Пропорционален изборен модел со отворени или слободни...

39
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Правен факултет “Јустинијан Први” Скопје Предмет: Политички систем – применета програма Научно-истражувачка работа на тема: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија Ментор: Изработил:

Upload: blagoja-grcheski

Post on 28-Dec-2015

309 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Анализа на постоечкиот изборен модел во Р. Македонија и предлози за негово подобрување.

TRANSCRIPT

Page 1: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Правен факултет “Јустинијан Први”

Скопје

Предмет: Политички систем – применета програма

Научно-истражувачка работа на тема:

Пропорционален изборен модел со отворени или слободни

листи – можности за Република Македонија

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р. Рената Дескоска Благоја Грчески

Бр. инд. 39631

септември, 2012

Page 2: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Содржина

Вовед ................................................................................................................................ 3

Однос помеѓу изборниот и партискиот систем ........................................................... 6

Историски развој на македонскиот изборен и партиски систем ............................... 8

Карактеристики и ефекти на постојниот пропорционален

изборен модел на Република Македонија ................................................................... 13

Отворени кандидатски листи и модел на поединечен

пренослив глас (STV) .................................................................................................... 16

Можности и насоки за промена на изборниот систем ............................................... 20

Заклучок ......................................................................................................................... 24

Користена литература ................................................................................................... 26

2

Page 3: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Вовед

Изборниот систем претставува еден од најзначајните елементи на

политичкиот систем преку кој се извршува една многу значајна функција во политичкото

општество – се врши избор на утврдените кандидати за носители на највисоките

политички функции во државата, се оформува политичката власт и се оживотворува

демократското владеење во едно општество. Изборите се општа слика и главен показател

за демократскиот капацитет на едно општество и сите неговите квалитети и недостатоци.

Постојат две дефиниции за изборниот систем, поширока и потесна. Според

пошироката дефиниција изборниот систем се дефинира како збир на правила и постапки

кои се однесуваат на целината на изборниот процес, почнувајќи од самиот почеток до

неговиот крај, опфаќајќи ги тука и избирачките права на граѓаните, односно целокупната

изборна организација на системот. Додека потесната дефиниција изборниот систем го

дефинира како систем со чија помош се врши трансфер на резултатите од гласањето на

изборите во пратенички мандати, односно модус или формула според која се пресметуваат

дадените гласови и се претвораат во пратенички мандати. За потребите на оваа научно-

истражувачка работа, поимот изборен систем ќе го има значењето на потесната

дефиниција.

Креирањето на изборниот систем во една држава претставува една од најважните

институционални одлуки за секоја демократија, одлука која треба се донесе врз основа на

исцрпни анализи на општествените, политичките и институционалните фактори со цел да

биде остварен оштиот јавен интерес и да биде обезбеден демократскиот развој, иако во

практиката најголемиот број држави го изградиле својот изборен систем како резултат на

некоја конкретна политичка потреба, најчесто мотивирани од посебните партиски цели и

интереси.

Општиот критериум според кој се врши поделба на изборните системи е начинот

според кој се врши распределба на пратеничките мандати. Изборните системи се делат на:

3

Page 4: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

1. Мнозински изборни системи, во кои спаѓаат: плуралните изборни системи (first past

the post system), системот на балотажа (два изборни круга) и алтернативниот

изборен систем.

2. Полупропорционални изборни системи каде се вбројуваат системот на поединечен

непренослив глас и паралелниот систем.

3. Пропорционални изборни системи каде спаѓаат системите со отворени или

затворени партиски листи во кои се користат формулите на најголем остаток или

највисок просек.

4. Мешани изборни системи во кои се вбројува системот на поединечен пренослив

глас и голем број негови подваријанти во кои се тежнее кон балансирана

интеграција на принципите на персоналност во изборот и пропорционална

претставеност на партиите во однос со освоените гласови.1

Сите видови изборни системи имаат различни карактеристики и продуцираат

различни ефекти. Ова е во зависност не само од природата на изборниот систем, туку и од

реалните општествени услови и карактеристики на политичкиот систем каде што се

применуваат. Општите карактеристики на мнозинските изборните системи се нивната

едноставност, стабилност, го исполнуваат принципот на непосредност и персоналност во

изборот на кандидатите – се гласа директно за личност, а не за листа, влијаат кон

оформување на двопартиски систем со стабилна власт и опозиција. Негативните

карактеристики на мнозинските системи се тоа што се дискриминаторски поставени

спрема малите партии без силна локална база и спрема малцинствата, предизвикуваат

голем диспропорционалитет помеѓу добиените гласови и мандати, односно голем број на

гласови се изгубени, водат кон создавање на регионални феуди и се лесни за

манипулација со границите на изборните единици – gerrymandering.

Пропорционалните системи го решаваат проблемот со големата

диспропорционалност и губењето на гласовите со тоа што обезбедуваат пропорционална

застапеност на сите партии според бројот на освоени гласови од нивна страна, но од друга

страна овозможуваат фрагментација на партискиот систем што води кон коалициони и

1 Проф. д-р. Саво Климовски, доц. д-р. Тања Каракамишева - Политички партии и интересни групи – Скопје 2006, стр. 242

4

Page 5: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

нестабилни влади, се губи непосредноста во изборот на кандидатите избрани за

пратеници, кои повеќе се лојални кон партијата која ги поставила на листата отколку кон

граѓаните кои ги избрале.

Останатите полупропорционални и мешани модели имаат за цел да ги намалат

негативните ефекти на двата одделни вида изборни системи, и да извршат соодветно

задоволување на двата принципи: принципот на персоналност – непосреден избор на

претставниците од страна на граѓаните и принципот на пропорционалност –

пропорционална претставеност на сите партии во согласност со процентот на освоени

гласови.

Како што е наведено, изборот и креирањето на изборниот систем е многу

деликатна и тешка работа, со оглед на круцијалната улога која тој ја има во

овозможувањето на политичкото претставување и демократско владеење како и за

севкупниот демократски развој. Ова особено е комплицирано, со оглед на тоа што

изборниот систем е органски поврзан со партискиот систем, кој произлегува од

различната сегментираност на општеството.

