wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има...

18
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОЛНАТА И ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД [email protected] www.ceprosard.org,mk CeProSARD

Upload: truongkhanh

Post on 01-May-2018

266 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ

НА ВОЛНАТА И ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД

[email protected],mk

CeProSARD

Page 2: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

01

Содржина

I. Вовед ........................................... 2II. Тековна ситуација ....................... 3III. Материјали за изолација ............ 9IV. Пилот-проекти ............................. 15V. Заклучоци и препораки ............... 23

Page 3: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Оваа студија е направена во рамките на проектот на ЦеПроСАРД: „Промоција за одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во руралните области на Р. Македонија“.

Целта на студијата е предлог на технологии за производство на материјали и производи од волна и текстилен отпад од текстилната индустрија во Р. Македонија. Најчесто волната и текстилниот отпад се оставаат на отпадните места (депонии) или се спалуваат. Но, тие може да се процесираат во различни галантерии за коли, покривни материјали, душеци, крпи за чистење, најразлични конструкциски материјали за енергетски ефикасни згради итн. Посебно важна цел за оваа студија е предлог на технологија за добивање изолациски материјал што би бил направен од рециклиран отпад добиен од текстилната индустрија и од волна.

Македонија вообичаено произведува околу 1000 тони волна на годишно ниво и околу 16.600 тони текстилен отпад. Поголем дел од овој отпад се исфрла на депониите или е согоруван, со што доаѓа и до загадување на околината. Целта на искористувањето на овој отпад и добивањето корисен производ - изолациски материјал за градежништвото - е да се промовира одржливиот развој на руралните области во земјата, а со тоа и да се намали загадувањето и да се зголеми свеста за заштита на околината, како и можностите за нови вработувања.

Резиме

02 03

Page 4: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Општа класификација на отпадниот текстил е поделбата на две главни групи:

1. пред потрошувачот / нуспроизвод од производство на облека и2. после потрошувачот / краен отпад.

Управувањето со текстилниот отпад содржи технички и нетехнички решенија (кои се дадени на слика 1).

Во изминатите години екообјектите станаа многу популарни и привлекуваат се поголем интерес и во светски рамки. Под еколошки објекти се подразбираат градби кои штедат енергија, или градби кои користат материјали што не ја загадуваат животната средина, како што се материјали со намалена емисија на јаглерод, а во исто време градбата нуди простор за живеење со подобрен квалитет и подобрени здравствени аспекти.

За целите на еколошките градби се потребни нови одржливи и еколошки изолациски материјали. На пример, употреба на евтини суровини од обновливи извори кои би имале мултифункционална улога во градбата, а во исто време е потребно тие да имаат исти или подобри карактеристики во споредба со конвенционалните материјали, како што се топлинска и акустична изолација, отпорност на пожар, издржливост и намалување на ефектот на стаклена градина.

Повеќето природни изолациски материјали, генерално, им даваат чувство на благосостојба и добра здравствена атмосфера на жителите, заштитувајќи ги од мувла, црви, алергии или канцерогени и токсични супстанции (азбест, формалдехид итн.). Така, од витално значење е да се работи со вакви енергетски ефикасни материјали ослободени од загадувачи, а во исто време и да ги задоволат модерните градежни норми и стандарди во правец на подобрување во сите сфери на животот.

Вакви примери на природни изолациски материјали се оние добиени од: плута, памук, рециклирана хартија / облека, коноп, лен, волна, влакна од дрво, целулоза итн. Слично на ова, и многу отпадни материјали на растителна база може да се искористат како изолација: на пример, лушпи од орев, кора од пченка, потоа растителни влакна од лаванда итн. Природните влакна, како волна, памук, лен итн., како и отпадот од текстилната индустрија се, генерално, разновидни, еколошки за средината, со високи перформанси и се енергетски подобни изолациски материјали. Нивната употреба како зелени материјали во градежништвото и објектите не е новост и тие веќе се во употреба во одредени региони низ Европа. Дури, природните материјали, како што се различни видови памук, се биодеградабилни и може да се претворат и во компост.

