Користење на дигитална камера · некој дел (cropping),...

3
beconnected.esafety.gov.au Користење на дигитална камера Научете како да употребувате дигитална камера и што можете да правите со фотографиите. Што може да прават дигиталните камери? Дигиталните камери имаат неколку предности во однос на камерите со филм. Со дигитална камери вие можете: Со помош на екранот на камерата да одберете што сакате да се гледа на фотографијата. • Веднаш да ја проверите фотографијата и, ако не ви се допаѓа, да направите друга. • Да ги сочувате фотографиите на мемориска картичка (memory card) и лесно да ги префрлите во компјутер. • Да ги сочувате дигиталните фотографии на вашиот компјутер и да ги поправите, наместо да ги праќате на развивање. • Фотографиите да ги пратите по интернет на печатење и да ви бидат пратени дома готови. Дигитални камери се со различни форми и големини, и со различни цени. • Со поголемите, поскапите камери обично се прават подобри фотографии, но може да бидат компликувани за употреба. Тие се добри за амбициозни фотографи. • Помалите, поевтините камери се полесни за употреба, ама не се толку флексибилни. • Резолуцијата на камерата се мери во мегапиксели. Безмалку сите дигитални камери имаат повеќе од десет мегапиксели, што е сосема доволно за најголем број ситуации. • Мнозинството камери имаат и оптички и дигитален зум. Оптичкиот зум дава многу подобар квалитет. Дигиталните камери имаат различни облици и големини Macedonian

Upload: others

Post on 13-Mar-2020

82 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Користење на дигитална камера · некој дел (cropping), подобрување на осветленоста и отстранување на недостатоци

beconnected.esafety.gov.au

Користење на дигитална камераНаучете како да употребувате дигитална камера и што можете да правите со фотографиите.

Што може да прават дигиталните камери?Дигиталните камери имаат неколку предности во однос на камерите со филм. Со дигитална камери вие можете:• Со помош на екранот на камерата да одберете што сакате да се гледа на

фотографијата.• Веднаш да ја проверите фотографијата и, ако не ви се допаѓа, да

направите друга.• Да ги сочувате фотографиите на мемориска картичка (memory card) и

лесно да ги префрлите во компјутер.• Да ги сочувате дигиталните фотографии на вашиот компјутер и да ги

поправите, наместо да ги праќате на развивање.

• Фотографиите да ги пратите по интернет на печатење и да ви бидат пратени дома готови.

Дигитални камери се со различни форми и големини, и со различни цени. • Со поголемите, поскапите камери

обично се прават подобри фотографии, но може да бидат компликувани за употреба. Тие се добри за амбициозни фотографи.

• Помалите, поевтините камери се полесни за употреба, ама не се толку флексибилни.

• Резолуцијата на камерата се мери во мегапиксели. Безмалку сите дигитални камери имаат повеќе од десет мегапиксели, што е сосема доволно за најголем број ситуации.

• Мнозинството камери имаат и оптички и дигитален зум. Оптичкиот зум дава многу подобар квалитет.

Дигиталните камери имаат различни облици и големини

Macedonian

Page 2: Користење на дигитална камера · некој дел (cropping), подобрување на осветленоста и отстранување на недостатоци

beconnected.esafety.gov.au

Користење на дигитална камера

Како работат дигиталните камери?Да ги разгледаме деловите на дигиталната камера. • На предната страна се леќите (lens). Тие

автоматски ќе ја изострат (фокусираат) сликата.

• Одозгора е блицот (flash). Тој може да се активира сам кога е потребно, а камерата сама ќе одреди колку светлина од блицот е потребно за фотографијата.

• На горниот дел обично е бројчаникот (dial) со кој се одбираат различни начини на снимање - автоматско или рачно подесување.

• На горната страна е и копчето за снимање (shutter button). Тоа се притиска за да се снима.

• На задната страна е екранот на визирот (viewfinder) кој служи за да видите што снимате и за да ги проверите фотографиите откако ќе ги снимите.

• Некои поскапи камери може да имаат и традиционален визир.

• На задната страна на камерата се копчињата за навигација. Тие служат за зумирање (доближување или оддалечување на тоа што се снима) и за користење на разни можности на камерата.

Научете како се употребува дигитална камера и како снимените фотографии се пренесуваат на мемориска картичка. • На модерна мемориска картичка може да се сочуваат

стотици, а често и илјадници фотографии.• И покрај тоа, подобро е фотографиите редовно да ги префрлувате во

вашиот компјутер, во случај да ја загубите или оштетите камерата, или ако мемориската картичка се расипе.

Снимените фотографии

се чувааат на мемориска картичка

Page 3: Користење на дигитална камера · некој дел (cropping), подобрување на осветленоста и отстранување на недостатоци

beconnected.esafety.gov.au

Како најдобро да користите дигитална камера?Кога имате фотографии на мемориската картичка на камерата, треба да ги префрлите во компјутерот. Еве како да го направите тоа:1. Ако вашиот компјутер има читач (reader) на мемориска картичка,

извадете ја картичката од камерата и ставете ја во компјутерот.

2. Ако компјутерот нема читач, камерата поврзете ја со компјутерот со кабелот што сте го добиле со камерата.

3. По пренесувањето на фотографиите во компјутерот, тие можат да се избришат од картичката, за да се направи место за нови фотографии.

Откако фотографиите се пренесени во компјутерот, вие можете:• Да ги отпечатите ако имате печатар

(printer) во боја.• Да ги испратите во сервис за печатење, за таму да ги отпечатат.• Да ги споделите со други преку имејл или страници на социјалните

мрежи, како што е Facebook.• Да ги подобрите со преправање (editing), како што се бришење на

некој дел (cropping), подобрување на осветленоста и отстранување на недостатоци како, на пример, „црвените очи”.

Користење на дигитална камера

Пренесете ги фотографиите во

вашиот компјутер