Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за...

36
ДА ОДГЛЕДУВАМЕ ПОВЕЌЕ ПЧЕНКА КАКО ДО ПОВИСОКИ ПРИНОСИ И ПОКВАЛИТЕТНА ПЧЕНКА

Upload: usaidsbep

Post on 20-Oct-2015

52 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

Просечните годишни приноси на пченка во Македонија изнесуваат 4,2 тони по хектар, речиси двојно помалку од регионалните просечни приноси од 8 тони по хектар. Земајќи го предвид фактот дека нови земјоделски површини се тешко достапни, единствениот начин за остварување на рентабилно производство на пченка е зголемување на приносите на постоечките површини со примена на нови технологии и протоколи за производство.Со цел да се докаже успешноста на овој пристап за зголемување на приносите, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во 2013 година ја спроведе пилот иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Како дел од иницијативата, 40 земјоделци од Полог и Пелагонија за прв пат во Македонија одгледуваа пченка со помош на системите за наводнување капка по капка, следејќи ги упатствата за ѓубрење, наводнување и заштита кои се содржаниво овој прирачник.

TRANSCRIPT

Page 1: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

ДА ОДГЛЕДУВАМЕ ПОВЕЌЕ ПЧЕНКАКАКО ДО ПОВИСОКИ ПРИНОСИ И ПОКВАЛИТЕТНА ПЧЕНКА

Page 2: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка
Page 3: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

ИздавачПроект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

За издавачотКарл Ларкинс

АвторПроект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Стручни соработнициДимче Дамјановски, дипл. инж. агрономИван Постоловски, дипл. инж. агроном

Издавањето и печатењето на оваа публикација е овозможено од

USAIDUnited States Agency for International Development

Тираж: 5000 примероци

Графичка подготовкаПроект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

Page 4: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Содржина

Вовед ...................................................................................................................... 5

Значење и употреба на пченката .......................................................................... 6

Климатски услови и почва ..................................................................................... 7

Развојни фази на пченката .................................................................................... 8

Плодоред и подготовка на почва .......................................................................... 9

Ѓубрење ............................................................................................................... 10

Време на сеидба .................................................................................................. 12

Начин на сеидба и густина на насадот ............................................................... 13

Нега за насадот .................................................................................................... 14

Заштита од болести ............................................................................................. 15

Заштита од плевели и штетници ......................................................................... 16

Наводнување........................................................................................................ 17

Наводнување со систем капка по капка ............................................................. 19

Поставување на систем капка по капка .............................................................. 21

Жетва .................................................................................................................... 23

Силажа ................................................................................................................. 24

Календар за одгледување на пченка ................................................................ 26

Работна книга за одгледување на пченка ........................................................ 28

Page 5: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Вовед

Просечните годишни приноси на пченка во Македонија изнесуваат 4,2 тони по хектар, речиси двојно помалку од регионалните просечни приноси од 8 тони по хектар. Земајќи го предвид фактот дека нови земјоделски површини се тешко достапни, единствениот начин за остварување на рентабилно производство на пченка е зголемување на приносите на постоечките површини со примена на нови технологии и протоколи за производство.

Со цел да се докаже успешноста на овој пристап за зголемување на приносите, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во 2013 година ја спроведе пилот иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Како дел од иницијативата, 40 земјоделци од Полог и Пелагонија за прв пат во Македонија одгледуваа пченка со помош на системите за наводнување капка по капка, следејќи ги упатствата за ѓубрење, наводнување и заштита кои се содржани во овој прирачник.

Благодарение на подобреното наводнување и протоколите за производство, приносите на овие 40 земјоделци се зголемија за 4,8 тони по хектар кај оние кои одгледуваа пченка за зрно (од 8,2 на 13 т/ ха) и за 17 тони по хектар кај оние кои одгледуваа пченка за силажа (од 48 на 64 т/ха). Максималните приноси беа уште повисоки, со рекорд од 17,5 тони по хектар за зрно и 112 тони по хектар за силажа.

