АНКЕА: МЛАДИЕ, ЛАНИАЊЕ ÃО НА ЕМЕЈВО ÃО И...

22
Проектот „Демографијата – квалитет на живеење“ се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондација Отворено општество - Македонија. АНКЕТА: МЛАДИТЕ, ПЛАНИРАЊЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО И МИГРАЦИИТЕ

Upload: others

Post on 23-Sep-2019

4 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Проектот „Демографијата – квалитет на живеење“ се реализира во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондација Отворено општество - Македонија.

АНКЕТА:

МЛАДИТЕ, ПЛАНИРАЊЕТО НА

СЕМЕЈСТВОТО И МИГРАЦИИТЕ

2

Анкета: Младите, планирањето на семејството и миграциите Скопје, јуни 2016

Ова истражување е овозможено со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на публикацијата е одговорност на авторите и на НВО Инфоцентарот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

3

ВОВЕД И МЕТОДОЛОГИЈА

НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година, спроведе анкета меѓу младите луѓе во сите осум плански региони во Република Македонија (Скопски, Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југозападен и Југоисточен).

Оваа анкета има за цел да ги истражи мислењата и ставовите на младите луѓе, на возраст од 20 до 35 години, за две теми: планирање на семејството и миграциите.

Анкетата беше спроведена на терен од страна на 16 анкетари (по двајца во плански регион). Испитаниците беа анкетирани анонимно и пополнуваа структуриран прашалник составен од 22 комбинирани (стандардизирани и нестандардизирани) прашања кои се однесуваа на двете зададени теми.

Анкетното истражување е реализирано во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија.

ОПШТ ПРЕСЕК

Со анкетата се опфатени вкупно 503 испитаници на возраст од 20 до 35 години, од сите осум плански региони во Република Македонија. Најбројна е групата испитаници на возраст од 20 до 25 години – 39,6%, потоа следуваат испитаниците од 26 до 30 години – 32% и оние на возраст од 31 до 36 години – 28,4%. Жените се застапени со 51,3 отсто додека мажите со 48,7 отсто. Процентуалната застапеност на испитаниците, пак, според региони се движи од 11,3% во Скопскиот до 17,3% во Пелагонискиот регион.

Бидејќи анкетата се однесува на две теми: планирање на семејството и миграциите, резултатите се обработени и презентирани соодветно на областите на кои се однесуваат.

4

МЛАДИТЕ И ПЛАНИРАЊЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО

Најголемиот дел од испитаниците - 76,9% живеат во заедница со родителите. Интересно е да се истакне дека 61,4% живеат сами со нивните родители, а 15,5% живеат во заедница на нивното семејство и родителите на едниот од сопружниците.

На прашањето колку се задоволни од местото и просторот на своето живеалиште, поголемиот број испитаници - 55,4% истакнале дека се задоволни и тоа, подеднакво и мажите и жените. Гледано според возраста, најзадоволни се оние од 31 до 35 години (57%), а најмалку се задоволни оние на возраст од 26 до 30 години – 53,4%. Во однос на регионалниот аспект, најзадоволни со местото и просторот на живеење се испитаниците од Полошкиот регион – 66%, а најнезадоволни се оние од Североисточниот регион – 57,6%.

5

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

55,9%

66,7%

58,3% 63,2%

46,0%

37,3%

62,3% 57,9%

39,0%

26,7% 28,3% 26,3%

35,6%

57,6%

27,9%

40,4%

5,1% 6,7%

13,3% 10,5%

18,4%

5,1% 9,8%

1,8%

Дали сте задоволни од местото и просторот на вашето живеалиште?

Да

Не

Делумно

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

20-25 26-30 31-35

55,8% 53,4%

57,0%

33,0%

39,1%

33,8%

11,2%

7,5% 9,2%

Дали сте задоволни од местото и просторот на вашето живеалиште?

Да

Не

Делумно

6

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

9,1%

16,9%

8,3%

3,6%

9,5%

22,0%

3,3%

11,1%

60,0%

45,8%

58,3%

51,8%

58,3%

50,8% 50,8% 51,9%

21,8% 23,7%

26,7%

32,1%

25,0%

18,6%

41,0%

29,6%

9,1%

11,9%

5,0%

12,5%

3,6% 3,4% 1,6%

3,7% 0,0%

0,0% 0,0% 0,0%

2,4%

0,0%

3,3% 1,9%

0,0% 1,7% 1,7%

0,0% 1,2%

5,1%

0,0% 1,9%

Колку деца би сакале да имате?

