111-newsletter 3 mak layout 1 -...

14
c ivic educatio n m a c e d o n ia n ce nte r M C G O AKEDONSKI ENTAR ZA RA\ANSKO BRAZOVANIE ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОВОЈ БРОЈ Предговор „Детски јазик“ како универзален јазик за комуникација Креативни работилници во кои преку игра учиме едни за други Од партнерски активности до нови пријателства Преку дебатни клубови до нови позитивни животни искуства Незаборавниот ден Интегрирана настава во природа Научените лекции ни помогнаа да дојдеме до реновирање Галерија на ПМИО 3 4 5 6 8 9 10 11 12 БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014 БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA

Upload: phungcong

Post on 26-Apr-2018

218 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

civic education

mace

donian

cente

r

MCGO

AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТОВО ОВОЈ БРОЈ

Предговор

„Детски јазик“ какоуниверзален јазикза комуникација

Креативниработилници во коипреку игра учимеедни за други

Од партнерскиактивности до новипријателства

Преку дебатниклубови до новипозитивни животниискуства

Незаборавниот ден

Интегрирананастава во природа

Научените лекциини помогнаа дадојдеме дореновирање

Галерија на ПМИО

3

4

5

6

8

9

10

11

12

БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014

БИЛТЕН

NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA

Небојша Мојсоски, раководител на ПМИО, УСАИД

Лорета Георгиева, извршен директор на МЦГО

Предговор

3

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграцијаво образованието е имплементиран во партнерство со следнителокални организации: Центар за човекови права и разрешување конфликти, Љоја, Сумнал,ЦИУ Мултимедиа, Македонски институт за медиуми и Младински образовен форум.

Почитувани читатели,

Третиот број на Билтенот на Проек -тот на УСАИД за меѓуетничка интег-рација во образованието е подготвен!Овој број на билтенот го покрива пе-риодот од јануари до јуни 2014 година.

Македонскиот центар за граѓанскообразование (МЦГО) во парт нер ствосо шест локални организации го спро -ведува овој проект во сите основни исредни училишта во Република Ма-кедонија.

Во првите два броја имавте мож-ност да ги проследите активноститесо кои се поставуваа темелите за по-добрување на меѓуетничката интег-рација во училиштата и општеството.Во сите проектни активност учеству-ваа образовните институции, опш ти -ните, наставниците, директорите,струч ните служби, учениците, роди -те лите како и останатите учеснициво образовниот систем. Соработкатасо високообразовните институции соцел за вклучување на пристапите замеѓуетничка интеграција во настава-та, е уште еден клучен елемент којдопринесува кон одржливоста на це-лиот проект.

Во првата половина на 2014 годи-на, беа вклучени нови 183 училиштаод 38 општини со што се опфатијасите училишта и општини во Македо-нија. Формирани беа тимови за учи-лишна интеграција во шест региониод Фаза 3 на проектот. Покрај теорет -скиот дел (обуки, менторски посети,средби за поддршка), во рамки напроектот се реализираа и разновид-ни практични активности (креативниработилници, посета на партнерскиучилишта, форум театри, дебатниклубови, заеднички спортски и рек-реативни активности). Придобивкитеод форум театрите со учениците по-кажаа дека треба да се работи и сонаставниците, притоа беа организи-рани форум театри со наставници одосновни и средни училишта. Продол-

живме и со креативните работилни-ци со ученици во шест општини кадетие учеа како да ги надминат стерео-типите и предрасудите преку разнидискусии, игри и дружење. Покрај тоа,учениците од дебатните клубови коибеа формирани во текот на 2013 имааможност да се вклучат во јавни деба-ти каде се дискутираше за поделено-ста на учениците во посебни објектипо етничка линија и нивните размис -лувања поврзани со тоа.

Во текот на овој период се одви-ваа и голем број на разновидни заед -нички активности, преку кои нас тав -ниците и учениците од разни кра евина Македонија се запознаваа, дру-жеа и учеа за културата на своитеврсници и колеги од друга етничкаприпадност.

Во април 2014 година, проектотво соработка Државниот просветенинспекторат започна да ги ревидирапроцесите и инструментите во При-рачникот за интегрална евалуација,што ќе придонесе за подобар увидво активностите што ги преземаатучилиштата во однос на меѓуетничкаинтеграција во образованието и натој начин да ги идентификува добри-те практики кои треба да се промо-вираат, како и да дадат конкретнипре пораки на училиштата.

