pogled br.59 fevruari

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 59 Февруари 2014 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.4 стр.7 Суровици како продукт Пуштен во употреба Амфитеатарот во Паљурци Пол Волерс во посета на Богданци стр. 6 Кои се дефицитарни занаети во Богданци? Ние младите и нашиот свет денес Презентација на нацрт-стратегијата за климатските промени во Општина Богданци Пишува: Теодора Петрушева Владата на РМ на седницата одржана на 11.12.2012 година ја разгледала Информацијата за спроведената анализа за примена на одредби од Законот за комунални такси и усвоила заклучоци со кои на општините им препорачува во рок од 30 дена да донесат одлуки за определување дефицитарни занимања и занаети во изумирање наведувајќи список од такви занаети и уште препорачува општините да ги ажурираат своите евиденции за дефицитарни занимања и занаети во изумирање.И како што треба Советот на Општина Богданци, во претходниот состав, веднаш донесе Одлука со која во Општина Богданци како дефицитарни се определија: ковачите, лимарите, казанџиите, копчарите, свеќарите, крзнарите, шапкарите, сувенирџиите (ракотворби),јорганџиите, опиничарите и саатчиите. Фирмите и вршителите на овие занаети и занимања се ослободуваат од плаќање на комунална такса. Овие случувања се стари три- четиринаесет месеци, но се добар пример дека понекогаш не знаеме кои сме, каде сме и за што сме. Не знаеме да ги препознаеме нашите вистински потреби и само талкаме спроведувајќи некакви препораки кои можеби не се однесуваат на нас. Владата,генерално, ја скенирала состојбата, извлекла заклучок дека наброениве занаети се дефицитарни и испратила препорака до базата да се преземе нешто за очувување и заживување на некои занаети на кои им се заканува исчезнување. Арно ама: саатчии, опиничари, шапкари, крзнари... !? Можеби во големите градови има потреба од шапкари, од опиничари, од јорганџии..., ама Богданци тешко дека ќе осети некој кусотилак ако нема крзнар или дури и свеќар.Во Богданци нема кројач, нема кондураџија, нема ковач, нема стаклар, нема тишлер... Не е сигурно дали има механичар. Дали има сарач, тенекиџија, калајџија? Има ли плетач на п’рдии, ортомар, јажар, сарач за амови и друг прибор за запреги, самарџија? Има ли воденичар? При тоа се исклучуваат хоби-занимањата и таканаречените активности за сопствени потреби. За чаршија се работи.Треба да се одржуваат во живот занаетите што ќе можат да му бидат од корист на ова население. Тие треба да бидат ослободени од комунални такси, според препораката на Владата, ама и Општината треба да приложи нешто на тој план. На 6 февруари во официјална работна посета на Општина Богданци дојде Неговата екселенција Пол Волерс, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. Целта на посетата на амбасадорот кој го придружуваа соработници од неговиот кабинет беше да ја разгледа општината, да се запознае со Градоначалничката Анастасија Олумчева и да ги посети Општинското основно училиште „Патар Мусев“ и Општинската јавна установа Детска градинка“ Коста Поп Ристов Делчев“ каде што Агенцијата за интернационален развој, УСАИД има реализирано проекти. Амбасадорот Пол Волерс и градоначалничката Анастасија Олумчева во Општината разговараа за економската и социјалната состојба на Општина Богданци, за наталитетот, за иселеништвото и тенденцијата на мигрирање, за процентот на невработеност и за можните потенцијали за развој. Амбасадорот беше запознаен со профилот на Системот за спас на Дојранското езеро чии бунари и дел од цевководот се наоѓаат на територијата на Општина Богданци и со Ветерниот парк на што овој забележа дека тие можат да бидат можности за развој на други дејности кои би ја помогнале локалната економија. Американскиот амбасадор, како помош и поддршка за остварување контакти со американски бизнис заедници го понуди Комерцијалниот сервис кој работи во составот на Амбасадата. На темата околу функционирањето на локалната самоуправа се разговараше за дискриминацијата, за политичката одговорност на претставниците на локалната власт, на нивната меѓусебна соработка и соработката со граѓаните. При посетата на ООУ „Петар Мусев“ амбасадорот Пол Волерс, придружуван од Градоначалничката, се сретна со дел од вработените во училиштето и со претставниците на ученичките заедници. Здравко Иљачев, директорот на училиштето, ги запозна гостите со вклученоста на училиштето во компонентите на УСАИД спомнувајќи дека досега на двапати биле реализирани проекти од областа на информатичко-компјутерската технологија, во проекти за унапредување на наставата од математика и природните науки, во проекти за подобрување на оценувањето, во проекти за обука на наставници и во проекти за обука за мултиетничка соработка.. Продолжува на стр.3 тел. 034/ 222-766 СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk [email protected] тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected]

Upload: pogled

Post on 07-Mar-2016

269 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Nezavisen vesnik na Bogdanci

TRANSCRIPT

Page 1: Pogled Br.59 Fevruari

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 59 Февруари 2014

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.4стр.7

Суровици како продукт

Пуштен во употреба Амфитеатарот во Паљурци

Пол Волерс во посета на Богданцистр. 6

Кои се дефицитарни

занаети во Богданци?

Ние младите и нашиот свет денес

Презентација на нацрт-стратегијата заклиматските промени воОпштина Богданци

Пишува: Теодора Петрушева

Владата на РМ на седницата одржана на 11.12.2012 година ја разгледала Информацијата за спроведената анализа за примена на одредби од Законот за комунални такси и усвоила заклучоци со кои на општините им препорачува во рок од 30 дена да донесат одлуки за определување дефицитарни занимања и занаети во изумирање наведувајќи список од такви занаети и уште препорачува општините да ги ажурираат своите евиденции за дефицитарни занимања и занаети во изумирање.И како што треба Советот на Општина Богданци, во претходниот состав, веднаш донесе Одлука со која во Општина Богданци како дефицитарни се определија: ковачите, лимарите, казанџиите, копчарите, свеќарите, крзнарите, шапкарите, сувенирџиите ( р а к о т в о р б и ) , ј о р г а н џ и и т е , опиничарите и саатчиите. Фирмите и вршителите на овие занаети и занимања се ослободуваат од плаќање на комунална такса.Овие случувања се стари три-четиринаесет месеци, но се добар пример дека понекогаш не знаеме кои сме, каде сме и за што сме. Не знаеме да ги препознаеме нашите вистински потреби и само талкаме спроведувајќи некакви препораки кои можеби не се однесуваат на нас. Владата,генерално, ја скенирала состојбата, извлекла заклучок дека наброениве занаети се дефицитарни и испратила препорака до базата да се преземе нешто за очувување и заживување на некои занаети на кои им се заканува исчезнување. Арно ама: саатчии, опиничари, шапкари, крзнари... !?

Можеби во големите градови има потреба од шапкари, од опиничари, од јорганџии..., ама Богданци тешко дека ќе осети некој кусотилак ако нема крзнар или дури и свеќар.Во Богданци нема кројач, нема кондураџија, нема ковач, нема стаклар, нема тишлер... Не е сигурно дали има механичар. Дали има сарач, тенекиџија, калајџија? Има ли плетач на п’рдии, ортомар, јажар, сарач за амови и друг прибор за запреги, самарџија? Има ли воденичар? При тоа се исклучуваат хоби-занимањата и таканаречените активности за сопствени потреби. За чаршија се работи.Треба да се одржуваат во живот занаетите што ќе можат да му бидат од корист на ова население. Тие треба да бидат ослободени од комунални такси, според препораката на Владата, ама и Општината треба да приложи нешто на тој план.

На 6 февруари во официјална работна посета на Општина Богданци дојде Неговата екселенција Пол Волерс, амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Целта на посетата на амбасадорот кој го придружуваа соработници од неговиот кабинет беше да ја разгледа општината, да се запознае со Градоначалничката Анастасија Олумчева и да ги посети Општинското основно училиште „Патар Мусев“ и Општинската јавна установа Детска градинка“ Коста Поп Ристов Делчев“ каде што Агенцијата за интернационален развој, УСАИД има реализирано проекти.

Амбасадорот Пол Волерс и градоначалничката Анастасија Олумчева во Општината разговараа за економската и социјалната состојба на Општина Богданци, за наталитетот, за иселеништвото и тенденцијата на мигрирање, за процентот на невработеност и за можните потенцијали за развој.

Амбасадорот беше запознаен со профилот на Системот за спас на Дојранското езеро чии бунари и дел од цевководот се наоѓаат на територијата на Општина Богданци и со Ветерниот парк на што овој забележа дека тие можат да бидат можности за развој на други дејности кои би ја помогнале локалната економија. Американскиот амбасадор, како помош и поддршка за остварување контакти со американски бизнис заедници го понуди Комерцијалниот сервис кој работи во составот на Амбасадата.

На темата околу функционирањето на локалната самоуправа се разговараше за дискриминацијата, за политичката одговорност на претставниците на локалната власт, на нивната меѓусебна соработка и соработката со граѓаните.

При посетата на ООУ „Петар Мусев“ амбасадорот Пол Волерс,

придружуван од Градоначалничката, се сретна со дел од вработените во училиштето и со претставниците на ученичките заедници.

Здравко Иљачев, директорот на училиштето, ги запозна гостите со вклученоста на училиштето во компонентите на УСАИД спомнувајќи дека досега на двапати биле реализирани проекти од областа на информатичко-компјутерската технологија, во проекти за унапредување на наставата од математика и природните науки, во проекти за подобрување на оценувањето, во проекти за обука на наставници и во проекти за обука за мултиетничка соработка..

