zakon za mineralni surovini 931962198 247095030

68
1 ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ (“Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 24/07, 88/08, 52/09, 6/10, 158/10, 53/11 и 136/11) ДЕЛ I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет и цел на законот Со овој закон се уредуваат: 1) условите и начинот на вршење геолошки истражувања, експлоатација, подготовка и преработка на минерални суровини со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина и 2) поттикнувањето и унапредувањето на геолошките истражувања, експлоатацијата, подготовката и преработката на минералните суровини, како и зајакнување на мерките за безбедност, заштита на животната средина, здравјето на луѓето, надзорот и условите при вршењето на геолошките истражувања и експлоатација на минералните суровини. Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Минерални суровини се сите органски и неоргански минерални материи кои се наоѓаат во цврста, течна или гасовита состојба во примарните и секундарните наоѓалишта; 2. Рудни резерви се утврдени количини на одделна минерална супстанца од наоѓалиштето утврдени со елаборатот за извршените детални геолошки истражувања; 3. Геолошки истражувања се збир на методи и техники со цел за добивање на информации утврдени врз основа на кои се дефинира геолошката градба на одреден простор од Земјата; 4. Основните геолошки истражувања се геолошки истражувања кои се вршат со цел да се добијат основни податоци за геолошката градба на просторот на Земјата; 5. Детални геолошки истражувања се геолошки истражувања со кои се добиваат целосни податоци и детално се утврдуваат резервите на минералните суровини на определен простор на Земјата; 6. Експлоатација на минералните суровини е активност на добивање, односно ослободување на минералните суровини од нивната природна состојба вклучувајќи ги подготвителните, придружните и последователните активности поврзани со добивањето на минералните суровини; 7. Експлоатација на архитектонски украсен камен, во смисла на овој закон, е вадење на камен од наоѓалиштето и обликување на истиот во блокови; 8. Минерална технологија или процесирање на минерали е одвојување на составните корисни од некорисни делови на минералите преку технолошките фази на подготовка на минерални суровини или минерална технологија подготовка на минерални суровини и преработка на минерални суровини во облик на концентрат, техноген цврст облик или метал;

Upload: emil-mitev

Post on 11-Apr-2015

152 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

zakon

TRANSCRIPT

Page 1: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

1

ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ (“Сл. Весник на Република Македонија“

бр. 24/07, 88/08, 52/09, 6/10, 158/10, 53/11 и 136/11)

ДЕЛ I ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Предмет и цел на законот Со овој закон се уредуваат: 1) условите и начинот на вршење геолошки истражувања, експлоатација, подготовка и преработка на минерални суровини со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина и 2) поттикнувањето и унапредувањето на геолошките истражувања, експлоатацијата, подготовката и преработката на минералните суровини, како и зајакнување на мерките за безбедност, заштита на животната средина, здравјето на луѓето, надзорот и условите при вршењето на геолошките истражувања и експлоатација на минералните суровини.

Член 2 Дефиниции

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Минерални суровини се сите органски и неоргански минерални материи кои се наоѓаат во цврста, течна или гасовита состојба во примарните и секундарните наоѓалишта; 2. Рудни резерви се утврдени количини на одделна минерална супстанца од наоѓалиштето утврдени со елаборатот за извршените детални геолошки истражувања; 3. Геолошки истражувања се збир на методи и техники со цел за добивање на информации утврдени врз основа на кои се дефинира геолошката градба на одреден простор од Земјата; 4. Основните геолошки истражувања се геолошки истражувања кои се вршат со цел да се добијат основни податоци за геолошката градба на просторот на Земјата; 5. Детални геолошки истражувања се геолошки истражувања со кои се добиваат целосни податоци и детално се утврдуваат резервите на минералните суровини на определен простор на Земјата; 6. Експлоатација на минералните суровини е активност на добивање, односно ослободување на минералните суровини од нивната природна состојба вклучувајќи ги подготвителните, придружните и последователните активности поврзани со добивањето на минералните суровини; 7. Експлоатација на архитектонски украсен камен, во смисла на овој закон, е вадење на камен од наоѓалиштето и обликување на истиот во блокови; 8. Минерална технологија или процесирање на минерали е одвојување на составните корисни од некорисни делови на минералите преку технолошките фази на подготовка на минерални суровини или минерална технологија подготовка на минерални суровини и преработка на минерални суровини во облик на концентрат, техноген цврст облик или метал;

Page 2: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

2

9. Рекултивирање е процес на повторно враќање на земјиштето во корисна состојба, деградирано со геолошките истражувања или со експлоатацијата на минералните суровини; 10. Постројка е збир на направи или инсталации поврзани во функционална целина, која служи за иста техничка цел; 11. Рудник е ограничено подрачје на земјиште, на површина или под неа, каде што се истражува или експлоатира минерална суровина со употреба на машини, опрема, депонии (места за одлагање на руднички отпад) и рудничка инфраструктура потребна за вршење на рударските работи; 12. Рударски објект е објект на површина или под земја на просторот за истражување односно на експлоатационото поле, кој е наменет за истражување и експлоатација на минерални суровини, минерална технологија и за вршење на други рударски работи; 13. Рудничка инфраструктура се руднички објекти кои се потребни за истражувачките и работите при експлоатацијата на минералните суровини (пристапни патишта, електронаправи и објекти, згради за луѓе и опрема и слично); 14. Одлагалиште е определено место каде што се транспортира и депонира рудничката раскривка; 15. Хидројаловиште претставува рударски објект за акумулирање на суспензија од ситни честици на јаловина и технолошка отпадна вода во строго определени и контролирани услови; 16. Подземни води се водите коишто се наоѓаат под површината на земјата во зоната на сатурација и се во директен контакт со површината или со потслоевите; 17. Издан е геолошка средина потполно или делумно заситена со слободна подземна вода способна да акумулира и оддава подземни води; 18. Извор е природно истекување на подземна вода (обична или минерална) на површината на земјата; 19. Режим на подземни води е процес на измена на квалитетот и квантитетот на подземните води (проток, ниво на подземните води, брзина, температура, вискозитет, хемиски, радиолошки, микробиолошки и гасен состав) под дејство на природните и антропогените фактори по време и простор; 20. Минерални води се подземни води кои по својата минерализација, хемиски и гасен состав, содржината на специфични компоненти, радиоактивни елементи или зголемената температура се од останатите подземни води; 21. Термални води се минерални води кои се одликуваат со зголемена температура, а која е поголема од средногодишната температура на определено место; 22. Простор за истражување е дел од просторот на земјата одобрен за геолошки истражувања, дефиниран со координати по површината, со неограничено простирање во длабочина. ограничен со природни или вештачки линии и неограничен во длабочина; 23. Експлоатационо поле е дел од просторот на кој е утврдено наоѓалиштето на минерални суровини, просторот неопходен за организација на рударските работи и изградба на рударски објекти, а кое на површината на земјата е ограничено со координатни точки меѓусебно поврзани со прави линии со неограничено простирање во длабочина; 24. Загадување на животната средина е емисија на воздухот, водата или почвата, којашто може да биде штетна за квалитетот на животната средина, животот и здравјето на луѓето или емисија од којашто може да произлезе штета за имотот или која го нарушува или влијае врз биолошката и пределската

Page 3: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

3

разновидност и врз другите пропишани начини на користење на животната средина и 25. Оценување на влијанието врз животната средина е процена на можните влијанија на одредени проекти и планирани геолошки и рударски активности врз животната средина во подрачјето на експлоатацијата на минералните суровини и минералната технологија.

Член 3 Видови на минерални суровини

(1) Минералните суровини се добра од општ интерес, сопственост на Република Македонија, без оглед на сопственоста на земјиштето на кое се наоѓаат. (2) Минералните суровини според видот можат да бидат: 1) енергетски минерални суровини: сите видови на фосилни јаглени, јаглеводороди во цврста, течна и гасовита состојба, сите видови на битуминозни и мастни шкрилци и други гасови кои се наоѓаат во земјата; 2) металични минерални суровини, односно суровини од кои можат да се произведуваат метали или нивни соединенија; 3) неметалични минерални суровини, графит, сулфур, магнезит, флуорит, барит, азбест, лискуни, фосфати, гипс, калцит, креда, бентонитска глина, кварц, кварцен песок, каолин, керамичка и огноотпорна глина, фелдспат, талк, туф, суровини за производство на цемент и вар и карбонатни и силикатни суровини за индустриска преработка; 4) архитектонско-украсен камен; 5) градежно-технички камен, градежен песок и чакал и цигларска глина; 6) геотермални води од кои се искористува водата за пакување, се искористува акумулираната топлина во енергетски потреби, како и за лековити, балнеолошки или рекреативни цели и 7) подземни води за пиење (минерални води и гас јаглероден диоксид, издански и изворски води и врела).

Член 4 Геолошко-рударски работи

Геолошко-рударски работи се работи кои се изведуваат со цел за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и минерална технологија.

Член 5 Стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и

експлоатација на минерални суровини (1) За остварување на целите и насоките за усогласено вршење на геолошките истражувања, експлоатацијата и одржливото искористување на минералните суровини, Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) донесува Стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини (во натамошниот текст: Стратегијата) за период од 20 години. (2) Со Стратегијата се определува обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, одржливото искористување и потребите за експлоатацијата на минералните суровини кои се од битно значење за развојот на стопанството на Република Македонија.

Page 4: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

4

(3) Реализацијата на Стратегијата од ставот (1) на овој член се врши преку годишна програма за основни геолошки истражувања и програма за експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини. (4) Средствата за изработување на Стратегијата од ставот (1) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (5) За остварување на целите и насоките за усогласено вршење на геолошките истражувања, експлоатацијата и одржливото искористување на минералните суровини утврдени со Стратегијата за прифатените иницијативи за доделување на концесии за вршење на детални геолошки истражувања, Владата донесува годишна програма за детални геолошки истражувања на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (6) По истек на рокот утврден во член 10 став (10) од овој закон, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет работни дена до Владата на Република Македонија да достави предлог на годишна програма за детални геолошки истражувања. (7) Деталните геолошки истражувања на минералните суровини од членот 3 став (2) точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој закон можат да се вршат доколку нивното вршење е предвидено со годишната програма за детални геолошки истражувања. (8) Деталните геолошки истражувања на енергетските минерални суровини се реализираат со годишна програма за детални геолошки истражувања на енергетски минерални суровини која ја донесува Владата на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (9) Реализацијата на годишната програма од ставовите (5) и (7) на овој член ја реализира органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (10) Средствата за финансирање на годишните програми од ставовите (5) и (7) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (11) Деталните геолошки истражувања за минералните суровини од членот 3 став (2) точка 1 на овој закон можат да се вршат по претходна согласност на Владата на Република Македонија.

Член 5-а Одредбите од овој закон не се применуваат на постапките за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на јавните претпријатија, јавните установи, трговски друштва основани од Република Македонија и друштва врз кои државата има директно или индиректно влијание преку сопственоста над нив, односно ако поседува поголем дел од капиталот на друштвото, има мнозинство гласови на акционерите / содружниците и доколку именува повеќе од половина од членовите на управниот или надзорниот одбор, односно органите на управување на друштвото, другите правни лица кои вршат јавни овластувања во делот на вршењето на јавните овластувања, како и на субјектите кои се сопственици на земјиштето на чиј простор се бара доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини за минералните суровини од членот 3 став (2) точка 5 на овој закон.

ДЕЛ II

Page 5: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

5

ОСНОВНИ И ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Член 6 Услови за вршење на основни и детални геолошки истражувања

(1) Основни и детални геолошки истражувања можат да изведуваат правни и физички лица кои се запишани во Централниот регистар на Република Македонија и поседуваат овластување за изработка на геолошка документација, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на таа дејност и кои имаат вработено најмалку едно лице кое поседува лиценца за изработка на геолошка документација. (2) Детални геолошки истражувања на минерални суровини не можат да се вршат на простори кои се наоѓаат во населени места, јавни патишта, водостопански објекти, речни корита, езера и нивни брегови, воени објекти, споменици на културата, заштитени подрачја на природата, на подрачја кои согласно со Просторниот план на Република Македонија, просторните планови и законите кои ги спроведуваат, е забрането вршење експлоатација на минерални суровини, како и на други простори на кои се наоѓаат објекти од јавен интерес. (3) По исклучок на ставот (2) од овој член, за минералните суровини кои се од јавен интерес определен во членовите 65 и 66 од овој закон, можат да се вршат детални геолошки истражувања на минерални суровини и на просторите од ставот (2) на овој член, по претходна согласност на органите на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област. (4) Доколку при вршењето на деталните геолошки истражувања се откријат и други видови на минерални суровини, освен оние за кои е доделена концесија за детални геолошки истражувања, истите треба да бидат опфатени со елаборатот од извршените детални геолошки истражувања и соодветно прикажани по квалитет и квантитет. (5) Техничко водење и надзорот над вршењето на геолошките истражувања врши лице кое поседува лиценца за изработка на геолошка документација. (6) Поблиските услови и начинот на издавање на лиценцата и овластувањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (7) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини ги евидентира, документира и чува податоците добиени од извршените основни и детални геолошки истражувања. (8) Начинот на евидентирање, документирање, чување и издавање на заинтересирани лица на податоците добиени од извршените основни и детални геолошки истражувања го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Глава 1 ОСНОВНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Член 7

Цел на основни геолошки истражувања (1) Основните геолошки истражувања се дејност од јавен интерес. (2) Со основните геолошки истражувања се обезбедуваат основни геолошки податоци кои се користат за експлоатација и искористување на минералните суровини, како и за просторното планирање.

Page 6: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

6

(3) Основните геолошки истражувања се реализираат согласно со годишната програма за основни геолошки истражувања од членот 5 на овој закон.

Член 8 Годишна програма за основни геолошки истражувања

(1) Годишната програма за основни геолошки истражувања од членот 5 став (3) на овој закон ја донесува Владата на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (2) Средствата за финансирање на годишната програма од ставот (1) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. (3) Реализацијата на годишната програма од ставот (1) на овој член ја реализира органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 9 Геолошка документација за вршење на основни геолошки истражувања

(1) Геолошката документација за вршење на основни геолошки истражувања се состои од: 1) проект за вршење на основни геолошки истражувања; 2) елаборат за основни геолошки истражувања; 3) извештај за извршените основни геолошки истражувања; 4) геолошки карти со толкувачи на истите и 5) елаборат за оцена на влијанието врз животната средина. (2) Документацијата од ставот (1) точки 1, 2 и 4 на овој член подлежи на стручна оцена (ревизија). (3) Документацијата од ставот (1) точка 5 на овој член се одобрува од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Документацијата од ставот (1) точка 4 на овој член се изработува врз основа на посебните упатства за изработка на геолошки карти согласно со одредбите од овој закон.” (5) Содржината и начинот на изработка на геолошката документација од точките 1, 2 и 4 и ставот 4 на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Глава 2

ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Член 10 Концесија за детални геолошки истражувања

(1) Право за вршење на детални геолошки истражувања се стекнува со добивање на концесија за детални геолошки истражувања. (2) Концесија за детални геолошки истражувања доделува Владата. (3) Концесија за детални геолошки истражувања се доделува врз основа на јавен повик. (4) По исклучок од ставот (1) на овој член на субјектите од членот 5-а на овој закон, концесија за детални геолошки истражувања се доделува врз основа на барање. (5) Право за добивање на концесија за детални геолошки истражувања има секое правно или физичко лице, вклучувајки ги и странските правни лица со подружница

Page 7: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

7

запишана во Централниот регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој и друг закон. (6) Со концесијата за вршење на детални геолошки истражувања, концедентот на концесионерот му отстапува простор за вршење на детални геолошки истражувања, дефиниран со координати нанесени на топографската карта во мерка 1 : 25 000 или 1 : 50 000. (7) Концесијата од ставот (1) на овој член се доделува на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, како и на земјиште кое е во сопственост на други лица. (8) Иницијатива за започнување на постапка за доделување концесија за вршење на детални геолошки истражувања може да поднесе секое заинтересирано правно или физичко лице, при што е должно да приложи: 1) образложение и основни податоци за поднесителот на иницијативата; 2) предложен период на кој би се доделила концесијата и 3) простор на кој би се вршеле деталните геолошки истражувања вцртан на топографска карта. (9) По доставувањето на иницијативата од ставот (8) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, врши увид на локалитетот и усогласување на просторот во рок од 14 дена, при што по службена должност бара мислење од единиците на локалната самоуправа и од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, шумарството и водостопанството, како и од други органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област, а за доставените барања за добивање на мислења се известува Државниот управен инспекторат заедно со копија од доставените барања за мислења. 10) Органите на државната управа од ставот (9) на овој член се должни своето мислење да го дадат во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето на мислење. Во спротивно ќе се смета дека е дадено позитивно мислење во врска со иницијативата за доделување на концесија за детални геолошки истражувања. (11) Доколку органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од став (9) на овој член во опредлениот рок не достават мислење, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од три работни дена го известува Државниот управен инспекторат. (12) Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (11) на овој член да изврши надзор во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (9) на овој член дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (13) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно закон донесува решение со кој го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (9) на овој член, во рок од десет дена да даде мислење и да го извести инспекторот за истото. Кон известувањето се доставува копија од мислењето. (14) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (9) на овој член

Page 8: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

8

не одлучи во рокот од ставот (13) од овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој функционерот кој раководи со органот и единицата на локална самоуправа ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (15) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (9) на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (16) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (14) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од пет работни дена го известува директорот на Државниот управен инспекторат. (17) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот, да го разгледа известувањето од ставот (16) на овој член, и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од ставовите (11) и (12) или не поднесе пријава согласно ставовите (14) и (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кои инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (18) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (19) Во случајот на ставот (18) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (20) Во случаите на ставот (19) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (21) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно ставот (17) од овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (22) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (9) на овој член не одлучи во рокот од ставот (15) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (23) Постапката пред Управниот суд е итна.

