ЗИГМУНД ФРОЈД

21
ЗИГМУНД ФРОЈД, ПСИХОАНАЛИЗА, ТЕОРИЈА НА ЛИЧНОСТ 1. Живот и дело на Зигмунд Фројд Зигисмунд Шломо Фројд е роден во ашкенашка еврејска фамилија во Фрајберг, Моравија во тогашното Австриско царство. Во 1877 г, на возраст од 21 г. тој си го сменил даденото име во Сигмунд. Иако бил првороден од неговите 3 браќа и 5 сестри меѓу децата на неговата мајка, Сигмунд имал постари полубраќа од претходниот брак на татко му. Неговата фамилија имала ограничени финансии и живеела во преполн стан, но неговите родители се труделе да го зајакнат неговиот интелект, што било очевидно уште од неговата рана возраст. Сигмунд бил оценуван со прво место во неговиот клас во шест од осумте години од основното училиште. Тој отишол да студира на Универзитетот во Виена, и покрај силното антисемитско расположение во Австрија. Се на се, многу малку се знае за раниот живот на Фројд, бидејќи тој ги има уништено своите лични документи и пишувања барем двапати, еднаш во 1885 г. и уште еднаш во 1907 г. Исто така, неговите документи и пишувања по овие случки се строго чувани од Архивите на Сигмунд Фројд и се достапни само на неговиот официјален биограф Ернест Џонс и на уште неколку други членови од внатрешниот круг на психоанализата. Во 1886 г. Фројд се враќа во Виена и, по отворањето на приватна ординација која била специјализирана за нервни и мозочки пореметувања, се жени. Експериментира со хипноза со неговите најхистерични и невротични пациенти, но на крајот се откажува од овој третман. Наоѓа дека може да ги натера своите пациенти да проговорат на кауч и да ги охрабри да кажат се што им доаѓа при ум (третман наречен слободна асоцијација). Во неговите четириесетти, Фројд „има бројни психосоматски заболувања како и преголем страв од смртта и други фобии“. За ова време Фројд е вклучен во задачата на истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата личност. Низ само- анализата, тој го осознал непријателството кој тој го

Upload: bile-holmes

Post on 03-Dec-2014

439 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ЗИГМУНД ФРОЈД

ЗИГМУНД ФРОЈД, ПСИХОАНАЛИЗА, ТЕОРИЈА НА ЛИЧНОСТ

1. Живот и дело на Зигмунд Фројд

Зигисмунд Шломо Фројд е роден во ашкенашка еврејска фамилија во Фрајберг, Моравија во тогашното Австриско царство. Во 1877 г, на возраст од 21 г. тој си го сменил даденото име во Сигмунд. Иако бил првороден од неговите 3 браќа и 5 сестри меѓу децата на неговата мајка, Сигмунд имал постари полубраќа од претходниот брак на татко му. Неговата фамилија имала ограничени финансии и живеела во преполн стан, но неговите родители се труделе да го зајакнат неговиот интелект, што било очевидно уште од неговата рана возраст. Сигмунд бил оценуван со прво место во неговиот клас во шест од осумте години од основното училиште. Тој отишол да студира на Универзитетот во Виена, и покрај силното антисемитско расположение во Австрија.

Се на се, многу малку се знае за раниот живот на Фројд, бидејќи тој ги има уништено своите лични документи и пишувања барем двапати, еднаш во 1885 г. и уште еднаш во 1907 г. Исто така, неговите документи и пишувања по овие случки се строго чувани од Архивите на Сигмунд Фројд и се достапни само на неговиот официјален биограф Ернест Џонс и на уште неколку други членови од внатрешниот круг на психоанализата.

Во 1886 г. Фројд се враќа во Виена и, по отворањето на приватна ординација која била специјализирана за нервни и мозочки пореметувања, се жени. Експериментира со хипноза со неговите најхистерични и невротични пациенти, но на крајот се откажува од овој третман. Наоѓа дека може да ги натера своите пациенти да проговорат на кауч и да ги охрабри да кажат се што им доаѓа при ум (третман наречен слободна асоцијација).

Во неговите четириесетти, Фројд „има бројни психосоматски заболувања како и преголем страв од смртта и други фобии“. За ова време Фројд е вклучен во задачата на истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата личност. Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“.

По издавањето на успешни книги за несвесниот ум во 1900 и 1901 г. тој бил назначен за професор на Универзитетот во Виена од каде почнало да се развива лојално негово следбеништво.

Фројд имал малку толеранција за колегите кои бегале од неговата теорија. Тој се обидувал да ги избрка тие кои не се согласувале со неговото движење или дури и воопшто не пристанувал да прифати конкретни централни аспекти од неговата теорија. Највоочливите примери се Карл Јунг и Вилхелм Рајх. Фројд напишал акутен напад кон Јунг и Алфред Адлер во неговиот текст наречен „За историјата на Психоаналитичкото движење“.

