stenografski bele[ki - Собрание на РМ sednica 00... · web viewСтудијата е...

65
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ oд 76-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 31 октомври 2013 година Седницата се одржа во Собранието на Република Македонија, сала 1, со почеток во 11,50 часот. Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија. Трајко Вељаноски: Дами и господа пратеници, Ја отворам седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија. Пратениците: Владимир Ѓорчев, Васил Пишев, Иван Стоиљковиќ, Нада Станчевска, Ристо Манчев, Благородна Дулиќ, Павле Саздов, Тито Петковски, Фиат Цаноски, Горан Мисовски, Маринела Маричич Тушева, Мендух Тачи, Али Ахмети, Џеват Адеми, Рафет Муминовиќ ме известија дека се спречени да присуствуваат на седница. На седницата поканети се Претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија. Министерот за економија достави одговори на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Александар Спасеновски. Министерот за надворешни работи достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Милорад Додовски. Министерот за култура достави одговори на пратеничките прашања поставени од пратениците Диме Маџовски и Лилјана Затуровска. Министерот за труд и социјална политика достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Менде Диневски. Министерот за внатрешни работи достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Дивна Јовковска Ефтимовска. Министерот за образование и наука достави одговори на пратеничките прашања поставени од пратениците Ердоган Сарач и Лилјана Затуровска. Министерот за финансии достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникиот Радмила Шекеринска. Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Лилјана Затуровска. Министерот за транспорт и врски достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Лилјана Затуровска. Го молам пратеникот Александар Спасеновски да се произнесе по одговорот добиен од Министерот за економија на прашањето што се однесува на одвивањето на туристичката сезона во Република Македонија во однос на генералната туристичка политика која што ја спроведува Република Македонија односно согласно членот 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од три минути. Има збор пратеникот Александар Спасеновски, повелете. Александар Спасеновски: Благодарам. Почитуван претседателе, почитуван премиер, почитувани министри, почитувани колеги пратеници, му благодарам на минiстерот за економија за одговорот на моето пратеничко прашање поставено на последната седница на македонскиот законодавен на почетокот на летниот распуст, односно летните одмори и во голема мера се разбира дека сум задоволен уште повеќе што туризмот како гранка зазeма исклучително високо место во агендата на Владата на Република Македонија, особено во Министерството за економија како одговорно министерство за спроведување на туристичката политика на нашата држава. Ние сме сведоци дека туризмот се повеќе и повеќе во проекциите на Владата на Република Македонија особено на Министерството за економија зазема исклучително големо место и очекувањата во смисла на вкупните приходи и корист кој што ќе ги има државата со граѓаните на Република Македонија од туризмот се исклучително 76/1.-

Upload: others

Post on 04-Mar-2020

16 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИoд 76-тата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на

31 октомври 2013 година

Седницата се одржа во Собранието на Република Македонија, сала 1, со почеток во 11,50 часот.Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.Трајко Вељаноски: Дами и господа пратеници,Ја отворам седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија.Пратениците: Владимир Ѓорчев, Васил Пишев, Иван Стоиљковиќ, Нада Станчевска, Ристо Манчев, Благородна Дулиќ, Павле Саздов, Тито Петковски, Фиат Цаноски, Горан Мисовски, Маринела Маричич Тушева, Мендух Тачи, Али Ахмети, Џеват Адеми, Рафет Муминовиќ ме известија дека се спречени да присуствуваат на седница. На седницата поканети се Претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија. Министерот за економија достави одговори на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Александар Спасеновски.Министерот за надворешни работи достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Милорад Додовски.Министерот за култура достави одговори на пратеничките прашања поставени од пратениците Диме Маџовски и Лилјана Затуровска.Министерот за труд и социјална политика достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Менде Диневски.Министерот за внатрешни работи достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Дивна Јовковска Ефтимовска.Министерот за образование и наука достави одговори на пратеничките прашања поставени од пратениците Ердоган Сарач и Лилјана Затуровска. Министерот за финансии достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникиот Радмила Шекеринска.Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Лилјана Затуровска. Министерот за транспорт и врски достави одговор на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Лилјана Затуровска.Го молам пратеникот Александар Спасеновски да се произнесе по одговорот добиен од Министерот за економија на прашањето што се однесува на одвивањето на туристичката сезона во Република Македонија во однос на генералната

туристичка политика која што ја спроведува Република Македонија односно согласно членот 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од три минути. Има збор пратеникот Александар Спасеновски, повелете. Александар Спасеновски: Благодарам. Почитуван претседателе, почитуван премиер, почитувани министри, почитувани колеги пратеници, му благодарам на минiстерот за економија за одговорот на моето пратеничко прашање поставено на последната седница на македонскиот законодавен на почетокот на летниот распуст, односно летните одмори и во голема мера се разбира дека сум задоволен уште повеќе што туризмот како гранка зазeма исклучително високо место во агендата на Владата на Република Македонија, особено во Министерството за економија како одговорно министерство за спроведување на туристичката политика на нашата држава. Ние сме сведоци дека туризмот се повеќе и повеќе во проекциите на Владата на Република Македонија особено на Министерството за економија зазема исклучително големо место и очекувањата во смисла на вкупните приходи и корист кој што ќе ги има државата со граѓаните на Република Македонија од туризмот се исклучително големи и во таа смисла исклучително значајни. Оттаму, имајќи во предвид фактот дека ова прашање беше поставено на средината на туристичката сезона во Република Македонија мислам дека сега на крајот од летната туристичка сезона, а и пред крајот на оваа календарска година во Република Македонија е совршена прилика да поставиме едно дополнително прашање во однос на вкупната тема посветена на туризмот во Република Македонија, а тоа би било следново. Имено, почитуван министер, мислам дека особено значајно имајќи ги во предвид вкупните проекции како и претходните тврдења од страна на одговорните претставници во Република Македонија е да не информирате нас пратниците особено јавноста во Република Македонија односно оној дел од јавноста кој што се занимава со туризам за вкупните приходи кои што Република Македонија ги оствари од туризмот оваа летна сезона односно во 2013 година споредено од приходите кои што беа остварувани минатите години. Ова го велам затоа што особено е важно да имаме предвид, односно да го знаеме текот на оваа туристичка зона во светло на евентуално зголемениот број на туристи. Исто така, мислам дека е особено важно низ призма на одговорот на ова прашање да не информирате исто така за колкав е процентот на учеството на руралниот туризам на приходите во вкупните приходи од целокупниот туризам во Република Македонија за 2013 година. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам.

76/1.-

Page 2: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Пратеникот Спасеновски Александар има дополнително пратеничко прашање до министерот за економија. Одговор ќе добиете од министерот за економија. Повелете министре.Ваљон Сараќини: Благодарам почитуван претседател.Почитуван пратеник, благодарам многу на поставеното прашање. Туризмот е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија и како таков ние како Влада сме презеле мерки и многу активности во насока на развој на туризмот и тоа се забележува со порастот на бројот на посетители туристи во Македонија. Секоја година се зголемува процентот на туристи на 10% и тоа кога во државите во регионот и воопшто во земјите на Европската унија имаме намалување на стапката на туризам, во Република Македонија се забележува дека има значителен пораст на бројот на туристи. Ќе кажам пак сето ова е направено имајќи ги во предвид сите мерки, активности, субвенции што сме ги предвиделе во областа на туризмот и сите активности што сме ги презеле во минатите години. Сето тоа влијаело да има видно зголемување на бројот на туристи. Почнувајќи од формирањето на Комитетот на туризам каде што се учесници повеќе министри, меѓутоа и директори на разни институции каде што речиси еднаш или два пати месечно детално го разгледуваме акцискиот план и сите приоритети и задачи што треба да ги завршат и централните, меѓутоа и локалните институции и со конкретни заклучоци продолжуваме со нашите активности за подобрување на туристичката состојба во Република Македонија. На почетокот дозволете ми да дадам до знаење дека до минатата година ние завршивме со приходи од туризмот околу 180 до 200 милиони долари што е навистина значителна цифра, нема да застанеме тука ќе продолжиме да работиме во насока на зголемување на приходите од туризмот, а за оваа година со последните добиени податоци од Народната банка меѓутоа и од Државниот завод за статистика можеме да кажеме дека имаме приходи во износ од 138 милиони долари до сега. Тоа што исто така треба да се спомене е дека сите овие приходи од минатата година во областа на туризмот се 9,9% од БДП во Македонија. Стратегијата што е предвидена за развојот на туризмот до 2020 година планираме истата да достигне до 5% од БДП. Исто така сакам да дадам до знаење дека Министерството за економија презема и други мерки во соработка со Агенцијата за промоција на туризмот, сме ја прошириле и листата на субвенции кои што ги даваме на странските тур оператори со цел да имаме поголем број не само од земјите на Бенелукс, туку и другите земји на Европската унија дури и земјите како што е Русија за кои што сме ги симнале и визите и сме ја зголемиле вредноста на субвенциите за да има поголем број на туристи во оваа насока. Како што реков и

претходо зголемувањето на бројот на странските туристи е над 12% од последните добиени податоци од Заводот за статистика и сакам да го истакнам уште еднаш фактот дека додека земјите во регионот имаат намалување на бројот на туристи во Македонија порастот бил значителен и тоа на зголемување на бројот на странски туристи. Пред две недели во Владата помина и измена и дополна на Законот за угостителска дејност каде што предвидовме во иднина тоа да се одвива уште поуспешно промовирање на руралниот или селскиот туризам. Секое село може врз основа на стратегијата за развој на туризмот може да планира да ги основа или направи тие промотивни туристички куќи кои што ќе се категоризираат според законот. Законот е во собраниска постапка откако ќе се донесе секој селанец кој што планира да развива рурален туризам може да аплицира во Министерството за економија за да добие лиценца и за да се категоризираат руралните куќи за привлекување на туристи кои што се заинтересирани во делот на развојот на селскиот туризам. Исто така е предвидено да има и поволни кредити за сите оние кои што се заинтересирани за развој на овој сегмент од туризмот. И сакам да ги споменам и субвенциите што Република Македонија или пак Владата ги дава за туристичките агенции и авиопревозниците со цел привлекување на странски туристи и така како што беше и промовирано од страна на Владата освен новите 6 линии што ги пуштивме во употреба идната година од 2014 година во април ќе имаме уште нови три линии со цел да се зголеми бројот на странски туристи. Исто така работиме во насока на привлекување на странски инвеститори кои што користејќи го моделот на основање на туристички развојни зони каде што Република Македонија можеби е единствената земја во регионот која што нуди такви поволни услови за градење на ексклузивни хотели во Република Македонија. До сега е испланирано да се изградат од 6 до 8 слободни развојни туристички зони каде што се нудат фискални бенифиции меѓутоа и други поволности на инвеститорите што планираат да градат хотели во Република Македонија. Во оваа насока исто така сакам да го споменам фактот дека Парламентот го ратификуваше и договорот за двата Коридори 8 и 10 делот што го поврзува Кичево со Струга и Охрид и другиот дел што го поврзува Скопје и Штип и ова ќе биде стимул плус за вијатракција плус за странските туристи со цел да се подобри патната инфраструктура. Исто така е посебна стратегија, вие го споменавме селскиот туризам, тука ќе се фокусираме посебно затоа што Македонија има особен капацитет за промоција на селскиот туризам, работиме во насока на промоција на посебни продукти за разни држави. Веќе имаме изготвено посебен туристички продукт за разни држави. Веќе имаме изготвено посебен туристички продукт за туристите што доаѓаат од Турција, значи за да посетат седум места во Република Македонија или седум града кои што самите туристи од Турција пријавиле

76/2.-

Page 3: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

интерес да ги посетат и на овој начин верувам дека ќе придонесеме доколку пристапиме кон разни таргет групи, туристи од Турција, Бенелукс или пак од Белгија или други земји кои што е заинтересирани да дојдат во Република Македонија, вака ќе бидеме поуспешни. Еден друг проект исто така атрактивен е промоцијата на еко туризмот знаете добро дека има многу туристи кои што се заинтересирани за ова посетување на националните паркови. Тука заедно со министерот за екологија сме изготвиле стратегија за промоција на еко туризам и набрзо ќе биде тоа и побликувано или објавено и туристичките агенции таму ќе можат да го промовираат и овој туристички продукт. Од друга страна е изготвено туристичко упатство каде што домашните туристички агенции ќе има законски обврски освен понудата за странските земји, задолжително ќе имаат понуда и за развој на домашниот туризам. Доколку се земе воопшто туристичката ситуација во Република Македонија може да се забележи дека во последно време како што реков и претходно има позитивно движење, има добро движење, бројот на туристите посебно на странските туристи благодарение на субвенциите кои што како Влада ги даваме на разните тур оператори имаат забележано драстичен пораст и се надеваме дека во идниот период ќе работиме врз основа на стратегијата за развој на туризмот во Република Македонија и до 2020 година како што реков да постигне 5% од БДП. Значи, приходите од туризмот за првите 7 месеци се 138 милиони долари што е значителен број меѓутоа ние ќе работиме до крајот на годината овој број да се зголеми уште повеќе.Исто така очекуваме и податоци од Државниот завод за статистика со цел да ги согледаме последните податоци од летниот туризам. Значи туристите кои што летниот период престојуваа во Република Македонија и сигурно тие ќе бидат позитивни бројки и јавно ќе излеземе и ќе ја информираме јавноста за тоа како течела летната сезона во Република Македонија. Ја користам приликата од говорницата на Парламентот да ја поканам локалната власт што е можно повеќе да се вклучи во промоција на туризмот, да нуди посебни продукти во своите општини да им понуди што е можно да се биде атрактивни за странските туристи и сите заедно да работиме повеќе за промоција на туризмот имајќи предвид дека една од најбитните гранки на економијата и што помага за најбрз пораст на економијата. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам.Госпоѓа Николовска Ленче има процедурално како заменик координатор на пратеничката група на ПЕИ и Санџачка Лига, повелете.Ленче Николовска: Сакам да укажам за дискриминација од страна на Владата на Груевски и министрите кои што одговараат на нарачаните прашања само од пратениците од мнозинството. Имено, на претходната седница на пратенички прашања јас поставив прашање, кога

ќе се исплатат субвенциите на земјоделците со оглед на тоа дека крајниот законски рок 30 јуни веќе измина. Согласно член 42 министерот е должен во рок од 20 дена писмено да ве извести, но до денеска одговор не добив. Затоа апелирам уште еднаш до Владата да се исплатат субвенциите на земјоделците за 2012 година и да почне исплатата за 2013 година чии што пари беа предвидени во Буџетот за 2013, а од тие 130 милиони евра се уште нема денар исплатено. За споредба земјоделците од регионот 50% до 90% веќе ги имаат добиено субвенциите за 2013 година. Апелирам уште еднаш затоа што состојбата на терен е лоша, на тек е есенската сеидба парите на земјоделците се потребни и апелирам да се исплатат субвенциите.Трајко Вељаноски: Благодарам. Госпоѓа Ленче Николовска вие може да апелирате и потребно е да добиете одговор на пратеничкото прашање. А за содржината на одговорот и на пратеничкото прашање откако ќе добиете одговор, ве молам.Господине Димовски, таа е регистрирана овде како заменик координатор на пратеничката група на ПЕИ и Санџачка Лига, така има допис. Ве молам, така има допис, додека е така, така ќе постапиме согласно нивното известување. Ако тие меѓувреме смениле отишле во друга партија тоа е веќе друго прашање, нивна лична убеденост што понатаму треба да прават. Званичен допис до претседателот на Собрание како заменик координатор на пратеничката група на ПЕИ и Санџачка Лига, затоа дадов процедурално. Ве молам колеги пратеници, како што госпоѓа Ленче Николовска го кажа и за другите пратенички прашања што не се добиени одговори од Владата, еве упатувам апел да добиеме одговор за да може да соодветно се произнесат пратениците дали се задоволни или не се задоволни за одговорот. Продолжуваме понатаму.Пратеникот Милорад Додовски да се произнесе од одговорот добиен од министерот за надворешни работи на прашањето што се однесува на појавата на ксенофобијата и неофашизам во грчкото општество и зачестените напади, малтретирање на македонските граѓани кои престојуваат таму, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од три минути.Има збор пратеникот Милорад Додовски, повелете.Милорад Додовски: Благодарам.Почитувани министри, претставници на Владата, почитувани колеги пратеници, почитуван претставник на Министерството за надворешни работи, ви благодарам за одговорот на моето прашање кое беше поставено на 25 јули, а кое се однесуваше за добивање на информација за превземените мерки од страна на

76/3.-

Page 4: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Министерството за надворешни работи во врска со нападите врз македонски граѓани и оштетувањето на возила со македонски регистарски таблички. Како и промовирањето на говор на омраза од страна на фашистичките пратеници на Златна Зора во Грчкиот парламент.Ја поздравувам реакцијата на Министерството за надворешни работи испратено до Грчката канцеларија за врски во Скопје, иако слободно може да констатираме дека официјална Атина и покрај реакциите продолжува до дискриминацијата на македонските граѓани, но и државјани на други земји кои се родени во Егејска Македонија, а немаат право да ги посетат своите родни места. Во официјален одговор на грчкиот министер за надворешни работи Венизелос по ова прашање пренесен од медиумите на 18 септември како виновник за инцидентите за оштетувањето на возила на македонските граѓани ја посочува наводната националистичка политика на македонските медиуми и државниот врв, како и тоа дека истите биле изолирани и не наидуваат на одобрување. Со ова официјална Атина јавно потврди дека иако не ги одобрува нападите за македонците истите не ги осудува, што доволно зборува за индиректната поддршка за сите инциденти. Во прилог на ова тврдење е и фактот што за ниту еден инцидент од 65 регистрирани, грчките истражни органи не повеле ниту една истрага, ниту пак ги пронашле и санкционирале сторителите. Тука не може да станува збор за изолирани инциденти. Грубото кршење на основните човекови права, слободата на движење и не признавањето на македонскиот народ и јазик во Грција систематски се применуваат врз Македонците иако оваа држава неодамна презеде мерки, силни мерки против фашистичката Златна зора, нејзината политика на државата по однос на Македонија и Македонците останува не промента. Ваквата политика на Атина во никој случај не може да биде во прилог на добрососедските односи помеѓу двете земји и од тука грчкото толкување на добрососедските односи мора да биде под мониторинг и на Европската Унија и на Обединетите Нации. Немам дополнително прашање и сум задоволен од одговорот. Ви благодарам.Трајко Вељаноски: Ви благодарам и јас.Пратеникот е задоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање.Го молам пратеникот Диме Маџовски да се произнесе по одговорот добиен од министерот за култура на прашањето што се однесува на реализација на проектот за заштита и санација на акведуктот во Скопје односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од 3 минути.Има збор пратеникот Диме Маџовски, повелете.Диме Маџовски: Благодарам претседателе.Почитуван премиер, почитувани министри, почитувани колеги пратеници.

Благодарам на министерката за култура за одговорот на моето пратеничко прашање. Инаку моето пратеничко прашање се однесува на изработка на проект за заштита и конзервација на аквадуктот во Скопје. Овој културно историски споменик, аквадуктот е еден од најзначајните културно историски споменици во градот Скопје и во Македонија, а неговото значење е посебно и доаѓа до израз затоа што ваков монументален објект е реткост не само во Македонија, тој во Македонија е единствен, туку и пошироко на овој дел на Европа. Инаку самото потекло или изградба на овој аквадукт има две мислења. Едното е дека потекнува од шестиот век и го изградил еден од најголемите византиски владетели Јустинијан први кој што потекнува од скопското село Таор, односно Таорусимус како се нарекувало порано и како задужбина во неговото родно место, тој го изградил овој аквадукт. Второто размислување на научните работници е дека тој потекнува некаде од 16 или 17 век. Меѓутоа како и да е не е прашање на елаборација потеклото на аквадуктот туку е прашање на неговата санација и понатаму да се презентира како културно историски споменик, да се презентира пред домашната и меѓународната јавност, а посебно како туристичка атракција во градот Скопје. Инаку овој аквадукт е долг 386 метри, има 54 сводови и до сега не е интервенирано на негова санација и заштита бидејќи до сега се наоѓаше во кругот на касарната Илинден, меѓутоа со новата локална поделба овој аквадукт се наоѓа на територијата на општината Бутел и Карпош. Со цел да се заштити овој исклучително значаен и вреден културно историски споменик моето прашање беше насочено да се изработи еден проект за негова заштита. Добив одговор дека проектот веќе е изработен од Министерството за култура и конзерваторскиот центар на Скопје и дека наскоро треба да се реализира. Моето дополнително прашање е дали се обезбедени средства односно дали е обезбедена финансиска конструкција за реализација на овој проект и кога ќе започне реализацијата на проектот и заштита и санација на аквадуктот. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.На дополнителното пратеничко прашање одговор ќе добиете од министерот за култура. Повелете. Елизабета Канчевска Милеска: Благодарам претседателе. Му благодарам на пратеникот за поставеното прашање.Како што истакна и пратеникот и ние во одговорот го потенциравме значењето на аквадуктот како една монументална надземна градба на која што се забележуваат дополнителни градежни интервенции и поправки од кои најголем дел се од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Бидејќи аквадуктот од 2013 година под надлежност на конзерваториски центар на Скопје има изготвено елаборат за ревалоризација на споменикот на културата за аквадуктот и предлог за прогласување што е

76/4.-

Page 5: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

неопходно пред да се почне со интервенции и за прогласување на културниот предел аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење. Со изработката на овој елаборат и прогласувањето на аквадуктот како културно наследство од особено значење, Министерството за култура има издвоено средства за негова конзервација и покрај тоа што се издвоени средства, во рамките на проектот Љубљански процес 2 за рехабилитација на нашето заедничко културно наследство од 2011 - 2014 година. Од програмата на Советот на Европа исто така се издвоени средства за изработка на три проекти како грандови во рамките на веќе споменатата програма. Сакам да потенцирам дека националната установа Конзерваторски центар Скопје како надлежна установа за заштита на културното наследство во рамките на Љубљански процес 2, има добиено 2 гранда.Првиот е од 5 илјади евра за археолошки истражувања на аквадуктот. Договорот е веќе потпишан и од како средствата ќе се префрлат на установата ќе се започне со истражување во текот на ноември 2013 година. Напомнуваме дека реалната пресметка е околу 12 илјади евра, но останатите средства нормално ќе се обезбедат од страна на Министерството за култура.Вториот гранд кој што е обезбеден е од 29.707 евра за геомеханички истражувања, хемиски и други анализи на самиот малтер, минералошки анализи и други анализи на каменот, анализи на статиката, динамиката и стабилноста на објектот, нешто што е од огромна важност за да се пристапи кон негова конзервација, реставрација и се разбира ставање во функција на еден значаен културен туризам. Постапката за центарот треба да заврши до крајот на ноември 2013 година. Работите се разбира дека ќе се реализираат веднаш по изборот на фирмата, значи во 2014 година.Покрај овие наведени грантови, како што кажав и на почетокот и покрај обезбедените средства за целосна реализација на археолошко конзерваториско истражување и изработката на проектот за санација и конзервација и реставрација на аквадуктот, ние како Министерството за култура преку надлежните институции и во 2014 година согласно стратешкиот план за зачувување и рехабилитација на голем број на споменици на културата ќе се предвидат финансиски средства се со цел да се влезе во приоритетната програма, бидејќи сепак аквадуктот, морам да кажам дека е една лична карта и на градот Скопје и на Македонија. Благодарение на значајни, културни предели и од страна на Советот на Европа и покрај грантовите, значи ќе се обезбедат средства се со цел покрај овие проекти за самата статика, за самиот материјал кој што се наоѓа и од кој што бил изработен аквадуктот и со продолжување на овие проекти ќе се започне со целосна реставрација како што кажав, конзервација и се разбира ставање во

функција на еден значаен културен туризам. Благодарам.Трајко Вељаноски: И јас ви благодарам.Го молам пратеникот Лилјана Затуроска да се произнесе по одговорот добиен од министерот за култура на прашањето што се однесува на заштитата, развојот и унапредувањето на културното наследство и културниот живот во Струга и струшко, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од 3 минути.Има збор Лилјана Затуроска, повелете.Лилјана Затуроска: Благодарам претседателе.Би сакала да се заблагодарам на одговорите добиени од министерката за култура на повеќето прашања кои што беа иницирани од разговорите со културните работници во Струга. Факт е дека Министерството за култура во изминатите години во неколку наврати им излезе во пресрет на барањата на Стружани и во реализацијата на низа проекти кои што се во насока на зачувување и уредување на културните вредности. Јас би набројала некои од нив на пример како што се санацијата на куќата на браќата Миладиновци, поддршка за ревитализација и конзервација на амамот Мустафа Челеби, поддршка за подводните археолошки испитувања на локалитетот Врбник и системските археолошки истражувања кои што се одвиваат на локалитетот во селото Ташмаруништа. Исто така, финансиски средства за средување на библиотеката во Домот на културата и зголемување на библиотечниот фонд, санација на кровот и така натаму.Што се однесува на прашањето на сувенирниците на општина Струга, да, предвидени се две сувенирници, но за жал сеушт немаме добиено дозвола за нивно поставување и се надевам во најбрз временски период локалната самоуправа ќе излезе во пресрет, ќе ги определи локациите и воедно ќе издаде дозвола за изградба на овие сувенирници, бидејќи Струга како туристички град навистина има потреба од нив. Во врска со прашањето околу реставрација на фрескоживописот на црквата Свети Ѓорѓија, добро е да се чуе и тоа дека проектот е поддржан од Министерството за култура, дека е изработена целосно архитектонско техничка документација за црквата и проектот за конзервација на живописот е готов и дека до крајот на годинава ќе бидат направени првите конзерваториски работи. Јас би го искористила моето право да поставам и дополнително прашање во врска со ова. Дали во наредна та 2014 година ќе се заврши целосната реконструкција на фрескоживописот на црквата Свети Ѓорѓија или доколку не, која е динамиката за реализација на овој проект? Ви благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.

