што ќе следат.

25%

55%

18%

2%

VII

VIII

IX

X

Распределба на територијата на Република Македонија според максимално очекуваниот интензитет на земјотреси

Изработено според податоци во Јордановски, 1993.

ПОРТА 3 јуни 2011352

52

еко инфо

маниЛа, ФиЛипини

Единствената нуклеарка на Филипини станува туристичка атракцијаЕдинствената филипинска нуклеарка, изградена пред околу 30 години, а која никогаш не била пуштена во погон, сега ќе биде отворена за туристите љубопитни да го видат реакторот што е сличен со оние од Фукушима. Филипинската нуклеарка Батау е изградена во 1984 година, а за нејзината изградба се потрошени 2,3 милијарди долари. Меѓутоа, нуклеарката никогаш не проработела, а уранот е одамна преместен. Централата има капацитет од 620 MW, а изградена е во времето на владеење на диктаторот Фердинанд Маркос, чија идеја била енергетските проблеми на земјата да ги реши со производство на нуклеарна енергија. Маркос е соборен од власт во 1986, а неговата наследничка Корасон Акино одбива да ја пушти постројката во погон поради безбедносни причини, бидејќи нуклеарката е изградена на сеизмички активно подрачје, и дури и во близина на активен вулкан. Инаку, оваа неактивирана централа секоја година ја чини филипинската влада милијарда долари.

(energetika-net)

ФЕниКс, ариЗона (сад)

Чиле ги скротува најдивите реки на светотПроектот за изградба на 5 хидроелектрани на двете најдиви реки во светот, вреден 7 милијарди долари, веќе доби еколошка дозвола од чилеанската Влада. По тригодишни истражувања за влијанието на овој проект врз животната средина, одлучено е дека изградбата на хидроелектраните на реките Baker и Pascua може да започне. Се работи за оддалечен и слабо населен дел на јужна Патагонија, во кој речиси постојано има дождови, така што реките се исклучително богати со вода. Со оглед на фактот што заради електраните ќе бидат потопени под вода 56 km2, и ќе исчезнат бројните брзаци и водопади кои ги привлекуваат екотуристите, дури 2/3 од Чилеанците се противат на овој проект. Од друга страна, Владата истакнува дека Чиле увезува 97% од фосилните горива и дека расте потребата од производство на електрична енергија.

(Arizona star)

будимпЕШта, унгарија

MOL ќе произведува биогоривоУнгарската компанија за нафта и гас MOL, ќе започне со производство на биогориво откако во средината на мај започна со собирање на користено масло за јадење од домаќинствата, преку бензиските пумпи ширум земјата. Од ова масло MOL ќе произведува биогориво во фабриката во Komàrom. Домаќинствата во Унгарија трошат 3 литри масло за јадење месечно, и најголем дел се фрла по употребата. Користеното масло за јадење фрлено како отпад ја загадува околината, особено чистата вода за пиење.

(Budapest Business Journal)

3 јуни 2011 ПОРТА3 53

53

еко инфо

подготви: Даниела МЛаДЕНОВСКа

нЕапоЛ, итаЛија

нерешлив проблем со отпадотИ покрај ветувањата на локалните власти и Владата, Неапол е повторно со денови преплавен со отпад, откако извесно подобрување на ситуацијата имаше кон крајот на 2010 и почетокот на 2011 година. „Бидејќи се создадоа купишта отпад, повторно баравме интервенција на војската”, изјави италијанскиот премиер Берлускони. На 26 декември 2010 година Европската комисија ја предупреди Италија да усвои и спроведе нов план за справување со отпадот во регионот на Неапол.

(HRT)

анКара, турција

турска компанија ќе рециклира авто отпадКомпанијата Anela Doga, првата турска компанија за рециклирање електричен и електронски отпад, ја отвори првата фабрика во Турција за рециклирање автомобилски отпад, вредна 20 милиони долари. До 2020 година, компанијата планира да рециклира околу 100.000 возила, и да изгради 23 постројки за рециклирање

низ целата земја. Во рамките на најновите прописи за контрола на животниот век на возилата, автомобилите што не се во возна состојба може да се складираат само на определени места кои имаат дозвола од турското Министерство за животна средина и шумарство. Се проценува дека компанијата ќе заработува околу 100 милиони долари годишно, со оглед на фактот што за продуктите од рециклажата постои голем интерес кај компаниите за производство на алуминиумски легури, и цементарниците.

