Ѓорѓи Абаџиев

33
Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана) Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот. Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази од кои најпознати му се: „Епопејата на ножот“ и „Последна средба“ и два романа: „Арамиско гнездо“ и „Пустина“ Пустина „Пустина“ е историско - психолошки роман. Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903.

Upload: goran-gogi

Post on 26-Oct-2014

105 views

Category:

Documents


0 download

Tags:

TRANSCRIPT

Page 1: Ѓорѓи Абаџиев

Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)

Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот. Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази од кои најпознати му се: „Епопејата на ножот“ и „Последна средба“ и два романа: „Арамиско гнездо“ и „Пустина“

Пустина

„Пустина“ е историско - психолошки роман. Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903. Опишани се солунските атентатори - гемиџиите (за нив повеќе на мојот друг блог), поточно внатрешната состојба на двајцата преживеани извршители на акциите - Арсо и Глигор. Идеја - секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината. Авторот употребува дијалог, монолог - интроспекција (влегување во сопствената внатрешност) и ретроспекција (враќање во минатото).

Page 2: Ѓорѓи Абаџиев

Содржина

Романот е составен од осум глави.

1. Презир

На почетокот од романот се запознаваме со двата главни лика, Арсо и Глигор кои по атентатите се затворени, како и со филозофијата на гемиџиите:

„На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои не се херои... Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.

Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со судбината на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите живи костенливи очи, неговото тело е јадро, косата непокорна и дива. Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот ироничен говор уште повеќе. Тој им вели: „Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носеви да го сетат лошиот мирис... Само тоа. Што можеме ние друго?“

За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само чека да помине целиот циркус (судењето), за конечно да дојде пресудата и смртта која ја ветил. Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со акциите кои ги извршиле, за потопувањето на францускиот брод

Page 3: Ѓорѓи Абаџиев

„Викторија“, за разрушувањето на Отоманската банка и со казната што ја добиваат - смрт со бесење.

2. Реалност

Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои владеат таму. Авторот воведува нови ликови : Џемаил - ага - насилник и господар во затворот, кој од сите зема пари за заштита, а оние кои немаат да му дадат, ги убива. Тој може да избега од затворот, но не сака, бидејќи тука сите го почитуваат и се плашат од него за разлика од надвор, каде е презрен. (Тој имал многу жени, но по љубовта со нив, ги убивал и ги фрлал во море.) Патрокле е една од неговите жртви во затворот. Тој бил имотен трговец, кој за да си го зачува животот му дава пари на Џемаил-ага. Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и психички. Во затворот, Арсо постојано седи во некој агол, не сака да разговара со никого, се му е здодевно, размислува, се навраќа на минатото, купува хашиш за да се самоубие и едвај чека да дојде судниот час. Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во затворот, интересни му се туѓите животни приказни, ведар е, полн со живот и изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но при бегството тој успева, а Арсо - не. Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен затвор.

3. Распнување

Осамениот Арсо живее во минатото, опкружен со звуците од дворот на затворот. Се сеќава на сестра си Анѓа, на родителите кои не ни претпоставувале во што ќе се впушта, на ликовите од прочитаните книги на кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја наоѓаат смислата на своето постоење, за разлика од него.

Page 4: Ѓорѓи Абаџиев

4. Карпа

Во четвртата глава преку сеќавањата на Арсо се прикажани подготовките на атентатите - копањето тунел од берберницата до банката. При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат, па на карпа која речиси не може да се совлада, но Арсо бил посилен и од неа. Тогаш тој бил упорен, силен и истраен. Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска љубов кон неа и нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги задоволи за да не ја врзе за себе. (Според Глигор, таа е една обична жена која сака да биде задоволена и е навредена од односот на Арсо кон неа.)

5. Пак заедно

Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за патешествието низ Сахара, за девојката Смарагда која го лекувала. Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот Едип кој бил многу сиромашен и имал несреќна семејна судбина. Синот му бил осуден, а жена му и ќерките болни. Се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот. Затоа тој го водел низ пустината, но при невреме, во една песочна бура - исчезнал. Арсо се разболува, паѓа во бесознание и во своето бладање и халуцинации ги меша неговата девојка Ана и девојката на пустината Смарагда.

6. Жрепка

Оваа глава е сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи излегол од зградата на банката пред да експлодира, но тоа го направил од хумани причини. Забележал семејство со дете кои

Page 5: Ѓорѓи Абаџиев

не можел да не ги спаси, ги фрлил последните бомби и не успеал да се самоубие.