Page 9: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

9

(24) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 60 дена, сметано од денот на приемот на иницијативата од ставот (8) на овој член ќе го извести подносителот на иницијативата за прифаќање на истата. (25) Постапката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања ја спроведува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини согласно со овој закон и Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство. (26) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 60 дена сметано од денот на приемот на иницијативата од ставот (8) на овој член со решение ќе ја одбие истата, ако: - не ја приложи документацијата од ставот (8) на овој член, - на просторот за кој е поднесена иницијатива за вршење на детални геолошки истражувања е веќе доделена дозвола или концесија за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, - со вршењето на деталните геолошки истражувања се загрозуваат природните ресурси, животната средина, културното наследство, шумите, земјоделското земјиште, водите, инфраструктурата или други добра чија заштита е во јавен интерес врз основа на претходно добиено мислење од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштита на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството и водостопанството, како и од другите органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област согласно со закон и - не е во согласност со годишната програма за вршење на детални геолошки истражувања. (27) Против решението од ставот (26) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 11 Дозвола за детални геолошки истражувања

1) Заради доистражување на минералните суровини за потребите на потрошување на концесијата за експлоатација на определен простор кој се граничи со просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација на минерални суровини и е во функција на рационална и одржлива експлоатација на минералните суровини се издава дозвола за детални геолошки истражувања за период од две години. 2) Дозволата за вршење на детални геолошки истражувања од ставот (1) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. 3) Дозволата од ставот (1) на овој член се издава за ист вид на минерални суровини за кои и е доделена концесијата за експлоатација. (4) Доистражување на минерални суровини може да се врши за минералните суровини од членот 3 став (2) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон. (5) Просторот на кој се издава дозволата од ставот (1) на овој член не може да биде поголем од една третина од површината на постојната концесија за експлоатација на минерални суровини, освен за експлоатацијата на минералните суровини од членот 3 став (2) точки 1 и 2 на овој закон каде што просторот за доистражување не може да биде поголем од две третини од површината на постојната концесија.

Page 10: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

10

6) Дозволата од ставот (1) на овој член се издава само на лицата кои имаат веќе доделена концесија за експлоатација и им е издадена дозвола за експлоатација на минерални суровини.

Член 12 Постапка за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки

истражувања (1) Барањето за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се поднесува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (2) Кон барањето за добивање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се приложува: 1) студија за оправданоста на барањето за издавање на дозволата за детални геолошки истражувања; 2) топографска карта во мерка 1:25.000 или 1:50.000 на која се нанесени координатите на граничните точки на локацијата за која се бара вршење на детални геолошки истражувања; 3) елаборат од извршените детални геолошки истражувања за состојбата со резервите на минералните суровини заедно со извршена стручна оцена (ревизија) на просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација; 4) проект за вршење на детални геолошки истражувања и 5) елаборат за оцена на влијанието врз животната средина. (3) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, по приемот на барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања врши увид на локалитетот за кој се бара дозвола за вршење на детални геолошки истражувања и по службена должност бара мислење од единиците на локалната самоуправа и од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, шумарството и водостопанството, како и од други органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област, а за доставените барања за добивање на мислења се известува Државниот управен инспекторат заедно со копија од доставените барања за мислења. (4) Органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член се должни своето мислење да го дадат во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето на мислење. Во спротивно ќе се смета дека е дадено позитивно мислење во врска со барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања. (5) Доколку органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член во рокот од ставот (4) на овој член не достават мислење, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од три работни дена го известува Државниот управен инспекторат (6) Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши надзор во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Page 11: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

11

(7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кој го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член, во рок од десет дена да даде мислење и да го извести инспекторот за истото. Кон известувањето се доставува копија од мислењето. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член не одлучи во рокот од ставот (6) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој функционерот кој раководи со органот и единицата на локална самоуправа ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (9) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од пет работни дена да го извести директорот на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот, да го разгледа известувањето од ставот (10) на овој член, и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од ставовите (6) и (7) на овој член или не поднесе пријава согласно ставовите (8) и (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кои инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (13) Во случај на ставот (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случаите на ставот (13) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно ставот (11) од овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа

Page 12: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

12

надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна. (18) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет работни дена, сметано од денот на добивање на мислењата од органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (3) на овој член, на барателот да му издаде дозвола за вршење на детални геолошки истражувања. (19) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини со решение ќе го одбие барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања во случај кога 1) барателот не ја приложил документацијата од став (2) на овој член; 2) не постои оправданост на барањето за издавање на дозвола за детални геолошки истражувања и 3) со вршењето на деталните геолошки истражувања се загрозуваат природните ресурси, животната средина, културното наследство, шумите, земјоделското земјиште, водите, инфраструктурата или други добра чија заштита е во јавен интерес врз основа на претходно добиено мислење од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштита на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството и водостопанството, како и од другите органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област согласно со закон. (20) Против решението од ставот (19) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (21) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рокот од ставот (18) на овој член не ја издаде дозволата за вршење на детални геолошки истражувања, инспекторот од Државниот управен инспекторат во рок од десет работни дена ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (22) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кој го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, во рок од десет работни дена да ја издаде дозволата за вршење на детални геолошки истражувања и да го извести инспекторот за истото. (23) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи во рокот од ставот (22) од овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата за вршење на детални геолошки истражувања за што во истиот рок ќе го извести инспекторот.

Page 13: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

13

(24) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не ја издаде дозволата за вршење на детални геолошки истражувања и во дополнителниот рок од ставот (23) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител. (25) Доколку инспекторот не постапи на начинот утврден од ставот (24) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена, сметано од истек на рокот утврден во членот (22) од овој закон ќе ги разгледа списите од предметот, и доколку утврди дека инспекторот не постапил согласно ставовите (21), (22), (23) и (24) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кои инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира директорот на Државниот управен инспекторат за превземените мерки. (26) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (24) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот. (27) Во случај на ставот (25) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (28) Во случаите на ставот (25) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ја информира Владата на Република Македонија. (29) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно ставот (28) од овој член, Владата на Република Македонија може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од три дена.

Член 13 Содржина на дозволата за вршење на детални геолошки истражувања

(1) Дозволата за вршење на детални геолошки истражувања содржи податоци за: 1) правното или физичкото лице на кое му е издадена дозволата за вршење на детални геолошки истражувања; 2) минералните суровини што се предмет на деталното геолошко истражување; 3) проектот за вршење на детални геолошки истражувања; 4) целите и начинот на вршењето на деталните геолошки истражувања на минерални суровини; 5) видот и обемот на истражните работи што треба да се извршат; 6) просторот за вршење на детални геолошки истражувања со одредени координати; 7) периодот за кој е доделена дозволата; 8) рокот за започнување на истражните работи; 9) рокот за известување во случај на откривање на нов вид на минерални суровини, освен за оние што не се опфатени со проектот за вршење на детални геолошки истражувања; 10) најголемата количина на минерална суровина која може да се извади при деталното геолошко истражување, а која е потребна за соодветни испитувања согласно со програмата за вршење на детални геолошки истражувања;

Page 14: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

14

11) рокот за поднесување на извештај за извршените детални геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини; 12) надоместокот за вршење на деталните геолошки истражувања; 13) обврската и начинот за уредување на просторот за истражување за време и по завршувањето на деталните геолошки истражувања на минералните суровини; 14) условите за продолжување и престанување на дозволата за вршење на детални геолошки истражувања и 15) други податоци кои произлегуваат од овој или друг закон. (2) Имателот на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања при вршењето на детални геолошки истражувања е должен: 1) да обезбеди писмена согласност од сопствениците или корисниците на земјиштето во државна сопственост за делот на земјиштето каде што се вршат деталните геолошки истражувања; 2) работите да ги изведува согласно со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, стандардите и техничките нормативи со кои е регулирано изведувањето на такви работи; 3) да ги спроведува мерките за заштита при работа согласно со овој и друг закон; 4) навремено да презема мерки за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти; 5) на свој товар да спроведува мерки за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето; 6) да не депонира штетни, радиоактивни и други опасни и отпадни материи во напуштените рударски објекти во кои се вршеле детални геолошки истражувања и на просторот определен со дозволата за вршење на детални геолошки истражувања; 7) до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини најмалку еднаш годишно, во рок определен во дозволата, да доставува извештај за извршените детални геолошки истражувања согласно со динамиката утврдена во дозволата за вршење на детални геолошки истражувања и 8) во рок од 30 дена по завршувањето на деталните геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да достави елаборат од извршените детални геолошки истражувања или извештај за извршените детални геолошки истражувања доколку резултатите од деталните геолошки истражувања се негативни. (3) Имателот на дозвола е должен на просторот за вршење на деталните геолошки истражувања да има: 1) дозвола за вршење на детални геолошки истражувања; 2) проект за вршење на детални геолошки истражувања; 3) книга во која се водат извршените истражни работи за деталните геолошки истражувања и 4) решение за овластено лице за водење на работите при вршење на детални геолошки истражувања. (4) Формата, содржината и начинот на водењето на книгата од ставот (3) точка 3 на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 13-а Одземање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања

Page 15: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

15

(1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе ја одземе дозволата за вршење на деталните геолошки истражувања, освен во случај на виша сила, ако: 1) имателот на дозволата не се придржува на одредбите од членот 13 став (2) точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој закон; 2) имателот на дозволата за вршење на деталните геолошки истражувања не започне со вршење на деталните геолошки истражувања во рок од 60 дена, сметано од денот на добивањето на дозволата; 3) вршењето на деталното геолошко истражување било прекинато подолго од шест месеца; 4) имателот на дозволата за вршење на деталните геолошки истражувања не постапува по решение на државниот инспектор за техничка инспекција во случаите кога имателот на дозволата не се придржува на одредбите од членот 13 став (2) точки 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој закон; 5) со истражните работи вади поголеми количини на минерални суровини од предвидените во дозволата за вршење на деталните геолошки истражувања и 6) не се придржува кон мерките дефинирани во елаборатот за оцена на влијанието врз животната средина и стандардите за квалитет на животната средина. (2) Против решението од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 14 Простор за вршење на детални геолошки истражувања

(1) Концесија за детални геолошки истражувања се дава на точно определен простор. (2) Просторот за вршење на деталното геолошко истражување во зависност од видот на минералните суровини може да изнесува најмногу до: 1) 30 км2 за енергетски суровини; 2) 30 км2 за металични минерални суровини; 3) 5 км2 за неметални минерални суровини; 4) 2 км2 за архитектонско-украсен камен; 5) 2 км2 за градежно-технички камен и цигларска глина и 6) 2 км2 за минерални и геотермални води и подземни води за пиење при што нај малата раздалеченост во радиус од веќе доделена концесија за експлоатација на овие минерални суровини или доделена концесија за вршење на детални геолошки истражувања не смее да биде помала од 2 километри.

Член 15 Период на важност на концесијата за детални геолошки истражувања

1) Концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини се доделува за период до шест години со можност за продолжување за уште еден период потребен за истражување на минералните суровини за кој и е доделена концесијата, но не подолго од две години. 2) Барањето за продолжување на концесијата од ставот (1) на овој член заедно со извештај за дотогаш извршените истражувања се поднесува најмалку три месеца пред истекот на периодот за кој е доделена концесијата. 3) Продолжувањето на концесијата од ставот (1) на овој член се врши со склучување анекс на договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини.

Page 16: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

16

Член 17

Содржина на одлуката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања

(1) Одлуката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања содржи податоци за: 1) правното или физичкото лице на кое му е доделена концесијата за вршење на детални геолошки истражувања; 2) минералните суровини што се предмет на деталното геолошко истражување; 3) целите и начинот на вршењето на деталните геолошки истражувања на минерални суровини; 4) просторот за вршење на детални геолошки истражувања со одредени координати; 5) услови за продолжување на периодот за кој е доделена концесијата; 6) рокот за поднесување на извештај за извршените детални геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини и 7) други услови определени со закон. (2) Одлуката за доделување на концесија се објавува во “Службен весник на Република Македонија“.

Член 18 Договор за концесија за детални геолошки истражувања

(1) Врз основа на одлуката за доделување на концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини, концедентот и концесионерот склучуваат договор за концесија за детални геолошки истражувања. (2) Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини особено содржи: - цел и предмет на концесијата, - рок на важење на концесијата, - површина на просторот на кој се доделува концесијата за детални геолошки истражувања, дефинирана со координати, - висина, начин на плаќање и пресметување на надоместокот за концесијата, - услови за вршење на концесијата, - начин и рокови за поднесување на сметки и финансиски или други извештаи во врска со извршената експлоатација на минерални суровини од страна на концесионерот, - начин на вршење на надзор и инспекција на концесијата, - начин на решавање на споровите во врска со договорот, - начин и услови под кои се одзема концесијата и - други одредби соодветни на предметот на концесијата. (3) Договорот или одделни одредби од договорот за концесија за детални геолошки истражувања кои се во спротивност со овој и друг закон, се ништовни и не произведуваат правно дејство.

Член 18-а Престанок на концесијата за детални геолошки истражувања

(1) Концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини престанува да важи во случаи на: 1) истек на рокот на важење на концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини;

Page 17: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

17

2) предвремен откуп на концесијата за детални геолошки истражувања во јавен интерес; 3) стечај или ликвидација на концесионерот и 4) едностран раскин на договорот за концесија согласно со ставовите (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10) од овој член. (2) Концесијата за детални геолошки истражувања престанува да важи со истекот на рокот на важење на концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини под услов концесијата да не е продолжена согласно со членот 15 од овој закон. (3) Концесијата за детални геолошки истражувања концедентот може да ја откупи и пред истекот на рокот за кој и е доделена под услов за тоа да постои јавен интерес утврден со закон со кој се утврдува и износот на надоместокот за откуп на концесијата. Со откупот концесијата престанува да важи. (4) Концедентот и концесионерот можат еднострано да го раскинат договорот за концесија заради повреда на договорните обврски од страна на концедентот, односно концесионерот согласно со закон и според одредбите од договорот. (5) Во случај на битна повреда на обврските предвидени во концесискиот договор од страна на концесионерот, концедентот може еднострано да ја раскине концесијата, односно договорот за концесија при што се спроведува постапка за запирање на деталните геолошки истражувања. (6) Постапката за запирање на деталните геолошки истражувања ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини. (7) Во случајот од ставот (5) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини определува рок во кој концесионерот треба да ги исправи пропустите во смисла на ставот (4) од овој член. Рокот треба да биде доволен за да може концесионерот да постапи по известувањето и да ги исправи пропустите. (8) Како битни повреди за едностран раскин на договорот за концесија од ставот (5) на овој член се сметаат повредите утврдени во членот 20 од овој закон. (9) Со одлука на Владата се врши едностран раскин на договорот за концесија во која се наведуваат причините заради кои се раскинува договорот, за што органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини го известува концесионерот. (10) Одлуката од ставот (9) на овој член се објавува во “Службен весник на Република Македонија”.