Целта на овој прирачник е да им помогне на производителите на пченка во Македонија да ги постигнат истите високи приноси со помош на успешните препораки кои произлегоа од пилот иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Со внимателно следење на препораките опишани на следните триесетина страни, ќе заштедите скапоцено време и пари, а истовремено ќе постигнете повисоки приноси и рентабилен модел на производство.

5

Page 6: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Значење и употреба на пченката

Пченката е култура која има висока стопанска вредност. Според површините кои се садат во светот, по пченицата и оризот пченката е на трето место меѓу житните килтури со 160 милиони хектари чиј просечен принос изнесува над 5 тони по хектар. Таа има широка примена и претставува многу значајна прехранбена, фуражна и индустриска култура. Пченката има висока хранлива вредност и се користи во сите сегменти на човековата и добиточната исхрана, но и за потребите на индустријата.

Употребата на пченката во човековата исхрана се појавува во разни форми за директна исхрана на човекот (варена, печена, конзервирана, итн.) или во преработени форми (како брашно, масло за јадење, чипсови, смоки, итн). Пченката е една од најважните култури за исхрана на добитокот и претставува составен дел од производството на сите смеси за крмење кои се користат во исхраната на добитокот со 50% од составот или со употреба на целото растение како силажа.

Пченката има сè поголемо значење и во индустриската преработка. Од пченката денес се произведуваат преку 500 производи во фармацевтската, козметичката, алкохолната, текстилната, хемиската и други индустрии.

Во производството на пченката најчесто се користат хибриди кои се добиени со вкрстување на определени сорти. Меркантилната пченка, поради нејзината специфичност, не се препорачува да се користи како семенски материјал бидејќи приносите може да се намалат и до 50%. Затоа и цената на семенската пченка е и до десет пати повисока од меркантилната пченка.

6

Page 7: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Како растение на кое му е потребна топлина пченката е осетлива на мраз и недостаток на вода. Минималната температура за почетниот раст и развој на пченката е 8°С, додека во текот на вегетацијата изнесува 12°С. Оптималната температура во текот на вегетацијата изнесува од 24 до 28°С. Надземниот дел на пченката смрзнува на -1°С, и во случај на појава на доцни мразеви (на 6 или повеќе листови), насадот може да биде уништен.

За добар принос кај пченката потребни се 500-600 мм вода во текот на вегетацијата, меѓутоа најголемата потреба од вода се јавува во развојните фази свиларење–оплодување и налевање на зрното.

Што се однесува до почвата, пченката дава нaјдобри резултати на плодна, длабокопропустлива и растресита почва, која задржува повеќе вода. Помалку успешна е кај лесни, песокливи и тешко глинести почви. Не се препорачува одгледување на пченка на кисели почви и на парцели со наклон поголем од 5%.

Климатски услови и почва

Разлика во распределба на вода според тип на почва

Средна ЛеснаТешка

7

Page 8: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Вегетативниот циклус на пченката е поделен во 12 фази и за секоја фаза при производството на пченката се потребни соодветни агротехнички процеси со кои ќе се обезбеди оптимален принос.

Секоја фаза се карактеризира со одреден вегетативен стадиум од развојот на пченката и секоја од фазите има одредено времетраење.

Развојни фази на пченката

Фази Денови Карактеристики

VE 5 Проникнување на зрното

V1 9 Формирање на прв лист

V2 12 Формирање на втор лист

Vn 16 - 23 Формирање на лисната вегетација

VT 55 Појава на цвет

R0 57 Формирање на метлици и почеток на опрашување

R1 59 Свиларење

R2 71 Формирање на клипот

R3 80 Млечна фаза на зрното

R4 90 Формирање на зрното

R5 102 Зреење на зрното

R6 112 Физиолошка зрелост (влажноста на зрното е приближно 35%)

8

Page 9: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Во изборот на предкултура кај пченката не постојат ограничувања.Таа може да се одгледува како монокултура, по окопни и индустриски култури, но најпрепорачливо е како предкултура да се засадат легуминози/мешункасти растенија (добиточен грашок, маслодајна репка) и житарици.

