osoznavanje na istorijata

94
1

Upload: zorica-zoci-petkovska

Post on 10-Apr-2015

2.109 views

Category:

Documents


21 download

DESCRIPTION

osoznavanje na istorijata

TRANSCRIPT

Page 1: osoznavanje na istorijata

1

Page 2: osoznavanje na istorijata

Darinka Petreska

Violeta A~koska

OSOZNAVAWE NA

ISTORIJATA

Skopje 2007

Page 3: osoznavanje na istorijata

Unive rs i t y “S t . K i r i l and Me tod i j ” Facu l t y o f Ph i losophy – Skop je

Prof. Ph. D. Darinka Petreska Prof. Ph. D. Violeta Achkoska

KNOWLEDGE OF HISTORY

Page 4: osoznavanje na istorijata

Univerzitet "Sv. Kiril i Metodij" Filozofski fakultet - Skopje

Prof. d-r Darinka Petreska Prof. d-r Violeta A~koska

OSOZNAVAWE NA ISTORIJATA

Page 5: osoznavanje na istorijata

i

Предговор

Новата сегашност секогаш бара и нов поглед кон минатото

Историјата е посебна човекова интелектуална дејност во која човекот се бара себе си, согледувајќи низ минатите настани каков бил, што можел да направи и каде да оди. Луѓето и нивните творби од минатото живеат во нас, а нашите ќе живеат во оние кои ќе дојдат по нас. И така во еден бесконечен синџир на продолжено траење во времето и просторот се случува човековото траење. Токму затоа, зна-ејќи дека оној кој не си ја запознал сопствената историја останал неопитно дете, национално неидентификуван, државотворно недо-оформен, големите мислители ја поврзувале историјата со созрева-њето, со духовното возвишување, со иднината, со постоењето.

Историјата е едно големо сеќавање за сèвкупноста на човеч-киот живот во неговата многузвучна полифонија. Низ индивидуалните и колективните сеќавања, се одразува континуитетот на постоењето на нацијата, групата, етносот и како такво честопати е подложено на селективен избор и на сеќавањата и на заборавот. Затоа историјата никогаш не е мртва, таа е активен чинител, една постојана борба помеѓу заборавот и сеќавањата, помеѓу митот и објективноста, помеѓу афирмирањето и негирањето, помеѓу трајното и ефемерното, помеѓу важното и споредното.

Историјата е посебна форма на мислење или на познание со сопствен определен предмет, при што, нејзиното постоење и нејзиното толкување е поврзано со онтолошкото и експликативното ниво на минатото. Тоа што се случило како настан, појава итн., останува како факт засекогаш, односно историското е непобитно и непроменливо, но, се променува толкувањето за него, погледот, перспективата, селекцијата на она што ние мислиме дека е важно од мноштвото факти. Затоа, иако историјата е нужна редукција на сложеното реално минато, сепак. согледувањето на минатата сложеност не зависи само од проникнувањето во нејзината длабочина туку и од начинот на нејзиното објаснување. Притоа, спротивставените објаснувања на академско ниво секогаш биле корисни како двигател кон барање иновативност во методите и теоретските пристапи во истражувањето и објаснувањето на историјата.

Page 6: osoznavanje na istorijata

ii

Тргнувајќи од размислувањата и толкувањата на минатите собитија, од митолошката свест до научните презентации, следејќи ги развојните патеки, процеси, достигања во проучувањето на минатото и во научната верификација на историјата како наука што бројни истражувачи, историчари, филозофи и други творци ги оставиле во текот на културното и духовното зреење на човековата цивилизација, пристапивме кон пишување на овој труд, без претензии да опфатиме сè, но, со желба да ги претставиме најзначајните имиња, појави и толкувања за историјата и за нејзиното филозофско и теоретско промислување. Притоа, иако се трудевме со голема доза на објек-тивност да направиме селекција во една огромна и сложена материја и продукција на тој план, свесно го прифаќаме и ризикот на секој автор дека секогаш може да биде присутна и доза на субјективност во истакнувањето или запоставувањето на определени сегменти, достигања, автори.

Трудот ОСОЗНАВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА претставува првичен обид од ваков вид во македонската историографија, на едно место, сублимирано, за македонската академска, научна и стручна јавност да бидат презентирани сознанијата и научните дострели на историјата како наука и историјата како струка. Притоа содржините, условно се поделени на два дела: првиот дел носи наслов Вовед во историјата и развој на историографијата, а вториот Теорија и методологија на историската наука.

При работата врз трудот тргнавме од барањето одговор на прашањето што е историјата, што разгледува таа, низ кои патишта доаѓаме до научно фундираното историско познание, каква е неговата суштина, за што служи тоа, како се развивале историграфското творештво и мисла, од Херодот до денес, кои се дострелите на македонската историографија, но, и тешкотиите и премрежијата низ кои поминал нејзиниот развој. Во тие рамки неминовно го допревме и филозофското прашање зошто ни е потребна историјата, но, и која и каква историја била промовирана во минатите временски коорди-нати во функција на колективното сеќавање, но, и во функција на заборавот заради нејзино придвижување (употреба и злоупотреба) во име на одреден водач, партија, нација, држава.

Низ страниците на трудот се разработени и презентирани основните теоретски гледања и толкувања на најсуштинските поими во историјата, нејзината периодизација, сфаќањата за историското време и неговата повеќедимензионалност, појавата и развојот на историската свест, суштината на историското мислење; класификаци-јата, значењето и употребата на изворите за историјата; утврдувањето на историските факти; релациите историчар-политика, историчар-општество; појавата на теоријата на историската наука и методоло-гијата на историското истражување како и најосновните патишта и

Page 7: osoznavanje na istorijata

iii

инструменти во создавањето на научното дело, односно занаетот на историчарот (посебно во функција на едукација на помладите истра-жувачи). Всушност, низ спектарот на различните прашања и аспекти се проследува патот на историјата од убава книжевност до наука во модерна смисла на зборот, наука која макотрпно и со ангажирање на огромно мнозинство на интелектуален потенцијал му дала на човештвото трајни вредности како вистинска учителка на животот. Во тој дух, се надеваме дека ќе биде прифатен и овој наш труд: како уште една поука дека историјата е неизбежен дел од човековата цивили-зација, а Македонија е многукратно траење низ сите минати и сегашни напласти на Балканот.

АВТОРКИТЕ

Page 8: osoznavanje na istorijata

114

2.9. Развојот на македонската историографија

2.9.1. Обиди за пишување историографски трудови пред 1944 година За институционализирана македонска историографија може да

се зборува само по формирањето на првата современа македонска држава во 1944 година, но, обиди за истражување и пишување на одделни трудови од Македонци, на теми од македонската историја, биле правени во различни временски периоди. Основната причина која го оневозможувала развојот на одделна македонска историографија, по примерот на другите европски историографии, лежи, пред сè, во политичките прилики во кои се наоѓал македонскиот народ: туѓополи-тичка власт, непостоење на сопствена држава, немање кодифициран јазик, своја црква и сопствени културно-просветни и научни нацио-нални установи.

Како што видовме во прегледот за античката историја, автори, Македонци, пишувале за македонската античка историја, но, нивните дела не се зачувани, или се зачувани само фрагментарно или посредно од други автори. Во периодот на средновековието, Македонија била присутна во изворите и делата, како на пример во житија и различни книжевни творби. Понатаму, во историографијата на некои од јужнословенските народи, особено во XVIII век, се правеле обиди за разработка и на македонската историја. Прв обид наоѓаме кај Христо-фор Жефарович кој во својата Стематографија (1741) се осврнува и на македонското минато со објавување на грбови од Македонија.

Христофор Жефарович е познат зограф, иконописец, бакрорезец и печатар, еден од најраните словенофили. Роден е во Дојран, во втората половина на XVII век. Како калуѓер бил на аџилак во Ерусалим. Работел во Белград, по манастирите на Карловачката митрополија и во Виена. Неговото дело Стематографија е преработка на делото на историчарот и книжевникот Павле Ритер Витезовиќ (претходникот на Илирското движење) Stematographia каде се изработени грбовите на илирските и словенските земји, а меѓу нив и грбот на Македонија. Жефарович починал во Москва, во Богојавленскиот манастир во 1753 г.

Покрај Жефарович, скромен обид направил и Јован Раиќ кој разработува дел и од македонската историја.

Јован Раиќ (1726-1801), историчар и писател, бил еден од најпознатите калуѓери на своето време. Негово најпознато дело е Историја разних словенских народов, даипаче Болгар, Хорватов и Сербов, пишувана врз основа на изворни документи и врз некои хроники. Тоа била прва историја на Јужните Словени, која и

Page 9: osoznavanje na istorijata

115

покрај бројните недостатоци, имала големо влијание врз историската наука кај јужнословенските народи во првата половина на XIX век.

Во текот на XIX век и натаму, под влијание на националниот романтизам и пропагандите на балканските држави, историјата на Македонија и на македонскиот народ била вклучувана во историо-графиите на соседните земји. Притоа била присутна тенденцијата да се негира посебноста и самобитниот национален развиток на Македон-ците. Кај помал број историчари била пројавена и тенденција за објективно толкување на македонската историја. Истовремено, извесен број дејци од Македонија, во текот на XIX и првата половина на XX век, се обидувале да разработат одделни проблеми од минатото на македонскиот народ. Тука би ги споменале обидите на: Ѓорѓија Пулев-ски, Петар Поп Арсов, Крсте Петков Мисирков, Димитрие Чуповски, Наце Димов, Ангел Динев, Коста Рацин, Коста Веселинов, Васил Ивановски-Бистрички и др.

Во втората половина на XIX век Ѓорѓија Пулевски ја напиша првата поцелосна историја од Македонец и на народен македонски јазик под наслов Славјаномакедонска општа историја. Во 1903 година книгата на филологот Крсте Петков Мисирков За македонцките работи направи вистинска револуција во дотогашните сфаќања за македонската национална посебност во тогашниот учен свет во балканските држави, но и во Русија. Ова дело на Мисирков научно ги постави темелите за историјата на македонскиот јазик и неговата посебност среде другите словенски јазици. Димитрија Чуповски на страниците на Македонски Глас (1913-1914) со повеќе историографски прилози се пројави како историограф и картограф (изработувајќи ја и објавувајќи ја етничката карта на Македонија).

Коста Веселинов со неговите студии Национално поробените народи и национални малцинства, објавена во Софија 1938 година, и со Македонската преродба и Илинденското востание, објавена исто во Софија во 1939 година, í го покажа современиот патоказ на македонската историографска мисла за истражувањето и определу-вањето на историското значење на револуционерното и националното дело на илинденската македонска генерација, насочувајќи го маке-донското општество кон реализирање на вториот Илинден.

Васил Ивановски Бистрички во 1934 година со неговата студија Зошто ние Македонците сме одделна нација, направи теоретско-научна верификација на настанувањето на македонската нација како историска категорија. Особено значаен труд на Васил Ивановски е Македонското прашање во минатото и сега, напишан во

Page 10: osoznavanje na istorijata

116

1943 година во затворот Идризово. Со ширината на разгледуваните теми, во опсег од антиката и Cредниот век, преку преродбата и црковното прашање, балканските и двете светски војни, трудовите на Васил Ивановски спаѓаат во пионерските зафати во современата македонска историографија.

Еден од најзаслужните Македонци за афирмација на македонс-киот бит, историја, култура и нација во периодот меѓу двете светски војни и во текот на Народноослободителната војна беше поетот и револуционерот Коста Рацин. Оставајќи значаен поетски опус со кој ги пробива патиштата на современата македонска поезија, Рацин останува забележан и како толкувач, истражувач и познавач на маке-донската историја, кој истовремено се интересирал и за различните аспекти на светската и балканската историја, како и за филозофијата на историјата. Притоа, неговиот поглед кон историјата и кон нацио-налното прашање бил фундиран врз проучувањaта на трудовите на Маркс и Енгелс, а пред сè на Ленин, од една страна, но, и на трудот на Крсте Петков Мисирков За македонцките работи, од друга. Трудот на Мисирков му ги покажал основните елементи на посебноста на македонскиот јазик, најмоќното оружје на националната посебност на Македонците.

Во опусот на Рацин, особено се забележливи неговите напори за толкување на македонската средновековна историја, и тоа, за темати-ката на селанските движења и за богомилството. За оваа проблематика го користел важниот извор на Презвитер Козма, Беседа против богомилите, но, и трудовите на познатите светски историчари по ова прашање (Јиричек, Рачки, Вајнгарт, Благоев идр.).

Најпознат труд на Рацин е Драговитските богомили издаден на шапилограф пред Втората светска војна. Поради проблемите што ги зафаќа, овој труд го свртел вниманието на историската наука, како еден од позначајните почетоци на научното разработување и третирање на македонската историја. Во овој труд, тргнувајќи од марксистичкото толкување на историјата, Рацин изнесува еден целосен преглед на појавата, развитокот, територијалното ширење и значењето на богомилството за историјата на македонскиот народ.

Во пrиodot кон проучувањето на филозофијата на историјата, Рацин ги анализира хегеловите погледи како кон општествениот развиток и прогрес, така и кон филозофијата на историјата. Истовре-мено, како марксист материјалист, тој критикува одделни идеалис-тички погледи на Хегел.

Во 1936 година на Сорбона македонскиот интелектуалец Борис Арсов, ја

одбранил докторската дисертација Економскиот живот во Македонија во XIX век,

Page 11: osoznavanje na istorijata

117

која истата година е објавена на Универзитетот во Париз на француски јазик. Во изработката на својата теза Арсов користел бројни документи и ракописи и направил истражувања на самиот терен. Овој труд е еден од првите трудови кои го опфаќаат проблемот на економската историја на Македонија во периодот пред нејзината поделба, односно во рамките на Отоманското царство. Истиот беше обвјавен од страна на МАНУ во 2000г.

Борис Арсов (1906-1954) на Универзитетот во Монпелје, Јужна Франција студирал право и филозофија и стекнал две дипломи: за завршен Правен факултет и завршени студии по философски науки. По неговото докторирање се враќа во Македонија каде со група македонски интелектуалци го покренува списанието Луч на кое бил главен и одговорен уредник. Активно се вклучува во НОБ од самиот почеток, а учествува и на Првото заседание на АСНОМ. Смртта го затекнала како професор на Правниот факултет во Скопје.

Во 1998 година МАНУ објави уште еден труд од економската историја на Македонија. Тоа е докторската дисертација на Тодор Мировски (1904-1959), Стопанството на Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, одбранета на Економско-комерцијалната висока школа во Загреб во 1934 г.

Освен наведените, се забележани и други македонски творци,

мислители, публицисти итн. кои се обидувале да го преточат своето сознание за македонското минато во историографски трудови.

2.9.2. Македонската историографија во првите децении по конституирањето на современата македонска национална држава (1944-1969) Во периодот од конституирањето на современата македонска

држава во рамките на југословенската федерација од 1944 година до осамостојувањето на Република Македонија 1991 година, македон-ската историографија се развиваше во рамките на востановената општојугословенска матрица, односно во рамките на југословенската федерација, држава со комунистичка провиниенција. Во овој период, според институционалната организација (основањето и првите години од работата на наставните, научните и културните институции), организацијата, развојот, квантитетот и квалитетот на историографс-ките трудови, јасно се препознаваат два периоди, и тоа: првиот, до крајот на 60-те години до заокружувањето на достигањата на македон-ската историографија со појавата на првата тритомна Историја на македонскиот народ и вториот, до крајот на 80-те години, кој по ширината на научноистражувачката работа, продукцијата, афирма-цијата на македонската историја може да се каже дека е извонредно плоден период на македонската историографија.

Новата власт во Југославија, по 1945 година, поставувајќи бројни задачи кои што произлегувале од нејзините идеолошко-поли-

Page 12: osoznavanje na istorijata

118

тички позиции, меѓу приоритетните, го постави и проблемот на побрзото верификување на сопствената историја на секој народ. Сепак, сите југословенски народи не беа во иста положба околу исполну-вањето на оваа задача. Југословеснките народи (особено Србите, Хрватите и Словенците) кои имаа можност и пред Втората светска војна да си ја истражуваат, толкуваат и презентираат својата историја, т.е. имаа свои граѓански историографии, продолжија да ги користат искуствата во теоретско-методолошките достигања и стекнатите сознанија претежно од западните историографски правци и школи.

Македонскиот народ спаѓаше во непризнаените народи во Кралството на СХС-Кралството Југославија, држава со унитаристичка управа и хегемонија на српските политички сили. Тој беше третиран како дел од српскиот народ, а неговата историја се проучуваше од аспект на таа наметната припадност и сè што се појавуваше како историографска продукција, посветена на одредени периоди и теми од македонската историја, беше претставувано како дел од српската историја и култура.

Тргнувајќи од таквото историско наследство, современата македонска држава уште од самиот свој почеток и во однос на сте-пенот на развојот на историографијата влегуваше со извесен хендикеп, без искуство од постоење на своја институционализирана граѓанска историографија до 1944 г.

Но, од друга страна, редефинирањето на југословенската држава на нов федеративен принцип со признавање на мнозинските народи како носители на суверенитетот во федералните единици, меѓу кои беше и македонскиот народ во федералната единица Македонија и со признавањето на македонскиот јазик како државен јазик во маке-донската држава и еден од четирите рамноправни официјални јазици во федерацијата, за македонскиот народ се отвори извонредно поволна можност за институционализирање на својата македонска историо-графија.

Започна организирано проучување и афирмирање на минатото на македонскиот народ преку соодветните научно-стручни форми и институции. Но, објективните условите за развој на македонската историографија не беа ни малку поволни, така што првите две децении фактички беа исполнети и со основање на соодветни научни институции, подготвување на потребните научни кадри за истражу-вањето и проучувањето на историјата и издавање на списанија и историографска литература.

Големи тешкотии за историската наука тогаш доаѓаа не само од малубројноста на научните кадри туку и од немањето доволно

Page 13: osoznavanje na istorijata

119

историски извори, дел од кои беа разнесени од балканските држави кои во еден или друг период владееја со овој дел од Македонија, а и самото организирање на архивската дејност за собирање на изворен материјал беше во почетна фаза. Освен тоа, сè уште не беше доволно нарасната свеста за зачувување на документацијата од различни периоди и институции од минатото, а организирањето на издавачката дејност за историографски трудови беше на самиот почеток, како впрочем и во другите научни и културни области.

Од друга страна, во првите години во пишувањето на прилози и трудови за историјата на Македонија и македонскиот народ, поради специфичните услови и тешкото оформување на стручни и научни кадри, а и поради политичката насоченост и класната компонента во толкувањето на историјата, односно на инструментализирањето на историјата во полза на комунистичката идеологија, што беше заед-ничко за сите републики во федерацијата, се вклучија и оние интелек-туалци, политичари и публицисти, дури и револуционери и партиски кадри кои по струка не само што не беа историчари, туку некои од нив одвај имаа солидно средно образование или го немаа ниту тоа, туку беа само партиски кадри со комунистичко-партиска наобразба, без теоретска и методолошка подготовка од областа на историската наука. Тие добија задача да ја толкуваат историјата согласно наметнатата марксистичко-ленинистичка теорија и комунистичката идеологија. На тој начин, тие неминовно влијаеја и за идеолошка насоченост и на историчарите за толкување на историјата, посебно на најновата историја, која требаше да биде во функцијата на афирмирањето на Комунистичката партија и нејзината државна политика.

Но, сите автори, особено историчарите по струка (едуцирани во старите универзитетски центри во предвоена Југославија или во Европа) не ја прифатија безрезервно таа зависност на историската наука од идеологијата и политиката, особено оние кои се занимаваа со постарата историја (стар, среден век).

Со пишување на историографска литература беа ангажирани и некои од македонските писатели, публицисти и револуционери кои и меѓу двете светски војни ги направија првите чекори во истражување и пишување на трудови за одделни аспекти на македонската историја. Меѓу нив беа: Димитар Влахов, Ангел Динев, Васил Ивановски Бистрички, Ѓорѓи Абаџиев, Павел Шатев, Ангел Жаров, Венко Мар-ковски, Димитар Митрев и други.

Во првите повоени години во НРМ се создаваше историо-графија во најширока смисла за зборот, во која се вбројува а) научната историографија која создаваше трудови од историската наука,

Page 14: osoznavanje na istorijata

120

пишувани согласно теоретските и методолошките сознанија во тогашната историска наука, б) историска литература (историска публицистика, мемоарска литература, историска белетристика) и в) ангажирана или партиска историографија која третираше одредени историски процеси, појави, личности, но, од аспект на тогашната дневнополитичка потреба за афирмирање на погледи и ставови за минатото, кои беа потребни за промовирање на новото социјалистичко општество и на класната идеологија (односно заради обезбедување на историски легитимитет на владеачката партија).

Сепак, најголемиот дел, дури и од последната група трудови, без разлика на нивната претежно идеолошка и партиска обоеност, одиграа значајна улога за заштита на современата македонска држава, на идентитетот на македонскиот народ, за одбраната на македонската нација, јазик и култура, негирани од одделни политички, интелек-туални дејци, но, и од самите државни структури во соседните земји.

Поради таквата општествено-политичка клима се создаваа услови за заемно влијание меѓу научната историографија, чија преоку-пација требаше да биде истражувањето и презентирањето на минатото согласно тогашните теоретски и методолошки достигања во историјата како наука и струка и класната идеологија во еднопартиската држава, за чие спроведување беа задолжени партиски кадри кои преку разни политичко-партиски говори, програми, критики, историско-публицис-тички прилози изнесуваа партиска историја и ја дозираа слободата на историчарот во неговото толкување на минатото.

Афирмирајќи го "југословенството", како единствена опција за сите народи во федерацијата, ЦК КПЈ настојува да се воспостави поголема "интеграција" на планот на проучувањето на историјата и нејзиното толкување низ призмата на класно-идеолошкиот пристап. Во таа смисла и раководството на КПМ и државното раководство на ДФМ-ДФМ уште во почетокот на 1945 година започнува со актуелизирање на тоа прашање. Особено беше значајно проучувањето и интерпретацијата на најновата историја, односно историјата на КПЈ и НОБ. Многу лесно биле обликувани црно-белите, редуцирани и идеолошко обоени претстави за минатото преку кои, честопати, најло-шо, од страна на партиската пропаганда, беше окарактеризирано бур-жоаското (капиталистичкото) општество, додека посестраната и теоретски поиздржаната критика на изворите и настаните во минатото, изнесени од историчарите, не беше толку актуелна. Историската свест се градеше најмногу врз основа на идеолошките претстави, на политичките заклучоци, на мистификации на одделни појави и

Page 15: osoznavanje na istorijata

121

личности како исклучително заслужни и незаменливи во градењето на новото општество.

Во отсуство на научна или културна институција, задачата за издавање на соодветна на политичкиот курс на КПМ, историска литература и друг вид изданија кои имале и пропагандни цели, ја реализираа други институции и организации. Во 1945 година таа улога ја имаше Скопскиот народен универзитет, а во 1946 година тоа го презема повеќе Земскиот одбор на Народниот фронт на Македонија. Во текот на 1946 година како едиција на Земскиот одбор на НФМ започнала да излегува Историска библиотека. Прилозите за историјата, културата, географијата, етнографијата и од други области биле објавувани и во списанието за уметност, наука и општествени прашања Нов ден, списанието Иднина, весниците Нова Македонија, Пирински глас, Глас на Егејците кои излегувале во Скопје и други.

Меѓу првите историски прилози кои биле во функција на актуелната политика спаѓа брошурата под наслов Федеративното уредуенје-основа на демократизацијата на Југославија од Лазо Мојсов, објавена во 1945 г. Овој текст, во кој се афирмира братството и единството во новата југословенска држава, имал функција да ја наметне во свеста на Македонците неопходноста од зацврстувањето на југословенската федерација токму во времето на последната фаза на борбите за ослободување на Југославија. Тој порачува дека македон-скиот народ треба да биде задоволен со оствареното затоа што “Нема слободна Македонија без федеративна Југославија” (подвлечено од Л. Мојсов). Југословенската историја е апсолутизирана до таа мера за да се покаже дека само таа е значајна и во функција на остварувањето на југословенската федерација и на “општојугословенскиот патрио-тизам”.

Пред излегувањето на оваа пропагандна брошура, веќе била одржана седницата на Политбирото на ЦК КПЈ на 21 март 1945 година, на која Миха Маринко реферирал за состојбите во Македонија и за пројавениот автономизам и сепаратизам на Методија Андонов Ченто и на други македонски револуционери и комунисти. На истата седница Александар Ранковиќ изнел мислење дека во Лазо Колишевски треба да се има полна доверба за спроведување на ставовите на КПЈ во Македонија, додека Тито заклучил дека Ченто треба да се критикува во Партијата, Влахов да се повика во Белград и дека нивното прашање треба да се решава внимателно, потоа го изнел ставот дека Македонија не дала доволно за оваа војна и дека треба да дава повеќе и за фронtот и за обновата на земјата.

Но, и покрај тој политички курс за цврсто опстојување на југословенското решение на македонското прашање и понатаму во политичко пропагандната активност на партиските и државните структури било присутно прашањето за обединување на трите дела на Македонија. Во многу случаи, тоа било пропагандна опција за да се неутрализираат или поточно да се оневозможат отворените критики од

Page 16: osoznavanje na istorijata

122

страната на оние македонски кадри кои го покренувале како актуелно целосното решавање на македонското прашање. Како политичко пропагандно прашање тоа е присутно во, речиси, сите говори на државните и партиските кадри во текот на 1946 и 1947 година, сè до донесувањето на Резолуцијата на Информбирото.

Во исто време се одвивал процесот на отстранување од власта на оние македонски политичари и поранешни заслужни борци и револуционери за македонското ослободително дело кои го сметале за парцијално југословенското решение на македонското прашање, со нивно окарактеризирање како автономисти и сепаратисти и со други дисквалификации. Тие биле обвинувани и осудувани на различни временски казни, при што, освен претрпената физичка и психолошка тортура за нивните национални и политички идеи, на најразличен начин биле репресирани и нивните семејства.

Во тој период на приоритетна афирмација на НОБ и Народната револуција во југославенската федерација и НР Македонија во политичкиот живот, со потполно ангажирање на партиските кадри кои ја зедоа улогата на историчари, а дел од историчарите се занимаваа со политиката, се одвиваше и процесот на поврзување и афирмирање на историските настани и личности од илинденскиот период со оние од НОБ. Тоа особено беше присутно во одбележувањата на 2 август, Илинден, денот на Илинденското востание и на Првото заседание на АСНОМ. Пригодните говори на политичарите, во улога на толкувачи на историското значење на тие настани, ги полнеа првите страници, а во одделни пригоди и сите страници на весниците и списанијата. Најприсутни беа во дневниот весник Нова Македонија, потоа во Трудбеник, Единство, Млад борец, Народен глас (Штип) и други, во списанијата Иднина, Нов ден, Просветно дело и други, како и написи од македонски политичари и творци во списанијата кои излегуваа во Белград и други градови на Југославија.

Во првите повоени години на проучување и толкување на македонската историја беше присутен уште еден мошне важен политички момент, кој помагаше во разгледувањето и разбирањето на историјата и изградувањето на историската свест на Македонците во НРМ и кај Македонците во соседните држави, посебно во Пиринска Македонија и многубројната македонска емиграција. Тоа беше воспоставувањето на порелаксираните меѓудржавни односи помеѓу Нова Југославија и Отечественофронтовска Бугарија, (септември 1944-јуни 1948 г.) и признавањето од страна на Бугарија на постоењето на македонската нација. Уште на почетокот на овој период започна ангажирањето на извесен број Македонци од редовите на македонската

Page 17: osoznavanje na istorijata

123

емиграција, но, и на институции и асоцијации во Бугарија, кои до 1948 година вложија напори да ја помогнат НР Македонија како своја матична држава, во зацврстувањето на нејзината внатрешна органи-зација и во докажувањето на историските корени на македонската нација, јазик, култура и националниот карактер на ослободителните борби на македонскиот народ. Од таму нивните прилози, кои беа создавани во периодот кога се признаваше македонскиот национален идентитет, македонската историја, јазик, култура во Пиринска Маке-донија и Бугарија, можат да се вбројат и во македонската историска литература.

