d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182...

29
До Основниот суд ________________________, оддел за прекршоци Дело бр. ________________________________ (број под кој се води делото) Од _________________________________________________ (вашето име и презиме) Почитуван суде, Пред Насловниот суд во тек е прекршочна постапка врз основа на законот за прекршоци ( Сл. Весник 26/06, 51/2011, во понатамошниот текст: ЗП) против мене, поради наводно прекршување на членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести (во понатамошниот тескт:ЗЗНЗБ), кој прекршок дури не е ни правилно да се инкриминира со прекршочното законодавство, според начелото на законитост член 3 , односно 5 од ЗП, за што подетално ќе пишувам во продолжеток. I. Најпрвин би сакал да ви укажам на амандманот 25 став 1 од Уставот на РМ кој гласи „Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, во таа смисла членот 2 од Законот за судовите(Сл. Весник 58/06, 35/08, 150/10) гласи „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, од ова можеме да заклучиме дека законодавецот го пренел амандманот 25 став 1 од Уставот на РМ во целост. Понатаму во истиот закон, можеме да видиме дека член 18 став 4 гласи „Кога судот смета дека примената на законот во конкретниот случај е во спротивност со одредбите на меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот ќе ги примени одредбите од меѓународниот договор, под услов тие да можат директно да се применат“, додека членот 118 од Уставот на РМ гласи „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност 1

Upload: kikota5

Post on 11-Dec-2015

13 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

s

TRANSCRIPT

Page 1: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

До Основниот суд ________________________, оддел за прекршоци

Дело бр. ________________________________

(број под кој се води делото)

Од _________________________________________________

(вашето име и презиме)

Почитуван суде,

Пред Насловниот суд во тек е прекршочна постапка врз основа на законот за прекршоци ( Сл. Весник 26/06, 51/2011, во понатамошниот текст: ЗП) против мене, поради наводно прекршување на членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести (во понатамошниот тескт:ЗЗНЗБ), кој прекршок дури не е ни правилно да се инкриминира со прекршочното законодавство, според начелото на законитост член 3 , односно 5 од ЗП, за што подетално ќе пишувам во продолжеток.

I. Најпрвин би сакал да ви укажам на амандманот 25 став 1 од Уставот на РМ кој гласи „Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, во таа смисла членот 2 од Законот за судовите(Сл. Весник 58/06, 35/08, 150/10) гласи „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“, од ова можеме да заклучиме дека законодавецот го пренел амандманот 25 став 1 од Уставот на РМ во целост. Понатаму во истиот закон, можеме да видиме дека член 18 став 4 гласи „Кога судот смета дека примената на законот во конкретниот случај е во спротивност со одредбите на меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот ќе ги примени одредбите од меѓународниот договор, под услов тие да можат директно да се применат“, додека членот 118 од Уставот на РМ гласи „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.“ Од ова може јасно и недвосмислено да се увиди дека членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести е правно дерогиран и е надвор од употреба во правниот систем на РМ, а во смисла на член 5 од Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, кој гласи „Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација. Службен весник на РМ бр.55 од 28.04.2009 година. Би сакал исто така да напоменам дека членот 8 од Уставот на РМ, како темелен принцип ги признава - основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот. Во таа насока е македонскиот Закон за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник бр.82/08, 12/09, 53/11), членот 14, во кој се инкорпорира

1

Page 2: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

правото на избор, а истото целосно го анализирам во текстот кој следи, каде што исто така и подетално го разработувам судирот на меѓународното право и домашните закони, како останатото позитивно(важечко) право на РМ.

Исто така ви напомнувам дека според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, Службен Лист на СФРЈ Бр. 32 од 15 јуни 1972 година, член 26 и член 27, „Секој договор што е во сила ги врзува членките и тие треба да го извршуваат добронамерно“, односно „Една членка не може да се повика на своето внатрешно право за да го оправда неизвршувањето на договорот“. Република Македонија и пристапи на Виенската конвенција за договорно право на 23 мај 1999 година, Сл. Весник бр. 37 од 25 Јуни 1999 година.

Патерналистичкиот приод на медицината е одамна надминат и е заменет со начелото на информираност. Прекумерното и авторитативно покровителство од страна на државата, да се наложува и решава од името и за своите граѓани прашања од лична природа и да бара безусловно потчинување беше својствено за еден период во кој личноста беше третирана без особена почит, а во името на општата благосостојба, која народот ја сруши и побара општество во кое тој како личност е неговиот центар и основа, темел.

Во медицината, информираната согласност означува дека откако пациентот ќе ги добие сите неопходни податоци за суштината на предложената медицинска интервенција , придобивките и ризиците поврзани со неа, ТОЈ, граѓанинот, донесува решение дали таа ќе биде извршена или не, односно во стриктна правна смисла претставува правен услов каде личноста дала согласност за постапки базирана врз одобрување и разбирање на фактите и импликациите на тие постапки. Тоа се потребите на поединецот да ги поседува релевантните факти и можноста за расудување.