Избегнување на монокултура се препорачува во региони каде има опасност од појава на пченкарна златица или појава на треви и корови како што се сирак, кањуш, итн.

Основната обработка на почвата зависи од предкултурата. Истата треба да се изврши во текот на есенскиот период на длабочина од 25 до 30 см, а заедно со обработката се препорачува и основно ѓубрење.

Рано на пролет се препорачува да се започне со дополнителна подготовка, дообработка или култивација на почвата со цел задржување на водата во почвата и квалитетна подготовка на истата за сеидба. На тешки почви се препорачува и есенска култивација (танирање) на почвата.

Пред сеидбата треба да се обезбеди ситнозрнеста структура на почвата со постилка спремна за поставување на семето при сеидба. Најпрактична алатка за оваа операција е сетвоспремачот со прилагодена длабочина на обработка.

Доколку како предкултура на пченката е засеан добиточен грашок или маслодајна репка, се препорачува заорување на остатоците од културата на длабочина од 20 до 25 см и култивација на парцелата пред сеидба.

Плодоред и подготовка на почва

9

Page 10: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Најсигурен, најточен и најрационален начин за планирање на ѓубрењето на земјоделските култури е со правење на анализа на почвата.

За добивање на 100 кг сува материја кај пченката потребно е да се обезбедат: • 2,5 – 3,6 кг N (азот) • 0,8 – 1,2 кг P2O5 (фосфор пентоксид) • 2,7 – 3,1 кг K2O (калиум оксид)

Преку ѓубрењето потребно е да се обезбедат: • 300 – 350 кг N (азот) • 100 – 180 кг P2O5 (фосфор пентоксид) • 300 – 350 кг K2O (калиум оксид)

Најефикасниот начин за прихрана на пченката е аплицирање на ѓубриво преку системот за наводнување капка по капка со кој хранливите материи полесно се апсорбираат од растението.

Ѓубрење

Инјектор за ѓубрењесо систем капка по капка

Сад со растворено ѓубриво

Кон главната цевка

Инјектор

Од изворот на вода

10

Page 11: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

За прихрана на пченка преку системот капка по капка се препорачува следнава програма:

Дополнително, се препорачува наѓубрување со 30-50 т/ха прегорено арско ѓубре на секои три години. Арското ѓубре не само што обезбедува хранливи материи за развој и раст на пченката, туку и влијае на подобрувањето на квалитетот на структурата на почвата.

За прихрана на пченка со останатите видови на наводнување се препорачува следнава програма:

Развојна фаза Ѓубриво Количина

Пред сеидба – аплицирање на гранулирано ѓубривоYara Mila Panter или Yara Mila Universe или Yara Mila Leopard

300 кг/ха

Вегетативен пораст Yara Vera Amidas или Yara Mila Sprinter 150 кг/ха

До цветање Yara Vera Amidas или Yara Mila Sprinter 100 кг/ха

Опрашување и оплодување Yara Mila Complex и Yara Vera Amidas

100 кг/ха 50 кг/ха

Налевање на зрното Yara Mila Complex или Unika Kali

180 кг/ха 150 кг/ха

Развојна фаза Ѓубриво Количина

Пред сеидба – аплицирање на гранулирано ѓубривоYara Mila Panter или Yara Mila Universe или Yara Mila Leopard