Уште по конституирањето на Асномска Македонија во 1944 година излегла брошурата Етнографската идеја на Македонските Словени од Ангел Динев, еден од афирматорите на македонската национална посебност уште во периодот меѓу двете светски војни и автор на неколку трудови за македонската историја кои биле подготвени за печат. Од нив, следната 1945 година излезе првиот том од книгата Илинденска епопеја во издание на Народното издателство во Софија.

Благодарение на новите односи меѓу двете држави било формирано ново раководство на Македонскиот научен институт во Софија на чело со Христо Калајџиев. Институтот имал за задача да издава материјали за историјата, етнологијата, стопанството, геогра-фијата и за македонската ослободителна борба, ослободени од поранешната големобугарска идеологија на толкување. Неговиот орган Македонска Мисла на чело со главниот и одговорен уредник, поранешниот член на раководството на ВМРО (об), Јордан Анастасов, уште во првиот двоброј јули-август 1945 година започнал да ја реализира оваа програма. Речиси сите прилози во него биле посветени на споменатите аспекти на македонското прашање. Голем број прилози од македонската историја, посебно сеќавања и други прилози од македонски револуционери и учесници во Илинденското востание биле објавени и во други списанија и весници: Македонско знаме чиј уредник бил Ѓорѓи Абаџиев, Пиринско дело кое излегувало во Горна Џумаја-Благоевград, весникот Доброволец и други. На Илинден 1945 година споменатиот институт во Софија ја објавил книгата Македонија како природна и стопанска целина која била подготвена за печат уште пред 1944 година, но, била објавена по промената на раководството на Македонскиот научен институт и новата уредувачка политика. Во предговорот се најавувало и скорешно излегување на истата книга на македонски јазик во Скопје. Од другите изданија објавени во 1945-1946 година ќе ги споменеме: Балканскиот проблем и Македонија од Павел Шатев, Јане Сандански од Павел

Page 18: osoznavanje na istorijata

124

Делирадев, Македонската народноосвободителна борба од Димитар Влахов.

Едно од најважните и витални прашања за опстојување на македонската држава како национална федерална држава во рамките на Југославија, но, и како матична држава на сите Македонци и за развивање на македонскиот јазик, македонската култура, проучување на македонската историја и зацврстување на македонската национална свест и духовно единство на сите Македонци, било афирмацијата на македонската нација како резултат на развојните процеси на македонското општество и македонската општествена и политичка мисла во периодот на преродбата и националноослободителните борби, процес кој бил присутен и карактеристичен за сите балкански народи-нации. Токму на тоа се должи и објавувањето на книгата на Крсте Петков Мисирков За македонските работи во 1945 г.

На 7 декември 1946 година во Македонскиот научен институт во Софија била одржана дебата за македонската нација. Меѓу другите, мошне интересно било излагањето на Кирил Николов за македон-ската нација изнесено во полемички тон со оние кои ја негирале македонската нација, како историски продукт на општествениот развој. Тоа предизвикало оправдан интерес и кај политичките и општест-вените средини во НРМ, така што неговото излагање е објавено и во Скопје како посебна книга, под наслов За македонската нација. К. Николов во согласност со методологијата на историската наука и актуелноста на марксистичкото и материјалистичко толкување на историјата, ја разгледува македонската нација во контекст на објектив-ните развојни процеси на македонското општество во XIX и XX век, со осврт на етногенезата на македонскиот народ, на македонската пре-родба, на делото на Крсте Петков Мисирков, на Васил Ивановски итн.

Предговорот на книгата на К. Николов За Македонската нација го направи Мито Хаџи Василев еден од реализаторите на идеолошката програма на ЦК КПМ во областа на издаваштвото. Самиот Хаџи Василев oдржaл предавање во Софија кон крајот на 1946 година на тема Основните начела на Н.Р. Македонија. Во предговорот на книгата на К. Николов, Хаџи Василев ја даде насоката за приоритетот околу разјаснувањето на прашањето за македонската нација. Што се однесува на задачата на научните работници и публицисти Мито Хаџи Василев укажува дека: “Пред нашите научни работници и публицисти на ова поле се поставува со голема одговорност прашањето за создавање на нужната историска литература, посветена на историјата на нашиот народ, преку која ќе се обелодени историската вистина исчистена од секакви замаглувања, хегемонистички посегнувања и присвојувања и на која што ќе го учат масите нашето минато така како самиот наш народ го создавал”.

Page 19: osoznavanje na istorijata

125

Актуелноста, на одделните витални прашања од македонската национална историја за опстојувањето на македонската нација и држава, се рефлектирала во говорите и пишаните прилози на повеќе стари револуционери кои се вклучија во изградбата на македонската држава и во креирањето на внатрешната и надворешната политика на НРМ. Токму за овие потреби во 1947 година беа објавени во Скопје говорите и статиите на Димитар Влахов, одржани или напишани во периодот 1945-1947 г.

По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото во јуни 1948 година и влошувањето на југословенско-советските односи, раководството на КПЈ на Петиот конгрес на КПЈ зазеде став за поголема застапеност во изучувањето на историјата на КПЈ и на развојот на социјалистичкото и комунистичкото движење во југо-словенските земји, НОВ и изградбата на новата југословенска федерација. Главната идејна и политичка насока за пишување на историски трудови во НРМ стана Политичкит извештај за работата на ЦК на КПМ од 1948 година, поднесен од Лазар Колишевски на Првиот конгрес на КПМ, објавен како посебна брошура во 1949 г.

По влошувањето на односите со државите со т.н. народни демократии, кои ја подржаа Резолуцијата на Информбирото, настана една жестока меѓусебна критика за исправноста при применувањето на марксизмот-ленинизмот во практикувањето на новата власт во Југосла-вија. Во таа полемика и критика се вклучи и македонската историско-публицистичка мисла и од перото на партиски кадри со различни професии излегоа пренагласени идеолошки и полемички трудови. Но, неоспорен е фактот дека во дел од нив оправдано и принципиелно се бранеше македонскиот национален идентитет и македонската наци-ја, од националистичките присвојувања на македонската култура, јазик, историја во историските и партиско-политичките трудови од бугарска партиско-политичка провиниенција и од крајно негаторс-киот однос на грчките државни власти, разни грчки статистики и други изданија во кои на сèвозможен начин се одрекувало постоењето на Македонци во Грција, односно егејскиот дел на Македонија, како дел од македонската нација.

Меѓу првите такви трудови била книгата на Лазо Мојсов, Бугарската работничка партија (комунисти) и македонското нацио-нално прашање, во едицијата Историска библиотека во издание на Земскиот одбор на Народниот фронт на Македонија.

Во книгата на Мојсов, сите оние учесници во антифашистичката борба кои не се согласуваат целосно со сите ставови на ЦК на КПЈ беа окарактеризирани како

Page 20: osoznavanje na istorijata

126

агенти на БРП (к) во Македонија меѓу кои дури и групата интелектуалци од АНОК кои упатија одредени забелешки и мислења за Манифестот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во 1943 г. Книгата, сама по себе, претставува сведоштво колку многу биле присутни идеолошките и политичките оценки за сите настани и личности во текот на НОВ и по неа, само да се докаже исправноста на државните и партиските ставови по однос на зацртаната строго југословенска политика, а да се направат непријатели сите оние кои требало да се тргнат од ракводењето со државните и политичките работи.

Во истата едиција и издавач, истата 1948 година излезе од печат книгата Мајскиот манифест и Декларацијата на ВМРО (Обединета). Тука се објавува и коментар на Мито Хаџи Василев во кој се критикува промената на ставовите на Бугарската комунистичка партија и на одделни Македонци-комунисти во Бугарија и Пиринска Македо-нија кои застанаа на великобугарски позиции по однос на македонската национална посебност и нивното откажување од определбата да ја чувствуваат НРМ како своја матична држава.

М. Х. Василев анализира некои од ставовите на ВМРО (обединета) по однос на националната припадност на Македонците и ги искористил во политичко-пропаганд-ни цели. Меѓу другото, тука ја критикува БКП дека ги користи тие поранешни големобугарски ставови на ВМРО (обединета), а со тоа ги усмеруваше истражувачите на чисто политички оценки за улогата на оваа организација во македонското националноослободително движење. На таквите оценки на М. Х. Јасмин за карактерот, целта и задачите на ВМРО (обединета) реагираа поранешните раководители и членови на оваа македонска организација, меѓу кои и Димитар Влахов.

Следејќи ја ориентацијата за проучување и афирмација на социјалистичката мисла и развојот на социјалистичкото движење, интензивно се собираа и објавуваа историско-политички трудови за појавата и развојот на социјалистичката мисла и за развојот на работничкото движење, за да се поврзе со континуитетот на КПЈ и реализираната промена во општествено-политичкото уредување во текот на НОВ во Југославија. Како што во Бeлград се издаваа едиции на документи за историјата на КПЈ и НОВ во Југославија, така и во Македонија, ЦК на КПМ започна да ја издава едицијата Историски архив на КПМ. Главната задача околу тоа ја имаше Архивот на ЦК КПМ и Историското одделение при ЦК на КПМ.

Во 1949 година излезе монографијата од Лазо Мојсов за Васил Главинов прв пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија, а наредната 1950 година трудот од Данчо Зографски За работничкото движење во Македонија до Балканската војна. Во екот на силното влијание на нападите на земјите со т.н. народни демократии по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото беше објавен и

Page 21: osoznavanje na istorijata

127

првиот зборник на Документи за создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), во 1948 година. Во него беа поместени документи од Првото заседание на АСНОМ заклучно со документите донесени на Второто вонредно заседание на Народното собрание на Н.Р. Македонија одржано на 27 јули 1946 г. Главната цел била со нив да се покаже исправноста на политичката линија на КПЈ на чело со Ј. Б. Тито во текот на НОВ и по нејзиното завршување, дека Тито “најдоследно ги применувал во живот марксистичките принципи за решавање на националното прашање и за ликвидирање на старите капиталистички друштвени односи, по патот на оружена револуционерна борба”.

Во 1949 година излезе книгата Народна Република Македонија од Иван Караиванов во издание на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија. Таа имаше посебна политичко-партиска и полемичка намена и затоа предговор кон неа напиша Благој Д. Поповски, кој беше заменик јавен обвинител на судскиот процес на Методија Андонов Ченто.

Иван Караиванов е Бугарин, роден 1889 година, социјалист и комунист, учесник во Септемвриското востание, потоа емигрант во Југославија, а од 1926 година во Советскиот Сојуз работи на повеќе значајни места во раководството на Коминтерната. Во ноември 1944 година се вратил во Бугарија, но поради некои несогласувања со дел од раководството на БРП (к) доаѓа во ФНРЈ. Раководството на КПМ го искористува во рамките на меѓусебните обвинувања меѓу двете партии КПЈ и БКП (к) за афирмирање на ставот на КПЈ по однос на спорот со Информбирото, при што е користено и минатото на македонскиот народ. Во книгата, со изразена глорификација, се презентирани биографиите на Ј. Б. Тито и Л. Колишевски.

Со идејно-политички и полемички интерпретации се претста-вуваа и настаните од новата македонска историја кои се однесуваа на Пиринска Македонија и емиграцијата во Бугарија, особено од времето по Резолуцијата на Инфорбирото во книгата на Димитар Митрев под наслов Пиринска Македонија во борбата за национално ослободување (1950). Во меѓувреме, од Бугарија во Скопје дошол да живее Ангел Динев. Во НРМ му биле издадени веќе подготвените за печат негови трудови: вториот том од Илинденската епопеја (1950) и Политичките убиства во Бугарија (1951). Влахов Димитар во 1950 година го објави делото: Македонија, Моменти од историјата на македонскиот народ.

Во Бугарија преминале, пак, некои раководители кои не можеле да го издржат притисокот од сè понагласениот југословенски центра-лизам и од страв да не настрадаат како што се случило со повеќе раководители. Еден од нив бил Пецо Трајков, кој по враќањето во Софија, мотивиран од сè она што го видел и почувствувал во врска со

Page 22: osoznavanje na istorijata

128

улогата на југословенското раководство во потиснувањето на македонските кадри во македонската држава и поттикнат од каракте-ристиките и судовите изнесени во книгата на Лазо Мојсов Бугарската работничка партија (комунисти) и македонското национално прашање, ја напиша полемичката историско-политичка брошура, Национализмот на скопските раководители.

Во неа, Пецо Трајков ја разгледува историјата на македонското национал-ноослободително движење и борбата на македонскиот народ за создавање на своја македонска држава, за признавање на македонската нација, јазик и култура, во корелација со нападите врз Бугарската комунистичка партија од страна на југосло-венското партиско раководство и македонското партиско и државно раководство на чело со Колишевски. Трајков ги обвинува македонските политички раководители во Скопје, дека во својата антибугарска политика отишле во толкава крајност што не правеле разлика меѓу големобугарската политика на бугарската буржоазија и фашиз-мот и политиката и помошта што ñ ја давала Бугарската комунистичка партија на борбата на македонските револуционери и комунисти против врховизмот и фашиз-мот, а за ослободување на македонскиот народ и за конституирање на македонска држава. Се разбира сето тоа е во согласност со Резолуцијата на Информбирото и влошените меѓупартиски и меѓудржавни односи меѓу Југославија и Бугарија. Најголем број од таа полемика и критика немаше научна верификација.

Во такви општественополитички услови, или поконкретно кажано во специфична повоена политикосфера, социосфера и психо-сфера, се одвиваа активностите за втемелувањето на научната исто-риографија во Р. Македонија. Беа создадени и првите специјализирани институции и организационни единици во НРМ за проучување на историјата. Најпрво, во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје кој почна со својата работа на 16 декември 1946 година започна со својата дејност Катедрата за историја. На 22 јули 1948 година беше основан Институтот за национална историја (тогаш Научен институт за национална историја) (ИНИ). На 1 април 1951 година се основа и Државниот архив (тогаш Државна архива) на НРМ, со задача да собира, чува и да издава-презентира материјали за историјата на Македонија.

Со основањето на наведените институции се создадоа институ-ционални услови и форми за посолидни и подолготрајни проучувања на појавите и процесите во македонската историја. Во 1953 година, од малубројните историчари во НРМ беше конституирано и Историско друштво на Македонија, подоцна Сојуз на друштвата на историча-рите на СРМ.

Малубројните дипломирани, историчари, историчари на уметноста, етнолози, археолози и научно-стручни кадри од книжевноста, филологијата и други области беа сестрано ангажирани во ставањето на темелите на просветните, културните и

Page 23: osoznavanje na istorijata

129

научните институции и во поддршката на организацијата на државните органи, а помладите беа упатени на дооформување на своето образование. Меѓу првите историчари кои започнаа и со научноистражувачка работа беа професорите по историја Љубен Лапе, Димитар Стојановски-Мире, Томо Томоски, професорот по историја на уметноста Димче Коцо, професорот по ориентална филологија Методија Соколовски, кои подоцна станаа и професори на Филозофскиот факултет и самите учествуваа во подготвување на високостручни кадри од областа на историјата. Меѓу помладите кои го завршуваа историското образование и се вклучија веднаш во истражувачката дејност беше професорот Христо Г. Андонов (Полјански) како асистент на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет, Илија Панов и Тошо Симовски како асистенти при ИНИ, а потоа нивниот број се зголемуваше.

Несомнена улога во сите активности околу основањето на горе-наведените институции и во пишувањето на првите научни прилози од историјата на македонското националноослободително движење од илинденскиот период и воопшто за историјата на македонскиот народ, имаше еден од доајените на македонската историографија, професорот Љубен Лапе.

Љубен Лапе (Прилеп, 1910 ‡ Скопје, 1985) дипломирал на Групата историја на Филозофскиот Факултет во Белград во 1936 г. Бил активно вклучен во младинското и студенското движење во Белград и во Прилеп. Соработувал со другите напредни интелектуалци, антифашисти, комунисти и со национално определните граѓани во Прилеп, меѓу кои бил и Методија Андонов Ченто. Краток период 1940/41 година бил професор по историја во Подгорица, во 1941/42 година во Струмица, потоа во градот Ехлово во Бугарија, но, поради неговата јавно манифестирана антифашистичка и македонска национална определба во пролетта 1943 година бил спроведен во логорот Чучулигово на принудна работа. Според Димче Мире, тие во логорот организирале идејно-образовна дејност низ предавања за македонското национално прашање, во која Лапе како историчар и македонски патриот имал водечка улога. Заедно со Лапе бил и Методија Андонов Ченто. По ослободувањето на Македонија бил еден од најагилните организатори на македонското школство и на првите културно-просветни и научни установи. На Катедрата за историја работел од нејзиното основање, сè до неговото пензионирање. Во периодот 1952-1956 година бил директор на Институтот за национална историја. Тој е еден од покренувачите на списанието Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, на Гласник на ИНИ и одговорен уредник на неговиот прв број и на Историја, органот на Сојузот на историчарите на Македонија. Бил и еден од редакторите и авторите на првата синтетизирана тритомна Историја на македонскиот народ објавена во 1969 г. Објавил бројни документи и научни трудови за национално-ослободителното движење на македонскиот народ и македонските револуционери. По основањето на МАНУ (1967) бил еден од првите академици.

Во првите години кога истовремено беше ангажиран во става-њето на темелите на просветата во Македонија, Љубен Лапе издаде бројни научни и стручни трудови: “Македонското национално преро-дуене до Илинденското востание”, б. м., б. г.; “Крушевска Република”, Нова Македонија, Скопје 2. VIII 1946; “Прилог кон историјата на

Page 24: osoznavanje na istorijata

130

борбите на нашиот народ во 16 и почетокот на 17 век против турската власт”: Нов ден, списание за уметност наука и општествени прашања, Скопје мај 1948, IV/5, 26-39; “Неколку писма од Гоце Делчев”: Нов ден, 1948, IV/5; “Крсте Петков Мисирков и туѓите пропаганди во Македонија”. По случај 45- годишнината од појавата на неговата книга За македонцките работи: Нова Македонија, Скопје, 1.I 1949; “Разловечкото востание во 1876”: Годишен зборник. Филозофски Факултет. Скопје 1950, книга 3, 1-30; “Едно среќавање на Антон Попов во Струмица”: Пирински глас, Скопје, 20. VII 1950; “Снаб-дување на охридските револуционери со оружје во Илинденското востание”: Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, Скопје 1951, кн. 4, 15-22; Домашни извори за македонската историја, I, 1. Наказание на Ѓурчин Кокале, 2. Охридски летописни белешки, 3.Велешки летопис. Редактирал: Љубен Лапе. Скопје: Научен институт за национална историја, Скопје 1951; “Крушевска Република”: Илинденски зборник 1903-1953 г. Скопје: ИНИ, 1953 ; Одбрани четива за историјата на македонскиот народ. Скопје: Државно книгоиздателство на НР Македонија, 1951; Одбрани четива за историјата на македонскиот народ. II дел. Скопје 1953 и други.

Еден од малубројните историчари по струка, соработник и сограѓанин на Лапе, беше Димитар Стојановски-Мире, чие име најмногу се поврзува со организирањето на Архивот на Македонија и со придонесот за развојот на архивската дејност во Р. Македонија.

Димче Мире (Прилеп, 1910 ‡ Скопје, 1991) дипломирал на Групата историја на Филозофскиот факултет во Белград во 1935 г. Во почетокот на 1944 година влегол во редовите на НОВ на Македонија. Бил член на АСНОМ и повереник за просвета на Федерална Македонија. Од 1951 до 1955 година бил претседател на народното Собрание на Македонија. Од 1960 до 1978 година бил директор на Архивот на Македонија. Во 50-те години објави неколку прилози за прашања од османскиот период и за Санстефанскиот мировен договор во неколку списанија.

Од просветните кадри кои беа го започнале историското образование пред 1941 година беше Томо Томоски, кој веднаш по ослободувањето беше вклучен во организирањето на македонската просвета и во проучувањето на средновековната македонска историја. Во два мандата бил продекан на Филозофскиот факултет (1959/60, 1963-1965).

Томо Томоски (Скопје, 1915 ‡ Скопје, 2004) своите студии по историја ги започнал на Филозофскиот факултет во Скопје во средината на 30-те години, а ги завршил во Љубљана 1948 г. Уште во 1946 година бил вклучен во изградувањето на просветата. Од 1946 до јуни 1948 година е ангажиран како предавач по историја во школата за народни учители Никола Карев, во државната театарска школа, во Средната политичка школа (1949) и на Вишата

Page 25: osoznavanje na istorijata

131

педагошка школа 1947/1949 г. Во 1948 година бил поставен за прв инструктор за наставата по историја при Министерството за просвета на НРМ. Од 1949 година, откако бил избран за асистент, односно за предавач во 1950 година на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, се посветил на научноистражувачка работа од областа на историјата. Неговата научна специјалност била средновековната македонска историја, посебно истражувањето на терен и откривањето на средновековните градови на тлото на Македонија.

Димче Коцо (Охрид, 1910 ‡ Скопје, 1993) завршил Филозофски факултет во Белград. Меѓу двете светски војни бил професор во повеќе места во Кралството Југославија, а за време на Втората светска војна бил кустос во Музејот во Охрид. По ослободувањето е прв директор на Народниот музеј на Македонија. Беше професор на Катедрата за историја и на двапати декан на Филозофскиот факултет (1950/51 и 1957-58).

Христо Андонов Полјански уште како студент ги покажал своите афинитети кон научноистражувачката работа. Тој е првиот кандидат кој ја одбрани докторската дисертација на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во 1958 година под наслов Риека и Турција во првата половина на XIX век под менторство на проф. д-р Стјепан Антолјак. Полјански набргу беше избран за доцент на истата Катедра за предметот општа историја на Новиот век. Од 1960 до 1963 година беше продекан на Филозофскиот факултет. Тој е еден од иницијаторите и основачите на списанието Историја и негов прв главен уредник во периодот од 1965 до 1969 г. Уште во почетокот на својата научна дејност се пројави како голем ерудита и аналитичар, со извонредно познавање на теоријата и методологијата на западните историографски школи.

Христо Г. Андонов (Полјански) (Дојран, 1927 ‡ Скопје, 1985) уште како студент, а потоа и како асистент со голем ентузијазам започна да истражува одделни аспекти на минатото на македонскиот народ, особено периодот на Илинденскoто востание. Меѓу трудовите и прилозите што ги објави во тој прв период на создавањето на македонската историографија до крајот на 60-те години беа: Јане Сандански, прилог (1949 г.); “Odjek Ilindenskog ustanka u Sloveniji”: Nastava istorije u srednjoj školi, I/2 (1951).126-133; “Ехото на Илинденското востание сред југословенските народи”: Илинденски зборник 1903-1953, Скопје: ИНИ, 1953, 221-254. Во коавторство со Ковач Бранко, Мокров Боро, Михаилов Панче и Поповски Јован го подготвија зборникот на материјали: Странскиот печат за Илинденското востание (Материјали). (1953); Британска библиографија за Македонија (1966); Карл Хрон. Народноста на македонските Словени (1966); Драмата во Цер (1968); Гоце Делчев (1968), Санстефанска Бугарија ненаучно толкување на македонската историја (1968) и други. Може слободно да се констатира дека Х. А. Полјански во тој прв период на развојот на македонската историска наука беше еден од најплодните млади историчари кој објави импозантен број прилози во сите научни и публицистички списанија во Македонија, но и во

Page 26: osoznavanje na istorijata

132

историските списанија во Југославија. Исто така, импонира и разновидноста на историографските теми кои ги третира во своите прилози.

Во почетокот на 50-те години со истражување и пишување на прилози од македонската историја во повеќе списанија и весници започнаа: Иван Катарџиев, Драган Ташковски, Тодор Симовски, Алек-сандар Матковски и други.

Упорноста на таа прва генерација македонски историчари била невидена. Се прибирале спомени, документи, се запишувале сеќавања на живи сведоци, се ставале на хартија првите научни реконструкции за одделни настани од македонското минато. Со огромна љубов и желба да се афирмира и зацврстува македонската самобитност се создавале и првите кадри, кои ги правеле и првите чекори во историс-ката наука во РМ.

Една од главните задачи било екипирањето на Катедрата за историја со неопходниот наставнички и соработнички кадар. За што побрзо и квалитетно оформување на наставнички и научно-истражувачки кадар во Македонија на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет беа ангажирани и професори од другите републики: проф. д-р Петар Лисичар кој ја проучуваше и предаваше историјата на Cтариот век, проф. д-р Петар Поповиќ кој предаваше општа историја на Новиот век, проф. д-р Стјепан Антолјак познат медијавелист, проф. д-р Андрија Лаиновиќ ја предаваше историјата на југословенските народи во Новиот век, кои покрај наставата по соодветните предмети за кои беа избрани се занимаваа и со одделни прашања од македонската историја.

Антољак Стјепан (Добој, 1909 − Загреб, 1997), проучувач на средновековната историја, даде значаен прилог во расветлувањето на македонското средновековие. Од 1956 година е ангажиран како професор на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет. Објавил бројни документи и трудови. Во 1966 година во издание на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје излезе трудот Помошни историски науки. Тој е автор на првата монографија по ослободувањето на Македонија, која се однесува на историјата на Самуиловата држава објавена во Скопје во 1969 г.

За асистенти, а потоа и за наставници беа избрани: Методија Соколовски по османскотурски јазик, Војо Кушевски по предметот Општа историја на новиот век и прв наставник по методика на наставата по историја, Славка Фиданова за предметот историја на југословенските народи (1918-1945), Бранко Панов за средновеков-ната македонска историја и за историјата на Византија, Александар Апостолов за историјата на југословенските народи во Новиот век, Душица Петрушевска за историјата на Cтариот век, а во средината на

Page 27: osoznavanje na istorijata

133

60-те години асистенти станаа Димитар Димески и Христо Меловски.

Благодарение на тоа во 50-те и 60-те години на XX век се забрза и процесот на дооформување на неопходниот научноистражувачки кадар и за другите институции, особено за Институтот за национална историја, Државниот архив на СРМ, Народниот музеј, но, и настав-нички кадар за педагошките академии, средното и основното образо-вание, не само во Македонија туку и во други републики, особено во Србија и Црна Гора.

Во периодот од 1958 до 1970 година на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје со научен степен доктор се стекнале 18 историчaри, од нив 14 од Р. Македонија, а 4 од другите републiки. Меѓу нив беа: Христо Андонов Полјански (1958), Иван Катарџиев (1959), Алексанадар Апостолов и Славко Димевски (1962), Александар Стојановски (1963). Во текот на 1965 година докторирале: Манол Пандевски, Бранко Панов, Орде Ивановски, Крсте Битовски, Петар Стојанов, Миле Тодоровски, Воислав Кушевски, Растислав Терзиоски и Владо Ивановски.

Во таа далечна 1965 година, на Катедрата за историја Радмила Поповиќ Пет-ковиќ од Белград ја одбрани својата докторска дисертација од областа на архивистиката под наслов Постанак и развој архивистике у Србији и Македонији.

Освен споменатите доктори на науки, во ИНИ беа вработени и научни кадри кои своето научно звање го стекнаа во други универзитетски центри. Меѓу нив беше и Алексанадар Матковски, кој во 1957 година докторирал на Загрепскиот универ-зитет.

ИНИ се здоби со една група солидни научни работници со највисоки научни степени, кои фактички ја опфатија до извесна мерка историјата на Македонија во еден мошне значаен период: Османското владеење, Младотурската револуција, балканските и Првата светска војна, периодот меѓу двете светски војни, и вториот период на историјата на македонскиот народ и на Македонија од новата окупација и поделба 1941 година до конституирањето на македонската асномска држава. Така, благодарение на сестраната научна и стручна помош на професорите од Катедрата за историја и од други научни институции, а особено на големото ангажирање на самите научно-истражувачки кадри од ИНИ, по 20-годишно постоење т.е. во 1969 година во ИНИ веќе работеа 13 доктори на историски науки.

