јонизирачко зрачење и заштита

8

Click here to load reader

Upload: fesna

Post on 30-Nov-2014

1.308 views

Category:

Education


2 download

DESCRIPTION

:))

TRANSCRIPT

Page 1: јонизирачко зрачење и заштита

Изработи: Весна Карчевска

Page 2: јонизирачко зрачење и заштита

Радиоактивност (латински : radium,activitas - дејност) е хемиско радиоактивно распаѓање,спонтано претворање на едни хемиски елементи,односно нуклеарни видови,во други, проследено со емисија на јонизирани атоми на хелиум, електрони и електромагнетно зрачење (алфа,бета и гама-зраци).

Page 3: јонизирачко зрачење и заштита

Постојат три вида на радијација што се емитуваат од радиоактивни супстанции.

Алфа честички: не се многу продорни. Тие се апсорбираат од неколку сантиметри воздух или од тенок лист хартија.Бета честички: умерено продорни. Лесно поминуваат низ воздух и хартија, но се апсорбираат од неколку милиметри метал.Гама зраци: мошне продорни електромагнетни бранови. Тие се апсорбираат од неколку сантиметри олово или од неколку метри цемент.

Радијацијата на својот пат низ некој материјал може да биде апсорбирана. Колку што материјалот е подебел, толку повеќе радијација се апсорбира во него.

Page 4: јонизирачко зрачење и заштита

Кога радијацијата од радиоактивните супстанции се судира со неутрални атоми или молекули, тие може да станат јонизирани. Ова значи дека тие формираат честички со електричен полнеж, наречени јони.

Ако молекулите на живите клетки се јонизираат, тие може да предизвикаат загрозување на здравјето, вклучувајќи рак.Колку што дозата на радијација е поголема, толку е поголема опасноста од добивање рак.

Page 5: јонизирачко зрачење и заштита

Зголемен ризик за појава на рак на дојка е поврзан и со изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење, кое е забележано кај преживеаните од атомските бомби во Нагасаки и Хирошима, како и кај жени кои се лекувани со радиотерапија при Morbus Hodgkin.Ризикот се зголемува по латентен период од 10 до 15 години.

Page 6: јонизирачко зрачење и заштита

Еден од најзначајните фактори на ризик за развој на рак на штитната жлезда е претходното озрачување (радиотерапија) на штитната жлезда.Кај децата кои биле озрачени во пределот на вратната регија заради бенигни состојби, како на пример хиперплазија на тимусот, туберкулозен аденит (туберкулозно воспаление на лимфните јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20 години се јавуваат чворчиња (нодулуси) во штитната жлезда (кај 25% од озрачените деца), а околу една четвртина од нив се малигни, најчесто папиларни карциноми на штитната жлезда.Исто така, кај озрачените од атомска бомба во Хирошима и Нагасаки забележена е зголемена инциденца на тироидниот карцином.

Page 7: јонизирачко зрачење и заштита

Ракот на кожата се јавува како доцно соматско оштетување предизвикано од изложеност на кожата на јонизирачко зрачење. Имено, во минатото се користело јонизирачко зрачење ( доза >10Gy) за лекување на бенигни состојби на кожата, како акни, псоријатична кератоза, хемангиоми. Таквото јонизирачко зрачење предизвикува радиодерматит (радијациско воспаление). Радиодерматитот се карактеризира со кожна атрофија, депигментација, телеангиектази (проширени капилари), алопеција (испаѓање на влакната) и кератоза. По еден подолг временски период, кај 20 до 40 % од овие пациенти се јавува планоцелуларен (или базоцелуларен доколку лезијата е на лицето) карцином на кожата.

Page 8: јонизирачко зрачење и заштита

- Избегнување на подолг престој на отворено место- Почесто туширање заради тргање на радиоктивните честички од косата и телото.- Често менување на облеката- Орално земање на таблети со калиум - Хранење со вегетаријанска исхрана и со житарици - Консумирање на зелен чај како превентива од појачано зрачење.