76/5.-

Page 6: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Одговор на дополнителното пратеничко прашање Министерството за култура ќе го добиете од министерот за култура. Повелете.Елизабета Канческа Милеска: Благодарам претседателе.Пред се сакам да се заблагодарам на пратеничката за доставувањата на сите овие барања и приоритети кои што се иницирани од голем број на дебати кои што се реализираат во Струга во делот и областа на културата и културното наследство. Сакам да истакнам дека еден од приоритетите и на Владата и Министерството е токму заштитата на културното наследство и сето тоа може да се види од оние реализирани проекти не само во Струга и струшкиот регион, туку голем број на проекти ширум нашата држава преку нашите надлежни институции. Ние морам да кажам дека јавноста секојдневно ја информираме за започнувањето на проектот, за продолжувањето и завршувањето на одредена фаза, бидејќи, морам да кажам дека кога станува збор за културното наследство мора да се почитува Законот за културно наследство и стручното, морам да кажам следење и реализација на сите оние проекти согласно стручните екипи, согласно процедурите и на самиот закон.Во делот на прашањето сакам да истакнам дека Министерството за култура секоја година објавува конкурс каде што секој има право да аплицира. Покрај нашите национални, локални институции имаат право и голем број на здруженија, граѓани на невладини организации кои што ја следат областа на културата. Сепак културата е доста комплексна и во неа генерираат голем број на дејности од самата област така да во Струга и струшкиот регион согласно и надлежните институции, се превземени голем број на чекори во делот на заштитата на културното наследство. Како што е истакнато во одговорот на прашањето, таму се реновираше целокупната куќа на браќата Миладиновци во Струга. Целосна реставрација и конзервација која што беше ставена во функција на Струшките вечери на поезијата каде што се наоѓа еден огромен, морам да кажам, мозаичен оригинален мозаик од 50м2 од ранохристијанската базилика пронајдена во струшкото село Октиси кое што е веќе промовирана пред јавноста и пред сите оние странски посетители кои што доаѓаат во Струга.Инаку континуирано работиме и на фрескоживописот на црквата Свети Ѓорѓија во Струга и на голем број на други културни наследства како што е и постојаната постапка за животот и делото на Димитар и Константин. Еден дел од куќата е определена за административни простори, а останатиот е ставен во функција на промоција на вредното културно наследство.Инаку во врска со прашањето за реставрирањето на фрескоживописот на црквата на Свети Ѓорѓија во Струга, како што информиравме, во 2013 година се реализира проектот за реализација на

конзерваторски проект од страна на Завод и музеј на Охрид, се со цел да се утврди состојбата за идните конзерваториско реставраторски зафати за фрескоживописот. Исто така е изработено целосно архитектонско техничка документација. Проектот е во завршна фаза и до крајот на оваа година ќе бидат извршени првите конзерваториски зафати за чистење на фрескоживописот, така да од следната година сето тоа ќе биде конзервирано и ќе биде промовирано од страна на надлежната институција.Што се однесува до сувенирниците, знаете дека еден од проектите на Владата и министерството беа поставување на унифицирани монтажни туристички објекти - сувенирници во голем број на градови во Република Македонија. До сега поставивме 20 вакви унифицирани туристички пунктови кои што морам да кажам на наше огромно задоволство беа примени многу позитивно и од сите граѓани во Република Македонија и од сите оние посетители кои што доаѓаат и од кај што можат да купат вреден сувенир и артефакт кој што ќе им остане спомен од посетата во нашата држава. Во програмата беше исто така интегрирано да се постават две сувенирници во Струга. Но морам да кажам дека сеуште немаме добиено одговор од општина Струга за поставување бидејќи мораме да добиеме одобрение за поставување на сувенирниците. Сите сувенирници се изработени бидејќи 20 се веќе поставени во голем број на градови во Република Македонија и на неколку гранични премини, морам да кажам, така да овие две сувенирници се веќе изработени од страна на Министерството за култура и по добивањето на одобрението од страна на општина Струга истите ќе бидат поставени. Јас се надевам дека и Советот ќе донесе една ваква значајна одлука и градоначалникот за поставување на овие значајни сувенирници кои што исто така ќе го отсликаат вредното културно наследство со кое што ќе биде презентирано и во самите сувенирници и од Струга и од струшкиот регион. Така да по добивањето на оваа согласност ние веднаш ќе ги поставиме сувенирниците. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Го молам пратеникот Менде Диневски да се произнесе по одговорот добиен од министерот за труд и социјална политика на прашањето што се однесува на постапката за остварување на правото на инвалидска пензија на лицето Драге Долевски од Битола, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање од времетраење од 3 минути.Има збор пратеникот Менде Диневски, повелете.Менде Диневски: Благодарам.Не сум задоволен од одговорот, затоа што Министерството за труд и социјална политика освен што ги има наброено членовите согласно кои се остварува ова право, апсолутно ништо

76/6.-

Page 7: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

друго нема одговорено иако од страна на лицето Драган Долевски, до мене беше доставена целосната медицинска документација и сите потребни материјали. Во самиот одговор кој го има дадено Министерството за труд и социјална политика стои дека ревизијата ја врши Комисијата за ревизија на наод, оценка и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа. И во овој конкретен случај предметот на именуваниот не бил разгледан од Комисијата затоа што не бил опфатен по случаен избор во месец јуни 2013 година . Токму затоа го поставив ова прашање да Министерството за труд и социјална политика согласно своите надлежности и министерот согласно надлежностите кои што ги има и согласно документација кој што ја имаше во раката, да се утврди дали навистина ова лице му следува или не инвалидска пензија. Од тука сметам дека ваквиот одговор е несоодветен и немам дополнително прашање. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Менде Диневски е незадоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање.Го молам пратеникот Дивна Јовковска Ефтимовска да се произнесе по одговорот добиен од министерот за внатрешни работи и на прашањето што се однесува на набавка на службени униформи и гориво на вработените во полициската станица во Ресен односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од три минути.Има збор Дивна Јовковска Ефимовска, повелете.Дивна Јовковска Ефтимовска: Уште веднаш да расчистам нема да речам благодарам за одговореното прашање затоа што одговорот не заслужува благодарам и ќе образложам зошто.Искрено речено пред толку долго време сум го поставила ова пратеничко прашање што сериозно и сум заборавила конкретно кој датум сум го поставила ова прашање. И воопшто да не беше дописот во кој што е потенциран датумот и каде што пишува дека прашањето е постаено помеѓу две пратенички прашања, меѓутоа одговорот е добиен после точно 12 седници за пратенички прашања на Собранието на Република Македонија.Другата забелешка е дека одговорот воопшто не одговара на прашањето што сум го поставила, туку има намера да дефокусира и во суштина да го избегне одговорот, а прашањето е многу кратко, јасно, конкретно и бара временски детерминиран одговор и гласи: Кога вработените од полициската станица во Ресен може да се надеваат на нови униформи и обувки. Со оглед на тоа што вработените во полициската станица во Ресен веќе подолго време немаат добиено полициски униформи, принудени се истите да ги носат со години и на нив веќе има евидентни закрпи, а истото се однесува и на чевлите кои што на се личат само не на чевли.

Другото прашање се однесува на тоа кога полициската станица во Ресен ќе ја добие потребната количина на Гориво, за да не мора вработените да користат свои возила, со свое гориво во извршување на службените задачи. И во одговорот на министерката Јанкуловска, стои ова. Набавка и распределбата на деловите на униформата и обуките на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи е континуиран процес и јас се сложувам со тоа дека е континуиран процес и согласно правилникот на Министерството за внатрешни работи еднаш годишно се доделува униформа. Еднатат година летна, наредната зимска, а на секоја петта - теренска униформа. Што значи, овој процес иако подразбира континуираност, се повеќе години бележи дисконтинуитет. Имено, полициската станица во Ресен веќе подолго време нема задолжено полициска униформа за своите вработени и на прашањето кое што и денес им го поставив на дел од вработените, ми беше одговорено дека воопшто не се сеќаваат кога последен пат добиле униформа. За волја на вистината,годинава е задолжено само мајци и кошули госпоѓо Јанкуловска. Во однос на второто прашање одговорот вели, дека сите полициски станици и сите организациони единици на Министерството за внатрешни работи ги добивале неопходните количини на гориво за успешно и ефикасно завршување на задачите, меѓутоа, заради превенција од злоупотреба истото се распределувало согласно обемот и динамиката на работните задачи. За да се злоупотребува треба нештото и да го има. Јас сега уште ми е во сеќавање една филмска кражба во Ресен, кога беше обиена златарница и кога полициските возила во Ресен тргнаа во потрага по крадедцот, па заради недостаток на возило, останаа на сред пат. Не сум задоволна од одговорот, ќе го поставам во некоја наредна прилика кога министерката ќе биде подготвена да ја соопшти вистината. Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеничката Дивна Ефтимовска Јовковска, не е задоволна од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Го молам пратеникот Ердоган Сарач, да се произнесе по одговорот добиен од министерот за образование и наука на прашањето што се однесува на бројот на основни средни училишта, каде наставата се одвива на турски јазик, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од три минути. Има збор пратеникот Ердоган Сарач, повелете.Ердоган Сарач: Почитуван министер, јас навистина ви се заблагодарувам за брзината на одговорот, бидејќи беше од технички карактер и во таа смисла на зборот и од содржината на добиените податоци и од брзината, навистина ви се заблагодарувам. Меѓутоа, искрено сум разочаран од состојбата на образованието на

76/7.-

Page 8: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Турците во Република Македонија. Од анализите што ги направија нашите структури, веќе е добро познато во сите очилишта кои ги споменуваат тука, се едноставно во политички гнезда на политичките партии кои се на власт. Покрај директорите што директно се определуваат од страна на политичките партии, за жал и комплетната наставничка структура е од политичка проминијенција. Таму не е возможно да некој надвор, а да не покаже лојалност на припадност на одредена политичка партија да добие работно место. Значи, навистина наставниците се под голем политички притисок. За тоа, дополнително би прашал што ќе преземете во иднина да ги ослободите наставниците од политичко влијание и овој политички притисок. Исто така, жалосно од вашите податоци што овде ги укажувате, значи, се намалува бројот на ученици во основните училишта на ученици кои наставата ја учат на турски јазик. Познато е од статистички податок дека во Македонија има 80 илјади Турци, а само 5676 Турци учат во основните училишта, што би требало најмалку да биде 10%. Тоа значи дека за жал, поради неосздавање на услови на државата, Турците учат и на Македонски и на Албански јазик, а со тоа основано сомневање имаме дека за жал и се асимилираат. Исто така, што за мене беше најважно да кажам, вие кажавте дека во средните училишта на образование на турски јазик има 1686 ученици кои посетуваат настава во учебната 2013/2014 година, но за жал тие не можат да се носат во конкуренција со Македон-ците и Албанците во земјата. Тие се хендикепирани не можат под еднакви услови да го полагаат екстермниот испит за тоа што немаат учебници. Освен учебници од предметот на турски јазик немаме никакви други уечбници. Дотогаш и во таа смисла на зборот директна помош има од Република Турција. Па прашањето е, кога бидејќи во буџетот за 2014 година не сте предвиделе средства за учебници на турски јазик, па прашањето е кога ќе обезбедите учебници на настава на турски јазик во средните училишта, а со тоа ќе овозможите навистина да бидат рамноправни во Република Македонија. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеникот Ердоган Сарач, има дополнително пратеничко прашање до министерот за образование и наука, повелете министре. Спиро Ристески: Благодарам претседателе. Му благодарам на пратеникот за дополнителното поставено прашање, образованието во Република Македонија е бесплатно и задолжитетлно за сите граѓани на Република Македонија. Врз основа на досегашните искуства во спроведувањето на комплетните состојби во образованието, констатирани беа определени проблеми со кои што се соочуваат и дел од учениците, посебно во деловите на изборот на наставниот јазик на кој што ќе ја посетуваат наставата и во тој дел затоа пред неколку години

беше констатирано и утврдено со закон правото на избор на ученикот, односно на избор на наставниот јазик на кој што ќе ја посетува и слуша наставата. Според тоа почитуван пратеник, информациите, односно податоците кои што ви се доставени на вас во рамки на писмениот одговор кој што како ресорно министерство го доставивме до вас, фактографски ја наведовме целокупната актуелна ситуација која што е констатирана, односно која што е дефакто реалност на терен по општините. Имено Министерството за образование и наука во тој дел ги има обезбедено и генерално Владата, а со и преку Собранието со утврдувањето на законските прописи, утврдувањето на комплетната легална рамка на остварување на правото на образование, ги имаат дадено сите можности за избор на изучување на наставните предмети на соодветниот мајчин јазик, односно на загарантирано е правото за избор на следење на наставата. Ние во тој дел како ресорно министерство навистина во континуитет ги охрабруваме сите припадници на заедниците, да си избират соодветно на правото на избор на наставниот јазик да се изберат изучувања или слушање на наставата на својот мајчин јазик, истото се однесува и на турската заедница. Ние како ресорно министерство ќе дадеме и во следниот период целосна поддршка на припадниците на турската заедница во делот на изучување на наставните предмети на нивниот мајчин јазик, и бидете уверени дека тој дел апсолутно интенцијата наша е да секоја од заедниците што поквалитетно биде вклучена во образовниот систем, а правото на избор од заедиците што поквалитетно биде вклучена во образовниот систем, а правото на избор на кој јазик ќе ја следат наставата е нивно индивидуално право. Јас би бил навистина и задоволен доколку и од ваша страна и од другите претставници на турската заедница се помогне во тој дел да, децата кои што се од Турска етничка заедница си го изберат за следење на настава турскиот наставен јазик и мислам дека во тој дел и како Министерство ќе продолжиме со изготвувањето на дополнителните наставни материјали, меѓутоа и вие самите знаете дека, а во изминатиот период имаше проблем со обезбедување на соодветни автори кои што ќе ги изготват учебниците. Имавме ние во неколку обиди за да се обезбедат соодветни автори кои што ќе ги изготват учебниците на турски јазик кој што ќе биде целосно прифатлив, односно точен врз основа на терминологијата и начинот на кој што се наведуваат информациите во самите соодветни наставните програми и во самите наставни единици. Во тој дел мислам дека како ресорно министерство со педагошката служба, на која што директор е лице кое што е од Турската етничка заедница ќе продолжиме прилично интензивно да работиме во следниот период. А во однос на констатациите за политичките влијанија и за

76/8.-

Page 9: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

политичките извори на директори и притисоците кои што според вас се случуваат врз определени наставници, јас би ве и вас и наставниците мотивирал да навистина ги пријавите таквите состојби, бидејќи искрено јас, согласно процедурите, самите знаете дека директорите на училиштата ги бираат училишните одбори во рамки на општините и тоа е децентрализиран процес во кој што ние како централна власт или министерство немаме директни ингеренции. Меѓутоа во однос на евентуалните притисоци за кои што говоревте во делот на функционирањето односно изведувањето на редовната настава од страна на наставниците би ве мотивирал и вас и самите наставници да навремено ги пријавите таквите состојби, бидејќи ние во конкретниот случај јас бар не можам да дадам конкретен одговор, бидејќи до мене не се стигнати поплаки, во таа форма и на таков начин, за конкретен политички притисок врз определени наставници кои што ја спроведуваат наставата на наставен турски јазик. Така да, замолувам и до вас и до лицата за кои што говорите или имате извесни сознанија, ако е тоа точно, навремено да се пријави, затоа што политиката во тој дел, навистина треба да биде целосно исклучена од спроведувањето на наставата вкупно и на образовниот процес, заради тоа што на таков начин не се постигнува основниот ефект, а и конечно ефектот на политичкиот притисок не може да се на ниеден начин ефектуира во услови кога има јасно утврдени наставни програми, и по тие наставни програми треба да се спроведува наставата, не зависно за каква политичка определба да говориме или за било која од етничките заедници во Македонија. Така да ве замолувам, пријавете и вие и самите наставници за какви притисоци станува збор. Ви благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам.Не може на одговор на дополнителното пратеничко прашање да се произнесе. Така е процедурата господине Ердоган Сарач. Го молам пратеникот Лилјана Затуроска да се произнесе по одговорот добиен од министерот за образование и наука на прашањето што се однесува на реконструкција на основните училишта на општина Струга, односно согласно член 43 од деловнико да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање, во траење од 3 минути. Има збор пратеникот Лилјана Затуроска, повелете. Лилјана Затуроска: Благодарам почитуван претседателе.Му благодарам на почитуваниот министер за образование за одговорот на поставеното прашање. Овој одговор го очекуваат граѓаните на Струга, кои во повеќе наврати прашуваат за делот од проектите кој што Министерството за образование во континуитет ги спроведува ширум државата, кои што се поврзани со развојот и унапредувањето на воспитно обраозвниот

процес во секој еден сегмент. Добро е да се чуе од министерот дека Струга е веќе ставена во приоритетите, ја има во делот од проектот изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и во наредните години се планира да се инвестира во 8 училишни спортски сали и тоа во склоп на средното училиште Нико Нестор Струга. Основното училиште Мурат Лабуништа во село Лабуништа. Во основното училиште Јосип Броз Тито, Струга. Основно училиште Гоце Делчев во село Подгорци. Подзачнато учлилиште на Јосип Броз Тито од село Враништа. Основно училиште Ашим Агуши, од село Радолишта. Основно училиште Зини Хани во Велешта и во основното училиште Свети Кимент Охридски во село Дрслаица.Од одговорот исто така може да се констатира дека во програмата за наредната година во рамките на рехабилитација на училиштата во општината Струга, се очекува да се реконструираат санитарните јазли крововите, прозорците на некои од нив и фасадите. Секако на општо задоволство на учениците и во основното и во средното образование и секако во насока на подобрување на условите во кои што се изведува наставата. За почитуваниот министер имам дополнително прашања. Во вашиот одговор имате доставено и табеларен приказ или преглед на активностите кои што Министерството за образование и наука планира да ги извршува во наредните години во општина Струга. И има еден позамашен број на активности кои што ги планирате во Струга, но таму барем можете да ги издвоите кои од нив веќе ги планирате за наредната 2014 година. Ви благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Министерот за образование и наука има одговор да даде на дополнителното пратеничко прашање, повелете. Спиро Ристески: Благодарам. Почитуван претседателе, почитувани пратеници, благодарам на пратеничката за поставеното дополнително прашање.Како што впрочем пратеничке наведовте да точно Струга беше и е во приоритетите на инвестирањето, посебно во делот на образованието. Во изминатите практично 5 години, до сега изградени се 41 основно училиште во Република Македонија, во тек се изградби на 4 дополнително основни училишта. Изградени се три, а се во градба уште дополнителни 3 средни училишта, со што како Влада укажуваме дека инвестирањето во образованието во Република Македонија е нешто кое што е еден од врвните приоритети на Владата на Република Македонија. Во рамки на тие инвестиции, планирања во рамки на инвестирањето на образовниот процес, Струга е исто така дел од тој систем на инвестиции, не само во делот на образовните инфраструктури во смисла на училишта, санации на истите, туку и во делот на изградбатана спортските сали, кои

76/9.-

Page 10: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

што се дел од проектот 145 спортски сали во Република Македонија. Впрочем, вашето прашање на кое што јас ви одговорив во писмена форма соодветна на вашето барање, ги наведовме целосно сите планови кои што ги имаме како ресорно министерство во делот на инвестициите за Струга. Во текот на оваа следната и наредните години соодветно на плановите кои што се реализираат од страна на Министерството за образование и наука. Во рамки на планираните активности за следниот период, морам да бидам прилично конкретен во делот на определените буџетски средства, посебно во услови кога сеуште не е донесен конкретно буџетот за 2014 година, а од кои што и зависи донесувањето на соодветните прогрми за планирање, односно инвестиции во рамки на секој од ресорите посебно, истото важи и за Министерството за образование и наука. Јас би ги споменал процеисте и проектите кои што ни се планирани да бидат наведени во програмата за 2014 година, но истовремено со минимална задршка доколку има извесни корекции на основната програма која што треба да биде усвоена во 2014 година, како дел од усвојувањето на процедурата на усвојување на буџет, а потоа и донесувањето на програмата за инвестиции за основни и средни училишта и во делот на програмата за изградба на спортски сали. Имено, во делот на санациите и интервенциите во поглед на основните училишта и во средното училиште во општина Струга, би сакал да информирам дека за наредната 2014 година, планирани се реконструкции на прозорите, односно на прозорската инфраструктура и целокупната санација на основното учлилиште во село Лабуништа, основното училиште Мурат Лабуништа, а исто така планирано е во рамки на подрачното училиште на основното училиште Мурат Лабуниште во село Боровец да се изврши комплетна реконструкција на прозорите, кров и санитарии. Во овие две училиште бев во посета на двете училишта ја видов директно состојбата. Посебно треба да се истакне неквалитетната состојба во моментов во која што се наоѓа подрачното основно училиште во селото Боровец. Тука би сакал да истакнам дека силно ќе бидеме фокусирани во 2014 година, да овој процес на реконструкција и санација се заврши во текот на летниот период, посебно заради тоа што самите ученици кога би се вратиле, со почеток на новата учебна година, би требало да бидат веќе во новите, односно комплетно реновирани и санирани простории за изведување на наставата. Покрај реконструкцијата на овие две училишта, планирано е да се изврши реконструкција на кровната конструкција во село Мислешево во Струга, на подрачното училиште на основното училиште Јосип Броз Тито.

Планирани се реконструкции и санитарии на кров, подови, прозори и фасада во Средното основно училиште Доктор Ибрахим Темо. Во овој дел се чека да се завршат формалностите, бидејќи обезбедени се средства за реализација на овој процес. Во завршна фаза сме на склучување на Договор со изведувачот и да се започне со реконструкција и санација и на Средното училиште во Општина Струга. Покрај санациите и реконструкциите на училиштата во Општина Струга, би сакал да истакнам дека ќе продолжиме во следниот период и во следната буџетска година со изградба на спортските сали, со тоа што би сакал да потенцирам дека во процесот на изградба на спортските сали од ислучително значење има и локалната самоуправа на Општина Струга. Ние веќе стапивме во контакт со општината, односно со градоначалникот, овие неколку проекти кои што треба да се реализираат во Општина Струга, засега имаме пристојна комуникација во тој дел. Постои волја и од страна на градоначалникот да се превземат, односно да си се реализираат делот од обврските кои што треба да бидат превземени од страна на локалната самоуправа. Така, врз основа на тие планови во селото Лабуништа, каде што е предвидена изградбата на училишната спортска сала се склучи договорот помеѓу Министерството и општината. Сега сме во фаза во која што очекуваме општината да обезбеди физички услови за почеток на изградба на оваа спортска сала, односно да го подготви комплетно теренот и Министерството оваа спортска сала ја има во своите планови за почеток на 2014 година. Исто така, во рамки на плановите е и изградбата на спортската сала во селото Подгорци. Иницирана е постапката и тука имаме веќе иницијатива за склучување на договор, меѓутоа има извесни имотно правни проблеми кои што треба да бидат расчистени во следниот период, така да врз основа на подготовките кои што треба да бидат релизирани од страна на општината. Очекуваме дека ќе биде обезбедена целокупната документација за да се почне со работа. Исто така во Средното училиште Нико Нестор, во Општина Струга се чека на одобрение за градба од страна на општината. Во моментот кога општината ќе го издаде одобрението за градба, ние би започнале со извесни активности кои што секако ќе бидат условени со подготвеноста на општината за да го изготви истото, како дел од процесите. Би сакал да истакнам дека и во делот на активностите кои што ги реализираме за 2014 година, очекувам да биде завршено на крајот на 2013 година. Се прави комплетна санација на спортското игралиште во Основното училиште во село Октиси со што учениците од ова основно училиште ќе добијат комплетно реновирано игралиште во рамки на основното училите оградено со комплетно со соодветна санација на постојниот објект. Така да, мислам дека во тој дел за сега се движат активностите во позитивна

76/10.-

Page 11: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

насока. Постои иницијативност од страна на Министерството, меѓутоа факт е дека има определени процедурални активности кои што треба да си ги превземе соодветно Општината Струга. За сега има позитивни сигнали од Општина Струга дека ќе бидат превземени овие активности. Јас верувам дека со таква интенција ќе се продолжи во следниот период, бидејќи училиштата и спортските сали се нешто што се од интерес за сите деца и за сите ученици во рамки не само на Општина Струга, туку и во Република Македонија. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Го молам пратеникот Радмила Шекеринска да се произнесе по одговорот добиен од министерот за финансии на прашањето што се однесува на прекинување на воспоставената пракса за објавување на највисоката и најниската понудена цена за набавка од најголем број од објавените склучени договори за јавни набавки, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во трење од три минути.Има збор пратеникот Радмила Шекеринска, повелете. Радмила Шекеринска: Благодарам.Поставив многу едноставно прашање, а тоа е зошто во последно време се помалку и помалку договори за јавна набавка, кои што се достапни до јавноста, содржат одредени информации, меѓутоа прескокнуваа некои други. Ние честопати во јавноста слушаме критики дека голем дел на јавните набавки се сведуваат на договор во четири очи или тендер со еден понудувач, меѓутоа дури и во случаите кога имаме веќе понудувачи Владата смисли нов начин како да се манипулира со јавноста. И ќе видите информација дека 7,8, 10 фирми учествувале на тендерот, ама веќе се дава само бројката која е фримата која го добила догворот. Не се кажува ни која била најефтината, ни која била најскапата понуда што беше пракса во минатото. Еве што вели Министерот за финансии. Вели вака: не објавувањето на највисоката и најниската цена за конкретен договор е исклучиво, повторувам исклучиво од технички причини и кога имаме само еден понудувач и дообрајснува. Се работи за техничките причини за деливи набавки кои се состојат од повеќе ставки и таму е технички невозможно да се утврдат највисоката и најниска цена. И ако го читате само одговорот ќе ви звучи прилично, логично, рационално, меѓутоа доволно е вака по случаен избор два, три договори да отворите и ќе видите еве еден ваков, на пример, каде што наводно се појавиле 7 фирми на тендерот. Избрана е одредена фирма која што ќе добие 100 милиони денари, значи воопшто не е мала сумата. При тоа, стои дека набавката не е делива, точка 28 дали предметот на набавката е делив. Не, и нема да ви ја дадат сумата ниту на највисоката, ниту на најниската понуда. Ако мислите дека е ова единствен случај, имам уште

неколку на масава, но не сакам да одземам време. Апсолутно е неточно, дека единствен случај кога не се даваат овие податоци е кога тоа не можеле да го дадат, туку се работи за тенденциозно криење на информации и од Македонската јавност и од Македонското собрание. Тоа значи дека, апсолутно не сум задоволна од одговорот кој не само што е неточен, туку не навредува сите нас како пратеници, затоа што се обидува да не манипулира и да не излаже. Меѓутоа, бидејќи добиваме вакви прашања, а притоа на прашањето колку што гледам ни министер, ни заменик министер по финансии не очекувам и не барам дополнително прашање и дополнителен одговор, кој сигурна сум дека ќе страда од истата болест, а тоа е да не ја зборува вистината. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Радмила Шекеринска не е задоволна од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање.Го молам пратеникот Затуроска Лилјана да се произнесе по одговорот добиен од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на прашањето што се однесува на превземање на соодветни мерки за заштита на шумите од дивата сеча во општина Струга, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од 3 минути.Има збор пратеникот Лилјана Затуровска, повелете. Лилјана Затуроска: Благодарам почитуван претседателе. Благодарност до министерот за земјоделие за дадениот одговор на пратеничкото прашање, од кој што може да се види дека конечно и во овој дел луѓето ќе можат да здивнат малку од дивите сечачи и уништувачи на шумите, дека Министерството си ги зема работите во свои раце и во иднина нема да дозволи нелегално богатење на одредени граѓани кои едноставно не сакаат да ги почитуваат законските одредби во државата. Уште еднаш благодарност до министерот. Нема дополнително пратеничко прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Лилјана Затуроска е задоволна од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Го молам пратеникот Лилјана Затуроска да се произнесе по одговорот добиен од министерот за транспорт и врски на прашањето што се однесува на решавање на комуналните проблеми во општина Струга, односно согласно член 43 од Деловникот да го искористи правото да постави дополнително пратеничко прашање во траење од 3 минути. Има збор пратеникот Лилјана Затуроска, повелете.