7. Во детството

Болниот Арсо оди уште подалеку во своите сеќавања - во неговото детство. Тој бил многу добар и примерен ученик, а на една приредба се покажал и како многу надарен. Покрај тоа, му помагал на татка си во дуќанот, но шивачкиот занает не го привлекувал, па го праќаат во Солун да учи.

8. Излез

Последната глава е враќање кон реалноста: Глигор решава да копа тунел од ќелијата за повторно да избегаат. Арсо не сака да учествува, тој е сосема паднат во духот. Со неговата ведрина и оптизимам, Глигор го бодри, му вели дека тој ќе копа, дека задачата на Арсо е само да лежи врз дупката и да стражари, дека тој ќе му помага во се. Но, за Арсо нема бегање - неговиот излез е смртта - она што го ветил на другарите пред атентатите. Затоа на крајот Арсо се обесува оставајќи на ѕидот мал траг од себе: „Тука згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор бега преку ископаниот тунел кон француската граница и кон слободата.

Page 6: Ѓорѓи Абаџиев

Славко Јаневски „Улица“

Славко Јаневски (1920-2000)

Славко Јаневски е роден во Скопје, каде завршил основно и средно техничко училиште. Во текот на Втората светска војна се наоѓа во Белград и и се приклучува на Козјачката партизанска бригада. По војната живее и работи во Скопје каде се посветува на литературното творештво. Бил директор и уредник на издавачката куќа „Македонска книга“. Од 1967 година е член на МАНУ. Ги покренува првите детски списанија и е автор на првиот македонски роман – „Село зад седумте јасени“. Добитник е на многу награди. Неговото творештво е обемно и разнолико. Пишувал песни, раскази, романи, како и литература за деца. Напишал 13 збирки песни од кои попознати се: „Крвава низа“, „Пруга на младоста“, „Евангелие по Итар Пејо“, „Каинавелија“ и др.; повеста „Улица“, расказите: „Кловнови и луѓе“, „Горчливи легенди“ и др.; романите: „Село зад седумте јасени“,„Две Марии“, „И бол и бес“, „Тврдоглави“, „Девет Керубинови векови“ и др.; како и детската литература: „Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки“, „Сенката на Карамба Барамба“, „Црни и жолти“, „Шеќерна приказна“, „Пупи Паф“ и др.

Улица

Повеста „Улица“ е првото прозно дело на Славко Јаневски. Темата е животот на група млади луѓе во Скопје меѓу двете светски војни и дилемите на главниот лик Јане Славковиќ, а идејата е пронаоѓањето на вистинскиот пат во животот.

Page 7: Ѓорѓи Абаџиев

Улица - во случајов симболизира лош пат во животот (уличарски) иако во делото е опишана една од многуте улици во меѓувоеното Скопје. Настаните се предадени преку раскажувањето на главниот лик - јас, кој е и наратор и учесник во случките. Всушност, повеста има автобиографски карактер во која е опишано детството и момчештвото, едно не сосема обично детство - детство на беспризорните, хроника на ситните злосторства на децата оставени на улица.

Содржина

„Улица“ започнува со сеќавањата на главниот лик на детството, кое е опишано сосема кратко, поточно е опишан само еден ден на кој личеле и сите други денови. Во тој ден учествуваат само таткото и чичкото, а мајката не се споменува. Дома него сите го кошкаат, никој ништо не му зборува, се сопнуваат од него. Таму, тој е незабележлив, никој не му обрнува внимание, се чувствува како да не постои и затоа не му се допаѓа. Од тие причини, тој има уште две можности каде што ќе може да се докаже: во училиште и на улица. Во продолжение е опишано училиштето кое е претставено како многу здодевно. Професорите се анегдотски, па дури и карикатурно опишани, сите се здодевни, бавни, зборуваат со тон кој успива, неинтересни и премногу строги. Професорот по математика бил целиот валчест, округол, ќелав, со кратковиди безбојни очи им личи на нула; професорката по географија со своето вкочането седење на работ од столот е како чизмата на Италија, па дури и името и е слично - Наталија; учителот по цртање е како детска играчка итн. Класниот раководител, по српски и историја за да ги омаловажи и навреди учениците секогаш им го поставува истото прашање: „Што си ти, придавка или глагол?“ Мислејќи на придавката –„глупав“ и на