Во 2014 продолживме да работи-ме на подобрување на условите заработа во училиштата. Од 100 апли-кации за реновирање, по пат на се-лекција од страна на комисија беаизбрани 13 училишта кои ќе бидатреновирани во текот на 2014, од кои3 се модел училишта.

Благодарност до сите кои се делод активностите на ПМИО за под-дршката и посветеноста кон подо-брување на меѓуетничката интегра-ција во образованието во земјата,бидејќи само заедно можеме да на-правиме позитивни промени.

Уживајте во читањето!

„Детски јазик“ како универзален јазик

за комуникација

Н ашето училиште се наоѓа вопадините на Скопска ЦрнаГора. Освен нашето, во ова

подрачје има уште неколку училиш-та. На десетина километри од наше-то училиште во Чучер Сандево, сенаоѓа нашето подрачно училиште восело Горно Блаце во кое учат децатаод албанска етничка припадност. Чес -то се случуваше да се сретнеме поселските улици или пак на манифе-стации кои се одржуваа во нашитесела. Иако живееме во иста општи-на, нашите средби не беа другарскиили комшиски. Ние меѓусебно си бев-ме странци. До тогаш не комуници-равме многу, а и не се ни осмелував-ме, затоа што не знаевме како и за-тоа што тие не го говорат на шиот ја -зик. Така беше се додека во нашетоучилиште не започна спроведување-то на Проектот на УСАИД за меѓует -ничка интеграција во образованиетои во него земаа учество и ученицитеод село Блаце. Сите бевме љубопит-ни и возбудени. Со нетрпение ја оче-кувавме нашата прва средба, а воис то време многу прашања ми севртеа низ главата. Тие се деца од дру-га етничка припадност и говорат другјазик, а за реализација на проектоттреба да комуницираме. Како ли ќесе разбереме? Со нив сме толку раз-лични. Имаат и поинаква традицијаи култура. Речиси и воопшто немамезаеднички нешта. Па дури и да нај де -ме начин за комуникација, за што ќеразговараме кога целосно се разли-куваме? За овие прашања не разми-слував само јас, туку речиси сите де-ца од моето училиште. Беа возбуде-ни, но и исплашени поради нашатасредба. Она што никој не го сакашее да има некакви проблеми меѓу нас,чудни погледи и нетрпение. Во истовреме треба да бидеме добри дома-ќини, добро да ги пречекаме и прифа -тиме нашите другари, за да се чув с -т вуваат пријатно и убаво за време наактивностите. Сакавме да се забаву-ваме, а не овој проект да биде самообична формалност за нас што ќе јазавршиме само затоа што мораме.

Како што започна проектот, ситенаши сомнежи се распрснаа како меурод сапуница. Децата од Блаце прис -

Деспина Томашевска, VIII (8) одд., ОУ „Александар Урдаревски“, с. Сандево

4

Не беа потребни никакви зборови, се разбравме на наш„детски јазик“ кој сите умеевме добро да го говориме.

тигнаа и веднаш се здруживме, а тоашто сеуште не можам да го разбе-рам е како успеавме да разговарамемеѓу себе. Тие не говореа македон-ски, ниту пак ние албански. Доволенбеше еден пријателски поглед за ниеда се зближиме. Тогаш исчезнаа си-те прашања. Сфативме дека покрајраз личностите имаме и нешто за-едничко што е многу посилно од ситеразлики и што не зближува а тоа едека, пред сè, сите ние сме само де-ца со исти желби, потреби, амби-ции... Не беа потребни никакви збо-рови, се разбравме на наш „детскијазик“ кој сите умеевме добро да гоговориме. И во тој момент, разликитемеѓу нас неа беа причина за одда-леченост, туку причина за зближува-ње. Ние ја запознавме нивната кул-тура, тие нашата. Подготвивме тра-диционални јадења од македонскатаи албанската кујна, а притоа се дру-жевме и многу се забавуваме. Про-ектот беше успешен и добивме раз-ни пофалби кои многу не радуваа.Но има нешто што ме радува уштеповеќе. Тоа се спомените од овие ак-тивности, кои ќе останат врежани вомоите сеќавања, но и вредноститесо кои се здобив кои секогаш ќе меследат во животот и ќе ме прават по-добар човек.

