Технички барања за изведба на нов мост на река

44
Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00 1 Технички барања за изведба на нов мост на река Брегалница на регионален пат Р1309, делница: Кочани-Зрновци на км.4+336.00

Upload: khangminh22

Post on 26-Jan-2023

1 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

1

Технички барања за изведба на нов мост на

река Брегалница на регионален пат Р1309,

делница: Кочани-Зрновци на км.4+336.00

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

2

Содржина

Технички извештај

1. Општи податоци

1.1 Проект и изведба

1.2 Идејни решенија

1.3 Конструктивно решение – елементи на конструкцијата

1.3.1 Долен строј

1.3.2 Горен строј

1.3.3 Фундирање

1.4 Проектни решенија за трасата на патот

1.4.1 Поставеност на трасата – хоризонтално решение

1.4.2 Надолжен профил

1.4.3 Попречни профили

1.4.4 Конструктивно решение за коловозната конструкција

1.4.5 Приказ на технологија на изработка и квалитет на материјалите применети при изработка на патот

1.5 Останати работи

1.5.1 Одводнување

1.5.2 Ограден систем

1.5.3 Хидроизолација

1.5.4 Дилатациони спојници

1.5.5 Лежишта

Технички опис – нов мост

1. Припремни работи

1.1. Претходни испитувања на материјалите

1.2. Организација на градилиште

2. Обележување на објектот и геодетски мерења

3. Земјани работи

3.1. Ископ на темели и формирање на градежна јама

3.2. Насипување околу темелите

3.3 Насипување помеѓу крилни ѕидови и крајни столбови со оформување на косини за конуси

4. Бетонски и армирано-бетонски работи

4.1. Општи услови за изведба на бетонски и армирано - бетонски работи

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

3

4.1.1. Изработка на кофражот – оплатирање

4.1.2. Бетонирање

4.1.3. Армирачки работи

4.1.4. Заскелување

4.2. Посебни услови за изведување бетонски и армирано - бетонски работи

4.2.1. Армирано-бетонски темели под крајни столбови, крилни ѕидови и средни столбови

4.2.2. Крајни столбови со крилни ѕидови

4.2.3 Среден столб

4.2.4 Изведување на преднапрегнати главни носачи

4.2.4.1. Вовед

4.2.4.2. Монтажа и демонтажа на оплатата

4.2.4.3. Изработка и монтажа на проектираната арматура

4.2.4.4. Монтажа на заштитни совитливи цевки

4.2.4.5. Бетонирање на монтажни преднапрегнати главни носачи

4.2.4.6. Преднапрегање на главните носачи

4.2.4.7. Заштита на каблите и котвите (смеса за инектирање)

4.2.4.8. Монтирање на главните носачи

4.2.5. Изведување на коловозната плоча

4.2.5.1. Општо

4.2.5.2. Оплатирање

4.2.5.3. Армирање

4.2.5.4. Бетонирање

4.2.6. Изведување на армирано-бетонски попречни носачи

4.2.6.1. Општо

4.2.6.2. Заскелување

4.2.6.3. Оплатирање

4.2.6.4. Армирање

4.2.6.5. Бетонирање

5. Останати работи

5.1.Лежишта

5.2. Дилатациони спојници

5.3. Заштита на бетонски површини

5.3.1. Хидроизолација врз коловозна плоча

5.3.2. Заштита на бетонски површини во контакт со почва

5.3.3. Заштита на бетонски површини во контакт со атмосферата

5.4.Коловоз од асфалт-бетон

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

4

5.5.Ограден систем

6. Критериум за оценка на квалитетот на изведбата

7. Тековно одржување на објектот и пробно товарење

8. Хидро технички мерки

9. Геотехнички подлоги

9.1.Теренски истражувања

10. Геодетски подлоги

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

5

Технички извештај

1 Општи податоци

1.1 Проект и изведба

Потребата за реконструкција – и з ве дб а на но в мост на река Брегалница на регионалниот пат Р1309: делница Кочани - Зрновце на км 4+336.00, произлегува од фактот што интензивните врнежи во периодот од 01.02.2015 - 05.02.2015 предизвикаа видливи оштетувања на постоечкиот мост. Постоечкиот мост е со четири распони од по 20m. Во попречен пресек, изведени се два главни носачи врз кои е избетонирана армирано бетонска плоча. Помеѓу двата главни носачи се изведени крајни и средни попречни носачи, кои заедно со предходните позиции оформуваат гредна скара, која налегнува на долната конструкција. Двата крајни столбови се изведени како армирано бетонски ѕидови - платна со константен попречен пресек. Трите средни столбови се изведени како единечни столба со кружен попречен пресек од 60cm. Темелењето на крајните столбови и крилни ѕидови е на темелна плоча, а на средните столбови е на лентовидни темели на две кампади.

Од извршениот увид на лице место, како и од геодетско снимање на новонастаната ситуација, евидентирани се вертикални деформации на нивелетата на мостот односно поместувања на средните столбови во x, y и z правец. Најголемо поместување има во вертикален z правец - до 40cm. Исто така евидентирани се и големи пукнатини на средните столбови, со претпоставка дека и фундаментите ги претрпеле истите поместувања и оштетувања. Поради сите овие причини изготвено е “Стручно мислење за состојбата на мост на река Брегалница на регионалниот пат Р1309: делница Кочани - Зрновце на км 4+336.00”, чиј што заклучок проектантот предлага одстранување на постоечката мостовска конструкција и изведба на нов современ мост.

1.2 Анализа на решенија

Анализирани се неколку варијантни решенија на локацијата на постоечкиот мост, и одлучено е за најповолното решение од конструктивен и техно-економски аспект. Сите варијантни решенија се анализирани како полумонтажна армирано бетонска конструкција со монолитен долен строј, монтажни главни преднапрегнати носачи и монолитна арм. бетонска коловозна плоча и попречни носачи. Статичкиот систем преставува систем од прости греди со подвижни лежишта.

Усвоената варијанта е со четири распони од 24,5m за двата средни и 23,75m за двата крајни распони, повторно со среден столб во минор коритото, но проширени се средните распони за 4.5m во однос на постоечките. Поради зголемување на средните распони дојде и до поместување на едниот краен столб за 16.3m во однос на постоечкиот столб во насока кон Кочани, од причина да се добие симетрија на новопроектираната мостовска конструкција.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

6

Слика 1. Подолжен пресек на новопроектираниот мост, со одбележани оски низ столбови на постоечкиот мост

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

7

1.3 Конструктивно решение – елементи на конструкцијата

Имајќи ги во предвид карактеристиките на трасата и нивелетата, избран е

конструктивен систем - полумонтажна армирано бетонска конструкција со монолитен долен строј, монтажни главни преднапрегнати носачи и монолитна арм. бетонска плоча и попречни носачи над столбовите, решение кое потполно одговара и се вклопува во целокупниот амбиент.

Ширината на коловозот на мостот изнесува 5.90m, а ограничен е со ивичњаци, тротоари и ивични греди на двете страни со ширина 2*1.0=2.0m. На таков начин, вкупната ширина на мостот изнесува В=5.90+2.00=7.90 m.

Должината на мостот e решена со четири распони L=23.75+24.5+24.5+23.75 = 96.5m.

1.3.1 Горен строј

Конструкцијата на горниот строј е проектирана како гредна скара составена од пет монтажни главни носачи поставени на меѓусебно растојание од 158cm и монолитно изведени армирано бетонска коловозна плоча и попречни носачи.

Пресекот на главниот преднапрегнат носач е усвоен после изработка на повеќе варијантни решенија и од условот за задоволување на напонско- деформациски услови. Главниот носач е со T–пресек и висина од 130cm. Вертикалното ребро е со дебелина од 40cm. Горната фланша е со ширина од 156cm и со променлива дебелина на краевите од 15cm до 30cm на спојот со реброто. Горната фланша е со попречен пад од 2.5%. Должината на еден главен носач заедно со заштитата на котвите изнесува L= 24,10m.

Главните носачи се преднапрегнати со по четири кабли 7Т15 од системот

“FREYSSINET” со котви 7C15 и заштитна цевка 60/66mm. Тежината на еден кабел

изнесува 7,64 kg/m, со квалитет на 02/k =1670/1860 МPa.

Незатегнатата арматура со која се армираат носачите е ребраста RA 400/500-2.

На краевите на носачите проектирани се два крајни попречни носачи со ширина 30cm, кои на долната ивица се 25cm над належните греди со цел да се овозможи оскултација и замена на лежиштата во текот на експлоатација на објектот.

Се до монолитизација на коловозната плоча и попречните носачи, главните носачи работат како прости греди кои се оптоварени од свежа бетонска маса од коловозната плоча и попречните носачи. После монолитизирање на коловозна плоча и попречните носачи, горниот строј преставува гредна скара од главни преднапрегнати носачи и коловозна плоча.

Главните носачи, коловозната плоча за монолитизација која е дел и од главниот носач , и попречните носачи се предвидени да се изработат од бетон со квалитет МБ 40, М -100.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

8

Коловозната плоча е со дебелина од 15cm. Од двете страни завршува со парапетна греда на која од надворешната страна се монтираат фасадни елементи. Веднаш до парапетната греда се изведува тротоарска конструкција која е одделена од коловозната плоча со издигнат рабник. Тротоарската конструкција се изведува со отвори во попречен пресек кои би можеле да послужат за водење на инсталации.

Главните носачи налегнуваат врз крајните и средните столбови преку неопренски еластомерни лежишта (NB 200x400x63mm).

1.3.2 Долен строј

Долниот строј претставува дисконтинуална рамовска конструкција составена од 4 полиња, со распон L= 23.75+24.5+24.5+23.75 = 96.5m

Објектот се состои од два крајни столбови (S1 и S5) и три средни столбови (S2, S3 и S4).

Крајните столбови се проектирани како монолитни армирано бетонски ѕидови со константен пресек од 100cm, кои завршуваат на горниот дел со належна греда, а врз која налегнуваат главните носачи преку неопренски еластомерни лежишта.

Врската на крајните столбови со темелите и крилните ѕидови е монолитна. Крилните ѕидови се изведени како армирано бетонски ѕидови со променлив пресек по висина. Дебелината на ѕидовите на горниот крај изнесува 50cm и со наклон од 1:10 се зголемува се до контактот со темелот. Променливата висина на ѕидот е од страна на насипот, додека од надворешната страна ѕидот е вертикален.

Средните столбови S2,S3,S4 се проектирани како правоаголни арм. бет. платна со димензии во основа 100/500cm со константен попречен пресек и полукружно заоблување на краевите. Столбовите во долниот дел се вклештени со темелот, а во горниот дел проектирана е належна греда со висина од 120cm и променлива ширина со конзолни делови.

Слика 2.Попречен пресек на новопроектираниот мост

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

9

1.3.3 Фундирање

Изборот на фундирањето е направен според предходно изготвениот геомеханички елаборат. Од добиените параметри на литолошките слоеви, усвоен е длабок тип на фундирање со примена на колови. Коловите се лебдечки тип бидејќи со истрагите не е откриен добро носив слој или карпеста основа. Со оглед на тоа, главната носивост е обезбедена преку триењето по обемот на самиот кол. Коловите се до дијаметар Ф=800mm и должина L= 15m, под сите столбни места. Под крајните столбни места, фундирањето е извршено врз група од осум колови, врзани со надколова плоча со дебелина 120cm и димензии во основа 560/960cm. Под средните столбни места фундирањето е извршено врз група од осум колови, врзани со надколова плоча со дебелина 130cm и правоаголна основа со димензии 500/920cm, и заоблување на краевите. Диспозицијата на коловите во групата на колови е со меѓуоскино растојание од 240cm и 300cm, со цел да се избегне суперпонирање и меѓусебно влијание од соседни колови.

