Лимфна дренажа

21
Лимфна дренажа 1. ЛИМФЕН СИСТЕМ Лимфотокот вклучува посебен систем на садови во организмот преку кој вишокот на ткивни течности кој не се вратил во венските капилари дренира венскиот систем. Најважната разлика меѓу крвотокот и лимфотокоте во тоа што крвотокот езатворен, континуиран систем на садови низ кој крвта кружи,додека лимфотокот е дисконтинуиран систем на садови низ кој вишокот на ткивни течности дренира од меѓуклеточниот простор во крвотокот. Функцијата на лимфниот систем е создавањеи транспорт на лимфата,создаванје на лимфоцити изаштита од инфекции.

Upload: dimitrova-blagica

Post on 28-Oct-2015

256 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

јнфххјк

TRANSCRIPT

Page 1: Лимфна дренажа

Лимфна дренажа 1. ЛИМФЕН СИСТЕМ

Лимфотокот вклучува посебен систем на садови во организмот преку кој вишокот на ткивни течности кој не се вратил во венските капилари дренира венскиот систем. Најважната разлика меѓу крвотокот и лимфотокоте во тоа што крвотокот езатворен, континуиран систем на садови низ кој крвта кружи,додека лимфотокот е дисконтинуиран систем на садови низ кој вишокот на ткивни течности дренира од меѓуклеточниот простор во крвотокот. Функцијата на лимфниот систем е создавањеи транспорт на лимфата,создаванје на лимфоцити изаштита од инфекции.

ЛИМФЕН СИСТЕМ

Лимфата е безбојна течност која се состои од плазма, бели крвни зрнца и нешто малку црвени крвни зрнца. Се создава во меѓуклеточниот простор на ткивата и ги разнеесува хранливите материи и кислородот од крвните капилари до одредени келии.ги собира штетните материи на метаболизмот и јаглерод оксидот.

Лимфата постојано кружи низ телото формирајќи лимфен систем које изграден од лимфни садови лимфни жлезди и лимфни органи.Лимфниот систем започнува со лимфните капилари кои враќаат 1/10меѓуклеточна течност во крвта (2-4литри за 24 часа),која е многу важназатоа што со неа се враќаатсупстанции со голема молекуларна маса.Лимфните капилари продолжуваат волимфни садовинаречени КОЛЕКТОРИ кои образуваат сплетови. Лимфата е посредник меѓу крвта и ткивата,а лимфните жлезди се сместени долж лимфните садови и секогаш се групирани.Одејки кон срцетолимфните садови градат покрупни садови и на крајот образуваат дваголеми канали DUCTUS THORACICUS и DUCTUS LYMPHATICUS.

Page 2: Лимфна дренажа

Најголемите лимфни јазли се сместени околу лактовите, под пазувите, во вратот,препоните,задколената јама,танкото црево,градниот кош и ждрелото (крајниците). Во лимфните јазлисе врши филтрирање на лимфата и се задржуваат бактериите,оштетените клетки,зрнацата прашина и слично,кои што ке бидат фагоцитирани.Протокот на лимфа кон срцето е спори изнесува околу 2-4 литри за 24 часа.Протокот на лимфата е перисталтичен. Тој е овозможен од: 1.контракција на мазната мускулатура на самиот лимфни садови (лимфна пумпа) 2.делување на притисокот од околината: - контракција на попречно пругастата мускулатура - движења на деловите на телото - пулсација на артериите - движењата на дијафрагмата - притисок на ткивата однадвор

Кружејки низ организмот лимфата поминува низ лимфните жлезди каде таа се филтрира на патот кон терминусот. Лимфните жлезди се со големина од 3 -6 см , а нивна задача е да ја прочистат лимфата од бактерии. 2. ЛИМФЕДЕМ

Лимфедемот претставува оток на телото, најчесто на екстремитетите,предизвикан од претерана акумулација на лимфа. Истотака се појавува на лицето,вратот абдоменот и на плуќата.Оваа состојба најчесто предизвикува чувство на тежина, козметички деформитети, лесна нелагодност,повторени епизоди на инфекција и во ретки случаеви малигни дегенерации. Посериозните случаеви претени се со задебелуванје на кожата, стврднувања на екстремитетите, протекување на лимфа и со голем оток (елефантијаза). Лимфедемот може да биде на основа на етиологијата примарен и секундарен. Примарниот лимфедем се појавува без очигледен причинител. Се појавува на раѓање (lymphoedema congenita), покасно во животот (lymphoedema paecox), или се појавува после 35 година (lymphoedema tarda). Секундарните лимфоедеми се предизвикани о д повреда, лузна или ексцизија на лимфната жлезда.Обично се случува како резултат на претходно зрацење или хирургија на лимфните јазли на вратот, карлицата илипрепоните. Некогаш лимфоедемите можат да бидат предизвикани од траума или хронична инфекција на лимфниот систем.

