svetlo,kompozicija, kadar

10
Fotografija i grafi~ki dizajn 12 Под фотографска композиција се подразбира нацинот на поставуванје на елементите во кадарот . .Креативната фотографија зависи од фотографската умешност за ,,гледање,, онака како што гледа апаратот бидејќи фотографијата не репродуцира една сцена точно онака како што ние ја гледаме. Фотоапаратот гледа и снима само еден мал изолиран дел од поголема сцена , ја редуцира на две димензии, ја врамува и ја замрзнува. Таа не дискриминира како ние .Ние кога гледаме ,селективно гледаме само битни елементи додека другите ги игнорираме. Апаратот од друга страна ги гледа сите детали во видното поле. Заради тоа често се случува позадините да се пренатрупани со нешта што не сме ги ни виделе , предметите на нашето внимание не се толку забележителни или целата сцена изгледа многу помалку жива и впечатлива. Добрите фотографии ретко се направени случајно. За да се извлече најдоброто од некоја тема , мора да се разбираат основните принципи на композиција. Начинот на кој што се аранжираат елементите на сцената во кадарот го привлекуваат вниманието на гледачот , го задоволуваат окото или даваат поента се квалитети на добра композиција.. Со развивање на композициска умешност може да правите фотографии кои ке сугерираат движење , живот , длабочина , форма , преку повторно креирање на впечатокот од оригиналната сцена. Преку искуството и познавањето на опремата , почнуваш да мислиш преку камератасо што си слободен да се концентрираш на композицијата. Добра или правилна композиција е тешко да се дефинира прецизно.Нема некои тешки И брзи правила кои би осигурале добра композиција на секоја фотографија. Постојат само принципи и елементи кои можат да бидат средство за постигнување задоволувачка композиција доколку точно се употребат . Некои од нив се следните: точка на интерес поставување на субјектот едноставност точка на гледање и агол на снимање баланс форми и линии матрици волумен осветлување текстура тонови Основи на композиција во фотографијата

Upload: tomislav-georgiev

Post on 23-Mar-2016

266 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Predavanje Svetlo,Kompozicija, Kadar

TRANSCRIPT

Page 1: Svetlo,Kompozicija, Kadar

Fotografija i grafi~ki dizajn

12

Под фотографска композиција се подразбира нацинот на поставуванје на елементите во кадарот.

.Креативната фотографија зависи од фотографската умешност за ,,гледање,, онака како што гледа апаратот бидејќи фотографијата не репродуцира една сцена точно онака како што ние ја гледаме. Фотоапаратот гледа и снима само еден мал изолиран дел од поголема сцена , ја редуцира на две димензии, ја врамува и ја замрзнува. Таа не дискриминира како ние .Ние кога гледаме ,селективно гледаме само битни елементи додека другите ги игнорираме. Апаратот од друга страна ги гледа сите детали во видното поле. Заради тоа често се случува позадините да се пренатрупани со нешта што не сме ги ни виделе , предметите на нашето внимание не се толку забележителни или целата сцена изгледа многу помалку жива и впечатлива.Добрите фотографии ретко се направени случајно.За да се извлече најдоброто од некоја тема , мора да се разбираат основните принципи на композиција.Начинот на кој што се аранжираат елементите на сцената во кадарот го привлекуваат вниманието на гледачот, го задоволуваат окото или даваат поента се квалитети на добра композиција.. Со развивање на композициска умешност може да правите фотографии кои ке сугерираат движење , живот , длабочина , форма , преку повторно креирање на впечатокот од оригиналната сцена. Преку искуството и познавањето на опремата , почнуваш да мислиш “преку камерата” со што си слободен

да се концентрираш на композицијата. Добра или правилна композиција е тешко да се дефинира прецизно.Нема некои тешки И брзи правила кои би осигурале добра композиција на секоја фотографија.Постојат само принципи и елементи кои можат да бидат средство за постигнување задоволувачка композиција доколку точно се употребат.

Некои од нив се следните:

• точка на интерес

• поставување на субјектот

• едноставност

• точка на гледање и агол на снимање

• баланс

• форми и линии

• матрици

• волумен

• осветлување

•текстура

• тонови

Основи на композиција во фотографијата

Page 2: Svetlo,Kompozicija, Kadar

13

Fotografija i grafi~ki dizajn

• контраст

• преден план

• позадина

• перспектива

1. Точка на интерес

Секоја слика треба да има само една главна идеја , тема или точка на интерес од која ке биде привлечено окото на набљудувачот. Дополнителните елементи во сликата мора да ја поддржуваат и да го фокусираат вниманието на главната цел како би била нагласена.

