iata МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ... trening centar...

4
IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ТУРИСТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА Запознавај нови места, градејќи кариера во туристичката индустрија!

Upload: others

Post on 03-Oct-2020

17 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ... trening centar ohrid.pdf · IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma Course ШТО

IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ

ВО ТУРИСТИЧКАТА ИНДУСТРИЈАЗапознавај нови места,

градејќи кариера во туристичката индустрија!

Page 2: IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ... trening centar ohrid.pdf · IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma Course ШТО

Вашата професионална кариера во туристичката индустрија

IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma Course

ШТО ќЕ НАУЧИТЕ?

Туристичката индустрија вработува повеќе од двеста милиони индивидуалци, во различни области, ширум светот. Во продажбата на патувања и издавањето на меѓународните авио билети, во услугите на гостите во хотелите и во администрацијата, меѓу водичите во природните резервати, во маркетингот при промоцијата на крстарењата, во продажбата на групните патувања или пакет аранжманите, во продажбата на посебните и специјализираните патувања и во привлекувањето на клиентите при менаџирање на бизнисот. Одговорната туристичка индустрија, помага да се воспостави мост меѓу културните разлики на луѓето, воедно поттикнувајќи ја животната средина да ги збогати нашите животи, преку меѓусебно зближување на луѓето на туристичките, фамилијарните, работните и едукативните патувања. Стекнете знаења и вештини, за да бидете подготвени да работите во индустријата, која постојано расте и придонесува светот да стане едно глобално село.

Сеопфатноста на овој курс, е почетна точка во градење на кариерата во туристичката индустрија. Започнувајќи со изучување на термините и кодовите во патничката индустрија, производите и услугите во неа, пресметувањето на цените на меѓународните авио билети и електронското издавање на истите, функционалноста на Глобалните Дистрибуциски Системи (GDS)... доаѓате до успешно завршување на оваа обука и здобивање со кратенката DTTF (Diploma in Travel and Tourism Foundation). Оваа кратенка пред вашето име, претставува ознака за компетентноста и самостојноста во професијата, за продажба на патувањата. Со неа воедно имате можност, да се запишете на “Harvard Manage Mentor” програмата и да се здобиете со врвни лидерски и менаџерски способности.

По завршувањето на овој курс, ќе бидете обучени...

Да знаете да ја дефинирате туристичката индустрија и нејзините придонеси во глобалната економија, како и да стекнете можности за вработување и вештини кои се потребни за да работите во патничката индустрија.

Да го користите знаењето од географијата, за да продавате патувања кон различни дестинации во светот и да правите комплетни планови за патувањата на вашите клиенти.

Да давате точни совети во однос на барањата на патниците, за патни документи, царински прописи, здравствени регулативи, монетарни услови, како и за предностите на патничкото осигурување.

Да правите аранжмани за патувања со авион, користејќи ги стандардните системски кодови и терминологии, како и да им давате услуги и информации на авионските патници, пред и за време на нивното патување.

Да можете да ги опишете карактеристиките и придобивките од заедничките продукти во патничката индустрија, како и услугите при продажбата на железничкиот превоз, изнајмувањето на возила, хотелското сместување, крстарењата или однапред договорените пакет аранжмани.

Да можете да овозможите ниво на услуги кон клиентите, кои успешно ќе ги мотивираат да Ви плаќаат за услугата и да ја градат својата лојалност кон Вас, како ваш клиент.

Да можете да ги толкувате основните авионски тарифи, условите за цените, како и со професионална точност, да издадете авио билет за планиран итинерер на патување.

Да користите различни технологии при продажбата на планираните патувања.

Да резервирате и продавате услуги, преку глобалните дистрибуциски системи (GDS), како што се: Amadeus, Galileo, Abacus или Sabre.

ЗАПОЧНУВА ТУКА!

