slovo 2012

24
SLOVO СОУ “Таки Даскало” - Битола КАРИЕРЕН ЦЕНТАР МЕЃУНАРОДНА СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Upload: graficki-aktiv

Post on 11-Mar-2016

238 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

SLOVO 2012

TRANSCRIPT

Page 1: SLOVO 2012

SLOVO

Меѓународна соработка на училиштето

СОУ “Таки Даскало” - Битола

КАРИЕРЕН ЦЕНТАР

ОБУКИСЕМИНАРИ

АКТИВНОСТИ НА

СТРУЧНИТЕАКТИВИ

МЕЃУНАРОДНА СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Page 2: SLOVO 2012

СОУ „Таки Даскало“ – Битола организирамеѓународна стручна конференција на тема

ЕВАЛВАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА

Битола, 15 јуни 2012 г.

ПОТТЕМИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА: • Теоретски согледувања• Самоевалвација на училиштата• Интегрална евалвација• Видови и методи на оценување• Модели на оценување и успешни практики• Примена на ИКТ во оценувањето• Европски искуства 1. ПРЕЛИМИНАРНИ УПАТСТВА Заинтересираните автори најдоцна до 20 мај 2012 г. треба да испратат апстракт за трудот на e-mail адресата на конференцијата [email protected]. Краен рок за испраќање на трудовите е 01 јуни 2012 г. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на e-mail адресата на конференцијата или на телефонот на СОУ „Таки Даскало“ 047 / 220 – 192.

2. УПАТСТВА ЗА ПИШУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ• програмска апликација: Microsoft Word;• формат – А4 со маргини 2,5 cm и во една колона;• фонт – Times New Roman, големина на текстот 12 pt освен насловот на трудот (14 pt), со единечен проред (spacing - single);• обем – најмногу пет страници;• трудовите да започнуваат со име на авторот, институција и e-mail адреса, а задолжително да содржат вовед, заклучок и користена литература;.• апстракт – максимално 150 зборови и 3-5 клучни зборови;• трудовите се пишуваат на националниот јазик на авторот;• еден автор може да учествува со повеќе трудови во зборникот, но на конференцијата презентира само еден.

3. ЗВАНИЧЕН ЈАЗИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА Претставувањето на трудовите на конференцијата е на националниот јазик на излагачот.

4. КОТИЗАЦИЈАкотизацијата изнесува 20 евра по труд;• рок за уплаќање на котизацијата е 25. 05. 2012 г.; • котизација плаќаат и оние учесници кои не презентираат труд (пр. се коавтори и сл.), но исто така се • учесници на конференцијата;со котизацијата опфатени се: зборник на трудови, сертификати за учесниците, придружни материјали, • кафе, пијалоци и сл.

Page 3: SLOVO 2012

3

Ние сме фокусирани на обезбедување услови нашите ученици да се стекнат со потребните знаења и способности, да им обезбедиме поефикасно снаоѓање во општеството базирано на знаење. Сите напори ги вложуваме да обезбедиме висок квалитет на настава за секој ученик, со особено внимание врз континуираното подобрување на поддршката на ученици со посебни потреби. Го подобруваме квалитетот на наставниците и училишниот персонал, со целосен акцент на унапредување на учењето како комплексен процес.Битката за развој на Македонија и идната благосостојба се води во образованието, и тоа преку развој на европската димензија во образованието, особено по пат на изучување и популаризација на јазиците на членките на ЕУ, со поттикнување на мобилноста на учениците и наставниците (академско признавање на еднаква вредност на димпломите и траењето на образованието). Особено внимание му посветуваме на поттикнувањето на соработка меѓу образовните системи, преку размената на информации и искуства по прашањата кои се однесуваат на образовните системи, преку поттикнување на размена на учениците и размена на наставниците и преку поттикнување на развој на образованието од далечина Вкупните наши активности се насочени кон подигнување на стандардот на учење во СОУ Таки Даскало- Битола, бидејќи образованието мора да придонесува Македонија да стане конкурентно и динамично општество, како членка на големото европско семејство. Квалитетот е клучен во образованието, за да обезбеди развивање на личните способности и компетенции, преку што се реализираат потенцијалите на индивидуата. Тоа, впрочем е и наша обврска, бидејќи Европа се залага за подигнување на стандардите за учење на сите во Европа, во својата стратегија Европа 2020. Воспитно – образовниот процес го определуваат новите научни откритија, новите технологии и облици на комуникации, широкиот сеопфатен процес на глобализација, а не помалку важно е и времето на испреплетени, разновидни и променливи вредности.

