bankite vo rm

25
Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман Јосифоски - Питу" МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА за полагање на државна матура во јунската сесија од учебната 2013/1014 г. Тема: Банки на Република Македонија

Upload: katerina

Post on 24-Dec-2015

24 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Банките во Р.М.

TRANSCRIPT

Page 1: Bankite Vo RM

Економско училиште - СОЕПТУ "Кузман

Јосифоски - Питу"

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

за полагање на државна матура во јунската сесија од учебната 2013/1014 г.

Тема: Банки на Република Македонија

Изработил: Ментор:

Петар Иваноски проф. Гоце Бунески

Прилеп

Page 2: Bankite Vo RM

Март 2014

Содржина:

Вовед ...................................................................................... стр. 3

Историски развој на банкарството во Македонија ............ стр. 3

Создавање на бакнарскиот систем во Македонија ............. стр. 5

Структура на банкарскиот систем на Македонија ............... стр. 7

Сопственичка структура на банкарскиот систем ......................стр. 8

Регионална структура на банкарскиот систем .............................. стр. 9

Банки и штедилници во банкарскиот систем на Р.Македонија... стр. 10

Активности на банките ...................................................................... стр. 10

Пазарно учество и концентрација на банкарскиот

систем во Р.Македонија ..................................................................................... стр. 12

Институционална структура на банкарскиот систем .................... стр. 12

Профилот на ризичност на македонскиот банкарски систем..... стр. 13

Заклучок .......................................................................................... стр. 17

Користена литература ................................................................ стр. 18

2

Page 3: Bankite Vo RM

Банкарски систем на Македонија претставува збир од финансиски институции и

правни прописи (регулатива) преку кои се извршуваат и уредуваат банкарските

активности во Македонија. Банкарскиот систем претставува дел од целокупниот

финансиски систем на Македонија. Него го сочинуваат Народна банка на

Република Македонија, комерцијалните банки, штедилниците и Фондот за

осигурување депозити, како и законите и подзаконските акти од областа на

банкарството. Историски развој на банкарството во Македонија

Историски развој на банкарството во Македонија

Досегашните сознанија за развојот на банкарството на територијата на Македонија

датираат од античко време. Во времето на владеењето на Филип Втори (359-336

г.п.н.е) во Македонија бил установен солиден паричен систем и била воведена

златна македонска монета - стартер, која и според својата материјална и според

својата функционална вредност се смета за една од повредните монети од тоа

време.

Со доѓањето на Римјаните на територијата на Македонија, одделни градови во

Македонија имале право да коваат пари. Стоби, како главен град на една

провинција бил еден од попознатите македонски градови со своја ковачница каде

биле ковани монети од 12 римски императори. Друга поважна карактеристика од

овој период е и давањето заеми со заложување на недвижности и скапоцености.

Како најголем заемодавец се јавува црквата.

Третата поважна карактеристика е и развојот на лихварството, особено во

градовите во Македонија, кое посебен замав добива за време на турското владеење.

Феудалните односи во Македонија за време на турското владеење во сферата на

банкарството го носеле печатот на спецификите во верската традиција. Имено,

според учењето на исламот, за муслиманите се смета недостојно да се занимаваат

со банкарски (посебно лихварски) работи. Затоа овие работи биле препуштени да

ги вршат луѓе од други вероисповести. Во Македонија најмногу со банкарски

работи се занимавале евреите, кои помасовно почнале да доаѓаат од

3

Page 4: Bankite Vo RM

западноевропските земји, како резултат на прогонувањето оттаму. Во тоа време во

повеќе градови во Македонија се формирале еврејски општини. Преку трговијата,

особено преку организирањето панаѓури во поголемите градови, успеало да

навлезе паричното стопанисување.

Попознати банкари од македонско потекло биле:

Велешката филијала – Мошови,

Битолската филијала – Данабаши,

Робевци,

браќата Кондови од Прилеп,

Димитар Крастаја од Крушево и др.

Банките во Македонија меѓу двете светски војни

Вардарскиот дел од Македонија кој беше приклучен кон Кралството на СХС, стана

најнеразвиениот дел во државата. Во рамките на Кралството на СХС постоеја

државни, полудржавни и приватни банки.