Page 8: Ѓорѓи Абаџиев

глаголот – „оглупавува“, а тие покорно требале да одговорат: „Сега сум, господине глагол, но ќе станам придавка“ (односно - оглупавувам, после ќе станам глупав). Во една случка, кога протестираат повисоките класови, Јане ќе им купи цигари на некои поголеми деца, но ќе биде забележан од класниот и ќе биде казнет сам да остане во училиштето по завршување на часовите. Таму ќе го заборават, па дури ноќта ќе се врати дома. Оваа случка ќе го обележи и тој ќе биде под постојан надзор на професорите. Вака и училиштето станува непогодно место за себедокажување и за изградување на неговата личност. Значи - му преостанува улицата. Тука дефилираат само негативни ликови, ликови на работ од егзистенцијата, на злото, на мрачното и ужасното. Во периферниот ќорсокак живеат сиви луѓе со комплицирани судбини кои се постојано во судир со законот. Улицата е опишана панорамски (нејзиниот изглед) - надворешноста и нејзината внатрешност, односно луѓето и доживувањата. Улицата е обична, тесна, периферна и завршува со една ширинка каде децата си играле. На ширинката има три стари багрема. На влезот од широчинката стоел Баждар - наречен така поради тоа што на сите деца им собирал баждарина за да влезат и да можат да играат. Баждар бил постар, со тешко определиви години, во стара излитена, дваесетгодишна облека, бос, неизбричен, со црна шапка. Тој со нешто во исто време и привлекувал и одбивал, но децата сакале да ја придобијат неговата наклоност. Баждар е сомнителен тип, кој одвај преживува, кој краде за да опстане, типичен уличар без дом, кој живее на широчинката и спие во стариот напуштен форд. Тој добро се чувствува на улица бидејќи таму секогаш има деца на кои тој ќе им биде „газда“. Јане за него зборува со стравопочит, со желба да му се приближи, да ги придобие неговите симпатии или барем да успее Баждар да му го запамети ликот и името. Тоа за него би било успех

Page 9: Ѓорѓи Абаџиев

и начин на приближување кон главните актери на уличарскиот живот. Всушност, тој ќе направи секакви глупости токму за да им се приближи и да им докаже на Црните браќа дека е дел од нив. Меѓу најголемите деца на улицата е Пенчо - своеволен, тврдоглав и самобендисан, кого го викале и Белчо. Јане се обидува да се спријатели со него, зашто на тој начин ќе биде прифатен и од сите други деца на улицата. Така првата задача од Пенчо ќе биде до вечерта Јане да најде црна мачка без ниту едно бело влакно. Не е важно зошто, важно е задачата да се изврши - само така се станува дел од уличарското семејство. На улицата има и едно девојче, Ана, 14-годишна, која го привлекува вниманието на момчињата, а особено на Пенчо. Таа е мирно девојче, постојано со книгата в раце, ќерка на музичар. Кога ќе ја здогледа, Пенчо, за да го предизвика нејзиното внимание, стои на раце, се превртува, вади од џеб живи гуштери и сл. Кога поминува покрај неа со Јане, тој ненадејно го удира со тупаница по вратот. Дефилираат на улицата разни ликови, мајки, деца, татковци, пијаници, болни. За спас од лошото, жените решаваат да собираат пари за да изградат црквичка. Мајката на Димко ги собира парите, но ја ограбуваат, а го наклеветуваат пијаницата Адам. Подоцна, Јане дознава дека Баждар ги украл парите. Опишана е една случка кога Јане и Пенчо гаѓаат врапчиња со камења. Јане успева да погоди едно врапче, но погаѓа и прозорец на куќа во која живее некоја старица. Штетата што ја прават воопшто не ги загрижува, важно е што врапчето е на земја. Се разбира, врапчето го зема Пенчо, зашто тоа е законот на улицата - законот на посилниот. Во дружбата со Пенчо и Баждар, Јане оди да краде цреши. Целта на Баждар е да ги продава црешите и тој само стои од страна и ги чека, а Пенчо и Јане се извршителите на кражбата. Но, се појавува стопанката и во желбата да побегнат што побргу, Јане незгодно скокнува од дрвото и си го повредува глуждот. Жената го