300 кг/ха

Вегетативен пораст Yara Vera Amidas 40 0 0 150 кг/ха

До цветање – преку капка по капка Kristalon 19-6-6 50 -100 кг/ха

Опрашување и оплодување – преку капка по капка Kristalon 19-6-20 100-150 кг/ха

Налевање на зрното – преку капка по капка Kristalon 15-5-30 100-150 кг/ха

11

Page 12: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Оптималното време за сеидба на пченката се одредува во зависност од минималните температури на почвата, имајќи ја предвид минималната температура од 10°С потребна за ’ртење на семето. Затоа е важно да се избегнат последните пролетни мразеви. Поради различниот релјеф и климатските услови низ Македонија, оптималниот период за почеток на сеидбата во одредени подрачја е од средината на април до средината на мај. Зависно од почетокот на сеидбата се препорачува изборот на хибридите да биде усогласен според времето на сеидба. Доколку се сее во средината на април се препорачуваат хибриди со подолга вегетација, а доколку сеидбата поради временските услови е задоцнета, соодветно е да се употребуваат хибриди со покуса вегетација.

Според должината на вегетацијата од сеидба до зреење, хибридите се поделени во десет FAO -групи на зреење кои се обележани со броевите од 100 до 1000.

На крајот, кај одредени хибриди, по бројот постојат и дополнителни ознаки како: „b“ (бело зрно), „t“ (тврдо зрно), „k“(кокичар-пуклива), „ulj“ (за масло),„O2 “ (лизински), „s“ (силажа) итн.

Време на сеидба

FAO група на зреење Вегетација Број на денови

100 Најрани До 100

200 Многу рани 100-110

300 Рани 110-120

400 Рани 110-120

500 Средно рани 120-130

600 Средно рани 120-130

700 Средно рани 130-140

800 Средно рани 130-140

900 Доцни 140-150

1000 Најдоцни Над 150

12

Page 13: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Се препорачува сеидбата да се изведе машински (со сеалка) на растојание меѓу редовите од 70 см. Растојанието меѓу растенијата во редот зависи од хибридот и намената на посевот. Според начинот на сеење, земајќи ги предвид растојанието меѓу редовите и растојанието меѓу растенијата, може да се предвиди бројот на зрна потребни за еден хектар. Нормите за густина на насадот се прикажани во следнава табела:

Количината на семе за сеидба е различна бидејќи има различни подвидови и хибриди кои се сеат со различна густина. Приближната количина на семе при сеидба на пченка за зрно изнесува 75.000-80.000 зрна по хектар или 15-20 кг/ха, додека при сеидба на пченка за силажа се препорачува густина на сеење од од 80.000 до 90.000 зрна по хектар или 35-40 кг/ха. Нормата за сеидба треба да биде 10% повисока од посакуваниот склоп или според декларацијата на производителот каде што е наведен процентот на ’ртење.

Длабочината при сеидбата треба да се усогласи со периодот на сеидбата, при што во порана сеидба кога температурата е околу 8°С се препорачува да се сее на длабочина од 3-4 см, додека при подоцна сеидба поради поголемата потреба од влага и избегнување на сувиот горен слој на почвата се препорачува сеидба на 7-8 см.

Начин на сеидба и густина на насадот

Растојание меѓу редови

60 см 65 см 70 см 75 см

Раст

ојан

ие м

еѓу

раст

ениј

ата

во е

ден

ред 15 см 111.110 зрна/ха 102.500 зрна/ха 96.200 зрна/ха 88.800 зрна/ха

20 см 84.300 зрна/ха 76.900 зрна/ха 71.400 зрна/ха 66.700 зрна/ха

25 см 66.700 зрна/ха 61.500 зрна/ха 57.100 зрна/ха 53.300 зрна/ха

30 см 55.500 зрна/ха 51.300 зрна/ха 47.600 зрна/ха 44.400 зрна/ха

35 см 47.700 зрна/ха 43.900 зрна/ха 40.800 зрна/ха 38.100 зрна/ха

40 см 41.700 зрна/ха 38.500 зрна/ха 35.700 зрна/ха 33.300 зрна/ха

45 см 37.000 зрна/ха 34.299 зрна/ха 31.700 зрна/ха 29.600 зрна/ха

13

Page 14: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Валање е мерка која обично се извршува веднаш по сеидбата за воспоставување на подобар контакт на семето со почвата. Валањето не е задолжително доколку сеидбата се извршува на нормално влажна почва.

