urnek za marketing plan

9
Ваше име и презиме: Адреса на подносителот: Телефон за контакт: Е-пошта Назив на бизнисот (Лого) Маркетинг план

Upload: vlado-petkovski

Post on 22-Dec-2015

234 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

ok

TRANSCRIPT

Page 1: Urnek Za Marketing Plan

Ваше име и презиме: Адреса на подносителот: Телефон за контакт: Е-пошта

Назив на бизнисот (Лого)

Маркетинг план

Page 2: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

2

Содржина Вовед ............................................................................................................................................................................................ 3

1. ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ ............................................................................................................................... 4

1.1. НА КОГО ЌЕ ПРОДАВАТЕ ............................................................................................................................... 4

1.2. ГОЛЕМИНА И ПОТЕНЦИЈАЛ НА ПАЗАРОТ ............................................................................................ 4

2. АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ........................................................................................................................ 5

2.1. АНАЛИЗА НА НЕПОСРЕДНАТА КОНКУРЕНЦИЈА ............................................................................... 5

3. МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ....................................................................................................................................... 5

3.1. ВРЕДНОСТ ЗА КУПУВАЧИТЕ ........................................................................................................................ 5

3.2. ШТО ЌЕ ПРОДАВАТЕ? ...................................................................................................................................... 5

3.3. КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА ........................................................................................ 6

Како ќе го продавате производот или услугата? ....................................................................................... 6

3.4. ЦЕНА ......................................................................................................................................................................... 6

3.5. ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА ........................................................................................................................... 9

Page 3: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

3

Вовед

Маркетинг планот е најважниот дел од вашата деловна стратегија. Ттреба да развиете

соодветна стратегија за секој на маркетинг миксот а тоа се: цена, пазар, производ и

промоција. Вашата маркетинг стратегија мора да одговори на клучното прашање: Што

кому ќе му продавате, каде и по која цена?

Во овој дел нагласете позиционирањето и формирање на цената, промоцијата,

промотивните активности и карактеристиките на производот. Како ќе се позиционира

вашиот производ во однос на конкуренцијата?Дали вашиот производ е нискобуџетен и

евтин, или пак е луксузен и скап?

Објаснете која е позицијата на вашиот производ во однос на производите на

конкурентите. На кој начин тој ги задоволува потребите на пазарот? Што е тоа што ве

прави поразлични и поконкурентни? Објаснете каква додадена вредност им нудите на

потрошувачите за цената што ќе ја наплаќате. Што ќе им понудите на вашите

потрошувачи како повредно, поквалитетно и подостапно за разлика од вашите

конкуренти?

Page 4: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

4

1. ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

1.1. НА КОГО ЌЕ ПРОДАВАТЕ

2.1. Н Секој производ или услуга го купуваат одреден вид на купувачи. Во овој дел опишете:

Дали Вашиот производ/услуга е наменет за правни или физички лица?

Што сметате дека им е најбитно на потенцијалните купувачи при купување на производи/услуги како Вашите

Ако Вашите купувачи се физички лица опишете ги сите нивни карактеристики кои се важни за реализација на Вашата бизнис идеја:

Кои ќе бидат Вашите купувачи? На која возраст се? Дали се тоа претежно машки или женски? Каков е нивниот животен стил? Каде живеат? Во Вашето маало, град, во Република Македонија или надвор од неа? Дали се тоа лица кои имаат помала или поголема куповна моќ? Каков е нивниот социјален статус, образование и ставови?

Кои се нивните желби и потреби? Колку често го користат Вашиот производ/услуга? За што? Каде? Како?

За да го направите деловниот план успешно треба да направите истражувања за пазарот на кој планирате да настапите преку разговори, анкети или интервјуа со Вашите идни купувачи. Исто така добро е да разговарате со луѓе кои веќе се во истиот бизнис. За истото добро е и да побарате информации на интернет.

1.2. ГОЛЕМИНА И ПОТЕНЦИЈАЛ НА ПАЗАРОТ

Во овој дел наведете конкретни податоци и бројки за следните прашања:

Колкав број на потрошувачи годишно го купуваат производот/услугата кои се предмет на овој деловен план?

Колку често во текот на една година еден купувач го купува истиот производ/услуга?

Колку пари се “вртат“ во тој бизнис годишно?

Дали побарувачката за Вашиот производ очекувате да биде иста во текот на следните пет години или пак очекувате истата да расте или да се намалува?

Кои фактори според Вас ќе придонесат за поголема или помала побарувачка?

Дали знаете за некои трендови на развој во оваа индустрија?