Во 1930 г. градот Франкфурт го награди со Гетеовата награда за неговите придонеси во психологијата. Во истата година неговата мајка умира на возраст

Page 2: ЗИГМУНД ФРОЈД

од 95 г. Во 1933 г. поради превземањето на моќта во Германија од страна на Хитлер и нацистите, неговите книги се изгорени.

По Аншлусот на Австрија од германските нацисти, Фроjд бега од Австрија со помош на финансиската помош од неговата пациентка и пријателка, принцезата Марија Бонапарта. Во јуни 1938 г. му е дозволено да ја премине францската граница и преку Париз патува до Лондон, Англија, каде што живее на Мерсфилд Гарденс бр. 20, што е сега Музејот на Фројд. Додека ја напушта Германија, тој е задолжен да потпише документ кој вели дека бил добро третиран од нацистите. Во Англија желбата на Фројд да биде препознат од општеството како важен научник делумно се остварува.

Фројд пуши цигари целиот свој живот. И покрај тоа што му ја отстрануваат вилицата поради малигнен тумор, тој продолжува да пуши до неговата смрт на 3 септември 1939 г. Поради преголемите болки од ракот, тој му кажува на својот доктор да го усмрти со преголема доза на морфиум во неговата крв. Зигмунд Фројд често се смета за таткото на психоанализата и може да се смета за зачетник на модерната психологија. Oсновач e на психоаналитичката школа во психологијата.

Психоанализата е медицинска наука. Медицината воопшто, не е само мошне важна за животот на современиот човек, туку таа е битна за разбирање на човекот и за унапредување на неговиот живот. Таа не е само една од најпрактичните етички дејства на човекот, туку медицината иманентно содржи филозофска концепција. Основните учења на психоанализата се филозофски, и тоа не како истражувањата на оние современи мислители кои сакаат да прават наука, а природното останува на полето на филозофијата, туку како еден нов феномен – од амбицијата и напорот научно да се проникне во најсуштествените прашања за светот и воопшто за човекот.

Теориите карактеристични за оваа школа генерално ги вклучуваат хипотезите дека;

1. развитокот на луѓето генерално се објаснува преку менување на сексуалните објекти,

2. психичкиот апарат генерално ги репресира желбите, кои се обично од сексуална или од агресивна природа, и кои се зачувуваат во еден или повеќе несвесни системи на идеи,

3. несвесните конфликти предизвикани од репресираните желби имаат тенденција да се манифестираат себеси во соновите, парапракси и симптоми,

4. несвесните конфликти се изворот за неврозите и5. неврозите може да се лечат со донесување во свеста на несвесните желби

и репресираните мемории во психоаналитички третман.

2. Вовед. Поим за личност

Индивидуата е конкретниот човек - оној што од другите се разликува според своите биолошки, социјални и психички својства. Конкретниот човек - индивидуата - во текот на својот развој, постепено се усовршува и се формира во личност. Во тој развој човекот се повеќе сознава, ги усвојува општествените искуства и ја развива својата активност. Според сознанието, знаењата, способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста на малото дете се

1

Page 3: ЗИГМУНД ФРОЈД

разликува многу од личноста на возрасниот човек. Личноста значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот, психички процеси, состојби и особини, кои кај секој поединец се организирани на специфичен начин. Личноста е резултат на заемното влијание на следните фактори: наследство, средина и активност на единката.

Секоја личност има свое специфично однесување кое се карактеризира со својата: доследност, единство и особеност. Доследност значи дека човекот со слични ситуации се однесува на сличен начин, останува доследен на себеси. Единство значи дека неговото функционирање е организирано и дека одделните психички особини и процеси интегрирано и усогласено делуваат. Кога на пример ќе му се случи нешто трагично на човекот, тој не само што ќе развие соодветни чувства на тага и болка туку и неговото мислење, неговиот темперамент, карактер, желби и мотиви ќе бидат усогласени со тој настан. Разединетост и неединство на личноста се јавува само во случаи на психопатолошки нарушувања (зборува за тажен настан, смеејќи се). Особеност значи дека секој човек е специфичен, поинаков од другите луѓе и неповторлив. Секој од нас поседува специфични особености, што се кобинираат на оригинален начин и творат особена личност. И самиот човек себе се докажува како специфичен. Тоа сознание за себе како единствена и не заменлива личност го претставува човековото самосознание. Тоа се формира врз основа на сопственото мислење за себе, но и врз основа на мислењето на другите луѓе за него. На тој начин се формира идентитетот на личноста.

Психологијата на личноста го проучува човековото однесување набљудувано во целост. Таа се занимава со три главни прашања: структура, динамика и развој на личноста. Структурата на личноста ја претставуваат нејзините особини и нивната поврзаност. Динамиката на личноста ја претставуваат нејзините двигатели - динамизми. Развојот на личноста покажува дека таа не е дадена еднаш засекогаш, туку дека таа претставува динамичен процес.