Креативни работилници во кои преку игра

учиме едни за други

П очетокот во средно училиштеза мене претставуваше новпредизвик. Самиот старт бе-

ше извондреден. Професорите мегледаа со доверба и почит. Не бешетешко да се постигне тоа затоа штосекогаш бев искрена, мојот однос бе-ше солиден и се трудев да бидамкрајно праведна и еднаква кон сите.Уште од самиот почеток во прва го-дина учествував во сите проекти ор-ганизирани во училиштето, а тоа гопостигнав благодарение на мојатажелба да бидам корисна за општес -твото. Проектот на УСАИД за меѓу-етничка интеграција во образование-то, предводен од професорите Ми-лош Ташковиќ и Хава Елмази, прет -ставуваше голем предизвик за мене.Посакав и јас да учествувам во тојпроект, но за жал беа препорачаниученици само од 2 и 3 година. Сепак,на мое барање, професорот Милошне ме одби. Почнав да се чуствувамкако дел од тие активности и почув-ствував одговорност кон проектот.Започнавме со подготовки и ја офор-мивме групата од 28 члена, заедносо професорите Милош Ташковиќ иХава Елмази. Бев премногу љубо-питна за целите на проектот и прватасредба (првата работилница), која јаодржавме на 14 Март 2014 и во којаучестуваа Виолета Симјаноска и ЛеаЛинин (преставници од Мултиме-дија), за мене претставуваше поче-ток на едно ново и убаво искуство.Не запознаа со ус ловите и целите напроектот, а потоа следуваа активно-сти низ игри кои придонесоа за на-шата концентраци ја и меѓусебно за-познавање. Продол живме секоја не-дела да одржуваме по една работил-ница во траење од 90 минути и беаодржувани во Кариерниот центар вонашето училиште. Не посетија и ак-терите Кети Дончевска- Илиќ и ГоранИлиќ. Беше една од најзабавните ра-ботилници одржани во текот на учеб-ната година. Ми беше вистинско за-доволство што ги запознав. Имашешто да се слушне и научи од нив,имаа доволно животно искуство коесакаа да ни го пренесат. Се чувству-вав привилегирана што запознавтолку добри луѓе, кои добрината ја

Флора Мухареми, ученик во IV годинаОСТУ „Гостивар“, Гостивар

5

Успешно ги одржувавмеи останатитеработилници во коидознавме многу нештаедни за други, за нашитеживоти, особено запотребата и убавинатаод живеење едни со други,а не едни покрај други.

споделуваа со сите без разлика наетникум, вера, пол и возраст. Ни по-могнаа да ги разрешиме некои од на-шите дилеми за општествениот жи-вот и проблемите со кои се соочував-ме. Успешно ги одр жувавме и оста-натите работилници во кои дознавмемногу нешта едни за други, за наши-те животи, особено за потребата иубавината од живеење едни со дру-ги, а не едни покрај други. Ученицитесе здружија толку многу што и по за-вршувањето на работилниците на-шите дружби продолжуваа и ќе про-должат во иднина. Се соочувавме исо некои проблеми, предизвици коиотворено ги споделувавме, што ниовозможи со истите да се справимеи да ги надми неме, заедно со нашитепочитувани инструктори Хава и Ми-лош. Сето тоа е благодарение на овојуспешно реализиран проект, под др -жан од страна на УСАИД. Би сакалада кажам дека голем дел од успехотни припаѓа нам, учениците кои земав-ме активно учес тво во проектот, и на-учивме дека дру гарството се стекну-ва со искреност и доверба, тоа е не-што кое се негува. Научивме да би-деме корисни едни на други, да со-работуваме и да се дружиме. Конеч-но, мислам дека и се приближивмекон целта на проектот, успеавме дастекнеме единство и да ги разбиемепредрасудите кои ги имавме едникон други.

Се чувствувам задоволна што сумдел од овој проект затоа што стекнавизвонредно искуство за во иднина.Исто така се здобив со лидерски веш -тини, да се запознаам и соочам сокулурата и животот на сите етникумиприсутни во моето училиште. Нај важ -но од се што научивме е дека дру-гарството не познава граници, вера,етникум, пол, социјално-економскистатус, возраст и физички изглед. Дру -гарството е богатство за сите нас.