Како обвинет за сторен наводен прекршок, според член 33 став 2 од ЗЗНЗБ, на правно и фактички неосновани наводи од прекршочната пријава , ве известувам дека јас Не сум крив за наводниот прекршок со кој неоправдано се теретам со прекршочната пријава., и воедно ви предлагам соодветни докази , односно доказни средства, со посебен осврт на важечката правна регулатива, во обѕир дека Министерството за здравство (понатаму како: Министерство), кое го иницира прекршочниот прогон, кој за жал, недоволно добро го познава домашното важечко законодавство во Република Македонија, па складно на тоа и не се придржува до истото. Општо е познато правното начело Ignorantia iuris nocet (непознавањето на правото е штетно) кое не го оправдува адресантот кој не го познава правото, али во овој случај ние трпиме штетни последици поради туѓото незнаење, во однос дека Министерството селективно, недопуштено и погрешно толкува еден член на еден пропис, во однос на цел еден низ на Конвенции и прописи, т.е. цел низ на одредби (многу од кои имаат повисока правна сила во скалилото на правните акти т.е. дерогираат една пониска правна одредба, која повторно сама за себе не ги задоволува правните стандарди на владеење на правото и начелото на законитост). Во однос дека Судот е многу повеќе правно поткован, барам од судот да го запре Министерството, кои ги крши нашите основни човечки и родителски права, како и правото на нашето дете – потенцијален пациент, (наводно чие право на Министерството

2

Page 3: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

му е грижа и таа иста „грижа“ ја искажува на многу чуден начин т.е. на правно и етички неприфатлив начин!?). Делото кое се става на терет, воопшто не е и не може да биде прекршок т.е. не е казниво дело поради правните причини опишани во продолжение. Во таа смисла го потсетувам Судот на начелото на објективност, односно член 15 од ЗКП(Сл. Весник 150/2010, 100/2012)

Ние како одговорни родители одложивме одреден медицински - превентивен третман на нашето дете (т.е. вакцинирање са одредена вакцина), се додека не бидеме прописно информирани и уверени со нешто што би требало декларативно да го унапреди „здравствениот статус“ на нашето дете. Нејќеме нашето дете да го изложиме краткорочно и долгорочно на здравствен ризик in concreto, ризик кој ние не сме спремни да ги превземаме. Ние не сме никакви „антивакцери“ како што ни се припишува, односно ние не сме против самите вакцини, но со оглед дека според достапната медицинска литература, безбедноста и ефикасноста на истите не е докажана. Впрочем, доколку истата е докажана и ефикасна онолку како што се говори од страна на Министерството, не би имало никаков проблем, од страна на Министерството, за да родителите бидат сигурни дека медицинската литература греши во тој однос, на барање на родителот, соодветното лице кое е задолжено за имунизација, ќе потпише под целосна морална, материјална и кривична одговорност, дека вакцините кои се вбризгуваат, дека се во секој поглед безбедни и ефикасни, како самите вакцини во целост така и поединечните состојки од која е составена вакцината.

Секој е слободен сам да процени и според искуството, да донесе определена одлука во врска на медицинска - превентивна интервенција. Во таа смисла ќе ви дадам пример како начинот на кој се вршат јавните набавки, по критериум на најниска цена, кој ме загрижува за самиот квалитет на вакцините. Начинот и достапноста како родител на сите состојки во вакцината ме загрижува најмногу. На судот ќе му предочам дека кога се вршат јавни набавки за вакцини, при склучување на договорот за набавка на вакцини, во самиот договорот помеѓу предметните страни(Добавувач и Купувач), постојат посебни клаузули за неоткривање на деловни тајни и имунитет од гонење. Тука можеме да го поставиме прашањето зошто е потребно сето ова? Одредбите за неоткривање на тајна се однесуваат на определени состојки во вакцините, и невозможност од една страна на медицинските лица да определат комплетна евентуална алергичност и контраиндикација, а на родителот кој сака да донесе информирана согласност, тоа право му се одзема, односно не му се нагласува, со што се поставува прашањето, чија е одговорноста од евентуалната непозната алергичност од определената непозната состојка, од која би можело да настане тежок анафилактички шок со смртни последици. Во таа смисла се поставува прашањето на имунитет од прогон на Добавувачот на вакцината. Доколку е толку безбедна и ефикасна зошто има потреба од истиот имунитет од гонење. Во најмала рака добавувачот, односно фондот за здравствено осигурување кое ја ги набавува вакцината во име на Република Македонија, бара, односно се дава имунитет. Етиката налага сите информации за информирана согласност дека треба да се даваат, а не истите да се кријат.

Податоците од производителот за секој лек((дури и од податоците од оној кој ги нуди на пазарот постои загриженост, а како би било кога надлежните тела во Р. Македонија би имале средства, опрема и луѓе за спроведување на детални анализи, во кој производителот ќе нема толкаво влијание на конечните резултати) достапни се на веб

3

Page 4: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

страна на Бирото за лекови – прашањето, навистина колку родители тоа го знаат и колку воопшто имаат технички предуслови за соодветен начин на пребарување на информациите, а уште поголемо е прашањето е на сите родители пред донесувањето на нивната одлука, во постапка која би требало да служи на претходно непристрасно информирање, не се даваат испечатени, Упатства за конкретната вакцина, која се вбризгува, односно внесува во телото на нивното дете. Полно работи може да наведат од македонското секојдневие, а што е далеку од најголемите стручни, етички и правни стандарди, за еден ваков „лов на вештерки“ , од страна на Министерството!? Зарем има потреба од ускратување на правото на избор? Доказ за тоа тврдење е и превземањето на репресивни мерки од страна на Министерството со пријавата пред оваа судска институција во кој ние треба да се браниме од невистинити квалификација и обвинувања. Зарем родителот не му мисли најдобро на своето дете? Родителот е тој што ја дава својата жртва за иднината на своето дете и тој е најзаинтересиран за иднината на своето дете.