76/11.-

Page 12: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Лилјана Затуроска: Благодарам почитуван претседателе. Му благодарам на почитуваниот министер за одговорот на пратеничкото прашање поставено на барање на граѓаните на Струга. Пратеничкото прашање може слободно да се подели во два сегменти или во два дела.Првиот дел од прашањето беше поврзано со комуналните проблеми кои што ги имаат жителите во руралните средини, конкретно во Мислешево, Враништа, Дрслаица, Радожда, Ложани, како и руралните населени места во Дримколскиот крај, проблеми за чие рашавање е надлежна општината, според процесот на децентрализацијата, но за жал за овие места тие не се решени и не верувам дека во блиска иднина локалната власт ќе пристапи кон решавање на овие проблеми. Затоа прашањето кое што беше упатено до Министерството со искрена благодарност дека министерството планира да им излазе во пресрет на барањата и реалните потреби на граѓаните, се со цел и во насока на подобрување на условите за живот во овие рурални средини. Вториот дел од пратеничкото прашање е поврзано со инфраструктурните проблеми кои што општината ги има. Конкретно околу плановите на Министерството за реконструкција и санација на регионалната патна мрежа во општината. Добро е да напоменеме и тоа дека регионалниот патен правец Струга- Дебар во должина од 51 км. е целосно завршен, за истиот беа вложени околу 560 милиони денари, значаен правец кој што поврзува три општини и повеќе од 35 села кои што се лоцирани во овој дел. Во одговорот можам да констатирам дека регионалните патни правци Вевчани – Октиси, Глобочица – Јабланица, граница со Република Албанија и патниот правец Струга – Дреслајца, Долно Татешје, Мислодежда, Локов би биле реализирани, завршени согласно годишната програма на Министерството. Искрено се надевам дека дел од овие регионални патни правци ќе најдат и ќе се најдат во програмата за 2014 година. Задоволна сум од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Лилјана Затуроска нема дополнително пратеничко прашање. Пред да преминеме на поставување на пратенички прашања, ве потсетувам дека согласно член 39 од Деловникот на Собранието и член 1 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието, на седницата задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се поставуваат пратенички прашања. До претседателот и членовите на Владата и на другите носители на јавни функции на кои им е поставено усно пратеничко прашање, одговорот

на поставеното пратеничко прашање не може да трае подолго од десет минути.Согласно член 2 од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието, редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозицијата и пратениците во опозиција кои не се организирани во пратенички групи.Според редослед утврден на координација, прв за поставување на пратенички прашања е госпоѓа Радмила Шекеринска, повелете. Радмила Шекеринска: Добро утро господа и госпоѓи министри и господине премиер. Денеска ќе поставам прашање само на една тема со надеж дека овој пат премиерот нема да се обиде да избега од темата и да ја замени со одговори со непоставени прашања. Ова господине премиер е анкетниот лист на еден ваш функционер, симнат вчера од Веб страната на Државната комисија за спречување на кроупција. Ова е анкетниот лист на истиот тој функционер, ама даден во 2008 година, симнат тогаш од Веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата кој денеска нормално не и е веќе достапен на јавноста. Што би рекле, господине премиер, ако ви кажам дека имотот на тој функционер за овие пет години пораснал за нешто повеќе од 1,6 милиони евра и тоа зборувам само за официјално пријавен имот кој не ги зема во предвид и вредноста на фирмите и нивните имоти. Што би рекле господине премиер, кога би ви кажала дека имотот на овој владин функционер за нецели 5 години е дуплиран, повеќе од дуплиран, од 1,1 на 2,7 милиони евра, и повторно зборувам само за официјално пријавен, семеен имот кој не ги зема предвид фирмите. Што би рекле, можеби и најважно господине премиер, ако ви кажам дека функционерот за кој што зборувам е вашиот директор на Управата за безбедност и контра разузнавање и ваш братучед, господинот Сашо Мијалков. Бидејќи веќе можеме да видиме од овие два анкетни листа дека за 5 години работење во државна служба во Република Македонија, возможно е само семејниот имот да се зголеми за 1,6 милиони евра. Дали вие господине премиер знаете колку во исто време е порасната и вредноста на неговите фирми, бидејќи за нив не знаеме ништо повеќе од она што стои во овие анкетни листови. Дури и површен поглед на двата анкетни листа отвара уште некои дилеми. На пример, ја отвара дилемата дали премиерот на оваа држава знае дека државни функционери можат и да пријават имот само по основ на часовници и семеен накит, од верувајте или не 500 илјади евра и уште дополнителни 300 илјади евра само за слики. Дали господине премиер можете да помислите дека во нашата богата

76/12.-

Page 13: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

нели Македонија, државен функционер во само 5 години може само по тој основ да ја зголеми вредноста на тој имот за 10 пати, ама буквално 10 пати. Вашиот директор на Управата за безбедност и контра разузнавање и братучед, пријавил дека земал половина милион евра по основ на продажба на оснивачки влог на фирма и уште половина милион евра за продажба на сопственички удел во странска фирма. Еве ќе ги погледнете тоа се податоци достапни вчера на веб сајтот на Државната комисија за спречување на корупција, но еве го анкетниот лист од 2008 година, на истиот човек, на истиот директор и на истиот братучед, ќе видите дека очигледно и функционерот и Владата очекувала дека никој нема да го чува баш тој анкетен лист и бидејќи јавно не е достапен дека овие математики нема да можеме да ги направиме. Е, па, како е возможно во анкетниот лист 2008 година, истиот функционер да пријавува само еден сопсвенички удел и тоа само во домашна фирма. Како е возможно денеска тој да тврди дека земал не цели милион евра за продажба на удел на две фирми, а во исто време во денешниот анкетен лист да пријавува дека се уште е сопственик не на една, не на две, туку на четири фирми, две домашни и две странски. Значи, вака е математиката. Имал една фирма, продал две, а денеска е сопственик на четири фрими. Кажете ми господине премиер која е оваа ДПМНЕ математика? Дали господине премиер вашиот директор ја манипулирал, ја лажел македонската јавност и Државната комисија во 2008 година или ја лаже Државната комисија и македонската јавност денеска во 2013 година, и едното и другото се сериозни законски прекршувања.Кој е тој бизнис господине премиер кој што на вашиот директор, функционер, братучед, државен службеник, само на приватна сметка и само врз основа на лично пријавениот семеен имот, секоја година му носи над 19 милиони чиста заработувачка? Кој е тој бизнис, би било добро да се знае во оваа сиромашна Македонија? Кој е тој бизнис, господине премиер кој на вашиот директор, функционер и прв братучед му носи само на приватна сметка, велам и само пријавеното во анкетниот лист околу 1000 евра дневно, лична заработувачка или профит, а притоа, зборуваме за човек кој што е државен службеник. Најважно од се, дали сметате дека има некаков проблем кога во една држава шефот на тајната полиција и близок роднина на премиерот, кој е во исто време и државен службеник и приватен бизнисмен, заработува огромни суми пари, кои праткично за неколку години значат дуплирање на имотот и тоа само оној кој што тој решил да го пријави. Би било транспарентно и би било корисно наместо овие неточни или да речам лажни информации во Македонија дознаеме кој се тие фирми кои што Мијалков ги продава, а сепак остануваат во негови раце? Кој се тие фирми кои што ги продава, а сепак му носат профит и лична

заработувачка од само, друи 1,6 милиони евра за само 5 години. Како гледате, господине премиер кога еден ваш успешен државен службеник има една, продава две, а на крај останува со четири приватни фирми? Како едно успат прашање, како успева сето тоа да го направи и да биде успешен државен службеник и функционер и приватен сопственик, кога согласно судовите во Македонија тој не може сосема самоуверено да се вклучи во секојдневните релации. Има зголема психичка тензија испреплетена со низа ескплицитни и имплицитни притисоци, има необјаснави и несвојствена за него вознемиреност и лутитост, има чувство на анкциозност и депресивност. Човек во Македонија анкциозен и депресеивен ако математиката е ваква каква што вели денешниот анкетен лист на блискиот роднина на премиерот и директор на тајната полиција. Да резимирам, имам само две прашања, кои што очекувам а мислам дека и јавноста очекува да дадете конктретни, едноставни и јасни одговори. Кој е тој бизнис во Република Македонија и во странство со кој се занимава директорот на тајната полиција во Македонија, а кој што му овозможил за така кратко време да си го дуплира своето богатство. Кој е тој бизнис кој што го води вашиот прв братучед кој што му овозможил за кусо време да пријави дополнителен имот од 1,6 милиони евра.Второто прашање што го имам е сосема кусо, ако не можете усмен би ценела и пишан одговор. Имено, се погласни се информациите од граѓани кои што живеат во населбата Водно, дека истиот функционер и ваш близок роднина живее во нивната населба. Патем речено таа стан, куќа или зграда во овој сегашен анкетен лис сеуште не е пријавена. Би ценела господине премиер до колку не информирате каде точно живее точно директорот на тајната полиција во Република Македонија, дали е тоа улицата Славејко Арсов и како е возможно директорот на тајната полиција и вашиот братучед да живее во стан кој не му е, или куќа или зграда, кој не му е пријавен ниту во анкетниот лист, ниту во никој друг официјален документ. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Госпоѓа Радмила Шеќеринска постави две пратенички прашања до претседател на Владата на Република Македонија.По однос на првото пратеничко прашање одговор ќе добиете од претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Никола Груевски.Никола Груевски: Благодарам на прашањето. Секој функционер согласно закон да внесува податоци во анкетнит листови кои што се доставуваат до соодветните институции и колку што знам сите го имаат тоа направено и посочениот госпоѓа Шеќеринска, Сашо Мијалков. За сите детали околу тоа што госпоѓа Шеќеринска ја интересира со обзир дека тој не е

76/13.-

Page 14: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

тука присутен во салата, тој ќе си одговори соодветно и јавно, така што јас не можам да одговорам за детали на било кој функционер од државата кој што поднел анкетен лист, како дошол до средствата, како ги заработил итн. Она што го знам е дека долг период посочената личност Сашо Мијалков беше во приватен бизнис пред да стапи на оваа функција, но најдобро е тој да си одговори на соодветен начин на овие поставени прашања, бидејќи има многу детали за кои што праша госпоѓата Шеќеринска за кои што верувам дека тој на најдобар можен начин ќе си одговори. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Само да ја замолам госпоѓа Радмила Шеќеринска пред да прашам дали е задоволна или не да ја потсетам одредбите од Деловникот дека пратеникот има право на претседателот на Владата на Република Македонија, на член на Владата на Република Македонија и на други носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието да ви постави прашање што се однесува на нивната работа или на работата од нивната надлежност. Јас да ве потсетам. Ве молам не се вознемирувајте.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање?Има збор пратеникот Радмила Шеќеринска, повелете.Господине Игор Ивановски ве молам да се сослушаме, еве јас ќе си ја гледам работата, гледајте си ја и вие работата. Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање?Има збор пратеникот Радмила Шеќеринска, повелете.Радмила Шекеринска: Нека не се нервираат моите колеги пратеници, Вељаноски многу повеќе му должи на Мијалков и нормално дека ќе стане да го заштити. Меѓутоа господине премиер да ве информирам дека дури и некој да посакал да и постави вакви едноставни прашања на ваквите функционери се случува со вашиот братучед или директор на тајната полиција невозможно е тоа да се случи. Имено, господинот претпоставувам е единствениот функционер кој што согласно закон би тербало, но никогаш не се појавил на Комисијата која што е задолжена за следење на неговата работа. доволно е да се види денешното прашање и денешниов ваш неодговор за да се сфати зошто директорот на тајната полиција тајно ни јавно не се појавил во македонското Собрание. Меѓутоа господине премиер вашиот, не сега обид, туку вашето бегање од било кое прашање на оваа тема покажува дека работите се многу трули и дека Македонија има сериозен проблем, ако во една држава имате директор на тајна полиција за која неговиот премиер и неговиот братучед не знаат со каков бизнис се занимава. Пазете очигледно е опасно дури и да се каже бизнисот кој го води

дотичниот директор на тајната полиција, а камоли да се влегува во детали. Но знаеме дека само преку ноќ не во 1998 година, не во 2003, туку помеѓу 2008 и 2013 година тој како директор на тајната полиција со нејасен бизнис необјавени потекло на приходи успеал да си го дуплира својот имот и денеска премиерот единствено што може да го каже на оваа тема и денеска премиерот единствено што може да го каже на оваа тема не е ќе се распраша, не е како возможно осум години премиерот тоа да не го знае, туку вели знаете како тоа не е моја тема. Па чија тема е господине премиер да знаете кој е оној кој ја води тајната полиција па макар и не ви бил роднина, а ако ви е роднина, малку повеќе. Чија работа да се каже во оваа држава како е возможно државен функционер за пет години да заработи 1,6 милиони евра само од пријавените во овие фирми кои вие не ги знаете со што се занимаваат Господ знае колку пари лежат. И на крајот мислам денешниов ваш неодговор по првото прашање и денешната ваша одлука да молчите на овие теми покажува дека можеби јавноста оправдано многу го критикува Мијалков, неоправдано многу го доведува Сашо Мијалков во врска со се и сешто. Очигледно е дека вашето денешно бранење негово дека тој всушност е само чуварот на семејната каса, главниот корисник, главниот донатор изгледа сте вие господине премиер. Немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам.Немам дополнително прашање, не задоволна од одговорот.Второто прашање е исто така упатено до претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Никола Груевски. Одговор ќе добиете од господинот Никола Груевски претседателот на Владата на Република Македонија, повелете.Никола Груевски: Благодарам. Значи како што кажав и претходно посочената личност ќе си одговори соодветно на сите прашања.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање?Има збор пратеникот Радмила Шеќеринска, повелете.Радмила Шекеринска: Ова е можеби јасен одговор зошто господинот директор на тајната полиција и прв братучед на премиерот е сепак е директор на тајната полиција, а не министер за внатрешни работи, оти како министер кај и да е еднаш ќе мораше да дојде овде и ќе можевме директно да му ги поставуваме овие прашања. Меѓутоа барем сметавме дека ќе биде непријатно за еден премиер да каже дека не знае каде живее и што поседува неговиот прв подржувач, неговиот прв роднина во Владата членот на Извршниот комитет ако не се лажам на ВМРО

76/14.-

Page 15: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

ДПМНЕ и човекот кој се доведува во врска за многу работи во оваа наша држава. Ќе кажам уште еднаш фактот дека денеска премиерот на оваа тема за која многу се говори, за која многу се шпекулира и за кои многу луѓе се плашат да говорат неговиот молк денеска на оваа тема покажува дека господинот Мијалков е само продолжената рака и дека тој е тука само да се грижи за семејниот имот на премиерот и првата група околу него. Јас сум свесна како што и ми кажале и многу луѓе дека поставувањето на вакви директни прашања кон премиерот или во јавноста може да биде многу ризична работа господине премиер и вие сметате дека тоа не е проблем. вие сметате дека Македонија и понатаму треба да продолжи да молчи на темите каде одат милиони корупција и криминал во оваа држава. Ако погледнете неколку анкетни листови на вашите функционери се ќе ви стане јасно. Меѓутоа ако јавноста ве погледне како денеска молчевте срамно на овие прашања ќе им стане јасно дека не се само нивните анкетни листови проблем. Вашиот анкетен лист ако не се лажам е ист како во 2008 или 2006 година, ама има за вас кој да ги собира парите. очигледно дека овие анкетни листови се банкарските гаранции за Никола Груевски. Благодарам немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам.Немам дополнително прашање. Следен за поставување на пратенички прашања според редоследот утврден на координација е господинот Беким Фазлиу, повелете.Беким Фазлиу: На самиот почеток апелирам до министрите да одговорат на истите пратенички прашања. Јас ќе апелирам со Трајко Вељаноски да одговори на моето прашање во однос на минатиот месец со Сузана Салиу. Значи ви треба еден месец сеуште не сте одговориле зошто Сузана Салиу не претседава со пленарни седници на албански јазик. Затоа ова примете како сугестија, на крајот на краиштата ти не си виновен виновни се овие од ДУИ и кога сме кај ДУИ сервилноста е мода, култура за овие од ДУИ. Начин на однесување е начин на размислување и начин на постапување. Со други зборови сервилноста достигна да интервенира во карактерот на овие луѓе и ако не се однесуваш како послушен ако не говориш како послушен, ако не размислуваш како послушник на ДУИ се сметаш како непогоден и некултурен. За жал во оваа Влада одлучуваат овие луѓе за Албанците послушници и без идеали. Почитувани граѓани, независно на размислувањата на овие од ДУИ ние ќе продолжиме да ја зборуваме вистината, колку да е сурова и брутална да изгледа истата затоа што секој наш збор не може да биде посуров о побрутален од делата на ДУИ во однос на Албанците. Ќе продолжуваме на крадецот да го нарекуваме крадец, на манипулантот манипулатор и на крајот на предавникот предавник. Но, бидејќи времето е суверен на

сите нешта еве секојдневно времето за факти се демаскираат антиалбанските работи на ДУИ, се демаскираат измамите. Овие денови актуелна е дебата која се одржува околу Извештајот за напредокот на Европската комисија на Македонија за 2013 година. Сведоци сме.... Трајко Вељаноски: Само кажете за кого е прашањето, за да може да одговори тој што треба.Беким Фазлиу: На крајот ќе ви кажам до кого е прашањето. Еве има 10 минути нека се подготви. Во последно време актуелна е дебатата која се води околу Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2013 година, се подразбира за кого се упатува. Сведоци сме на една агресивна кампања за овој Извештај. петкратниот неуспех на овие од Владата, посебно на овие од ДУИ под секој услов сакаат да ни го престават како успех со тврдоглавост го бранат овој неуспех. На чело на оваа трагикомедија е ДУИ затоа што тие раководат со евроинтеграциите, значи Фатмир Бесими и самиот Али Ахмети и самиот Али Ахмети. Значи целосно неуспешно овие двајца кај Албанците фатмир Бесими 10 години министер не се помни за ниеден проект за Албанците, овој другиот Али Ахмети исто толку години е претседател на ДУИ. Тотално неуспешна партија која се помни само за штетите кои се однесуваат на Албанците и со еден сосема несериозен пристап од манипуланати овие двајца бегајќи на отчетноста за работите, проблемите и маките на Албанците овде себеси си дадоа други приоритети „евроинтеграцијата“, без да знаат што значи евроинтеграцијата и едниот мислеше дека со екскурзијата на неколку во Европа и да се сликаш кај кулата во Париз си ја завршил работата во Европа, а другиот Фатмир Бесими мислеше дека така како што е сервилен овде во Македонија и со сервилност може да се стигне во Европа и двајцата не успеаја. Но во ова немаше успех кај претставниците на Европската унија, согледувајќи го несериозниот пристап и дека извештајот се чита опачки и во Македонија и се принудија да излезат од дипломатскиот речник и дека не разбираат што се пишува во тој извештај, тие тоа ни го кажуваа в лице. Требаше Ховит, рече три пати дека Македонија има сериозни проблеми со исполнувањето на основните Копенхакешки критериуми во однос на демократијата, владение на правото, слобата на правата и почитувањето на малцинставата како и регионалната соработка итн.Специјала за овие од ДУИ се говори и за Охридскиот договор, при што се вели, од 2001 година имате Охридски договор и сега во 2013 година сеуште ви треба напредок за системски прашања во врска со децентрализацијата, недискриминацијата, правичната застапеност, употребата на јазикот, знамето, образованието, што со други зборови значи дека вие не сте оствариле ништо од тој догоори практички овој договор е мртов. Што значи, на самиот крај дека напредокот озборуван

76/15.-

Page 16: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

во овој извештај е само мит. Слободата и демократијата се дух, правдата илузија и Владата само едно разочарување. Овеи денови актуелен е ребалансот на буџетот, бидејќи овој овогодишен буџет како и сите други буџети претходни од Владата ВМРО – ДУИ е воглавно атни албански буџет, пратеничката група на ДПА да ја подобри колку толку ситуацијата, предложивме амандмани и баравме до крајот на оваа година да се донесат 100 милиони евра и да се инвестираат во Албанските населени места, за патна инфраструктура, водовод, канализација итн. Се побараа средства за Музејот на азбуката, за институтот, за културно и духовно наследство на Албанците, за театарот и библиотеката во Тетово, за Албанскиот театар во Скопје. Овие средства се бараат да се скратат од проектот Скопје 2014 година. Од Музејот на ВМРО, од Министерството за култура и јавно им рековме ако прифатат некој наш амандман, вие од ДУИ слободно отидете и исечете ја лентата за да завршите некоја работа, но што се случи. Се случи како поговорката. Луѓето кои ја касаат раката на тој што ги храни, ги лижат чевлите на тој другиот. Заменикот министер ги отфрли сите наши амандмани Ардијан Џеладини, пратениците на ДУИ, поточно ја бранеа дискриминацијата на Албнците, заборавајќи го фактот дека Албанците во Македонија се борат за крока леб и за егзистенција. Причината на економската дискриминација, сиромаштијата и рекетот кој им се нанесува од страна на оваа Влада. Пратениците заборавија дека станува збор за трудот и потта на Албанците при што придонесува секоја година во овој буџет од над една милијарда евра. Тие сервилни до крај подржаа со овој ребаланс да се доделат средства на МАНУ, Стариот македонски театар, Скопје 2014 година. Тие прифатија да се скратат средствата наменети за вработување на Албанците од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор и да се доделат на Музејот на ВМРО. Ова е културата и цевилизациското однесување на службените лица на ДУИ. Го ограбија својот народ и слжи им на ВМРО. Каква среќа за ВМРО. Министрите на ДУИ не мислат тие само слушаат и ги исполнуваат наредбите на Груевски. Пред неколку дена исто така, слушнавме за наредниот скандал се прогласи виновник од судот, баба Фериде за недозволено носење оружје. Жена Албанка во години се прогласува виновник за недозволено носење на оружје. Еден рече, што може да очекуваш од Министерот за правда Блерим Беџети кој знае да седи само да се шета по ноќните клубови, но ние секогаш кога говориме нешто велиме дека, ни велите дека сме некулурни. Еве вие што имате толку кулутра кажете ми, како е можно до сега да не се расветли ниту еден случај на тепањата на учениците Албанци. Како е можно да се казнува Баба Фериде за недозволено носење на оружје? Како се вели ова поинаку со култура? Не се вели

политички аморалитет, не се вели селективно судство. Имаме полно случаи при што се навредуваат Албанците. При спортски натпревар се запали Албанското знаме. Никој до сега не излезе пред судството за овие случаи. Еден случај во Струга при што еден Албанец го запали знамето на Македонија во рекордно време се казни и денес издржува казна затвор. Ве молам вие кои имате толку култура кажете ми како да ги кажеме овие нешта. Има уште многу други нешта да се кажат кога се работи со овие од ДУИ. И, затоа секојдневно функционерите на ДУИ се скандал самите за себе и тие се ужас за самите Албанци. Слушајте ме добро, во знак на револт од навредите на Институцијата Пратенички прашања, со автоматизам значи навреда и потценување за Албанците денес нема да поставам ни едно прашање на никого затоа што не заслужуваат да им поставам прашање. Треба да одговорат за прашањата од судството што сме ги поставиле претходно.Трајко Вељаноски: Колеги пратеници, некогаш некој Институтот што му е дозволен да го злоупотребува, да бидеме коректни се вика Пратенички прашања, не се вика пратенички монолог.Продолжуваме понатаму.Госпоѓа Вјолца Мехмети Нуредини има збор, повелете.Вјолца Мехмети Нуредини: Благодарам почитуван претседател.Почитуван премиер, почитувани министри, почитувани колеги пратеници,Одлучив да поставам две пратенички прашања и тоа првото прашање ќе го упатам до господинот Владимир Пешевски заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања. Второто прашање ќе го упатам до господинот Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање.Првото прашање што ќе го упатам до господинот Владимир Пешевски е во однос на Комбинатот Осломеј во Кичево. Се обраќам на господинот Пешевски затоа што тој беше еден од претставниците на Владата на Република Македонија кој што превзеде обврска да почне разговори со Управата на Рударско енергетскиот комбинат во Осломеј како и со локалните жители на овој регион. Како пратеник од оваа област јас превзедов обврска да го поставам првото прашање и тоа првично сакам да образложам неколку податоци во однос на РЕК Осломеј за потоа да можам да го прецизирам и прашањето за кое што ќе го чекаме и одговорот. Во прв ред би сакала да истакнам дека РЕК Осломеј се наоѓа или пак неговата локација е во населено место каде што населението е од албанска етничка припадност и имајќи предвид дека овој Комбинат ги изведува своите работи со децении и тоа во прв ред експлоатирајќи руда, јагленова руда која што е суровина за електрична енергија. Во прв ред се изврши експропријација на имотите

76/16.-

Page 17: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

на жителите од овој дел. Ќе почнам од поранешниот југословенски систем сакајќи постепено да ги проследам сите неправди што се нанесени на жителите од овој дел и се разбира до крај го објаснам прашањето што сакам потоа да го поставам. Во текот на поранешниот систем експропријацијата на имотите на жителите се правеше во, да кажам минимален или смешен износ, а се разбира во последно време со осамостојувањето на Република Македонија експропријацијата на имотот се правеше со реални вредности ако и случаи или примери каде што експропријацијата на имотите што се правеше во 2011 година се уште не е завршена и се разбира дека ова предизвикува револт кај жителите од овие делови. Имајќи го предвид фактот дека јагленовите резерви кои што сега веќе се експлоатираат во рудниците значи се очекува да продолжат работите во Комбинатот до 2015 година, што значи дека по 2015 година ќе треба да се најде друго решение доколку сакаме да продолжи работата на Рударско енергетскиот комбинат во Осломеј. За да оже да продолжи работата во РЕК Осломеј во прв ред ќе треба да се направат истражувања на соодветниот терен каде што ќе можат повторно да се врши експлоатација на јагленова руда со цел да продолжи и работата на РЕК Осломеј. Ова е еден од главните проблеми за жителите од овој дел. Значи тие претрпеле многукратни неправди. Им е одземен имотот во кој што во најголемиот дел е земјоделска површина од прва категорија, останале без работа, без егзистенција и со децении се принудени жителите на овој дел да го напуштат својот роден крај со цел да обезбедат егзистенција во другите земји. Од друга страна имотот кој што е експропреиран и е искористен за експлоатација на руда односно плодното земјиште не е повторно рекултивирано. Ако се направеше тоа ќе беше во прилог на сето население затоа што можеби ќе се дадеше можност жителите во една блиска иднина да може да вратат дел од имотот со повторно купување или пак можеби самиот РЕК Осломеј ќе имаше можност истото земјиште да го даде под концесија на заинтересирани лица кои што би имале можност да го обработат истото земјиште. Значи првата неправда е одземањето на плодното обработливо земјиште и неможноста за обезбедување на егзистенција за семејствата. Другата неправда која што се прави со децении на жителите од овој дел е минималната застапеност или можеби симболична застапеност на вработените во РЕК Осломеј. Во 2007 година локалното население беше организирано и формираше одбор на протести или совет на протести. Неколку дена по ред протестираа и во тоа време во соработка со Општина Осломеј со општинскиот совет и со Управниот одбор на ЕЛЕМ постигнаа некој договор со цел постепено да се почне со вработување на албанското население со приоритет на жителите од тој дел со цел да се постигне соодветна застапеност на вработените во РЕК Осломеј. Првично неколку вработувања беа реализирани, меѓутоа гледаме дека динамиката на вработувањата која што

беше предвидена во тоа време нема целосно да се оствари. И тука би сакала да го истакнам и случајот кој што го имавме во 2012 година, објавување на конкурс за 20 волонтери кои што би се вработиле подоцна во Комбинатот во Осломеј. Конкурсот беше објавен на 23 јули 2012 година во весникот Лајм и Вечер за 20 волонтери од кои што 14 беа со високо образование а шест со средно образование. Одлуката за прием на овие волонтери од Управниот одбор на ЕЛЕМ се донесе на 28 септември 2012 година. Волонтерите почнаа со својата работа. Договорот беше за шест месеци и кога завршија шесте месеци им се продолжи договорот уште за дополнителни два месеци и кога завршија овие два месеци едноставно тие волонтери останаа на улица. Да не должам повеќе затоа што да говориш за РЕК Осломеј можеби ќе бидат потребни многу денови. Јас на крајот би сакала да го прецизирам конкретното прашање за господинот Пешевски и тоа првично сакам да добијам одговор во однос на застапеноста на Албанците на вкупно ниво во ЕЛЕМ и посебно и на локално ниво и тоа се разбира во каква позиција се тие. Тоа што најмногу ме интересира посебно и граѓаните или пак жителите од тој дел е на кој начин ќе се остварат политиките на новите вработувања кога се знае дека има потреба од нови вработувања и каква ќе биде судбината на РЕК Осломеј по 2015 година кога се претпоставува дека јагленовите резерви експлоатирани до сега, сега се веќе при крај.Сега ќе продолжам со второто прашање значи од ТЕЦ Осломеј ќе излезам кај хидроцентралите и ќе поставам прашање до господинот Абдилаќим Адеми министер за животна средина и просторно планирање и конкретното прашање следи: Кога планира Министерството за животна средина и просторно планирање да го објави шестиот тендер за доделување на концесии за малите хидроцентрали. Дали се почнати активностите за остварување на овој тендер. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Госпоѓа Вјолца Мехмети Нуредини постави две пратенички прашања. Првото прашање до заменик претседателот на Владата на Република Македонија господинот владимир Пешевски и,Второто прашање до министерот за животна средина и просторно планирање господинот Абдилаќим Адеми.По однос на првото прашање одговор ќе добиете од заменик претседателот на Владата на Република Македонија господинот Владимир Пешевски, повелете.Владимир Пешевски: Благодарам претседателе.Благодарам на пратеничката за поставеното прашање. Ако не се лажам мислам дека имаше две прашања. Едното кон мене упатено, едното беше во однос на застапеноста, каква е структурата на вработените во ЕЛЕМ, а второто прашање што ќе се случува со Осломеј по 2015

76/17.-

Page 18: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

година. Ако се согласувате дека се две прашања би ги одговорил посебно.Трајко Вељаноски: Не, во едно одговорете за двете прашања.Владимир Пешевски: Добро, за првиот не ја знам точно застапеноста. Се работи за технички податок кој што може да се побара од ЕЛЕМ, еве во писмена форма ќе биде доставен одговор од мене во однос на тоа каква е астапеноста во ЕЛЕМ бидејќи сега во моментов не располагам со тој податок.Во однос на вториот дел од прашањето еве така да го наречеме, што ќе се случува со Осломеј по 2015 година. Тоа е прашање кое што навистина треба да си го поставиме сите особено и оние кои што потекнуваат од регионот на Осломеј. Имено во самиот начин како беше поставено прашањето се направи еден обид да се даде еден осврт на тоа што се случувало и кога почнале еве така да ги наречеме проблемите на локалното население. Мислам дека непотребно му се дава една нота на целото прашање или на целиот проблем дека се работи за прашање кое посебно ги тангира Македонците или посебно ги тангира Албанците. Мислам дека прашањето на Осломеј е прашање кое што ги тангира сите граѓани на Република Македонија, а она локално население кое што е таму независно дали е македонско, турско, албанско или друго, се соочува со локалните проблеми и предизвици кои што ги носи имањето на еден ваков објект. За жал јас не можам да ја сменам историјата за тоа кога и на кој начин била направен експропријацијата на земјиштето иако овие аргументи ги имав слушнато од локалните жители таму, но тоа што се правело во Осломеј се правело на територијата на тогашна цела СФРЈ и еве ако гледаме на територијата на Македонија во тоа време Република Македонија и во многу поголем обем кај некој многу поголеми енергетски комбинати. Ако го погледнете Комбинатот РЕК Битола тој е три пати поголем од РЕК Осломеј. Целиот проблем таму е неколку кратно поголем и од апсолутно иста природа како овој во Осломеј. Се работи за голем енергетски објект кои што се наоѓаат во рамница каде што имало плодно земјиште кое било одземено и потоа на тие места се направил рудник. Од аспект на ефектите што функционирањето на еден ваков комбинат ги има врз локалното население точно е дека во минатото не се водело премногу сметка, кога кажувам минатото зборувам во времето кога биле отварани 70-тите, 80-тите години на минатиот век кога се граделе. Она што денеска го прави РЕК Осломеј подобар во однос еве да го споредиме со РЕК Битола таму ЕЛЕМ направи една поголема инвестиција каде што за прв пат со цел да се намали загадувањето врз околината околу Осломеј се воведе систем за така наречено водено одложување на прашината односно таа не се пушта слободно во воздух туку се меша со вода и потоа таа не се разлетува е се подлага како цврст материјал со што во огромна мера се намалуваат негативните ефекти од

