tematsko procesno za 6-noemvri

13
ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 3-ноември 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто Ре д. бр . Структура на тематската целина Број на часови обработка на нова содржина Друг вид активност вкупно 3. 1 Акцент а)Акцентирање на сложените зборови и на броевите; б)Отстапување од третосложното акцентирање; в)Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите; г)Контролна задача (акцент- изучени содржини). 2 2 4 3. 2 Поезија 1.Композиција на песна а)Видови строфи; б)Рима и видови рими според местото на 2 1 3

Upload: -

Post on 30-Mar-2016

256 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Makedonski jazik za sesto oddelenie,osumgodisno

TRANSCRIPT

Page 1: Tematsko procesno za 6-noemvri

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

1.Тематска целина 3-ноември2.Наставен предмет:македонски јазик3.Одделение на изучување:шесто

Ред.бр.

Структура на тематската целина

Број на часовиобработка на нова содржина

Друг вид активност вкупно

3.1 Акцента)Акцентирање на сложените зборови и на броевите; б)Отстапување од третосложното акцентирање;в)Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите;г)Контролна задача (акцент-изучени содржини).

2 2 4

3.2Поезија 1.Композиција на песнаа)Видови строфи;б)Рима и видови рими според местото на акцентот;в)Самостојна анализа на композиција на песна.

2

1 3

Page 2: Tematsko procesno za 6-noemvri

3.3 Стилски фигуриа)Ономатопеја;б)Компарација;в)Вежби со учените стилски фигури.

2 1 3

3.4 Изразување и творењеа)Опис на личност;б)Опис на лик.

/

2 2

3.5 Лектираа),,Оливер Твист“-ЧарлсДикенсб)Анализа на ликот Оливер Твист,според лична замисла

2 2

3.6 Медиумска култураа)Анимиран филм;б)Изработка стрип(знаења за анимиран филм).

1 1 2

16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка:

1.Акцент и акцентирање на сложените зборови и броевите;Прва седмицаод ноември

2.Композиција на песна.Видови строфи;3.Рима и видови рими според местото на акцентот-нова наставна содржина;4.Отстапување од третосложното акцентирање-нова наставна содржина;

5.Самостојна анализа на песна(композиција и рима) ,по договор со учениците;

Втора седмица од ноември

6.Стилска фигура ономатопеја;7.Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите;8.Стилска фигура компарација;

Page 3: Tematsko procesno za 6-noemvri

9.Изразување и творење:Опис на личност; Трета седмица од ноември10.Контролна задача за акцентирање на сложените зборови

и броевите;11.Вежби за стилските фигури ономатопеја и компарација;12.Анимиран(цртан)филм;

13. Изработка стрип; Четврта седмица од ноември14.Изразување и творење:Опис на лик;

15.Лектира:,,Оливер Твист“-Чарлс Дикенс;16.Анализа на ликот Оливер Твист,според лична замисла.

Акцент,3.1

Цели - да утврди и примени знаење за акцент од претходното одделение;-да се запознае со акцентирањето на сложените зборови и броевите; - да ги согледа правилата за отстапување од третосложното акцентирање ;-да има чувство за изговор и правилно акцентирање на сложените зборови и броевите; -да примени стекнати знаења во вежби и контролна задача.

Наставна содржина

1.Акцентирање на сложените зборови и броевите;2.Отстапување од третосложното акцентирање;3.Вежби за акцентирање на сложените зборови и броевите;4.Контролна задача на изучените содржини од акцентирање на сложените зборови и броевите.

Активности -Разговор со учениците за учени содржини(акцент-поим,правила и др);-Наставникот изготвува вежби за повторување на учени содржини од претходото одделение;-цртање шеми за повторување и за согледување на новата наставна единица;-наставникот покажува шема со сложени зборови и броеви;-учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци;-заклучоци од објаснувањата-заклучок според шемата;-вежби низ разговор,објаснување,заклучоци;-примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите.-се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за акцентирање на сложени зборови и броеви ,наставни ливчиња за примена на стекнато знаење;-по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците;-дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com;-учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи;-подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови;

Page 4: Tematsko procesno za 6-noemvri

-наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-контролна задача;-во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно изговараат и пишуваат.

Средства и услови

Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ.

Форми и методи

Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. Методи кои ќе произлезат во текот на работата)

Оценување Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача)

Вреднување,измени и дополнување на планирањето ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Поезија,3.2

Цели -да знае што е стих и строфа; -да ги класифицира строфите според бројот на стихови;-да знае што е рима;-да препознава и толкува видови рими според местото на акцентот;-да објаснува и анализира композиција на песна;-да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови;-да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) .