Продолжува на стр.3

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Page 2: Pogled Br.59 Fevruari

2 ПОГЛЕД , Февруари 2014

Известувач: Илија Тумбов

Се одржа Петнаесеттата седницаОд Петнаесеттата седница на советот на Општина Богданци

На 28 февруари Советот на Општина Богданци, во присуство на сите советници и во присуство на градоначалничката Анастасија Олумчева ја одржа својата петнаесетта седница.

Со седницата претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци.

На почетокот советниците едногласно, без забелешки, ги усвоија записниците од Десеттата,

Единаесеттата, Дванаесеттата, Тринаесеттата и Четиринаесетта седница на Советот на Општина Богданци

Потоа на усвојување беше даден дневен ред за работа на Советот предложен со материјалите за седницата.

Советникот Душко Енџекчев побара од предложениот дневен ред да се повлече шестата точка на која требаше да се донесе Решение за формирање Комисија за разгледување на барања за социјална помош затоа што таа дејност е во надлежност на градоначалникот. Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.

Предложениот дневен ред од 28 точки за работа на Советот на Општина Богданци на Петнаесетттата седница се усвои со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржан“.

-Точка 1: По образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, Советот на Општина Богданци, по расправата во која учествуваа советниците Никола Стратров, Душко Енџекчев, Борис Ванчев, Блаже Шапов и градоначалничката Анастасија Олумчева, со 11 гласа „За“ го усвои Кварталниот извештај на Буџетот на ЕЛС Богданци за периодот октомври-декември 2013 година.

-Точка 2: По расправата во која учествуваа советниците Ристо Киров и Блаже Шапов, со 11 гласа „За“ и со забелешката дека наредните извештаи треба да бидат поопширни и со подетални информации, Советот на Општина Богданци го усвои Извештајот за работа на Комуналната инспекција на Општина Богданци за 2013 година според кој во 2013 година биле изречени 19 глоби, биле издадени 25 решенија за задолжување, биле извршени 7 контроли .

-Точка 3: По образложението од Митко Влахов од општинската администрација и по расправата во која учествуваа советниците Катерина Чрчева, Блаже Шапов, Ристо Енџекчев, Риса Бејкова и градоначалничката Анастасија Олумчева, Советот на Општина Богданци, со 9 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“, го разгледа Годишниот план за енергетска фикасност на Општина Богданци за 2014 година според кој ќе се набават и постават нови врати во „Петар Мусев“ во вредност од 104.550 денари, ќе се пронменат половина од прозорците во Детска градинка Стојаково во

вредност од 479.700 денари, ќе се инсталира нов котел и современ систем за регулирање на топлината во Средното училиште во Богданци во вредност од 1.230.000 денари, ќе се реконструира кровот на подрачното ОУ во Селемли во вредност од 396.060 денари.

Со спроведување на овој план ае предвидува во 2014 година да се заштедат средства во висина од 839.472 денари.

-Точка 4: Со 9 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци одлучи да го усвои Годишниот план за енергетска ефикасност на Општина Богданци за 2014 година.

-Точка 5: По образложението од Иван Лулеџиев од ЈП„Комунална чистота“ и по расправата во која учествуваа советниците Борис Ванчев, Стојан Воданов, Блаже Шапов, Кристијан Тодоров, Ристо Киров и градоначалничката Анастасија Олумчева со 1 глас „За“, 4 гласа „Против“ и 6 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци не го прифати предлогот да се донесе Одлука за доделување ексклузивно право ЈП „Јавна чистота“ да поставува бехатон плочки по тротоарите и улиците и да гради водоснабдителни и канализациони системи на територијата на Општина Богданци.

Пред тоа советникот Стојан Воданов предложи наместо Одлука да се донесе некаков заклучок во таа насока, но предлогот со 5 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 2 гласа „Воздржано“ не беше прифатен.

-Точка 6: По расправата во која учествуваа советниците Душко Енџекчев, Кристијан Тодоров, Ристо Киров, Стојан Воданов, Борис Ванчев и градоначалничката Анастасија Олумчева, со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“, Советот на Општина Богданци донесе Решение за формирање Комисија за разгледување на барања за социјална парична помош во која, со мандат до 31.12.2014 година, влегоа Никола Стратров, како претседател и Сузана Мандалова и Душко Енџекчев, како членови.

-Точка 7: Со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци донесе Решение, поради истек на мандатот, од член на Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“ да се разреши Митко Мишев, а на негово место да се именува Томе Шапкаров.

-Точка 8: Со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци донесе Решение, поради истек на мандатот , од членови на Надзорниот одбор на ЈП „Комунална чистота“ да се разрешат Миле Демерџиев и Весна Ристовска, а на нивно место да се именуваат Петар Манолев и Страшко Олумчев.

-Точка 9: По образложението од Иван Љулеџиев од ЈП „Комунална чистота“ и по расправата во која учествуваа советниците Сузана Мандалова, Ристо Енџекчев, Блаже Шапов, Душко Енџекчев, Стојан Воданов, Ристо Киров и градоначалничката Анастасија Олумчева Советот на Општина Богданци, со 2 гласа „За“ и 9 гласа

„Воздржано“, одлучи да не ја дефинира цената за ѓубретарина во Стојаково и Селемли предложена од Управниот Одбор на ЈП„Комунална чистота“ според која за секое семејство ќе се пресметува фиксно за 60 м2 по 1,66 денари за станбена површина и по 41 денар паушал за дворно место како што сега се наплаќа во Богданци и Ѓавото.

-Точка 10: Без дискусија, едногласно, Советот на Општина Богданци се согласи со Програмата за организирање екскурзии и програмите за изведување настава во природа и еднодневен излет на ООУ„Кирил и Методиј“ од Стојаково.

-Точка 11: Во расправата по предлогот за обезбедување финансиска помош од 60.000 денари во материјални средства за санирање на штети кај семејната куќа на Сибирка Тасева настанати од променетиот тек на поројот што доаѓа од Дуковец и излегува во Гегова река со што куќата е изложена на биуците, што во суштина е комунален проблем поради кој Сибирка Тасева трпи штети и поради што таа поднела барање за доделување помош за санирање на штетит, се вклучија советниците Ристо Енџекчев, Ристо Киров, Никола Стратров, Катерина Чрчева, Ристо Киров и градоначалничката Анастасија Олумчева.

Советникот Ристо Енџекчев предложи советниците да дадат прилог од по половина паушал како помош на семејството.За предлогот се изјаснија 6 советници, 4 беа „Против“, 1 беше „Воздржан“. Прифатениот предлог се одлучи да биде дел од предложената Одлука. На изјаснувањето за предложената Одлука таа немаше доволен број гласови и не беше донесена.

-Точка 12: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 1414 во КО Ѓавото.

-Точка 13: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 1599/5 во КО Ѓавото.

-Точка 14: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП со бесправно изградениот објект на КП 10475 во КО Богданци.

-Точка 15: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичко планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изграден објект на КП 10598 во КО Богданци.

-Точка 16: Едногласно се донесе Одлука за проширување на планскиот опфат на урбанистичката планска документација и вклопување на бесправно изградениот објект на КП 11027/1 во КО Богданци .

-Точка 18: Со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 10550 во КО Богданци.

-Точка 18: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или

нема да се предвиди на КП 9019/1 во КО Богданци.

-Точка 19: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 10591 во КО Богданци.

-Точка 20: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на

сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 10479 во КО Богданци.

-Точка 21: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 1595 и 1596 во КО Богданци.

-Точка 22: Едногласно се донесе донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 11891 во КО Богданци.

-Точка 23: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 11767 во КО Богданци.

-Точка 24: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 253/2 во КО Селемли.

- Точка 25: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 1493 во КО Ѓавото.

- Точка 26: Едногласно се донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изграден објект на КП 1547 во КО Ѓавото.

-Точка 27: Едногласно се донесе Одлука за донесување урбанистичко планска документација и вклопување на беспрвно изграден објект на КП 11893/1 во КО Богданци..

-Точка 28: СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

1. Советникот Ристо Енџекчев праша дали може да се изготви регистар на одлуките што биле

донесени во Општина Богданци поврзани со работењето на Општината на што Градоначалничката му одговори дека ќе се заложи тоа да бите направено.

2. Советникот Борис Ванчев праша зошто советниците не биле известени за посетата на премиерот Никола Груевски на Општиуна Богданци на што Градоначалничката му одговорени дека информацијата била на веб страницата на Општината и, од името на општинската администрација, се извини што не им биле упатени лични покани.

3. Советникот Блаже Шапов праша зошто од надоместокот за штети од снегот што им е даден на

земјоделците се одбиваат износите што тие граѓани и ги должат на Општина Богданци по разни основи на што Градоначалничката одговори дека таа е одговорна за извршување на Буџетот и секој што има давачки кон Буџетот ќа мора да ги плати.

4. Советникот Блаже Шапов праша дали и кога ќе се отстрануваат приврено поставените објекти во Богданци на што му беше одговорено дека според законот до 1 јуни сите такви објекти ќе треба да се отстранат, а Општината ќе доделува локации за поставување времени објекти само за продажба на цвеќиња, весници и сувенири, а ослободените локации спроти Ќортошеви ќе се изнезат на продажба со лицитеација и ќе бидат наменети за тврда градба.