(Energyobserver)

Инвестициите во производството на електричната енергија, топлинска енергија и биогас од биомаса можат да надминат половина милијарда

евра во наредните три години. За вложување во биомасата, веќе се пријавени преку 100 проекти. Еден од најголемите проекти од оваа

област е оној на компанијата Gaz de France, во вредност од 100 милиони евра. Овие пари Французите ќе ги вложат во две електроцентрали во Бугарија. Според плановите, овие инвестиции треба да создадат услови за отворање нови работни места во регионите со

висок процент на невработеност. Централите ќе работат на принципот на когенерација, односно при производството на електрична енергија, топлинската енергија би била дополнителен производ.

(Energyobserver)

соФија, бугарија

инвестиции во биомаса

ПОРТА 3 јуни 2011354

54

екологија

Господине ангелов, вие сте главниот човек кој стои зад ЈП „Дрисла“, единствената локација во Македонија која може да се карактеризира како простор за депонирање на отпад според законските прописи и норми. Кои се карактеристиките на оваа депонија? Дрисла претставува депонија со која стопанисува Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ - Скопје, основано од градот Скопје во 1994 година. Регистрирана е за вршење на следните дејности: обработка и отстранување на безопасен отпад, собирање на опасен отпад, како и обработка и отстранување на опасен отпад. Депонијата е лоцирана во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Во проектната документација се планира дека ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната

експлоатација од 16 години, истата е исполнета до 33% од вкупниот капацитет, а тоа укажува на фактот што следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот што може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика).

Работи ли ЈП „Дрисла“ по пропишаните европски и светски стандарди за заштита на животната средина, и доколку е тоа така, по кои стандарди и прописи? Депонијата Дрисла работи според Законот за управување на отпад од 2004 година, кој е направен во согласност со законите на Европска Унија и сите пропратни акти кои произлегуваат од тој закон одговараат на европското законодавство.

Како што знаеме, на просторот што е наменет за депонирање на отпад се складира комунален и медицински отпад. Како успевате да се справите

со огромните количини комунален отпад, дали преку методите на инценерација и/или пиролиза, или пак се служите со други третмани? На самата депонија применета е технологија на санитарно депонирање што подразбира планирање и набивање на сметот во слоеви и покривање на истиот со инертен материјал. Процесот на биолошко распаѓање или ферментација на сметот е предвидено да се одвива во две фази: аеробна (со присуство на кислород) и анаеробна (во отсуство на кислород). Овие фази соодвествуваат со фазите на отворен смет (работна фаза) и фазата на покриен смет (завршна фаза). Проектираниот степен на збиеност на сметот изнесува 0,70 т/м3. Складирањето на сметот се врши во слоеви со вкупна висина од 2,50 м. Притоа висината на набиен смет изнесува 2,20 м, а 0,30 м претставува висина на инертниот материјал. По достигнувањето на висината од 2,50 м со помош

на градежна машина - компактор се врши набивање на сметот. Ова е централна операција во технолошкиот процес со што се запазуваат следните аспекти: стабилност на телото на депонијата; отстранување на можноста за создавање воздушни џепови каде би се собирал депонискиот гас кој се создава со процесот на разлагање на сметот; оптимално пополнување на депонијата и смалување на можноста за продор на филтратот во подземните води.

Дали се точни гласините дека се планира изградба на дополнителна депонија која ќе служи за складирање/ третман/ обработка на азбест - цемент? За првпат и на единствено место на територијата на Република Македонија е предвидена локација и е добиена дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ за третман на отпадот азбест- цемент во

интЕрвју со горан ангЕЛов дирЕКтор на јп дрисЛа

Горан Ангелов е главниот човек, кој стои зад Јавното претпријатие „Дрисла“. Исто така, Ангелов е и прв претседател на Асоцијацијата на локални власти на Југоисточна Европа, и поранешен претседател на ЗЕЛС. Со него разговаравме околу депонијата Дрисла, како таа функционира, со каква опрема (механизација) располага и како се справува со предизвикот наречен ОТПАД. Во иднина отпадот ќе биде суровина од која ќе се црпи депониски гас и ќе се користи за производство на електрична (околу 3 МW) и топлотна енергија за потребите на објектите во депонијата