загадувањето. Рекултивацијата е секогаш добра да се направи но треба да се постави прашањето колку таа ќе чини и што со тоа ќе се добие. Значи повторно како концепт е убаво да се размислува во насока дајте да ја рекултивираме земјата кај секој рудник не зборувам сега само за Осломеј. Има голем број на рудници каде што го имаме овој проблем. Добро е да се врати земјата во првобитна состојба но прашањето е кој тоа ќе го плати. Одговорот е - ќе го платат граѓаните на Република Македонија и тоа директно ќе биде рефлектирано во трошоците на ЕЛЕМ доколку се направи во голем обим односно ќе биде рефликтирано во цената на електричната енергија. Иако постојат обиди во таа насока сепак тоа земјиште било експроприрано на времето и сега се држи во состојба повторно да не предизвикува посериозни проблеми. Го разбирам и прашањето во однос на тоа дека треба да се стави поголем акцент на вработувањата на луѓето од непосредна околина на рудникот. Повторно како концепт тоа звучи добро, но прво тоа е против уставно бидејќи сите граѓани на Република Македонија за секое работно место имаат еднакви фер шанси за да го добијат тоа вработување. Но еве, да не биде дека сега се затскривам зад некаков политички одговор уште во протестите што биле 2008 година кога јас воопшто не сум бил вклучен ниту сум бил дел од Владата направен бил договор со кој што била дадена некаква предност при ангажирањето на локалното население. И, колку што ми е мене познато 100 вработувања веќе се реализирани во Осломеј односно 100 вработувања на луѓе кои што се во непосредна близина на самиот енергетски комбинат.Во однос на прашањето за волонтерите тоа прашање за тие волонтери подеднакво важи не само за волонтерите во Осломеј туку за сите волонтери кои што работеа и во ЕЛЕМ но и во другите државни органи. Добивањето на статус на волонтер не значи дека некој се стекнува со право да тој статус утре по автоматизам се трансформира во работен однос. Исто така статусот волонтер значи дека и во секој момент оној орган кој што го ангажирал лицето како волонтер има право и истото да го ослободи од анганжманите за кој што бил ангажиран. И тоа се случуваше не само во Осломеј туку во речиси сите позначајни енергетски објекти каде што ЕЛЕМ во еден период имаше примено волонтери и не само во ЕЛЕМ насекаде каде што имаше луѓе со таков статус. Во однос на тоа што ќе се случува со Осломеј во 2015 година тоа е релевантно прашање како што реков не само за локалното население туку за сите жители во Република Македонија бидејќи наша одговорност е да обезбедиме колку што е можна поголема енергетска независност на Република Македонија, односно електричната енергија во државата да се произведува колку што е можно повеќе од објекти кои што се наоѓаат во државата се разбира под предуслов дека тоа економски е оправдано. Во случајот на

76/18.-

Page 19: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

осломеј доколку не се обезбеди продолжување на работата на рудникот кој што во овој момент во крајна фаза на експлоатација на постоечките резерви односно доколку не се овозможи отварање на ново рудно тело, а токму тоа е предмет на разговори со локалното население, Осломеј ќе се соочи со две можни сценарија. Или да најде друг извор на лигнит бидејќи таква е технологијата на термоцентралата, дали тоа ќе биде од некоја од соседните држави или ќе се носи од РЕК од Битола или ќе се увезува од странство, па ќе се прави тука дополнителна пруга со цел да се обезбеди снабдување со јаглен независно која од овие варијанти, но тогаш тоа е една од опциите, значи да продолжи со работа енергетскиот комбинат Осломеј но не со користење на локална руда. Втората опција би значело затворање на рудникот РЕК Осломеј. Но двете опции значат намалување на бројот на вработувања во РЕК Осломеј. Во едниот случај целосното затварање би значело дека поголем дел сепак поради безбедност и други причини еден дел ќе останат на работа но поголем дел ќе ги загубат работните места. Во случај доколку рудата се носи од друга локација, значи не од Осломеј, тогаш ќе значи намалување на бројот на работни места во РЕК Осломеј. Во двете варијанти нето ефектот ќе биде зголемување на цената на електричната енергија за сите граѓани на Република Македонија. Но, сепак, јас сум оптимист дека разговорите што ги почнавме во кое што се вклучени и политички претставници на локалното население ќе ги активираме во следниот период и дека ќе најдеме решение да биде направена фер, разумна експропријација на земјиштето каде што можат да се отворат овие рудници, дека со тоа сепак ќе се отворат можности и за отворање на нови работни места за кој што верувам дека со квалификациите што ги имаат ќе имаат одлични шанси и би требало се разбира голем дел од тие работни места да припаднат на локалното население. Сепак, притоа ние ќе мораме да водиме сметка и за нивната стручност и дека сепак новиот рудник на РЕК Осломеј со заемна согласност и на ЕЛЕМ и на локалното население ќе биде отворен на задоволството на сите и дека РЕК Осломеј ќе продолжи со работа. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Дали пратеникот е задоволен од одговорот односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор госпоѓа Нуредини Мехмети Вјолца, повелете.Вјолца Нуредини Мехмети: Благодарам. Во целост не сум задоволна од дадениот одговор, охрабрувачки беше само последното дека ќе се обидете на некој начин да постигнете компромис со локалното население со цел да се реализираат сите работи како што требаат било да се работи за експропријацијата на имотот во иднина со цел да продолжи со работа РЕК Осломеј бил во однос на идните вработувања.

Јас би сакала да истакнам уште еднаш дека чувствувам обврска како претставник на тие граѓани да ја проследам оваа мака до тука затоа што жителите навистина страдале, претрпеле големи последици од работата на РЕК Осломеј и мислам дека е крајно време оваа неправда што им е нанесена со децении сега постепено и да се коригира. Благодарам. Немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеничката Вјолца Мехмети Нуредини е делумно задоволна од одговорот, но нема дополнително пратеничко прашање.Второто прашање е упатено до министерот за животна средина и просторно планирање господинот Абдилаќим Адеми, одговор ќе добиете од министерот, повелете.Абдилаќи Адеми: Благодарам претседателе.Благодарам пратеничке за вашето поставено прашање. Според Законот за води, но и според Законот за концесии и јавно приватно партнерство Министерството за животна средина и просторно планирање имаше пристап до изготвување на физибилити студија за оправданоста на огласот јавен повик или тендер за изградба на мали хидроцентрали во Република Македонија. Како што сте и вие известени оваа постапка или оваа надлежност до сега односно до 2011 ја имаше Министерството за економија која огласи пет тендери до сега, а за наредниот тендер, шестиот тендер надлежно е Министерството за животна средина и просторно планирање и токму поради ова сме изготвиле и физибилити студија. Студијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење на количината на водата во секој период од годината со квоти каде може да се изградат овие мали хидроцентрали, но и со имотно правните прашања, со прашања од правен и технички аспект, за идните концесионери и сакам да подвлечам дека оваа студија не само што е сеопфатна туку ќе биде и големо олеснување за тие што се заинтересирани да конкурираат и да градат хидроцентрали во идниот период. Ние го искористивме досегашното искуство на Министерството за економија и во соработка со Министерството за економија, но и со други институции, со Министерството за транспорт и врски и општините формиравме една работна група која ги зема во предвид досегашните искуства и отстранувањето на негативните искуства од досегашните тендери. Но, и во контакти со актуелните концесионери со цел да ги отстраниме сите нерегуларности односно сите негативни ефекти со цел да имаме успешни тендери и поголем интерес. Сакам да ве известам дека огласот се чека да се огласи во крајот на 2013 години и сигурно ова ќе трае некаде околу 90 дена и за самиот факт што заинтересираните страни да можат да ги посетат локациите и ако имаме студија, но да ги имаат предвид сите активности и заинтересираните конкуренти да бидат посигурни за да конкурираат

76/19.-

Page 20: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

за огласот. Од остварувањето на овој тендер се очекува да се постигнат неколку цели и тоа да имаме директни надворешни инвестиции, да имаме директно влијание во економскиот локален развој затоа што еден дел од приходите од концесијата ќе бидат за општините каде е локацијата за малата хидроцентрала да искористиме рационално обновливите извори на енергија во овој случај на водата, но исто така да дадеме директен придонес во намалувањето на количината на емитување на јаглен двооксид да успееме поголем процент на електричната енергија која се произведува од обновливи извори и на овој начин да ги исполниме определбите во енергетската стратегија на Република Македонија до 2020 овој процент да достигне 21%. Значи искористување на обновливи извори за производство на електрична енергија. Сакам да ве известам дека до сега се потпишани од Министерството за економија затоа што тие до сега беа надлежни 65 договори, изградени се 17 мали хидроцентрал, до крајот на годинава се очекува да се изградат уште 16 други во соработка и со АФС изготвуваме и една веб-страна посебна веб-страна за мали хидроцентрали при што ќе бидат сите податоци вклучувајќи ја и последната физибилити студија и ова ќе биде алатка за комуникација и за директна информација на сите тие кои се заинтересирани да конкурираат за овие мали хидроцентрали. Се надевам дека наредниот тендер кога ќе се огласи на крајот на годината да имаме повеќе заинтересирани и да биде успешен и бројот на хидроцентрали и директните инвестици да биде во пораст.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Дали пратеникот е задоволен од одговорот односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор госпоѓа Нуредини Мехмети Вјолца, повелете.Вјолца Нуредини Мехмети: Благодарам. Благодарам министре за дадениот одговор, јас сум задоволна од одговорот што го добив се надевам дека успешно ќе се реализира тендерот и немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам. Тука ја прекинувам седница, продолжуваме во 15,00 часот.(По паузата)Трајко Вељаноски: Продолжуваме со работа.Според редоследот утврден на координација, следен за поставување на пратенички прашања е господинот Благоја Стојановски, повелете.Благоја Стојановски: Почитувани граѓани да бидам иако искрен првичната намера ми беше овие три прашања да ги поставам на премиерот Груевски, меѓутоа искрено да ви кажам, кога видов дека всушност премиерот не знае ни неговиот братучед Сашко Мијалков каде живее, се одлучив овие прашања да ги поставам едно на

министерот за финансии и две на министерката за внатрешни работи.Се работи за следното. На вчерашната седница на Собранието на Република Македонија, дојде еден закон во скратена постапка за гаранција на Република Македонија за заем за модернизација на котли во РЕК Битола на еден блок во висина од 25 милиони евра. И се за што се работи би сакал да го прашам министерот за финансии. Дали знаете дека во 2008 година, кога е распишан тендер за модернизација на агрегатите и на котлите во РЕК Битола имаше понуда која што беше енормно пониска и технички прифатливо во однос на она што денес АД ЕЛЕМ го одбира како изведувач. Имено , во 2008 година на тендерот се јавува фирма која што после преговорите и сите филтри во 2009 година дава конечна понуда за модернизација за турбините и агрегатите и модернизацијата на котлите во вкупна вредност од некаде 60 милиони евра. АД ЕЛЕМ избира изведувач само за модернизација на агрегатите, дел за модернизација на котлите го поништува. И покрај предупредувањата на техничката комисија овие два процеси не одат паралелно. АД ЕЛЕМ ги издвојува овие процеси со што произведува непотребен застој на два блока во РЕК Битола од кој едниот се случи во 2013, а наредниот ќе се случи во 2014година. Всушност и овој заем што го зимаат АД ЕЛЕМ и што ќе гарантира Република Македонија се однесува на тоа, имено да бидам краток, во интерес на времето. Понудата на оваа фирма беше уништена односно самиот тендер беше поништен со образложение кое што го има во овие објави кои што вие многу добро ги знаете, со образложение дека дава нереално висока цена. Имено, понудата финансиска што му ја даде оваа фирма изнесуваше некаде околу 28 милиони евра. АД ЕЛЕМ после две години склучува договор за истата работа, за модернизација на котли во висина од околу 104 милиони евра. И сега, дали мислите дека сумата од 28 милиони евра е нереално висока, а сумата од 104 милиони евра за истата работа е потаман.Ги имам извештаите од Комисиите за еваулација, ја имам и понудата од фирмата каде што кажуваат дека понудата е технички прифатлива, каде што кажуваат дека треба нешто да се приговара, нешто да ја намалат цената, каде што кажуваат дека заради оправданост на целата инвестиција дека процесот треба да иде паралелно за двата дела. Господин министер, дали знаете дека со прифаќањето на ваква понуда и на ваков начин на работа направена е директна штета од 95 милиони евра по однос на разлика во цените за прифаќање на самите понуди и некаде од околу 60 милиони евра во загубено производство поради непотребен застој во РЕК Битола или вкупен зијан за Република Македонија од некаде 155 милиони евра? Господин министер за финансии, сакам да ве прашам дали ова за вас е во ред? Дали сте запознаен со оваа работа? Претпоставувам дека сте запознаен бидејќи ова е трет заем со кој што

76/20.-

Page 21: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

ќе гарантира Република Македонија во однос на ЕЛЕМ во вкупна висина, сите три се над 100 милиони евра. Дали мислите дека е во ред? Дали нешто ќе превземете во однос на она што се случува во АД ЕЛЕМ? И што ќе превземете, што ќе биде конкретната одговорност на лицата кои што ја имаат донесено оваа работа? И кажете ми дали вие чувствувате лична одговорност како министер за финансии? Бидејќи по овој основ секој граѓанин на Република Македонија ќе плати 100 евра плус односно четири члено семејство ќе плати штета од ваквото работење на АД ЕЛЕМ од 400 евра. Тоа е првото прашање.Второто прашање се однесува на министерот за внатрешни работи.Госпоѓо министерка, во период од две ипол години АД ЕЛЕМ има склучено договори за ангажирање на градежна механизација за ископ и транспорт на јаглен и јеловина во вкупна вредност од некаде 140 милиони евра за две ипол години. Во споредба колку само да знаете во 2006 година АД ЕЛЕМ има потрошено 2,5 милиони евра, значи трошокот е некаде од 50 пати до 100 зголемен за оваа работа. Сакам да ве прашам, еве, дали размислувате за 140 милиони евра, не дали туку колку пати ќе се купи целокупната механизација која што е ангажирана? Дали чувствувате потреба, дали мислите дека треба Министерството за внатрешни работи да се ангажира и да утврди дали има конкретна одговорност и како и на кого се делат овие пари? Зборуваме за суми енормно високи за Република Македонија. Сега ќе ве прашам, оваа целосна приказна многу ми наликува на она што се случи во Колубара. Претпоставувам вие знаете, можеби ако не знаете има еден многу добар документарец кој што можете да го погледнете и да постапите, ќе ви дадеме информации како всушност се извлекувале тие пари во Србија. Сакам да ве прашам конкретно. Дали ќе покренете конкретна истрага? Внимавајте, се збори за 140 милиони евра! Дали ќе покренете конкретна истрага, дали ќе проверите на пример дали има машини кои што работеле 24 саати 31 ден во месецот во РЕК Битола како што работеле во Колубара? Или дали има работници кои што работеле 6 дена 24 саати, и за тоа им се плаќало, божем работеле? Кажете ми дали ќе поведете истрага и што доколку утврдите со истрагата и каде ќе ја лоцирате одговорноста? Дали доколку утврдите вакви работи во вашата истрага ќе постапите исто како со случајот со Машинопромет, каде што се работи за 200 пати помала сума ако сакате да споредуваме? И дали ако ги ставите во притвор комплетниот Управен одбор на АД ЕЛЕМ и комплетното раководство на АД ЕЛЕМ? Или можеби ќе чекате некоја друга власт да ја испита конкретната кривична одговорност како тоа што се случи во Србија, чисто колку да знаете за ваква работа во Србија денес имаме конкретна кривична одговорност и луѓето лежат во затвор за тоа, или ќе чекате некој друг тоа да го расчистува, меѓутоа да знаете дека во таква

ситуација и вие сте соучесник, веројатно поради не постапување.И третото прашање, повторно се однесува на министерот за внатрешни работи. На целата македонска јавност се запознаени и им е јасно што се случува во случајот со Машинопромет. Кажете зошто излажавте дека немате распишано меѓународна потерница? Или ајде поинаку да ги поставиме работите! Кажете зашто распишавте меѓународна потерница кога сите знаеа дека Шиповиќ ќе се врати во понеделникот за Скопје? Кажете ми која е апсурдноста? Човекот го апсите со меѓународна потерница која што вие ја баравте од истражен судија да ја распише,. Го апсите на 5 минути од качување на авион за Скопје. Зошто? Мислевте дека трет пат можеби ќе скокне со падобран? Нема да дојде во Скопје? Или мислевте дека ќе го киднапира авионот и ќе заврши во Аргентина? Ќе избега со авионот? Или намерно чекавте Шиповиќ да отиде во Америка на операција на својот син и тогаш да ја покренете целата операција? Распишавте меѓународна потерница и Шиповиќ сега да скапува по австриските затвори со месеци. Знаете дека нема шанса пред Нова година да се изврши постапката за екстрадиција. Се вие тоа смислено за да блокирате работата на Советот на општина Центар, да не се сменат тие детални урбанистички планови кои што вие ги донесовте и имате многу лични интереси, зборувам како Влада на Република Македонија. И за да не се разоткрие до крај и да не се збори за криминалот за Скопје 2014 година. Тоа ли е логиката? Тоа ли е независно МВР? Ве прашувам уште еднаш која е логиката да распишете меѓународна потерница за човек кој што е на пола пат за Скопје?Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Благоја Стојановски постави три пратенички прашања.Првото до министерот за финансии, а второто и третото до министерот за внатрешни работи.По однос на првото прашање одговор ќе добиете од министерот за финансии. Повелете министре.Зоран Ставревски : За поставеното прашање ќе ви го пренесеме одговорот што во писмена форма ќе го подготват Надзорниот и Управниот одбор на Акционерското друштво на АД ЕЛЕМ.Трајко Вељаноски: Благодарам.Одговор ќе добиете написмено.Второто прашање е упатено до министерот за внатрешни работи.Одговор ќе добиете од министерот за внатрешни работи, повелете.Гордана Јанкуловска: Благодарам претседателе.Благодарам за поставеното прашање во кое што имаше повеќе потпрашања, односно со повеќе теми на кои пратеникот полемизираше. Јас ќе се обидам да дадам одговор на она што е надлежност на Министерството за внатрешни работи бидејќи имаше неколку конкретни тези кои

76/21.-

Page 22: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

се однесуваа на неговиот сомнеж дали Министерството за внатрешни работи доколку евентуално утврди незаконско постапување и однесување во ЕЛЕМ или во било која друга фирма ќе постапи на начин како што веќе сме постапиле во други конкретни примери. Пратеникот го спомна примерот Машинопромет, јас кратко, јасно и не двосмислено ќе му одговорам дека секаде онаму каде што се обезбедени докази врз основа на кои имаме основани сомневања дека е прекршен некој закон неселективно и без одлагање веднаш ќе постапиме без разлика дали се работи за функционери од опозицијата, функционери од власта или луѓе кои воопшто не се функционери и не се поврзани со ниту една политичка партија. Бидејќи во изминатиов период многу јасно и недвосмислено докажавме дека водиме една неселективна борба против криминалот и корупцијата и дека најмалку од се е важно дали е некој политички активен или не односно дали ја има поддршката од опозицијата или од владејачкото мнозинство, бидејќи она што за нас е релевантно, во случаите кога постапуваме се доказите врз основа на кои може да изградиме сомневање за евентуално пречекорување на законот.Инаку во другиот дел каде што можеби пратеникот намерно или не полемизираше на стручни теми, мислам дека е неупатно Министерството за внатрешни работи да одговори и јас како министер на стручни прашања, но можам да ви посочам дека ако има било какви сомневања или евентуални докази и институциите му стојат на располагање да направиме увид во доказите кои ги нуди бидејќи не би сакале да се доведеме во ситуација да влегуваме во дневни политички обиди за добивање на ситни политички поени од страна на политичките партии бидејќи наша работа е да ги цениме доказите кои евентуално би дошле до нас, а не да се ставаме во функција на политичко поентирање на било кој пратеник во Собранието или на било која политичка партија во Република Македонија. Во таа смисла сакам да го поканам пратеникот доколку навистина она што го зборуваше од собраниската говорница за која што можеби смета дека е негова заштита, во случај да не изнесе точни податоци, ако смета дека тоа е вистинито и ако има основа да верува во тоа, или било каква документација, да ги предаде документите или до Министерството за внатрешни работи или до Обвинителството како надлежен орган и потоа сите наоди за кои пратеникот зборува да бидат проверени од страна на надлежните институции за да не се доведеме во ситуација на чиста гола политичка полемика без никаква потврда од докази и аргументи.Во многу случаи ние како Министерството за внатрешни работи но и другите институции надлежни за спроведување на законот сме покажале и сме потврдиле дека правдата е неселективна и таа таква и ќе остане. Тоа значи

дека ако сакате, еве да полемизираме за случајот со Машинопромет. Ако за некое лице имаме основани сомневања и се поткрепени со докази, дека го прекршило законот без разлика дали е лице кое е политички активно во редовите на владејачката структура во некоја општина, или се работи за висок функционер на Управата за јавни приходи која секако ја има политичката поддршка од Владата, ние ќе постапиме на ист начин. Еве ако сакате како што постапивме во случајот со Машинопромет каде што поднесовме кривична пријава против 12 лица. Од тие 12 лица има и лица за кои се зборува дека се блиски до опозицијата, има и лица за кои се зборува дека се блиски до владејачкото мнозинство. Меѓутоа, и на едните и на другите заедничко им е што се сомневаме дека го прекршиле Законот и токму врз основа на доказите кои успеавме да ги обезбедиме и со кои ја документиравме кривичната пријава. Имаше основа да веруваме дека сите тие го прекршиле Законот и против сите е поднесена истата кривична пријава. Така што, почитуван пратеник, на крајот на одговорот на ова прашање, сакам да ве уверам дека без разлика кој го поставува прашањето, без разлика од каде доаѓаат одредени сознанија без разлика дали некој и кој евентуално би бил затегнат од работата на Министерството за внатрешни работи секогаш кога имаме релевантни докази кои ги потврдуваат тезите на оној кој ги изнесува, ние ќе постапиме без исклучок и неселективно. Меѓутоа, кога се работи за дневно политичка игра на зборови и обиди на тој начин да се привлече, пред се, вниманието на јавноста и евентуално да се добијат некои политички поени, тогаш ние нема да се вовлечеме во играта која некој се обидува да ни ја наметне и да бидеме алатка на една или друга политичка партија за политичко поентирање на дневна основа. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Дали пратеникот е задоволен, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање.Има збор пратеникот Благоја Стојановски, повелете.Благоја Стојановски: Госпоѓо министер, не ми се заканувајте со кривични пријави. Јас овие бројки и работи ги спомнав три пати на прес конференција, така да ако нешто беше невистина, 13 кривични пријави ќе имав досега. Јас ви кажувам конкретно, за сомнеж, за криминал, вас не ви е ништо сомнително ако од 2,5 милиони евра трошоците нараснале на 140 милиони евра. За МВР тоа не е доволно спомнеж да има за да видите, да испитате за што се случува? Од 2,5 милиони евра на 140 милиони евра пораснале трошоците, и вие ми викате докази да ви доставам. Што сакате да ви доставам? Јас дави ги обезбедам доказите се? Наместо да ме поканувате мене, наместо мене да ме поканувате, вие најдобро да си го поканите обвинителот, или повеќе од нив, и заедно со нив да си појдеме во АД ЕЛЕМ и да си ја испитате таа работа. Таму од авион се гледа дека нешто многу, многу смрди и самиот начин на кој што вие

76/22.-

Page 23: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

одговарате. Јас ве прашувам за криминал од 140 милиони евра, вие пола од одговорот ми го давате за Машинопромет, прашање кое што ви е трето на крајот на краиштата. Имате шанса да го одговорите. Само потврдувате, не неселективност, туку невидена селективност во постапување на Министерството за внатрешни работи, и, всушност, вие со вашиот одговор ми одговоривте на сите, можеби не поставени прашања и ми потврдивте да го мислам она што го мислам за Министерството за внатрешни работи. Вие никој пат веројатно со слики да ви ги дадеме, со документи, со раката во џеб некого да фатиме и да ви дадеме слика вие нема да постапите. Тоа е неселективноста во наводници на Министерството за внатрешни работи. Што сакате, ние да направиме и истрага за тоа што се случува? Ова не ви е доволна основа за сомнеж? Што повеќе треба да направиме? Што повеќе треба да се случи за да вие постапите во таа ситуација? Или можеби имате лична инволвираност вие или некој од вашето опкружување. Не знам што друго да кажам, штом вака ладно одбивате и кажувате дека се е политичка манипулација. И ќе ми кажете кривична пријава. Три пати зборував за оваа работа, што не ми дадовте кривична пријава? Одговорот на ЕЛЕМ кој што произлезе од тие прес конференции го потврдува ова што се случува во АД ЕЛЕМ. Со 140 милиони евра, три пати, четири пати можеби ќе ја купеа цел амеханизација која што ја изнајмуваат и ја плаќат на приватници. Тоа е исто како месечно да давате 1000 или 2000 месечно за такси, а не сакате кола да си купите и со години се возите со такси. И тоа не е доволен основ за сомнеж и нешто да направи Министерството за внатрешни работи.Не сум задоволен од одговорот и немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеникот не е задоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Третото прашање е исто така упатено до министерот за внатрешни работи. Одговор ќе добиете од министерот за внатрешни работи, повелете. Гордана Јанкуловска: Благодарам претседателе.По однос на третото прашање јас ќе се обидам да дадам одговор, и ако пратеникот можеби знае, може би, не знае, или пак не сака да знае, дека прашањата кои ги поставив всушност и не се прашања од надлежност на Министерството за внатрешни работи бидејќи меѓународни потерници не распишува Министерството за внатрешни работи, туку распишува судот. Кога судот ќе одлучи да распише меѓународна потерница, не е прашање на желба ниту на министерот за внатрешни работи, ниту пак на пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз кој одлучил да постави пратеничко прашање на определена тема. Туку е прашање за кое судот

одлучува по сопствено убедување и во таа смисла сметам дека намерно се обидувате да манипулирате со јавноста, со нешто за што знаете дека судот очигледно проценил дека е релевантно важно и соодветно да го постави како прашање, одосно да одлучи во опредленото прашање, односно во даден момент кога таквата проценка ја донел самиот суд кој надлежно постапува по предметот. Инаку, исто така вие употребивте одредена терминологија која навистина не соодветствува ниту на надлежностите на Министерството за внатрешни работи,нити на територијалното покривање кое ние го имаме. Ниту можеме ниту смееме да приведуваме лица надвор од Република Македонија. Така што вашата констатација дека некого сме го привеле во Виена е апсолутно неточна. Го привела надлежната институција во соодетната држава врз основа на меѓународна потерница издадена од надлежна институција, односно издадена од надлежниот суд кој постапува по предметот, а која е дистрибуирана преку единствениот систем на Интерпол. Навистина, не сакам да верувам дека овие базични работи не ги познавате и дека не сте се обиделе да се запознаете, барем со процедурате пред да се заинтересирате за случајот, ако воопшто се интересирате за случајот, бидејќи може би и овој случај се обидувате да го користите само за сопствени потреби и дневно политичко поентирање, кое не гледам дека баш добро ви оди. Инаку дел од вашата дискусија беше насочена или сконцентрирана на постапката за екстрадиција. Почитуван пратеник, па вие ги гласавте законите во ова Собрание. Екстрадиција не прави Министерството за внатрешни работи, се знае кое е надлежна институција, односно надлежно министерство за спроведување на постапка на екстрадиција. Меѓутоа вие очигледно не сакате да го слушнете одговорот од тој што е надлежен па се обидувате да го ибегнете она што го предвиделе нашите закони и да си направите едно сценарио каде што сами си поставувате прашање, сам си го одговарате и сам си кажувате дали сте задоволен или не. Значи по однос на ова прашање надлежноста не е на Министерството за внатрешни работи. Надлежната институција која постапува по предметот согласно материјалното право, ги има според она што јас можам да го видам од медиумите, бидејќи тоа ми се единствено достапни информации за предметот ги има преземено сите чекори што треба да ги преземе. Понатаму, како ќе тече постапката, ниту зависи од Министерството за правда на Република Македонија, ниту зависи од министерот за правда, а уште помалку зависи од министерот за внатрешни работи, зависи од меѓународната потерница, зависи од австриските власти како ќе одлучат и кога ќе одлучат да постапуваат по предметот. Во секој случај, без разлика за кого се работи, правата на лицето кое се барало со

76/23.-

Page 24: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

потерница и кое е лишено од слобода на територијата на Австрија, се загарантирани тамошните и согласно овдешните закони. Што значи дека лицето ќе ги добие сите права кои му следуваат, пред се како лице кое се наоѓа во екстрадициски притвор, но и лицето на кое му е потребна одбрана, да добие фер судење. Така што и во овој дел ако навистина не ја знаевте процедурата, верувам дека овој одговор ќе ви помогне во иднина да знаете кое министерство за што е надлежно во Република Македонија. Инаку, имаше бројни обиди да се манипулира со овој случај и јас ќе го искористам времето што ми стои на располагање да дадам едно појаснување за што всушност се работи. Бидејќи вие упорно се обидувате да политизирате слуачј кој јас би рекла класичен случај на економски криминал. Имено во овој случај опфатени се вкупно 12 лица и тоа во различни својства. Дел од нив се членови на управен одбор, дел се членови на надзорен одбор, дел се сопственици на приватни фирми, а дел се и службени лица од УЈП. И тие направиле различни кривични дела и различни лица се инволвирани во различни фази од сторувањето на кривичното дело. Инаку според сите сознанија овие лица во фирмата Машинопромет каде што меѓу другото и државата има свој капитал. Значи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е сопственик на 30% од акциите, спротивно на закон за трговски друштва, спротивно на решенијата на судот со кои е отворена предстечајна постапка и со кои е изречена мерка за забрана со располагање со имотот на друштвото, едноставно одлучиле да ја обезвреднат фирмата, да го продадат имотот, односно стоката која ја имале на залиха, да ја продадат во форма на старо железо, а понатаму да се открие дека нафирмите на кои е продавана стоката не само што не ја третираат како старо железо, туку напротив по реалната пазарна цена, истата таа стока, односно резервни делови ги продаваат на пазарот. Инаку, како прилог на она што го говорам и она што беше иницијална информација за обвинителството да се одлучи да ја започне постапката за овој случај е и документацијата која беше пронајдена, во оваа фирма беше пронајдено комплетно двојно книговодство. Верувам дека тоа ви е јасно и верувам дека тоа е кривично дело. Не може да водите двојно книговодство и да имате една евиденција за институциите, една евиденција за вашите партнери и пријатели каде што бројките се сосема различни. Да биде ситуацијата уште појасна, дел од стоката е пронајдена на лице место и таа сега е запечатена во магацините. Нема бегање. Колку и да држите пресуди дека се работи за некој политички случај, фактите се немилосрдни. Стоката е на лице место, се наоѓа во магацините, двојното книговодство, испратниците, документите, се е тука. Судот ќе цени кој е во право и што вреди повеќе. Дали вредат доказите или вашите политички обвинувања.