5. Советникот Душко Енџекчев праша што се случи со средствата што останаа од кредитот за уличното осветлување за кои веќе имаше донесено одлука како да се искористат на што му беше одговорено дека Општината се предомислила и побарала од Светска банка тие средства да се употребат за замена на надворешната столарија на административната зграда на Општината заради енергетска ефикасност и се чека дозвола за тоа.

6. Советникот Ристо Киров праша што се планира да се направи со оградата што го попречува движењето по шеталиштето околу паркот на што Градоначалничката одговори дека завршил судскиот спор меѓу сопственикот на објектот што се гради таму и ЈП„Комунална чистота“ и за 2-3 недели ќе се преземат чекори во таа насока.

Забелешка за работата на Советот на Општина Богданци во овој и во сите досегашни и идни состави:

Според член 21 од Статутот на Општина Богданци што е преземен од став 3 на член 43 од Законот за локална самоуправа советник не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење или гласање во Советот.Но мора да се знае дека неговото искажано мислење и гласање секогаш ќе биде предмет на анализа и, доколку анализите покажат дека однесувањето на советникот не било во интерес на заедницата нема да може да се избегне моралната одговорност. Не може да

се искажува мислење и да се гласа за работи од кои Општината ќе трпи штети и за тоа на никој да не му е гајле.

Кој утре ќе ја понесе одговорноста заради легализацијата на бесправно изградените објекти па, наспроти препораките од општинската администрација, се легализираат шупи, прикрпени гаражи, аери и мутваци кои Општината утре ќе мора да ги обештетува за да реализира некој Детален урбанистички план.

Нека секој советник се сети на изјавата регулирана со член 38 од Законот за локална самоупрва и со член 22 од Статутот на Општината што ја има потпишано и нека се замисли. Не е убаво заради 2-3 гласа добиени на избори да се носат нелогични и штетни одлуки. Ако Турците, Србите, и Бугарите, како окупатори, со дикат граделе во Богданци, заради што сега богданчани не би правеле тоа во својата држава.

Од расправата по точка 5 од Петнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Риса Бејкова,советник:

„Зборуваме за годишното планирање за енергетската ефикасност, а во расправата најмногу се задржуваме на потребите на ООУ„Петар Мусев“ кој има дел лоша надворешна

столарија. Во 2008 година училиштето доби 50.000 евра за заменување на надворешната столарија. Во 2009 година се распиша тендер за замена на вратите и прозорците. Нешто се замени, ама нешто остана незаменето. Пари за санација и за реализација на проекти доаѓаат од Министерствотои за образование. Покрај тие 50.000 eвра дојдоа уште 6.000 евра за кровот, па уште 20.000 евра, пак за кровот. Внатре сите врати се заменети. Надвор не e заменета сета столарија и поради тоа во некои училници нема услови за работа. Парите за таа намена дојдоа. Како се искористија и зошто не се завршија целосно проектите не ми е јасно.“

Од расправата по точка 3 од Петнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Стојан Воданов,советник:

„Овде има некакво недоразбирање. Нема потреба да се донесува одлука за доделување ексклузивни права за вршење услуги од јавен интерес како би можело на ЈП„Комунална

чистота“ да му се даваат работи за поставување бехатон плочки по улиците и тротоарите и изградба на водоснабдителни и канализациони системи во Општина Богданци. Неодамна се направени измени во Законот за јавни набаки со кои на општините им се остава правото ситни работи од комунална природа да можат да им ги доделуваат на јавни претпријатија формирани од Општината со ограничување доделените работи да ги извршува тоа јавно претпријатие, а да не ги дава на други подизведувачи.

Тоа може да се реулира со некој обичен заклучок во таа насока.“

Page 3: Pogled Br.59 Fevruari

3ПОГЛЕД ,Февруари 2014

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Коме

рција

лен о

глас

Коме

рција

лен о

глас

Со учениците, на течен македонски јазик, господинот Пол Волерс разговараше за потребата и неопходноста за користење на информатичко-комп јутерската технологија во современиот живот и за нејзино вклучување во образовните програми уште од основното образование за што УСАИД вложува ресурси.

И учениците не му останаа должни. И тие дел од одговорите му ги даваа на англиски јазик.

Посебно подготвени за дочек беа во Детската градинка „Коста Поп Ристов Делчев“.

Таму на влезот, во согласност со старите обичаи, гостите беа пречекани со погача, а внатре, исто во согласност со традицијата, за добредојде беа послужени со слатко

од диви смокви. Гостите му се израдуваа на овој гест.

Директорката Вангелица Караиванова, заедно со Игор Славковски, претставник од „Милиеуконтакт Македонија“, информираа дека преку „Милиеуконтакт Македонија“ е направена изолација на кровот од Детската градинка. Проектот го издејствувала Општина Богданци. Работата ја изведувала некоја скопска фирма која сета работа, крајно професионално, ја завршила за една недела со ништо не попречувајќи ги процесите во дејноста на Детската градинка. Директорката извести дека сега затоплувањето во објектот е на повисоко ниво и истакна дека преку лето новата кровна изолација ќе попречува пеколните жештини да

навлегуваат во градинката. Ефектите на енергенси, како што појасни таа, ќе се видат на крајот од годината кога ќе се сумираат резултатите и потрошените количини и износи ќе се споредат со тие од минатите години. Со еден дел средства во проментата на кровната изолација учествувале и Општината, но главно средствата дошле од УСАИД.

Потоа гостите прошетаа низ Детската градинка каде што на лице место се запознаа со активностите на дечињата. Овие, пак, гостите ги поздравија со песнички и со стихотворби на англиски јазик.

На одење вработените и децата од Детската градинка, во знак на благодарност, ги даруваа гостите со пригодни подароци.

Пол Волерс во посета на БогданциПродолжение од стр.1

Уставниот суд на Република Македонија на 29 јануари 2014 година расправал по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови на Општина Богданци број 07-1634/8 донесена од Советот на Општина Богданци на 17.9.2013 година поднесена од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, и го донел Решението број 148/2013 со кое ја отфрла иницијативата прогласувајќи се за ненадлежен.

Градоначалничката Анастасија Олумчева со Иницијативата побарала Уставниот суд да го оцени конфликтот на интереси затоа што членка на Советот на Општина Богданци е брачен другар на поднесувачот на иницијатива за урбанизација на просторот и да се оцени дали во таа постапка остварувањето на правото на една странка е на штета на друга странка.

Програмата за измена на Програмата за изработување на урбанистички планови по која Советот имаше долга и мачна расправа се однесуваше на просторот источно од откупниот пункт на „ВиВи пром“ за кој беа заинтересирани „ВиВи пром“ на Васе Ампов и Перо Чрчев.

Марга Шимова- овластен судски преведувач-

Превод од англиски на македонски јазик и обратно на секаков вид официјални документи

од повеќе области.

контакт тел: 078 377 275email: [email protected]

адреса: Маршал Тито бб,Богданци

Од Четиринаесетта седница на Советот на Општина Богданци

Итна седницаСедницата беше закажана и

одржана како итна. Образложението беше дека под итно треба да се донесе Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Богданцуи за 2014 година.

На седницата присуствуваа 10 советници (советникот Ристо Киров оправдано отсуствувал).

На седницата присуствуваше и градоначалничката Анастасија Олумчева .

Со седницата претседаваше Блаже Шапов.

За работа на седницата се предложи и, со 9 гласа „За“ (советникот Кристијан Тодоров задоцни на изјаснувањето за дневниот ред), за работа на Советот на Општина Богданци на Четиринаесетта седница, се усвои

дневен ред од една точка.-Точка 1: По образложението

од Соња Маџирова од општинската администрација дека од АД ЕЛЕМ до Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и јавни дејности, преку електронски систем, е

поднесено барање за одобрение за градење 110 кВ надземен вод кој ќе ги поврзува трафостаницата 20/110 кВ во Паркот на Ветерни електрани во КО Богданци со трафостаницата на 110/35 кВ во КО Валандово од кој 2.600 метри е на територијата на Општина Богданци за што се

предлага да се наплатува по 9.000 денари на м2 за коридорот и по 9.000 денари по столбно место.

Градоначалничката Анастасија Олумчева објасни дека со донесувањето на оваа Програма за дополнувањето на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Богданци за 2014 година по цените што се предлагаат, кои се исти со тие што веќе се донесени во Општина Валандово, Општина Богданци ќе добие надоместок од 2.700.000 денари.

Советникот Блаже Шапов предложи наместо 9.000 денари по м2 за коридорот и 9.000 денари по столбно место цената да биде по 10.000 денари.

За предлогот се изјаснија 4 советници, а 6 гласаа „Воздржано“ со

што предлогот не доби поддршка.Потоа, со 9 гласа „За“ и 1 глас

„Воздржано“, Советот на Општина Богданци ја донесе Програмата за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2014 година според која во делот V –в, Висина на уредување на градежно земјиште во Урбанистички план вон населено место, Локална и Државна урбанистичка планска документација и Инфраструктурен проект, по точката 5 се додава нова точка 5 А која гласи:

-Далноводи со напонско ниво од и над 35 кВ, 9.000 ден/м2 за столбно место и 9.000 ден/км2 за коридор.

Уставниот суд се изјасни по Иницијативата

Page 4: Pogled Br.59 Fevruari

4 ПОГЛЕД , Февруари 2014

Пишува: ИлијаТумбов

Пишува:

КрстеЛештов

С у р о в и ц и к а к о п р о д у к тПоглед од мојот агол

Знаеш ли што духовно ги убива луѓето?

