proektna zadaca prva i vtora strana

16
Средно училиште на Град Скопје „Марија Кири – Склодовска “ -СКОПЈЕ- ПРОЕКТНА ЗАДАЧА Државна матура Скопје,

Upload: independent

Post on 26-Nov-2023

1 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Средно училиште на Град Скопје„Марија Кири – Склодовска “

-СКОПЈЕ-

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Државна матура

Скопје,

Март - Април, 2016 годинаПРОЕКТНА ЗАДАЧА

ПО НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТСоциологија

ТЕМА:

„Раѓање и ширење на Христијанството’’

КАНДИДАТ, МЕНТОР,

Мартин Мајк Петрески проф. Елена Ташева

IV-7Содржина

1. Вовед................................................................................................ 3

2. Раѓање на Христијанството ........................................................... 4

3. Ширење на Христијанството во Римската Империја................... 5

4. Ширење на Христијанството во Македонија................................. 6

5. Ширење на Христијанството во Средниот Век............................. 7

6. Ширење на Христијанството во Новиот Свет.............................. 9

7. Ширење на Христијанството во Азија........................................... 11

8. Заклучок......................................................................................... 13

9. Користена Литература............................................................... 14

1.Вовед

Христијанството е монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот Завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потекло сродна е со јудаизмот,со кој дели доста религиозни текстови и својата рана историја; поточно заднички за двете религии се Хебрејската Библија која во христијански контекст е позната како Стар Завет. Христијанството се смета за аврамска религија заедно јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот ,,Христијански“, а така и „Христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени Христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Историјата на христијанството започнува во 1 век во Ерусалим.Како државна религија за прв пат била воведена во Ерменија во 301 или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римска Империја во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило скоро по целиот свет и денеска, таа е најголемата религија со најмногу верници на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие довеле до создавање на различни гледања на христијанството.

Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од место до место. Од времето на реформацијата Христијанството се дели на три главни гранки:

Католицизам

-Римокатоличката црква, најголемата од сите — во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници — како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе од една милијарда крстени членови.

Источно Христијанство

Источно Православни цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно членство од 240 милиони крстени членови.

Протестантство

Разни називи и групи како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизматици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пентекостици. Најстарата од овие групи се одвоила од Римокатоличката црква во 16-тиот век со Протестантската Реформација. Подоцнежните групи се оформиле како одвојувања од постарите. Некои протестанти едноставно се декларираат како христијани или преродени христијани. Други, особено во англиканизмот и неолутеранизмот, се декларираат како „и католици и протестанти“. Вкупно во светот ги има 500 милиони.

3

2.Раѓање на Христијанството

Раѓањето на Христијанството е поврзано со Исус Христос.Многу научници денеска се согласни дека Исус е роден од еврејката Марија во 6 век п.н.е или 4 век п.н.е во градот Витлеем и дека живеел во Назарет, а на кратко во Египет. Многу научници исто така се согласуваат ѝ дека Исус своето мисионерство го започнал на околу триесет години, кое го вклучува и ангажирањето на апостолите, кои го прифаќаат како чудотворец, исцелител и Син Божји. Тој бил распнат на крст во 33 година во времето на Понтиј Пилат и по неговото распнување,тој бил погребан во гроб.

Исус Христос

Христијаните веруваат дека по три дена од неговата смрт, Исус и телото воскреснале од мртвите, и дека празната гробница ја сметаат за историски факт/Неговите следбеници пишуваат дека тој им се јавил на учениците во Галилеја и Ерусалим и дека Исус на земјата останал уште четириесет дена пред неговото Воскресение, оставајќи порака дека повторно ќе се врати. Основните податоци од животот и делото на Исус доаѓа од четирите.Евангелија и делата на Апостол Павле.