Во овој прв период на создавањето и развојот на научната историографија во Република Македонија се вклучија и други интелектуалци: книжевници, правници, економисти, етнолози, воени специјалисти и други. Меѓу нив беа: Ѓорѓи Абаџиев, Анастас Митрев, Ѓорѓи Шоптрајанов, Харалампие Поленаковиќ, Јован Трифуновски, Блаже Конески, Михаило Апостолски, Александар Христов, Данчо

Page 28: osoznavanje na istorijata

134

Зографски, Димитар Митрев, Диме Бојановски-Дизе, Лазар Соколов, Димитар Поп Георгиев, и други.

Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 1910 ‡ Скопје, 1963) завршил Правен факултет во Софија во 1937 г. Припаѓа на младата македонска интелигенција од македонската емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок. Пишувал поезија, проза и историографски трудови. Од 1945 до 1947 година се пројавува како новинар, публицист и уредник на весникот Македонско знаме кој излегувал во Софија. Тој бил извонреден познавач на историјата, луциден набљудувач и аналитичар на современоста. По враќањето во НРМ во 1948 година вградувајќи се во темелите на македонската историографија и современата македонска литература објавува повеќе раскази, меѓу кои историскиот расказ Епопејата на ножот (1951), романите Арамиско гнездо (1954), Пустина (1954). Како историограф се пројавува како коавтор (заедно со Данчо Зографски, Анастас Митрев и Михаил Керамитчиев) на историографската студија со наслов Егејска Македонија во нашата историја (со делот Егејска Македонија во нашата национална преродба) (1951) и како автор на монографијата Балканските војни и Македонија (1958). Бил директор на ИНИ (1950-1952) и еден од редакторите на првиот Илинденски зборник 1903-1953 година во кој го објавил прилогот Библиографија на книги, статии и документи за Илинденското востание. Повеќе историчари и публицисти се изјасниле мошне позитивно за неговиот методолошки пристап во анализирањето и синтезата на сознанијата за историските настани и личности во неговите трудови.

Михаило Апостолски започна со проучување и публикување на трудови од воената историја: ПролеÊна офанзива у Македонији (Београд, 1946), второто издание на истиот труд излезе во Скопје во 1948 година, Прилог кон историската вистина (Скопје, 1949), Завршните операции на НОБ за ослободување на Македонија (Скопје, 1953) и други.

Меѓу првите историографски трудови на Александар Христов, кој, главно, ќе ја проучува правната историја на Македонија, беа: Револуционерните судови на ВМРО (Скопје, 1951); “Организација на власта на востаничката територија за време на Илинденското востание”: Илинденски зборник 1903-1953, Скопје:ИНИ, 1953.

Page 29: osoznavanje na istorijata

135

Во тој период излегоа и трудови од областа на економско-социјалните односи во Македонија, како што беа трудовите на: Димитар Поп Георгиев, Сопственоста врз чифлиците и чифлигарс-ките аграрно-правни односи во Македонија (1956); Лазар Соколов, Промене у структури становништва на територији НР Македоније 1921-1953 године као одраз економског развоја (Скопје, 1962); Данчо Зографски, Развитокот на капиталистичките елементи во Македо-нија во времето на турското владеење (1967) и други. Особен придо-нес во истражувањето на етнографијата и демографијата на Маке-донија имаа трудовите на Јован Трифуновски. Меѓу првите изданија од таа проблематика воопшто кои беа објавени по ослободувањето на Македонија беше неговиот труд напишан уште во воената 1943 година, Македонска градска насеља - са картом, фотографијама и таблицама у тексту (Београд, 1947), по што следеа голем број негови прилози во повеќе македонски и југословенски списанија и посебни изданија.

Иако акцентот на првите научни истражувања беше ставен на најновата историја, во првите две децении по конституирањето на македонската федерална држава се пројавија повеќе историчари и археолози истражувачи на предисторијата и антиката. Голема улога во презентацијата на нивните трудови имаше списанието Жива Антика, како и Годишниот зборник на Филозофскиот факултет, Гласникот на ИНИ, Историја, подоцна и Музејски гласник, зборниците што ги издаваше Археолошкиот музеј на Македонија, повеќе списанија кои излегуваа во Белград (Археолошки преглед, Старинар), како и оддел-ните монографски трудови. Голем придонес во проучувањата од облас-та на археологијата и епиграфиката на тлото на Македонија имаат: А. Керамитчиев, Б. Јосифовска, И. Микулчиќ, В. Битракова и други.

Најголемиот број од споменатите научни и стручни кадри од историската наука и од сродните на неа науки, се трудеа во нивните дела да внесат што поголема објективност и научност во презенти-рањето на резултатите од истражувачката работа, кои ги беа стекнале за време на нивното образование на факултетите во Кралството Југославија и на европските универзитети. Но, и во нивните дела како впрочем и речиси во сите историографии, некаде повеќе некаде помалку, во зависност од развиеноста на општеството и степенот на индивидуалните граѓански права и слободи, политиката беше нивна придружничка, но не и слепа водителка, како што тоа се случуваше во рамките на историско-политичката и партиската литература.

Наставниците и соработниците на Катедрата за историја започнаа да ги објаву-ваат своите трудови и во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, чиј прв број излезе во 1948 г. Но, овој прв број беше целосно посветен на прилози од

Page 30: osoznavanje na istorijata

136

природните науки и испечатен во печатница во Белград, без посочување на членовите на редакцијата која го подготви истиот.

Голема улога во пројавувањето и афирмирањето на историо-графските достигања особено од археологијата и античката историја, имаше списанието Жива Антика, кое започна да го издава Семинарот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје во 1951 г. Прв и долгогодишен уредник на ова списание беше Михаил Петрушевски. Жива Антика беше и списание во кое објавуваа свои трудови и класични филолози, археолози и историчари од другите југословенски републики, проучувачи на античката историја. Првиот број, пак, на Гласникот на Институтот за национална историја (ГИНИ) излезе во 1957 година, со одговорен уредник Љубен Лапе.

Членови на првиот редакцискиот одбор на ГИНИ беа: Ѓорѓи Абаџиев, Данчо Зографски, Љубен Лапе, Димитар Митрев и Методија Соколовски, тогаш директор на ИНИ (1956-1960). Во првиот број беа објавени прилози речиси за сите периоди од македонската историја од повеќе автори, меѓу кои беа: Блага Алексова, Димче Коцо, Душанка Шопова, Тодор Симовски, Лазар Соколов, Христо Андонов Полјански, Ѓорѓи Абаџиев, Томо Томоски, Данчо Зографски, Иван Катарџиев и други.

Во прилозите на првиот број на ГИНИ има мошне критичен и анлитичен пристап во толкувањето на проблеми од македонската историја и со таква ориентација продолжија да излегуваат и наредните броеви.

Друго значајно списание од областа на историографијата во нашата држава беше списанието Историја кое како орган на Сојузот на историчарите на Македонија, започна да излегува во 1965 г.

Членови на првиот радакциски одбор на списанието Историја која го подготви првиот број беа: Христо Андонов Полјански - главен уредник, Иван Катарџиев, Војо Кушевски, Славка Фиданова и Трпко Панговски.

Во списанието Историја во изманатите 40 години се презен-тираа резултати од научноистражувачката дејност од областа на историјата и прилози на актуелни теми од теоријата и практиката на наставата по историја.

Покрај двете наведени официјални историски списанија - Гласник на ИНИ и Историја, споменатите Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Жива антика, голем број прилози од историјата беа објавувани во списанијата: Современост, Разгледи, Просветно дело, Македонски фолклор, Културен живот, Архивист, Македонија, Прилози на МАНУ, Стремеж, Развиток, Македонска ревија, Македонски архивист, Музејски гласник, Југословенски историјски часопис (ЈИЧ) (Белград), Историски преглед (Белград), весникот Нова Македонија и др.

Page 31: osoznavanje na istorijata

137

Можеме да заклучиме дека од средината на 50-те години започна една извонредна научноистражувачка дејност за пронаоѓање, обработка и презентирање на историски извори со голема доза на критичност и со објавување на монографии, студии и прилози подгот-вени преку примената на историскиот метод.

Собирањето и публикувањето на документи беше еден од првите големи и важни чекори во конституирањето на македонската историографија, чекори кои водеа кон научно расветлување на број-ните неистражени настани, личности и процеси од македонското минато. Меѓу првите историчари кои се ангажираа во исполнување на овие задачи беше Љ. Лапе со Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, I и II том, кои започна да ги издава во 1951, односно 1953 г. Истовремено, во 1951 година ИНИ започна со изда-вање на првиот том од серијата Турски документи за македонската историја, 1800-1803, том I, (П. Џамбазовски, А. Старова). Потоа следат четиритомните Турски документи-опширни пописни дефтери за XV век во редакција на М. Сколовски во издание на Архивот на Македонија.

Во рамките на одбележувањето на 50 години од Илинденското востание, Институтот за национална историја издаде Илинденски зборник 1903-1953 (1953 г.) во редакција на Љ. Лапе, тогаш директор на ИНИ, К. Миљовски, Д. Мире и Д. Митрев. Во истиот беа објавени документи, научни прилози и библиографија за илинденскиот период во македонската националноослободителна борба. Во 1954 година под редакција на Љубен Лапе објавени се Извештаи од 1903 година на српските конзули, митрополити и учители во Македонија. Во издание на Институтот и Архивот, во 1955 година беа издадени Извештаи од 1903-1904, 1905-1906 на австриските претставници во Македонија во редакција на Д. Зографски. Во истата година ИНИ издава Документи од Виенската Архива за Македонија 1879-1903 во редакција на Т. Томовски.

Меѓу првите зборници на прилози и документи посветени на создавањето на современата македонска држава кои излегоа во првите децении по Втората светска војна беа Зборникот АСНОМ објавен на десетгодишнината од Првото заседание на АСНОМ во 1954 година и вториот Зборник документи, АСНОМ објавен 1964 година на 20 годишнината од истото.

Првиот зборник на документи, сеќавања и прилози, насловен како АСНОМ 1944-1954, Десетгодишнина на Н.Р. Македонија, беше издание на Здружението на новинарите на НР Македонија, а го уредиле: Јован Поповски, Асен Тодоров и Радуле Костовски, со предговор од Мито Хаџи Василев Јасмин. Овој зборник, сам за себе, е

Page 32: osoznavanje na istorijata

138

сведоштво колку партиските кадри внимавале да се прилагоди историјата на политиката. Имено, ниту под еден од документите од Првото заседание на АСНОМ поместени во првиот дел го нема потписот на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто (кој поради неговите ставови по македонското прашање ја одлежуваше долгогодишната казна во затворот Идризово), неговото име го нема ниту како претседател на АСНОМ и прв претседател на Федерална Македонија, ја нема ниту неговата слика, но затоа пак ја има во најголем формат заедничката фотографија на Тито и Лазо.

Зборникот на документи посветен на 20 годишнината од Првото заседание на АСНОМ (1964) во редакција на А. Христов и М. Тодоровски, веќе беше историографско дело.

Во 1959 година како резулатат на повторното заострување на односите меѓу СКЈ и Советската комунистичка партија по однос на разликите на нивните програми, државните структури ги основаа во републиките институтите за изучување на работничкото движење. Во Скопје не беше создаден таков посебен институт, но, таа задача речиси целосно ја имаше Институтот за национална историја во кој беше префрлен Историскиот архив при ЦК на СКМ, а одделни одделенија при истиот институт ја исполнуваа истата задача што ја имаа споменатите институти во другите републики. Тоа беше пред сè Одделението за најновиот период (1918-1945) и НОБ, и стручните одделенија: Одделението за прибирање на мемоарски материјали; Библиографското одделение и Одделението за архив и документација, со задача да прибира и чува архивска документација што се оденесува на работничкото движење и Народноослободителната војна во Македонија. Таа улога на ИНИ се потврдува и преку неговото членување во Заедницата на институтите за изучување на работничкото движење во Југославија. Тоа повторно имаше одредено понагласено влијание на толкувањето на најновата македонска историја, но, авторите кои се занимаваа со другите периоди продолжија (со различен степен) со својата критика на изворите и пообјективно презентирање на историските настани, личности и слично.

Во рамките на продолженото идеолошко и партиско политичко насочување за толкување на минатото на македонскиот народ од страна на државните и партиските раководители, во 1962 година изле-гоа Аспектите на македонското прашање од Лазар Колишевски.

Сепак, и покрај притисоците за партиска контрола над историо-графијата и историчарите, научната историографија си пробиваше пат и во истражувањето и презентирањето на изворите и во толкувањето на историјата во научните дела.

Во 1955 година во редакција на Д. Шопова, ИНИ го издава зборникот Македонија во 16 и 17 век. Од 1961 година, под редакција на А. Матковски започна едицијата Турски документи за ајдутството и арамиството во Македонија во 17 и 18 век. Објавувањето на турски документи за османско-турскиот период во Македонија, продолжува со несмален интензитет. Во тие рамки Архивот на Македонија од 1963 година ја започнува серијата Турски документи за историјата на македонскиот народ, 1607-1642, том I-IV, (на ова работеле М. Соколовски, А. Старова, В. Бошков и Ф. Исак).

Page 33: osoznavanje na istorijata

139

Во 1968 година во издание на ИНИ, а под редакција на: М. Апостолски, И. Катарџиев, Љ. Лапе, М. Пандевски, беа објавени во превод на македонски јазик броевите на списанието Македонски глас (органот на Македонската петроградска колонија кој излегуваше во 1913 и 1914 г.).

Во 60-те години продолжија да излегуваат зборници за македонското прашање во документите на одделни западноевропски земји. Во 1968 година под редакција на Х. А. Полјански излегоа Британски документи за историјата на македонскиот народ (1797-1839), том I; наредната 1969 г. излезе зборникот Француски документи за историјата на македонскиот народ (1788-1889), во редакција на А. Лаиновиќ, И. Катарџиев и Љ. Герасимов.

Во 1968 година излегоа и првите две книги од првиот том на едицијата Извори за ослободителната војна и револуција во Македо-нија 1941-1945 во издание на ИНИ во редакција на М. Апостолски, В. Брезовски, В. Ивановски, Р. Терзиоски и М. Тодоровски.

Како резултат на првите научни истражувања и добиените факти и постигнатите резулати во збогатувањето на сознанијата за одредени значајни прашања, во 60-те години македонските истори-чари, книжевници, филолози, правници и научници, како и стручни кадри од други области можеа да ги презентираат своите резулатати и на првите научни собири посветени на најзначајните настани и личности од македонската историја.

Беа одржани научните собири: Развиток на државноста на македонскиот народ, (1964 година по повод 20 години од Првото засе-дание на АСНОМ), Работничкото движење во Македонија до 1929 година (1969 година во Велес, по повод 40-годишнината од смртта на Васил Главинов и 50-годишнината на КПЈ), сипмозиум за Илинденско-то востание (Охрид, 1968 година), за Крсте Мисирков (1966) и други.

Во 60-те години беа објавени повеќе монографски трудови. Еден дел од нив беа веќе одбранетите докторски дисертации, но, најголемиот број беа резултат на посебни истражувања од повеќе периоди на македонската историја. Мошне голем беше и бројот на научни статии, соопштенија, осврти и друг вид прилози објавени во повеќе зборници, списанија и други колективни трудови.

Меѓу објавените монографии беа: С. Димески, Црковната историја на Македонија, (1965); М. Пандевски, Политичките партии и организации во Македо-нија (1908-1912) (1965); А. Христов, Создавање на Федерална Македонија во југословенската федерација (1941-1945) (1965); Х. А. Полјански, Карл Хрон, Народноста на Македонските словени (1966); К. Џамбазовски, Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век, (1966); Б. Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874-1926), Прилог кон проучувањето на македонската национална мисла, (1966); Д. Ташковски, Раѓањето на македонската

Page 34: osoznavanje na istorijata

140

нација (1967); Х. А. Полјански, Сан-Стефанска Бугарија ненаучно толкување на македонската историја (1968); К. Битовски, Дејноста на Пелагониската митрополија (1878-1912) (1968); И. Катарџиев, Серската област од Кресненското востание до Младотурската револуција (1968); Х. Андоновски, Македонците во Грција во борбата против фашизмот (1940-1948) (1968); Н. Пејов, Македонците во Граѓанската војна во Грција (1968); М. Пандевски и Ѓ. Стоев-Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата (1969); С. Антољак, Самоилова држава (1969); П. Стојанов, Македонија во времето на Балканските и Првата светска војна (1912-1918) (1969) и други. Во 1968 година беа издадени многу пригодни книги за одделни личности и настани, особено од најновата историја на македонскиот народ. Веќе при крајот на 60-те години се појавија и првите монографии од роднокрајната (локална) историја, за одделни градови и региони во Македонија.

Сето тоа беше резултат и на истражувањата што ги направија македонските историчари во архивите во повеќе европски земји. Во странските архиви истражуваа: Љубен Лапе, Данчо Зографски, Христо Андонов Полјански, Методија Соколовски, Александар Матковски, Војо Кушевски, Андреја Лаиновиќ, Манол Пандевски, Глигор Тодоровски, Александар Апостолов, Љупчо Герасимов и други.

Во првите две децении по ослободувањето се направија напори да се објават и еден дел од спомените и мемоарите на учесници во македонското националноослободително дело, меѓу кои: Спомените на Ѓорче Петров (1950), Спомените на Јане Сандански (1951), на Славејко Арсов: Востаничкото движење во Југозападна Македонија (1952), на Александар Мартулков: Моето учество во револуционер-ните борби на Македонија (1954) и други.

За историската наука од големо значење беше и основањето на највисоката научна институција во Р. Македонија во 1967 година, Македонската академија на науките и уметностите и излегувањето на списанието Прилози. Членови на МАНУ станаа историчарите: Михаило Апостолски, Љубен Лапе, Димче Коцо, Александар Матковски, Манол Пандевски, Данчо Зографски, Алексансар Христов и други.

Во тој периодот на паралелно стручно образование на кадрите од областа на историјата, научно надоградување и стекнување на научни степени, засилено истражување во архивите, институтите и други институции, се профилираа историографите како специјалисти за одредени прашања и периоди на кои продолжија да истражуваат и создаваат научни дела и прилози.

Истовремено со издавањето на документите и првите значајни монографски трудови и научни прилози во списанијата, започна подготвувањето на првата синтетизирана историја на македонскиот народ. Како резултат на тоа во 1969 година излезе Историјата на македонскиот народ во три книги.

Page 35: osoznavanje na istorijata

141

Во редакцијата за сите три книги беа: Михаило Апостолски (претседател), Данчо Зографски, Блаже Конески, Љубен Лапе, Димитар Митрев, Христо Андонов Полјански и Иван Катарџиев. Овој избор секако бил со согласност на државните и партиските структури, со оглед на улогата што ја имал Михаило Апостолски во текот на НОВ и југословенските историски друштва, заедници, редакции и слично и во тогашниот актуелен момент бил директор на ИНИ, поради учеството на Данчо Зографски и Иван Катарџиев и особено на Димитар Митрев во телата при ЦК на СКМ, а од друга страна не можеле да се изостават најплодните и историчари по струка во најважните тогаш научни институции, редакции и списанија: Љубен Лапе и Христо Андонов Полјански. Инаку во пишувањето на тритомната историја учествувале 16 автори.

Тоа претставуваше голем чекор напред во развитокот на маке-донската историографија. За првпат помладите историчари: настав-ници и професори, асистенти и други стручни соработници, а особено студентите можеа да го имаат првиот интегрален преглед на сите периоди од македонската историја, како патоказ за понатамошното проширување и продлабочување на нивните знаења од одделни периоди и теми. Во 1970 година истата историја беше преведена на српскохрватски јазик. Во 1972 година излегува скратено македонско издание кое се преведува на повеќе јазици.

2.9.3. Развојот и достигањата на македонската историографија од почетокот на 70-те години на XX век до осамостоју- вањето на Република Македонија (1970-1991) Седмата и осмата деценија на XX век беа извонредно плодни

години за македонските историографи. Во тој развоен пат, објавува-њето на Историјата на македонскиот народ одиграло голема улога за понатамошниот подем на македонската историска наука. Покрај ова прво интегрално тритомно издание за македонската историја, во македонската историографија продолжува објавување на голем број трудови во кои се елаборираат низа значајни проблеми од сите периоди на македонската историја. Во фокусот на научното истражу-вање и објавувањето на научните трудови и понатаму останаа, главно, проучувањето на историските корени на македонскиот јазик и писме-ност, етногенезата на македонскиот народ, афирмацијата на маке-донската нација и борбата за остварување правото на државност на македонскиот народ. Продолжува интензивното собирање и објаву-вање на низа документи во поединечни зборници, во збирки на документи кои излегуваа во повеќе различни едиции, како и поеди-нечни документи-прилози во историски и други научни и стручни

Page 36: osoznavanje na istorijata

142

списанија од областа на општествените науки (правни, економски, културни и други).

Се зголемува бројот на објавените историографски трудови: монографии, студии, зборници на реферати и соопштенија од голем број научни собири, статии и други прилози во научни списанија со научен и историско-публицистички карактер, библиографии и др. Државата ги подржуваше и обилно ги финансираше научно-истражувачките проекти на ИНИ и на МАНУ, особено оние кои се однесуваа на историјата на НОВ, на македонското национално-oслободителното движење, на работничкото движење, на културната историја и др. Споменатите две институции ги имаа сите погодности за организирање на научни собири и за интензивно објавување на историографски трудови. Државниот архив на Р. Македонија, исто така, добиваше средства за продолжување на истражувањата и прибирањата на извори од странските архиви и за ангажирање на негови соработници и соработници од другите институции за средување и објавување на архивска документација. За разлика од нив, Катедрата за историја односно Наставно-научната студиска група (ННСГ) денес Институт за историја на Филозофскиот факултет беше ставена во многу понеповолна положба по однос на издавањето на трудовите на нејзините членови, кои најчесто зависеа од издавачките програми на ИНИ, а до некаде и од оние на Државниот архив на Р. Македонија. Сепак, тоа не значеше дека членовите на Катедрата-Институтот за историја беа помалку присутни во историската наука. Напротив, и покрај големото ангажирање со наставата тие објавија импозантен број научни трудови. Од друга страна, Катедрата за историја, однсоно ННСГ, во 1971 година ги отвори првите постдип-ломски студии на Филозофскиот факултет и со тоа им овозможи да се стекнат со научен степен магистер, во сопствената држава, на оние историчари кои имаа желба и можности за таквиот чекор. Во наставата на постдипломските студии и во менторствата и комисиите за оценка и одбрана на магистерските трудови, но и на докторските дисертации учествуваа и научни соработници од ИНИ, академици и професори од другите сродни факултети.

Во споменатите две децении продолжија да излегуваат сериите на извори-документи чии први томови-книги се појавија уште во претходниот период, а се појавија и нови зборници и серии на збирки документи од повеќе периоди на македонската историја, како и одделни изданија и прилози кои се однесуваа на изворите за македонската историја. Архивот на Македонија и Институтот за национална историја по својата поставеност и работни задачи беа

Page 37: osoznavanje na istorijata

143

најповиканите институции за организирано прибирање и објавување на документи, но, во тоа значајна улога имаа и Македонската академија на науките и уметностите, Филозофскиот факултет, Институтот за фолклор, Институтот за македонски јазик, Археолошкиот музеј, Ракописното одделение при Народната и Универзитетска библиотека (основано во 1971 година) и други институции.

Тука треба да се истакне и ангажирањето на редица научни работници кои учествуваа во подготовката за издавањето на изворите, меѓу кои беа: Стјепан Антолјак, Љубен Лапе, Владимир Мошин, Томо Томоски, Христо Андонов Полјански, Методија Соколовски, Андреја Лаиновиќ, Александар Матковски, Александар Христов, Михаило Апостолски, Глигор Тодоровски, Бранко Панов, Александар Стојановски, Манол Пандевски, Иван Катарџиев, Владо Ивановски, Велимир Брезовски, Миле Тодоровски, Крсте Битовски, Лазо Поплазаров, Раско Терзиовски, Харалампие Поленаковиќ, Гане Тодоровски, Вера Стојческа Антиќ, Рада Угринова Скаловска, Михаило Георгиевски, Новица Велјановски, Марија Јовановиќ, Вера Весковиќ Вангели, Васил Тоциновски, Михаило Миновски, Александар Трајановски и многу други нивни соработници.

За средновековната културна историја на Македонија од големо значење беа словенските ракописи кои под редакција на познатиот византолог и славист професорот Владимир Мошин ги издаваше Архивот на Македонија. Во 1971 година излегоа: Словенските ракописи во Македонија, кн. I и II.

Владимир Алексеевич Мошин (Петроград, 1894 - Скопје, 1987 г.) по потекло Русин, се чини бил судбински врзан за Македонија. Во периодот меѓу двете светски војни поради револуционерните настани во Русија преминал во Југославија каде докторирал во 1928 година на Загрепското свеучилиште. Мошин двапати бил назначуван за наставник на Филозофскиот факултет во Скопје: за доцент по византологија во 1931 и за вонреден професор во 1941 година, но не за долго, бидејќи од 1931 до 1939 година е професор на Филозофскиот факултет во Белград. Таму бил соработник на А. Соловјев и Г. Острогорски во истражувањето на изворите за средновековната историја на Балканот и посебно во византолошките студии. По завршувањето на Втората светска војна, Мошин беше ангажиран во повеќе научни и културни институции (Историскиот институт при САНУ во Белград, ЈАЗУ во Загреб, Народната библиотека во Белград, хонорарен професор на Филолошкиот и Филозофскиот факултет во Белград). Од 1967 година до својата смрт повторно престојува во Скопје, каде е ангажиран во Архивот на Македонија во Одделението за палеографија и ракописни збирки за обработка и издавање на словенски и средновековни извори за историјата на Македонија. Во периодот од 1969 до 1975 година е хонорарен професор по предметот помошни историски науки на Филозофс-киот факултет во Скопје. Во 1974 година е избран за дописен член на МАНУ, како и во Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. За македонската медиавелистика значајни се делата Македонското евангелие на поп Јован (1954) и Палеографски албум на јужнословенското кирилско писмо (1966), како и едициите на извори за словенската, средновековната и поновата историја на Македонија.

Page 38: osoznavanje na istorijata

144

Во 1975 година под раководство на В. Мошин започна да изле-гува едицијата на документи под наслов Споменици за среднове-ковната и поновата историја на Македонија. Истата 1975 година излезе том I, во 1977 том II, во 1980 том III, во 1981 том IV, а по смртта на Мошин во 1988 година и V том од истата едиција.

Така, во развојните патеки на македонската историографија, на планот на средувањето и научната и стручната обработката на словенските ракописи и на спомениците за средновековната и поновата историја на Македонија, најголема улога имаше професорот д-р Владимир Мошин. Тој со своето долгогодишно искуство во истражувањето на бројните извори од различна провиниенција и со извонредното познавање на сите аспекти на средновековната историја, посебно со неговата улога во европската византолошка наука, како и во проучувањата на помошните историски науки: палеографијата, дипломатиката, филигранологијата, хералдиката и други, остави значајни збирки на објавени изворни и поединечни прилози за повеќе извори во македонската историографија. На подготовката и објавувањето на I, II, и III том работеше еден тим на соработници меѓу кои беа: Л. Славева, С. Кроневски, Ј. Јакимова, С. Николовска и други. IV том го подготвија В. Мошин и Л. Славева, а беше посветен на Грамотите на Стефан Душан за манастирот Трескавец. V том ги содржи трудовите на Елена Колева: Михаил Псел како извор за историјата на македонскиот народ и на Љубинка Басотова: “Летописот” на попот Дукљанин за македонската средновековна историја.

Со објавување на извори за средновековната историја на Македонија продолжи Стјепан Антолјак, кој и по престанокот на наставничката дејност на Филозофскиот факултет, остана да сорабо-тува во Одделението за средновековна историја во ИНИ, каде беше ангажиран и Бранко Панов. Во рамките на дејноста околу презенти-рањето на изворите, Бранко Панов најмногу внимание посвети на писмата и житијата на Теофилакт Охридски.