Од партнерски активности до нови пријателства

У чениците од средните училиш-та „Коле Неделковски“ од Ве-лес и „Наце Буѓони“ од Кума-

ново во изминатите месеци имаа го-лем број на активности како дел одпартнерството помеѓу двете училиш-та. Во текот на месец јуни ученицитеод двете училишта направија пре-зентација на досегашните постигну-вања како плод на заедничката ра-бота. Учениците Ивана Николовска иЈалчин Рамаданов од ССОУ „КолеНеделковски“ - Велес накратко ни гоопишаа своето искуство во врска соспроведените активности.

Ивана Николовска: Информира-ни бевме дека во училиштето ќе имаповеќе активности од Проектот наУСАИД за меѓуетничка интеграцијаво образованието. Сите беа возбуде-ни, но радоста ни беше уште поголе-ма кога дознавме дека нашето учи-лиште треба да формира партнерс -тво со друго училиште, а потоа даимаме заеднички активности со нив.Со нетрпение се подготвував и ја че-кав посетата на училиштето во Кума-ново. Пред посетата, заедно со уче-ниците од Куманово работевме натријазичен туристички водич за Ве-лес и Куманово. Некои од ученицитеис тра жуваа рецепти од своите мајкии баби, другите посетуваа културно -историски споменици, а дел се по-трудија за електронската обработка.Посетени беа повеќе цркви и џамииво градот и околните села и на крај за -едничката мисија на вроди со плод.

Малку подоцна, дојде и долгоочекуваната посета на Куманово одстрана на раководството на нашетоучилиште со група професори, учи-лишниот фудбалски тим и ученицикои работеа на туристичкиот водич.Таму, поминавме прекрасно. Играв-ме фудбал, се натпреварувавме наспринт патеките во училишниот двор,имавме состанок со одговорнитепрофесорки за водичот за Велес иКуманово. Не верувам дека некогашќе можам да ги заборавам активно-стите од оваа посета, убавите про-шетки или моите другарки Вериме иМартина. 6

Втората средба со училиштетоНа це Буѓони беше во Велес. Се про-мовираше изработениот туристичкиводич за Велес и Куманово. Со за-едничка презентација учениците оддвете училишта ги запознаа присут-ните со убавините на Велес и Кума-ново. Дружењето со учениците про-должи со заедничка работилница накоја имавме можност сите свои впе -чатоци да ги пренесеме на хартија.Повторно, заедно со Вериме и Мар-тина, имавме можност да се дружи-ме и меѓусебно да споделуваме ис-куства.

Јалчин Рамаданов: Првата сред -ба со учениците од Куманово ја имавна работилницата која беше органи-зирана по повод 21 декември - Денна настава на турски јазик. Пред на-шите и професорите од Куманово,како и присутните родители, ги пре-зентиравме обичаите при славењетона најголемите муслимански и хри-стијански празници Бајрам и Божиќ.Презентациите ги подготвивме рабо-тејќи со Перихан, Милош, Сибел, Мо -ника, Бен јамин. Сите ние, толку раз-лични, а толку исти, пишувавме за-еднички како ги славиме празницитево своите домови. Ни беше многу ин-тересно додека седевме еден додруг и со голем интерес истражував-ме од интернет. Колку само интерес-ни податоци ни се разоткрија, шегу-вајќи и смеејќи се. Ü

Ивана Николовска:Не верувам дека некогаш ќе можам да ги заборавамактивностите од оваа посета, убавитепрошетки или моитедругарки Вериме и Мартина.

ÜСо нетрпение ја очекував следна-

та средба со учениците од Наце Бу-ѓони. До тогаш, за среќа бевме повр -зани преку социјалните мрежи. Вос-поставивме видео линк, па истовре-мено во двете училишта се презен-тираше прославата на големиот хри-стијански празник Прочка. Така однашите другари слушнавме и за про-стувањето при славењето на мусли-манскиот празник Рамазан Бајрам.

Најголем впечаток ми остави ра-ботилницата на која со учениците одКуманово изработувавме заедничкихамер за нашите градови. Во мојатагрупа беа: Викторија, Фјола, Зуале иСунчица од Куманово, Мики и Бен -јамин од Велес. Изработивме хамер„Различно воспитани, а сепак истофункционираме“ со слики од Велес иКуманово. Го презентиравме заедносо ученичката Фјола. Таа на својотмај чин јазик, а јас на свој, и двете бев -

ме насмеани и горди презентерки.Аплаузот ни беше многу драг и самосрамежливо се погледнувавме, зна -ејќи дека својата задача ја извршив-ме целосно.