Доколку поради појава на големи дождови се појави покорица која би го отежнала про’ртувањето на семето, се врши култивација со лесна брана која ќе ја разруши покорицата пред про’ртувањето на семето.

По проникнувањето на семето, ако постои потреба, се извршуваат и неколку меѓуредови култивации кои имаат за цел уништување на плевелите и разровкување на почвата за создавање оптимални услови за развој на пченката. Доколку е потребна, оваа култивација се извршува по појавата на 2-3 листа кај пченката и зависно од потребите може да се повтори 1-3 пати.

Доколку насадот не се наводнува со системот капка по капка, при извршување на култивацијата меѓу редовите може да се аплицира прихрана со минерални и фолијарни ѓубрива.

Се препорачува следнава програма за прихрана:

Kristalon Special – два пати по 2,5 до 3,5 кг по хектар со потрошувачка на вода од 400 л по хектар

Seniphos – 5 л на хектар во фаза од 4 до 8 листа со потрошувачка на вода од 200 л по хектар

Zintrac – 1 л на хектар во фаза од 3 до 8 листа со потрошувачка на вода од 200 л по хектар

Нега за насадот

14

Page 15: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Во Македонија најчести болести кај пченката се: меуреста гламна, пегавост на листот и црвенесто гниење на кочанот. Болестите главно се контролираат со третирање на семето, па затоа не е потребен дополнителен третман за болести.

Овие болести најлесно се уништуваат со воведување на плодоред и замена на културата со култури кои не се од родот Пченка (Zea) и семејството Треви (Poaceae), како што се легуминози, маслодајна репа, итн. Исто така, како мерка за заштита од болести може да се спомне и употребата на нови хибриди кои се отпорни на одредени болести и чии семенски материјал поминува низ хемиски тестови уште пред почетокот на сеидбата.

Заштита од болести

Mеуреста гламна Пегавост на листотЦрвенесто гниење

на кочанот

15

Page 16: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Уништувањето на плевелите е една од најважните агротехнички мерки во призводството на пченка. Изборот на хербициди зависи од составот на плевелите во насадот и времето на сеидбата на пченката.

Заштитата од плевели се врши според видот на плевелите и истата може да се изврши пред сеидба, пред никнување или по сеидба. Заштитата е поделена во две групи на заштита против плевели, и тоа:

Linurex 50 SC – 1,5 л/ха на песокливи или до 2,5 л/ха на потешки почви (по сеидба и пред никнење)

Nicogan 40 SC – 1 л/ха (по сеидба, пред никнење)

Уништувањето на штетниците кај пченката е многу значајна активност која придонесува за добивање на оптимални приноси. Позначајни штетници кај пченката се: телени црви, совица, пченкин пламенец, лема и сива пченкина пипа.

Заштитата се врши со аплицирање на гранулирани инсектициди кои се аплицираат во почвата непосредно пред или за време на сеидбата. Може да се користи Pison 8-15 кг/ха со третирање во редови.

За уништување на штетниците најважно е третирањето пред сеидба со Pyrinex 48 EC 4-6 л/ха со инкорпорација на 10 см. Во текот на вегетацијата најчесто нема поголеми проблеми со штетници.

Следењето на агротехничките и развојните мерки (заорување и отстранување на остатоците по жетвата, избор на отпорни сорти или биолошко уништување на штетници), може значително да придонесе во борбата против штетниците.