Основното прашање на оваа научно-истражувачка работа е: кој изборен модел е

најсоодветен за македонските услови? Попрецизно, дали постојниот македонски изборен

систем дава задоволителни резултати и ги минимизира негативните ефекти или треба да

се направат определени измени? Со цел да се одговори на овие прашања, потребно е прво

да се објасни односот помеѓу изборниот и партискиот систем, потоа да се навлезе во

македонските услови на егзистирање и однос помеѓу овие два системи, преку нивниот

историски развој се до денешната состојба. Следејќи ги овие чекори, во наредните

страници ќе се обидам да ги објаснам овие политички и институционални односи и да

дадам соодветен одговор на погоре поставените прашања.

Однос помеѓу изборниот и партискиот систем

5

Page 6: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Изборниот систем заедно со партискиот систем претставуваат двата најзначајни

институционални елементи на политичкиот систем, преку кои се реализираат политичките

права на граѓаните. Преку партискиот систем, кој претставува стабилен систем на

политички односи помеѓу политичките партии кои релативно трајно постојат во

политичкиот систем, граѓаните ги остваруваат своите политички права на политичка

партиципација и контрола врз власта. Основните функции на партиите и партискиот

систем е да продуцираат кандидати за извршување на главните политички функции во

државата, да ги идентификуваат политичките проблеми и да понудат решенија и да ги

организираат политичките институции во државата – парламентот и владата. Изборниот

систем овозможува извршување на овие функции. Овие два системи се функционално

поврзани и неразделни, односно, постојат еден поради друг. Елиминирањето на едниот од

нив, повлекува бесмисленост во постоењето на другиот. Изборите се одржуваат во

интерес на политичките партии, политичките партии постојат поради изборите, изборите

се организираат за да ја претстават содржината на политичкиот простор во државата,

изборните системи може да функционираат само во рамките на содржината на партиските

системи и слично.2

Природата и карактеристиките на партискиот систем зависат од бројот на партиите

кои го сочинуваат, нивната идеолошка поделеност и спротивставеност во однос на

идеолошкиот интензитет и дистанција, пошироките општествено-економски односи,

нивото на економскиот развој на државата, политчката култура и тн. Еден од битните

фактори кои влијаат е и изборниот систем.

Односот помеѓу партискиот и изборниот систем е многу комплексен,

повеќедимензионален и двонасочен. Според класичната теорија на Морис Диверже,

односно според неговиот социолошки закон, изборниот систем еднонасочно влијае и го

дефинира партискиот систем така што: мнозинскиот изборни системи со релативно

мнозинство оформуваат двопартиски систем, мнозинските изборни системи во два

изборни круга оформуваат слабо фрагментиран повеќепартиски систем со неколку партии

2 Проф. д-р. Саво Климовски, доц. д-р. Тања Каракамишева - Политички партии и интересни групи – Скопје 2006, стр. 189

6

Page 7: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

сродни помеѓу себе, додека пропорционалниот изборен систем оформува повеќепартиски

систем. Но од друга страна, политичките партии кои се на власт, свесно го вршат изборот

на изборниот модел и ги утврдуваат правилата на игра во согласност со својот партиски

интерес.

Теоријата на Диверже премногу ја релативизира социјалната реалност и нејзините

потреби и главното значење го препишува на механичките закони на изборната формула, а

од друга страна и емпириската анализа покажува дека често се случувало определена

изборна формула да не го даде посакуваниот резултат во партискиот систем. Ова може да

се каже дека е случај и со Република Македонија кога го користеше мнозинскиот изборен

модел. Од друга страна, партискиот систем настанува под влијание на различните линии

на расцепување на општественото ткиво, пред се класно-социјалниот расцеп, расниот,

религиозниот, етничкиот културниот и слично. Сите овие линии на поделба на

оптштественото ткиво се основа за посебна политичка репрезентација, односно тежнеат

кон формирање на посебна политичка партија која ќе ги застапува нивните интереси.

Диверже тврди дека институционалниот детерминизам е доминантен и дека различните

социјални и други разлики нужно не предизвикуваат и политички разлики.

Може да се заклучи дека определен партиски систем настанува и се развива под

влијание на мноштво фактори како што се: различните поделби во општеството по класна,

етничка, религиска, културна и друга линија, степенот на општествено-економски развој,

политичката култура, изборниот систем и тн. Интересно е размислувањето на Липсет и

Рокан според кои партискиот систем претставува последица на историскиот развој на

општествените поделби во државата. Исто така, владејачките партии имаат главна улога

во определувањето на изборниот модел и тоа го прават најчесто во согласност со своите

партиски интереси. Значи односот помеѓу овие два системи е повеќедимензионален и

двонасочен. Од една страна, партискиот систем настанува од подлабоките општествени

корени и владејачките политички партии го определуваат изборниот систем, а од друга

страна, самиот изборен систем влијае кон институционално оформување и структурирање

на партискиот систем преку неговото фаворизирачко или дискриминаторско влијание врз

поголемите или помалите политички партии.

7

Page 8: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Историски развој на македонскиот изборен и партиски систем

Република Македонија, се до нејзиното осамостојување, имаше монистички,

еднопартиски систем и забрануваше политички (партиски) плурализам. Во системот на

Социјалистичка Република Македонија демократијата и плурализмот беа само апстрактни

концепти коишто се врзуваа со социјализмот како поими, во смисла на социјалистичка

демократија и плурализам на самоуправни интереси.

Непосредно по осамостојувањето, со започнувањето на транзицијата на

општествено-економскиот систем, плурализмот и демократијата добија сосема поинаква

содржина, во насока на политички и општествен плурализам, изградба на повеќепартиски

систем и оживување на цивилното општество. Новата самостојна, суверена, демократска

Република Македонија се постави на нови основи како парламентарна демократија со нов

либерален, демократски поредок.

Со амандманот број 59 на Уставот на СФРЈ, а со тоа и на Уставот на СРМ, за прв

пат се воведе политички плурализам и се гарантираше слобода на политичко

организирање и дејствување. Со имплементирањето на овој амандман им се одзеде на

Сјоузот на комунистите на Македонија и на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ

ексклузивното право да предлагаат кандидати за пратеници во новиот состав на

македонското собрание.