Во 1974 година со предговор на Х. Поленаковиќ и превод и коментар на Р. Угринова - Скаловска излезе делото: Климент Охридски, житија, слова, поуки. Во 1989 година беше подготвена збирка под наслов Сведоштва за Кирил и Методиј (словенски и латински извори), со избор, превод и белешки на Р. Угринова-Скаловска, Љ. Басотова.

Михаило Георгиевски објави повеќе дела и прилози за словенските ракописи, летописи и други извори од Македонија за средниот век, но и за подоцнежните векови и со тоа даде извонреден прилог за осознавање на богатото словенско книжевно наследство во Македонија и подлога и патоказ за помладите истражувачи на теми и прашања од историјата на македонскиот народ од XIII до XIX век.

М. Георгиевски во 1988 година ги подготви двете книги (III и IV) од едицијата Словенските ракописи во Македонија, а наредните (V и VI ) две книги ги објави во

Page 39: osoznavanje na istorijata

145

1993). В. Десподовска и Л. Славева во 1988 година го подготвија делото: Македонски, средновековни ракописи, I.

Словенските ракописи, летописи, записи и друг вид извори се предмет на истражување и презентација пред научната јавност и на Вангелица Десподовска, Илија Велев, Георги Поп Атанасов, Добрила Миловска и други.

Поголем број автори објавија прилози за изворите во повеќе зборници: Кирил Солунски (1970); Илјада години од востанието на комитопулите и создавањето на Самуиловата држава (1971); Богомилството на Балканот во светлината на најновите истражувања (1982); Acta Veljusa (1984); Наум Охридски (1985); Климент Охридски - Студии (1986), Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската писменост (1989) и други.

Како резултат на засилената истражувачка дејност и збогату-вањето на сознанијата од областа на научната методологија во истиот период се појавија повеќе монографии, студии, статии, прилози и други трудови посветени на средновековната историја на Македонија.

Меѓу монографиите се вбројуваат делата на: Драган Ташковски, Богомилс-кото движење (1970), Самуиловата држава (1970) и Кон етногенезата на македонскиот народ (1974); Б. Панов, Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ (1971), Средновековна Македонија (Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ), том втори (1985), Средновековна Македонија (од македонската средновековна историја), том трети (1985); П. М. Пепек, Велјуса, манастирот Св. Богородица Милостива во селото Велјуса крај Струмица (1981); С. Антолјак, Средновековна Македонија, том I (1985); Х. Поленаковиќ, Творците на Словенската писменост (1985); С. Димески, Историја на македонската право-лсавна црква (1989); Ц. Грозданов, Манастирот Света Пречиста кичевска (1990), Студии за охридскиот живопис (1990); И. Велев, Преглед на средновековните цркви и манастири во Македонија (1990); С. Ристески. Легенди и преданија за Свети Наум (1990) и други.

Од истражувачите на културното наследство, особено на археолошкото и писменото словенско наследство заслужува внимание и Бошко Бабиќ. Тој даде забележлив придонес за истражувањето на средновековието во Прилепско, кое го започна во претходниот период (во 60-те години) и за основањето и работата на Институтот за старословенски студии во Прилеп. Одделни прилози на Димче Коцо, Константин Петров, Блага Алексова, Иван Микулчиќ, Коста Балабанов, Борис Петковски, Петар Миљковиќ Пепек, Вера Битракова, Елица Манева се однесуваат не само на уметноста и археологијата, туку и на културната и црковната историја и други историски аспекти.

Page 40: osoznavanje na istorijata

146

За разлика од горенаведените збирки на извори, монографии, зборници на документи и прилози кои се однесуваат претежно на културната историја и културното наследство во Македонија, во трудовите кои во 70-те и 80-те години се објавени на страниците на списанијата: Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Жива Антика, Историја, Гласникот на ИНИ и во други, професорот Томо Томоски ги изнесува резулататите од своите истражувања за средновековните градови, тврдини и комуникации на територијата на Македонија (тој беше вистински теренец во истражувањата, речиси не постоеше место во Македонија, кое не го беше посетил) и сознанијата за местоположбата и топономијата на оние кои под разни природни и човечки дејства низ времето исчезнале или биле заборавени од месното население и останале неоткриени или недоволно проучени од арехеологијата и историјата. Како резултат на овие негови истражувања и неговите познавања на голем број извори и литература од странски автори кои оставиле извесни податоци за тие прашања, Томоски остави голем број прилози за средновековните градови и градишта во Западна Македонија, Централна и Источна Македонија, за оние во Дебарско, Полог, Пелагонија, Преспа, Скопско, Малешевијата, Струмичко, Радовишко, Валандовско и во многу други краеви. Сите негови трудови беа објавени во 1999 година во зборник под наслов Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации.

Од трудовите на Томоски ќе ги наведеме: “Апелативите на нашите средновековни градови”, Историја, Скопје 1965/ 2; “Градиштето на средновековна Пелагонија”, Жива Антика, Скопје 1967; “Таорското градиште”, Жива Антика, 1967; “Потеклото и значењето на некои топоними во Македонија”, Историја, 1971/1; “Чекор напред во откривањето на Асамати”. Историја, 1972/2; “Средновековни градови во Македонија”, Историја, 1973/1, “Средновековни градови меѓу реките Вардар, Брегалница и Лакавица”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1978; “Записи за Власите во Македонија во средниот век”, Гласник на ИНИ, 1989/2 и други.

Томо Томоски негуваше изразено критички приод кон утврдувањето на точноста на фактите добиени по пат на компара-тивен пристап во истражувањето, со користење на повеќе матери-јални и писмени извори. Токму тој негов пристап предизвика една мошне интересна и упорна научна полемика околу неколку топоними и утврдување на местоположбата на некогашните градови и потеклото на топонимите. Меѓу нив, во почетокот на 70-те години беше полемиката со Стјепан Антољак околу топонимот Асамати во Преспа. Во неа се вклучија и други археолози и историчари (А. Стојановски, М. Петрушевски, А. Керамитчиев). Кај Томо Томоски беше очигледно

Page 41: osoznavanje na istorijata

147

влијанието од западните историографски школи: фактографската и критичката школа (посебно под влијание на германската историо-графија).

Врз неговото творештво не влијаеше политиката и идеологијата, од две причини: прво прашањата, проблемите и темите што ги истражуваше и презентираше пред научната јавност, не беа посебно провокативни за употреба на тогашните државни и партиски структури, и второ, тој беше од оние историографи кој не ги користеше своите научни трудови за стекнување на политички позиции во партиските структури. И како универзитетски професор и како научен работник остана далеку од политиката и идеологијата.

Бранко Панов тесно соработуваше со Стјепан Антољак и како резултат на таа соработка излегоа нивните собрани трудови во веќе споменатите три томови (1985) под наслов Средновековна Македонија. Б. Панов освен како професор на Филозофски факултет, по заминувањето на С. Антољак од Македонија беше раководител на Одделението за средновековна историја во ИНИ. Панов повеќе години беше предавач на летниот Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Во трудовите поместени во двата тома чиј автор беше Б. Панов и во оние трудови кои ги објави по 1985 година, главна негова преокупација беа: Теофилакт Охридски и неговото време, кирилометодиевскиот придонес за ширење на словенската писменост во Македонија, но, и пошироко, прашањето за етногенезата на маке-донскиот народ, доселувањето на Словените и создавањето на Македонските склавинии, Самоиловата држава, богомилството во Македонија и други прашања од медијавелистиката.

Покрај споменатите два тома Средновековна Македонија во кои се собрани трудовите објавени до 1985 година и монографијата за Теофилакт Охридски, ќе наведеме и одделни прилози кои излегоа по 1985 година: “Охрид во епохата на Климент и Наум”, во: Климент Охридски-Студии (1986); “Света Гора и развојот на културата во Долнореканскиот крај”, ГИНИ, 1989/1; “Одразот на Косовската битка во Македонија”, Историја (Скопје 1992)/1-2; Македонија од доселувањето на Словените до османското завладување, Зб. Македонија и односите со Грција, МАНУ 1993.

Од историографите кои во споменатите две децении истражуваа од областа на средновековната историја и помошните историски науки беше и професорот на Катедерата за историја-ННСГ- Институтот за историја, Христо Меловски. Тој беше еден од ретките историчари кои ги користеа во изворна форма изворите на старогрчки јазик, благодарение на неговото класично гимназиско образование завршено на грчки јазик. Неговите прилози беа посветени претежно на

Page 42: osoznavanje na istorijata

148

економско - социјалните аспекти на историјата на Македонија во средниот век.

Од објавените трудови на Меловски ќе ги наведеме: “Институцијата екскусија во Македонија во XI и XII век според даровните повелби на византиските цареви”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1975; “Прилог кон даночната политика на Самоиловата држава”, ГИНИ 1976/1; “Пролог кон социјалната историја на македонското село во XI-XII”, ЈИЧ, Београд 1978/1-4; “Влијанието на екскусијата во феудалните односи”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1979; “Видови на отпор според земјоделскиот закон”, Историја 1984/2; “Дали треба да се менува 6 април денот на смртта на Методиј?”, во: Кирилометодиевскиот (старо-словенскиот) период и кирилометодиевската традиција, МАНУ, Скопје 1988.

Медиавелистот Коста Аџиевски како асистент и подоцна како професор на Катедрата за историја-ННСГ-Институтот за историја соработуваше со професор Томо Томоски и во образовната и во научната дејност. По пензионирањето на Б. Панов беше и раководител на Одделението за средновековна историја при ИНИ. Научноистра-жувачката преокупација на К. Аџиевски претежно е свртена кон политичката историјата на средновековна Македонија во XIII и XIV век, особено во времето на крстоносните војни и настанувањето на нови држави на територијата на византиската империја во тој период, а од историјата на регионите во Македонија посебно ја проучува Пелагонија во Средниот век.

Коста Аџиевски, покрај другите трудови, ги објави: “Деспот Алексеј Слав-самостоен феудален владетел во Македонија”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, (Скопје 1977); “Македонија во првите години по формирањето на Латинското царство (1204-1207)”, Годишен зборник на Филозфскиот факултет, (Скопје 1982); “Потчинување на Македонија од страна на Теодор I Ангел и формирањето на Солунското царство”, Историја, 1981/1-2; “Пелагонија во времето на Јован Владислав и нејзиното потпаѓање под византиска власт”, ГИНИ, 1988/2, Пелагонија во Средниот век, Скопје 1994 (монографија) и др.

К. Аџиевски, пред сè, е следбеник на фактографската школа, а неговите трудови се одликуваат со извонредна доследност во интер-претацијата на изворите, со концизност и јасност во излагањето, со соодветна методологија, со упатување на споредба со други научни резултати и толкувања за проблемите и прашањата што ги обработува. Тој, како и Томоски, настојува колку што е можно да не внесува во своите анализи и заклучоци политички премиси, или недоволно потврдени интерпретации за некои дискутабилни прашања од средновековната историја.

Во ИНИ во седумдесетите и осумдесетите години во Одделението за Среден век беа ангажирани и соработниците Ристо Илјовски и Евантија Аристотели.

Page 43: osoznavanje na istorijata

149

Кон крајот на осумдесетите и почетокот на девеесетите години во истражувањето на средновековната историја се вклучија и помлади кадри како асистенти и соработници во ИНИ и Институтот за историја на Филозофскиот факултет: Милан Бошковски, Александар Атанасовски и други, кои започнаа со објавување на своите научни трудови малку подоцна, претежно во 90-те години .

Периодот на османското владеење со Македонија и понатаму имаше значајно место во македонската историографија. Во спомена-тите две децении, од почетокот на 70-те години до осамостојувањето на Р. Македонија османистиката навистина имаше извонредни истра-жувачи кои дадоа голем придонес во проучувањето на османско-турс-ките извори за историјата на Македонија и македонскиот народ, особено за политичката историја, административно-управната, економ-ско-социјалната положба, социјалните слоеви, етничката и религиоз-ната припадност, демографијата, колонизацијата, исламизацијата, отпорот против османската власт во Македонија, но, и пошироко на Балканот. Во тој период од македонската историографија заслужуваат посебно внимание истражувањата и резулататите на: Методија Соколовски, Александaр Матковски и Александар Стојановски.

Методија Соколовски сам или заедно со други научни работ-ници и стручни соработници, а во издание на Архивот на Македонија, подготви за објавување повеќе томови на турски документи. Тој објави и повеќе прилози за одделни македонски градови и краеви, за сопст-веничките односи, за исламизацијата, за личните имиња и називите на места и за други прашања од периодот на османското владеење со Македонија.

М. Соколовски и А. Стојански ги подготвија за објавување: Турски доку-менти за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер, No 4 (Скопје 1971); М. Соколовски со Ќемал Илијаз: Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија I, том III, (1969). Под редакција на М. Соколовски излегоа: Турски документи за историјата на македонскиот народ, Опширен пописен дефтер од XV век, том III, кн. 2 (1976); Турски документи за историјата на македонскиот народ, Опширен пописен дефтер од XVI век, том V, кн. 2 (1976).

Меѓу прилозите на Соколовски за градовите и краевите во Македонија се: “Нахијата Гора во XVI в.”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје 1976; Нахијата Мокра во XVI в., Прилози, МАНУ, 1977/2; “Прилеп и Прилепско во втората половина на XVI в”., Прилози, МАНУ, 1978/1; “Скопје и Скопско во XV и XVI в.”, Прилози, МАНУ, 1978/2; “Малешево во XVI в.”, Историја, 1979/1; “Петричка нахија во XVI в.”, Историја, 1980/2 и други.

Од прилозите посветени на сопственичките односи, ќе ги споменеме: “Осврт на вакафите и вакафските имоти во Тетовска нахија во XV и XVI в.”, ГИНИ, 1976/3; “Вакафите и вакафските имоти во Скопје и Скопско во XV и XVI в.”, Прилози, МАНУ, 1977/2; “Чифлигарството-втора етапа на османскиот феудален систем”,

Page 44: osoznavanje na istorijata

150

Прилози, МАНУ, 1977/2. На процесот на исламизацијата е посветен прилогот: “Исламизацијата во Македонија во XV и XVI в.”, Прилози, МАНУ, 1977/1 и други.

Александар Матковски во својата научноистражувачка дејност се профилира како специјалист истражувач на изворите за отпорот против отоманското владеење во Македонија и за презентирање на патеписната литература во која се спомнува или опишува Македонија, но, неговото внимание го привлекле и други теми од тој период, како што се миграциите, исламизацијата, секојдневниот живот и други. За одбележување е неговото истражување од областа на хералдиката и особено за македонските грбови за кои издаде повеќе статии и прилози, а во 1970 година ја објави и монографијата Грбовите на Македонија (Прилог кон македонската хералдика). Матковски истражуваше во повеќе архиви во балканските земји, како и во Франција, Турција и други азиски земји.

Матковски од 1961 до 1980 година објави повеќе томови од серијата Турски извори за ајдустството и арамиството во Македонија. Од средината на 70-те години заедно со К. Аручи објавија делови од хроники и други документи за време на османското владеење во Македонија, во кои се опишуваат настани што се одиграле во Македонија под османска власт од XIV до XIX век. Во 1990 година беше објавен неговиот труд Кануни и фермани за Македонија.

Матковски објави повеќе прилози од истата проблематика: “Дејноста на ајдутите во првата половина на XVII в.”, ГИНИ, 1971/2; “Податоци за некои ајдути во Македонија од втората половина на XVII в”., Историја, 1972/2; “Исламизацијата како метод за пацификација на Дебарскиот крај”, Бигорски научно-културни собири, I научен собир 1971; “Односите меѓу Охридската архиепископија и Османската држава”, ГИНИ, 1972/2; “Црковните давачки во Охридската архиепископија (1371-1767)”, Прилози, МАНУ, Скопје 1971; “Граѓански бракови и разводи на христијани во Македонија и на Балканскиот Полуостров во време на турското владеење”, ГИНИ, 1973/3; “Новите институции и односи што Турците ги создадоа на Балканот и во Македонија”, Прилози, МАНУ, 1986/2; “Специфичностите и карактеристиките на турскиот феудализам во Македонија и на Балканот”, Прилози, МАНУ, 1988;

Матковски заедно со П. Ангелакова објавија повеќе прилози во списанијата Историја и Гласникот на ИНИ во броевите издадени од 1969 -1972 година кои се однесуваа на патеписните белешки за Македонија од повеќе автори од Франција, Италија, Дубровник и други земји и држави. Во 1991 година излезе посебен труд Македонија во делата на странските патописци, во која беа поместени видувањата на странски патеписци за Македонија од 1371 до 1777 г.

Александар Стојановски, како и претходните двајца споме-нати османолози-турколози, посвети дел од својата научноистражу-вачка дејност на средување, превод и објавување (во соработка со

Page 45: osoznavanje na istorijata

151

други соработници или самостојно) на турски документи за историјата на македонскиот народ. Стојановски е еден од ретките историчари кој истражуваше поголем број аспекти на економско-социјалниот живот, занимањата на населението, демографијата, етничкиот состав на насе-лението во Македонија и слично. Стојановски беше еден од авторите на првиот том на првата тритомна Историја на македонскиот народ.

А. Стојановски и М. Соколовски подготвија и објавија Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер, No 4 (Скопје 1971), а самиот ги преведе, направи редакција и коментар на: Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер од XV в., том IV, (1978); Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, кн. 3, (1982); V, кн. IV, (1985); V, кн. V, (1995) и други.

Мошне значајни се неговите научни дела (книги и студии): Дервенџиството во Македонија (1974); Градовите во Македонија од крајот на XIV до XVII. Демографски проучувања, (Скопје 1981); Македонија во турското средновековие (од крајот на XIV до почетокот на XVIII), (1989); Раја со специјално задолженија во Македонија (војнуци, соколари, оризари и соколари), (1990); Турски документи за Илинденското востание, (1994) и други.

Стојановски, исто така, има објавено голем број прилози во зборници и списанија посветени на значајни и интересни појави, процеси и настани во Македонија, меѓу кои: “Етничките промени во северозападна Македонија во XV в.” (во коавторство со Г. Тодоровски), ЈИЧ, (Београд 1970)/1-2; “Тврдината и населбата Коџаџик во XV И XVI в”, во. Бигорски научно-културни собири, Скопје 1973; “Нови податоци за Скопје по пожарот во 1689 г.”, ГИНИ, 1971/2; “Ромите на Балканскиот Полуостров”, Прилози, МАНУ, 1976/1; “Неколку интервјуа со Јане Сандански за турски весници”, во: Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Скопје 1976; “За карактерот и влијанието на османското владеење во југословенските земји од XV до XVI в.”, ГИНИ, 1976/1; “Неколку прашања за Јуруците во Ќустендилскиот санџак”, во. Етногенезата на Јуруците и нивното населување на Балканот, МАНУ, Скопје 1986, “Прашање за потеклото на името Торбеши и за првичното спомнување во пишуваните извори”, Историја, фолклор и етнологија, Скопје 1987; “Нови документи во расветлувањето на Карпошовото востание и на австриското навлегување во Македонија во 1689 г.”, ГИНИ, 1989/1; “Занаетчиската дејност во македонските градови под турска власт (XV-XVIII)”, ГИНИ, 1995/1-2; и други.

М. Соколовски и А. Стојановски, припаѓаа на генерацијата македонски историчари која мошне многу држеше до стручноста и точноста во преводите од османско-турски на македонски јазик, до објективноста во критиката на изворите и во нивното толкување, а тоа беше присутно и во критичките осврти на преводите и толкувањето на процесите и настаните во делата на одделни странски и македонски историчари.

Поголем број извори, научни трудови и прилози за Македонија во времето на османското владеење објавуваа и други историчари,

Page 46: osoznavanje na istorijata

152

етнолози, филолози, меѓу кои Љубен Лапе, Ванчо Бошков, Глигор Тодоровски, Галаба Паликрушева, Шукри Рахими, Нијази Лима-новски, во наредниот период, односно во 90-те години и Алексанадар Трајановски, Драги Георгиев, Ахмед Шериф и др.

Голем број од македонските историчари се посветија на истра-жувањето на македонската историја во XIX и XX век, особено на: пре-родбата на македонскиот народ, националноослободителното дви-жење, црковното прашање, економско-социјалните состојби, поли-тиката на големите сили и соседните држави кон Македонија, пропагандите на соседните држави во Македонија, ослободителните востанија (Негушкото, Разловечкото, Македонското-Кресненското и Илинденското востание), Внатрешната македонска револуционерна организација, Македонија во време на Младотурската револуција, балканските и Првата светска војна, македонското прашање на миров-ните конференции и меѓународните договори, миграциите и емиграциите од Македонија, делбите на Македонија од 1912 до 1944 година, социјалистичкото и комунистичкото движење, колонизациите и етничките промени, Втората светска војна и Народноослободителната борба, конституирањето на македонската држава и АСНОМ и повеќе прашања од положбата на македонската држава во рамките на југословенската федерација.

Во 70-те и 80-те години голем и разновиден беше интересот на историчарите за објавување на извори за историјата на македонскиот народ од XIX и XX век.

Покрај објавувањето на турските документи, Архивот на Македонија продолжи да објавува документи и од други странски архиви. Во 1977 и 1982 година во редакција на Х. А. Полјански беше објавен том II и III од Британски документи за историјата на маке-донскиот народ, потоа Австриски документи во два тома во 1981 и 1982 г. Во редакција на Г. Тодоровски беа објавени: Српски извори за историјата на македонскиот народ 1890-1912 (1985) и Српски извори за историјата на македонскиот народ 1913-1917.

Од особено значење за македонската историографија, во доменот на објавувањето на изворна документација е едицијата во издание на Архивот на Македонија која започна да излегува од 1971 година - Документи за учеството на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија во антифашистичката борба (1940-1945) во три тома (Ристо Кирјазовски и др.), еднотомниот зборник на Комунистичката партија на Грција и македонското национално прашање 1918-1974 (избор, редакција, превод и коментар Р. Кирјазовски), потоа повеќетомните Документи за учеството на

Page 47: osoznavanje na istorijata

153

македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција 1945-1949 (во редакција Р. Кирјазовски и Ф. Буцкова-Мартинова) и други.

Документи објавуваа и други институции и поединци. За периодот по балканските војни, за културната и црковната

историја на Македонија значаен е и зборникот Документи за оштету-вањето и грабежите на цркви и манастири на територијата на Македонија во Првата светска војна (избор, превод и коментар на Ѓ. Димовски-Цолев и Ѓ. Грамозли, Битола 1985). П. Стојанов, О. Ивановски, Т. Симовски, М. Тодоровски и Р. Терзиовски во 1972 година го објавија колективниот труд Делбите на Македонија (1912-1944), Публикација со текст, фотографии и документи.

Продолжија да излегуваат Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945 (од третата до шестата книга, исто како и првите две од истата едиција во издание на ИНИ). Едицијата на Документи за АСНОМ, започна да излегува во 1984 и до 2004 година излегоа 7 книги. Првата книга излезе под редакција на А. Христов, М. Тодоровски и Н. Велјановски, но, во наредните книги улогата на редактор ја имаше Новица Велјановски. Благодарение на објавува-њето на оваа едиција на документи, македонската историографија на јавноста и ги направи достапни речиси сите документи кои произлегоа не само од трите заеданија на АСНОМ и од неговиот Президиум, туку и оние кои ги издаваа телата на АСНОМ меѓу заседанијата. Во 1970 година А. Христов се јавува и како редактор на Зборник на документи за создавање на македонската државност во издание на Универзи-тетот "Кирил и Методиј". Тој и во наредните две децении објави повеќе документи поврзани со македонската државност и правната историја на Македонија, сам или во коавторство со помлади колеги.

Голем број документи за историјата на македонскиот народ од доселувањето на Словените во Македонија до 1949 година се помес-тени во зборникот Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава (том I и II: во издание на Универ-зитетот "Кирил и Методиј" − Факултет за филозофско-историски науки − Институт за национална историја, Скопје 1981).

Двотомниот зборник на документи излезе под редакција на Христо Андонов Полјански- уредник, Велимир Брезовски, Иван Катарџиев, Бранко Панов и Александар Христов, а во подготвувањето учествуваа 28 научни работници во првиот том и 22 во вториот том и околу 20 стручни соработници. Овој зборник беше дотогаш најобемниот и со, разновидни по провиниенција и проблемски прашања, документи, кои беа и останаа меѓу најсоодветните за користење од страна на помла-дите научни кадри: студенти, магистранти и докторанти, бидејќи дадоа една значајна

Page 48: osoznavanje na istorijata

154

научна ориентација за понатамошни истражувања. Сепак, имаше одредена едностра-ност во изборот и провиниенцијата на документите, која одеше во корист на класно-социјалната ориентација.

Во 1977 година беше издаден Зборник на документи за учест-вото на жените на Македонија во Народноослободителната војна и Револуција 1941-1945 година (1977), за кој избор, редакција и коментар направија В. Весковиќ-Вангели и М. Јовановиќ. Документи за историјата на Македонија и на македонскиот народ се објавени во други зборници и повеќе списанија.

Сериозниот ангажман во објавувањето на историските извори отвори патишта кон посеопфатен развој на македонската историо-графија. Тие беа патоказ за натамошните истражувања и расветлувања на бројни неистражени прашања од минатото на македонскиот народ.

За развојот на македонската историографија и за пообјективно оценување, за нејзините достигања и за резултатите, за научноста, идеологијата и политиката, сведочат големиот број одржани симпози-уми, научни трибини, конференции, тркалезни маси и други собири на кои беа презентирани бројни факти, резултати од истражувања, соз-нанија, анализи и оценки за сите периоди, но, најбројни беа оние кои беа посветени на расветлувањето и збогатувањето со сознанија за исто-ријата на македонскиот народ во XIX и XX век. Тие во 70-те и 80-те години беа мошне бројни и со значаен број учесници и објавени при-лози кои оставија навистина драгоцени факти, анализи, критики, син-тези за одредени периоди, процеси, настани и личности. Зборниците на објавените трудови поднесени на научните собири останаа и како сведоштво сами по себе за еден период од развојот на македонската историографија со сите успеси, слабости, влијанија и слично.

Во тие рамки, треба да се одбележи дека освен што беа присутни научните цели, не ретко им се даваше и класно-политичка, односно партиска обоеност, преку темите на собирите, учеството на партиските раководители, политичари и други партиски ангажирани лица, кои во своите говори, воведни реферати, дискусии и слично ја спроведуваа зацртаната политика на југословенството, братството и единството, улогата на комунистичката партија, на Ј. Б. Тито, на единстениот самоуправен социјализам и слично. Во организационите одбори освен афирмирани научни и културни работници, неминовен декор беа и политичарите, или пак научни работници (историчари, филолози, книжевници) кои имаа улога на спроводници на строго - партиската ориентација за афирмација на социјалистичкото и комунис-тичкото движење, улогата на комунистичката партија, марксистичко-ленинистичкото учење, истакнувањето на заслужните партиски раководители како непогрешливи политичари и државници итн. Дури и во времето кога југословенскиот социјалистички самоуправен систем навлезе во сериозна криза во почетокот на 80-те години, на некои научни собири во Македонија сè уште историчари, правници, социолози и други “експерти” за социјализмот, марксизмот и самоуправувањето во

Page 49: osoznavanje na istorijata

155

своите настапи ја пронаоѓаа во историјата генезата на југословенскиот самоуправен социјализам и перспективноста на: македонскиот народ, држава, наука и култура во рамките на југословенската федерација, чии шавови веќе беа почнале да попуштаат од внатрешните противречности, назадување и сеопфатна криза.

Научните собири се одржуваа најчесто по повод на значајни годишнини од некој настан или личност од македонската историја, или актуелноста на некое прашање од историски аспект и неговото значење за државата, јазикот, нацијата и слично.

Во седумдесетите и осумдесетите години неколку поважни годишнини беа повод за одржување на крупни научни собири.