Член 19 Обврски на имателот на концесијата за вршење на детални геолошки

истражувања (1) Концесионерот во рок од 15 дена пред започнувањето на деталните геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини мора да достави: 1) проект за детални геолошки истражувања и 2) елаборат за оцена на влијанието врз животната средина одобрен од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање. (2) Имателот на концесија за вршење на детални геолошки истражувања при вршењето на детални геолошки истражувања е должен:

Page 18: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

18

1) да обезбеди писмена согласност од сопствениците или корисниците на земјиштето во државна сопственост за делот на земјиштето каде што се вршат деталните геолошки истражувања; 2) работите да ги изведува согласно со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, стандардите и техничките нормативи со кои е регулирано изведувањето на такви работи; 3) да ги спроведува мерките за заштита при работа согласно со овој и друг закон; 4) навремено да презема мерки за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти; 5) на свој товар да спроведува мерки за заштита на животната средина и за рекултивација на земјиштето; 6) да не депонира штетни, радиоактивни и други опасни и отпадни материи во напуштените рударски објекти во кои се вршеле детални геолошки истражувања и на просторот определен со дозволата за вршење на детални геолошки истражувања; 7) до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини најмалку еднаш годишно, во рок определен во дозволата, да доставува извештај за извршените детални геолошки истражувања согласно со динамиката утврдена во концесијата за вршење на детални геолошки истражувања истражување и 8) во рок од 120 дена по истекот на концесијата или дозволата до органот надржавната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да достави елаборат од извршените детални геолошки истражувања или извештај за извршените детални геолошки истражувања доколку резултатите од деталните геолошки истражувања се негативни. (3) Имателот на концесија е должен на просторот за вршење на деталните геолошки истражувања да има: 1) дозвола за вршење на детални геолошки истражувања; 2) проект за вршење на детални геолошки истражувања; 3) книга во која се водат извршените истражни работи за деталните геолошки истражувања; 4) елаборат за уредување на објектите со мерки за заштита при работа и 5) решение за овластено лице за водење на работите при вршење на детални геолошки истражувања. (4) Формата, содржината и начинот на водењето на книгата од ставот (2) точка 3 на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 20 Одземање на концесијата на детални геолошки истражувања

На предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини Владата на Република Македонија со одлука ќе ја одземе концесијата за вршење на детални геолошки истражувања, ако: 1) концесионерот не започне со вршење на деталните геолошки истражувања во рок од една година, сметано од денот на добивањето на концесијата; 2) вршењето на деталното геолошко истражување било прекинато подолго од две години; 3) концесионерот не постапува по решение на државниот инспектор за техничка инспекција во случаите кога не се придржува на одредбите од членот 19 став (2) точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој закон;

Page 19: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

19

4) концесионерот отпочне со вршење на детални геолошки истражувања пред да достави документација согласно со членот 19 став (1) од овој закон; 5) со истражните работи вади поголеми количини на минерални суровини од предвидените со проектот за вршење на деталните геолошки истражувања и 6) не се придржува кон мерките дефинирани во елаборатот за оцена на влијанието врз животната средина и стандардите за квалитет на животната средина. 7) концесионерот ќе го пренесе предметот на концесија на друг концесионер без согласност на концедентот; 8) концесионерот не постапил по изречените мерки во постапката на надзор согласно со закон и 9) концесионерот нема да го плати надоместокот за концесија утврден со договорот за концесија.

Член 21 Сопственост на резултати од деталните геолошки истражувања

(1) Резултатите добиени со вршење на деталните геолошки истражувања дадени во елаборатот заедно со извршената стручна оцена (ревизија), се сопственост на имателот на концесијата односно дозволата за детални геолошки истражувања. (2) Постапката за класификација и категоризација на резервите на цврсти минерални суровини дадени во елаборатот од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини. (3) Имателот на концесијата од ставот (1) на овој член, елаборатот за извршените детални геолошки истражувања и резервите на минерални суровини може да го пренесе во сопственост на друго лице. (4) Доколку во период од 180 дена, сметано од денот на истекот на периодот за кој е доделена концесијата за детални геолошки истражувања, имателот на резултатите добиени со вршење на деталните геолошки истражувања, дадени во елаборатот заедно со извршената стручна оцена (ревизија), не поднесе барање за доделување на концесија за експлоатација, резултатите односно елаборатот заедно со извршената стручна оцена (ревизија) преминуваат во сопственост на Република Македонија.

Член 22 Геолошка документација за вршење на детални геолошки истражувања

(1) Геолошка документација за вршење на детални геолошки истражувања, во смисла на овој закон, е: 1) проект за вршење на детални геолошки истражувања; 2) извештај за извршените детални геолошки истражувања и 3) елаборат за извршените детални геолошки истражувања. (2) Проектот и елаборатот за извршените детални геолошки истражувања од ставот (1) на овој член подлежи на стручна оцена (ревизија). (3) Содржината на геолошката документација од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини.

ДЕЛ III ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

1.КОНЦЕСИЈА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Page 20: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

20

Член 23 Концесија за експлоатација на минерални суровини

(1) Право за вршење на експлоатација на минерални суровини се стекнува со добивање на концесија за експлоатација на минерални суровини. (2) Концесија за експлоатација на минерални суровини доделува Владата (во натамошниот текст: концедент). (3) Право за добивање на концесија има секое правно или физичко лице, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој и друг закон.

Член 24 Предмет на отстапување на концесија

Со концесијата, концедентот на концесионерот му ги отстапува минералните суровини кои се во сопственост на концедентот, заради нивна експлоатација на определен простор на определен временски период на сметка и ризик на концесионерот.

Член 25 Простор за експлоатација на минерални суровини

и исклучоци во примената (1) Концесија за експлоатација на минерални суровини се доделува на определен простор дефиниран со координати нанесени на топографската карта, а врз основа на елаборатот за извршените детални геолошки истражувања. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член ископ на минерални суровини кои сеупотребуваат во занаетчиството за производство на вар и неградежни производи од глина за потребите на грнчарството може да се врши врз основа на Дозвола за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството. (3) Концесијата од ставот (1) на овој член се доделува на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, како и на земјиште кое е во сопственост на други лица. (4) Експлоатација на минерални суровини се врши на определен простор (во натамошниот текст: експлоатационо поле), дефиниран со главниот или дополнителниот рударски проект за експлоатација на минерални суровини. (5) Доколку низ концесискиот простор или експлоатационото поле поминуваат инфраструктурни објекти (пат, далновод и друго), концесионерот не смее да ги уништува и загрозува истите и е должен да го овозможи нивното користење од страна на други лица. (6) Доколку се работи за изведување на инфраструктурни објекти од јавен интерес (пат, далновод, железнички пруги, водостопански објекти и други објекти од јавен интерес) во концесискиот простор, тие можат да се градат доколку имателот на дозвола за градба во текот на градбата обезбеди услови за непречена и безбедна експлоатација на минералните суровини. (7) Ископ на минерални суровини, кои се употребуваат во занаетчиството за производство на вар и неградежни производи од глина за потребите на грнчарството, може да се врши врз основа на Дозвола за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството. (8) Дозволата од ставот (7) на овој член се издава на физички лица кои се запишани во регистарот на занаетчии (занаетчија). (9) Времетраењето на периодот, за кој се издава дозволата за ископ, не може да биде подолго од две години.

Page 21: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

21

(10) Површината на која се издава дозволата за ископ се однесува на земјиште кое е во сопственост на барателот и на земјиште во сопственост на Република Македонија и истата не може да биде поголема од 2.000 м ². (11) Количината на ископани минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството за производство на вар и неградежни производи од глина за потребите на грнчарството за периодот на важење на дозволата не може да биде поголема од 200 тони, за што барателот на дозволата е должен да плати надоместок во износ од 10.000 денари и истите се приход на Буџетот на Република Македонија. (12) Дозволата за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството ја издава министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (13) Барањето за издавање на дозвола содржи: 1) податоци за барателот и 2) геодетски елаборат со вцртани граници на површината за која се бара издавање на дозвола заедно со имотен лист. (14) Примерок од дозволата за ископ се доставува до Државниот инспекторат за техничка инспекција, до Министерството за внатрешни работи, до Управата за јавни приходи и до Државниот пазарен инспекторат. (15) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини е должен во рок од 30 дена, сметано од денот на приемот на барањето за издавање на дозвола за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството да ја издаде истата. (16) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рокот од ставот (15) на овој член не ја издаде дозволата за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството или ќе го одбие барањето, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата за ископ на минерални суровини кои се употребуваат во занаетчиството. (17) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (16) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (18) Кон барањето од ставот (16), на овој член подносителот на барањето поднесува и копија на барањето од ставот (13) од овој член. (19) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (15) на овој член до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата или да донесе решение со кое барањето од ставот (15) на овој член е одбиено. Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини нема писарница барањето се поднесува до писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (20) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не ја издаде дозволата во рокот од ставот (19) на овој член или не донесе решение со кое се одбива

Page 22: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

22

барањето, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (21) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (20) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (22) Инспекторот од Државниот управен инспекторат од ставот (21) на овој член по извршениот надзор согласно закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (23) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучил во рокот од ставот (22) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини ќе одлучи по поднесеното барање во истиот рок ќе го извести инспектрот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за превземените мерки. (24) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (23) на овој член, инспекторот ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на барањето за превземените мерки. (25) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (24) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директотот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница барањето се поднесува во писарницата на Државниот управен инспекторат. (26) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (25) на овој член, и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето на подносителот на барањето согласно ставовите (21) и (22) на овој член и/или не поднесе пријава согласно став (24) од овој член, директотот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот за прекршок утврден со Законот за управна инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за превземените мерки. (27) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (26), директотот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за превземените мерки.

Page 23: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

23

(28) Во случај на ставот (27) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (29) Во случаите од ставот (28) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за превземените мерки. (30) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно ставот (26) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (31) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи во рокот од ставот (24) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (32) Постапката пред Управниот суд е итна. (33) Подзаконскиот акт од ставот (17) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој закон. (34) По влегувањето на сила на подзаконскиот акт од ставот (17) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Министерството за економија.

Член 26 Период на важност на концесијата

(1) Концесијата за експлоатација на минерални суровини се доделува за период до 30 години со можност за продолжување за уште еден период но не подолго од 30 години. (2) Барањето за продолжување на концесијата од ставот (1) на овој член се поднесува најмалку две години пред истекот на периодот за кој е доделена концесијата. (3) Постапката за продолжување на концесијата за експлоатација се спроведува согласно со членот 29 од Законот за минералните суровини (“Службен весник на Република Македонија” број 24/2007, 88/2008, 52/2009 и 6/10). (4) Продолжувањето на концесијата од ставот (1) на овој член се врши со одлука на Владата, врз основа на што се склучува анекс на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Член 27 Начини за доделување на концесија

Концесијата за експлоатација на минерални суровини се доделува врз основа на јавен повик и врз основа на барање под услови утврдени со овој закон и Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство.

Член 28 Доделување на концесија по пат на јавен конкурс

(1) Концесија за експлоатација на минерални суровини кога сопственик на резултатите од извршените детални геолошки истражувања е Република Македонија се доделува врз основа на јавен повик. (2) Јавниот повик од ставот (1) на овој член се спроведува на начин и под услови утврдени со овој закон и Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство.

Page 24: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

24

(3) Иницијатива за отпочнување на постапка за доделување концесија за експлоатација на минералните суровини од ставот (1) на овој член на јавен конкурс ја поднесува заинтересирано лице кое ги исполнува условите од овој закон и Законот за концесии.

Член 29 Доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини по

барање од заинтересирано лице (1) Концесија за експлоатација на минерални суровини се доделува врз основа на барање на субјектот кој вршел детални геолошки истражувања во случај кога резултатите од извршените детални геолошки истражувања не се во сопственост на Република Македонија. (2) На субјектите од членот 5-а на овој закон, концесија за експлоатација на минерални суровини се доделува врз основа на барање. (3) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 180 дена, сметано од денот на истекот на концесијата за детални геолошки истражувања. (4) Просторот на кој се бара доделување на концесија за експлоатација мора да биде во согласност со студијата за оправданоста на бараната концесија. (5) Кон барањето за добивање концесија, покрај податоците за барателот на концесијата, се приложува и: 1) студија за оправданоста на бараната концесија; 2) топографска карта во мерка 1:25.000 со координати на граничните точки на локацијата на определен простор; 3) скица, копие од катастарски план со вцртани граници на бараниот простор за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини и имотен лист, со број на катастарски парцели и култури за површината на која ќе се врши експлоатацијата на минералната суровина; 4) елаборат за извршените детални геолошки истражувања. (6) Доколку се работи за барање за добивање на концесија за експлоатација на подземна вода, покрај прилозите од ставот (5) на овој член, барателот е должен да достави и согласност за користење на вода од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на управувањето со водите. (7) По доставување на барањето органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини врши увид на самото место и по службена должност бара мислења од единицата на локалната самоуправа и од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на заштитата на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството, водостопанството, како и од други органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област, а за доставените барања за добивање на мислења се известува Државниот управен инспекторат заедно со копија од доставените барања за мислења. (8) Органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член се должни своето мислење да го дадат во рок од 30 дена сметано од денот на приемот на барањето за давање на мислење. Во спротивно ќе се смета дека имаат дадено позитивно мислење во врска со барањето за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини. (9) По истек на рокот утврден во ставот (23) од овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на

Page 25: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

25

минералните суровини е должен во рок од пет дена до Владата на Република Македонија да достави предлог за доделување на концесија за експлоатација. (10) Доколку органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член во рокот од ставот (23) на овој член не достават мислење, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од три работни дена го известува Државниот управен инспекторат. (11) Инспекторот е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (10) на овој член да изврши надзор во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (12) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кој го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член, во рок од десет работни дена да даде мислење и да го извести инспекторот за истото. Кон известувањето се доставува копија од мислењето. (13) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член не одлучи во рокот од ставот (12) од овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој функционерот кој раководи со органот и единицата на локална самоуправа ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (14) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (15) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (11) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од пет работни дена го известува директорот на Државниот управен инспекторат. (16) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот, да го разгледа известувањето од ставот (15) на овој член, и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од ставовите (10) и (11) на овој член или не поднесе пријава согласно ставовите (13) и (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот, и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кои инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Page 26: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

26

(17) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (18) Во случај на ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (19) Во случаите на ставот (18) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (20) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно ставот (19) од овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од три работни дена. (21) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа и градоначалникот на единицата на локалната самоуправа од ставот (7) на овој член не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (22) Постапката пред Управниот суд е итна. (23) Одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини донесува Владата на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 30 Одбивање на барањето на концесија за експлоатација

(1) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе го одбие барањето за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини во случај кога: 1) подносителот на барањето не ја приложи документацијата од членот 29 ставови (3), (4), (5) и (6) на овој закон; 2) јавниот интерес ја исклучува експлоатацијата на минералната суровина на локацијата на бараниот простор за концесија; 3) доколку со експлоатацијата на минералните суровини би се предизвикало нарушување на пазарот или би се создале услови за создавање на доминантна позиција на пазарот на минералната суровина за која се бара доделување на концесија, освен за минералните суровини од членот 3 став (2) точки 1 и 2 на овој закон. (2) Против решението од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 31 Ограничувања за доделување на концесија за експлоатација

Page 27: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

27

Концесијата за експлоатација за подрачје кое со закон е прогласено за природно или културно наследство, заштитено природно добро или друго заштитено подрачје може да се додели само во согласност со закон.

Член 32 Одлука за доделување на концесија за експлоатација

(1) Одлуката за доделување на концесија содржи: 1) податоци за правното или физичкото лице на кое се доделува концесијата; 2) видот на минералната суровина; 3) површина на просторот на кој се доделува концесијата за експлоатација, дефиниран со координати; 4) рок на важење на концесијата за експлоатација; 5) обврска за плаќање на надоместокот за концесијата; 6) должности на носителот на концесијата во поглед на санацијата и рекултивацијата на земјиштето што е деградирано од рудничките активности и 7) други услови определени со закон. (2) Одлуката за доделување на концесија се објавува во "Службен весник на Република Македонија".

Член 33 Договор за концесија за експлоатација на минерални суровини

(1) Врз основа на одлуката за доделување на концесијата за експлоатација на минерални суровини, концедентот и концесионерот склучуваат договор за концесија за експлоатација на минерални суровини. (2) Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини особено содржи: - цел и предмет на концесијата, - рок на важење на концесијата, - површина на просторот на кој се доделува концесијата за експлоатација, дефиниран со координати, - висина, начин на плаќање и пресметување на надоместокот за концесијата, - услови за вршење на концесијата, - начин и рокови за поднесување на сметки и финансиски или други извештаи во врска со извршената експлоатација на минерални суровини од страна на концесионерот, - начинот на вршење на надзор и инспекција на концесијата, - услови за продолжување на важење на концесијата/договорот согласно со членот 26 од овој закон, - начин на решавање на споровите во врска со договорот, - начин и услови под кои се одзема концесијата и - други одредби соодветни на предметот на концесијата. (3) Во случај кога концесијата за експлоатација на минерални суровини е доделена врз основа на барање по претходно издадена дозвола за детални геолошки истражувања, концедентот и концесионерот склучуваат анекс на постојниот договор за концесија за експлоатација. (4) Со анексот од ставот (3) на овој член се менуваат одредбите од постојниот договор за концесија за експлоатација кои се однесуваат на површината на просторот на концесијата, надоместокот за концесија, како и други одредби согласно со одлуката за доделување на концесијата.

Page 28: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

28

(5) Договорот или одделни одредби од договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини кои се во спротивност со овој и друг закон, се ништовни и не произведуваат правно дејство.

Член 34 Пренос на концесија за експлоатација

(1) Концесијата за експлоатација може да се пренесува целосно или делумно. (2) Владата донесува одлука со која дава согласност за пренос на концесијата за експлоатација на минерални суровини, под истите услови под кои е доделена концесијата што се пренесува. (3) Во одлуката може да се предвиди и пренос на правата од концесијата во корист на заемодавачите, како средство за обезбедување на нивното побарување кон концесионерот. (4) Предметот на концесијата за експлоатација не смее да се даде под закуп. (5) Со преносот на концесијата, концесионерот ги стекнува правата и обврските кои произлегуваат од издадените дозволи и одобренија од надлежните органи, во смисла на овој и друг закон. (6) За преносот на концесијата концедентот и концесионерот склучуваат договор за пренос на концесијата. (7) Преносот на удели или акции кај концесионерот на кој му е доделена концесија за експлоатација на минерални суровини кои поединечно или во збир би довеле до промена на управувачкиот пакет во друштвото, не може да се изврши без претходна писмена согласност на концедентот.