Потоа, следуваше прошетка низмојот роден град Велес. Онака ре-лаксирани и опуштени заминавме наградскиот базен и новите другари гизапознавме со новата црква и теа-тар, рингишпилот, каде што прекрас-но си поминавме, за на крај да се од-мориме во градските кафулиња. До-дека тие уживаа во новиот град, сонасмевки на лицата, се дружевме иразговаравме. На крај, за жал морав-ме да си подадеме рака и да се по-здравиме, со желба за соработка кој -а ќе продолжи низ годините за да сезачува ова мало, но значајно збрати-мување. Ќе минат години, ќе доаѓаатгенерации, а ние сегашните ќе оста-неме засекогаш во контакт со овиенаши драги сооученици.

7

Јалчин Рамаданов:На крај, за жал моравмеда си подадеме рака и да се поздравиме, со желба за дружење кое ќе продолжи низгодините за да се зачуваова мало, но значајнозбратимување.

Ивана Николовска и Јалчин Рамаданов, ученици воССОУ „Коле Неделковски“, Велес

Преку дебатни клубови до нови позитивни животни искуства

Р азличноста се истакнува то-гаш кога луѓе од разни етнику-ми, националности, религии и

родови се соединуваат во една групаили заедница. Едно разновидно оп-штество е она што ги негува разли-ките кај луѓето. Тоа е општество коеги прифаќа луѓето од разно потеклои традиција да донесат свежи идеи иразмислувања. Истата цел ја имашеи нашата група за дебати, каде штопосветеноста и ангажманот резулти-раше со јавна дебата на тема - ‘’Ет-нички поделените објекти (не) ја по-пречуваат интеграцијата“. Оваа ак-тивност се реализира во соработкасо Проектот на УСАИД за меѓуетнич-ка интеграција во образованието иМладински образовен форум, чијацел е подобрување на културата идијалогот, зацврстувањето на нивотона дискутирање со аргументи и по-ттикнувањето на општествените де-бати со релевантни теми. Во групатаза дебати имаше ученици од средни-те училишта, кои независно од раз-личностите оформија свои мислењаза дадените теми. Двете групи одучениците претставија еден позити-вен и еден негативен модел како уче -ниците од различни етникуми требада функционираат во едно училиш-те. Некои велат дека учејќи во едноисто училиште тоа ќе придонесе по-

Нита Зеќири, IV година, СУ „Наце Буѓони“, Куманово

8

веќе конфликти и редуцирање на на-ставничкиот персонал, и другите де-ка учениците ќе стекнат пријателствои намалување на предрасудите. Учес -ниците во дебатата нагласија декаво нашето општество има многу сте-реотипи за припадниците од другитеетнички заедници и дека истите тре-ба да се намалат. Тие исто така да-доа и примери од општествата коифункционираат независно од различ -ностите, сведочејќи дека и тие седел од тој круг. Секако дека, дебати-рајќи долго по разни теми, за многунешта се сменија и моите ставовикога ги слушнав погледите од своитеврсници. Можеш да стекнеш многупријатели за кратко време ако ги при-фатиш нивните различни размислу-вања, како што се случи и внатре восамиот дебатен клуб каде се форми-раа друштва и другарување кое бес-прекорно функционира. Новите иску-ства секогаш ги менуваат луѓето, до-дека пак искуството со дебатниотклуб беше еден позитивен пример заначин на размислување кој резулти-ра со многу нови дружења и прија -телство.

Новите искуствасекогаш ги менуваатлуѓето, додека пак искуството со дебатниот клуб беше еден позитивенпример за начин на размислување кој резултира со многунови дружења и пријателство.

Незаборавниот ден

K он крајот на месец aприл на-шата наставничка ни кажадека ќе одиме во Крушево на

7 мај за да играме спортски игри ифуд бал со другарчињата од ОУ „Ни-кола Карев“од Крушево. Бев возбу-дена и едвај чекав да дојде тој ден.

Дојде денот за кој долго се спре-мавме и заедно со моите другарки идругари отидовме во Крушево. Попат размислував како ќе изгледа тоаи како ќе играме, но сепак неможевубаво да замислам, па остана да гопочекам да дојде тој моментот на за-бава.