Најчесто организатори или соорганизатори на истите се научните и културните институции и друштва: МАНУ, ИНИ, Катедрата за историја-Институтот за историја при Филозофскиот факлултет, Институтот за македонски јазик, друштвата за наука и уметност во одделни градови, одборите на повеќе научни и културни манифестации и одбори, Сојузот на борците од НОВ и други. Меѓу поводите за нивно одржување беа: 100 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872-1972), 30 години од почетокот на вооруженото народноослободително востание во 1941 година во Македонија, 100 години од Источната криза, Разловечкото и Кресненското востание, годишнините на Илинденското востание и Крушевската република одбележувани најмногу преку одржувањето на научни собири организирани од Советот на манифестацијата Десет дена Крушевска Република, научни собири посветени на настани и личности на НОВ во некои градови и региони, собир посветен на основањето и развој на Комунистичката партија на Македонија, собири за животот и дејноста на одделни македонски револуционери меѓу кои: Димитар Поп Георгиев Беровски, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Даме Груев, Атанас Раздолов, Никола Петров Русински и други. Научни собири се одржуваа и во рамките на манифестацијата Дојрански ракувања. Повремено се одржуваат и Бигорски научно - културни собири, собири организирани од Заедницата на Македонците муслимани, собири организирани од општинските организации на Сојузот на борците од НОБ и други.

Како резултат на одржаните собири македонската историо-графија се здоби со повеќе зборници. Под наслов Прилози за Илинден излегоа десетина зборници од научните симпозиуми и други научни собири во рамките на манифестацијата Десет дена Крушевска репуб-лика, потоа зборниците на реферати од научните собири во рамките на Гоцевите денови во Делчево, двата волуменозни зборници на реферати посветени на двата најважни настани за Македонија во 70-те годинини на XIX век: Македонија во Источната криза и Македонското-Кресненското востание, зборникот Ослободителната војна во Македо-нија (1973), потоа зборникот Слободните територии во Македонија во 1943 година, зборникот на трудови Крсте Петков Мисирков и национално-културниот развој на македонскиот народ до ослободу-вањето (1976), Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата (1976), двотомниот зборник Основање и

Page 50: osoznavanje na istorijata

156

развој на Комунистичката партија на Македонија (со реферати од одржаниот симпозиум во 1979 година), Зборник посветен на 30 годишнината на Првото заседание, АСНОМ-Остварување на идеите за создавање на македонската држава и неговиот меѓународен одглас и одраз, (1974) АСНОМ во создавањето на државноста на македон-скиот народ, зборникот од одржаниот симпозиум во 1984 година по повод 40 години од Првото заседание на АСНОМ, Во 1980 година излезе зборникот Минхенскиот договор и југословенските и чехосло-вачките народи. Излегоа повеќе зборници од средбите Дојрански раку-вања посветени на: Ангел Динев, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Митко Зафиров, Јосиф Јосифовски Свештарот, како и од Бигорските научно-културни собори, меѓу кои и зборникот од средбата во Кичево во 1981 година, Македонците муслимани (Скопје, 1984). Во 1991 година изле-гоа двата зборници: Помалку познати и непознати учесници во маке-донското ослободително движење во XIX и почетокот на XX век, кој ги содржи прилозите од одржаниот научен собир во Горно Врановци 1991 година и Димитар Поп Георгиевски и неговото време, кој содржи, пак, прилозите од одржаната тркалезна маса во 1990 година во Берово.

Зборникот Македонија во Источната криза 1875-1881, објавен 1982 година, на околу 800 страници, ги содржи поднесените реферати, соопштенија и дискусии од научниот собир одржан на истатата тема во мај 1976 година во Штип. Меѓу 42 автори на објавените реферати и други прилози во овој зборник се наоѓаат 15-тина од другите југословенски републики, од Полска, СССР, Романија. Низ содржините на зборникот се опфатени голем број аспекти на оваа вистинска европска криза која предизвика големи потреси и промени не само на Балканот, туку и пошироко во регионот и ги вовлече директно или по дипломатски пат сите големи европски држави. Оваа криза беше исклучително неповолна за Македонија бидејќи и покрај учеството на Македонците во ослободителните војни и востанија на другите балкански земји и народи и со двете македонски востанија, даде придонес во тој себалкански ослободителен процес, но, и понатаму таа остана во рамките на Отоманската империја. Духот на критичност и полемика беше присутен на едно извонредно научно ниво на симпозиумот и во објавените трудови.

Зборникот Кресненското востание во Македонија (1878-1879) (Скопје, 1982) ги содржи рефератите, соопштенијата и дискусиите презентирани на научниот собир одржан во Берово во октомври 1979 г. Во овој волуменозен труд од околу 650 страници со 40-тина реферати поднесени од историчари и други научни и културни работници од Македонија, Југославија и од неколку европски земји се изнесени голем број сознанија и се обработени повеќе аспекти на политиката на балканските и европските држави кон Македонија и Македонското востание, програмските цели и задачите на раководните личности, односно на првата генерација државотворци во втората половина на XIX век на чело со Димитар Поп Георгиев Беровски, причините за распуштањето на востаничките сили, судбината на македонскиот раководен кадар, последиците од востанието и други.

Page 51: osoznavanje na istorijata

157

Особено внимание било посветено на расветлувањето на НОВ во одделните региони во Македонија. Се одржуваат бројни научни собири со учество на историчари и учесници во настаните. Како резул-тат на тоа се објавуваат и посебни зборници во кои се забележуваат сериозни напори на македонските историчари за расветлување на бројни аспекти на борбата − воени дејствија, функционирање на поза-дината, улогата на одделни личности и органи на борбата, органи-зирањето на новата народна власт, репресалиите на окупаторските власти и војски итн.

Беа одржани научни собири и издадени голем број зборници за: Скопје и Скопско во НОВ, Прилеп и Прилепско во НОВ, Битола и Битолско во НОВ, Тиквешијата во НОВ, Кочани и Кочанско во НОВ, Охридско-струшкиот регион во НОВ, Велес и Велешко во НОВ, Куманово и Кумановско во НОВ, Струмица и Струмичко во НОВ, Тетово и Тетовско во НОВ, Гевгелија и Гевгелиско во НОВ, Кичево и Кичевско во НОВ, Малешевијата во НОВ итн.

Благодарение на овие собири се искористи усната историја: пренесување на сеќавања, кажувања, знаења, за настани и личности пред сè од комунистичкото движење пред Втората светска војна и за време на НОВ, кои на тој начин останаа забележани, запишани, како усни извори и помогнаа да се расветлат одредени настани за кои нема или е уништена документацијата. Но, во поголем број објавени соопштенија и дискусии има многу субјективност, идеологија и партиска пристрасност, со желба да се истакне нечие учество и придонес во некој настан, или да се негира она што навистина било. Пројавените полемики по однос на некои настани и околу одделни ставови на личности, изнесени по смртта на Тито, чиј број се зголеми во времето на распаѓањето на југословенската федерација и пропаѓањето на социјалистичкиот политички систем, наведуваат на тоа дека многу искажани сведоштва нема да го издржат посериозниот критички пристап на историчарите кои ги истражуваат и толкуваат и во иднина ќе ги гледаат и оценуваат од поголема временска дистанца.

Спротивставените сеќавања и изречените судови и оценки за одделни настани и личности од НОВ на Македонија од учесниците во настаните: Светозар Вукмановиќ Темпо (изнесени во неговата книга Борба за Балкан, објавена и на македонски јазик 1982), Вера Ацева (изнесени во нејзината книга Писмо до Светозар Вукмановиќ Темпо објавена 1988) и на Ванчо Николовски (во неговата книга НОВ без догми 1941-1942 објавена 1997) многу јасно покажаа дека има место за критика, полемика и преоценување на многу вистини изнесени од авторитетите во Партијата и НОВ кои се сметаа за апсолутни и непобитни.

Page 52: osoznavanje na istorijata

158

Во 70-те и 80-те години излегоа поголем број монографии, статии и други прилози по повод годишнините на значајни настани и личности од периодот на националноослободителното движење. Секако дека навршувањето на 100 години од раѓањето на Гоце Делчев во 1972 година беше еден од најголемите поводи за излегување на бројни трудови посветени на неговиот живот и дело. Христо Андонов Полјански еден од најпасионираните истражувачи на делото на Гоце Делчев во 1972 година го објави неговиот дотогаш најобемен научен труд Гоце Делчев во 6 книги.

Во шестомното дело за Гоце Делчев дојде до израз ширината на прашањата и проблемите што ги презентира и протолкува Полјански за речиси сите аспекти на Делчевото дело: неговата релативно кратка, но, извонредно богата животна сторија, неговата преписка со бројни соработници, другари, пријатели, опоненти и други личности, оставените спомени, сеќавања и друг вид кажувања на неговите современици, документите за него, печатот, библиографијата за трудовите објавени за него и други прилози. Овој труд на Полјански, остана сè до денеска меѓу бројните трудови за Гоце Делчев, ненадминато по обемот, сестраноста, раскошниот израз на стилот, логичката мисла и со методолошката перфекција.

Х. А. Полјански и во тој период сè до неговата смрт во 1985 година остана еден

од најпродуктивните творци во македонската историографија, со обемен научен опус од околу 500 научни трудови, од коишто околу 40 се печатени како одделни моногра-фски, студии, зборници и сл. Во рамките на неговото творештво освен проучувањето на делото на Гоце Делчев и други македонски револуционери, остана присутен и интересот кон прашањето за британската политика кон Македонија, како и односот на други европски држави кон Македонија, односите меѓу балканските земји кон Македонија, но и соработката на културните и револуцонерните сили на Балканот, за гледиштата на познати личности за Македонија и македонскиот народ и други.

Од монографиите посветени на односот на В. Британија кон македонското прашање големо значење има Велика Британија и македонското прашање на Париската мировна конференција во 1919 година (1973), а за односите со другите југословенски земји Македонија и Словенија, меѓусебни врски во минатото (1978). Сепак, истражувачите на делото на Х.А. Полјански можат најдобро да се запознаат со неговиот историографски творечки опус преку Одбраните дела кои излегоа во 5 книги (1980-1981).

Пет години по смртта на Х. А. Полјански во 1990 година, по избор на Гане Тодоровски, беа објавени дел од изворните проучувања на Х. А. Полјански Македон-ското прашање, каде во најголем обем се обработени бројни прашања од историјата на македонскиот народ во XIX век па сè до Париската мировна конференција 1919 г.

Полјански беше еден од најажурните библиографи во македон-ската историографија. Самиот објави голем број прилози за библио-графијата на повеќе периоди, настани, процеси, личности и истото настојуваше да го пренесе на помладите историчари да ги направат првите чекори во истражувањето со подготвување на библиографии за

Page 53: osoznavanje na istorijata

159

одделни периоди, теми итн. Тој беше меѓу првите и ретки македонски историографи кој започна да се занимава со теорија и методологија на историската наука.

Во творештвото на Полјански се чуствуваше влијание од западните историографски школи, благодарение на неговите истражувачки престои во В. Британија и на користењето на теоретските и методолошките дела на познати западни историографи и теоретичари на историјата. Тој беше извонреден аналитичар и логичар во синтетизирањето на она што е најесенцијално при пишувањето на поголеми трудови, не беше воопшто приврзаник на преполнување на трудовите со фактографски податоци и туѓи мисли во бројни цитати. Неговото изложување и толкување на процесите и настаните во неговите дела се лесно приемчиви за сите читатели без разлика на нивното интелектуално ниво и стручна компетентност. Тој ги правеше своите дела за читателите. Беше неуморен истражувач и творец во својата научна област, полн со идеи за создавање на наука. Од друга страна, пак, го имаше прифатено позитивното од фактографската школа на Покровски, но, беше приврзан и кон марксистичкото-материјалистичкото толкување на историјата. Смртта дојде прерано кога беше во зенитот на неговото творештво во 1985 г.

Љубен Лапе, иако во напредната возраст, остана активен во наставата на втор и трет степен на Филозофскиот факултет сè до крајот на 70-те години, а во пишувањето на историјата до смртта во 1985 г. Тој продолжи да истражува и пишува како и дотогаш за бројни личности од македонското националноослободително движење: Димитар Поп Георгиев Беровски, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев, Никола Петров Русински, Арсениј Јовков, Марко Цепенков и други, како и за улогата на македонските студенти-интелектуалци во странство, за афирмацијата на македонското нацио-нално прашање, за социјалната слоевитост на македонското општество, за ВМРО и за други македонски организации, за македонската емиграција во Бугарија итн. Седум години по неговата смрт, во 1992 година, неговите одбрани трудови беа издадени во зборник под наслов Македонија во XVIII, XIX и XX век.

Меѓу објавените трудови на Љубен Лапе од споменатиот период се: “Идејните основи на Привременото претставителство на бившата обединета ВМРО и неговата активност на Париската мировна конференција во 1919”, Историја, 1973/2; Разловечкото востание од 1876 година и неговиот организатор Димитар Георгиев Беровски, (1976); “Статути и правилници на македонските политички друштва во Швајцарија во време на Првата светска војна”, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје (1976); “Учеството на Арсениј Јовков во Илинденското востание”, Прилози за Илинден, II, Крушево 1978; “Печатот на Кресненското востание од 1878”, Музејски Гласник, 1979/4; “Спомени на Даме Груев. По повод 100 години од неговото раѓање”, во: Даме Груев 1971-1906, Битола 1981; “Битолскиот вилает во 60-те години на XIX век според извештаите на првиот руски конзул М. Хитрово”, Прилози-ДНУ, Битола 1983 и други.

Page 54: osoznavanje na istorijata

160

Од генерацијата први научни работници кои ги започнаа своите творечки чекори во 60-те години и кои продолжија и во наредните децении да ја збогатуваат македонската историографија беше Манол Пандевски, еден од неколкуте македонски историчари чиј научен опус имаше и квантитет и квалитет за највисокото научно звање што го добија-академик. Тој беше посветен на неколку значајни периоди од македонската историја: времето на Источната криза, национално-ослободителното движење и ВМРО, Македонија во време на Младотурската револуција, балканските војни и Првата светска војна и, речиси, низ целиот период на неговото творештво остана доследен на таа научна ориентација. Објави повеќе монографии и голем број научни статии, реферати и други прилози.

М. Пандевски ги објави монографиите: Националното прашање во маке-донското ослободително движење 1893-1903, (1974); Илинденското востание во Македонија 1903 (1978); Македонија и Македонците во Источната криза 1876-1878, (1979); Внатрешната македонска револуционерна организација и неоврховизмот (1904-1908) (1983). Неговите монографии и големиот број научни прилози објавени во зборници и списанија беа поместени во собраните дела под наслов Македонското ослободително дело во XIX и XX век (1987). По нив Пандевски ја објави книгата Македонија на Балканот (XIV - XX)-Историски координати (1990) и други трудови.

Во 1974 година Манол Пандевски ја објави студијата под наслов Националното прашање во македонското ослободително движење (1893-1903), во која направи извонредна анализа на историското време во кое се одвиваа процесите на настанувањето и делувањето на Македонската револуционерна организација, на преоку-пацијата на идеолозите на македонското ослободително движење за добивање пред сè на политичка независност и државно конституирање. Во исто време беа презентирани и сознанијата за околностите под кои во ВМРО до Илинден детално не се елаборираше националниот идентитет на Македонците. Според анализите и заклучоците на Пандевски, тоа прашање ќе добиеше приоритет во наредната фаза во услови на извојувана политичка автономија на Македонија или државна независност за да го достигне степенот на македонска национална самосвест, впрочем како што се случуваше со консолидирањето на нациите со формирањето на националните држави во Европа и на Балканот. Затоа слободно може да се рече дека таа книга спаѓа во теоретските студии за националното прашање во македонски услови во кои се подготвуваше вооруженото национално-ослободително движење на преминот од XIX во XX век.

Манол Пандевски, како и Христо Андонов Полјански беше аналитичар и логичар во поставувањето на тезите, компарирањето на фактите и елаборирањето на

Page 55: osoznavanje na istorijata

161

прашањата од повеќе аспекти за да го осознае и научно верификува своето јасно обликувано толкување. Со оглед на тоа дека во времето додека ги создаваше најголемиот број трудови сè уште не беа достапни бројните архивски документи за периодите и прашањата кои ги истражуваше, често своите критики, погледи, анализи и оценки ги правеше врз помалубројни изворни документи, но, времето покажа дека најголемиот број од неговите посредно извлечени заклучоци, можат да бидат поткрепени со фактите од документацијата која стана достапна по отварањето на архивите во поранешниот СССР и соседна Република Бугарија. Пандевски како и другите македонски историчари во еднопартиската држава и доминантната класна идеологија не беше имун од пристраноста кон левите сили во македонското националноослободително движење и влијанието на советската школа и марксистичкото толкување на историјата, но, тоа не беше неговата единствена ориентација, зашто тоа беше судбината на речиси сите историчари во тоа време на социјализмот, комунизмот, самоуправувањето, афирмирањето на револуциите (особено Октомвриската), политичките и партиските личности во одделни историографски трудови. Но, за разлика од други македонски историографи на кои, речиси, тоа им стана и широко отворена врата за политичка афирмација и кариера и за силна идеологизација на творештвото, кај Пандевски тоа повеќе остана присутно како поглед на еден историограф кон минатото.

Глигор Тодоровски во својот богат историографски опус остави повеќе зборници на документи и прилози објавени во списанија или зборници во кои презентираше изворна документација, објави повеќе книги и студии, статии, реферати и други трудови. Периодите, прашањата и темите за кои истражуваше и пишуваше, исто така, беа бројни и значајни за македонската историја. Најголем број трудови посвети на политичката историја, особено за политиката на големите сили кон Македонија и нивните реформски проекти за Македонија во XIX и почетокот на XX век, на српската политика кон Македонија, на политичките и економско-социјалните прашања во периодот на Бал-канските, Првата светска војна и фашистичката окупација на Западна Македонија во текот на Втората светска војна, на демографските процеси во Македонија во XIX и XX, посебно истражуваше за исламизираните Македонци, како и за локалната историја (на Малореканскиот крај) и други.

Освен веќе наведените српски извори, Глигор Тодоровски објави и неколку монографии: Малореканскиот предел (1970), Окупацијата на Западна Македонија, (1975), Македонија по Балканските војни. Општествено-економски и просветни прилики во Вардарска Македонија (1981), Кон крајот на 1984 година Глигор Тодоров-ски го објави обемното дело во три книги Реформите на големите европски сили во Македонија (1829-1909). Србија и реформите во Македонија (1987), Илинден – воо-ружените, општествените и политичките подготовки за востание во Македонија (1990). Неговото творештво продолжи и по осамостојувањето на Р. Македонија.

Историографското творештво на Г. Тодоровски се одликува со солидна документираност, аналитичност и систематичност во изнесу-

Page 56: osoznavanje na istorijata

162

вањето. Настојуваше да ги бара карактеристиките-специфичностите на историското време што го истражува. Со некои негови истражувања на социјалната структура, верските контрасти во менталитетот на етнички и верски измешаното население, особено во некои краеви на Западна Македонија, каде се живееше меѓу традицијата и модернизацијата, Тодоровски се доближуваше до одредени методолошки пристапи карактеристични за плуралистичкото гледање на процесите и настаните во историјата, карактеристични за француските аналисти. Тој негов теоретско-методолошки пристап дојде до поголем израз во неговите трудови за исламизираните Македонци, а особено во двете книги за демографијата на Македонија објавени по 1991 г.

Иван Катарџиев припаѓа на првата генерација македонски историографии. Многу рано започна да се занимава со научноистражу-вачка работа, но, општествено-политичките околности и активното учество во партиските и државно-политичките тела.

И. Катарџиев спаѓа во групата македонски ученици и студенти кои дојдоа од Пиринска Македонија да се школуваат во Народна Република Македонија, во периодот на добрососедските југословенско-бугарски односи. Во 1951 година завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Како асистент во ИНИ работел од 1953 до 1967 година, кога бил избран за член на Собранието на СРМ и раководел со Одборот за образование, наука и култура. Во 1969 година бил избран за сојузен пратеник во Соборот на народите во Белград. Од 1973 година бил директор на Народната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје, а во 1978 година бил именуван за виш советник на Извршниот совет на Собранието на Македонија.. Бил биран на повеќе партиски и други функции.

Главните аспекти на неговиот научноистражувачки интерес биле: историјата на пиринскиот дел на Македонија каде што пристигнале неговите родители како бегалци од егејскиот дел на Македонија, настаните и личностите од времето на Источната криза и Кресненското востание, македонското националноослободително движење, ВМРО, социјалистичкото и работничкото движење, ВМРО (обединета), комунистичкото движење и македонското национално прашање и други настани, процеси и личности од историјата во XIX и XX век. Катарџиев објави поголем број зборници на документи, монографии, студии, собрани трудови, статии, реферати и други прилози.

И. Катарџиев до осамостојувањето на Р. Македонија ги редактираше двете збирки на документи под наслов Извори за историјата на СКМ-Документи и материјали 1919-1920, том I, кн. 1, кн., 2 (1985), а ги објави и монографските трудови и собраните дела: Време на зреење, книга прва и втора (1977); Кресненското востание (1978); Борба за развој и афирмација на македонската нација (1981); Одбрани дела под наслов Борба до победа, I-IV (1983); По врвиците на македонската

Page 57: osoznavanje na istorijata

163

историја (1986). Тој објави голем број статии, реферати и други прилози во повеќе списанија и зборници.

Данчо Зографски се профилира во македонската историогра-фија како специјалист за економската историја, но, продолжи да ја проучува и да објавува трудови од областа на национално-ослободи-телните борби на македонскиот народ со нагласок на развојот на социјалистичката мисла, за македонското прашање во политиката на некои европски држави, го проучуваше и пишуваше за Васил Главинов и за други настани и личности, за сојузничките мисии во Македонија во текот на НОВ и други. Неговите трудови, здружени на едно место, уште еднаш станаа достапни на македонската јавност презентирани во четири книги, во вид на Одбрани дела (1986). Во своето историографско творештво Зографски до крајот си остана приврзаник на марксистичкото толкување на историјата и на класно-идеолошката насоченост, впрочем тој и по поставеност во телата на ЦК на КПМ (посебно во Идеолошката комисија) уште од почетокот на својата општествено политичка и стручна дејност, беше меѓу оние историчари кои го канализираа класно-идеолошкото присуство во историографијата.

Петар Стојанов покрај веќе објавената монографија Македо-нија во време на балканските и Првата светска војна (1969), продолжи и понатаму со истражување и објавување на трудови претежно за истиот период. Како резлутат на тоа, во 1979 година, излезе монографијата Македонија во политиката на големите сили во времето на Балканските војни. Тој објави и повеќе статии во списанијата и реферати во зборници. Стојанов остана во своето толкување претежно на класно-идеолошкото толкување на најголемиот број настани и личности за кои пишуваше.

Крсте Битоски по објавената монографија за Дејноста на Пелагониската митрополија 1978-1919 (1968), продолжи со проу-чувањето на поголем број аспекти на македонското национално-ослободително движење и националоослободителните борби на македонскиот народ во крајот на XIX и почетокот на XX век, на политиката на балканските држави кон Македонија и други. Објави неколку монографии и повеќе научни статии и прилози. Сознанијата за неговите научноистражувачки резултати, анализи и оценки најдобро можат да се добијат од неговите книги: Македонија и Кнежевството Бугарија (1893-1903) (1977); Македонија во Големата источна криза 1875-1881(1982); Солунските атентати 1903 (1985) и повеќе трудови објавени во списанијата и зборниците на реферати.

Page 58: osoznavanje na istorijata

164

Орде Ивановски е еден од неколкуте македонски историо-графи кои беа посебно посветени на истражувањето и проучувањето на дејноста на балканските и македонските социјалисти и македонското социјалистичко и комунистичко движење, но и на македонското наци-онално ослободително движење и македонското национално прашање. Со право може да се рече дека тој беше истражувачот на левите политички и национални сили. Неговиот монографски труд Балкан-ските социјалисти и македонското прашање од 90-те години на XIX век до создавањето на Третата интернационала е најдобро сведо-штво за неговата научноистражувачка преокупација. Исто така, и пого-лемиот број негови научни трудови објавени во списанијата и зборниците на статии и реферати се посветени на споменатите прашања. Освен тоа, тој истражуваше и пишуваше за локалната историја, поточно за Прилеп и Прилепско низ историјата.

Александар Апостолов за свое главно истражувачко поле ги имаше политичките и економските аспекти на српската колонизација во Македонија меѓу двете светски војни, но покрај нив направи значајни истражувања на локалната историја, истражуваше одделни прашања од периодот на Првата светска војна, од економско-социјалната и политичката положба на македонскиот народ во Вардарска Македонија по Првата светска војна. Своите истражувања на локалната историја посебно ги насочи кон Злетовската област, Лесновскиот манастир и други. Во крајот на 60-те години беше објавена неговата книга Колонизацијата на Македонија во Стара Југославија, во 1974 г. излезе монографскиот труд Злетовската област. Другите научни резултати и сознанија се објавени во поголем број статии, прилози, реферати во повеќе списанија и зборници.

Војо Кушевски беше единствениот историограф кој го истражуваше македонското прашање во Друштвото на народите и прв започна да ја проучува и да пишува за теоријата и практиката на методиката на наставата по историја. Неговите истражувања што ги направи во средината на 60-те години во архивите на Друштвото на народите во Женева и подготвениот труд речиси исклучиво на изворен архивски материјал од споменатите архиви, останаа парцијално познати на јавноста преку неговите статии и прилози, бидејќи монографскиот труд излезе дури по неговата смрт во 2001 година под наслов Македонското прашање пред Друштвото на народите. Иста судбуна имаа и неговите бројни научни и стручни прилози од областа на методиката на наставата по историја, објавени на страниците на бројни македонски и југословенски списанија и зборници и тие не беа собрани и издадени во еден зборник.

Page 59: osoznavanje na istorijata

165

Ристо Поп Лазаров со повеќето свои трудови се нареди во историографите кои ги истражуваа и оставија пишани трудови за процесите и настаните во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Помеѓу позначајните негови историографски монографии се: Ослободителните вооружени борби на македонскиот народ во периодот 1850-1878 (1978), Македонското Кресненско-разлошко востание, во чест на неговата 100-годишнина, (1979), Санстефан-ската фикција и посебноста на Македонија (1978) и други одделни трудови, како и бројни статии и други прилози.

Повеќе македонски историчари се профилираа како истражу-вачи и проучувачи на Народноослободителната војна на Македонија. Тие објавија голем број монографии, студии, статии и други прилози од почетокот на 70-те до крајот на 80-те години. Меѓу нив беа: Михаило Апостолски, Велимир Брезовски, Владо Ивановски, Миле Тодоровски, Славка Фиданова, Растко Терзиоски, Глигор Тодоровски, Новица Велјановски, Миле Михајлов, Вера Весковиќ Вангели, Тодор Симовски, Ристо Кирјазовски и други.

Најголемиот број трудови на Михаило Апостолски се собрани и издадени во неговите Избрани дела (том I-VI, Скопје 1975), потоа следеа одделни трудови меѓу кои Погледи врз југословенско-бугарските односи во Втората светска војна (1980), голем број статии и прилози посветени на НОВ, објавени речиси во сите зборници во кои се објавени реферати од одржаните научни собири за одделни настани, личности и градови во текот на НОВ, како и реферати во зборниците на Источната криза и Кресненското востание, Прилози за Илинден, Гоцеви денови, во зборници објавени во другите југосло-венски републики, во бројни списанија и др.

Како командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ на Македонија во текот на Втората светска војна и историчар, Михаило Апостолски остави значајни трудови пишувани не само врз база на своите сознанија и документи што самиот ги потпишу-вал или директно учествувал во нивното создавање, туку и врз база на добиени созна-нија од истражувањето на други изворни материјали и кажувања на негови блиски соработници и од објавена литература. Неговите трудови посветени на Февруарскиот поход, Пролетната офанзива на завршните борби за ослободување на Македонија и на други прашања беа претежно од областа на воената историја, но, тој објави и голем број трудови посветени на југословенско-бугарските и македонско-бугарските односи во фазата на ослободувањето на Македонија и Југославија, на АСНОМ.

Велимир Брезовски беше преокупиран со истражувања и толкувања на историјата на антифашистичката и народноослободи-телна борба на македонскиот народ. Тој ја објави монографијата

Page 60: osoznavanje na istorijata

166

Ослободителната војна во Македонија во 1943, на територијата на СР Македонија, (1971).