Член 35 Престанок на концесијата за експлоатација

(1) Концесијата за експлоатација на минерални суровини престанува да важи во случаи на: 1) истек на рокот на важење на концесијата за експлоатација на минерални суровини, утврден во одлуката за доделеување на концесија и договорот за концесија; 2) предвремен откуп на концесијата за експлоатација во јавен интерес; 3) предвремено исцрпување на минералните суровини; 4) стечај или ликвидација на концесионерот и 5) едностран раскин на договорот за концесија согласно со членот 39 од овој закон. (2) Во случаите на престанок на важење на концесијата од ставот (1) на овој член престануваат да важат сите дозволи, решенија и одобренија

Член 36 Престанок на концесијата за експлоатација на минерални суровини со

истек на рокот Со истекот на рокот на важење на концесијата за експлоатација на минерални суровини, под услов концесијата за експлоатација на минерални суровини да не е продолжена согласно со членот 26 од овој закон, концесијата престанува да важи.

Член 37

Предвремен откуп на концесијата за експлоатација на минерални суровини во јавен интерес

(1) Концедентот може да ја откупи концесијата за експлоатација на минерални суровини и пред истекот на рокот утврден во одлуката за доделување на концесија

Page 29: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

29

и договорот за концесија, под услов за тоа да постои јавен интерес утврден со закон со кој се утврдува и износот на надоместокот за откуп на концесијата. (2) Со откупот, концесијата за експлоатација на минерални суровини престанува да важи. (3) Во случајот од ставот (1) на овој член минералните суровини за кои и е доделена концесијата за експлоатација се сопственост на концедентот и не можат да бидат предмет на откуп.

Член 38 Престанок на концесијата за експлоатација на минерални суровини

заради предвремено исцрпување Концесијата за експлоатација на минерални суровини престанува да важи во случај кога ќе се исцрпи минералната суровина за која е доделена концесијата за експлоатација.

Член 39

Едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини

(1) Концедентот и концесионерот можат еднострано да го раскинат договорот за концесија заради повреда на договорните обврски од страна на концедентот, односно концесионерот согласно со закон и според одредбите од договорот. (2) Во случај на битна повреда на обврските предвидени во концесискиот договор од страна на концесионерот, концедентот може еднострано да ја раскине концесијата, односно договорот за концесија при што се спроведува постапка за затварање на рударските објекти и рудникот на начин и под услови кои ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини. (3) Во случајот од ставот (2) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини определува рок во кој концесионерот треба да ги исправи пропустите во смисла на ставот (1) од овој член. Рокот треба да биде доволен за да може концесионерот да постапи по известувањето и да ги исправи пропустите. (4) Како битни повреди за едностран раскин на договорот за концесија од ставот (2) на овој член се смета кога: 1) концесионерот ќе го пренесе предметот на концесија за експлоатација на минерални суровини на друг концесионер без согласност на концедентот; 2) концесионерот не постапил по изречените мерки во постапката на надзор согласно со закон; 3) концесионерот ќе отпочне со експлоатација на минералните суровини пред да добие дозвола за експлоатација; 4) концесионерот нема да го плати надоместокот за концесија за експлоатација утврден со договорот за концесија; 5) концесионерот не започнал со експлоатација на минералните суровини во рок од две години, сметано од денот на издавање на дозволата за експлоатација; 6) концесионерот не ги платил надоместоците за доделената концесија на начин и под услови утврдени со Договорот за концесија и Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини;

Page 30: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

30

7) концесионерот не врши експлоатација на рудното тело спрема докажаниот процент на содржина на корисни компоненти во рудата со деталните истражувања на минералните суровини, односно врши експлоатација само на богатата руда; 8) концесионерот нема да постапи согласно со членот 42 став (2) од овој закон и 9) концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени согласно со прописите од областа на животната средина. (5) Со одлука на Владата се врши едностран раскин на договорот за концесија во која се наведуваат причините заради кои се раскинува договорот, за што органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини го известува концесионерот. (6) Одлуката од ставот (5) на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија".

Член 40 Концесија за експлоатација на друг вид на минерални суровини на ист

простор (1) Концесија за експлоатација може да се додели и за друг вид на минерални суровини на простор на кој веќе е доделена концесија за експлоатација на минерални суровини, под услов да не се нарушува нормалната експлоатација на минералните суровини за кои претходно е доделена концесија за експлоатација. (2) Постапката за доделување на концесија за експлоатација на друг вид на минерални суровини од ставот (1) на овој член се спроведува согласно со одредбите од овој закон. (3) Во случај кога се работи за минерални суровини кои се неделиви во процесот на нивната експлоатација од минералните суровини што се предмет на веќе доделената концесија за експлоатација и се наоѓаат на истиот простор, концесија за експлоатација може да му се додели на имателот на концесијата и за тие минерални суровини. (4) Постапката за доделување на концесија за експлоатација во случаите од ставот (3) на овој член се спроведува согласно со одредбите од членот 29 на овој закон.“

2. ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Член 41 Дозвола за експлоатација на минерални суровини

(1) Со експлоатација на минерални суровини и изведување на рударски работи може да се отпочне откако концесионерот ќе добие дозвола за експлоатација на минерални суровини. (2) Дозволата од ставот (1) на овој член ја издава министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (3) Дозволата за експлоатација се издава со рок на важење кој не може да биде подолг од рокот на важење на концесијата за експлоатација.

Член 42 Барање за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини

(1) Дозвола за експлоатација се издава врз основа на поднесено барање до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини од страна на концесионерот.

Page 31: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

31

(2) Барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини, концесионерот е должен да го достави во рок од две години од денот на склучувањето на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини од членот 33 на овој закон. (3) Барањето од ставот (1) на овој член, содржи: 1) податоци за барателот; 2) договор за концесија за експлоатација на минерални суровини (во прилог); 3) доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатација на минерални суровини, освен во случај кога се работи за подземна експлоатација во услови кога експлоатацијата нема влијание на површината; 4) главен рударски проект за експлоатација на минералните суровини кои се предмет на концесијата заедно со ревизија (стручна) оцена на истиот; 5) решение за одобрување на студијата за оцена на влијанието врз животната средина или решение за одобрување на елаборатот за оцена на влијанието врз животната средина; 6) сообраќајна согласност за приклучок за јавен пат; 7) водостопанска согласност за заштита или користење на водите од надлежниот орган на државната управа надлежен за управување со води и 8) енергетска согласност доколку издавањето на истата е предвидено со главниот рударски проект. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минера лните суровини е должен во рок од 30 дена, сметано од денот на приемот на барањето за издавање на дозвола за експлоатација да ја издаде дозволата за експлоатација. (5) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од ставот (4) од овој член не ја издаде дозволата за експлоатација, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата за експлоатација. (6) Кон барањето од ставот (5)на овој член подносителот на барањето поднесува и копија на барањето од ставот (2) од овој член. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата или да донесе решение со кое барањето од ставот (5) на овој член е одбиено. (8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не ја издаде дозволата во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во надлежниот орган на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето.

Page 32: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

32

(10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од десет работни дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучил во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определ дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини ќе одлучи по поднесеното барање во истиот рок ќе го извести инспектрот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (12) на овој член, и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето на подносителот на барањето согласно стваовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно ставот (12) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно законот и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14), директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот. (16) Во случај на ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно член ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од три работни дена. 18) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. 19) Постапката пред Управниот суд е итна.

Член 43 Содржина на дозволата за експлоатација на минерални суровини

(1) Дозволата за експлоатација на минерални суровини содржи податоци: 1) за концесионерот;

Page 33: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

33

2) за рокот на важење на дозволата за експлоатација; 3) за минералните суровини што се предмет на експлоатација; 4) за големината, границите и положбата на експлоатационото поле; 5) катастарски податоци за земјиштето на просторот за коешто е издадена дозволата; 6) главниот рударски проект за експлоатација на минералните суровини и 7) за други податоци определени со закон и договорот за концесија. (2) Примерок од издадената дозвола за вршење експлоатација на минерални суровини се доставува до Државниот инспекторат за техничка инспекција и до органот на државната управа надлежен за издавање на интегрирани еколошки дозволи, согласно со Законот за животната средина.

Член 44 Одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на

минерални суровини (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе го одбие барањето, ако: 1) барањето за издавање на дозвола за експлоатација не е поднесено во рокот определен во членот 42 став (2) од овој закон; 2) барањето не ја содржи документацијата утврдена во членот 42 од овој закон и 3) главниот рударски проект од членот 42 став (3) точка 4 на овој закон не е во согласност со одредбите од овој и друг закон. (2) Против решението од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 45 Престанок на дозволата за експлоатација на минерални суровини

Дозволата за експлоатација на минерални суровини престанува да важи со: 1) престанок на концесијата за експлоатација во смисла на членот 35 од овој закон; 2) истекување на рокот на важност на дозволата за експлоатација и 3) одземање на дозволата.

Член 46 Одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини

(1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе ја одземе дозволата за експлоатација на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите на инспекцискиот надзор согласно со одредбите од овој и друг закон, ако: 1) концесионерот не се придржува на одредбите од членот 51 став (1) на овој закон; 2) концесионерот не врши експлоатација на минералните суровини во согласност со главниот рударски проект за експлоатација на минералните суровини; 3) концесионерот не започнал со експлоатација на минералните суровини согласно со дозволата од членот 41 на овој закон во рок од две години од денот на нејзиното издавање или од неоправдани причини ја прекине експлоатацијата во период подолг од две години;

Page 34: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

34

4) органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање го поништи или укине решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието врз животната средина или решението за одобрување на елаборат за животна средина и 5) концесионерот не се придржувал кон решенијата и мерките во однос на заштитата на животната средина утврдени согласно со прописите од областа на животната средина. (2) Против решението од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (3) Во случај на престанок на важење или одземање на дозволата за експлоатација од членот 41 на овој закон, престанува да важи и дозволата за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект.

Член 47 Дозвола за изведување на рударски работи според дополнителен

рударски проект (1) Изведување на рударски работи и објекти во постојните рудници за отворање и експлоатација на минерални суровини на нови хоризонти, ревири, изработка на нови извозни, ветрени и истражни окна, битно изменет метод на откопување, реконструкција на рударски објекти кои не се опфатени со главниот рударски проект, санирање на големи свлечишта, измени во поглед на рекултивирањето на земјиштето од главниот рударски проект, како и други работи, се врши врз основа на дозвола за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект. (2) Дозволата за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект се издава врз основа на барање од концесионерот, односно имателот на дозволата за експлоатација од членот 41 на овој закон. (3) Барањето од ставот (2) на овој член содржи дополнителен рударски проект за изведување на рударски работи и доказ за решени имотно - правни односи. (4) Дозволата од ставот (1) на овој член ја издава министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од 30 дена сметано од денот на приемот на барањето. (5) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рокот од ставот (4) од овој член не ја издаде дозволата за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект. (6) Кон барањето од ставот (5) на овој член подносителот на барањето поднесува и копија на барањето од ставот (3) од овој член. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата или да донесе решение со кое барањето од ставот (5) на овој член е одбиено.

Page 35: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

35

(8) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не ја издаде дозволата во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во надлежниот орган на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во рок од десет работни дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучил во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини ќе одлучи по поднесеното барање во истиот рок ќе го извести инспектрот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето во рок пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (12) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето на подносителот на барањето согласно со ставовите (9) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно ставот (12) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14), директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот. (16) Во случај на ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно член ставот (14) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од три работни дена.

Page 36: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

36

(18) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (19) Постапката пред Управниот суд е итна. (20) Дозволата од ставот (1) на овој член содржи податоци за барателот, за просторот за кој се издава дозволата, дополнителниот 6 0 TD0 рударски проект за изведување на рударски работи заедно со ревизија (стручна оцена) на истиот и образложение за причините за нејзино издавање. (21) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе го одбие барателот доколку дополнителниот рударски проект за изведување на дополнителните рударски работи не е во согласност со одредбите од овој и друг закон. (22) Против решението од ставот (6) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (23) Примерок од дозволата за изведување на дополнителни рударски работи се доставува до Државниот инспекторат за техничка инспекција и до органот на државната управа надлежен за издавање на интегрирани еколошки дозволи, согласно со Законот за животната средина.

Член 48 Престанок и одземање на дозвола за изведување на рударски работи

според дополнителен рударски проект (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини со решение ќе ја одземе дозволата за изведување на рударски работи според дополнителниот рударски проект доколку концесионерот не се придржува на одредбите од членот 51 став (1) на овој закон на предлог на органот на државната управа надлежен за вршење на работите на инспекцискиот надзор согласно со одредбите од овој и друг закон. (2) Против решението од ставот (1) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Член 49 Рударски проекти

(1) Рударски проекти за експлоатација на минерални суровини, изведување на рударски работи и изведба на рударски објекти се: 1) главен рударски проект кој се изработува заради изведба на рударски објекти за експлоатација на нови наоѓалишта на минерални суровини. 2) дополнителен рударски проект кој се изработува заради изведување на рударски работи и објекти во постојните рудници за отворање и експлоатација на минерални суровини на нови хоризонти, ревири, изработка на нови извозни, ветрени и истражни окна, битно изменет метод на откопување, реконструкција на рударски објекти кои не се опфатени со главниот рударски проект, рестартирање на постојни рудници, новопронајдените резерви на минерални суровини во постојното наоѓалиште и за затварање на рударски објекти, санирање на големи свлечишта, измени во поглед на рекултивирањето на земјиштето од главниот рударски проект, како и изведување на други работи; 3) упростен рударски проект кој се изработува заради разработка на одделни делови од главниот, односно дополнителниот рударски проект кој заради

Page 37: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

37

прилагодување на условите на лежиштето на минералните суровини кои пред изведувањето на рударските работи не било можно да се предвидат со главниот, односно дополнителниот рударски проект, за помали реконструкции на постојните рударски објекти, а кои битно не ја менуваат концепцијата на главниот, односно дополнителниот рударски проект и 4) проект за изведување на рударски истражни работи се изработува во услови кога со проектот за вршење на детални геолошки истражувања од членот 22 став (1) точка 1 на овој закон се предвидени истражувања со изведба на рударски објекти. (2) Упростениот рударски проект од ставот (1) точка 3 на овој член го одобрува раководителот на рудникот по претходна согласност на службата за заштита при работа во рудникот. (3) Рударски проекти од ставот (1) точки 1, 2 и 4 на овој член подлежат на стручна оцена (ревизија). (4) Содржината на рударските проекти од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА РУДАРСКИ РАБОТИ

Член 50 Услови за изведување на рударски работи

(1) Рударски работи можат да изведуваат правни и физички лица кои се запишани во Централниот регистар и поседуваат овластување за изведување на рударски работи, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на таа дејност, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој и друг закон. (2) Поблиските услови и начинот на издавање на овластувањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (3) За издавање на овластувањето од ставот (2) на овој член се плаќа надоместок во износ од 3.000 денари, кој е приход на Буџетот на Република Македонија.