Народната банка на Кралството на СХС, како централна банка, имала своја

филијала најпрво во Скопје, а потоа и во Битола. Филијалата во Скопје главно се

занимавала со менично кредитирање, со доделување ломбардни кредити во износ

од 60% од задолжените државни вредносни хартии, со доделување кредити по

жиро-сметки, како и со краткорочно кредитирање на државата.

Во поглед на сопственоста, Народната банка на Кралството на СХС на почетокот

била акционерска, подоцна се зголемувал влогот на државата, за на крај, во 1941

година да биде целосно национализирана.

Втора по значење банка била Државната хипотекарна банка која имала своја

филијала во Скопје и агенција во Битола. Оваа банка имала јавно-правен карактер.

Основни извори на средства биле јавните фондови и другите фондови кои своите

4

Page 5: Bankite Vo RM

средства ги имале депонирано кај оваа банка. Таа одобрувала хипотекарни,

ломбардни и есконтни кредити.

Друга поголема финансиска институција од јавно-правен карактер што работела на

територијата на Македонија била Филијалата на Поштенската штедилница од

Белград.

За населението било особено атрактивно да штеди во Поштенската штедилница од

повеќе причини:

за штедните влогови гарантирала државата;

штедните влогови кај Поштенската штедилница биле ослободени од данок,

или се плаќало данок но по многу ниска стапка;

било дозволено и малолетни лица да отворат штедни книшки; и слични

бенефиции.

Најголемиот број приватни банки на територијата на Македонија меѓу двете

светски војни биле формирани во периодот од 1918 до 1923 година. Од околу 23

приватни банки на теритотријата на Македеонија, како позначајни што може да се

издвојат се:

Трговската индустриска банка Вардар;

''Скопската извозна банка'';

Банката ''Стара Србијa''.

Банкарскиот систем во Македонија меѓу двете светски војни се карактеризира и со

постоење на задружeни кредитни установи. На територијата на Македонија

задружeните аграрни кредитни установи ја немале улогата за унапредување на

земјоделството, како во другите делови од Југославија, туку целите им биле

политички, да го олеснат колонизирањето на Македонија со српско население, со

цел да се измени етничкиот состав на населението.

5

Page 6: Bankite Vo RM

Создавање на банкарскиот систем на Македонија

Македонија го наследи банкарскиот систем од поранешната СФРЈ, во сопственост

на државата и со структура што одговараше на тогашната планска економија.

Монетарното осамостојување на Македонија беше извршено во согласност со

донесувањето на законските акти од областа на монетарната политика и девизната

политика на 26 април 1992 година. Со тој чин беа поставени и темелите на

банкарскиот систем на Македонија. Сепак, преструктурирањето на македонскиот

банкарски систем започна релативно доцна, дури во 1995 година, преку отпис на

старото девизно штедење, побарувањата и обврските во однос на странските

кредити и санација на најголемата македонска банка - Стопанска банка - Скопје.

Со конституирањето на НБРМ се воспоставија услови за развивање на нови односи

во областа на банкарскиот систем засновани на следниве начела:

изградба на нова сеопфатна регулатива;

еднакви услови за основање на банка, без разлика на статусот на основачот,

неговото потекло и видот на сопственоста;

приспособување на банките кон условите на пазарната економија;

сигурност и заштита на штедните влогови.

Основната цел на овие начела беше создавање на здрав банкарски систем, како

предуслов за враќaње на довербата на граѓаните.

Со цел зголемување на конкурентноста помеѓу банките се намалија бариерите за

влез во банкарскиот сектор преку поставувањето на полиберална законска

регулатива за основање банки. Тоа резултираше со зголемување на бројот на

банките, од 5 банки на 20 банки, 1 подружница на странска банка и 17 штедилници.

Трендот на зголемување на бројот на банките и штедилниците, кој што траеше до

2001 година, заврши со започнувањето на процесот на окрупнување и

консолидација на банкарскиот систем.