Page 3: IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ... trening centar ohrid.pdf · IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma Course ШТО

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА? Овој курс се препорачува за:

Агенти во туристички агенции Агенти за резервации, во авио компании Агенти во “кол-центри” Комерцијалисти кај Туроператори

ОСНОВНИ ТЕМИ НА ИЗУЧУВАЊЕМодул 01 Туристичка и патничка индустрија и Туристички професионалциМодул 02 Планирање на итинерери за патувања (преку географски кодови)Модул 03 Патнички формалности пред патување (пасоши, визи, вакцини и осигурувања)Модул 04 Основи во Авио сообраќајотМодул 05 Копнен превоз - железнички сообраќајМодул 06 Копнен превоз - изнајмување на возила и трајлери за патување (кампување)Модул 07 Хотелска индустријаМодул 08 Воден транспорт - индустрија за крстарењаМодул 09 Пакет аранжманиМодул 10 Услужување на клиентитеМодул 11 Цени на авио билети и издавање на електронски билети (комплетна авио индустрија)Модул 12 Интернет технологијаМодул 13 Е-booking Tool (GDS тренинг, на: Amadeus / Galileo / Abacus / Sabre)

Овој курс е составен од едукативен учебник и работна тетратка, мапа и материјали за E-изучување. Во комплетот за изучување на овој курс, е вклучен и посебен “IATA CD Kit”. Со завршување на овој курс, се здобивате со IATA/UFTAА Диплома за основен курс во туризмот и патувањата.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИОсновното ниво на изучување е поделено на 13 модули, кои ќе Ви овозможат да ја разберете патничката и

туристичката индустрија, практичната улога на туристичките професионалци во оваа индустрија, важноста како да ги исполните очекувањата на клиентите, како и улогата на технологијата во патничката индустрија.Дополнително ќе се запознаете и со регулативите во патничката индустрија, кодовите, глобалната географија, авионските тарифи, електронското издавање на авио билетите, како и потребните информации за визи и здравствени регулативи и креирањето на пакет аранжманите.За соодветно изучување на курсот потребни се најмалку 170 часа интензивно учење, но посетителите кои ќе го изучуваат курсот во авторизираниот IATA центар за обука, во интерес на вистинско негово имплементирање, можат да очекуваат и подолг период на изучување. Со успешното завршување на испитот, ќе се квалификувате со здобивање на IATA/UFTAA International Travel and Tourism Foundation Diploma и воедно ќе можете после вашето име, да ја додадете ознаката DTTF (Diploma in Travel and Tourism Foundation).

СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ИМАТЕ Диплома од завршено средно образование Основни математички познавања и вештини Познавање на Англискиот јазик

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТАЗа овој курс се предвидени 200 наставни часа. Еден час е со времетраење од 50 минути. Кандидатите ќе добијат оригинален комплет за обука, во издание на IATA. Испитните сесии се планирани во месеците Јуни, Септември и Декември 2015 година.

ЦЕНА НА КУРСОТЦената на курсот со обука изнесува 990 EUR во денарска противвредност, по пресметковен курс за 1,00 EUR = 62,00 MKD. Уплатата е можно да се изврши на шест месечни рати, без пресметување на дополнителна камата. Минималниот број на студенти за одржување на овој курс, е осум кандидати.

Page 4: IATA МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА КАДРИ ВО ... trening centar ohrid.pdf · IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism Diploma Course ШТО

