sovremeni priodi na liderstvo

30
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ СЕМИНАРСКА РАБОТА тема: Sovremeni priodi na liderstvoto

Upload: sofcer

Post on 02-Dec-2014

152 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

СКОПЈЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТАтема:

Sovremeni priodi na liderstvoto

KANDIDAT: МЕНТОР: SOWA BOGDANOVSKA Проф.д-р.Qubомир DrakulevskiБрој на индекс: АСИСТЕНТ:45202 Леонид Наков

Page 2: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Скопје, 2003

Содржина:

А. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО................................2

Б. ПЛАН НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА......................3

1. ТЕОРИЈА НА ХАРИЗМАТИЧНО ЛИДЕРСТВО.......................4

2. ТЕОРИЈА НА ТРАНСАКЦИОНО И ТРАНСФОРМАЦИОНО

ЛИДЕРСТВО........................................................................................9

2.1. ТРАНСАКЦИОНО ЛИДЕРСТВО.........................................9

2.2. ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО.............................10

3. СУПСТИТУТИ НА ЛИДЕРСТВОТО.........................................14

3.1. СУПЕРЛИДЕРСТВО.............................................................17

В. ЗАКЛУЧОК........................................................................................19

Г. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА........................................................20

1

Page 3: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

А. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Лидерството е концепт кој го фасцинира човештвото од најстари времиња. Но, дури во 20-тиот век се појавија и развија определени теории кои се обидуваат да ја објаснат природата на лидерите и лидреството.

Постојат бројни истражувања и теории кои го согледуваат лидерството од различни аспекти, кои до скоро, можеа да се сведат на три главни пристапи за проучување на лидерството: од аспект на карактерните црти(особините) што ги поседуваат успешните лидери, од аспект на утврдување на однесувањето што ги карактеризира успешните лидери и од аспект на ситуацијата (уште познат како пристап на контингенција), според кој ефективноста на лидерот зависи од ситуацијата во која се наоѓа тој, односно од задачите за извршување, способностите и очекувањата на подредените, организационото окружување,минатото искуство на лидерот и подредените, итн.

Покрај релативниот степен на прифаќање на ситуационата теорија и теоријата пат-цел иголемите достигнувања во истражувањата што биле спроведени, малкумина денес би се спротивставиле дека лидерството сеуште задава грижи. Лидерството моментално е нападнато од сите страни, од теориите што се однесуваат на него, истражувачките методи за нивно проучување и примена. На пример John Miner бил многу критичен кон теориите на лидерство и предвидел дека ќе бидат сосема напуштени, и од недамнешното широко испитување на традиционалните теории заклучил дека многу од тестовите кои воделе кон идентификување на модерните ефекти биле оценети како несоодветни, и поголемиот дел од резултатите од оваа област не биле повторени. Дошло времето на алтернативните теории, методи на истражување и апликациите во изучувањето на лидерството.

Во последните 20 години присутен е погледот на лидерството од аспект на трансакционото и трансформационото лидерство. Целта на сите овие истражувања е да се согледаат причините зошто некои лидери се поуспешни од други, односно што е тоа штонекои луѓе ги прави успешни лидери, за врз таа основа да се обучуваат и развиваат лидерите.Покрај ова, присутни се теориите за лидерот со харизма и ситуациите на супститути на лидерството. Разгледувањето на секоја од овие теории предвидува подобро разбирање на комплексниот процес на лидреството.

2

Page 4: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Б. ПЛАН НА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА МАТЕРИЈАТА

Во оваа семинарска работа се обработени современите приоди кон лидерството, од кои се издвоени неколку, како најзначајни и најшироко прифатени. Најпрво е претставен приодот на лидерството од аспект на харизмата на лидерот како негова индивидуална карактеристика. Во овој дел е посветено внимание и на жените како успешни лидери во бизнисот и се наведени неколку примери за истите. Во вториот дел се прикажани трансакционото и трансформационото лидерство, со чија помош се согледуваат причините зошто некои лидери се поуспешни од други. И на крај се обработени супститутите на лидерството коишто се наоѓаат во: подредените, задачата и карактеристиките на организацијата, и влијаат на тоа однесувањето на лидерот во определени ситуации да не е важно за извршувањето на задачата.