I. Вовед

04 05

Page 5: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

менаџирање на текстилен отпад

истурање спалување

термичко

хемиско

рецикли-рање

реупотреба

нетехничкорешение

техничко решение

неткаен текстил

намалу-вање

форма на преѓа

механичко

одложувањеСпоред Државниот завод за статистика, во

2011 година Македонија имала 766 631 овца, од кои 545 214 можеле да се користат за производство на волна, или тоа е 980 тони волна на годишно ниво.

Текстилната индустрија во Македонија е индустриски сектор со долга традиција и искуство. Постојат околу 500 текстилни компании во земјата кои вработуваат ~ 27% од целокупното работоспособно население во Македонија. Од производството на облека во Македонија околу 16 600 тони/год. е текстилен отпад, што претставува ~ 3% од цврстиот отпад во земјата и, генерално, тоа е памук, PES, мешавина од памук / PES и памук / ликра, лиоцел, лен.

Поголемиот дел од отпадот се согорува на депониите, со што предизвикува и загадување на животната средина.

Слика 1. Управување со текстилен отпаден материјал

II. Тековна ситуација

06 07

Page 6: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Во овој дел се дадени неколку случаи - компании кои работат со употреба на волна и / или текстилен отпад и истите ги трансформираат во нови корисни производи, пред се за изолациски материјали.А) Еден пример за искористување на текстилниот отпад е фирмата Build It Green Company (http://www.builditgreen.co.za/), која произведува памучна изолација направена од постиндустриски, претпотрошени остатоци од текстилната индустрија (слика 2). Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата направена од стаклени влакна. Но, сепак, одличната звучна изолација, како и безбедносните квалитети на памукот го прават супериорен и неспоредлив производ во однос на стаклените влакна. Главните предности на текстилната изолација базирана на памук наспроти конвенционалната изолација се дадени во табела 1.

Слика 2. а) Термички изолациски материјал базиран на текстилен отпаден материјал од индустријата за душеци, б) изолација од текстилен отпад

II. 1. Светски случаи / искуства за искористување на волната и текстилниот отпад

Памучна изолација Конвенционална изолација големо количество рециклирани материјали

помала рециклирана содржина

безбедна за ракување и инсталација

потенцијално штетна за инсталатерот

минимална енергија употребена за производство

големо количество енергија за производство

класа 1 отпорност на горење класа 1 отпорност на горење нема сврзувачи што содржат формалдехид

сврзувачи што содржат формалдехид

супериорни акустични својства инфериорни акустични својства

б) Daemwool (http://daemwool.at/) - има голема палета на производи за различни изолациски материјали што се користат во различни градежни проекти. Тие покажаа дека волната може да биде високотехнолошки природен изолациски материјал со добри здравствени аспекти при вградување во градбите (сл. 3).

Слика 3. Волната како градежен материјал

Табела 1. Памучната наспроти конвенционалната изолација

08 09

a)

б)

Page 7: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

в) Fiber Block Flooring (http://www.kaswell.com/fibreblock.htm) - оваа компанија произведува подни полимерни блокови од отпад генериран од производство на теписони на база на најлон (сл. 4).

г) Procotex (http://www.procotex.com/en/recycled_fibres_purchase.php) е компанија која прави композит од рециклиран текстилен отпад плус врзивно средство што може да се користи во различни индустриски сектори (сл. 5):1) Автомобилската индустрија, која користи многу рециклирани полипропиленски влакна, но, исто така, има и широк спектар на влошки од памук и акрилни производи за акустичен филц или тешки компоненти за постава.2) Геотекстил за правење синтетички филц за да се подобри патната стабилност, или природен филц за покривање банкини со цел да се спречи ширење на плевелот. 3) Термално оформување: индустрија за душеци на база на филц-технологија базирана на полипропилен и влакна. Овие подлоги се користат во индустријата за душеци, како тепих-подлоги и мебел-филц.4) Дренажа: одводни цевки што се обвиткани со смеса од синтетички влакна за да се зголеми одводниот ефект и за да се спречи затнување на цевките.