Издавач:

Анита Ангелевска

Главен и одговорен уредник:Милица Радевска

Редакција:Добре БосилковскиДаниела МитревскаМилица РадевскаВесна МилевскаАнита СтефановскаВалентина МаневскаВесна Мундишевска - Велјановска

Владимир ЃорѓиевскиАлександра ИвановскаСтефан Гулевски

Јазична редакција:Милица Радевска

Графички дизајн и компјутерска обработка:Миле Атанасоски

Контакт:адреса:ул. Борис Кидрич 37e-mail: [email protected]

SLOVO

М-р Анита Ангелевскадиректор

СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ БИТОЛА

СОУ Таки Даскало - Битола УчилишТе за 21 век

Page 4: SLOVO 2012

4

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КАРИЕРНИОТ ЦЕНТАР - Во октомври и ноември 2011 г. наставникот Весна Мундишевска-Велјановска со групата ученици од IV год. графичка струка од додатната настава по предметот Технологија на печатот и доработката, подготвија PowerPoint презентација на Кариерниот центар и после работилницата за комуникациски вештини, истата ја претставија пред сите ученици и наставници во училиштето. Презентацијата им беше претставена и на одборите на родители, Советот на родители, Училишниот одбор, како и на пошироката заедница преку поставување на истата на веб страната на училиштето.Во однос на афирмацијата на најуспешните ученици кои ги посетуваат обуките во Центарот за кариера и ги реализираат активностите, беше организирана и видео изложба на најдобро изработените Професионални биографии.

ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА – вакви меморандуми се потпишаа со повеќе образовни институции, со БСЦ-Битола, како и со претпријатија од локалната заедница. Во врска со соработката со БСЦ, наставниците Виолета Недановска и Милица Радевска, како и учениците Кристина Недановска, Горјан Бошевски, Илиевска Викторија и Ивана Димитровска

од четврта година гимназиско образование, учествуваа на Презентација на Годишниот план за 2012 година кој се одржа на 22 март 2012 год. во хотелот Епинал. Исто така Виолета Недановска и учениците Мино Андревски, Ивана Димитровска и Кристина Недановска, учествуваа на средношколскиот натпревар „Велигден низ очите на претприемачот“ организиран од БСЦ.

ОБУКА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА И ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА - Во текот на месец декември наставниците Виолета Недановска и Милица Димитријвска Радевска ја реализираа обуката за Пишување на професионална биографија и интервју за работа со ученици од четврта година гимназиско образование, а како резултат на истата беа изработени и неколку видео записи

како примери за добро, односно лошо водено интервју за работа.Исто така во месец април се реализира обука со ученици од трета година рударска и текстилна струка од страна на наставниците Маријана Талевска и Милица Д. Радевска.

ОБУКА ЗА ПИШУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА – Во текот на март и април 2012 г. наставниците Весна Мундишевска-Велјановска и Милица Радевска спроведоа обука за пишување на професионална биографија. На обуката учествуваа ученици од трета и четврта година графичка струка, како и од гимназиско