ФабриКа ЗА СеЛеКЦИјА И ТРеТмАН НА КОмУНАЛеН ОТПАД

3 јуни 2011 ПОРТА3 55

55

екологија

депонијата Дрисла. Локацијата што е предвидена за изградба на депонијата за азбест-цементен отпад е во кругот на постоечката депонија. На планираната локација, геомеханичките карактеристики на теренот дозволуваат изведба на ровови за складирање на азбест-цементниот отпад. За објектот - изградба на парцела за складирање третман и/или преработка на отпад (азбест-цемент) во депонија Дрисла, с.Батинци, е изработен Основен проект во кој, согласно проектната програма, се дефинирани следните објекти: планирање на локација со изградба на пристапните патеки, геотехничко проектирање - стабилизација на косини, хидротехнички инсталации - одводнување на локација, електротехнички инасталации - осветлување на локација, и архитектонско - конструктивни објекти. Дефинирана е парцелата на која е предвидено времено складирање на 100.000 м2 кровна површина - азбест-цементни плочи

(отпад), како и пристапните и внатрешните патеки во локацијата за пристап до депонијата и придружните инфраструктурни објекти. Предвидено е азбест-цементните плочи да се складираат во заштитни вреќи со димензии 1,00х1,00х0,70м, така што со проектот е обезбеден простор за складирање на 1.000 вакви вреќи, кои ќе се поставуваат во две нивоа - едни врз други, со заштитен земјен слој меѓу нив. Вреќите со азбест-цементен отпад ќе се складираат во вештачки креирани ровови на локацијата на Дрисла од двете страни на новопроектираните пристапни патеки, а како главна заштита на околниот терен од загадување се предвидени фолии - геомембрани со кои се обвиткуваат рововите и се покриваат веќе складираните вреќи азбест-цементен отпад. За целосната реализација на овој проект се предвидени 12.000.000,00 денари, кои ќе се обезбедат од сопствени приходи на Јавното претпријатие

за депонирање на комунален отпад „Дрисла” - Скопје. Со изградбата на депонијата за азбест-цементен отпад ќе се овозможи заштита на животната средина со самото тоа што кога отпадот од азбест ќе се депонира во соодветни ровови специјално изградени за таа намена и се прекрие со земјен материјал, отпадот комплетно се изолира од природните медиуми и не претставува опасност по животната средина.

Што мислите за искористувањето на можностите што ги нуди комуналниот отпад, односно добивањето на топлина и електрична енергија од истиот? Има ли ЈП „Дрисла“ капацитет за вакво нешто? ЈП „Дрисла“ има капацитет за искористување на комуналниот и медицинскиот отпад, и тоа со набавката на новата печка за медицински отпад и изградбата и монтажата на фабриката за селекција и

третман на комунален отпад.

За крај, дали можете да ни кажете нешто повеќе околу тековните и идните планирани проекти? ЈП депонија Дрисла ги планира следниве капитални инфраструктурни инвестиции: црпење на депониски гас и негово искористување за производство на електрична (околу 3 МW) и топлотна енергија за потребите на објектите во депонијата; изградба и монтажа на фабрика за селекција на комунален отпад со капацитет од околу 500 тони на ден или две линии по 20 тони на час; изградба на класични компостари со дневен капацитет од 50 тони; изградба и монтажа на био дигестор со капацитет од околу 150 тони дневно; монтажа на линија за третман на градежниот отпад; изградба на станица за прочистување на депониски отпадни води.