Page 5: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

5

2. АНАЛИЗА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

2.1. АНАЛИЗА НА НЕПОСРЕДНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Во овој дел треба да одговорите на следните прашања:

Кои се Вашите конкуренти?

Кои се Вашите најголеми конкуренти? Рангирајте ги според пазарното учество на секој од нив, при што ранг 1 е конкурентот кој сметате дека има најголемо пазарно учество.

Каков вид на производ или услуга нудат на пазарот?

По кои цени?

Зошто потрошувачите купуваат од нив?

Каква е моќта на конкурентите? Дали по појавување на Вашиот производ тие имаат моќ да ја намалат цената?

Како би реагирале конкурентите кога ќе се појави Вашиот производ/услуга?

Дали на пазарот често се појавуваат или се менуваат нови конкуренти?

Откога ќе ги завршите точка 2. и 3. можете веќе да процените дали има простор на пазарот за Вашата бизнис идеја и какви се нејзините шанси за успех.

3. МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

3.1. ВРЕДНОСТ ЗА КУПУВАЧИТЕ

Во овој дел наведете која е главната причина поради која сметате дека потрошувачите ќе го купуваат Вашиот производ. Каква вредност ќе им понудите на купувачите Вашиот производ или услуга? Поради кои сe други причини купувачите ќе го купуваат?

Дали затоа што ќе биде најевтин во однос на конкуренцијата?

Дали затоа што ќе понуди најдобра вредност за парите?

Дали затоа што има одредени карактеристики поради кои потрошувачите се подготвени да платат значително повисока цена во однос на конкурентите?

3.2. ШТО ЌЕ ПРОДАВАТЕ? Детално опишете го Вашиот производ или услуга:

За што ќе биде наменет – која потреба ќе ја задоволува?

Кои перформанси ќе ги има производот?

Какво ќе биде пакувањето?

Пропратни услуги (гаранции, сервис и сл.).

Каков ќе биде имиџот на брендот?

Која карактеристика го прави Вашиот производи уникатен или различен од оние на конкуренцијата?

Page 6: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

6

3.3. КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА И ДИСТРИБУЦИЈА

Како ќе го продавате производот или услугата?

Каналите на продажба покажуваат каде и како планирате да го нудите производот/услугата. Така на пример, доколку основате интернет книжарница, и доколку единствен начин да се купи книгата е преку интернет, тогаш Вашиот бизнис има еден канал на продажба (а тоа е интернет). Од друга страна пак, дистрибуцијата покажува на кој начин Вашиот производ стигнува до купувачот. На пример, доколку по нарачката, книгата може да се испрати на адреса на купувачот или истата може да се подигне во една од петте книжарници во Скопје, тогаш Вашиот бизнис има два начини на дистрибуција. Секој начин на продажба и на дистрибуција има свои предности и слабости.

Опишете како Вашиот производ/услуга ќе стигне до потрошувачите кои сакаат да го купат?

Каде и како потенцијалните купувачи ќе може да дојдат до Вашиот производ или услуга?

Како ќе биде организирана дистрибуцијата на производот/услугата до купувачите?

Големопродажба, малопродажба, продажба преку интернет, каталог или др.

3.4. ЦЕНА

Во овој дел од маркетинг планот треба да наведете податоци за одредување на цената

на вашите производи и да ја објасните вашата политика на цени. Колку ќе изнесуваат

цените на вашите производи? Важно е да знаете дека цената се формира врз основа на

интеракција помеѓу понудата и побарувачката , што значи дека не постои униформирана

структура на цени, ниту пак може со сигурност да се тврди како ќе се движат цените во

иднина.

Сепак, за да ја одредите цената, земете предвид како сте позиционирани во однос на

факторите што влијаат врз нејзини формирање:

Трошоци: Тие се фиксни (пр.: закупнина, осигурување, телефон, поправки,

трошоци за автомобил, канцелариски материјали, други индиректни трошоци)

и варијабилни (суровини и материјали, потрошена енергија, директни плати за

производство, други директни трошоци). Ваквата поделба на трошоците ви

овозможува да разберете, дека можете да влијаете врз намалувањето на

варијабилните трошоци, додека фиксните ќе останат непроменети одреден

период.

Конкуренција: Која е ценовната политика на конкурентите? Дали ја следите

конкуренцијата и ќе го нудите производот по иста цена како и тие или ќе

формирате сопствена цена ? Дали со пониска цена од онаа на конкурентите

Page 7: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

7

можете да ги покриете трочоците на работењето(вкупни фиксни и варијабилни

трошоци) и да заработите?