3. Задачи на Психологијата на личноста

Сложената област како што е психологијата на личноста, има повеќе задачи со кои се занимава, како на пример: да ја открие структурата на личноста и да открие како личноста се развива и кои се нејзините движечки сили. Повремените истражувања се занимаваат и со тоа како единката се доживува како личност, што е тоа зрела личност, мерења од разни аспекти на личноста, а се занимава и со истражување на личноста на разни занимања, како личноста на наставници, на креативни ученици, односно на процесот на асоцијацијата.

4. Факторски поглед на личноста

4.1 Теории на личноста

Цртите претставуваат основни елементи на структурата на личноста. Тие имаат свои особености: укажуваат на тенденции да дејствуваме на ист начин во исти ситации; тие се релативно трајни особини на личноста, заради што можеме до некаде да предвидуваме однесување на личност во одредена ситуација; тие можат да бидат воопштени, односно да се препознаваат во поширок обем на активности на една единка.

2

Page 4: ЗИГМУНД ФРОЈД

Пр:

Самоконтролата и воздржаноста се менифестираат во сите нејзини постапки, а истрајноста доаѓа до израз само во рамките на работната активност на единката. Цртите можат да се универзални, имено можат да се сретнат кај поголем број единки. Тоа се црти со кои се изразуваат телесните особености (висина, тежина), способности развиени во помал или поголем степен, затоа за цртите како двополни динамизми на личноста, кои се распостираат во континиум помеѓу својот позитивен и негативен пол (весел -нажален, трудољубив - мрзелив, спонтан - инхибиран, скржав - дарежлив и.т.н.).

Рајмонд Кател во неколку етапи во растојание од неколку години (1945 -1978) сите црти ги подложува на факторска анализа и го намалува нивниот број бидејќи ги исклучува цртите синоними (помеѓу кои постои корелација, бидејќи мерат исто или слично). Така доаѓа до 16 црти, независни една од друга (помеѓу нив постои една мала корелација). Воедно создава прашалник, инвентар на личноста 16 ПФ (прашалник за утврдување 16 црти на личноста) и така нуди егзактно мерење во рамките на личноста, што било револуционерен напредок во тоа време.

Кател говори за површински изворни црти на личноста. Првите се манифестираат во однесувањето и врзани се за ситуации, нивното значење е ситуационо, а не генерално. Изворните црти на личноста се одговорни за доследноста во однесувањето и кога ситуациите се различни. До нив се доаѓа по пат на факторска анализа на однесување.

Површински изворни црти се фактори од прв ред. Со нивна факторска анализа се доаѓа до фактори од втор ред. Во структурата на личноста односно до типови на личноста. Сепак најчесто се користат фактори од прв ред и тоа изворните црти за кои е направен прашалникот. Изворните црти се црти со кои се опишуваат способности, темперамент и динамички црти. Темперамент е конституцијална (наследна) црта, а способностите и мотивите се под влијание на средината.

4.2 Црти на личноста

Во поновата лонгитудинална студија во која се следени испитаници од 20 до 25 години и од 70 до 75 години старост, добиени се следниве резултати: некои црти на личноста како ниво на општа активност, склоност кон размислување, останале трајни во сите тие години, а некои црти како склоност кон анксиозност и неуроза не се стабилни, бидејќи и на такви црти влијае ситуацијата и тоа стресната ситуација.

Во една друга лонгитудинална студија испитаниците се следени во перодот од 50 години и најдено е дека личноста се менува во периодот помеѓу адолесценцијата и раната зрелост. Во текот на средината и долната зрелост сеуште се случуваат промени во личноста, но тие промени се со средна динамика. Цртите кои се докажале најстабилни во оваа ситација се: ориентацијата кон постигнување (или обратно кон стагнирање), зависност (или противење на зависност) и социјалност (или повлеченост). Изразито нестабилна црта се покажала самодовербата (или несигурноста). И оваа студија покажала дека промени во личноста има и во средината и доцната зрелост особено кај цртата со недоверба.

3

Page 5: ЗИГМУНД ФРОЈД

4.3 Евалуација на факторските теории на личноста

Прво, личноста се опишува со низа црти, 3, 5 или 16 и нема согласност, барем за сега, која теорија на црти е најдобра во пишувањето на личноста.

Второ, внесувањето на личноста зависи од ситуацијата, затоа треба да се проучи како цртите корелираат во ситацијата, а како таква интеракцијата влијае врз однесувањето.

Трето, цртите ни овозможуваат да го објасниме или предвидиме однесувањето, што е делумно точно, бидејќи цртите можат да се користат како предикатори, само во исти ситуации.

5. Динамика на личноста

Потребите, мотивите, волјата, интересирањата, ставовите и идеалите влијаат врз насочувањето на човековата активност и се наречни динамизми, двигатели на личноста. Кај секој човек овие динамизми се организирани на посебен начин. Динамиката на секоја личност е мошне сложена, затоа што честопати се случува двигателите да дејствуваат и спротивно.