3

Page 5: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

1. ТЕОРИЈА НА ХАРИЗМАТИЧНО ЛИДЕРСТВО

Харизматичното лидерство претставува навраќање на старата концепција на лидерите кои “со силата на своите способности можат извонредно да влијаат на следбениците” .Покрај тоа што харизматичната концепција или харизмата се навраќа во времето на античките Грци и е цитирано во Библијата, нејзиниот модерен развој се припишува на работата на Robert House. Врз основа на анализите на политичките и религиозните лидери, House заклучува дека харизматичните лидери се одликуваат со голема самодоверба и доверба во потчинетите, големи очекувања од потчинетите, идеолошки визии и земање себеси за пример. Следбениците на харизматичните лидери се идентификуваат со лидерите и мисијата на лидерите, покажуваат најголема лојалност и доверба во лидерот, ги подржуваат вредностите на лидерот и неговото однесување, и создаваат самопочитување од нивниот однос со лидерот.

Според Conger и Kanungo главни карактеристики на харизматичните лидери се:

1. Самодоверба. Харизматичните лидери имаат потполна доверба во нивните способности и начинот на кој ги донесуваат судовите за нештата;

2. Визија. Тие имаат идеализирана цел која предлага подобра иднина на status quo. Колку што е поголема разликата меѓу идеализираната цел и состојбата на status quo, толку е поверојатно следбениците да веруваат дека необичната визија е карактеристика на лидерот.

3. Способност да и се даде артикулација на визијата. Тие имаат способност да ја објаснат и дефинираат визијата на начин на кој е разбирлив за останатите. Оваа артикулација треба да покаже разбирање за потребите на следбениците и оттука да дејствува како мотивирачка сила.

4. Силна верба во визијата. Харизматичните лидери треба да создадат претстава дека се потполно посветени на својата визија и подготвени да преземат личен ризик, вклучувајќи и висок степен на самоодречување, за да ја остварат истата.

4

Page 6: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

5. Однесување кое не е вообичаено. Нивното однесување се третира како новитет, т.е. како неконвенционално и неограничено од вообичаените норми. Доколку се успешни, ваквото однесување предизвикува изненадување и воодушевување кај следбениците.

6. Појавност во вид на претставник на промените. Харизматичните лидери се појавуваат како претставници на радикалните промени, а не како чувари на status quo.

7. Чувствителност за окружувањето. Тие се способни да направат реална проценка на оганичувањата во окружувањето и на потребните ресурси за да се реализираат промените.

Суперѕвездата Мајкл Џордан ја има можеби најдобрата

индивидуална вештина во историјата на кошарката. Како и да е, тој е исто така познат по неговото харизматично лидерство. Тој ги објаснува ефектите од неговата харизма на следбениците: “Јас можам да ги инспирирам луѓето да прават работи во коишто јас верувам, особено кога гледам некој со способност што не се труди доволно”. Како капитен на Чикаго Булс, Џордан понекогаш изгледа како да ги мачи или дури разбеснува неговите соиграчи, како Денис Родман, но како што прават сите харизматични лидери, тој ги докажува способностите на неговите другари играчи и го подигнува нивото на игра на тимот да го освојат НБА шампионатот.

Неодамна Bass го проширил профилот на харизматичните лидери вклучувајќи ги бизнис лидерите како Lee Iacoca или жените кои постанале највисоки извршители, разгледувани во придружницата Managing Diversity in Action: Харизматични Жени Лидери во Бизнисот. Особено забележува дека харизматичните лидери имаат супериорна вештина за дебата и за убедување како и техничка вештина и дека тие ги потпомагаат промените во врска со ставот, однесувањето и емоционалните промени на нивните следбеници. Недамнешен артикл во Fortune го опишува менаџерот со харизма вака:

“ Тој посетувал некој среден колеџ. Нема MBA, но има аура(слух). Тој убедува луѓе – подредени, рамни на него, муштерии. Луѓето поместуваат ридови за него. Трчаат низ оган. Одат боси на скршено стакло. Тој не бара внимание, тој владее со него.”