Член 51 Обврски на концесионерот при изведување на рударските работи за

експлоатација на минерални суровини (1) Концесионерот при изведување на рударските работи за експлоатација на минерални суровини е должен: 1) да ги изведува рударските работи согласно со дозволата, стандардите и техничките нормативи кои важат за изведување на тие работи; 2) да врши рударски мерења и да поседува рударски планови за вршење експлоатација на минералните суровини; 3) доколку предмет на концесијата за експлоатација се минералните суровини од членот 3 став (2) точки 6 и 7 на овој закон, концесионерот е должен да врши реинјектирање на вишокот од овие минерални суровини во медиумот од кој се експлоатирани, доколку е предвидено со дозволата за експлоатација; 4) да ги спроведува мерките за заштита при работа; 5) навремено да презема мерки за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти;

Page 38: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

38

6) да спроведува, на своја сметка, мерки за заштита на животната средина и природата и културното наследство, како и мерки за рекултивација на земјиштето согласно со закон и 7) да води евиденција на произведените количини на минерални суровини во пишана форма. 8) еднаш годишно во периодот од 1 октомври до 15 декември во тековната година да изврши геодетско снимање и да изготви геодетски елаборат со пресметка на откопаните колични на минерални суровини, во кој прецизно ќе се дефинираат количините на откопната количина на минерални суровини и периодот во кој тоа е извршено, а најдоцна до 31 декември во тековната година геодетскиот елаборат да го достави до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини; 9) да постави соодветни мерни инструменти за мерење на протокот на експлоатираната количина на минерална суровина, во случај кога се работи за експлоатација на минералните суровини од членот 3 став (2) точки 1 (јаглеводороди во течна состојба), 6 и 7 на Законот за минералните суровини. (2) Концесионерот при изведување на рударските работи и вршењето на експлоатација на минерални суровини е должен на локацијата каде што тие се вршат, да има: 1) дозвола за експлоатација на минерални суровини и дозвола за изведување на дополнителни рударски работи; 2) договор за изведување на работите со изведувачот, доколку концесионерот сам не ги изведува тие работи; 3) рударски планови со ажурирана состојба на изведените рударски работи; 4) уверенија за стручна оспособеност на работниците за извршување на работите и за нивната здравствена состојба; 5) решение за поставување одговорни лица за раководење при изведувањето на рударските работи и објекти; 6) извештаи за извршените периодични прегледи и испитувања на опремата и орудијата за работа заради утврдување на нивната исправност; 7) упатства за работа со мерки на заштита при работа за применетиот технолошки процес за експлоатација и минерална технологија; 8) евиденција на произведените количини на минерални суровини во пишана форма и 9) друга документација пропишана со овој и друг закон. (3) Начинот на водење на евиденцијата од ставот (1) точка 7 и ставот (2) точка 8 на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (4) Концесионерот при изведување на рударските работи за експлоатација на минерални суровини е должен да врши класификација и прекатегоризација на рудните резерви. (5) Класификацијата и прекатегоризацијата на рудните резерви од ставот (4) на овој член се врши за период од пет години. (6) Постапката и начинот на класификација и прекатегоризација на рудните резерви од ставот (4) на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 52 Рударски мерења и рударски планови

Page 39: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

39

(1) Заради правилно вршење на детални геолошки истражувања со рударски работи и експлоатација на минерални суровини, имателот на дозволата за детални геолошки истражувања или концесионерот е должен да врши рударски мерења и да изготвува рударски планови. (2) Видот, содржината и начинот на изготвување и чување на рударските планови ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Член 53 Техничко водење и надзор

(1) При изведување на рударските работи, концесионерот или изведувачот е должен да обезбеди техничко водење и надзор на изведувањето на рударските работи според рударските проекти, техничките прописи, како и според прописите за заштита при работа. (2) Техничко водење и надзор на изведувањето на рударските работи од ставот (1) на овој член кај концесионерот или изведувачот на тие работи, ги врши стручно лице кое има лиценца за вршење на тие работи. (3) Поблиските услови и начинот на издавање на лиценцата од ставот (2) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (4) За добивање на лиценцата од ставот (2) на овој член се полага стручен испит пред испитна комисија која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (5) На членовите на комисијата од ставот (4) на овој член кои не се државни службеници им следува надоместок, чија висина ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во зависност од реално потребните трошоци за работа на членовите на комисијата. (6) За издавањето на лиценцата од ставот (2) на овој член се плаќа надоместок во износ од 3.000 денари, кој е приход на Буџетот на Република Македонија. (7) Лицата кои вршат одделни работи на геолошки истражувања и на изведувањена рударски работи, односно експлоатација на минерални суровини од членот 57 ставови (2) точки 1, 2 и (3) точка 1 на овој закон и кои имаат работно искуство од најмалку десет години се ослободени од полагање стручни испити за добивање на лиценца за техничко водење и надзор. (8) Лицата од ставот (7) на овој член ќе се здобијат со лиценци за техничко водење и надзор со приложување на соодветен доказ за поседување на соодветно работно искуство.

Член 54

Времено или трајно запирање на рударски работи (1) Концесионерот е должен временото прекинување на изведувањето на рударски работи при истражување и експлоатација на минералните суровини поради непредвидени геолошки, рударски или економски причини (појава на гас или вода, горски удари, јамски пожари, пореметување на главни патишта за проветрување и одводнување, лизгање на терен и слично) да го пријави на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини и државниот инспекторат за техничка инспекција најдоцна 24 часа по запирање на работите, а во случај на опасна појава, веднаш.

Page 40: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

40

(2) Ако концесионерот планира времено запирање на работите повеќе од шест месеца потребно е најмалку 30 дена пред временото запирање да го извести Државниот инспекторат за техничка инспекција и да изврши рударски мерења на состојбите, како и дополнување на рударските планови, да направи записник за причините за престанување на работите и за опасностите кои можат да настанат во текот на запирањето и при повторниот почеток на работите. Временото запирање на изведувањето на рударски работи не може да трае подолго од една година. (3) Концесионерот во периодот на временото прекинување на рударските работи, е должен редовно да ги одржува јамските простории и објекти во стабилна, сигурна и безбедна состојба која овозможува без опасности да се поминува преку нив. (4) Доколку концесионерот не продолжи со експлоатација на минералните суровини по рокот определен во ставот (2) од овој член, истиот е должен да изготви дополнителен рударски проект во согласност со одредбите од овој закон.

4. ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НА ИЗВЕДЕНИТЕ РУДАРСКИ ОБЈЕКТИ

Член 55 Техничкиот преглед на рударскиот објект

(1) Рударскиот објект може да се употребува по извршен технички преглед и врз основа на тоа издадено решение за употреба. (2) Техничкиот преглед на рударскиот објект се врши на изведените рударски објекти според главниот или дополнителниот рударски проект, а по барање на концесионерот, од комисија формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. Во комисијата за технички преглед не може да учествува лице кое е вработено кај инвеститорот, проектантот или изведувачот на работи на рударскиот објект, како и лице кое вршело стручен надзор над изведба на рударскиот објект. (3) Начинот на вршење на техничкиот преглед од ставот (2) на овој член, како и висината на трошоците за вршење на техничкиот преглед во зависност од сложеноста на работите ги пропишува Владата. (4) Трошоците од ставот (3) на овој член треба да се соодветни на објективно сторените трошоци, а се на товар на концесионерот. (5) На членовите на комисијата од ставот (2) на овој член на надворешните членови -експерти кои не се вработени во органите на државната управа им следува надоместок, чија висина ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во зависност од реално потребните трошоци за работа на членовите на комисијата. (6) Министерот на органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини издава решение за употреба на рударскиот објект во рок од 15 дена од доставувањето на извештај од техничкиот преглед, а врз основа на записник за извршениот технички преглед со кој се потврдува техничката исправност на објектот. (7) Решение за употреба на изведените рударски објекти според главниот или дополнителниот рударски проект може да се издава и сукцесивно. (8) Против решението од ставовите (5) и (6) на овој член во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Page 41: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

41

Член 56 Пробна работа без решение за употреба на рударскиот објект

(1) По исклучок, концесионерот може да отпочне со користење на рударскиот објект со пробно работење без Решение за употреба на рударскиот објект од членот 55 ставови (5) и (6) на овој закон, кога на објектот треба да се извршат претходни испитувања за утврдување на исправноста на постројките и опремата и нивното безбедно работење, проверка на стабилноста на рударскиот објект предвидени во техничката документација, условите за работа, обезбеденоста на рударскиот објект од пожари, како и други испитувања со кои ќе се потврди подобноста на рударскиот објект за употреба. (2) Пробното работење може да трае најмногу три месеца, сметано од денот на пуштање во пробна работа на изведениот рударски објект.

ДЕЛ IV СТРУЧНА ПОДГОТОВКА, ПРОЕКТАНТИ И РЕВИДЕНТИ НА ГЕОЛОШКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, И РУДАРСКИ ПРОЕКТИ И ПОСТАПКА ЗА РЕВИЗИЈА

Член 57

Стручна подготовка (1) Лицата кои вршат работи на геолошки истражувања и лицата кои вршат работи на изведување на рударски работи, односно експлоатација и минерална технологија, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и посебните услови за стручната подготовка и оспособеност за вршење на одделни работи. (2) Работа на одделни работни места во правното или физичкото лице кое врши експлоатација на минерални суровини и минерална технологија, можат да ја вршат лица кои покрај општите услови ги исполнуваат и следниве услови, и тоа за: 1) раководител на рудник со површинска експлоатација или одреден негов дел, рударски факултет насока површинска експлоатација на минерални суровини или општа насока и најмалку две години работно искуство во струката; 2) раководител на рудник со подземна експлоатација или одреден негов дел, рударски факултет насока подземна експлоатација на минерални суровини или општа насока и најмалку две години работно искуство во струката; 3) раководител на објекти за минерална технологија рударски факултет, насока минерална технологија или општа насока и најмалку две години работно искуство во струката; 4) раководител на електромашинска, односно машинска служба или градежна служба, кој врши работи за потребите на правното или физичкото лице кое врши експлоатација на минерални суровини соодветен факултет и најмалку две години работно искуство во струката; 5) раководител на површински коп при експлоатација на минерални суровини - глини, песоци, собирен кварц и слично, чија вкупна моќност на слојот на минералната суровина кој се експлоатира, вклучувајќи ја и раскривката не поминува повеќе од четири метри во длабочина, средно техничко училиште (рударско, геолошко и градежно) со три години работно искуство на такви или слични работи; 6) работоводител во јама и објектите за минерална технологија средно техничко училиште, рударска насока и најмалку три години работно искуство на работа на такви или слични објекти;

Page 42: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

42

7) работоводител на површински коп за експлоатација на градежно-технички камен, украсен камен, дробење и сепарација на неметални минерални суровини средно техничко училиште, рударско или геолошко и најмалку две години работно искуство во струката; 8) раководител на служба за техничка сигурност и заштита при работа рударски факултет или факултет за заштита при работа и работно искуство од две години во јама или површински коп; 9) надзорник во јама средно техничко училиште, рударска или геолошка насока и најмалку две години работно искуство во струката; 10) надзорник на површинскиот коп, објектите за минерална технологија средно техничко училиште, рударска или геолошка струка; 11) работи на самостоен јамски мерач, односно мерач на површинските копови средно техничко училиште, геодетска насока и најмалку две години работно искуство во струката и 12) работи на минирање можат да вршат лица кои се стручно оспособени за такви работи и кои ги исполнуваат условите пропишани со Законот за заштита од експлозивни материи. (3) Работи на одделни работни места во правното или физичкото лице кое врши геолошки истражувања на минерални суровини, може да вршат лица кои покрај општите услови ги исполнуваат и следниве услови, и тоа за : 1) раководител на геолошките истражувања, геолошки факултет со најмалку три години работно искуство во струката и 2) надзорник на геолошки истражувања, средно техничко училиште – геолошка насока со најмалку две години работно искуство во струката. (4) Лицата постари од 55 години мора да имаат лекарско уверение за психофизичката способност за вршење на минерски работи, не постаро од шест месеца. (5) За вршење на работи на минирање работниците од ставот (1) точка 12 на овој член полагаат испит за проверка на нивната оспособеност пред комисијата на концесионерот што врши експлоатација на минерални суровини. На испитот за проверка на оспособеноста учествува и рударски државен инспектор. (6) Заради обучување, а по одобрение на раководителот на рудникот, работниците кои се обучуваат можат да вршат работа на минирања под постојан надзор на палителот на мини. (7) Покрај условите определени во ставот (2) точки 1, 2 и 3 на овој член, лицата треба да имаат овластување за водење на технички надзор.

Член 58 Субјекти за изработка на геолошка документација

(1) Геолошка документација од членот 9 став (1) точки 1, 2 и 4, како и од членот 22 став (1) точка 1 и 3 на овој закон можат да ја изработуваат правни или физички лица кои се запишани во Централниот регистар, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија и кои поседуваат овластување за изработка на геолошка документација. (2) Лицето кое изработува геолошка документација од ставот (1) на овој член, мора да поседува лиценца за изработка на геолошка документација. (3) Поблиските услови и начинот на добивање на лиценцата и овластувањето за изработка на геолошка документација од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.

Page 43: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

43

(4) За добивање на лиценцата од ставот (2) на овој член се полага стручен испит пред испитна комисија која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (5) На членовите на комисијата од ставот (4) на овој член на надворешните членови -експерти кои не се вработени во органите на државната управа им следува надоместок, чија висина ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во зависност од реално потребните трошоци за работа на членовите на комисијата. (6) За издавањето на лиценцата од ставот (2) на овој член се плаќа надоместок во износ од 5.000 денари, кој е приход на Буџетот на Република Македонија.

Член 59 Субјекти за изработка на рударски проекти

(1) Рударските проекти од членот 49 став (1) точки 1, 2 и 4 на овој закон можат да ја изработуваат правни или физички лица кои се запишани во Централниот регистар, вклучувајќи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија и кои поседуваат овластување за изработка на рударски проекти. (2) Лицето кое изработува рударски проекти од ставот (1) на овој член, мора да поседува лиценца за изработка на рударски проекти. (3) Поблиските услови и начинот на добивање на лиценцата и овластувањето за изработка на рударските проекти од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (4) За добивање на лиценцата од ставот (2) на овој член се полага стручен испит пред испитна комисија која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (5) На членовите на комисијата од ставот (4) на овој член на надворешните членови -експерти кои не се вработени во органите на државната управа им следува надоместок, чија висина ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во зависност од реално потребните трошоци за работа на членовите на комисијата. (6) За издавањето на лиценцата од ставот (2) на овој член се плаќа надоместок во износ од 5.000 денари, кој е приход на Буџетот на Република Македонија.

Член 60 Стручна оцена (ревизија) на геолошка документација и рударски проекти

(1) Заради проверка и контрола во поглед на пропишаните мерки, стандарди и технички нормативи за заштита при работа, сигурноста на луѓето , на подземните, површинските и соседните објекти и заштитата на животната средина, како и во поглед на примената на современите достигнувања и методи во рударството, геологијата и другите научни и технички дисциплини над изработената геолошка документација и рударски проекти, се врши стручна оцена (ревизија). (2) Геолошката документација од членот 9 став (1) точки 2, 4 и 5 и од членот 22 став (1) точка 3 на овој закон, како и рударските проекти од членот 49 став (1) точки 1, 2 и 4 на овој закон подлежат на стручна оцена (ревизија).

Page 44: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

44

(3) Геолошка документација и рударските проекти од ставот (2) на овој член изработени во странство подлежат на стручна оцена (ревизија). (4) Стручната оцена (ревизија) на геолошката документација од ставот (1) на овој член ја врши Комисијата за ревизија на геолошка документација која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. За членови на оваа комисија може да бидат именувани лица од редот на стручни и научни работници од областа на геологијата. (5) Стручната оцена (ревизија) на рударските проекти од ставот (1) на овој член ја врши Комисијата за ревизија на рударските проекти која ја формира министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. За членови на оваа комисија може да бидат именувани лица од редот на стручни и научни работници од областа на рударството. (6) Комисиите од ставовите (4) и (5) на овој член се состојат од претседател, најмалку двајца членови и секретар. На претседателот, членовите и секретарот за секоја извршена стручна оцена (ревизија) им следува надоместок, кој е на товар на подносителот на барањето за вршење на стручната оцена (ревизија). (7) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, донесува Тарифник со кој се утврдува висината на надоместоците за вршење на стручна оцена (ревизија) на геолошка документација и рударските проекти. (8) Барање за вршење на стручната оцена (ревизија) поднесува имателот на концесијата за детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Член 61

Ревизиски извештај и ревизиска клаузула (1) За извршената стручна оцена (ревизија), комисиите од членот 60 ставови (4) и (5) на овој закон издаваат ревизиска клаузула и изготвуваат ревизиски извештај, со кој потврдуваат дека геолошката документација и рударските проекти се изработени согласно со овој и друг закон. (2) Ревизиската клаузула и ревизискиот извештај го потпишуваат претседателот и членовите на комисиите. (3) Начинот на вршење на стручната оцена (ревизија) на геолошката документација и рударските проекти ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (4) Со ревизиската клаузула до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини задолжително се доставува и извод од Централниот регистар на Република Македонија како доказ дека правното или физичкото лице е регистрирано за изработка на геолошка документација, односно рударски проекти и заверени кај нотар копии од овластувањето и лиценците за лицата кои ја извршиле стручната оцена (ревизија). (5) Ако стручната оцена (ревизија) на одделни делови од проектот ја извршиле повеќе лица, во ревизиската клаузула мора да биде наведено одделно кои лица над кои делови од проектот ја извршиле стручната оцена (ревизија).

ДЕЛ V

Page 45: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

45

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ЗА КОНЦЕСИИ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ

СУРОВИНИ

Член 62 Надоместок за вршење детални геолошки истражувања

Имателот на дозвола и концесија и договорот за концесија за детални геолошки истражувања за вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини плаќа еднократен надоместок за просторот, во зависност од видот на минералната суровина определен во дозволата за вршење на детални геолошки истражувања.

Член 63 Надоместок за концесија за експлоатација на минерални суровини

Концесионерот е должен да плаќа: 1) годишен надоместок за користење на просторот доделен со концесијата за експлоатација, а во зависност од видот на минералната суровина што е предмет на концесијата за експлоатација и 2) надоместок за експлоатација на минерална суровина, предмет на концесијата.

Член 64 Утврдување на висина и начин на плаќање на надоместоците

(1) Владата на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, донесува Тарифник во кој ги утврдува висината на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини од членовите 62 и 63 на овој закон, а во зависност од видот, количината и квалитетот на минералната суровина. (2) Средствата наплатени од ставот (1) на овој член се уплатуваат на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка. (3) Средствата наплатени од ставовите (1) и (2) на овој член: - 22% се приход на Буџетот на Република Македонија и - 78% се приход на буџетот на општината на чие подрачје се врши концесиската дејност. (4) Средствата кои согласно со ставот (3) алинеја 1 од овој член се приход на Буџетот на Република Македонија во висина од 4% и ќе се користат за рекултивација и враќање во корисна состојба на деградираните простори на кои се вршени геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини. (5) При спроведувањето на постапка за доделување на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини на јавен повик, како почетна минимална цена утврдена од концедентот ќе се смета висината на надоместоците за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини утврдени со Тарифникот за висината на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини. (6) При спроведувањето на постапка за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини на јавен повик, како почетна минимална цена утврдена од концедентот ќе се смета висината на надоместоците за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини утврдени со Тарифникот за висината на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини.