6

Page 7: Bankite Vo RM

Структура на банкарскиот систем на Македонија

Во согласност со постојната законска регулатива, банкарскиот систем има

универзален карактер и го сочинуваат:

Народна банка на Република Македонија

Комерцијални банки

Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР)

Поштенска банка

Штедилниците

Фонд за осигурување на депозити.

Специјализираните институции, за разлика од банките, кои се одликуваат со

универзален карактер, се специфични во поглед на нивната основна цел.

Македонската банка за поддршка на развојот е развојна банка која има за цел да го

поддржува и стимулира развојот на македонското стопанство во согласност со

стратешките политики, цели и приоритети на Македонија. Таа претставува

акционерско друштво во кое Република Македонија е единствен акционер.

Фондот за осигурување на депозити има значајна улога за поддршка на

банкарскиот систем, зголемување на штедењето и поттикнување на инвестициите.

Со гарантирање на депозитите на населението во комерцијалните банки и

штедилниците се враќа довербата во банкарскиот сектор по лошите искуства со

замрзнатите штедни влогови.На крајот од 2011 година, банкарскиот систем на

Македонија го сочинуваат седумнаесет банки и осум штедилници. Споредбено, со

претходните години, бројот на банките се намалува поради нивната консолидација.

Консолидацијата настанува, главно, кај помалите банки за да го издржат

притисокот наметнат од големите банки, додека кај големите е присутен трендот на

преземање од страна на странски финансиски групации.Една од главните

структурни карактеристики на банкарскиот систем на Македонија е високата

концентрација, изразена преку доминацијата на големите банки. Така, петте

најголеми банки зафаќаат над 75% од сите сегменти на работењето на банките.

7

Page 8: Bankite Vo RM

Сопственичка структура на банкарскиот систем

На крајот на 2011 година, банките во доминантна сопственост на странски

акционери учествувале со:

92,8% од вкупната актива,

95,6% од вкупните кредити,

95,7% од вкупните депозити,

88,2% од вкупните капитал и резерви и,

94,1% од вкупните приходи на банкарскиот систем.

Истовремено, банките во доминантна сопственост на домашни акционери заземале:

4,4% од вкупната актива,

4,4% од вкупните кредити,

4,3% од вкупните депозити,

6,6% од вкупните капитал и резерви и,

4,8% од вкупните приходи на банкарскиот систем.

Во Македонија постои само една банка во сопственост на државата, а тоа е

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), која има мало учество во

банкарскиот сектор, и тоа:

2,8% од вкупната актива,

0% од вкупните кредити,

0% од вкупните депозити,

5,2% од вкупните капитал и резерви и,

1,1% од вкупните приходи на банкарскиот систем.

На крајот од 2011 година, во Македонија имало 8 подружници на странски банки,

кои учествувале со 60,4% во вкупната актива на банкарскиот систем.

8

Page 9: Bankite Vo RM

Најзастапени се банките во претежна сопственост на странски акционери, кои

имаат најголемо учество во структурата на сите основни билансни категории. Од

вкупно тринаесет банки во претежна странска сопственост, осум се подружници на

странски банки. Притоа, во јуни 2011 година, странските акционери поседувале

дури 73% од вкупниот капитал на банките во Македонија. Постои тренд на

зголемување на доминантното учество на странскиот капитал во вкупниот капитал

и, во тој поглед, банкарскиот систем се смета за отворен спрема странскиот

капитал. Од аспект на географското потекло, најголем дел од активата на

банкарскиот систем е сконцентриран кај банки чии сопственици потекнуваат од

земјите-членки на Европската Унија, и тоа: Грција, Бугарија, Словенија, Австрија и

Франција. Исто така, како сопственици на македонските банки се јавуваат и

акционери од Турција и од Швајцарија,

Регионална структура на банкарскиот систем

Банкарскиот систем на Република Македонија го сочинуваат 16 банки и 7

штедилници. Притоа, штедилниците имаат минорно учество од 1,1% во вкупната

актива, односно 2,1% во вкупно прибраните денарски депозити на населението. Од

вкупниот број банки, 13 банки имаат дозвола за активности со странство, додека

останатите три банки имаат дозвола за вршење на финансиски активности во

земјата.