Слика без доминантна точка на интерес или со повеќе точки на интерес е заморна и загатлива за гледачот.Како последица гледачот е збунет и се прашува за што всушност се работи во сликата, неговите очи ќе лутаат низ неа. Доколку постои само една точка на интерес гледачот многу брзо ке ја разбере самата идеја и фотографијата во целост.

Фотографот обично има на распологање многу фактори и елементи кои можат да бидат искористени и подредени во фотографијата , за да се насочи вниманието кон главната идеја . Некои од овие елементи се- линии , форми , човечки фигури, тонови , текстури.

2.Поставување на субјектот

Понекогаш добра композиција се постигнува со поставување на точката на интерес во геометрискиот центар на сликата ,но генерално не е добра идејата да се постави таму. Премногу често тоа ја дели сликата на два еднакви дела и ја прави сликата неинтересна и тешка за балансирање.

.Во фотографската композиција постојат два генерални начини за одредување на најдобрата локација за поставување на центарот на интерес , Првиот е принципот на поделба на третини. Со поделба на кадарот на третини , вертикално и хоризонтално ,и со лоцирање на точката на интерес во еден од деловите кои се добиваат во пресекот на имагинарните линии , може да се креира чувство на баланс на композицијата (сл. 1).

Правилото на третини помага да се искористи природната тенденција на човечкото око да биде привлечено кон одредени делови од сликата. Тогаш се постигнува интеракција на набљудувачот со објектот т.н. eye fl ow.

За да го користите ова правило,треба да замислите мрежа на сите ваши слики што ги компонирате во визирот. Доколку имате камера со автофокус ,може да користите автофокус референци кои ќе ви помогнат ја ја искомпонирате сликата. Друга опција е да се постави мрежа на вашиот визир но ова неможе да се острани лесно па треба да се избегнува. Со

Шематски приказ на травилото на третини (слика 1)

Page 3: Svetlo,Kompozicija, Kadar

Fotografija i grafi~ki dizajn

14

малку пракса ќе бидете во состојба ефикасно да замислите мрежа додека фотографирате.

Кога предметот не е сам постои хиерархија на силата на сликата. Субјектот во преден план има повеќе сила од предметот во позадина. Ова правило служи за да се истакне или намали оваа сила. Таа сила е најголема во долниот десен дел, а најслаба во горниот лев дел. Оваа теорија често се користи во филмовите за да се пренесе емоционална доминација од еден над друг лик.

Поставување на еден предмет во преден план право и друг во позадина лево , би го збунило окото на гледачот и би довело до конфузија кој предмет е доминантен. Оваа техника е многу корисна за емоционално полнење слики.

Другиот начин е динамичка симетрија и е сличен на предходниот. Добра локација за центарот на интерес се наоѓа со цртање или замислување дијагонална линија од еден агол до спротивниот.. После се црта втора линија вертикално на првата од третиот агол.Пресекот на линиите е локацијата на точката на интерес,.

3. Едноставност

Едноставноста е клуч за најголем број добри фотографии. Колку поедноставна и поедиректна е фотографијата, толку почиста и поцврста е пораката која ја пренесува. Постојат неколку нешта кои се земаат во предвид кога се дискутира за едноставноста. Прво , треба да се одбере субјект што подлежи на едноставно подредување , на пример, наместо да се фотографира цела област, да се кадрираат само одредени важни елементи во неа. Потоа ,се селектираат различни агли на гледање или агли на снимање. Движете се околку сцената или објектот што се фотографира. Погледнете ја сцената низ визирот , погледнете го предниот план и позадината. Обидете се со високи и ниски агли на снимање како и со нормални на ниво на око, агли на гледање. Проценете го секој агол и поглед. Само

тогаш кога ќе се земат во предвид сите можности , тогаш треба да се направи фотографијата. Погледнете пред и зад вашиот субјект. Осигурајте се дека нема ништо во позадината што би го одземало вниманието исто така и во преден план дека нема нешто што би го блокирало погледот на гледачот кон фотографијата.

Последната точка на делот со едноставноста е “раскажи една приказна”. Осигурајте се дека има доволно материал во фотографијата за да износи една идеја. Иако секоја фотографија се состои од многу мали делчиња и елементи кои допринесуваат, ниеден дел не треба повеќе да го привлекува вниманието на гледачот , отколку примарниот објект на сликата. Примарниот објект е и причината што воопшто е направена фотографијата, па заради тоа сите други елементи само го подпомагаат и нагласуваат главниот објект.