Слика 4. Fibre(B)lock® полимерни блокови направени од текстилен отпад Слика 5. Производи на прокотекс (Procotex) направени од рециклирани текстилни влакна

10 11

Page 8: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Д) Airstep Carpet Underlay (http://www.airstep.com.au/) - оваа фирма нуди текстилни подлоги со 85% рециклирана содржина - отпад кој може да е и постиндустриски и постпотрошувачки. Производите се направени од регенерирани влакна, рециклирани од тепих или отпад од текстилната индустрија. Текстилната подлога нуди одличен комфор при газење, добри термални својства, заштита од звук, како и чиста антиалергиска подлога (сл. 6).

Ѓ) Adsorb-it (http://www.eco-tec-inc.com/) е материјал направен од 100% рециклирани и одбрани влакна од текстилната индустрија, дизајниран со уникатна способност да овозможи отстранување на нафта, масло, контаминенти што содржат нафта и суспендирани цврсти материи од водата. Овие производи со повеќекратна употреба се користат за чистење на средината. Тие овозможуваат и отстранување на апсорбираните масла и загадувачи што содржат масло и можност и за нивна натамошна реупотреба (сл. 7).

Слика 6. Воздушна текстилна подлога од рециклирани влакна Слика 7. Апсорбент - материјал

12 13

Page 9: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Материјалите за изолација се класифицирани според формата на производството, суровината, како и според нивното влијание врз здравјето на човекот и врз животната средина. Денес на пазарот се познати различни типови материјали за термичка изолација и тие се класифицирани во следниве три категории:1) неоргански материјали, како што се влакна (од стакло, камен или троска) и порозни материјали (калциум силикат, перлит, вермикулит, керамички производи); 2) органски материјали, кои, исто така, може да се влакна (од целулоза, волна, памук, дрво, пулпа, или синтетички влакна - слика 8), и пенести материјали (гума, полистирен, полиетилен, полиуретан и други полимери);3) метални или метализирани мембрани, кои поседуваат пропустливост на воздух, наполнети со гас или празен простор.

Употребата на волната од овците како суровина за производство на материјал за термичка изолација е посебно интересна, пред се поради позитивните еколошки и здравствени аспекти. Добрите својства на внатрешна изолација од волнените влакна се слични со оние на минералните и стаклените влакна и има коефициент на топлинска спроводливост од ~ 0,04 W/m.K. Волната може да се формира во флексибилни, полукрути панели, или крути панели со користење на врзивно средство. Врзивното средство најчесто е синтетичка смола, полиестер, полиуретан или полиолефин, но може да биде, исто така, и биоразградлив и / или материјал што се рециклира. Поради неверојатниот капацитетот на сорпција на волната, таа може да апсорбира значително количество влага, дури и до 40% од својата сопствена маса, а, сепак, да се однесува како сув материјал, без значајни промени во своите термички перформанси, додека термичките перформанси на вештачката минерална волна се нарушуваат кога е присутна кондензација на влага. Всушност, волната е хигроскопна и може да ја тампонира внатрешната влага, со што на некој начин управува со кондензацијата во просторијата, со што се минимизира ризикот од влага и мувла, а во исто време не ги намалува своите добри својства на термичка изолација. Во исто време обезбедува комфор и пријатна внатрешна средина. Додека волната ја апсорбира влагата, се загрева и со тоа го намалува ризикот од кондензација, а кога се суши, се оладува и се однесува како природен климатизер во живеалиштата. Волнените влакна имаат уникатна способност постојано да ги апсорбираат и разложуваат испарливите органски соединенија (VOCs), како формалдехид, азотен диоксид, сулфур-диоксид, и трајно да ги врзуваат, со што го подобруваат квалитетот на внатрешниот воздух. Волната има многу висока точка на палење од 560°C, поради високата содржина на азот. Таа не гори, не го поддржува огнот и сама се гасне. Затоа, волната може ефективно да се искористи како екоизолациски материјал. Во табела 2 се сумирани главните карактеристики на волнениот изолациски материјал.

III. Материјали за изолација

III. 1. Изолација од волна

Слика 8. Изолација од волна и текстилен отпад

Вообичаено, екотермоизолациските материјали се направени од отпадна волна, како и од отпад од текстилни влакна од теписони и / или индустриски текстилен отпад.