Никола НЕШКОСКИ, дипл.инж. за жив.средина

Печката за согорување на медицински отпад е стара 30 годиниНа кој начин се справувате со медицинскиот отпад. Дали депонијата поседува посебна апаратура (постројки)? Во текот на 2000 година од страна на Владата на Кралството Велика Британија е донирана печка за согорување на медицинскиот отпад (инценератор) со капацитет на инценераторот од 200 кг/час. Овој инценератор е донесен на локалитетот Дрисла во февруари 2000 година, а пуштен е во употреба во април истата година. Во него се согоруваат медицинскиот отпад и лекови со изминат рок од територијата на градот Скопје. Согласно одредените карактеристики (геолошки, хидро - метеоролошки карактеристики, оддалеченост од градот Скопје, сообраќајна инфраструктура, пристапни патишта, можност за искористување на топлинска енергија од инценераторот за околната урбана средина, и слично), депонијата Дрисла е избрана како најдобар локалитет за поставување на инценератор за согорување на опасен отпад. Оваа печка за согорување на медицинскиот отпад работи полни десет години, без никакви поголеми реконструкции, и нејзината состојба е релативно лоша бидејќи е произведена во 1980 година и пред да биде донирана на Република Македонија, таа веќе работела 20 години во Велика Британија. Во тој период таа ги задоволувала строгите англиски законски регулативи од областа на заштитата на животната средина. Оваа година планираме набавка на нова печка за согорување на медицински отпад (инценератор) која ќе ги задоволува строгите еколошки параметри за емисија на гасови, со што ќе ги исполнува барањата утврдени во Европската директива за согорување на отпад 2000/76/ЕС, како и барањата утврдени во постоечкиот Закон за управување со отпад (Сл.весник на РМ бр. 09/11). Новата печката за согорување на медицинскиот отпад би била со капацитет три пати поголем од сегашната или од 1.800 до 2.000 тони на годишно ниво и со моќност од најмалку 600 кв. Новиот инценератор може да биде извор на топлина која може да се користи за производство на електрична енергија, а топлинската енергија да ги затоплува работните простории на ЈП „Дрисла“. Со зголемувањето на капацитетот на инценераторот ќе се воспостави систем за собирање и транспортирање на медицинскиот отпад од внатрешноста на земјата до депонијата Дрисла. Со ова сите медицински установи во Македонија каде што се создава опасен медицински отпад, ќе бидат опфатени со собирање, транспортирање и спалување на овој опасен отпад. Покрај опасниот медицински отпад, новиот инценератор дава можност за третман на опасните масла и отпадоци од пакувања на пестициди и хербициди.

ПОРТА 3 јуни 2011356

56

екологија

обновливите извори на енергија, како што е соларната, енергијата на

ветерот и енергијата на водата може да покријат дури 80 проценти од светската побарувачка на енергија до 2050 година, доколку се развиваат вистинските политики, се вели во последниот извештај на Обединетите нации. Наодите

од 120 врвни светски истражувачи кои работеа со Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) на Обединетите нации беа прифатени од делегатите на 194 држави на последната конференција на панелот што овој месец се одржа во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, и се содржат во „Специјалниот извештај

за извори на обновлива енергија и ублажување на климатските промени“ (SRREN). Извештајот на IPCC произлегува од 164 сценарија за трансфер од фосилни горива на обновливи видови енергија, кои покажуваат дека може да се направи кумулативна заштеда на јаглероден диоксид од 220 до 560 милијарди тони

од 2010 до 2050 година. Во извештајот се разгледува моменталната искористеност на шест вида технологии за обновлива енергија и потенцијалот за нивен развој во децениите што следуваат:

1. Биоенергија, вклучувајќи ја енергијата од житниците, шумите, земјоделството и одгледувањето

Експертите укажуваат дека, ако се спроведат вистинските политики, обновливите извори на енергија ќе имаат поволно влијание врз климата, а ќе имаме и здравствени придобивки, сигурно снабдување со енергија, отворање нови работни места и поттикнување на економијата во земјите ширум светот.

IPCC 33rd Plenary Session,

Abu Dhabi, United Arab Emirates

10-13 May 2011

КонФЕрЕнција на мЕѓувЛадиниот панЕЛ За КЛиматсКи промЕни во абу даби

обновЛивитЕ видови ЕнЕргија ќЕ го напојуваат свЕтот до 2050 година

3 јуни 2011 ПОРТА3 57

57

екологија

стока, како и таканаречената втора генерација биогорива2. Директна соларна енергија3. Геотермална енергија, заснована на екстракција на топлина од земјината внатрешност4. Хидроенергијата, вклучувајќи го течението на реките, браните и резервоарите5. Енергијата на океаните, гребените и морските струи6. Енергијата на ветерот, вклучувајќи ги и копнените и офшор системитеИзвештајот нагласува дека користењето на почиста енергија ќе помогне во намалувањето на емисиите на стакленички гасови кои се главните предизвикувачи на глобалното затоплување, а со тоа и на поплавите, сушите, топлотните бранови и на покаченото морско ниво.

постиндустрисКа ЕраКористењето на обновливи извори на енергија значително се зголеми во последниве години, особено на енергијата на ветерот и на сонцето. Паѓаат и цените на потребната опрема. Вложените средства за набавка на опремата, пак, се враќаат за краток период. Од ОН, сепак, велат дека ветувањата од владите дека ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови се недоволни за да се достигне договорената цел од Обединетите нации растот на глобалната температура на воздухот да се задржи под 2ºC од постиндустриската ера. Експертите посочуваат дека обновливите извори на енергија денес покриваат околу 12,9 отсто од светските потреби за енергија и доминираат преку биоенергијата - огревното дрво во земјите во развој, односно преку хидроенергијата, ветерот, геотермалната енергија, соларната енергија и енергијата на океаните во развиените земји. Кина го предводи енергетскиот трансфер, особено со користење на енергијата на ветерот. Најголемиот извор на обновлива енергија која се користи во светот

