ora

2
Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција. Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи:западни, југозападни, јужни, северни и источни. Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. - Западни ора Под Западни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Тетово, Гостивар, Дебар, Мариово, Кичево, Крушево и Поречје. Женските ора се елегантни и грациозни, а машките ора се тешки и со многу комплексни движења. Ора од овој регион се: Тешкото, Невестинското, Чамче, Меткалистето и други. - Југозападни ора Под Југозападни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Битола, Прилеп, Охридско и Преспанско, Лерин, Костур и Воден. Овие ора се одликуваат со епски кореографски елементи и комплексни ритмички структури. Ора од овој регион се: Комитското, Беранче, Машко оро, Касапското и други. - Јужни ора Под Јужни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Тиквеш, Гевгелија, Валандово, Дојран и Струмица. Во ората од овој регион често се среќаваат борбени и ритуални елементи. Ора од овој регион се: Русалии, Тиквешко, Кавадарка, Право Тиквешко, Џамалари и други. - Северни ора Под Северни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Горен Вардар, Полошката котлина, Скопско, Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Велес и Овче Поле.

Upload: martaeftimov

Post on 08-Dec-2015

28 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

jgddgj

TRANSCRIPT

Page 1: Ora

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка

традиција.

Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат

да се поделат во пет регионални групи:западни, југозападни, јужни, северни и источни.

Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на

места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и

обичаите.

- Западни ора 

Под Западни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат

од: Тетово, Гостивар, Дебар, Мариово, Кичево, Крушево и Поречје.

Женските ора се елегантни и грациозни, а машките ора се тешки и со многу комплексни

движења. Ора од овој регион се: Тешкото, Невестинското, Чамче, Меткалистето и други.

- Југозападни ора 

Под Југозападни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат

од: Битола, Прилеп, Охридско и Преспанско, Лерин, Костур и Воден.

Овие ора се одликуваат со епски кореографски елементи и комплексни ритмички

структури. Ора од овој регион се: Комитското, Беранче, Машко оро, Касапското и други.

- Јужни ора 

Под Јужни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат

од: Тиквеш, Гевгелија, Валандово, Дојран и Струмица.

Во ората од овој регион често се среќаваат борбени и ритуални елементи. Ора од овој

регион се: Русалии, Тиквешко, Кавадарка, Право Тиквешко, Џамалари и други.

- Северни ора 

Под Северни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Горен

Вардар, Полошката котлина, Скопско, Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Велес и Овче

Поле.

Ората од овој регион се брзи, со енергични движења, и обично се играат на собори. Ора

од овој регион се: Црногорка, Потрчано, Баба Ѓурѓа, Чучук, Крстачката, Адана и други.

- Источни ора 

Под Источни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат

од: Куманово, Крива

Паланка, Делчево, Пехчево, Кочани, Берово, Штип, Радовиш и Пиринска Македонија.

Брзи ора: Копачка, Беровка, Ратевка, Малешевка, Арнаутско и други.

Page 2: Ora