6. Динамика на личноста според Фројд

Кога станува збор за динамиката на личноста Фројд истакнува дека покретите на човековото дејствување се вродени инстикти. Луѓето во различни периоди од животот тежнеат кон остварувањето на своите цели, меѓутоа нивната активност лежи во ограничениот број на инстикти.

7. Динамика на личноста според Олпорт

Според Олпорт идентификувањето себеси во различни ситуации од животот, свеста за себе како личност, самопочитувањето, рационалното мислење зад кое се развива сопственото "ЈАС" - многу се важни за формирањето на сопствената личност.

8. Развој на личноста

8.1 Улогата на наследството, средината и активноста

Во периодот на развојот на личноста доаѓа до менување на особините и структурата на личноста во целост. Токму во тоа менување на особините и структурата на личноста се состои нејзиниот развој. Во овој развој големо влијание имаат наследството, средината и активноста. Постојат различни сфаќања за улогата на овие фактори. Има сфаќања дека наследството е единствен, или барем одлучен фактор од кој зависи развојот на личноста. Застапниците на ова мислење сметаат дека од наследството зависи не само способноста и темпераментот, туку и други особини на личноста. На пример: амбициозност, упорност, стрпливост. По ова сфаќање кое што се нарекува нативистичко, наследството главно го одредува целокупниот развој на личноста.

Спротивно на ова мислење е дека личноста е резултат на дејствувањето на средината. Разликите што се јавуваат помеѓу единките се резултат на

4

Page 6: ЗИГМУНД ФРОЈД

различните услови во кои живееле поединците. Сите единки да би живееле под исти услови не би имало никаква разлика помеѓу нивните личности. Ова сфаќање кое што го застапувал американскиот психолог Вотсон се нарекува емпиристичко мислење.

За да се развие способноста на личноста, потребна е интензивна активност, и тоа пред се неговата свесна активност. Различните задачи кои човекот ги решава, различните цели кои што редовно си ги поставува пред себе си ја сочинуваат свесната активност. Затоа може да се рече дека покрај наследството и средината, важен фактор во формирањето на личноста има и активноста.

Во својот развој личноста поминува низ неколку стадиуми: До крајот на првата година извор на задоволствата е устата и тоа е орална фаза. Во втората година од животот детето учи да ги извршува своите хигиенски навики, да ги празни бешиката и дебелото црево, што е извор на задоволствата на детето и ова е анална фаза. Потоа во седмата година е фаличкиот стадиум во кој детето го открива својот пол и половите органи и задоволството од дразнењето на ерогените зони. Во оваа фаза значаен е Едиповиот комплекс во кој детето изразува стремеж кон родителот од спротивниот пол, а непријателство кон родителот од истиот пол. Од седмата година е периодот на латенација, се до пубертетот кога започнува последната фаза од развојот на личноста, гениталната фаза во која што либидото не е веќе насочено кон сопствената личност, туку кон лице од спротивниот пол. Во формирањето на личноста според Фројд пресудна улога има детството. Според него личноста е оформена до петтата година (Фројд вели: Детето е татко на човекот). Имено ако споменативе стадиуми поминат без проблеми, личноста се развива нормално, ако пак настанат проблеми во врска со хранењето или празнењето на бешиката или дебелото црево како и со Едиповиот комплекс, настанува фиксација на одреден стадиум на личноста и единката се развива со карактерна изопаченост и други патолошки однесувања. Така, фиксација во оралниот период води кон пиење и пушење, во аналниот кон претерана чистота и страв од микроби, а во фаличкиот период кон сексуална изопаченост.

Од самиот почеток Фројд имаше не само приврзаници, туку и оние кои не се согласуваа со неговата теорија и кои потоа беа творци на нови психодинамички теории. Тоа се неофројдисти. Еден од таквите е Карл Густав Јунг кој се спротиставил особено на толкувањето на сексуалниот нагон на човекот. Исто така Јунг смета дека несовесното кај човекот содржи повеќе од она што наведува Фројд. Јунг зборува за колективното несвесно, кое содржи слики и симболи вродени кај човекот од неговите предци. Тој верува дека колективното несвесно објаснува зошто луѓето, припадници на различни култури имаат свои слики и митологија.

Карен Хорнеј и Алфред Адлер сметаат дека Фројд го пренагласува детството и раното сексуално искуство. Тие сметаат дека социјалните искуства до кои детето доаѓа во детството, се мошне значајни за развојот на личноста. Така додека Фројд смета дека жената е зависна субмисивна заради своите биолошки сили, Корен Хорнеј не се согласува со Фројд и смета дека споменатите карактеристики на жените произлегуваат од социјалните и културните сили.