1.4 Проектни решенија за трасата на патот

1.4.1 Поставеност на трасата – хоризонтално решение

Хоризонталното решение на реконструкцијата на мостот, произлегува од постоечкиот пат како и од местото на лоцирање на новопроектираниот мост. Истиот е лоциран на место на стариот постоечки мост со мали промени во диспозицијата.

Хоризонталното решение е водено со една централно поставена оска - Оска Зрновци во должина од L=522.04м.

При проектирањето, водено е сметка да бидат задоволени следните барања: проектни параметри, функционалност, економичност, безбедност.

На соодветни правци, вметнати се и две чисти кружни кривини со радиус R=120 m и R=320 m, согласно потребите за вклопување со постоечкиот коловоз.

1.4.2 Надолжен профил

Од изработеното хоризонтално решение, изработено е и вертикално решение.

При вертикално поставување на нивелетата на патот водено е сметка почетокот и крајот на дадената локација, висински да се вклопи со постоечката состојба.

Поради поголемата висина на новопроектираниот, направена е и корекција на нивелетата со потребната висина за уклопување со истиот.

Минималниот надолжен наклон изнесува imin = 0.30% додека максималниот наклон изнесува imax. = 5.79 %.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

10

Радиусот на минималната вертикална кривина изнесува Рмин. = 400 m, додека максималниот радиус изнесува Рмакс. = 450 m.

1.4.3 Попречни профили

Попречниот наклон генерално изнесува 2.5 (едностран) истиот варира во делови на кои е извршено витоперење со цел попречно да вклопи со постоечкиот наклон на Регионалниот пат.

Графички се дадени сите потребни податоци за изведување на работите.

Напречните профили се дадени по соодветната оска.

1.4.4 Конструктивно решение за коловозната конструкција

На основа на релевантните параметри, сообраќајното оптоварување, климатските, топографските и геотехничките карактеристики на теренот, препо- раките на Инвеститорот дефинирана е коловозната конструкција.

Усвоена е следната коловозна конструкција:

Асфалтбетон АБ 16с d = 6.0 cm

Битуменизиран носив слој БНС 22сА d = 7.0 cm

Тампонски слој d = 30.0 cm

1.4.5 Приказ на технологија на изработка и квалитет на материјалите применати при изработката на патот

Од страна на Јавно претпријатие за Државни патишта постои изработена техничка документација Технички услови за изградба на државни патишта во Р. Македонија, по која се изведуваат работите. Во продолжение ќе биде даден методолошкиот пристап за изработување.

Изработувањето на реконструкцијата мостот на регионалниот пат започнува со геодетско снимање и обележување на коловозот. Потоа се започнува рушење на постоечката коловозна конструкција до кота на новопроектиран тампон во делови каде истото е потребно, како и расчистување на трасата во делот на партерот.

За делови каде што се врши уклопување предвидено е засекување на асфалтната конструкција, гребење и орапавување на истата во одредена должина (потребна за нивелетско уклопување), изработка на насип (каде што се подига нивелетата) па изработка на тампонсиот материјал со дебелина д=30 cm, па следуваат битуменизиран асфалтен слој БНС 22сА со d=7cm и на крај доаѓа АБ 16с d=6cm, притоа пред вградување на секој асфалтен слој се прска со битуменска емулзија.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

11

Во продолжение се дадени параметрите кои ќе треба да ги задоволат материјалите кои ќе се вградуваат и контролираат.

- Тампонскиот слој (предвиден на деловите со нова коловозна конструкција) треба да биде изработен од дробен каменит материјал кој треба да ги задоволи критериумите пропишани со МКС У.Е9. 020 и со лабораториски CBR>80%;

- Битуменизираниот носив слој од типот БНС 22сА треба да бидат изра- ботени согласно критериумите пропишани со МКС У.Е9. 021;

- Слојот од Асфалт Бетон, кој е предвиден во склоп на коловозната кон- струкција ќе биде од типот АБ 16с. Критериумите за камената ситнеж се дефинирани со МКС У.Е4.014/90, карактеристиките на полимер- битуменот SBS во количина 4-6% треба да ги задоволат МКС ЕN 14023:2006

- Генерално, начинот и постапката на изработување на долниот и горниот строј, треба да биде во согласност со: ”Технички услови за изградба на државни патишта во Р. Македонија” – таканаречена Книга 2, издадена од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

1.5 Останати работи

1.5.1 Одводнување

Системот за одводнување и канализирање на атмосферската вода треба да овозможи прифаќање на целокупната вода од површината на објектот и нејзино непречено одводнување надвор од конструкцијата на горниот строј. За таа цел усвоени се по два сливника во секое поле од конструкцијата на пониската страна, на меѓусебно растојание од 12 - 12,50m. Потоа со хоризонтални и вертикални цевки се испушта во реципиенти.

1.5.2 Ограден систем

Усвоен тип на ограда е - комбинирана пешачко - одбојна ограда, од условот да одговара на својата намена и да се вклопи во архитектурата на мостовската к-ција. Постовена е од двете страни на објектот по целата должина, се до крајот на крилните ѕидови. На местото на дилатирање на објектот и оградата е дилатирана.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

12

1.5.3 Хидроизолација

Хидроизолацијата е составен дел на објектот, наменета е за заштита на бетонот и арматурата од влијание на хемиско и физичко дејство на водата и солта. Предвидена е заштита за сите бетонски површини под земја и бетонски површини изложени на атмоферски влијанија и ходроизолација на коловозна плоча.

1.5.4 Дилатациони спојници

За непречено дилатирање на конструкцијата т.е над крајните столбови Ѕ1 и Ѕ5, предвидени се дилатациони спојници. Според условите и должината на објектот, усвоени се дилатациони спојници тип Т-100. Доколку изведувачот предложи друг тип на дилатациони спојници, истите треба пред изведба да бидат одобрени од Надзорот и Проектантот.

Дилатациони спојници треба да биде со соодветна документација од производителот и упатство за монтажа. Изведувачот се задолжува строго да се придржува според упатството за материјалот и според технологијата на изведување на дилатационите фуги добиени од производителот. Изведувањето на дилатационите фуги да се врши на средна температура која се јавува во реонот во кои се гради конструкцијата.

1.5.5 Лежишта

За пренесување на вертикалните и хоризонталните реакции од носивата конструкција, како и за поврзување на носивата к-ција и долниот строј, се поставуваат лежишта, кои мора да овозможат вертикални деформации на главните носачи и дилатирање на носивата к-ција. Лежиштата се неопренски и нивните карактеристики треба да ги задоволуваат DIN- прописите

Во зависност од максималната и минималната реакција, и

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

13

поместувањето кое делува на едно лежиште, усвоени се еластомерни лежишта со димензии 200x400x63mm, над средните и крајните столбови.

Технички опис – АБ Мост

1 Припремни работи

Под припремни работи се подразбираат сите активности неопходни за отпочнување на градба на овој објект, но во случајов и одстранување на веќе постоечкиот мост. Одстранувањето на постојана деформирана мостовска конструкција, крајни и средни столбови на суво и во вода од предметна локација делумно со минирање, и делумно со механичко кршење. Изведувачот да достави со понудата предлог методологија за уривање на мостот по извршен увид на објектот и земајќи ја во предвид механизацијата и опрема која ја има на

располагање. Предвидено е дел од материјалот кој нема арматурни прачки да се искористи за заштита од ерозија во реката, како би се намалила вкупната инвестициона вредност на објектот.

Пред почеток на изведбата Изведувачот треба да предложи техничко решение за времено одвивање на сообраќај (трактори и лесни возила) преку река. Препорака од Проектантот и од инвеститорот е да се провери можноста за изведба на насип низ ќе се постават бетонски цевки (пр.со дијаметар од 1500 mm) со што би се обезбедил времен премин преку реката за лесни возила. Предложеното техничко решение треба да биде одобрено од Надзорот и инвеститорот пред изведба.

Пред почеток на изведбата Изведувачот треба да предложи сообраќајно техничко решение за времено одвивање на сообраќај по алтернатини патишта. Предложеното сообраќајно техничко решение преку алтернативни патишта треба да биде одобрено од Надзорот, инвеститорот и надлежните институции.

1.1 Претходни испитувања на материјалите

Пред отпочнување на изведбените работи потребно е да се посвети внимание на претходни истраги на материјалите за изведба, предвидени со овој проект.

За изведба на земјени работи потребно е да се имаат во предвид геотехничките истраги извршени за овој објект, геотехничкиот елаборат за предметната локација, локациите за депонии од каде што можат да се добијат попрецизни податоци за постоечките и применетите материјали.

За изведба на бетонските работи потребно е во рамките на Проектот за бетон да се дадат податоци за сите негови составни компоненти, како и да се дадат параметри за контрола на цементот, водата, агрегатот и додатоците.

За изведба на армирачките работи потребно е да се обезбедат атести за арматурата.

За изведба на останатите работи (хидроизолации, облагање и сл) Изведувачот потребно е да располага со атести за материјалите применети за

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

14

овој објект.

Посебно Изведувачот треба да ја има во предвид договорната документација со Инвеститорот (таканаречена тендерска документација) во која што многу попрецизно се дефинирани односите помеѓу Изведувачот и Инвеститорот во поглед на примената на соодветни материјали за градење.

1.2 Организација на градилиште

Организацијата на градилиштето треба да обезбеди потребен простор, на местото на градење, за остварување на технолошките процеси предвидени за изведба на овој објект.

Исто така според локалитетот на градилиштето потребно е да се обезбедат и пристапни патишта, кои ќе служат за непречено одвивање на севкупните градежни работи.

2 Обележување на објектот и геодетски мерења

Во проектот се презентирани доволен број податоци за обележување на објектот.

Во тек на градбата хоризонталната и вертикалната положба на пооделните конструктивни елементи се контролира со геодетски инструменти. Не

се дозволени поголеми отстапувања од 10mm.

3 Земјани работи

Под земјани работи во рамките на овој проект се предвидени: ископ на колови, ископ за изведба на надколови плочи со формирање на градежна јама, насипување околу темелите како и насип меѓу крилни ѕидови односно насип за конуси на објектот.

При изведба на работите, Изведувачот треба да го има во предвид и Елаборатот за геотехнички истраги за предметниот објект, односно карактеристиките на вградените материјали од предвиденото позајмиште.

3.1 Ископ на темели и формирање на градежна јама

Формирањето на градежна јама подразбира активности за непречено изведување на ископот на земјен материјал за изведба на темелите.

Најнапред се пристапува кон извршување на широк откоп за оформување на градежните јами за пооделните темели (надколови плочи).

Главна средина за фундирање на коловите од мостовската конструкција е зоната од добро гранулирани песоци.

-Услови за ископ

Ископот на материјалите може целосно да биде изведен машински, при

што според постојната категоризација ГН 200, сите материјали можат да се

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

15

класифицираат како III категорија. Наклоните на косините на градежните јами изнесуваат 1:1.

Се препорачува постапка за технички прием на градежната јама од овластени стручни лица на Инвеститорот. При приемот на градежната јама стручните лица би требало со соодветна постапка да ги проверат претпоставките од Геотехничкиот Елаборат.

3.2 Насипување околу темелите

Насипувањето околу темелите се врши во рамките на основата на оформената градежна јама до кота на околниот терен.

Насипувањето се извршува во слоеви од по 30cm со дисперзен материјал одобрен од Надзорниот орган за кој е потребна минимална енергија на збивање.

Збиеноста се контролира со теренска метода според пропишани технички услови од страна на Инвеститорот.

Насипувањето околу темелите може да отпочне по комплетно завршување на изведување на столбовите.

3.3 Насипување помеѓу крилни ѕидови и крајни столбови со оформување на косини за конуси

Насипот меѓу крилните ѕидови се извршува со материјал со

карактеристики прецизно дефинирани од Проектантот, односно според дефинирани позајмишта посебно за секој објект. Во статичката пресметка земени се следните карактеристики за насипот:

-сува волумена тежина d = 24.0 KN/m3

-агол на внатрешно триење = 35°

Предвидено е насипот да се изведува со крупнозрн чакалест материјал врз “подлога” од слој од водонепропусен материјал со истата пропишана збиеност од МВ100.