Заштита од плевели и штетници

16

Page 17: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Наводнувањето е една од најважните мерки кои гарантираат висок принос кај пченката. Бројот на наводнувања и заливни норми е различен во зависност од развојната фаза на пченката и временските услови во регионот. Во почетокот, по сеидбата, заливните норми се помали, додека највисоката потреба за вода се јавува во фазата на развој на репродуктивните органи кај пченката.

Наводнување

Завиткани листови - симптом на недостаток на вода

Нормален лист

Лист оштетен од засолување

* Црвената линија претставува референтна евапотранспирација (загуба на вода преку испарување и транспирација) базирани на временските условите и животната средина. Сината линија ги зема во предвид растот и фазите на културата.

17

Page 18: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Недостатокот на вода во одредени фази на развој кај пченката може да доведе до следниве загуби на приносите (во тони по хектар):

Наводнувањето може да се врши со бразди, вештачки дожд и преку системот капка по капка. Системот капка по капка претставува најповолен начин за наводнување на пченката бидејќи обезбедува највисоки приноси и бара минимална работна сила и потрошувачка на енергија.

Наводнување со бразди Наводнување со капка по капка

Развојна фазаПроцент на дневни загуби на приносите поради

стрес на растението (минимум - просек - максимум)

Од сеидба до 4 лист --------------------

Од 4 до 8 лист --------------------

Од 8 до 12 лист --------------------

Од 12 до 16 лист 2.1% - 3% - 3.7%

Од 16 лист до пјава на метлици 2.5% - 3.2% - 4.0%

Опрашување (R1) 3.0% - 6.8% - 8.0%

Формирање на клип (R2) 3.0% - 4.2% - 6.0%

Млечна фаза на зрното (R3) 3.0% - 4.2% - 5.8%

Формирање на зрното (R4) 3.0% - 4.0% - 5.0%

Зреење на зрното (R5) 2.5% - 3.0% - 4.0%

Физиолошка зрелост (R6) 0.0%

18

Page 19: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Еден од најефикасните начини за наводнување на пченката е наводнувањето со систем капка по капка. Преку ваквиот начин на наводнување водата се искористува дури до 99%, додека стресот во вегетативниот развој на растението се намалува на минимум. Предноста на овој тип наводнување е во можноста за непречено и рамномерно наводнување на кореновиот систем на пченката, но и во можноста за апликација на ѓубрива во текот на целата сезона. При вакво наводнување растението добива оптимални услови за развој и дава максимални приноси.

Во Македонија, во 2013 година, со употреба на системот за наводнување капка по капка приносите кај пченката се рекордни. При наводнување на пченка за зрно се добиле максимални приноси од 17,5 т/ха, додека за производство на силажа приносите достигнале максимални 112 т/ха.

Наводнување со систем капка по капка

Распространување на вода со систем капка по капка

19

Page 20: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Придобивки од употреба на системот капка по капка во насади со пченка

Овој систем овозможува достигнување на највисоките можни приноси во зависност од генетскиот потенцијал на сортата. Пченката наводнувана со капка по капка може да достигне приноси на зрно над 17 т/ха и приноси на силажа над 120 т/ха.

Може да се определи времето кога да се залеваат насадите, како и точната количина на вода што треба да се употреби, што помага при намалувањето на загубите во приносите од стрес на растението;

Се избегнува прекумерното наводнување кое може да биде многу штетно;

Овозможува културата постојано да има доволно вода за успешен раст и развој, односно високи приноси;

Се заштитува животната средина бидејќи на растенијата им се дава онолку вода колку што и е потребно на културата, без непотребни загуби на вода во почвата;

Овозможува лесно и брзо додавање на ѓубрива преку системот (фертиригација). На тој начин над 90% од хранливите материи се впиваат во корењата на растенијата, повеќе од кој било друг начин на ѓубрење;

Овозможува лесно и брзо аплицирање на заштитни средства преку системот, со што ефектот на приносите е уште поголем;

Залевањето може многу лесно да се контролира, што не е случај со другите техники на наводнување, особено површинските.