Доколку Судот ја прифати неточната квалификација на Министерството - многу лесно може да има негативно дејство во односот лекар - пациент и нужната потреба од доверба која е потребна во еден таков однос т.е. оневозможува вообичаена професионална комуникација која е од голема важност во слична или друга ситуација. Таа квалификација на Министерството е комплетно неточна, а нашата постапка е сосема легитимна, и втемелено најпрвин на член 14 став 1 според Законот за заштита на правата на пациентите ( Сл. Весник бр.82/08, 12/09, 53/11) кој гласи „Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција… “, темелен на Законот за ратификација на Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и Медицината (Сл. Весник 55/2009), чии одредби се од повисока сила, наспроти член 33 став 2 од ЗЗНЗБ според член 118 од Уставот на РМ , „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.“ , според член 26 и 27 Виенската конвенција за договорно право (Сл. Лист на СФРЈ бр.30/1972 година) „Секој договор што е во сила ги врзува членките и тие треба да го извршуваат добронамерно“, односно „Една членка не може да се повика на своето внатрешно право за да го оправда неизвршувањето на договорот“. Со одлука на владата, на 23 мај 1999 година(Сл. Весник бр.37/99), Македонија и пристапи на Виенската конвенција за договорно право. Во регистарот на Обединетите Нации, Македонија е запишана, како датум на пристапување се смета 08-07-1999 година, врз основа на сукцесија. Согласно амандман 25 став 1 од Уставот на РМ „Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот“ , членот 2 од законот за судови гласи „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот„. Директната примена на меѓународните договори од страна на судовите може да се види во член 18 став 2 од законот за судови кој гласи „Кога судот смета дека примената на законот во конкретниот случај е во спротивност со одредбите на меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот ќе ги примени одредбите од меѓународниот договор, под услов тие да можат директно да се применат“

Проф. Др. Гордана Панова, професор при медицинскиот факултет во Штип по предметот Медицинска етика во својата книга „Медицинска етика“ од 2010 година, на

4

Page 5: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

страница 52, пишува, „Медицинската етика со своите основни начела го обврзува лекарот на почитување на личноста на пациентот. Пациентот мора да биде третиран хумано, како личност со право, како човечко суштество по општата вредност, што значи дека е неопходно да се почитува автономијата на личноста на пациентот и со ниедна постапка таа автономија не смее да биде нарушена ... Почитувањето на автономијата на личноста на пациентот е едно од основните начела на медицинската етика и е битно за медицинската етика, но и за медицинското право, затоа што произлегува од правото пациент - човек. Пациентот има право на ... информации за можните несакани ефекти во текот на лекувањето или за непријатностите и ризиците кои може да ги доживее во текот на дијагностиката, третманот и лекувањето. Конечно, автономно е и исклучително право .... се она што лекарот ќе му предложи и образложи да го прифати или одбие а тоа е информирана согласност- слободен избор, односно самоопределување.

За да може да се оствари информираната согласност, неопходни се три услови:

1. Согласноста на пациентот мора да биде дадена со негова волја,2. Согласноста на пациентот мора да биде донесена без влијание на друга личност и3. Согласноста на пациентот мора да биде дадена врз основа на разбирањето на својата автономна и рационална одлука. “

Во нашата правна регулатива, Законот за заштита на правата на пациентите - закон кој ќе биде детално анализиран во продолжение, кога се работи во однос на членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за заштита на правата на пациентите станува lex specialis, бидејќи целосно ја дерогира неговата одредба, бидејќи самиот закон воспоставува определени ПРАВА. Тоа право е право да се одбие медицинска интервенција(Член 6, 14, 15). Истиот закон според член 4 став 1 точка 2, ја воспоставува и ја дефинира вакцинацијата како медицинска интервенција. Во таа смисла како lex specialis може да се јави и Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, која исто така во понатамошниот текст ќе биде детално обработена, како што е веќе напомнато меѓународните договори ратификувани од законодавниот орган, на формален начин се изедначени со домашните закони, а истите има поголема правна сила од законот.

Без детално да навлегувам во Законот за здравствена заштита (Сл. Весник Бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14), може да се види дека нашето позитивно право му придава големо внимание на физичкиот интегритет и на правото на информираност.

5

Page 6: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Човекови права и вредности во здравствената заштита

„Член 4

(1) Секој граѓанин има право да ја остварува здравствената заштита со почитување на највисокиот можен стандард на човековите права и вредности, односно има право на физички и психички интегритет и на безбедност на неговата личност, како и на почитување на неговите морални, културни, религиозни и филозофски убедувања

(2) Секој граѓанин има право на информации потребни за зачувување на здравјето и стекнување здрави животни стилови и на информации за штетните фактори за животната и работната средина кои можат негативно да влијаат на здравјето, како и на информации за потребните мерки за заштита на здравјето во случаи на појава на епидемии и други непогоди и несреќи кои можат негативно да влијаат на здравјето.“

Правото на информираност и правото на избор е посебно нагласено во Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник бр.82/08, 12/09, 53/11) ,

„Член 2.

Со заштитата на правата на пациентот се обезбедува квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот за здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.

Начела на заштита на правата на пациентитеЧлен 3

1)Заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и достапност2)Начелото на хуманост се заснова на:

1) почитување на личноста на човекот, како хумано суштество; 2) почитување на личната самоопределба; 3) физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на човекот; 4) почитување на приватноста на личноста;

ДефиницииЧлен 4

.....

2. ”Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активност со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што ја презема овластен здравствен работник;

.....

6

Page 7: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

II. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ

Член 5

Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со ратификуван меѓународен договор, конвенции, декларации и други меѓународни документи што се однесуваат на заштитата на правата на пациентите.

Пациентот има право на остварувањето на правата, пропишани со овој закон, без дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е друг статус.

Пациентот има право на грижа, лекување и рехабилитација што се во согласност со неговите поединечни потреби и способности и што ја унапредуваат состојбата со неговото здравје, со цел да го достигне највисокото можно лично ниво на здравје, согласно со достапните методи и можности на медицината, а во согласност со прописите од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување.

Личноста и достоинството на секој пациент мора да се почитува.

Пациентот има право за време на престојот во здравствената установа на лична сигурност.

Право на пациентот на учество во одлучувањето

Член 6

Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција......