Шематски приказ на Динамичка симетрија

Page 4: Svetlo,Kompozicija, Kadar

15

Fotografija i grafi~ki dizajn

4. Гледна точка и агол на снимање

Правилната точка на гледање или агол на снимање е важен фактор за добра композиција.Репозиционирање на вашиот субјект во визирот и менување на аголот на снимање се два едноставни начини за контролирање на композицијата.

Фотографирањето од различни агли може цесто да додаде драма И возбудуванје дури И необичен аспецт на субјектот.Повекје од објектите сто ги фотографирате се тродимензионални и треба да бидат фотографирани од агол сто дозволува на гледацот да види повекје од само една страна ..Фотографот треба да го проучи субјектот од различни страни и агли .Треба да се види од ниска и повисока позиција како и од eye level , за да се најде најдобрата композиција.Тоа многу помага при постигнување балансирана композиција. Исто така треба да се да се одбере позадина која ќе го истакне, а не му пречи на субјектот.

Гледна точка едноставно преставува позиција од која камерата гледа на сцената. Дали сте во потрага по тема? Колку сте блиски со субјектот? Дали има нешто помеѓу вас и предметот ? секоја одлука за гледна тоцка го менува нацинот на кој што гледачот ја гледа сликата.

Спротиставеност

Без оглед на тоа која гледна точка сте ја одбрале

, не заборавајте на моќта на спротиставување.Фотографирање предмет од неочекуван агол има поголемо влијание отколку ако е сликано од агол на гледање што се среќава во секојдневниот живот. На пример, птица фотографирана од еѕе левел ,ниво на очите , е многу помокјна отколку птица на дрво.

На пример да се снима операција прикажано како да се гледа низ очите на хирург ( пациентот и рацете на хирургот видливи, но не се гледа телото на хирургот).Преку овие снимки гледачот се чувствува како да се соочува со овој настан од прва рака.

Фотографирање од нивото на очите (eye level)

Фотографирање од ниво на очите е најбрзиот начин да им се помогне на гледачите емотивно да се поврзат со субјектот на фотографијата. Со буквално ставање на предметот на нивно ниво ,да се создаде инстинктивен одговор ,бидејќи обично само на другите луѓје од иста возраст, се на нивото на очите со една личност. Ова значи дека нашиот инстинктивен одговор на предметот на еѕелевел , е персонификација на тема дури и ако тоа не е човек.

Фотографирање од долу

Кога ќе се сними фотографија од долен ракурс , под предметот , може да се направи гледачот да чувствува дека субјектот има контрола на ситуацијата.Ова се користело и во реални ситуации низ историјата. На пример, престоли се ставаат повисоко од другите столици , судии седат на подиумот, а извршните клупи се малку повисоко од нормалните.

Page 5: Svetlo,Kompozicija, Kadar

Fotografija i grafi~ki dizajn

16

Како и речиси се друго во фотографијата и ова не навраќа на нашите инстинктивни решавања на ситуациите.

Фотографирање од горе

Фотографирање од горе помага гледачот да се ориентира, бидекји показува однос помеѓу сите елементи во кадарот, и произведува психолошки ефект со минимизирање на силата или големината на субјектот.

Природно кадрирање

Природно кадрирање е фотографска техника каде што предметите кои се фотографирани се користат како внатрешни рамки . Овие рамки може да бидат физички , како што се дрвјата или карпите. Тоа исто така мозе да бидат и врати или вистински рамки за слика. Не е важно што се користи како рамка во оваа техника. На пример може да се фотографира човек кој гледа низ врата. Вратата станува рамка за вашиот предмет и помага директно да се обрне внимание на гледачот каде сака да оди човекот.Природното кадрирање е едноставна фотографска техника но мора да бидете внимателни и да користите дефинирани рамки. Природната рамка треба да има посебна форма и лесно да се одвои визуелно од остатокот на фотографијата.

5.Баланс

Баланс во фотографската композиција знаци да се направат фотографиите да изгледааат хармонични.Секој елемент во фотографијата има одредена вредност за другите елементи. Секој тон , маса,

Фотографирање од долу

Фотографирање од горе

Page 6: Svetlo,Kompozicija, Kadar

17

Fotografija i grafi~ki dizajn

облик, дрво ,зграда , линија или сенка носи тежина која мора да биде распоредена точно во композицијата за да се добие баланс. Композицијата се балансира со два различни методи : симетричен или формален баланс и асиметричен односно неформален баланс.