Од аспект на регионалната структура, само четири од вкупниот број банки во

Република Македонија се лоцирани надвор од главниот град (со учество во

вкупниот потенцијал од 11,3%), но постои релативно разгранетата мрежа на

филијали. Од аспект на големината, две банки имаат доминантно учество во

банкарскиот систем на Република Македонија, при што зафаќаат 56,2% од

вкупниот финансиски потенцијал, 48,1% од вкупната кредитна активност и 67,3%

од вкупните депозити, што укажува на релативно висока концентрација.

9

Page 10: Bankite Vo RM

Број на банки и штедилници во банкарскиот систем

на Р.Македонија

Банкарскиот сектор во Република Македонија во 2012 година го сочинуваат

шеснаесет банки и седум штедилници

Според Народна Банка на Република Македонија банките во Република

Македонија се делат во три групи - големи, средни и мали - според вкупната

актива.

Во групата големи банки спаѓаат: Комерцијална Банка АД Скопје,

Стопанска Банка АД Скопје и НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.

Во групата на средни банки спаѓаат: Македонска Банка за подршка на

развојот АД Скопје, Охридска Банка АД Охрид, Прокредит Банка АД

Скопје, Стопанска Банка АД Битола, ТТК Банка АД Скопје, Универзална

Инвестициона Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје и Шпаркасе Банка

Македонија АД Скопје.

Во групата мали банки спаѓаат: Алфа Банка АД Скопје, Еуростандард Банка

АД Скопје, Капитал Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје и

Централна Кооперативна Банка АД Скопје.

Активности на банките

Банките во Р.Македонија согласно дозволата за основање и работење издадена од

страна на гувернерот на НБРМ ги извршуваат следниве финансиски активности:

1. Прибирање на депозити и други повратни извори на средства

2. Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на

комерцијални трансакции

3. Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на

комерцијални трансакции.

10

Page 11: Bankite Vo RM

4. Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички,

чекови, патнички чекови, меници).

5. Финансиски лизинг

6. Менувачки работи

7. Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи продажба на девизи

8. Брз транфер на пари

9. Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување

10. Изнајмување сефови, остава и депо

11. Тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови,

сертификати за депозити)

12. Тргување со девизни средства, вклучувајќи и тргување со благородни

метали

13. Тргување со хартии од вредност

14. Тргување со финансиски деривати

15. Управување со средства и портфолио на хартии од вредност по налог и

за сметка на клиенти

16. Купопродажба, гарантирање и пласма на емисија на хартии од вредност

17. Посредување во продажба на полиси за осигурување

18. Посредување при склучување на договори за кредити и заем

19. Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни

лица

20. Економско - финанасиски консалтинг

21. Други финансиски услуги утврдени со закон што може да ги врши само

банката.

11

Page 12: Bankite Vo RM

Пазарно учество и концентрација на банкарскиот

систем во Р.Македонија

И во нашата земја, слично на земјите од Европската Унија, постои висока

концентрација на банкарскиот капитал, банкарската актива и банкарските депозити

во мал број на банки.Во Република Македонија постои т.н "голема тројка", која ја

сочинуваат Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и

Тутунска Банка АД Скопје.Тие три банки, во вкупната банкарска актива на

Република Македонија учествуваат со околу 66,1%, а сите останати банки со

33.9%.

Банкарскиот систем на Р.Македонија се смета за отворен кон странскиот

капитал.Учеството на странскиот капитал во вкупниот банкарски капитал изнесува

69,1%.

Регионалната структура на банкарскиот систем во Р.Македонија е асиметрична, со

висока концентрираност на финансиските услуги во главниот град на

Р.Македонија.Сепак, постојната регионална концентрација се ублажува со

релативно разгранета мрежа на филијали, експозитури, шалтери, деловни единици

и претставништва.