Page 10: Ѓорѓи Абаџиев

прибира дома за да му помогне на повреденото дете, но кога оди да земе мелем, Пенчо краде една вазна и прекривка за фотелја и бега оставајќи го Јане сам. Жената, разочарана и бесна го брка Јане од својата куќа, а нему му е многу криво и не може да ја сфати постапката на својот другар. Тој ја знае границата меѓу доброто и злото и затоа никогаш не ќе може да стане вистински дел од Црните браќа. Светлата точка во животот на Јане е читањето книги. Книгите провејуваат низ целата повест. Дури и Баждар, еден врнежлив ден, скриени во неговиот форд, бара да му читаат од некоја стара книга („Злосторство и казна“). Со девојчето Ана разговараат за книгите, а најмногу книги добива од едно дете, Бато, кое не сака да чита, па Јане му ги прераскажува. Во тоа време книгите биле скапа и ценета работа и тешко се доаѓало до нив. Јане прочитал десет книги за десет дена, но кога му ги раскажувал на Бато, за да се пошегува, имињата на тројцата мускетири погрешно му ги кажал. Таа шега на Бато воопшто не му се допаднала и тој прво плачел, а потоа со спокоен тон рекол дека ќе му се освети и ќе му го убие кучето. Тоа и го сторил. Огорчен, Јане пред Црните браќа ветува дека ќе му се одмазди на Бато. Го начекува во ќорсокак и само го сопнува да не избега. Така паднат, можел да му прави што сака, но загубил волја и со одвратност го гледал како плаче и се влече во правта. Иако ништо особено не му направил и не го истепал многу, оваа освета предизвикала восхит кај Црните браќа и тие речиси го прифаќаат. Последниот тест за прифаќањето од улицата е влегувањето во циркусот така што ќе го исечат платното од шаторот. Јане им се придружува возбуден од големиот подвиг што ги очекува. Циркусот толку ги опседнува што тие самите решаваат да направат циркус и да наплаќаат влезници. Во овие нови дружби, Јане почнува да се воодушевува од Кузман и да го посакува неговото друштво, како порано на Пенчо.

Page 11: Ѓорѓи Абаџиев

Со Кузман почнуваат нова приказна – „филм“ кој сакаат да го живеат, а се прикажувал во киното. Тоа е за човекот Фантома кој живеел во подземјето, со маска на лицето од кого сите се плашеле. Така, Кузман го „запалува“ Јане да копаат подземни тунели и да ги најдат подземните одаи каде тие би живееле по неколку часа на ден, а би спиеле дома. Освен тоа, на побогатите би им праќале заканувачки писма за да им дадат пари. Кузман го води во визбата на неговата куќа да копаат додека родителите се на работа, а само дедо му е дома. Всушност, наместо подземни одаи, Кузман го барал грнето на дедо му полно со пари. Токму во моментот кога го наоѓа, на вратата се појавува дедото, кој го удира Кузмана со стап, а Јане успева да избега. По подолго време, Јане го среќава Кузман во нова облека, со килибарен цигарлак во устата, исчешлан, избричен и намирисан. Тој го поведува во кафеана, се пијанчи и му раскажува што се случило со парите и дедо му... Вечерта Кузман му кажал на татка си за парите и тој се обидел да му ги земе на стариот кој не сакал да ги даде. Затоа го убил и сега татко му е в затвор, мајка му во болница бидејќи ја удрила дамла, а тој полека си ги трошел парите до напролет кога ќе одел во војска. На крајот од повеста е опишана уште една случка на беспризорните, тепачката со Евреите во која иако не сака, се вклучува и главниот лик. Причина за тепачка нема - тоа е начин на живот, начин на Црните браќа. Повод наоѓаат во тоа дека Евреите се виновни за распнувањето и маките на Исус Христос. Се поделуваат во неколку групи и опкружуваат пет Еврејчиња. Настанува жестока тепачка. Одвратното насилство му се згадува на Јане и не може да го заборави прашањето на едно од Еврејчињата: „Немој... Зошто?“ - Токму така мисли и тој; не ја гледа целта ниту ја сфаќа смислата на тепачката и не ја одобрува омразата кон недолжните деца. Преживеалиците од улицата полека почнуваат да му здосадуваат, тој почнува да ги надраснува и надминува.

Page 12: Ѓорѓи Абаџиев

Ликови

Јане Славковиќ, како што еднаш по грешка го нарекува класниот раководител, всушност самиот автор, е главниот лик во повеста. Преку него и неговото раскажување дознаваме за сите личности и за самиот него. Тој живее еден нормален живот, има семејство кое се грижи за него и дом каде е удобно за живеење. Оди во училиште, чита книги, но сето тоа не му изгледа доволно возбудливо, па затоа решава да живее поавантуристички, приклучувајќи им се на беспризорните, односно на познатите Црни браќа. Желбата да доживее нешто несекојдневно е неговиот единствен мотив за ваквиот живот и не е социјално обусловен (за разлика од другите ликови). Во учеството на акциите тој е постојано свесен за границата меѓу доброто и злото. Тој по извршеното дело секогаш се чувствува празен, се чувствува лошо, изиграно - наместо исполнето и авантуристички како што очекува на почетокот. Тој се кали на улицата, но никогаш вистински не и припаѓа. На крајот сфаќа дека тоа не е неговиот простор за живот и затоа го напушта.