Апостол Павле

4

3.Ширење на Христијанството во Римската Империја

ВоРанохристијанството односно периодот пред средниот век центрите воглавно биле на исток и како позначајни се истакнуваат: , , , .ЕрусалимДамаск Александрија Антиохија

Исус и неговите апостоли, ученици и следбеници, како евреи заминале од Галилеја кон Ерусалим, и по пристигнувањето во градот се упатиле во Ерусалимскиот Храм.Ова според христијанските верувања се случило во околу 33 година, време кога градот бил под римско владеење, како дел од Јудејската провинција на империјата. По инцидентот кој се случил во храмот, Исус во Ерусалим бил распнат на крст,каде воскреснал и се вознесел на небото со пророштво дека повторно ќе се врати.

Ерусалим станал прв центар на христијанството.Локацијата на првата христијанска црква претставувало местото каде се случила самата Педесетница, односно слегувањето на Светиот Дух,врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Братот на Исус, Јаков бил лидер во раната црква. Овие позиции најверојатно тој ги задржил сè до уништувањето односно разрушувањето на градот во 70 година во опсадата на Ерусалим. Во 130година, време кога скоро сите евреи биле протерени од градот.

Александрија е град кој се наоѓа во делатата на реката Нил, основана од страна на Александар Македонски. Овој град станал центар на учењето во тоа време . Еден од најпознатите еврејски философи бил Филон Александриски,а како најпознати црковни отци од ранохристијанската ера се вклучуваат Кирил и Климент Александриски. Според одлуките од Првиот вселенски собор Александрија станала седиште на христијанските цркви во Египет,Либија и цела Северна Африка.

Капелата Свети Павле во Дамаск

Дамаск е главен град на Сирија и се смета дека е најстариот град во светот.Според Новиот Завет, во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск апостол Павле видел необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол:

Савле, Савле, зошто Ме гониш?… Јас сум Исус, Кого Го гониш ти

Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на Христијанството.

54.Ширење на Христијанството во Македонија

Христијанството во Македонија па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и шири апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од апостол Павле работат на христијанизација на овие простори.Токму Лидија Македонка е првата Христијанка во Европа.

Споменик на Свети Кирил и Методиј во Чешка

Во 800 година Западна Европа била скоро целосно христијанизирана. Во Источна Европа се оставило место за мисионерска дејност. Така, најпознати мисионери се браќата Кирил и Методиј кои успешно го расшириле христијанството сред словенските народи. Една од најголемите заслуги е и создавањето на Глаголицата и преводот на Библијата на словенски јазик. На повик од царот Ростислав отишле во Моравија и таму ја распространле и ја утврдиле православната вера, умножувајќи голем дел од книгите. Подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде што Кирил починал. Тогаш Методиј се вратил на Балканските простори каде веќе привршувало христијанизирањето на Србите,Македонците...

Климент и Наум Охридски

Мисијата на Св. Кирил и Методиј била продолжена од страна на нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски Чудотворец. Градот Охрид бил претворен во еден од најголемите религиозни центри на Балканот

6

5.Ширење на Христијанството во средниот век

Откако Христијанството било конечно признаено од Римската Империја во 313 година со Миланскиот Едикт почнало рапидно да се шири низ цела Европа.До крајот на XII век скоро цела Европа била Христијанизирана.За ова ширење посебно во Западна Европа заслужни биле Римокатоличката црква односно Ватикан.

Ирска

Во почетокот на 5 век на просторот на денешна Ирска и Велс се развила посебна уникатна култура. На овие простори, христијанството било пренесено во времето кога Велика

Британија била во составот на Римската империја. Најголем мисионер од тоа време е Свети Патрик, кој го проповедал христијанството на овие простори.

Свети Патрик

Христијанизацијата на Галија и франките започнало во почетокот на 5 век. Клодовик I е првиот цар кој го прифатил католицизмот. Пред неговата смрт го свикал синодот на галските епископи во Орлеан за да ја реформира црквата и да создаде силна врска помеѓу круната и католичкиот епископ.

Христијанизацијата на Русија започнала во X век.Таа одела брзо и за неколку века биле крстени поголем број на Русите и го прошириле Христијанството се до крајните делови на Азија. Така Руската православна црква станала најголема православна црква по бројност во светот.Нејзино раководно тело е Светиот Синод.