е согорувањето на биомасата, што е во исто време проблем зашто предизвикува неповратна загуба на шумите, го забрзува глобалното затоплување, а шпоретите на дрва што се користат во домаќинствата сериозно го нарушуваат здравјето. „Ова е покана до владите да иницираат радикален пресврт во нивните политики и да ја стават обновливата енергија во центарот на нивниот интерес. Како што се наближува наредната климатска конференција во Јужна Африка,

во декември, владите се на потег. Извештајот на IPCC нуди неверојатни научни докази дека обновливите извори може да ја задоволат растечката потреба од енергија во земјите во развој, каде што повеќе од две милијарди луѓе немаат пристап до основните енергетски услуги и може да станат достапни на поедноставен и поевтин начин

отколку конвенционалните извори на енергија. Светските влади треба да ја поттикнат енергетската револуција преку спроведување закони за користење обновлива енергија низ целиот свет“, изјави за британски „Гардијан“ Свен Теске, директор за обновлива енергија во „Гринпис Интернешнел“ и водечки автор на извештајот на IPCC. Извештајот на IPCC јасно покажува дека обновливите извори на енергија, освен поволното влијание врз климата, имаат и

други поволности над фосилните горива и атомската енергија - здравствени придобивки, сигурно снабдување со енергија, отворање нови работни места и поттикнување на економијата. Да се усогласат сите пристигнати извештаи, да се направат проценките и да се убедат делегатите дека понудените решенија за иднина

заснована на обновливи извори на енергија не е лесна задача, коментираат експертите, IPCC заврши голема работа. Еколошките организации ширум светот го поздравија извештајот како водич за трансферот од фосилни горива кон обновливи видови енергија во борбата со климатските промени. Студијата, за жал, го изостави новиот извештај на Светскиот фонд за див свет (WWF) "The Energy Report", кој содржи план за 100 процентна иднина

заснована на обновливи извори на енергија до 2050 година. На тој начин, коментираат еколозите, во студијата не се вклучени сите можни варијанти, а не се даваат ниту конкретни насоки како да се постигне иднина заснована на обновливи извори на енергија.

Сашо КУЗМаНОВСКИ

ПОРТА 3 јуни 2011358

58

хортикултура

ДИВИ ПаТЕКИ

Кај нас, патно-алејните мрежи изградени во поново време во голема мера ја задоволуваат својата фукнција. Оние, пак, што се изградени во минатото најчесто се подигнувани под прави агли, што е спротивно на човековата природа и свест за движење, па затоа се создаваат скратени - диви патеки.

Кога започнуваме со проектирање на градини и паркови, една од главните

работи на која треба да и се посветиме е планирањето на патно-алејната мрежа. Нејзиното правилно проектирање има за цел да воспостави непречена комуникација и фреквенција помеѓу одредени објекти и елементи во градината. Без добро испроектирани патеки, комуникацијата меѓу објектите би била успорена, со што би се довело до создавање на таканаречени „диви патеки”. Интересно е да се напомене дека од таа причина во некои европски земји (Чешка, Словачка, Полска ... ) е пракса патеките да не се проектираат, туку истите да се подигаат на местата на кои човекот свесно ќе ги создаде дивите патеки со текот на времето. Патеките се дел од пејзажот со нивно правилно проектирање, и со нив може во голема мера да

се постигне силен ефект, кој би се рефлектирал на целокупниот изглед на околината. Со помош на патеките може да се постигнат голем број визуелни ефекти со што би се затскриле одредени недостатоци на пејзажот: пејзажот да добие во длабочина, градините со мали димензии визуелно да се зголемат, да се соединат два различи дела во градината и многу други.