Ерик Ериксон како и Фројд смета дека човекот во својот развој, поминува неколку стадиуми, но не се согласува дека тие стадиуми се

5

Page 7: ЗИГМУНД ФРОЈД

психосексуални, туку вели дека се психосоцијални и дека вклучуваат конфликти помеѓу егото и средината. Ериксон исто така не смета дека проблемите на секој од стадиумите се рефлектираат во подоцнежните стадиуми од развојот на личноста. Неофројдистите воглавно се согласуваат со Фројд по прашањето на несвесното, во структурата на личноста, механизмите на одбрана на личноста, но не се согласуваат во пронаоѓањето на сексуалниот нагон и психосексуалните стадиуми на развојот. Во своите критики тие од нагласувањето на биолошките сили во човекот ИД-от преминуваат во нагласување на социјалните и културните процеси во развојот на ЕГО-то.

8.2 Фактори во развојот на личноста

Бидејќи човекот е најсовременото живо суштество на земјава, затоа и неговиот развој е сложен. Врз развојот и формирањето на личноста дејствуваат повеќе фактори што можат да се групираат на следниов начин: биолошки, социјални фактори и самоактивност.

8.3 Биолошки фактори за развојот на личноста

За да се знае повеќе за факторите од кои зависи развојот на личноста, потребно е да се знаат поедините услови кои имаат големо влијание врз нејзиниот развој. Условите од кои зависи развојот на личноста се делат во две групи: на биолошки услови и на услови на средината.

Главни биолошки услови и фактори се: нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција. Овие фактори пред се се одредени од наследството.

Нервниот систем претставува фактор од кој што зависи развојот на личноста, поради тоа што од неговата структура зависат наследните и стекнатите диспозиции. Од составот на нарвниот систем зависи на пример диспозицијата за интелегенцијатаи другите способности како и диспозицијата за темпераментот. Функцијата на централниот нервен систем, а особено на вегетативниот нервен систем, заедно со ендокриниот систем во голема мера го одредуваат темпераментот. Испитувањата покажале дека единките со интензивна функција на вегетативниот нервен систем покажуваат поголема живост и реагирање, а единките кај кои што функцијата на вегетативниот нервен систем е поспора, покажуваат тенденција на емоционална неуравнотеженост и нервоза.

Другиот важен биолошки фактор е ендокриниот систем. Него го сочинуваат жлездите со внатрешно лачење, односно жлездите што лачат течност, хормони директно во крвта. Нивната основна функција е да го регулираат метаболизмот.

Како трет биолошки фактор се зема телесната конституција. Под телесна конституција се подразбира големината и развиеноста на поедини делови на телото, нормалност или ненормалност на тие органи или други телесни единки.

Улогата на биолошките фактори, а особено на наследството има големо влијание на психичките особини, меѓутоа уште поголемо на физичките особини на личноста, бидејќи се знае дека од наследството зависи бојата на очите, кожата, косата, а исто така доаѓа и до наследување на некои болести.

6

Page 8: ЗИГМУНД ФРОЈД

Кога станува збор за наследувањето на психичките особини, тука најмногу спаѓаат интелегенцијата и моториката. За интелегенцијата се смета дека многу поважна е улогата на наследувањето одколку на средината. Меѓутоа исто така голем број на испитувања покажале дека и социјалните фактори играат важна улога во развојот на интелегенцијата и дека при поволни услови интелегенцијата расте и се развива до одредена граница. Истото се случува и со способностите. Едноставните сензори и едноставните сензорно-моторни способности зависат превенстевено од наследството, а за формирањето на сложените способности игра улога активното вежбање и поволните услови.

8.4 Социјални фактори за развој на личноста

Помеѓу факторите кои што ја сочинуваат средината, а особено оние кои што влијаат на развојот на личноста, најважни се социјалните фактори. Под нивно влијание доаѓа до развој и менување на личноста. Затоа често се нагласува дека личноста е бисоцијална појава и дека влијанието на социјалните фактори е биолошка основа, при што социјалните фактори се одлучни за формирањето на личноста.

Дека социјалните фактори имаат првенствено значајна улога за развојот на личноста покажуваат и примерите за децата кои што се израснати изолирани од луѓе. Голем е бројот на социјалните фактори кои имаат влијание во развојот на личноста и тоа се: семејството и семејните услови во кои што детето расте, училиштето, неговите врсници, секцијата во која детето е зачленето, роднините и пријателите со кои што детето честопати доаѓа до контакт, филмовите, литературата која што ја чита, бракот и односите во бракот, занимавањето, луѓето со кои што соработува, материјалната состојба, социјалната положба, социјално-економскиот систем во кој што живее, културата во која што пораснал и во која што живее и други фактори.

8.5 Периоди во развојот на личноста

Во развојот на човекот постојат неколку периоди. Секој развоен период има свои карактеристики, обележан е со долна и горна возрасна граница и го опишува нормално-просечниот психофизички развој на единката. Ако единката не ги постигнала физичките и психичките карактеристики на одделниот период кој и одговара според календарската возраст, велиме дека има забавен развој, а ако побрзо ги постигнала развојните промени, велиме дека има забрзан развој, дека е напредна.