5

Page 7: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Табела 1 Компоненти на однесување на харизматични

и нехаризматични лидериНехаризматични лидери Харизматични лидери

Во однос на Status quo

Главно се согласува со status quo и настојува да го одржи

Главно се спротивставува на Status quo и настојува да го смени

Идни целиЦел која не е во дискрепанца со status quo

Идеализирана визија која е во голема дискрепанца со status quo

ДопадливостЗаедничката перспектива ја прави прифатлива

Заедничката и идеализирана визија ја прави прифатлива, и згора на тоа, станува херој со кој е достојно да се врши идентификација и да се копира

ДоверливостНепристрасно застапување на намерите

Непристрасно застапување по пат на голем личен ризик и цена

Експертство

Експерт во користење на расположливите средства за остварување на целите во рамките на постоечкиот поредок

Експерт во користење на неконвенционални средства за надминување (прекорачување) на постоечкиот поредок

ОднесувањеКонвенционално, конформистичко со постоечките норми

Неконвенционално или спротивно на нормите

Чувствителност на окружување

Слаба потреба за чувствителност за окружувањето за да се одржи status quo

Висока потреба за чуствителност за окружувањето за да се промени состојбата на status quo

АртикулацијаСлаба артикулација на целите и мотивација за водство

Силна артикулација на идната визија и мотивираност за водство

Извор на моќ

Моќ на позиција и лична моќ (заснована на наградување, експертство и поврзаност со пријател сличен на себе)

Лична моќ (базирана на експертство, почит и воодушевување од уникатен херој)

Однос лидер-следбеник

Егалитарен, во потрага по консензус или наредбодавен

Ги принудува или им наредува на луѓето да ги делат неговите погледи

Елитистички, претприемачки и егземпларен

Ги трансформира луѓето за да ги споделат радикалните промени за кои се залагаат

Извор: Jay A. Conger, R.N. Kanungo: “Toward a Behavioral Theory of Charismatic Leadership in Organizational Settings”, Academy of Management Review. No.12, 1987, p.641

6

Page 8: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Поради ефектите што харизматичните лидери ги имаат врз следбениците, теоријата предвидува дека харизматичните лидери ќе произведуваат кај следбениците извршувања над очекувањата како и силна обврска кон лидерот и неговата или нејзината мисија. House и неговите колеги ја подржуваат харизматичната теорија, но како и кај другите теории на лидерство постојат комплекси и се потребни повеќе истражувања. Исто така биле предложени и проширувања на теоријата. На пример Conger и Kanungo ја третираат харизмата како својствен феномен и сметаат дека се менува во различни ситуации. Лидерските особини што ги потпомагаат харизматичните својства вклучуваат самодоверба, впечатливи менаџмент вештини и социјална чувствителност. Ситуациите што го промовираат харизматичното лидерство вклучуваат кризи кои бараат радикални промени или следбеници кои многу се незадоволни со status quo.

Вклучените проширувања во харизматичната теорија се исто така препознавање на темната страна. Харизматичните лидери настојуваат да бидат прикажани како извонредни херои. Исто така харизматичните лидери можат да имаат неетички карактеристики.Со обзир на ризикот да се биде етичен, било забележано дека харизматичните лидери:

... ја заслужуваат оваа етикета само ако тие креираат трансформации во нивните организации, така да членовите ќе бидат мотивирани да ги следат нив и да ги бараат целите на организацијата, не едноставно бидејќи така е наредено, и не само затоа што тие сметаат дека таква согласност е во нивен интерес, туку бидејќи тие доброволно се идентификуваат со организацијата, нејзините стандарди на управување и по своја волја бараат да ги исполнат нивните предлози.

Оваа идеја за трансформација е исто така земена од Bass, кој смета дека харизматичното лидерство е навистина само компонента на широко-прифатеното трансформационо лидерство.

7

Page 9: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Управување со разлики во работата