Во 1973 година во зборникот Ослободителната војна во Македонија објави “Прилог кон периодизацијата на Ослободителната војна во Македонија, потоа Манифестот на Главниот штаб на народноослободителната војска и парти-занските одреди во Македонија”, Историја, 1974/1, статијата “За некои дејности од образувањето на антифашистичкото собрание на Македонија во 1943”, Прилози (МАНУ), 1977/2 и други.

Во толкувањето и интерпретацијата на настаните од овој период во неговите трудови се чуствува влијание на советската школа на Покровски, така што повеќе изнесуваше фактографија, а помалку даваше опширни толкувања или политички оценки.

Славка Фиданова во своите истражувања беше ориентирана претежно на националоослободителното и комунистичкото движење, на македонското национално прашање меѓу двете светски војни, а за периодот на Втората светска војна и НОВ, претежно на партиско-политичката и пропагандната улога на Комунистичката партија, на специфичностите во формирањето на првите органи на власта и одржувањето на АСНОМ, на националното прашање како фактор во покренување на масите за учество во НОВ на Македонија, за улогата на некои групации кои се јавија како соработници на окупаторот, за учеството на жените во отпорот против окупаторот и други. Резул-татите од истражувањата и сознанијата ги презентира преку бројни научни статии, реферати и други прилози во списанија и зборници.

Меѓу објавените трудови на Славка Фиданова ги наведуваме: “Прилог кон

прашањето на националното ослободување и обединување на македонскиот народ во документите на партиското раководство на КПМ во текот на народноослобо-дителното движење”, Историја 1970/2; “Некои специфичности во создавањето на Народниот фронт во Македонија”, Историја 1971/2; “Националниот момент - фактор во покренувањето масите во Македонија во текот на Народноослободителната борба (1941-1944”), во: Развојот и карактерот на НОВ и Револуцијата во Македонија, (1973); “Германската политика спрема Македонија во времето и по Првото заседание на АСНОМ”, во: АСНОМ-Остварувањето на идеите за создавање на македонската држава, (1987) и други.

Владо Ивановски како истражувач на периодот НОВ на Маке-донија беше еден од најангажираните во подготвувањето, редакти-рањето и издавањето на серијата извори за ослободителната војна на Македонија. Во исто време како историограф истражуваше и пишу-ваше за повеќе прашања од воената организација, улогата на партис-ката организација односно КПМ во организрањето на НОБ, за воени единици, за улогата и местото на одделни личности од тој период и

Page 61: osoznavanje na istorijata

167

други. Објави еден интегрален монографски труд Ослободителната војна во Западна Македонија 1941-1944, (1973) и поголем број студии, статии, реферати и прилози во бројни списанија и зборници.

Растислав Терзиоски посебно беше ориентиран кон истражу-вање на бугарскиот окупаторски режим во Македонија, за советско-македонските врски и за други прашања од периодот на Втората светска војна и НОВ на Македонија. Резултатите од неговите истражу-вања за дел од споменатите прашања ги објави во неговиот моно-графски труд: Денационализаторската дејност на бугарските културно-просветни институции во Македонија (1974) и во повеќе статии и реферати.

Миле Тодоровски речиси целото свое творештво како историограф го посвети на периодот на Втората светска војна и НОВ на Македонија. Претежно пишуваше за воениот аспект на НОД, за подготовките, одржувањето и значењето на Првото заседание на АСНОМ, за понатамошната улога на АСНОМ и неговите тела за организрањето на новата современа македонска федерална држава, но и за други прашања. Поголем дел од неговите научни сознанија ги објави во монографските трудови: Партизанските одреди и народно-ослободителната војска во Ослободителната војна и револуцијата 1941-1944 (1972) и Револуционерното синдикално движење и штрајкувачките акции во Македонија (1937-1940) (1980), како и во повеќе статии и прилози.

Вера Весковиќ Вангели, како истражувач на НОВ на Маке-донија, главно беше фокусирана на учеството на жената во нацио-налноослободителното движење и борба, но, и на други прашања, поврзани со улогата на Комунистичката партија на Македонија, организирањето на новата револуционерна власт, значењето на АСНОМ во конституирањето на македонската државност, илинденските традиции и НОВ, судбината на Евреите во Македонија, меѓународниот аспект на македонското прашање и други. Покрај објавениот зборник документи за учеството на жените во НОВ (во коавтороство со М. Јовановиќ), Ванѓели ги објави и монографските трудови: Жената во Револуцијата на Македонија, (1982), Жената во ослободителните борби на Македонија (1893-1945) (1990), Досие Брашнаров (2003) и повеќе студии и прилози посветени на теми од споментите прашања.

Марија Јовановиќ, покрај истражувачката работа за улогата на жената во НОВ, од што резултираше заедничкиот зборник на доку-менти, беше посветена на истражувањата на одделни аспекти на маке-донската историја меѓу двете светски војни. Резултат на тоа беше

Page 62: osoznavanje na istorijata

168

објавената книга на тема Просветно-политичките прилики во Вардарска Македонија (1918-1929) (1983) и повеќе статии и други прилози во списанија и зборници.

Галена Куцуловска во својата научноистражувачка дејност беше ориентирана пред се на проучување и обработка на мерките, средствата и методите на фашистичките окупатори во Македонија во текот на Втората светска војна, на судските процеси врз уапсените и судени учесници во НОВ, на притисоците и репресиите врз населението, за традициите на Илинден во НОВ и други.

Со оглед на времето во кое настанале, најголемиот број трудови на историографите - истражувачи на НОВ, се карактеризираат со извонредно голем фактографски материјал, интерпретиран најчесто во рамките на партиско-политичката насоченост согласно оценките на Ј.Б. Тито и Лазо Колишевски, што само по себе сведочи за присуството на политиката и идеологијата во нивното толкување. Впрочем, тешко се можело поинаку во услови на контролирана историографија и до најголем степен присутна самоцензура да не се добие партиска опомена или дури изолација, не само во политичка, туку и во професионална смисла.

Една група македонски историчари претежно, по потекло од егејскиот дел на Македонија, беа ангажирани во истражувањето на историјата на македонскиот народ во тој дел на Македонија, посебно на колонизациите, миграциите, етничкото чистење на македонскиот народ од тој дел на Македонија, дискриминацијата вршена над Македонците од страната на грчките власти, учеството на Македон-ците во Антифашистичката и ослободителната војна и во граѓанската војна во Грција, егзодусот по завршувањето на истата, емиграцијата од тој дел на Македонија во источноевропските земји и слични теми. Меѓу тие истражувачи на историјата на тој дел од Македонија и македонскиот народ се: Ристо Кирјазовски, Стојан Киселиновски, Фани Буцкова, Лилјана Пановска, Ташко Мамуровски, за некои периоди и Крсте Битовски и други.

Ристо Кирјазовски, како што наведовме, има извонредно голема улога за обработката, преводот и објавувањето на серијата документи за историјата на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија за време на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Своите научни резултати и сознанија, пак, ги објави во неколку книги и во поголем број статии и прилози. Монографските трудови објавени до крајот на осумдесетите години се: Народноослободител-ниот фронт и другите организации на Македонците во Егејска Маке-донија (1945-1949) (1985), Македонските национални институции во

Page 63: osoznavanje na istorijata

169

егејскиот дел на Македонија (1941-1961) (1987), Македонската поли-тичка емиграција од егејскиот дел на Македонија во источно-европските земји по Втората светска војна (1989) и во бројни други прилози во списанија и зборници.

Александар Христов, Новица Велјановски, Владо Поповски, Владо Картов, се профилираа како истражувачи на државноправната историја на Македонија.

Александар Христов беше еден од најприсутните истражувачи и проучувачи на државноправната историја на Македонија уште во шеесетите години и ги објави првите научни трудови од таа област. Зенитот на неговото творештво го достигна токму во 70 и 80-те годи-ни, кога сам или со своите помлади соработници објави повеќе збор-ници документи, книги, статии, реферати и прилози посветени на периодот на македонското прашање во Источната криза, на ВМРО, Илинденското востание и речиси за сите периоди на XX век. Најголе-миот дел од неговите трудови беа објавени во 1985 години како соб-рани дела под наслов Создавање на македонската држава 1878-1978.

Новица Велјановски ќе продолжи со уште поголем интензитет да ги истражува државноправните аспекти на македонската историја и по 1990 година. Во фокусот на неговото проучување се најдоа создавањето на новата локална (народна) власт за време на Втората светска војна, подготовките и организирањето на федералните државни органи на власта за време на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ, државноправноправниот развој на македонската држава во југословенската федерација од 1944 до 1991 година како и други прашања од правно-историски аспект. Освен веќе наведеното ангажирање во подготовките и објавувањето на едицијата зборници АСНОМ - Документи, во 7 книги, Велјановски објави и повеќе монографски трудови за АСНОМ и повеќе монографии, како и голем број статии и други прилози. Од нив во 1983 година ја објави монографијата Народната власт во Македонија во НОВ и Револуцијата 1941-1944 и поголем број статии и прилози во зборници и списанија, но, неговиот историографски опус се зголеми со повеќе монографски трудови и прилози по 1990 г.

Блаже Ристовски, по професија филолог, истражуваше повеќе на полето на културната историја, но, се пројави и како истражувач на прашања поврзани со историјата на македонското национално прашање и македонската нација. Своите резултати, толкувања, погледи, анализи, оценки за споменатите аспекти на македонската историја ги објави во монографските трудови: Димитрије Чуповски (1878-1940), кн. 1 и 2 (1978), Крсте Петков Мисирков (1983), Македонскиот народ и македонската нација, кн. 1 и 2, (1983); Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја (1989 и 1990) и бројни други монографии, студии, статии и

Page 64: osoznavanje na istorijata

170

прилози посветени на настани и личности од македонската национална и културна историја.

Во осумдесетите години свои трудови објавија и: Михаило Миновски, Поли-тиката на Австро-Унгарија спрема Македонија и македонското прашање (1878-1903) (1982), Федеративната идеја во македонската политичка мисла (1887-1919) (1985); Димитар Димески, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает 1983-1903 (1981); Александар Трајановски, Бугарската егзар-хија и македонското националноослободително движење (1893-1908) (1982); Црков-но-училишните општини во Македонија (1988); Стојан Киселиновски, КПГ и македонското национално прашање, потоа Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913-1940) (1981), Лазо Лазаров, Општествено-полтичките органи-зации во обновата и изградбата на Н. Р. Македонија 1944-1948, (1979), Миле Михајлов, Военозаднинските органи во текот на НОВ; Даринка Пачемска, ВМРО (обединета) и други помлади истражувачи магистри и докторанти.

Црковната историја на Македонија, поради актуелноста на македонскиот национален идентитет и правото на државност, исто така, беше присутна во делата на одделни истражувачи. Меѓу нив беше и понатаму Славко Димевски кој ја објави монографијата Борба за автокефалност на православните цркви во Европа создадени во XX век (1979).

Поголем број автори објавија монографии за повеќе македонски револуционери како, на пример за Димитар Поп Георгиев Беровски, Илија Марков (Дедо Иљо Малешевски), Сава Михајлов, Никола Карев, Јане Сандански итн.

Низ различните списанија се објавуваат повеќе документи и прилози за исто-ријата на КПЈ, при што е видливо влијанието на политиката врз историографијата. Во 1979 година Страхил Гигов ги објавува своите Сеќавања, а три години подоцна и Одбрани трудови. Во истата 1979 започнуваат да излегуваат на македонски јазик Собраните дела на Јосип Броз Тито. Беше преобјавен трудот на Лазар Мојсов БРП (к) и македонското национално прашање (1978) и Погледи во минатото, блиско и далечно (1977), и на Лазар Колишевски Аспекти на македонското прашање (1980).

Покрај документите од различните архиви, дел од македонските историографи се зафатиле со објавување на собрани дела на различни дејци и револуционери како: Димо Хаџи Димов (Одбрани дела. Избор, предговор и редакција Манол Пандевски, 1984), Ангел Динев (Одбрани дела, I-III, ред. Владо Картов, 1983) и др.

Како прва научна публикација на Сојузот на историчарите на СРМ беше отпечатен трудот Историографија на Македонија 1965-1975 (Скопје, 1982) како првично, посеопфатно тематско и библи-ографско прикажување на достигањата на македонската исто-риографија по 1965 г. По ова издание, следуваат уште три посебни публикации за развојот на македонската историографија во издание на

Page 65: osoznavanje na istorijata

171

ИНИ: Историографија на Македонија 1976-1980, II, (Скопје, 1987), Историографија на Македонија 1981-1985, III, (Скопје, 1990) и Историографија на Македонија 1986-1995, IV, (Скопје, 1997).

Исто така, забележливи се трудовите од областа на археологијата од праисто-ријата и античката историја на Македонија. Сепак, до деведесеттите години, проучу-вањето на македонската антика, од аспект на историчари кои би го проучувале овој период останува недоволно покриено. Тоа е резултат на општојугословенските поче-тоци на историграфијата која добила задача да го потенцира словенското заедништво (заедничките словенски корени) на југословенските народи со што се запоставувала антиката во еден подолг период. Веројатно тука претставува проблем и познавањето на старите јазици. Сепак, иако не е создаден поистакнат профил на историчари кои ќе се занимаваат со антиката, импозантни резултати даваат научниците кои се занимаваат со археолошки истражувања и со лингвистика. Истражувањата за пра-историјата и Стариот век на тлото на Македонија, по обем и резултати особено се интензивираат од средината на осумдесеттите години. Така, во севкупното проучу-вање на македонската антика во наведениот период значајни се трудовите на Вера Битракова-Грозданова, Петар Илиевски, Иван Микулчиќ, Блага Алексова, Драги Митревски, Елеонора Петрова, Паско Кузман, Наде Проева, Владо Маленко, Викторија Соколовска, А. Керамитчиев, З. Белдедовски, Соња Зоговиќ, Виктор Лилчиќ, Никос Чаусидис итн.

Од аспектот на истражувањето и презентирањето на маке-донската културна историја мошне значајни се студијата на Блаже Конески Ликови и теми (1987), збирката прилози и материјали на Васил Тоциновски Светлина и текови (1987), публикацијата на Гане Тодоровски Историографски теми (1990) итн.

Во текот на осумдесетите години забележлива е во голем степен свртеноста кон темите и проучувањето на НОВ во Македонија. Заради недоволната историска дистанца и недостапноста на изворната доку-ментација, но, и заради влијанието на политиката врз историогарфијата и постоењето на табу теми, најмалку истражуван период во македон-ската историографија, се до средината на 90-те години е периодот по Втората светска војна. Притоа, најпрво се пристапи кон објавување документи и први монографски трудови кои се однесуваа на АСНОМ и формирањето на македонската држава. Во тие рамки значајни се трудовите на Александар Христов и Новица Велјановски кои го истра-жуваат овој период од аспект на политичко-правната историја.

Беа направени и првите скромни обиди да се расветлат одделни периоди и прашања од историјата на РМ по Втората светска војна кај Лазар Лазаров. Тој најпрво ја истражува улогата на општествено-политичките организации, тема која одговараше на општата општествена клима и идеологија, а потоа обработува и теми кои се однесуваат на општествено-економскиот развој на Републиката до втората половина на педесеттите години. Просветата и школството како сфера во која новата држава дала најмногу резултати ги истражува Нада Јурукова. Во втората половина

Page 66: osoznavanje na istorijata

172

на осумдесеттите години, Виолета Ачкоска започна со истражување на аграрната историја и со други неистражени сфери од македонската најнова историја. Повеќе трудови кои се однесуваат на историјата на РМ по Втората светска војна беа објавени по 1991 година.

Во направените истражувања до крајот на осумдесеттите, се уште се одбегнуваат темите за Информбирото, делувањето на органи-зации и групи на ВМРО по 1945 година, политиката на село (задолжи-телниот откуп, колективизацијата итн.), одземањето на приватната сопственост, како и проучувањето на личности кои биле идеолошки и политички дисквалификувани од партиско-политичките и државните структури (Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Павел Шатев, Методија Шаторов Шарло, Венко Марковски и многу други). Овие, но и други табу теми од македонската историја ќе бидат отворени и интензивно обработувани од македонските историографи од почетокот на деведесеттите години, во времето на транзицијата на македонското општество.

По смртта на Јосип Броз Тито (1980), но, особено по распадот на СФРЈ и осамостојувањето на РМ по 1991 година започна процес на надминување на идеолошките стеги, ослободување од автоцензурата и воведување на мултиперспективноста во историското истражување со едновремено откривање на заборавените и забранетите историски зони и табу теми.

2.9.4. Македонската историографија во периодот по 1991 година

Кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те години со паѓањето на еднопартиските комунистички режими во источноевропските земји, со распаѓањето на југословенската федерација (СФРЈ) и осамостојува-њето на Република Македонија, со промовирањето на политичкиот плурализам во сите сфери на животот во Македонија, се почувстува поизразен демократски дух во научното и културното творештво, со што започна да се реализира плурализмот на мислата и идејата во духовното творештво. Македонската историографија се вклучи во предизвиците на новите демократски и плуралистички процеси, при што беа отворени многу прашања и дилеми за нејзниот дотогашен раз-вој во еднопартиската држава со идеолошки предзнак, и за нејзината перспектива, ослободена од самоцензурата и од влијанието на поли-тиката.

Класно-идеолошкото наследство кое историографијата (како впрочем сите општествени и хуманитарни науки од социјалистичкиот

Page 67: osoznavanje na istorijata

173

период) го носеше со себе, делуваше на тоа околу неа да се кршат коп-јата на новите политички сили, кои по 1991 година на плуралистичката политичка сцена го бараа својот историски легитимитет и континуитет токму во минатото. Многу историски теми, особено контроверзните и "табу" темите станаа дел од актуелните политички случувања.

Уште кон крајот на 80-те години, настапувањето на плурализмот во толку-вањето на македонската историја го најавија двете спротивставени мислења искажани од двајца македонски историографи Иван Катарџиев и Орде Ивановски. И. Катарџиев во својата статија “Историја и политика-политика и историја”, објавена во сп. Историја во 1987/1-2, истапува во одбраната на дотогаш зацртаниот курс на македонската историографија и опоменува на опасноста од "манипулацијата и злоупотребата на историјата", нагласувајќи дека е недопустливо да се лепат паушални етикети на дотогашната историографија од некакви други политички позиции. Наспроти таквите гледања на И. Катарџиев, О. Иваноски, во предоговорот на својата монографија за Никола Карев, во 1991 година запишал: "од бројните субјективни неоправдани причини на прво место стои жалосниот факт што македонската како и целата југословенска историографија беше поставена да се развива врз догматско-доктринарна идеологизација којашто лимитирачки ја дозираа партиските идеолози и политички моќници и ја претвораа во услужен сервис на својата монистичка политика ...Согласно таквите идеолиогизирани шеми македонските партиски идеолози и политичари прогласија дека историјата на македонскиот народ почнала со 1941 година... Со таквата догматизирана доктрина одделни македонски партиски теоретичари и политичари ненаучно и навредливо вреднуваа крупни настани и личности од историјата на македонскиот народ...".

Во услови на видлива внатрешна дезинтеграција и распаѓање на југословенската федерација, се губеше една мошне присутна насоченост во интерпретирањето на македонската историја посебно на најновата историја, која редовно се поврзуваше со исправноста на патот и начинот по кој комунистичките политички сили ја консти-туираа и управуваа втората југословенска држава, се губеше довербата во наметнатата партиска парола за постигнатата хармонија на братството и единството, правилниот југословенски модел на соција-листичкото самоуправување и сл.

Транзицијата предизвика силно бранување во таа насока. Барањето на нов идентитет на граѓаните, со напуштањето на југосло-венството и самуправниот социјализам, како и долги години изграду-ваниот југословенски патриотизам преку сите степени на образо-ванието (меѓу другото и низ формалното прогласување на марксизмот како единствен научен поглед на свет), ја наметна потрагата по исто-риски легитимитет на одделни политички субјекти на плуралистичката сцена. Тоа предизвика голем интерес и свртување кон античката маке-донска историја, кон личностите од национално-ослободителното движење кои не припаѓаа на т.н. "лева ориентација", како и на настани

Page 68: osoznavanje na istorijata

174

и личности од историјата на современата македонска држава по 1944 година кои се поврзуваа со комунистичката репресија, како репресирани или спроводници на репресијата.

Во разбрануваната политичка и научна јавност, во рамките на македонската историографија се почуствува поголема свртеност кон проучувањето на античката историја. Оваа историја во период од неколку децении во рамките на југословенската федерација беше потисната заради политиката на братството и единството и форсирањето на заедничкиот словенски корен на југословенските народи. Всушност, на тој начин политиката на "југословенството" го бараше својот легитимитет, а најважен сегмент во неговото градење беше историската потврда за заедничките корени и потекло кои се лоцираа во раниот Среден век, по доаѓањето на Словените на Балканот, без да се бара етногенеза во народите кои постоеле на истото тло пред доаѓањето на Словените.

Во проучувањето и презентирањето на античката историја на Македонија се впуштија публицисти, правници, политиколози, аматери-ентузијасти итн. Дел од нив го бараа директното потекло на денешната современа македонска нација во античките Македонци. Беа објавени повеќе популарни и публицистички трудови, а позначајни историографски монографии, покрај другите, објавија: Вера Битракова Грозданова, Религијата и уметноста во антиката во Македонија (1999), Елеонора Петрова, Бригите во централниот дел на Балканот во II и I милениум ст.е.(1996), Пајонија во II и I век ст. е., (1999), Наде Проева, Студии за античките Македонци (1997) и Историја на Аргеадите (2004), Иван Микулчиќ, Античките градови во Македонија (1999), Анета Шукарева, Филип II Македонски и атинските ретори (2003), Војкан Саракински, преведе неколку дела од антички автори со исцрпни предговори и објаснувања (на пр. на Лукијан од Самосата) итн.

Класичните филолози и историчарите на уметноста со нивните трудови, исто така, придонесоа многу за збогатувањето на сознанија од историјата на Стариот век. Меѓу нив ќе ги спменеме: Петар Илиевски, Блага Алексова, Љубинка Басотова, Елена Колева, Даница Чадиковска, Витомир Митевски, Валериј Софрониевски, Борис Петковски, Елица Манева, Драги Митревски, Паско Кузман, Витомир Лилчиќ, Никос Чаусидис и повеќе помлади истражувачи од споменатите области.

Од другите автори ќе ги споменеме историчарот на уметноста Александар Донски, кој е пасиониран истражувач на античката историја, но и на етногенезата на македонскиот народ и неговата различност од другите соседни народи и не секогаш се придржува на строгата методологија, но, неговите заклучоци, сами по себе, се

Page 69: osoznavanje na istorijata

175

интересни и побудуваат размислувања за тоа што го тврди. Во тој дух е напишана и книгата која излезе во 2000 година како приватно издание, Етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите. Исто така, во споменатиот период и Васил Топурковски објави студии за античката македонска историја: Историја на Македонија од древнина до смртта на Александар Македонски (1993), Историја на Македонија - Филип II (1995).

Особено значајни за реконструкцијата на најстариот период на македонската историја беа резултатите до кои дојдоа македонските археолози, чии долгогодишни научни сознанија беа презентирани во едицијата на МАНУ Археолошка карта на Република Македонија, 1 (1994), 2 (1997). Богатата култура на Македонија проследена од предисторијата до најновото време, во светлината на археолошките истражувања е прикажана во публикацијата Македонија. Културно наследство (1995), како и макропроектот на МАНУ Историја на културата на Македонија, едиција од повеќе томови која почна да излегува од 1995 година.

Во историографските трудови посветени на средновековната историја на Македонија, не се почувствуваа некои поголеми поместу-вања од доташниот теоретско - методолошки пристап во проучувањата и користењето на изворите, како и во интерпретацијата и толкувањата на настаните, процесите и личностите, но се зголеми бројот на проучуваните теми и аспекти не само од политичката и културната историја, туку и од аспект на структурата на општеството, взаемните врски и меѓусебните влијанија на народите на Балканот и Европа. Поради големиот број научни дела и статии, соопштенија и други прилози тешко може да се направи целосен преглед на квантитетот, а уште помалку да се даде осврт и мислење за нив од научен и стручен аспект, но сепак може да се посочат одреден број монографии кои се појавија во медијавелистиката во перидот по 1990 г.

Монографски трудови по 1990 година за средновековната македонска историја објавија: Цветан Грозданов, Студии за охридскиот живопис (1990), Цветан Грозданов, Лиди Хадерман-Мисгвиш, Курбоново (1992); Лидија Славева, Етногенезата на македонскиот народ (1992); Коста Аџиевски, Пелагонија во Средниот век (1994); Александар Атанасовски, Пијанец во XIII и XIV век (1996); Анета Шукарева, Јустинијана Прима (1994); Иван Микулчиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, (1996); Михаило Георгиев, Прилози од старата македонска книжевност и култура (1997); Илија Велев, Кирилометодиевската традиција и континуитет (1997); Добрила Миловска и Јован Таковски; Македонската житијна литература IX-XVIII век (1996), Јован Белчовски; Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт (1997); Милан Бошковски, Македонија во XI и XII век- Надворешни упади на територијата на Македонија (1997); Бранко Панов, Македонија низ историјата (1999), Владимир Мошин, Словенска палеографија (2000); Ирена Стефовска,

Page 70: osoznavanje na istorijata

176

Словените на почвата на Македонија (од VII до почетокот на X век) (2002), Елизабета Димитрова, Манастир Матејче (2002) и др.

Со оглед на сите политички состојби, опкружување, етнички, национални и други предрасуди, историјата се користи за докажување на политичките проекции за врзување на националната припадност со некоја голема личност во историјата, како што се случуваше тоа со докажувањето на “чистото” албанско потекло на Скендер (Искендер) бег (Ѓорѓи Кастриот) од страна на албанските политичари и историчари во Македонија и пошироко на Балканот.

Во тој период со својата истражувачка дејност и со објавување на значајни прилози за средновековната историја се пројавија младите медијавелисти: Митко Панов, Бобан Петровски, Тони Филиповски, Маја Ангеловска Панова и други.

За историјата на Македонија под османска власт продолжија со своите истражувања и презентирање документи и на своето историо-графско научно творештво: А. Стојановски, Г. Тодоровски, Д. Ѓорѓиев, Л. Благадуша, А. Шериф, Ј. Јанев и други.

Распаѓањето на југословенската федерација и осамосто-јувањето на Македонија и транзицијата беше поголем предизвик за научните работници кои беа ориентирани на истражувањето на исто-ријата на македонскиот народ, на Македонија и на Балканот во XIX и XX век, посебно на оние кои ги истражуваа процесите, настаните и личностите поврзани со социјализмот, комунистичкото движење, револуциите, еднопартиските држави, кои беа повеќе политичари отколку историчари, кои во историјата гледаа позитивни процеси само кај левите политички сили и слично.

По осамостојувањето на Р. Македонија дел од дотогашните историчари, кои зад себе имаа поголем историографски опус, тешко можеа нешто да променат во нивниот дотогашен пристап кон толкувањето на историјата, особено оние кои беа доследни претстав-ници на класно-идеолошките црно-бели толкувања на лошото буржо-аско (капиталистичко) и доброто социјалистичко и комунистичко општество. Но, сепак, се создаде поинаков општествено-политички амбиент за оние историчари кои настојуваа да го прифатат мултиперс-пективниот пристап во анализите и оценувањето на некои историски настани и личности, како на оние кои беа претерано исфорсирани од политиката и од историската наука, како неприкосновени величини на добрината што ја направиле со воспоставувањето на еднопартискиот комунистички режим, така и на оние личности кои беа избришани од колективната меморија на народот, како непријатели на комунис-

Page 71: osoznavanje na istorijata

177

тичката власт, прогласени за предавници на својот народ итн. Затоа се постави прашањето за препрочитување на историјата со цел да бидат подеднакво вреднувани сите оние личности кои имале свое место во минатото.

Уште еден мошне важен момент одигра голема улога во поја-вата на бројни историографски дела со поинаква содржина и интерпре-тација од дотогашните. Тоа беше релаксирањето на меѓудржавните односи со Р. Бугарија и можностите за взаемно користење на огром-ниот документарен материјал во архивите на двете земји. За македон-ската историографија тоа беше извонредна погодност да се користат и консултираат бројни документи за македонското револуционерно движење и за други прашања и периоди од минатото.