Политичката плурализација во Македонија се случи со многу нагласен интензитет,

слично како и кај другите југословенски републики. Веднаш на самиот почеток од

транзицијата, се случи плуралистичка експлозија на голем број политички партии, сојузи

и движења со најразлични политички платформи, од најрадикални до најрегресивни. Во

1990 година беа формирани 20 партии, а наредната година пред парламентарните избори

уште 12. Во текот на првата декада од македонскиот плурализам, на македонската

партиска сцена се појавија околу 80 политички партии, од кои што поголемиот број имаа

краток животен век. Основната карактеристика на сите ново-основани партии е нивниот

харизматски карактер, што во основа значи дека немаа демократски капацитет.

8

Page 9: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Првите слободни, демократски и повеќепартиски избори се одржаа применувајќи

една посебна, македонска варијанта на мнозински изборен модел во два изборни круга.

Според овој изборен систем, територијата на Република Македонија беше поделена на 120

изборни единици и во секоја од нив се избираше по еден кандидат. За избран во прв круг

се сметаше кандидатот кој освоил мнозинство од дадените гласови доколку тоа

мнозинство претставува најмалку една третина од вкупниот број на гласачи во таа изборна

единица. Доколку ниту еден кандидат не го освои потребниот број на гласови во првиот

круг, се одржува втор круг на гласање во кој учествуваат кандидатите кои освоиле

најмалку 7 % од гласовите кои биле дадени во првиот круг. Првиот круг од изборите се

одржа на 11 ноември, а вториот на 25 ноември 1990 година. На изборите учествуваа 18

политички партии, една општествена организација и 43 независни кандидати, а од нив во

Собранието влегоа 9 политички партии и 3 независни кандидати.

При изборот на изборниот модел, законодавецот сметал дека мнозинскиот модел во

два изборни круга најмногу одговара на актуелните општествени, економски и политички

состојби во државата, дека овој модел ќе го структурира македонскиот партиски и

поширокиот политички систем во стабилен поредок и ќе обезбеди создавање на стабилно

парламентарно мнозинство. Но спротивно на очекувањата, првите повеќепартиски избори

во Македонија произведоа полицентричен поларизиран парламент во кој ниту една

партија не освои апсолутно мнозинство.

Од друга страна, се случи асиметрија помеѓу бројот на освоени гласови и добиени

мандати. ВМРО-ДПМНЕ со совоени 24,24 % доби 38 пратенички места, додека СКМ-

ПДП (СДСМ) со освоени 24.08 % доби 31. Понатаму овој модел го повреди и принципот

на еднаквост на избирачкото право, бидејќи изборните единици имаа голема разлика во

бројот на гласачи.

Во тој период, а исто така и денес, не постои соодветна социјална профилираност

на политичките партии во општеството. Ниту една партија немаше конкретна социјална

втемеленост во избирачкото тело, немаше своја социјална база. Отсуството на социјални

движења се показател на голем авторитаризам, бидејќи партиите не се обраќаат и не

одговараат пред ниту еден социјален слој. Во Р. Македонија сите политички партии им се

обраќаа на сите граѓани. Оваа состојба предизвика хаос во конкретизирањето на

9

Page 10: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

политичко-идеолошките ориентации и програмските определби на сите партии. Ваквата

политичка состојба е донекаде и природна последица на излегувањето од “бескласно

општество” и непостоењето на политички избор на граѓаните на алтернатива различна од

либералниот демократски поредок со капиталистичка економија и НАТО и ЕУ

интеграција. Друга битна карактеристика е нагласената етнификација на партискиот

систем, односно формирањето на политичките партии се одвиваше строго по етничка

основа, и до денес не е организирана ниту една мултиедничка партија.

Политичките партии се создадоа и созреваа во периодот помеѓу првите и вторите

парламентарни избори (1990-1994 г.) и тогаш се случи првото партиско профилирање во

македонското општество кое што имаше карактер на атомизиран плурализам. Во овој

период беа основани повеќе од 60 политички партии што за македонското политичко

општество кое брои не повеќе од два милиони граѓани е премногу и претставува

екстремност. Сепак, иако се основаа огромен број на партии, на вторите парламентарни

избори учествуваа 38 политички партии од кои во парламентот влегоа ист број на партии

како и на првите избори.

И покрај разните дебати, расправи и трибини на тема кој изборен систем да биде

усвоен, вторите парламентарни избори од 1994 година се одржаа според истиот

мнозински изборен модел во два круга. Ефектот беше ист како и во изборите од 1990

година, со таа разлика што на вторите избори, најголемата опозициона партија ВМРО-

ДПМНЕ ги бојкотираше изборите после првиот изборен круг обвинувајќи ја власта за

изборен фалсификат. После овие избори во македонскиот политички систем се оформи

вонпарламентарна опозиција, што имаше многу штетно влијание за севкупниот

демократски развој на младата македонска демократија и ги влоши меѓупартиските

односи.

Големата диспропорција на вторите парламентарни избори, (Сојузот за Македонија

со освоени 30 % од гласовите доби 80 % од собраниските седишта), предизвика големо

незадоволство и ја зголеми решителноста кај политичките фактори за промена на

мнозинскиот изборен модел. Целта на промената на изборниот модел беше, од една

страна, да се намали диспропорцијата помеѓу освоените гласови и добиените мандати, а

од друга страна да се обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. На третите

10

Page 11: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

парламентарни избори од 1998 година беше применет паралелен изборен модел во кој 85

мандати се распределуваа според мнозинскиот принцип во два изборни круга, а 35

мандати според пропорционален изборен модел во кој целата територија на Република

Македонија беше една изборна единица. Се сметаше дека овој модел ќе придонесе кон

остварување на поставените цели, но за жал, не даде многу подобри резултати од чистиот

мнозински изборен систем. Соодносот од 85 спрема 35 во корист на мнозинскиот систем,

предизвика чисто мнозински ефекти. Тврдењето дека внесувањето на пропорционалните

елементи ќе ја намалат диспропорцијата и ќе овозможат претставување на малите партии

кои немаат силна локална база се покажа како неточно, поради малиот број мандати во

комбинација со Донтовата формула која е дискриминаторски поставена спрема помалите

партии.