Наставна содржина

1. Композиција на песнаВидови строфи;2.Рима и видови рими според местото на акцентот;3.Самостојна анализа на композиција на песна,по договор со учениците;

Активности -Наставникот поставува прашања со цел потсетување и утврдување на претходно стекнати знаења за поезија(стих,строфа,лирско јас,мотив...);-Наставникот поттикнува активности за класификација и именување на строфите според бројот на стихови;-Наставникот подготвува наставни ливчиња, шеми,дава домашни задачи како помош при изведување на заклучоците;-Наставникот помага при определување на римата во песните,а учениците самостојно ги определуваат видовите рими според местото на акцентот ;-Наставникот посочува средства и начини за подготовка на часот(ги дели во групи,им помага во пронаоѓање извори за работа);-Учениците самостојно анализираат композиција на песна,избрана по договор;-Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува.

Средства и Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за

Page 5: Tematsko procesno za 6-noemvri

услови изучување на содржините и сл.Форми и методи

Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод,работа со наставно ливче

Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка,скала на проценка и сл.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето ____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Изразување и творење,3.3

Цели -да умее усно да се изразува со стилски збогатени реченици;-да умее да опишува со личност;-да умее да опишува лик;-да разликува и споредува личност и лик;-да примени знаења од литература и јазик во творење –опишување лик и личност;-да знае да истакне свој став,свои размислувања за различните особини на лик и личност,да разграничува позитивно од негативно.;

Наставна содржина

1.Опис на личност;2.Опис на лик.

Активности -Слободен разговор за поимите лик и личност,нивно разграничување-наставникот посочува на текстови од учебникот со цел полесно разбирање на содржините;-учениците ги читаат текстовите и учествуваат активно во разграничувањето на лик и личност;-наставникот дава упатства за работа по нивоа,учениците сами избираат што ќе работат;-Учениците презентираат што сработиле,а по задачата се дискутира и се оценува сработеното;-По дадени упатства се опишува лик и се издвојува внатрешниот и надворешниот опис на ликот-најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб страницата:www.rozemak.ucoz.com;

Средства и услови

Училница,учебник,табла,креда,тетратки

Форми и методи

Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување

Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следње со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.

Page 6: Tematsko procesno za 6-noemvri

Вреднување,измени,дополнување на планирањето____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

Стилски фигури,3.4

Цели -Да знае за ономатопеја;-да знае за компарација;-да објаснува ономатопеја;-да објаснува компарација;-да применува стилски фигури во вежби.

Наставна содржина

1.Стилска фигура ономатопеја;2.Стилска фигура компарација;3.Вежби за стилски фигури ономатопеја и компарација.

Активности -Наставникот подготвува вежби со цел полесно сфаќање на стилските фигури;-Наставникот црта шеми,дијаграми ,носи илустрации со цел полесно совладување на содржините;-По можност ,во вид на игри ја донесува содржината за полесно совладување;-Учениците активно се вклучуваат во донесување на заклучоци и изработка на план за часот;-Практично на песни ,учениците пронаоѓаат и објаснуваат ономатопеја и компарација;-Индивидуално ,во парови или групи,пишуваат стилски фигури и ги употребуваат во неколку стихови или строфи.-Наставникот подготвува и дава домашна што ќе им даде можност на учениците да истражуваат и откриваат нови примери на ономатопеја и компарација.

Средства и услови

Училница,креда ,табла,тетратки,дополнителна литература,шеми,дијаграми,илустрации,игри

Форми и методи

Индивидуална,фронтална,парови,групна;разговор,самостојна работа-пишување,текст-метод,илустративно-демонстративен метод

Оценување УПИ.ППИ,белешки на наставникот во рефлексивниот дневник со цел подоцна формирање бројчана оценка за тримесечие.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето __________________________________________________________________________________________________________________________________________

Page 7: Tematsko procesno za 6-noemvri

__________________________________________________________________________________________________________________________________________

Лектира,3.5

Цели -Да умее самостојно да го доживува делото;-да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици;-да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања;-да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици.

Наставна содржина

1.Лектира:,,Оливер Твист“-Чарлс Дикенс;2.Анализа на ликот Оливер Твист,по сопствена замисла.

Активности -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира;-Наставникот дава упатство за изработка на лектирата;-Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот);-Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото;-покажува илустрации на делови од делото,снимки од филмуваната верзија на ,,Оливер Твист’’;- Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина(Козета,Девојчето со кибритчиња);-учениците читаат свои обработки;-Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците);-Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците;-посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност;-Самостојно се анализира ликот Оливер Твист,сопствена замисла-се издвојуваат неговите особини се опишува надворешниот изглед ,се следат неговите постапки;- се изработува ѕиден весник на кој се црта ликот и се опишува со зборови;-Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик;-Часот може да се сними со видео камера(видео час);

Средства и услови

Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат ,ТВ,ДВД,Компјутер каде што ќе се следта слики,снимки од филмот,фломастери и сл.

Форми и методи

Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување

Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето______________________________________________________________________________________________________________________

Page 8: Tematsko procesno za 6-noemvri

______________________________________________________________________________________________________________________

Медиумска култура,3.6

Цели -да знае што е анимиран филм ;-да стекнат сознание за појавата,развојот,начин на создавање на анимираниот филм;-да разликува цртан филм,куклен,со силуети,со предмети и сл.;-да умее да презентира анимиран филм и да дискутира за ликовите и нивните карактери;-да знае да истакне свој став,свои размислувања за проследен анимиран филм;-да изработува стрип применувајќи знаење за анимиран филм;-да се примени еко- стандардот за уреден и еколошки двор.

