turizmot vo jamajka

15
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА KATEДРА: ТУРИЗАМ - ГЕВГЕЛИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: МЕЃУНАРОДЕН ТУРИЗАМ НАСЛОВ: ТУРИЗМОТ ВО ЈАМАЈКА

Upload: elena-dimova

Post on 21-Apr-2015

195 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Turizmot vo Jamajka

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

KATEДРА: ТУРИЗАМ - ГЕВГЕЛИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: МЕЃУНАРОДЕН ТУРИЗАМ

НАСЛОВ:

ТУРИЗМОТ ВО ЈАМАЈКА

Page 2: Turizmot vo Jamajka

Содржина:

Туризмот во Јамајка...................................................................2

Краток извадок.............................................................................2

-клучни зборови........................................................................2

Tourism in Jamaica.......................................................................3

Abstract..........................................................................................3

-key words..................................................................................3

1. Вовед.........................................................................................4

2. Јамајка.......................................................................................5

2.1 Географија на Јамајка.........................................................5

2.2 Клима во Јамајка.................................................................5

2.3 Туризам и влијанија............................................................6

3. Заклучок..................................................................................10

4. Користена литература........................................................11

1

Page 3: Turizmot vo Jamajka

КРАТОК ИЗВАДОК

Во овој семинарски труд ќе биде обработен туризмот во Јамајка,

развојот на туризмот во Јамајка, кои се дестинациите и културните вредности

кои ги нуди Јамајка, каков вид на туризам се обавува тука, какви туристички

искуства има од овој дел на Америка, и што можеме да допринесеме за

развојот на туризмот во Јамајка. Исто така ќе спомнеме за културата која се

развива тука во Јамајка, каква трагиционална храна имаат тие, и кои се

наинтересните работи кои ги прават туристите за време на престојот во

Јамајка.

Клучни зборови: храна, видови, дестинации, културни вредности

2

Page 4: Turizmot vo Jamajka

ABSTRACT

In this seminar paper is processed the Jamaican tourism, development of the

tourism there, what are the destinations and cultural values that Jamaica offers, what

kind of tourism takes place here, what is the tourist experience in this part of

America, and how we can contribute to the development Jamaican tourism.  Also is

mentioned Jamaican culture, what traditional food they have, and what are the most

interesting things that make the tourists during their stay in Jamaica.

Key words: food, types, destinations, cultural values

3

Page 5: Turizmot vo Jamajka

ВОВЕД (INTRODUCTION)

Јамајка (се изговара / dʒəmeɪkə / ) е островска држава на Големите

Антили, 234 километри (145 милји) во должина и околу 80 километри (50 милји)

во ширина, и изнесува 10.990 квадратни километри (4.243 квадратни милји).

Таа се наоѓа во Карипското море, на околу 145 километри (90 милји) јужно од

Куба, и 191 километар (119 милји) западно од Хиспаниола, островот што ги

заштитува двете национални држави Хаити и Доминиканска република.

Нејзините локални Таино жители, кои зборуваат Арауакан, го крстиле островот

Хајмака, што значи „Земја на дрво и вода“ или „Земја на извори“.

Некогаш шпанскиот посед познат како Сантиаго, во 1655 година станува

Англиска, а подоцна Британска колонија, позната како „Јамајка“. Се здоби со

целосна независност во 1962 година. Со 2.8 милиони жители, таа е третата

најнаселена англофонска држава во Америка, после САД и Канада. Таа

останува царство со кралицата „Елизабета Втора“ како глава на државата, и

Кингстон како главен и најголем град во државата.

Кингстон е главен и најголем град на Јамајка и се наоѓа на југоисточниот

брег на островот. Во Кингстон има природно пристаниште заштитено со долги

песочни предели кои ги поврзува Порт Ројал и аеродромот Норман Менли. Во

Америка, Кингстон е најголемиот град каде се зборува англиски, јужно од САД.

4

Page 6: Turizmot vo Jamajka

ЈАМАЈКА

Географија на Јамајка

Јамајка е трет по големина остров во Карибите. Островот е дом на

Сините Планини во внатрешноста и е опкружен со тесна крајбрежна рамнина.