Инаку, обезвреднувањето на фирмата воопшто не е наивно и случајно. Бидејќи таа фирма, како даночен должник по основ на различни давачки кон државата го оштетува и буџетот на Република Македонија но ги оштетила и акционерите на фирмата, а јас веќе зборувам дека 30% од фирмата практично се сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Така што почитуван пратеник без разлика колку вие ќе се обидете да го политизирате случајот и колку вие ќе се обидувате да застанете во заштита на некој што очигледно за некој за кого очигледно постојат основи да се сомневаме дека сторил кривично дело, фактите се немилосрдни. Вие можете да држите прес конференции, да се обидете да го убедите вашето членство дека се работи за политички реваншизам, или за некаков монтиран случај. Меѓутоа она што го убедува судот и она што го гледаат обвинителите се исклучиво фактите. А фактите говорат дека според она што барем до сега ни е познато, по се се чини дека вие не сте во право. Меѓутоа да го оставиме судот без никакви притисоци. Ниту притисоци од вас, ниту притисоци од вашата партија, ниту притисоци од било кој друг, да го оставиме судот да ги цени фактите. Нека одлучи исклкучиво врз основа на аргументите и доказите. И, кога еднаш судот ќе одлучи, крајно време е, да ги прифатиме неговите одлуки. Бидејќи, почитуван пратеник судската власт во оваа држава е независна. Ниту јас, ниту вие, треба и може да влијаеме на нејзините одлуки. Единствено влијание на судовите може да извршат доказите. Доказите се доставени пред судот и сега судот е на потег и тој ќе каже дали сте вие во право застанувајќи во одбрана на лицата кои се сомничат за сторен криминал, во вредност поголема од 1 милион евра, или е во право обвинителството кое тврди согласно кривичната пријава, дека има злоупотреба на службената положба и овластување, дека е оштетен буџетот дека е оштетена Република Македонија и дека лицата кои постапувале спротивно на закон треба и мора да одговараат без разлика дали се тие членови, сипматизери, приврзаници на поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз или на било која друга пртија во Република Македонија или се обични граѓани како што има стотици, против кои секојденвно се поднесуваат кривични пријави, но за кои вие не најдовте за сходно ниту да реагирате, ниту пак има потреба да се реагира бидејќи навистина фактите се немилосрднии и доказите се немилосрдни. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор пратеникот Стојановски Благоја, повелете. Благоја Стојановски: Не ви е срам за ова што го зборувавте. Вие мислите будали ќе не правите тука и целата македонска јавност. Што мислите? Се слушавте ли што зборевте. Прво, ми зоборите

76/24.-

Page 25: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

за процедури, за судска, Министерството за внатрешни работи итн., па вие пресуда му изрековте на Шиповиќ. Се слушавте што зборевте. Кажете само уште колку години ќе биде тоа. Колку треба судот да запише, уште тоа треба да го кажете. Се слушавте ли што зборевте тука. Која процедура? Кој мвр? Кој суд? Се знае кој е џелат. Уште годините требаше да ги напишете. А кажете ми, пошто, толку многу изнакажавте, кажете ми, нели мвр, поднесува до судот за да распише меѓународна потерница. Или пратениците поднесуваат барање за меѓународна потрерница. Министерството за внатрешни работи имаше точно проценка и знаеше дека во моментот кога стартуваше операцијата, Машинопромет, Шиповец не беше во државава, не се смејте саркастички. Еве слушам, слушајте и вие кога јас ви зборам. Слушајте кога ви зборам. Точно знаете, дека не е тука, Таа ви беше целата игранка. Чеквате да отиде од државата, човекот кажа, ќе се вратам порано иако беше на операција на неговото дете. Кога видовте дека навистина ќе се врати порано, дента распишавте меѓународна потерница аза да го уапсат на аеродромот во виена, и сега 4 или 6 месеци да седи во австриските затвори, а можеше ако почекавте уште 2 саата, тука ќе беше и тука ќе го дочекавте и се знае каде ќе завршеше. И ми кажувате зе мешање, за немешање за процедури, за судство, за Министерството за внатрешни работи, итн. итн., срамно е ова што го зборувате од оваа говорница и цело време се смеете цинички. Како не се засрамувате, мислите дека цел живот ќе бидете на тоа место каде што сте. Се играте со човечки судбини. Уништувате семејства. Не брукате во цел свет и ми кажувате процедури. Ми кажувате правна држава. Ми кажувате судство. Не сме знаеле процедури. Мали деца сне ние. Не знаеме што се случува. Не знаеме што се случува и уште се смеете и уште ви е смешно. Некој вас утре ќе ви се смее. Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеникот не е задоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Според редоследот утврден на координација следен за поставување на пратенички прашање, е господинот Сафет Бишевац, повелете. Сафет Бишевац: Вчера некој да умреше немаше да знае дека македонското министерство за внатрешни овака, високоприфесионално, независно, итн. итн. Само еден зобр има за вакво однесување, кога некој од седиште во овој парламент, резервирано за припадници на Владата, веќе ја искажува казната. Ниту еднаш, оваа госпоѓа не го искористи зборот осомничен за злоупотреба. Ниту еднаш. Е тоа е срамота. Кога сме веќе тука, да останеме на истово ова поле, за тн.,независно судство, непартизирано, за медиумските слободи и на крај со еден мал шлаг. Моето прво прашање е, до премиерот Никола Груевски. Ќе го поставам на крај, а за вовед ќе го прашам како навистина успеа овој премиер и

оваа Влада да го обедини целиот медиумски свет против Република Македонија. Изминатите неколку месеци, а особено во последниве две недели не стивнуваат реакциите на сите, буквално на сите, релевантни меѓународни организации и здруженија, борци за човекови права, на скандалозната, монструозната, застрашувачката, пресуда со која новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски беше осуден, на 4,5 години затвор. И некој кој не прочитал или не слушнал за што се работи, ќе помислат дека Томислав Кежаровски веројатно подметнал бомба некаде, или можеби утепал човек со разни околности, такви казни се искажуваат за вакви кривични дела. Не. Вината на Томислав Кежаровски е што пред пет години, напишал текст во еден медиум во Република Србија, во кој наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот Орешје. Нема врска, за независното, слободното, непартиското судство во Република Македонија, што тој сведок јавно во судница призна дека лажел, дека зад неговото лажење требало да земе пари, илјадници евра. И што кажа дека во таа игра учествувале двајца припадници на службата за државна безбедност. И наместо во овој случај, оние кои треба да реагираат по примен глас, веднаш да покренат вистинска истрага, како предуслов се разбира за таква истрага требаше да биде оставката и на министерот за правда и на министерот за внатрешни работи, со кој тие двајца службеници ќе се изведат пред лицето на правдата, за тоа што го направиле. Не. Режимот предводен од Никола Груевски реши поинаку, да се пресмета со Томислав Кежаровски кој во овој момент е симбол на борбата на македонското новинарство, за право на слободен збор и да не биде дека ова се мои лични квалификации, и ако јас тоа навистина го мислам, ќе ви кажам што мислат оние кои вие не ги сметате за предавници како нас од опозиција. Во извештајот на Европската комисија за огромниот напредок на Република Македонија на евроинтеграциските патишта стојат убави оценки за слободата на медиумите и за неселективното судство според министерката Јанкуловска. Поглавје 2.,2 - Човекови права и заштита на малцинствата репутацијата на државата во однос на слободата на медиумите, продолжи да се влошува и на домашно и на меѓународно ниво. Со ваква констатација заз 2012 година паднавме трноглаво на 116-то место според слободата на медиумите во светот. За 2013 после случајот Кежароски, ви гарантирам, дека пред Македонија на таа листа ќе биде само Северна Кореја и никој друг. И тоа ќе биде голем успех на портокаловата револуција. Ајде сега за судството.Сепак, откри загриженост за тоа како судовите сега работат во пракса и истото треба да се разреши. Ова се однесува на независноста на судовите и спроведувањето на законот воопшто како и на општиот квалитет на правдата воопшто. Во однос на независноста има тврдења за селективна правда. Индиректен политички

76/25.-

Page 26: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

притисок. Судски одлуки кои се невообичаено забрзани во однос на исходот, или брзината како и содржината на судските одлуки што некогаш имаат внимавајте, директни последици врз кариерата на засегнатите судии, особено во значајни или политички чувствителни случаи. Или ова, не го твреди предавничката опозиција, туку вашите пријатели во Брисел. Истото ова, господине премиер во Скопје вас и на пратениците од владеачкото мнозинство, им го посочи и големиот пријател Ричард Ховит. Затоа моето прашање до вас е зошто навистина господине премиер Томислав Кежаровски е осуден на 4,5 години затвор? Дали навистина за случајот Ореше или за истрага за загинувањето на Никола Младенов.Тоа е моето прво прашање. Моето второ прашање е на некој начин повторно поврзано со слободата на изразување, а упатено е до госпоѓата која милува да се става во улога на заштитник на Уставот и законите во државата. Ова госпоѓо почитувач на устави е насловниот број на ова списание. Ова ли е силата која им ја пративте на околу 300 до 400 новинари кои дојдоа својот револт, против ваквата скандалозна и застрашувачка порака која ја пративте со затворот за Томислав Кежаровски да се пресметата со тие исите луѓе, со 300 до 400 тешко вооружени полицајци. Губите госпоѓо Јанкуловска. Сликата на ова дете е вашиот пораст. Готови сте, без оглед кој, а тоа е моето прашање до вас. Кој ја изврши проценката дека на 300 до 400 новинари треба да им пратите 300 до 400 тешко вооружени полицајци за да ги спречите во нешто што Уставот на Република Македонија во член 21 го гарантира. Сега ќе ви го прочитам, веројатно сте заборавиле. Член 21. Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Ако ова прекршување на Уставот што го направивте испраќајќи ескадрони на полиција врз новинарите не е прекршување на Уставот, кое мора да има за последица, ваша оставка. Јас навистина мислам дека со вас во иднина не треба воопшто ни да се разговара. Трајко Вељаноски: Благодарам.Јас како што разбрав, пратеникот Сафет Бишевац, постави две прашања. Едното до Претседателот на Владата на Република Македонија и едното до министерот за внатрешни работи. По однос на првото прашање, одговор ќе добиете од Претседателто на Владата на Република Македонија, господинот Груевски Никола, повелете. Никола Груевски: Благодарам за прашањето за пратеникот. Случајот и пресудата на господинот Кежаровски, сакам да го потсетам пратеникот дека не е работа на извршната власт, таа е во надлежност на судската власт која што е слободна и самостојна и независна, се разбира.

Сметам дека коментирањето на пресудата или пак аспекти од таа пресуда, поврзани со неа не е добро во оваа фаза, особено пред таа да стане конечна и пред да се донесе и во писмена форма. Таквиот начим може да е непринципелен да создава недоразбирања, иниректно да влијае на судот и да создава притисоци врз него. Сметам дека случајот не треба да се полицизира, постојат судски процедури, постојат судски механизми кои што не се исцрпени и не се завршени и треба работата да се остави во рамките на судството и во рамките на судската власт, а не да се префрла за тоа да носи свои ставови, судови Парламентот или Владата. Од тој аспект, бидејќи беше поставено конкретно прашање кое што гласеше заради што бил осуден господинот Кежаровски, господинот Кежаровски не може да е за ништо друго осуден, туку за она за кое што судот го наведува и ќе го наведе во предуста оној момент кога таа ќе биде објавена. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор пратеникот Сафет Бишевац, повелете. Сафет Бишевац: Толку беше независен судот во пресудувањето што 20 дена пред тоа, обвинителот Зврлевски ја најави приказната од 4 години, а ја знаеа сите новинари во Македонија дека ќе биде толку колку што беше. Тоа е едната работа. Второ. Правдањето дека не треба да се коментираат судски одлуки важи за вас, во овој случај, меѓутоа да ве потсетам облечен во џемпер, вие како Премиер на Република Македонија, коментиравте одлуки на Уставен суд. Интересно гледање на права и демократија во оваа држава. Второ. Зарем навистина сметате дека драконската казна од 4,5 години е адекватна за тоа што го направил. Точно, во едно сте во право. Допрва тој суд треба да ја образложи пресудата која едвај ја чекаат сите релевантни меѓународни институции за да ви кажат и ви покажат дека не можете вака да се амнестирате за една област која е под директна ингиренција на Владата на Република Македонија. Правосудството не е посебен орган, тоа е дел од Владата. Вие како премиер во таа Влада сте одговорен и за состојбата во судството. Знам, сосема случај на коенциденција, судиката која ја изрече оваа пресуда се вика Дијана Груевска Илиевска. Тоа е сосема случајно да имаат исто презиме, меѓутоа е страшна симболика, за сплотеноста помеѓу извршната власт и судството. Таму не постои разлика, само постои волја и точка. Ако некој доволно моќен во таа власт може да си нареди такви работи, готово е. Трајко Вељаноски: Немате дополнително пратеничко прашање.

76/26.-

Page 27: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Не е задоволен од оговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Второто прашање е упатено до министерот за внатрешни работи. Одоговор ќе добиете од Министерот за внатрешни работи, повелете. Гордана Јанкулоска: Благодарам претседателе. Имаше на говорницата еден обид за драматизација, меѓутоа јас ќе се обидам да го задржам нивото на институцијата и неопходната сериозност кога се зборува на собраниска седница и да одговорам на прашањето кое можеше да се препознае од тој драматичен настап на пратеникот Бишевац. Тој често ги менува улогите. Некогаш за себе вели дека е пратеник од СДСМ, некогаш вели дека е од друг партија, некогаш е функционер на една, некогаш на друга партија, некогаш е новинар, некогаш е пратеник, така што денес не знам од која партија и од кое својство го поставува прашањето. Но, бидејќи прашањето сепак нели е јавно поставено, јас сум должна да дадам јавен одговор. Се обидуваше господинот Бишевац да полемизира со еден настан од 23 октомври, кој се случи во периодот од 12 до 13,15 часот, каде што полицијата согласно своите надлежности постапи онака како што постапува секогаш кога ќе се најде во слична ситуација. Нити прв пат некој протестира, нити последен пат некој протестира. Нити прв пат некој ненајавено протестира, а претпоставувам не е ни последен пат. Имало и ќе има јавни собирања и полицијата секогаш е должна да обезбеди јавен ред и мир. Тоа е нашиот приоритет. Нашиот приоритет не е да ги наполниме насловните страници дирегирани од штабот на СДСМ и однапред напишаните текстови да ги легитимираме за да се објават онака како што било одлучено на партиските тела на опозиционата партија да бидат објавени уште далеку пред настанот да се случи. Впрочем, потврда на ова што го зборувам не дојде од мене, туку дојде од новинарите. Етаблирани новинарски имиња во Република Македонија, јавно во свои колумни, настапи пред медиумите кажаа зошто еве на пример тие не учествувале на протестот. Затоа што знаеле дека Сафет Бишевац не е новинар. Сафет Бишевац е политичар. Тој е во служба на СДСМ. Денес СДСМ ќе му каже да сработи една работа, ќе ја сработи. Утре ќе му каже да сработи друга, тој повторно во нивна служба. Новинарите, оние кои држат до сопствената професија, до сопствениот интегритет, јасно им кажаа на бројните политички претставници дека не биле присутни на протестот, не заради тоа што не сакаат да бидат солидарни со својот колега, туку заради тоа што не сакаат да ги легитимираат текстовите кои се однапред напишани и кои ги објавија во медиумите контролирани од СДСМ. Впорчем, тие и самите меѓу нив, за рапликите кои си ги испраќаат на дневно ниво ни ја кажаа и бројката и насловите на медиумите кои тие ги контролираат, но Сафет бишевац е навикнат да работи во контролирана средина, впрочем тој беше еден од предводниците на неговата

независна А1 која ја бранеше многу жестоко, бранејќи го и сега веќе осудениот Велија Рамковски во обид да се затскрие зад независноста на медиумите еден голем криминал кој судот го потврди и го осуди со соодветни затворски казни. Меѓутоа да се вратиме на протестот и да се вратиме на настанот.Протестот без ралика што ќе каже Сафет Бишевац не беше најавен во матичната полициска станица. Ние добивме сознанија од теренот по оперативен пат, добивме информации врз основа на она што се пишуваше на социјалните мрежи, врз основа на некои јавни изјави и врз основа на тоа колкава подршка и од кого очекуваа подршка оние кои за себе велеа дека ќе протестираат. Направивме соодветна проценка со која моравме да го осигураме јавниот ред и мир на просторот во близина на фонтаната на плоштадот Карпошово Востание. Таму беше најавено дека протестот ќе биде мирен, меѓутоа не издржаа подржувачите на политичките партии и некои претставници на невладини организации, спонтано собрани граѓани и мал број на новинари пака одлучија да се обидат да го нарушат јавниот ред и мир. Меѓутоа заради професионалната и присебна реакција на полицијата, полициските службеници кои многу пати со истата оваа структура која постојано генерира инциденти, имале и искуство не дозволија да бидат доведени во ситуација нити да реагираат, нити пак на некого да му биде ограничено било кое право. Полициските службеници, буквално како во учебник по сите професинални стандарди го заштитија јавниот ред и мир, обезбедија одржување на протестот и се задржаа во рамките на своите законски овластувања. Не знам што повеќе сакате од тоа? Нити на некого му беше ускратено правото на протест, нити беше употребена сила, нити па вие, кои толку драматично настапувате од собраниската говорница или било кој од вашите пријатели, приврзаници подржувачи, воопшто некаде и некогаш се пожали на однесувањето на полициските службеници. Господине Бишевац, вас ви е навика да ги омаловажувате пратставниците на државните институции, меѓутоа нема да ви успее. Полициските службеници многу пати имале искуство со вас и секогаш без исклучок биле достојни на задачата и верни на професионалните стандарди и службата кон оваа држава и граѓаните на оваа држава. Тоа што вашите интереси се спротивни на интересите на Република Македонија е прашање за кое вие сам со себе треба да расчистите. Министерството за внатрешни работи и полициските службеници ќе продолжат да работат во функција на одржување на јавниот ред и мир во функција на овозможување на заштита на сите права кои на граѓаните на Република Македонија им се гарантира. Инаку, повторно да се вратиме на протестот. Јас уште еднаш ќе кажам дека и покрај обидите, и покрај нападите врз полициските службеници и покрај агресивното однесување во ниту еден

76/27.-

Page 28: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

момент не беше употребена нити сила, нити на некого му беше ограничено некакво право. Впрочем за тоа сведочи и фактот што нема никаква поплака за однесувањето на полицијата. Со оглед на тоа што бројката на присутни беше некаде помеѓу 100 и 200 симпатизери на опозиционите политички партии, претставници на некои невладини организации и одреден број на вработени во медиуми, главно вработени во медиуми контролирани од страна на опозицијата, по завршувањето на протестот без никакви проблеми полицијата се повлече и практично ако гледаме од полициска гледна точка, по однос на овој настан нема никаква интервенција на полицијата, нити пак потреба од некаков посебен дополнителен ангажман на расчистување на било кој настан. Навистина полициските службеници заслужуваат пофалба за присебноста и покрај бројните обиди од ваша страна и од страна на вашите пријатели, да ги испровоцирате и да ги доведете во ситуација се само заради една насловна страница и заради тоа што не сакавте да ви пропаднат текстовите кои претходниот ден ги напишавте во штабот на вашата партија. Инаку, Министерството за внатрешни работи во овој и во секој друг случај, согласно законските и подзаконските прописи, ќе ве потсетам, почитуван пратеник Бишевац, ако читате што гласате во Собранието дека има право, дека има право да го ограничи просторот на движење на граѓаните кога тоа е од интерес за безбедноста и одржувањето на поволен јавен ред и мир. Министерство за внатрешни работи има право да го ограничи, а не Сафет Бишевац, не СДСМ, не некој од вашите пријатели и приврзаници. Институцијата која одлучува каде ќе го ограничи, кога ќе го ограничи и дали ќе го ограничи правото на движење на граѓаните, во интерес на граѓаните и во интерес на одржување на јавниот ред и мир, тогаш кога има работа со агресивни луѓе, ќе го направи тоа и тоа е целосно во рамките на нашите надлежности, во рамките на законските прописи и во рамките на професионалните стандарди. Верувам дека после овој одговор многу работи ви се појасни, ако вас не ви се појасни, секако дека им се јасни на граѓаните и многу прашања кои вие се обидувате да ги наметнете како апсолутна вистина во јавноста веќе паднаа во вода, и сега на сите им е јасно што се случуваше и вашите насловни страници однапред напишани текстови во штабот на СДСМ веќе не се релевантни и никој не им верува. Благодарам.Трајко Вељаноски: БлагодарамДали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор пратеникот Сафет Бишевац, повелете. Сафет Бишевац: Е, кутриот почитувач на Уставот и законите. Браво. Ви благодарам. Сите ваши навреди ги сваќам како комплимент, сите ваши, а за вас останува фактот дека командувавте со полицијата кога се бркаа

пратениците овде и без срам и перде седите во таа клупа. Три грама лисја да имате, заедно со господинот Ставревски ќе се повлековте и со уште еден господин овде, ама не дозволувате да се расправа за него овде. Број два. Благодарам што колегите на кој упорно им кажувам дека имаме работа со режим, сега и потврдивте дека навистина имаат работа со режим. Ако сте мислеле дека одиме да се саморазнесуваме во Музејот на ВМРО ДПМНЕ се лажете. Имаме ние поинакви начини за борба против вас, вистината, вистината и вистината и тоа е готово. Против тоа оружје немате одговор. Немате одговор, госпоѓо Јанкулоска ни за оваа фотографија. Еве ја фотографијата, ова дете ви покажува колку ве сака. Ова дете ви покажува колку ве сака, тоа е злупотреба. Точно, ама ако вие овој полицаец ја наведна главата, покажа дека е човек за разлика од вас. Второ. Ви благодарам што ги повторивте зборовите на господинот Илија Димовски и ако се збунивте во тоа, дали сум новинар, член на СДСМ Санџачка лига, политичар, тоа само покажува со какви аргументи располагате. Тое е вашата одбрана, демек не знаете што сум. Да ви кажам што сум? Ваш противник и ќе бидам во првите редови на таа борба, се до денот кога вие ќе паднете од власт, јас ќе ја вратам А1 телевизија. Запаметете го тоа. Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот не е задоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Колеги пратеници, продолжуваме понатаму.Според редоследнот утврден на координација, следен за поставување на пратенички прашања е господинот Антонијо Милошоски, повелете. Антонијо Милошоски: Благодарам претседателе.Почитувани претставници на Владата на Република Македонија, почитувани колеги пратеници. Имам три прашања кои би сакал да ги искористам во оваа прилика и ќе ги поставам до заменик претседателот на Владата, Пешевски, до министерот за здравство Никола Тодоров и до министерот за земјоделие, господинот Димовски.Првото прашање до министерот Пешевски се однесува на двата до сега најголеми предвидени инфраструкторни проекти, автопатните делници Кичево – Охрид и Штип – Скопје. Прашањето се однесува на значењето кое што овие патни правци и нивната изградба има за стопанството во Република Македонија. Која е вашата проценка, која е вашата прогноза, кои се вашите анализи за влијанието на самата изградба на овие автопатишта по однос на другите стопански гранки кои што можат да бидат покренати за нивната изградба и она што е од особен интерес како го оценувате кредитот кој што Република Македонија ќе го земе од Народна Република Кина, неговите ставки,

76/28.-

Page 29: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

неговата поволност, неговата исплатливост на краток и среден рок. Второто прашање е до министерот за здравство Никола Тодоров и се однесува на проектот за обука на лекари во странство.Почитуван министре би сакал да ни дадете малку повеќе информации за тоа во кои земји, во кои клиники, институти, болници или универзитети имаме склучено договори за обука на наш медицински персонал и на наши лекари во странство. Дали имаме податоци за лекари кои што веќе ги поминале обуките и дали имаме преглед на трошоците кои што се предвидени во овие обуки дали тие паѓаат на товар само на буџетот на вашето министерство или пак се комбинирани и во нив учествуваат институциите кои што се домаќини на нашиот медицински материјал кој што поминува низ овие обуки. Истовремено би бил многу задоволен до колку може да ми објасните дали веќе имаме лекар или медицински персонал кој што ги поминале овие обуки и се вратени назад во своите матични институции и како тоа го оценувате, како се одразува на нивниот дополнителен квалитет или искуство во вршењето на нивната лекарска дејност на дневна основа. Третото прашање е до министерот за земјоделие, колегата Љупчо Димовски и се однесува на еден важен сегмент и за Република Македонија, но пред се за општините Прилеп, Долнени, Струмица, Велес, Радовиш и други места. Денеска завршува по втор пат како еден проект предвремениот откуп на тутунот и би сакал да поставам прашање од оваа област. Се однесува на тоа како го оценувате овој предвремен откуп на тутунот. Дали имате податоци колкави количини се откупени, дали имате очекувања како и на кој начин ова ќе влијае на редовниот откуп на тутунот, кои се откупните цени, дали има разлика по однос на цените предвремениот откуп на тутунот и редовниот откуп на тутунот и дали имате проценка за динамиката на исплаќањето од страна на приватните субјекти кои што откупуваат тутун кон индивидуалните земјоделци и истовремено дали имате податоци за навременоста или динамиката на исплаќањата на предвидените државни субвенции кои што се исплаќаат преку државните институции до оние регистрирани земјоделци кои што се занимаваат со откупот на тутунот. Би сакал истовремено да ве замолам да ни дадете до колку имате и една споредбена анализа за тоа дали количините кои што се откупуваат на тутун во Република Македонија и во предвремениот и во редовниот рок, дали може да се определи од година во година во изминативе неколку наназад, дали се зголемува интересот за производство на тутунот со што би можеле да имаме една појасна слика за тоа колку и на каков начин државната подршка по однос на субвенциите влијае на мотивацијата и стимулирањето на одредени индивидуални земјоделци или претпријатија кои што се занимаваат со земјоделие да го зголемуваат

производството на тутун како една доходовна гранка не само во Македонското земјоделие туку и во гранка која што учествува со солиден процент и во извозот на стоки од страна на Република Македонија. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Пратеникот Антонијо Милошоски постави три пратенички прашања.Првото до заменикот претседател на Владата на Република Македонија, господинот Владимир Пешевски, второто до министерот за здравство и третото до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. По однос на првото прашање одговор ќе добиете од господинот Владимир Пешевски заменик претседател на Владата на Република Македонија, повелете.Владимир Пешевски: Благодарам претседателе, благодарам на почитуваниот пратеник и поранешен колега од Владата господинот Антонијо Милошоски за поставеното прашање. Го разбирам интересот бидејќи господинот Милошоски доаѓа по потекло од роден град каде што и ќе започне еден од овие нови автопати да се гради. Така да прашањето е сосема на место. Значи како потсетување се работи за изградба на два нови автопати, едниот е оној што ќе оди, ние го велиме од Скопје до Штип, но поточно е од Миладиновци-Свети Николе до Штип што е во должина некаде околу 53 км. некаде договорена изведбена вредност околу 206 милиони евра и вториот патен правец е оној што ќе оди од Кичево кон Охрид, нешто подолг околу 57 км. Но поради многу потешкиот терен се работи за планински терен ќе биде договорната вредност е околу 374 милиони евра. бидејќи имаше два сегменти прашањето ќе одговорам на дват сегментти. Едниот беше за значењето, а вториот беше во однос на самите услови. Ќе го одговорам вториот дел на прашањето во однос на условите под кои што ќе се добие кредит за реализација на овој проект. Имено ние веќе ја информиравме јавноста дека самиот проект ќе биде изведуван од страна на кинеска компанија како главен изведувач. Но дека целиот проект 90% ќе биде кредитиран од страна на кинеската Ексим банка. Целиот овој процес навистина беше преговаран, договоран долго време и можам слободно да кажам дека во однос на било кој друг аранжман кој што од ваков тип е склучен до директни преговори помеѓу двете држави, ние сме една од првите земји ако не и прва која што во целиот тој процес настојуваше и успеа да вклучи еден сегмент на конкурентен дијалог помеѓу повеќе компании кои што би го изведувале проектот со цел да дојдеме што пониска вредност на проектот, а вториот сегмент е сегментот на финансирање кој беше започнат уште од средбите кои што нашиот премиер ги имаше со кинескиот премиер во текот на минатата година каде што Македонија за разлика од останатите држави која многу поспоро се движеа, многу побрзо за зафати со