Во текот на овие три изборни циклуси, македонскиот партиски систем ја разви

својата физиономија. Започнувајќи со екстремна плурализација, со оформување и

регистрирање на повеќе од 80 политички партии и организации, после третиот изборен

циклус, може да се каже дека поголемиот број политички партии беа елиминирани од

политичката сцена по принципот на природна селекција, потиснати од правилата на

“пазарната логика”. Сепак, македонскиот партиски систем остана во групата на

повеќепартиски системи со екстремен, поларизиран плурализам.

Во 2002 година беше донесена одлука за воведување на чист пропорционален

изборен модел со шест регионални изборни единици, кој ќе ги пресметува гласовите во

мандати според Донтовата формула. Секоја изборна единица дава 20 мандати, а граѓаните

гласаат за партиски листи од затворен карактер, односно партијата има ексклузивно право

во утврдувањето на редоследот на кандидатите на листата. Граѓаните гласаат со

заокружување на една политичка партија од наведените и тука завршува нивното

избирачко право. Позитивна промена е воведувањето на 30% квота за застапеност на

помалку претставениот пол на листите со кандидати и тоа од врвот на листата, на секое

трето место до крајот, и се воведоа уште неколку други измени во изборното

законодавство со цел да се заштити избирачкото право.

Со новиот закон се воведе професионализација на пратеничката функција, се

воспостави поширок инкомпатибилитет со други функции и се воведоа два нови услови за

11

Page 12: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

престанок на пратеничката функција пред истекот на мандатот: доколку по негово барање

му престане членството во партијата од која е избран кандидатот и во случај кога

пратеникот ќе изјави дека преминува во друга политичка партија. Со овие два услови се

направи обид за дислокација на “сопственоста” над мандатот од пратеникот на партијата и

се одговори на преминувањето на пратениците од една партија во друга, нешто што беше

неколку пати забележано во претходните три состави на Собранието на Република

Македонија. Сепак, Уставниот суд на Република Македонија го укина овој член поради

неговата неконзистентност со претставничкиот, слободен мандат гарантиран во Уставот.

Сите парламентарни избори од 2002 година, до денес се одвиваат според истиот

пропорционален изборен модел со применување на Донтовата формула. Во 2008 година се

направени измени со што е овозможено да гласаат државјаните на Р.М. кои се на

привремена работа или престој во странство. Дијаспората избира 3 пратеници, од три

посебни изборни единици, според мнозинскиот изборен модел. Независно од гласањето на

дијаспората, суштинските карактеристики на македонскиот пропорционалени изборен

модел воспоставен со Законот за избор на пратеници во Собранието на Р. Македонија од

25.06.2002 година останаа непроменети.

Карактеристики и ефекти на постојниот пропорционален изборен модел на

Република Македонија

12

Page 13: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

“Во Собранието на Република Македонија се избираат 123 пратеници, од кои 120

пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на

Република Македонија е поделена на шест изборни единици утврдени со овој законик и во

секоја се избираат по 20 пратеници и тројца пратеници се избираат според мнозинскиот

модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и

Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија утврдени со овој законик.”3

Донтовиот модел претставува пропорционален модел со највисок просек и

функционира според методот на заеднички делител. Гласовите освоени од секоја

политичка партија посебно се делат со серија на делители: 1, 2, 3, 4,.. колку што дава

мандати изборната единица при што нивните количници се подредуваат по големина од

најголемиот до најмалиот, при што бројот на први најголеми количници колку што дава

мандати изборната единица се победнички. Во случајот на Р. Македонија, гласовите кои

ги освоиле партиите се делат со редните броеви од 1 до 20, а потоа добиените количници

се подредуваат по големина од најголемиот до најмалиот. Дваесеттиот по ред количник

претставува заеднички делител и со него се делат гласовите кои ги освоиле одделно

политичките партии. Добиениот резултат е бројот на мандати кои ги освоила секоја од

нив. Донтовата формула е карактеристична по тоа што врши прогресивна распределба на

мандатите, така што предност им дава на големите партии, а ги дискриминира помалите.

Според Донтовата формула, колку повеќе гласови има партијата, прогресивно толку

повеќе мандати ќе добие. За разлика од неа, Sainte-Lague формулата ги дели гласовите на

партиите со низа од 1.4, 3, 5, 7.. и оваа формула дава попропорционални ефекти во однос

на средните партии.

Сепак, освен изборната формула, друг битен фактор кој го одредува индексот на

пропорционалност се големината и границите на изборните единици, односно бројот на

мандати кои се распределуваат помеѓу изборните единици. Колку тие се поголеми,

односно колку повеќе мандати се распределуваат по изборна единица толку се зголемува

и пропорционалноста на системот и обратно, колку помали изборни единици, толку

3 Изборен законик (пречистен текст), Сл. Весник на Р.Македонија, бр.54 од 14.04.2011

13

Page 14: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

помала пропорционалност и помали шанси за помалите партии кои немаат силна локална

база.4

Пропорционалниот модел воведен во Република Македонија во 2002 година даде

мошне ограничени пропорционални ефекти. Поделеноста на територијата на Р.

Македонија на шест изборни единици во комбинација со Донтовата формула за

распределба на мандати покажа многу дискриминаторски ефект спрема помалите партии.

Од друга страна, пропорционалниот карактер на системот го мотивира партискиот систем

кон уште поголема фрагментација. Од 2002 година наваму, беа основани повеќе нови

партии од кои повеќето, несваќајќи ја логиката на изборниот систем кој фаворизира

големи партии и коалиции, не успеаа да влезат во Собранието.

Имајќи ја во предвид природата на партискиот систем, неговата екстремна

фрагментираност и плурализираност, овој изборен систем се покажа како

најфункционален во споредба со претходните. Неговата ограничена пропорционалност

овозможи задоволување на барањата на малцинствата и малите партии за рамноправна

политичка претставеност од една страна, а од друга страна успеа да ја зачува стабилноста

на системот и да продуцира релативно стабилно парламентарно мнозинство, што е од

исклучително значење за опстанокот на македонскиот политички систем и унитарниот

карактер на македонската држава.