Проектот „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“-ЈЕС Мрежа како проект на УСАИД во Република Македонија има за цел да ги зајакне главните врски помеѓу потребите на пазарот на трудот и вештините стекнати низ образовниот систем и да го подобри квалитетот на понудата на идните работници. Фокусирана е на учениците од завршните класови во средните училишта и млади невработени луѓе на возраст од 16 до 25 години. Во првата фаза од проектот беа вклучени наставници од средните училишта од Битола, Тетово и Струмица, како и вработените во агенциите за вработување, членовите на НВО и работничките универзитети. Во текот на четирите обуки кои беа реализирани во периодот од мај 2011 до април 2012 год. беа разработени 8 модули од Програмата за подготвеност за работа и тоа: Личен развој, Соодветно однесување на работно место, Комуникациски вешини, Тимска работа и лидерство, Вештини за барање работа, Пристојна работа-пристоен живот, Финансиски вештини. Во оваа фаза од СОУ „Таки Даскало“ беа вклучени наставниците: Даниела Митревска (помошник директор), Виолета Недановска (економски стручни предмети), Маријана Талевска (англиски јазик), Весна Мундишевска-Велјановска (графички стручни предмети), Милица Димитријовска-Радевска (македонски јазик и литература). УСАИД во сите средни училишта од овој проект опреми по една просторија со компјутерска техника, канцелариски мебел и стручна литература за непречено работење и реализација на Програмата за подготвеност за работа. Во текот на зимскиот период дополнително во обуките беа вклучени и наставниците Александар Трајковски (графички стручни предмети), Валентина Маневска (рударски стручни предмети), Анета Темелковска (англиски јазик), Јулијана Јовановска и Весна Јовановска (македонски јазик и литература). Овој Проект исто така е поддржан и од советниците од Центарот за стручно образование кои работеа на изготвување на Програма која се реализира во рамките на Слободните часови во стручното образование. Според Акциониот план што беше изработен од страна на наставниците вклучени во првата фаза на овој проект се реализираа следните активности:

КАРИЕРЕН ЦЕНТАРПроект „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување“-ЈЕС Мрежа

Page 5: SLOVO 2012

5

образование. На 20 и 26 март беа спроведени работилници за пишување и дизајнирање на професионална биографија, а потоа во времетраење на две седмици обуката продолжи да се спроведува индивидуализирано низ менторска работа со учениците.

НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА – Во текот на март и април 2012 г., согласно предвиденото со акциониот план на Кариерниот центар, се спроведе училишен натпревар за најдобра професионална биографија. На овој натпревар учествуваа ученици од трета и четврта година, а беа доделени следните награди:

прва награда – Мартин Димитриевски, (ментор Весна Мундишевска-• Велјановска), втора награда – Филип Јовановски (ментор Валентина Маневска) и • трета награда – Августина Гулевска (ментор Весна Јовановска).•

МЕЃУУЧИЛИШЕН ПРОЕКТ „ПРАВА, БЕЗБЕДНОСТ И ОБВРСКИ ПРИ РАБОТА“ – Спроведувањето на активностите на Кариерниот центар од модулот за безбедност, права и обврски на работа, нашето училиште го реализира низ соработка со СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје во периодот март 2012 г. – јануари 2013 г. со околу 100 ученици од трите училишта. Проектот се реализира со цел развивање на вештини за

комуникација, презентација и тимска работа кај учениците; изградување на свест за воочување на потенцијални опасности кои можат да настанат на работно место; стекнување на практично искуство за препоэнавање энаци эа предупредување од потенцијална опасност; соодветно реагирање при можни итни случаи во уєлишните работилници и на работно место и запознавање со правата и обврските на работниците во Р. Македонија.

