кристијан домазетовски 2003

22
СОУ”Крсте Петков Мисирков” Демир Хисар Проектна задача по предметот: Физика Тема: Соѕвездија

Upload: -

Post on 27-Jun-2015

208 views

Category:

Documents


2 download

TRANSCRIPT

Page 1: кристијан домазетовски 2003

СОУ”Крсте

Петков Мисирков” Демир Хисар Проектна задача по предметот: Физика

Тема: Соѕвездија

Page 2: кристијан домазетовски 2003

Содржина

1.Вовед 2. Голема Мечка3. Мала Мечка4. Андромеда5. Бик6. Близнаци7. Вага8. Водолија9. Девица10. Делфин11. Змија12. Јарец13. Лав14. Лира15. Орел16. Рак17. Овен18. Риби19. Заклучок20. Користена литература

Page 3: кристијан домазетовски 2003

Вовед

Соѕвездие е група на ѕвезди кои изгледаат како да се физички блиску на небото. Ѕвездите од едно соѕвездие се често многу далеку една од друга, но гледано од Земјата, изгледаат како да се блиску. Овој термин често се користи за да означи група од ѕвезди кои создаваат некаква форма на небото. Во различните култури, соѕвездијата може да се различни, односно една иста ѕвезда може да се најде

во различно соѕвездие. Како и да е, модерната астрономија го користи терминот за да го означи методот на поделба на небото во 88 сектори со точни граници.Jас се одлучив оваа проектна задача да ја изработам на тема Соѕвездија со цел

да ја истакнам појавата и карактеристиките на соѕвездијата.

Page 4: кристијан домазетовски 2003

Голема Мечка или Ursa Major е соѕвездие

видливо преку целата година во најголемиот дел од северната хемисфера. Латинскиот

назив значи голема мечка. Во него доминира најпознатата група ѕвезди познати

кои се корисен показател на север, и кои имаат митолошко значење во бројни култури

низ светот.

Page 5: кристијан домазетовски 2003

Мала Мечка или Ursa Minor е соѕвездие на северното небо. Неговото латинско име значи 'малечка мечка', спротивно на Голема Мечка. Мала Мечка е

забележливо соѕвездие бидејќи е на северниот небесен пол, иако ова ќе се смени после неколку века поради

прецесијата на рамнодениците.

Page 6: кристијан домазетовски 2003

Андромеда (латински: Andromeda) е соѕвездие наречено според принцезата

Андромеда. Соѕвездието се наоѓа покрај соѕвездието

Пегаз. Андромеда е позната и по галаксијата Андромеда. Најсјајната

ѕвезда во ова соѕвездие е Сирах, која е главата на Андромеда и има ознака Алфа Андромеда. Порано таа ѕвезда била дел

и од двете соѕвездија (Андромеда и Пегаз) и била позната како Делта Пегаз. Денес заедно со Алфа, Бета и Гама Пегаз

е дел од Големиот квадрат на Пегаз. Ѕвездата Бета Андромеда е позната по

името Мирах. Се наоѓа на 200 светлосни години од нас и има магнитуда од + 2,1. Ѕвездата Гама Андромеда или Аламак е двојна ѕвезда оддалечена 350 светлосни

години, со магнитуда од + 2,1.

Page 7: кристијан домазетовски 2003

Бик е едно од соѕвездијата на зодијакот. Неговото

латинско име Taurus значи - бик, а неговиот симбол е Taurus.svg (Unicode ♉),

односно приказ на главата на бикот. Соѕвездието Бик е

големо и истакнато на северната полутопка на

зимското небо, и се наоѓа меѓу соѕвездијата Овен на запад и Близнаци на исток;

на север лежи Персеј и Кочијаш, на југоисток е

Орион, на југ Еридан, а на југозапад Кит.

Page 8: кристијан домазетовски 2003

Близнаци е едно од соѕвездијата од зодијакот, и

како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив

Gemini се однесува на митолошките близнаци

Кастор и Полукс, а неговиот симбол е Gemini.svg. Се наоѓа

меѓу соѕвездијата Бик на запад и Рак на исток, со

Кочијаш и Рис на север и Еднорог и Мало Куче на југ.

Page 9: кристијан домазетовски 2003

Вага (или Терезија) е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како

астролошки знак го носи истото име. Латинскиот

назив Libra значи „вага“. Ова соѕвездие не е многу изразено на небото, нема

ѕвезди со голема величина, а се наоѓа меѓу соѕвездијата Девица на запад и Скорпија

на исток.