Побитните градови во Јамајка се главниот град Кингстон, Портмор, Спениш

Таун, Мандевил, Охо Риос, Порт Антонио, Негрил, и Монтего Беј. Јамајка е

исто така дом на седмото по големина природно пристаниште во светот,

Кингстон пристаниште. Постојат неколку туристички атракции расфрлени низ

целата земја, вклучувајќи го водопадот Dunn’s river во Св. Ен, YS водопадот во

Санкт Елизабет, Блу Лагун во Портланд, и Порт Ројал, кој воедно е и место на

земјотресот кој помогна да се формира Palisadoes (насип на песок) на

островот.

Клима на Јамајка

5

Page 7: Turizmot vo Jamajka

Климата во Јамајка е тропска, со топли и влажни временски услови,

додека повисоките внатрешни региони се поумерени. Некои региони на јужниот

брег, како на пример Низината Лигуанеа и Рамнината Педро, се релативно

суви области. Јамајка лежи во ураганскиот појас на Атлантскиот Океан, и

поради тоа островот понекогаш искусува значајни штети од бури. Ураганите

Чарли и Гилберт директно ја погодија Јамајка во 1951 година и 1988 година,

соодветно, предизвикувајќи голема штета и многу смртни случаи. Во 2000-тите,

ураганите Иван, Дин, и Густав, исто така, донесоа тешки временски услови на

островот.

Туризам

Се наоѓа на Карипското море, познат е по чистите плажи кои се меѓу

најубавите во светот. Остров кој им оставил голем впечаток на сите кои го

посетиле, затоа и не е изненадување што се наоѓа на врвот на топ листите за

брачни патувања. Јамајканците се топли, пријателски расположени и се горди

на својата земја. Етнички тие се мешавина од Африканци, Европејци, Индијци,

Кинези и источно медитеранци. Јамајка на своите посетители им нуди

прекрасна природа збогарена со сино – зелените планини, тропски џунгли,

бели песочни плажи, типична тиркирна карибска вода и егзотична фауна.

Во текот на цела година во Јамајка преовладува температура од околу

28- 32 Целзиусови степени. Тропските ветрови преку текот на целата година

обезбедуваат пријатна атмосфера за престој на туристите.

6

Page 8: Turizmot vo Jamajka

Јамајка е прекрасно место за одмор кое нуди многу сонце, плажа,

океанска вода која мами со својата природна тиркизна вода, коктелите кои се

неизбежен дел од плажирањето и прекрасната храна која ја збогатува

туристичката понуда на оваа туристичка дестинација. Хотелите кои нудат

сместување и храна, не се премногу софистицирани, бидејќи целта на оваа

дестинација е да се одмара и да се ужива. Анимациските програми се доста

интересни и тие нудат голем број на занимации како на пример, вечера во

луксузни ресторани, уметнички настани, забавување во дискотеки, посета на

забавни паркови и сл.

Јамајка се смета за еден од најубавите острови на Карибите. Остров со

шест планински венци, 120 реки, неколку водопади, бујна вегетација. Освен

врвните хотелски комплекси, Туристичкиот сојуз на Јамајка има и програма

наречена "Запознајте го народот" преку која нуди сместување и во локални

семејства со слични интереси како вашите.

На второто патување во потрагата по Новиот свет, Колумбо ја открил

Јамајка на 4. мај 1494 година. Тогаш, островот бил населен од Аравак

Индиосите кои во тоа време биле околу 100.000. Местото го нарекувале

"Xamayca", што отприлика преведено би значело "Земја на дрвата и водата".

По европските болести кои им ги донеле Шпанците, како и прекумерната

работа, овој мирољубив народ полека бил истребен. Шпанците биле

приморани да обезбедат работна сила, и да почнат трговија со робови од

Африка. Денес, Аравак Индиосите се прикажани на грбот на оваа држава, а на

него е и симболичното мото "Out of many, one nation" (Од многу, еден народ).

