НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ...

17

Upload: trinhkien

Post on 16-May-2018

237 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

Април 2013, Број 5

СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ МОЖЕМЕ ДА ГО

ПРОМЕНИМЕ СВЕТОТ

ЗОШТО ЏЕЗОТ Е ПОДОБАРОД ТУРБО ФОЛКОТ

www.ugd.edu.mkcoj.ugd.edu.mkspugd.org.mk

МОЌТА НА СТУДЕНТИТЕВО СВЕТОТ

НИКОЛА МАЏИРОВ: ТЕШКО Е ДА СИ ПРАВЕДЕНПОКРАЈ ТОЛКУ СОЅИДАНИ ВИСТИНИ

Page 2: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

3

Содржина: 4 - So internet aktivizmot mo`eme da go promenime svetot5 - Mo}ta na studentite vo svetot6-7 - Kade i kako se prevospituvaa dr`avnite neprijateli na Jugoslavija8-9 - Uspe{nata `ena mora dobro da go organizira svoeto vreme10 - Studentite akteri na teatarski festival vo Bugarija11 - Koga tradicijata stanuva su-perbrend12-13 - Razgovor so Nikola Maxirov14 - Rekreativniot centar na UGD }e im otvori ogromni mo`nosti na studentite15 - Iskustva na studentite koi zaminaa na Erazmus razmena16 - Zo{to xezot e podobar od turbo folkot17 - Bernajs propaganda }e ja osvojuvaat Evropa18-19 - Dvajca akteri doma, mora da ima eden re`iser20 - Idejata da se snimi kriminalen film vo Bugarija, mi deluva{e kako da treba da grradime vselenski brod21 - Lete~ki pekinezeri najdobar mlad xez bend22 - Semiwa proizvedeni vo Make-donija rastat niz cel svet23 - Grat~e - maliot raj na zem-jata24 - Dvigateli na sovremenoto `iveewe25 - Motor, adrenalin i sloboden um26 - Koi se najludite zabavi vo svetot27 - Nedelite na modata go imaat glavniot zbor za toa {to treba da go imaat devojkite vo svojot plakar28 - Zumba e vid na fitnes tanc29-30 - So mnogu vlo`en trud vo eden od najdobrite evropski klubovi30 - Na trening vo UKK „Goce Del~ev“ - [tip

Glaven i odgovoren urednik:m-r Igor Stojanov

Pomo{nik na glavniot i odgovoren urednik:

Nenad Micov

Novinari:Adrijana Mitevska, Ana Maksimova,

Anastazija Koceva, Angel~o Zaharijev, Du{ica Treneva, Elica Radevska, Emilija Jovanovska,

Hristijan Mitev, Hristina Naceva, Ivan Dukovski, Jovana Arsova, Marija Dimitrova, Martina Nikolovska, Nikolina Atanasova, Petar Trbojevi}, Roneta Peeva, Sanela

\orgjieva, Sabina Trajkova, Simona Jovanova.

Grafi~ki urednik:Aleksandar Maksimov

Centar za odnosi so javnosta, UGD

Теренска лабoраторија за животна и работна средина – АМБИКОНЛабораторијата за радиофармацијаЛабораторија за електронска микроанализаЛабораторија за заштита на растенијата и животната срединаЛабораторија за испитување на квалитетот на хранатаЛабораторија за подготовка на микроскопски примероци

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР

Page 3: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

4 5

АКТУЕЛНО АКТУЕЛНО

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДРУШТВЕНИ МЕДИУМИ И ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗАМ ПО ВТОР ПАТ СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИНЕНАД МИЦОВ АНАСТАЗИЈА КОЦЕВА

СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ МОЖЕМЕ ДА

ГО ПРОМЕНИМЕ СВЕТОТ

Визуелен приказ за тоа како се одвиваше вториот Engage преку бројки и фигури.

Интернет ентузијастите од земјава во февруари имаа прилика да присуствуваат на втората конференција за друштвени медиуми и интернет активизам наречена Engage. Оваа конференција ја организирааt онлајн радиото Радио МОФ и Младинскиот образовен форум и претставува физички и виртуелен собир на домашни и странски активисти, блогери, искусни познавачи на друштвените медиуми и граѓани. Сите тие имаат за цел да го подобрат општеството преку онлајн и офлајн активизам. Engage е платформа за едукација и дискусија на теми поврзани со протокот на информациите, дигиталните комуникации, слободата на изразување, дигиталната уметност и можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.Агендата на годинешната конференција беше прилично набиена со презентации на дванаесет говорници, четири работилници и две панел дискусии. Како говорници, оваа година се јавија доста интересни и познати имиња од интернет мрежите и социјалните медиуми, граѓански активисти, експерти и комуниколози. Меѓу нив беа Петрит Сарачини од Граѓанска иницијатива АМАН, Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми, Богдан Илиевски или многу попопуларен како Бетмен ВелиТ, Влатко Васиљ - македонската фејсбук и твитер сензација, Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, а посебно изненадување беше гостинот од Србија, Борис Триван – познат по своето интернет алтер его „Покојна Милева“.Во врска со конференцијата, идејата за нејзиното реалзирање и значење разговаравме со Стефан Алексиќ, координатор на Радио МОФ.

Студентите како движечка сила во светот одсекогаш ја донесувале свежината во општеството. Преку основното „оружје“ - протестите (без разлика на нивната жестина) не постоeло „уво“ кое останало лишено од „мелодичноста“ и „призвукот“ на студентските идеали. Темата за студентските протести е доста споменувана и свесни сме дека со нејзиното (повторно) споменување не измислуваме топла вода. Споменувана многу пати, но никогаш доволно. Сакаме да се осврнеме на некои од најголемите студентски протести во светот, па ќе започнеме хронолошки.

Нема поголема исполнетост од тоа да видиш луѓе кои се борат за своите идеали, пред се права, а особено млади луѓе. Во 2009 година статусот „студент“ и во Македонија го крева гласот, но не за долго. Веројатно тогашните предводници на студентските протести се веќе дипломирани, а ние останатите т.е помладите како да се претвораме во незавидното од нашето општество. Нас студентите како да не обзела летаргичност, пасивност, дистанцираност од акција. Дали нашата иднина ни се смее со „насмевка на циник“? Статусот студент не го заслужува тоа.

Што претставува Engage во суштина?Тоа претставува конференција за социјални медиуми и интернет активизам и се случува втора година по ред, а е единствена од ваков тип во нашата држава. Како интернет радио сметаме дека е убава идеја интернет заедницата да се собира еднаш годишно каде што може да се разменуваат идеи и мислења како може да се искористи интернетот.

Какво влијание очекувате од одржувањето на ваков настан?Форматот на конференцијата го задржавме, но она што е значајно е интересот, кој оваа година е доста зголемен. Затоа веруваме дека сме направиле нешто добро, што се одрази на квалитетот на овогодинешната конференцијата. Исто така и интересот на медиумите е поголем, дадовме десетина интервју, што значи сме ја погодиле потребата за ваков собир. Веруваме дека сме на добар пат и дека ова ќе прерасне во добра традиција.

Кој може да биде дел од оваа конфереција, која е публика на конференцијата?Публиката е секој човек кој постојано е вклучен на интернет, се дружи, комуницира и го користи интернетот не само за лична комуникација туку и за изразување и промовирање ставови. Тоа се млади луѓе кои ги користат модерните технологии за прогрес во општеството.

Веќе и самите потенциравте дека En-gage добива традиционален карактер. Што по завршувањето на оваа конференција и дали веќе имате идеи за следната?Ваквите конференции не се нешто ново, тие се голем тренд во светот и соседството, од каде што ја добивме инципирацијата. Идеите највеќе ги собиравме од конференциите на Балканот и нашата ја организиравме по нивниот пример. Меѓутоа некои од нив почнаа да го менуваат концептот, а ние засега сметаме дека имаме добра тактика и успешна формула. Се надеваме дека догодина конференцијата ќе биде помасовна, на поголема локација и со уште повеќе содржини. Новитет за оваа година беше начинот на кој заврши настанот, а тоа беше сегментот Engage the night кој претставуваше журка каде учесниците имаа можност да се забавуваат и да се опуштат после еднодневниот настан.

Протест против војната во Виетнам - 1968 година Во врвот на ладната војна, илјадници студенти од САД демонстрираат против војната во Виетнам. Студентскиот активизам се раширил и низ другите земји, вклучувајќи ги и Мексико, Полска, Германија, Бразил, Шпанија, Франција и Италија. Студенти од различни земји се собираат за да им се спротистават на ваквите воени политики.

Иранските студенти му се спротивставуваат на деспотското владеење на Владата – 1978 година Универзитетските студенти се наоѓаат во првите „борбени редови“ против тогашното владеење во Иран. Шахот од Иран е принуден да ја напушти земјата по вклучувањето на работниците во протестите (рамо до рамо со студентите), кои заеднички бараат смена на Владата во Иран.

Студентски протести во Обединетото Кралство – 2010 година Над 50.000 студенти демонстрираат во Лондон поради зголемување на школарината во високото образование. Окупирани се универзитети и владини згради. Стотици демонстранти се уапсени.

Студентски протести во Квебек – 2012 година Студентите предводени од нивните студентски лидери демонстрираат против одлуката на Канадската Влада за зголемување на школарината. Во т.н „најголемо граѓанско несогласување во историјата на Канада“, студентските протести се прошируваат до Монтреал каде што 500.000 граѓани „маршираат“ против ваквата владина одлука.

МОКТА НА СТУДЕНТИТЕ ВО СВЕТОТ

Протестите од Плоштадот Тјенанмен – 1989 година Протестите, предводени од студентите, доаѓаат со згаснувањето на комунизмот. Економскиот пад во тој период ги ограничува кариерните можности за студентите. Во тоа време, половина милион демонстранти се собираат на историскиот плоштад и бараат економски реформи, крај на корупцијата, слобода на печатот и слобода на говорот. Црн е моментот кога комунистичката влада се обидува да ги задуши протестите. Присутен е и штрајк со глад се со цел да се принуди владата да ги ислуша студентските барања. Вклучена е и армијата. Стотици студенти ги губат животите по одбивањето на демонстрантите да го „исчистат“ плоштадот. Големи социјални, политички и економски промени се присутни по протестите на Плоштадот Тјенанмен.

Page 4: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

KADE I KAKO SE PREVOSPITUVAA DR@AVNITE NEPRIJATELI NA JUGOSLAVIJA

6 7

АКТУЕЛНО АКТУЕЛНО

НА СНИМАњЕТО НА ФИЛМОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ГОЛИ ОТОК ИВАН ДУКОВСКИ

Приказната за тортурата и голготата на македонците во затворот Голи Оток, сведоштвата на жртвите и нивните судбини, ќе биде прикажана во документарец под наслов „Жртвите на комунизмот“. Филмот ќе се фокусира на сведоштвата на преживеаните луѓе од затворот на Голи Оток. Во документарецот ќе бидат вклучени интервјуа со жртви од комунизмот, најблиските роднини на жртвите, нивни здруженија, релевантни државни институции и историчари. Во овој филм ќе биде прикажано времето на идеолошкото слепило на омразата, за едно несфатливо човеково патење, судбината на човекот која била предодредена заради еден збор, заради една реченица, за островот кој крие 16.000 судбини за „посветла иднина“.

Голи Оток е остров, познат по логорот што југословенските комунисти го изградиле во 1949 година по судирот со Сталин и Информбирото. Затвореници од прв ред биле оние политички лица кои во судирот помеѓу Тито и Сталин застанале зад Сталин. Но, покрај нив на Голи Оток биле затворани и луѓе од различни националности со демократски погледи кон својата држава, а тогашните власти ги сметале опасни за режимот на Тито. На Голи Оток човекот бил кршен не само физички, туку и психички, со сите тогаш познати методи на мачење од сибирските и нацистичките логори. За животот на овој остров ќе се дознае во филмот од сведоштвата на затворениците.

Првите две групи на затвореници биле определени да работат физички работи, а психичките тортури започнуваат со третата група која била приморана да минува низ т.н. „колони“ - најстрашниот дел од затворскиот живот. Така наречениот „топол зајак“ била постапка со која затворениците морале да минуват низ два реда агресивни затвореници кои морале со стапови да ги тепаат новодојдените за да покажат дека се превоспитале. Од колоните не биле поштедени ни бившите генерали. Освен колоните, постоеле и соби за тепање. Понекогаш затворениците биле тепани во кругови, а некогаш играле „лаење во сијалица“ - неколку жртви се фаќаат заемно додека останатите ги тепаат. Овде човековите сили биле ограничени, човекот може да пати до одредена мера, а кога таа мера ќе се наполни, тој повеќе не може да пати и тогаш кај човекот доаѓа до морален пад, се урнисува во масата на просторот каде што живее. Шеснаесет илјади луѓе ја почуствувале тортурата на Голи Оток, умреле близу илјада, но никој не успеал да избега, затоа што единствениот начин за да побегне човек од Голи Оток била смртта. Најстрашниот аспект на Голи Оток е тоа дека затворениците начелно самите раководеле со кампот. Затворениците ги среќавале своите тепачи во лицата на претходните затвореници, но никогаш не се среќавале со заповедникот на логорот.

Неколку студенти од факултетот за новинарство и односи со јавноста при Универзитет Гоце Делчев беа присутни на интервјуирањето на доктор Сребре Василевски, кој бил затвореник на Голи Оток две години и претседателот на здружението на затворениците од Голи Оток, Никола Андонов. Г-динот Андонов истакна дека Македонија е една од ретките држави која никогаш не ги рехабилитирала луѓето од Голи Оток како што тоа го направиле другите поранешни југословенски републики, но неговото здружението се залага за истакнување на вредноста на одредени личности кои биле затворани, судени, убивани поради идејата да се создаде независна обединета држава Македонија. Токму затоа, ова здружение го има издадено зборникот „Политички затвореници 1945-1990“, чија цел е пред македонската јавност да не се заборави болното минато и никогаш да не се повтори. Д-р Сребре Василевски кој имал завршено медицинско училиште во Букурешт, бил испратен на Голи Оток, затоа што кажал шега за раководството на Тито. Тој на Голи Оток бил две години и како доктор им помагал на луѓето, а тортурата која што ја доживеал, била гасење на отпушоци од неговите пети. По цели две години се вратил во Скопје, но поради закани од страна на УДБА, морал да го напушти своето живеалиште и семејство и заминал во Мароко. „Југославија требаше да се чува и сака, но не на таков начин да ги малтетираат луѓето на Голи Оток, за ништо“ – вели тој.

Голи Оток е затворен дури во 1987 по Зимската Олимпијада во Сараево, откако во словенечката „Младина“ излегува текстот на Доброслав Парага кој ги објавува сведоштвата за ужасите на островот. Единственото нешто што останало на Голи Оток се тажните човечки судбини.

„Жртвите на комунизмот“ ќе биде документарен филм во соработка со НВО од Бугарија во кој ќе бидат снимени луѓе затвореници од Македонија и од Бугарија. Филмот го реализира невладина организација од Македонија, Диверзити Медиа и ќе биде промовиран наесен.

Нашата револуција нема да ги изеде нашите деца, оние наши деца кои скршнаа, залутаа, ние ќе ги превоспитаме и ќе ги вратиме на оној исправен пат - објаснувањето за ГолиОток на УДБА (управа за државна безбедност) при Југославија.

Page 5: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

8 9

АКТУЕЛНО АКТУЕЛНО

УСПЕШНИ жЕНИ

УспешнАТА ЖенА МОРА ДОБРО ДА ГО ОРГАнИЗИРА сВОеТО ВРеМе

НИКОЛИНА АТАНАСОВА

Осми март се смета за меѓународен ден на жената. На овој ден се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Започнува во почетокот на XX век како социјалистичко движење и има за цел да ја запре дискриминацијата на жените. Со тек на времето се повеќе се развива, па така денес жените се рамноправни со мажите. Во овој број на „Студентско Ехо“ издвојуваме неколку успешни жени, кои докажале дека и жената може да допринесе за развојот на едно општество, исто колку и мажот.

Радмила МанчевскаРадмила Манчевска е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт. Работи како училишен психолог и професор по психологија во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница, но истовремено и како гешталт психотерапевт и едукатор во центарот за креативен развој обука и психотерапија „Аспекти“.

Колку е напорна вашата работа, имате ли доволно време за се што ви е потребно?Тоа е индивидуално. Jас сум многу темпераментна, немам работно време, постојано сум во движење и често патувам. На моменти ми е заморно, но најбитно ми е што работата ме исполнува, го сакам театарот, убаво ми е што секојдневно запознавам нови луѓе од чии познанства произлегле и вистински пријателства кои траат со години. Во меѓувреме успевам да сум покрај семејството и да се дружам со пријателите. Како велат, кога се сака се се може.

Семра ХасанаговскаСтудирала на технолошкиот факултет во Зрењанин во време кога се распаѓала Југославија, се преселила во Скопје и приватно се зближила со семејството Колозови. Била без работа и се подготвувала за приемен испит на книжевност, па така тие полека почнале да ја вклучуваат во делот за организација на претстави. И се допаднала работата, брзо напредувала и со години го водела театарот Колозов. Би се рекло дека случајно почнала да се занимава со оваа работа, но навраќајки се наназад, во најраната младост од училишниот живот се присетува дека била вклучена во речиси сите училишни активности и тоа како организатор на истите. Сепак најголемата заслуга му припаѓа на Ѓорѓи Kолозов и таа вечно ќе му биде благодарна. Работи на продажба на театарски претстави, организира нивни гостувања, учества на фестивали, ги следи културните случувања, па потоа прави избор и ги нуди на културните институции.

Јулијана ИвановаВисокото образование го завршува на Филозофски факултет – група Историја на уметноста со археологија во Скопје. Од 2006 година кога е основан музејот на град Виница до денес работи како директор и археолог во музејот. Освен работата во канцеларија, многу ја исполнува и работата на терен на нашите археолошки локалитети.

Колку сте задоволни од својата прфесија и колку тоа ве исполнува?Максимално сум задоволна и целосно ме исполнува, посебно кога се има во предвид моите лични карактеристики на емпатичност, алтруизам и асертивно однесување. Сето тоа се вклопува во моите лични тенденции и мојата верба во позитивните капацитети на личноста. Во почетокот на работата мојата желба брзо и ефикасно да ги решавам проблемите на луѓето, ми создаваше одредено чуство на напнатост и незадоволство. Со текот на времето и со искуството кое што го стекнав, станав свесна дека тоа е само една илузија која што најчесто е придружена со желбата за успех од една страна, а од друга страна искуството. Со професионалното искуство, понатаму оваа илузија беше отстранета, а успехот во работата беше поголем.

Дали е лесно да се биде успешна жена и какви жртви се потребни?За секој успех е потребно да се вложи голем напор и откажувањето од многу работи, но доколку тоа се зачини со љубов и оптимизам тогаш може да се каже дека секоја жртва се исплаќа и секој успех се доживува со чувства на исполнетост и задоволство. Жртвите се повеќекратни, се жртвува дел од семејното време, да се биде со најблиските, се жртвува дел од сонот и спиењето, дел од слободното време за лично задоволство, времето со пријателите и слично, но тоа не значи потполно откажување од нив. Пред се значајна е добра организација на времето и негово квалитетно искористување.

Колку една жената е рамноправна во општеството и колку е сменета ситуацијата од минатото?Во однос на рамноправноста на мажите и жените во Македонија постои едно позитивно придвижување напред, но не доволно за да можеме да кажеме дека мажите и жените се потполно рамноправни. Посебно ако се има предвид дека женатата не е само професионалец на работното место, туку е и сопруга, мајка, домаќинка, пријателка итн. За сите тие улоги да се усогласат на балканските простори, навистина не е лесно и бара многу лични жртвувања.

Како се справувате со егото на актерите, тешко ли е да се менаџира со актерска екипа?Мислам дека мојата работа е помеѓу организатор и менаџер и сметам дека нема потреба од авторитет, битно е да се има голема меѓусебна доверба. Актерите се прекрасни луѓе и не е тешко да се работи со нив, само е поразлично, но не и тешко.

Што мислите, постојат ли машки и женски професии и за каква ја сметате вашата?Не ги делам професиите на машки и женски и сметам дека во нашето општество тие разлики одамна се надминати. Како жена немам почувствувано ниту предност ниту недостаток кај моите соработници.

Руиш БеговскаЗа прв пат на вистинска сцена излегува на свои 13 години како член на драмското студио во сегашниот дом на културата „Ацо Шопов“, кое било формирано од страна на Симеон Гаврилов. Се родила со мислата дека сака да стане актер и е пресреќна што таа детска желба поминла во нејзина професионална определба. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорите Љубиша Георгиевски и Слободан Унковски. По дипломирањето кариерата ја започнува во Македонија, за потоа да продолжи да работи низ цела Европа. Моментално е дел од актерската екипа на штипскиот театар, а истовремено работи и на различни проекти поврзани со нејзината професија.

Постои ли дискриминација на женскиот пол на сцената?Во светската литература повеќето текстови се пишувани на тој начин што повеќето главни улоги ги толкуваат мажи. Јас сум ја имала таа можност и задоволство да работам на поголеми проекти, каде што и жената како актер била во преден план. Сум ги играла ликовите

како што се Антигона, Електра, Окаста, Кралица Маргарита, па и во некои современи текстови каде што жената како лик била во преден план.

Дали досега сте играле машки лик?Да, имам играно и машки ликови, што значи дека јас не правам голема разлика во тоа дали ќе биде одигран машки или женски лик. Секогаш преданоста кон работата треба да биде на прво место.

Кое е вашето размислување за театарот денес?Ние живееме во мал град и можностите и условите ни се такви какви што се, па поради тоа сметам дека кај актерите недостига иницијатива. Актерите мора да работат и надвор од репертоарот од театарот за да можат да ја одржат својата актерска кондиција. Главниот град, на пример, нуди повеќе можности, па младите актери имаат поголеми иницијативи за работа на приватни проекти, работа на телевизија, во филм и слично.

Која е вашата порака за идните актери, дали талентот е проследен со успех?Апсолутно дека талентот е проследен со успех. Мојата порака до младите актерите е дека за успех потребно е да работат и да ја искористат својата имагинација во ликовите кои што треба да ги одиграат. Единствено работа, работа и само работа, така се доаѓа до успех.

Имаат ли мажите предности во врска со градењето на нивната кариера?Сметам дека денес постои рамноправност во градењето на кариерата, за разлика од пред десетина и повеќе години кога предноста ја имаа мажите. Мислам дека свеста на луѓето е променета на позитивно во врска со темата за машко – женската способност и секојдневно гледаме примери на подеднакво успешни луѓе во речиси сите професии без разлика на полот.

Колку една жена може да управува со една установа како што е музејот, дали би имало разлика доколку со него би раководел маж?Воопшто нема разлика дали со некоја установа ќе раководи маж или жена , според мене зависи од личноста која е поставена на ваква одговорна функција, од нејзиниот пристап кон работата и голем број на фактори кои влијаат врз специфичностите на дејноста.

Би ја смениле ли некогаш професијата, доколку би имале можност?Доколку некоја професија ве исполнува нема потреба да ја менувате, затоа што само така можете да го дадете својот максимум и да добиете најголеми резултати.

Јас сум задоволна со својата професија и не размислувам за промена, меѓутоа ако се појави можност за менување со кое би била задоволна тогаш би прифатила.

Бидејќи во музејот се вработени само жени, дали тоа претставува пречка во работата или пак можеби предност?И претходно кажав дека за успешно работење на една институција е битен тимот кој работи во неа без разлика на половата припадност на вработените. Досега ние како женски тим функционираме добро што не значи дека доколку имаме колеги и од „посилниот пол“ не би функционирале уште подобро. Екипата е многу битен фактор во работењето .

Page 6: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

10 11

АКТУЕЛНО АКТУЕЛНО

ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ПОД МАСАТА“ СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ 2013СИМОНА ЈОВАНОВА САБИНА ТРАЈКОВА

Претставата „Под масата“ за прв пат ќе се одигра надвор од нашите граници. Проектот на Mултимедијалната Aкадемска Kамерна Cцена (МАКС) при УГД, ќе биде дел од меѓународниот младински театарски фестивал „Океан од љубов“. Во бугарскиот град Пазарџик од 4 до 8 Април, петте млади актери Душица Тренева, Иван Дуковски, Ненад Мицов, Љупка Рогожарска и Теона Димова заедно со режисерот Симеон Гаврилов ќе имаат можност да се претстават пред бугарската публика.

Studentite akteri na teatarski festival vo Bugarija

Душица Тренева:Претставата е направена со минималистички реквизити и сценографија, односно ја направивме ние самите и за неа не се потрошени никакви финансиски средства. Таа е доказ дека од ништо може да се направи нешто, односно од идеја може да се дојде до реализација ако постои љубов.

Кај нас љубовта ја има премногу и затоа очекуваме да одиграме одлична претстава, бидејќи главното внимание е насочено кон актерската игра и создавање на карактери. Посебно ни е драго што ќе бидеме дел од различни работилници по сценски говор, сценски движења и театарска шминка.

Иван Дуковски:Огромно е задоволството што еден ваков проект, сработен со многу љубов ќе доживее своја меѓународна премиера. Нашата претстава пред штипската публика се претстави во одлично светло, со добиени позитивни критики. Се надеваме дека истото ќе се случи и во Бугарија. Покрај учеството во Бугарија, во план е претставата да учествува и на републичкиот фестивал ДАФ во Кочани и претставување во Србија на некои од универзитетите со кои УГД има соработка.

Ненад Мицов Се надеваме дека одлично ќе се претставиме на овој фестивал, бидејќи не очекуваат и други фестивали во земјава и во странство. Во план се учество на „Драмскиот аматерски фестивал“ во Кочани и гостување на фестивали во Србија со кои Универзитетот има соработка. Значајно е да ја споменам соработката и поддршката од Универзитетот „Гоце Делчев“, што е доказ за визијата и напорите што Универзитетот ги прави за својот град и за своите студенти, градејќи една цврста и сигурна подлога за развој на културата, уметноста и меѓукултурната соработка.

„Под масата“ својата премиера ја доживеа на 30 Ноември минатата година во рамките на фестивалот УГД Сцена во Мултимедијалниот центар. Претставата доживеа голем успех, критиките беа позитивни и поради големиот интерес се одигра уште еднаш, веднаш по премиерата.„Под масата“ е психолошко-социјална драма, дело на францускиот писател Роланд Топор, а овој текст досега не е игран како претстава. „Во драмата е претставена топлината на човечкиот живот, епматијата, потребата за љубов и топлина помеѓу луѓето, за да го исполнат својот живот со радост и убавина. Претставата изобилува со комични елементи и завршува со среќен крај“ - изјави режисерот Симеон Гаврилов.Целата екипа од претствата заминува во Бугарија со голем ентузијазам и со цел да се претстават во најдобро светло. Очекуваат да се вратат со позитивни коментари и се надеваат дека ќе ја воодушеват бугарската публика, а во иднина ќе бидат дел од театарски фестивали и во други земји.Покрај овој успешен проект, во план до крајот на оваа година е да се реализира нова театарска претстава, вечер на монолози од античката драмска литература, а исто така ќе биде презентирана една вечер на монолози од Шекспировите дела.

Што велат актерите за претставата:

Koga tradicijata stanuva Superbrend

Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери - празник на „армасаните“. На Чист понеделник традиционално струмичките занаетчии, со песна ќе го варат белиот посен грав зачинет со разни „мирудии“, а за сите гости општината подготвува заеднички ручек на струмичкото корзо. Во среда на празникот Тримери по традиција струмичките свекрви со најблиските роднини со „синии“ и подароци одат во домот на „армасаната“ девојка, каде со посни јадења и песни со еротска содржина ја воведуваат момата во брачниот живот. Како што пишува етнологот Илија Сувариев, струмичкиот карневал е најстара и најавтентична манифестација од ваков тип во Македонија и пошироко. Првите пишани извори се патеписите на Елија Челебија, кој уште во 1.670 година запишал дека, една ноќ бил во градот расположен во полите на еден „баир“, видел луѓе маскирани кои низ смеа и песна претрчувале од куќа во куќа, што според толкувањата укажува на градот Струмица и карневалот. Струмичкиот карневал секогаш се одржува во првата недела по Велигденските пости, а датумот се менува во зависност од тоа кога се паѓа Велигден, но секош е на Тримерските пости, кои ги практикувале армасаните, верените девојки, но и нивните другарки. Тримерските пости започнувале со Прочка, а „армасаната“ девојка не смеела три дена ниту да јаде ниту да пие. Прекршувањето на постот бил најголем грев. Потоа, на Тримери одела во црква и се причестувала со причест или „ајазмо“. Како награда за одржаниот пост, свекрвата заедно со роднините на Тримери напладне го посетувале домот на „армасаната“ каде носат „синии“ и подароци. На Тримери се служи посна трпеза од специјални посни јадења. Од 1991 година започнува сјајот на струмичкиот карневал, кој од 1994 година е примен во Меѓународната асоцијација на карневалските градови – ФЕЕЦ, додека во 1998 година Струмица е домаќин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови. Струмичкиот карневал како манифестација со својата автентичност во 2009 и 2012 година стана носител на признанието „Супер бренд“ на Македонија, а големиот број гости и учесници од земјата и странство само ја потврдуваат вредноста на оваа манифестација. По повод оваа прилика разговаравме со карневалска група „Мулен Руж“ која и оваа година учествуваше на карневалот.

Колку време ги подготвувате маските и кој учествува во подготовките и карневалот? Ние по обичај ја подготвуваме маската за време од околу 2 месеци, а сме во категоријата од 20 до 49 лица. Се разбира, имаме и помали членови со нас кои што секогаш трудољубиво помагаат. Секој од маската си има дел од задачите за подготовка и со групна работа, согласност и толеранција можме сe да постигнеме.

Карневалот има натпреварувачки карактер. Дали досега вашите маски победиле? Да, имаме победено повеќе пати и сме многу среќни и горди на тоа, веќе 10 години по ред ние заслужено успеваме да стигнеме до врвот и да бидеме меѓу првите. Дали вашите 10 победи на карневалот досега создале некакви проблеми или конфликти? Се случуваат секакви настани, но ние сме спремни на сeи лесно ги надминуваме проблемите. Понекогаш велат, си правиме карневал заради забава и тоа е најточниот одговор, но секоја пофалба и критика ни дава сила за да продолжиме понатаму, идејата за нова маска и нов карневал е многу возбудлива и она што е најважно од сe е забавата заедно со друштвото.

Дали треба да се глуми на карневалот или да се биде еден и еднинствен односно оригинален? Секогаш се трудиме да бидеме оригинални, незаменливи, неповторливи и да покажеме дел од нас што досега немал конкретно добро обрнато внимание. Секогаш успеваме невозможното да го направиме возможно.

Page 7: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

12 13

АКТУЕЛНО АКТУЕЛНО

РАЗГОВОР СО НИКОЛА МАЏИРОВ ДУШИЦА ТРЕНЕВА

Тешко е да си праведен покрај толку соѕидани

вистини

Никола Маџиров е роден 27.05.1973 во Струмица. Од родната Струмица, преку своите стихови успева да допре до најпрестижните светски поетски сцени и награди. Македонскиот поет-номад Никола Маџиров беше единствениот Македонец кој беше дел од Поетската Олимпијада во Лондон. Исто така книгата „Остаток од друг век“, објавена од американскиот издавач „БОА Едишнс“, беше меѓу најпродаваните поетски книги од европски автори на „Амазон“, додека „Преместен камен“ беше избрана меѓу најзначајните четири книги од Централна и Источна Европа за 2011 година во германското јазично подрачјe. Инаку стиховите од „Преместен камен“ се преведени на триесетина јазици. „Не очекував дека поезијата може да ги затемни поставените граници - политички или јазични, макар и за кратко, на начин на којшто фаровите на автомобилот ја даваат сигурноста на десетината метри од темниот пат“, вели поетот.Ова се само дел од причините што поезијата која е „полна со душа“ е објавена во над четириесет земји.Најново од Маџиров е дека е селектиран за прв автор-гостин на првата албанска книжевна програма за резиденцијален престој на европски автори „Тирана помеѓу“. За овој број на „Сутдентско ехо“ разговаравме со Никола Маџиров.

...Првите снегулкипаѓаат врз колата.Алармот молчи...

Што за Вас претставуваа комбинацијата на зборови, редовите наречени стихови и смислата на нивното подредување во приказна – поезијата? Подредувањето на зборовите е како подредување купишта стари фотографии без датуми во штотуку купен албум. А поезијата е албум без страници, фотографии без отпечатоци од прстите врз нив...

Имав чест на поетските разговори со вас во Мултимедијалниот центар при УГД да и пренесам на публиката дел од Вашата поезија. Вашите стихови се полни со „душа“. Како успевате во тоа, имате посебна инспирација или станува збор за нешто сосема друго? Сонувам за текстуално ткиво кое е полно допири, а остава чувство дека е полно душа. Допирот е тој архетипски дијалог со природата и почетокот на нештата. Од исконскиот допир во Сикстинската капела преку допирот на мајката со кој го смирува беспомошниот плач на новата стварност до допирот на две дланки и тела полни со трепетлив дух. Ги сакам предметите - нивната заобленост и острина, и нивниот дијалог со времето во форма на мов или `рѓа; се чудам на непроменливите сенки на зградите и улиците и на нивната непостојаност во човечкото сеќавање и именување во локалните мапи на сите генерации. Душата не е нешто што се допира, но таа допира.

Маџиров гостуваше на УГД

На поетските разговори со Никола Маџиров во Мултимедијалниот центар на УГД беа присутни голем број љубители и на поезијата и неговото дело. Настанот се состоеше од читање на поезија, музичка изведба и разговор со поетот. Маџиров тогашистакна дека му е исклучително задоволство и чест што гледа толку голем број на луѓе и дека е изненаден од посетеноста. Преку прашања публиката се обиде да дојде до информации за Маџиров и неговата поезија. Студентите се интересираа за неговите дела, за неговиот живот, инспирацијата и за животот на поетот.

Добитник сте на многу награди, вашата поезија ја споредуваат со поезијата на светски поети, бевте селектирани за прв автор – гостин на првата албанска книжевна програма за резиденцијален престој на европски автори „Тирана помеѓу“, а сте избрани за куратор и селектор на поетскиот фестивал „Поезифестивал Берлин“ кој ќе се одржува од 7-ми до 15 јуни во Берлин. Што очекувате од Берлин, и што следува по Берлин? Тешко ми е да зборувам директно за надворешните манифестации на она што ми се случува поради поезијата. Значи, во мигот престојувам во Тирана, а од почетокот на мај до крајот на годината следуваат патувања низ Шпанија, Укранина, Германија, Латинска Америка, САД, Велика Британија, Франција и други земји.

Она што е Берлинскиот филмски фестивал за Германија и Европа во областа на филмот, тоа е „Поезифестивал Берлин“ за поезијата. Токму Поетот Никола Маџиров е избран за куратор и селектор на овој фестивал кој ќе се одржува од 7-ми до 15 јуни во Берлин. Маџиров е автор на проектот со работен наслов „Home(r) For Exile“ или „Дом за егзил“ на кој ќе учествуваат десет врвни светски поетски имиња. Покрај идејниот концепт, тој ќе модерира пет вечери во рамките на фестивалот, во вид на поетски читања и разговори со по двајца различни автори секоја вечер. Негови гости ќе бидат неколкукратниот кандидат за Нобелова награда Адам Загајевски, венцоносецот Томаж Шаламун, најекспонираниот поет од источна Германија Дурс Гринбајн, а своето учество го потврдиле и автори од поранешниот Советски Сојуз, Египет, Сирија, Јужна Африка, Јамајка. Вечерите се одржуваат во Германската академија на уметностите во Берлин, а фестивалот е посетен од над илјада гости секоја година. Фестивалот веќе 12 години ги привлекува најголемите светски автори, како Лори Андерсон, Лоренс Ферлингети, Ив Бонфоа, Били Колинс или нобеловците Херта Милер и Дерек Волкот

Маџиров избран за селектор на светски поетски фестивал

Page 8: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

14 15

ОБРАЗОВАНИЕ ОБРАЗОВАНИЕ

УГД ОТВОРИ РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР КАКО СИ ПОМИНУВААТ СТУДЕНТИТЕ КОИ ЗАМИНАА ВО ЕВРОПСКИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ АНА МАКСИМОВА АНА МАСКСИМОВА

Рекреативниот центар на УГД ќе им отвори огромни можности на студентите

Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ од Штип отвори рекреативен центар кој е дел Факултетот за медицински науки, поточно од студиската програма за физиотерапевти. Центарот е наменет за студентите и вработените, кој ќе им обезбеди современи услови за студирање, а истовремено и изведување на практичниот дел од програмата која ја изучуваат. Современата опрема, покрај физиотерапевтите, можат да ја користат сите други студенти и заинересирани граѓани. Рекреативниот центар нуди различни третмани и рекреативни услуги.Ленче Николовска, одговорен раководител на рекреативниот центар, ни посочи датали за тоа како функцинира центарот и какви услоги нуди.

Програмата за мобилност на студенти-Еразмус, овозможена од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е чекор погоре за македонските студенти да стекнат поинакво искуство на универзитетите во повеќе Европски земји.Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ од Штип со членството на Еразмус програмата, отвори можност на студентите преку добивање Еразмус стипендија да заминат во неколку европски земји, како што се Бугарија, Словенија, Романија, Естонија итн. Студентите преку оваа мрежа на соработка помеѓу универзитетите, ќе се запознаат со нови искуства во друго академско и културно општество.Кон средината на февруари годинава, 29 студенти од повеќе факултети на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ ги потпишаа договорите, а веќе се заминати на универзитетите низ Европа. Студентите имаат можност да изучуваат други јазици, да го прошират кругот на пријатели, да видат можност за друг начин на живот, да студираат на поразличен начин.

Ирена Јовановска, студент на стоматологија при УГД, ни пренесува нејзини впечатоци и импресии за тоа како е таму.- Јас сум студент на размена на Факултетот по дентална медицина во Софија, Република Бугарија. Овде редовно ја следам наставата и вежбите кои што се задолжителни. Ги изучувам стручните предмети од областа на стоматологијата, а за време на практичниот дел имам директен контакт со пациентите и санција на нивните проблеми. Професорите и асистентите ни посветуваат доволно внимание и ни помагаат во темелно изучување на материјалот. Да се биде студент во Софија е голем предизвик, се среќаваш со голема толпа на луѓе, секојдневно комуницираш со пациенти, дискутираме со колегите за тоа што ќе работиме за време на практичниот дел, водиме план на терапија и санција на болеста. Сместени сме во студентски дом каде што сме опкружени со студенти од различни земји во светот, запознавме различни луѓе, навечер кога имаме време излегуваме во ниќните клубови овде и сите се држиме, вели Ирена.

Исто така, студентот Иван Кантарџиски од Економскиот факултет е на студентска размена преку Еразмус програмата. - Студирам на Академијата за безбедносни науки во Талин, Естонија, каде што изучувам предмети од полето на финансиите и економијата, што ми е примарната специјализација на УГД. Првичните впечатоци од местово се снег, фини Еразмус колеги, убав студентски дом и секако, сауните на 80+ степени. И уште многу снег. Естонија е фина земја со помал број на население од Македонија, иако има двојно поголема површина. Имаат интересни навики за живеење, а како најголема разлика до сега ми е јазикот, кој е дел од финско-угарските јазици и е апсолутна мистерија за мене. Како најголема разлика e дека овде генерално луѓето не зборуваат многу. Она што ми е мене навика да имам куп мали разговори со секој и секого од продавница до факултет, овде не е традиција – вели Иван Кантарџиски.Изборот за тоа каде да се замине на студиски престој е во договор со УГД и студентите. Не секогаш желбите на студентите се исти со можностите за студиски престој, но во најголем дел од случаите студентите заминуваат на најсоодветните факултети за нив. Испитите кои ќе ги полагаат таму, истовремето ќе им бидат признати и на нивниот матичен факултет.

Од каде идејата да се направи вакво нешто? Самиот слоган на нашиот Универзитет кој гласи: „Препознај ја својата иднина“, не обврзува на сите студенти кои што ја препознале својата иднина на Универзитетот „Гоце Делчев“, да им обезбедиме современи услови за студирање и да им пружиме соодветно теоретско и практично знаење. Така, за потребите на насоката за Физиотерапевти, беше набавена најсовремена апаратура и опрема за кабинетите за Физикална медицина и Кинезитерапија.

Кој е заслужен за реализирање на овој проект? Отворањето на Рекреативниот центар на УГД му го должиме на Ректорот, Проф. др. Саша Митрев, кој што е координатор на овој проект. Тој во својата јасно поставена визија и цел, ги препозна потребите за рекреација и релаксација на своите вработени и студенти. Па така, за многу кратко време беше извршена реконструкција и адаптација на просторот, со што Рекреативниот центар го доби својот сегашен, совршен изглед и ексклузивен амбиент. Дали студентите веќе започнаа практичниот дел од наставата да го изведуваат токму овде? Студентите веќе неколку години по ред, ги спроведуваат своите практични вежби по сите стручни предмети во кабинетот за Физикална медицина и кабинетот за Кинезитерапија. Во нив имаат можност да се запознаат одделно со секој апарат за физикална терапија, со нивниот начин на работа, начинот на поставување на електроди, со техниките и методите за работа и дозирање. По отварањето на Рекреативниот центар, студентите продолжија да ја извршуваат својата практична настава во кабинетот за

Кинезитерапија и во Рекреативниот центар. Тукму од тие причини центарот започнува со работа од 12 часот. На овој начин се овозможува користење на истата апаратура и опрема, и за практична настава и за апликативна дејност.

Какви услуги нуди Рекреативниот центар? Рекреативниот центар нуди индивидуални програми за: Антицелулитни третмани и намалување на телесната тежина со помош на Ултразвучна кавитација, Пресотерапија, Радиофреквенција, Вакумтерапија; Трајно отстранување на несаканите влакна од целото тело со најнова IPL FLESH prestige технологија; Отстранување на брчки, подмладување и затегнување на кожата со Фото рејувенација, Аква фореза, Криолифтиг, како и Јонофореза и Фоно фореза за внесување на високо квалитетни активни материи во по длабоките слоеви на кожата; Отстранување на стрии, лузни, старечки флеки, кожни пигментации, испукани капиларии и проширени вени со IPL ласер, радиофреквенција, безиглена мезотерапија и длабински пилинг; Загарантирано лекување и отстранување на акни со козметичкиот столб - Скин мастер, Ласертерапија, Радиофреквенција, Дарсонвал, Ароматерапија; Физикална терапија за рехабилитација на дегенеративни и воспалителни заболувања и состојби после повреди и фрактури, со Ниско – фреквентни струи, Дијадинамотерапија, Интерферентни струи, Руски струи, Синусоидално модулирани струи, Високо фреквентни струи, Ултразвук, Електро акупресура, Електро стимулација, Магнетна терапија и Ласер терапија; Корективна гимнастика за корекција и рехабилитација на различни деформитети кај децата, како што се: лошото држење на телото, сколиоза, кифоза, лордоза, вдлабнати или испакнати гради, рамни стапала; Кинезитерапија за рехабилитација на пациенти со мозочен удар; Кардио пилатес, кардио фитнес, боди билдинг; Медицинска, спортска, релаксирачка, антицелулитна, вакуум, или чоколадна масажа, масажа со вулкански камења, рефлексна масажа на стопалата, Шиатсу и кинеска АН-МО масажа ; Детоксикација на организмот со АКВА ДЕТОКС, масажа со мед и лимфна дренажа; Депилација со ладен восок, педикир, маникир, надградба на нокти и уште многу други услуги.

Искуства на студентите кои заминаа на Еразмус размена

Ленче Николовска, раководител на рекреативниот центар

Page 9: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

16 17

КУЛТУРА КУЛТУРА

жАНРОВСКА АНАЛИЗА ХЕРОИТЕ НА ИНДИ-РОК СЦЕНАТАМАРТИНА НИКОЛОВСКА НЕНАД МИЦОВ

Преку солзи, најди ја прикриената насмевка. Побарај ги длабочините во руините, оние искрените - Руми, суфистички поет

Додека кичот во музиката е ин, џезот е аут. Дали ова значи дека џезот има поголема уметничка вредност за разлика од џез музиката? Не знаеме, но се обидуваме да дознаеме преку лесни и практични примери. Се почна од Лепа Брена. Додека турбо фолкот: српскиот, бугарскиот па и македонскиот излезе од границите на СФРЈ во форма која изразува вулгарности, но во истовреме и патетика; џезот, оној балканскиот (како одговор на изворниот, американски џез) излезе од границите на СФРЈ како форма која изразува суптилност, богата музичка содржина и музички сензибилитет. Така барем го доживуваат музичките критичари до чии записи можеме лесно да пристапиме преку музичките интернет портали и останатите медиуми.

Фини дефиниции, но како ова функционира во реалноста? Постои ли воопшто категоризација на музички жанрови или едноставно постои „кафанска“ и „некафанска“ музика. Сепак, меѓу голем дел од младите и повозрасните генерации кои не се занимаваат професионално со музика, туку ја практикуваат како нивна слободна активност, постои прашањето: Џез, што ли е тоа џез? Одговорите се претпоставени; веројатно за нив џезот е здодевна и неразбирлива музика која ја разбираат мал број на луѓе, или пак не ја разбираат ниту тие, но за да се „одделат“ од масата, се преправаат дека сакаат нешто поразлично, а дома слушаат турбо фолк или во најмала рака комерцијална и популарна музика. Веројатно ова е дефиницијата за многу голема група млади луѓе кои својата плејлиста ја градат по шаблонот на достапните српски и бугарски ТВ канали.

Најлесното нешто што може да се направи со нешто што пее за алкохолот, сексот, кафеаните, жените, ниските страсти и „огорченоста“ од животот е да се прифати и да се повторува. Како усните поговорки пренесувани од генерација на генерација така лесно и едноставно затоа што се паметат брзо, а и лесни се за прераскажување. Паметниот запишува – будалата памти. Синоним за турбо фолк. Нема никакво значење, но лесно се памети и останува врежано во умот.

Како антоним, се јавува поезијата. Неповторливото искуство кое не може и не треба да биде раскажано, туку може и треба да биде почувствувано и доживеано. Исто како и џезот. Џезот е поезија. Неповторлива, длабока, емотивна приказна за секојдневни нешта. Од друга страна, и турбо фолкот е приказна. Разликата е во длабочината и нивото на патетика. Како суд од неутрална позиција, позиција на генерација која поминала ера на рок, ера на турбо фолк и ера на џез музика, слободно можам да донесам суд кој вели: џезот е подобра музика од турбо фолкот.

(Авторот е уредник и водител на емисијата „Џез индекс“ на УГД ФМ)

Зошто? Не затоа што Мајлс Дејвис рече дека џез музиката е наменета за сите. Не затоа што, како што вели пијанистот Теолониус Монк, „Џезот е музика која се чувствува и треба да биде оставена да се случи“. Не затоа што е слободна, богата како хармониски, така и во својата структура. Туку затоа што е уметност. Мелодија - соло - мелодија е најчесто среќаваната „форма“ на џез музика. Импровизацијата, сепак, е срцето на џез музиката. Нешто слично на животот. Доколку претпоставиме (веројатно ќе се сложите) дека живееме во време во кое буквално се е импровизација, едноставен е одговорот зошто бараме точна дефиниција, предвидлива содржина и лесна структура. Бараме излез и го наоѓаме во турбо-фолкот. Во таа сапуница во форма на музика која ги затапува нашите чувства и не прави музички идиоти. Во ова време на плиткости и површности, длабочините се оние што треба да ги истражуваме, за да промениме нешто, за да го промениме светот барем на некое микро-ниво, или во најмала рака да се промениме себеси. Само така ќе станеме поголеми луѓе.

ZO[TO XEZOT E PODOBAR OD TURBO FOLKOT?

БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА ЌЕ ЈА ОСВОЈУВААТ ЕВРОПА

Хероите на македонската инди-рок сцена „Бернајс пропаганда“ на почетокот на оваа година го објавија својот синглот „Погрешно знаме“, кој беше најава за новото албумско остварување насловено „Забранета планета“. Од средината на февруари албумот беше достапен за бесплатно симнување на нивниот бандкамп профил, а на 26 февруари албумот официјално излезе на домашниот дискографски пазар на компакт диск и винил. Она што ќе биде карактеристично за овој студиски албум е неговото издание на аудио касета, кое се очекува месецов.

Концертната промоција на „Забранета планета“ започна на 1 март во Младинскиот културен центар во Скопје. На промоцијата, покрај нив, како предгрупи настапија уште неколку млади домашни состави, а домашната и странската критика не престанува со позитивните критики и оценки. По концертната промоција пред скопската публика, „Бернајс пропаганда“ одржа уште еден концерт во Битола, со што го заокружија претставувањето пред македонската публика. Од 8 март бунтовните музички амбасадори се на голема европска турнеја, која според времетраењето ќе биде најголема во нивната кариера и ќе трае до 19 мај. Во однос на претходните турнеи, оваа ќе се разликува и според државите во кои ќе се настапува. Покрај западноевропските метрополи, „Бернајс пропаганда“ планира да свири и во земјите од источниот блок, а не го одминуваат ниту Балканот. На маратонската турнеја Bernays Prpaganda ќе одржат 64 концерти за време од 9 седмици.„Забранета планета“ е трет албум во дискографијата на „Бернајс пропаганда“. Досега тие ги објавија „Hap-piness Machines“ и „My Personal Holiday“, како и компилацијата со ремикси на нивните песни, која ја нарекоа „Играј слободно“. Во својата досегашна кариера групата имаше голем број концерти и неколку концертни турнеи низ Европа, во чии рамки свиреа во клупска атмосфера. Изминативе години тие сцената ја делеа со голем број познати имиња, а пред неколку години свиреа заедно со „Генг оф фоур“ во рамките на скопскиот „Оф-фест“. Инаку, Марк Хејни, тапанарот на „Генг оф фоур“, направи ремикс на нивната песна „Булдожер“, која беше објавена на компилацијата „Играј слободно“. Како за потсетување, „Бернајс пропаганда“ ја сочинуваат пејачката Кристина Горовска, гитаристот Васко Атанасоски, тапанарот Џано Куч и басистот Ненад Трифуновски, а нивната музикае политички ангажирана и повикува на социјална правда.

Page 10: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

18 19

КУЛТУРА КУЛТУРА

РАЗГОВОР СО МЛАДАТА РЕжИСЕРКА ТЕА БЕГОВСКА ИВАН ДУКОВСКИ

Младата режисерка Теа Беговска, зад себе има куфер кој и отвoра успешна патека како млад театарски уметник. До сега има работено на неколку проекти за време на нејзините студии. Oд големо значење е претставата „Вртелешка“, заеднички проект со уште четири млади нејзини колеги режисери. Но, она што е за огромна почит и од особено значење, е нејзината најнова претстава „Слугинки“ со која премиерно се претстави пред штипската публика на 20 февруари. Во овој број на „Студентско Ехо“ ви ја претставуваме младата и надежна режисерка со која зборувавме за театарот, за филмот и уметноста.

,

Dвајца актери дома, мора да има и еден режисер

ј

Поводот за нашиов разговор е Вашата страст кон уметноста, театарот и вашето творештво. Кои се вашите почетоци, како започна приказната и како станавте режисер? Зошто токму оваа професија? Ова прашање го имам многупати одговорено. Јас пораснав во театарска фамилија. Што друго ако не театар, пораснав во театарот, заедно со моите родители гледајќи ги нивните проби, облекувајќи ги костимите по гардеробите, шминкајќи се. Дали свесно или несвесно, се наметна тоа и јас да се бавам со оваа професија. Двајца актери дома, мора да има еден режисер.

Од каде добивате инспирација, од каде црпите идеи за она што ќе го прочитате да го поставите како сцена на театар? Мислам дека режисерот секогаш треба да биде во тек со времето, во тек со сите настани без разлика на тоа дали е политика, режисерот не смее да каже дека не го интересира политика. Мора да се интересираме за сите настани. Најбитно од сѐ е кога ќе се прочита драмски текст, дали е класичен или современ, треба да се најде начин како таа приказна да ја ставиме во контекст на денешницата.

Театар или филм? Театарот е магија која што може да те направи среќен во еден миг, во мигот во кој што постоиш, претставата може да живее една, две можеби и десет години и таа останува само во нас, во нашата меморија, во нашите мисли, а филмот можам да си го пуштам кога сакам. Убавината на филмот е тоа што можеш да правиш дублови, можеш да снимаш еднаш, два пати да го повторуваш тоа и да го постигнеш тоа што навистина го сакаш. Во театар некогаш ќе треба да бидеш среќен со тоа што барем еднаш ќе го видиш своето дело како што го имаш замислено.

Дали денес има публика која го следи театарот? Има, ама проблемот е во градење на вкусот на таа публика. Публика секогаш има. Јас не можам да го разберам тоа кога некој ќе ми каже, па тоа сака публиката. Не, режисерот го гради вкусот на публиката. Режисерот што ќе и понуди, таа тоа ќе го гледа.

Еден од позначајните проекти Ви е „Вртелешка“. Нешто повеќе за него и за Вашето творештво како студент? Вртелешка ми е многу драг проект, бидејќи нашиот професор Дејан Пројковски имаше идеја да не спои пет режисери да создадеме едно наше заедничко дело. Создавањето на оваа претстава беше и забавно и тешко, бидејќи пет млади режисери со различни идеи моравме да најдеме начин како тоа да го преточиме во едно и тоа да биде една претстава. Јас лично си поминав супер, имав прекрасна соработка со актерите од Драмски театар и тој процес ми помина како еден миг, убав миг што ќе го паметам. Колку беше успешно треба да каже публиката. Исто така морам да го споменам „Дон Жуан“ на Молиер кој што го работев во МНТ, Владимир Јачев го играше Дон Жуан и овој проект за мене беше многу значаен и успешен. Игравме и на штипско културно лето со таа претстава, но за жал претставата не продолжи да живее поради типични театарски проблеми.

Колку и какви можности им нудат нашиве уметнички институции, театрите на младите актери и режисери? Ова е голема тема. Да, им се дава шанса на режисерите. Сметам дека во оваа професија треба да бидеш многу храбар, а тоа е многу тешко за да успееш. Мораш да прифатиш одредени компромиси и кога прифаќаш од друга страна не си сигурен дали тоа треба или не треба да биде така. Не можам да кажам ни за себе дали сум доволно храбра и дека немам страв. А исто е и со актерите. Многу ми е мило кога ќе запознаам мои колеги, актери коишто имаат огромна желба и страст да работат. Не ги интересиират работите коишто се случуваат по театарите, едноставно имаат голем ентузијазам и даваат се од себе за да го сработат тоа најдобро што можат и сакаат.

„Слугинки“ е Ваш најнов проект, каква беше соработката со штипскиот театар, актерите и каков беше односот помеѓу керќа - режисер и мајка - актер? Пред се сум задоволна од соработката која што ја имавме со актерите, имавме заеднички јазик за да создадеме нешто заедничко. А, мајка ми воопшто не ја гледав на сцената како мајка. Ние не комуницираме на тој начин, не функционираме така, тоа не е нашиот јазик на комуницирање на сцена, едноставно немаме однос како мајка и керќа. Сепак таа е актер, а јас режисер.

Какво е чуството да се работи на сцената на театарот каде што почнала вашата љубов кон оваа уметност? Претходно кажав дека пораснав на таа сцена, а денес сум режисер на таа сцена. Кога влегов на проба во театарот се почуствував убаво,ми беше многу убаво, затоа што сега се појавив таму како некој што треба да направи нешто и да остави дело на таа сцена.

Дали претставата „Слугинки“ ќе има гостување и во други театри? Со „Слугинки“ се спремаат многу гостувања. Мене овој проект ми е многу драг, пред се затоа што го спремав многу долго време и јас самата ќе се ангажирам да гостуваме во многу театри.

Со кого би сакала да имаш соработка од македонски актери и актерки? Би било клише ако спомнам дека сакам да работам со големи и успешни актери како што е примерот со Никола Ристановски, мислам дека не постои некој што не би сакал да го види и да работи со него на сцена. Но, не е работата само тоа да имам желба да работам со актер како што е тој, јас треба да го понесам багажот па да работам со него. А за глумица ми се исполни желбата, сакав да работа со Руиш Беговска и работев и сигурно уште ќе работиме со неа. Не знам дали еден ден ќе ми се исполни желбата да работам со мојот татко ,но можеби тоа ќе биде еден заеднички проект каде што и двајцата би режирале и би играле, можеби.

Кои се вашите планови за во иднина? По премиерата на „Слугинки“, заминав во Охрид. Таму го работам текстот од Славомир Мрожек “На отворено морe“, а што се оденсува до филмот, јас интезивно работам на филмски проекти и сценарија колку што ми дозволува моето време. Моментално со Дејан Џолев спремаме филм кој е во монтажа. Филмот ми е од огромно значење и се надевам на премиера во април.

Page 11: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

20 21

КУЛТУРА КУЛТУРА

ИнТеРвјУ со ИвАјЛо ЗАхАРИев, бУгАРсКИ АКТеР ИНТЕРВЈУ СО ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИПеТАР ТРебојевИЌ ЕЛИЦА РАДЕВСКА

Идејата за да се сними криминален филм во бугарија, ми делуваше како да треба да градиме вселенски брод

Од прикриен полицаец, лажен мафијаш, до чувствителна, сентимантална и крајно храбра личност. Ивајло Захариев или нам познатиот Мартин од една од најпопуларните серии во регионов „На тајна задача“, говори за неговите улоги во филмовите кои стојат зад него, но и за приватниот живот. Ивајло Захариев е актер, кој завршил глума на познатата Академија за драмски уметности „НАТФИЗ“ во Софија во класата на проф. Атанас Атанасов. По завршувањето на факултетот учествува во повеќе класични претстави, но и во танцово-драматуршки претстави или физички театар. Во моментот работи на серијата „На тајна задача“, која се снима речиси секој ден, во кој е и главна улога. Серијата „На тајна задача“, не е прв филм во кој се појавува. Филмот „Број 1“ на режисерот Атанас Христосков е всушност првото големо филмско искуство и по коe сигурно ќе биде запаметен. Ивајло вели дека се молел за успех на Господ, но не во име на славата. Тој често ја споменува верата и вели дека го посветил својот живот на тоа да им помага на другите. Одговорен, спокоен и неочекувано скромен за познат актер, Ивајло е голем верник христијанин, сопруг и татко.

Дали го очекувавте успехот кој го постигна “На тајна задача“ и колку си задоволен што си дел тој проект? Многу сум задоволен од успехот кој го постигнавме со серискиот филм „На тајна задача“. На почетокот не верував, дека ќе се случи таква лудост, но со секоја епизода се убедувам, дека ова веќе е бугарски сериски филм на светско ниво. На почетокот кога ја слушнав идејата дека токму во Бугарија ќе се снима криминална серија, ми звучеше лудо како да треба да се гради вселенски брод.

Што би можеле да ни кажете за вашите студии по глума, да се потсетите на некоја интересна случка или пак омилена претстава? Во театарската академија игравме една претстава, која се викаше „Манири на маса“ од Алан Ејкбурн. Во таа претстава јас играв недораснат додворувач на девојката која ја играше главната улога. Се викав Том, одев како да сум голтнал бастун, зборував работи без врска, спротивно од она што другите ми го велат, како целина беше многу забавнo. Може да се рече дека тоа ми е еден од најомилените текстови од студентските денови. Неспорно е дека станавте популарен со филмот “На тајна задача“. Како се справувате со славата? Популарноста која ја добив од серијата не го промени моето секојдневие. Се обидувам да го сочувам она што навистина сум јас, без да потпаднам на влијанието од славата. Мило ми е што контактирам со интересни луѓе кои ми приоѓаат на чудни места - во аптека, на улица или во продавница. Никогаш не одбивам да поразговарам со било кој обожавател.

Покрај серискиот филм “На тајна задача“, бевте дел и од неколку играни филмови. Нешто повеќе за тие искуства? Веќе имам две главни улоги во долгометражни филмови - едниот е „Број 1“, филм кој ја доби големата филмска награда во Бугарија „Златна роза“ и другиот е „Пиштол, куфер и три смрдливи буриња“. Улогите во овие филмови се многу поразлични од улогата на Мартин во “На тајна задача“. Во филмот „Број 1“, играм ученик кој црта графити и сака да биде различен, а во другиот филм сум студент кој е замешан со мафијата. Филмот жанровски е криминална комедија. Се надевам дека во блиска иднина ќе имате можност да го погледнете во кино салите низ Македонија.

Од неодамна го основавте и вашето семејство, како се снаоѓате во таа улога? Да, освен што не сум повеќе ерген, веќе сум и татко. Многу е убаво. Не сум очекувал, дека малиот Филип ќе ме радува толку многу. Се потсетив на детските песнички кои ми ги пееле мене, па дури научив и други нови, а малиот е одличен слушател.

Кои се вашите идни планови? Се надевам дека ќе ме повикаат од еден кастинг за нов филм, а инаку подготвувам и нова претстава. Летото планирам да кампувам во шатор на планина.

Џез квинтетот Летечки пекинезери, во состав: Бојан Петков – Шамба (гитара), Иво Солдатовиќ – Сол (кларинет), Славчо Коцев (тапани), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Петар Христов (саксофон) непосредно пред новогодишните празници беа на мини турнеа во САД, што беше доволна причина да бидат дел од нашето списание. Тие за Студентско Ехо говорат за нивните искуства во џез музиката.

Летечки Пекинезери најдобар млад џез бенд

Пред неколку месеци имавте мини турнеа во САД, колку сте задоволни од настапите кој ги имавте таму? Претерано сме задоволни посетата и нашите концерти. Се работи за Њујорк, град коj на сите ни е познато дека е центар каде што музиката што ја свириме го имала најголемиот подем. Имавме два концерти во „MC Gallery“ и на двата имавме одлична посетеност и публиката беше ептен задоволна од нашиот настап. На крајот од концертот дојдоа и ни побараа наш албум и многу од нив беа изненадени дека сме од Македонија и ни поставуваа луди прашања во стилот: Дали сите во Македонија свират џез?Во моментов во тек е натпреварот за млади џез бендови „Made New York jazz competition“, и сте на врвот од џез листата. До кога ќе трае натпреварот и кој се вашите очекувања од истиот? Тоа е натпревар кој има за цел да најде нови млади џез групи. Себеси се сметаме за релативно млада група и се пријавивме на овој конкурс. Чест ни е што сме единствена група од Македонија и чест ни е исто така што многу луѓе не подржаа и го дадоа својот глас за нас. Бегаме околу 200 гласови на вторите кои ете некако ни се ближат и се надеваме дека нема да нè стигнат до Ноември. Ноември е месецот кога завршува конкурсот.Кога станува збор за вашата музика неизбежно е да се напомене дека вие сами ја создавате и дека тоа не е музика која претходно е отсвирена од некој друг? Голем дел од филозофија на бендот е да се свири оригинална музика. Тоа да се наши композиции инспирирани од се што сме слушнале до сега. Џезот е музика што општо повеќето луѓе ја сметаат за нешто од минатото. Ние сме тука со нашите нови композиции да покажеме дека џезот се уште постои и дека неговата еволуција е сеуште во тек. На 9 ноември имавте самостоен концерт во Хавана. Како публиката реагираше на свингот кој вие го свирите? Концертот во Хавана помина одлично. На наше задоволство имаше секаква публика, бидејќи не сакаме музиката на Летечки Пекинезери да е за само еден стереотип на луѓе. Атмосферата беше незаборавна. Наскоро ќе пуштиме нови видеа од тој концерт на нашиот „You Tube“ канал и ќе можете да видите за што станува збор.

Летечки пекинезери веќе подолго време опстојуваат на ако може да се нарече “музичката сцена”. Од кога бендот функционира во овој состав? Во овој состав официјално функционираме од 2010 година, иако претходно свиревме под истото име. 2010 година беше годината кога се собравме и се договоривме дека ќе свириме наша музика и ќе бидеме една глутница од расвирени летечки пекинезери.Издадовте деби албум, но имате и многу неиздаден материјал. Кога планирате неиздадениот материјал да го издадете? Неиздадениот материјал треба да се сними секој момент, а кога ќе го издадеме тоа не може да се каже со сигурност. Идејата за името на бендот од каде потекнува, кој е кумот во бендот ? Името легна одлично на музиката што ја свириме. Нашиот гитарист го смисли името и на сите нас ни се допадна. Глупо е, ненаметливо, потсетува на цртани филмови на што многу луѓе ги потсетува и нашата музика. Исто така интересно за пекинезерите е дека имаат некаква аномалија и работите што ги перцепираат околу нив им изгледаат како да се помали од нив. Од таму е тој нивни темперамент и храброст да лаат агресивно на се околу нив.За крај каде се досега имате настапувано во и надвор од границите на нашата држава? Во нашата држава настапуваме по фестивали и клубови во речиси сите градови, а надвор од неа сме свиреле во Албанија, Црна Гора, Косово, Словенија и САД. За крај сакаме да порачаме на вашите читатели да гласаат за нас за да победиме на натпреварот за најдобар млад џез бенд во светот, и да слушаат џез музика.

Page 12: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

22 23

МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА

ЕДИНСТВЕНА САДНА ЛАБОРАТОРИЈА НА БАЛКАНОТ РЕПОРТАжА ОД ГРАДЧЕАДРИЈАНА МИТЕВСКА АНГЕЛЧО ЗАХАРИJЕВ

Семиња произведени во македонија раСтат низ целиот Свет

Единствената лабораторија за култура на ткиво во Македонија, а и на Балканот, 12 години успешно егзистира на тлото на Виница, и со тоа се пласира како една од најуспешните странски инвестиции во Македонија.„СБВ Ромеро Витро“ е лабораторија за култура на ткиво и претставува најголем центар за масовно производство на семенски материјал на „SBW Interantional BV Ролеофарендсен“, Холандија. Оваа лабораторија со седиште во Виница е единствена, не само во државата туку и на Балканот. Екипата на „Студентско Ехо“ ја посети лабароторијата, а таму нe пречека менаџерот одговорен за контрола и планирање, Габриела Павлова која со гордост ни ја откри тајната на долгогодишниот успех, целите и интересите за кои се залага оваа компанија.

Кога почнавте со производството, како се одвиваше и како беше прифатен целиот процес кој навистина е новитет за македонскиот народ? Најпрвин Одделот за планирање и логистика во Ролeофарендсен го постави планот за започнување со работа. Морам да напоменам дека токму од таму го земаме стартниот материјал за производство т.е. од матичната компанија. Потоа следуваше обука за македонските вработени во матичната компанија Холандија. Откако тоа се изреализира почнавме со континуирано прозводство во 2001 година и ја постигнавме главната цел, почнавме нашите производи да ги извезуваме назад во Холандија.

Со што се располага лабoраторијата ? „СБВ Ромеро Витро“ бележи постојан раст како компанија. Во овој момент располага со 15 комори за складирање на растенија и 3 т.н. трансфер соби во кои се одвива директното производство. Со ова е овозможен капацитет од околу 9 милиони готови растителни единици годишно. Целокупниот капацитет во овој момент се извршува со 125 вработени кои даваат свој огромен придонес кон постојаниот раст и развој на компанијата. Низ кои фази се одвива целото производството? Секоја година над 1500 вариетети кои припаѓаат на многу различни видови се иницираат (воведуваат) во процесот на микро-размножување во „SBW International BV“. Изработуваме комплетен протокол за микро-размножување на нови видови или ги прифаќаме веќе постоечките. Некои видови се чистат од различни патогени, како што се вируси, габи или бактерии. Некои вариетети, особено оние кои припаѓаат на видовите „Petunia“ и „Verbena“, се сертифицираат според „Naktuinbouw“ системот.Без разлика кој вид на иницијација ќе се користи, од секој вид обезбедуваме примерок за тестирање кој потоа се испраќа на нашиот клиент каде што се потврдуваат истоветноста и исправноста во однос на фенотипските и генотипските карактеристики на вариететот. По секоја успешно изведена иницијација, оваа процедура овозможува сигурност пред масовното производство на истиот.После завршувањето на иницијацијата, процесот на микро-размножување може да започне. Одлуката за тоа каде ќе се одвива овој процес е одлука на самиот клиент.

Капацитетот со кој располага „СБВ Ромеро Витро“ овозможува производство на голем број вариетети и видови во исто време. Производството се одвива во стерилни лабораториски услови каде што шансите за контаминација на растителниот

материјал се сведени на минимум. Самиот процес на микро-размножување се изведува во стерилни т.н. трансфер кабинети каде што секој вработен користи алат кој претходно се стерилизира.

Во најголем број се застапени цветните видови, но исто така има добар дел на дрвенести видови и зеленчук. Готовите производи можат да бидат испорачани во Холандија или транспортирани во

други земји во зависност од барањата на клиентот.

И за крај која е вашата цел, поточно за што се бори „Ромеро“ ? Нашите производи се распространети и се одгледуваат низ цел свет, од Израел до Холандија, од САД до Јапонија. Една од нашите цели е и презентирање и освојување на пазарите во Југоисточна

Европа.

Градче - малиот рај на земјата

Вештачкото езеро „Градче е сместено во подножјето на Осоговските Планини во извонредно живописна клисура, со мошне атрактивна околина и се наоѓа на околу шест километри северно од градот Кочани. Ова место е полн погодок кога се работи за одмор и пронаоѓање на мир и спокој од секојдневната градска бучава и напорен живот кој е составен дел од секојдневието. Шест километри возење низ природата северно од градот на оризот ве делат од малиот рај на земјата. Езерото е со должина од три километри, а широко е околу два и пол километри, а по патеките кои се наоѓаат околу него, буквално може да се заобиколи целото езеро. Во функција на посетителите, на западниот брег на езерото се наоѓа хотелот „Градче кој има прекрасен поглед на езерото и на природата околу него, а близу хотелот, буквално на самата брана на вештачкото езеро се наоѓа и стариот мотел со прекрасна тараса која е само неколку метри над нивото на водата и на која може да се ужива во добро кафе, или пак во некој добар специјалитет што го нуди мотелот, и сето тоа заедно со добар поглед на езерото. Неколку минути возење од хотелот надолу се наоѓа и рибник, кој покрај специјалитетите од риба нуди и многу други вкусни јадења. Овој предел, со оглед на фактот што е далеку од градот се карактеризира со мир, свеж воздух и чиста средина. Во околината на езерото постојат над триесет природни извори на вода.

Интересен податок е што на територијата на сегашното вештачко езеро, некаде пред педесеттина години се наоѓало селото Долно Градче, но тогашните власти со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговијата решиле да изградат брана, а местото наречено „Рамна карпа“ кое се наоѓало веднаш под селото било идеално за тоа. Сите жители на селото биле раселени, некои во околните села, некои во градот Кочани. Во близина на браната се наоѓа и археолошкиот локалитет „Долно Градиште“ на кој сеуште се работи, и за кој археолозите наведуваат дека градбите во склоп на наоѓалиштето водат потекло од времето на Пајонија и Македонија од времето на Филип Втори. На самиот мост на браната се наоѓа споменик – плоча во чест на изградба на браната. Со мостот лесно се преминува од едниот на другиот брег. Доста интересен е големиот водопад, кој настанал на чуден начин. Имено, во 1958 година била изградена помошна брана од камени блокови чија функција била да спречи нагло наливање на вода кон местото „Рамна скала“, каде што се градела денешната брана. Од надојдените гранки, камења и земја, помошната брана почнала да се полни со почва, па така со текот на годините се создал прекрасен водопад со висина од дваесеттина метри, по кој спаѓаат водите на Голема река, а оттаму овие води се слеваат во вештачкото езеро. Водопадот е оддалечен од хотелот нешто повеќе од еден километар, но со следење на патоказите поставени на патот кој води до водопадот, лесно се стигнува до него. Не може целосно да се долови оваа прекрасна природа доколку не се посети и лично да се увери во тоа. Околу езерото има бројни патеки за љубителите на пешачењето и велосипедизмот, а исто така езерото нуди и совршени услови за риболов, со оглед на фактот што неговите води се богати со риба. Населението од Кочани и околните места, во текот на летниот период, езерото и околната природа ги користат за излети и за рекреација, а за денот на трудот, местото е преплавено и од туристи. Оддалечено од градот, мирно место со незагаден воздух и полно со убави глетки е нешто што мора да се посети и тоа не еднаш, туку повеќeпати.

Page 13: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

24 25

ТЕХНОЛОГИЈА И НАУКА КАЛЕИДОСКОП

САТЕЛИТСКИ СИГНАЛ ШТО жИВОТ ЗНАЧИ EДИНСТВЕНАТА ЦЕЛ Е ДРУжБАТА И ДОБРАТА РОК МУЗИКА НЕНАД МИЦОВ ЕЛИЦА РАДЕВСКА

ДVИГАТЕЛИ NА SОVRЕМЕNOТО

ЖИVЕЕЊЕ

Дали некогаш сте се запрашале

колку сателити кружат околу планетата Земја? Како точно

тие се движат во орбитата? Зошто служат сателитите и какви видови сателити постојат?

Можеби и никогаш не сме помислиле на овие прашања, но она што е интересно e дека современиот живот не би можел да се

замисли без нив.Пред сè, да разгледаме што е тоа сателит. Кога станува збор за вселената, сателитот претставува објект кој е испратен во орбитата од страна на луѓето. Таквите објекти понекогаш ги нарекуваме вештачки сателити, со цел да ги разликуваме од природните сателити како што е на пример Месечината. Сателитите вообичаено се полунезависни системи контролирани со компјутер. Сателитските системи вршат многу работи, некои од нив генерираат енергија, со други се управува на Земјата, а со останатите се регулираат и контролираат одредени операции од орбитата. Но, главната дефиниција за сателит е тело кое орбитира околу поголемо тело. Ако ова се земе како дефиниција за сателит тогаш би рекле дека постојат милиони сателите. Така, како сателите би можеле да ги сметаме сите вселенски летала и било какви остатоци чие постоење во вселената е резултат на човековите вселенски активности во минатите триесет години поминати во истражување. Моментално има повеќе од 1000 активни сателити кои моментално орбитираат околу Земјата. Тие претставуваат околу пет проценти од вкупниот број на објекти во орбитата, а останатите се напуштени сателити, ракетни засилувачи и други остатоци. Соединетите Американски Држави поседуваат повеќе од 450 активни сателити, речиси 50 проценти од вкупниот број на сателити. Русија и Кина го држат второто и третото место со најголем број на вселенски летала. Просечно две третини од сите активни сателити се користат за комуникација. Остатокот се користат за навигација, воено набљудување, набљудување на Земјата и далечинско набљудување, астрофизика, проучување на вселенските тела и метеорологија. Сателитите секојдневно влијаат на нашиот живот, а ние тоа често и не го забележуваме. Тие обезбедуваат поудобен и побезбеден живот, а исто

така се користат и за забава. Најзначајните полиња во кои се користат сателитите се телевизијата, телекомуникациите, навигацијата, метеорологијата, општествениот развој и астрономијата.

ТелевизијаСателитите праќаат телевизиски сигнали директно во домовите, но исто така се и јадрото на кабелската и мрежната телевизија. Овие сателити праќаат сигнали од централна станица до помалите станици кои пак, ги праќаат сигналите локално преку кабли или радио бранови. ТелекомуникацијаСателитите обезбедуваат комуникација за време на авионски летови и често се главниот проводник на вербалната комуникација во рурални средини и области каде телефонските линии се оштетени поради природни сили. Сателитите исто така го обезбедуваат примарниот извор за поврзување на мобилните телефони и пејџерите. НавигацијаСистемите за навигација кои се основани врз сателитската технологија, како Navstar Global Positioning System (попознат како GPS) му овозможуваат на било кој навигациски уред да ја препознае моменталната локација со отстапка од само неколку метри. Системите кои се изградени врз GPS технологијата се користат од страна на цивили и воени сили за навигација на копно, вода или воздух. МетеорологијаСателитите им овозможуваат на метеоролозите да ги гледаат промените во времето на глобално ниво и со тоа тие можат да ги следат ефектите на феномени како што се вулканските ерупции, природни гасови, нафтени полиња, па дури и развојот на големи природни непогоди како што се ураганите. Општествен развојСателитите се сè позначајни во светот денес. За една земја како што е на пример Индија, во која населението е одделено со непристапни терени и различни јазици, сателитите за комуникација обезбедуваат пристап до центри за образование и медицински центри кои на друг

начин не можат да ги добијат. Сателитите за набљудување на Земјата исто така им овозможуваат на земјите во развој да применуваат добро информиран менаџмент на ресурси и на социјалните служби да ја следат мигрирацијат на

бегалци. АстрономијаПред технолошко-техничкиот напредок, астрофизичарите морале да го набљудуваат универзумот со телескопи од земјата и можеле да добијат информации само од електромагнетниот спектар кој ја пробива Земјината Атмосфера. Многу од најинтересните феномени подобро се проучуваат при фреквенции кои се најпрепознатливи во вселената или во некои случаи се пристапни само од вселената. Сателитските телескопи беа од клучна важност за разбирањето на феномени како што се пулсарите и црните дупки, па дури и за мерење на староста на Универзумот.

МОТОР, АДРЕНАЛИН И СЛОБОДЕН УМ

“Сите сме со различни професии, но кога ќе ги облечеме кожените одела сите сме еднакви. Не постои никаква разлика дали одреден член е доктор, професор, адвокат, продавач, автомеханичар и слично. Кога се на мотор, па може да се каже и во приватниот живот, моторџиите не ги делат луѓето и не прават разлики помеѓу нив“, вели др. Горан Јовиќ, претседател на Клубот на моторџии “Носачи на крстот”.

Љубовта кон моторите и нескротливиот адреналин, потрагата кон добра рок и блуз музика, меѓусебното дружење со единствена цел стигнување на замислената дестинација се главните карактеристики на секој моторџија. Со цел да ни ја доближи барем малку животната филозофија на моторџиите, предводени од мотото “Мотор, адреналин и слободен ум”, во овој број на Студентско ЕХО разговаравме со др. Горан Јовиќ, претседател на Клубот на моторџии од Велес “Носачи на крстот”, кој е формиран на први ноември 2008 година.Секако дека првото нешто што го прашавме беше од каде инспирацијата за ова име? “Многумина од луѓето се прашуваат зошто на клубот му го дадовме токму ова име? Но, кога ќе им ја раскажеме анегдотата за невидливиот крст кој бдее над Велес, веднаш се им станува јасно. Кога би се споиле котите над Велес, помеѓу манастирот Св. Јован Ветерско, манастирот Св. Димитрија, како и двете цркви една наспроти друга во самиот град, поврзани сите заедно, a гледано од птичја перспектива, претставуваат крст. Па бидејќи се верува дека Велес е заштитен од тој крст, решивме клубот да се вика ‘Носачи на крстот’ со цел да го носиме и да не заштитува секаде каде што возиме со нашите мотори“ – објаснува Јовиќ.

Скромни луѓе со големи срцаКарактеристично за овој клуб е тоа што неговите членови роденденот на клубот го слават на еден поинаков, несекојдневен начин, што е доказ дека моторџиите се хумани луѓе. Тие секоја година на први ноември организираат крводарителска акција и собираат износени алишта наменети за сиромашните дечиња. Покрај ваквиот начин на роденденска прослава, овие луѓе им обрнуваат многу внимание и на децата со посебни потреби. Имено, секоја нова година тие им доделуваат подароци со една единствена цел - да ја видат насмевката и задоволството на лицето на децата што за нив е најголемото богатство. Едноставни и скромни луѓе со големи срца! Како што вели Јовиќ, “солидарноста помеѓу моторџиите е огромна, каде било на пат ако има моторџија со расипан мотор, или пак некоја несакана случка, ако наиде групата на моторџии, тие веднаш застануваат и му ја даваат целосно својата помош, што не е случај кај другите луѓе со автомобили - секогаш поминуваат и не застануваат да укажат помош“.Инаку, најголем број од мото собирите што ги организира овој клуб се со цел да се крене нивото на мото културата. Според Јовиќ, во Македонија речиси нема мото култура. Токму од таа причина членовите на овој клуб организираат мото конгреси,

како што беше конгресот во с. Папрадиште со цел да ги едуцираат младите љубители на мотори за тоа како треба да се однесуваат, но и како да ги почитуваат пропишаните правила. “Не си фраер ако возиш брзо во град и не носиш кацига, фраер си ако ги почитуваш пропишаните правила, а со самото тоа и ќе бидеш претпознатлив и почиттуван во околината“, вели Јовиќ.Дестинации и препознатливостМоторџиите се претпознатливи по своето кожено моторџиско одело, како и по своите кожени елеци на кои се исцртани логата на клубовите. Овие елеци не може да ги носи кој било. Мора да си член на клубот. Исто така, елеците не се позајмуваат бидејќи на секој од нив е напишано името на членот на кој му припаѓа.Во сите моторџиски клубови во светот постои хиерархија која мора да се почитува. Така, и во овој клуб точно се знаат правилата на возење за време на мото турнеите. Се знае кој оди прв на колоната, а кој последен. Вообичаено, прв на колоната е капетанот на пат, во овој случај капетанот Анде Габеров, а последен на колоната е претседателот на клубот др. Јовиќ.Најдалечните дестинации коишто ги посетиле дел од членовите на клубот “Носачи на крстот” се движат на релација од најсеверните точки од Европа, како швајцарските Алпи, до главниот град на Латвија, Борига, па се до јужните предели, како јадранската магистрала, Грција, Хрватска и така натаму. Што се однесува до нашата држава нема место кое не го посетиле. Крајната цел на секој моторџија, кога е во придружба со својот мотор и дружината зад него, е стигнување на замислената дестинација и секако добрата забава која постојано ги следи овие луѓе. Начинот на живеење на моторџиите може да се каже дека е малку поразличен од начинот на живеење на обичните луѓе. “Сите сме со различни професии, но кога ќе ги облечеме кожените одела сите сме еднакви. Не постои никаква разлика дали одреден член е доктор, професор, адвокат, продавач, автомеханичар и слично. Кога се на мотор, па може да се каже и во приватниот живот, моторџиите не ги делат луѓето и не прават разлики помеѓу нив“, истакнува Јовиќ.

Др. Горан Јовиќ (десно) со неговите колеги моторџии

Page 14: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

26 27

КАЛЕИДОСКОП МОДА И УБАВИ НЕШТА

СВЕТСКИ ЗАБАВИ ПРЕТСТАВЕНИ МОДНИТЕ КОЛЕКЦИИТЕ ЗА СЕЗОНАТА ШТО ДОАѓАХ. НАЧЕВА Е. ЈОВАНОВСКА

Кои се најлудите забави во светот? Сигурна сум дека ова прашање сте си го поставувале многу пати „Кои се

најлудите забави во светот?“ Можеби Карневалот во Рио де Жанеиро? Или пак веќе познатиот Фестивал на пивото во Германија – Октоберфест? Да, во право сте но во светот постојат и многу други интересни. Ако сакате да доживеете незаборавни моменти, ова се најлудите забави во светот кои треба да ги посетете.

Холи или фестивалот на бои во Индија се одржува секоја година во месец Хинду Phalguna на денот на полна месечина, односно на крајот на февруари или почетокот на март, во малото место Нандгаон. Хиндусите го слават преминувањето од зима во пролет, со распрскување на бои а во некои региони, со гејзири од бои. Според легендата се верува дека овој празник ја слави победата на доброто над злото. За време на фестивалот Хиндусите ширум Индија и светот заедно го слават пријателството, заедно се молат, јадат специјална храна со студен пијалак наречен тандаи и прават пакости полевајќи се со боја.

Фестиваалот „Огнен човек“ во Невада е всушност фестивал на уметноста, човештвото, креативноста, самопочита и самоизразувањето, се одржува секоја година во пустината Невада и трае една недела. „Огнениот човек“ опфаќа уметност направена од огромни инсталации кои испуштаат оган.

Ла томатина фест е најголемата борба со домати во светот, која се одржува секоја година и тоа во последната среда во месецот август во источниот шпански град Буњол. Главна задача на секој учесник е да погоди што е можно повеќе други противници со домати. Борбата трае еден час, но дружењето продолжува, најверојатно поради тоа што во оваа борба нема победници и победени. Интересен е фактот што за првпат овој фестивал се одржал спонтано во 1944 година. Полицијата тогаш им наложила на младите да ја платат штетата што ја направиле, со оглед дека позајмувале домати од околните продавници.

Егзит во Србија е еден од најголемите светски и европски музички фестивали. Фестивалот се одржува еднаш годишно во Петроварадинската тврдина во Нови Сад и трае обично четири дена. Оваа година фестивалот ќе се одржи од 10 до 14 јули, а се најавуват големи звучни имиња како Snoop Dogg, Atoms For Peace, Block Party и многу други.

Неодамна, префинетото мајсторство на врвните дизајнери беше презентирано пред љубопитните погледи на внимателно избрана публика. Модните писти им дадоа можност на искусните дизајнери да воодушеват со своите креации за сезоната пролет/лето 2013. Париската недела на високата мода, Париската недела на модата, Миланската недела на модата, Лондонската недела на модата и Њујоршката недела на модата ги презентараа најзначајните и највпечатливи колекции кои ги диктираат трендовите за оваа сезона. Овие жешки дестинации во последниве месеци беа најпосетувани од највлијателните личности во модната индстрија.

Неделите на модата ги вратија на сцена елеганцијата, сексапилот, романтичноста, сензуалноста, едноставно креациите блескаа со гламур и раскош. Беа презентирани колекциите на едни од најпознатите дизајнери со светска слава меѓу кои: Кристијан Диор, Шанел, Стела Мекартни, Луј Витон, Александар Мекквин, Антони Вакарело, Ели Сааб, Версаче, Роберто Кавали, и многу други дизајнери кои преку своите атрактивни колекции си го зголемија влијанието во светот на модата.

Невообичаените креации кои беа колоритни, енергични и полни со ведрина, не ги оставија модните критичари рамнодушни. Луксузните креации на дизајнерите несомнено докажаа дека си ја постигнаа целта, односно си го пробија патот до срцата на холивдските ѕвезди. Палетата на бои беше мошне широка, бидејќи станува збор за пролетни и летни колекции – белата, сивата, зелената, портокаловата, црната, цикламата, мастилно-сината, тиркизната, сончево жолтата, коралната, црвената... нијанси кои ги обојуваа невообичаените креации, кои на екстремен начин ја акцентираа женската фигура, односно ведрите бои беа доминантни и сосема доволни за модерната фантазија да се прелее на модните писти. Мешавината од бои, апстракти принтови и развеани ткаенини им дадоа на креациите возбудлив и модернистички шмек. Сјајни мини фустани, едноставни црни костуми, кратки фустани, цветни здолништа, еднобојни комбинации со кошули закопчани до јаката, женствени широки панталони, долги фустани, туники, корсети и наметки ги прегрнуваа и красеа убавите женски тела на манекенките на грандиозните писти. Преку разните модели на креациите дизајнерите секогаш пронаоѓаат начин да ги изненадат и да ги воодушеват модните критичари. Дизајнерите со своите уникатни и шармантни колекции кои зрачеа со дамска елеганција си обезбедиа почесно место меѓу модните икони ширум светот. Ревииве сигурно ќе останат запаметени особено по многуте модни колекции кои беа комбинирани на неверојатно убав начин.

Неделите на модата го имаат главниот збор за тоа што треба да го имаат девојките во својот плакар

Page 15: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

28 29

МОДА И УБАВИ НЕШТА СПОРТ

МОДЕРЕН ТАНЦ РАЗГОВОР СО НАЈДОБРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛЕРКА, НАТАША АНДОНОВАСАНЕЛА ѓОРѓИЕВА АНГЕЛЧО ЗАХАРИЈЕВ

ЗУМБА Е ВИД НА ФИТНЕС ТАНЦМодерниот танц се појави во Америка за време на дваесетиот век кога голем број на кореографи и танчери бунтуваа против двете форми на танц кои биле распространети во тоа време, балет и водвиљ. Тие го одбивале она што дотогаш се сметало цврста и империјалистичка природа на балетот. И тие сакале да бидат сфатени сериозно како артисти отколку да бидат видени единствено како забавувачи. Луи Фулер, Исидора Данкан, Рут Сент Дентис и Тед Шон се сметаат дека се пионерите на модерниот танц во Америка.