Гледано од овој аспект, може да се каже дека Република Македонија конечно го

најде средното решение кое ги задоволува различните спротивставени цели: да изврши

пропорционална претставеност на сите етнички групи во Собранието на Р. Македонија и

да продуцира стабилно парламентарно мнозинство со силна и стабилна извршна власт. Но

поврзувајќи го овој изборен систем со другите општествени и политички фактори како

што се политичката култура, демократскиот капацитет на политичките партии и

внатрепартиската демократија, овозможи во македонското општество хронично ширење

на една тешка политичка болест – партитократија. Затворените кандидатски листи ја

лоцираа целата политичка моќ во рацете на централните раководства на партиите.

4 Д-р Маријана Пајванчиќ - Парламентарно право - фондација Конрад Аденауер, Белград 2008 година, стр. 30

14

Page 15: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Централизираниот карактер, недостатокот на демократски капацитет и отсуството

на внатрепартиска демократија кај политичките партии во Р. Македонија, како битни

карактеристики на севкупниот партиски систем, во комбинација со пропорционалниот

модел со затворени листи, извршија негативно влијание врз македонскиот демократски

развој. Во претходниот период кога се применуваше мнозински изборен модел, освен

можноста за влез на независни кандидати во Собранието, пратениците покажуваа

поголема самостојност спрема матичната партија и поголем личен интегритет во

настапувањето. Со тоа и самото Собрание покажуваше поголема самостојност спрема

извршната власт. Со вовоедувањето на пропорционалниот модел сето тоа се промени. Во

последните години Собранието не покажува никаква иницијатива надвор од налозите на

владејачката политичка партија, пратениците се однесуваат повеќе како партиски кукли и

клонови отколку народни избраници чиј интерес треба да го застапуваат. Самото

претставување на граѓаните во власта доби посреден карактер, чиј посредник се

политичките партии. Пратениците од народни претставници се претворија во партиски

претставници, а Собранието во печатница на извршната власт, со што се намали и самиот

квалитет на законодавната функција. Голем број од новодонесените закони се донесени по

скратена постапка, се со низок квалитет, содржат бројни пропусти и недоследности и пред

се, се насочени кон задоволување на партискиот интерес отколку јавниот.

Партитократијата ги уништи границите помеѓу државата и партиите од една

страна, и партиите и цивилното општество од друга страна. Јавната сектор и цивилното

општество се максимално партизирани, а политичкиот критериум е основен, па и

единствен критериум за распределба на општествените добра. Секако дека за оваа мошне

негативна состојба на македонското општество и демократија не е виновен изборниот

модел сам по себе, но во комбинација со другите претходно наведени фактори, беше

отворена широка врата за развој на оваа политичка болест. Прашањето кое треба да се

постави е како може да се промени оваа состојба? Односно, дали некаква промена во

изборниот модел, како што е отворањето на листите или воведување на STV системот

може да ја врати македонската демократија на правилен пат?

Отворени кандидатски листи и модел на поединечен пренослив глас (STV)

15

Page 16: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Кандидатските листи може да бидат отворени на повеќе различни степени, од

доделување само на еден преференцијален глас, неколку преференцијални гласови,

можност за алтернативно или кумулативно гласање и на крај гласање со панаширање –

можност за гласање за кандидати од различни партиски листи. Партиската листа со

кандидати може да биде однапред структурирана од страна на партијата, или може

кандидатите да бидат подредени по азбучен ред. Во вториот случај влијанието на

гласачите е многу поголемо, за разлика од првиот каде што најчесто гласачите гласаат за

кандидатите што се први на листата. Постојат многу различни модалитети на отворени

кандидатски листи со различен степен на отвореност. Во помалку отворените влијанието

на гласачите е помало и обратно, во повеќе отворените, граѓаните имаат многу поголема

изборна моќ. Како најотворен модел, кој што во себе ги интегрира принципите на

персонализација и пропорционалност е моделот на поединечен пренослив глас (Single

Transferable Vote)5.

Според овој модел се гласа во мали повеќемандатни изборни единици, најчесто од

три до пет мандати, најмногу десет. Гласачите гласаат со рангирање и може да рангираат

онолку кандидати колку што дава мандати изборната единица. Кандидатите може да

бидат од која било политичка партија, а партиите може да истурат онолку кандидати

колку што сметаат дека може да добијат. При пресметувањето на гласовите, прво се

определува квотата која што кандидатите треба да ја исполнат за да добијат мандат,

најчесто дроповата квота која се пресметува со делење на бројот на дадени гласови со

бројот на мандати кои ги дава изборната единица плус еден и се додава еден на конечниот

резултат. Потоа мандатите се распределуваат на кандидатите кои што ја надминале

квотата според бројот на први преференци. Доколку во првиот круг на броење на

гласовите, не се поделат сите мандати, односно не ја исполнат квотата онолку кандидати

колку што дава мандати изборната единица, се врши прераспределба на дадените гласови

според вторите преференци. Прераспределба на гласови се врши од кандидатите кои

имаат вишок на први преференци над освоената квота и кандидатите кои имаат најмалку

освоени први преференци. Во вториот случај кандидатите се елиминираат и нивните

гласови се распределуваат на останатите кандидати. Оваа постапка се повторува се додека

не ја исполнат квотата онолку кандидати колку што дава мандати изборната единица, или

5 http://en.wikipedia.org/wiki/Single_transferable_vote

16

Page 17: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

додека не останат само толку кандидати. Овој изборен модел, дава најголема тежина на

избирачкото право, најголема изборна моќ на гласачот, затоа што продуцира најмалку

изгубени гласови во споредба со другите модели, и овозможува директно гласање за

повеќе личности.