Потрошувачи: Потрошувачите имаат сопствена перцепција и очекувања во однос

на цената. Треба да идентификувате што за нив е фер цена за вашиот производ.

Обидете се, воедно, да предвидите и објасните како различните групи на потрошувачи ќе

реагираат на вашата цена? Некои луѓе го купуваат најевтиното, а некои за парите што ги

даваат го сакаат најдоброто.

Откако ќе ги анализирате и објасните сите наведени фактори, тогаш можете да

определите цената која ќе биде прифатлива за потрошувачите. Цената мора да ви

овозможи да ги покриете вкупните трошоци на бизнисот, да ви донесе добивка и да ви

обезбеди конкурентска предност на пазарот

Цената на чинење на единица производ претставува збир од сите трошоци за производство и продажба на единица производ (килограм, парче и сл.). Оваа цена се пресметува кога вкупните трошоци ќе се поделат со количината на готовиот производ. Продажна цена за единица производ е цената по која ќе се продава единица производ (килограм, парче и сл.). Продажната цена се добива кога на цената на чинење на производот ќе се додаде планираната продажна маржа. Во табелата подолу пресметајте ја цената на чинење и продажната цена на Вашиот главен производ за 2012 година. Доколку планирате да произведувате повеќе од еден производ, за секој производ пополнете иста ваква табела и прикачете ја на деловниот план како додаток. Напомена: Бројките кои ќе се наведат овде мора да се совпаѓаат со бројките за трошоци кои подоцна ќе ги наведете во билансот за успех.

Page 8: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

8

Количина производ/услуга за 1 година ВКУПНО ПО ЕДИНИЦА Вкупно По единица производ

Директни/варијабилни трошоци за продадени производи/услуги*

1. Вкупни директни материјални трошоци за продадени производи/услуги**

2. Бруто плати на вработени платени по учинок

3. Трошоци за транспорт и дистрибуција

4. Трошоци за енергија (ел.енергија, нафта, гас и сл.)

5. Останати варијабилни трошоци

Останати oперативни трошоци

6. Бруто плати на сите останати вработени

7. Амортизација на движен и недвижен имот ***

8. Трошоци за продажба

9. Трошоци за маркетинг

10. Трошоци за транспорт и дистрибуција

11. Трошоци за камати

12. Трошоци за закупнина

13. Трошоци за сметководство

14. Трошоци за комуникациски услуги (интернет, телефон и сл.)

15. Останати оперативни трошоци (осигурување, ситен инвентар, режиски трошоци, одржување)

16. Други трошоци (наведи)

17. Други трошоци (наведи)

18. Други трошоци (наведи)

19. Други трошоци (наведи)

20. Други трошоци (наведи)

А. Цена на чинење на единица производ/ услуга (1+2+3+4+5+6+7+8+9+10+11+12+13+14+15+16+17+18+19+20)

Б. Маржа

Продажна цена на единица производ/ услуга (A+Б) без ДДВ__

*Трошоци кои се менуваат при менувањето на волуменот на продажба или производството. **Директен материјал потрошен за производство (суровини, амбалажа и сл.). ***Претпоставената амортизација на движен имот треба да се движи од 10% до 25% и на недвижен имот од 2% до 5%.

Објаснете како ја одредувате продажната цена во однос на цената на конкурентите.

Дали Вашата цена е повисока од конкурентската или пониска?

Зошто сте го избрале токму ова ниво на цена?

Page 9: Urnek Za Marketing Plan

Маркетинг план 2012

9

3.5. ПРОМОЦИЈА И ПРОДАЖБА Во овој дел опишете:

Кој ќе биде промотивниот слоган на вашата компанија?

Какво ќе биде вашето лого? Кои ќе бидат „боите на вашата компанија“? Кој домен ќе го користите за вашата веб страна?

Како мислите да ги привлечете купувачите?

Како ќе ги информирате купувачите за Вашиот производ/услуга?

Како ќе ги убедите Вашите купувачи да го изберат Вашиот производ/услуга?

Кои предности на производот/услугата сметате дека треба да се комуницираат?

Како и на кои медиуми ќе ги рекламирате Вашите производи (ТВ, интернет, весник)?

Какви пропагандни средства ќе користите? o Деловни (деловни писма, визит карти, ценовници) o Директни (newsletter, флаер, каталог) o Репрезентативни (календари, тефтери, пенкала, честитки, подароци) o Надворешни (плакати, излози, светлосни реклами)