Наши ученици учествуваа на РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ЗНАЕЊА, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ во организција на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола и во соработка со Фондација БСЦ каде што ученикот Владимир Ѓорѓиевски го освои третото место. На натпреварот учествуваа

и учениците Марио Николовски, Бојан Војневски и Борче Костовски, сите под менторство на наставниците Виолета Недановска и Весна Мундишевска-Велјановска.Ученици од завршните години од нашето училиште кои се дел од работата на Кариерниот центар зедоа УЧЕСТВО НА ОБРАЗОВНОТО РАНДЕВУ кое се одржа во Струмица на 20 и 21 април 2012 г.oд каде во категоријата за најуспешно кариерно портфолио го освоивме првото место со ученикот Мартин Димитриевски III 6 кој работеше под менторство на наставникот Весна Мундишевска-Велјановска.АКТИВНОСТИ ВО СЛОБОДНИТЕ ЧАСОВИ

Учениците од III1 геолошко-рударска и металуршка струка во проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување“ – ЈЕС Мрежа се вклучени во рамки на слободните часови каде се ангажираат во работилници за стекнување на вештини за вработување. Работилниците им се доста интересни и учениците со големо задоволство ги завршуваат обврските. Дури пројавуваат желба за сопствени креации и покренуваат иницијативи, со што ефектите од работилниците и проектот

се поголеми. Учествуваа и на училишниот конкурс за најдобро CV т.е. најдобра професионална биографија. Ученикот од III година, Јовановски Филип освои втора награда.Професор Валентина Маневска

СОУ "Таки Даскало" е меѓу првите училишта во Република Македонија кои добија донација за отворање на Kариерен центар, кој учениците можат да го користат во рамките на нивната работа на слободните часови. Програмата за подготвеност за работа, која е под покровителство на УСАИД, ги вклучува просторот и алатките во Кариерниот центар, со цел учениците да добијат квалитетен приказ и лесен пристап кон информациите кои им се потребни. Учениците кои се дел од оваа програма имаат единствена шанса да добијат стручна помош која им ги отвора вратите кон иднината и исто така се припремаат за понатамошните предизвици во животот. Програмата за подготвеност за работа има за цел да им помогне на младите луѓе да се стекнат со соодветни вештини кои ќе им овозможат да учествуваат и да бидат конкуретни на пазарот на трудот. Програмата е насочена кон ученици кои учат во последна година во средните стручни училишта, невработени кои се пријавени во Агенцијата за вработување и други млади луѓе кои не се вклучени во образовниот процес, на возраст од 15 до 24 години. (Филип Јовановски-трета година , рударска струка)

Page 6: SLOVO 2012

6

Во периодот од 24 до 27 февруари, на покана на директорот на училиштето „Радко Стокл Шуле“ во Мелзунген, г-дин Рихтер Беарнд, тим од нашето училиште СОУ„Таки Даскало“ Битола, како и претставници на Економското училиште од Прилеп, оствари работна средба за размена на искуства. На оваа средба присуствуваа м-р Анита Ангелевска, директор на СОУ„Таки Даскало“ Битола, професорката по германски јазик Македонка Атанасоска, професорката по англиски јазик м-р Весна Милевска и професорот по машински предмети Тони Видевски. По пристигнувањето тимот имаше можност да го посети училиштето и да се запознае со техничките можности коишто ова училиште ги има, како и иновациите кои се воведуват во образовниот систем. Тимот беше претставен пред директорот на училиштето г-дин Рихтер Беарнд и г-ѓата Ула, која заедно со г-ѓа Аига се координатори на проектот кој ќе биде реализиран како резултат на оваа соработка. Истиот ден присуствуваме на час по германски јазик каде се запознавме со учениците кои ќе бидат дел од проектот за размена. На 25 февруари беше Отворениот ден на училиштето каде имавме можност да се претставиме не само пред училиштето, туку исто така и пред учениците, родителите претставниците на локалната заедница и медиумите.

Импресиите од овој Отворен ден се одлични. Ние бевме фасцинирани од начинот на кој учениците беа вклучени во целосно различни проекти и начинот на којшто тие го претставуваа резултатот. Но, не само учениците туку и родителите беа дирeктно вклучени во процесот на образование.На 26 февруари претстоеше посета на Касел и на Галеријата на модерна уметност каде видовме и анализиравме слики и скулптури кои се дел од културниот настан именуван како Документа.Ја направивме и агендата за проектот за посетата на македонската група во септември. На 27 февруари нашиот тим го пoсети Југенд Верксатат каде се презентираат перспективите за невработените или разочараните млади луѓе . Организацијата развива различни курсеви и проекти за да се променат или да се поддржат различните карактери и да се насочат во нивниот живот.