Сосема е јасно дека отворените листи се многу подемократски од затворените, им

овозможуваат поголема изборна моќ на гласачите, ја намалуваат моќта на партиските

елити во контролата над “нивните” пратеници и воведуваат персонален однос помеѓу

гласачите и кандидатите. Но сепак, влијанието на отворените листи во однос на изборната

стратегија на политичките партии и кандидати, внатрепартиската конкуренција,

политичката корупцијата и рамноправната застапеност на половите во политиката може

да биде не само позитивно, туку и негативно, во зависност од политичката култура и

конкретните услови во општеството.

Отворањето на кандидатските листи, во зависност од неговиот степен, влијае врз

карактерот на внатрепартиската конкуренција и врз изборната стратегија и политичката

кампања на политичките партии и индивидуалните кандидати. Кај затворените листи,

политичките партии се борат една против друга, постои заедничка колективна изборна

кампања и внатрешна кохезија, додека индивидуалното истакнување и посебни

кандидатски кампањи и активности не се потребни. Кај отворените листи кандидатот

повеќе не може да се крие зад партискиот банер и мора да се истакне себеси и да го

нагласи својот индивидуалниот квалитет за да ја добие поддршката од членството и

гласачите подржувачи на неговата партија. Отворените листи внесуваат внатрепартиска

конкуренција и ја нарушуваат внатрепартиската кохезија, што може да ескалира во

пренагласена спротивставеност и судир помеѓу кандидати од иста политичка партија.

Шансите за остварување на овие негативни последици се поголеми доколку отсуствува

демократска политичка култура и не постои традиција на внатрепартиска демократија.

Ако тргнеме од тоа дека отворените листи креираат потреба од индивидуално

истакнување на кандидатите и водење на посебни, индивидуални кампањи, тогаш се

поставува прашањето дали отворените листи влијаат кон зголемување или намалување на

корупцијата. Општите претпоставки се дека отворените листи предизвикуваат

несигурност кај политичарите во поглед на тоа дали ќе останат на своите функции и ја

17

Page 18: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

зголемуваат нивната одговорност, што влијае кон намалување на корупцијата. Од друга

страна, потребата од финансирање на индивидуалните изборни кампањи и нивното

огромно значење за успех на изборите, може да ги натера кандидатите да посегнат по

нелегални финансиски средства.

Внатрепартискиот натпревар стимулира корупција. Имајќи го во предвид фактот

дека само моќните изборни кампањи можат да овозможат влез во претставничкиот дом, а

за нив се потребни огромни финансиски средства, тогаш колку повеќе индивидуални

гласови му се потребни на определен кандидат, толку повеќе ќе биде приморан кон

изнаоѓање на разни извори на финансиски средства, што влијае кон зголемување на

корупцијата. Обично системите во кои потребата за истакнување на личната рапутација е

поголема од потребата за истакнување на партиската репутација се карактеризираат со

поголема корупција.

Праксата на државите кои применуваат отворени листи покажува дека за победа на

изборите е потребна скапа политичка кампања. Исто така забележани се бројни случаи на

клиентелизам, вршење на разни услуги, давање подароци и присуствување на голем број

венчавки и погреби од страна на кандидатите. Од друга страна, и политичките партии

вршеле притисок врз гласачкото тело преку доделување на шифри, односно мапи со

комбинации на редни броеви за како гласачите да го пополнат гласачкото ливче.

Што се однесува до половата застапеност во политичкиот систем, денес постои

широк консензус за овозможување и гарантирање на рамноправна застапеност на двата

пола во политичките институции. Според извештајот на Венецијанската комисија за

влијанието на изборните системи врз претставеноста на жените во политиката од јуни

2009 година, поповолни за претставување на жените во претставничките тела се

пропорционалните изборни системи со големи изборни единици, со законски праг и

затворени листи со задолжителна квота кои содржат висок процент на женски кандидати,

утврдени по стриктен редослед од почетокот до крајот на листата, и да постојат ефикасни

санкции за неспроведување на квотите. Квотите се најстари и најраширени мерки за

обезбедување на рамноправна полова застапеност и најчесто се определуваат од 30% до

50%.

18

Page 19: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Кај пропорционалните системи со големи изборни единици и затворени листи, во

кои женските кандидати се рамномерно распоредени од врвот до крајот на листата,

половите квоти одлично ја извршуваат својата функција. Доколку вака поставениот

изборен систем го замениме со отворени листи, крајниот ефект може да биде многу

непредвидлив. Отворените листи ги изложуваат женските кандидатки на отворена и

слободна конкуренција на која најчесто неможат задоволително да одговорат како

кандидатите од машки пол. Тоа е последица на сеуште активните предрасуди за

политичките способности на женскиот пол и нивниот помал пристап до ресурси за

финансирање на сопствените кампањи. Дури и женските гласачи најчесто преферирале

машки кандидати. Не мора секогаш да значи дека отворањето на листите влијае штетно

врз претставеноста на жените во политиката. Постојат примери на голема политичка

активност на женските кандидати и мобилизирање на голем број активисти, со цел

масовна моболизација на електоратот за поддршка на женските кандидати. Но сепак,

најчесто доминираат социјално-културните фактори и предрасудите спрема женскиот пол.

И кај отворените листи постои начин за обезбедување на рамноправната полова

застапеност во претставничките тела. Тоа се прави со воведување на определ број

загарантирани места во претставничкото тело кои се чуваат за помалку застапениот пол.

Овие места ги добиваат кандидатките кои освоиле најголем број гласови помеѓу нив, но

сепак недоволно за да ги победат машките кандидатки. Добивањето на овие места од

страна на “најдобрите губитнички” всушност ја пренесуваат конкуренцијата внатре

помеѓу кандидатите од женски пол, а влијаат и негативно врз легитимитетот и

кредибилитетот на самите кандидатки. Аномалијата е во тоа што мандатот го добиваат

личности кои имаат помала поддршка од електоратот во споредба со другите кандидати.

Рамноправната полова застапеност има огромно значење како детерминирачки

фактор во институционалниот инжинеринг. Овој фактор не смее да биде занемарен при

определувањето на изборните правила и нивните ефекти.

Можности и насоки за промена на изборниот систем

19

Page 20: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Пред да се разгледаат какви и да било опции за промена на изборниот систем, прво

треба да бидат поставени двете основни цели кои мора да бидат исполнети: да продуцира

стабилно парламентарно мнозинство и да овозможи пропорционална политичка

репрезентација на сите еднички заедници и малцински групи, преку нивните политички

партии.