Page 3: Лимфна дренажа

3. ВИДОВИ ЛИМФНА ДРЕНАЖА

3.1 МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Лимфната дренажа може да биде рачна и со помош на апарати. Рачната лимфна дренажа ја развиле данските физиотерапевти, доктори Емил и Естрид Водер.во прошлиот век. Оваа техника се развила како резултат на нивните истражувања на лимфниот состав.Рачната лимфна дренажа е серија на лесни ритмички движења кои го стимулираат протокот на лимфата и движењето на течностите. Оваа масажа всусшност овозможува решавање на лимфоедемите и многу битно се разликува од класичната масажа и содржи законитости во начинот на изведување: - редослед – секогаш прво се празнат проксималните, а потоа дисталните сегменти, за да се испразнат проксималните и овозможи отекување на лимфата од дисталните, - притисок – притисокот на рацете мора да биде пријатен и се движи од 0-30 mm Hg, - насока - секогаш во правец на одтекување на лимфата, - ритам - диктиран од физиолошкото пулсирање на лимфните патишта.

Рачната лимфната дренажа е третман со лесно притискање со рацете се третира телото како лимфата би се потиснала и би се отстранилз преку вените.Лимфата пренесува хранливи материи и кислород од крвтадо секоја клетка во организмот,а на враќање собира штетни супстанции и се враќа во крвотокот. Задача на лимфната дренажа е да лимфата ја отстрани преку вените до бубрезите кои ќе ги преземат штетните супстанции од лимфата и преку мокрачата ке ги исфрлат од организмот. Со рачна масажа прво се третираат терминусите во вдлабнатините на коренот на вратот, низ кој лимфата поминува на својот пат низ организмот апотоа се поминува на дренажа на поедини делови на телото. Рачната лимфна дренажа делува во човечкиот организам на :

1. вегетативниот нервен систем - го активира парасимпатикусот ( го смалува тонусот на напречно пругастите мускули ) - го инхибира симпатикусот ( доведува до релаксација и опуштеност ) - со помош на правилно изведена лимфна дренажа делуваме на рефлексите на приклон а таквите рефлекси ке ја смалат основната активност на мускулите па затоа делува релаксирачки, 2. на сензорните патишта на болката - со движењата при лимфна дренажа постојано се менува притисокот и обликот на стимулацијата и на тој начин непрестано се стимулираат механорецепторите а истовремено ги инхибираат

Page 4: Лимфна дренажа

ганглиските клетки што значисе доведува до смалување на болката или потполно исчезнување на истата. 3. имунолошкиот состав - подрчката на имунолошкиот систем со помош на лимфна дрнажа се состои во тоа со придвижување на телесните течости брзо доаѓаат сите супстанции ( од кои настанува болеста ) до лимфниот јазол каде што стануваат безопасни за организмот

Во текот на мануелната лимфна дренажа се подобрува циркулацијата на целото телобез обзир на местото каде што се изведува. После дренажата се зголемува и диурезата. Доколку во текот на третманот се јави потење тоа е знак дека циркулацијата е преоптеретена, третманот се прекинува и можи да се продолжи дури другиот ден.Исто така помага во работата на нервниот систем, го намалува крвниот притисок, го смалува стресот и го подобрува сонот.

Траењето на третманот е околу 45 минути до 1 час, иако првиот ден не трба да трае подолго од 20 минути.

Индикации за мануелна лимфна дренажа

- лимфедеми секундарни ипримарни,- парези на фацијалис и хемиплегии како увод вово терапија,- хроничен ревматизам на зглобови,- големи контузии и хематоми,- лузни од изгореници,- дисторзии на зглобови,- во козметички третмани, пример при отстранување на целулит и

друго,- мигренски главоболки,- затанати синуси и др.

Контраиндикации за мануелна лимфна масажа

- акутни воспаленија,

Page 5: Лимфна дренажа

- метастатска болест,- тромбоза, па дурии сомнеж на развој на тромбоза,- едеми од кардијално и бубрежно потекло,- јаки болни состојби.

4. ТЕХНИКИ НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Основната техника се содржи одчетири движења.1. Кружни движења - прстите со целата своја површина се припиени

на местото кое се обработува. Кружните движења се изведуваат со подмрднување на ткивото (кожата) во насока на ток на лимфата. Зависно од површината која се обработува, кружните движења се изведуваат со четири или осум прсти. Постојат и варијации кога движењето се изведува спирално во насока на лимфниот тек.