Симетричен или формален баланс се постигнува кога елементите на двете страни од фотографијата се со иста тежина .

Асиметричен или неформален баланс обично е многу поинтересен од симетричот баланс. Во него , имагинарната централна линија сеуште постои, но наместо слика во огледало , елементите се значајно различни во величина , облик , тежина , тон и

поставеност. Балансот се постигнува со изедначување на силите на елементите и покрај нивната различност. На пр..кога претпоставената тежина на два или повеќе полесни елементи ке се изедначи со еден потежок елемент од другата страна на имагинарната линија. Овој баланс е потешко да се постигне поради проблемот со воспоставување релативни вредности заради тежина на различни елементи во кадарот, како би се постигнала стабилност.

Аспекти на балансот

Има многу други фактори кои треба да се земат во предвид за сликата да изгледа балансирано. Некои од нив се следниве:

• Објект далеку од центарот на сликата изгледа дека е потежок од оној што е подалеку

• Објектите во горниот дел од сликата изгледаат потешки од оние со иста големина во нејзиниот долен дел.

• Изолација а објектот ја зголемува неговата тежина

• Интензивно интересни објекти имаат поголема композициска тежина

• Правилните облици имаат поголема тежина од неправилните облици

• Елементите на десна страна од сликата која е асиметрична имаат поголема тежина од истите такви на лева страна..

• Насоките во кои фигурите , линиите и обличите се движат во кадарот, се важни за баланс. На пример еден човек оди во една насока, или неговиот поглед е насочен, или формата на елементот креира чувсво на движење.; Кога чувството за насока е присутно во сцената, тоа има тенденција да се наруши балансот кој што е предвиден земајќи ја во предвид само големината на елементот.

Page 7: Svetlo,Kompozicija, Kadar

Fotografija i grafi~ki dizajn

18

6.Форми и линии

Формите и линиите се важни елементи на фотографската композиција. Кога се правилно искористени тие го креираат посакуваниот ефект.Како фотограф секогаш имајте контрола над тоа како ги користите формите и линиите во вашите фотографии.

Форма

Обликот е дво-димензионален елемент основен за композиција и обично е првото средство преку кое гледачот идентификува еден објект. Формата е три-димензионален еквивалент на обликот, иако обликот е само дво димензионален со правилна употреба на светлото и тоналитетот може да се истакне формата и да му се даде на субјектот тро-димензионален квалитет. Осветлувањето исто така може да да намали или да ја уништи формата со формирање темни сенки кои може да направат остри облици кои ке се губат еден во друг. Формите може да се направат подоминантни со нивно поставување наспроти темна позадина. Најголем акцент формите добиваат кога се прикажани како силуети. Иако ова може да ги елиминира другите квалитети на обликот ,како текстура или тркалезност,или илузија на трета димензија.

Линии

Линиите мозат да бидат ефектни елементи на композицијата бидекји тие им даваат структура на вашите фотографии. Линиите ја унифицираат композицијата со упатување на окото на гледачот и неговото внимание кон главната точка на сликата или ги водат очите од еден дел на сликата до друг.

Тие можат да го насочат окото кон бесконечност, да ја поделат сликата и да формираат текстури.Низ линеарната перспектива , линиите мозат да дадат чувство на длабочина на една слика. Окото на гледачот има тенденција да следи линии внатре во сликата или надвор од неа , без разлика дали се едноставни линиски елементи како огради , патишта или ред телефонски жици , или пак покомплексни линиски елементи како што се кривини , форми, тонови и бои. Линиите кои го водат окото или директно привлекуваат внимание се нарекуваат водечки линии. Добра водечка линија е онаа која почнува блиску до аголот на дното на сцената и продолжува непрекината додека ја достигне точката на интерес. Таа треба да заврши тука инаку вниманието ке биде одвлечено од главниот субјект на фотографијата. Насоката на линиите може да се менува со едноставно менување на гледната точка или аголот на снимање.Вертикални, дијагонални, хоризонтални или закривени, линиите може да креират различна атмосфера на фотографијата. Вертикалните линии носат чувство на сила, ригидност ,моќ и јачина кон гледачот. Од друга страна хоризонталните линии креираат мир , смиреност и тишина.