1 2 3 4 5 Одбива да одговори

На прашањето колку деца би сакале да имаат, повеќе од половината испитаници (52%) се изјасниле дека сакаат да имаат две деца, 26,5% би сакале да имаат три деца, а 10,1% би сакале да имаат само едно дете. Во однос на регионалната распределба, најголемиот дел од испитаниците кои сакаат да имаат две деца се од Вардарскиот регион, а оние кои сакаат да имаат три деца најбројни се во Југоисточниот регион. Дури 60% од испитаниците од Вардарскиот регион рекле дека сакаат да имаат две деца, а високи 41% од испитаниците во Југоисточниот регион истакнале дека сакаат да имаат три деца.

7

Поголемиот дел од испитаниците 67,8% немаат основано семејство, а од оние 29,3% кои веќе основале семејство, 15.8% имаат само едно дете, а 11,4% имаат две деца. Единствено, меѓу испитаниците од Југозападниот регион малку е поголем бројот на оние кои имаат две деца наспроти оние со едно дете – 20,7% односно 19%. Меѓу испитаниците од Источниот и Југоисточниот регион, пак, забележлива е голема процентуална разлика меѓу оние со едно и оние испитаници со две деца и тоа, во корист на семејствата со само едно дете – 18,3% наспроти 8,3%.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

90,0%

17,2% 16,7% 18,3% 19,0%

8,1%

11,9%

18,3% 22,0%

15,5% 13,3% 8,3%

20,7%

4,7%

8,5% 8,3%

17,1%

1,7% 1,7% 0,0%

5,2%

0,0% 0,0% 1,7% 2,4%

0,0% 0,0% 0,0%

5,2%

0,0% 0,0% 0,0% 0,0%

65,5% 68,3%

73,3%

50,0%

87,2%

79,7%

71,7%

58,5%

Дали имате основано семејство, доколку да дали и колку деца имате?

Да (1 дете) Да (2 деца) Да (3 деца) Да (4 деца) Не

8

Кога станува збор за клучните предуслови за формирање семејство, 41,1% од вкупниот број испитаници сметаат дека е тоа вработувањето, за 24,8% клучен предуслов е финансиската стабилност, а за 22% клучен е изборот на партнер. За 66,7% од испитаниците од Југоисточниот регион клучен предуслов е работата, додека за 61,4% од испитаниците од Вардарскиот регион, клучен предуслов за основање семејство се финансиите. Интересно е да се погледне како изгледа распределбата според половата припадност. За 36,9% од испитаничките клучен предуслов е работата, за 25,4% се финансиите и тука некаде, 24,2% е и изборот на партнер. За 45,6% од машките испитаници работата е клучен предуслов, за 24,3% се финансиите, а за 19,7% е изборот на партнер.

0,0% 10,0% 20,0% 30,0% 40,0% 50,0% 60,0% 70,0%

Вардарски

Полошки

Источен

Југозападен

Пелагониски

Североисточен

Југоисточен

Скопски

61,4%

13,1%

12,1%

41,1%

23,0%

22,4%

0,0%

29,6%

1,8%

1,6%

0,0%

14,3%

0,0%

1,7%

0,0%

18,5%

21,1%

42,6%

60,3%

25,0%

43,7%

55,2%

66,7%

9,3%

1,8%

8,2%

6,9%

1,8%

3,4%

5,2%

1,7%

1,9%

14,0%

0,0%

0,0%

1,8%

4,6%

0,0%

1,7%

9,3%

Според вас кои се клучните предуслови за да основате семејство?

Друго

Општествена стабилност

Работа (вработен, сопруг/а вработен)

Партнер

Дом (имот, стан, куќа, големина на живеалиште)

Финансии (Пари, плата, приходи, примања)

9

На прашањето:„Доколку немате, а сакате да основате семејство кои се причините поради кои сè уште не сте го направиле тоа?“, повторно како клучни услови се јавуваат вработувањето, финансиите и партнерот односно возраста, но во различен сооднос овој пат, во корист на партнерот односно возраста. Една третина од испитаниците (34,2%) како услов заради кој сè уште немаат основано семејство го наведуваат партнерот односно возраста, за 24,6% клучна причина е вработувањето, а за 12% финансиите. Високи 17,2% не дале никаков одговор на ова прашање. Индикативно е дека дури 45,5% од испитаниците во Скопскиот регион не одговориле на ова прашање, а за 74,5% од испитаниците во Полошкиот регион клучен услов е изборот на партнер односно возраста.