Баждар е повозрасен бескуќник за чија доверба се борат сите беспризорни. Тој е водач на акциите, тој е беспризорнички предводник. Кон оние што стојат нај-блиску до него, останатите покажуваат отворена омраза - бидејќи тоа значи дека дошле до врвот. За него не дознаваме ништо во однос на минатото и семејството од кое потекнува, но јасно е дека е тој најтактичен и најдостоен во занаетот кој го има совладано и кон кој се стремат сите.

Пенчо е типчичен беспризорник и според зборовите на авторот, злосторник засекогаш. Тој постојано ја нагласува својата физичка сила и е бескрупулозен во кражбите по секоја цена и во

Page 13: Ѓорѓи Абаџиев

сите услови. Но, ваквото негово однесување е обусловено и од средината од која потекнува. Имено, неговиот татко е пропаднат човек - алкохоличар, па затоа е сосема јасна неговата животна беспатица.

Кузман е многу сличен со Пенчо во секој поглед. Во прв момент изненадува што тој има дом и семејство, но по случката со дедото и злосторството што го врши неговиот татко, се ни станува јасно. Злосторниците раѓаат злосторници.

Page 14: Ѓорѓи Абаџиев

Стале Попов „Крпен живот“

Стале Попов (1902-1965)

Роден е во с.Мелница, Мариовско, како син на свештеник. Образованието го започнал во с.Витолиште, а богословија завршил во Битола. Потоа го завршува Теолошкиот факултет во Белград, каде го затекнува Втората светска војна. Се враќа во Македонија, каде за време на војната се поврзува со Народноослободителното движење и зазема раководни места. По војната доаѓа во Скопје и работи како професор по македонски јазик, на која должност и се пензионира. Почнал со пишување во подоцнежни години (на 51 година) и дебитира со романот „Крпен живот“, кој излегува од печат 1953 година. Тој ги напишал и расказите:„Мариовски панаѓур“, „Мариовски раскази“, „Итар Пејо“; како и романите:„Толе Паша“, „Калеш Анѓа“, „Дилбер Стана“, „Шаќир војвода“, „Необично дете“, „Доктор Орешковски“. Во своите дела, Попов ја прикажува мариовската средина опфаќајќи поголем број настани во определен историски период.

Page 15: Ѓорѓи Абаџиев

Крпен живот

Романот „Крпен живот“ е битово-социјален и семеен. Настаните се подредени по хронолошки ред (роман-река). Во него детално се опишани ентериерот и екстериерот на селото Витолиште, а опфатен е периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век (Илинденското востание, Првата и Втората балканска војна и Првата светска војна). Раскажувањето е во трето лице од сезнаечки и сеприсутен наратор. Темата на романот е животот на семејството Сукаловци од мариовското село Витолиште, а идејата е да се даде целосна слика на животот (обичаите, јазикот, фолклорот) во мариовските села при крајот на XIX и почетокот на XX век. Романот претставува жива енциклопедија на животот и луѓето од Мариово и изобилува со етнографски и фолклорни обележја, детално опишани и оживеани преку ликовите, односно преку семејството Сукаловци.

Содржина

1 дел

Романот започнува со легендата како настанало селото Витолиште. Многу одамна, не се знае ни кога, тројцата браќа Раде, Гале и Вито се иселиле од своето село за да побараат подобро место за живеење. Еден од браќата - Вито, се населил во една котлинка и ги удрил темелите на сегашното село Витолиште, кое по него го добило името. Селото се развивало и зголемувало, па станало центар на Мариово каде се наоѓала царската управна власт и седиштето на третокласното егзархиско училиште каде Мариовци ги праќале своите деца да станат попови или даскали.