ХАРИЗМАТИЧНИ ЖЕНИ-ЛИДЕРИ ВО БИЗНИСОТ Ако харизматичните лидери имаат техничка стручност и се способни да ги унапредуваат ставовите, однесувањето и емотивните промени кај нивните следбеници , тогаш Mary Kay Ach сигурно е харизматичен лидер. Од формирањето на нејзината фирма Mary Kay Cosmetics, во во 1963, таа поставила модел на однесување за илјадници вработени, коишто се восхитувале но и спротивставувале на нејзиниот стил на лидерство. Како и да е, таа не е сама. Неколку други бизниси имаат жени извршители на високо ниво коишто биле способни да навлезат во највисокиот менаџмент врз основа на нивното харизматично лидерство. Добар пример е Jill Barad, претседател и извршен шеф офицер на Mattel. Кога Barad ги презела работите восвои раце во 1988, продажбата била стагнирана. За пет години таа ги удвоила приходите.Нејзината стратегија вклучувала поттикнување на маркетингот и истражувачкиот персонал за развој на нови извиткувања на продуктите што постојат. Таа исто така помогнала на начин што скоро една третина од нејзиното време патувала и зборувала со трговците на мало и децата за тоа што тие сакаат компанијата да им понуд. Овој директен контакт со муштериите ја става неа во идеална позиција да разговара за стратегиските промени со маркетинг и производствениот персонал и заеднички да работи со нив во имплементирањето на идеите за производство. Како што вели таа:”Не се создаваат такви видови на марки, какви што ние создаваме без координиран напор. Јас сум во составот на тимот”. Друг добар пример е Judy Lewent, финансиски шеф офицер во Merck, фармацевтски гигант. Кога во 1988 година ја презеде позицијата извршител во финансиската група, нејзината цел била да направи економски изведливо за фирмата да ја задржи нејзинара долгоодржувана обврска за истражување и развој. Таа беше убедена дека R&D беше потребно за создавањето на ова лекарство. Следејќи ги нејзините цели, Lewent го доведе Merck во заеднички вложувања со фирми како Du Pont, Johnson&Johnson и Astra, Шведско фармацевтска компанија. Во исто време таа работеше напорно на создавање клима на иновација за 500 вработени во нејзината група. Неодамна, на пример, таа воведе нова програма што ги нагласува инвентивните начини на финансирање и персоналите за награди, коишто перманентно изнаоѓаа креативни решенија за проблемите. Како што вели таа:” Јас веднаш увидов дека креативноста беше клучот на успехот за финансиската зона овде”. Друг пример за успешна жена како бизнис лидер е Ruth Owades, основач и претседател на Calux and Corolla, којшто испорачува свежи егзотични цвеќиња преку ноќ, од одгледувачите во Флорида и Хаваи. Суштината на стратеѓијата на Owades е да воспоставува врски помеѓу нејзината фирма и одгледувачите и луѓето за испорака. Во достигнувањето и задржувањето на предноста во конкуренцијата, Owades се потпира на помошта на нејзините луѓе во идентификувањето и решавањето на проблемите. Преку употребата на работно-ориентираните состаноци, кадешто целиот персонал има можност да даде свој придонес, исто така има можност директно да учествува во водењето на бизнисот. Овој пристап се покажал како мошне добар, такашто менаџментот во изминатите години воопшто не бил променет. Персоналот ужива работејќи во Calyx and Corolla бидејќи се чувствуваат како дел од победничкиот тим.

8

Page 10: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

2. ТЕОРИЈА НА ТРАНСАКЦИОНО И ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО

Идентификувањето на харизматичните карактеристики на лидерите може да постане многу важно како што организациите ги трансформираат традиционалните начини да им се дозволи да се сретнат со предизвикот на драматична промена. На почетокот на декадата, директорите(водачите) на IBM, GM, American Express, Westinghouse, Eli Lilly, Allied Signal, Kodak и Tenneco, сите ги загубија работните места што не ги водеа нивните фирми низ успешните трансформации неопходни за новото окружување. Од друга страна CEOs of Ameritech, Coca-Cola, и GЕ ги водеа нивните компании низ успршните трансформации. На пример Bill Weiss, ја трансформираше компанијата Ameritech додека достигнуваше петгодишен рекорд на заработувачка, Roberto Goizeuta од Coca-Cola и Jack Welch од GE ги трансформираа нивните фирми во број еден и број два создавачи на вредноста на пазарот додадени во изминатите пет години.Теоријата за трансформационото лидерство служи како фондација за овие значајни развојни промени.

Burns почетно идентификува два типа на политички лидерства: трансакционо и трансформационо. Потрадиционалното трансакционо лидерство вклучува промени во лидерство помеѓу лидерите и следбениците, но трансформационото лидерство повеќе се базира на промена на вредноста од страна на лидерите како и мислењата и потребите на следбениците. Табелата 2 ги сумира карактеристиките и приодот на трансакционите против трансформационите лидери.