Page 10: кристијан домазетовски 2003

Водолија или Аквариус е соѕвездие и едно од

знаците во зодијакот, сместено меѓу соѕвездијата

Јарец и Риби. Латинското име `Aquarius` означува оној

што носи вода.Соѕвездието Водолија е

едно од најстарите познати соѕвездија.

Page 11: кристијан домазетовски 2003

Девица е едно од соѕвездијата од зодијакот, и

како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Virgo значи девојка -

девица. Се наоѓа меѓу соѕвездијата

Лав на запад и Вага на исток, и е второ најголемо

соѕвездие на небото. Многу лесно може да се најде на

небото заради неговата најсјајна ѕвезда Спица.

Page 12: кристијан домазетовски 2003

Делфин е соѕвездие на северното небо многу блиску до небесниот

екватор. Неговото латинско име значи делфин. Тоа е

едно мало соѕвездие, и од 88-те се наоѓа на 69-то

место. Делфин е едно од соѕвездијата кои ги забележал Птломеј.

Page 13: кристијан домазетовски 2003

Змија е соѕвездие. Неговото латинско име Serpens значи змија, и единствено е меѓу современите соѕвездија со тоа што е поделено на два

дела - „Змиска Глава“ (Serpens Caput) и „Змиска

Опашка“ (Serpens Cauda) на исток. Меѓу овие два дела

се наоѓа соѕвездието Змијоносец, односно „оној што ја држи змијата“. Змија е едно од 48-те соѕвездија

кои ги забележал Птоломеј.

Page 14: кристијан домазетовски 2003

Јарец или Каприкорнус е едно од соѕвездијата на

зодијакот. Латинското име „Capricornus“ значи „рогат

јарец“ или „рогот на јарецот“, и најчесто се

претставува со симболот на риба-коза, што е едно од

митските суштества. Соѕвездието Јарец е едно од 88-те модерни соѕвездија, а

исто така е и едно од соѕвездијата забележани од

Птоломеј во 1 век.

Page 15: кристијан домазетовски 2003

Соѕвездието Лав е едно од соѕвездијата на зодијакот. Неговото име е латински

назив за лав. Неговиот симбол е (Unicode ♌). Се

наоѓа западно од соѕвездието Рак и источно

од соѕвездието Девица. Соѕвездието Лав содржи многу сјајни ѕвезди, како што се Регулус (α Leonis);

Денебола (β Leonis); и Гама Леонис (Algieba).

Page 16: кристијан домазетовски 2003

Лира е соѕвездие чие латинско име го означува

жичениот музички инструмент лира. Лира е едно од 48-те соѕвездија забележани од Птоломеј. Лира е мало соѕвездие, но

главната ѕвезда, Вага, е една од најсјајните ѕвезди

на ноќното небо. Започнува на север, се граничи со Змеј,

Херкул, Лисица и Лебед.

Page 17: кристијан домазетовски 2003

Орел е соѕвездие. Неговото латинско име е Aquila и значи

орел. Се наоѓа речиси на небесниот екватор. Најсјајната

ѕвезда, Алтаир, е вертекс на летниот триаголник.

Соѕвездието Орел е едно од 48-те соѕвездија забележани од

Птоломеј во 1 век. Исто така се споменува во 4 век п.н.е. и во 3

век п.н.е. од Аратус. Денес е едно од 88-те соѕвездија

дефинирани од меѓународната астрономска заедница. Ова

соѕвездие било познато и како Летечки грабливец (Vultur

volans) за старите Римјани (да не се меша со Vultur cadens што

е старо римско име за соѕвездието кое денес го

знаеме какоЛира.

Page 18: кристијан домазетовски 2003

Рак е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како

астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Cancer значи рак.

Соѕвездието Рак е мало и нема многу сјајни ѕвезди. Се

наоѓа меѓу соѕвездијата Близнаци на запад, Лав на

исток, Врскас на север и Мало Куче и Хидра на југ.

Page 19: кристијан домазетовски 2003

Овен или Ариес е едно од соѕвездијата од зодијакот, и

како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Aries значи овен. Се

наоѓа меѓу соѕвездијата Риби на запад и Бик на

исток.

Page 20: кристијан домазетовски 2003

Риби е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како

астролошки знак го носи истото име. Латинскиот

назив Pisces е множина од риба, а неговиот симбол е . Се наоѓа меѓу соѕвездијата

Водолија на запад и Овен на исток.

Page 21: кристијан домазетовски 2003

Заклучок

Ѕвезда е масивно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувало енергија преку нуклеарна фузија. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на нуклеарна фузија. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија.

Page 22: кристијан домазетовски 2003

Користена литература

www.wikipedia.com