По Шпанците, со островот владееле Британците кои освен англискиот јазик

оставиле и административен систем во наследство. Денес, Јамајка е независна

држава и е членка на Британскиот Комонвелт.

7

Page 9: Turizmot vo Jamajka

Освен туризмот,

најголем придонес за

националниот доход

дава земјоделството.

Јамајка има преку 1

милион туристи

годишно, од кои

700.000 го посетуваат

летувалиштето

Montego Bay крстарејќи

по Карибите на луксузни бродови. Јамајка е познат производител на кафе,

шеќер, зачини и папаја. Јамајка е позната и по нелегалниот извоз на

марихуана, од кој приходот во 70-тите и 80-тите години ги надмина приходите

од туризмот. Марихуаната во Јамајка била донесена од Индија во средината на

19. век и брзо се раширила помеѓу работниците. Денес, околу 40% од

популацијата на Јамајка пуши марихуана и многумина од нив ја сметаат за

лековито и религиозно растение. За сиромашните фармери, одгледувањето на

марихуана е сигурен начин за заработка, а многумина од денес угледните

бизнисмени Јамајканци го започнале својот бизнис токму со нејзината

продажба.

Реге музиката е најпознатата одлика на културата во Јамајка и тоа

благодарение на Боб Марли и групата Wailers. "Buffalo Soldier", "No Woman, No

Cry", "One Love" се само неколку од песните на тоа богато творештво.

Стиховите на Марли даваат увид во усната традиција на народните приказни и

верувања. Боб Марли беше борец и против расизмот и неправдите. Во

главниот град Кингстон, постои и музеј со неговото име каде можат да се видат

предметите кои му припаѓале.

8

Page 10: Turizmot vo Jamajka

Во Јамајка музиката е насекаде. Од плажите до дискотеките во

работничките населби се слуша реге и калипсо. Ноќниот живот започнува по

полноќ и трае до сабајле. Два големи музички фестивали кои се одржуваат на

Јамајка ги привлекуваат љубителите на реге музиката од целиот свет. Освен

пиво, локален пијалок е и румот. Токму на Јамајка се снимени многу реклами за

"Bacardi". Познатиот пеач Хари Белафонте (Harry Belafonte) e роден на Јамајка,

а Јан Флеминг (Ian Fleming) ги напишал романите за Џемс Бонд во куќата

"Golden Eye" на плажата која денес е туристичка атракција и се вика James

Bond.Патувањето низ Јамајка не е едноставно. Нивниот локален автобуски

превоз е хаотичен. Не постои возен ред, а автобусите се пренатрупани. Поради

безбедност, се препорачува изнајмување на возило со возач кој ги познава

локалните патишта и кој нема да се изгуби во опасните делови на островот

каде што нема туристи.

9

Page 11: Turizmot vo Jamajka

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)

Јамајка е земја на убавината. Ако сакате да отпатувате, барем со

мислите, тогаш Јамајка е вистинскиот избор. На островската држава во

Карипското море, позната по своето сонце, тиркизно-сино море и прекрасните

плажи, скоро никој неможе да и одолее.

Нејзиното име потекнува од името Xamayca. Така била наречена од

нејзините први жители кои мирно живееле на островот стотина години, се до

доаѓањето на Шпанците. Во превод нејзиното име значи "земја на шумите и

водата". Во Јамајка има шест планински венци, 120 реки и многу извори.

Највисокиот врв е Blue Mountain (2.256 метри).

Јамајка е островска држава каде што живее нацијата Големи Антили.

Населението главно живее од туризмот, но исто така се занимава и со

земјоделство и рударство. Нема некои големи животни освен влечуги кои се

наоѓаат во внатрешноста. Тука владее тропска клима и дождовната сезона

трае од април до август.

Главен град на Јамајка е Конгстон кој е познат со извозот на шеќер,

банани, како, кафе и по високата стапка на криминал. Доколку ви е потребен

одмор Port Antonio е вистинскиот избор бидејќи е едно од најубавите места на

светот и на секого ќе му остави посебен впечаток.

 

10