Оваа посета беше многу успешна бидејќи ги исполни главните цели на соработката која беше крунисана со договорен проект кој ќе има влијание на нашите ученици кои ќе имаат можности да ги согледаат и споделат образовните културните и традиционалните вредности со други млади врсници.

м-р Милевска Весна, професор по англиски јазик

Градење партнерства.....РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА СО УчИЛИШТЕТО „РАДКО СТОКЛ ШУЛЕ“

ВО МЕЛЗУНГЕН, Р. ГЕРМАНИЈА

Page 7: SLOVO 2012

7

ACES ПРОЕКТ „Инклузивно образование и ТИ“ има за цел да се зголемат IT (компјутерските) вештини на ученици со посебни потреби, да се усвојат основите на компјутерска писменост од страна на учениците со посебни потреби, да се зголеми нивото на грижа меѓу врсниците за ученици со посебни потреби, да се подобри квалитетот на образованието на ученици со посебни потреби и да се развие волонтеризмот. Координатор на овој проектот е Средното електротехничко училиште „Васо Алигрудич“ - Подгорица, Црна Гора, а училишта партнери се: Средно општинско училиште „Таки Даскало“ - Битола, Македонија и Националниот

колеџ „Роман Вода“ - Роман, Романија. Одговорни наставници-ментори од СОУ „Таки Даскало“-Битола се Гордана Јордева - наставник по информатика и Кире Тасевски - наставник по електротехника.Во рамките на проекната активност за меѓупартнерска мобилност најпрвин се реализира посетата на Националниот Колеџ „Роман Вода“ од градот Роман во Романија од 28 - 30 ноември 2011.Во групата од ученици и професори од СОУ „Таки Даскало“ – Битола беа Анита Ангелевска - директор, Гордана Јордева - наставник по информатика, Кире Тасевски - наставник по електротехника, Стефан Балтов - ученик во III година и Владимир Ѓоргиевски - ученик во IV година.Како дел од планираните активности нашите ученици реализираа заедничка работилница со учениците од IV година од колеџот и со групата деца со посебни потреби

со кои романските партнери го реализираат проектот. Заедно работеа на темата „Како го гледам заедничкото училиште во иднина“.Исто така беше одржан час за компјутерска работилница на која нашите ученици – волонтери, Стефан Балтов и Владимир Ѓорѓивески, им ги пренесоа своите искуства при работата на комјутерските работилници што се одржуваат во СОУ „Таки Даскало“ за реализација на проектот.При тоа се потпиша договор за соработка меѓу двете училишта.

Во периодот пак од 5 - 3 март 2012 година, членови на тимот за реализација на проектот, го посетија Средното електротехничко училиште „Васо Алигрудич“ од Подгорица во Црна Гора. Покрај наставниците Гордана Јордева - наставник по информатика и Кире Тасевски - наставник по електротехника, беа ангажирани и учениците Стефан Балтов - ученик во III година и Никола Бегаевски - ученик во III година.Се направија две заеднички работилници со учениците од Средното електротехничко училиште „Васо Алигрудич“и со штитеници Заводот за образование и рехабилитација на инвалидни деца и младинци од Подгорица, со

кои црногорските партнери го реализираат проектот. Првата работилница се реализира во Заводот, додека втората заедничка компјутерска работилница се одвиваше во Средното електротехничко училиште. Сите ученици работеа на темата „Facebook“. Во текот на работилницата домаќините организираа навистина голема прес-конференција на која дојдоа новинари од три црногорски национални телевизии и дневните весници.На работилницата како гостин присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора, Неговата екселенција г-нот Александар Василевски.