Вградувањето на материјалот да се изведува во слоеви со дебелина од 30-40cm, во зависност од расположивата механизација на Изведувачот, при што максималната големина на зрната се ограничува на 1/2 од висината на слојот.

Материјалот при збивањето треба да има влажност блиска до оптималната.

Контролата на постигнатата збиеност да се врши со соодветни испитувања за секој слој, при што бараната збиеност за секој слој да изнесува:

- за завршен слој со висина од 2m под нивелетата 100% во однос на модифициран Прокторов опит;

- за слоевите од дното на темелот до 2m под нивелетата 95% во однос на модифициран Прокторов опит.

Насипот ќе биде изработен во два слоја од чакалест материјал со

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

16

максимално зрно од 70mm со процент на ситни честички под 0.02mm не поголем од 3%, додека калифорнискиот индекс на носивост да изнесува ц.б.р.>8.

Бараната збиеност да изнесува 100% од максималната волуменска тежина во сува состојба добиена по модифициран Прокторов опит, додека бараниот модул на стисливост со кружна плоча Ф300mm да е поголем од 80 MPa.

4 Бетонски и армирано-бетонски работи

Под овој вид работи се подразбираат работите за оплатирање, бетонирање, армирање и заскелување на конструктивните елементи.

Покрај препораките во воведниот дел општо за бетонските работи опишани се и проектанските мислења како критериуми за изведба пооделно за секој конструктивен елемент. Се подразбира дека Изведувачот практично конкурира со сопствената технологија за квалитетна изведба на овој вид работи. Начинот на контрола ја пропишува Инвеститорот, а во склад со Проектот за бетон, односно во рамките за контрола на квалитетот на објектите по трасата.

За успешно извршување на бетонските работи, согласно со ПБАБ 87, Изведувачот е должен да изработи Проект за бетон, во кој што се дефинирани: производството, транспортот, вградувањето и негата на проектираните бетони како и начинот на контрола на свежиот односно стврднатиот бетон и составните делови.

Бетоните кои се проектирани за конструктивните елементи на објектот се со следниве карактеристики: МБ 40, М-100 за сите конструктивни елементи од горниот строј (главни монтажни носачи, попречни носачи, коловозна плоча), односно МБ 30, М-100 за сите конструктивни елементи од долниот строј (средни и крајни столбови заедно со темелите, крилните ѕидови). Сите подбетони во конструкцијата се предвидени да се изработат од МБ 20.

4.1 Општи услови за изведба на бетонски и армирано-

бетонски работи

Општите услови за бетонски работи се однесуваат за сите конструктивни елементи и потребно е да бидат земени во предвид во Проектот за бетон.

Покрај изнесените технички услови за изведување и критериумите за оцена на квалитетот на материјалите Изведувачот е должен да се придржува и кон важечката техничка и законска регулатива за бетонски и армирано-бетонски работи.

Во рамките на овој проект под општи услови ќе бидат набележани и одредени препораки како потсетник за Изведувачот.

4.1.1 Изработка на кофражот - оплатирање

Конструирањето на оплатата мора да е во склад со плановите за оплата на пооделни конструктивни елементи.

Димензиите на оплатата како и средствата за потпирање и

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

17

поврзување на оплатата мора да се во склад со МКС.У.Ц9.400.

Проектираната оплата и употребата на средства за заштита на истата треба да обезбедат идеално мазна површина без флеки.

Изведувачот ја проектира оплатата како во склад со сето горе наведено, така и во склад со усвоената технологија на градба презентирана низ Проект за бетон.

При тоа во приодот на оплата секако треба да се имаат во предвид барањата искажани преку презентираните нацрти и овој технички опис, за секој конструктивен елемент пооделно.

4.1.2 Бетонирање

а) Претходни испитувања на составните материјали

Пред отпочнувањето на работата пожелно е Изведувачот да располага со доволен број на разновидни претходни истраги како на материјалите за бетон (агрегат, цемент, вода и додатоците) така и на свежиот, односно стврднатиот бетон, согласно со важечките прописи и стандарди. Со други зборови Изведувачот треба да има искуство со веќе оформена фабрика за бетон, со перманентни годишни испитувања, трајни снабдувачи со цемент и агрегат и оформено долгогодишно производство. Претходните истраги гарантираат дека барањата за бетоните од овој проект, односно Проект за бетон изработен од Изведувачот, ќе бидат успешно реализирани.

б) Производство, транспорт и вградување на бетонот

Производството, транспортот и вградувањето на бетоните по пооделни позиции треба да се разработи врз база на претходни истраги, а во склад со барањата на овој проект, и презентира во Проект за бетон.

Производството на бетоните мора да е во склад со ПБАБ-87 и проследено со оформен начин на контрола.

Транспортот на бетоните мора да се извршува со соодветни современи и пред сé исправни транспортни средства и да е проследено со оформен начин на контрола.

Вградување на бетоните во конструкциите подразбира уфрлање на свежа бетонска маса, како и збивање на истата. Уфрлањето на бетонот во конструкциите мора да се остварува низ посебни помошни средства “олуци”, доколку не се користи пумпа за бетон. Нанесувањето да се врши со слоеви максимум 30-50cm.

Со збивањето мора да се обезбеди исфрлање на воздухот од бетонската маса од една страна, како и тоа хомогена бетонска маса да го исполни кофражот во целост, а посебно заштитниот слој околу арматурата.

Вградувањето и збивањето треба да се во склад со конструкциите што се изведуваат, а исто така и со конзистенцијата на свежата бетонска маса, што секако упатува уште еднаш на корелација меѓу овој проект и Проектот за бетон.

в) Нега на вградените бетони

На вградениот бетон мора да му се овозможат услови процесот со хидратација нормално да тече како би се запазиле бараните карактеристики на проектираните бетони.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

18

Негата се пропишува со Проект за бетон при што треба да се имаат во предвид сите фактори што доведуваат до пребрзо сушење на бетонот. Се

препорачува што покасно вадење на оплатата во склад со конструкциите што се изведуваат.

Негата како битен фактор за квалитет не смее да се занемари. Во зависност од проектираниот бетон и временските услови се пропишува и времето на негување кое што треба да трае минимум 7-14 дена.

г) Припрема на подлогата

Припремање на подлогата е предвидено при прекини на бетонирање кај работни спојници. При тоа предвидено е отстранување на сите неврзани делови од цементното млеко и агрегатот со штемање. Пред нанесување на второлиениот бетон потребно е подлогата да се навлажни, но не и да биде мокра. Обработената подлога треба да има рамни рабови, а на површината испакнати делови од врзаниот агрегат. Пред бетонирањето се препорачува подлогата да се испрска со цементен раствор 1.5:1.

д) Завршна обработка

Бетонските површини што не се оплатирани завршно се обработуваат така да се добие идеално мазна, а по потреба и водонепропусна површина.

4.1.3 Армирачки работи

За армирање на бетонските елементи и конструкции се употребува жица со дијаметар Ф<12мм или прачки со Ф>12мм од гладок челик ГА 240/360 - глатка арматура и од ребраст челик РА 400/500-2 - ребраста арматура, како и

високовреден челик за преднапрегање со квалитет 02/к=1670/1860 МPa.

Пред почнувањето на армирачките работи потребно е да се извршат испитувања на арматурата по дијаметри и контролираат најважните каракеристики: јакост при кинење, граница на развлекување, издолжување при кинење и контракција. Задолжително треба да се изврши контрола на квалитетот на заварувањето на наддадената арматура.

Арматурата која се употребува во елементите од објектот треба да ги задоволува условите за квалитет дефинирани во ПБАБ-87 и важечките стандарди: МКС Ц.К6.020/87, МКС Ц.К6.120/86, МКС У.М1.091/80, МКС У.М1.092/87, МКС Ц.А4.035/66.

За елементите и конструкциите кои во експлоатацијата ќе бидат изложени на динамички товари, употребената арматура треба да биде изработена од челик кој го задоволува условот за динамичка јакост, т.е. да поседува потребна јакост на замор.

Арматурата која ќе се употребува за изработка на елементите од конструкцијата треба да биде беспрекорно чиста и прецизно изработена според арматурните планови. Пред приготвувањето на арматурата потребно е да се контролираат должините внесени во арматурните планови. Монтажата на испорачаната арматурата треба да биде прецизно извршена водејќи сметка за меѓусебните растојанија на одделните арматурни прачки како и за заштитните растојанија. За таа цел треба да бидат употребени цементни држачи и подметки - дистанцери.

За преднапрегнатите елементи во објектот треба да се употреби арматура во вид на кабли која ги задоволува условите од важечкиот Правилник

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

19

за техничките нормативи за челични жици, прачки, јажиња и кабли за преднапрегнати конструкции од 1988, како и Евронормите 138-79.

Арматурата за преднапрегање во вид на кабли, треба да биде испитана и за неа да се определат најважните механички карактеристики: јакост на кинење и условна граница на развлекување (1670/1860 ). Силата при кинење на едно јаже не треба да биде пониска од 190 KN. Релаксација на челикот да не биде повисока од 2.0% по 1000 часови.

Затегнување на арматурата не смее да се врши ако не се располага со резултатите од испитувањата на арматурата и со експериментално

регистриран дијаграм за челикот. Испитувањата треба да се вршат во

согласност со важечките стандарди: МКС Ц.К6.033/82, МКС Ц.К6.034/82, МКС Ц.К6.035/82,МКС Ц.К6.036/82, МКС Ц.К6.037/82.

Пред отпочнување со затегнувањето на каблите потребно е да се изврши испитување на опремата за преднапрегање, т.е. да се изврши баждарење на хидрауличките комплети.

4.1.4 Заскелување

Челичната цевна скела претставува привремена конструкција за превземање на товари од оплатата и свежо вградениот бетон, како и за привремено фиксирање на долгите арматурни прачки.

Заскелувањето се изведува врз база на проектна документација со внимателно конструирање и димензионирање.

Поединечните цевки може да понесат главно центрични притисоци, додека при екцентричен притисок носивоста им се намалува.

На располагање на Изведувачот најчесто му се: тешка цевна скела

48,3mm Ѕ=4.05mm (МКС С.В. 5222 и DIN 2441) и лесна цевна скела 48,3mm Ѕ =3.50mm (МКС С.В. 5222 и DIN 2440).

Потребно е посебно внимание при изведувањето на меѓусебните споеви, затоа што со невнимателно ракување може да се загрози носивоста, а со тоа и безбедноста.

Не би требало да се во употреба цевни скели, спојки и навртки зафатени од корозија.

Пред изведба се препорачува проверка на декларираните карактеристики за материјалите што се во употреба.

4.2 Посебни услови за изведување бетонски и армирано- бетонски работи

4.2.1 Армирано-бетонски темели под крајни столбови,

крилни ѕидови и средни столбови

Со овој проект предвидена е а.б. темелна конструкција составена од а.б колови групирани по осум кола и поврзани на горниот крај во надколова плоча, под крајните и средните столбови.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

20

За изведба на коловите најпрво геодетски се позиционираат на точната локација за нивна изведба. Околниот терен се чисти од било каков материјал кој би пречел за нивна изведба. Исто така потребно е да се обезбеди непречен пристап на механизацијата до самите позиции за изведба на коловите, како за ископ така и за бетонирање.

Ископот на коловите се врши машински до предвидената кота и со предвидениот дијаметар на коловите, согласно проектната документација. Доколку изведбата на коловите е во некохерентен хетероген дисперзен материјал, односно материјал склон на обрушување, како и во присуство на високо ниво на подземна вода, ископот потребно е да се заштитува со помош на обложни колони (кои се отстрануваат во тек на бетонирање) или со примена на исплака.