Ние младите и нашиот свет денес

Прелистувајќи ја home page на фејсбуков постојанао в очи ми паѓаат статуси од луѓе кои зборуваат за промените во светот. „На овој свет му треба промена“, „Секој ден е нова шанса за да почнете од ново“, „Ако сакате промени, започнете од себе“ и ред други празно кажани зборови. Ако сакаме да го промениме нашето опружување, да, треба да почнеме од себе. Но не само да бладаме без причина, а потоа слободното време наместо на некој друг начин, повторно да го минуваме гледајќи во мониторот. Колку вечери сте легнале во креветот и сте си кажале „денес не направив ништо посебно“? Колку пати сте ја оддолговлекувале некоја работа велејќи дека немате воопшто време за такво нешто?

Е па драги мои, каде оди вашето време? - Нашите родители имале доволно време да работат по нивите, да се грижат за старите во куќата и иако многу помалку им давале неизмерно да ги почитуваат. Оделе и на училиште, а сите знаеме како тогаш учеле и што се било потребно за добри резултати. Имале и доволно време за да излезат и да се занимаваат со некој спорт, да се

видат со пријателите, да прошетаат некаде и на крајот да им остане и доволно слободно време за некоја книга или музички инструмент, а и да ја гледаат омилената ТВ серија. Во денешно време денот трае исто толку, колку што траел и тогаш, часовникот ги брои минутите со истата брзина како и тогаш. Епа проблемот дефинитивно е во нас. Зошто ние никогаш немаме време за ништо?

- Презафатени сме со идеали кои не водат никаде. Речете дека сум старомодна или дека се правам паметна или било што, ама сигурна сум дека сите го гледате тоа што го гледам и јас. Седнете во кафуле околу пладне и одвојте 20 секунди за да ги разгледате луѓето околу себе. Голем процент од нив седат во групи и не зборуваат ништо. А што прават? - Со главите се нурнати во своите смартфони и го следат натпреварот за ливчето кое го пишале или се на фејсбук, инстаграм, твитер... А тоа се истите луѓе кои ви зборуваат за промени и за неподносливоста на денешницата. Потоа излезете викендот и ќе видите 13-годишни во мини, со деколте и највисоките потпетици што ги имала при рака. Во лицето нашминкана како од некој хорор филм.

Сте биле со некои другари и сте зборувале за некоја тема и пред испраќање си велите „ќе се договориме на фејсбук“. Е зошто на фејсбук, а не сега?

Сега ќе речете „Е што има лошо во сето тоа?“.

- Не, ништо не лошо, се е во најдобар ред, само што на улица некој може да се чукне во тебе, а ни едно „здраво“ да не ти каже, а на тој фејсбук,

цели приказни ти раскажувал. Сега популарниот Х-фактор, кога некој од натпреварувачите ќе добие критика или биде отфрлен, на фејсбук веднаш сите се претвараат во врвни музички критичари и коментираат, кој, што и како направил. А не дај боже наеднаш да заврне дожд или снег, сите се преобразуваат во метео станица, оти другите немаат очи да видат што се случува. Ќе отидат некои на гости веднаш check in. Знаеме кој каде оди, што прави, како се чуствува, што јаде, пие, како сето тоа некој да го интересира. Потоа ќе пишуваат статуси „Не зборувај за некој, кога не знаеш ништо“. Како не знам ништо, кога ти до пред 1 час си поднесувал/а целосен извештај за себе. Епа никој не те терал да го раскажуваш својот живот. И ова е само дел од тоа што го има. Да не ги спомнуваме и оние вечно депресивните за кои што „животот е само преживување“. Еј, што ти се случило тебе толку трагично што твојот живот не вреди за живеење? Од кога раскинувањето со не знам ти кој по ред дечко е толку драматична раобта?

Го сакам времето во кое живеам и луѓето со кои сум опкружена, но има и нешта кои секогаш ќе ги критикувам, затоа што секој има право да прави што сака и како сака, да биде оној што тој самиот ќе избере да биде. Да гради свои цели и принципи и да се надоградува себеси. И да, седам на фејсбук, инаку немаше да можам да го искажам сето тоа погоре, но барем не зборувам дека ми треба промена бидејќи на некој начин успевам да го организирам своето време, а вие?

1.Речено е дека човек не живее

со луѓето туку живее со вистината.И треба да се живее со

вистината. Таа е божествениот допир со кој треба да сме соочени. Не бива поинаку. Мора да се живее со вистината во себе. Треба да се живее со неа дури и кога тоа боли. Болката понекогаш прочистува.

2.Еден пријател се вџашил кога во

разговор со група завршени студенти од економски факултет, станало збор за, должничката криза, па тој изнел цитати од „Капиталот“.

Човекот е инженер и никогаш економијата не ја учел активно, ама како интелектуалец со солидна основа од општа култура има претстава за содржините на „Капиталот“.

На неговите соговорници не им било јасно што цитира, па потпрашале какви се тие цитати. Кога овој им објаснил дека цитатите се од „Капитал“,капитално дело во кое се објаснети многу економски законитости завршените студенти останале без реакција. Вџашеноста кај него набабрела кога „дотичните“ прашале: „ А чие е тоа дело?“.

Налет информатички технологии, налет интернети, налет фејсбуси и твитери, налет глобализации што и да се подразбира под тоа, се нека е налет ако нашата иднина, децата и по 17-18 до 20 години учење не успеваат да осознаат општи знаења за кои не е потребно човек да е паметен. Доволно е да не е многу глуп.

Уште многу изненадувања и вџашености ќе ни приредува „Бoлоња“, ама-ако.

Ние си ја избравме. И уште сме горди на неа.

Кога вџашениот ми го расправаше ова потсети дека на некои универзитета немало теорија некому да му се дозволи да полага приемен испит за да запише економија кај нив ако пред тоа, колоквијално, не покаже солидни познавање од Библијата, од учењата на Енциклопедистите и од трудовите на Карл Маркс. Логично.

Луѓето имаат долга традиција во образованието и еднакво добро се упатени во технологиите за производство. За да произведеш стручњак, како и за се друго, треба добра суровина. Ако наместо добра суровина на располагање се има сировина и уште таа се „обработува“ во кљакав образовен процес се што може да се добие како производ се - суровици. Од суровица свирка не бидува.

3. „Радио Ереван“ на времето

преплавуаше со шеги.Една од нив одеше вака:

-А бе, пријател, се погласно се зборува дека еднопартискиот систем е на заминување и на повидок е ново, плуралистичко општествено уредување. По тебе, има ли шанса и Ерменија да стане повеќепартиско општество?

- Нема. Ако покрај оваа, постоечката, се формира уште една партија тоа нема да води кон повеќепартизам оти тогаш сите од оваа партија ќе преминат во другата и пак ќе имаме еднопартиски систем.

Пред дваесет и пет-шест години оваа шега изгледаше смешно. Денес повеќе не е смешна затоа што буди поинакво расположение.

На неа се потсетувам кога гледам како по една партискоштапска скала ситно ситно трусат разноразни ножиња. Интересни ми се затоа што тие исти ножиња до пред некоја година трусеа пред еден друг партиски штаб.

Нема некој голем зијан ако луѓето ги менуваат политичките уверувања и според тие уверувања се наклонуваат кон некоја политичка партија. Персониве за кои ги трошам овие редови ја имаат дарбата секогаш да бидат облечени во дресот на партијата што е на власт. И веднаш да се впикаат во нејзините партиските органи.

Сакам да кажам дека се надарени за впикување. Чудо од дарба, особено

ако е во комбинација со ѓон-образ.4.Во Општина Богданци

вработување во јавниот сектор може да има во општинската администрација, во едното општинско јавно претпријатие (две се ама, едното не се брои), во трите општински училиште, во општинската детската градинка и во општинскиот дом на културата.

Кон случувањата во нив е вперен интересот на богданската јавност.

Од 1996 година наваму вработувањата таму не се делеа по убавина туку по партиска припадност.

Нека е и така. Им паднала балтијата во медот и нека им е аирлија. Ама не е убаво да парадираат наоколу истакнувајќи го своето присуство. Демек...

Луѓето не се овци. Се гледаат, се знаат и се паметат.

Еден сдсмовски кадар (Жена е,ама нека не ве збунува родот. Кадар секогаш е машки род.) на времето го бев прашал што воопшто има направено за СДСМ освен што од СДСМ беше пикнат на работа.

Велам пикнат оти природно не е изведливо да бидат вработени таму. Нема начин. Освен со таинствено, незабележително пикнување. Дарк-метода.

Истото прашање денес им го поставувам на кадрите од ВМРО. Не ги делам по дополнителната определбата затоа што ги има од сите провиниенции. Тие што пред некое време беа подготвени да се тепаат само ако лошо помислиш за Љупчо сега плукаат по него. Занесени се по Грујо. Се додека има круши на крушата под чија сенка пладнуваат, а крушите сами им паѓаат во устата ќе биде така. Се потрошат ли крушите ... е, тогаш...

Да бидеме живи и здрави - ќе видиме.

И нив ги прашувам што воопшто имаат направено за ВМРО што толку високо ги дигаат главите.

И едните и другите ги потсетувам дека не е доволно да имаат направено било што за партиите. Треба да имаат направено или да направат нешто и за Богданци.

Тоа се брои и тоа се памети. Другото е гола вода.