2.1. ТРАНСАКЦИОНО ЛИДЕРСТВО

Трансакционото лидерство е термин кој се користи за да ги опише пристапите кон лидерството според кои лидерот со својот стил ги поттикнува следбениците да работат максимално добро, согласносо определената задача во дадена ситуација, а по пат на појаснување на нивната улога во остварување на целите на организацијата. Овие лидери ги разјаснуваат барањата на задачата на своите подредени за тие да можат со доверба да го вложат потребниот напор. Исто така, тие ги препознаваат потребите на

9

Page 11: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

потчинетите и нивните желби и објаснуваат како тие да бидат задоволени ако се направат очекуваните напори.

Најголем број од теориите за лидерство тргнуваат од овој аспект на трансакционото лидерство , кадешто лидерот кој ја знае ситуацијата, потербите на подредените и задачата која треба да се изврши, ги води подредените во извршување на задачата, за што тие потоа добиваат определена награда. Преку обука, менаџерите стекнуваат вештини за вакво трансакционо лидерство. Сепак, и покрај обуката, менаџерите не се во можност да го користат потполно овој вид на лидерство. За ова, придонесуваат временските притисоци, слабите методи за проценка, сомневањето во ефикасноста на позитивното засилување, неконформноста на лидерот и потчинетите со методот како и недостатокот на менаџерски вештини. Така, не е доволно да се запознае ситуацијата и да се одбере и спроведе определен стил на лидерство за да се остварат барањата на ситуацијата. Потребно е нешто ново, а тоа е трансформационо лидерство.

2.2. ТРАНСФОРМАЦИОНО ЛИДЕРСТВО

За разлика од трансакционото лидерство кое е насочено кон: подобрување и одржување на квалитетот и квантитетот, намалување на отпорот кон определени акции, спроведување одлуки, и др., трансформационото лидерство е поврзано со радикално свртување на вниманието кон значително подобрување на вработувањето преку: зголемување на напорот на вработените, воведување на иновативни и револуционерни идеи и визии за идните можности. Во услови кога организацијата се соочува со непознато и конкурентно окружување или окружување со динамични промени, во услови кога работата е комплексна и тешка, организацијата мора

10

Page 12: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

да поседува способност за мобилизација на сите вработени во искористување на нивните способности и знаења. James MacGregor Burns зборува залидерот како за херој кој ги поттикнува и трансформира следбениците. Лидерите кои се способни да ги поттикнуваат, менуваат и користат вредностите, верувањата и потребите на нивните следбеници во извршувањето на задачите во кризни и динамични ситуации со големи промени, со трансформациони лидери. Трансформациониот лидер обезбедува силна визија и “заразен” ентузијазам, што кај следбениците ја зголемува довербата, нивните аспирации и обврзаноста кон лидерот. Со тоа следбениците се високо посветени кон лидерот, позадоволни од самата работа и спремни да вложат и екстра напор за постигнување успех на организацијата во услови на предизвик. Само трансформационите лидери се способни да трасираат нови текови за модерната организација. Тие се главни носители на промените во организацијата. Трансформационото лидерство подразбира вклучувања во процесот на договарања со следбениците. Лидерите им даваат слобода на следбениците во извршување на задачите и интервенираат само ако на се остваруваат саканите цели. На тој начин, им овозможуваат на следбениците да остварат подобри резултати од оное што се очекуваат од нив.

11

Page 13: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

На сликата 1.2 е претставен модел на трансформационо лидерство што почнува од тековното ниво на напорот заснован на тековното ниво на довербата на следбеникот и желбата за остварување на саканите резултати. Трансакциониот лидер придонесува за таквата доверба преку разјаснување на она што го бара работата и како потребите на следбеникот ќе бидат задоволени како последица на тоа. Трансформациониот лидер индуцира додатен напор преку интенцијата за директно зголемување на довербата на следбеникот, како и со зголемување на вредноста на резултатите преку проширување на неговите трансцедентални интереси и нивото или преку образување на потребите на повисоко ниво во хиерархијата на потребите на А. Маслов. Тој ја “преобразува” организацијата како систем и ја издигнува на повисоко ниво на извршување преку следните активности:

1. Подигнување на нивото на свесност за важноста и вредноста на саканите резултати и за начинот на нивно остварување.

2. Трансцеденција на сопствените интереси заради тимот, организацијата или заради некоја друга повисока инстанца.

3. Покачување на нивото на потребите во хиерархијата на А.Маслов , од потребата за безбедност во потреба на признание, или проширување на портфолиото на потребите.