0,0%

5,0%

10,0%

15,0%

20,0%

25,0%

30,0%

35,0%

40,0%

45,0%

50,0%

Женски Машки

25,4% 24,3%

6,0%

2,5%

24,2%

19,7%

36,9%

45,6%

3,6% 4,2% 4,0% 3,8%

Според вас кои се клучните предуслови за да основате семејство?

Финансии (Пари, плата, приходи, примања) Дом (имот, стан, куќа, големина на живеалиште)

Партнер Работа (вработен, сопруг/а вработен)

Општествена стабилност Друго

10

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

22,0%

3,9% 1,9%

22,9%

14,1% 13,0%

0,0%

20,5%

5,1% 2,0% 0,0%

5,7% 1,4% 0,0% 0,0%

9,1%

0,0%

74,5%

38,9% 34,3% 33,8%

45,7%

38,3%

11,4% 15,3% 13,7%

20,4%

31,4%

38,0%

30,4%

38,3%

6,8%

15,3%

3,9%

35,2%

2,9% 7,0% 6,5%

23,4%

45,5% 42,4%

0,0% 0,0% 0,0% 0,0% 0,0% 0,0% 4,5%

Доколку немате, а сакате да основате семејство кои се причините поради кои се уште не сте го направиле тоа?

Економска стабилност (Пари, плата, приходи, примања, финансии)

Дом (имот, стан, куќа, големина на живеалиште)

Партнер (желба, среќа, возраста)

Работа (вработен, сопруг/а вработен, кариера)

Општествена стабилност

Нема одговор

Друго

8,6%

3,3%

32,9%

25,7%

1,4%

20,5%

7,6%

15,7%

2,0%

35,5%

23,4%

4,1%

13,7%

5,6%

0,0%

5,0%

10,0%

15,0%

20,0%

25,0%

30,0%

35,0%

40,0%

Економска стабилност

(Пари, плата, приходи, примања, финансии)

Дом (имот, стан, куќа,

големина на живеалиште)

Партнер (желба, среќа,

возраста)

Работа (вработен, сопруг/а

вработен, кариера)

Општествена стабилност

Нема одговор Друго

Доколку немате, а сакате да основате семејство кои се причините поради кои се уште не сте го направиле тоа?

Женски Машки

11

Заклучок: Најголемиот дел од младите луѓе иако се на возраст кога може и треба да се осамостојат, сè уште живеат во заедница со своите родители (дури и оние кои веќе имаат основано сопствени семејства). Четиричленото семејство со две деца е најпосакуваната опција за повеќе од половината испитаници, а за нешто повеќе од една петина од испитаниците, идеалното семејство го сочинуваат три деца. Иако посакуваат да имаат две односно три деца, сепак, поголемиот дел од испитаниците кои основале свое семејство имаат само едно дете. За најголемиот дел од младите луѓе клучен предуслов за основање семејство, како и причина зашто сè уште не основале семејство се вработувањето, финансиите и партнерот односно возраста.

12

МЛАДИТЕ И МИГРАЦИИТЕ

Повеќе од една третина од младите испитаници во сите плански региони на државата воопшто не се задоволни од условите и можностите што им ги нуди општината во која живеат. На скалата од 1 до 5, при што 1 значи дека воопшто не се задоволни, а 5 дека се сосема задоволни, 33,7% го заокружиле бројот 1, 29,7% од испитаниците го заокружиле бројот 2, а 24,7% го заокружиле бројот 3. Ова значи дека високи 63,4% од вкупниот број испитаници не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и другите услови што им ги нуди општината. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот регион - 51,7% и оние од Североисточниот регион - 40,4%. Интересно е да се спомене дека во половината од планските региони: Вардарски, Југозападен, Пелагониски и Североисточен, процентот на задоволни млади луѓе е нула. Со зголемување на старосната група на испитаници се зголемува и незадоволството од условите во општината. Процентот на младите од 20 до 25 години кои се воопшто не се задоволни изнесува 28,9%, а на оние од 31 до 35 години е веќе 33,7%.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