Право на информираностЧлен 7

Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за:

1) својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините најчесто очекувани компликации;

2) Препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно спроведување (програма за третман и рехабилитација);

3) Можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции;

4) своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции;

7

Page 8: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Член 8

Информациите од членот 7 на овој закон на пациентот мора да му се дадат на разбирлив и соодветен начин за пациентот, со минимизирање на техничката, односно стручнатa терминологија, со цел да се добијат податоците од важност за третман на пациентот.

Право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција

Член 14

Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица.

Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција пациентот го изразува со потпишување на изјава.

.....

Заштита на пациент кој не е способен да даде изјава

Член 15

За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од членот 14 на овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот.“

......

Како што може да се види Законот за заштита на правата на пациентите го дерогира членот 33 став 2 ЗЗНЗБ, но како дополнителен пример за правната дерогираност, во продолжение ја давам Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината (Сл. Весник бр.55/09), во смисла на член 5 од истата.

Сега ќе ви ги издвојам најважните делови и нагласувам дека во Преамбулата на истата Конвенција јасно и недвосмислено е кажано:

Земјите членки на Советот на Европа, другите држави и Европската заедница, потписници на оваа Конвенција

Имајќи ја предвид Универзалната декларација за човечки права, прогласена од страна на Генералното Собрание на обединетите нации на 10 Декември 1948 година,

Имајќи ја во предвид Конвенцијата за заштита на човекови права и основните слободи од 4 Ноември 1950,

8

Page 9: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

...

Имајќи ја во предвид Конвенцијата за правата на децата од 20 Ноември 1989

Имајќи во предвид дека целта на Советот на Европа е постигнување на поголемо единство помеѓу неговите членови е дека една од методите која таа цел се постигнува е одржување и понатамошна реализација на човековите права и основните слободи

...

Убедени во потребната дека човечкото суштество и како поединец и како член на човечкиот род и признавајќи ја важноста на обезбедување на достоинството на човечкото суштество;

Одлучувајќи да ги преземе сите неопходни мерки за зачувување на човековиот дигнитет и основните права и слободи на поединецот во однос на биологијата и медицината.

Се договорија како следи:

Член 1ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ

Страните потписнички на оваа конвенција ќе го штитат достоинството и идентитетот на сите човечки суштество и ќе гарантираат секому, без никаква дискриминација, почитување на правото на интегритет и други права, како основните слободи во однос на примената на биологијата и медицината.

Член 2 ПРВЕНСВО НА ЧОВЕЧКОТО СУШТЕСТВО

Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката

...

Член 4ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Секоја интервенција во областа на здравството, вклучително и истражувањето, мора да се извршуваат во согласност со соодветните професионални обврски и стандарди.

Поглавје IЧлен 5

ОПШТО ПРАВИЛО

Интервенција во областа на здравството може да се изврши ЕДИНСТВЕНО кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација.

Тоа лице претходно треба да добие соодветни информации за целта и природата на интервенцијата, како за последиците и ризиците од истата

Засегнатото лице може слободно да ја повлече согласноста во секое време.

9

Page 10: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Дел од преамбулата е особено важен, затоа што поединци во потполност погрешно сакаат да остават впечаток на стручната и другата јавност, со уверување дека постои наводна колизија (судир) на прописот(за да некој би толкувал на што да се даде предност), иако страните потписнички на Конвенцијата имаат јасно истакнато дека истата има за цел „...одржување и понатамошна реализација на човековите права и основните слободи“ и истата ја имала во предвид Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од 1950 година Конвенцијата за правата на децата од 1989 година, односно дека се работи за продолжеток и надградување на основните човекови права и слободи. Она што јавно не се зборува е фактот дека кога и некој би сакал да го форсира тоа промашено толкување, тогаш со примената на основните првни начела Lex posteriori derogat priori и Lex specialis derogat legi generali, повторно не би имало двоумење дали да се применува цитираната Конвенција која е донесена покасно и која на потполн и недвосмислен начин уредува конкретно и специјално прашање – во овој случај тоа би било основно право на слободна информирана согласност и право да интересите на поединците имаат предност пред интересот на заедницата. Во Република Македонија наместо своето дете, наведените одлуки, ги носат исклучиво неговите законски застапници, т.е во конкретен случај исклучиво Ние како родители на нашето дете, целосно слободно, а никако не под присила или со закони по пат на репресивни мерки (некои демагози кои воопшто не го познаваат правото , дури и тврдат дека тоа не е присилно вакцинирање и во некои случаеви изнудената согласност, туку само слободна одлука со условна прекршочна одговорност, ако поединецот слободно се изјасни т.н.„погрешна одлука“ – одложување или трајно одбивање на вакцинирање).

Исто така врз основа на член 5 од Законот за заштита на правата на пациентите се повикувам, и на Универзалната декларација за биоетика и човекови права, која на 33-тата генерална конференција на УНЕСКО, на 19 октомври 2005 година ја усвои, а која исто така јасно ги уредува истите прашања, од која исто така ќе ги издвојам најважните делови.

„Член 3 – Човеково достоинство и човекови права

1. Човековото достоинство, човечките права и основни слободи мораат да се почитуваат во целост.2. Интересите и благосостојбата на поединецот треба да имаат приоритет над единствениот интерес на науката или општеството

Член 5 – Автономија и индивидуална одговорност

Треба да се почитува автономијата на личноста во носењето на одлуки, превземајќи ја одговорноста за таа одлука и со уважување на автономоста на другите...