Кога влегувавме во градот бевмалку зачудена кога видов толку ма-ло гратче а куќите толку близу еднадо друга како дрвја во шума кои седопираат со своите лисја и гранки.Градот на прв поглед ми изгледашетрадиционален, интересен и возбуд-лив. Конечно пристигнавме на игра-лиштето каде имаше многу топки,деца, обрачи, јажиња и други работисо кои мислев дека можев по целден со секое од нив да играм. Децатаи наставниците кои беа таму топлоне пречекаа со насмевки и пријатнизборови. Децата на игралиштето беа

Јасмина Имери, V одд.,ОУ „Јосип Броз Тито“, Жировница

9

Децата и наставницитекои беа таму топло нѐ пречекаа со насмевкии пријатни зборови...

...Иако не успеав да гизапомнам сите имињакои со првата игра си гикажавме, се чувствувавмногу пријатно, како да ги познавам ситедеца од порано.

многу дружељубиви кон нас и целден игравме различни игри. Бешеубаво да се слушне толку смеа, на-вивање, шаренило од топки и обрачина едно место. Иако не успеав да гизапомнам сите имиња кои со прватаигра си ги кажавме, се чувствувавмногу пријатно, како да ги познавамсите деца од порано.

Преку игра и забавата се запоз -нав ме подобро, а за време на паузатаси ги разменивме и телефонските бро -еви, а и се договоривме на соци јал -ни те мрежи да се допишуваме. Глав -ните „виновници“ за ова убаво до жи -вување беа нашите наставници, какои луѓето од организацијата МЦГО, изатоа им благодарам многу. Тој денбев многу среќна и весела кога севраќавме накај дома. Иако бев многуизморена, тоа беше убав замор. Ед-вај чекав да пристигнам назад домаза да им раскажам на сите колку за-бавно и убаво го поминав тој ден.

Интегрирана настава во природа

З драво, моето име е Гамзе Зе-кир и сум четврто одделениево основното училиште „Брат-

ство Единство“ од Охрид. Ова бешепрв пат за нас од четвртите одделе-нија за се организира настава во при -рода. Тоа беше нешто ново. Во нас -тавата учествуваа ученици од ситетри јазици што се зборуваат во учи-лиштето. Престојувавме четири денаи три ноќи и беше многу забавно. Замене наставата во природа оставинезаборавливи спомени затоа штотаму научив многу работи. Првиотден тргнавме со автобус, но во авто-бусот не бевме само ние, со нас беаи учениците од четвртите одделенијашто учат на македонски јазик. Некоиод учениците ги познавав бидејќиучествуваа во програмата што ја под -готвивме за 8-ми март за Денот нажената, а некои учествуваа и во мул-тикултурните работилници. Оста на -тите другарчиња ги запознав таму.Ова искуство нам ни беше многу за-бавно. На излетот во Пелистер во си-те активности и игри игравме ситезаедно. Таму за прв пат го видовдрвото молика, листовите му беа сопет иглички. Имав слушнато за негопорано но кога го видов многу ми бе-ше интересно. Наредниот ден го по-сетивме и Музејот. Ги видовме жи-вотните и растенијата што се наоѓаатво Пелистер. Секој ден планинарев-ме и уживавме во природата. Оде-њето ни беше многу лесно бидејќи

10

има ше означена патека за нас деца-та. Одејќи по пат имаше табли озна-чени со разни животни и растенија.Сите тие живееа тука на Пелистер.Воздухот беше многу чист и тоа нибеше многу убаво. Секое попладнеигравме спортски игри. А навечер иг -равме други игри како што се: мас-кенбал, пижама парти, имаше и игрисо најчудни фризури и музички игри.Сите случки и настани ги пишувавмево тетратки, а на листови го цртавметоа што го гледавме. Излетот во при-рода помина многу забавно. За менетоа беа најубавите денови во мојотживот, се запознавме со многу новидругарчиња што учат на друг јазик исе надевам ќе се дружиме и поната-му во училиште.

За мене тоа беанајубавите денови во мојот живот, се запознавме со многунови другарчиња штоучат на друг јазик и се надевам ќе седружиме и понатаму во училиште.

Гамзе Зекир, ученичка од IV-1 одд.,ОУ „Братство Единство“, Охрид

Научените лекции ни помогнаа да дојдеме

до реновирање

В о конкуренција од 100 учи-лишта кои аплицираа за ре-новирање, нашето училиште

„Врапчиште“ од с. Врапчиште бешеизбрано меѓу првите 10, со што добиможност да ја реновира училишнатазграда на подрачното училиште восело Врањовце.