Page 16: Ѓорѓи Абаџиев

Куќите во селото биле убави, камени со црвени кровови одќерамиди. Не биле малтерисани ни однадвор, ни одвнатре. Детално е опишана и внатрешноста на куќите. (За македонските куќи може повеќе да прочитате на другиот мој блог - ТУКА) Тие се состоеле од една просторија која визуелно била поделена со греда на средината. Во едната половина биле сместени животните - долен крај, а другата половина била за луѓето - горен крај. Под целиот горен крај бил земникот или визбата каде се чувале важните работи и храната. Горниот крај, исто така, бил поделен со греда на машки и женски кат. На средината била ископана дупка каде било сместено огништето. Во една ваква куќа во селото Витолиште живеело семејството Сукалови. Него го сочинувале: најстариот брат Стојо, жена му Митра и децата; Илко, четириесетгодишниот вдовец и најмалиот брат, Трајко. Приказната започнува кога Илко Сукалов, преку мариовскиот стројник Петко Балето, ја зема за жена Доста Рожденката, која исто така била вдовица. Пред да почине нејзиниот маж, таа живеела во Солун каде работела кај рускиот конзул како домашна помошничка. По смртта на мажот и, таа се враќа во родното село, со градска облека и градски навики, нови и неприфатливи од заостанатата мариовска средина. Доста била убава жена на 32 години, стројна, со гради истурени напред, стегната половина, долги нозе, измиена и чиста. Нејзиното лице го краселе црни очи, црни веѓи, црни коси, ситни бели заби, набабрени црвени усни и прав нос. Иако била изразито убава жена, заради градската облека таа на Мариовци им личела на „чума“. Нејзина најголема желба била да се задоми, да создаде семејство, да има поколение. Можноста за остварување на овие желби ја гледа во Илко, со кого сака да го закрпи скинатиот живот. Иако постари и во Илко и во Доста уште при првата средба се раѓа младешка љубов. Доста се сложува да оди за Илко, но под услов да

Page 17: Ѓорѓи Абаџиев

не биде купена како стока, а останатите обичаи да се истераат по редот. Од Рожден, Доста се сели во Витолиште, во куќата на семејството Сукалови каде е добро прифатена од сите, а особено од јатрва и Митра која очекувала голема помош од новата невеста. Митра, за разлика од Доста, е примитивна, неписмена мариовска селанка, со развиено чувство за сопственост и лична корист. Единствената мисла што ја мачи е имотот на нејзините девери - вдовци, да им припадне на нејзините деца. Доста брзо се вклопува во новиот живот, ги дели секојдневните обврски со јатрва и и подеднакво добро ги извршува. Но, нетрпението меѓу јатрвите почнува да се јавува кога Доста останува бремена. Тоа за Илко и Доста претставува најголема радост, зашто тие немале деца во првите бракови, но за Митра претставува опасност поради делбата на имотот. Таа се опседнува со мислата како Доста да го изгуби бебето, па почнува да оди кај бајачката - баба Бисера, која и зема пари за магијата што ја прави, а знае дека таа нема да и наштети на Доста. Митра е суеверна и верува дека свеќата што и ја дава бајачката ќе ја заврши работата и таа секоја вечер ја пали и се моли детето да се роди мртво. Но, магијата не успева. Породилните болки започнуваат и единствена која може да и помогне на Доста е нејзината јатрва. Самото породување и обичаите по раѓањето на детето се опишани во детали преку што се гледа примитивизмот и заостанатоста на мариовските селани. Породувањето се одвивало во долниот крај (во пондилата), покрај животните. Митра и помага на Доста и ја пресекува папочната врвка со две остри камчиња, а според обичајот потоа ја фрла во огништето. Тогаш повторно кај Митра се зародува мислата за убиство на бебето. Таа посакува да му го стисне вратчето на малото, немоќно суштество и така да си ги реши проблемите. Бидејќи породувањето било тешко, Доста помислила дека бебето е мртво родено. Во тие моменти, сепак, проработува совеста кај