Page 46: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

46

(7) Освен почетна минимална цена согласно со ставовите (4) и (5) овој член, концедентот може да утврди и почетна минимална цена и во зависност од локалитетот на кој се наоѓа и видот на минералната суровина.

ДЕЛ VI ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ

Член 65

Ограничување на сопственичко право Сопственичките или другите стварни права над земјиштето на кое се вршат детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, може да се одземат или ограничат во случај кога вршењето на деталните геолошки истражувања или експлоатација на минералните суровини е од јавен интерес, под услови утврдени со овој закон и Законот за експропријација.

Член 66 Јавен интерес

(1) Од јавен интерес е: 1) енергетските минерални суровини од членот 3 став 2 точка 1 на овој закон; 2) кога минералната суровина е од стратешко значење за Република Македонија и 3) кога минералната суровина која е неопходна за реализација на проекти од јавен интерес утврден со друг закон. (2) Минералните суровини од ставот (1) на овој член ги определува Владата.

ДЕЛ VII БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

Член 67

Заштита при работа при вршење на геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини

(1) Заради безбедност на животот и здравјето на работниците, имателот на дозволата за детални геолошки истражувања или концесионерот е должен: 1) навремено да ги спроведува мерките за безбедност при работа согласно со овој закон и Законот за безбедност и здравје при работа и 2) да ја организира и уреди заштитата при работа со акт спрема специфичните услови и опасности во своите објекти согласно со овој закон и Законот за безбедност и здравје при работа. (2) При изведување на рударски работи и вршење на надзор, изведувачот мора да обезбеди технички надзор и водење на работите согласно со овој закон и Законот за безбедност и здравје при работа. (3) Одговорното лице за изведување на рударски работи или лицето кое врши технички надзор над изведувањето на рударските работи, како и лицата кои вршат надзор над безбедноста при работа, имаат право привремено да го отстранат од вршење на работите, работникот кој изршил повреда на некоја пропишана мерка со која се загрозува личната и колективната сигурност и безбедност. (4) При изведување на рударските работи изведувачот мора да обезбеди водење на евиденција во електронска или пишана форма за рударски надзор во која се внесуваат: 1) мерките на овластените лица на изведувачот кои се однесуваат на безбедноста при работа и здравјето на работниците и 2) службените налози на овластените лица на изведувачот.

Page 47: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

47

(5) Изведувачот на подземни рударски работи задолжително мора да организира служба за безбедност при работата. (6) Изведувачот кој изведува рударски работи каде што постои опасност од пожар, експлозија, појава на отровни гасови, или пак можности од навлегување на гасови, вода и тиња, мора да организира служба за спасување и служба за против пожарна заштита. (7) Начинот на организирањето и работата на службата за спасување го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на трудот и социјалната политика по претходна согласност на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (8) При изведување на рударски работи, изведувачот мора да преземе и мерки заради безбедност на животот и здравјето на граѓаните, како и безбедност на недвижните и движните работи. (9) Поблиските услови и начинот на безбедност при работа во рударството ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на трудот и социјалната политика по претходна согласност на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (10) Начинот на изработка и содржината на планот за одбрана и спасување во случај на колективна опасност или несреќа го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на одбраната по претходна согласност на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (11) Работите и задачите што се сметаат за опасни (работи во окна, расчистување на рушевини и слично) можат да се изведуваат само под надзор на стручно лице кое го определува одговорното лице. (12) Правното или физичкото лице мора пред распоредувањето на работите, односно на работните задачи, работникот со кој засновал работен однос да го запознае со прописите и мерките за безбедноста при работа во врска со работите кои ќе ги врши, со опасностите кои можат да настанат при таа работа, како и со организирањето и спроведувањето на безбедносните мерки при работа и да определи работник кој целосно ќе го запознае со правата и обврските во врска со безбедноста при работа и условите за работа. (13) Работникот кој прв пат се распоредува на рударските работи мора постепено, а најмалку 15 дена да се внесува во работата под непосредно раководење и надзор на работник и инструктор определен од работник со посебни овластувања и одговорности. (14) Работниците кои се распоредени на работно место во јама мораат при нивното прераспоредување на друго работно место на кое не работеле дотогаш да се запознаат со специфичните опасности на новото работно место и со мерките за безбедност при работа и опасностите кои можат да настанат при вршење на работите на кои се распоредуваат. (15) Работниците кои се распоредени на работно место во површинските погони кои во јамата влегуваат повремено заради извршување на одделни работи, мора да бидат претходно запознати со специфичностите на работата во јама, со сите опасности кои произлегуваат од таквата работа и со мерките за безбедноста при работа на кои мора да се придржуваат.

Page 48: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

48

(16) Работниците кои се распоредени на работно место надвор од јама можат да влегуваат во јама само со дозвола на раководителот на јамата или од него овластено лице. (17) Секој работник е должен во текот на работата да ги почитува и спроведува пропишаните мерки и постојано да го дополнува и да го усовршува своето знаење од областа за безбедност при работа. (18) Правното или физичкото лице е должно да донесе посебни програми за стекнување, дополнување и усовршување на знаењето за областите за безбедност при работа според видовите на работите, односно работните задачи. (19) Концесионерот, односно изведувачот на деталните геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини е должен: 1) да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа особено со: - назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност, - ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа, - донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи, - донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност, - обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма, - обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни, - вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема и - следење на здравствената состојба на вработните; 2) средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди; 3) концесионерот, односно изведувачот на деталните геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини не смее да стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа и 4) да води евиденција за: - стручното обучување и оспособување на вработените за безбедна работа, - извршените прегледи на средствата за работа, - спроведените испитувања на физичките, хемиските и биолошките параметри, - штетноста и на микроклимата на работните места, - претходните и периодичните здравствени прегледи на вработените и - професионалните болести, заболувањата во врска со работата, повредите при работа и смртните случаи при работата.

Член 68 Обврска за запознавање

(1) Органите на управувањето и раководните работници во правното или физичкото лице се должни да организираат запознавање на сите работници со прописите и мерките за безбедност при работа, како и со мерките за спроведување на плановите за одбрана и акциите за спасување во случај на ненадејни несреќи. За таа цел правното или физичкото лице е должно еднаш

Page 49: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

49

годишно да организира обука на која работниците ќе се запознаат со прописите и техничките мерки за спроведување на планот на одбраната и спасувањето. (2) Правното или физичкото лице е должно по пат на стручна комисија еднаш годишно да ги проверува познавањето на прописите и мерките за безбедност при работа, како и плановите за одбрана и акциите за спасување во случај на ненадејни несреќи на работниците со посебни овластувања и одговорности кои вршат надзор, палител на мини, како и други работници со посебни овластувања. (3) Работниците кои нема да покажат задоволително знаење од прописите и мерките за безбедност при работа, а особено од спроведувањето на планот за безбедност и акција за спасување, не можат понатаму да ги вршат работите, односно работните задачи, се додека со повторно проверување не се утврди дека ги познаваат прописите и мерките за безбедност при работа. (4) Органот на управувањето, раководните работници во правното или физичкото лице и други работници со посебни овластувања и одговорности кои раководат со геолошките истражувања и рударските работи одредени со општите акти за безбедност на работниците на работа, како и работниците на службата за безбедност при работа, имаат право привремено да забранат вршење на работи на работниците кои извршиле повреда на некои од пропишаните мерки со кои се загрозува личната и колективната сигурност. (5) Против работникот на кого му е привремено забранета работата, веднаш се поведува постапка за утврдување на повреда на работните обврски на начин утврден со закон и колективен договор.

Член 69 Обврска за известување

(1) Секој работник, кој е вработен кај концесионерот или изведувачот што врши детални геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, е должен веднаш да го извести непосредниот раководител за несреќа при работа, потешка повреда при работа, или појава што го загрозува животот на работниците, како и за причините за настанување на истите. (2) Концесионерот, односно изведувачот на деталните геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести државниот инспекторат за техничка инспекција за секој смртен случај, колективна несреќа и секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.

ДЕЛ VIII ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НАДОМЕСТОК НА ШТЕТА

Член 70

Заштита на животната средина (1) Имателот на дозволата и концесијата за вршење на детални геолошки истражувања или концесионерот што изведува рударски работи, односно експлоатација на минерални суровини и минерална технологија е должен да се придржува кон овој закон и Законот за животната средина и другите прописи од областа на животната средина. (2) Имателот на дозволата и концесијата за вршење на детални геолошки истражувања и концесионерот што изведува рударски работи, односно експлоатација на минерални суровини и минерална технологија мора да ги

Page 50: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

50

спроведува мерките за заштита на животната средина од потенцијалните опасности и штетните влијанија. (3) Концесионерот што врши експлоатација на минерални суровини е одговорен за управувањето, одржувањето и заштитата на одлагалиштата и хидројаловиштата кои што се создаваат при минералната технологија на експлоатација на минералните суровини без оглед на просторот и површината на која се наоѓаат. (4) Експлоатацијата на минералните суровини кои се наоѓаат во одлагалиштата и хидројаловиштата од ставот (3) на овој член може да се врши на начин и под услови утврдени со закон.

Член 71 Надомест на штета

Штетата сторена при вршење на основните и деталните геолошки истражувања и изведувањето на рударските работи, односно експлоатацијата на минералните суровини и минерална технологија се надоместува во согласност со прописите за надоместок на штета и одговорност за штета предизвикана врз животната средина.

Член 72 Санација на околината и отстранување на последиците

(1) Имателот на дозволата за детални геолошки истражувања, концесионерот што врши детални геолошки истражувања и концесионерот што изведува рударски работи, односно експлоатација на минерални суровини и минерална технологија за време на деталните геолошки истражувања и изведувањето на рударските работи и работи од минералната технологија, како и по нивното завршување мора да изведе санација на просторот, во согласност со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, проектот за санација, кој е составен дел од главниот или дополнителниот рударски проект, договорот за концесија и дозволата за експлоатација. (2) За неспроведување на дејствијата од ставот (1) на овој член органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, ќе ја изведе санацијата на просторот, во согласност со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, договорот за концесија и дозволата за експлоатација и минерална технологија, на товар на концесионерот кој врши детални геолошки истражувања или експлоатација. (3) Заради рекултивација и враќање во корисна состојба на деградираните простори на кои се вршени геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, Владата донесува годишна програма за рекултивација на деградирани простори. (4) Средствата за финансирање на годишната програма од ставот (3) на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Член 73 Интервенции во концесискиот простор

(1) Преку концесискиот простор, односно експлоатационото поле може да се градат јавни патишта, железнички пруги и други сообраќајници, електрични водови, водоводи, нафтоводи и гасоводи, ако се обезбедат соодветни услови со кои нема да биде нарушена експлоатацијата на минералните суровини, загрозен животот на луѓето и имотот и интегрираните еколошки дозволи. (2) Водите кои ќе се појават при изведувањето на рударските работи, концесионерот може да ги употребува за свои технолошки потреби согласно со

Page 51: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

51

Законот за водите. Пред испуштање на отпадните води во реципиентот, задолжително треба да се прочистат од штетните состојки во согласност со закон и интегрираните еколошки дозволи.

ДЕЛ IX НАДЗОР

Член 74 Надзор

(1) Надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа наовој закон врши Министерството за економија. (2) Инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон го врши Државниот инспекторат за техничка инспекција преку државни геолошки инспектори, државни рударски инспектори и државни инспектори за електрика во рударството и други инспекциски органи согласно со овластувањата утврдени со овој и друг закон. (3) Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон во однос на вршењето на детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и минерална технологија без дозвола за вршење на детални геолошки истражувања, без концесија за експлоатација и без одобрение за експлоатација и минерална технологија, покрај надлежните инспекциски органи од ставот (2) на овој член врши и Министерството за внатрешни работи согласно со овластувањата утврдени со закон. (4) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор се утврди дека деталните геолошки истражувања или експлоатацијата на минералните суровини се вршат без концесија или дозвола за експлоатација согласно со одредбите од овој закон, предметите, средствата и минералната суровина привремено ќе се одземат. (5) Постапката за привремено одземање на предмети, средства и минерални суровини од ставот (4) на овој член, местото на нивното складирање, чување и надзор до завршување на судската постапка ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за правда. (6) Надзор над плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини утврдени согласно со овој закон го врши Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за техничка инспекција.

Член 74-а Државниот геолошки инспектор врши непосреден инспекциски надзор над примената на законите, подзаконските акти и другите општи акти и примената на пропишаните стандарди и технички нормативи при геолошките истражувања, а особено дали: 1) имателот на концесија или дозвола за детални геолошки истражувања на минерални суровини ги исполнува пропишаните услови со овој и со друг закон; 2) лицето кое врши детални геолошки истражувања на минерални суровини има добиено концесија или дозвола за детални геолошки истражувања на минерални суровини; 3) лицето кое ги изведува деталните геолошки истражувања на минерални суровини за вршење на таа дејност поседува овластување и ги исполнува условите пропишани со овој и со друг закон;

Page 52: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

52

4) се вршат рударски мерења и поседуваат рударски планови за вршење детални геолошки истражувања на минерални суровини со ажурирана состојба на изведените детални геолошки истражувања; 5) работите ги изведува согласно со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, стандардите и техничките нормативи; 6) ги спроведува мерките за безбедност при работа согласно со овој и друг закон; 7) спроведува мерки за безбедност на животната средина, врши рекултивација на земјиштето, презема мерки за безбедност на граѓаните и нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти; 8) депонира штетни, радиоактивни и други опасни и отпадни материи во напуштените рударски објекти во кои се вршеле детални геолошки истражувања на просторот определен со концесијата или дозволата; 9) најмалку еднаш годишно доставува извештај за извршените детални геолошки истражувања согласно со динамиката утврдена во проектот за детални геолошки истражувања; 10) има книга во која се водат извршените истражни работи за деталните геолошки истражувања; 11) има елаборат за уредување на објектите со мерки за безбедност при работа; 12) има решение за поставување на овластено лице за водење на работите при вршење на деталните геолошки истражувања; 13) имателот на концесијата или дозволата има склучено соодветен договор со лицето кое ги изведува деталните геолошки истражувања; 14) има донесено решение за поставување на раководни лица и лица за вршење на техничко водење и надзор при изведувањето на деталните геолошки истражувања и дали истите ги исполнуваат условите за вршење на тие работи; 15) има уверенија за стручна оспособеност на работниците за извршување на работите и за нивната здравствена состојба; 16) има извештаи за извршени периодични прегледи и испитувања на опремата и орудијата за работа заради утврдување на нивната исправност; 17) има донесено упатства за работа со мерки на безбедност при работа за применетиот технолошки процес за деталните геолошки истражувања и 18) поседува документација пропишана со овој и друг закон.

Член 74-б Државниот рударски инспектор врши непосреден инспекциски надзор над примената на законите, подзаконските акти и другите општи акти, како и над примената на пропишаните стандарди и технички нормативи за вршење на работите при изведба на рударски работи, експлоатација на минерални суровини и минерална технологија, а особено дали: 1) концесионерот ги исполнува условите пропишани со овој и друг закон; 2) концесионерот кој врши експлоатација на минерални суровини има добиено концесија за експлоатација на минерални суровини; 3) концесионерот има дозвола за експлоатација на минерални суровини или дозвола за изведување на рударски работи според дополнителни рударски проекти; 4) лицето кое ги изведува рударските работи поседува овластување за изведување на рударски работи и ги исполнува условите пропишани со овој и друг закон; 5) при изведувањето на рударските работи правилно се применуваат техничките нормативи и стандарди;

Page 53: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

53

6) се вршат рударски мерења и поседуваат рударски планови со ажурирана состојба на изведените рударски работи; 7) за изведените рударски објекти кои се користат има решение за употреба; 8) се спроведуваат мерките за заштита при работа утврдени согласно со овој и друг закон; 9) се почитува обврската за запознавање на работниците со прописите и мерките за безбедност при работа, како и со мерките за спроведување на плановите за одбрана и акциите за спасување во случај на ненадејни несреќи; 10) навремено се преземаат мерки за безбедност на граѓаните и нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти, безбедност на животната средина и природата, културното наследство како и мерки за рекултивација на земјиштето во согласност со закон; 11) концесионерот врши санација на просторот во согласност со договорот за концесија и дозволата за експлоатација; 12) води пропишана евиденција за произведените количини на минерални суровини; 13) врши редовно геодетско мерење на површинскиот коп заради пресметка на откопаните количини на минерална суровина; 14) концесионерот има договор со лицата кои изведуваа рударски работи; 15) има решение за поставување на раководни лица и лица за вршење на техничко водење и надзор при изведувањето на рударските работи и дали истите ги исполнуваат условите за вршење на тие работи; 16) има уверенија за стручна оспособеност на работниците за извршување на работите и за нивната здравствена состојба; 17) има извештаи за извршени периодични прегледи и испитувања на опремата и орудијата за работа заради утврдување на нивната исправност; 18) има упатства за работа со мерки на безбедност при работа за применетиот технолошки процес за експлоатација и минерална технологија и 19) поседува документација пропишана со овој и друг закон.