Централното основно училиште„Врапчиште“се наоѓа во село Врап-чиште и има уште три подрачни учи-лишта кои се наоѓаат во село Зубо-вци, село Врањовци и село Галате.Во нашето училиште наставата сеодвива на македонски, албански итурски наставен јазик што всушностго отсликува и составот на населе-нието во општина Врапчиште.

Поканата за вклучување на наше-то училиште во Проектот на УСАИДза меѓуетничка интеграција во обра-зованието беше добродојдена и без-резервно прифатена како од училиш -ното раководство така и од настав-ниот кадар. Ги следевме упатстватадобиени од Проектот и започнавмесо формирање на училишен тим заинтеграција. Ги посетувавме обукитеза меѓуетничка интеграција во обра-зованието од каде секогаш се вра-ќавме со нови знаења и искуства затоа како да ја подобриме меѓуетнич-ката интеграција нашето училиште,како да оствариме партнерства соучилиштата од другите краеви воМакедонија, како да организираме иодржуваме заеднички активности вонашето училиште со други училиш-та. Целта на сето ова беше една, на-шите ученици и ние наставниците одразличните етнички заедници подо-бро да се запознеме, меѓусебно дакомуницираме и да разменуваме ис-куства како од областа на образова-нието така и од областа на меѓует -ничките односи во Република Маке-донија.

Потоа, добивме известување де-ка имаме можност да аплицираме завклучување и во другите активностина Проектот кои се однесуваат на ре-новирање на училиштата. Почнавмесо подготовка на апликацијата. Ги ко-ристевме сите добиени знаења одобуките за меѓуетничка интеграција

Кујтим Јусуфи, директор,ОУ „Врапчиште“, с. Врапчиште

11

во образобанието и ја подготвивмеапликацијата, а потоа заедно со ситепотребни прилози ја доставивме доПроектот. И што се случи? Во конку-ренција од апликации пристигнатиод 100 училишта од Македонија, на-шата апликација беше високо оцене-та и нашето училиште се најде меѓудесетте училишта кои добија мож-ност за реновирање во текот на оваагодина. Нашата радост беше не-измерна, нашиот труд и посветеностдаде резултат и продолживме со ра-ботата.

Формиравме училишен тим за ре-новирање, кој со добиените знаењаод обуките за проценка на потребитеи одредување на приоритетите ги од-реди потребите на сите училишнизгради, ги одреди приоритетите зареновирања во нашето училиште, апотоа се одреди и најприоритетнатапотреба - целосно реновирање научилишната зграда во подрачнотоучилиште во с. Врањовце.

И така почна сѐ. Учиме и работи-ме заедно, се запознаваме, комуни-цираме. Промените не настануваатведнаш туку чекор по чекор со многуработа и посветеност. Продолжува-ме со активностите како за меѓу-етничка интеграција така и за рено-вирање на училиштето во Врањовце.Многу учиме, многу работиме и сенадеваме дека ќе направиме многупозитивни промени во нашето учи-лиште, во нашето однесување и вонашите сфаќања на различноститеили подобро кажано сличностите.

Промените ненастануваат веднаштуку чекор по чекор со многу работа и посветеност.

Галерија на ПМИО

12

civic education

mace

donian

cente

r

MCGO

AKEDONSKIENTAR ZARA\ANSKOBRAZOVANIE

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Сл

едет

ен

ен

а:w

ww

.pm

io.m

k

Главен и одговорен уредник:Игор Ордев, асистент за информирање на јавноста и заедниците на ПМИО

Уредувачки одбор:Лорета Георгиева, извршен директор на МЦГОНебојша Мојсовски, раководител на ПМИОСветлана Гашовска, координатор за соработка со партнерите на ПМИО

Издавач:Македонски центар за граѓанско образование

Дизајн:Билјана Михајловска

Адреса: Козле 1-б, 1000 Скопје Телефон: +389 (0) 2 3067 981Е-пошта: [email protected] Факс: +389 (0) 2 3067 985

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива со буџет од 5,2 милиони долари со која се опфатени сите основни

и средни училишта во Македонија. Главната цел на ПМИО еда ја зајакне свеста и да обезбеди различни обуки, техничка

поддршка и да ги поттикне училишните одбори, директорите,наставниците, учениците, родителите и администрацијата заподдршка на меѓуетничката интеграција во образованието.