Трансформационото лидерство ги подготвува вработените за прифаќање на мисијата на групата. Односот менаџер-вработен е взаемно стимулативен и се одликува со харизма како дел од лидерот, инспирација од страна на лидерот, разбирање на лидерот за индивидуалните потреби и интелектуално поттикнување меѓу лидерот и следбениците.

Харизмата е најважната компонента во поширокиот концепт на трансформационото лидерство. Следбениците имаат целосна доверба во лидерите со харизма, се чувствуваат горди да бидат поврзани со нив и веруваат во нивната способност на сите пречки. Харизматичните лидери им служат како симбол за успех и совршенство на нивните следбеници. Тие предизвикуваат силни чувства на љубов(а понекогаш и на омраза) кај потчинетите.

Способноста да инспирира – поттикнува емоции, интерес, оживување па дури да нервира- е важен аспект на харизмата. Инспиративноте лидерство ја засилува мотивираноста на следбениците. Тие можат да бидат инспирирани од идеи, од пресметливиот интелектуален однос, од брилијантниот пробив или

12

Page 14: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

од убавината на некоја дискусија. Сепак, во основа на сите видови поттици лежат емоциите на следбениците.

Лидерот има разбирање за индивидуалните потреби на следбениците. Тој ги вреднува нивните потенцијали за извршување на тековната работа, како и за зачувување на идните позиции со поголема одговорност. Лидерот им дава пример и им наметнува индивидуални задилженија на следбениците, со цел да се постигне значајна промена на нивните способности и мотовации, како и за да се задоволат непосредните организациски потреби. Трансформациониот лидер има развојна ориентација кон следбениците. Делегирањето на работите што носат предизвик и зголемувањето на одговорноста на потчинетите, се особено полезни пристапи кон индивидуалнипт развој. Нема подобар начин за развој од оној на поединците да им се дадат одговорно работи и да им се дозволи да се извршат во целост.

Менаџерот треба да обезбеди целосна информираност на секој вработен за она “што”и “зошто” се случува, и тоа најдобро преку двонасочен разговор. Така вработените чувствуваат дека се во центарот на настаните, а не само пасивни набљудувачи. Ако интеракцијата е двонасочна, вработените имаат можност да се информираат за нештата, истите да им се објаснат и да ги разберат, едновремено, менаџерите, од прва рака, се запознаваат со можните проблеми.

Интелектуалното поттикнување кај следбениците предизвикува свест за проблемите и за начинот како тие можат да се решат. Со неа се поттикнува имагинацијата и се генерира размислувањето и самоанализата. Тоа не е повик за непосредна акција предизвикана од емоционалната стимулација, туку концептуализација,сваќање и намалување на проблемите со кои се соочуваат следбениците, како и согледување на можните правци за нивно решавање.

Трансформациониот лидер може да биде помалку волен да прифати состојба на status quo,а повеќе да бара начин да ги оствари нештата искористувајќи максимум од можностите.За разлика од него, трансакционите менаџери се концентрираат на она што е јасно дека ќе функционира; тие ги имаат на ум временските ограничувања и го прават она што е најефикасно и ослободено од ризик.

13

Page 15: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Табела 2 Карактеристики и приоди на Трансакционите наспроти Трансформационите лидери

Трансакциони лидери1.Можна(веројатна) награgа:Опфаќа размена на награди за

напор,ветува награди за добри перформанси, препознава убаво однесување.

2.Менаџмент со исклучок(активен): Ги гледа и бара девијациите во правилата и стандардите, и презема корективна акција.

3.Менаџмент со исклучок(пасивен): Интервенира само ако стандардите не постојат.

4.Laissez-faire:Се откажува од одговорностите и избегнува донесување решенија.

Трансформациони лидери1.Харизма:Продуцира мислење и чувства за мисија, влева

горделивост, добива почит и доверба.2.Инспирација:Соопштува високи очекувања, користи симболи за да

го насочи напорот, искажува важни предлози на едноставни начини.

3.Интелектуален поттик:Промовира интелигенција, рационалност и внимателно решавање на проблемите.

4.Инgивиgуално размислување:Придава внимание на сите вработени поединечно, ги обучува и советува.

Извор: Bernard M. Bass, “From Transactional to Tranformation Leadership: Learning to Share the Vision, “Organizational Dynamics.Зима-1990, стр.22.