Во развојот на едниката постојата следниве периоди:

1. Пренатален период: од зачетокот до 280 дена;

2. Новороденче: од раѓање до 2 недели;

3. Доенче: од 2 недели до 12 месеци;

4. Детство: од 1 година до 10 години;

5. Адолесценција: од 11 години до 24 години;

6. Зрелост: од 25 години до 64 години;

7. Старост: од 65 години па натаму.

Секој од наведениве периоди има свои подпериоди. Така и периодот на адолесценција, кој трае повеќе од една деценија, ги има следниве подпериоди:

7

Page 9: ЗИГМУНД ФРОЈД

1. Рана адолесценција, пубертет: од 10 до 14 години;

2. Средна адолесценција: од 15 до 19 години;

3. Доцна адолесценција: од 20 до 24 години;

8.5.1 Пренатален период (0 - 280 дена)

Ослон смета дека ако детето е родено на 8 месеци, а не на 9 месеци, природно е дека тоа закаснува 2 месеци во постнаталниот развој, дека покасно ќе стекни способност за стоење, седење, одење и зборување. Кога детето е постаро, односно кога е родено на 9 месеци, таа разлика од 2 месеци е доста значајна.

За да се развива правилно плодот, потребно е на мајката да и се посвети посебна физичка нега. За идното дете малку се знае - вели Ослон. Кај него може да се развие условен рефлекс.

8.5.2 Доенче (0-1 година)

Во овој период се појавуваат првите заби, и тоа околу шестиот и седмиот месец од животот на доенчето. Во овој период тоа многу учи. Детето е зависно од околината; тоа брзо научува дека плачењето го привеликува вниманието на повозрасните. Ослон тврди дека детето исто така може да научи дека со гугање може да привлечи внимание, ако му се обрне внимание кога гуга, а не кога плачи.

8.5.3 Рано детство (1-6 година)

Овој период како што вели Ослон, се карактеризира со брз развој. Во првото негово дело, детето се развива во домот, а во другото, тоа може да оди во разни детски установи. Главните проблеми со кои се сретнуваат родителите во овој период се: исхраната, спиењето, навикнувањето на детето да оди во тоалет, појавата на разни видови на страв, односите со другарите, прозборувањето во развојот на говорот и друго.

8.5.4 Средно детство (6-10 година)

На почетокот на средното детство, повеќето деца тргнуваат на училиште. Растењето се успорува. Сите делови на телото растат, ама порастот на единицата време е мала. Погрешно е да се претпостави дека пред крајот на овој период, нема сексуални чувства и интереси. Поголемиот број на деца се известени за сексуалните односи. Во овој период детето ги губи млечните заби и добива стални заби.

8.5.5 Детство (10-13 година)

Во овој период вели Ослон децата се обично во петто или шесто одделение, или се припремаат за во седмо одделение. Кај момчињата и девојчињата се јавуваат секундарните карактеристики. Настапува пубертетот со сите оние физички и психички особини кои го пратат. Тука се менуваат и социјалните односи помеѓу момчињата и девојчињата.

8

Page 10: ЗИГМУНД ФРОЈД

8.5.6 Рана младост (13-15 година)

Овој период се одликува со тоа што бројот на контактите со другарите и другарките се зголемува. Девојчињата и момчињата се способни да се дружат во заедница.

8.5.7 Адолесцентна младост (15-20 година)

Порано на таа младост се одело на фарми, канцеларии, фабрики. Сега овој период се одликува со школување, а дури потоа следува вработувањето. Испитувањата покажуваат дека постои несогласување помеѓу она што го сака младиот човек и она што го дава училиштето. Главните проблеми на адолесцентот се од социјално-економска природа - односите со родителите, другарите, наставниците, а исто така и бракот, односно изборот на брачниот партнер.

8.5.8 Пубертет

Погрешно би било овој период во развојот на личноста да се врзува за физичките, односно соматските промени што настануваат во него (пубертас - сексуална зрелост). По своето значење а и од аспект на правилниот психички развој од голема важност се психичките промени кои што настануваат како резултат на био-сомато-психичкото созревање и влијанието на социокултуралните фактори на ова созревање. Со оглед на тоа дека за релативно кратко време, за 2 до 3 години, некогаш и повеќе мора да се изврши трансформација на личноста, и од периодот на детството има преод во период на психофизичка зрелост, односно преод во фазата на адолесценција, период во кој што доаѓа до потполно созревање и прераснување во фазата на човек, односно жена, фаза на психички и социјално зрели луѓе.

Настанувањето на пубертетот е условено од многу фактори: тоа зависи пред се од исправноста и функционирањето на жлездите со внатрешно лачење, на прво место од гонадите, од правилниот развој на хипофизичкиот систем, од конституцијата, од некои наследни фактори, од средината, поднебјето, културата, обичаите и воспитувањето. Многу фактори, специфичности на векот во кој што живееме, темпото, културниот развој, средствата за информации, односите во друштвото, го фаворизираат настанувањето на пубертетот, па не е ни чудно што почетната граница е малку поместена од периодот на детството. Така денес единаесеттата година се зема како излез од периодот на детството, кој што зависно од полот трае до петнаесеттата - шеснаесеттата година. За тоа време настануваат низа телесни промени, промени на гласот, појава на менструалниот циклус, специфична миризба на кожата заради созревањето на посебни апокрини жлезди, почетокот на сперматогенезата и друго.