Арматурата потребна за армирање на коловите се припрема надвор од локацијата или на самата локација, согласно предвидениот арматурен план. Така подготвените арматурни кошеви со помош на механизација се спуштаат во претходно ископаните позиции за изведба на коловите. Поставувањето на арматурниот кош потребно е да се направи внимателно така што ќе се обезбеди негова оддалеченост од површината на ископот, истот може да се постигне со заварување на дистанцери на самиот арматурен кош. Со тоа се обезбедува простор за навлегување на бетонската маса помеѓу ископот и арматурниот кош, како би се обезбедил заштитниот слој на арматруара.

Како завршна фаза од изведбата на коловите е нивно бетонирање со предвидената марка бетон. За време на бетонирањето потребно е да се врши контрола на бетонот според пропишаните регулативи, и според тоа квалитетот на бетонот треба да ги задоволи сите потребни критериуми спрема постојните стандарди.

Бетонирањето се врши непрекинато по целата должина на колот. Изведувањето на бетонирањето е со помош на цевка која се спушта до самото дно на ископаниот кол и истата се подига како што се напредува со бетонирањето. Излезот на цевката за бетонирање цело време при бетонирањето потребно е да се задржи во бетонската маса, 0,50 - 1,00 m. Со ваков начин на бетонирање се избегнува можноста за појава на сегрегација на бетонската маса. При самото напредување со бетонирање се извлекуваат и обложните колони, внимавајќи да не се појави обрушување на почвен материјал во самата бетонска маса, со што би се нарушил интегритетот на бетонирањето.

Откако ќе се заврши изведбата на колот, главата на колот се приготвува за врзување со горната конструкција.

Поради специфичноста на теренските услови за фундирање, Проектантот препорачува да се изведе пробен кол, како би се потврдила проектираната геометрија и носивоста на коловите.

Во однос на надколовата плоча, најнапред се извршува бетонирање подложен слој за израмнување на подлогата под надколовата плоча. Со технолошкиот проект треба да се предвиди начинот за спречување на губење на водата од свежата бетонска маса, како и мешањето на земјаниот материјал со бетонот.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

21

Слика. Графички приказ на изведба на бушени колови заштитувани со челични колони

Арматурата за темелите се поставува врз дистанцерите предвидени за оваа позиција. Со оглед на висината на надколовата плоча, предвидени се дистанцери за арматурата од горна зона. Исто така и арматурата за крајните и средните столбови се поставува во проектираната положба според приложените арматурни детаљи. За монтирање на арматурата проектирана без анкери потребно е да се предвиди скела со можност за фиксирање на арматурата во проектираната положба.

Меѓусебното поврзување на арматурните прачки, како и фиксирањето за кофражот треба да овозможи непомерливост на арматурата при вибрирањето на бетонската маса.

Монтираната арматура според арматурните детаљи ја контролира лице овластено од Инвеститорот.

Предвидена е изведба на темелната конструкција без работни спојници.

Оплатата треба да ја обезбеди формата на проектираниот бетонски волумен во текот на изведување. Избраната оплата треба да гарантира мазни бетонски површини погодни подоцна за нанесување на хидроизолација.

Не се дозволува истечување на цементното млеко на меѓусебните врски. Со нивелирање потребно е да се обезбеди хоризонтирање на неоплатираната површина.

И покрај добриот пристап до градежната јама, сепак се препорачува вградување на бетонот со помошна пумпа за бетон во слоеви од 30-50cm пред сé заради релативно големата висина на бетонскиот пресек. Нанесувањето по широчина и должина треба прецизно да е обработено во Проектот за бетон. Во него, потребно е да се дадат и параметри за оцена на свежата бетонска маса посебно значајни за оваа позиција (конзистенција по метод на “Сламп”, почеток и крај на врзување и друго).

Збивањето на свежата бетонска маса потребно е да се обработи во Проект за бетон каде што во склад со предвидената технологија на вградување потребно е да се пропишат средствата за збивање односно времето на збивање на пооделните слоеви, при што треба да се има во предвид и почетокот и крајот на врзување на свежата бетонска маса.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

22

Неоплатираната површина се обработува на два начина. Делот на пресекот вон арматурата потребно е со пердашење и глачање да се приготви за поставување на хидроизолацијата. Делот од пресекот меѓу арматурата потребно е 8-12 часа по бетонирањето да се очисти од цементно млеко и сите неврзани делови.

Потребна скела се планира за работни платоформи и оплатирање на крајните столбови, односно за задржување на правецот на монтираната арматура за столбот. Скелата во прва фаза се монтира вон габаритот на темелот, а за втора фаза може да налегнува на веќе изведениот темел.

4.2.2 Крајни столбови со крилни ѕидови

Со овој проект предвидени се крајни столбови и крилни ѕидови во вид на армирано бетонски ѕидови. Крилните ѕидови се нормално поставени во однос на крајниот столб.

Бетонирањето на телото на столбот и крилните ѕидови предвидено е да се изведува во повеќе фази по можност со што помал број на работни спојници. Најнапред се бетонира делот од столбот и крилниот ѕид во една фаза до нивото од каде што почнува конзолниот дел на крилото. Втората фаза се однесува на оформување на крајни столбови до ниво на “скриена” належна греда непосредно под лежиштата за главните носачи и крила до ниво на проширување на круната. Во третата фаза се бетонира “скриената” належна греда, при што треба да се имаат во предвид и належните површини за поставување на лежиштата. Во последната фаза се бетонира парапетот на крајниот столб, како и круната на крилните ѕидови.

Се препорачува вградување на бетонот со помош на пумпа за бетон во слоеви од 30-60cm. Вградувањето и збивањето потребно е точно да се опишат во Проектот за бетон, водејќи сметка за почетокот и крајот на врзување на бетонот каде што во склад со предвидената технологија на вградување потребно е да се пропише времето на збивање на пооделните слоеви. Кај работните спојници потребно е 8-12 часа по бетонирањето да се очисти цементното млеко како и сите неврзани делови. Бетонската површина под лежиштата завршно се обработува со пердашење и глачање до црн сјај. Во Проект за бетон потребно е да се даде можност на оцена на свежата бетонска маса (конзистенција, почеток и крај на врзување и др.)

Дел од главната арматура за крајните столбови со дел од разделната арматура е веќе вградена во текот на изведбата на темелната плоча и фиксирана на проектирана положба со потребна скела. Останатата арматура се монтира во склад со предвидената технологија на оплатирање односно според предвидените фази на бетонирање, така да се овозможи непречено вградување на бетонската маса. Заштитните слоеви се оформени со дистанцери предвидени за оваа позиција. Арматурата за належната греда и парапетите треба да се монтира по завршеното бетонирање на телото на столбот и третманот на работната спојница.

Се предвидува заедничко оплатирање на крајните столбови и крилни ѕидови. Оплатирањето може да се изведе класично, но и со степенасто померлива оплата. Со оглед на висината на столбовите можни се и двата начина на оплатирање. Предвидениот начин на оплатирање треба да е во склад со поставената скела за фиксирање на монтираната арматура, како и со

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

23

предвидениот начин на бетонирање по фази. Избраната оплата треба да гарантира мазни бетонски површини погодни за нанесување на предвидената хидроизолација, односно да не го нарушуваат визуелниот ефект на видливата страна. Контактот оплата - готов бетон потребно е да се обезбеди со профилирани гумени заптивки.

Потребно е да се предвиди потребна скела за работни платформи односно евентуално потпирање на проектираната оплата, особено за конзолниот дел на крилните ѕидови.

4.2.3 Средни столбови

Средните столбови S2,S3 и S4 се проектирани како армирано-бетонски платна со димензии 100/500cm и се поставени во однос на осовината на патот под агол од 90 степени. На горниот крај на средните столбови проектирана е належна греда.

Останатите работи за средните столбови подлежат под истиот опис на работите како кај крајните столбови.

4.2.4 Изведување на преднапрегнати главни носачи

4.2.4.1. Вовед

Главните носачи од конструкцијата, како дел од полумонтажна гредна скара, проектирани се како монтажни преднапрегнати носачи спрегнати со армирано-бетонската коловозна плоча. Со проектот се предвидени по 5 (пет) главни носачи во попречен пресек за конструкцијата во едно поле.

Заради поедноставна монтажа, носачите ќе се лијат во ниво на речното корито,од двете страни.

За подигање на носачите, оставени отвори од челични цевки Ф100mm, како и отвор во горната фланша од 30/15cm. Низ овие отвори се протнуваат челичните јажиња кои служат за подигање на носачите.

При дигањето на носачите и вадењето од оплатата (челичните калапи), задолжително треба да се почитуваат сигурносните стандарди за подигнување и депонирање. За дигање на носачите смеат да се употребуваат само атестирани челични јажиња. На работниците, кои непосредно ќе учествуваат при дигањето, треба да им се обрне внимание на правилниот начин на прицврстување на товарот и на можните последици од неправилниот начин на работа.

4.2.4.2. Монтажа и демонтажа на оплатата

Пред монтажата, потребно е оплатата да се исчисти со стругање до сјај. Потоа површината се брише со памучни крпи пред нанесување на оплатното средство.

Оплатното средство се нанесува рамномерно без истекување по површината на оплатата.

Процесот на монтажа треба да овозможи непречено монтирање на проектираната арматура, кабли и котви, на предходно поставени дистанцери, според предвидените заштитни слоеви.

Оплатата бочно се затвора по прием на вградената арматура од овластено стручно лице од страна на Инвеститорот.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

24

Контролата на монтираната оплата се врши по пресеци во хоризонтала и вертикала на секои 2,0m. Правецот на оплатата се обезбедува преку идеалноста на изработеното дно на калапот на платото за оплатирање и бетонирање.

Манипулацијата со оплатата подлежи на придржување кон одредени сигурносни стандарди кои што задолжително треба да се почитуваат.

4.2.4.3. Изработка и монтажа на проектираната арматура

Арматурата се изработува и монтира според приложените нацрти.

Со меѓусебно врзување на подолжнита арматура и узенгиите потребно е да се обезбеди непомерливост на арматурните прачки во текот на вградувањето и збивањето на свежата бетонска маса.

Заштитните слоеви се обезбедуваат со дистанцери.

4.2.4.4. Монтажа на заштитни совитливи цевки

Заштитните совитливи цевки (метални или полиетиленски) се поставуваат врз регали од арматурни прачки според приложените нацрти.

Истите се со дебелина од 0.20mm и имаат задача да извршат заштита на каблите за преднапрегање во тек на експлоатација.

Дозволеното отстапување на резултантата на каблите во однос на проектираната положба може да изнесува најмногу 2%, а отстапувањето на поединечните цевки во однос на висината најмногу 2 cm, но не и на скратување на заштитниот слој.

За цевките е битно да се неоштетени (без евентуални дупнатини) и со тоа да не предизвикуваат корозија на челикот за преднапрегање.

Заптивањето на заштитните цевки потребно е да обезбеди водонепропусност во секоја фаза на изведбата.

Доброто заптивање и правилната геометриска положба посебно е важно да се обезбедат во текот на бетонирањето, кое обично е следено со снажно вибрирање.

Заштитата на челикот за преднапрегање, цевките ја вршат откако истите ќе бидат исполнети со ијнекционата смеса под притисок. За таа цел од внатрешноста на цевките мора да биде истиснат сиот воздух, со цел да се спречи создавање на т.н. воздушни меури кои ќе спречат целосно опфаќање на просторот околу кабелот со ијнекциона заштитна смеса. За таа цел Изведувачот е должен да располага со специјална опрема за вакуумско истиснување на воздухот од внатрешноста на заштитната цевка или пак на Инвеститорот да му предложи друг соодветен и ефикасен начин за изведба на оваа операција.

Доколку Изведувачот не располага со вкупната должина на заштитната цевка колку што е и должината на кабелот, односно ако заштитната цевка е составена од повеќе елементи, тогаш особено внимание да се посвети на врската на овие елементи, односно на квалитетната изолација на овие споеви.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

25

4.2.4.5. Бетонирање на монтажни преднапрегнати главни носачи

Под бетонирање на монтажни носачи се подразбира севкупност на технолошки процеси однсно производство, транспорт и вградување со збивање на свежата бетонска маса заедно со завршната обработка на неоплатираните површини.