Институционална структура на банкарскиот систем

Основни сегменти во структурата на банкарскиот систем се комерцијалните банки

и штедилниците. Сепак, со оглед на функциите што ги извршуваат и учеството во

вкупниот финансиски потенцијал,банките го сочинуваат 'рбетниот столб на

банкарскиот систем на Р.Македонија.Банките во Република Македонија,

анализирано според делокругот на своето работење, претставуваат банки од

универзален тип. Исклучок претставуваат Македонската банка за поддршка на

развојот и Поштенската банка, кои имаат специфичен карактер. Така,

Македноската банка за поддршка на развојот претставува развојна банка, чија

12

Page 13: Bankite Vo RM

основна цел е стимулирање на развојот на малите и средните претпријатија (како

движечка сила во економската транзиција), како и финансиска поддршка на

извозот (што е од приоритетно значење за економија со ограничена апсорпциона

моќ на домашниот пазар и потребата од подобрување на состојбата во платниот

биланс на земјата).

Профилот на ризичност на македонскиот банкарски

систем

Ликвидносен ризик

Банките во Македонија располагаат со солиден обем на ликвидни средства, којшто

овозможи ликвидносниот ризик да остане во прифатливи рамки.Ликвидните

средства забележуваат раст на годишна основа, којшто раст е поизразен од година

во година.. Ликвидноста на банките значително се подобрува, што во основа

претставува одраз на сѐ уште големата претпазливост во нивното деловно

однесување, но и на прудентно-регулаторната мерка на НБРМ за одржување

минимална ликвидност од страна на банките. Показателите за ликвидноста на

банкарскиот систем, главно, бележат подобрување коешто произлегува од

зголемувањето на ликвидните средства и тоа пред сè на денарските ликвидни

средства.Банките се повеќе ја насочуваат својата активност кон јакнење на својата

ликвидна актива,односно кон зголемување на портфолиото на безризични хартии

од вредност, како и во квалитативното поместување на структурата на пасивата во

насока на извесно зголемување на изворите на финансирање со подолга рочност,

односно долгорочните депозити и долгорочните кредитни линии за финансиска

поддршка на корпоративниот сектор.

Кредитен ризик

Кредитниот ризик е врзан со опасноста, пласираните кредити од страна на банката

да не може да си ги наплати.Со неможноста за наплата на одредени кредити од

страна на крајните корисници, делумно или во целост, во зависност од учеството на

13

Page 14: Bankite Vo RM

тие кредити во вкупната актива на банката таа може да се доведе да западне не

само во неликвидност, туку и и несолвентност, и да банкротира. Македонија има

највисок процент на ненаплативи или лоши заеми во споредба со земјите од

регионот. Според официјалните податоци на НБРМ процентот на лоши заеми

изнесува околу 16%. Во 2012 година овој процент изнесуваше над 30%. Иако

формално и сметководствено ненаплативите заеми се намалуваат, банкарите велат

дека тоа е резултат на промените во начинот на книжување на лошите и ризични

кредити, кои реално изнесуваат од 20% до 30% од кредитните портфолија на

банките. Покрај слабите кредитни политики, врз високиот износ на лошите заеми,

влијание имаат многуте надворешни шокови врз македонската економија, бавното

преструктуирање на стопанството, неефикасниот и бавен судски систем при

наплатата на побрувањата на банките. И покрај примената на современи стандарди

и процедури, за што впрочем сите банки имаат и законски обврски, банкарите мака

мачат со вистинската проценка на субјективните карактеристики на сопствениците

или менаџерите на претпријатијата. Во изминатите години на транзиција, дупките

во правниот систем овозможија егзистирање на сива економија и со тоа на класа на

наизглед богати луѓе со наизглед успешни бизниси. Некои од нив ја користат

секоја можност да останат должни кон некој друг стопански субјект или банка.

Токму затоа лошите пласмани не се последица само на ваквото или онакво

работење на банките, туку на целиот судски систем во една држава. Она што се

подобрува е намалувањето на износот на лоши пласмани во новододбрените

кредити, што се должи на построгото одобрување на кредити и новите методи и

техники на проценка на кредитните ризици. Општа констатација на домашните и

странските финансиски експерти е дека иако се намалуваат, лошите и ненаплативи

кредити сe уште се кочница за зголемување на кредитната активност кај голем број

банки.