5.ВМРО-овците се растрчани.СДСМ-овците се растрчани.

ГРОМ-овците се растрчани.Сите партијци се растрчаниГи гледат своите пастири во

очите, будно го следат секој нивен знак и соодветно реагираат. Избори се готват.

На другите што не се опседнати со тој вид шарада, на другите кои не чекаат некој партиски штаб да ги наместува на државни јасли, на другите што знаат, умеат и можат самите да си го заработуваат лебот, на тие други сите овие предизборни случувања им се прекуглава.

Ќе биде весело оваа пролет. Кој ли ќе ги трае.

6.И за да не бидам половично

разбран појаснувам дека погоре кажаното се однесува и на овновите.

7.Февруари дефинитивно се

профилира како месец во кој е регистрирана најголема посета на странски амбасадори во Богданци.

Најпрво, на 6 февруари, честа да го посети Богданци ја приреди амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, неговата екселенција Пол Волерс со соработници од неговиот кабинет.

Потоа, на 22 февруари, во тандем, додуша како гости на КУД „Бранд Петрушев“, честа да го посетат Богданци ја приредија нивните екселенции Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Македонија и Здравко Беговиќ, амбасадор на Република Босна и Херцеговина во Република Македонија.

Не е малку. Трилинг асови. Амбасадорите секогаш се адути во играта. Во секоја игра, ако асовите се одиграт паметно, голема е веројатноста да има добивка.Или барем да нема загуба.

8. Офицерот на Морнаричката

авијација на САД, со докторат од Универзитетот Вашингтон, господинот Пол Волерс е дипломат од кариера коj, на 2 август 2011 година Сенатот на Соединетите Американски Држави, едногласно го потврди како шести амбасадор на САД во Република Македонија. Во својата биографија тој, покрај другото, бележи вршење

должности на дипломатски позиции во амбасадите на САД во Букурешт, Москва и Никозија.

Специјалистката по меѓународно право и меѓународни односи, правничката Душанка Дивјак-Томиќ која зборува англиски, француски, германски и кинески јазик, дипломатката која десетина години работела во Амбасадата на нејзината земја во Народна Република Кина, пет години во Мисијата при Обединетите нации во Њујорк, две години во Мисијата при Обединетите нации во Женева, две години во Мисијата при Советот на Европа во Стразбур,четири години во Амбасадата на Република Србија во Република Македонија последните четири месеци е амбасадорка на Република Србија во Република Македонија.

За Амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република, за господинот Здравко Беговиќ нема да изнесувам други податоци. Само ќе кажам дека при гостувањето во Богданци по повод годишниот концерт на КУД „Бранд Петрушев“ му беше гордост да каже дека е пријател на „Млаз“ затоа што додека бил директор на „Шипад“ имал деловни врски со „Млаз“, ги знае неговите поранешни луѓе и бил чест гостин во Богданци.

Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека кога такви луѓе ќе престојуваат во Богданци, без разлика чии гости се, треба да се поведе сметка за протоколот.

Протокол е онаа збирка норми која ги определува правилата на однесување. Не е добро да се остава така високите личности да не бидат дружени од официјални претставници на Општина Богданци. Впечатокот што тие луѓе генерално ќе го понесат од овде е впечаток понесен од Богданци.

9.Ми се забележува дека молчам.

Не, бре, не молчам. Лафам само вие на го слушате тоа. Во дијалог сум со самиот себе. Си го враќам филмот на животот и си правам анализи. Стасан сум до декември 2012-тата.

Заклучив дека овие петнаесетина месеци ми се случувале интересни нешта.

По секое од тие случувани нешта сум бил пишман што толку сум се ангажирал околу нештото, ама не ми е жал. Додека сум го правел тоа сум бил среќен..Ми било убаво.

Убавите услови за живот, привидната сигурност што ги опкружува, навидум кога сѐ е подредено и сѐ е на место. Тоа ги убива, ги прави пасивни, им ја убива имагинацијата, им го убива предизвиците во животот. А животот е возбудлив кога нешто се случува, кога човек е поттикнат да еволуира, да создаде нешто што досега е невидено. Кога животот изгледа лесен, тогаш креативноста изумира. Маката ги натерала луѓето да еволуираат, да се трудат да направат нешто. Промените се случуваат тогаш кога повеќе не може да се продолжи на стариот начин, но лажната сигурност создава лажна слика за животот. Предивиците се убави, ама луѓето обично ги презираат затоа што биле научени без многу напор да добиваат тоа што ќе посакаат. Ако на човек не му се случуваат предизвици, нема да има возбуди и полека, несвесно ќе започне да се уништува. Само погледни го животот на оние кои живеат во таа илузорна

материјална сигурност и ќе ти стане јасно. Не е битно колку имаш, битно е како се справуваш со тоа што го имаш. Некои имаат многу ама не можат да се справат со тоа и затоа пропаѓаат бидејќи стануваат жртви на самите себе, а некои немаат скоро ништо но сепак имаат доволно за да постојат во својата целовитост. Секој треба да има онолку колку што му е потребно, ни помалку ни повеќе. Умереност, тоа е убавото. Кога има вишок или недостаток секогаш е тешко, но кога има доволно тогаш има баланс. Секој без многу напор може да има доволно за да биде среќен и целосен со себе. Најважни во животот се доживувањата, искуствата, миговите кои ни го одзеле здивот, миговите на среќа, миговите на исполнетост. Тоа е она по кое се памети животот, не по тоа колку сигурни и безбедни сме се почувствувале. На крајот, нема да ти е битно колку си имал во џебот, најбитно ќе ти биде колку си одживеал, проживеал, доживеал, искусил, почувствувал, вкусил, видел, чул, допрел... И додека работиш за да имаш во џебот, бидејќи сепак имаме физичко тело кое мора да постои и да биде издржувано, примарната активност нека биде насочена кон доживување и искусување на животот. Само тоа се памети и останува. Доживувај тоа што срцето ќе ти го побара. Животот е вкусен.

Пишува:

ТеодораПетрушева

Page 5: Pogled Br.59 Fevruari

5ПОГЛЕД ,Февруари 2014

Пишува: Ристо Стамков

Како настанала песната „Нимо оди Тано бре сину во Пугана“

За време на османлиското владеење земјиштето на богданчани на исток се граничело со турските колонистички села Горни и Долни Болован, на југоисток со селото Паљурци, на југ со Побрегово и Стојаково, на запад со селските имоти на богородичани и ѓавочани, а на север со ниската планина Пугана.

Богданчани точно го имале обележано својот синор во Пугана со дупки во кои имало закопано ќумур, а границата била запишана во тапиите кои и денес се чуваат во катастарската зграда во Истанбул – Kapu ve kadastro unum muurlugu.

Богданчани Пугана главно ја користеле како пасишта и како шума од кој собирале огревно дрво. Рамните чистини ги разорувале и на такаформираните ниви саделе ’рж, сусам, афион, пченка, бубаќ...

Со доаѓањето на Османлиите на овие простори и со населувањето на Турците Јуруци и Коњари преселени од пасивните краишта Сархун, Ајден, Коња,Трапезунт и други места во Турција многу населени места го смениле својот национален состав затоа што домицилното македонско население се повлекувало пред колонизаторскиот османлиоски налет.

Од разни документи може да се види дена на тој начин дојденците ги запустиле Бојмијата и околните села.

За пример ќе наведиме дека селото Удово било потгурчено уште во петнаесеттиот век. Селата Прстен и Честово исчезнале. Истото се случило и со селата Калково и Калуцково (денешното Јосифово), а селата Чалук и Казандол добиле турски имиња откако од нив било истиснато македонското население.

Селаните Македонци од Казандол порано одгледувале црвени соколи. Кога колонистите Османлии го презеле селото го нарекле К’з’л Доганџилар што на македонски се преведува како место на црвени соколи.

Ново турско име добило и селото Чалук (место на чилија), па станало Чалук Мустафа огулари што се преведува како место на потомците на Мустафа ( човекот кој првд дошол во Чалакли со својот оџак-огниште-дом)

Дојденците покажувале нетрпеливост кон жителите Македонци вршејќи насилства, понекогаш и убиства. Покојниот Амзата на Иван Кал’чев му раскажал еден случај што му го раскажале неговите блиски.

Пред одењето на младите Турчиња во војска, таканаречените гурци, во групи оделе по христијанските села и вршеле секакви самоволија. Еднаш влегле во некоја стојаковска куќа и го натерале домаќинот да им зготви алава. Додека овој ја подготвувал алвата во бакарниот котел обесен со синџир над оџакот еден од гурците цело време му бил качен на вратот.

Веќе спомнав дека Пугана на богданчани им служела како пасиште, како шума за берење огревно дрво и како простор на кој си отворале ниви.

Кога османлиите воспоставиле власт на овие простори сета земја станала царска-султанова. Потоа Империјата државното земјиште како награда за заслуги им го давала на воените ветерани и други заслужни за царштината.

Така се формирале чифлиците. И Пугана станале сопственост на некој чифликсајбија.