2. Движење со пумпање – се изведува од рачниот зглоб така да прстите и дланката на раката се спуштаат на кожата од воларна флексија до потполн контакт со кожата и со тоа изведуваат движење спрема дорзална флексија во рачниот зглоб. Движењето се изведува наизменично и добива изглед како пумпање. Кај ова движење е важно да прстите и дланката што повеке припиени за кожата и движењето да се изведува заедно со ткивото односно кожата, а не површински.

3. Вртливо движење – Се употребува кај обработка на поголеми површини ( грб и колкови ). Движењето започнува со подигнат рачен зглоб од површината , а дланката и прстите свртени надолу. Рачниот зглоб се спушта према себе ,дланката и прстите се испружуваат,а потоа заротируваат во смер на лимфата. После тоа се враќа подигнатиот рачен зглоб на почетната позивија,на местото каде што движењето се завршилои се повторува.Ова движење може да се изведува само на палците, ако е површината мала како на пример кај прстите, дорзумот на шаката, дланката, дорзумот на стапалата и слично.

4. Гладење – тоа е исто движење како кај класичната масажа. Со ова движење се помага празнењето на површинските вени. Дланката и

Page 6: Лимфна дренажа

прстите се припиени за кожата, а движењето се изведува рамномерно по целата површина. Со гладење се започнува и се завршува секоја мануелна лимфна денажа.

5. МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА НА ЛИЦЕ

Лимфната дренажа на лице ја потикнува циркулацијата и го опушта лицето, ја смалува подбухлоста на кожата која настанува од успорувањето на лимфата од секојдневниот замор, стрес, ненаспиеност. Исклуцително ефикасна е кај пост оперативните зафати на лицето-ги смалува отоците на лицето после операцијата како и помага во воспоставување на нормална циркулација на лимфата низ кожата. Се изведува и кај состојба на суво лице, проблеми со акни и кај себореја. Третманот трае 15 минути за проблеми од секојдневниот замор и подбухлост или 30 минути за проблеми со отоци после фацијалниоперации.

6. МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА НА РАКА

1. Долга ефлеража 2. Се свиткува раката, се третира со двете раце надлактицата3. Зафат со пумпање преку m.deltoideus,4. Кружење со дланките по m.deltoideus,

Page 7: Лимфна дренажа

5. Се обработуваат лимфните јазли во аксиларната јама кружно лесно и темелно,

6. Движење со пумпање поместување на надлактицата,7. Лактот – се потиснува со дланката и престите, потоа се круќи со палецот

околу епикондилите од внатрешната страна према надвор,8. Движење со кое кја поместуваме подлактицата на сите страни 9. Кружење со палците околу рачниот зглоб,10. Обработка на просторот измеѓу метакарпалните коски со вртливи

движења на палците,11. Обработка посебно на секој прст,12. Со палците се дренира дланката ( наизменично и паралелно ),13. Долга ефлеража.

Лимфедем лимфна дренажа на рака

Page 8: Лимфна дренажа

7. МАНУЕЛНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА НА НОЗЕ

1. Долга ефлеража

2. Зафат на пумпање преку цела натколеница паралелни и наизменично

3. Пумпање - придвижување- на меијалната страна на натколеницата ( 3-5X )- на предната страна на натколеницата ( 3 -5X )- на латералната страна на натколеницата ( 3 -5X )

4.Стоечки кругови - на препонските лимфни јазли ( 3- 5X ) - на внатрешната страна на натколеницата ( големи кружнидвижења со осум прсти )

5.Пумпање –придвижување на внатрешната страна на на коленото

- стоечки кружни движења на задколената јама ( 3- 5X )- чашкатасе обработува совртливи движења со палеците ( 3- 5X )- движење со пумпање преку чашката - стоечки кругови преку чашката

6.Обработка на подколеницата ( ногата флектирана во колкот )

7.Ахиловата тетива се обработува со 8 прсти со стоечки кругови према горе 8. Обработка на скочниот зглоб со палците

9. Обработка на дорзумот на стапалото со вртливи движења со палците измеѓу метатарзалните коски,

Page 9: Лимфна дренажа

10. Паралелни кругови со палците на областа на “лимфното езерце “ 11. Истегање и местење на сводот на стапалото,

12. Завршна ефлеража

Мануелната лимфна дренажа на нозетe многу често се користи и во козметичките салони посебно како антицелулитна лимфна масажа .