7 Раната христијанизација во Скандинавија била започната од страна на Ансгар, Епископ на Бремен кој бил испратен во Данска во 820 година. Мисијата му се определува како деловно успешна, па по две години бил вратен во Германија. Најголем подем христијанството во Скандинавијата доживеало во времето на Олаф I во годините по 1000 година.

Во 597 папата Грегори одличил да го прошири Христијанството во Англија.Тој пратил мисионери кои биле срдечно пречекани.Откако кралот се конвертирал и станал Христијанин сите други жители на Англија го следеле неговиот пример.Така до следниот век најголем дел од Англија станал Христијански.

Уште во доцниот I век па се до 3тиот век имало обиди да се основа црква на Иберискиот Полуостров.Во 313 откако Христијанството и официјално било признаено како религија во Рим,Христијаните биле послободни да ја практикуваат својата религија и така почнала огромна експанзија на Иберискиот Полуостров,а посебно во Шпанија со центрите Севиља,Кордоба и Толедо.Подоцна токму Шпанија заедно со Англија ќе имаат најголеми заслуги за пренесување на Христијанството во Новиот Свет. Во 1478 основана била Шпанската Инквизиција, што претставувала суд на Католичката цркваподржана од страна на тогашното шпанско кралство за заштита на верата против разни еретици и кривоверци со цел тие да ја прифатат католичката вера. Во Шпанија посебно ќе се истакне Исидор Севиљски кој бил Шпански архиепископ повеќе од 3 децении и се смета за еден од најучените луѓе на средниот век.

Исидор Севиљски

86.ШИРЕЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО НОВИОТ СВЕТ

Ширење на Христијанството во Новиот Свет започнува со ерата на глобално освојување и откривање на нови континенти.Се започнува со Шпанците и Португалците кои почнувааат со новите откритија кон крајот на XV век..

Во 1492 Кристофер Колумбо заедно со 100 Шпански Христијани се укотвил во Санто Доминго односно денешна Доминиканска Република.Подоцна Фердинанд од Арагон и кралицата Изабела праќаат втора експедиција во 1493 која е конвој од 17 бродови и носи 1500 луѓе-војници,мисионери и политичари,Шпанците имаат супериорни оружја наспрема локалните народи и лесно ги победиле Ацтеките,Маите,Инките и другите индијански народи. Откако ги победиле започнале со огромно искористување на ресурсите и ширење на Христијанството

Патувањата на Кристофер Колумбо

Во раниот 16 век заедно со конквистадорите дошле огромен број на Шпански мисионери,во Флорида и Вирџинија. Неколку децетици години подоцна мисионери и војници пристигнале во денешно Ново Мексико и под присила ги конвертирале Пуебло индијанците.Во 17 век мисионери пристигнале и во Калифорнија и целиот западен брег.Тука имало помалце насилство во конвертирањето,а додека во Нова Англија во 17 век дошле Протестантски мисионери од Англија кои го наметнувале Протенстантизмот во новите колонии.

Конвертиран Навахо Индијанец

9

Во 18 век се повеќе и повеќе робови од Африка доаѓале во Американските колонии.Нив со Христијанството ги запознале Баптистички и Методостички мисионери.Црквите биле контролирани од сопствениците на робовите .Робовите набрзо ја прифатиле новата вера и проповедале свој вид Христијанство.

Првите обиди за запознавање на локалните племиња со Христијанството започнале во Африка во 18 век.Ова одело многу тешко бидејќи немало некоја посебна подршка од владите во Европа,а центар во Африка станал Фритаун во Сиера Леона.

После 1870 година во Африка,а посебно нејзиниот централен,западен и јужен дел се бележат големи успеси и бројот на Христијани почнува да расте.Се бележи огромен прогрес и во други сфери,а се преведува Библијата на многу локални јазици со што се приближува религијата на локалните луѓе.Иако Христијанството постои во Африка уште од I век во северните делови,а посебно во Египет,Либија и деловите околу Картагина тоа доживува бум во XIX и XX век со Африканскиот Евангелизам.Денес се поголем број на луѓе го прифаќаат Христијанството во Африка на сметка на старите традиционални анимистички религии.