намЕнаВо зависност од намената, патеките може да се поделат на патеки за пешаци и велосипедисти, и патеки по кои се движат моторни возила. Во парковите патеките за моторни возила се достапни само до одредена зона и обично се со ограничен пристап. Нивната димензија е дефинирана според меѓународните норми за широчина на патиштата (3,25 м за една коловозна лента). Патеките наменети

за пешаци и велосипеди (алеи) според широчината и намената се делат на главни (со широчина до 6 метри) и споредни (од 0,8 до 3 метри). Широчината на патеките во парковите се одредува според нормата 0,8 метри за едно лице, односно 1,6 метри за слободно разминување. Широчината, пак, на патеките во градината ја одредуваме самите според потребите и можностите. Во зависност од стилот на градината или паркот и за која намена ќе се користи патеката, ја одредуваме нејзината форма. Тие можат да бидат проектирани во геометриски или пејзажен стил. Земајќи го предвид ефектот што сакаме да го постигнеме со патеките, користиме и различни типови на материјали за нивна изградба. Бетонот и асфалтот се погодни за изградба на патеки во парковите заради пониската цена на чинење

како и долготрајноста, додека во градините сè помалку се користат поради неатрактивниот изглед.Чакалот (дробеник) како елемент за подигање на патеки е многу погоден. Истиот претставува одлична подлога за градини и паркови изградени во викторијански и француски стил. Овие патеки се подигнуваат на добро подготвена подлога, а доста важен момент е да се постават повисоки рабници од страните, со што би се спречило растурање на чакалот надвор од патеката.Песокот исто како и чакалот е погоден за патеки, особено ако станува збор за градина во јапонски стил. Техниката на изградба на овие патеки е иста како кај патеките од чакал.Дрвото претставува аристократски материјал кој во поново време сè повеќе се користи за иградба на патеки во градините. Голем недостаток му претставува тоа што

патЕКитЕ КАКО СОСТАВНИ И ПејЗАжНИ еФеКТИ

3 јуни 2011 ПОРТА3 59

59

хортикултура

не е траен елемент поради што мора соодветно да се третира за заштита од влага и инсекти. Во градините многу често се среќаваат патеки подигнати од стари железнички прагови. Иако делуваат декоративно, истите не треба да се користат поради тоа што се третирани со антраценско масло кое е канцерогено.

ИЗБОРПатеките подигнати од плочи (плочници) се неизбежен дел од голем број паркови и градини. Тие се многу ценет материјал поради убавината и квалитетот со кој располагаат. Плочите за изградба на овој тип патеки најчесто се од

варовник, сиенит, гранит, песочник и др. Можат да бидат изградени на два начина: плочници со цврста фуга и плочници без фуга, каде просторот помеѓу плочите може да биде исполнет со растителност, песок или чакал. Плочниците со цврста фуга се подигнуваат на репрезентативни места, додека оние со несврзана фуга на места каде што сакаме да постигнеме слика поблиска до природата. Предност на плочниците без фуга е тоа што ја пропуштаат водата во долните слоеви на почвата, не се прегреваат за време на летото и создаваат благоприајтен водно - воздушен режим погоден за растенијата во нивна близина.Постојат и голем број други природни и неприродни материјали кои во различна мера се користат при подигање на патеките. Кои од нив ќе биде искористен зависи од имагинацијата и креативноста на пејзажниот дизајнер.Во нашата земја, патно-алејните мрежи изградени во поново време во голема мера ја задоволуваат својата фукнција. Оние, пак, што се изградени во минатото најчесто се подигнувани праволиниски, под прави агли што е спротивно на човековата природа и свест за движење, поради што се создаваат скратени - диви патеки. Денес, често се применува подигнување на патеки на местото на новосоздадените диви патеки, со што би се покриле недостатоците од минатото. За крај вреди да се напомене дека и иделно подигнатите патеки би ја изгубиле својата функционалност доколку човекот не ги искорени некои од неговите лоши навики.

Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

ПОРТА 3 јуни 2011360

60

www.gim.com.mk

арт дизајн

Пред извесно време, во изложбениот простор на Паблик Рум, беше

отворена изложба насловена „Една прошетка во волшебната шума“ на авторката Александра Шекутковска. Се работи за поставка која претставува мини колекција, со која студиото „Современ ласерски исечен накит“ на Александра Шекутковска ги прослави двете години од

изработката на првиот дизајн. Ова е втора самостојна изложба на накит и модни додатоци на Шекутковска. Претходно, оваа дизајнерка и архитект има учествувано на Моден Викенд Скопје, на Интернационален симпозиум за дизајн во дигиталната ера и изработка на накит за брендот Стилисимо. Колекцијата содржи накит и модни додатоци, кои директно

ги интерпретираат мотивите на шумата и индиректно дијаграмски зборуваат за доживувањето во неа. Изложбата просторно беше поделена на два дела, односно во првиот беше презентирана официјалната фотосесија на накитот, а во вториот беа изложени уникатните парчиња накит, дизајн прототипите на мини чанта од плексиглас и ласерски исечена марама од свила. Колекцијата

зборува за естетиката на ласерски исечениот дизајн, за архитектурата и модата што живеат во него, и за концептот што патува од идејата преку накитот кон архитектурата... Колекцијата „Една прошетка во волшебната шума“ претставува продолжение на идејата за земјата на чудата, меѓутоа во сосема нов контекст. Самата изложба беше замислена како едновечерен мултимедијален настан.