Она што интелектуално може да ги оддели двата вида на лидери е тоа што трансформационите лидери се повеќе проактивни, покреативни, склони кон новитети и иновативни во своите идеи, а помалку инхибирани во потрага по решенија.Трансакционите лидери можат подеднакво да бидат остроумни, но во нивниот фокус стои најдоброто можно одржување на текот на системот за кои се одговорни, реагираат на проблемите кои произлегуваат од набљудуваните девијации и ги модификуваат условите според потребите, при што остануваат свесни за организационите ограничувања.

3. СУПСТИТУТИ НА ЛИДЕРСТВОТО

Поради несогласувањето со развојот на теоријата за лидерството и истражувањата за објаснување и предвидување на ефектите од лидерското однесување, некои од основните

14

Page 16: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

претпоставки за важноста на лидерството биле ставени под знак прашалник.Kerr и Jermier предложиле дека можеби има сигурни “супститути” за лидерството што го прават лидерското однесување непотребно, и “неутрализатори” што ги спречуваат лидерите да се однесуваат на одреден начин.Овие супститути или неутрализатори спагаат во: подредените, задачата и карактеристиките на организацијата.

Индивидуалните карактеристики на подредените како што се:способностите, искуството, обуката, знаењето, потребата за независност, професионалната ориентација и индиферентноста кон наградите на организацијата, можат да го неутрализираат лидерството.Доколку вработениот има можности и вештини да ја врши работата, како и желба за независност, може да нема потреба од лидер кој спроведува насочување и структурираност.

Задачите кои се карактеризираат со рутина, висок степен на структура, зачестен feedback и високо внатрешно задоволство, можат да водат кон тоа однесувањето на лидерот да стане ирелевантно.Така,ако задачата му овозможува на подредениот адекватно ниво на внатрешно задоволство, тогаш може да не му е потребен лидер кој би го насочувал.

Карактеристиките на организацијата како што се: постоење на јасни планови и цели, правила и процедури, кохезивни работни групи, ригидна структура на награди и физичка одалеченост меѓу претпоставениот и потчинетиот, можат да влијаат кон супституција на лидерството.На пример, ако работните цели се јасни и има повеќе правила и процедури, тогаш нема потреба од лидер кои ќе дава насоки за извршување.

Следната илустрција дава пример на можните супститути и неутрализатори според подржувачко/сродно лидерство и инструментално/одговорно лидерство.

Како што е прикажано на следната илустрација подолу, карактеристиките на подрадените искуство, способност и обука можат да го заменат инструментално/одговорното лидерство.На пример, умешните луѓе и професионалците како што се сметководителите или инжинерите може да поседуваат толку многу искуство, способност и обука, што немаат потреба од инструментално/одговорното лидерство за да ја извршуваат добро работата и да бидат задоволни.Оние подредени што поединечно не се грижат за организациските награди(на пример, професори или музичари) ќе ги неутрализиираат и подржувавачко/сродните и инстриментално/одговорните лидерски обиди.

15

Page 17: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Како што е прикажано, карактеристиките на подрадените искуство, способност и обука можат да го заменат инструментално/одговорното лидерство.На пример, умешните луѓе и професионалците како што се сметководителите или инжинерите може да поседуваат толку многу искуство, способност и обука, што немаат потреба од инструментално/одговорното лидерство за да ја извршуваат добро работата и да бидат задоволни.Оние подредени што поединечно не се грижат за организациските награди(на пример, професори или музичари) ќе ги неутрализиираат и подржувавачко/сродните и инстриментално/одговорните лидерски обиди. Задачите што се високо структурирани и автоматски продуцираат feedback супститути за инструментално/одговорното лидерство и оние што се внатрешно задоволени (на пример, учење) немаат потреба од подржувачко/сродното лидерство. Постојат и други организациски карактеристики што го супституираат или неутрализираат лидерството.

Идејата за супститутите за лидерството била анализирана и понатаму такашто Kerr и Jermier дошле до емпириска подршка од истражувањата врз полициските офицери. Тие заклучиле дека

16

Page 18: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

супститутите како што е feedback од изведените задачи имале поголем допир со одредени работни активности отколку лидерското однесување. Други истражувања исто така ги подржуваат организациските карактеристики како супститути на лидерството. Недамнешни директни тестови произвеле различни резултати. Едно истражување користејќи болнички персонал со големи разлики во способностите и основите и различни професии, пронашле неколку потеционални супститути што ќе ги предвидат задоволството и обврските на подредените, но само еден од поединечните супститути(организациската формализација) го претставува лидерството како невозможно и/или непотребно .