Доколку изборниот модел не успее да се справи со македонската тенденција кон

екстремно плурализирање и постојано основање на нови партии, постои многу сериозен

ризик од голема политичка криза со апокалиптични последици по унитарниот карактер на

Република Македонија. Од друга страна, доколку не биде задоволен интересот на сите

посебни етнички, религиозни, културни и други заедици во Р. Македонија за

пропороционална и рамноправна политичка застапеност во претставничкиот дом,

повторно се доаѓа до подеднакво погубна политичка криза си исти последици.

Последниве години доаѓаат голем број барања од малите партии, пред се од

партиите од албанскиот блок, за воведување на една изборна единица која ќе ја опфаќа

целата територија на Република Македонија. Аргументите со кои ги поддржуваат нивните

барања, се изгубените гласови помеѓу изборните единици, особено оние од источниот дел

на државата, во кои албанскиот политички блок не може да генерира доволен број гласови

за да освои мандат. Јасно е дека поделбата на територијата на Р.М. на шест изборни

единици го намали индексот на пропорционалност и предизвика полумнозински ефекти,

што доколку распределбата на мандати се изврши пресметано како според една изборна

единица, резултатот ќе биде сосема поинаков. Но сепак, нискиот индекс на

пропорционалност и фаворизирањето на големите партии и коалиции е од исклучителна

важност за стабилноста на парламентарното мнозинство и следствено, стабилноста на

Владата на Р. Македонија.

Од друга страна, ако се земе во предид фактот дека излезеноста на гласање на

албанската заедница е зачудувачки многу повисока од излезеноста на македонската

заедница, при што мандатите се распределуваат врз основа на дадените гласови, а не

преку етнички квоти за вкупното избирачко тело, тогаш ќе дојдеме до заклучок дека

албанскиот политички блок ќе биде непропорционално повеќе застапен во

претставничкото тело. Секој македонски глас кој што нема да биде даден во источниот

20

Page 21: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

дел од државата, ќе има влијание како даден албански глас во западниот дел. Секако оваа

аномалија ќе биде точна доколку биде исполнета претпоставката дека македонците

гласаат исклучиво за македонски партии, а албанците за албански, што мислам дека е

точна, под исклучок на екстремни случаи кои се занемарливи.

Од овие причини, најдобро е постојните граници помеѓу изборните единици да

бидат задржани, а евентуално доколку дојде до промена, тогаш територијата на Р.

Македонија може да се подели најмалку на четири регионални изборни единици, две во

западниот, а две во источниот дел на државата. Како што беше заклучено, зголемувањето

на територијата на изборните единици проследено со намалувањето на нивниот број може

да предизвика крајно дестабилизирачки ефект.

Во однос на прашањето за отворање на кандидатските листи, кој степен на

отворање би бил складен во Р. Македонија, односно кој модел со отворени листи би

можел да биде применет со цел да ги даде посакуваните демократизирачки резултати без

да ја наруши внатрепартиската кохезија и стабилноста на политичкиот систем?

Доколку во постојниот модел со шест регионални изборни единици со по

дваесетчлени кандидатски листи се отворат листите, овозможувајќи еден или повеќе

преференцијални гласа, нештата нема да се сменаат доволно за да се почувствува некаква

разлика. Гласањето за еден, два или повеќе кандидати на листа од дваесет, со цел да се

придвижи кандидатот нагоре на листата, нема воопшто да изврши каква и да било

демократизација. Обично, партиите уште пред изборите, располагаат со релативно

прецизни податоци и претпоставки за колку мандати ќе освојат во секоја изборна единица

и секогаш првите места на кандидатската листа се пополнуваат со искусни политички

кадри кои високо котираат во партиската структура и кои најчесто веќе имале пратенички

мандат, а останатите места се пополнуваат со анонимуси од типот на Инцитатус6.

Земајќи ја во предвид политичката култура на граѓаните, нивните гласачки навики,

отсуството на внатре-партиска демократија и екстремната централизираност на партиите,

отворањето на листите не би предизвикало поголеми промени во позитивна насока,

односно би доминирале негативните ефекти. Воведувањето на преференцијално гласање

6 Со терминот Инцитатус обично се посочува на некомпетентни лица поставени на раководни позиции. Терминот потекнува од римскиот император Калигула кој го поставил својот коњ Инцитатус за сенатор.

21

Page 22: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

во рамките една кандидатска листа е затворено во рамките на оние кандидати кои самата

политичка партија ги одредила за нејзини кандидати. Изборот за тоа кој помеѓу нив ќе

влезе во парламентот нема да изврши поголема разлика во квалитетот на претставничкото

тело со оглед на партиската послушност и лојалност кон партиското раководство.

Политичката партија секако ќе го добие својот глас, гласачите најчесто ќе гласаат за

кандидатите кои што се веќе познати и докажани, односно се поставени први на листата,

додека за осатанатите непознати кандидати ќе гласаат мал број граѓани. Од друга страна,

доколку и има отстапување од оваа претпоставена шема на однесување во изборниот

процес, тоа ќе биде со влез во претставничкиот дом на кандидати анонимуси, кои што се

наоѓале на крајот на кандидатската листа, а тоа нема воопшто да го подобри квалитетот на

работата на Собранието на Р. Македонија. Клучен фактор за изборот на квалитетни

кандидати на кандидатските листи е внатре-партиската демократија, која во Република

Македонија е на мошне незавидно ниво. Партиските централни раководства секогаш ќе

бидат мотивирани да кандидираат луѓе кои се лојални послушници на нивните наредби и

не демонстрираат свој индивидуален политички интегритет, а изборот помеѓу самите

кандидати нема голема вредност за демократизацијата на системот.