33,3% 31,7%

13,3%

25,4%

51,7%

40,4%

34,4% 31,6%

43,9%

21,7% 25,0%

30,5% 28,7% 29,8%

19,7%

40,4%

21,1% 21,7%

43,3%

30,5%

18,4%

29,8%

18,0% 17,5%

1,8%

23,3%

15,0% 13,6%

1,1% 0,0%

21,3%

10,5%

0,0% 1,7% 3,3% 0,0% 0,0% 0,0%

6,6%

0,0%

На скала од 1 до 5, при што 5 би значело дека целосно сте задоволни, а 1 би значело дека воопшто не сте задоволни, како би ги оцениле условите и можностите кои ви ги нуди општината во која што живеете (здравство,

образование, животна средина, вработување)

1

2

3

4

5

13

Сликата за незадоволството на младите луѓе станува уште подраматична со прашањето за тоа какви се условите за вработување во општината во која живеат. Дури 83,3% од испитаниците оценуваат дека условите за вработување се лоши. Младите од Североисточниот регион се најнезадоволни – 94,8%, а потоа следат оние од Пелагонискиот(91,8%) и од Вардарскиот регион (91,2%). Испитаници кои мислат дека условите за вработување во нивната општина се добри, најбројни се во Полошкиот регион – 19,7%, но и таму високи 75,4% оценуваат дека условите се лоши.

0,0% 5,0% 10,0% 15,0% 20,0% 25,0% 30,0% 35,0% 40,0% 45,0%

20-25

26-30

31-35

28,9%

32,5%

41,8%

29,9%

34,4%

24,1%

28,9%

20,0%

24,1%

10,2%

11,3%

9,9%

2,0%

1,9%

0,0%

Во

зрас

т На скала од 1 до 5, при што 5 би значело дека целосно сте задоволни,

а 1 би значело дека воопшто не сте задоволни, како би ги оцениле условите и можностите кои ви ги нуди општината во која што живеете

(здравство, образование, животна средина, вработување)

5

4

3

2

1

14

Голем е бројот на младите луѓе кои сметаат дека работните услови за вработените во нивните општини се лоши. Дури 73.8% од вкупниот број на испитаници се изјасниле дека условите за вработените се лоши. И тука, најнезадоволни се младите од Североисточниот (89,7%), од Вардарскиот (88,5%) и од Пелагонискиот регион (81,4%).

3,5%

19,7%

8,5% 5,3% 1,2% 0,0%

11,5% 9,4% 5,3% 4,9%

11,9% 5,3% 7,1% 5,2% 8,2%

13,2%

91,2%

75,4% 79,7%

89,5% 91,8% 94,8%

80,3% 77,4%

Според вас какви се условите за вработување во вашата општина?

Добри Просечни Лоши

15

Трендот на незадоволство кај младите луѓе се отсликува и кај прашањето дали би се иселиле од нивната општина. Дури 71,8% од вкупниот број испитаниците одговориле дека би се иселиле од општината во која живеат, а од нив најбројни се младите од Североисточниот (89,8%), Источниот (81,7%) и Пелагонискиот регион (81,6%). Во Скопскиот регион, бројот на оние кои што би се иселиле од општината е најмал – 64,2%.

Интересно е да се спомене дека повеќе од половината испитаници не би се иселиле во друга општина во државата – 54,5%, а од оние кои би се иселиле во друга општина, повеќето би сакале тоа да биде во Скопје – 36,8%.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

90,0%

3,8%

24,6%

13,8% 15,1%

4,7% 1,7%

18,3%

7,4% 7,7% 8,2% 10,3%

18,9% 14,0%

8,6% 8,3%

20,4%

88,5%

67,2%

75,9%

66,0%

81,4%

89,7%

73,3% 72,2%

Според вас какви се работните услови на вработените жители во вашата општина?

Добри

Просечни

Лоши

Дали би се иселиле од вашата општина?

16

На прашањето дали би се иселиле надвор од Македонија, исклучително високи 83,7% од испитаниците се изјасниле позитивно. Две третини од нив – 52,4% би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12% во САД и Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3% од испитаниците. Погледното според региони, 70% од испитаниците во Североисточниот регион кои би се иселиле надвор од државата, би сакале да заминат во западна Европа. Мапата на најпосакуваните земја за иселувањ е најшаренолика кај младите од пелагонискиот регион – за 17,7%

0,0%

20,0%

40,0%

60,0%

80,0%

100,0%

74,1% 67,2%

81,7%

67,8%

81,6% 89,8%

43,3%

64,2%

25,9% 32,8%

18,3%

32,2%

18,4% 10,2%

56,7%

35,8%

Дали би се иселиле од вашата општина?