Целокуниот технолошки процес треба да гарантира остварување на техничките услови за готови бетони предвидени со свој проект, а се разбира и остварување на останатите технички услови со законската регулатива.

Во Проект за бетон потребно е да се даде можност за оцена на свежата бетонска маса пред вградување (на пример конзистенција со пропишана метода “Сламп”), како и почетокот и крајот на врзување на бетонот во склад со предвиденото вградување на свежата бетонска маса во слоеви по хоризонтала и вертикала.

Се препорачува користење на пумпа за бетон со можност цевка да се вовлекува меѓу узенгиите. Со овој проект се препорачува исклучително користење на оплатни вибратори за збивање на свежата бетонска маса.

Демонтирањето на оплатата е потребно да се пропише со Проект за бетон, а се препорачува мин. 48h од крајот на бетонирањето.

Во текот на бетонирањето потребно е непрестано да се контролира проодноста низ совитливите цевки. За таа цел треба да послужи опрема што го имитира кабелот.

Доколку се констатираат извесни делумни или потполни зачепувања уште пред завршениот процес на врзување на бетонот потребно е со посебна опрема да се обезбеди проодноста низ совитливите цевки.

Бетонот за изработка на носачите покрај усвоената јакост на притисок изработена со марка МБ-40, треба да ги поседува и следите посебни својства:

водонепропустливост Б-6, постојаност на мраз М-100, собирање ѕ(%о)=0.34,

течење т=2.1 и модул на еластичност Еb = 3,50 х 104 Мра . Ваквиот бетон ќе биде пумпан со конзистенција по “Сламп” метода од 8-10cm. При производство на бетонските мешавини ќе се употребува фракциски поделен агрегат. Цементот кој ќе се употребува ќе биде ПЦ 400. За подобрување на конзистенцијата на свежата бетонска мешавина и за забрзување на почетните јакосни карактеристики во бетонската мешавина што ќе се вградува во мокриот спој, ќе се употребуваат соодветни адитиви. При бетонирање во услови на температури пониски од +50С, ќе се користи додаток против мрзнење на водата во бетонот.

При изработка на монтажните елементи, според усвоена програма за контролни испитувања, потребно е да бидат изработени контролни тела - коцки.

По извршената комплетна изработка, секој елемент треба да биде обележан со мрсна боја и со регистрирана дата на изработка.

По завршувањето на збивањето на бетонот во носачот, се започнува со негово негување на тој начин што се врши покривање на горната површина на бетонот со ПВЦ фолија или со јутени вреќи или ќебиња кои постојано ќе се квасат со вода. По период од 12 до 16 часа, се врши демонтирање на оплатата и носачот се заштитува (по пат на прекривање) од директни влијанија на сонце

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

26

и ветер. Бетонските површини на носачот не се поливаат со вода се до моментот на негово оладување до нормална температура. По оладувањето на носачот, но не подоцна од 24 часа по бетонирањето, се започнува непрекината нега на бетонот во период од 7 дена, на тој начин што неговите површини се прекриени со влажни јутени вреќи или ќебиња.

4.2.4.6. Преднапрегање на главните носачи

Преднапрегањето на главните носачи се изведува во склад со предвиденото во статичката пресметка. Со овој проект предвидени се по 4 кабли од типот 7Т15 (седум јажиња Ф15.2mm) од системот за преднапрегање “FREYSSINET”, кои ќе се преднапрегаат истовремено од двете страни на главниот носач. Предвидено е да се користи високовреден челик за

преднапрегање со квалитет 02/к=1670/1860 MPa. Тежината на кабелот изнесува 7.64 kg/m’; заштитна цевка Ф60/66mm; тип на котва: 7C15; тип на преса: C350F, со почетна сила на преднапрегање Np= 1330 kN во еден кабел.

4.2.4.6.1. Спецификација на технолошките процеси во изведувањето

4.2.4.6.1.1. Вовлекување на каблите

Вовлекувањето на каблите може да отпочне по проверка на проодноста на просторот предвиден за нивно сместување. Со оглед на тежината на каблите и нивната должина, очигледна е потребата од добро осмислен пристап, почнувајќи од формирање на каблите па се до нивното вовлекување во главните носачи.

Формираните кабли потребно е да се нарачаат од производителот со нешто поголема должина од потребната. На местото на градење формираниот кабел се складира онака како што е транспортиран, односно исправен.

Пред вовлекување треба да се провери паралелноста на јажињата, а формираните кабли местимично да се поврзат.

Изведувачот за вовлекување на каблите потребно е да располага со дигалка или кран со минимална носивост од 500 kg.

Во текот на целиот процес јажињата треба да останат беспрекорно чисти што подразбира формирање на јармови на тркала или слични помошни средства за придржување на кабелот додека трае неговото вовлекување.

4.2.4.6.1.2. Затегнување на каблите

Пред да се започне со преднапрегање на каблите, Изведувачот потребно е да располага со податоци од тековните испитувања на пробни тела за бетони, а пред се со јакоста на притисок.

Најнапред потребно е да се провери поместливоста на каблите. Потоа секое јаже се сече со соодветна опрема на должина потребна за зафаќање со пресата. За тип на преса C350F и котва 7C15, оваа должина изнесува 125cm. На веќе припремените јажиња, се навлекува котвата со клиновите.

Потоа се пристапува кон поставување на пресата така што јажињата се вовлекуваат во соодветни канали на пресата. Пресата се потпира на подложната плоча. За сето време пресата се придржува со помошно средство - дигалка.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

27

Да напоменеме дека од особена важност е правилното налегнување на плочката од котвата на челото на носачот (налегнувањето мора да биде по целата површина на плочката) и воедно мора да се обезбеди ортогоналност помеѓу плочката и почетокот на кабелот, а се со цел да имаме правилно внесување на силата на преднапрегање без евентуални несакани загуби на силата, па за таа цел челото на носачот на местата на налегнување на котвите е посебно обработено како што може и да се види од графичките прилози за главниот носач (Линија на кабли за главен носач).

Пресата се активира со соодветна пумпа. При овој тип на преса постапката се изведува со истовремено прифаќање и затегнување на сите јажиња. Затегнувањето на каблите трае се додека се постигне бараното издолжување. Зголемувањето на силата на преднапрегање се следи на манометар. Со овој проект предвидена е сила на преднапрегање од 1330 kN по кабел.

По постигнатото издолжување се врши заклинување на јажињата.

Пресата се враќа во првобитната положба. Се ослободуваат јажињата, а пресата се отстранува. Јажињата се скратуваат на проектираната должина.

Редоследот на затегнување на каблите е даден со проектот. Целата постапка се внесува во посебен записник кој што треба да биде верифициран од овластено стручно лице од Инвеститорот.

За што попрецизно извршување на работите, потребно е Изведувачот

да располага со соодветен дијаграм “-“ за предвидениот челик за преднапрегање со кој што ќе може поточно да се следи текот на преднапрегањето како и да се постигне предвиденото издолжување за нормираната сила по кабел.

Доколку се јават разлики во издолжувањето повеќе од 5%, јажињата не смеат да се сечат. За понатамошна постапка, овластеното стручно лице од Инвеститорот треба да го консултира Проектантот. Одлука за повторување на операцијата донесува комисија во состав Изведувач, Инвеститор, Надзорен орган и Проектант.

Мерки на безбедност:

Лицата што ракуваат со опремата за преднапрегање треба задолжително да бидат обучени од производителот на опремата.

4.2.4.7. Заштита на каблите и котвите (смеса за инјектирање)

Со овој проект се предвидува трајна заштита на каблите и котвите со смеса на база на цемент, вода и адитиви.

Припремата на смесата се врши во специјална мешалка според рецептура изготвена од Изведувачот и одобрена од Инвеститорот. Мешалката може да е директно поврзана со резервоарот на пумпата за инјектирање во кој што смесата сеуште се меша, но со помал интензитет. Истовремено смесата се инјектира во заштитната цевка со кабелот.

Може да се користи пумпата која што работи според опишаната постапка. За цело време на инјектирањето оваа пумпа со регулиран притисок од 305 бара, го менува капацитетот на пумпање се додека смесата не се појави

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

28

на другиот крај на кабелот. Тогаш треба да се затворат сите отвори, а притисокот се подига на 10 бара и се држи на тоа ниво неколку минути за потоа да се откачи приклучокот и затвори отворот за инјектирање. Смесата за инјектирање треба да задоволи одредени технички услови во однос на проточноста, промената на запремината, издвојување на водата, јакост на притисок и др.

Доколку се врши инјектирање на ниски температури, горните карактеристики треба да бидат потврдени според временските услови на местото на градење. По потреба се врши загревање на главните носачи односно каблите, но не и преку 50°С во текот на 48h по инјектирањето.

4.2.4.7.1 Смеса за инјектирање и нејзини составни компоненти

- Цемент

При употреба на цементот треба да се обрне големо внимание на квалитетот на цементот од причина што различните цементи може да имаат различна потреба од вода при ист степен на флуидност на смесата за инјектирање.

При подготовка на смесата за инјектирање, дозволена е употреба само на чист портланд цемент без додатоци со ознака ПЦ400, што одговара на квалитетот пропишан со стандардот (МКС)Б.Ц1.011. Цементот треба да е

доставен во вреќи со тежина од 50kg 1kg и треба да е складиран во суви простории. Доколку истиот е влажен и е започнато негово згрутчување, не смее да се употребува за спремање на инјекциона смеса. Цементот треба да одстои најмалку 3 дена од денот на неговото производство.

- Вода

Водата не смее да содржи штетни материи за бетонот и за челикот за преднапрегање. Водата од водоводната мрежа воглавно е употреблива за припрема на инјекционата смеса. Ако се употребува вода од друго потекло, истата мора да биде предходно испитана и да одговара на стандардот (МКС)У.М1.058.

- Адитиви

Адитивите (суперпластификатори) кои се ставаат при приготвување на инјекционите смеси имаат задача да ја зголемат проточноста на смесата, а воедно придонесуваат и за намалување на нејзиното собирање. При припремата на смесата дозволена е употреба на адитиви кои одговараат на квалитетот пропишан со стандардот (МКС)У.М1.035.

4.2.4.7.2. Карастеристики на инјекционата смеса

Основни карактеристики што треба да ги задоволи смесата за инјектирање се: проточност, издвојување на вода, јакост на притисок, собирање, отпорност на мраз. Инекционата смеса треба да биде подготвена со што понизок водоцементен фактор, при што треба да се внимава на добрата проточност на истата. Се препорачува водоцементен факор да биде од 0.38- 0.43, што овозможува добивање на квалитетна инјекциона смеса која ќе ги задоволи горенаведените карактеристики.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

29

4.2.4.7.2.1. Проточност

Проточноста на смесата се утврдува преку мерење на времето кое е потребно да смесата истече од левакот на Мершовиот конус кој е исполнет до врв. За квалитетот на инјекционата смеса составена од цемент, вода и адитиви, времето на истекување треба да изнесува помеѓу 15 и 20 секунди.

4.2.4.7.2.2. Промена на волуменот

Промената на волуменот е една од најважните карактеристики на инјекционата смеса во смисол на квалитетна заштита на јажињата за преднапрегање од корозија. Промената на волуменот се утврдува во цилиндрични садови со дијаметар од 100 mm, исполнети со смеса до висина од 100 mm, кои со цел да не дојде до испарување на водата, веднаш по нивното исполнување, се затвораат. Мерењето на промената на волуменот се извршува после 24 часа од моментот на припремата на примерокот. Максималното

собирање на смесата треба да биде 2, а евентуалната експанзија треба да

изнесува макс.10.