Гордана Јордева, наставник по информатика

Надминувањето на сечие очекување е гаранција за добро организиран проект. Проектот на Академијата на Училишта од Централна Европа ACES беше токму таков - успешен, забавен, незаборавен проект. Ширејќи ги хоризонтите на учесниците, истиот вдахнува инспирација за избивање надвор од стереотипните граници и охрабрува идеи кои се различни, кои обликуваат ученикот во личност со современи гледишта, складни за профил на водич. Деновите изминати на семинари во Роман, Романија и Сењец, Словачка беа денови на позитивна енергија, дружење и еден колективен ентузијазам кој заразливо се движеше низ халите. Тоа се искуства кои оставаат трајна трга во сеќавањето, искуства кои се неповторливи. (изјава на Владимир Ѓорѓивески )

ACES ПРОЕКТ „Инклузивно образование и ТИ“

Page 8: SLOVO 2012

8

На 07 и 08 мај 2011 г. СОУ „Таки Даскало“ ја организираше втората стручна конференција на тема „ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА НАСТАВАТА“ која овојпат беше меѓународна. Коорганизатор на конференцијата беше Општина Битола. На конференцијата со свои трудови настапија 60-тина наставници и научни работници од Битола, Скопје, Тетово, Прилеп, Демир Хисар и други

општини од РМакедонија, но и од Република Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора. : Стручната конференција имаше за цел: • претставување и афирмација на добри наставни практики кои се во чекор со европските стандарди на образование,• професионално усовршување на наставниот кадар,• претставување на процесот на настава како своевидна педагошка лабораторија,• изнаоѓање на модели и наставни стратегии со кои на ученикот ќе му се овозможи да стекнува трајни и применливи знаења,• интеракција на училиштето со локалната заедница,• истакнување на важноста од вклучувањето на родителите во воспитно-образовниот процес,• лоцирање на предностите и предизвиците од примената на ИКТ во наставата,• остварување на врски со други средни училишта и институции како можност за личен напредок и напредок на училиштето како образовна институција. Трудовите на учесниците на конференцијата поместени се во Зборник на трудови кој е поделен на шест дела, согласно зададените теми за конференцијата, и тоа: ефикасност и ефективност на наставата, евалвација на ефикасноста и ефективноста на наставата, соработка со родителите, соработка со локалната заедница, работа на проекти и примена на ИКТ во наставата. На крајот на стручната конференција беа изнесени заклучоци врз основа на изнесеното во научните трудови со посебен акцент на предлозите

и потребните подрачја за делување во наставниот процес, сè во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на истиот. Учесниците дополнително ја истакнаа потребата за уште поопсежно третирање на евалвацијата и самоевалвацијата на наставниот процес, како и на интеграцијата на еколошкото образование во наставниот процес, како предлози за теми за следната стручна конференција, со што уште еднаш го потврдија својот интерес и го покажаа своето задоволство од постоењето на ваква стручна конференција, нагласувајќи ја и професионалноста во организирањето на истата. Учесниците од Бугарија веќе ни испратија е-маил порака во која уште еднаш ја истакнуваат исклучителната организација на конференцијата, атмосферата на професионализам и пријателство, изненадувањето од прекрасната атмосфера во Битола, неговата историја и културата, но ја истакнуваат и неопходноста за размена на искуствата и проверените методи за работа на педагошките колективи како збогатување на практиката на колегите од соседните држави.

Учесниците од Црна Гора, исто така со е-маил порака, ја пофалија целокупната организација на конференцијата и гостопримството, за кои нагласуваат дека беа на високо ниво, и забележаа дека темата на конференцијата беше многу интересна и од посебно значење за образованието. Исто така забележаа дека очекуваат и натамошна соработка со СОУ „Таки Даскало“ низ различни проекти, а ја нагласија и својата подготвеност (како званични дистрибутери на Smart табли) да му помогнат на патот да стане едно од технички најопремените училишта во МАкедонија, со што секако ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на наставата. Оваа конференција е уште еден показател за сигурното чекорење на СОУ „Таки Даскало“ – Битола на патот кон втемелување на нови и ефикасни наставни практики кои ќе се темелат на имплементацијата на европските стандарди на образование.