Член 74-в Државниот инспектор за електрика во рударство врши непосреден инспекциски надзор над применувањето и придржувањето на законите, подзаконските акти и другите општи акти, а особено во однос на: 1) исполнување на пропишаните стандарди и технички нормативи при работа на електричните уреди и инсталации, како и тоа дали тие со нивната работа го загрозуваат здравјето и животот и имотот на луѓето, животната средина; 2) одржување во технички исправна и безбедна состојба на електричните постројки, уреди и инсталации; 3) водење на евиденција за техничките карактеристики на опремата, извршените испитувања со видот и датумот на испитувањата, одговорните лица под чиј надзор се вршени испитувањата, утврдената состојба и предложените мерки за функционална исправност и безбедност на објектите, уредите и инсталациите; 4) водење на евиденција во посебни контролни книги, испитни протоколи и извештаи за утврдените наоди и констатации од извршените прегледи и испитувања, како и преземените мерки и 5) исполнување на пропишаните услови за стручната подготовка на лицата кои раководат и ракуваат со електричните постројки, уреди и инсталации.

Член 74–г

Page 54: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

54

Државните геолошки инспектори, државните рударски инспектори и државните инспектори за електрика во рударството се овластени да вршат инспекциски надзор над примената на прописите за безбедност при работа при изведба на рударски работи, експлоатација на минерални суровини, минерална технологија и вршење на детални геолошки истражни работи согласно со овој закон и прописите за безбедност при работа.

Член 74-д Државните геолошки инспектори, државните рударски инспектори и државните инспектори за електрика во рударството се должни да извршат надзор над изведувањето на деталните геолошки истражни работи, односно изведувањето на рударските работи и експлоатацијата на минералните суровини, и тоа: 1) најмалку еднаш годишно во рудниците со подземна и површинска експлоатација на металични минерални суровини, јаглен, архитектонско - украсен и технички камен; 2) најмалку два пати годишно во рудниците во кои се јавува метан или опасна јагленова прашина и 3) најмалку еднаш во две години на рударските објекти и постројки каде што се врши експлоатација на подземни води за пиење, минерални и геотермални води.

Член 74-ѓ (1) За секој извршен инспекциски надзор инспекторот е должен да состави записник за констатираните наоди, неисправности и неправилности и да му го предаде на одговорното лице во правното или физичкото лице кај кое е извршен инспекцискиот надзор. (2) Ако констатираните неисправности и неправилности, претставуваат опасност за безбедноста на луѓето и имотот, инспекторот со решение ќе го забрани изведувањето на деталните геолошки истражувања, изведбата на рударските работи и експлоатацијата на минералните суровини се додека утврдените неисправности и неправилности не се отстранат.

Член 74-е (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот геолошки инспектор, државниот рударски инспектор или државниот инспектор за електрика во рударството утврди дека е сторена неправилност од членот 77 став (1) на овој закон државниот геолошки инспектор, државниот рударски инспектор или државниот инспектор за електрика во рударството е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за техничка инспекција, односно органот којшто го извршил инспекцискиот надзор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти.

Page 55: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

55

(5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот геолошки инспектор, државниот рударски инспектор или државниот инспектор за електрика во рударството при спроведувањето на инспекцискиот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку државниот геолошки инспектор, државниот рударски инспектор или државниот инспектор за електрика во рударството при спроведувањето на инспекцискиот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд. (9) Државниот инспекторат за техничка инспекција, односно органот којшто го извршил инспекцискиот надзор и којшто ја организирал и спровел едукацијата, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (10) Министерството за економија - Државниот инспекторат за техничка инспекција за извршените контроли изготвува квартални извештаи и ги објавува на интернет страницата на министерството на унифициран квартален преглед.

Член 74-ж Државниот геолошки инспектор со решение ќе ги запре натамошните геолошки истражувања кога: 1) деталните геолошки истражувања се вршат без концесија или дозвола за детални геолошки истражувања; 2) деталните геолошки истражувања не се вршат според проектната документација, а таквите истражувања ја доведуваат во прашање стабилноста на објектот и безбедноста на животот и здравјето на луѓето, сообраќајот, соседните објекти и животната средина и природата и 3) изведувањето на работите при деталните геолошки истражувања се вршат спротивно на одредбите од овој закон.

Член 74-з Државниот рударски инспектор со решение ќе ги запре натамошните рударски работи на рударскиот објект или на определено работно место кога: 1) експлоатацијата, изведувањето на рударските работи, односно изградбата на објектот и постројката се врши без дозвола или решение; 2) експлоатацијата, изведувањето на рударските работи, односно изградбата на објектот или постројката не се врши според техничката документација врз основа на која е издадена дозволата за експлоатација, односно градба, а таквата експлоатација, односно градбата ја доведува во прашање стабилноста на објектот, безбедноста на животот и здравјето на луѓето, сообраќајот, соседните објекти и животната средина и природата и 3) отстапувањето на вршењето на работите се врши спротивно на одредбите од овој закон.

Член 74-ѕ

Page 56: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

56

Државниот инспектор за електрика во рударството со решение ќе ја запре натамошната изведба или користење на електричните уреди и инсталации кога: 1) изведбата на објектот или постројката се врши без дозвола или решение; 2) изведувањето, односно изградбата на објектот или постројката не се врши според техничката документација врз основа на која е издадено одобрението за градба и 3) електричните уреди и инсталации не се во согласност со пропишаните услови за безбедно ракување и користење со истите.

Член 74-и

Ако при вршењето на инспекцискиот надзор се утврди дека лицата кои раководат или ракуваат со објектите, уредите, постројките и инсталациите, не ги исполнуваат условите утврдени со овој и друг закон, инспекторот ќе донесе решение со кое ќе го забрани вршењето на тие работи.

Член 74-ј (1) Против решението донесено од инспекторот со кое се определува управна мерка, може да се изјави жалба до министерот за економија во рок од осум дена од денот на приемот на решението. (2) Жалбата од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението, ако со одлагањето на извршувањето на решението би настанала непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, имотот, животната средина и природата.

Член 74-к (1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор е утврдено дека е сторен прекршок или кривично дело, инспекторот мора веднаш да поднесе барање за поведување на прекршочна или кривична постапка. (2) Доколку за утврдениот прекршок или кривично дело од ставот (1) на овој член државниот инспектор не поднесе барање за поведување на прекршочна или кривична постапка, ќе се смета дека истиот сторил потешка повреда на работната должност.

Член 74-л Државниот геолошки инспектор, државниот рударски инспектор и државниот инспектор за електрика во рударството работите на инспекцискиот надзор и преземањето мерки за кои е овластен со овој и друг закон го вршат самостојно и водат евиденција за извршените контроли и прегледи.

Член 74-љ (1) Лицата кои подлежат на инспекциски надзор, се должни во секое време да му овозможат на државниот инспектор да влезе во сите работни простории, на негово барање да му дадат известување и податоци во врска со надзорот, да зема изјава од одговорните лица, да сослушува сведоци, да зема мостри, а по потреба да користи и услуги од стручни организации и лица. (2) Ако во текот на инспекцискиот надзор е потребно да се извршат испитувања (анализи или вештачења) од страна на соодветна стручна организација, трошоците за испитувањата ги надоместува лицето кај кое е извршен инспекцискиот надзор, во случај кога со правосилно решение ќе се утврди дека резултатите од овие испитувања не се во согласност со закон и други прописи донесени врз основа на закон.

Page 57: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

57

(3) Лицата од ставот (1) на овој член мора да му ја стават на увид сета техничка и друга документација, да му обезбедат увид во технолошкиот процес, увид на соодветните сертификати и атести.

Член 74-м Државниот геолошки или рударски инспектор, како и државниот инспектор за електрика во рударството е должен веднаш на лице место да ги испита причините при смртен случај, колективна несреќа и тешка телесна повреда, како и да нареди мерки кои без одлагање мора да се преземат. Во случаите од ставот (1) на овој член, државниот инспектор до надлежните органи е должен веднаш и во најкраток рок да поднесе извештај со мислење за причините и условите под кои се случила несреќата.

Член 74-н Поздаконските акти во врска со геологијата, рударството, безбедноста при работа и животната средина ги донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини, а подзаконските акти за одделни области министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на која се однесува подзаконскиот акт.

ДЕЛ X ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 75

(1) Глоба во износ од 10.000 до 20.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) врши детални геолошки истражувања без концесија за детални геолошки истражувања (член 10 став (1)); 2) врши доистражување на минералните суровини на определен простор кој се граничи со просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација на минерални суровини без дозвола за детални геолошки истражувања (член 11 став (1)); 3) на свој товар не спроведува мерки за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето (членови 13 став (2) точка 5 и 19 став (2) точка 5); 4) депонира штетни, радиоактивни и други опасни и отпадни материи во напуштените рударски објекти во кои се вршеле детални геолошки истражувања и на просторот определен со дозволата за вршење на детални геолошки истражувања (членови 13 став (2) точка 6 и 19 став (2) точка 6); 5) врши експлоатација на минерални суровини без концесија за експлоатација на минерални суровини (член 23 став (1)); 6) врши експлоатација на минерални суровини надвор од експлоатационото поле дефинирано со главниот или дополнителниот рударски проект (член 25 став (3)); 7) инфраструктурните објекти (пат, далновод и друго), кои поминуваат низ концесискиот простор ги уништува и загрозува и го оневозможува нивното користење од страна на други лица (член 25 став (4)); 8) изврши пренос на концесијата спротивно на одредбите од членот 34 став (2) на овој закон; 9) ја даде концесијата под закуп (член 34 став (4));

Page 58: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

58

10) врши експлоатација на новооткриени минерални суровини на просторот на кој веќе е доделена концесија за експлоатација на минерални суровини без да има добиено концесија или дозвола за експлоатација за новооткриените минерални суровини (член 40); 11) врши експлоатација на минералните суровини кои се наоѓаат во одлагалиштата и хидројаловиштата (член 70 став (4)); 12) изведува рударски работи и објекти во постојните рудници кои не се опфатени со главниот рударски проект без дополнителен рударски проект и дозвола за изведување на рударски работи според дополнителен рударски проект (член 47 став (1)); 13) не ги изведува рударските работи согласно со дозволата, стандардите и техничките нормативи кои важат за изведување на тие работи (член 51 став (1) точка 1); 14) не врши реинјектирање на вишокот на минерални суровини од членот 3 став (2) точки 6 и 7 на овој закон во медиумот согласно со дозволата за експлоатација (член 51 став (1) точка 3); 15) не спроведува мерки за заштита на животната средина и природата и културното наследство, како и мерки за рекултивација на земјиштето согласно со закон (член 51 став (1) точка 6); 16) стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа таквите средства за работа (член 67 став (20) точка 3); 17) веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено не го извести Државниот инспекторат за техничка инспекција за секој смртен случај, колективна несреќа и секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа (член 69 став (1)); 18) не изведе санација на просторот во согласност со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, проектот за санација кој е составен дел од главниот или дополнителниот рударски проект, договорот за концесија и дозволата за експлотација (член 72 став (1)); 19) по завршување на деталните геолошки истражувања и изведувањето на рударски работи, односно експлоатација на минерални суровини и минерална технологија, врши складирање на штетни, опасни, радиоактивни и отпадни материјали во напуштените простори и копови (член 72 став (3)); 20) не постапува по извршното и конечно решение на државниот рударски инспектор и државниот инспектор за електрика во рударството (член 74-ј став (1)); 21) го попречува инспекторот во вршењето на инспекцискиот надзор и не му ја стави на увид потребната документација за вршење на тој надзор (член 74- љ ставови (1) и (3)) и 22) не ги одржува, управува и заштитува одлагалиштата и хидројаловиштата кои што се создаваат при минералната технологија на експлоатација на минералните суровини (член 70 став (3)). (2) Покрај глобата за дејствијата од ставот (1) на овој член, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана на вршење одделна дејност. Траењето на забраната не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од пет години, како и дејноста чие вршење му се забранува на правното лице. (3) Покрај прекршочната санкција на лицата од ставот (2) на овој член, за дејствијата од ставот (1) точки 5, 6, 10 и 11 на овој член може да се изрече посебна прекршочна мерка одземање на предмети и целокупните количини на бесправно експлоатираните минерални суровини за кои е донесено решение за забрана со нивно располагање од страна на овластен орган.

Page 59: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

59

(4) Глоба за прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок за дејствијата од ставот (1) на овој член и за одговорното лице во правното лице и за тоа ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност во траење од една до пет години. (5) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член.

Член 76 (1) Глоба во износ од 4.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) изведува основни и детални геолошки истражувања без да ги исполнува условите за тоа (член 6 став (1)); 2) при вршењето на деталните геолошки истражувања се откријат и други видови на минерални суровини освен оние за кои е доделена концесија за детални геолошки истражувања, а истите не се опфатени со елаборатот од извршените детални геолошки истражувања и соодветно прикажани по квалитет и квантитет (член 6 став (4)); 3) техничко водење и надзор над вршење на геолошките истражувања врши лице кое не поседува лиценца за изработка на геолошка документација (член 6 став (5)); 4) работите при геолошките истражувања не ги изведува согласно со проектот за вршење на детални геолошки истражувања, стандардите и техничките нормативи со кои е регулирано изведувањето на такви работи (членови 13 став (2) точка 2 и 19 став (2) точка 2); 5) не ги спроведува мерките за безбедност при работа согласно со овој и друг закон (членови 13 став (2) точка 3 и 19 став (2) точка 3); 6) навремено не презема мерки за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти (членови 13 став (2) точка 4 и 19 став (2) точка 4); 7) во рок од 30 дена по завршување на деталните геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не достави елаборат од извршените детални геолошки истражувања или извештај за извршените детални геолошки истражувања доколку резултатите од деталните геолошки истражувања се негативни (член 13 став (2) точка 8); 8) во рок од 15 дена пред започнувањето на деталните геолошки истражувања до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не ја достави документацијата предвидена во членот 19 став (1) точки 1 и 2 од овој закон; 9) во рок од 120 дена по истекот на концесијата или дозволата до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини не достави елаборат од извршените детални геолошки истражувања или извештај за извршените детални геолошки истражувања доколку резултатите од деталните геолошки истражувања се негативни (член 19 став (2) точка 8) 10) изведува рударски работи без да ги исполнува условите пропишани со овој и друг закон (член 50 став (1)); 11) не врши рударски мерења и не поседува рударски планови за вршење на експлоатација на минералните суровини (член 51 став (1) точка 2); 12) не ги спроведува мерките за заштита при работа (член 51 став (1) точка 4); 13) навремено не презема мерки за безбедност на граѓаните, нивниот имот, сообраќајот и соседните објекти (член 51 став (1) точка 5);

Page 60: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

60

14) не води евиденција на произведените количини на минерални суровини во пишана форма (член 51 став (1) точка 7); 15) во определениот период во членот 51 став (1) точка 8 од овој закон не изврши геодетско снимање и не изготви геодетски елаборат со пресметка на откопаните колични на минерални суровини и истиот не го достави до 31 декември во тековната година до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини (член 51 став (1) точка 8); 16) не постави соодветни мерни инструменти за мерење на протокот на експлоатираната количина на минерална суровина, во случај кога се работи за експлоатација на минералните суровини од членот 3 став (2) точки 1 (јаглеводороди во течна состојба), 6 и 7 на Законот за минерални суровини (член 51 став (1) точка 9); 17) не врши класификација и прекатегоризација на рудните резерви во роковите предвидени во членот 51 став (4) од овој закон; 18) при изведување на рударските работи не обезбеди техничко водење и надзор на изведувањето на рударските работи според рударските проекти, техничките прописи, како и според прописите за безбедност при работа (член 53 став (1)); 19) техничко водење и надзор на изведувањето на рударските работи ги врши стручно лице кое нема лиценца за вршење на тие работи (член 53 став (2)); 20) најдоцна 24 часа по запирање на работите, а во случај на опасна појава, веднаш не го пријави на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини и Државниот инспекторат за техничка инспекција за временото прекинување на изведувањето на рударски работи при истражување и експлоатација на минералните суровини поради непредвидени геолошки, рударски или економски причини (појава на гас или вода, горски удари, јамски пожари, пореметување на главни патишта за проветрување и одводнување, лизгање на терен и слично) (член 54 став (1)); 21) планира времено запирање на работите повеќе од шест месеца, не го извести Државниот инспекторат за техничка инспекција во определениот рок и не изврши рударски мерења на состојбите, како и дополнување на рударските планови и не направи записник за причините за престанување на работите и за опасностите кои можат да настанат во текот на запирањето и при повторниот почеток на работите (член 54 став (2)); 22) во периодот на временото прекинување на рударските работи не ги одржува јамските простории и објекти во стабилна, сигурна и безбедна состојба која овозможува без опасности да се поминува преку нив (член 54 став (3)); 23) не изготви дополнителен рударски проект во согласност со одредбите од овој закон доколку не продолжи со експлоатација на минералните суровини по рокот определен во членот 54 ставови (2) и (3) од овој закон; 24) пушти во употреба рударскиот објект без извршен технички преглед и издадено решение за употреба (член 55 став (1)); 25) при вршењето на детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини не организира, уреди и не спроведува навремено мерки за безбедност при работа (член 67 став (1)); 26) при изведување на рударските работи не обезбеди водење на евиденција во електронска или пишана форма за рударски надзор (член 67 став (4)); 27) при изведба на подземни рударски работи не организира служба за безбедност при работата (член 67 став (5)); 28) не организира служба за спасување и служба за против пожарна заштита при изведување на рударски работи каде што постои опасност од пожар, експлозија,