14 15

Page 10: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

кондензација BS 5250: 1989

термичка спроводливост (Λ) 0,04 W/m°K

термичка отпорност (R) 2,50 m² °K/W

специфичен топликнски капацитет (c) 1700 J/kg°K

отпорност на пареа (r) 10 MNs/gm

сорпција на влага 35% w/w

густина 19 Kg/m³

запаливост Euro Class E EN 13501-1: 2002

Волнената изолација придонесува за подобар квалитет на воздухот во затворен простор. Недостигот на слабо дишење во објектите може да предизвика различни проблеми, вклучувајќи здравствени проблеми предизвикани од влага и мувла. Имено, волната има единствена способност да апсорбира штетни гасови емитирани од некои производи во објектите, како, на пример, формалдехид, кој е канцероген гас што се ослободува од различни вештачки материјали. Волната континуирано ги заробува овие гасови, со што помага во заштитата на жителите од многубројни здравствени опасности. Исто така, волната е биоразградлива и може да се компостира во земјата, со што ги збогатува почвата и преостанатиот природен циклус. Изолацијата од волна може да се рециклира или спалува за да се добие некое дополнително количество енергија (за разлика од другите вештачки минерални влакна, кои практично немаат систем за рециклирање и мора на соодветен начин да се депонираат на означените депонии).

Изолацијата од волна од овци е безбедна за ракување без заштитна облека, за разлика од некои вештачки материјали од минерални влакна што се непријатни за ракување и бараат употреба на заштитни ракавици, маски и очила. Производите се достапни во форма на ролни или слоеви и може лесно да се сечат за да се приспособат кон неконвенционалните облици (слика 9).

Табела 2. Карактеристики на волнената изолација

Слика 9. Волнена изолација во различни конструкциски изведби (преземено од Daemwool)

16 17

Page 11: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Компаниите Bonded Logic (http://www.bondedlogic.com/construction-products/acoustical-panels) и Inno-Therm (http://www.thecodestore.co.uk/shop/category/247/ene2-building-fabric/insulation/innotherm.html) (слика 10) се едни од производителите на текстилни изолациски материјали. Некои од главните карактеристики и еколошки атрибути на произведените текстилни изолации се наведени подолу.Памукот се смета за брзо обновлива суровина и има еколошки предности над другите суровини со долг циклус на обновување. Памучната изолација има термички својства слични на оние на стаклените влакна. Инаку, таа е направена, главно, од постиндустриски, претконсумирачки отпадоци од индустријата за облека, така што не е директно поврзана со земјоделските практики. На крајот од векот на употреба, памучната изолација лесно може да се рециклира или компостира.

Памучната изолација може да апсорбира повеќе влага споредено со другите типови изолација (може да задржи и до 15% влага). Ова е посебно важно за ѕидните шуплини, кои се склони на влажнење и не можат лесно да се исушат, и кои можат да бидат и добра почва за развој на мувла. Исто така, памучната изолација обезбедува добро дизајнирани и конструкциски ѕидни системи.

Иако, генерално кажано, памучната изолација генерално чини повеќе од слоевите од вештачка волна, сепак, изолациските материјали се многу мал процент од вкупните градежни трошоци. Но, и одличните звучни и безбедносни карактеристики на памучната изолација ги прават истите супериорни и неспоредливи во однос на изолациите на база на стаклена волна.

III. 2. Изолација од текстилен отпад

Слика 10. Изолациски материјал добиен од текстилен отпад

18 19

Page 12: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Одржливост: волната и текстилниот отпад се дар од природата, биоразградливи, обновливи суровини, одржливи, зелени и чисти. Интелигентни конструкции со екопријателски природни материјали: намалена загуба на топлина, намалени енергетски трошоци, зголемување на внатрешниот комфор, но и додадена еколошка вредност, пониски емисии и заштита на животната средина. Природен воздушен кондиционер: волната и текстилниот отпад дишат, значи, апсорбираат и ослободуваат влага без редуцурање на термичките перформанси и го штитат домот од влага и мувла. Здравствена изолација: волната и текстилниот отпад ги поседуваат сите технички функции да бидат безбедни за здравјето на луѓето.

Внатрешна клима: зголемено чувство на комоција, здравје и задоволство.

Стареење: екстремно отпорни на стареење и може да се користат со децении.

Ги задржуваат перформансите за подолг временски период: изолацијата од волна и текстилен отпад не се менува како резултат на високата еластичност на волнените влакна.