Page 18: Ѓорѓи Абаџиев

Митра или можеби повеќе стравот од божјата казна (дека за смрт со смрт се враќа) и таа не го убива бебето, а кога тоа почнува да плаче на Достината среќа и нема крај. Доста не може да верува дека Господ ја дарувал со едно толку прекрасно суштество и со најубавото чувство на светот - да стане мајка.Според обичајот, бебето го задојува друга жена, во случајов сосетката Бојана, другарка на Доста. Следниот ден доаѓаат жените на повојница и носат нешто слатко и по нешто за бебето. Третиот ден доаѓаат наречниците кои го одредуваат животот на новиот човек во куќата. Додека наречниците му посакувале најубави работи на девојчето, Митра постојано колнела во себе. Се преколнувала и самата себе што не нашла сила да го убие. По неколку дена се правела крштевката. Илко отишол на пазар да ги купи сите потребни работи, а во недела наутро отишле во црква. Бебето го носел таткото, кумовите и роднините, а мајката останувала дома. Нунката го давала името на бебето - кое го крстиле Неда. По некое време Нешка добила и братче - Стојан (Толе). Тоа е остварување на сите желби на Доста и Илко, кои иако го закрпиле животот - тој им бил посреќен од првиот. Во куќата на Сукаловци нетрпението меѓу јатрвите постојано растело. За време на заедничкиот живот во подробности е опишано празнувањето на Велигден. Како и денес и тогаш се вапцале јајца. Постарите оделе во црква претпладне, а помладите навечер каде играле ора и празнувале. На крајот се натпреварувале во кршкање јајца. Во својата примитивност и неснаодливост, Митра се повеќе ги заострувала односите со Доста. Често се расправале, а сето тоа поради делбата на имотот. Останал имотот на Трајко кој сакале да го земат и двете. Но, Доста со својата итрина, тактичност, љубезност и убав однос, успеела да го прибобие деверот, кој решава да ја посвои Нешка и нејзе да и го даде својот дел. Проблемот на раскараните јатрви браќата го решиле на мирен начин, сложно како и секогаш. Тие одлучуваат Стојо, Митра и

Page 19: Ѓорѓи Абаџиев

нивните деца да одат во другата куќа која ја имало семејството, а Илко, Доста, децата и деверот Трајко, да останат во старата куќа.

2 дел - Кога доаѓа време, Доста ги праќа двете деца во третокласното егзархиско училиште. Нешка е првото и единствено девојче кое оди на училиште. Заостанатите селани мислеле дека женските деца не треба да се школуваат, дека треба да работат дома, па дури сметале дека е тоа срамота, зашто девојче не можело да стане поп. Но, Доста со нејзините понапредни сфаќања знаела дека и жените треба да бидат школувани. Преку училиштето и црквата е прикажана и туѓата пропаганда која се вршела врз македонското население. На почетокот граѓанската просвета во Мариово е поврзана токму со ова училиште и појавата на големобугарската пропаганда во овој крај. Потоа, под влијание на одредени историски моменти во некои села училиштата стануваат патријаршиски и шират грчка пропаганда, а за време на Балканските војни се претвораат во српски. Даскалот во Витолиште, Бино, бил србоман и претседател на општината. А даскалот Димо од с.Старавина бил гркоман, па при една средба во Битола тие двајцата се степале. Како даскалите, така и поповите се делеле на грчки и бугарски и се навредувале меѓусебно. По углед на даскалите и поповите и селаните почнале да се делат и да се вкоренува омраза меѓу нив. Ќе престанат да одат роднини кај роднини, ќе престанат да се мажат и женат „Грци“ и„Бугари“ и од родени браќа и соседи станувале смртни непријатели. Додека Нешка одела на училиште се вљубила во Крсте (Крле), синот на селскиот поп, кој исто така се вљубил во неа. Оваа детска љубов при крајот на романот прераснува во вистинска и завршува со брак. Патот до бракот не е многу едноставен, бидејќи татко му на Крле го ветил синот за Анѓа, Биновото девојче. Односно, откако децата на Бино остануваат сирачиња со многу имот, попот, заради имотот, решил да ги спои куќите на тој начин.

Page 20: Ѓорѓи Абаџиев

Крле не прифаќа, не му се допаѓа Анѓа, тој е вљубен во Нешка, но не може да му се спротивстави на татка си. Тој план почнува да се остварува, попот се сели во куќата на Бино, а Крле ќе ја бара секоја можна прилика за да избега од несаканата судбина. Прво ќе им се приклучи на комитите, а потоа среќата ќе му се насмевне кога Анѓа ќе се вљуби во друг и ќе си отиде. Така патот до Нешка повторно му се отвара и романот среќно ќе заврши со нивната свадба. За среќата на Доста и Илко да биде уште поголема, тие ќе направат двојна свадба, односно во исто време ќе го оженат и Толе за неговата избраничка Петра. Самиот автор вели: „Кој не правел свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска“, па на долго и на широко ги опишува подготовките и сите обичаи поврзани со венчавањето. Многу од тогашните свадбени обичаи се зачувани и денес. Најпрвин, за да се добие согласност од невестата кај неа се праќал селскиот стројник, кој морал да биде итар, мудар и снаодлив, со слатки зборови да ја придобие наклонетоста на младата девојка. По добро завршената работа, на стројникот му се купувале чевли за патот поминат по невестата. Кај невестата, свадбата започнувала во петок, кога го меселе тестото за погачите со кои се канеле нункото, деверите, попот, старосватот и други блиски роднини. Подалечните роднини се канеле со карта вино. Во сабота деверот канел од кај зетот, а братот или братучедот од кај невестата. Друг девер одел во планина по бршлен со кој се правел зелениот невестински венец. Во сабота се китела невестата од глава до петици, ја облекувала кошулата наречена „црнетата“, односно поцрнување - потчинување на волјата на девојката пред мажот. Во исто време и зетот се бричел и стрижел иако и утредента деверот го бричи за да не се појави небричен пред невестата. Подоцна се колеле јагниња, овци, па дури и крави и волови за да се подготват манџите за утредента. Во недела наутро сватовите одат по невестата. Таа е затворена, а роднините стојат со стапови и никого не пуштаат. Според обичајот, сватовите го молат домаќинот да ги пушти да преноќат. Додека се