Се појавија различни погледи околу прашањето дали е потребно препрочитување на македонската историја, во новото плуралистичко општество поради присуството на иделогијата и политиката во историографијата во претходниот период, или сè она што го создала македонската историографија не би требало да се подвргнува на поинаква интерпретација и преоценување. По 1991 година се отвори една дискусија со полемички тонови меѓу историчарите кои беа so спротивни мислења околу тоа прашање. Таа се водеше претежно преку печатот и неделната периодика: Нова Македонија, Пулс и во други.

Во полемиката со свои прилози учествуваа најмногу: Иван Катарџиев, Крсте Битовски, Манол Пандевски, Орде Ивановски, Зоран Тодоровски, Јован Донев, но, во одделни моменти со искажувања се вклучија и Владо Ивановски, Новица Велјановски, Вера Вангели, Христо Меловски, Даринка Петреска, Лазо Лазаров, Виолета Ачкоска и други. Мислењата беа различни - од тоа дека, ништо не треба да се менува, до тоа дека многу изречени анализи и оценки треба да се преиспитаат или дооценат и слично. Упорното тврдење дека во македонската историја немало политика и мешање на режимот, туку единствено самоцензура на авторите-историографите при пишувањето на македонската историја, некои од историчарите тешко можеа тоа да го докажат бидејќи во времето на монистичкото комунистичко општество беа членови на Идеолошката комисија и спроведувачи на класно-идеолошката концепција на Партијата во доменот на творештвото и за тоа имаа големи привилегии и солидна егзистенција, а во плурализмот останаа промотори на старо-новата партија на комунистите СКМ-СДСМ. Тие покажуваа со прст кон оние историчари кои имаа поинаков пристап и толкување на историјата, дури лепејќи им етикети дека се бугараши, вмровци и подржувачи на ВМРО - ДПМНЕ, дека не треба да пишуваат за теми кои не се во интерес на комунистичкото минато и на актуелното-социјалдемократското. Најупорни во докажувањето на потребата за препрочитување на историјата беа Орде Ивановски и Зоран Тодоровски, но, најмногу на удар од страната на старите историографи беше Зоран Тодоровски, кој како историограф ги истражуваше десните сили во најновата историја на Македонија, посебно во ВМРО и оние кои во дадени период ги следеа врховистичките определби

Page 72: osoznavanje na istorijata

178

од минатото и соработуваа со бугарските државни структури или со одделни десни политички сили во опозиција.

Во научната полемика се вклучи Илија Јосифовски, социолог, кој јавно

побара од Институтот за национална историја да ги повлече своите трудови во кои НОВ се третира како социјална револуција. Имено, по анализата на документите за НОВ во Македонија, објавени во седум книги од страна на ИНИ, во периодот од 1968 до 1983 година (Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945, ИНИ, Скопје), според Јосифовски во ниту еден од петстотините документи "не се споменува дека во тој период во Македонија имало и социјална револуција".

Покренатите полемики најдоа одраз и во историографската продукција. Поранешните историографи си продолжија со нивните истражувачки и научни толкувања и оценки, другите кои бараа дополнителни истражувања на некои настани и личности и нивно дооценување, или преоценување на нивната улога во минатото, се изборија, иако тешко, за свое место и улога во историографијата, окарактеризирани како група млади историчари (Зоран Тодоровски, Виолета Ачкоска и други). Впрочем нивните историографски трудови по 1991 година јасно зборуваат за тоа. Други пак историографи од средната и помладата генерација не се експонираа ниту во поддршка на едните ниту во поддршка на другите, но, во дадена ситуација ја користеа и денес ја користат поддршката или на едните или на другите, за да си ги остварат своите истражувачки или издавачки цели.

Во рамките на македонската историографија, навистина беа ретки теоретските промислувања на самата наука и методолошките проблеми на истата. По првичните обиди на Љубен Лапе (обид за периодизација на македонската историја), Христо Андонов Полјански, Данчо Зографски, Стеван Габер (со неговите прилози за македонската историографија), со свои теоретско-методолошки промислувања, покрај Иван Катарџиев и Даринка Петреска, се пројавија Јован Донев, Виолета Ачкоска, Тодор Чепреганов, Зоран Тодоровски, Марјан Димитријевски, Ирена Стефовска итн.

Во периодот од осамостојувањето на РМ, многу личности за првпат беа јавно промовирани преку нивните спомени или трудови или ставени на преоценка за нивното место во историјата на Македонија. Такви беа, на пример, одделни настани и личностите од македонското национално-ослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век, улогата на некои од припадниците на ВМРО меѓу двете светски војни, особено оние кои припаѓаа, на десницата (Иван Михајлов, Александар Протогеров, Тодор Александров итн.), но, и такви кои припаѓаа на централистите и левицата во ВМРО и во други македонски организации (Славчо Ковачев, Христо Калајџиев, Христо Поп Антов, Никола Петров Русински, Никола Карев, Димо Хаџи Димов, Васил Ивановски Бистрички и други). Актуелност добија и оделни настани, организации, процеси кои до осамостојувањето на Р. Македонија или не беа воопшто

Page 73: osoznavanje na istorijata

179

истражувани, или беа во таков обем и пристап кој не беше соодветен на нивното значење или место во историјата.

Како резултат на продолжениот интерес за улогата на левицата во маке-донското националноослободително движење, за проекциите за остварувањето на државноста на македонскиот народ и за други прашања и теми излегоа повеќе зборници на документи. Голема заслуга за нивното излегување има Иван Катарџиев.

Во текот на 1991 година беа објавени зборниците на документи: ВМРО (Обединета), Документи и материјали (кн. I, II, избор, редак-ција и коментар Иван Катарџиев, 1991), во кои беа поместени голем број програмски документи на оваа организација, писма од нејзините раководни личности и извештаи и друг вид документи, кои како сведоштва за нејзината активост беа мошне корисни и за науката, но и за поширок круг на читатели. Во текот на 1995 година, со задоцнување од повеќе децении (заради политичката клима) беа објавени и избраните дела на веќе споменатиот Васил Ивановски Зошто ние Македонците сме одделна нација (Предговор, избор, и редакција И. Катарџиев). Со тоа, на македонската научна и поширока јавност и станаа достапни трудовите на овој активист на ВМРО (Об.), национално-културен деец учесник во антифашистичкиот отпор и учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв уредник на в. Нова Македонија, човек чија публицистичка дејност не беше доволно позната во РМ.

Васил Ивановски по успешното бегство од затворот во Идризово летото 1944 година се приклучува на НОВ и останува во Македонија со желба да учествува во градењето на првата современа македонска држава. Како и бројни други дејци на АСНОМ, во 1945 година се судрил со тврдата пројугословенска струја на Лазар Колишевски околу повеќе прашања, како на пример, за континуитетот на македонското историско минато, нормирањето на македонскиот јазик, односот кон македонската емиграција во Бугарија итн. Во ноември 1945 година заминал за Бугарија, но и таму до Резолоцијата на Инфорбирото работел меѓу Македонците за поддршка на НРМ. Потоа бил репресиран од бугарските комунистички власти и во 1949 година, за време на случувањата со Информбирото бил осуден на седумгодишен затвор. Зад себе оставил богат публицистички и историографски опус, бранејќи ја македонската национална посебност.

Иако повеќепати, особено од професорот Љубен Лапе, се покре-нуваше прашањето за објавување на Спомените на Никола Петров Русински, тоа беше реализирано дури во 1997 г. Предговорот, редак-цијата и коментарот го направија Даринка Пачемска Петреска и Војо Кушевски.

А. Христов и М. Миноски во 1994 година го подготвија и објавија зборникот на документи под наслов, Идејата за федерација во македонскто националноослободително движење и неговите прог-

Page 74: osoznavanje na istorijata

180

рамски основи (1893-1935). Во 1995 година излезе зборникот Македон-скиот литературен кружок Софија, (1938-1941) (во избор, редакција и белешки на Васил Тоциновски). Во 2003 година беше публикуван зборникот Амнестираните Илинденци во 1904 година (со превод и коментар на Драги Ѓорѓиев). За дообјаснување на улогата на првиот претседател на АСНОМ и на Президиум на АСНОМ од големо значење беше зборникот на Документи за Методија Андонов Ченто (под редакција на Зоран Тодоровски, Марјан Димитријевски и Ристо Бунтески-Бунте, 2002). Посебно место меѓу зборниците на изворни материјали, за првиот период од конституирање на македонс-ката држва по Првото заедание на АСНОМ, му припаѓа на фототипс-кото издание на Записниците на Президиумот на АСНОМ (во редак-ција на Вера Весковиќ Вангели и Владо Ивановски, објавени 1994).

Продолжија да излегуваат зборници на документи во кои се објавуваа документи за политиката на одделни држави кон Македонија и македонското прашање, односно за Македонија во политиката на одделни држави.

Меѓу зборниците на документи за политиката на оделни држави кон Маке-донија ќе ги наведеме: Илинден во француските дипломатски документи, (Избор, редакција и коментар Глигор Тодоровски) (1993), потоа Михалјо Миноски, Соединетите Американски држави и Македонија 1869-1919, (1994); Македонија и Балканот во петроградскиот "Современик", превод, предговор и коментар акад. Манол Пандевски, (1995); Велика Британија и Македонија (18 август 1944 - 8 мај 1945) Документи, Избор, превод и редакција Тодор Чепреганов, (1995) итн.

Зборникот Германски документи за Македонија, том 1, книга 1, Обидот на Третиот рајх за создавање “Независна Македонија” во 1944 година, со избор превод, предговор и редакција на Марјан Димитријевски, (2001), иако најавен во насловот со хронолошка определба за 1944 година, во него од 76 документи, 14 се однесуваат за германската политика кон Балканот и Македонија во периодот од 1940 до 1943 г. Исто така, продолжија да излегуваат британски документи, неколку зборници под редакција на Тодор Чепреганов, а зборникот Македонците во Југословенско-грчките односи, Документи, 1950-1953, том II, (2001) го подготвија, заедно Лилјана Панова и Тодор Чепреганов. Беа објавени два зборника на италијански документи за историјата на македонскиот народ и други. Посебно богат изворен материјал од руска провиниенција за одделни аспекти на македонското прашање објави Симон Дракул во петте тома под наслов Македонија меѓу автономијата и дележот. Руска дипломатска документација (1894-1913), кои излегоа во периодот од 1995 до 1998 г.

Отворањето на руските и бугарските архиви и достапноста за истражување на документацијата овозможија да се објават зборници на документи со заеднички редакции и паралелно на два јазика на ориги-налниот јазик на кој се пишувани документите со превод на македон-ски јазик. Тоа беа зборниците: Македонското прашање во докумен-

Page 75: osoznavanje na istorijata

181

тите на Коминтерна (1923-1925) во две книги и Револуционерните борби во Тиквешијата, Спомени и материјали, исто така, во две книги.

Зборникот Македонското прашање во документите на Коминетерна (1923-1925) кој излезе како независно издание на НИП Ѓурѓа во 1999 година беше публикуван во два дела. Нив ги приредија Владо Поповски и Ленина Жила. Во зборникот се објавени документи кои се извонредно значајни за историјата на македонското национално-револуционерно и ослободително движење во периодот меѓу двете светски војни, посебно за годините кога надворешниот фактор (Коминтерна и Советскиот сојуз) имал голема улога во поддршката на левите сили во тоа движење, но, и кога се правеле напори да се постигне помирување меѓу идејно спротивставените струи во самата ВМРО како и со Македонската федеративна организација. Документите потекнуваат од Рускиот центар за проучување на документите од најновата историја (РЦХИДНИ), а биле истражени во рамките на проектот (под истиот наслов како и зборникот) реализиран на Историскиот факултет при државниот универзитет “М.В. Ломоносов“ во Москва. Документите во зборникот се предадени двојазично на јазикот на кој се напишани (руски, германски и други) и на македонски.

Во 2001 година за првпат во македонската историографија излезе зборник

како заедничко издание на Државниот архив на Р. Македонија и Главната управа на архивите при Министерскиот совет на Република Бугарија. Документите ги подгот-вија, односно избор и редакција направија од бугарска страна Цочо Билјарски и Ива Бурилкова, а од македонска Зоран Тодоровски и Петре Камчев. Зборникот Револуционерните борби во Тиквешијата, Спомени и Материјали, кн. 1, книга 2, содржи материјали за географската положба и стопанските карактеристики на Тиквешијата, спомени, автобиографии и објавувани материјали претежно од револуционери од Тиквешијата, но и од други краеви, како и повеќе фотографии поместени како илустративно сведоштво за историското време на кое се однесуваат пишаните документи и материјали, а тоа е крајот на XIX и почетокот на XX век, односно заклучно со Балканските војни. Документите се поместени паралелно, двојазично на јазикот на кој настанале, повеќето на бугарски и со превод на македонски јазик.

Посебно внимание и спротивставени реакции во македонската јавност предизвика излегувањето на волуменозниот зборник: Тодор Александров, Сé за Македонија, Документи, во 2005 г. Целокупната научноистражувачка работа и научното подготвување на зборникот го направи Зоран Тодоровски, можеби најгласниот историчар во поставу-вање на барањата македонската историографија да се сврти кон сите прашања и личности и да им го анализира и вреднува вистинското место што го имаа во минатото. Таквиот пристап е присутен во неговиот монографски труд ВМРО 1924-1934 (1997).

Покрај овој зборник, во редакција на З. Тодоровски и во издание на Државниот архив на РМ, се појавија уште неколку изданија на досега необјавени материјали и спомени и тоа: Владислав Ковачев, Политичкото верују на Македонците, (2000), Петар Шанданов.

Page 76: osoznavanje na istorijata

182

Спомени (2002), Тодор Поп Антов, Спомени (2002) и Премрежињата на македонското револуционерно движење, Спомени на Христо Калајџиев, Крсто Лазаров, Крум Петишев, Атанас Џолев, Мирчо Кикиритков (2003).

Во арсеналот на историските табу теми, особено беа ставени жртвите и случувањата околу Информбирото, Голи Оток, колективи-зацијата на селото, откупната политика, разрешувањето на проблемот на бившите колонисти во Македонија итн.

Со истражувањето на аграрната историја по Втората светска војна се зафати Виолета Ачкоска. На тој план таа објави поголем број статии како и монографиите: Задругарството и аграрната политика 1945-1955 (1994); Задолжителниот откуп на земјоделски производи (1995); Аграрно-сопственичките процеси, промени и односи во Маке-донија (1944-1953) (1998) и зборникот документи - Аграрната рефор-ма и колонизацијата (1997). Во сите овие изданија таа мошне смело и непристрасно ја изнесе трагичната судбина на македонското село која беше последица на промашената стопанска политика на новата македонска власт, на која селото ñ обезбеди најголема материјална помош во НОВ и ја помогна победата на КПМ и нејзиното доаѓање на власт. И токму таа партија му се “оддолжи” на селото со растурање на приватното производство и насилно го промени менталитетот на луѓето со наметнување на несвојствени за нив односи во автохтоната култура на живеење.

Продолжувајќи ги првите чекори во научното втемелување на методиката на наставата по историја што на Филозофскиот факултет ги направија професорите Војислав Кушевски и Светозар Наумовски, Виолета Ачкоска издаде универзитестски учебник Методика на наставата по историја (2001). Како компетентни методичари, професорите Кушевски и Наумовски, исто така, беа автори на учебници за средното и основното образование, а таа учебничка традиција на Институтот за историја на Филозофскиот факултет ја продолжија професорите Коста Аџиевски, Даринка Петреска, Ванчо Ѓорѓиев, Виолета Ачкоска, Далибор Јовановски и др.

Проблемот на меѓуетничките односи во РМ како чуствителна тема во периодот пред 1991 година беше под силно влијание на декларираното "братство и единство" и анализиран без доволна доза на критичност. Со истражување и разјаснување на апсектите на тие односи се зафатија историографи, социолози, правници и автори со други професии: Марија Ташева, Владо Ортаковски, Виолета Ачкоска, Глигор Тодоровски, Томе Батковски, Иван Бабановски и други.

Во новото политичко милје беа отворени многу проблеми од историјата на македонско-албанските односи, а за делувањето на шовинистичкиот албански

Page 77: osoznavanje na istorijata

183

екстремизам, значајни трудови дадоа Томе Батковски и Иван Бабановски. Но, што се однесува до македонските историографи, веројатно заради присутната политизација во албанско-македонските односи, тие сè уште не истражиле многу теми на овие релации, особено по Втората светска војна (историографски целосно не е истражен проблемот на делувањето на албанскиот сепаратизам, случувањата во 1968 година во Тетово и Гостивар, промената на презимињата на исламизираните Македонци, борбата за етнички чисти албански паралелки во Куманово 1986 година, агресијата на вооружените алабански екстремистии врз територијалниот интегритет на Р. Македонија во 2001 г. итн.). На тој план повеќе статии кои се однесуваат на меѓуетничките односи во Р. Македонија, објави Виолета Ачкоска, а поопсежен е нејзиниот монографскиот труд: Братството и единството помеѓу хармонија и дисхармонија 1943-1974, (2003) каде зафаќа дел од меѓуетничките односи во периодот од Второто заседание на АВНОЈ до Уставот од 1974 г. Трудот на социологот Марија Ташева Етничките групи во Македонија, историски контекст (1998), иако социолошка студија, исто така, го третира проблемот на положбата на малцинствата и етничките групи во Македонија во подолг историски период, од османското владеење до средината на деведесеттите години.

Во тој комплекс на обработувани процеси и настани се вбро-јуваат и двете монографии на Глигор Тодоровски: Демографските процеси и промени во Македонија од крајот на XIV век до Балканските војни (2000) и Демографските процеси и промени во Македонија од почетокот на Првата светска војна до осамостојувањето на Маке-донија (2001).

Делумно овие прашања се присутни кај Владимир Ортаков-ски: Малцинствата на Балканот (Minorities in the Balkans), (1998). Во трудот се прави историска ретроспектива на положбата на малцинс-твата на Балканот од периодот на Отоманската империја до 1991 г.

Сепак, за разлика од промените во позитивна смисла за корис-тење на архивската документација во архивите во Р. Бугарија, за македонските истражувачи останаа затворени за користење архивите во соседна Грција, а случувањата со распаѓањето на југословенската федерација ги запре дотогашните релативно либерални прописи за користење на архивите во Белград. Недостапноста на архивската документација, особено од Архивот на некогашната СФРЈ претставува голем хендикеп за македонските истражувачи кои се занимаваат со историјата на Република Македонија по Втората светска војна.

Независно од ваквата судбина на заедничката југословенска држава, контактите меѓу историчарите од поранешните југословенски земји се одржуваа преку разни видови соработка. Како резултат на една ваква соработка меѓу ИНИ во Скопје и Институтот за наука при Филозофскиот Факултет во Љубљана, македонските и словенечките историчари го реализираа проектот Македонците и Словенците во

Page 78: osoznavanje na istorijata

184

Југославија и нивните трудови излегоа во заедничкиот зборник под истиот наслов во Скопје и Љубљана (1999).

Меѓутоа, и кога се работи за македонските архиви, проблемот со историската граѓа за македонската историја по 1945 година сè уште е многу акутен заради постоењето на “фризирани“ фондови и доку-менти во "сеф". Тука, македонските истражувачи се судираат со фактот дека голем дел од документацијата била уништена или сокриена од страна на поранешните државно-партиски структури на ФНРЈ-СФРЈ/НРМ-СРМ, но, не е исклучено тоа да се правеше и во одредени периоди по осамостојувањето на Р. Македонија.

Таков, на пример, беше случајот со користењето на фондот на Државната контролна комисија кој не беше достапен за користење во Архивот на Југославија до 1992 година, а потоа целиот овој архив, заради распадот на федерацијата стана недостапен за македонските истражувачи. Од друга страна, пак, фондот на Контрол-ната комисија на НРМ е крајно фризиран и многу оскуден. Крајно фризирани се фондовите кои содржат партиска документација (на КПМ/СКМ), каде многу често, за клучни прашања се чува само дневниот ред на седницата, а записникот или стенограмот е отстранет од фондот.

Во СРМ постоеле околу 14.500 полициски дисијеа, кои беа отворени со големо задоцнување (дури во 2000 година, а лустрацијата не е спроведена до крајот на 2006 година). Овие досијеа научната јавност можеше да ги користи со специјални одредби и ограничувања. Она што е карактеристично за нивната содржина е фактот дека се фризирани, а податоците што ги даваат во најголем број се безначајни и банални, тенденциозни и тешко употребливи како историски извор и веродостоен податок. Така, доколку се употребуваат, во недостаток на други извори, потребна е педантна внатрешна критичка анализа и примена на компаративниот метод.

Со стилот, јазикот, природата на информациите итн., досијеата почесто зборуваат за ниското ниво на доставувачот, за духот на времето и индивидуалните човекови слободи, а помалку кажуваат релевантни историски факти за човекот на кого му чувале досие. Сигурно, далеку поверодостојни се извештаите на службениците на КОС бидејќи тие биле обучени за таквата активност, но, досега не се достапни за користење на науката.

Полемиката околу отворањето на досијеата и донесувањето на закон за лустрација повеќе беше во функција на политичка, меѓупартиска пресметка, а помалку во функција на демократизација на користењето на тајните архиви и документи во научни цели, така што малкумина од компетентните историчари беа консултирани од државата која беше должна да го спроведе целиот процес.

Како надополнување на празнините од архивска документација

се користеа искази и записи на живи сведоци кои, и покрај слабостите

Page 79: osoznavanje na istorijata

185

на второстепени извори, дадоа придонес во реконструкцијата на одре-дени историски процеси, настани и личности од најновата историја на РМ.

Меѓу мемоарските дела со сеќавања на живи актери и сведоци, би ги напоменале објавените монографии на Глигор Крстевски, Ефтим Гашев, Илија Максимовски, Смилјан Гриоски, Драгиша Урдаревски, Јонче Фотев итн., како и собраните сеќавања кај Стојан Ристески (Судени за Македонија) и на Димче Најчески Голооточки сведоштва, Глигор Крстески, Отпори и прогони (1946-1950) итн., кои обелоденуваат различни моменти од политичката историја на Македонија за периодот од втората половина на XX век.

Покрај спротивставените ставови и оценки околу дејците на ВМРО (припадници, условно кажано на десницата), на дневен ред дојдоа бројни полемики за повеќе контроверзи од НОВ на Македонија 1941-1944, во Граѓанската војна во Грција 1944-1949, а особено околу демонстрациите на артилериските бригади на НОВ на Скопското кале и во касарната во Штип во јануари 1945 година, ликвидациите и стрелањата во некои македонски градови во 1944/45 година итн.

Во однос на масовните убиства во Куманово, Ресен и Велес, македонската јавност и историографија молчеше цели четири децении. Така, за стрелањето без судска пресуда на 53 граѓани на Велес, беа објавени само одредени написи во дневниот печат во текот на 1995 г. Од историографите, најприсутен околу тоа прашање беше Ѓорѓи Малковски, и дури тогаш под притисок на дел од јавноста и семејствата на настраданите, беше откриена масовната гробница. Македонската историографија не можеше повеќе да молчи и по однос на побуните во македонската војска во јануари 1945 година поради нараснатото барање на јавноста и на преживеаните учесници да се каже вистината за тие настани; беше издаден зборник на документи Настаните на Скопското кале, (1997) (под редакција на Тодор Симовски, Вера Весковиќ Вангели, Владо Ивановски, Киро Дојчиновски и Аленка Лапе). На истите настани им е посветено внимание и во рамките во некои монографски трудови за периодот по 1944 г. Дел од својата монографија Репресијата и репресираните во најновата македонска историја Виолета Ачкоска и Никола Жежов (Скопје 2005), посветија на настаните од јануари 1945 година: побуните на артилериските бригади во Скопје и Штип и велешките егзекуции.

За Панко Брашнаров, револуционерот од Илинденскиот период, еден од раководителите на ВМРО (обединета), најстариот делегат на Првото заседание на АСНОМ, кој трагично го завршил својот живот во злогласниот логор Голи Оток, македонската историографија сè уште нема целосна монографија, освен обидот на Вера Весковиќ - Вангели (Досие Брашнаров (2003), како и монографијата на Перо Коробар. Иако постојат одредени публицистички трудови, македонската историографија, исто така, сè уште нема целосна монографија за расветлувањето на личноста на Венко Марковски, Павел Шатев, Владо

Page 80: osoznavanje na istorijata

186

Полежина и за многу други значајни личности од македонската историја.

Првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и на современата македонска држава, Методија Андонов Ченто, со неговата трагична судбина предизвика најголемо бранување во македонското плуралистичко општество по осамостојувањето на Р. Македонија. Оваа личност, за која дотогашната званична македонска историографија не се осмелуваше да даде поостојно историографско дело, стана најексплоатираната тема во политиката и воопшто во јавноста.

Како резултат на тоа, прашањето прво беше ставено на дневен ред преку медиумите благодарение, пред сè, на ангажирањето на Фиданка Танаскова преку нејзиниот новинарско-публицистички труд за Методи Андонов Ченто, а потоа се појавија трудови и на други автори, кои по струка не беа историчари (на Ристо Бунтески, како и сеќавањата на неговиот син Илија Андонов Ченто).

Но, истовремено и историографијата не можеше да го одмине актуелизирањето на прашањето за валоризација на местото и улогата на оваа личност во македонската историја. За една деценија беа одржани два научни собири посветени на Методија Андонов Ченто, од кои излегоа два зборници, првиот во 1993 година под наслов Ченто-човек, револуционер, државник, а вториот во 2004 година под наслов Ченто и македонската државност.

Сепак, до денеска сè уште животот и делото на Ченто не се најде во фокусот на истражувањето од страна на историчар по струка и специјалност, за да ги анализира сите аспекти на енигмата Ченто која траеше повеќе од 40 години и да ги синтетизира сите научни сознанија во една комплексна историографска монографија.

Македонските историографи кои до осамостојувањето на Р. Македонија ги пишуваа своите трудови посветени на НОВ и во кои не беше доволно објективно вреднуван придонесот на повеќе раководни личности во македонското националноослободително движење, во НОВ и во конституирањето на македонската современа држава, самите започнаа да ги преиспитуваат можностите за исправање на неправдата што беше направена кон “заборавените” личности и пристапија кон организирање на научни собири и со објавување на поднесените реферати и соопштенија во зборници.

Како резултат на тоа, во 1991 година во Велес се одржа научен собир посветен на П. Брашнаров од кој беше објавен зборникот Панко Брашнаров, Живот и дело. Во 1992 година во Кратово се одржа научен собир Павел Шатев, Време-Живот-Дело (1981-1951), а зборникот излезе во 1996 г. Научниот собир посветен на Кузман Јосифовски Питу се одржа во февруари 1994, а зборникот излезе во 1995 година под наслов Кузман Јосифовски-Питу, Време - Живот - Дело (1915-1944). Во 1997 година

Page 81: osoznavanje na istorijata

187

се одржа научен собир посветен на Благој Јанков Мучето (1910-1944), а во 1993 научен собир за Петре Пирузе Мајски, но, зборникот излезе дури во 1997 година под наслов Петре Пирузе Мајски, Време, живот, дело (1907-1980) и други.

За животот и делото на Методи Шаторов Шарло, кој беше постојано посочуван во македонската историографија како предавник на македонското ослободително дело и најголем виновник дека антифашистичкото и ослободителното востание во Македонија во 1941 година било кренато со задоцнување, исто така, повеќе беа заинтереси-рани да пишуваат автори кои не беа по струка историчари, лица кои имаа поголем стаж на работа во поранешните структури во органите за внатрешни работи во Македонија пред нејзиното раздружување од Југословенската федерација. Како резултат на тоа се појави монографски труд од веќе споментиот Ристо Бунтески-Бунте.