Опшо прифатена пракса е да се користи вертикален формат за слики кои имаат предоминантни вертикални линии и хоризонтален формат за оние со хоризонтални линии. Но секако ова не е правило.Дијагоналните линии креираат движење, акција, брзина. Фотографија со дијагонални линии предизвикува чувство на динамична акција иако субјектот е статичен. Закривените линии даваат чувство на грациозност, нежност и дигнитет

Page 8: Svetlo,Kompozicija, Kadar

19

Fotografija i grafi~ki dizajn

на фотографијата. Најчеста закривена линија е таканаречената S-curve –линија.

7.Матрици-шаблони

Креирање на вашите слики околу повторувачки елементи или шаблони ја прави сликата цврста и со добра структура. Повторувањето на елементите креира ритам кој што очите со задоволство го следат.Кога линиите, формите и боите во една слика ќе бидат во одреден ред, како на тапет, тие креираат шаблон кој што често ја нагласува ефектноста на сликата. Шаблонот како текстура се наоѓа скоро секаде. Може да се користи како примарен субјект но почесто се користи како елемент за нагласување на композицијата. Кога се користи како помошен елемент мора да се внимава да не се пренагласи и со тоа да го збуни окото на гледачот. Слики со чиста текстура ретко се користат бидејќи се монотони.Шаблоните треба да се користат за да се зајакне и да се додаде интерес кон главниот субјект. Формата е најчест и најмоќен елемент во матриците.Повторувачки линии , тонови , бои исто така даваат целесообразност на композицијата и со комбинација на истите се добиваат интересни фотографии.Триаголници, квадрати и кругови се основните форми кои треба да се бараат во шаблон.

8.Волумен

При фотографирање на поголемиот број субјекти, се соочуваме со проблемот како да се симболизираат тро-димензионалните објекти во дво-димензионална слика. Решението станува едноставно кога ќе се направи дистинкција помеѓу двата различни начини на кои се појавуваат тро-димензионалните објекти : како позитивен или зафатен простор (волумен) или негативен неискористен простор.

9.Осветлување

Осветлувањето е исто така важен елемент на композицијата. Со контролирање на светлото и насочувајќи го онаму каде што сакаме може да ги нагласиме објектите или да ги скриеме непожелните елементи во сцената за да се нагласи главниот центар на интерес. За добра композиција мора да се развие осет за тоа како менувањето на светлото може да влијае на појавите околу нас. Светлото и сенките може да се искористат за да се креира атмосфера, да се привлече внимание, да се промени облик или да се нагласи текстура на објектот.Сенките се клуч за очигледните форми на фотографиите. Без сенки субјектот се чини без форма, облина, текстура , изгледа рамно и безживотно. Тоа не значи дека сенките мора да се остри и црни,може да бидат и меки но со доволна темнина за да ја покажат деликатноста на обликот. Генерално многу темни сенки се непожелни бидејќи така се губат деталите.Од композициска гледна точка, сенките се пожелни за балансиранје на сцените И насоцуванје на окото

кон точката на интерес. Исто така со нив се нагласува текстурата и форма и се креираат интересни матрици.Кога пак осветлувањето е остро, на пример во ведар, сончев ден, сенките имаат остро дефинирани агли и се веројатно премногу темни, така што изгледаат појаки од главниот субјект и привлекуваат внимание кон себе.

Page 9: Svetlo,Kompozicija, Kadar

Fotografija i grafi~ki dizajn

20

10.Текстура

Текстурата помага за да се нагласат карактеристиките и деталите во една фотографија.Со приказување на текстурата на објектот што се фотографира , може да креирате форма. Текстурата може да се искористи за да се даде реалност и карактер на сликата ида може и самата да биде субјект во фотографијата. Обично е потребно само малку поинакво светло или промена на аголот на снимање за да се подобри текстурата.Кога некој дел од сликата има богата текстура ,обично тој дел се користи да се формира облик или форма, и заради тоа треба да се земе во предвид при компонирањето на кадарот.

11.Тоналитет

Тоновите се веројатно најнеобјасливиот елемент на композицијата. Тоновите може да се состојат од нијанси од бело кон сиво кон црно, или може да се состојат од темни делови наспроти светли со малку или без сиво. Користењето на темните делови наспроти светлите е чест метод за да се додаде чувство на трета димензија на дво-димензионално црно бела слика. Интеракцијата помеѓу светли и темни тонови во различни степени помага да се креира композицијата. Слика која се состои од темни или побледи нијанси секогаш носи мистерија, интригантност или тага. Кога овие тонови се повеќе светли, сликата носи леснина, радост и ведро чувство.