4.2.4.7.2.3. Јакост на притисок

Втор услов кој треба да е задоволен при спремање на смесата за инјектирање е јакоста на притисок. Спрема стандардите оваа јакост треба да биде испитана независно од јакоста на бетонот од конструкцијата.

Таа треба да се испита на примероци при старост од 28 дена при што средната вредност на трите испитани примероци да ги задоволи мин. и макс., т.е. треба минималната јакост на притисок да е задоволена. За секој дел на инјектирањето се земаат задолжително три примероци; се избираат случајни примероци од излезот на кабелот што се инјектира.

4.2.4.7.2.4. Отпорност на мраз

Следен фактор кој треба да е задоволен, е постојаноста на смесата за инјектирање на мраз. Таа треба да се испита и да се докаже на најмалку два примероци. При ова запремината не смее да се зголеми. Во колку смесата

содржи мин.3 воздушни пори и е со водоцементен фактор понизок од 0.4, се смета дека условите за отпорност на мраз се задоволени, т.е. смесата е отпорна на мраз М-100.

Припремата и инјектирањето на цементната смеса треба да се избегнува

да биде под температура од 5C.

За сите други видови на смеса постојаноста на мраз треба да биде проверена со соодветни испитувања.

4.2.4.7.3. Припрема и вградување на инјекционата смеса

4.2.4.7.3.1. Проверка на каблите

Пред да се почне со инјектирање мора да се провери дали каблите овозможуваат проток на смесата. Тоа се прави со помош на компримиран воздух. Во случај на потреба од одстранување на евентуална корозија или нечистотија, каблите треба да бидат испрани со вода. Испирањето се прави со вода која ги задоволува критериумите за квалитет како водата што се употребува за спремање на смесата.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

30

Доколку има некое зачепување кое би го оневозможило потполното инјектирање на каблите, задолжително е неговото одстранување на тој начин што прво треба да се проба одстранување на зачепувањето со помош на компримиран воздух. Во случај кога оваа постапка неможе да го одстрани зачепувањето, се издупчува отвор до кабелот во непосредна близина на зачепувањетоми преку истиот се врши инјектирање на класичен начин.

4.2.4.7.3.2 Припрема на смесата за инјектирање

Поврзувањето на пумпата со котвите на каблите се извршува преку црева и специјални капи кои се прицврстуваат на котвите. Сите отвори низ кои може да истекува цементната маса, посебно спојот помеѓу котвата и металната плочка треба да бидат добро задихтувани. Сите компоненти на смесата треба да бидат точно тежински одредени. Смесата пред вградување се процедува низ сито од 2mm, па се инјектира преку пумпите во каблите.

Температурата на смесата не смее да е повисока од 30C. Инјектирањето треба да трае сé до моментот на потполно заполнување на каблите и сé додека од излезната страна не започне да истекува чиста смеса, после кое се врши затворање на излезниот отвор со помош на сув цемент или пак затворање со помош на специјални метални капи. Влезниот отвор по отстранувањето на инјектирачката капа се затвора со сува цементна смеса. Инјектирањето на еден кабел не смее да биде прекинувано. Во случај на било каков застој подолг од 10 минути, веднаш треба да се испере кабелот со вода под притисок и да се провери пропусливоста на кабелот со помош на компримиран воздух.

И покрај тоа што инјектирањето не е многу голем дел во чинењето на конструкцијата, тоа претставува многу битен елемент за трајноста и квалитетот на конструкцијата и затоа е битно да се обезбеди квалитет на смесата и нејзино квалитетно вградување.

4.2.4.8. Монтирање на главните носачи

Монтирањето на главните носачи може да отпочне откако ќе бидат завршени сите претходни работи од изведбата се до поставување на неопренските лежишта на проектираната положба.

Зафаќањето на главните носачи при монтажа ќе се врши на строго дефинираните места за таа намена, односно зафаќањето ќе се врши со помош на челични цевки за подигање поставени на краевите од главниот носач со дијаметар Ф100mm, а дадени во планот на оплата и арматурниот детал за главниот носач. Монтажата на главните носачи ќе се врши со помош на автодигалки, откако носачите ќе се излијат на лице место, т.е на ниво на речното корито. Предвидено е, од двете страни на коритото да се лијат по 10 главни носача.

Од особена важност е да се почитуваат и ограничувањата во склад со временските прилики (силен бочен ветер) при тоа имајќи ја во предвид сигурноста на монтажата.

При монтажата на главните носачи потребно е Изведувачот да обезбеди непомерливост на лежиштата кои што не се фиксирани за долниот строј. Исто така Изведувачот потребно е да обезбеди привремено потпирање

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

31

на главните носачи до дефинитивното оформување на конструкцијата на горниот строј (попречни носачи и плоча).

4.2.5 Изведување на коловозната плоча

4.2.5.1. Општо

Со овој проект предвидена е изведба на армирано-бетонска плоча која служи за монолитизација на горниот строј. Коловозната плоча од двете страни завршува со парапетна греда на која од надворешна страна се монтираат фасадни елементи. Потребно е, во парапетната греда пред бетонирање да се постават анкери за ограда спoред даден распоред во проектот.

Покрај условите зададени со овој технички опис Изведувачот треба да се придржува и кон општите услови за изведување бетонски и армирано бетонски работи, според ПБАБ 87.

За изведување на оваа позиција потребно е да се обезбедат подвижни работни платформи за движење на работниците и опремата за сите технолошки процеси, бетонирање, армирање и оплатирање за успешно и непречено извршување на работите.

Исто така Изведувачот треба да ги проучи и деталите за ограда и да ги обезбеди потребните мерки за изведувањето на оваа позиција.

4.2.5.3. Оплатирање

Со проектот за оплатирање треба да се обезбеди оформување на проектираниот волумен предвиден за оплата.

При изборот на димензиите на главните носачи водено е сметка да при бетонирање на коловозната плоча се користи минимум оплата, односно горниот појас од главните носачи служат како оплата за изведба на конзолниот дел од коловозната плоча.

4.2.5.4. Армирање

Армирањето е предвидено да се изведува со ребраста арматура на класичен начин.

За поставување на арматурата потребно е да се обезбедат работни платформи за движење на работниците.

За поставување на арматурата во проектираната положба потребно е да се проучат арматурните детали и обезбедат дистанцери.

За одржување на проектираната положба, потребно е да се превземат мерки за меѓусебно поврзување на арматурните прачки и испуштените узенгии од главните носачи, при што треба да се има во предвид снажното вибрирање на свежата бетонска маса.

4.2.5.5. Бетонирање

Вградувањето на свежиот бетон по можност се извршува со пумпа за бетон.

Конзистенцијата на свежата бетонска маса треба да е прилагодена на предвидениот начин на вградување.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

32

Заради обезбедување континуитет на армирано-бетонската плоча потребно е да се дефинира почетокот и крајот на врзување во склад со времето потребно за вградување и збивање. При тоа треба да се има во предвид широчината на појасот предвиден за вградување и времето потребно за дотур на свежа бетонска маса.

При проектирање на конзистенцијата на свежата бетонската маса, Изведувачот треба да го има во предвид подолжниот и попречниот пад на завршната површина.

За подолжниот и попречниот пад секако треба да се води сметка при изборот на почетокот и крајот на процесот на бетонирање.

Се препорачува користење на вибро-летва за збивање на свежата бетонска маса.

Се напоменува да бетонирањето се извршува во чист кофраж приготвен за нанесување свеж бетон.

По 8-16 часа од извршеното бетонирање,потребно е работните спојници да се обработат со отстранување на цементното млеко и неврзаните делови од агрегатот.

Изработката на делот кој дополнително ќе се бетонира после поставување на монтажните елементи, треба да се врши со бетон МБ-40 и посебни карактеристики како и бетонот од монтажните носачи.

4.2.6 Изведување армирано-бетонски попречни носачи

4.2.6.1. Општо

Со овој проект предвидени се крајни попречни носачи над секој столб од конструкцијата.

При изведбата на овие попречни носачи треба да се има во предвид веќе изведениот парапет над крајните столбови. Попречните носачи така се проектирани да висината овозможува вградување на преси за замена на лежиштата.

Попречните носачи над средниот столб служат за формирање на зглобна врска помеѓу главните носачи и средниот столб.

Изведувачот потребно е да ги усклади фазите на бетонирање, попречен носач и плоча во пределот меѓу попречниот носач и парапетот со начинот на оплатирање.

4.2.6.2. Заскелување

За изведба на оваа позиција доволно е да се оформи само работна платформа за движење на работна сила и опрема.

Кај крајните столбови можна е употреба на класично заскелување ускладено со изведба на крајните столбови.

4.2.6.3. Оплатирање

Со проектот за оплатирање треба да се обезбеди проектираниот волумен на попречниот носач.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

33

Проектот за оплата треба да е во склад со нацртите дадени со проектот како и во склад со предвидениот начин на заскелување.

Со проектот за оплатирање треба да се овозможи лесна монтажа и демонтажа на оплатата.

Се препорачува бочната стабилност да се постигне со меѓусебно поврзување на страничната оплата.

Вертикалната стабилност може да се обезбеди во склад со предвиденото скеле, но така да се обезбеди лесна демонтажа на оплатата.

Се препорачува затворање на контактот оплата-готов бетон со профилирана гума со адекватен попречен пресек.

По извршената демонтажа оплатата се чисти и премачкува.

4.2.6.4. Армирање

Армирањето е предвидено да се изведе со ребраста арматура на класичен начин. За поставување на арматурата потребно е да се обезбедат работни платформи за движење на работниците.

За поставување на арматурата во проектираната оплата, потребно е да се проучат арматурните детали и обезбедат дистанцери.

Пред монтирање на арматурата, потребно е да се донесат во проектирана положба сите арматурни прачки вградени во главните носачи потребни за попречниот носач.

Со армирањето практично се врши наддавање на поставените арматури во главните носачи и пресекот се надополнува со узенгии.

За одржување на проектираната положба потребно е да се превземат мерки за меѓусебно поврзување на арматурните прачки и узенгиите при што треба да се има во предвид силното вибрирање на свежата бетонска маса.

4.2.6.5. Бетонирање

Бетонирањето како технолошки процес е предвидено да се остварува на местото на градење.

Вградувањето на свежиот бетон можно е да се извршува со пумпа за бетон поставена врз готова плоча. Вградувањето се извршува во слоеви од 30- 50 cm, како што ќе биде утврдено со Проектот за бетон.

Конзистенцијата на свежата бетонска маса треба да е прилагодена на предвидениот начин на вградување за проектираната широчина и височина на попречните носачи.

Во склад со предвидената брзина на вградување, треба да се дефинира почетокот и крајот на врзување на свежиот бетон.

Збивањето можно е да се извршува со игличести вибратори. Времето на вибрирање се дефинира во склад со предвидениот начин на вградување.

Бетонирањето се извршува во чист кофраж од кој што се отстранети сите отпадоци од претходно завршените работи.

Во Проектот за бетон треба да се усклади времето за постигнување на потребната јакост и времето на демонтирање на оплатата.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

34

Неопходен е адекватен третман на работните спојници односно контактот меѓу стар и нов бетон.

Покрај извршените припреми за обработка на контактните површини, по извршеното бетонирање на главните носачи и плочата на Изведувачот му се препорачуваат и дополнителни мерки за подобрување на контактот (на пример врска “У”).

5 Останати работи

5.1 Лежишта

Со проектот предвидени се еластомерни лежишта за главните носачи над крајните и средните столбови.

Усвоениот тип на еластомерни лежишта над крајните столбови се ограничено подвижни, за изведба едноставни, а во експлоатација овозможуваат лесна контрола на функционирањето, како и нивна едноставна замена во текот на експлоатацијата.

Монтажата на лежиштата на хоризонталните делови од належните површини треба да се врши непосредно пред монтажа на главните носачи.