Отпорност на горење: волната не го поддржува горењето и е издржлива на пламен. Волната има повисока отпорност на пламен отколку целулозата и целулозните пластични изолации.

Разновидност на димензии и облици на изолациските панели: производите можат да варираат и можат да бидат погодни за различни примени: од подови, преку ѕидови, мансарди, фасади и покриви.

Конструкциски прашања: лесна инсталација и ракување, перфектно погодни за инсталација во сите конструкциски компоненти, високофлексибилни во споредба со другите вештачки минерални влакна. Рециклирање: волната и текстилниот отпад може да се рециклираат и / или спалуваат заради добивање екстра енергија во случај на финално одложување на овие материјали.

20 21

III. 3. Предности на изолацискиот материјал добиен од волна и текстилен отпад

Page 13: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

ПИЛОТ-ПРОЕКТ БР. 1

Наслов: Изолациски материјал од волна

Цел: Производство на изолациски материјал од волна

Опис: Во последните години се произведуваат многу изолациски материјали од природни влакна. Волната е едно од најексплоатираните влакна за оваа намена. Таа има добра термичка отпорност, одличен специфичен топлински капацитет, добра способност за апсорпција на влага и други гасови и е класифицирана како Euro Class E, според способноста за заштита од оган (стандард EN 13501-1:2002). Во Македонија има околу 1 000 тони неискористена волна што претставува добар извор за производство на изолациски материјал на база на волна.

Потребни чекори за производство на волнен изолациски материјал: - откупување на волната од одгледувачите на овци, - подготовка на изолациски материјал (сл. 11-15):1. перење на волната со нејоногени биоразградливи површински активни средства;2. карбонизација на волната;3. влачење;4. механички и аеродинамичен начин на формирање на пелц;5. поврзување на пелцот и формирање на неткаен текстил со иглање.

ПРОЦЕНЕТ БУЏЕТ ЕВРА машина за комбинирано перење и карбонизација на волната

40 000

машина за влачење 8 000 формирање на пелц:

- механички начин, - аеродинамичен начин

8 000

поврзување на пелцот со иглање 12 000 вкупно: 68 000

Поврат на инвестицијата. Се претпоставува дека волнен изолациски материјал со дебелина од 5 cm и површинска маса од 2 kg/m2 ќе се продава по цена од ~ 3 евра. Тоа е идентична цена со цената на изолацискиот материјал од камена волна со истите карактеристики. Тоа би значело дека ако 1 евро е цената за откуп на 1 kg волна, и 0,5 евра се трошоците за производство, тогаш 0,5 евра по квадратен метар изолациски материјал е профитот за компанијата.

Пример: Со 56 250 евра обртен капитал ќе се соберат 25 000 kg волна, доволна за да се произведат 12 500 m2 волнен изолациски материјал. Со 0,5 евра профит по квадратен метар ќе се заработат 6 250 евра со продавање на целиот произведен материјал. Претпоставувајќи дека три до четири месеци е периодот за продажба на произведениот материјал, тогаш околу три години е периодот за враќање на инвестицијата за купувањето на опремата.

IV. Пилот-проекти

Вкупен проценет буџет:

22 23

Page 14: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

собирање на волна

перење и карбонизација

кардирање

формирањена пелц

аеродинамичен начин

механички начин

поврзување на пелцот

иглање

волнен изолациски материјал

пресување со биоразградлив

полимер

екоизолациски материјал

Слика 11. Технолошка шема на производство на волнени и екоизолациски материјали: а) производство на волнени изолациски материјали, б) предложена шема на производство на екоизолациски материјали

Слика 13. Машина за влачење волна

Слика 12. Машина за перење волна

Слика 14. Шема на машина за аеродинамично

формирање на пелц

Слика 15. Машина за формирање на

неткаен текстил со иглање

24 25

a) б)

Page 15: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

ПИЛОТ-ПРОЕКТ БР. 2

Наслов: Екокомпозитни панели како конструкциски материјали за изолација

Цел: Производство на екокомпозитни панели на база на текстилен отпад и рециклирана екопријателски полимерна матрица за градежни елементи со ниска цена на чинење

Опис: Во последните децении, производството и апликацијата на екокомпозитните панели во градежниот сектор имаат голема улога. Тоа се должи на: - обновливите суровини; - ниските трошоци на суровините; - ниските трошоци за производство; - изолациските материјали со исти или подобри својства од конвенционалните градежни материјали.Текстилниот отпад од индустријата за облека (конфекциите) во Македонија може да биде главен извор на суровини за неткаени екокомпозити.

