Придавки

3

Click here to load reader

Upload: vese-vesela

Post on 09-Mar-2016

232 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Наставник Вера Трчкова

TRANSCRIPT

Page 1: Придавки

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

УЧИЛИШТЕ ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО ДАТУМ 20 . 05 . 2011год. НАСТАВНИК ВЕРА ТРЧКОВА

ОДДЕЛЕНИЕ Трето - IIIб НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ

Македонски јазик

НАСТАВНА СОДРЖИНА

Придавки

ТИП НА ЧАСОТ обработка РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ

Запознавање на учениците со придавки; Стекнување знаења за придавките; Оспосопување на учениците за самостојно

усвојување на градивото; Да се развива визуелната и тактилна

перцепција; Навикнување на учениците на примена на

компјутерите во усвојување на новите знаења; Навикнување на учениците за соработка при

тимска работа; Со помош на повратна информација да се

мотивираат учениците за работа и создавање на позитивна клима;

Со помош на дидактичка игра да се создаде кај учениците ведро расположение и радост во играта.

ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА

РАБОТА

Фронтална, индивидуална и групна

НАСТАВНИ МЕТОДИ

Разговор, илустративно – демонстративна, објаснување, практична работа, игра, самостојна работа.

ТЕХНИКИ И ИНСТРУМЕНТИ НА

РАБОТА

Наставен лист со техника ,, Грозд“,, Семафор“ – картончиња во три бои: црвена, жолта и зелена, проектор, презентација, детските лаптопчиња, кутија со предмети.

ОЧЕКУВАНИ

РЕЗУЛТАТИ

Да ги препознава придавките и да знае да ги

користи во секојдневното комуницирање.

Page 2: Придавки

ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ

Воведна активност

Како вовед се служам со игра која учениците ќе ги воведе во сознавање на нови јазични категории. Им се обраќам на учениците: Демонстрирам кутија. Учениците ги прашувам: Што држам во рацете? Каква е оваа кутија? Учениците кажуваат каква е кутијата. ( необична, волшебна, сребрена, весела и тн.) Учениците се поделени во три групи. Секоја група влечи по еден предмет од кутијата и добиваат по еден наставен лист на кој е претставена техниката ,, Грозд“. Учениците треба во облачињата да ги напишат особините на предметот што го извлекле од кутијата.

Учечко – поучувачка активност

Учениците ги презентираат особините на предметите, а јас ги забележувам на слајдот. Ги прашувам учениците какви зборови се: јаболко, мече, молив? ( именки) Што се именки? Што ни покажуваат зборовите во облачињата? Зборовите: големо, весело, црвено, крзнено ...... се зборови со кои се искажуваат особините на суштествата и предметите и се нарекуваат придавки. Придавките им се придаваат на именките. На слајд покажувам три реченици. Се пронаоѓа именката, а потоа со помош на прашалниот збор каква е, ја пронаоѓаат и придавката. Учениците се делат во групи по случаен избор. Секоја група добива своја задача. Прва група: Да го отворат документот кој се наоѓа на работната површина од лаптопот, кој е именуван како - Осмосмерка. Нивна задача е во осмосмерката да ги пронајдат придавките, да ги обојат со различна боја, а потоа под осмосмерката да напишат за секоја придавка по една реченица. Втора група: Да го отворат документот од работната површина, кој е именуван со - Срце. Нивна задача е измешаните придавки и именки кои што се во црвеното срце, да ги разделат и да ги стават со копирај и вметни во срцата каде што припаѓаат, а потоа со истите да состават реченици. Трета група: Да го отворат документот од работната површина, кој е именуван со - Измешани букви. Нивна задача е од измешаните букви да состават придавки, а потоа со истите да состават реченици. Четврта група: Да го отворат документот од работната површина, кој е именуван со – Мама. Нивна задача е во облачињата да напишат придавки со кои ќе ги претстават особините на мајката, а потоа дадените реченици да ги дополнат со придавки. Следи презентација на работата по групи и нивно

Page 3: Придавки

самооценување со дигање на боите на семафорот.

Евалуативна активност

Игра: Ланец на зборови Во оваа игра треба да се кажуваат придавки. На пример, јас кажувам убав, вториот треба да продолжи така што ќе кажи придавка која започнува со последниот глас од претходно кажаната придавка, т.е. вреден. Кој ќе погреши, испаѓа од игра.

На крај учениците ги прашувам: Каков беше часот? Учениците кажуваат придавки за часот. На тој начин го искажуваат и ставот за успешноста на одржаниот час.

Оценување на

учениците

Активноста на учениците и ангажираноста во групната работа со дигање на боите на семафорот. Усвоеното знаење ќе се утврдува и проверува на некој од наредните часови.

Рефлексија на наставникот

Со ваков начин на работа учениците се максимално мотивирани. На секоја активност сакаат да се истакнат и да и овозможат на својата група да дојде до решението. На оваков начин се поттикнува и развива натпреварувачко расположение. Предноста на овој начин на работа е што сите ученици се вклучени и активни.