Член 6 - Согласност

1. Било каква превентивна, дијагностичка и терапевтска медицинска интервенција може да се изведе само со претходно слободно и информирана согласност на засегнатото лице, врз основа на релевантни информации. Каде што е соодветно, засегнатото лице треба да изрази изречно и може да се повлече во било кое време и од било кои причини и без неповолни последици и штета ...“

10

Page 11: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Потоа, правото на пациентот да одлучува самиот за вакцинација врз доброволна основа е дел од препораката на Светската Здравствена организација во публикацијата „Етички согледувања при акутни хуманитарни итности“ од 2013 во кој се вели: „ Вакцинацијата треба да е врз доброволна основа, освен доколку не стане критично да се превенира конкретна и сериозна штета.“

Несомнено е нагласено и во Декларацијата за промовирање на правата на пациентите во Европа, донесена од Светската Здравствена организација во Амстердам во 1994 год. во членовите:

1. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ 

1.2 Секој има право на лична определба;1.5. Секој има право да има свои морални, културни вредности, верски и филозофски убедувања кои треба да бидат почитувани;

3. СОГЛАСНОСТ

3.1. Согласноста на пациентот е предуслов за давање помош на секаков вид на медицинска интервенција. 3.2. Пациентот има право да одбие да му биде укажана или да прекине со медицинската интервенција. Импликациите од одбивањето или прекинувањето на интервенцијата мора внимателно да му бидат објаснети на пациентот.

Потоа Европскиот суд за човекови права во пресудата по делото 42197/98 од Италијанката Иларија Салвети утврдува:

„Судот смета дека задолжителното вакцинацинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“

На голема жалост на некои лобија, одлуката за тоа не ја носат бирократи од било која струка, ниту статистичари, а за среќа ниту претставниците на фармацевтските компании, туку исклучиво родителите, односно законските застапници на детето.

Важно е дека нашето родителско право, поучени од бројните непосредни и посредни негативни искуства со вакцините, слободно да донесеме свој суд и соодветна родителска одлука (позитивното право на РМ тоа го дозволува) Слично како што во казненото и прекршочното право важи начелото In dubio pro reo(Член 4 од ЗКП), така и ние родителите во сомнежот во што да веруваме, (затоа што мнозинството од здравствените работници законски се принудени во вакцинирањето според ретроградниот закон, со кој присилно, со закана на казна(репресија), наместо со силата на аргументите, делење на информации, уважување на евентуални несогласувања. Всушност самиот приод со разговор наместо репресија ќе го унапреди македонскиот

11

Page 12: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

здравствен систем и било какви недоумици веднаш ќе исчезнат.), имаме исклучиво право да донесеме одлука во име на своето дете и тоа одлуката за која ние сметаме дека е подобра или помалку ризична. Нашето дете, сигурно никој повеќе не го сака отколку нас – неговите родители.

Уставот на Р.М. член 8 став 1 алинеја 1,3,11, нагласува дека Темелни вредности, помеѓу другите, на уставниот поредок на Република Македонија се:

- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;

- владеењето на правото;

- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право;

Правото на физичкиот интегритет во Уставот на РМ е инкорпориран во Член 11 став 1 од Уставот на РМ кој гласи „ Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени“, потоа во став 2 „Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“. Член 12 став 1 говори дека „Слободата на човекот е неприкосновена“ и таа слобода може да се ограничи исклучиво кога тоа е предвидено со Уставот, според член 54 став 2 набројани се исклучиво две можности кога тоа може да се направи, и тоа за „време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.“ Во тој правец и е европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, членот 3 гласи „ Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Веќе напоменав дека според член 118 од Уставот на РМ „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност на Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“. А, според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, која е ратификувана од страна на Р. Македонија, Р. Македонија не може да се повика на внатрешното право за неисполнување на определен меѓународен договор. Со член 50 од уставот на РМ, Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судската заштита на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.

Исто така, според Повелбата за основните права на Европската унија од 2010 година (2010/C 83/02 во понатамошниот текст: Повелба) јасно го потврдува горенаведеното, а во таа смисла го издвојуваме текстот нa преамбулата кој гласи:„...Унијата се заснова на неделивите и универзални вредности на човечко достоинство, слобода, еднаквост и солидарност; Унијата се темели на начелата на демократија и вл а д еењето на правото . Поединецот го става во сржта на своите активности .... на област на слобода, безбедност и правда.

12

Page 13: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Глава I

ДОСТОИНСВО

Член 1

Човечко достоинство

Човечкото достоинство е неповредливо. Тоа мора да се почитува и заштитува.

...

Член 3

Право на интегритет на личноста

1. Секој има право да се почитува неговиот или нејзиниот физички и ментален интегритет.

Во областа на медицината и биологијата, мора да се почитува следното:

слободна и информирана согласност на засегнатото лице согласно процедурите пропишани со закон;

...

Член 4

Забрана за мачење и нечовечно или понижувачко постапување или казнување

Никој нема да биде изложен на мачење или нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Правото на физички интегритет го одразува начелото на неповредливост на човечкото тело. Ова начело има два аспекти: забрана на трети лица по прашања за интервенција на телото на личноста и ограничување на нивната моќ да располагаат со таа особа. Сите права кој еден закон мора да ги осигура за една личност, претставуваат поголем стандард кој е на некој начин, над законот кој треба да се придржува. Човечките права претставуваат збир на правила која ниедна власт не би смеела да ги занемари ниту на било кој начин да ги загрозува.

Европскиот комитет за превенција на тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување има изјавено дека на секој компетентен пациент треба да му биде овозможено да одбие третман или друга медицинска интервенција.