Page 61: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

61

појава на отровни гасови, или пак можности од навлегување на гасови, вода и тиња (член 67 став (6)); 29) при изведување на рударски работи не преземе мерки заради заштита на животот и здравјето на граѓаните, како и безбедност на недвижните и движните работи (член 67 став (8)); 30) пред распоредувањето на работите, односно на работните задачи, работникот со кој засновал работен однос не го запознае со прописите и мерките за безбедност при работа во врска со работите кои ќе ги врши, со опасностите кои можат да настанат при таа работа, како и со организирањето и спроведувањето на безбедносните мерки при работа и не определи работник кој целосно ќе го запознае со правата и обврските во врска со безбедноста при работа и условите за работа (член 67 став (13)); 31) работникот кој првпат се распоредува на рударските работи постепено, а најмалку 15 дена не се внесува во работата под непосредно раководење и надзор на работник и инструктор определен од работник со посебни овластувања и одгрворности (член 67 став (14)); 32) работниците кои се распоредени на работно место во јама при нивното прераспоредување на друго работно место на кое не работеле дотогаш не се запознаат со специфичните опасности на новото работно место и со мерките за безбедност при работа и опасностите кои можат да настанат при вршење на работите на кои се распоредуваат (член 67 став (15)); 33) работниците кои се распоредени на работно место во површинските погони кои во јамата влегуваат повремено заради извршување на одделни работи, претходно не се запознати со специфичностите на работата во јама, со сите опасности кои произлегуваат од таквата работа и со мерките за безбедност при работа на кои мора да се придржуваат (член 67 став (16)); 34) не се спроведуваат обврските од членот 67 став (20) точка 1 на овој закон; 35) средствата за работа не ги одржува во исправна состојба, не ја проверува нивната исправност и безбедност за работа со повремени прегледи и испитувања на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди (член 67 став (20) точка 2); 36) не организира запознавање на сите работници со прописите и мерките за безбедност при работа, како и со мерките за спроведување на плановите за одбрана и акциите за спасување во случај на ненадејни несреќи и за таа цел еднаш годишно не организира обука (член 68 став (1)) и 37) еднаш годишно не изврши проверка на познавањето на прописите и мерките за заштита при работа, како и плановите за одбрана и акциите за спасување во случај на ненадејни несреќи на работниците со посебни овластувања и одговорности кои вршат надзор, палител на мини, како и други работници со посебни овластувања (член 68 став (1)). (2) Покрај глобата за дејствијата од ставот (1) на овој член, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана на вршење одделна дејност. Траењето на забраната не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од пет години, како и дејноста чие вршење му се забранува на правното лице. (3) Со глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за прекршокот од ставот (1) на овој член ќе се казни и одговорното лице во правното лице и ќе му се изрече прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност во траење од една до пет години. (4) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член и

Page 62: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

62

доколку при вршењето на геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини не го извести непосредниот раководител за несреќа при работа, потешка повреда при работа или појава што го загрозува животот на работниците, како и за причините за настанување на истите (член 69).

Член 77 (1) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) при вршењето на детални геолошки истражувања не обезбеди писмена согласност од сопствениците или корисниците на земјиштето во државна сопственост за делот на земјиштето каде што се вршат деталните геолошки истражувања (членови 13 став (2) точка 1 и 19 став (2) точка 1); 2) до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини најмалку еднаш годишно, во рок определен во дозволата, не доставува извештај за извршените детални геолошки истражувања согласно со динамиката утврдена во дозволата за вршење на детални геолошки истражувања (членови 13 став (2) точка 7 и 19 став (2) точка 7); 3) на просторот за вршење на деталните геолошки истражувања ја нема документацијата предвидена во членовите 13 став (3) и 19 став (3) од овој закон; 4) при изведување на рударските работи и вршењето на експлоатација на минерални суровини ја нема документацијата предвидена во членот 51 став (2) од овој закон дозвола за експлоатација на минерални суровини и дозвола за изведување на дополнителни рударски работи; 5) врши пробно работење на рударскиот објект подолго од три месеца, сметано од денот на пуштање во пробна работа на изведениот рударски објект (член 56 став (3)); 6) лицата кои вршат работи на одделни работни места не ги исполнуваат условите од членот 57 став (2) на овој закон; 7) работниците кои се распоредени на работно место надвор од јама влегуваат во јама без дозвола на раководителот на јамата или од него овластено лице (член 67 став (17)); 8) не донесе посебни програми за стекнување, дополнување и усовршување на знаењето за областите за безбедност при работа според видовите на работите, односно работните задачи (член 67 став (19)) и 9) не води евиденција предвидена во членот 67 став (20) точки 4 и 5 од овој закон; (2) Со глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за прекршокот од ставот (1) на овој член ќе се казни и одговорното лице во правното лице. (3) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице за дејствијата од ставот (1) на овој член.

ДЕЛ XI ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 80

Важност на прописите (1) Прописите кои произлегуваат од овој закон ќе се донесат најдоцна во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До денот на влегувањето во сила на прописите кои произлегуваат од овој закон ќе се применуваат:

Page 63: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

63

1) Правилникот за содржина на рударските проекти за експлоатација на цврсти минерални суровини ("Службен лист на СФРЈ" број 21/66); 2) Правилникот за технички нормативи за подземна експлоатација на металични минерални суровини ("Службен лист на СФРЈ" број 24/91); 3) Правилникот за технички нормативи за машини со дизел мотори што се користат при подземни рударски работи во неметански јами ("Службен лист на СФРЈ" број 66/78); 4) Правилникот за технички нормативи при ракување со експлозивни средства и минирање во рударството ("Службен лист на СФРЈ" број 26/88 и 63/88); 5) Правилникот за технички нормативи при изградба на јамски магацини за експлозивни средства во рудниците со подземна експлоатација на инерални суровини ("Службен лист на СФРЈ" број 12/88); 6) Правилникот за технички нормативи при превоз на луѓе и материјали по окната на рудниците ("Службен лист на СФРЈ" број 4/80, 12/85, 35/87 и 51/88); 7) Правилникот за технички нормативи при превоз на луѓе во рудници со подземна експлоатација во хоризонтални и коси простории ("Службен лист на СФРЈ" број 34/89); 8) Правилникот за технички нормативи за превоз со транспортери со лента во рударството ("Службен лист на СФРЈ' број 5/73, 12/74, 4/86, 4/89 и 34/89); 9) Правилникот за технички нормативи за електрични постројки и уреди и инсталации во рудниците со подземна експлоатација ("Службен лист на СФРЈ" број 21/88); 10) Правилникот за технички нормативи за електрични постројки и уреди и инсталации во рудниците со површинска експлоатација ("Службен лист на СФРЈ" број 66/87); 11) Правилникот за технички нормативи за површинска експлоатација на лежишта на минерални суровини ("Службен лист на СФРЈ" број 4/86 и 62/87); 12) Правилникот за технички нормативи за површинска експлоатација на архитектонско-градежен камен (украсен камен) технички камен, чакал и песок и за преработка на архитектонско-градежен камен ("Службен лист на СФРЈ" број 11/86); 13) Правилникот за технички нормативи за подземна експлоатација на јаглен ("Службен лист на СФРЈ" број 4/89); 14) Правилникот за средства за лична заштита при работа и личната заштитна опрема ("Службен лист на СФРЈ" број 35/69); 15) Правилникот за технички нормативи подготвување на минерални суровини - руди на обоени метали ("Службен лист на СФРЈ" број 36/79); 16) Правилникот за мерките и нормативите за заштита на орудијата за работа ("Службен лист на СФРЈ" број 18/91), 17) Правилникот за технички нормативи за дигалки ("Службен лист на СФРЈ" број 65/91); 18) Правилникот за технички нормативи за стабилни садови под притисок ("Службен лист на СФРЈ" број 16/83); 19) Правилникот за технички нормативи за пумпи и компресори ("Службен лист на СФРЈ" број 32/74); 20) Правилникот за периодични испитувања на орудијата за работа и уредите, хемиските и биолошките штетности и микроклимата ("Службен лист на СФРЈ" број 26/67); 21) Правилникот за претходните здравствени прегледи и постапката и роковите за вршење на периодични здравствени прегледи на работниците ("Службен лист на СФРЈ" број 27/88);

Page 64: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

64

22) Правилникот за опремата и постапката за укажување прва помош и за организирање на службата за спасување во случај на незгода при работа ("Службен лист на СФРЈ" број 21/71); 23) Правилникот за максимално дозволените концентрации и количества и за други штетни материи што можат да се испуштаат во воздухот од оделни извори на загадување ("Службен весник на Република Македонија" број 3/90); 24) Уредбата за класификација на водите ("Службен весник на Република Македонија" број 9/84); 25) Правилникот за квалификација и категоризација на резервите на цврсти минерални суровини и за водење на евиденција за нив ("Службен лист на СФРЈ" број 53/79); 26) Правилникот за квалификација и категоризација на резервите на подземните води и за водење на евиденција за нив ("Службен лист на СФРЈ" број 34/79) и 27) Одлуката за определување на границите на заштитните зони на изворот Рашче и определување на мерките за заштита ("Службен весник на Република Македонија" број 36/90).

Член 81 Престанување на важноста на закон

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Закон за минералните суровини ("Службен весник на Република Македонија" број 18/99 и 29/2002).

Член 82 Влегување во сила на законот

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

Додаток од Законот за изменување и дополнување на ЗМС – Сл. весник бр. 88/2008 (16.07.2008)

Член 45

(1) Започнатите постапки за добивање на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини согласно Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија бр.18/99 и 29/02) ќе се сметаат како поднесени иницијативи за доделување на концесии за детални геолошки истражувања согласно одредбите од овој закон.

(2) Започнатите постапки за добивање на дозволи за детални геолошки истражувања согласно Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија бр.24/07) ќе се сметаат како поднесени иницијативи за доделување на концесии за вршење на детални геолошки истражувања согласно одредбите од овој закон.

(3) Започнатите постапки за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини за концесионерите кои имаат концесии за детални геолошки

Page 65: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

65

истражувања и имаат склучено договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини согласно со одредбите на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99 и 29/2002), ќе завршат согласно со членот 29 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2007 и 88/2008).

Член 46 (1) Започнатите постапки за добивање на одобренија за експлоатација на минерални суровини и решенија за технички прием на рударски објекти до влегување во сила на овој закон, ќе се завршат согласно одредбите овој закон.

Член 47 (1) Договорите за концесија за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини склучени до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе се усогласат со одредбите од овој закон до 31.12.2008 година.

(2) Доколку концесионерите не ги усогласат договорите за концесија согласно став (1) на овој член, концедентот ќе донесе одлука за престанок на важење на концесиите, врз основа на која ќе се раскинат договорите за концесија.

Член 48 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Додаток од Законот за изменување и дополнување на ЗМС – Сл. весник бр. 06/2010 (15.01.2010)

Член 34

(1) Субјектите кои управуваат со бањите и производителите на пакувана вода, газирани и негазирани пијалаци кои вршат експлоатација на термоминерални и подземни води се должни согласно со одредбите од овој закон да започнат постапка за добивање на концесија за експлоатација во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Концесијата за експлоатација на субјектите од ставот (1) на овој член се доделува врз основа на барање согласно со членот 29 од овој закон.

Член 35

(1) Лицата кои се стекнале со лиценца за изработка на геолошка документација и рударски проекти, односно лицата кои имаат положено стручен испит за самостојно вршење на работите од областа на геологијата и рударството до денот на влегувањето во сила на овој закон се ослободени од полагање на стручни испити согласно со членовите 53, 58 и 59 од Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ број 24/2007, 88/2008 и 52/2009). (2) Лицата кои имаат добиено лиценца за изработка на геолошка документација и рударски проекти, односно лицата кои имаат положено стручен испит за самостојно вршење на работите од областа на геологијата и рударството до денот на влегувањето во сила на овој закон можат да вршат и работи на техничко водење и надзор согласно со членовите 6 став (5) и 53 од Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ број 24/2007, 88/2008 и 52/2009).

Page 66: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

66

(3) Лицата кои имаат положено стручен испит за самостојно вршење на работата од областа на геологијата и рударството до денот на влегувањето во сила на овој закон и имаат добиено уверенија и овластувања од ставовите (1) и (2) на овој член ќе се заменат со лиценци и овластувања во согласност со овој закон, во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 36 (1) Концесионерите на кои им е издадено одобрение за експлоатација врз основа на Законот за минерални суровини ("Службен весник на Република Македонија" број 18/99 и 29/2002), а кои не започнале со експлоатација на минерални суровини за која и е доделена концесијата за експлоатација се должни во рок од шест месеца да започнат со експлоатација, сметано од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Доколку концесионерите во рокот од ставот (1) на овој член не започнат со експлоатација, концедентот ќе донесе одлука за престанок на важење на концесиите врз основа на која ќе се раскинат и договорите за концесија. (3) Одлуката од ставот (2) на овој член се објавува во "Службен весник на Република Македонија".

Член 37 (1) Концесионерите на кои им е издадено одобрение за експлоатација врз основа на Законот за истражувања и експлоатација на минерални суровини ("Службен весник на СРМ“ број 24/73), Законот за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини ("Службен весник на СРМ" број 18/88) и Законот за минерални суровини (“Службен весник на Република Македонија“ број 18/99 и 29/2002), се должни да ги решат имотно-правните односи во делот на земјиштето каде што се врши експлоатација на минералните суровини на начин и под услови утврдени со закон во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Доколку концесионерите не ги решат имотно-правните односи во рокот од ставот (1) на овј член, министерот за економија ќе го укине одобрението за експлоатација.

Член 38 (1) Постапките за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со Законот за минерални суровини ("Службен весник на Република Македонија" број 24/2007, 88/2008 и 52/2009).

Член 39 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Додаток од Законот за изменување и дополнување на ЗМС – Сл. весник бр. 158/2010 (09.12.2010)

Член 26

Page 67: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

67

Концесионерите на кои им е издадено одобрение за експлоатација и одобрение за експлоатација по дополнителен рударски проект до денот на влегувањето во сила на Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99) или не поднеле барање за издавање на дозвола за експлоатација се должни да поднесат барање за издавање на дозвола за експлоатација во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Доколку концесионерите во рокот од ставот (1) на овој член не поднесат барање за издавање на дозвола за експлоатација, договорите за концесија престануваат да важат.

Член 27 Издадените одобренија за експлоатација согласно со Законот за

минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99 и 29/2002) ќе се сметаат како дозволи за експлоатација и важат до истекот на рокот до којшто и се издадени.

Член 28

Договорите за концесија кои се склучени согласно со Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99 и 29/2002) ќе се усогласат со одредбите од Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2007, 88/2008, 52/2009 и 6/10) до 31 март 2011 година.

Доколку концесионерите не ги усогласат договорите за концесија согласно со ставот (1) од овој член, концедентот ќе донесе одлука за престанок на важење на концесиите врз основа на која ќе се раскинат договорите за концесија.

Член 29

Започнатите постапки за издавање на лиценца и овластување за техничко водење и надзор над изведувањето на рударските работи и лиценци и овластувања за изработка на геолошка документација и рударски проекти до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со одредбите од овој закон.

Член 30 Субјектите кои управуваат со бањите и производителите на пакувана вода,

газирани и негазирани пијалаци кои вршат експлоатација на термоминерални и подземни води се должни согласно со одредбите од овој закон да започнат постапка за добивање на концесија за експлоатација до 31 март 2011 година.

Концесијата за експлоатација на субјектите од ставот (1) на овој член се доделува врз основа на барање согласно со членот 29 од Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 24/2007, 88/2008, 52/2009 и 6/10).

Член 31

Лицата кои имаат положено стручен испит за самостојно вршење на работите од областа на геологијата и рударството до денот на влегување во сила на Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99), ќе се заменат со лиценци и овластувања во согласност со овој закон, најдоцна до 30 јуни 2011 година.

Page 68: Zakon Za Mineralni Surovini 931962198 247095030

68

Член 32 Концесионерите на кои им е издадено одобрение за експлоатација врз

основа на Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија“ број 18/99 и 29/2002) се должни да ги решат имотноправните односи во делот на земјиштето каде што вршат експлоатација на минералните суровини на начин и под услови утврдени со закон во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Доколку концесионерите не ги решат имотноправните односи во рокот од ставот (1) на овој член, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини ќе ја укине дозволата за експлоатација.

Член 33 Подзаконските акти од овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот

на влегувањето во сила на овој закон.

Член 34 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во

„Службен весник на Република Македонија”.

Додаток од Законот за изменување и дополнување на ЗМС – Сл. весник бр. 53/2011 (14.04.2011)

Член 13

Одредбите од членовите 2, 3, 4, 6, 8, 9, 10, 11 и 12 на овој закон ќе почнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен.

Член 14 Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.