20

Page 21: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Системот капка по капка се поставува веднаш по завршувањето на сите агротехнички мерки по сеидбата, по меѓуредовата култивацијата на почвата, каде остануваат на насадот сè до пред жетвата. Пред жетвата системот се собира и складира и истата операција се повторува секоја година.

Поставувањето на системот капка по капка може да биде рачно или машинско. При рачно поставување на системот на еден хектар потребни се 2 до 3 часа, и истиот се користи за наводнување на парцелата преку целата сезона. При собирање на системот исто така се потребни 2-3 часа. При машинско поставување или собирање на системот времетраењето на оваа операција се намалува за помалку од еден час.

Поставувањето на системот капка по капка се состои од поставување на латералните капалки на системот меѓу два реда пченка. Истиот се користи и за наводнување и за ѓубрење на пченката. Многу е важно сите капалки да даваат исто количество на вода за да се овозможи прецизно распределување на хранливите материи.

Поставување на систем капка по капка

Зона на наводнување на системот капка по капка

21

Page 22: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Наводнувањето се извршува според потребите за вода на растението во секоја фаза на неговиот развој. Табелата подолу ја прикажува потребата на пченката за наводнување во целиот нејзин вегетативен период.

Растворено ѓубриво

Хидроциклон филтер

Извор на вода

Пумпа

Диск филтер

Главна цевка

Латерални црева

Капалки

Инјектор за ѓубриво

Основни делови на системот капка по капка

Развојна фаза Наводнување Количина

По сеидбаДоколку нема доволно врнежи, наводнување со систем капка по капка или прскалки

1-2 мм дневно

Вегетативен пораст Систем капка по капка 3-5 мм дневно

Цветање Систем капка по капка 5-6 мм дневно

Опрашување и оплодување Систем капка по капка 6 мм дневно

Налевање на зрното Систем капка по капка 6-7 мм дневно

22

Page 23: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Врз основа на потребата за користење на пченката, жетвата може да се подели на два начина.

Првиот начин е жетва за суво зрно која се препорачува да се изврши кога влажноста на зрното е под 30%. Доколку жетвата се врши во зрно, се препорачува сушење на зрното до 14%, а во случај кога жетвата се врши во клип истото може да се исуши по природен пат.

Доколку жетвата се врши за подготовка на силажа, најповолен момент за жетва е кога пченката е во фаза на восочна зрелост, кога влажноста на зрното достигнува 30%.

Жетва

Пченки наводнувани по бразди (лево) и со систем капка по капка (десно)

23

Page 24: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Силажата е начин на производство на кабаста храна која се заснова на користење конзервирана храна во текот на целата година. Конзервираната добиточна храна, т.е. силажата, има широка примена при исхраната на добитокот. Квалитетната силажа е основен елемент во добрата исхрана на добитокот.

Предноста на силажата е во тоа што овозможува стабилна и балансирана исхрана на кравите во текот на годината, со што се добива поголемо и поевтино производство на млеко и месо. Органите за варење, желудникот и целиот организам на кравата функционираат како една биолошка централа. Тоа значи дека на микроорганизмите во органите за варење им се потребни 25 до 30 дена да се навикнат на секој нов начин на исхрана доколку таа е нерамномерна и неурамнотежена. Притоа, кравата мора да троши телесни резерви што доведува до големи губитоци во приносите на млеко и месо. Количеството на силажа во исхраната (дажбите) на молзните крави варира, но може да оди најмногу до 8 килограми силажа на 100 килограми телесна маса (пр: крава од 500 килограми телесна маса дневно треба да јаде максимум 40 кг силажа).

Најважниот фактор за производство на квалитетна силажа е соодносот на сува наспроти зелена материја во масата на силажата. Најквалитетна силажа од кабасти крми (пченка) се добива кога содржината на сувата материја е меѓу 30% и 35%. Идеално време за силажирање на пченката е кога влажноста на клипот е 32%, односно кога зрното содржи околу 27% влага.