Потребни чекори за да се произведе еколошки композитен панел од текстилен отпад: - чистење - сортирање и собирање на текстилниот отпад по евтина цена; - селекција на биоразградливата / екопријателската полимерна матрица; - производство на композитен систем преку (сл. 16):1. сечење на текстилниот отпад на машина за сечење;2. кинење (развлакнување) на текстилниот отпад на машина за развлакнување со брзоротирачки барабан и перфориран барабан со помал број вртежи; 3. формирање на пелц на механички или на аеродинамичен начин;4. поврзување на пелцот до финален производ (композит). Тоа ќе биде направено механички со иглање или хемиски со употреба на селектирана биоразградлива / екополимерна матрица. Видот на поврзувањето зависи од употребата на композитот.

ПРОЦЕНЕТ БУЏЕТ ЕВРА машина за сечење 10 000 машина за кинење (развлакнување) 10 000 формирање на пелц:

- механички начин, - aеродинамичен начин

8 000 8 000

поврзување на пелцот и формирање на неткаен текстил:

- иглање, - хемиски начин

12 000 8 000

вкупно: 36 000 - 40 000

Вкупен проценет буџет:

26 27

Page 16: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Слика 16. Технолошка шема на производство на екоизолациски материјали од текстилен отпад од индустријата за облека: a) со иглање, б) со пресување со

биоразградлив полимер

Шематскиот процес на производство на екоизолациски материјал на база на текстил е прикажан на сл. 17. Технологијата за производство на текстилен изолациски материјал содржи неколку фази: - собирање на текстилниот отпад; - сушење на текстилниот отпад; - сечење и предмешање; - составување:

a) формирање на пелц и неткаен текстил;Б) формирање на пелети и пресување.

Како што може да се види, предложената технологија нуди можност за производство на: a) неткаен изолациски материјал и б) цврсти (пресувани) изолациски панели. - Собирање на отпадотОтпадот од кроење е собран од различни текстилни (конфекциски) компании. Отпадот е собран во форма на суров отпад.

- Подготвување на суров материјал (сечење и предмешање)Пред остатоците од кроење да бидат процесирани во текстилен изолациски материјал, суровите материјали од облека мора да бидат конвертирани во преѓа со ОЕ-метод на предење (ова е најприфатлив метод). Ова вклучува поминување на исечените делови од облека низ два назабени барабана, кои го држат текстилниот материјал додека брзоротирачки цилиндар со игли механички го отвора текстилот до помали делови. Продуктот од механичкото отворање е мешавина од индивидуални влакна, делови од преѓи и мали делови од облека. Натамошната фаза опфаќа намалување на деловите од облека во форма на влакна. Влакната, понатаму, се собираат на перфориран барабан со помош на вакуум и излегуваат од машината како пелц.

IV. 1. Опис на процесот на производство

28 29

a) б)

сортирање и собирање на текстилот

сечење на текстилот на машина за сечење

кинење (развлакнување)

механички начин формирањена пелц

аеродинамичен начин

поврзување на пелцот

иглање

волнен изолациски материјал

пресување со биоразградлив

полимер

екоизолациски материјал

Page 17: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

собирање на текстилниот

отпад

процесирање натекстилниот отпад;машина за сечење

претсушење

предмешање мешање

подготовка на неткаениот

текстил

полимер пелетизирање

Екозоилациски материјал

пресување

пресување

a) Формирање на пелц

Откако текстилниот отпад е реконвертиран во влакнеста форма, од влакната треба да се направи униформна форма на пелц, која понатаму треба да биде поврзана во стабилен неткаен текстил. Најупотребуван начин за суво формирање на пелц е кардирање, но пелц со поголема површинска маса кој содржи влакна од отпад се формира со употреба на машините „Garnett“. Веднаш по кардирањето, пелцот е формиран со паралелни слоеви, кои се сложуваат по должина на пелцот. Како резултат на тоа, се добива пелц со анизотропни својства со влакна доминантно ориентирани по должината на пелцот.