НЕ

ДА

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

54,9%

40,9%

61,0%

66,7%

49,4%

37,0%

76,0%

48,5%

35,3%

45,5%

25,4%

31,5%

41,8%

50,0%

22,0%

45,5%

7,8% 4,5% 3,4% 1,9% 3,8% 3,7%

0,0% 0,0%

Дали би се иселиле во друга општина во Република Македонија и доколку да, која би била таа општина?

Не

Да, Скопски

Да, Полошки

Да, Источен

Да, Југозападен

Да, Пелагониски

Да, Североисточен

Да, Југоисточен

Да,Вардарски

Друго

17

„ветената земја“ се САД и Канада, потоа следуваат Скандинавија (15,5%) и Австралија и Нов Зеланд (12,7%).

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

15,1%

39,3%

11,9% 10,5%

15,2%

3,6%

11,9%

21,4%

54,7%

34,4%

67,8%

56,1%

34,2%

70,9%

61,0%

48,2%

7,5% 8,2% 8,5% 10,5%

15,2%

10,9% 10,2% 14,3%

9,4% 13,1%

6,8%

14,0% 17,7%

12,7% 15,3%

8,9% 5,7%

3,3% 3,4% 0,0%

3,8% 1,8% 1,7% 1,8% 1,9%

0,0% 1,7% 5,3%

12,7%

0,0% 0,0% 1,8%

5,7% 1,6% 0,0%

3,5% 1,3% 0,0% 0,0%

3,6%

Дали би се иселиле надвор од Република Македонија и доколку да, во која држава?

Не

Западна Европа

Скандинавија

САД и Канада

Балкан

Австралија и Нов Зеланд

Друго

18

Работата (невработеноста, потрагата по подбро вработување) и општествената ситуација (партиските вработувања и политичката ситуација) се двете главни причини заради кои дури две третини од вкупниот број испитаници би се иселиле од државата. Покрај невработеноста (34,3%) и општествената ситуација (33,5%), следна причина заради која младите сакаат да се иселат од Македонија е економската односно финансиската стабилност – 17%. Заради работата, најмногу би се иселиле младите од Полошкиот (48,8%) и од Југоисточниот регион (48,1%). За младите од Пелагонискиот (51,4%) и од Источниот регион (50%), најсериозна причина заради која би се иселиле е општествената ситуација односно партиските вработувања и целокупната политичка состојба во која се наоѓа државата. Економската стабилност (парите, повисоките примања и др.) е клучна причина за иселување за 35,3% од младите во Вардарскиот и за 33,3% од младите испитаници во Скопскиот регион. Во однос на половата распределба, интересно е да се спомене дека кај жените најголемата причина зашто би се иселиле е општествената ситуација (35,9%), потоа работата (32,8%) и финансиската стабилност (12,8%). Кај мажите,пак, доминантна причина е работата (35,9%), а потоа општествената ситуација (30,9%) и економската стабилност (21,5%).

19

На прашањето колку луѓе познавате кои мигрирале во друга општина, најголемиот број од испитаниците – 36,7% истакнале дека е тоа во рамките од 10 до 50 луѓе, 29% дека е тоа во рамките до 10 луѓе, 18% дека е во рамките на 50 до 100 луѓе и 14,7% рекле дека познаваат над 100 луѓе кои мигрирале надвор од општината.

Во однос на регионалната распределба, 93% од испитаниците во Скопскиот регион рекле дека познаваат до 10 луѓе кои се иселиле од општината, 50,8% од испитаниците во Југоисточниот регион познаваат од 10 до 50 луѓе

кои се иселиле, 34% од младите во Североисточниот регион познаваат од 50 до 100 луѓе кои мигрирале, а 31% од нив познаваат над 100 луѓе кои ја напуштиле општината во која живеат.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

80,0%

90,0%

100,0%

17,9% 13,1%

41,7%

12,1%

27,6%

5,2%

27,1%

93,0%

42,9% 44,3%

35,0% 39,7%

46,0%

29,3%

50,8%

5,3%

21,4% 18,0%

20,0%

31,0%

11,5%

34,5%

11,9%

1,8%

17,9%

24,6%

3,3%

17,2% 14,9%

31,0%

10,2%

0,0%

Колку луѓе кои ги познавате мигрирале од вашиот град, во друг град во Република Македонија?