Валутен ризик

Во првата половина од 2012 година, валутниот ризик на банкарскиoт систем во

Република Македонија се намали и остана на релативно ниско ниво според

важноста во однос на другите видови ризици. Одржувањето на фиксен девизен

14

Page 15: Bankite Vo RM

курс на денарот во однос на еврото, како централен столб на монетарната

стратегија го намалува значењето на валутниот ризик за банкарскиот систем на

Република Македонија.Банките тендираат кон поголема усогласеност на активата и

пасивата со валутна компонента со што изложеноста на банкарскиот систем на

валутниот ризик е намалена,сите банки управуваат со валутниот ризик во рамки на

пропишаните лимити за агрегатната девизна позиција.

Ризик од несолвентност

Банкарскиот систем во Република Македонија се соочува со зголемен ризик по

финансиска стабилност.Карактеристично за целиот банкарски систем е тоа што

стапката на нефункционални кредити бележи тренд на раст. Така, банкарскиот

систем се соочува со ризик од недостаток на капитал за покривање на

проблематичните кредити и со ризик од несолвентност. Меѓутоа, во македноскиот

банкарски систем ризиците по финансиската стабилност се уште не се алармантни,

а нивото на капитал е високо над бараниот минимум, со што не треба да се

занемари стапката на нефункционални кредити која е во постојан раст. Во

Р.Македонија, странскиот капитал е високо доминантен во банкарскиот

систем.Приватниот сектор се соочува со ликвидносни проблеми, а оттука и

кредитокорисниците се соочуваат со неможност да ги враќаат кредитите.Со цел да

се ублажат негативните последици од нефункционалните кредити, но и да се

намали нивниот тренд на раст, банките треба да преземат одредени мерки. Имено,

тие првенствено треба да соработуваат со проблематичните кредитокорисници и да

ги преструктуираат и прилагодат условите на отплата на кредитите согласно

можностите за отплата на кредитокорисниците. На таков начин, бенефитите ќе

бидат двострани, банките постепено ќе ги наплатуваат лошите кредити, додека

кредитокорисниците ќе бидат мотивирани да ги искористат поволните услови, па

наместо да ги изгубат хипотеките, ќе се трудат да ги отплаќаат кредитите.

15

Page 16: Bankite Vo RM

Профитабилност

Една од основните детерминанти за оддржувањето на солвентна и ликвидносна

стабилност на банките на долг рок е воспоставување и оддржување на нивната

стабилна профитабилна позиција. Од друга страна профитабилноста на банките е

под директно влијание на нивната солвентна и ликвидносна позиција, структурата

на нивниот биланс, големината на ризиците кои ги преземаат во своето работење,

меѓу кои треба да се споменат динамиката на развој на економијата, монетарната

политика и нивната сигурност во земјата. Забавениот раст на домашното

стопанство предизвикан од глобалната економска и должничка криза неповолно

влијаеше врз профитабилноста на банкарскиот сектор. Поради тоа, основните

показатели за профитабилноста на домашните банки паднаа на најниско ниво во

последниве неколку години. Така, стапката на поврат на активата на банките

изнесува 0,4 отсто (во 2012 година беше 0,8 отсто, а во 2011 година 0,6 отсто),

додека стапката на поврат на капиталот изнесува 3,4 отсто (за разлика од 2012 кога

беше 7,3 отсто, а во 2011 година достигна 5,6 отсто). Намалената профитабилност

на банкарскиот систем се должи на значително намалените каматни приходи и

други редовни приходи, како и на зголемените оперативни трошоци, и покрај тоа

што каматните расходи и исправката на вредноста забележуваат намалување.

16

Page 17: Bankite Vo RM

Заклучок:

17

Page 18: Bankite Vo RM

Користена литература

1. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење - прво издание, Скопје,

2009,

2. Македонска банка за поддршка на развојот

3. Народна банка на Република Македонија, Квартален извештај, септември

2011.

4. НБРМ, Извештај за банкарскиот систем и банкарската супервизија во 2012

година

18