Следните истражувања покажале дека професионалната работа е важна варијабла. Исто така заклучиле дека професионалците се разликуваат од непрофесионалците во внатрешното задоволство од работните задачи и важноста што ја придаваат на организациските награди, како силни супститути на подршка на лидерството.

Над се, поимот супститути го враќа лидерството во сопствен изглед и може да помогне во објаснувањето на релативно слабите истражувања во лидерството. Поединечно-лидерската ситуација(подреден, задача или организација ) може да го замени или спречи лидерското однесување да влијае на задоволството или извршувањата на подредените. Неодамна беше забележано дека ”Идејата за лидерските супститути и неутрализатори одговара на општите резултати од повеќето теории за лидерството. Истражувањата на лидерството што ги игнорираат ефектите од неутрализаторите или супститутите може да не ги откријат хипотетичните врски (сродства) бидејќи поединечниот процес на лидерство е ирелевантен одошто теоријата е инвалидна(неважечка).

Со други зборови, некои работи се над контролата на лидерите; лидерите немаат мистична моќ над луѓето. Ситуацијата игра улога, според кажаното, лидерите може да имаат значителен допир. Идејата за супститутите не го негира лидерството; само пореално го ограничува лидерството од она што може да го достигне од потчинетите. Некои стилови, однесувања, активности и вештини на лидерството се поефективни од други.

3.1. СУПЕРЛИДЕРСТВО

Новото во литературата за супститутите на лидерството е суперлидерство - gа ги воgите останатите така што тие самите gа се воgат. Според овој престап, лидерството не доаѓа од надвор.

17

Page 19: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Во најдобар случај, екстерното лидерство може да создаде искра и да го подржи огнот на моќната самолидерска енергија на секоја личност. Суперлидерството се јавува кога лидерот постепено ја пренесува моќта, одговорноста и контролата на самоуправувани работни групи, групи кои функционираат без формален менаџер. Оваа перспектива дава нова димензија на лидерската сила-способност да се максимизираат придонесите од другите, помагајќи им ефективно да ги водат своите судбини, што е подобро отколку волјата на другите да се пресликува според волјата на лидерот. Суперлидерот не ја носи тежината на работата сам, туку го дели товарот со другите, со што сите стануваат се посилни. Притоа најважно е да се воспостави пример на персонално самолидерство што ќе се послужи со позитивен модел. Притоа, лидерот ги охрабрува и ги засилува ефективните само-лидери подредени. Самолидерството вклучува и воспоставување на позитивна организациона култура која ја поддржува практиката на самолидерството. Како и да е, во денешниот свет кој брзо се менува, акцентот паѓа на креативноста, иновациите а најмногу на способноста да се одговори на придвижувањата во окружувањето. Развивањето на способностите на самолидерството на секој вработен станува критичен фактор во промовирањето на овие важни атрибути за остварување на целосен организациски успех.

18

Page 20: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

В. ЗАКЛУЧОК

Современите приоди кон лидерството се обидуваат да навлезат во суштината на лидерството како влијание, процес и др. Харизматичното лидерство овозможува да ги согледаме карактеристиките на лидерот со харизма, како и ефектот што го имаат на следбениците поттикнувајќи остварување и изведба на задачите над очекувањата. Трансакционото и трансформационото лидерство ни помагаат да го разбереме начинот на кој лидерите се однесуваат кон подредените во одредена ситуација и како да се остварат барањата на ситуацијата. Супститутите на лидерството укажуваат на тоа дека во одредени ситуации можат да го заменат или да го спречат лидерското однесување да влијае на задоволството и извршувањата на подредените. Разбирањето на секој од овие приоди предвидува подобро разбирање на комплексниот процес на лидерство.

19

Page 21: Sovremeni Priodi Na Liderstvo

Г. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

-Проф.д-р.Љубомир Дракулевски: Лидерство

-James A.F. Stoner: Management, Prentice-Hall, Inc., Englewood Cliffs, New Jersey, 1978

-James Mac Gregor Burns: Leadership, Harper& Row, New York, 1978, и Barnard Bass: Leadership and Performance beyond Expectations, Free Press, New York, 1985

20