Во средината на 90-те години веќе беше созреано времето за оценување на целокупната образовна, културна и просветна активност и научниот опус на македонските историчари, меѓу кои на Љубен Лапе и Христо Андонов Полјански. Институтот за историја на Филозофс-киот факултет во текот на 1995 година организира два научни собири посветени на 10 годишнината од смртта на споменаттите универзи-тетски професори и историчари, едниот на Христо Андонов Полјански, и другиот, на академик Љубен Лапе. Презентираните сознанија на собирите беа објавени во два зборници под исти наслов како и научните собири.

Од авторите кои ја истражуваа државноправната историја на Македонија продолжија да излегуваат повеќе монографии. Во 1995 година А. Христов ја објави монографијата, Идејата за федерација во македонската политичка мисла, а Новица Велјановски, ги објави монографиите: Државноправниот развој на Македонија (1992); Македонското прашање во бугарскиот парламент, 1941-1944. Политички и законодавни акти, (1996); Македонија во југословенско-бугарските односи (1944-1953)(1998); Македонија 1945-1991, државност и независност (2002); АСНОМ, Културолошки рефлексии, 60- години од АСНОМ, (2003); АСНОМ, Меѓународен одглас и современост (2004).

Од оние историографи и автори од други научни области кои продолжија да се занимаваат со презентирањето на своите сознанија за македонската нација и културната историја ќе го наведеме академик Блаже Ристовски, кој покрај другите трудови, во 1995 година го објави трудот Македонската нација, а во 1999 година Историја на македонската нација. По негова иницијатива, МАНУ во 1996 година организра научен собир на тема Македонското научно-литературно другарство и неговиот континуитет до основањето на Македонс-ката академија на науките и уметностите, а во наредната 1997

Page 82: osoznavanje na istorijata

188

година излезе и зборникот под ист наслов. Поднесените и објавените реферати се однесуваат на поголем број аспекти на национално-поли-тичката дејност на Другарството, на одделни негови членови, на идејните врски со други македонски национални и културни асоци-јации, за улогата на неговите членови во историјата на македоннскиот јазик и култура и други.

Дел од постарите историчари си продолжија да си ја пишуваат историјата по нивниот веќе проверен пристап, кој сега беше усогласен со политиката што ја водеа наследниците на СКМ, приврзаниците на СДСМ. Кај некои тоа беше отворено манифестирано кај некои повоздржано. Меѓу отворените следбеници на своите дотогашни интерпретации во согласност со левата идеологија остана Иван Катарџиев со неговите монографски трудови: Сто години од формира-њето на ВМРО. Сто години револуционерна традиција (1993); Соседите и Македонија, вчера денес и утре (1998), Македонија спроти Втората светска војна (1999).

Бранејќи ја дотогашната историографија од некои неодмерени напади, по појавата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но, во политичка ангажираност во пропа-гирање на "правоверноста" на СДСМ, Иван Катарџиев нагласува дека ВМРО-ДПНМЕ "нема почва за живеење" и дека "тоа му припаѓа на историјата", а ние како историчари треба да бараме во едно "општо-југословенско движење" (Иван Катар-џиев, Сто години од формирањето на ВМРО, Сто години револуционерна тради-ција, Скопје 1993).

Во тој дух, Крсте Битовски, претставник на постарата генерација македонски историчари го критикува ставот на ВМРО-ДПМНЕ да се промовира како продолжувач "на борбите на македонскиот народ за слобода од формирање на ВМРО (1893) до денес, со исклучок се разбира, на борбите раководени од македонските комунисти (1941-1945) кои ја инаугурираа македонската национална држава".

Крсте Битовски со неговото дело Континуитетот на македон-ските националноослободителни борби во XIX и почетокот на XX век (1998) го потврди неговиот строго зацртан пристап во давањето на зак-лучоци и оценки за минатото на македонскиот народ и неговата орга-низирана борба за ослободување и остварување на своја државност.

Овие историчари ги сметаа барањата за преиспитување на некои сознанија и оценки за настани и личности од минатото како препрочи-тување на историјата и како атак врз придобивките на НОВ и на македонската држава до 1991 г.

Во една ваква атмосфера на истакнување на правото на наслед-ство на македонското револуционерно минато за сите граѓани и поли-тички партии и организации, во времето на осамостојувањето на Маке-донија и напуштањето на југословенската компонента во толкувањето

Page 83: osoznavanje na istorijata

189

на историскиот континуитет, група македонски историчари на 100 годишнината од формирањето на ВМРО во 1993 година за првпат издадоа монографија во која беше презентирана историјата и на левите и на десните сили во ВМРО и во македонското движење воопшто.

Прогласувајќи се за продолжувач на ВМРО-гоцеделчевска, современта ВМРО-ДПМНЕ го иницира и поддржа излегувањето на Златната книга Сто години ВМРО чии автори беа историчарите Александар Апостолов, Михајло Миновски, Александар Трајановски, Галена Куцуловска, Даринка Петреска, Зоран Тодоровски.

Од оние автори кои поотворено излегоа со поразлични интер-претации од тогашните изнесени во еднопартискиот систем, со различни сознанија и толкувања на одделни прашања околу македон-ската национално-политичка и државотворна платформа во текот на Втората светска војна и НОВ и оклоностите под кои се наметна југословенското решение на македонското прашање, беше М. Миновски со неговиот монографски труд: Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943-1946) (2000).

Поголем дел од историчарите од средната и помладата генера-ција не се профилираа многу како порадикални автори во дооцену-вањето или преоценувањето на некои настани и личности (особено од методолошки апсект), но, сепак се зголеми нивниот интерес за проши-рување на темите, проблемите и прашањата што ги истражуваа.

Меѓу авторите кои продолжија со своите истражувања на теми и прашања од XX век најбројни се оние кои се посветија на периодот меѓу двете светски војни, Втората светска војна, НОВ и првите години по конституирањето на македонската држава, и кои објавија оделни монографии и бројни статии, реферати и други прилози.

Меѓу објавените монографски трудови, ќе ги споменеме: М. Михајлов, Прашањето на обединувањето на Македонија во Втората светска војна (2000); Т. Чепреганов: Велика Британија и македонското национално прашање (август 1944-1948) (1997); Британските воени мисии во Македонија 1942-1945 (2000); Судирот на британските и германските интереси на Балканот 1939-1945 (2000); Н. Цветков-ска: Граѓанските партии во Вардарска Македонија (1935-1941) (1996); Македонс-кото прашање во Југословенскиот парламент меѓу двете светски војни (2000); Политичките партии во парламентарните изборни борби во вардарскиот дел на Македонија (1919-1929) (2004); В. Стојчев, Бугарскиот окупаторски систем во Македонијса (1941-1944) (1996), М. Димитријевски, Македонската војска 1941-1945 (1999); Ѓ. Малковски Профашистичките и колаборационалистичките орга-низации и групи во Македонија (1941-1944) (1995), Политичките партии и организа-ции во Македонија во Втората светска војна 1941-1944 година (2002): Д. Петреска, Малешевијата низ историјата (1912-1945), книга 2 (1912-1945) (2003); В. Јотевски, Национална афирмација на Македонците во пиринскиот дел на Македонија 1944-

Page 84: osoznavanje na istorijata

190

1948 (1996), Н. Јурукова, Културно-просветни појави и процеси во Македонија 1944-1953 (2003). Со економската историја се занимава Ристо Христов, кој објави две монографии посвени на некои социо-економски проблеми во Македонија во периодот меѓу двете светки војни.

Во овој период беа објавени и повеќе монографии за историјата на одделни градови и за локалната историја, но, поголемиот број од нив во методолошки и фактографски поглед не би можеле да го издржат судот на една поиздржана научна критика.

Во рамките на проучувањето на локалната историја, со сериозноста на истражувачкиот потход, методологијата и структурната поставеност се одделува трудот на Даринка Петреска, Малешевијата низ историјата (1912-1945), каде историјата на овој историски специфичен регион, во периодот 1912-1945 година, се обработува не само од аспект на политичката историја, туку во голем дел тука е презентирана историјата на менталитетот, историјата на секојдневниот живот во воени и мирновременски услови, односно спецификумот на живот и опстојување на Малешевци во еден мошне тежок и полн со пресврти период од минатото на македонскиот народ под разноразни туѓи владенија.

Посебни монографии за Тетово во периодот на преродбата и помеѓу двете светски војни објави Бранимир Светозаревиќ. Во неговите трудови се елаборира богатото културно наследство и традиција на Тетово и Тетовско низ историјата, како и бројни аспекти од секојдневниот живот на луѓето.

Со задоцнување од повеќе децении беше објавен и трудот на В. Кушевски, Македонското прашање во Друштвото на народите, Поставувањето на македонското прашање како малцинско прашање во Друштвото на народите (2001).

Александар Трајановски продолжи да го истражува периодот на турското владеење во Македонија, отпорот против османската власт, туѓите пропаганди во Македонија, како и македонското прерод-бенско движење. Како резултат на тоа се појавија повеќе монографски трудови, статии, реферати и други прилози. Меѓу нив се: Андарскиот колеж во Загоричани-1905 (1995); Слова на Кузман Шапкарев 1862-1865 (1996) и други. Милка Здравева се посвети на истражување на македонската историја во XVIII век. Симо Младеновски се занимава со прашања од културно - националните пројави меѓу двете светски војни и со културните и фолкорните аспекти на НОБ.

Кочо Сидовски и Маргарита Пешевска пишуваа за одделни аспекти на македонското прашање во политиката на големите сили. Сидовски ја проучува политиката на Италија кон Балканот и Маке-донија и во 1994 година ја објави монографијата Италија и Македонија од крајот на XIX век до 1909 година. Пешевска се осврна на полити-ката на Франција кон Македонија и на меѓународните односи по Втората светска војна, на Движењето на неврзаните држави, транзи-

Page 85: osoznavanje na istorijata

191

цијата на земјите од Источна Европа итн. Методија Манојловски се ориентира на истражување и проучување на прашања поврзани со воената историја и економската положба на Македонија во текот на Втората светска војна. За одделни прашања од историјата на македон-скиот народ меѓу двете светски војни и Втората светска војна, истра-жуваше и пишуваше и Светозар Наумовски. Прашањата за улогата и активностите на ГШ на НОВ и ПОМ се предмет на поопсежни истражувања на Ѓорѓи Чакарјановски. За одделни прашања НОВ пишува и Катица Стојанова Јосифова.

Од помладите историчари кои направија напори за поопсежни истражувања и презентирање на богат фактографски материјал за настани и личности за МРО се пројави Ванчо Ѓорѓиев, најпрво со монографијата Петар поп Арсов, а потоа со неговиот обемен труд Слобода или смрт, Македонското револуционерно националноослобо-дително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година (2003). Марија Пандевска, пак, во 2002 година ја објави монографијата Струмички револуционерен округ (1893-1903), кн. 1.

Во овој период и една помлада генерација истражувачи се вклучи во истражувањето на различни аспекти и периоди на македон-ската историја: Бобан Петровски, Тони Филиповски, Вера Гошева, Митко Панов, Маја Ангеловска Панова, Македонка Ангеловска, Наташа Котлар, Љубица Гонева, Силвана Сидоровска, Музафер Бислими, Катерина Сарова и други.

Македонската академија на науките и уметностите се вклучи во одбележу-вањето на 100 годишнината од Илинденсктото востание со организирањето на еден интердисциплинарен научен собир во мај 2003 година на кој беа презентирани реферати од повеќе научи области: историја, право, воени науки и други. Зборникот излезе од печат во 2005 г. И покрај напорите за плуралистичко вреднување на пораките од Илинден за сите аспекти на борбата и животот на Македонците во изминатите 100 години, трудовите, сепак, не се одделија многу од познатата идејна насоченост и пренагласување на воената димензија, иако имаше обиди за актуелизација на илинденските пораки во сегашните констелации и можните перспективи за македонскиот и другите народи на Балканот, без војна.

Во 2004 година МАНУ ја одбележа 60 годишнината од одржу-вањето на Првото заседание на АСНОМ со научен собир, а презенти-раните научни трудови беа објавени во посебен зборник.

Неколку деценискиот проект на ИНИ за подготвување на нова синтетизирана историја на македонскиот народ во седум тома, почна да се реализира 1998 година, со излегувањето на вториот том, а во наредните пет години (до 2003 година) излегоа уште 4 томови (1,3,4,5),

Page 86: osoznavanje na istorijata

192

во кои е презентирана историјата на македонскиот народ, до крајот на Втората светска војна.

Историјата на македонскиот народ е колективен труд на повеќе историчари, историчари на уметноста, книжевници и автори од други научни области. Редактор на првиот том е Бранко Панов, на вториот Александар Стојановски, на третиот Крсте Битовски, на четвртиот Иван Катарџиев, на петиот Новица Велјановски.

Во 90-те години на XX век се поприсутно стануваше и праша-њето за улогата на историската наука во периодот на транзиционите процеси во македонското општество, колку и какви преоценувања се потребни на одредени историографски трудови, какви ќе бидат влија-нијата на тие сознанија во наставата по историја во нашиот воспитно-образовен систем и сл. Обид да се разгледаат овие прашања од аспект на новите политички состојби беше направен во 1996 година со одржу-вањето на научниот собир Актуелни проблеми во македонската исто-риографија и наставата по историја, а прилозите поднесени на истиот беа објавени во посебен зборник.

Во 1998 година во организација на ИНИ се одржа научен собир на тема Македонската историска наука, достигнувања и проблеми, а поднесените реферати и соопштенија излегоа во посебен зборник во 2000 г. За жал, во зборникот не беа внесени дискусиите, кои ги покажаа различните мислења околу современите гледања на историо-графите за достигањата на историската наука во минатото и потребата од мултиперспективност во интерпретацијата на извесни историски процеси, настани и личности.

Во 2000 година ИНИ го објави и првиот Македонски историски речник, во кој на 520 страници се поместени основните фактографски податоци за голем број настани, асоцијации, институции, движења и личности, претежно од политичката и културната историја на Маке-донија, како и за повеќе историографи. Овој прв информативно-исто-риографски труд, предизвика и оправдани реакции во стручната и пошироката јавност, поради одредени недоследности во критериумите при изборот на одредниците и недоследноста во методолошкиот пристап и интерпретациите на одредени настани и личности.

Бројните монографски трудови и големиот број статии, реферати и други прилози, и пред 1991 и по 1991 година, главно, ги третираа најважните прашања и аспекти на македонската нација и државност. Тоа го констатираа и оние малку историчари од странство кои се интересираа за македонската историографија.

Основната карактеристика на македонската историографија - свртеноста кон националната историја, која ја нагласува Стефан

Page 87: osoznavanje na istorijata

193

Требст, а која ја критикува Улф Браумбауер (како митологија и национален романтизам, во зборникот: Historijski mitovi na Balkanu, zbornik radova, Institut za istoriju u Sarajevu, Sarajevo, 2003) е присутна и по 1991 г. Притоа, и покрај одредени реални оценки на Браумбауер, не треба да се заборави на тоа дека германската историографија тој тренд го имала во своите либерално-романтичарски претставници на XIX век, и тоа по долг развој од неколку векови, а македонската историо-графија тој наводен "грев" го прави во пет-шест деценискиот развој, во услови на балканското опкружување, национализам и негирање на македонската национална посебност.

Така, мораме да констатираме и да се сложиме со тоа дека и во овој период е забележлива доминацијата на националната историја, а многу се ретки компаративни трудови или трудови кои се занимаваат со поширока регионална проблематика.

Регионалната проблематика се проучува во контекст на поставеноста на македонското прашање. Во тие рамки би ги нагласиле трудовите кои опфаќаат дел од меѓународната политика и Македонија, односно македонското прашање. Далибор Јовановски се профилира како истражувач на грчката балканска политика и посебно на Маке-донија во таа грчка политика и од неговите истражувања произлезе монографијата Грчката балканска политика и Македонија (1830-1881 година (2005) и повеќе научни прилози објавени во списанијата во Р. Македонија. Одделни аспекти на албанско-македонските односи во XIX и XX век се предмет на проучување на Катерина Тодоровска. Никола Жежов, пак, како млад историограф се ориентира на истражу-вање на југословенско-бугарските односи и македонското прашање во периодот меѓу двете светски војни. Жежов е коавтор (заедно со Виолета Ачкоска) и на монографијата Предавствата и атентатите во македонската историја (2004).

Пооделни авторитети на историската наука, злоупотребувајќи ги медиумите, прибегнаа дури кон дискфалификација на помладите историчари оти се дрзнале да ги изнесат премолчуваните вистини или врз основа на нови документи и аргументи, да претстават дел од анатемисаните историски личности или пак да ја кажат и другата страна на медалот кога се работи за глорификација и нереално оценување на историските личности.

Во напливот на различни струења и спротивни толкувања, поголем дел од научниците бараат нови патишта на изразување и толкување на историјата, запазувајќи еднаква еквидистанца кон сите политички употреби на историјата без оглед на комунистичката или антикомунистичка провиниенција. Така, и покрај постојните идео-

Page 88: osoznavanje na istorijata

194

лошко-партиски оценки и притисоци, сепак, стана јасно дека не постои историска вистина дадена засекогаш, ако под тој поим подразбираме објаснување на одреден настан, појава или историска личност врз основа на расположивите факти и методологија која овозможува историјата самостојно и реално да го проучува минатото, со што ќе овозможи и темелно проучување на сегашните односи во општеството и правците на неговиот развој.

Настојувајќи да ги надмине ограничувањата и слабостите од претходните фази од својот развој (фактографската школа и марксовиот економски детерминизам), македонската историографија се повеќе ги вклучува сознанијата на хуманитарните науки кои, во проучувањето на човекот и неговото учество во историските процеси, не поаѓаат само од ставот дека човекот е општествено битие, туку посебен нагласок ставаат и на неговата биолошка и физиолошка страна кои дефинираат дел од неговото однесување во различните историски ситуации.

Размислувајќи околу промените кои се евидентни во транзици-оното живеење, ние неминовно ја прифаќаме и динамичноста на исто-ријата и развојната компонента на историската наука, како жив организам кој е во постојано надоградување и доосознавање, во непре-кинливо и се поточно и попродлабочено откривање на минатите собитија. Во тие рамки, целата историја би била сивило доколку не го пробудува духот на секоја нова генерација одново, на свој начин, да ги доживува и промислува минатите собитија.

Прифаќајќи ги предизвиците на новото време, како и судот за почетната "детска болест" на македонската историографија во нејзи-ните први и крупни чекори на планот на проучувањето на историјата, денес во Република Македонија се промовираат настојувањата за целосна научна валоризација на историските процеси, настани и лич-ности, при што вредносните судови повеќе не се донесуваат врз основа на потребите на општествената или политичка моќ, туку најчесто врз основа на научно издржани факти и аргументи, без предрасуди и стереотипи.

Меѓутоа, должни сме да го изнесеме и фактот дека сè уште од-делни историчари по струка останаа повеќе политичари и афирматори и бранители на одделни политички ставови на партиите и во плура-листичкиот амбиент и речиси догматски ги почнуваат и завршуваат своите трудови со напаѓање на партиите чии политички ставови не ги прифаќаат и така остануваат во мрежата на ангажираната и партиската историографија.

Page 89: osoznavanje na istorijata

381

С О Д Р Ж И Н А Предговор ПРВ ДЕЛ: ВОВЕД ВО ИСТОРИЈАТА И РАЗВОЈ НА ИСТОРИОГРАФИЈАТА I. ВОВЕД ВО ИСТОРИЈАТА .............................................................1

1.1. Историја, поим и значење ..............................................................1 1.2. Историски извори ...........................................................................8

1.2.1. Класификација на историските извори...................................9 1.2.2. Критика на изворите ..............................................................20

1.3. Историчарот и историските факти...............................................23 II. РАЗВОЈ НА ИСТОРИОГРАФИЈАТА И ИСТОРИОГРАФСКИТЕ

ШКОЛИ .........................................................................................30

2.1. Поим за историографија и историографска (историска) школа.30 2.2. Историографијата на Стариот век...............................................34

2.2.1. Првите траги за запишување на минатото во земјите на Стариот исток ..................................................................................34 2.2.2. Хеленската (старогрчката) историографија .........................37 2.2.3. Македонските историографи и писатели .............................40 2.2.4. Римската историографија .....................................................41

2.3. Средновековната историографија...............................................47 2.3.1. Византиската историографија...............................................48 2.3.2. Историографијата на Западна Европа .................................51 2.3.3. Арапска и друга историографија...........................................53

2.4. Историографијата во епохата на хуманизмот и ренесансата...54 2.5. Историографијата во XVII век......................................................58 2.6. Просветителството и историографијата .....................................61

2.6.1. Француското просветителството ..........................................62 2.6.2. Просветителството и историографијата во Англија, Германија и други земји во XVIII век ..............................................65

2.7. Историографијата во XIX век.......................................................70 2.7.1. Француската историографија................................................71 2.7.2. Англиската историографија...................................................75 2.7.3. Германската историографија ................................................76 2.7.4. Руската историографија ........................................................84

2.8. Историографијата на XX век.......................................................87

Page 90: osoznavanje na istorijata

382

2.8.1. Советската историографска школа...................................... 88 2.8.2. Историографијата на Западот.............................................. 91 2.8.3. Школата Анал и аналистите ............................................... 102 2.8.4. Историја на секојдневниот живот, историја на обичниот човек и историја на приватноста.................................................. 108 2.8.5. Еко-историја ........................................................................ 111

2.9. Развојот на македонската историографија.............................. 114 2.9.1. Обиди за пишување историографски трудови пред 1944 година ........................................................................................ 114 2.9.2. Македонската историографија во првите децении по конституирањето на современата македонска национална држава (1944-1969)....................................................................... 116 2.9.3. Развојот и достигањата на македонската историографија од почетокот на 70-те години на XX век до осамостоју-вањето на Република Македонија (1970-1991) ............................................. 140 2.9.4. Македонската историографија во периодот по 1991 година ............................................................................ 171

ВТОР ДЕЛ: ТЕОРИЈА И МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТОРИСКАТА НАУКА III. ТЕОРИЈА НА ИСТОРИЈАТА ........................................................... 195

3.1. Теорија на историската наука ................................................... 195 3.1.1. Обиди за дефинирање на теоретско-методолошките прашања на историјата до XIX век .............................................. 198 3.1.2. Интересот за теоријата на историјата во XIX век.............. 203 3.1.3. Теоријата на историјата во XX век..................................... 208

3.2. Историчарот и општеството ...................................................... 226 3.3. Историјата, политиката и идеологијата .................................... 236 3.4. Историска свест ......................................................................... 246 3.5. Историско време ........................................................................ 253 3.6. Посебни истражувачки области – Гранки на историската наука .................................................................................... 264

IV. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТОРИСКАТА НАУКА ............................... 283

4.1. Историскиот метод и методологија на историската наука....... 283 4.2. Научно–истражувачки методи применливи во историската наука ................................................................................................ 300 4.3. Патот кон создавање на научно дело....................................... 311

4.3.1. Избор на тема за научен труд (магистерски и докторски тези)............................................................................................... 311

Page 91: osoznavanje na istorijata

383

4.3.2. Видови објавени историографски трудови и други општи прирачници ....................................................................................318 4.3.3. Трагање по објавени историографски трудови..................328 4.3.4. Начини на читање на објавен историографски труд .........331 4.3.5. Правење белешки од објавен историографски труд .........335

4.4. Истражување во архивите .........................................................342 4.4.1. Правење белешка од необјавен документ .........................348

4.5. Документарна подлога на историографски труд ......................349 4.5.1. Цитати, фусноти-ендноти, библиографија на користени извори и литература......................................................................351 4.5.2. Составување на конечна библиографија ...........................364 4.5.3. Технички постапки и кратенки при употреба на документарни белешки .................................................................368

4.6. Оформување на конечниот текст на магистерски труд -научен историографски труд.......................................................................371

Селективен избор на извори и литература ......................................... 377

Page 92: osoznavanje na istorijata

384

C O N T E N T

PREFACE PART ONE: INTRODUCTION IN HISTORY AND DEVELOPMENT OF THE HISTORIOGRAPHY I. INTRODUCTION IN HISTORY.............................................................. 1 1.1. History, and meaning .......................................................................... 1 1.2. History sources ................................................................................... 8 1.2.1. Classification of the history sources ....................................... 9 1.2.2. Criticism of the sources ........................................................ 20 1.3. The historian and the historical facts ................................................. 23 II. DEVELOPMENT OF THE HISTORIOGRAPHY AND THE

HISTORIOGRAPHY SCHOOLS ....................................................... 30 2.1. Definition to historiography and the historiography (history) school.... 30 2.2. Ancient historiography ...................................................................... 34

2.2.1. Fist traces of writing down the past in the countries of the Middle East .................................................................................... 34

2.2.2. Hellenic (ancient Greek) historiography ................................ 37 2.2.3. Macedonian historiography ................................................... 40 2.2.4. Roman historiography ........................................................... 41 2.3. Mediaeval historiography ................................................................. 47 2.3.1. Byzantine Historiography ..................................................... 48 2.3.2. Historiography of West Europe ............................................ 51 2.3.3. Arabic and other historiography ........................................... 53 2.4. Historiography in the époque of the humanism and renaissance ...... 54 2.5. The Historiography of the XVIIth century .......................................... 58 2.6. The age of enlightenment and the historiography ............................. 61 2.6.1. The French enlightenment .................................................... 62 2.6.2. The age of enlightenment and the historiography in England, Germany and other countries in the XVIIIth century ........................ 65 2.7. The Historiography of the XIXth century ............................................ 70 2.7.1. French Historiography ........................................................... 71 2.7.2. English Historiography .......................................................... 74 2.7.3. German Historiography ........................................................ 76 2.7.4. Russian Historiography ....................................................... 84 2.8. The Historiography of XXth century ................................................. 87

Page 93: osoznavanje na istorijata

385

2.8.1. Soviet historiography school ...............................................88 2.8.2. The Historiography in the West ...........................................91 2.8.3. The "Annal" school and the Annalists ..................................102

2.8.4. History of every day’s life, history of the ordinary man and history of privacy ...................................................................108

2.8.5. Echo – history .....................................................................111 2.9. The development of the Macedonian historiography .......................114

2.9.1. Temptations of writing historiography works before 1944.....114 2.9.2. Macedonian historiography at the first decades after the constitution of the modern Macedonian national state (1944 – 1960) .......................................................................116 2.9.3. The development and the accomplishment of the Macedonian historiography in early 70s of XXth century till the of Republic of Macedonia (1970 - 1990) .........................................................140

2.9.4. Macedonian historiography after 1991 ................................171 PART TWO: THEORY AND METHODOLOGY OF HISTORY III. THEORY OF HISTORY ....................................................................195 3.1. Theory of history .............................................................................195 3.1.1. Temptations for defining the theoretical and methodological problems of history until XXth century ...................................................198 3.1.2. The interest about theory of history in XXth century ............203 3.1.3. Theory of history in XXth century ........................................208 3.2. The historian and the society ...........................................................226 3.3. History, politics and ideology ...........................................................236 3.4. Historical conciseness ....................................................................246 3.5. Historical time .................................................................................253 3.6. Individual research areas – Parts of the history ...............................264 IV. METHODOLOGY OF HISTORY .................................................... ..283 4.1. The historical method and the methodology of the history …...........283 4.2. Scientific methods compatible with the history ................................300 4.3. How to write a scientific work .........................................................311

4.3.1. How to choose a subject for a scientific work (magisterial and doctoral thesis ..................................................311 4.3.2. Published historiography works and other handbooks..........318

4.3.3. Searching for published historiography works ......................328 4.3.4. How to read a published historiography work ......................331 4.3.5. Making notes from published historiography work ...............335

Page 94: osoznavanje na istorijata

386

4.4. Researches in the archives ............................................................. 342 4.4.1. Making notes from unpublished document ......................... 348 4.5. Documentation base of historiography works ............................. ... 349

4.5.1. Citations, footnotes – endnotes, bibliography of used sources and literature .......................................................... 351 4.5.2. Making the final bibliography .............................................. 364

4.5.3. To compose the finale bibliography ..................................... 368 4.6. To create the final text of M. A. degree work – the scientific historiography work ............................................................................... 371 SELECTIVE BIBLIOGRAPHY .............................................................. 377