Прв термин за обукаво Март 2015

Втор термин за обукаво Септември 2015

Деновиво седмица од до

09.03.2015 20.04.2015 14.09.2015 26.10.2015 Понеделник 15:00 19:00

10.03.2015 21.04.2015 15.09.2015 27.10.2015 Вторник 15:00 19:00

11.03.2015 22.04.2015 16.09.2015 28.10.2015 Среда 15:00 19:00

12.03.2015 23.04.2015 17.09.2015 29.10.2015 Четврток 15:00 19:00

13.03.2015 24.04.2015 18.09.2015 30.10.2015 Петок 15:00 19:00

16.03.2015 27.04.2015 21.09.2015 02.11.2015 Понеделник 15:00 19:00

17.03.2015 28.04.2015 22.09.2015 03.11.2015 Вторник 15:00 19:00

18.03.2015 29.04.2015 23.09.2015 04.11.2015 Среда 15:00 19:00

19.03.2015 30.04.2015 24.09.2015 05.11.2015 Четврток 15:00 19:00

20.03.2015 / 25.09.2015 06.11.2015 Петок 15:00 19:00

23.03.2015 04.05.2015 28.09.2015 09.11.2015 Понеделник 15:00 19:00

24.03.2015 05.05.2015 29.09.2015 10.11.2015 Вторник 15:00 19:00

25.03.2015 06.05.2015 30.09.2015 11.11.2015 Среда 15:00 19:00

26.03.2015 07.05.2015 01.10.2015 12.11.2015 Четврток 15:00 19:00

27.03.2015 08.05.2015 02.10.2015 13.11.2015 Петок 15:00 19:00

30.03.2015 11.05.2015 05.10.2015 16.11.2015 Понеделник 15:00 19:00

31.03.2015 12.05.2015 06.10.2015 17.11.2015 Вторник 15:00 19:00

01.04.2015 13.05.2015 07.10.2015 18.11.2015 Среда 15:00 19:00

02.04.2015 14.05.2015 08.10.2015 19.11.2015 Четврток 15:00 19:00

03.04.2015 15.05.2015 09.10.2015 20.11.2015 Петок 15:00 19:00

06.04.2015 18.05.2015 12.10.2015 23.11.2015 Понеделник 15:00 19:00

07.04.2015 19.05.2015 13.10.2015 24.11.2015 Вторник 15:00 19:00

08.04.2015 20.05.2015 14.10.2015 25.11.2015 Среда 15:00 19:00

09.04.2015 21.05.2015 15.10.2015 26.11.2015 Четврток 15:00 19:00

/ 22.05.2015 16.10.2015 27.11.2015 Петок 15:00 19:00

/ / 19.10.2015 30.11.2015 Понеделник 15:00 19:00

14.04.2015 26.05.2015 20.10.2015 01.12.2015 Вторник 15:00 19:00

15.04.2015 27.05.2015 21.10.2015 Среда 15:00 19:00

16.04.2015 28.05.2015 22.10.2015 Четврток 15:00 19:00

17.04.2015 29.05.2015 / Петок 15:00 19:00

Сеопфатноста на овој курс, е почетна точка во градење на кариерата во туристичката индустрија. Започнувајќи со изучување на термините и кодовите во патничката индустрија, производите и услугите во неа, пресметувањето на цените на меѓународните авио билети и електронското издавање на истите, функционалноста на Глобалните Дистрибуциски Системи (GDS)... доаѓате до успешно завршување на

оваа обука и здобивање со кратенката DTTF (Diploma in Travel and Tourism Foundation). Оваа кратенка пред вашето име, претставува ознака за компетентноста и самостојноста во професијата, за продажба на патувањата. Со неа воедно имате можност, да се запишете на “Harvard Manage Mentor” програмата и да се здобиете со врвни лидерски и менаџерски способности.

- Крајниот рок за пријавување и уплата на курсот, е 21 ден пред, датумот предвиден за започнување на курсот (пријавување подоцна од овој рок, е можно само доколку има слободни места за истиот).- Бројот на посетителите (12) на еден курс, е ограничен по група и истиот не може да се зголемува.- Уплатата на курсот се врши вирмански, по пријава или профактура, во денарска противвредност на жиро-сметката на организаторот.

- Уплатата може да се изврши и со платежна картичка, или пак со кредитна картичка (на Стопанска банка АД и НЛБ Тутунска банка АД), користејќи ги поволностите за уплата на рати: до 6 рати без камата, или со пресметување на камата, до 36 месечни рати.- Уплатата на курсот може да се изврши и со користење на кредит за едукација, на Стопанска банка АД Скопје.Формуларот за пријава за обуката може да го најдете на www.ttc.mk или на www. ftu.uklo.edu.mk.

ТЕРМИНИ И РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КУРСОТ ВО МАРТ И СЕПТЕМВРИ 2015 НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО ВО ОХРИД

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И УПЛАТА НА КУРСОТ

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО - ОХРИДКеј Маршал Тито 95, 6000 Охрид , Македонијалице за контакт: Проф Иванка Несторовскател: 046 611 517 , 046 611 518 локал 133, mob 071 260 703 email [email protected], [email protected]

ТРАВЕЛ ТРЕнИнГ ЦЕнТАРSAVANA Groupул. Орце Николов бр.20лице за контакт: Светлана Унковскател: 02/3108 878, 02/3115 826 л. 121моб. 075/ 268 598email: [email protected]

Факултет за туризам и угостителство - охридуниверзитет „св. климент охридски“ - Битола