Пред крајот на деветнаесеттиот век, кога се видело дека Османлиската империја ќе се соочи зо општествен и политички крах некои чифликсајбии ги продале своите чифлици. Така во 1892 година бил продаден чифликот во Паљурци.Во тие години богданчани собрале пари и ја откупиле Пугана. Солидарно ги собрале парите и солидарно оставиле Пугана да биде општонароден богдански имот. Богданчани повторно во Пугана си го напасувале добитокот, од таму си береле дрва и таму си отворале ниви. Арно ама, казандолчани на кои Пугана им била најблиску и, додека таа била сопственост на некој чифликсајбија, во неа правеле што сакаат, сега, кога богданчани ги обележале меѓите, се соочиле со неможноста во Пугана да прават што сакаат. Затоа тие се обидувале на сите можни начини да ги одвраќаат богданчани да доаѓаат во Пугана. Дури и со пушки. Пугана, како што се пее во песната, станала давалија. Спорна. Затоа мајка му го одвраќала Тано да оди во Пугана по дрва. Се плашела да не биде нападнат од казандолските Турци.

Стојан Дачев-Тано треба да е син на Дачо Карапуцев. Куќата каде што живееле се наоѓала на местото каде што сега живеат Кољо Дачев и Доре Шапкарев.

Тано Дачев имал три деца: синовите Ефтим и Ѓорге и ќерката Марија.

Најстар бил Ефтим татко на Мито Дачев, Трајко Дачев, Милица Демерџиева и на Тодора Тасева.

Втора била Марија Дачева мажена за Ристо Карагошев од Стојаково.

Трет бил Ѓорге Дачев татко на Стојан Дачев, Дана Данаилова, Лина во Тетово, една ќерка во Грција, Димитар Дачев, Ристо Дачев и Атина Шутарова.

Ристо Карагошев, матичар во Стојаково, внук на Марија Дачева Карагошева од син и Димо Карагошев, вели дека баба му Марија било евидентирано дека е родена во 1889 година. За Ѓорге Дачев нема податоци кога е роден. Доколку немало некое мртвороденче меѓу раѓањето на Марија и раѓањето на Ѓорге, ако се има предвид честотата на раѓањето во тоа време раѓањето на Горге треба да се лоцира околу 1892-1893 година. Можеби и подоцна, но пред 1900 година затоа што жена му на Тано Дачев по неговата смрт се премажила во Паљурцалиеви каде што во почетокот на 1903 година ја родила Анета Кацарева. Горге Дачев бил убиен од Германците во 1942 година и во еден регистар на убиени и загинати лица од тоа време стои дека бил роден во 1902 година што во никој случај не треба да се зема како точно.

Како и да е Тано Дачев, не ја послушал мајка си, отишол да набере дрва во Пугана, налетал на некои Турци од Казандол кои пукале кон него, го погодиле во петата од десната нога по што искрварил и умрел.

Неговата внука Атаина Шутарова, ќерка на Ѓорге Дачев, вели дека откако не си дошол се спровела потера по него и го нашле мртов, искрварен. По настанот некој ја испеал песната „Ним ми оди Тано бре сину “. Песната набргу се обнародилаи и до денес се пее како културно наследство. По целонеделните свадби што се правеа во минатото песнопојците знаеја со саати да ја пејат раскажувајќи цела приказна.

Во прилог ќе дадам текстот на песната и нотен запис од мелодијата на песната која е многу певлива и денес се изведува во две ритмички варијанти. Едната е дводелна, во двочетвртински или четиричетвртински такт, а втората ритмичка варијанта е во неправилен такт, односно 7 осмински такт во варијантата 3+2+2.

Тано мајка си го молешеи му велеше:Ајде нимо оди тТано бре синово Пугана,ајде Пугана е Тано бре синодавалија.

Пугана е Тано бре синодавалија,п’лна со Коњари, Тано бре сино казандолчани. / - 2-пати /

Ќ’ одам. Ќ’ одам стара ле мајково Пуганаајде да наберам стара ле мајкотовар дрва,ајде да изгрејам стара ле мајкодробни деца.

Прва пушка пукнала џанамТано го удрилаМоре го удрила, леле бре џанамво ногатаМоре во ногата леле бре џанамво петата.

Ќ’ умрам, ќ’ умрам, стара ле мајкоќе загинам, ајде ќе оставам, стара ле мајкодробни деца / - 2-пати/

Тановата мајка, ле бре џанамво црно се завила,во црно се завила, леле, бре џанамсина си жалила. /-2-пати/

Ќ’ одам, ќ’одам стара ле мајко

Локален совет за превенција во безбедностаЛокалниот совет за превенција

во Општина Богданци се формира како советодавно и координативно тело заради остварување на соработка и зацврстување на влијанието на јавноста во работата на Полицијата заради изнајдување заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Општина Богданци, како и градењето на доверба и партнерски односи во превирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на поатиштата. Локалниот совет за превенција има задача да подготвува Заеднички акционен план, да гради стратегија и да ги проценува резултатите по одредени временски периоди, да ги проценува потребите и да дефинира динамика на работа, да прибира поплаки, молби и барања од населението, да ги анализира влијанијата од укажаните проблеми, да разменува информации со сите членови кои имаат пристап до одредени доверливи информации.

Локалниот совет за превенција на Општина Богданци заседава на секои шест месеци на пленарни седници, а по потреба и на три месеци.

Со седниците на Локалниот совет за превенција на Општина Богданци претседава Градоначалникот на Општина Богданци.

Од редот на општинската администрација се именува секретар на Локалниот совет за превенција кој ги врши административните работи.

Учеството на државните службеници во работата на Локалниот совет за превенција на Општина Богданци е законска обврска, а учеството на другите е слободно.

Учеството во работата на Локалниот совет за превенција е без надоместот.

На 12 февруари 2014 година Локалниот совет за превенција на Општина Богданци одржа седница на која на Советот му се обратија Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, Ѓорги Божинов, началник на СВР Струмица, Илија Делев, командир на ПС ПОН Гевгелија, Душко Русковски, самостоен инспектор за превенција и претставник на ОБЦЕ.

Презентација на работата, на Локалниот совет за превенција направи вишиот инспектор Николчо Јованов по што имаше дискусија.

По кооптирањето на нови членови на Локалниот совет за превенција на Општина Богданци секој член на Локалниот совет за превенција го потпиша Договорот за учество во работата на Локалниот совет за превенција.

Членови на локалниот совет за превенција на Општина Богданци се:

Анастасија Олумчева,

градоначалничка на Општина Богданци, Кире Георгиевски, водич на сектор на ПК-Богданци, Катица Јанева, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство –Гевгелија, Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци, Ристо Киров и Ристо Енџекчев, членови на Советот на Општина Богданци, Дејан Маџиров, претставник на НВО, Емилија Минева, Здравко Иљачев и Елена Манолева-Ѓавочанова претставници на образованието, Димче Ставревски, претставник на МПЦ, Томе Ангелов, претставник на КЦ, Сашко Цветковиќ, претставник на Дневниот центар за зависности од дрога, Илија Тумбов, претставник од медиумите, Николчо Јованов, виш инспектор за превенција –ПС ОН Гевгелија, Никола Минчевски, претставник на Министерството за одбрана, Зоран Лазаревски од Регионалниот центар управување со кризи-Гевгелија, Миле Попов од Дирекцијата за заштита и спасување-Гевгелија, Страшо Олумчев од ДППД-Богданци, Глигорчо Раденски од ЈП Шумско стопанство „Кожуф“ , Сашко Крџев, претставник на ПЗУ-Богданци, Лазо Трајков, од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Гедвгелија, Митко Попов, Јованка Ампова, Трајко Гогов и Даринка Минова претставници од општинската администрација.

Page 6: Pogled Br.59 Fevruari

6 ПОГЛЕД , Февруари 2014

Промовиран Амфитеатарот во Паљурци„Човекот е мерка на се: На

она што е- дека е, на она што не е-дека не е.“, вака ја почна најавата најавувачката која на 27 февруари 2014 година ја водеше програмата за промоција на Амфитеатарот во Паљурци.

Со објавувањето на онаа карта со графички приказ на мисионерските патувања на Апостол Павле на која беше прикажано езерцето во Паљурци и запишано дека тој предел бил посетен од Апостолот Павле се наметна можност која, ако паметно се искористи, може да придонесе за развој на

економијата во Општина Богданци и на Регионот. Во рамките на тие настојувања се роди идејата за подигање на Амфитеатар во Паљурци со што би се добил простор за одржување на разни манифестации.

Носител на партнерскиот проект на Општина Богданци и Општина Гевгелија е Центарот за развој на Југоисточниуот плански регион.Средства за негова реализација обезбедија Бирото за регионален развој, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Општина Богданци и Општина Гевгелија.

На промоцијата покрај заинтересираните граѓани присуствуваа Билјана Цветановска Гуговска, секретарка во Министерството за локална самоуправа, Ванчо Стојанов, претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Во рамките на промоцијата се пресече лента, имаше официјални обраќања а, ученици од ООУ „Петар Мусев“ и од ОСУ“Богданци“ приредија соодветна програма.

Обраќање на Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци:

Обраќање на Ванчо Стојанов,претседател на Советот за развој на Југоисточниот

плански регион:

Обраќање на Билјана Цветановска Гуговска,секретарка во Министерството за локална самоуправа:

„ Местоположбата на локалитетот Паљурци го привлекувало човекот уште од античко време да интервенира во овој простор.

За само едно столетие назад овде се случува светилиште, населба, регионална патна инфраструктура, акумулации, урбанизација, а денес веќе активно оплеменување на просторот што нуди можност за развој на економијата, туризмот и многу други секундарни дејности.

Проектот „Амфитеатар на отворено“ е само еден дел од големата идеја кон која се свртени

граѓаните од Општина Богданци и која нема да застане заради можностите што ги нуди и убавината што ја поседува.