Една прошетка во волшебната шума

аЛЕКсандра ШЕКутКовсКа

06 мај 2011 ПОРТА3 61

61

екологија

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

ПОРТА 3 јуни 2011362

62

совети

под За днЕвна соба- Ве молам да ми помогнете во изборот на под за дневната соба. Пред две недели имавме поплава во станот и сега сме во недоумица со што да го замениме упропастениот паркет. Однапред ви благодарам.

Марина Ивановска Николовска

менувањето на подот е голема инвестиција. Активностите што се одвиваат на него,

удобноста, изолацијата, цената, а секако и изгледот се битни елементи за кои треба да се води сметка при изборот. За вашата дневна соба која е поврзана со трпезаријата, од сите материјали за подови, најдобар избор би бил паркет. Денес паркетите се изработуваат како елементи од цврсто залепени дрвени слоеви лакирани со сјаен или мат лак, долготрајно стабилна структура во безброј варијации на дрво. Дабот како најблагородно дрво има врвен квалитет, а изборот на нијанса на бојата ќе зависи од интензитетот на природната светлина која влегува во просторијата и ориентацијата на дневната соба. Воедно, треба да се води сметка бојата на дрвото да се усклади со покуќнината што е веќе во собата. Бидејќи седечката гарнитура ви е во сина боја, ѕидовите ви се бели како и трпезариската маса и столовите, а клупската масичка и комодата во венге нијанса, целокупниот впечаток е доста смирен - студена колорна шема. Подот (даб „јава“ ) со чоколадна боја и црвенкаста нијанса би претставувал контраст на оваа шема, која дополнета со детали во боја на теракота на просторот ќе му даде топлина и софистициран изглед. Успехот (или неуспехот) на севкупниот декоративен зафат, навистина зависи од изборот на подот. При ист декоративен пристап, но со промена на бојата на подот, сосема се менува и впечатокот. Доколку сте во можност, би било убаво да го промените и подот во ходникот што води до дневната соба и трпезаријата, со што би добиле една целина во изгледот.

Билјана СТЕВКОВСКа-СаВИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

3 јуни 2011 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

ЗгРАДА СО ФАСАДА НА гигантсКи пЛаКарСојузната држава Северна

Каролина го носи епитетот на најголем производител

на мебел и обработки од дрво во САД. Поинаку кажано, најголемата фабрика „Фурничар дискавери центар“ се наоѓа во гратчето Хај Поинт, во областа Гилфорд во Северна Каролина, каде што е сместена и најголемата фабрика за трикотажа. Знаејќи дека слоганот „Главен град на мебелот“ треба да биде поткрепен со соодветен

факт и визуелно доживување, трговската комора на градот уште во далечната 1920 година, ја направила фабричката зграда за „асоцијативно уживање“.На двата краја на објектот, висок класични два ката, се изградени огромни плакари (шкафчиња) кои ја илустрираат титулата на најголеми производители на мебел. Едното шкафче е високо 40 стапки, и долго време служело како главни канцеларии, сè до реновирањето во 1996 година.

Тогаш канцелариите се пренаменети во информативно биро. Дизајнот на плакарот е свртен со џиновските фиоки, од кои излегува огормен пар чорапи, кон надворешноста, додека канцелариите се од внатрешната страна и до нив се стигнува низ главниот влез, над кој се наоѓа второто плакарче. Ваквиот екстерен елемент е додаден на класичната градба од црвени тули и е направен според модел на вистинско шкафче. За да ја

комплетираат сликата за „главниот град на мебелот“, постои и парк во кој е подигнат споменик (од дрво) на неговото височество - столот за седење. И тој е во гигантски размери и служи како поткрепа и туристичка мамка за оние што ќе се најдат на пат низ Северна Каролина. Инаку, во овој град се одржува и еден од најголемите американски саеми за мебел.

Драган РИСТОВ

ПОРТА 3 јуни 2011364

64

излогизлог

Саем за мебел во Милано 2011

Интересен спој на библиотека и подна ламба од Phillippe Starck за компанијата Flos, претставена во делот за осветлување Euroluce.