Термички панели за изолација со димензии 200 x 200 x 5 mm (должина x ширина x дебелина), со различна густина, може да бидат произведени со пресување на пелцот со загреани плочи на 190 C и константен притисок за 15 min.

Термичката спроводливост на панелите е во интервал од 0,040 и 0,053 W/m.K и зависи од густината на текстилните панели. Овие вредности за густината се слични со вредностите на другите комерцијални изолациски материјали.

Производството на текстилен изолациски материјал со термичко поврзување троши 90% помалку енергија отколку изолациските материјали од минерална волна. Термички поврзаните панели се третирани со нетоксични природни борни соли кои ја зголемуваат отпорноста на штетници и инсекти на панелите во текот на употребата.

Овој продукт е од 100% рециклиран текстил и е комбиниран со 7% полиестер, кој со термичко третирање ги поврзува влакната до изолациски материјал.

°

Слика 17. Технолошка шема на производство на изолациски материјали

30 31

Page 18: wool brosura cela - ceprosard.org.mk · Памучната изолација има термички својства слични на изолацијата ... (калциум

Предложената валоризација на волнениот и текстилниот отпад покажува дека природните и екорасположливите одржливи материјали може да се трансформираат во изолациски материјали за различни градежни конструкции и објекти. Ова е многу важно бидејќи сме сведоци на глобалната грижа за намалените енергетски извори и зголемените цени на горивата. Изолациските материјали врз база на волна или текстилен отпад од текстилната индустрија се конкурентни со традиционалните изолациски материјали и тие имаат пониска цена.

Македонските депонии може да бидат исчистени од волнениот или текстилниот отпад што не се користи во производните програми. Управувањето со текстилниот отпад може да биде стратешки важно за одржливиот развој на Македонија и притоа сите да имаме социјални и економски бенефити. Во исто време, новите станбени и канцелариски екопријателски објекти ќе обезбедат здрава атмосфера и ниска потрошувачка на енергија. Нема негативни ризици и здравствени последици за градежниците или инженерите кои работат на употребата на овие материјали или, пак, ги произведуваат овие изолациски панели од природна волна или текстилен отпаден материјал од конфекциското производство. Употребата на волната и текстилниот отпад и нивната трансформација во корисен производ, како што се изолациските панели, може да има позитивен ефект врз развојот на другите индустрии, исто така. Особено нивната примена во градежништвото може да придонесе за правење поевтини екообјекти, кои подоцна ќе бидат енергетски ефикасни во однос на намалени енергетски потреби и добра термичка изолација. Правењето опрема за овие технологии бара алатки што треба да бидат направени од други македонски компании, што значи двојна „win-win“ добивка и социјален бенефит за локалните компании. Соодветно, идејата ќе го забрза економскиот развој и раст на одредени региони. На oвој начин се создаваат и нови работни места во технологиите за производство на изолациски материјали. Ова може да има директно влијание на вработеноста и социјалните аспекти во земјата, придонесувајќи за благосостојба на цели фамилии и на локалното население. Создавањето на нови места во руралните области на земјата придонесува кон намалување на миграцијата во градовите, а претставува и дополнителен извор на средства и нови вработувања. Во исто време, проблемот на отпадот ќе биде решен долгорочно на едно одржливо ниво. Собирањето на волната и текстилниот отпад од соодветните индустрии и нивната употреба има соодветни екопредности. Не е потребен простор за нивно собирање и отпадот може да создаде дополнителен економски бенефит за компанијата.

V. Заклучоци и препораки

32

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје 677.31.08:699.86]:502.131.1(497.7)

ГРОЗДАНОВ, АнитаТехнологија за искористување на волната и текстилниот отпад / [Анита Грозданов, Игор Јорданов, Анка Трајковска Петкоска]. - Скопје: Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, 2012. - 32 стр. : илустр. ; 21 см

ISBN 978-608-4687-06-11. Јорданов, Игор [автор] 2. Трајковска Петкоска, Анка [автор]а) Волна - Отпад - Изолациски материјали - Одржлив развој - МакедонијаCOBISS.MK-ID 92737546