76/29.-

Page 30: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

реализација на искористување на оваа кредитна линија и можеби токму поради тие причини успеавме да добиеме поповолни услови од оние кои што иницијално беа најавувани за оние кои ќе бидат корисници на кредити од ваквата кредитна линија. Значи условите се поповолни од било какви услови кои што ги нудат други финансиски институции за проекти од ваков тип. Имено, рочноста на кредитот е 20 години односно во рок од 20 години од потпишување на договорот и повлекување на првите пари ќе биде потребно да се вратат средства што е навистина еден долг период и речиси ниту една меѓународна финансиска институција која што финансира проекти од ваков тип не дава ваква рочност. Обично рочноста за вакви проекти е од 10, 12 максимум што можете да испреговарате е 15 години. Ние успеавме да добиеме една рочност од 20 години имајќи ја во предвид и временската вредност на парите во тие последни години ќе биде минимален товар на Македонија и на македонската економија. Потоа обезбеден е многу поволен грејс период од дури 5 години. Тоа значи дека за време на целиот период на градење ние нема да бидеме оптоватрени со враќање на кредитот бидејќи првиот проект има рок на градење од три години, вториот проект околу 3 години и три квартали, три години и три месеци што значи дека проектите ќе бидат реализирани во целост и дури тогаш откако ќе бидат реализирани во целост, кога ќе бидат ставени во функција што значи дека ќе може да се стават патарини, да се остваруваат економските ефекти од тој проект ќе измине една година дури потоа, значи после 5 години почнува периодот на враќање на кредитот. Ова не смее да се занемари бидејќи многи често грешката што се прави е да се влезе во проект кој што има релативно краток грејс период, но тој нема да биде завршен во тој период и ќе се доведете во ситуација да не ги уживате економските бенефити од самиот проект, а сепак да морате да го враќате кредитот. Тоа не е случај со овој проект, внимавано е и на тој сегмент односно периодот на извршување да биде пократок од гресј периодот односно периодот кога не враќате никакви средства во однос на кредитот, значи не се сервисира кредитот. И конечно каматната стапка е 2% поени на годишно ниво. Исклучителни ниска каматна стапка за проект од ваков тип. Понекогаш кај некои определени финансиски институции како кај ММФ или кај Светската банка до колку преговарате за кредит со кој што се дава директна буџетска подршка и каде што директен примател на заемот е државата односно Владата на Република Македонија некој пат може да избоксувате релативно поповолна ниска камата, но тоа не е за проекти кои што се од ваков тип, не е за капитални инвестиции. За проекти од ваков тип во овој момент речиси е невозможно да се најде во светски рамки кредит под поповолни услови односно по поповолна камата. Уште една забелешка примател на кредитот нема да биде Владата, туку Владата ќе се јави само како гарант, а оној примателот ќе биде акционерското

друштво за државни патишта што значи дека се дава уште еден поголем кредибилитет на државата, бидејќи државно претпријатие, а не самата држава ќе биде корисник на кредитот што исто така не е за занемарување. Значи исклучитено поволни услови кои што се неспоредливи со било какви услови на било која финансиска институција во која што имаме добиено кредит во изминатите години. значи доволно е да се погледнат задолжувањата кои што се исто поволни на некои од другите акционерски друштва во државна сопственост за да се направи споредбата помеѓу ова што е постигнато.Сега во однос на самите позитивни ефекти мислам дека времето е многу ограничено за да се одговори доволно долго и доволно детали каде се тоа ќе има позитивни ефекти. Но еве ако сакате во неколку категории, па онолку колку имам време толку и ќе говорам по категории. Прво ќе бидат поволностите во самиот градежен сектор се разбира градењето ќе предизвика во низа на гранки кои што се поврзани со градежништвото вклучително поволни услови и тоа е само за периодот на градење. Но понатаму позитивните ефекти ќе се рашират низ повеќе аспекти. Едно е врз индустријата и компаниите кои што гравитираат во регионите каде што ќе поминуваат патиштата, второ е во секторот на земјоделие бидејќи и тоа како еден вид на индустриската гранка како сектор земјоделие преку подобрата поврзаност има поповолни услови. Третиот сегмент за странските директни инвестиции бидејќи секој инвеститор се обидува да биде позициониран на локација каде што ќе има добри инфраструктурни поврзаности со останатиот дел и на државата и на светот. Следниот сегмент е секторот на туризам бидејќи полесното патување, пократките дестинации, попријатното патување бидејќи не е исто да патувате по автопат и по обичен двонасочен пат. Исто ќе има поволни ефекти врз рамномерниот регионален развој бидејќи сите оние населени места дури и рурални места кои што не се директно поврзани, но се во негова близина преку многу пократок пат доаѓаат до автопат и едноставно нивниот пристап до базичните услуги кои што ги дава државата или едноставно го дава стопанството ќе стане многу поедноставен и, четврто иако тоа не е сегмент на економија, но сепак индиректно има значење. Не треба да се потцени и влијанието и врз самите граѓани бидејќи сите граѓани кои што гравитираат по регионите, а навистина се работи за широки региони практично автопатот штш ќе води кон Штип се работи за цела Источна Македонија, а автопатот што ќе води помеѓу Кичево и Охрид е добар дел од Западна Македонија ќе им биде значително олеснето патувањето прво низ самиот регион бидејќи статистички гледано луѓето најчесто патуваат во регионот каде што живеат. Подоцна ќе им биде олеснето патувањето и во рамките на самата држава. Значи за сето она што ние го правиме како услуги

76/30.-

Page 31: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

или можности за вработување низ целата држава, а се разбира и нивно поврзување со соседните држави и конечно со светот. Значи навистина една огромна лепеза на области каде што ова ќе има позитивни ефекти, но за секоја од нив има навистина многу да се говори до колку се оди во повеќе детали.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање?Има збор пратеникот Антонијо Милошоски, повелете.Антонијо Милошоски: Благодарам претседателе.Со оглед на тоа што се работи за инфраструктурни проекти во источниот и во западниот дел од нашата држава можеби најголеми во последните 30 или 40 или повеќе години сметам дека ваквите одговори се потребни и за јавноста и за пратениците и оние бројки што ги слушнавме, оние објаснувања се на задоволството на сите нас затоа што очекуваме дека овие проекти ќе создадат не само подобри услови за комуникација и подобра инфраструктура, туку и ќе го подобрат квалитетот на живот и ќе ги подигнат бруто домашниот производ и во текот на изведувањето, но и после тоа на Република Македонија. Она што би сакал да го поставам како дополнително прашање се однесува на градежната оператива. Дали со овие договори е предвидено, бидејќи знаеме дека главниот изведувач е кинески, дали е договорено стопанските субјекти, градежните претпријатија од Република Македонија да учествуваат како подизведувачи. До кој процент им е загарантирано нивното учество затоа што во Република Македонија има многу претпријатија кои што се занимаваат и со ниско и со високо градба и тоа ќе биде од особен интерес за сите оние општини кои што гравитираат во овој дел Кичево, Дебарца, Охрид, Струга, Штип, Чешиново, Облешево, Лозово, Свети Николе, Карбинци и други места. Но се разбира ангажманот на градежната оператива до колку таа е соодветна и квалитетна не е исклучен од било кое место и моето прашање на кој начин државата во овој случај Агенцијата за државни патишта ќе може како државна институција која што ќе располага со овие средства да го обезбеди и осигура учеството на македонски граѓански компании во овие два важни проекти кои што според она што го кажавте ќе бидат изведувани во следните три или четири години и кои се вашите очекувања по однос на влијанието од почнувањето на македонски градежни фирми на зголемувањето на вработеноста и на додадената вредност по однос на бруто домашниот производ во следниот 3-4 години.Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.Одговор на дополнителното пратеничко прашање ќе добиете од господинот Владимир Пешевски

заменик претседател на Владата на Република Македонија, повелете.Владимир Пешевски: Благодарам за дополнителното прашање. Бидејќи е прилично релеватно дали и на кој начин домашните компании би биле вклучени во овој проект, ние бевме целосно свесни за овој сегмент од реализацијата на овој проект и за цело време на преговорите една од главните теми или една од главните области каде што се водеа преговорите беше токму овој сегмент. Бидејќи јас на почетокот напоменав дека се работи за исклучително поволен кинески кредит. Кинеската Влада во оваа кредитна линија ја дава со цел да направи една дополнителна стимулација за нивните компании и тие да бидат што повеќе ангажирани дури и да ангажираат поголем процент на работна сила или нивни добавувачи. Од друга страна ние како корисници на кредитот го имаме токму истиот интерес и иако можеби на нас гледано ни е поважно да го реализираме проектот, но ни беше важно да постигнеме баланс и во овој сегмент, можеби потрошивме некој месец повеќе во преговорите, но успеавме да дојдеме каде што практично дојдовме до ситуација да бенефитите од овој сегмент на работата им се поделени подеднакво. Имено, во самиот договор што стои со кинеската компанија стои дека најмалку во три сегменти најмалку 49% значи најмалку 49% што не исклучува и повеќе најмалку 49% од вкупниот број на вработени кои што ќе работат на овој проект ќе бидат македонски државјани. Тоа значи дека во периодот на градење се очекува две до три илјади луѓе да бидат ангажирани најмалку заедно со добавувачите веројатно цирката ќе стигне некаде и до 5000 илјади но од оние што се директно вклучени околу 1500 може и до 2000 работни места ќе бидат создадени локално помеѓу македонските граѓани. Оние работни места што ќе бидат дополнително создадени кај добавувачите се плус. Е, сега, почнуваме од вработените.Второ што инсистиравме од работата што ќе биде давана на подизведувачи најмалку 49% ќе оди на локални компании. Повторно кај тие локални компании нема ограничување дека треба да земаат кинески вработени туку тие ќе бидат 100% македонски вработени што значи оној однос од најмалку 49% од вработените ќе бид емногу повисок. И, конечно она што стои како клаузула е дека најмалку 49% иако очекуваме овде да биде многу повеќе но најмалку 49% од вградените материјали во автопатот ќе бидат со македонско потекло. Бидејќи се работи за ниско градба, бидејќи се работи за материјали со висок габарит односно односот на тежина и волумен во однос на цена е релативно висок сосема е природно да се очекува дека особено кај овој процент веројатно 70 до 80% од вградените репроматеријали ќе бидат со македонско потекло. Тоа значи и кај овие материјали повторно ќе има локално вработени бидејќи тие ќе доаѓаат од компании кои што се во Македонија

76/31.-

Page 32: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

што значи позитивните ефекти во тој сегмент ќе бидат навистина уште поголеми. Би сакал да искоментирам, повторно е тоа во делот на градежништвото иако не е врзано можеби за сегментот каков е ефектото врз градежниот сектор во самиот договор има едно ограничување во однос на тоа колку може да изнесуваат дополнителните градежни работи. Иако во македонскиот Закон за јавни набавки кај проектите од ваков тип се дозволува дополнителните работи да изнесуваат и до 30% без да биде нарушен процесот на јавна набавка иако ние имавме можност дури тој процент да го зголемиме доколку сметавме дека е тоа во ред со цел да дадеме поголема флексибилност, поради тоа што сакавме да обезбедиме што поголема сигурност за Македонската држава бидејќи сакавме да обезбедиме што поголема транспарентност бидејќи сакавме да го намалиме просторот за можни злоупотреби и игри кои што се јавуваат на релација изведувач и надзор ние овој процент го намаливме на само 10%, што значи дополнителните работи може да изнесуваат во овој проект само 10%. Над тоа веќе ќе паднат на товар на изведувачот односно на кинеската компанија. Многу построг критериум вградивме од оној што е вообичаен критериум за проекти од ваков тип во Законот за јавни набавки. Значи на еден транспарентен начин обезбедивме дополнителна сигурност и смалување на можностите за злоупотреба. Но дополните ефекти кај Секторот за градежништво треба да се гледаат и во сегментот на пренесено знаење и градење на партнерство. Имено, кинеската компанија која што ќе биде изведувач на овој проект е една од десетте најголеми градежни компании во светот. Иако самиот процес не вклучуваше, бидејќи ние баравме конкурентен дијалог, баравме разговори со повеќе компании она на што инсистиравме е сепак од мноштвото од илјадниците кинески компании кои постојат во Кина, од која што иницијално беше предложена само една компанија ние како догворна страна од Македонија баравме најуспешните и најголемите кинески компании да бидат они со кои што ќе преговараме, исклучувајќи го нивниот политички притисок или политичка желба сепак ние ставивме критериуми и тоа не согласно кинеските правила, туку согласно рангирањата на Меѓународната организација или здружение на градежни компании и токму оваа компанија е број еден кинеска компанија која што фигурира на таа листа. Е, сега, во однос на кој начин ќе биде обезбеден надзорот врз овој проект уште еден сегмент, иако се работи за договор кој што основата на договорот е меѓудржавната спогодба меѓу Република Македонија и Народна Република Кина повторно со насока да обезбедиме што поголема транспарентност и сигурност и заштита за Македонската држава, правилата под кои се потпишуваше договорот и по кој што се вршеа преговорите се меѓународните правила таканаречен ред фидик, односно тие се меѓународни правила за договори од ваков тип. И, доколку имате проект тогаш договорот се прави по така наречен ред или црвен фидик

правила, доколку немате проект односно оној што треба да го изведува треба и да го направи да го исцрта проектот, тогаш се правила на жолт фидик. Во правилата на жолт фидик ризикот е релативно поголем но се разбира и тогаш постојат механизми за заштита. Ние имавме подготвени проекти, значи тоа е нешто што е работено во изминатите години и врз основа на тие проекти се дефинираат меѓународните правила правила во ред фидик правила и тие се целосно вградени и се составен дел од договорот со кинеската компанија. Таму се третираат прашањата не само на надзор бидејќи едноставниот одговор би било улогата на надзорот е да го следи спроведувањето на договорот. Не. Тоа е само еден од сегментите за тоа како ќе се врши надзор врз спроведување на договорот. Надзорот е многу поширока рамка и тој вклучува одобрение од страна она што го издоговоривме дека практично пред да биде потпишан било како договор со некој локален добавувач, македонската страна треба да биде информирана со цел да бидеме сигурни дека се запазени овие услови кои што претходно ги кажав по однос на процентите. Искористено е искуството од проектот за реализација на автопатот Демир Капија - Смоквица кој што е правен во соработка со меѓународните финансиски институции со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка и најдобрите искуства од тој проект но плус дополнителни механизми на заштита кои што ние ги испреговаравме се целосно вградени во овој проект. Во овој момент се работи на реализација на подпроектот да се најде и меѓународна компанија која што ќе врши надзор на проектот согласно овие ред фидик правила и сето тоа во комбинација со ова што кажав со самиот квалитет на договорот треба да обезбеди, навремена, квалитетна, ефикасна и во рамките на предвидените трошоци реализација на овој проект.Трајко Вељаноски: Благодарам. Второто прашање е упатено до министерот за здравство.Одговор ќе добиете од министерот за здравство, повелете министре.Никола Тодоров: Благодарам претседателе.Благодарам на пратеникот за поставеното прашање кое што се однесуваше на обуките на докторите во Република Македонија. Како Министерство за здравство и како Влада сме максимално фокусирани на овој сегмент од здравството и сметаме и лично сметам дека ова е еден многу сериозен проект кој што треба да овозможи сериозно подигнување на нивото на квалитет на здравствената заштита преку подигнувањето на квалитетот на знаењата, вештините и ставовите на лекарите кои што се вработени во јавните здравствени установи во Република Македонија. Овој проект практично се состои од три компоненти.

76/32.-

Page 33: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Првата компонента на едукацијата на нашите лекари е овозможување нашите лекари да бидат пратени на обуки за методи и интервенции кои што или не работеле во Македонија или на кои им е потребен дополнителен напреден трениниг во болници кои што се познати и признаени по методите и услугите кои што ги даваат во областа на здравството во Европа и во светот. Имаме досега склучено договори и реализирани соработка со 42 врвни медицински здравствени установи во светот и тоа покрај болниците кои што ги имаме во опкружувањето имаме договорено соработка или потпишано меморандуми со болници од Европа и тоа од Австрија, Италија, две од Германија, од Украина за микро хирургија во Киев. Исто така имаме добра соработка воспоставено и со болници од Република Турција. Имаме одлична соработка воспоставено со многу познати медицински центри во САД како што е Роналд Реган во Лос Анџелес кој што е практично дел од Универзитетот во Лос Анџелес, Тексас, Херман Мемогија Херман болницата во Хјустон, во Кливлед, во Сиетл, во Њујорк, Колумбија во Њујорк универзитетот, така да имаме огромен број на здравствени установи со кои што нашите лекари специјалисти но и не само специјалисти туку и медицински сестри и медицински помошен материјал, ертеге техничари можат да добијат искуство, знаење и вештини од врвни доктори или сестри кои што изведуваат врвни или даваат врвни медицински услуги во центрите кои што ги споменав. Ова исто така е значајно не само од аспект на трансферот на знаење на вештини и ставови кои што се од исклучително големо значење за подигнување на квалитетот, туку исто така е потребно и за промена на организациската култура, начинот на однесување, постапување, пристапување кон работата кон пациентите, начинот кон работата итн. односно целата организациска култура со која што ќе имаат можност нашите лекари да се запознаат кога ќе престојуваат во овие врвни медицински здравствени установи во светот и на тој начин по нивното враќање не само да го пренесат знаењето, вештините кои што таму ќе ги стекнат туку и да донесат дел од организациската култура и да ја применат потоа истата во установите во која што работат. Ова е првиот сегмент од проектот и досега практично имаме околу 330 доктори кои што биле на едукација. Имаме 97 доктори кои што се пратени на едукација само овој месец октомври и планот ни е да до крајот на годината пратиме уште 178 доктори во сите овие 42 установи кои што ги споменав. Ова е она што е интересно за овој месец за ноември е тоа дека отпочнуваме соработка и ќе испратиме доктори во здравствени установи и во Индија и во Австралија. Планираме да испратиме тројца доктори во Индија, а во Австралија веќе утре заминуваат четворица доктори кои што ќе бидат едуцирани во Сенџорџ една приватна многу квалитетна здравствена установа. И на тој начин практично на повеќе континенти ќе ја имаме

распространето соработката на Министерството за здравство и Владата со вакви врвни здравствени установи. Ова е како што кажав првиот сегмент од проектот кој што го имплементираме а тоа е испраќање на наши лекари во странство. Овој проект има и втор сегмент.Вториот сегмент е покана на врвни доктори од САД да дојдат и да работат рамо до рамо со нивните македонски колеги и тука во Република Македонија да вршат трансфер на знаење, вештини и ставови, а притоа работејќи директно со колегите, прегледувајќи пациенти и на тој начин едуцирајќи многу повеќе или пренесување на знаење на многу поголем број на здравствени работници од оние кои што ги праќаме во странство. За оваа година таргетот за првиот сегмент од проектот ни беше 500 лекари и медицински сестри да бидат пратени на едукација во странство, а таргетот за вториот подсегмент од овој проект е да дојдат 37 врвни американски лекари и да престојуваат во Македонија од 10 до 15 дена да работат заедно со нив и да пренесуваат знаења, вештини и ставови. Во рамки на овој проект многу сериозни, врвни имиња дојдоа во Македонија до сега. Исто така очекувам да дојдат врвни доктори до крајот на оваа година во многу области. Како резултат на ова се изведоа неколку интервенции кои што досега не се изведувале во Македонија и навистина сум задоволен од ваквиот развој на настаните. Инаку делот на вашето потпрашање дали доктори се вратиле и имаат определени знаења кои што ги донеле и кои што веќе се применуваат има многу такви, а јас би споменал едно или две. На Детската клиника се воведе една метода за бабел си пап со која што се овозможува една нова метода за приклучување на новородените деца, практично тоа е во делот на неонатална педијатрија на кои им е потребно приклучување на машина за избегнување на инфекции кои што се поврзани со респирацијата или со дишењето. Со воведувањето на оваа метода сериозно се намалува можноста од таков тип на инфекции и навистина сум многу задоволен што и во Македонија се воведе оваа метода и веќе се изведува односно се обучени нашите лекари за изведување на оваа метода. Исто така би споменал уште една метода која што се воведе како резултат и на првиот и на вториот сегмент од проектот односно ние имавме испратено еден лекар од новата градска болница за еден посебен начин на биопсија или така наречено одземање на кор биопсија од дојка која што е многу значајна заради тоа што ракот на дојката кај жените е број еден малигно заболување. Лекарот кој што беше испратен на едукација и ја усоврши оваа метода. Потоа дојде докторот од САД и тука ја доусовршуваа оваа метода и сега во новата градска болница во Скопје се изведува оваа метода на земање на биопсија која што значително ја подобрува целата дијагностика и е еден чекор напред, силен

76/33.-

Page 34: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

чекор напред во борбата против ова малигно заболување.Исто така во овој сегмент на едукација би споменал уште еден проект а тоа е проектот за неонаталната кардио хирургија. Со овој проект предвидуваме и имаме склучено договор од САД со еден професор Филијам Новик кој што практично беше прогласен за најдобар неонатален кардиохирург во Америка за 2012 година и кој што доаѓа во Република Македонија четири пати годишно, останува тука околу две недели и при неговиот престој во Македонија вршат неонатални кардио хируршки интервенции со целиот негов тим кој што обично е составен од 12 до 16 лекари и медицински помошен персонал. Притоа не само што изведуваат ваков тип на интервенции за потребите на граѓани од Македонија дечиња на многу мала возраст, туку практично вршат и трансфер на знаења и вештини и обучуваат цел тим на македонски кардио хирурзи и доктори анестезиолози, сестри, итн, кои што учествуваат во овој процес. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Дали пратеникот е задоволен од одговорот односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање.Има збор пратеникот Антонијо Милошоски, повелете.Антонијо Милошоски: Благодарам претседателе.Благодарам почитуван министре Тодоров. Прво сакам да кажам дека стекнувањето на дополнително искуство медицинско, здравствено, креативно во поголеми држави според мене е многу важно затоа што во поголемите поразвиени земји посебно за оние поретки болести има подобро обучени подобро спремни лекари бидејќи и самите ретки болести си имаат некој свој квантум зависно од големината на пазарот или на населението кое што го третираат и си имаат своја почеста динамика. Така што обуката на еден лекар од Република Македонија која што ја покрива и дава здравствени услуги на два милиони жители за одредена посебна важна но поретка болест или операција или хируршки зафат во места како што беа споменати Америка, Турција или други земји дава можност да се има увид и да се соработува со лекари кои што имаат поголемо искуство и поголем квантум на такви здравствени оперативни зафати.Имам дополнително прашање кое што се однесува исто на Министерството за здравство. Се однесува за нешто многу поконкретно и по опипливо, се работи за општината Кичево и во врска со здравството и здравствените услуги во општината Кичево. Сакам да истакнам дека ни беше многу важно како граѓани на Кичево што пред неколку месеци за време на вашата посета најдовте прилика да се запознаете за состојбата околу болницата која е изградена како карабина е предвидена да ги задоволи условите на лекарите и на пациентите кои што тука би примале

здравствени услуги, но подолги години истата не е довршена и не е опремена што претставува товар и за самата инвестиција до сега. Но претставува и одредено неисполнето очекување на граѓаните и за лекарите кои што би требало да го користат и даваат здравствените услуги во овој објект, во тој контекст сакам да ве прашам дали имате комуникација со надлежните и во рамките на болницата и во рамките на општината дали е поместена процедурата во однос на Деталниот урбанистички план за доградбата на оваа болница и според вас која временска рамка која временска рамка во кој рок, имајќи ги во предвид сите законски процедури би можеле да очекуваме оваа болница и нејзината доградба да отпочне и во кој временски рок истата би можела да очекуваме да се заврши. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Одговор на дополнителното пратеничко прашање ќе добиете од министерот за здравство, повелете министре.Никола Тодоров: Благодарам. Благодарам за дополнителното прашање. Точно дека ова е сегмент кој што е вака малку поопиплив и по реален меѓутоа и морам да напоменам дека и сегментот за обука на лекарите е исклучително важен за нас затоа што тоа е практично можеби една сокомпнента меѓутоа многу значајна, затоа што може ние да направиме болници, да набавиме опрема меѓутоа џабе доколку нема добро едуциран и квалитетен персонал.Но да се задржам на вашето прашање, вашето прашање се однесува на болницата во Кичево. Точно е тоа јас пред неколку месеци бев во посета на болницата во Кичево и можев да забележам дека таму има еден објект кој што е започнат пред повеќе години можеби две децении и е така оставен во една фаза на карабина или затворена карабина, а која што требало да биде нова модерна болница за општина Кичево, меѓутоа никогаш не се завршила. Ние дадовме ветување дека оваа болница ќе ја доградиме, ќе ја ставиме во функција на сите граѓани во Кичево. Во тој правец веднаш распишавме тендер за изработка на проект. Тендерот се заврши, го склучивме договорот и се отпочна со проектирањето на болницата. По завршувањето на идејниот проект односно при подготвителните работи практично, се констатира дека онака како што е сега поставена болницата во еден дел отстапува од постојниот Детален урбанистички план по што се јави потреба од менување на Деталниот урбанистички план во овој дел од градот Кичево, односно оставање на можност да практично се вклопи постојниот објект на болницата и она што планираме да го направиме во новиот Детален урбанистички план. За овој период ние го работевме идејниот проект кој што се заврши, но потоа моравме да прекинеме со проектирањето се додека не се заврши комплетно промената на деталниот урбанистички план кој што процес

76/34.-

Page 35: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

знаете трае околу два, два и пол месеци. Овој процес заврши, пред два дена ме информираа дека Деталниот урбанистички план за болницата во Кичево е донесен и од тој аспект нема никакви пречки понатаму да се продолжи со проектирањето. Исто она што сега сакам да го дополнам тука е временската рамка која што ни е предвидена за овој проект, а тоа е до 18 декември да комплетно заврши проектирањето да се добијат сите потребни дозволи и одобренија за градба и да се распише тендерот за градба. Овој тендер би завршил некаде таму кон почетокот или кон средината на февруари, во февруари би можеле да отпочнеме со градежните работи. За овој капителен објект Владата на Република Македонија има одвоено со повеќегодишна набавка околу 200 милиони денари и очекуваме за оваа сума практично да бидат изведени сите градежно занатски работи со кои што комплетно ќе може да се стави овој објект кој што е повеќе години стар, мислам дека две децении скоро, во функција на сите граѓани на Кичево, но не само на сите граѓани на Кичево туку и пошироко на целиот тој регион. Мислам дека овој проект ќе овозможи сериозно подобрување на здравствената инфраструктура во Кичево и на тој начин ќе се овозможи сериозно подобрување на здравствените услуги и овозможување на зголемување на опсегот односно обемот на здравствените услуги кои што се даваат во Кичево, за граѓаните на Кичево и за оние кои што живеат во околината. Искрено се надевам дека по отпочнувањето со работите целиот тендер ќе се заврши во предвидениот рок. Ние имаме еден нов начин практично на распишување на тендерите за градба. Планираме тие да ги распишеме на начин што ќе се овозможи подолго градење во текот на денот односно да се предвиди барем две смени градење во текот на денот со прецизен гантограм со цел побрза реализација на овој проект и побрзо ставање во функција на овој капитален здравствен објект во функција на граѓаните на Република Македонија. Благодарам на прашањето, стојам на располагање доколку има дополнителен интерес. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Третото прашање е упатено до министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство. Одговор ќе добиете од министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, повелете.Љупчо Димовски: Благодарам. Благодарам на почитуваниот пратеник Милошоски за поставеното прашање.Сакам да го изразам задоволството заради тоа што со оглед на начинот на кој што беше поставено многу добро е навлезен во материјата на тутуно-материјата во Република Македонија каде што од вкупно засеаните површини под индустриски култури дури 79% отпаѓа на тутунот. Исто така сакам да напоменам дека во последните години ова производство има тренд

на зголемување кое во 2012 година изнесува 27.993 тони или има зголемување за околу 33% во однос на минатата 2011 година. Исто така просечното производство на тутун по единица површина по хектар има тренд на зголемување кое во 2012 година изнесува 1920 килограми на единица површина односно на хектар или ова зголемување е за 43% во споредба со 2011 година. Најмногу тутун се одгледува како што и пратеникот Милошоски напомена во пелагонискиот и во југоисточниот регион односно доленскиот, доленска, општина Прилеп, дел од Битола, Велешко, Радовиш и Струмица. Најзастапените сорти во сеидбената структура во 2013 година се Прилеп со 73%, Јака со 23% и Басмак со 4%, тоа се типови на тутуни кои се многу добро познати на не само производителите туку и на откупувачките компании кои што се присутни на пазарот во Република Македонија. Исто така во последните години е забележлив трендот на зголемување на производството на тутун. Во 2012 година како што премалку кажав изнесува без малку 28.000 тони и е всушност зголемување во однос на минатата година за цели 33%, значи во однос на 2012 година. Може да се прави анализа на што се ова се должи, меѓутоа секако дека ова е резултат на агресивната политика на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пред се на Владата на Република Македонија која што на најдиректен начин води грижа за една од нај би рекол измачените категории на земјоделци, а тоа се тутунопроизводителите. Од тие причини особено внимававме кога се концепираше или кога се донесуваше законот за тутун и тутунски производи врз чија што основа се врши исплатата на средствата, а исплатените средства на тутунопроизводителите во 2012 година бележат пораст за околу 32% во однос на минатата година. Значи, ја одрживме субвенцијата по единица килограм за пределен тутун на лиценцирани откупувачки компании на 60 денари. Истовремено врз основа на политиката и на мерките што ги креираше Владата ги проширивме површините меѓутоа во исто време го зголемивме квалитетот на тутунот, тоа значи повисока цена, но за тоа малку покасно ќе се навратам, во согласност со концепирањето на прашањето од страна на пратеникот Милошоски. Во 2013 година за производство на тутун за овогодишата реколта склучени се 42.382 договори за површина на околу 19.812 хектари. Оволкав број на договори до сега не се случило, а тоа е пред се врз основа на интересот на тутунопроизводителите, на земјоделците во исто време и на системските измени во законите, но и во процедурите што ги воведе министерството заради тоа што воведовме посебна процедура во која што е регулирано самото пријавување односно производство се до склучување на договори со откупувачките компании.