МЕЃУНАРОДНА СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СТРУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА......

Page 9: SLOVO 2012

9

Од оваа учебна 2011 / 2012 година, согласно насоките од Бирото за развој на образованието, на часот на класната заедница задолжително треба да се реализираат содржини од програмата „Образование за животни вештини“. Во првото полугодие наставниците Весна Мундишевска-Велјановска и Мирјана Гичевска

присуствуваа на семинарот од БРО за воведување во наставната програма и потоа спроведоа обуки за истата на осум класни раководители (по двајца од секоја година на образование). Обуките се спроведуваа со цел демонстрирање на начини на работа на класниот раководител со кои ќе се овозможи развој на психосоцијалните вештини на учениците кои имаат важна улога во обезбедувањето на нивната физичка, ментална и

социјална добросостојба; подготовка на класните раководители за оспособување на учениците за успешно справување со предизвиците од секојдневниот живот; запознавање на класните раководители со карактеристиките на работилничко водење на програмата „Образование за животни вештини“, како и со содржината и начинот на примена на Прирачникот за наставниците од средните училишта.Потоа обучените класни раководители самостојно реализираа по три работилници (секој во својата паралелка) следени од двајцата обучувачи, а по успешното завршување на обуката започнаа самостојно да спроведуваат обука за уште 32-ца други класни раководители.

Изјава на одговорните наставници за проектот „Образование за животни вештини“

Како дел од проектот присуствувавме на семинарот за воведување во наставната програма за животни вештини организиран од МОН и БРО од 20 до 23 ноември 2011 г. во Штип. На семинарот добивме обврска да го пренесеме стекнатото знаење на осум класни раководители во четири фази и според зададена динамика Во првата фаза на проектот секој обучувач изведе пет работилници пред класните раководители од својата група. Рок за завршување на оваа фаза беше крајот на прво полугодие.Во втората фаза заедно со осумте обучени класни раководители ги резимиравме карактеристиките на работилничкото водење

на програмата (структура на работилница, методи на работа, улогата на наставникот, разгледување и напатствија за користење на прирачникот за наставниците од средните училишта и работните листови и сл.). Рокот за завршување на оваа фаза беше месец јануари.Во третата фаза обучените класни раководители самостојно реализираа по три работилници (секој во својата паралелка). Овие работилници беа следени од обучувачите т.е. од одговорните наставници за овој проект и им беа дадени повратни информации за сите аспекти од реализацијата на работилницата (давање инструкции, анимирање на групата, реагирање на одговорите и изведните на учесниците, водење дискусија и извлекување поенти, водење на рефлексијата и остварување на контакт со учесниците). Во четвртата фаза новообучените класни раководители одржаа работилници на класен час кај свои колеги (од 3 до 4 наставници)

Анита Стефановска, наставник по текстилни стручни предмети

Славица Трајковска, наставник по физика

ОБУКИ, СЕМИНАРИОБУКА НА КЛАСНИ РАКОВОДИТЕЛИ ЗА

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ“

Page 10: SLOVO 2012

10

По претходно о д р ж а н а т а регионална обука од страна на претставници на Бирото за развој на образованието во Р. Македонија, а со поддршка на УСАИД, во текот на

ноември 2011 година, во нашето училиште се одржа обука за унапредување на оценувањето со назив: Примена на стандардите за оценување на учениците. Обуката беше во траење од 24 часа, а на истата учествуваа 28 наставници. Основна цел на обуката беше:

да ја осознаат потребата од поинакво оценување • во средните училишта;да ја согледаат потребата од формативно • оценување;да се запознаат со стратегии и методи за • формативно и сумативно оценување;да ја согледаат врската меѓу оценките и нивоата • на знаење;да увидат како може да се користат различни • методи на оценување при изведување оценка за конкретен предмет;да се започни со промени на годишните и • тематските планирања, со акцент на оценувањето за наредниот период.