Од големо значење се и психичките промени кои се карактеристични за овој период, во кој што настанува нова личност, преод од дете во човек, преод од девојка во жена. Пуберетот е период полн со психолошки процеси, полн бури и бранови, полн двоумења и нестрпливости, полн желби, замислувања и сонувања. Посебно започнува да се раскинува врската со родителите кои што жалат што го губат своето дете, притоа се јавуваат недоразбирања, грубости, трауми и т.н. Се јавува сомнеж во авторитетот на родителите, настанува појава во која што доаѓа до наметнување на своите ставови, ставовите на родителите се сметаат за "немодерни", "погрешни", "смешни" и се тоа врз основа на

9

Page 11: ЗИГМУНД ФРОЈД

самопотврдување и самоистакнување. Негативноста, одбивање на послушност, неизвршување на наредбите, готови да го пратат овој животен период. Идентификацијата со еден од родителите, почнува да се пренесува на други, на поинтересни, повредни личности на спортисти, глумци, пејачи. Сето ова доведува до одбивање на послушност, кавги со родителите, промена на расположението, емоционална лабилност и т.н. Препуштањето во светот на фантазијата, доведува до слабост во концентрацијата, ослабување на успехот во училиштето и на други области. Се јавуваат одредени склоности кон идната професија. Посебно овој период е важен за психосексуалното интересирање за спротивниот пол кој што се гледа во тенденцијата за физичка близина, и другарство со личност од другиот пол, пишување на сентиментални писма, и најпосле интересирање за своите полови органи.

Имајќи го во предвид овој доста динамичен период логично е дека во него доаѓа до појава на многу душевни пореметувања, настранливост,повлеченост, затворање во себе, повлекување од друштвото, безволност, екстравертност со тенденција за истакнување себеси. Исто така при препуштањето во светот на фантазијата, може да дојде и дома, напуштање часови, агресивно однесување и т.н. Не се ретки и таканаречените рани проституции, уживањето во дрогата и алкохолот. На многуте вакви однесувања треба да се обрни внимание, пред се овие однесувања на пубесцентот треба да се карактеризираат како "криза на пубертетот".

9. Адолесценција

9.1 Терминот адолесцент

Зборот "адолесцент" има корени во латинскиот глагол "адолесцере" што значи развива, созрева. Со оглед на тоа дека токму се случува во овој период овој термин е најсоодветен и тој се користи во научната литература.

Зборот "млади" не е одреден со возрасните граници и често се користи во иста смисла, што не е грешка и покрај неговата непрецизност. Другите зборови како "малолетник", "тинејџер" и "младиец" исто така се користат во стручната литература и во говорната комуникација, но нивното значење најмалку одговара на поимот адолесцент. Малолетник е збор кој укажува дека единката не е одговорна пред законот заради своите години, тинејџер е збор усвоен од англискиот јазик и подразбира единка на возраст од 13 до 19 години; младинец е збор кој има идеолошка конотација.

9.2 Дефиниција на адолесценцијата

Периодот на адолесценцијата се дефинира како период помеѓу детството и зрелоста, кој се карактеризира со динамичен физички развој и значајни промени во когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој.

Овој период од седумдесеттите години се дефинира и како период на "бури и стресови" под што се подразбирале генерациските, полни со негативни емоции, како и наглите биолошки и физички промени во организмот, следени со емоционална напнатост и неурамнотеженост. Во поновите стадиуми засновани врз лонгитудиналниот метод, се помалку се третира овој период на таков начин, а промените на адолесценцијата не се толкуваат како исклучително или примарно генетски, туку и цивилизациски и културолошки, што значи дека во

10

Page 12: ЗИГМУНД ФРОЈД

различни социјални средини, овој период не е секогаш период на интензивни емоционални превирања и амбиваленции.

9.3 Основни податоци за периодот на адолесценцијата

Што се однесува до почетокот на адолесценцијата, забележлив е поран развој од по неколку месеци на секоја од последните декади, што се толкуваат со подобрување на животните услови, како што се исхраната, хигиената и здраствената заштита. Исто така потребно е да се каже дека постојат полови разлики во почетокот на пубертетот. Имено, просечна возраст, за почетокот на пубертетот кај девојчињата се смета единаесеттата година, а кај момчињата дванаесеттата година.

Да споменеме и тоа дека во некои периодизации пубртетот се смета за доцно детство или се смета за некој меѓупериод помеѓу детството и адолесценцијата. Од причини, што во овој период започнуваат интензивни физички и физиолошки промени, кои се основа за промените на психичкиот живот на единката, ние се одлучуваме како и во повеќето периодизации, пубертетот да го сметаме за почеток на адолесценцијата.