Силажа

24

Page 25: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Силажирањето е сложен процес кој се одвива без присуство на воздух затоа што од материјалот кој се силажира (пченката) е клучно да се истисне целиот воздухот, но и да се спречи неговото повторно навлегување. Сето ова се постигнува со непропустливите ѕидови на силосот и со внимателно покривање на подготвената силажа со пластична фолија. Доколку силажата не се складира на овој начин, во неа ќе се развијат габи, квасци и мувла кои предизвикуваат расипување и големи загуби во хранливи материи.

Жетва на парцела со принос од 112 т/ха на силажа од пченка

Жетва на пченка за силажа наводнувана со систем капка по капка

25

Page 26: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Календар за одглеФ Е В Р У А Р И

М А Р Т

А П Р И Л

М А Ј

Ј У Н И

Основна обработка

Основна обработка

Заштита од плевели

Заштита од плевели

Заштита од инсекти

Заштита од инсекти

Сеидба

Сеидба

Валање

Валање

Меѓуредова култивација

Меѓуредова култивација

Меѓуредовни култивацииНаводнување Ѓубрење преку

капка по капка

Основно ѓубрење

26

Page 27: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Ј У Л И

А В Г У С Т

С Е П Т Е М В Р И

О К Т О М В Р И

Н О Е М В Р И

• Заштитата од плевелите се врши според видот на плевелите и истата може да се изврши пред сеидба, пред никнување или по сеидба;

• Заштитата од инсекти се врши со гранулирани или течни инсектициди кои се аплицираат во почвата непосредно пред или за време на сеидбата;

• Валањето обично се врши веднаш по сеидбата за воспоставување на подобар контакт на семето со почвата;

• Основната обработка на почвата се врши на длабочина од 25 до 30 см.

Наводнување

Наводнување

Наводнување

Ѓубрење преку капка по капка

Ѓубрење преку капка по капка

Берба

Берба Основна обработка

Основна обработка

дување на пченка

27

Page 28: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Страниците кои следуваат се наменети да служат како работна книга во која е препорачливо да се бележат податоците за агртотехничките операции, ѓубрењето, наводнувањето, заштитата и жетвата на пченката во текот на една година.

Следењето и бележењето на операциите за одгледување на пченка е важен чекор во подобрувањето на приносите затоа што овозможува нивно прецизно прилагодување од година во година, во согласност со состојбата на почвата, временските услови и останатите променливи фактори. Водењето на работна книга исто така го олеснува процесот на пресметување на приходи и расходи во дадената сезона, со што се олеснува и планирањето на финансиите за наредниот циклус на производство.

Работна книга за одгледување на пченка

28

Page 29: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Податоци за агротехнички операции

Име и локација на парцела Дата Агротехничка операција

29

Page 30: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Податоци за ѓубрење

Име и локација на парцела Дата Име на ѓубриво Количина

30

Page 31: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Податоци за наводнување

Име и локација на парцела Дата Вид на

наводнувањеВреметраење на наводнувањето

31

Page 32: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Податоци за заштита

Име и локација на парцела Дата Име на производ

за заштита Количина

32

Page 33: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

Податоци за жетва

Име и локација на парцела Дата Начин на жетва

(зрно, клип, силажа) Количина

33

Page 34: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 633.15(497.7)(035) ДА одгледуваме повеќе пченка : како до повисоки приноси и поквалитетна пченка / [стручни соработници Димче Дамјановски, Иван Постоловски]. - Скопје : Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, 2013. - 36 стр. : илустр. ; 21 см ISBN 978-608-65640-3-2 а) Пченка - Одгледување - Македонија - ПрирачнициCOBISS.MK-ID 95599882

Page 35: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка
Page 36: Да одгледуваме повеќе пченка - прирачник за одгледување пченка