Page 21: Ѓорѓи Абаџиев

води разговорот некој од сватовите ја турка вратата, божем на сила да влезат. Потоа, сите влегуваат во куќата каде трпезите се поставени и се честат со кафе и ракија, а кога ќе засвират гајдите започнува веселбата и ората. Невестата е сè уште скриена, но сега во земникот. И оваа порта како и првата е затворена. За да влезат, деверите плаќаат, а момите ги собираат парите. Кај невестата повторно плаќаат, и даваат нови чевли, и го ставаат венецот и ја носат кај зетот. Најпосле се оди во црква каде младенците се венчаваат. Со овие обичаи завршува романот „Крпен живот“, односно со разговорот меѓу Доста и Илко кои се гледаат со насолзени очи од среќа што нивниот закрпен живот подобро поминал отколку нов.

Ликови

Доста Рожденката е еден од главните ликови во романот. Таа е мариовска селанка која видела бел свет работејќи извесно време во Солун кај рускиот конзул. Била убава и стројна, но со својата облека и градски навики таа не им се допаднала на Мариовци. Им пречи на Мариовци нејзиниот културен однос, нејзиното поздравување со „добро утро“ и „добар ден“, како и тоа што си го брише носот во шамивче. Тие и завидуваат на убавите и нови градски јадења што ги приготвува, на прекрасните шарени килими што ги ткае - но, за неа нема препреки - решена е новото и убавото да го донесе во селото. Не се обѕрнува на озборувањата, туку си продолжува по својот пат. Нејзин најхрабар и најголем чекор ќе биде тоа што ќе ја испрати својата ќерка во училиште. Како и на сите жени, нејзина најголема желба е да има семејство и поколение, како и да му обезбеди на тоа поколение што поудобен живот. Во тој поглед таа не се разликува од јатрва и

Page 22: Ѓорѓи Абаџиев

Митра. И таа сака да го земе имотот на Трајко за своите деца, но тоа го прави на поубав, поитар и поинтелигентен начин. Митра е типична мариовска селанка, неука, проста, суеверна и на моменти многу злобна. Таа посакува нова снаа во куќата, но само за да има помош, а не и заради среќата на деверите. Кон Доста се однесува лицемерно, но нејзината лажна љубезност набрзо ќе прерасне во отворена омраза и љубомора. Таа и завидува на умешноста, и завидува на породот, и завидува на среќата и љубовта која Доста ја има со Илко, и завидува што нејзините деца се секогаш чисти и дотерани, и завидува што и двете ќе ги прати во училиште. Но, сепак најгрозно е што ја посакува смртта на нероденото бебе, па дури и помислува да стане убиец. Тоа е врв на нејзината лошотија и злоба. Машките ликови не се толку изградени, но односот меѓу тројцата браќа е јасно прикажан во својата нераскинливост, почит и љубов. Без разлика колку жените се карале меѓу себе, тие не дозволуваат да се раскараат и да се разделат во кавга. Илко Сукалов е вреден, мирен и добар човек и домаќин. Срамежливо и ненаметливо ја посакува Доста за жена. Тој се повинува на нејзините навики и начин на живот, ја слуша и и угодува знаејќи дека е тоа добро за сите. Ги прифаќа и новите јадења кои таа ги приготвува иако не е навикнат на нив, ја прифаќа и нејзината одлука да ја прати Нешка во училиште и не се обѕира на озборувањата на селаните. Тој ја сака Доста и е среќен во нивниот заеднички живот. Многу вредно работи за да му обезбеди на семејството удобен живот.