од 0 до 10 од 10 до 50 од 50 до 100 над 100

20

Во однос на прашањето колку луѓе познавате кои се иселиле надвор од државата, повторно најбројни се испитаниците кои познаваат од 10 до 50 луѓе кои се иселиле - 32,2%, но потоа доаѓаат оние кои познаваат над 100 иселени луѓе – 31,2%, а зад нив следат испитаниците кои познаваат од 50 до 100 луѓе – 23% и од 0 до 10 луѓе – 12%.

Регионалната распределба покажува дека скопските испитаници најмногу познаваат луѓе кои се иселиле од државата на скалата од 0 до 10 луѓе – 24,6%, како и на скалата од 10 до 50 луѓе – 56,1%. Испитаниците од Југоисточен (35,6%) и Вардарски регион (35,1%) најмногу познаваат луѓе кои се иселиле на скалата од 50 до 100 луѓе, додека испитаниците од Североисточен (55,2%), Југозападен (52,6%) и Полошки регион (45,9%) најмногу познаваат луѓе кои се иселиле на скалата од над 100.

Според испитаниците, работата (невработеноста, потрагата по подобро вработување) и општествената ситуација (партиските вработувања и политичката ситуација) се двете главни причини заради кои се иселуваат луѓето од нивните општини. Покрај невработеноста (36,2%) и општествената ситуација (33,2%), следна причина заради која луѓето мигрираат е економската односно финансиската стабилност – 22,2%.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

7,0% 8,2%

15,0%

5,3%

17,2%

1,7%

16,9%

24,6% 26,3%

31,1%

38,3%

19,3%

44,8%

13,8%

25,4%

56,1%

35,1%

14,8% 16,7%

22,8% 20,7%

29,3%

35,6%

14,0%

31,6%

45,9%

30,0%

52,6%

17,2%

55,2%

22,0%

5,3%

Колку луѓе кои ги познавате мигрирале од вашиот град во друга држава?

од 0 до 10 од 10 до 50 од 50 до 100 над 100

21

Високи 69% од скопските испитаници сметаат дека главна причина за иселувањето на луѓето е потрагата по економска стабилност, за 60,3% од испитаниците во Североисточниот регион и за 56,9% од Источниот регион, главна причина за иселување на луѓето кои ги познаваат е потрагата по вработување или подобра работа додека за 58,6% од Југоисточниот, 52,4% од Пелагонискиот и 50% од Полошкиот регион главна причина за иселување е општествената ситуација, најмногу партиските вработувања, како и генералната политичка ситуација во државата.

0,0%

10,0%

20,0%

30,0%

40,0%

50,0%

60,0%

70,0%

45,5%

11,7%

0,0%

33,9%

14,3% 17,2%

1,7%

69,1%

0,0% 0,0% 1,7%

0,0% 0,0% 0,0% 0,0% 0,0%

34,5% 31,7%

56,9%

44,6%

29,8%

60,3%

39,7%

5,5% 7,3%

50,0%

41,4%

21,4%

52,4%

20,7%

58,6%

12,7% 10,9%

0,0% 0,0% 0,0% 2,4% 1,7%

0,0% 3,6%

1,8% 1,7% 0,0% 0,0% 0,0% 0,0% 0,0%

9,1%

Според вас кои се причините зошто жителите на вашата општина се иселуваат?

Економска стабилност (Пари, плата, приходи, примања, финансии)

Дом (немање дом, имот, стан, куќа, големина на живеалиште)

Семејна состојба (фамилијарни проблеми, партнер во странство)

Работа (подобра работа, невработен, сопруг/а невработен)

Општествена стабилност (политичка ситуација, партиски вработувања)

Друго

Нема одговор

22

Заклучок: Младите луѓе воопшто не се задоволни од условите што им ги нуди општината во која живеат. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот и од Североисточниот плански регион. Тие сметаат дека условите за вработување се многу лоши, а незадоволни се и од условите за работа. Над 80% од испитаниците би се иселиле надвор од Македонија и тоа најмногу во Западна Европа, САД, Канада и Скандинавија. Работата (невработеноста, потрагата по подобро вработување), општествената ситуација (главно партиските вработувања, а потоа и вкупната политичка ситуација) и економската стабилност се главните причини заради кои младите би ја напуштиле државата.