Наставна содржина

1.Анимиран(цртан филм);2.Изработка на стрип(примена знаења за анимиран филм).

Активности -Слободен разговор со учениците за учени содржини од филм со цел континуирано поврзување на содржините,па се до појавата,развојот и особеностите на анимираниот филм;-наставникот објаснува-дава воведни насоки за анимиран филм;-наставникот го обмислува и реализира текот на часот, планира разговори;-Наставникот започнува разговор за цртаните филмови (кој им е најинтересен, за јунаците од цртаните филмови, добри и лоши карактерни особини оживеани преку цртежите на јунаците и нивното однесување).-Следи објаснување со план:

- Цртежите по пештерите сведочат за дамнешната желба на човекот да ги регистрира предметите.

- Со пронаоѓање на хартијата се произведувале разни цртежи.- Желбата да ги стави цртежите во движење ги реализирал со тн. Играчки:

зуотроп, матноскоп и тауматроп.(Наставникот им ги дава матноскопот и тауматропот да ги разгледаат).

- Со појава на камерата почнува снимањето на цртаните филмови и до денес оваа техника се’ повеќе се усовршува.

- За цртан филм од 5 минути се цртаат 7 200 слики; се прожектираат 24 слики во секунда.

- Главни јунаци во цртаните филмови се цртежи, кукли, предмети и сл. За секое нивно движење се црта нов цртеж.-наставникот подготвил филмски играчки(матноскоп и тауматроп),истражувал и на Интернет пронашол содржини за овие први филмски играчки;

*Објаснување:Матноскоп е всушност тетратка во која на средина на листовите се нацртани фигури во разни ситуации и при брзо вртење со палецот се добива впечаток дека фигурите се движат.Тауматроп е картонски круг од 5 см, на едната страна е нацртано, на пример маче, а на другата кафез; го оспособуваш кругот од картон да се движи во круг и

Page 9: Tematsko procesno za 6-noemvri

се добива впечаток дека мачето е во кафезот.-Наставникот објаснува како се изработува зуотроп,па ги дели учениците во двојки кои за домашна ќе изработат зуотроп,а други двојки ќе изработат тауматроп.

*Објаснување: Зуотроп, или колце на животот, всушност е цилиндер направен од картон; на внатрешната страна се цртаат сликички (на пример, раце во разни ситуации: кренати, спуштени, полукренати, мавтаат и сл.) од надворешната страна се сечат вертикални отвори; при движењето се добива впечаток дека сликите се движат.

-се разгледуваат слики и анимации на Интернет со цел поблиску да им се објасни изработката на овие филмски играчки.-Учениците се вклучени активно со свои размислувања ,прашања и забелешки;-од направените ученички изработки ќе се организира изложба која ќе биде документирана со слики или снимена со видео камера;-Наставникот ги подготвува за изработка на стрип(матноскоп) и презентирање на следен час;-дава упатства како да се изработи стрипот(матноскоп) и кои прашања се значајни за одговор како и средства кои треба да се донесат за изработка;-самостојно работат по претходно дадени упатства-изработуваат стрип(матноскоп);-Презентација на изработките;-Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите (самооценување и наставникот) ;-најдобрите изработки ќе бидат изложени на изложбата.-за сите активности ќе има информации на www.rozemak.ucoz.com

Средства и услови

Училница,учебник,табла,креда,тетратки.дома: подготовка-изработка филмски играчки,хартија,лепак,бои ,ножици,Интернет,фотоапарат,камера и др.

Форми и методи

Фронтална, индивидуална,парови,групна;разговор,текст-метод,пишување,Илустративно- демонстративен метод

Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,4,7,10: Акцентирање на сложените зборови и

броевите,отстапување од третосложното акцентирање- Час 2,3,5,6,8,11: Композиција на песна и стилски фигури- Час 9,14,15,16:Изразување и творење и лектира,,Оливер Твист“- Час 8,10,2,3,4,5,9,10,15,16:Изразување и творење- Час 12,13:Анимиран филм

Очекувани резултати по третата тематска целина

- Знае учени содржини од фонетика-акцент;

Page 10: Tematsko procesno za 6-noemvri

-знае да ги акцентира сложените зборови и броевите;- разликува и препознава отстапување од третосложното акцентирање;-умее правилно да ги изговори акцентираните зборови;-препознава и објаснува композиција на песна;-знае стих и строфа;-разликува видови рима според местото на акцентот;-ги објаснува и пронаоѓа стилските фигури компарација и ономатопеја;-пребарува примери со стилските фигури;- дава пример за стилските фигури ;-умее да опишува личност и лик;-разликува лик од личност;-анализира лик од литературно дело;-прераскажува,дискутира лектирно дело;-критикува,дискутира лектирно дело;-работи во двојки и тимски и изработува филмски играчки ;-применува стекнато знаење во контролна задача.