12.Контраст

Контрастот во фотографската композиција е ефективен начин да се насочи вниманието на гледачот кон центарот на интерес. Со позиционирање на елементите на субјектот за да се креира контраст

дополнително ги нагласува и го насочува вниманието кон нив. Кога зборуваме за контраст во контекст на фото композиција, тоа се однесува и на контрастот на тоновите како во црно белата фотографија, и контрастот кој се поврзува со фотографијата во боја.Во црно белите, контрастот е разликата помеѓу тоновите на субјектот, од бело-сиво-црно или од најсветлите тонови до најтемниот тон. Во колор фотографијата контрастот се креира со различните бои.

-Контраст на тонови

Во црно –белата фотографија.контрастот може да биде висок, нормален или низок. Сцена со висок контраст се состои воглавно од црно и бело со малку или без средно сиви тонови. Сцена со низок контраст, има бои или тонови во кои сенките и светлите делови имаат мала разлика во интензитетот. Во црнобелата фотографија висок контраст креира чувство на острина, сила и моќ, додека низок контраст носи чувство на мекост и незност.

-Контраст на бои

Контрастот на бои е ефикасен елемент на композиција во колор фотографијата ,како сто се тоновите во црнобелата.Боите со различни карактеристики прават силен контраст кога се една до друга. Секоја боја ги нагласува квалитетите на другата и ствара драматичност. Контрастот на боите е нагласен кога се креира и контраст на детали наспроти маса. Ладните бои (синкави) и топлите бои (црвенкасти) скоро секогаш се во контраст.Светлите бои се во контраст со темните, а појаките со послабите.

Page 10: Svetlo,Kompozicija, Kadar

21

Fotografija i grafi~ki dizajn

13.Преден план

Голем дел од потенцијално добри фотографии е уништен, токму поради тоа што содржат непотребен и натрупан преден план. Оваа честа грешка може да е резултат на тоа што фотографот стоел многу далеку од субјектот или од фактот што нормалната фокална должина или стандарден објектив покрива релативно жирок агол на гледање. Непосакуван преден план мозе да биде елиминиран со придвизување поблиску до субјектот, користење телеобјективи или менување на аголот на снимање. Во најголем дел од случаите, предниот план треба да е остар, во фокус и со доволна длабочина за да се даде дополнителна нагласеност на субјектот. Ниту еден објект од предниот план не треба да биде поважен од точката на интерес. Треба секогаш да се исчисти предниот план од елементи кои немаат врска со сликата. Генерално предниот план ја содржи водечката линија која што го носи окото на гледачот кон точката на интерес. Без разлика дали е тоа објект или повеќе елементи или сенки, треба да биде добро фокусиран.Матен, надвор од фокус преден план обично ги иритира сетилата и го оттргнува вниманието.

14.Позадина

Позадината е скоро исто важен елемент во добрата композиција колку и аголот на снимање. Премногу често не се мисли на тоа кога се компонира кадарот, туку цело внимание е на субјектот. Внимавајте позадината да не содржи елементи кои одземаат внимание. Позадината треба ба биде подредена на главниот субјект како во тоналитет така и во интерес..Треба да го истакнува субјектот во најдобро светло.Неострината и заматеноста се ефектни начини за да

се одвои субјектот од позадината. Неострината може да се постигне со подесување на отвореноста на блендата , за да се извади позадината од фокус. Во случај кога субјектите се движат, може да се прикажат остри доколку се користи panning.

15.Перспектива

Перспективата се однесува на односот помеѓу фотографираните елементи во една фотографија.Ова ги вклучува нивните релативни позиции и големини и просторот помеѓу нив. Со други зборови, перспективата во една композиција е начинот на кој вистинските тро-димензионални објеки се прикажани во фотографија која има дво-димензионален план.Во фотографијата перспективата е уште една илузија која ја користиме за да правиме слики со квалиетна композиција. Кога фотографираме, камерата секогаш креира перспектива автоматски, па поради тоа многумина веруваат дека нема потреба да се обрне внимание на неа. Секако тоа не е точно. Кога ги знаеме принципите на перспективата и вешто ги применуваме, фотографијата која ја добиваме ја покажува формата и обликот на субјектот ,како и волуменот, просторот, длабочината и дистанцата.Фотографот може да манипулира со перспективата за да ја менува илузијата за просторот и дистанцата, било да ги проширува или намалува овие фактори, со тоа обезбедувајќи чувство на подреденост и хиерархија во фотографијата.