Им благодарам на сите што ја делат оваа голема идеја за развој и афирмација на локалитетот Паљурци и се грижат за зачувување на неговата природа и на сите што ја овозможија реализацијата на овој амфитеатар на отворено.

Се надевам дека овој објект ќе ги исполни нашите очекувања и ќе биде центар за негување на образовните и културните вредности.“

„Огромно задоволство ми е што присуствувам на овој настан на кој промовираме еден многу значаен проект-Амфитеатар во Паљурци. Средствата за овој проект се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на МЛС-БРР. За успешна реализација на овој проект би сакала да им се заблагодарам на Општина Богданци и на Центарот за развој на Југосисточниот плански регион којшто во досегашната имплементација на политика за рамномерен регионален развој покажа дека има капацитет за успешна реализација на многу проекти.

Овој проект е пример во кој се препознаени можностите на овој крај и истите се ставени во функција

на натамошен развој на општината, регионот, државата и пошироко. Нека овој амфитеатар прерасне во вистински центар за сите идни културни манифестации во Богданци.

Ние како Ми нистерство за локална самоуправа се надеваме дека идниот период ќе ја интензивираме успешната соработка и ќе постигнеме уште позначајни резултати, како во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, така и во рамките на ИПА компонентата за прекугранична соработка за која Министерството е координатор.

На крајот сакам да ви честитам на сите за реализацијата на проектот и да ви посакам натамошен успех во реализација на нови и поголеми проекти.“

„Поглед“: Госпогице Градоначалничке, граѓаните коментираат дека на Богданци му требаше ваков објект, ама во Богданци. Сметаат дека оддалеченоста од градот ќе му ја одземе функционалноста на амфитеатарот и ви забележуваат што сте одлучиле објектот да се прави во Паљурци.

Анастасија Олумчева: Одлуката да се гради ваков објект и да се гради во Паљурци е идеја на Иницијативниот одбор за развој на Паљурци прифатена од претходниот состав на Советот на Општина Богданци. Можеби тие решиле амфитеатарот да се гради во Паљурци бидејќи во градот нема соодветна локација за таков објект.

Бирото за регионален развој даде средства за ОВОЈ објект лоциран на ОВАА локација .

Паљурци не е толку далеку од Богданци за во овој објект да не бидат сместувани содржини што ќе бидат интересни за граѓаните и што ќе се следени..

Софија Јакимова

Мартин Заров

Вања Петрушева,Ели Минева,Маргарета Мингова

Ангела Маџирова

Илија Чрчев

Милена Милошевиќ

„Ме радува вашето присуство овде имајќи предвид дека промоција на вакви објекти се секогаш од големо значење за сите нас. Овој проект е финансиран од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година, а неговата имплементација се спроведуваше преку Центарот за развој на Југоситочниот плански регион во партнерство со Општина Богданци и Општина Гевгелија.

На тој начин секоја од десетте општини од регионот дала свој придонес во изградбата на регионалниот проект „Паљурци- Амфитеатар“.

Би сакал да упатам голема благодарност до сите кои учествуваа во имплементацијата на овој проект, а особено до Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа како финансиски поддржувач на проектот.

Главна цел на овој проект

беше создавање на центар на културата и традицијата во Општина Богданци, место за зближување на помеѓу луѓето, како и зголемување на туристичките посети на овој локалитет.

Тоа ќе се постигне преку овој амфитеатар со 400 места за седење кој ќе биде центар за одржување на културни манифестации од локален и регионален карактер.

Овој проект е од особена важност поради фактот што туризмот е една од главните стратешки цели во Програмата за развој на Југоисточниот плански регион.

Соработката помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион не престанува тука. Многу проекти допрва треба да се реализираат. Јас лично, како претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се залагам за реализација на уште многу вакви регионални проекти.“

Од разговорот со градоначалничкатаАнастасија Олумчева

Page 7: Pogled Br.59 Fevruari

7ПОГЛЕД ,Февруари 2014

Презентација на Нацрт-Стратегијата за климатските промени во Општина Богданци

Вториот јавен собир за презентација на Нацрт-стратегијата за климатски промени во Општина Богданци се одржа на 24 февруари 2014 година. Собирот беше организиран во просторот на ООУ„Петар Мусев“.

Здружението „Мрежа за рурален развој на Република Македонија“ од Скопје, во партнерство со Општина Богданци доби можност да изготви Локална стратегија за климатски промени во Општина Богданци. Со тоа Општина Богданци се нареди во редот на првите општини во Република Македонија со таква стратегија.

Активностите за изготвување на таква стратегија се поддржани од проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој се спроведува од страна на „Милиеуконтакт Македонија“.

За изготвување на стратегијата за климатски промени во Општина Богданци се користеше методологијата на „Зелена агенда“ развиена од страна на „Милиеуконтакт Македонија“ и досега се има спроведено во 40 општини во Источна Европа на теми поврзани со заштитата на природата, културата и животната средина.

Собирот на кој присутните беа запознаени со идните развојни стратегии за справување со климатските промени во Општина Богданци и на кој присуствуваа голем број граѓани, се одржа под редителство на Надица Маџирова, локална координаторка на „Мрежа за рурален развој на Република Македонија“.

Во работата на Собирот учество зедоа Петар Ѓоргиевски, претседател на „Мрежа за рурален развој на Република Македонија“, Анасатасија Олумчева, градоначалничка на Опшптина Богданци, Јованка Ампова,координатор на работната

група „Локални земјоделски производи“, Дејан Маџиров, координатор на работната група „Водни ресурси“ и Марјан Пеев, координатор на работната група „Енергетски потенцијали“.

На крајот од работниот дел на Собирот кратка приредба изведоа дечињата од ЈОУ Детска градинка „Коста Поп Ристов Делчев“.

Јованка Ампова, координаторката на работната група „Локални земјоделски производи“ ги презентираше стратешките моменти во влијанието на климатските промени кај функцијата зеленчук и овошје каде што развојната цел е ориентирана на примена на нови технологии за одгледување зеленчук и овошни и лозови насади.

Стресорите од климатско потекло што имаат влијание кај зеленчукот, овошните и лозовите насаде се мразот, ветровите, температурните разлики, високите и ниските температури, УВ-зрачењата, сушите, поплавите,снегот, градот и промената на количините и периодите на врнежи.

Климатските влијанија предизвикуваат уништување на растението, намален принос, оштетување на лисната маса и намалување на фотосинтезата.

Како мерки за заштита и отпорност се препорачуваат агрилот и греењето кај пластениците, нови начини на кроење кај овошјето и лозите, нови подлоги за калеми кај овошките и лозите, нови семиња кај зеленчукот и посебни режими за наводнување.

Работната група за функцијата ЗЕЛЕНЧУК предложи 7 мерки со приоритет на мерката –Лабораторија за испитување на семе и саден материјал. За функцијата овошје работната група предложи 8 мерки од кои мерката –Лабораторија за испитување на почва е рангирана

највисоко.Како неклиматски влијанија,

но многу значајни се потенцираше миграцијата село-град .

Дејан Маџиров, координаторот на работната група „Водни ресурси“ ги презентираше стратешките моменти во влијанието кај функциите ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ; ПРИВРЕМЕНИ ВОДОТЕЦИ .

Во оценката на ранливоста кон климатските промени се наведуваат зголемувањето на температурите, топлотните бранови, сушите,поплавите и промената на количината и периодот на врнежи што како климатски стресори имаат влијание врз подземните води и бунарите и придонесуваат за намалување на нивото на поземните води, зголемената потрошувачка на вода, зголемената потрошувачка на енергенси, зголемената потрошувачка на системите за водоснабдување и оштетување на инфраструктурата.Анализите покажуваат дека кај функцијата ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ќе има тенденција за зголемена потрошувачка, со ефект за зголемување на потрошувачката на електрична енергија и зголемување на загубите во системот. Причинители за ефектот ќе бидат зголемената потрошувачка по жител, наводнувањето на земјоделските површини, амортизираноста на гранкастата мрежа, и недоволниот резервоарски простор. Како проблем ќе се јават нерационалното користење, управувањето со системот и емисија на стакленички гасови. Како развојна цел работната група препорачува одржливо управување со водоснабдителниот систем.

Влијанијата на климатските стресори ќе се јават кај реката Луда Мара, кај акумулацијата „Паљурци“, кај малите акумулации, кај Системот за спас на Дојранското Езеро, кај мрежите за наводнување

и ќе бидат во вид на зголемена потрошувачка на вода,оштетување на браните и оштетување на мрежата за наводнување.Анализите покажуваат дека кај функцијата ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ќе се јави тенденција за недостиг на вода до крајот на сезоната со што како ефект ќе се јават користење на водата од ХСЗСНДЕ, неконтролираното црпење на водата од бунарите намалување на количината и квалитетот на производите. Причинители ќе бидат поголемата потрошувачка на електрична енергија, загуби во системот, времето и количината на водата за наводнување и методот на наводнување. Проблемите што ќе произлезат се повисоката цена за наводнување, нерационалното користење на водата, управувањето со системот и емисија на стакленички гасови. Како развојна цел се препорачува правилен начин и режим на залевање како мерка за заштеда на вода.

Кај функцијата ПРИВРЕМЕНИ ВОДОТЕЦИ оценката на ранливоста кон климатските промени од климатските стресори поплави,суши, промена на количината и периодите на врнежи и зголемувањето на температурите како влијание се одразува со неповратно истекување на водата, нарушување на малиот воден циклус, штета врз земјоделските посеви, оштетување на индивидуални објекти и оштетување на патната инфраструктура.