Богослужба во Африка

Од 9.000.000 Христијани во Африка во 1900 за само 1 век до 2000 година имало 380.000.000,а според предвидувањата до 2025 во Африка ќе има 633.000.000 Христијани

Коптски Христијанин во Египет

10

7. ШИРЕЊЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО АЗИЈА

Токму Азија е контитентот во кој се родило Христијанството.Уште од најраните денови на Христијанството се проширило на Блискиот Исток каде големи Христијански центри биле Антиохија и Ерусалим.Од тука станал најголема религија по цел Левант и почнал да се шири кон Кавказ.

Токму на Кавказ биле првите држави во Светот.кои го прифатиле Христијанството како државна религија.Ерменија во 301 и Грузија во 327 година.Посебно на овие делови од Азија се истакнува Света Нина која го покрстила Грузискиот цар по што следела цела Грузија.Денес е славена како најголем светец во оваа држава.

Света Нина

Од Блискиот Исток биле праќани многу мисионери кои им било мисија да ги покрстат сите дотогаш познати Азиски народи и за неколку века стигнале се до Кина и Индија попатно отварајќи нови цркви.

Црква во Кина

11

Во Кина првите мисионери пристигнале во VII век,а црквата траела само 2 века.И во следните векови имало разни обиди да се покрстат Кинезите со различни Језуитски и Францикански мисии но најчесто завршувале неуспешно.Сепак при крајот на XIX век пристигнале голем број на Католички и Протестантски мисионери и огромен број од популацијата почнала да го прифаќа Христијанството.Иако Христијанството е еден вид табу тема бидејќи таму владее Комунистичката партија сепак се очекува до 2030 Кина да стане држава со најголем број на Христијански верници. Статистиките велат дека до 2030 година вкупниот број на христијани би можел да достигне до 247 милиони, што ќе ја стави Кина пред Мексико, Бразил и САД по бројот на христијанско население.

Шпанците пристигнале на Филипините во XVI век и владееле 3 и пол века со што поголем дел од локалното население го прифатило Христијанството.Засега Филипини остануваат една од ретките Христијански нации во Азија.Свети Лоренцо Луиз од Манила бил светец од Филипините и имал свои мисии низ целиот Далечен Исток при што успеал да покрсти голем број на Азијци.

Свети Лоренцо Луиз

Денес Христијанството со најголемо темпо се шири токму во Азија,а посебно во:Кина,Непал,Монголија,Сингапур,Индија...

12

8.ЗАКЛУЧОК

Христијанството опстанува како најголема религија во светот веќе 2 милениуми.Се забележува се поголемо и поголемо ширење во сите делови од светот.Посебно е интересно што токму 19 од 20 држави каде Христијанството најбрзо се шири се во Азија и Африка.Бројот на Христијани од година во година е се поголем итоа темпо продолжува и покрај големиот број на Христијани кои се декларираат како Атеисти и големиот притисок од некои влади кои не го признаваат Христијанството.Сепак може да се забележи голем број на нови цркви кои придобиваат нови верници и имаат мисии насекаде.Забележливо е драстично зголемување на Протестантите кои набрзо ќе достигнат бројка од 1.000.000.000.

И покрај зголемување на бројот на христијаните во светски рамки од 600 милиони во 1910 на 2,18 милијарди минатата година, сепак нивниот број во Европа се намалил од 66 на 25 проценти, покажува извештајот изработен врз основа на демографските податоци од 200 земји. Во моментов пет од десет држави со најбројно христијанско население се наоѓаат во

Африка и Азија - Нигерија, Деократска Република Конго, Етиопија, Филипините и Кина. Студијата исто така открива дека во Суб-сахарска Африка е забележан најголем раст на следбениците на христијанството, од 8,5 милиони пред сто години на повеќе од 516 милиони денес. Најмногу христијани има во САД, Бразил, Мексико и Русија, а најмалку во северна Африка и на Блискиот Исток, од каде колку и да звучи апсурдно потекнува оваа религија. Во овие области има само 13 милиони христијани или тие се само околу четири проценти од вкупната популација.

13

9.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

https://en.wikipedia.org/wiki/Lorenzo_Ruiz

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD

%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE

http://ruizspieces.com/hist/1402.html

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_

%D1%85%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE