УПАТСТВО - aekградба, опфат на градба (pdf фајл), и датум на...

52
УПАТСТВО за користење на апликацијата Единствена точка за информации

Upload: others

Post on 28-Jan-2020

26 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

УПАТСТВО за користење на апликацијата

Единствена точка за информации

Содржина 1. Вовед .................................................................................................................................................... 3

2. Најава на системот .............................................................................................................................. 4

3. Апликација со не-ГИС функционалности .......................................................................................... 6

3.2 Дома ............................................................................................................................................. 8

3.3 Функции на ЕТИ ........................................................................................................................... 8

3.4 Документи .................................................................................................................................... 9

3.5 Извештаи .................................................................................................................................... 10

3.6 Планирано градење .................................................................................................................. 14

3.7 За нас .......................................................................................................................................... 18

3.8 Контакт ....................................................................................................................................... 19

3.9 Е-одобрение за градба ............................................................................................................. 20

3.10 ГИС Прегледник ......................................................................................................................... 23

4. Апликација со ГИС функционалности .............................................................................................. 25

4.1 Слоеви .............................................................................................................................................. 26

4.2 Легенда ...................................................................................................................................... 31

4.3 Идентификација ........................................................................................................................ 33

4.4 Пребарување во катастар ......................................................................................................... 38

4.5 Напредно пребарување ............................................................................................................ 42

4.5.1 Атрибутно пребарување ................................................................................................... 43

4.5.2 Просторно пребарување .................................................................................................. 46

4.5.3 Селекција ........................................................................................................................... 52

1. Вовед

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) склучи договор со ГДи Гисдата

Скопје за развој на Веб решение за Единствена точка на информации (ЕТИ).

Агенцијата преку веб страница обезбедува единствена точка за информации со

цел заинтересираните страни, покрај другото, да добијат минимални

информации, во однос на планираната изградба на јавна електронска

комуникациска мрежа и средства од членот 75 од Законот за електронски

комуникации и на постоечката физичка инфраструктура на субјектот од членот

66 став (1) од овој закон, и тоа: податоци за видот, основните технички

карактеристики и хоризонталната и вертикалната поставеност на подземните и

надземните инфраструктурни објекти и придружната инсталација, како и

податоци за субјектите кои управуваат со истите.

Оператор преку пристап до единствената информациска точка може да добие и

информации за начинот и условите за добивање на одобрение за градење,

согласно со закон, за што Агенцијата соработува со министерството надлежно за

градење.

Корисниците на апликацијата ја имаат и можноста да креираат и испраќаат

барања за добивање на градежна дозвола, а исто така и можноста за следење

на статусот на барањата, т.е. генерирање на соодветни извештаи. Оператор има

право преку единствената информациска точка, во електронска форма, да

поднесе барање за добивање на одобрение за градење за поставување на

елементи за електронска комуникациска мрежа за обезбедување пренос со

големи брзини. Со ова ќе се обезбеди барањето на операторот да биде

проследено до соодветниот надлежен орган за издавање на одобрение за

градење, како и да се овозможи следење на почитувањето на роковите за

издавање на одобрението за градење од страна на надлежниот орган.

Решението се состои од две посебни веб апликации кои се достапни само за

корисниците кои се најавени на порталот на АЕК. Во зависност од привилегиите

на најавениот корисник и двете апликации прикажуваат различна содржина која

се уредува во зависност од предефинираното множество на преференци за

корисникот. Генерално функционалностите кои се овозможени преку

апликациите може да се поделат на ГИС и не-ГИС функционалности, односно

апликација за графички приказ и пребарување на просторни податоци и

апликација со останатите функционалности за ЕТИ. Понатаму во упатството се

опишани посебно секоја од двете апликации и можностите и начинот на работа

со нив.

2. Најава на системот

Пристап до системот за ЕТИ имаат само корисници кои се веќе регистрирани на

порталот на АЕК. Страницата за најава се наоѓа на URL https://e-agencija.aek.mk/

По најава на порталот, најавениот корисник може да пристапи до апликацијата

со клик на иконата „Единствена точка за информации“ во десниот дел од менито.

Ако корисник кој што не е најавен на порталот се обиде да стигне до

апликацијата за ЕТИ, самата апликација го пренасочува корисникот на

страницата за најава на порталот.

Слика 2.1 Страница за најава

Слика 2.2 Најавен корисник

3. Апликација со не-ГИС функционалности

До почетната страница на апликацијата која ги овозможува не-гисовските типови

на функционалности се стигнува со клик на иконата за ЕТИ од АЕК порталот,

како што е објаснето во претходната точка од упатството. Почетната страница

изгледа како што е прикажано на Слика 3.1. На почетната страница се

прикажани менија кои водат до делови од апликацијата со различни

функционалности. Ова е апликацијата на која е прикажан и линк до ГИС

прегледникот. Апликацијата е овозможена со двојазичен интерфејс, односно

корисникот може да избере дали сака да работи со апликацијата на македонски

или англиски јазик.

Слика 3.1 Почетна страница на ЕТИ

3.2 Дома

Кога корисникот ќе кликне во делот од менито „Дома“, на страницата се

прикажуваат слики и линкови на кои кога ќе се кликне го носат корисникот до

соодветната содржина. Покрај главното мени во горниот дел (Дома, Функции на

ЕТИ, Документи, Извештаи, Планирано градење, За нас, Контакт), почетната

страница всушност претставува една мапа на сајтот на која се прикажани

патеките до сите функционалности во оваа апликација. Во долниот дел од

страницата се наоѓаат линкови кои би можеле да бидат од корист за корисниците

на апликацијата, како и линкови до страните на социјалните мрежи за Агенцијата

на електронски комуникации (Facebook, Twitter, Youtube).

3.3 Функции на ЕТИ

Во делот „Функции на ЕТИ“ се прикажани кои се законските обврски на АЕК во

однос на ЕТИ и што всушност значи концептот на ЕТИ.

Слика 3.3.1 Функции на ЕТИ

3.4 Документи

Кога корисникот ќе кликне во делот од менито „Документи“, апликацијата го носи

во дел каде што се поставени документи од сите закони, правилници и правни

акти релевантни за ЕТИ. Имено, во делот со Легислатива документите се

групирани по области Градење, Просторно и урбанистичко планирање,

Електронски комуникации, Градежно земјиште, Животна средина, Заштита на

природата. Со кликнување на документот од интерес, во ново јазиче од

пребарувачот се отвора конкретниот документ во pdf формат.

Слика 3.4.1 Легислатива

Слика 3.4.2 Pdf документ со закон од област „Градење“

3.5 Извештаи

Во делот „Извештаи“ на корисникот му е овозможен преглед и следење на

статусите на барањата за градба. Имено, за сите барања за градба кои ќе бидат

поднесени електронски преку ЕТИ, ќе биде овозможено следење на крајните

рокови за издавање на градежни дозволи од страна на надлежниот орган.

Слика 3.5.1 Линк до преглед на предмети и историја на промени

Слика 3.5.2 Корисникот избира датум за преглед на предмети

Слика 3.5.3 Со клик на „Најди предмети“ се прикажува листата со предмети за

избраниот период

Слика 3.5.4 Со клик на секој запис, се вчитува историја на промени за

избраниот предмет

3.6 Планирано градење

Во делот за планирано градење корисниците ќе имаат увид во податоци за

планирано градење на јавна мрежа за електронски комуникации и дел од

постоечката физичка инфраструктура по писмено барање од страна на

заинтересираните страни.

Овој дел се состои од два модула – дел за внес на податоци за планирана градба,

и дел за преглед на планирани градби.

Слика 3.6.1 Линкови до модулите за планирана градба

Модулот за внес на податоци за планирана градба им овозможува на

инвеститорите да внесуваат податоци поврзани со планираната градба, и тоа

Административна општина, Катастарска општина, поблиска локација, вид на

градба, опфат на градба (pdf фајл), и датум на градба (Слика 3.6.2).

Слика 3.6.2 Форма за внес на податоци за планирана градба

При самото вчитување на формата, во табела се прикажуваат сите записи за

планирана градба кои ги направил најавениот корисник (инвеститорот), ако ги

има такви од претходно, при што корисникот ги има на увид единствено неговите

записи за планирана градба.

При избор на административна општина (АО) од паѓачкото мени, во паѓачкото

мени за катастарски општини (КО) се пополнуваат вредности со сите КО кои

припаѓаат на избраната АО, и во исто време на мапата се зумира до избраната

вредност. Понатаму при избор на КО од паѓачкото мени, мапата се зумира на

избраната вредност за КО. Корисникот има опција за поставување на координата

во границите на опфат на градба, т.е. со клик на копчето „Избор на локација“,

пренесување на глувчето врз мапата, и клик врз мапата, се означува точка чии

координати се внесуваат при зачувување на целиот запис за планирана градба.

Корисникот има исто така опција за бришење на точката од мапа при направена

грешка, односно со клик на „Избриши графика“ се брише претходно означената

точка и се прави можност за внес на нова точка на мапа.

Слика 3.6.3 Означување координата во граница на опфат на градба

Со клик на копчето „Зачувување“ записот се зачувува како планирана градба од

страна на инвеститорот кој ги внел податоците.

Вториот модул во делот за планирана градба служи за географски преглед на

внесените податоци за планирана градба, заедно со податоци за инвеститорот и

графичкиот прилог од пошироко просторно опкружување со граница на

подрачјето за градба (Слика 3.6.4).

Слика 3.6.4 Преглед на планирани градби

3.7 За нас

Делот „За нас“ е од информативен карактер и претставува приказ на мисијата и

целите на АЕК.

Слика 3.7.1 Дел „За нас“

3.8 Контакт

Во делот „Контакт“ корисниците имаат можност за електронско испраќање на

прашање, мислење или забелешка во врска со ЕТИ до АЕК. Со внес на вредности

во задолжителните полиња и клик на копчето „Испрати“, пораката се испраќа до

АЕК.

Слика 3.8.1 Дел за контакт

3.9 Е-одобрение за градба

Во делот „Е-одобрение за градба“ операторот има можност електронски да

поднесе барање за добивање на градежна дозвола. Барањето се препраќа до

соодветниот надлежен орган кој е одговорен за издавање на градежни дозволи.

Слика 3.9.1 Форма за внес на податоци за поднесување на барање за

одобрение за градба

На Слика 3.9.1 е прикажана формата за внес на потребни податоци за барање

за градба, со тоа што при внесување на податоците апликацијата му укажува на

корисникот за полињата за задолжителен внес, како и за определен формат за

внес на одредени полиња (Слика 3.9.2).

Слика 3.9.2 Задолжителни полиња за внес

По внес на потребните податоци и клик на копчето „Поднеси“, корисникот се

пренасочува кон страницата на ЗЕЛС во делот за барање одобрение за градење,

и се остава на корисникот да продолжи со следните чекори на дефинирање на

параметрите од барањето (Слика 3.9.3).

Слика 3.9.3 ЗЕЛС форма за барање за одобрение за градење; во системот се

пренесени внесените параметри од формата за одобрение во АЕК ЕТИ

3.10 ГИС Прегледник

Со клик на линкот „ГИС Прегледник“ во ново јазиче од пребарувачот се отвора

ГИС прегледникот, односно втората апликација од ЕТИ која му овозможува на

корисникот ГИС функционалности. Во зависност од тоа со кој пребарувач работи

корисникот, потребно е да се кликне на „Show all content“ (за Internet Explorer),

односно „Load unsafe scripts“ (за Google Chrome) за да се прикаже содржината

на апликацијата (прикажано на Слика 3.10.1 и Слика 3.10.2).

Слика 3.10.1 ГИС прегледник во Internet Explorer

Слика 3.10.2 ГИС прегледник во Google Chrome

4. Апликација со ГИС функционалности

Апликацијата со ГИС функционалности (ГИС прегледник) му овозможува на

корисникот графички преглед и пребарување на просторни податоци. Имено,

моментално во апликацијата се вклучени податоци од катастарот на

недвижности (катастарски одделенија, катастарски општини, објекти, парцели),

телекомуникациска, водоводна, енергетска инфраструктура (електрични

водови, гасоводи, топловоди), електронски комуникациски мрежи, дигитален

атлас на Македонија. Почетната страница на апликацијата е прикажана на Слика

4.1.

Слика 4.1 ГИС прегледник

ГИС прегледникот е исто така овозможен на два јазични интерфејса –

македонски и англиски. Во централниот дел се наоѓа мапата со податоците, а од

лева страна е менито од кое за секоја ставка се објаснети улогата и

функционалностите кои ги нуди на корисникот.

4.1 Слоеви

Со клик на паѓачкото мени „Слоеви“ е даден преглед на сите податоци кои се

вклучени во апликацијата групирани според типот. Корисникот може да ги

вклучува/исклучува поединечни типови на податоци (слоеви) или цели сервиси

(групи) според избор. Ако некои од слоевите во листата се побледо означени од

останатите и не може да се вклучуваат/исклучуваат, тоа значи дека конкретниот

слој не е видлив на тековниот размер – корисникот мора да зумира на мапата за

тие да може да станат видливи и потоа корисникот да може да ги вклучи/исклучи.

На следните слики е илустрирано вклучувањето и исклучувањето на слоеви.

Слика 4.1.1 Исклучени се сите слоеви од апликацијата

Слика 4.1.2 Вклучени и прикажани сите слоеви на мапа, освен податоци од ТК

Мрежа

Слика 4.1.3 Вклучување на податоците од ТК Мрежа

Слика 4.1.4 На мапата се прикажани сите податоци (и ТК Мрежа)

Слика 4.1.5 Зумиран преглед на мапата со сите податоци

4.2 Легенда

Со клик на делот од менито „Легенда“ се добива преглед на легендата, односно

симболите со кои се прикажани податоците на мапа. Во овој дел легендата ги

прикажува симболите само за оние сервиси кои се тековно видливи во

апликацијата. Имено, со вклучување/исклучување слоеви и сервиси во

„Легенда“ се прикажуваат и кријат симболите за податоците соодветно.

Слика 4.2.1 Легенда за податоците (1)

Слика 4.2.2 Легенда за податоците (2)

4.3 Идентификација

Во делот со „Идентификација“ корисникот има можност да избере дали да прави

идентификација на сите видливи слоеви или да избере само еден конкретен слој.

Имено, кога корисникот ќе кликне на една точка од мапата, ќе се појави

прозорец со атрибутни податоци за сите записи кои се наоѓаат во таа точка (или

записи кои се наоѓаат во видливите слоеви или записи од еден конкретен слој,

во зависност од тоа што избрал корисникот во паѓачкото мени). Ако се добијат

повеќе записи како резултат на идентификацијата, корисникот може да навигира

низ тие податоци со стрелките во горниот десен агол од прозорецот со

резултатите (стрелки за лево и десно). Прозорецот со резултатите од

идентификација има дел „Zoom to“ со кој ако се кликне на него е овозможено

зумирање до конкретниот податок на мапа и негово означување со светло сина

боја.

Слика 4.3.1 Идентификација на сите видливи слоеви (најдени 331 записи)

Слика 4.3.2 Идентификуван еден запис при идентификација на слој

„Македонија ДА\Езера“

Слика 4.3.3 Зумирано на податокот за езеро

Слика 4.3.4 Идентификуван еден запис при идентификација на слој

„Македонија ДА\Железница“

Слика 4.3.5 Зумирано на податокот за железница

4.4 Пребарување во катастар

Во делот „Пребарување во катастар“ на корисникот му е овозможено да прави

пребарување по број на катастарски парцели, т.е. корисникот бира одделение,

општина и опсег на парцели за кои сака да направи пребарување. При секој

избор од паѓачкото мени, апликацијата се зумира и го означува конкретниот

селектиран објект. Со клик на копчето „Пребарај парцели“ се врши пребарување

за избраната општина во избраното одделение во зададениот опсег на броеви

парцели од страна на корисникот. Се прикажува вкупниот број на пронајдени

парцели и резултатите (пронајдените парцели) се прикажани во табела. Со клик

на поединечна парцела од резултатите, апликацијата се зумира и ја означува

селектираната парцела.

Слика 4.4.1 Избрано одделение (апликацијата го означува селектираното

одделение и зумира)

Слика 4.4.2 Избрана општина (апликацијата ја означува селектираната

општина и зумира)

Слика 4.4.3 Резултати од пребарување (вкупен број)

Слика 4.4.4 Избрана парцела од множеството резултати – апликацијата ја

означува селектираната парцела и зумира

4.5 Напредно пребарување

Во делот за напредно пребарување корисникот има многу опции за пребарување

низ просторните податоци според различни критериуми како што ќе ги зададе

самиот корисник. Имено, тој има можност да прави атрибутно, просторно и

пребарување според селекција (како што може да се види кога ќе се избере

паѓачкото мени „Напредно пребарување“).

4.5.1 Атрибутно пребарување

Во делот за атрибутно пребарување корисникот го избира слојот, односно типот

на податоци за кој сака да направи пребарување. Под паѓачкото мени за

селекција на слој, се наоѓаат табела „Поле“ и табела „Вредност“. Во табелата

„Поле“ се вчитуваат сите атрибути кои постојат за селектираниот тип на податок,

и врз основа на кои може да се прави пребарување. Со селектирање на некое од

тие полиња, во табелата „Вредност“ се листаат сите вредности за кои што

тековно постојат записи. Во исто време селектирањата од „Поле“ и „Вредност“ се

внесуваат во текстуалното поле „SQL“ кое служи за креирање на критериуми за

пребарување. На следните слики е илустриран пример за атрибутно

пребарување во слој „Инфраструктура \ ЕИГВ1“.

Слика 4.5.1 (а) – Избран е слојот „Инфраструктура \ ЕИГВ1“ и во табела „Поле“

се излистани сите атрибути по кои може да се прави пребарување

Слика 4.5.1 (б) – Во табела „Поле“ е селектиран атрибут „OBJECTID“ и во

табела „Вредност“ се излистани сите вредности на тој атрибут за кои постојат

записи

Слика 4.5.1 (в) – Во табела „Вредност“ е селектирана вредност „2“

Слика 4.5.1 (г) – Во текстуалното поле под „SQL“ се впишува

релацијата/критериумот за полето и вредноста (=,<,>,<>)

Слика 4.5.1 (д) – Резултати од пребарувањето; со клик на запис во табелата со

резултати апликацијата зумира и го обележува селектираниот запис

4.5.2 Просторно пребарување

Просторното пребарување се однесува на пребарување кое корисникот го прави

со просторна селекција на мапата. Имено, корисникот има можност за избор на

повеќе географски форми за обележување на мапа (точка, линија, круг,

полигон), и кога корисникот ќе кликне на мапата се исцртува избраната

географска форма сè додека со двоен клик не се заврши со обележувањето. По

обележување на просторот на мапата каде што корисникот сака да се прави

пребарувањето (за конкретен слој кој ќе го избере во паѓачкото мени) и клик на

копчето „Пребарувај“, апликацијата ги дава резултатите од пребарувањето во

табела и обележани на мапата. Со единечен клик на некој од записите во

табелата со резултати, апликацијата се зумира на конкретниот запис и го

обележува со светло сина боја. Корисникот исто така има и опција за извоз на

табелата со резултати во excel или csv документ (со клик на копчето

„Експортирај“ во горниот десен агол од табелата со резултати). При

пребарувањето постои и опција „Креирај бафер“. Тоа значи дека корисникот

може да дефинира радиус на површина околу геометриската форма во која исто

така ќе се направи пребарувањето за конкретен слој на податоци. Со копчето

„Исчисти“ се брише целата исцртана графика (обележувања) на мапата. На

сликите подолу е илустриран случај на пребарување на податоци со помош на

просторно обележување со точки на мапа (процесот е ист за било која друга

избрана геометриска форма за обележување).

Слика 4.5.2 (а) – Приказ на делот за просторно пребарување

Слика 4.5.2 (б) – Избор на геометриска форма „Точка“ за обележување на мапа

Слика 4.5.2 (в) – Почеток на обележување со точки

Слика 4.5.2 (г) – Обележани неколку точки на мапа

Слика 4.5.2 (д) – Завршено обележување со точки (точките се прикажани со

црвена боја)

Слика 4.5.2 (ѓ) – Резултат со ниеден запис од пребарувањето

Слика 4.5.2 (е) – Вклучена опцијата за креирање бафер со радиус од 2500m

Слика 4.5.2 (ж) – Резултати од пребарување прикажани на мапа и во табела

Слика 4.5.2 (з) – Селектиран запис од табелата и истиот запис е зумиран на

мапата

Слика 4.5.2 (ѕ) – Опции за извоз на податоците од табелата со резултати

4.5.3 Селекција

Со овој начин на пребарување корисникот има можност за пребарување