8. ПРЕДНОСТИ НА РАЧНАТА ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Рачаната лимфна дренажа е превентивно и дополнително лекување. Повеќекратно позитивно делува на човечкиот организам. Бидејки постојат многу малце контраиндикации за мануелна лимфна дренажа се применува кај многу патолошки процеси ,го активира лимфниот состав после хируршки зафати и терапии со зрачење ,ги ублажува долго долготрајните лузни и задебелувања на кожата,го подигнува имунитетот во зафатениот екстремитет. Крисна е и во многу состојби кои не се поврзани со лимфедеми, венски едеми,липедеми, а се користи и против бори, акни, главоболки, пред менструација, како помош при слабеење. Со лимфна дренажа се постигнува рамнотежа на течностите во организмот и се подобрува општата состојба на организмот. Рачната лимфна дренажа делотворна е и во мисијата на отстранување на целулитот со тоа што со дренирање на вишокот на течности од сврзното ткиво

Page 10: Лимфна дренажа

се подобрува снабдувањето на клетките со кислород , се отстрануваат отпадните произвиоди и се заменуваат со корисни хранливи супстанции кои доаѓаат од крвотокот. Со дренажа се дејствува и на подобрување на изгледот на кожата.

9. АПАРАТНА ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Покрај мануелната дренажа во праксата се употребува и апаратна дренажа.Апаратната лимфна дренжа работи на принцип на на испрекината пнеуматска компресија ( пресотерапија )Постојат повеќе апарати од повеќе производители кои содржат механизам кој создава притисок ,а од апаратот се пренесува до манжетните со црева и тоа пооделно за секое ниво на манжетната, за еден или два екстремитети пооделно. Апаратната лимфна дренажа се прави на два начини и тоа

- со помош на надпритисок - со помош на подпритисок

Лимфната дренажа со помош на надпритисок се изведува со помош на посебен апарат кој полни воздух во посебни манжетни што ги ставаме околу зафатениот предел. Интермитентниот притисок што се менува со нормалниот притисок во ткивата доведува до промена на рамнотежата на Стерлинговите сили и на тој начин и до умерено покачување на протокотзаради раширените лимфни садови. Во втората фаза заради благиот натпритисок доаѓа до дренирање на венската крв и лимфната течност низ ткивата.

Page 11: Лимфна дренажа

АПАРАТНА ЛИМФНА ДЕНАЖА

Позитивни ефекти на апаратната лимфна дренажа:

- телото не се терети со лекови- ја подобрува циркулацијата - помага во исфрлање на токсижните супстанции од организмот - примената на пресотерапија погодно делува на процесите на

оздравуванје во човечкиот организам- составен дел е на модерната рехабилитација и регернеративната

нега- делува на разбивање и разградување на целулитот- помага кај отоци на нозете- поефекна и поделотворна е од рачната дренажа затоа што не

постои можност за грешка

Page 12: Лимфна дренажа

Индикации за апаратнна лимфна дренажа: Медицински;

- вени ( венозна инсуфициенција )- синдром на карпален тунел ( пре и пост оперативно )- Рејнаудов синдром- Неуропатија - Неуралгија- Исхемиско заболувања на долните екстремитети- Дијабетска ангиопатија- Акроцијаноза- Алгодистрофискисиндром- Хронични едеми- Артроза- Гихт- Холартритис- Трофички пореметувања на кожата- Онкологија ( после радиотерапија )- Посттрауматска нега ( изгореници,лузни )

Естетски- целулит- превентива на варикозни вени- липоедеми- синдром на тешки нозе- детоксикација- подобруваењ на тонусот на нозете- пост-липосукциска нега.- Намалување на телесната тежина и др.

Page 13: Лимфна дренажа

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА- интернет- www.medicinskaskolauzice.com - www.fizioterapija- biondic.com- Praktikum po fizikalna terapija ( Elizabeta Popova

Ramova)-

Page 14: Лимфна дренажа

СЕМИНАРСКА РАБОТА

По предметот

МЕДИЦИНСКА МАСАЖА

ЛИМФНА ДРЕНАЖА

ИЗРАБОТИЛ

Марија Димитрова

МЕНТОР

Пред. М-р. Викторија Продановска Стојчевска

Висока медицинска школаБитола

11.06.2012

Page 15: Лимфна дренажа

СОДРЖИНА

1. Лимфен систем2. Лимфедем3. Видови лимфна дремажа3.1 мануелна лимфна дренажа4. Техники на изведување лимфна дренажа5. Мануелна лимфна дренажа на лице6. Мануелна лимфна дренажа на рака7. Мануелна лимфна дренажа на нозе8. Предности на рачната лимфна дренажа9. Апаратна лимфна дренажа10.Користена литература.