Крајот на адолесценцијата е особено дискутабилен, но едно е сигурно, дека во развојот на општеството, односно во развојот на техниката, овој период трае се повеќе. Продолжувањето се должи на продолжувањето на образовниот процес и оформување, потешкото вработување и економската зависност на младите од родителите, како и од изборот на партнерот и формирањето на сопствено семејство. Од тие причини во поранешните периодизации, подпериодот од 20 до 24 години се третирал како рана зрелост.

10. Зрела личност

Развојот на личноста претставува динамичен процес што никогаш не завршува. Цел на тој динамичен процес, е стремеж кон се поголема зрелост, зашто колку личноста повеќе се развива, толку повеќе се усовршува. Поимот зрелост е доста широк и подразбира интелектуална, социјална и емотивна подготвеност за прифаќање и усовршување на условите за живеење.

Иако карактеристиките за тоа што е зрела личност, зависат од конкретната општествена средина, психолозите се согласуваат дека постојат извесни универзални карактеристики на зрелата личност: реалистичност, постигнување на далекусежни успеси, зрела свест, независност, друштвеност, отсуство на предрасуди, критичност во мислењето, постојаност на интересирањата и т.н. Незрелата личност не поседува поголем број од овие карактеристики и може да претставува проблем како за себе така и за средината во која што живее.

11. Старост

Во периодот на староста доаѓа до намалување на интензитетот на активностите на виталните органи и опаѓање на способностите. Сепак, голем број стари луѓе остануваат и понатаму високопродуктивни до крајот на својот живот. Богатото животно искуство, многу успешно кај нив го надополнува намалувањето на способностите. На пример, Данте ја напишал "Божествената

11

Page 13: ЗИГМУНД ФРОЈД

комедија" во последните години од животот, Гете го завршил "Фауст" во осумдесеттите години од животот и т.н.

12. Заклучок

Во психолошката литература, термините "личност", "темперамент" и "карактер", најчесто се употребуваат алтернативно или како синоними. Заедничката карактеристика на сите позначајни дефиниции на личноста е тоа што ја акцентираат мотивацијата и адаптацијата на организмот.

Олпорт ја дефинира личноста како "динамичен склоп на оние психофизички системи, кои во индивидуата го одредуваат нејзиното специфично прилагодување кон средината".

Личноста е био-психо-социјално единство. Нејзиониот развој се остварува низ интеракцијата на генетското наследство и социјалната средина - семејството и пошироката општествена заедница. Психологијата на личноста се занимава со три главни прашања:

1. структура,2. динамика и3. развој на личноста.

Динамиката на личноста ја претставуваат најзините двигатели - динамизми, инстиктите и нагоните. Фројд издвојува два основни нагони:

1. Eros- специјален нагон или нагон на животот и2. Thanatos- агресивен нагон или нагон на смртта.

Развојот на личноста се одвива низ повеќе фази:

1. атенатален - од зачетокот до раѓањето,2. новороденче,3. доенче,4. детство,5. адолесценција,6. зрелост и7. старост.

Здрава и зрела личност е онаа личност, која поседува способности за нормална хетеросексуална (семејна), работна и социјална адаптација и функционирање.

13. Користена литература:- Интернет – http://www.mk.wikipedia.org - теорија на личност

12

Page 14: ЗИГМУНД ФРОЈД

- Филозофија за IV год реформирано гимназиско образование – Стефан Сидовски и Кирил Темков, Просветно Дело АД Скопје, издание 2005 година

Содржина

1. Живот и дело на Зигмунд Фројд

2. Вовед. Поим за личност

3. Задачи на Психологијата на личноста

4. Факторски поглед на личноста

o 4 .1 Теории на личноста

o 4 .2 Црти на личноста

o 4 .3 Евалуација на факторските теории на личноста

5. Динамика на личноста

6. Динамика на личноста според Фројд

7. Динамика на личноста според Олпорт

8. Развој на личноста

o 8 .1 Улогата на наследството, средината и активноста

o 8 .2 Фактори во развојот на личноста

o 8 .3 Биолошки фактори за развојот на личноста

o 8 .4 Социјални фактори за развој на личноста

o 8 .5 Периоди во развојот на личноста

8 .5.1 Пренатален период (0 - 280 дена)

8 .5.2 Доенче (0-1 година)

8 .5.3 Рано детство (1-6 година)

8 .5.4 Средно детство (6-10 година)

8 .5.5 Детство (10-13 година)

8 .5.6 Рана младост (13-15 година)

8 .5.7 Адолесцентна младост (15-20 година)

8 .5.8 Пубертет

9. Адолесценција

o 9 .1 Терминот адолесцент

o 9 .2 Дефиниција на адолесценцијата

13

Page 15: ЗИГМУНД ФРОЈД

o 9 .3 Основни податоци за периодот на адолесценцијата

10. Зрела личност

1 1. Старост

1 2. Заклучок

12 Користена литература

14