II. Целата наша родителска постапка, втемелена е и на професионалните должности и стандарди на медицинската струка, како и низа на правни прописи кои ги уредуваат односот лекар - пациент, како еден посебен однос во кој меѓусебната доверба е најзначаен факт, а да не спомнуваме фактот дека се она што лекарот додека ја обавува својата должност, се смета за професионална тајна. Членот 33 став 2 од законот за заштита на населението од заразни болести е во спротивност на бројни веќе наведени домашни и меѓународни прописи, во тој контекст може да се наведе дека несвесно или од негрижа се

13

Page 14: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

доведува лекарот во потенцијална ситуација на казнено дело, казниво според член 130 од Кривичниот законик. Исто така или од незнаење или негрижа, сите факти во врска со нашето дете(пациент) чие објавување на трети лица би наштетило или би можело да наштети, изрично подведено под терминот лекарска тајна, всушност како би се градела и штитела довербата која коа е темел на кој почива односот помеѓу пациентот и докторот, т.е. етички и професионални кодекс на медицината, а поради додатното зголемување на репресивни мерки, кои не само што се неетични, воедно се и спротивни на меѓународни признати основни човекови права, веќе наведени конвенции, така и со домашното позитивно право. Со тоа само сме присилени да бидеме темелни и детални во своите размислувања и одлуки, што е всушност најдобро за нашето дете.

III. Врз основа на горенаведеното, делото со кое се теретиме не е прекршок дури ниту со потесно толкување на одредбите на ЗП, да би било делото прекршок мора да биде правилно инкриминирано со прекршочното законодавство, што овдека не е случај бидејќи е прекршено начелото на законитост, член 3 од ЗП, и тоа не само во смисла на наводен прекршок, т.е. нашата постапка е директно допуштена со меѓународното право(што значи не е прекршок), но со тоа што всушност се бара од Судот да не казни се загрозува правната сигурност и владеењето на правото. Во таа смисла е повредено и начелото на објективност според Член 15 од ЗКП.

Според член 5 од ЗП изречно е пропишано „Прекршокот е противправно дело кое со закон е определено како прекршок, чии обележја се определени со закон и за кое е пропишана прекршочна санкција.„ , додека со членот 3 „Никому не може да му биде изречена прекршочна санкција за дело кое, пред да е сторено, не било со закон определено како прекршок и за кое со закон не била пропишана санкција. “ . Како што веќе нагласив членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести е правно дерогиран, и повеќе не е во правниот поредок на Р. Македонија.

Општото основно начело на законитост (nullum crimen, nulla poena sine lege) како во казненото, така и во прекршочното законодавство бара и поставува јасни правила:

- законот да биде пишан (nullum crimen sine lege scripta)- законските описи мораат да бидат утврдени (nullum crimen sine lege certa)- забрана на аналогија (nullum crimen sine lege stricta)- забрана на ретроактивност (nullum crimen sine lege praevia).

Значи, доколку сите елементи кои го чинат казненото дело или прекршокот не одговараат на наброените претпоставки (lege scripta, certa, stricta, praevia), делото не постои. Се поставува прашањето како е возможно Министерството да се повикува на правно дерогирана одредба, која повеќе не е дел од внатрешниот правен поредок во РМ? Исто така може да се види дека потребноста на обележјата на едно прекршочно, односно казнено дело е Уставна категорија. Членот 14 став 1 од Уставот на РМ, гласи „Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со

14

Page 15: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. “. Што значи, начелото на уставност кое е неделиво од начелото на законитост е исто така прекршено.

Две работи се тука многу важни. 1 . Со нашето родителско однесување не сe повредуваaт одредби од ЗП, бидејќи истото однесување е гарантирано со Уставот, законите и меѓународните договори и 2. дури и кога некој би сакал да го занемари фактот, наведени под број 1, не може да се пребегне фактот дека никоја Демократска држава не би пребегнала така лесно, посебно не по репресивниот систем со цел да се санкционира родителот, (евидентно и со површен поглед врз праксата за исти работи во Велика Британија, Шведска, Шпанија, Португалија, Норвешка, Холандија, Луксембург, Литванија, Ирска, Исланд, Германија, Финска, Естонија, Данска, Кипар, Белгија, Австрија), под изговор, за да се подигне квалитетот на определена здравствена заштита. За подигнување на определена здравствена заштита и нејзиниот квалитетот, во демократските држави постои дискусија, таа дискусија е заснована на демократските начела, на аргументи и разговор, онака како што всушност се прави во горенаведените земји членки на Европската унија, земји каде што правата што произлегуваат од определени конвенции, очигледно им се поважни, а не со репресивни инструменти останати од тоталитаристички општества.

Сосема е сигурно дека нашето основно човечко и родителско право (и право како пациент) да размислуваме за тие работи и слободно да одбереме или смениме став на кој повеќе ќе му веруваме. Суспендирање на ова право, освен што би било противуставно , немедицинско и неетично, би било и исклучително опасен преседан кој ќе ја отвори вратата на разни злоупотреби, од страна на одредени центри на моќ или од страна на поедини делови на извршната власт. Тоа е сон на секој тоталитарен режим и лажни(самонаречени) демократи.

Во таа смисла и Судовите како третата власт, после законодавната и извршната власт, всушност многу добро го знае постулатот Дозволено е се она што не е забрането, а членот 33 став 2 од ЗЗНЗБ е всушност октроирана одредба, правно дерогирана, останато од едно друго време, која што нема место во една современа демократска правна држава.

Исто така наведувам дека тука евидентно постои причини за исклучување на противправноста кои можат да настанат надвор од материјалното казнено (прекршочно) законодавство. Тие можат да настанат од некоја друга гранка на домашното право (на пример овластување од Законот за заштита на правата на пациентите), во меѓународното право (на пример, Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, Повелбата за основните права на Европската унија) или со обичајното право (право на родителите да слободно носат одлуки кои се однесуваат на здравјето на нивните деца). Овие навадени причини за исклучување на противправноста укажуваат на две важни околности:

15

Page 16: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

1. Причините за исклучување на противправноста не мораат да бидат предвидени со пишан закон (тоа може да биде обичајното право или прописи од понизок ранг), ниту мораат да бидат определени во степен како што се тоа обележјата на казнените дела. Затоа начелото на законитост не се однесува за нив во оној облик што се однесува на обележјето на казненото дело. Тоа е оправдано бидејќи кај нив не се работи за претпоставка за казнување, туку за претпоставки за исклучување на казнувањето;