За време на 20-ите години, страста за изведувачкото танцување ја зафати Америка. Танцот бил претставен како нова форма на сериозно театарско танцување. До крајот на Втората Светска војна оригиналните основачи на модерниот танц произвеле култура на талентирани студенти кои што тргнале да го создадат нивниот сопствен начин на танцување. Социјалните и уметничките пресврти на крајот на 60-ите и 70-ите години од минатиот век предизвикаа радикални промени во модерниот танц. Денес, модерниот танц е сe пософистициран и во техниката и во технологијата. Сегашните пионери на модерниот танц наоѓаат многу понежна линија на поделбата помеѓу модерниот танц и балетот. Вистина е дека балетот, модерните и современите танц компании денес дошле да ја сменат флуентноста во сите жанрови на танци.

Во врска со модерниот танц, неговата примена во современиот живот, особено во фитнесот разговаравме со Ева Пејова, зумба инструктор. Во последните 7 години одржува редовни групни часови на различни локации, а видот на часовите и содржината постојано се менуваат во зависно од популарните фитнес трендови во светот: аеробик, степ аеробик, Тае Бо, пилатес и секако најновиот фитнес тренд кој веќе масовно се практикува - Зумба Фитнес. Со часовите за деца, Модерен балет и Зумба за деца работи веќе четврта година, а модерниот балет е нејзина љубов од најраното детство.

Што претставува Зумба фитнесот? Зумба Фитнес не е танц, а не е ни верзија на класичен аеробик, тоа е фитнес програма која комбинира аеробични елементи со основните чекори од латино-американските танци, сè со цел вежбањето да биде поинтересно и нормално се вежба на музика. Осмислена е од Алберто Перез, кој во 2001 година ја брендирал и оттогаш почнува масовно да се шири низ цел свет. Зумбата позајмува чекори од латино танците Cumbia, Salsa, Meren-gue, Mambo, Flamenco, Samba, Tango, но и традиционални танци од другите делови на светот, како на пример Belly Dance, а исто така и од модерните танци како Hip Hop, Reg-gae Dancehall, Reggaeton или пак салонските танци Charles-ton, Jive, ChaCha итн. Значи секојдневно се спремаат нови кореографии, со нови чекори, се игра на интересна музика и сето тоа ни ги доближува светските култури додека истовремено вежбаме и се забавуваме. Кој знае, можеби еден ден во Зумбата ќе се вклучат и чекори од нашите традиционални танци.

Како се роди идејата за групните фитнес часови? Па пред сè групните часови се многу поинтересни од вежбањето сам, барем според мене. Пред да се запишам и да студирам на УГД, живеев 4 години во Обединетото Кралство и редовно посетував најразлични групни фитнес часови, а кога се вратив во Македонија, поточно во нашиот град, такви часови немаше, зборувам од типот на вежбање на музика со усогласена рутина на промените на темпото на музиката. Значи една од причините беше едноставно кажано за и јас да си имам друштво за вежбање, а другата причина е тоа што посебно во Зумба Фитнес програмата јас се пронајдов, во смисла да можам да ги комбинирам двете мои омилени активности од детството – играњето и вежбањето.

Кој сe може да ги посетува фитнес часовите?Има часови за возрасни и часови за деца. На часовите за деца возрасните „граници“ се моментално од 5 до 13 години, а на часовите за возрасни од 14 па нагоре. Некои посетители се во позрелите години и ова посебно ме радува, но морам да признаам дека немаше да се случи доколку не почнев со Зумба. Зумбата не познава граници, ни пол, чекорите се толку едноставни и со вистинскиот инструктор се лесни за следење, а истовремено привлечни и за женската и за машката популација. Часот по Зумба е пред сè една фитнес забава на која вежбаш додека играш и сите се добредојдени.

Која е вашата порака како фитнес инструктор до читателите?Да се рекреираат, независно од возраста, независно од тоа кој вид на спорт ќе го изберат. Спортот и рекреацијата мора да бидат интегрирани во сечие секојдневие. И не само за подобар изглед, иако и тоа неминовно ќе си дојде само по себе доколку вежбате, туку првично за одржување на здравјето и виталноста, за релаксација и баланс на брзиот и стресен начин на живот и најповеќе затоа што е забавно и ве прави среќни.

Со многу вложен труд во еден од најдобрите европски клубови

Со оглед на тоа дека потекнува од фудбалско семејство и не треба да не чуди фактот што нејзината љубов спрема фудбалот е огромна. Наташа Андонова е нашата најдобра фудбалерка, која има добиено многу признанија, меѓу кои позначајни се наградата „Златен играч” за 2010 година, која УЕФА ја доделува на најдобриот играч на Европското првенство за играчи до 17 години кое се одржа во Македонија и признанието од ФФМ дека Наташа е најдобрата македонска фудбалерка која игра во странство. Исто така на неколкупати е прогласувана и за најдобра македонска фудбалерка. Таа игра на позицијата плејмејкер. Откако во Македонија освои се што можеше да се освои, скаутите на германскиот и европски гигант „Турбине Потсдам“ ја забележаа и ја повикаа да настапува за нив, каде што продолжи со својата навика да освојува трофеи со клубот за кој што настапува. По напорниот период на учење на германскиот јазик и адаптацијата, од минатата година, македонската репрезентативка е стандардна во првата постава на својот клуб. Во ова интервју, Андонова говори за своите почетоци, за своите најдобри карактеристики, а исто така дава и совети на девојките кои што се занимаваат со овој спорт.

- Од каде љубовта кон фудбалот и каде ги правиш првите чекори во фудбалскиот свет ? Од моето семејство излегле многу спортисти, посебно фудбалери. Првин дедо ми, а потоа и татко ми у вујковците, сите тие биле фудбалери. Нивниот ген за фудбал го наследив и јас. Уште како мала одев со татко ми на секој негов тренинг. Гледајќи го него, од ден на ден желбата за фудбал ми стануваше се поголема. Започнав да тренирам со машкиот фудбалски клуб од мојот роден град Неготино, а откако дознав дека има и женски фудбалски клубови во Македонија, се зачленив во „Тиквешанка” од Кавадарци и токму таму се моите почетоци во овој спорт.- Во 2010 година правиш трансфер во германскиот „Турбине Потсдам“. Како си прифатена таму и како се чувствуваш, дали си задоволна ? Да, откако играв пет години во „Тикешанка“, Кавадарци со кои го освоивме првенството и купот на Македонија, игравме и Лига на шампиони, наредната година заминав да играм во Ж.Ф.К. „Борец“ од Велес. Откако истиот успех го постигнав и со нив, во 2010 година направив трансфер во Ф.Ф.К. „Турбине Потсдам“. Со тоа ми се оствари една од моите најголеми желби. Првата година кога дојдов тука ми беше многу тешко затоа што не го знаев германскиот јазик и не ги разбирав ништо што ми зборуваат. Сепак благодарение на моите родители и на мојата сестра Сијче, која исто така е фудбалерка, и е тука со мене, како и на луѓето од клубот и моите колешки – фудбалерки, ми помогнаа многу и тоа никогаш нема да им го заборавам. Откако го научив овдешниот јазик, сега можам да кажам дека комуницирам со сите и можам да кажам дека ми е преубаво овде.- Кој момент од фудбалските терени ќе го паметиш засекогаш ? Имам многу среќни моменти на фудбалските терени, но ајде ќе ги издвојам моментите и периодот кога игравме со Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на Европското првенство кое се одржа во Струмица. Бевме во група со Полска, Чешка и Латвија и успеавме да се пласираме во вториот круг. На тоа сум многу горда бидејќи ниту една машка репрезентација го нема постигнато тој успех до сега, тогаш бев многу среќна. Фудбалот ми донесе многу моменти што ќе ги паметам заескогаш.

Page 16: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

30

СПОРТ

ИНТЕРВЈУ СО ТРЕНЕРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КОШАРКАРСКИ КЛУБ ДЕЛЧО ТОЛЕВ КРИСТИЈАН МИТЕВ

- Како ти се допаѓа животот во Германија и дали има дружба со германските фудбалерки надвор од терените ?Искрено да ви кажам животот во Европа е многу убав, посебно во Германија. Тоа е држава каде што секој човек си ја знае својата работа. За мене Германија е една од најубавите земји во Европа, средена и чиста, и се е на едно високо ниво. Се дружиме доста и со германските фудбалерки и со тие што се од страна, одиме на кино, правиме прошетки, понекогаш одиме и во дискотеки, но ота е многу ретко затоа што немаме многу слободно време, преокупирани сме со фудбалот.- Што ќе издвоиш како своја најдобра карактеристика по која си позната на фудбалските терени ?Најдобра карактеристика по која сум позната на фудбалските терени е мојата силна лева нога со која имам силен шут и добриот дриблинг. Соиграчките на тренинзите често ми викаат дека знаат дека секогаш кога дриблам, одам на левата страна, но дека никако не можат да ми ја земат топката од нозе, иако го знаат мојот следен потег.- И за крај, што ќе им порачаш на девојките кои се занимаваат со овој спорт, кој е клучот за да станат успешни како тебе ?На сите девојки што се занимаваат со овој спорт им препорачувам да работат напорно, да веруваат во себе и своите квалитети, на секој тренинг да се трудат да бидат се подобри и подобри и кога тогаш некој ќе ги забележи. Со напорна работа и огромен труд, успехот е неизбежен.

- Колку време постои кошаркарскиот клуб „Гоце Делчев“? Поранешниот кошаракски клуб „Астибо“ од 2007 година премина под патронатство на Универзитетот „Гоце Делчев“. Ова е годината кога ние започнавме да функционираме како клуб во рамките на Универзитетот. - Во која лига моментално се натпреварувате?Се натпреваруваме во втора републичка лига. Втората републичка лига брои 10 екипи. Моментално сме на третата позиција, се надеваме дека ќе бидеме втори.- Што според вас е најважно за успешноста на еден кошаркарски клуб?Нормално, најважно е да имаме добри играчи. Исто така, важно е да имаме добра организација во клубот. Понекогаш какви и играчи да поседувате, ако немате добра организација нема да постигнувате успеси. Моментално имаме добро организиран клуб, може да биде подобро, и се трудиме да го направиме подобро. - Како изгледа еден треннинг на Универзитетскиот кошаркарски клуб „Гоце Делчев“?Тренинзите се одвиваат секојдневно. Секој ден од 18.00 до 20.00 часот. Инаку тренингот излгледа навидум едноставно, но тоа оди според план. Од 90 минути, 15 до 20 минути се резервирани за загревање, други 20 минути за тактички вежби и голем дел од тренингот за техничка работа со играчите. Секојдневно се различни тренинзите, немаме исти тренинзи секој ден, зависно од тоа што треба да унапредуваме и да тренираме кај екипата. - Колку сте задоволни од подршката на штипјани?Немаме многу подршка од штипјани. Подршката јас повеќе ја гледам кај Универзитетот „Гоце Делчев“. Публиката традиционално е истата. Често на трибините се поранешни играчи, пријатели на поранешни или актуелни кошаркари. Не сум задоволен од тоа колку се посетени натпреварите.

Кога ќе се спомене универзитетската кошарката, несомнено веднаш помислуваме на САД. Тоа е така затоа што самата колеџ кошарка била создадена на американско тло, и ден денес таа најмногу е развиена во САД. Колеџ кошарката е создадена во денес познатата школа Спрингфилд. Колеџ кошарката во САД е поделена на три девизии и тоа: Дивизија 1, дивизија 2 и дивизија 3.Создавањето на колеџ кошарката се препишува на тогашниот наставник по физичко образование Џејмс Најсмит. Првиот снимен кошаркаски натпревар се одиграл на 21 декември 1891 година и на тој начин била родена колеџ кошарката. Додека за амеркинаските натпревари се бара карта повеќе и американските кошаркари уживаат вистински во епитетот ѕвезди, кај нас ситуацијата не е таква.

Штипјани го имаат универзитетскиот кошаркарски клуб „Гоце Делчев“, кој доаѓа под раководство на универзитеот во 2007 година. Универзитетскиот кошаркарски клуб „Гоце Делчев“ се натпреварува во втората републичка лига во која земаат учество 10 екипи, а екипата на „Гоце Делчев“ го зазема третото место, но според амбициите на тренерот Делчо Толев тие планираат да завршат на второто место. Ние разговаравме со тренерот на кошаркарскиот клуб Универзитет „Гоце Делчев“.

На тренинг во УКК „Гоце Делчев“

Делчо Толев - тренер

FMUФакултет за музичка уметност

Page 17: НИКОЛА МАЏИРОВ СО ИНТЕРНЕТ АКТИВИЗМОТ …coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br5.pdf · Centar za odnosi so javnosta, UGD Теренска

www.ugd.edu.mk