76/35.-

Page 36: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Сакам да напоменам дека површините под тутун во 2013 година се зголемени за околу 35% во споредба во 2012 година, уште една потврда на сето ова што пред малку го говорев. А истовремено очекуваното производство на тутун во оваа година 2013 беше некаде околу 36 илјади тони, тоа почитуваните земјоделци токму знаат што значи субвенции, меѓутоа со оглед на последните климатски услови кои што беа во регионот реално би било да очекуваме производство некаде до 30 милиони килограми. Исто така да напоменам дека во 2013 година се потпишани договори за производство на како што реков 19.812 хектари по тутун по кои што Прилеп како сорта е најзастапена во производството, а потоа следува Јака со 23 и Басмак со 4%. Басмак пак да напоменам дека е најквалитетната сорта на тутун. Инаку, врз основа на Законот за тутун и тутунски производи во регистарот на откупувачи за тутун што ги води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство запишани се десет откупувачи, а согласно членот 8 од Законот за тутун и тутунски производи откупувачите на тутун се должни се должни да обезбедат семенски материјал од регистриран производител на тутунско семе, односно од Институтот за тутун. Она што е особено битно за почитуваниот пратеник е дел од одговорот што ќе го дадам за состојбата со раниот откуп на тутунот на реколтата 2013 година. Тоа е еден пилот проект кој што своевремено бил присутен во Македонија како предлог, меѓутоа токму Министерството на барање на откупувачките компании меѓудругите тоа е Сокотабана една од трите најголеми компании од тобако бизнисот присутна во Македонија со инвестиции со над 35 милиони евра во производствен преработувачки капацитет не случајно заради тоа што го има препознаено интересот во македонското производство како квалитетно производство. И на барање на самите индивидуални земјоделски производи се започна со реализација на вториот по ред проект за предвремен откуп на тутун. Заклучно со дваесет и осми десетти, откупени се 1058 тони со просечна откупна цена од 160, 51 денар. На напомена, не станува збор за 50 денари и за 60 денари станува збор за цена од 160,51 денар просечна откупна цена за килограм тутун од предвремениот откуп, значи станува збор за пониската класа по лошиот квалитет на лист од тутун кои се изманипулирани и доставени до откупувачките компании. Оваа цена е за 15% повисока од минатогодишната цена во истиот проект предвремен откуп на тутун. Како најзастапен е Прилеп тутунот каде што оваа цена се движи на 160,51 денар, а за Јака се откупени 56 тони со просечна откупна цена од 160,55. Вкупната вредност на тутунот од дваесет и осми десетти, изнесува 169 милиони 808 илјади и 22,70 денари, а се исплатени 74,88 до пред некој ден односно 127 милиони 150 илјади и 166,78 денари потврда на она што го кажував дека со добро законско решение во кое што се

води стриктна контрола врз целиот систем од производство, откуп па се до плаќање односно според последниот правилни и за квалитетот односно за класите на тутунот можеме да достигнеме овакви високи цели заради тоа што истовремено се зголемуваат површините, се зголемува проносот, што е најбитно се зголемува квалитетот на тутунот по тој основ се зголемува и просечната откупна цена која што оваа година повторно треба да биде за 15% повисока од минатогодишната, но тоа ќе биде за време на редовната реколта односно редовниот откуп на тутунот кој што започнува од 15 декември и следи таму некаде до средината на март месец следната година. Сакам да кажам дека можеме во овој период да бидеме задоволни од резултатите од предвремениот откуп иако не се откупени сите договорни количини од страна на Лајан Субан, Пашоски, на Тутунски комбинат и Виталија табак. Но ова е добра основа да сметаме дека во следниот откуп на тутун ќе имаме задоволителни податоци. Трајко Вељаноски: Благодарам. Дали пратеникот е задоволен од одговорот односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање.Има збор пратеникот Антонијо Милошоски, повелете.Антонијо Милошоски: Благодарам. Му благодарам на министерот Димовски за исцрпниот одговор. Јас се надевам дека од одговорот и од овие информации се задоволни како што кажав граѓаните на општина Прилеп, Долнени, Струмица, Велес, Радовиш и други места, кои што се најмногу заинтересирани во чие име овие прашања се поставуваат, особено околу предвремениот и редовниот откуп на тутунот. Сметам дека податоците што ги добивме особено по однос на зголемувањето на површините кои што се насадени со тутун даваат потврда на една политика која што дава субвенции на оние кои што се занимаваат со оваа култура, а самите субвенции, самата откупна цена како и пласманот на тутунот на домашниот и странскиот пазар преку останатите посредници, се покажува како исплатлив долгот за многу семејства кои што живеат од оваа гранка како свој единствен или дополнителен приход кој што го имаат. Во овој контекст, а повторно поврзано со земјоделците, би сакал да поставам и едно дополнително прашање. Пред извесно време бев во посета на село Дисан во општината Неготино и бев замолен од месното население со кои имавме средби да поставам прашање поврзано со грозјето, односно да се добие една информација за тековната состојба за откупот на грозјето, за количините кои се откупуваат, не само во општина Неготино туку ако може ако имате информација на ниво на цела Македонија и секако најмногу ќе значи доколку имате информации споредбени за оваа и за претходните години по однос на цените на

76/36.-

Page 37: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

грозјето и по однос на самата исплата. Како се одвиваат исплатите и дали оние законски мерки што ги превзеде Владата по однос на откупувачите на грозје кои што некогаш не плаќаа редовно на самите производители дали се применува механизмот за одземање на лиценците за откуп или задржување на лиценците за откуп согласно кредибилноста односно постојаноста инсолвентноста на оној кој што ги откупува овие количини на грозје.Уште еднаш во име на овие наши граѓани од село Дисан, од општина Неготино но и на сите кои што се занимаваат со производство на грозје би сакал да добијам информација на оваа тема. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот има дополнително пратеничко прашање.Одговор ќе добиете од министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство. повелете.Љупчо Димовски: Благодарам.Благодарам уште еднаш и за ова прашање и со задоволство ќе се потрудам да дадам прецизен одговор. Имено, поволните временски услови во текот на 2013 година придонесоа производеното грозје во овогодишната реколта да се одликува, пред се, со добар квалитет и со повисок принос во однос на 2012 година. Некаде за 20% е повисок приносот во однос на минатата година. Имајќи го ова во предвид како и фактот дека производството се одвива на непроменливи површини, вкупното производство на грозје, трпезно и винско, во Република Македонија во 2013 година ќе го надмине просечниот вкупен принос од последните пет години од околу 250 илјади тони, односно дека производството на вино од реколта 2013 година ќе постигне ниво над 100 милиони литри, сигурно и повеќе. Сакам да напоменам дека во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе ефикасно функционира системот за идентификација на лозовите насади. И она што за нас беше до пред извесно време, за што на одредени пратеници се уште не им е јасно, ја ограничуваат површината под лозови насади на некои си 24 илјади хектари, сега имаме прецизна евиденција за над, односно за околу 30-тина илјади хектари кои што се под лозови насади. Од вкупниот род, од 250 илјади тони на грозје, околу 50 до 60 илјади тони отпаѓаат на трпезното грозје кое што има извонреден квалитет и извонредна продажна односно извозна цена и останатите 190 илјади тони отпаѓаат, односно 200 илјади тони отпаѓаат на винското грозје. 60% во структурата на грозјето е од црвените сорти, а 40% на белите сорти на грозје. Особено е битно што 60% на црвени сорти заради тоа што ова е карактеристика на македонското поднебје и еден од големите брендови на македонската држава е токму црвеното вино односно црвеното грозје. Од аспект на откупот на винското грозје и врз база на тековните податоци на Министерството кои што

ги добиваме тековно од страна на сите евидентирани откупувачи или оператори со вино, односно со алкохолни пијалаци и од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, оваа година од страна на производителите на вино ќе се откупат над 150 илјади тони винско грозје, односно заклучно со 24.10. кога веќе се и покасните сорти на грозје откупени, од страна на винарските визби се откупени вкупно 159 илјади 640 тони. Тоа досега се нема случено во Македонија волку голема количина да биде откупена од страна на винарските визби, што во споредба со 2012 година изнесува зголемување за 26%. Ако се прави анализа на овие податоци ќе се дојде до сериозни заклучоци за самиот квалитет на грозјето и заинтересираноста на винарските визби целиот род да биде, односно целата реколта да биде откупена. И за тоа ќе дадам објаснување. Покрај ова, винарските визби од сопствено производство имаат набрано 23.550 тони винско грозје, што е за 41% повеќе од 2012 година, со што вкупниот откуп и берба на грозје заклучно со 24.10. изнесува 183.208 тони што во однос на 2012 година претставува зголемување за цели 28%. Оваа количина претставува реална основа за производство за над 115 милиони литри вино. Уште еден податок, или потврда за политиките кои што владата ги презема во делот на аграрот, и во делот, пред се, на винарско лозарскиот сектор. Истовремено, од страна на Министерството во текот на откупот на грозје оваа година, ама буквално не е забележан ниту еден посериозен проблем во однос на навременоста, количините или цената на откупеното грозје. Како резултат на иницијативите кои што ги презема Министерството во насока на подобро организирање на откупната сезона, односно интензивирање на соработката и градење на дијалог помеѓу лозаро производителите и претставниците на винскиот сектор и според информациите од продажните единици на Министерството, откупните цени за килограм винско грозје во 2013 година беа почитувани од страна на сите откупувачи и според ова Смедервката со 17 шеќерни единици се откупуваше за 11 денари за килограм, а Вранецот со 19 шеќерни единици за 13 денари за килограм, при што цената прогресивно расте во согласност со процентот поголем на шеќерните единици во црното грозје. Според прелиминарните анализи на Министерството, откупените цени во 2013 година во просек се за околу 1 до 2 денари за килограм повисоки од остварените цени за време на откупот во бербата во 2012 година. Не велам дека се зголемуваат цените, не, цените се враќаат на нивото кои што претходно беа во лозарскиот сектор. Значи, ние го одиме патот на враќање на цените на она ниво кои што биле претходно. Истовремено, како резултат на сите преземени активности на Министерството, а во соработка со лозаропроизводителите и со винарските визби спречен е и значителен одлив на винско грозје од Република Македонија, а тоа е отприлика за 23% помалку во однос на

76/37.-

Page 38: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

минатата година, што е уште една потврда за квалитетот на грозјето и за интересот на винарските визби целокупниот род во Република Македонија да биде откупен од нивна страна. Она што е особено битно за прашањето што го постави господинот Милошоски, како резултат на одредбите од Законот за вино и измените кои што ги направивме, производителите на вино во целост го имаат исплатено грозјето од претходните години. Знаете дека за изминатите четири - пет гроздобери, целата количина на грозје која што беше примена или преземена од страна на винарските визби не беше исплатена. Ги предвидовме сите овие работи и со законските измени ги обврзавме во разумен период сите винарски визби кои што имаат обврска неисплатена кон лозаро производителите истото тоа да го направат со завршна сметка и со финансиски извештај тоа да го докажат пред Министерството, за да може да им бидат продолжени лиценците за откуп на грозјето и за негова преработка. И истовремено, дополнително направивме напори, односно со законските измени, но со обврзувачка глоба за оние винарски визби кои што го немаа исплатено откупеното винско грозје кон лозаропроизводителите истото тоа да го направат до 30 август ова година со тоа што од периодот од 31.04. до 30 август да ја исплатат и законската камата за неисплатена обврска кон лозаропроизводителите. Да напоменам дека откупеното грозје во текот на оваа реколта законскиот рок за негова исплата е до април месец следната година. Тоа е временски период во кој што самото грозје влегува во преработка односно во производство на вино и по законскиот основ, односно по основ на Закон за вино, винарските визби се должни до тој период да ја извршат исплатата за винското грозје. Во спротивно се судираат со проблем со кој што доколку тоа не го сторат, или не го докажат со соодветен документ пред Министерството за земјоделство да им биде одземена лиценцата за откуп на грозје за следната реколта. Мислам дека овие законски измени кои што ги направивме, но пред се и ефикасноста на Законот во неговото спроведување и ефектите кои што ги дава се во целосен интерес, односно во прилог на лозаропроизводителите, а дополнително Министерството преку мерките за поддршка односно за финансиска поддршка кон винарските визби ги мотивираше винарските визби за зголемено количество на откуп, но истовремено и за многу добрите индикатори за извоз на македонско вино на традиционалните пазари. Пред се, за нас е интересен или најинтересен пазарот на државите од Европската Унија каде што веќе до 10 февруари оваа година беше исполнета целата квота за безцарински извоз на македонско вино на пазарот од Сојузна Република Германија како најголем потрошувач на македонското вино. Секако дека имаме добри извозни резултати и на кинескиот, и на рускиот пазар, а и истовремено на регионалните пазари

на кои што традиционално македонското вино е застапено. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Следен за поставување на пратенички прашања според редоследенот утврден на координација е госпоѓа Мерал Узеири Ферати. Повелете.Ферати Узеири Марал: Благодарам претседателе.Почитувани колеги, како што е познато во 2001 година Република Македонија беше опфатена со еден конфликт кој што заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор, документ кој што ја прекина војната. Содржината на овој Договор беше официјализација на албанскиот јазик, а во Охридскиот рамковен договор има формулација - кој и да е друг јазик што го говорат најмалку 20% од населението, исто така е службен јазик. Другиот основен елемент на овој Договор беше правичната и соодветна застапеност на Албанците во државните институции, а за тоа каква е состојбата во оваа област ќе се повикам на Народниот правобранител и на најповиканиот за имплементација на овој Договор, на Муса Џафери, кои што ни претставија разочарувачки бројки. Самиот Муса Џафери, најповиканиот за ова прашање, излезе и призна дека за постигнување на предвидениот процент, според Охридскиот рамковен договор, треба да се вработат 100 илјади Албанци, а ниту еден Македонец. Истиот тој човек во многу негови изјаснувања не убедуваше дека Охридскиот рамковен договор во 95% е остварен. Како што можете да видите, Албанците ниту одблиску не се опфатени во бројката што ја гарантира токму овој Договор, и најлошото е во тоа што отсуствуваат и прецизни податоци. Значи, се оспорува и информацијата за точниот број на вработени Албанци во државните институции. Тоа што не го сфаќам во овој миг и за што би поставила прашање, чии што одговор не би го добила, убедена сум, е во однос на тоа како е можно во министерствата што се раководени од Албанците, значи што се кадар на ДУИ, да се соочуваме со скандалозно ниски застапувања на Албанците. Тука, почитувани колеги, вреди да се спомне и да се земе еден пример, со затворот во Куманово. Затворот во Куманово е без ниту еден вработен Албанец. Да ве потсетам дека ова Министерство го раководи министерот кој што е кадар на ДУИ. Се сеќаваме сите кога при инаугурација на овој затвор, затворот во Куманово, поинаку наречен и капитална инвестиција на ДУИ, Блерим Беџети запрашан за тоа колкава е застапеноста на вработените Албанци, одговорот беше - нула Албанци во моментов, меѓутоа, ќе биде подобро понатака. Тоа е многу добро познат стил на претставниците или функционерите на ДУИ. Замислете, во институциите што се во негова надлежност, отворени се, а објавени се конкурси, именуван е директор и друг персонал во моноетнчки состав, значи само Македонци, Албанците ќе ги пополнат подоцна работните места. Зошто Блерим Беџети,

76/38.-

Page 39: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

кога беше именуван директорот Македонец не се именуваше и заменик директорот Албанец? Зошто, кога се избраа чуварите и другите вработени Македонци не беа вработени и Албанци? Кој е виновен за оваа дискриминација? Зошто Блерим Беџети прифати да учествува на една таква инаугурација? Единствен Албанец беше токму тој, или пак, можеби пресметавте дека местото на вработените Албанци, всушност ќе го пополните со затворени Албанци како што се луѓето од Сопот или пак со терористката, мајката Фериде, стара жена, 60 години и беше изречена казна од четири години затвор за недозволено носење на оружје. Замислете, и ниту еден од претставниците на ДУИ не виде за сходно и особено сум засегната од госпоѓите пратенички и другите функционери на ДУИ кои што не видоа за сходно да излезат и да изустат еден единствен збор во заштита на оваа невина мајка на која и е изречена казна од 4 години. Да немате можеби договор со ВМРО да вработените бидат Македонци, а затворениците да бидат сите Албанци и за ова сте си дале себе си мисија да го пополните бројот со невини затвореници и со монтирани случаи. Истата ситуација е во сите институции раководени од кадри на ДУИ, истата состојба е и во Фондот за здравство каде што е раководител Џемали Мехази. Тука отсуствува и застапеноста и употребата на јазикот. Кој е тука виновен? Кој ви пречи тука? Кој го спречува Џемали Мехази да го пишува своето сопствено име на албански? Одиме понатаму, директорот на Фондот за патишта има проблем со табелите што се двојазични. Кој е тука виновен и каде е тука пречката? Почитувани колеги, многу прашања, за кои што никогаш не добивме одговор. Мислевме да добиеме одговор за тоа зошто се тепаат учениците Албанци, кој ги тепа учениците Албанци, зошто не се расветли овој случај и зошто не се казнуваат тие што го прават тоа. Не успеавме да добиеме одговор и за учебниците што се сервираат на учениците Албанци со навредувачки содржини. Исто така, не успеавме да добиеме одговор ниту за енциклопедијата која што се уште продолжува да кружи и во таа енциклопедија, антиалбанска енциклопедија каде што Албанците се опишуваат како дојденци, како планински луѓе и така натака. Денес јас би поставила прашање на госпоѓа Сузана Салиу за тоа зошто три години по ред ниту еднаш не седнала да претседава една пленарна седница. Меѓутоа, ќе ја поштедам, нема да ја прашам, затоа што таа го даде својот одговор. Иако години по ред Албанците ги лажете покажувајќи дека е големо достигнување официјализирањето на албанскиот јазик, сепак се уште е проблем, не можете да претседавате ниту една пленарна седница на албански и одговорот го дава дека, ете, нема политика волја партнерот во коалицијата и затоа нема да и поставам прашање, затоа што го знам одговорот.Второто прашање би го поставила на Муса Џафери, до каде е правичната и соодветна застапеност на Албанците во институциите,

меѓутоа, и за ова тој го даде својот одговор. За да се постигне овој процент, Муса Џафери рече дека треба да се вработат сто илјади Албанци, а ниту еден Македонец. Уште повеќе знаеме дека сега веќе нема шанси ниту еден Албанец да се вработи затоа што со последниот ребаланс од овој Секретаријат се одведоа над 260 илјади евра кои што беа наменети токму за вработување на Албанците во државните институции.Третото прашање би го поставила на Блерим Беџети, зошто нема ниту еден вработен Албанец во кумановскиот затвор, меѓутоа и за ова го имаме одговорот. Затоа што вработените ќе се сместат во затворот внатре. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Госпоѓа Мерал Узеири Ферати си постави три прашања, си даде три одговори, сега јас би ги поделил овие прашања до Владата на Република Македонија. Следен за поставување пратенички прашања е господинот Менде Диневски. Со оглед на тоа дека има уште 10 минути до 18,00 часот, доколку може едно прашање за да може да добиете и соодветно одговор, а. . . не . . .како ќе постапите така ќе правиме. Може и да продолжиме и по 18,00 часот, за да можете да добиете и одговор. Повелете со овие пратенички прашања и ќе завршиме.Менде Диневски: Мислам не е коректно од саат време каснење на почеток и уште 30 минути каснење после паузата, да дозволите да поставам три прашања согласно Деловникот. И ако имам и за тоа време, а се надевам дека министерот ќе ги даде одговорите согласно поставените прашања. Трајко Вељаноски: Благодарам. Искористете го времето, ќе добиете и одговор на поставените прашања, повелете. Менде Диневски: Господине Тодоров, согласно јавно достапените податоци кои може да се видат на веб страната на Фондот за здравствено осигурување, долговите на јавните здравствени установи перманентно растат. И тоа, директно, се одразува на пациентите и вработените. Очигледно е дека необјавувањето на финансиските анализи, на Фондот за здравствено осигурување за месеците: април, мај, јуни, јули, август и септември, јасно ја покажува состојбата во која се наоѓа македонското здравство, впрочем и државата. Согалсно оваа анализа која е последна објавена на веб страната на Фондот за здравствено осигурување, а се однесува за реализација на средствата од Буџетот на Фондот и буџетите на јавните здравствени установи за период од јануари до март 2013 година, може да се види дека заклучно со периодот од 31.03.2013 година, обврските на јавните здравствени установи изнесуваат околу 60 милиони евра. Кои споредбено со состојбата од 31.03.2012 година, бележат зголемување за околу 15%. За разлика од обврските Фондот за здравствено

76/39.-

Page 40: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

осигурување во оваа анализа ја дава споредбата за долговите само за последните три месеци на анализата од 2013 година, односно за јануари, февруари и март. Но, доколку се видат извештаите од претходната година, јасно може да се види дека вкупните долгови на Јавните здравствени установи зборувам за долговите сега, изнесуваат околу 40 милиони евра и споредбено со истиот период од минатата година, и затоа се кријат податоците се зголемени за некаде околу 30%. Или долговите на јавните здравствени установи само за една година се зголемиле за околу 10 милиони евра. Да ве потсетам јавните здравствнеи установи на 01.01.2009 година стартуваа со долг 0 денари. Односно немаа долг. Што покажува дека само за 4 години, долгот на јавните здравствени установи во Република Македонија се зголемил за фантастични 40 милиони евра. 4 години 40 милиони евра. Една година последната година 10 милиони евра. Очигледно е дека ако се прати динамиката на долгот од претходните години, Владата и Министерството за здравство немаат стратегија како да се справат со ова енормно задолжување на јавните здравствени установи. Согласно законот за здравствена заштита, доколку директорот во два шестмесечни извештаи, покаже загуба во финансиското работење и истиот не ги отстрани во вторите 6 месеци, треба да биде разрешен и на негово место да биде поставен в.д. директор. И последно, пред една недела гледав прес конференција каде што вие од партиската говорница на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека Владата разрешила 20 директори на институции и јавни установи во Република Македонија. Ни збор за јавните здравствени установи. Очигледно е дека повеќе се грижите за се друго во државата отколку за состојбите во здравството, и тоа директно зависи од вашето работење, односно неработење. Господине Тодоров имам прашање до вас. Зошто не го почитувате Законот за здравствена заштита. Кој ќе понесе одговорност за овој огромен финансиски долг кој го имаат Јавните здравствени установи и конечно колкав е вистинскиот долг на Јавните здравствени установи заклучно со месец септември. Второто прашање на почетокот сакам да истакнам дека ова прашање го поставувам во име на заболените од хронична милоична леукемија, по конкетно на заболените од Битола кои побараа заради сотојбата во која се наоѓаат и траумите низ кои поминуваат, за кои вие немате слух и сеуште од вас немаат добиено одговор на нивние прашања, ова прашање да го поставам денес. До вас, како министер, до претседателот на Владата и до претседателот на државата, се обратиле, но за жал од нив добиле одговор, во кој има форма, но нема суштина, а од вас до ден денес немаат добиено никаков одговор. За што се работи. Една смртноносна болест која однесе многу животи пред 12 години, се стави под

контрола со откривањето на епохалниот лек Ливек, за кој по 4 години убедување се стави на позитивната листа во предизборието на парламентарните избори во 2011 година, од страна на вашиот претходник. За жал, тоа траеше кратко и наместо да се стави на позитивната листа втората генерација на овие лекови во мај 2013 година, Клиниката за хематологија, одлучи наместо Гливек, согласно тендерот кој го имаше распишено, да го купи најефтиниот лек Имакребин. Од тогаш почнува агонијата, а во месец септември овој лек почна да ги дава и нус појвите, како што се болки во зглобовите, мускулите, диареа. Од тројца пациенти во Битола, кај двајца се присутни овие појави. Сакам да нагласам дека заболените од хроничната милоична леукемија, во Европа не го употребуваат Имакребинот и ако е регистриран. Согласно податоците разликата во цената на тендерот била околу 163 евра, со што Клиниката го одбрала токму најефтиниот лек. Од тука, пациентите јавно и гласно ги поставуваат следните прашања кои се надевам дека ќе дадете одговор. Вреди ли за таа цена да се ризикува животот на околу 70 луѓе. Смеели единствен критериум во тендерот да биде цената. Каде е квалитетот. Зошто на пример не е нагласена дијагнозата за која болест е распишан тендерот, туку е напишана генериката. Зошто не е побарана референца на лекот, односно каде истиот се употребува и какви резултати дал во неговата употреба. Дали по 8 месеци од кога ќе заврши овој тендер, ќе рапишете нов тендер и ќе набавите сосема трет лек. И на крајот, која е алтернативата ако овој лек кој го користат, не дава одговор. Но за да добијат одговори на сите овие прашања, денес треба јасно да одговорите на едно едноставно прашање: Кога ќе ги претставниците на зружението да поразговараат токму на оваа тема со вас. Третото прашање е исто така до госоподинот Тодоров. Истото ќе биде кратко и очекувам едноставен одговор од вас. Ќе посочам неколку јавно склучени набавки во Република Македонија. Првиот се однесува на јавна набавка за услуги од областа на информирањето на јавноста за активности на Министерството за здравство. Критериум за доделување на јавната набавка, квалитет 60%, цена 40%. Договорот е склучен пред два дена, носител на набавката е Друштво за продукција, маркетинг, трговија и услуги Република ДООЛ Скопје. Вредноста на тендерот е 7 милиони и 639.040. Вториот тендер, исто така од Министерството за здравство набавка на услуги за осмислување и реализација на кампања за сеопфатно и формирање на граѓаните и здравствените работници за можностите кои им се на располагање со преземање на активни мерки и имплементација на владините политики во здравствениот систем во земјата.