Како би функционирал STV моделот во Република Македонија? Според овој модел

територијата на Р.М. ќе треба да се подели на поголем број помали изборни единици со по

неколку мандидати. Гласачите ќе го имаат најголемиот можен избор во гласањето, ќе

можат да избираат кандидати не само од различни партии, туку и од различни етнички

заедници, а највисоко рангираните кандидати ќе влезат во Собранието. Партиите ќе бидат

приморани да кандидираат луѓе кои се истакнуваат со своите лични квалитети, ќе се

олесни процесот за кандидирање на независни кандидати и ќе се зголемат нивните реални

шанси за успех, со што ќе се подобри составот и квалитет на работата на претставничкиот

дом. Но од друга страна, дури и прецизно да се одреди индексот на пропорционалност на

овој систем и неговиот конечен пропорционален ефект во Р. Македонија, тој длабоко ќе

навлезе во внатре-партиската кохезија и сигурноста на партиите. Македонскиот партиски

систем е крајно фрагментиран и тежнее кон постојана фрагментација и раситнување.

Постојниот изборен модел успеа да изврши ограничување на тенденцијата кон

фрагментација и да обезбеди стабилност на политичкиот систем, додека STV моделот ќе

22

Page 23: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

ја наруши оваа фрагилна стабилност на партискиот систем со овозможување влез на голем

број мали партии во парламентот што може да има крајно негативни последици.

Позитивните последици од воведувањето на STV се зголемување на тежината на

избирачкото право, подемократски избор на народните претставници и зголемување на

квалитетот на нивниот состав, стимулирање на меѓуетничка соработка, па можеби и

појава на мултиетнички партии, намалување на негативната кампања и гласањето против

кои се доминантни во Р. Македонија, а може да се очекува и влијание кон внатрешна

демократизација на партиите. Негативните последици се овозможување на понатамошна

фрагментација и раситнување на партискиот систем, нарушување на внатрепартиската

кохезија и предизвикување на внатрепартиски судири кои можат да го доведат во

прашање опстанокот на постојните партии. Исто така, ќе се елиминираат гаранциите на

рамноправната полова застапеност, а воопшто не станува ни збор за комплицираноста на

овој систем, капацитетот на изборните органи за негова соодветна примена и ризикот од

голем број неважечки гласови.

Имајќи ги во предвид моменталните услови во македонското политичко

општество, поданичката политичка култура, екстремната централизираност на

политичките партии, непостоењето на внатрепартиска демократија и нестабилноста на

партискиот систем окарактеризирана како негово раситнување преку постојано основање

на нови политички партии, може да се заклучи дека воведувањето на моделот со

поединечен пренослив глас (STV) ќе има големи негативни последици по опстојувањето

на самиот политички систем.

23

Page 24: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Заклучок

Република Македонија е млада демократија со само дваесетгодишно искуство во

применување на политички плурализам. Во овие дваесет години, за прв пат се оформи

македонскиот партиски систем, а трагањето по соодветен изборен модел кој ќе ги

задоволи македонските потреби сеуште не е завршено. Македонија излезе од свет на

“бескласно” општество и монистички партиски систем и влезе во капиталистичка

конкурентна економија и конкурентен повеќепартиски систем. Не постои никакво

претходно искуство на македонските граѓани и на македонските политички елити со

вистинска демократија и плурализам, меѓусебна толеранција и фер плеј.

Оформувањето на македонскиот партиски систем сеуште не завршено,

тенденцијата кон основање на нови партии сеуште е многу активна, иако веќе се

чувствува определено стабилизирање кај двете страни на центарот. Судирот помеѓу

различните етнички заедници во државата, и поделбата на партискиот систем по етничка

основа уште повеќе ги комплицира работите.

Изгледа дека дваесет години се краток период за стабилизација на партискиот

систем. Кај западните демократии, кои имаат и по двеста години искуство со партиски

плурализам, не постои голема иницијатива и потреба од оформување на нови партии.

Постоечките политички партии се цврсто утврдени во социјалната структура на

општеството и ги задоволуваат потребите за политичко претставување на различните

интереси на граѓаните. За разлика од нив, во Република Македонија овој процес е сеуште

многу активен и се додека не заврши, не може да се експериментира со менување на

изборните правила.

Честата промена на изборните правила има негативно влијание врз демократскиот

развој и стабилизацијата на политичкиот систем. За секоја демократија е потребно, во

подолг временски период, да се користи определен изборен систем, со цел другите делови

од политичкиот систем соодветно да се прилагодат на него, да имаат доволно време да ги

лоцираат негативните аспекти и да изнајдат за нив соодветен лек.

24

Page 25: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Отсуството на демократска политичка култура и традиција кај македонските

граѓани и политички елити, недемократскиот олигархиски карактер на партиите, нивната

централизираност и непостоењето на внатрепартиска демократија и сеуште незавршените

процеси на стабилизација и утврдување на партискиот систем во социјално-класното

општествено ткиво, прават блокада на какви и да било иницијативи за промена на

изборниот модел кон подемократските варијанти со отворени или слободни листи.

Долгорочно гледано, со развивањето на партиципативната политичка култура и

создавањето на демократска традиција во македонското општество, откако ќе дојде до

стабилизација на македонскиот партиски систем, а потребата од постојано оформување на

нови политички партии ќе згасне, може да се отвори прашањето за воведување на

отворени листи.

Македонија е мала држава, што значи дека има голем капацитет за применување на

подемократски форми на посредна и непосредна демократија. Доколку долгорочно,

Македонија се развива во погоре наведената посакувана насока, со сигурност може да се

размислува за воведување на STV моделот. А до тогаш мора активно да се работи и да се

влијае кон развивање на политичката култура, унапредување на демократијата,

подготвување на граѓаните за активен демократски живот и да се изнајдат алтернативни

решенија за справување со партитократијата.

25

Page 26: Пропорционален изборен модел со отворени или слободни листи – можности за Република Македонија

Користена литература

Проф. д-р. Саво Климовски, доц. д-р. Тања Каракамишева - Политички партии и интересни

групи – Скопје 2006 година

Д-р Маријана Пајванчиќ - Парламентарно право - фондација Конрад Аденауер, Белград

2008 година

Изборен законик (пречистен текст), Сл. Весник на Р.Македонија, бр.54 од 14.04.2011

http://en.wikipedia.org/wiki/Single_transferable_vote

http://otvorenilisti.org/?cat=6

26