Анализата на состојбата покажува дека кај привремените водотеци како тенденција ќе се јави неповратно истекување на водите,што како ефект ќе има разорно дејство,нарушување на водениот циклус од што,како проблем, ќе се јават материјални штети,ерозија и неспособност тлото да ја задржува дождовницата. Причинители на овие појави ќе се нерегулираните водотеци и сливни подрачја, обесшумувањето и урбанизацијата.

Како мерки за заштита, кај

водата за пиење се препорачуваат нов резервоар, секторски вентили и мерни инструменти и пумпи на сончева или ветерна енергија. Кај водата за наводнување како мерки за заштита се препорачуваат правилното наводнување, мали акумулации и мерни инструменти. Кај привремените водотеци како заштитна мерка се препорачуваат пошумување, уредување на водотеците и коритата и зголемување на зелените површини.

Марјан Пеев, координатор на работната група „Енергетски потенцијали“ ги презентираше стратешките моменти во функцијата ЕНЕРГЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ. Анализата на дефинираната вредност како примарна ја имаше класифицирано производната функција,како секундарна еколошката функција и како терцијална енергетската ефикасност. Понатаму беа систематизирани тенденциите на функциите нивните ефекти во трендовите на вредноста како и анализата на еколошките проблеми и нивните причинители. Како развојни цели се определија искористувањето на потенцијалите, едукацијата и намалувањето на стакленичките гасови.

За ублажување на климатските промени беа предложени низа директни мерки. За активно справување со причинителите на климатските промени беа предложени 7 мерки произлезени од производната функција. Три од директни мерки произлегуваат од еколошката функција. За индиректно, пасивно справување со причинителите, во функција на енергетската ефикасност се предложија 23 мерки. Со бодување се рангирале приоритетите со што се добива редослед на приоритетни мерки.

Годишен концерт на „Бранд Петрушев“На 22 февруари 2014

година Здружението Културно-уметничко друштво „Бранд Петрушев“, Богданци го одржа својор редовен годишен концерт што претставуваше, како што пишуваше на поканите, и еден вид обележување на нивното дваесет и шестгодишно постоење и успешна работа.

Концертот се одржа во ООУ„Петар Мусев“.

Учество на концертот зедоа и нивните гости од село Белегиш кај Стара Пазова во Република Србија, Културно-уметничкото друштво „Никола Маринковиќ-Митанче“ со кое „Бранд Петрушев“ негува долгогодишно и искрено пријателство.

Специјални гости на КУД„ Бранд Петрушев“ беа и Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Македонија и Здравко Беговиќ, амбасадор на Република Босна и Херцеговина во Република Македонија.

За гостите беше организиран прием во Општина Богданци, посета на оранжериите на ТП “Баџо“ и закуска на која се реализира средба со претставници на Бизнис заедницата од Богданци.

На концертот, пред преполното гледалиште, двете друштва изведоа кореографии од нивните репертоари.

коме

рција

лен о

глас

Page 8: Pogled Br.59 Fevruari

8 ПОГЛЕД , Февруари 2014

Парола на месецот

Хуманитарен концерт

Црни точки

Парите понекогаш ги решаваат

проблемите, но најчесто ги создаваат.

Древна кинеска изрекаУчениците од Средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци, волонтери на Црвениот Крст на Република Македонија, Општинска организација на Црвениот Крст Гевгелија, на сопствена иницијатива, на 14 февруари 2014 година организираа хуманитарен концерт.

Концертот под мотото „Биди хуман, направи промена“ се одржа во Клубот „Бонанца“ во Богданци, цената на влезницата беше 50 денари, а средствата беше планирано да им се дадат, како што пишуваше на плакатата за најава на концертот, на

„сограѓаните од опожарената куќа“.

Во акцијата за планирање, организирање и реализација на хуманитарниот концерт беа вклучени ученичката Цеца Србова како лидер на млади волонтери на Црвениот Крст на Република Македонија и ученичките Данче Папучиева, Силвија Ристиќ, Марија Ичкова, Елена Пеева и Теодора Петрушева кои за првпат се најдоа во улога на волонтери.

Акцијата за организирање на хуманитарниот концерт доби поддршка од матичното училиште на волонтерите СОУ „Богданци“, од Црвениот Крст на РМ, од Печатницата „Софија“, од Клубот „Бонанца“ и од Независниот весник „Поглед“.

На концерот настапија музичките групи PiXeL, д-р Страхил Ташевски, Joyride и

Something New.Овој вид волонтерство

подразбира преземање и реализација на акции со хумани цели.

Активистите поминуваат обука која е во два дела, од дисеминаторот Соња Србова која е координатор на целокупниот проект и од дисеминатори на ниво на Црвениот Крст на Република Македонија.

Целта на проектот е да се лоцираат лица на која им е потребна помош (во овој проект сограѓани од опожарена куќа).

Идејата за организирање на хуманитарен концерт беше одлично прифатена од страна на младите во Богданци. За тоа заслужуваат голема благодарност затоа што нивната несебична поддршка овозможи хуманитарниот концерт да има успешен крај.

Опасност што демнеНа потегот од „Емпорио“

до пристапот што оди кон влезот на станбениот дел од зградата над „Комерцијална банка“ беа инсталирани три столба за улично осветлување. Двата одамна ги нема, едниот сеуште стои.

Доводот на струја за уличното осветлување врзано е во низа. Затоа сите светилки се палат одеднаш. Така е и со уличното во овој дел.

Светилката на столбот што сеуште стои свети. Тоа значи дека струјната врска за таа низа столбови е активна. Кабелот што требало да ја напојува со струја светилката на средниот од двата столба што недостасуваат сеуште ѕирка од тлото. Преку него газат сите што минуваат оттаму. Кога светилката на сеуште постојниот столб свети показател е дека струја има и во кабелот што ѕирка

од тлото. Таа е опасноста што демние и е постојана закана за минувачите и која „Поглед“ ја категоризира како црна точка. Кабелот може никогаш да не се оголи, но може секој момент својата смртоносна внатрешност да ја изложи на босите нозе или влажните обувки на некој од минувачите што ќе има „среќа“ да го нагази.

Не дека струјата кај другите столбови е којзнае како обезбедена, ама оваа боде очи.

Надлежните со време треба да поведат сметка за тоа. Кој ќе биде одговорен ако се случи несакан настан? Жртвата ќе биде одговорна затоа се разминала со среќата, но кои ќе бидат другите?

Роднокрајна шега

Регистрацијата

Мирко Такашманов беше син на Томе Такашманов. Томе Такашманов беше една од урбаните легенди на Богданци. Прекарот, можеби името под кое беше попознат, му беше Думанот. Зошто и како го добил тоа име не е познато. Единствено се знае дека думан се вели на воздушесто нешто. На нешто што чади и исчадува. Можеби испарува. Думан се прави.

Затоа и Мирко имаше второ име. Второто име на Мирко Такашманов му беше Мирко на Думанот. И Мирко на Думанот и Думанот се покојни.

Тошката Данаилов знае понекогаш да ја раскажува оваа шега. Интересна е, па „Поглед“ ја користи можноста да им ја пренесе на своите читатели.

Собрал Мирко на Думанот некоја паричка, во Богданци на големо се произведуваат домати кои треба да се разнесуваат по пазарите низ Југославија, па си намислил човекот да си набави камион со кој ќе врши превоз и ќе си го вади лебот.

Купил Мирко камион и веднаш во милицијата да праша како ќе го регистрира.

-Лесно е за регистрирање, му рекле во милицијата, туку ти оди прво во Управа за приходи да ти дадат потврда за платен данок.

Оди Мирко во Управа та за приходи да му дадат потврда за платен данок.

-Нема да може, му рекле Ристо Мишев-Ичимиш и Насто Каракамише кои работеа во Даночното.

-Зашто да не може?-Неколку години не ти е

платен данокот. Не моеме да ти дадеме потврда дека ти е платен данокот. Мораш прво да се изчистиш од долгот.

-Каков данок?, се изненадил Мирко. На што да платам данок? Немам никаков имот. Камионов е се што имам.

-Ти немаш, ама татко ти има. Не му е платен данокот и тоа, затоа што си му син, е исто како и ти да имаш борч кон државата.

-Колај?-Нема друго, донеси го

Чикто Томе да му кажеме дека за да го регистрираш камионот мора да се плати данокот.

Се свртел Мирко и си отишол дома. Го зел татко му, го качил на камионот и право во даночното.

-Јас му кажав, кажете му и вие, ќе им се обрати на Насто и Ичимиш Мирко, туркајќи го Думанот во канцеларијата..

-Види Чик Томе, почнале овие, Мирко сака да го регистрира камионот, ама нема да може оти на тебе не ти е платен данокот.

-Јас пари да го платам данокот немам. И, што велите, ако не го платам данокот што ќе биде?

-Мирко нема да може да го регистрира камионот.

-Тоа го разбрав. Што ќе стане ако не го регистрира камионот?

-Нема да може да го вози.-Оти?-Оти не е регистриран.-Бре, анасана! Мирко веќе

десет години има донесено жена дома. Не се регистриранаи. Камионот нема да можел да го вози оти не бил регистриран, а со жената, ако не се регистрирани, може да си спие секоја вечер. Да простете, не можам да разберам!?

Пишува: Цеца Србова

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