Маса со „ногари“ формирани од

пресеците на дводимензионални

форми кои се дизајнирани со помош на

параметарски софтвер. Дизајнот

е на студиото gt2P, изложена во

Salone Satellite.

3 јуни 2011 ПОРТА3 65

65

Масичка “Mulitiple“ претставена во делот за млади дизајнери Salone Satellite,

дизајнирана од Raphael Charles. Направена е од група елементи кои се повторуваат, „залепени“

еденододруго со невидлив магнетен систем кој

овозможува да се разместуваат

формирајќи безброј

позиции.

Ниска маса со ротирачка површина од плексиглас под која има можност за чување списанија и разни предмети. Димензијата е 112/95 см, а дизајнот е на Tonin Casa.

Површина со слободна форма, со динамични високи и ниски точки. Кривините и брановидните форми го покануваат секој корисник да ја побара и најде својата најкомфорна позиција. Прототипот беше изложен во Salone Satellite.

подготви:Сандра ДОНЧЕВадипл.инж.арх.

ПОРТА 3 јуни 2011366

6666

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 67/2011

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СЛЕДЕЊЕ

И ПРЕСМЕТКА НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА СТАПКИТЕ ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАДНИ БАКТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ,

КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ

ЗА СЛЕДЕЊЕ И ПРЕСМЕТКА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 69/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА

ВРШЕЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ СТРУЧНИ РАБОТИ, ВО ПОГЛЕД НА ОПРЕМАТА, УРЕДИТЕ, ИНСТРУМЕНТИТЕ И СООДВЕТНИТЕ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ КОИ ТРЕБА ДА

ГИ ИСПОЛНУВААТ СУБЈЕКТИТЕ КОИ ВРШАТ ОПРЕДЕЛЕНИ

СТРУЧНИ РАБОТИ ЗА МОНИТОРИНГ НА КВАЛИТЕТОТ

НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 33/2011Назив на договорниот орган:Јавна Здравствена установа ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ

ЦО Скопје, бул. “Крсте Мисирков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реновирање на санитарии.Контакт тел/факс: 02 3239-275, 3134-629, лице за контакт: Зоран Симоновски.Јавно отворање на понудите на ден 14.06.2011 год.

БРОЈ: 81/2011Назив на договорниот орган:Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ Медицински Факултет Скопје, ул. “50-та Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Градежно – занатски работи.Контакт тел/факс: 3103-726, 3103-703, лице за контакт: Радмила Митаноска.Јавно отворање на понудите на ден 20.06.2011 год.

БРОЈ: 10/2011Назив на договорниот орган:Државен универзитет “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Штип, ул. “Крсте Мисирков“ бб, 2000, Штип.ПРЕДМЕТ:Набавка за санација на кров и фасада на Кампус 2.Контакт тел/факс: 032 550-021, лице за контакт: Виолета Шаклева.Јавно отворање на понудите на ден 13.06.2011 год.

БРОЈ: 13/2011Назив на договорниот орган:ЈКП Водовод Битола, ул.

“Климент Охридски“ бб, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Изработка на основен проект за резервоар за вода.Контакт тел/факс: 047 227-448, лице за контакт: Елица Илиевска.Јавно отворање на понудите на ден 13.06.2011 год.

БРОЈ: 47/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма за набавка и поставување на заштитни огради на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 15.06.2011 год.

БРОЈ: 14-993/2011Назив на договорниот орган:Општина Битола, бул. “1 Мај“ 61, 7000, Битола.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на магистрална улица – Довлеџик како дел од Регионален пат Р106-Битола.Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235-723, лице за контакт: Славица Димитровска.Јавно отворање на понудите на ден 13.06.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Општина Демир Капија, ул. “Маршал Тито“ бб, 1442, Демир Капија.ПРЕДМЕТ:Изградба на водовод во с. Клисура Демир Капија.Контакт тел/факс: 043 364-100, 043 366-212, лице за контакт: Јулијана Гацева.Јавно отворање на понудите на ден 20.06.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 70/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 52/2011 Назив на договорниот орган:Јавна Здравствена установа ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ ЦО Скопје, бул. “Крсте Мисирков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Набавка на услуги од надзорен орган за градежни работи.Контакт тел/факс: 02 3239-275, 3134-629, лице за контакт: Зоран Симоновски.Јавно отворање на понудите на ден 14.06.2011 год.

3 јуни 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67