2. Причините за исклучување на противправноста не мораат воопшто да бидат норми на казненото(прекршочното) право, тие можат да бидат и норми на некоја друга правна гранка (права на пациентите, основни човечки права, родителски права) ;

На тој начин доваѓа до изразување на единствениот правен поредок: тоа што е допуштено во другите гранки на правото на пример, во граѓанското или управното, дозволено е и во казненото право(или во конкретниот случај она што е допуштено со меѓународното право, допуштено е и со прекршочното право). Правниот поредок би западнал во неподносливи противречности, ако со една гранка едно однесување е дозволено, а во казненото или прекршочното право истото е забрането. Начелото на единство на правниот поредок, меѓутоа, не бара и да она што е забрането во некоја друга гранка на правото да биде забрането и во казненото право. Смеќавање на владение е забрането со нормите на граѓанското право, али со нормите на казните(по правило) не е. Во тоа е смислата барањето на казненото(прекршочно) право да биде последното средство (ultima ratio) затоа што тоа не се меша каде што заштитата на општеството на задоволителен начин се постигнува со средства на другите правни гранки. За да во поединечен случај би била исклучена противправноста, не е доволно да постои објективна претпоставка за некоја од причините за исклучување на противправноста, него се бара и една субјективна. Кај сторителот мора да постои и волја да постапува во согласност со правото, а за да таа би постоела, сторителот мора да ја познава ситуацијата заради што е исклучена противправноста, а нешто што веќе го докажавме и образложивме детално во ова писмено.

Заради сето ова, повторно ќе ви го предочам начелото Одлучување на начин поповолен за обвинетиот (In dubio pro reo), член 4 од ЗКП „За сомневањето во однос на постоењето или непостоењето на фактите што го чинат обележјето на кривичното дело или од кои зависи примената на некоја одредба од Кривичниот законик, судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетиот.“ – Одредба која самиот закон за прекршоци во членот 2 упатува на истата.

IV. Од правна гледна точка, оваа цела ситуација е многу јасна и недвосмислена, спречува било каква „репресија“ на поединечни органи (кои селективно го познаваат правото и со самото тоа селективно ги применуваат правните норми, со што се создава правна несигурност), кршење на Конвенциските и законските права, како и присилување на родителите на носење на било какви одлуки за одгледување на нашите деца.

Ставот 1 и 3 од Член 40 на Уставот на РМ гласат, Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството, односно, родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата.

16

Page 17: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Во таа смисла Законот за семејство (Сл. Весник Бр. 183/2014 – Пречистен Текст), е јасен по тоа прашање и тоа член 8,

Родителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право).

Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни способности и навики.

ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА

I. РОДИТЕЛСКО ПРАВО

Член 44

Родителското право го сочинуваат правата и должностите на родителите да се грижат за личноста, правата и интересите на своите малолетни деца и децата над кои е продолжено родителското право.

Член 45

Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво.…….

II. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Член 46Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување.

Член 48

Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели.

Неспорно е дека исклучиво родителите, можат да донесат конкретна одлука во врска со своето дете, на начин за кој истите тие родители сметаат да е во најдобар интерес за детето. Дури и во случаевите кои се во согласност со Законот за семејство, на поедини родители на кои им е ограничено или одземено родителското право, тогаш конкретната одлука ја носи старателот на детето. Како што можете да видите, Министерството, како дел од извршната власт, односно некој бирократ, вработен во истото, не е овластен да донесува такви одлуки, ниту е овластен да ги ограничува правата на законските застапници на децата. Неспорно е да ние не сме непогрешливи и дека можеби можеме да донесеме одлука, која можеби некогаш во иднина ќе се покаже како погрешна, дали ќе заболи детето од некоја болест, која можеби можела да се спречи со вакцинирање (нагласувам „можеби“ затоа што ниеден произведувач на вакцини не гарантира стопроцентна заштита ниту дека е временска неограничена таа заштита), ниту дека детето нема да претрпи некој облик на тежок вид на нуспојава, која за жал иде со секој лек, или во текот на примањето на една или повеќе вакцини, можеби и со допринос на други фактори, здравствената состојба на детето да биде трајна и тешко

17

Page 18: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

нарушено. Искуствата се различни, исто како што се различни децата и нивниот имунитет, нивната исхрана, и различни бројни други штетни или корисни фактори на кои се децата изложени во секојдневниот живот.

Такви сме и ние, родителите на нашето дете кое ние најдобро го познаваме, користејќи се со нашите права, откога внимателно ги прочитавме упатствата за вакцините и информациите кои се достапни на веб страницата на бирото за лекови, и откога се информиравме кај своите пријатели кои се медицински и фармацевтски стручњаци (кои не сите имаа исто мислење, ниту ни даваа исти одговори на истите прашања, што само го потврдува фактот на сложеноста на прашањето) донесовме одлука дека не сакаме никој на нашето дете да му вбризга определена вакцина, се додека ние не оцениме дека е апсолутно нужно, потребно и/или корисно за него. Наведената родителска одлука е подложна на преиспитување и на нови сознанија, но ние сигурно нема да ја менуваме „под присила“, напротив, ако некој покуша да не присили и казни за нешто вакво, кое е основно за секој одговорен родител, ќе се постигне сосема спротивен ефект, и уште повеќе цврсто ќе бидеме уверени дека сме ја донесле најдобрата одлука за своето дете. Едно е сигурно, кога и ако оние кои сега наметнуваат решение, одлучат наместо присила, да користат научни и искуствени аргументи (тука ја исклучуваме статистиката, затоа што на детето кое здравјето тешко и трајно ќе се наруши заради вакцините, на родителот не му е ништо полесно ако прочитаат негде дека нивниот случај бил „редок“, или дека спаѓа во мал процент, поготово кога се знае дека поголемиот број нуспојави никогаш не се пријавени или откриени, односно причински поврзани!?), према тоа почитувајќи ги етичните начела, ако не уверат дека било што од она што ни нудат, за нашиот син in concreto е одлично за неговото здравје, ние сигурно ќе го земеме, дури и ќе платиме, ако е потребно. Можеби грешиме, али уверени сме во тоа дека квалитетен производ и/или услуга лесно се пласира на пазарот и истиот производ лесно го наоѓа крајниот корисник, па во случај кога нешто се наметнува со репресивни мерки, или монополистички, ние веднаш сме уште повнимателни и уште посигурни во својата одлука и така ќе биде се додека се грижиме за нашите деца.