76/40.-

Page 41: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Критериуми, квалитет 65%, цена 35%. Вредноста на договорот 5 милиони 879.621 денар. Тоа е во однос на рекламирањето, повторно склучен со Република. Ќе дадам пример за други тендери, или склучување на јавна набавка. За конкретниот случај на претходното прашање. Предмет на јавна набавка лек Иматимит, критериум, за доделување на договорот, најниска цена. Уште еден пример, тендер за набавка на вакцини во Република Македонија, критериум за доделување на јавната набавка најниска цена. Да резимирам, за рекламирање важен е, квалитетот, за лековите, важна била најниската цена. Моето прашање е, до кога пациентите ќе бидат заложници на вашата политика за сметка на прескапо платените владини реклами. Благодарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Пратеникот Менде Динески, постави три пратенички прашања, сите до министерот за здравство. По однос на првото прашање, одговор ќе добиете од министерот за здравство, повелете министре. Никола Тодоров: Благодарам. Добро звучи вака кога зборите за долговите и искрено да ви кажам сакам да полемизираме на оваа тема. 2006 година, 4,5 милијарди долг, во здравството наследено. Сега, вие колку велите, еве вашата бројка ќе ја земеме за точно, 40 милиони евра. 2,4 милијарди. Што е повеќе 4 милијарди, или 2,4 милијарди. Проста математика, не треба да сте математичар. 4 милијарди е повеќе или 2,4 милијарди,1,6 милијарди помалце. Долговите со ова наше не работење се зголемиле, или се намалиле. Проста математика. Многу едноставно. 4 милијарди е повеќе или 2,4 милијарди, вие како ќе утврдите. Јас знам дека 4 милијарди е повеќе. Така да, она во поглед на долговите гледам сакате доста да полемизирате. Ама за да полемизирате за долговите треба да ги видите почетните позиции. Што сте оставиле кога сте си отишле, што сме затекнале кога сме си дошле и на кое ниво сме сега. Еве вие викате сега има 40 милиона, добро е да го земаме точно. Колку, иако не е толку, помалце е, колку сте оставиле. 4 милијарди и кусур денари долг на Јавните здравствени установи во Македонија. Ај што сте оставиле 4 и кусур милијарди долг, што апрати ни оставивте. Колку компјутерски томографии имаше во Македонија. Колку магнетни резонанси имаше во Македонија. Една која што повремено работеше. Сега се чудите зашто се зголемуваат трошоците. Трошоците во здравството се зголемуваат од повеќе причини. Првата причина е генерална и не е само во Македонија. Стареење на населението се вика. Тоа значи штом се зголемува сериозно бројот на луѓе кои што имаат потреба од здравствени услуги и не е само во Македонија, туку во цела

Европа, освен во некои земји кои што имаат силен наталитет, не знам Турција на пример, а и таму сериозно се зголемуваат од друг аспект па. Сериозно зголемување на свесноста на сопственото здравје. Втора причина, новата опрема и новата технологија. Мислите дека да оперирате со еден магнет кој што повремено работи и да има 6 магнетни резонанси кои што ги има во државата кои што работат исто, да имаат два компјутерски томографии кои што многу често се расипуваа и не можеа да дадат услуги на луѓето со тешки сообраќајќи и да има 6 само во Скопје исто. Исти се трошоците. Или литотриптер, тоа е една машина за кршење на камен во бубрег. Имаше порано? Набавивте некогаш, оставивте. Шајка немаше за ковање, камче немаше поместено. Сега за тоа ќе збориме, за инвестиции во здравство ќе збориме. Или можеби ги испраќавте лекарите на едукација во странство. Или можеби специјализации се одобруваа. Или оставивте огромен број на специјалисти да работат во јавното здравство. Огромен број на специјалисти. Дојдовме на дереџе да нема да бидеме во ситуација да нема доктори некаде. Тотално лоша политика во поглед или менаџмент со човечките ресурси во здравството. Стотина специјализации годишни. Нема, помалце трошоци, нормално. 460 оваа година, повеќе трошок. Точно. Ама повеќе и специјалисти. Имаат потреба луѓето од доктор. Се зголемуиваат трошоците, ама се зголемуваат и титулите. Обемот на услугите, опфатот на услугите, има ли компјутер ако некој има сообраќајка или нема компјутер. Во Битола, магнет да не имаше. Да не имаше литотриптер, или ангеограф можеби. Колку чини една интервенција коронолографија и ставање на стенд. Ги немаше порано тие трошоци. Сега ги има. Точно е ги има. Ама не е проблем да ги има, битно е граѓаните да ја имаат услугата. 200 интервенции на ангеографот до сега се самостојно изведени во Битола. Ангеографија со короносографија. Кардио васкуларни заболувања број 1 причина за смртност во светот и во Република Македонија. Тоа требаше да го каже некој или да го направи некој. Стратегии, стратегии, колку сакате, ама има од една страна стратегии оставено, од друга страна дела. Е, сега се зголемуваат трошоците, се зголемуваат. Лековите. Лековите се друга приказна. Маржи од 1000%. Вака, што гледам со математиката 4 милијарди или 2,4 милијарди што е поголемо, 1000% маржа, значи некој го купил лекот за 100 денари, а го продава 1000. Добра маржа, добар бизнис. Ова е Легатот. Ова е Легатот што е останат. И сега тргаме од една почетна ситуација, од една да речам состојба на тотално деградирање, над катастрофална политика над човечките ресурси, на немање на специјализации, на немање на опрема, на многу скапи лекови, на четири и кусур милијарди долг во здравство и сега вие викате имало 4 и кусур милијарди, сега има 2 милијарди, сте набавиле опремадавате повеќе услуги, ама ви растат

76/41.-

Page 42: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

трошоците. Е, растат. Не викам дека не растат трошоците. Сериозно растат. Ама се трудиме тоа да наоѓаме постојано начини како тоа да го сервисираме. Еве, на пример први, воведовме данок на алкохол. Први во цел регион. Не зимаат како најпозитивен пример во цела здравствена организација. Да. Да. Прашатеј колку земји имаат земено. Не сте знаеле, тоа сте требале на англиски да го прочитате. Вака. . . да одговорите, да прочитате, не несте знаеле. Не. Коректен сум. Коректен сум Макрадули, ама од таа страна не сте коректни. 8 минути одговарам на прашањето. Трајко Вељаноски: Не дофрлајте ве молам. Никола Тодоровски: Не на вашето прашање додуше, на вашиот колега, одговарам и на прашањето што се поставува паралелно и на мојот одговор. Јас разговарам. Трајко Вељаноски: Благодарам. Благодарам.Повелете министре. Завршивте. Никола Тодоровски: Не. Не завршив. Немам услови да продолжам. Трајко Вељаноски: Уште две минути имате. Продолжете. Повелете.Ве молам не дофрлајте од место.Не и пратениците да не дофрлаат. Во ред и едни ид руги. Повелете министре. Никола Тодоровски: Еве вака, се извинувам ако навредив некого. Немав намера да навредам. Не немав намера. Јас само имав намера да кажам дека треба да се прочита. Ако се седне да се прочита, се ќе се дознае. Па на англиски е. Или на француски, или на било кој.. . .јас не знам. Убаво е да знаеш јазик. Колку јазици знаеш, току. . . Трајко Вељаноски: Завршивте министре.Никола Тодоровски: Не сум завршил, немам услови да продолжам. Трајко Вељаноски: Еве услови сега имате. Имате уште 20 секунди, повелете. Никола Тодоров: Благодарам. Така да, за трошоците во здравството, почитуван пратеник Диневски ако говориме, тоа е причинта. Причинате е колку услуги даваме, дали даваме помалце услуги или повеќе услуги. Дали даваме услуги кои што се на повисоко ниво на здравствена заштита или на пониско ниво, дали даваме пософистицирани или помалку пософистицирани, каква опреам имаме. Тоа се генерира трошок. Не е тоа прашањето. Прашањето е дали се шири опсегот на услуги и дали се зголемува квалитетот на услуги. Ако нема лолитотриптер, ако нема лонгиограф, ако немало магнет, ако немало компјутер, ако немало најсовремена лабараториска опрема, ако немало нови светла, хирушки столови итн., ако немало опрема во гиниколгија, тогаш немало да ги има тие трошоци. Таа опрема нова, чини. Њу технологија сесменс се вика, има цела пресметка

која што се прави за влијанието или проценката на опремата на трошоците. Разгледајте го тоа, па потоа дискутирајте. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање.Има збор пратеникот Менде Динески, повелете. Менде Динески: Господине Тодоров, не ви е срам да ги навредувате колешките тука дали знаат јазик, не знаат јазик, што говореле. Јас ви поставив прашање мене коректно да ми одговорите. Немојте да правите нешто од ова Собрание на крајот на краиштата што на никој нему носи ќар. Зборувам за долг од 40 милиони евра за 4 години што го направиле јавните здравствени установи од кои само последната година долгот е зголемен за 10 милиони евра. Господине Тодоров, пред година дена ви го поставивме истото прашање. Знаете што ни кажавте? Долговите се зголемувале затоа што времето било ладно и тогаш еднаш од тезите беше дека граѓаните старееле. Сакам една работа да ве прашам. Дали во зголемувањето на трошоците го пресметувате и породувањето со мобилен телефон? Бидејќи немало светло, немало струја, па докторите во Клиничката болница во Битола породувале со светла од мобилен телефон, и тоа го рачунате во зголемување на трошоците? Ама тоа ќе го кажам ако сакам да бидам циничен. Јас ве прашав дали имате намера, дали имате стратегија како да го намалите долгот на јавните здравствени установи, бидејќи од 01.01 2009 година, кога дојде до порамнување на сметките, а не до плаќање на парите на обврските, до порамнување на сметките помеѓу јавна со јавна здравствена установа, се избришаа долговите и јавните здравствени установи стартуваа со долг нула, нула. Знаете само во 2012 година, вие кога сте министер не сакам да зборувам за другите и не сакам да зборувам во периодот во 2002 година, некој кога дошол колкав долг наследил. Не сакам за тоа да зборувам. Сакам да зборувам за вашето време вие кога сте министер. Вкупните долгови на ЈЗУ на 31.12 2012 година изнесуваат 2 милијарди 109 милиони 483 илјади денари во споредба со состојбата од 31.01.2012 година, бележат зголемување од 44,8% во ваше време, во една година, во 2012 година долгот на Јавните здравствени установи се зголемил за 44,8% и вие тука ќе ми држите предавања за домаќинлук, за чесно работење, за инвестирање? На чии грб инвестирате? Кој ќе ги враќа овие пари? На крајот на краиштата кажете, медицинската опрема ја купи Владата, Министерството за здравство или таа е сега на кредит кој треба граѓаните да го плаќаат преку долгот на Јавните здравствени установи. Немам дополнително прашање.Трајко Вељаноски: Благодарам.

76/42.-

Page 43: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Пратеникот не е задоволен од одговорот и нема дополнително пратеничко прашање. Второто прашање е исто така упатено до Министерот за здравство. Одговор ќе добиете од Министерот за здравство, повелете. Никола Тодоров: Второто прашање беше за Иматинибо, така?Трајко Вељаноски: За прием на некои граѓани кои што сакаат ....Никола Тодоров: Вака сега. Вие сте стоматолог, јас сум правник, малце не знам, не сме експерти да говориме за оваа област. Ќе се потрудам да го пренесам она што ми е пренесено од стручните лица од Фармацевсткиот факултет и од фармакологија. Ќе ме извините доколку направам некоја грешка. Генериката се вика иматинип инаку. Практично вие што предлагате тука, сега? Вие велите вака. Не треба да распишете тендер, туку да си го купите гливекот, односно да го купиме гливекот во четири очи со преговарање, затоа што ако распишеме тендер, еве што се случува. Се јавува и друга компанија која што нуди пониска цена и тоа сериозно пониска цена. Не 163 евра, 163 евра е разликата после сериозно наддавање. Лани цената во однос на оваа година, разликата е 45 милиони денари вкупно. Оваа година сме платиле 45 милиони денари помалку за тие лекови во однос на лани, а таа разлика која што ја кажувате вие, тоа е вака едно интересно изместување на тезите од 160 евра е разликата од цената на првиот и вториот понудувач после сериозно надавање на електронска аукција. Значи, разликата кога би го преземале она што вие го предлагате да склучиме договор за набавка на гливек, тоа е како да ви кажам како да кажеме да распишеш тендер, да купиш голф 7. Што тендер е тоа? Нема тендер, се знае, тоа треба да се набави. Оди во продавница купи го, така може приватно, дома. Во државата кога станува збор има Закон за јавни набавки и мора да се оди на тендер. Еве го објавуваме тендерот и на тендерот се јавува друга компанија која што се надала со првата. Зошто е тоа возможно? Затоа што гливекот повеќе не е иновативен лек, односно станува оригинатор. Оригинатор станува кога ќе истечат правата за патентна заштита. Тогаш станува оригинатор. Во моментот кога ќе стане оригинатор, значи дека некоја друга генерична компанија има право да почне да го произведува тој лек и да ја користи истата формула, односно да произведе лек кој што има еднакво количество на акрилна супстанца. Значи истиот лек кој што ги има истите својства, истите ефетки, истиот или сличен квалитет и тоа е така не само за овој лек, него за сите лекови. Ние во Македонија имаме голем број на лекови кои што се генерици, впрочем нашите фармацевски компании во Македонија произведуваат генерици или работат по лиценца на некои иновативни компании откако станале оригинатори. Тоа значи, откако истекла патентната заштита. Дали некој лек е генерик или е оригинатор зависи од тоа, или иновативен лек, зависи првенствено од патентната заштита.

Правна е пречката. Правно прашање е тоа. Во Америка е 5 години правото на патентна заштита, во Европа 11. Затоа убаво рековте вие после 12 години, 11 години се поминати истечена е патентната заштита и има право, генерички компании да го произведуваат тој лек во Европа и да го продаваат. Фармација и фармакологија врвни институции во Македонија велат дека лекот е ист. Ги има истата ефикасност, истиот квалитет и тоа јавно го изјавуваат и Фармацевсткиот факултет и Фармакологија, Институтот за фармакологија кој што се најповикани и најстручни во оваа држава, многу постручни од мене и од вас, за дебатирање и за давање на експертски мислења и ставови во оваа област. Ова не е мој став. Јас денеска го пренесувам експертското мислење кое што го имаме добиено и ние и целата македонска јавност, ова јавно го истакнаа и од Фармација и од Фармакологија. Во ред, ќе речете Фармација и Фармакологија гледаат за ефикасноста и квалитетот на лекот го гледаат од еден друг аспект. Целиот стучен колегиум на Клиниката за хематологија се согласил и дека овој лек е идентичен и тој лек треба да се користи и може да се користи. Еве, вие сте министер за здравство. Стручниот колегиум на клиниката вели нема разлика. Факултетот за фармација вели нема разлика. Институтот за фармакологија вели нема разлика. Како ќе постапите? Еве вие сте министер. Не сте експерт исто како јас што не сум експерт, со тоа што признавам вие имате сериозно повеќе стручни познавања во областа на медицината, бидејќи сте стоматолог. Еве ги, тоа се фактите. Стручен колегиум на хематологија, професори, Универзитетска клиника, тоа е врвното знаење во таа област е сконцентрирано од таму од една страна, Фармација од друга страна, Фармакологија од трета страна. Велат исто е. Од другата страна комплетно, пациентите велат не ние сме учени на овој ред. Многу тешко прашање. Многу тешко прашање, ама за да направиме онака како што вие велите, треба да не распишеме тендер. Затоа што ако распишеме тендер се јавува и друга фирма, а сега има регистрирано и трета фирма, го има тој лек регистрирано и четврта. Пазите, фирмата која што го добива е американска фирма, американска компанија. Ја не зборувам за некоја компанија, не знам, од земја каде што има многу ниска технологија и каде што нема искуство за производство на лекот. Зборувам за американска компнанија го добива тендерот, американски производител. Сега има и друга компанија, догодина треба пак да се распише тендер, пак ќе се јават три, можеби и четири догодина компании и ќе се наддаваат со цена за тој лек. Исти е лекот. Не знам како да го разграничат. За да го купиме глибекот треба да распишам тендер и да пишеме тендер за набавка на глибек. Тогаш ќе направам сериозно кривично дело, не јас, туку директорката што го распишува, бидејќи тендерот си го распишуваат на Клиниката за хематологија. Тогаш директорката ќе направи

76/43.-

Page 44: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

сериозно кривично дело. Затоа што го прецизирала предметот на набавката и кажала дека само тоа треба да се набави, а има и други. Да нема други пеки, така било до сега. Распишува тендер, нема други само тој се јавува и само тој добива. Нема друг производител, немале право да го произведуваат од аспект на патентна заштита. Сега имаат, што да правиме? Не смееме да ја ограничиме конкуренцијата, не смееме да ги исклучиме, не смееме да се распише тендер каде што го пишува директно гливекот од една страна, од друга страна сите овие аргументи кои што ги кажав, стручниот колегиум на Хематологија, Фармацевтски факултет, Фармакологија велат тоа е исто, нема разлика и од друга страна има сериозен пат на цената, 45 милиони денари е разликата од тоа што Клиниката за хематологија го платила за истиот број на пациенти минатата година набавувајќи го гливекот и оваа година набавувајќи го иматиникот. Матиникот е генеричкото име, гливекот е името на иновативниот лек, оргинаторот, тоа е брендот. Тоа е разликата и тоа е ситуацијата. Инаку, во делот дали ќе ги примиме, ние побаравме да ги примиме. Претседателот е службено отсутен на здружението, информиран сум дека по неговото враќање ќе е закажана средба во Министерството за здравство со претставници на министерството за здравство на кој што ќе му ги кажеме и на него истите овие аргументи. Фармацијата е вака, како да ви кажам, од една страна нели помага, или ова е индустрија цела, помага, се креира, се произведуваат лекови, им се помага на луѓето. Тоа е супер, се, а од дуга страна има и еден друг проблем. Јас се сеќавам и во Битола во каква незгодна ситуација бев ставен со бантронатите. Едниот беше на Рош, другиот беше на Баер. Беа убедени луѓето дека тој на Рош е подобар од тој на Баер. Две врни мултинационални компании. Едниот чинеше 16 илјади, дргуиот 8 илјади денари. Тоа е. Ги има убедено луѓето дека со едниот ќе живеат, а со другиот ќе умрат. Идентични се. Идентични се. Кохраривиу најпозната ревија за фармација, вели идентични се и нема никакво различно дејство или подобри ефекти од некои други. Ама ете така, ме нападнаа комплетно, со едниот ќе живееле, со другиот ќе умреле. Многу е лошо кога од било кои причини се злоупотребуваат пациентите, а најлошо е кога се злоупотребуваат од финансиски причини, а посебно оваа категорија на болни. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање. Има збор пратеникот Менде Динески, повелете. Менде Диневски: Што направивте кога бевте во Битола? Попуштивте на барањето на пациентите. Не сум ескперт ниту во моето пратеничко прашање се обидов експертски со вас да дискутирам во делот на заболувањето и лекот кој

го примаат пациентите. Ако добро ме пратевте јас кажав на почетокот сакам да истакнам дека ова прашање го поставувам во име на пациентите, поконкретно на тројца пациенти во Битола од кои двајца веќе имаат нус појава од примање на новиот лек. Бидејќи 8 месеци бараат прием кај вас и еден од нив има дадено изјава дека побрзо до Обама ќе стигне од колку до вас, ме замолија да го поставам ова прашање и кога се согласив дека ќе го поставам прашањето прашав дали сакате да го поставам во ваше име на господинот Селајдин Ахмет, дали во име на здружението или во мое име. Знаете зошто го поставив тоа прашање? За да не му даваме политизација и политика на овој проблем, ама вие сакате да политизирате. И сами кажувате јас сум велел да нема тендер, ама вие сте биле за тендер. Сега јас можам да ви кажам дека овој лек што го набавивте во Македонија за 1700 евра во Србија го набавуваат за 500 евра и каде е крајот. Прашањето беше едно и единстевено и го дадовте одговорот на крајот. Зедовте јавна обврска дека ќе ги примите преставниците на здружението и со нив ќе разговарате. Ниту сакам да водам политика, ниту имам намера пациентите да ги злоупотребувам за политички поени во ова Собрание, а најмалку за луѓе со кои сум се гледал очи во очи и сум слушал какви се проблеми имаат од промената на терапијата. И затоа почитуван министер треба да сте коректни до крај и да не се обидувате секое прашање во ова Собрание да го политизирате во делот на здравството и да ни кажувате колку е интересно набавувањето на лековите и како во некој период се набавувале одредени лекови за 1000% поскапо. Ако сакам да го политизирам прашањето, ама нема да го политизирам до крај ќе ве прашам која е набавната цена на овој лек што е влезена во Македонија, а се продава односно се купува од Клиниката за хематологија по 1700 евра. која е набавната цена на внесување во Република Македонија и тогаш ќе го политизираме прашањето и тогаш ќе видиме колкав е ќарот или бенефитот на грбот односно на пациентите . Благодарам немам дополнително прашање. Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот Менде Диневски нема дополнително пратеничко прашање.Третото прашање е исто така упатено до министерот за здравство. Одговор ќе добиете од министерот за здравство, повелете.Никола Тодоров: Благодарам.Морав да станам имаше некои технички проблеми со микрофонот. Третото прашање е поврзано со второто прашање дадовте една корелација и затоа ќе ги поврзам и јас одговорите. Не, не реков дека вие ги користите пациентите за политички цели, во ниту еден момент. Реков дека не треба да се злоупотребуваат овие пациенти, не од вас, зборував за фармацевски компании, не за вас.

76/44.-

Page 45: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

Уште еднаш го повторувам тоа немав таква идеја сосема друга беше дискусијата. Значи нема потреба, вие немавте никаква врска со ситуацијата со Битола и со бадронаците, за тоа говорев. Значи за тоа во Битола што се случи вие како Менде Диневски немавте никаква поврзаност со тоа. значи јас говорев за тој случај и со тој случај го поврзав искористувањето на пациентите, особено на таква категорија на пациенти. Сакам да кажам не сум имал таква намера да кажам дека вие сте имале некаква врска. Она што е клучно и врз основа на што ги спроведуваме набавките е следно: треба да се распише тендер со 100% цена и да се предефинира квалитетот односно да се каже што треба да се набави. Во случајот на лековите тоа е генериката. Во случајот на лековите се вика, се набавува таа и таа генерика и компаниите излегуваат на тендер и понудуваат, кој ќе понуди најниска цена за таа генерика тој го добива тендерот. Ако имаат регенерици две компании, три, три, пет, десет колку има толку понудувачи ќе дојдат на тендерот и ќе се натпреваруваат кој ќе постигне најниска цена. Како би го предефинирале квалитетот. Еве да ставиме 90 бода квалитет, 10% цена. пак немаме теоретски шанси да го дефинираме квалитетот на гливекот во однос на останата генерика. Зошто? Затоа што е генерика, истата формула. Како ќе го предефинираме квалитетот или треба да кажеме во квалитет да ставиме во испорака во последни пет години на клиниката. Така го цртаме гливекот дека треба да биде во тендерот. Значи нема што да се стави во тендерот за да се предефинира квалитетот освен да се наведе генериката, ниту пак ако се стави 90 бода за квалитет, еве да распишеме таков тендер, дајте ми ги што да ставиме за квалитет и како да го бодуваме квалитетот и да кажеме дека гливекот е поквалитетен од овој матинивот сега и на тој начин да го дисквалификуваме матинивот односно да добие понизок број на бодови. Еве ве повикувам кажете ако има логика во тоа и ако е исправно ќе го прифатиме. Како да направиме дистинкција во квалитетот помеѓу гливекот и матинивот. Како да ви објаснам сега зошто да набавиме некој аспирин од Баерн или да набавиме аспирин од Алкалоид, кој е поквалитетниот и како тоа да го диференцираме во тендер. Вака за да на граѓаните им биде појасно за што зборувам заради тоа на огромен дел на граѓаните ова им е апстракна расправа и на таа карта играат некои субјекти да не наведат ние тука апстракно да расправаме, а позадина да има некаква си друга. Точно е, се вражам на ова во Битола тогаш попуштив. Не знаете тогаш со што се соочив, не сакам никогаш вие да се соочите со тоа, со какви клетви, какви зборови итн. фамилии, деца. Се ежам кога ќе се потсетам. Зошто? Затоа што некој го убедил дека од Аспиринот на Баер ќе живеат или на некоја фармацевска компанија, а од аспиринот на другата на фармацевска компанија ќе умрат, од

истиот лек, потполно истиот лек, ама некој ги убедил. И не можеме против тоа убедување да се бориме, нема теоретски шанси зошто станвуа збор за луѓе кои што се во многу тешка психолошка состојба. Тоа беа луѓе болни од рак на коски, многу тешка здравствена и многу тешка психолошка состојба и некој ги убедил дека од едниот лек ќе живеат,а од другиот ќе умрат. Сега имаме прилично иста состојба и тука и имаме генерика по која што ги набавуваме лековите. Се јавува фирма која што нуди сериозна пониска цена значи за 45 милиони денари пониска цена и тоа ова последното прашање што го поставивте посебно, ај да видиме колку се продава во Србија па видиме тука и колку му е увозната цена, колку му е продажната. Ајде да видиме колку му е увозната цена, колку му е продажната на Гливекот за сите овие години тоа е прашањето и што се случило за овие што продаваат Гливек да се спуштат само на 160 евра односно да намалат 45 милиони денари оваа година во однос на претходната. Значи оваа година биле спремни да го добијат тендерот за 45 милиони денари помалку од лани. Тоа е прашањето. Е сега ако имало трета фирма тогаш уште повеќе ќе паднела цената. Јас очекувам тоа догодина да се случи затоа што сега има и трета компанија која што го регистрираше иматиновот, тоа е генериката. Догодина ќе има три фирми кои што ќе е натпреваруваат, очекувам уште повеќе да падне цената. Јас во никој случај не би дозволил Македонија да се претвори во држава каде што се користат најнеквалитетни лекови, ама повторно ви зборам јас не зборувам за лекови од сомнително потекло и од некои не знам држави. зборувам за лек произведен од американска компанија. Американска компанија учествувала и се натпреварувала со европска компанија или со друга американска компанија. Сега они се натпреваруваат, победува другава американска компанија што до сега немале можност и тука имаме сега еден цел заговор дека лековите биле лоши дека немале можност, дека имале нус појави. И од гливекот има нус појави и кај Гливекот има, тие се викаат таканаречени нереспондери и тие што се нереспондери кај Гливекот за нив има втора генерација на Гливек за која што има сериозен притисок да влезе на позитивна листа, ама проблем и што кај втората генерација на Гливекот има нереспондери. Значи оваа работа е многу сложена за да сведеме на многу едноставна расправа на бројки и тендери и на нус ефекти. Значи несакани ефекти во медицината од лековите, во фармацијата има секаде. Не за џабе секоја фармацевска компанија има политика на собирање на податоците на несаканите ефекти. Така се унапредува квалитетот. Значи од несакани ефекти може да се јават и од генерика која што е многу често користена. На пример Фервекс има несакани ефекти, или некои антибиотици или некои аналгетици или аспирини, крварење во желудникот итн. значи се јавуваат несакани ефекти. Прашањето е дали несаканиот ефект е послаб од ефектот кој што се постигнува со

76/45.-

Page 46: STENOGRAFSKI BELE[KI - Собрание на РМ sednica 00... · Web viewСтудијата е сеопфатна која опфаќа 80 локации со прецизно мерење

давањето на лекот односно дали е минорен во однос во кој што се постигнува со давањето на тој лек. Дали е штетата е поголема од несаканиот ефект или користа од давањето на лекот за таа болест е поголема. Тоа е клучното прашање. Тие несакани ефекти треба да се пријават, за да тие потоа Бирото ги пријави кај производителот и тоа е таа фармакогиналца, тие имаат лице задолжени за фармакогиналца, тоа е задолжително за секоја веледрогерија да има лице задолжено за фармакогиналца. Потоа има цела процедура како тие несакани ефекти се рапортираат кај производителот и повратна информација назад што се добива, не само за Македонија, туку за производство во целиот свет. Така да ви повторувам, ако сакаме да направиме тендер со 90% квалитет немаме шанси да направиме дистинкција помеѓу тоа која генерика е подобра и како тоа да го наведеме во тендерот и како потоа тоа да го бодуваме. Еве ако имате вие или некој друг или било кој нека каже како може една иста генерика од два различни производители да ја дистинктираме по квалитет. Затоа мислам дека не беше соодветна споредбата. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Дали пратеникот е задоволен од одговорот, односно дали сака да постави дополнително пратеничко прашање? Има збор пратеникот Менде Диневски, повелете.Менде Диневски: Господине Тодоров не ми одговоривте на третото прашање. Третото прашање беше како за рекламирање на Министерството за здравство критериум да биде 65% квалитет, на пример 35% цена или од завчера од 28 кога го имате договорот потпишано, 28.10.2013 година во висина од 7 639 040 квалитетот бил критериум за доделување за договор за јавна набавка квалитет 60%, а цената 40%. Значи за да се рекламирате, претпоставувам тоа рекламирање бил овој спотот за абортусот после 00 што одлучија да го даваат. Така, тоа е тоа. И претпоставувам вашиот однос кон колешките пратенички, можеби вие сте сугерирале како треба да изгледа спотот и како докторите ќе ги поистоветувате со убијци, ама за тоа ви требаше квалитет, а за цената на лекот односно за набавка на лек единствен критериум е за вас цената. Вас очигледно многу време ви треба да се објасните зошто се случило ова што се случило со клиниката за хематологија кога се набавувал тендерот и да ви кажам една работа. Не јас претпоставувам преставниците на здружението заради тоа што тие ми го пренесоа, тие тврдат дека не дадено согласност од стручниот колегиум, а вие тврдите дека е. Исто така велите зошто е објавена или кажете што друго освен генериката да ја објавиме, јас ќе ве прашам зошто не објавите тендер за втора генерација итн. Ама јас прашањето што го поставив не го поставив да спорам за второто прашање. Прашав кога кажете тука јавно ќе ги примите луѓето за да разговараат и нив да им објаснивте како што им објаснивте на некои

други, а мене требаше да ми објасните тука и затоа ви го поставив прашањето. Како за Република, како за себе рекламирање, како за од септември наваму ќе потрошите 574 илјади евра за рекламирање во здравството и за тоа вас ви е битен квалитетот, а за лековите, за вакцините најниската цена. Е за тоа вие не сакате да дадете одговор. Вие не сакате да дадете одговор знаете зошто. Затоа што тендерите кои ги правите и за кои се распишуваат треба многу многу да објаснувате, да се потите тука како само едни исти маркетинг агенции го добиваат истите тендери. Благодарам.Трајко Вељаноски: Благодарам.Пратеникот нема дополнително пратеничко прашање.Тука ја заклучувам Седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија. Благодарам.(Седницата заврши со работа во 18,42 часот)

76/46.-