Доколку належните површини на столбовите и главните носачи не овозможуваат рамномерен допир со лежиштата истите треба да се корегираат, т.е. да се изврши подливање со соодветен материјал, а се со цел да се овозможи безпрекорно рамна и хоризонтална површина за налегнување на лежиштата над столбовите, а со самото тоа и на конструкцијата на горниот строј врз средните и крајните столбови.

Според дадената статичка пресметка, а во зависност од максималната и минималната реакција, и поместувањето кое делува на едно лежиште, усвоени се еластомерни лежишта со димензии 200/400/63 кај крајните и средните столбови. Овие лежишта треба да ги имаат сите карактеристики што се пропишани со ДИН нормите.

5.2 Дилатациони спојници

За непречено дилатирање на конструкцијата од горниот строј, над крајните столбови, предвидени се соодветни дилатациони спојници по целата ширина на објектот.

Спроред статичката пресметка, условите и должината на објектот усвоени се дилатациони спојници тип Т-100.

При вградувањето на дилатационата спојница особено да се внимава на просечните дневни температури, односно за максималната и минималната температура која се очекува во текот на експлоатација на објектот.

Најважна и најодговорна работа е дилатационата спојница правилно и стручно да се вгради. Од ова зависи како ќе функционира дилатационата спојница и нејзиниот век на траење.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

35

Вградувањето на дилатационата спојница да се изврши во сé спрема проспектот и упатството на производителот. Дилатационата спојница се испорачува подесена за вградување на средна температура од +10°С. Ако дилатационата спојница се вградува на некоја друга температура, тогаш од проектантот треба да се бараат податоци за отворот на дилатационата спојница за соодветната температура при вградување, и во предвид да се земе собирањето и течењето на бетонот во носачите и во коловозната плоча во тој временски период.

5.3 Заштита на бетонски површини

Со овој проект се предвидени следните типови на заштита на бетонски површини.

5.3.1 Хидроизолација врз коловозна плоча

Се изведува помеѓу армирано-бетонските парапетни греди попречно,

односно меѓу дилатациони фуги подолжно на објектот.

а) Припрема на подлогата

Подлогата за хидроизолацијата е коловозната плоча. Нејзината горна површина потребно е да е идеално мазна, сува и чиста пред нанесување на хидроизолацијата. Овластено стручно лице од страна на Инвеститорот ја прима подлогата пред нанесување на хидроизолацијата.

б) Изведба

Можна е изведба со ладна, односно топла постапка. Се изведува на начин пропишан од страна на Производителот. Се препорачуваат хидроизолации од полимеризирани битуменизирани ленти. Со својата градба хидроизолацијата треба да задоволува одредени физичко - механички карактеристики како што се:

1. Јакосни карактеристики

2. Водонепропусност

3. Отпорност на мраз и други агресии

4. Постојаност при топлина

5. Релативно издолжување и скратување итн.

Посебно внимание, Изведувачот треба да обрне при изведбата на хидроизолацијата кај сливниците. Изведувачот е потребно да располага со соодветна референца и да овозможи соодветен начин на контрола.

5.3.2 Заштита на бетонски површини во контакт со почва

Заштитата на овие површини потребно е да се изведе кај темелите,

крајните столбови и крила и средните столбови до кота на терен.

Се препорачува изведба со современи средства како што се еластични изолации на база на цемент, односно изолации кои што се добро

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

36

применливи на подлогата и со подолга трајност како и изолации кај кои не е неопходна идеална сува подлога, покрај кажаното во претходната точка.

5.3.3 Заштита на бетонски површини во контакт со атмосферата

Заштитата на овие површини потребно е да се изведе на околу 1.0 m над

површината на теренот кај крајните и средните столбови. Се препорачува примена на соодветна хидроизолација на база на цемент за да се задржи природната боја на бетонот.

5.4 Коловоз од асфалт-бетон

Преку хидроизолацијата треба да биде поставен асфалтен коловоз со дебелина d=6.0cm. Вградувањето на асфалт-бетонот треба да се изврши преку целата ширина без подолжни работни фуги. Посебно внимание треба да се посвети на висинското регулирање на нивелетата, квалитетот на масата и вградувањето, како и на обработката околу дилатационите спојници и сливниците, а со цел да не се појават одредени нерамнини кои ќе придонесат за зголемување на динамичките влијанија на подвижниот товар.

5.5 Ограден систем

По должина на надпатникот, влучувајки ги и крилните зидови од двете страни на конструкцијата да се изведе еластична ограда спрема приложени детали во проектот. Пред бетонирање на парапетната греда да се постават соодветни анкери кои ќе послужат за едноставна монтажа на столбовите од комбинираната пешачка ограда.

Оградата продолжува и преку крилните ѕидови на објектот со дилатација кај дилатациите на објектот.

6 Критериум за оценка на квалитетот на изведбата

Критериумите за оцена на квалитетот на изведбата се сведуваат на оцена на прецизноста на извршената монтажа, а во рамките на димензиите предвидени со oвој проект.

На Инвеститорот му се предлага толеранција на мерките +10mm. во однос на мерките предвидени со овој проект, во однос на сите три основни правци, подолжно и попречно во хоризонтална и висински по вертикала.

7 Тековно одржување на објектот и пробно товарење

Согласно со чл.287-ПБАБ 87 со проектот се одредува временскиот интервал за контролните прегледи на објектот во експлоатација.

За следење на евентуалните неправилности во конструкцијата поставени се фиксни точки- репери, кои се поставени од двете страни на

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

37

објектот, над секој столб и во средината од секое поле на конструкцијата на објектот.

Во согласност со важечките прописи и стандарди МКС У.М1.0.46 пред пуштање на објектот во експлоатација потребно е да се изврши пробно товарење.

Пробното товарење треба да се изврши од овластена организација за ваков вид на работи.

8. Хидро технички мерки

Со извршените проектни хидролошки пресметки и анализи усвоена е голема вода на профил на мостот Q100=500 (m3/s).

Со извршените хидраулички анализи на моменталната состојба и добиените параметри на течењето пред и по локацијата на мостот, беше заклучено дека со пресметковните води плочата од мостот не е под опасност од поплавување, и дека со новото решение не е потребно да се изврши подигање на мостовскат конструкција односно подигање на нивелета на патот вклучувајки ги пристапните рампи и крајните ѕидови. Исто така беше заклучено дека заштитата на темелите од мостот од ерозија не е возможна само со примена на против ерозивни контрамерки поради добиените брзини на течење во отворите под мостот, туку е потребно да се изврши дополнително проширување на главното корито со што нивото на вода узводно би се намалило, а со тоа и брзините би се довеле во прифатливи граници.

Хидро - Техничко решение предвидено за заштита на мостот се состои од група на мерки чија заедничка цел е да ја спречат појавата на ерозија поради стеснувањето кое мостовската конструкција го преставува во долината на плавење на р.Брегалница, локалните пречки во коритото на места на мостовските средни и крајни столбови како и можното меандрирање и промена на локацијата на матицата во расположливиот простор помеѓу мостовските елементи.

Предвидено е да на краток потез да се изврши проширување на главното корито и зарамнување на плавените брегови во ширина на крајните мостовски столбови. Должината на која е предвидено проширувањето на коритот е околу 15 m узводно и 25 m низводно од осовината на патот по мостот, односно 10 m узводно и 20 m низводно од капата на пилотите на кој е фундиран. Проширувањето на главното корито е извршено со цел да се зголеми проточната моќ на коритото, да се намали длабочината на течење, а со тоа и брзините кој се јавуваат.

Проширувањето на главното корито е ограничено со столбовите кој се во плавениот појас. Широчината на ново предвиденото проширено корито е 41 m во дното и e со длабочина од 1.45 m. Спојот на главното корито со плавената рамнина е преку косини со наклон H:V=1.5:1. Надолжниот наклон на регулираниот дел е So=0.16 % избран така да нјадобро се прилагоди на постојната состојба на дното Попречниот наклон на овој дел е фиксиран со узводен и низводен бетонски праг.

Узводниот бетонски праг е со ширина 1.0 m и висина 1.5 m, за обезбедување на негова статичка стабилност прагот е продолжен 1.5 m надвор од косината на главното корито. Низводниот праг е со исти димензии како и узводниот и негова функција е покрај фиксирање на нивелетата на регулацијата

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

38

и обезбедување на нафрланиот камен од разнесување низводно по коритото. Вака оформеното главно корито е заштитено од ерозија во дното со

нафрлан камен со исполна од кршен бетон од стариот мост со dmin=300 mm и дебелина на слојот t_dk=600 mm, околу средниот столб поставен во главното корито предвидено е да овој слој од нафрлан камен се изведе со dmin=400 mm и дебелина на слојот t_ds=800 mm. Локациски ова појачување предвидено да се изведе со ширина од 3.5 m околу капата на пилотите на која е темелен средниот столб od мостот. Косините на главното корито исто така е предвидено да се обложат со нафрлан камен со димензии и дебелина како дното од главното корито, бидејки редениот камен во дното ќе овозможи потпирање на каменот по косините не е предвидено да се изведе дополнително појачување на петата од косината. Исто така е предвидено да се изврши и прокопување и зарамнување на делот од плавеното корито во широчина помеѓу двата крајни столба и должина колку што е предвидената регулација.

Надвор од предвидениот дел за регулација главното корито се спојува со постојното корито. На делот за спојување помеѓу стационажите 0+000 и 0+044 и 0+084 и 0+124 предвидено е зарамнување на околниот терен и формирање на плавни зони според детали дадени во графичките прилози со што ќе се подобрат условите на течење кон мостот и од мостот.

Предвидено е овој дел да се затреви и да се одржува редовно како би се спречило зараснување со висока вегетација.

9. Геотехнички подлоги

9.1 Теренски истражувања

За подетално прикажување на локацијата, применети се следниве теренски истражни

работи:

Изведба на истражни дупнатини; SPT- Стандардна пенетрација; Картирање на материјалот од истражните дупнатини; Земање оптимален број на полупореметени и пореметени

примероци, Теренските истраги се извршени во текот на месец Март 2015 год. Дупчењето е

извршено со машинска гарнитура ГРР 150, на ротационен принцип.

Сондажното дупчење е извршено геомеханички, со дупчење на „суво“, со 100%

јадрување и прописно земање на пореметени проби. Јадрото од сондажните дупнатини

прописно е сложувано во сандаци и геомеханички картирано на “лице место”.

Земањето на пореметените и полупореметените репрезентативни примероци е

извршено селективно, така што истите се спакувани во најлонски вреќи.

Репрезентативно земените проби се транспортираат до лабораторија за понатамошни

лабораториски испитувања.

Податоците за длабочината на секоја дупнатина пооделно, видот, бројот и длабочината

на земените проби се прикажани во Табела Error! No text of specified style in document.-1.

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

39

Табела Error! No text of specified style in document.-1 Преглед на истражни дупнатини

Во текот на истражното дупчење извршени се опити на стандардна динамичка

пенетрација (SPT тест) за оцена на квалитетот на подлогата по однос на збиеноста.

Пенетрацијата е извршена со помош на конус или цилиндар (во случајов конус), кој се

набива со удари од тег од 0.635 𝑘𝑁 со височина на паѓање од 76.30 𝑐𝑚 се до продирање

на конусот од 30.4 𝑐𝑚.

За случаите кога не е достигнато стандардно продирање од 30.4 𝑐𝑚, бројот на ударите

се определува според изразот:

𝑁’ = 30.4 ∗ 𝑁’/𝑒

e – длабочина на продирање на конусот

Во случаите кога се применува конус наместо цилиндар, бројот на ударите (𝑁) се

корегира со коефициент 0.7 така да:

𝑁’’ = 0.7 ∗ 𝑁’

Доколку корегираниот број на удари е 𝑁’’ > 15, сондирањето е под нивото на подземна

вода и материјалот е ситнозрн песок, се извршува дополнителна корекција на бројот на

удари по изразот на Terzaghi и Peck:

𝑁’’’ = 15 + 0.5 ∗ (𝑁’ − 15)

Модулот на стисливост на некохерентните материјали е определен преку опитите на

стандардна динамичка пенетрација (SPT).

Модулот на стисливост 𝑀𝑣 е пресметан по изразот на Suklje:

- 𝑀𝑣 = (𝑐1 + 𝑐2 ∗ 𝑁𝑑𝑒𝑓) [𝑘𝑁/𝑚2]

- 2000 < 𝐶1 < 3000, 400 < 𝐶2 < 600 (за кохерентно тло)

- 3000 < 𝐶1 < 4000, 600 < 𝐶2 < 800 (за некохерентно тло)

Основните податоци од извршените стандардни опити на динамичка пенетрација се

Број на

дупн.

Длабочина

на

дупчење

[m]

Интервал на

дупчење П.П.В Н.П.В

Земени примероци

Поре-

метени

О

Полу-

пореметен

и

Непоре-

метени

Д-1 15.00

0.00÷3.00

5.10 5.00

О

3.00÷4.80 О

4.80÷8.40 О

8.40÷15.00 О

Д-2 15.00

0.00÷1.00

1.10 0.80

О

1.00÷1.90 О

1.90÷9.00 О

9.00÷15.00 О

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

40

прикажани во Табела Error! No text of specified style in document.-2.

Табела Error! No text of specified style in document.-2 Преглед на изведените SPT тестови

Дуп

нат

ин

а

Дл

або

чин

а

Гоем

ехан

ичк

а

озн

ака

Пр

од

ир

ање

на

кон

усо

т

Бр

ој н

а уд

ари

Ко

рег

ир

ан б

ро

ј

на

удар

и

Зби

ено

ст /

кон

зист

ен

ци

ја

Мо

дул

на

сти

сли

вост

(m) (cm) N N’ N’’ N’’’ Ndef Mv

(kPa)

Д-1 5.100÷5.404 GP 30.4 18 18 13 / 13 Средно

збиен 12600

Д-1 11.500÷11.804 SW 30.4 10 10 7 / 7 растресит 8400

Д-2 2.000÷2.304 GP 30.4 13 13 9 / 9 растресит 9800

Д-2 5.000÷5.304 GP 30.4 11 11 8 / 8 растресит 9100

Д-2 10.500÷10.804 GP 30.4 10 10 7 / 7 растресит 8400

Од добиените резултати од опитот на стандардна динамичка пенетрација (SPT-тест)

може да се заклучи дека станува збор за растресити материјали, кои имаат мала

збиеност.

Геотехнички профил на локацијата

За одредување на геомеханичите карактеристики на материјалите застапени на

истражуваната локација извршен е потребен број на геомеханички истражувања и

испитувања со што се дефинирани на потребно ниво сите влезни геомеханичи

каратеристики на теренот.

Геомеханичките карактеристики на теренот се дефинирани на основа на резултатите

добиени од теренските истражни работи и лабораториски испитувања.

Во продолжение се дадени физичко – механичките карактеристики на секој од

застапените материјали.

• GW (PČ) – Чакал, песоклив, добро гранулиран, со светло-кафеава боја.

𝜔 = 4.06 ÷ 5.53 % - природна влажност

𝜌 = 2.218 𝑀𝑔/𝑚3 - волуменска тежина

𝜌𝑑 = 2.074 𝑀𝑔/𝑚3 - сува волуменска тежина

𝜑 = 39.05 ° - агол на внатрешно триење

𝑐 = 0.00 𝑘𝑃𝑎 - кохезија

𝑀𝑣 = 8609 𝑘𝑃𝑎 -модул на стисливост

• MI/SFs (PPR) – Прашина, песоклива, заглинета со темно-кафеава боја

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

41

𝜔 = 23.06 % - природна влажност

𝜌 = 1.902 𝑀𝑔/𝑚3 - волуменска тежина

𝜌𝑑 = 1.545 𝑀𝑔/𝑚3 - сува волуменска тежина

• GP (PČ) – Чакал, песоклив, средно гранулиран, средно збиен, со сиво

кафеава боја

𝜔 = 3.89 ÷ 7.76 % - природна влажност

𝜌 = 2.266 𝑀𝑔/𝑚3 - волуменска тежина

𝜌𝑑 = 2.102 𝑀𝑔/𝑚3 - сува волуменска тежина

𝜑 = 35.92 ° - агол на внатрешно триење

𝑐 = 0.00 𝑘𝑃𝑎 - кохезија

• SW (P) – Песок, добро гранулиран, растресит со темно кафеава боја

𝜔 = 13.97 ÷ 17.89 % - природна влажност

𝜌 = 2.109 𝑀𝑔/𝑚3 - волуменска тежина

𝜌𝑑 = 1.789 𝑀𝑔/𝑚3 - сува волуменска тежина

𝜑 = 36.68 ° - агол на внатрешно триење

𝑐 = 5.00 𝑘𝑃𝑎 - кохезија

Во текот на теренските истражни работи регистрирана е појава и ниво на подземна

вода во истражните дупнатини. Во дупнатината Д-1 појавата на подземната вода е

регистрирана на длабочина од 5.10 𝑚 под површината на теренот, и ниво на подземна

вода ≈ 5.0 𝑚 мерено од апсолутна кота на терен. Во дупнатината Д-2 појавата на

подземната вода е регистрирана на длабочина од 1.10 𝑚 под површината на теренот, и

ниво на подземна вода ≈ 0.80 𝑚, односно нивото на подземна вода е регистрирано на

кота 322.20 мнв. Мерењата се извршени во месец Март.

Геолошки карактеристики на пошироката околина и истражуваната локација

Истражуваната локација за мост на река Брегалница од геолошки аспект е

претставена од квартерни седименти: пониска речна тераса (t1) и алувијални седименти

(al). Во близина на река Брегалница е застапена пониска речна тераса на височина од

4 ÷ 10 метра покрај течението на самата река. Во најголем дел пониската речна тераса е

изградена од чакали, песоци и прашини и глини. Додека пак во непосредна близина на

реката застапени се алувијални седименти (al). Алувијалните седименти се најмногу

застапени на истражуваната локација за санација на мостот и составени се од чакали,

песоци и песокливи прашини. Според геотехничките истражувања се утврдени следните

слоеви: песоклив чакал - PČ, песоклива прашина PPR и песок P.

Од хидрогеолошки аспект песокливиот чакал и песокот претставуваат

хидрогеолошки колектори со меѓузрнеста порозност и висока водопропуснот. Поради

високата водопропусност во близина на река Брегалница може да се очекува речна

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

42

ерозија поради инфилтрацијата на подземни води.

Додека пак песокливата прашина претставува релативен хидрогеолошки колектор

со средна водопропусност.

Избор на хоризонт на фундирање

Длабочината на фундирање ќе биде зависна од ограничувањата кои произлегуваат

од проектантските барања. Во овој случај, пресметките за дозволеното оптоварување на

подлогата се извршени за длабочина на фундирање t ≈ 2.00÷3.00 m од кота на

извршените истраги во зона на алувијални седименти која би била на висина околу 321

мнв за плитко темелење, додека за длабоко темелење зоната на фундирање е во истите

геотехнички услови но зависна од изборот на конструкцијата.

Услови за ископ

Локацијата предвидена за изведба на Мостот е во рамничарски терен и е

лесно пристапна и за потешка градежна механизација, со незначителни и мали

прилагодувања на пристапните патишта.

На истражуваната локација со теренските истражни работи детектиран е

алувијален нанос од песок и чакал.

Табела бр. 5 Категоризација на ископ по ГН-200

Зона ГН200 (категорија) Услови на ископ

Алувијални седименти

III Машински

Заштита и одводнување на градежна јама

Изведувачот е должен да води сметка за стабилноста на ископите

согласно со стандардните процедури предвидени со техничката регулатива.

Поради застапеноста на некохерентни материјали на предметната локација

постои опасност од обрушување на косините на градежната јама. Поради

опасноста од обрушување и високото ниво на подземна вода се препорачува да

се изработи Техничко решение за заштита и одводнување на градежната јама.

Заклучоци и препораки

Врз основа на резултатите од извршените геомеханички истражувања и

испитувања како и врз основа на извршените пресметувања и анализи, може

да се констатираат следните констатации, заклучоци и препораки:

- Со обемот на извршените истражни работи (2) две истражни дупнатини на самата локација, со вкупна длабочина од 30.00 m', во доволна мерка се дефинира литолошката градба и физичко механичките карактеристики на теренот;

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

43

- Лабораториските испитувања се извршени согласно со актуелните стандарди MKТС CEN ISO/TS. Добиените резултати се во границите на очекуваните за ваков вид на материјали;

- За време на извршување на теренските истражни работи - месец Март 2015 година регистрирана е појава и ниво на подземна вода. Нивото на подземна вода е регистрирано на кота 322.20 мнв;

- Граничната и дозволена носивост за матично темелно тло е пресметана за лентовиден темел и единечен кол, по образецот на Terzaghi.

- Длабочината на фундирање ќе биде зависна од ограничувањата кои произлегуваат од проектантските барања. Во овој случај, пресметките за дозволеното оптоварување на подлогата се извршени за длабочина на фундирање t ≈ 2.00÷3.00 m од кота на извршените истраги во зона на алувијални седименти која би била на висина околу 321 мнв за плитко темелење, додека за длабоко темелење зоната на фундирање е во истите геотехнички услови но зависна од изборот на конструкцијата;

- Овие податоци важат исклучиво за предметната локација и условите, големините и претпоставките што се разгледувани;

- Во фаза на изведба доколку се појават одредени разлики по однос на прогнозираната градба на теренот, сите прашања да се разрешуваат во координација на тимови на инвеститор, изведувач, проектант, надзор и по потреба ревидент/консултант.

10. Геодетски подлоги

За потребите за Изработка на Техничката документација за изградба на нов мост на река

Брегалница на Регионалниот пат Р1309, делница: Кочани – Зрновци на 𝑘𝑚. 4 + 336.00, во

месец Април 2015 год извршено е геодетско снимање на терен.

На терен се стабилизирани полигонски точки од кои што се извршени сите геодетски

мерења. Истите се уредно обележани со мрсна црвена боја и поставени надвор од

опфатот на работа.

Мерењата кои се вршени во полигонската мрежа се извршени со GPS Trimble R4 Juno со

хоризонтална точност од ±5𝑚𝑚 + 0.5𝑝𝑝𝑚 RMS и вертикална точност од ±5𝑚𝑚 + 1𝑝𝑝𝑚.

При поставување на полигонските точки користени се параметри добиени од АКН кои што

важат за подрачје на Кочани заради бараната задоволителна точност.

Геодетското снимање на теренот е извршено со тотална станица Trimble M3 со аголна

точност од 3’’ и должинска од ±(2𝑚𝑚 + 2𝑝𝑝𝑚), GPS Trimble R4 Juno со наведената

точност и GPS Trimble R4 со хоризонтална точност од ±5𝑚𝑚 + 0.5𝑝𝑝𝑚 RMS и вертикална

точност од ±5𝑚𝑚 + 1𝑝𝑝𝑚 а снимените податоци се дигитално обработени.

Со снимањето е опфатен патот,мостот со сите негови елементи, околниот терен како и

сите позначајни и карактеристични детали во околината. Исто така ивршено е и геодетско

снимање на попречни профили во реката со помош на чамец, на растојание од околу 30м

помеѓу профилите од двете страни на мостот, со цел изработка на реален дигитален

Изведба на нов мост на река Брегалница на Регионален пат Р1309, делница: Кочани - Зрновци на км 4+336.00

44

теренски модел на речното корито.

Табела Error! No text of specified style in document.-3 Координати на полигонски точки

Бр. на точка Y (m) X (m) Z (m)

1 7619236.818 4637255.605 327.103

2 7619360.288 4637200.759 326.063

Стабилизацијата на точките од полигонската мрежа е извршена со метални болцни.