Ние одбиваме да живееме во племенска заедница каде поглавицата ја наметнува својата волја над племето, а членовите на племето треба без никаков поговор да ги слушаат и исполнуваат неговите зборови. Златното правило вели, не прави, она што не сакаш да ти го прават на тебе. Нашите деца се родени слободни и Министерството нема апсолутна власт врз нив. Министерството се финансира од даноците кои ние како лојални граѓани на РМ, ги плаќаме, за нас да ни служи и да ги унапредува здравствените услуги и стандарди , а не да не враќа во племенска заедница, за што за се одлучува поглавицата, а во случај на неспроведување на таа одлука, да следи прогонување од племето или можеби осуда на смрт на непослушните припадници на племето.

V. Ние како одговорни родители, од досега напишаното, не носи до заклучок да бројни нестручни и неетични луѓе (кои лесно можат да бидат членови на некоја политичка партија и заради тоа всушност дошле на таа позиција), на најодговорни места внатре во здравствениот систем, со веројатен конфликт на интерес, додека сите оние стручњаци се неправедно запоставуваат и замолчуваат, па и таа е причина на нашата засилена, некој ќе помисли претерана претпазливост, но тоа е наше право и должност.

18

Page 19: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Ние како родители детално сме запознаени со правната и природната содржина на терминот „извршување на родителското нега“, односно со сите одговорности, права и обврски како родители со цел заштита на добробита на детето, и во ниту еден момент не ни паѓа на памет да се одречеме со родителската нега(ниту делимично), ниту да допуштиме на некој друг, надвор од нашата фамилија да ни наметнува нешто што можеби е во најдобар интерес за нашето дете, а можеби и не е!? Ние, кои како родители донесовме нов живот и се грижевме за него во секоја минута од секој ден(а кое ќе го правиме додека бидеме живи) и кои најдобро го познаваме своето дете, со совесна употреба на сето наше знаење и способност ќе носиме СЛОБОДНО одлука која е во најдобар интерес за нашето дете. Наведеното значи дека кога постои било каков сомнеж за тоа кога постои потреба за одредени спорни толкувања ИСКЛУЧИВО ние родителите со внимателно согледување на сите околности и факти, ќе одлучиме во тоа што помалку се сомневаме, односно ќе дадеме конечното толкување во врска со било што е спорно И ТОА Е КОНЕЧНО и мора да се почитува. Во спротивно можеме да се вратиме во минатото, односно во племенската заедница или по примерот на Османлиите да се воведе „данок во крв“, и така на суров начин да се регрутираат деца кои би биле професионални војници или кои во конкретен случај би се вакцинирале на заповед на Министерството, со точно определен производител, а не со некоја конкурентна и квалитетна вакцина.

Воедно и нагласуваме дека нашето религиско уверување, а исто така и нашата совест приговара да донесеме потенцијално штетна одлука за своето дете за кое сме уверени дека Господ, таков – непоновлив, единствен и преубав – да го довериме на грижа, нега и несебична љубов. Не знаеме како би можеле, доколку настане некоја штетна последица поради вакцинирањето, на себеси да си простиме, па поради тоа, немаме избор него освен со почитување на сите горенаведени стручни, но и правни прашања, да донесеме соодветна одлука и да бидеме спремни да се соочиме со сите потенцијални последици, во врска со нашата одлука. За да нема недоумици, недвосмислено изразуваме ПРИГОВОР НА СОВЕСТ И ВЕРОИСПОВЕСТ. Моментално сите наши уверувања, искуства и знаење (а поминавме многу време оценувајќи ги исказите на двете страни таканаречените PRO VACCINE и CONTRA VACCINE како и различни стручњаци од двете страни), ни укажува дека најдобрата одлука во интерес на нашето дете е моментално одложување, т.е. невакцинирање со конкретниот производ.

VI. Цел овој поднесок претставува само мал дел од една голема комплексна тема – вакцинирање, негови предности и ризици, тешки и непосакувани последици кои можат да настанат. И покрај тоа, сепак прашањето за задолжително вакцинирање првенствено е правно прашање, затоа што претставува недвосмислено вмешување на човековите слободи и вредности, па дури и да вакцинирањето во голема мера ги надминува ризиците, тоа не би било одлучно за ограничување на родителските права, што се во рамките на конвенциите и другите прописи што се штитат човековите права, на носење на слободна одлука на право на избор, дали да се вакцинира или не. Силата на правото, а не „правото на сила“, треба да биде императив, на едно современо демократско општество.

19

Page 20: d0bfd180d0b0d0b2d0bdd0b0-d180d0b5d0b3d183d0bbd0b0d182d0b8d0b2d0b0-e28093-d0bfd0bed0b4d0bdd0b5d181d0bed0ba-d0b4d0be-d181d183d0b4d0bed182

Поради се она досега наведено, ние како обвинети, сметаме дека е евидентно дека не сме го направиле делото кое ни се терети и му предлагаме на Судот да утврди дека ние не сме криви за сторување на прекршокот кој ни се става на терет.

Со почит,

место ___________________, дата___________________

________________________________

(потпис)

20