За време на реализацијата на обуката беа разработени повеќе интересни теми поврзани со оценувањето како: врската меѓу оценувањето и наставните планови и програми; основни концепти на оценување; разлики меѓу формативно и сумативно оценување; методи на оценување; предности на самооценувањето и

како тоа да се реализира; како да се оценуваат усни одговори, т е с т о в и , проектни задачи, портфолија и др. Тука мора да се напомене дека за време на обуката, наставниците без

какви било резерви кон истата активно се вклучија за поуспешна реализација на истата, одлично ги презентираа стекнатите знаења и нудеа доста конструктивни мислења, искуства и критики. Се на се, се работеше во една екстремно пријатна атмосфера. Автори:Валентина МаневскаРоберто Трајковски

Богослав Новески, вработен во СОУ ,,Таки Даскало", професор по македонски јазик и литература.

Моето присуство на семинарот побуди кај мене позитивни чувства, имаше пријатна и позитивна работна атмосфера, која се вклопи со самиот начин на работа и од страна на самите обучувачи и ние како учесници.Во текот на овој семинар всушност се постигнаа целите на истиот и тоа:-да ја осознаеме потребата од поинакво оценување во средните училишта;-да ја согледаме потребата од формативно оценување;-да се запознаеме со стратегии и методи за формативно и сумативно оценување.За време на реализацијата на обуката беа разработени повеќе теми, во кои се пронајдов и самиот себеси и со помош на нив стекнав големо искуство за оценувањето.

Весна Калајџиевска Професор по математика во СОУ „Таки Даскало“ БитолаБлагодарение на обуката за примена на стандарди за оценување на учениците, што беше спроведена во просториите на СОУ ,,Таки Даскало"-Битола, од страна на овластени обучувачи, придонесе на часовите по математика да применам квалитетно оценување. Имено тоа само по себе го подобрува квалитетот на наставниот процес, но истовремено придонесува јас како наставник да обезбедам континуитет во следењето и оценувањето на постигнувањата на учениците.Благодарение на формативното оценување добивам вистинска информација за континуитетот и напредокот на учениците. За таа цел применувам низа методи, форми и инструменти на оценување: евидентни листови, наставни листови, чек-листи, формулари за самооценување, тестови во кои се запазени 4 тежински нивоа, наставни листови..Благодарение на формативното оценување добивам вистинска информација за континуитетот и напредокот на учениците.

ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Page 11: SLOVO 2012

11

Во текот на учебната 2011 / 2012 г., во функција на промоција на струката, соработка со локалната заедница и полесна комуникација, графичката струка спроведе низа проекти и активности. Најпрво беше објавена е-маил

адреса на графичкиот актив ([email protected]), а потоа беше дизајнирана и веб страна на струката (www.gaktiv.webs.com) .

ПРОЕКТ „СВЕТОТ НА ДЕЦАТА НИЗ БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО"

Во октомври и ноември 2011 г. во соработка со ОУ „Св. Климент Охридски“ се спроведоа активности за пребарување на можни идејни решенија за ѕидни плакати (графити) и исцртување на ѕидовите на зградата на ОУ со мотиви кои го отсликуваат секојдневието на училиштето. Одговорни наставници за проектот беа Снежана Паскова и Катерина Спасовска-Маурдева, а учествуваа ученици од трета година графичка струка и од IV 5 и V 2 одд. од основното училиште.

ПРОЕКТ „ГРАФИЧКИ МИНИЈАТУРИ“

Во периодот декември 2011 г. – јануари 2012 г. 50-тина ученици од СОУ „Таки Даскало“ и ОУ „Тодор Ангелевски“, под менторство на наставниците: Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Лидија Стерјов, спроведоа подготвителни активности и меѓусебни посети. Во првата фаза учениците од графичката секција ги посетија учениците од I 1 одд. во ОУ „Тодор Ангелевски“ и им помагаа во дизајнот и изработката на илустрации за корици на тефтерчиња и боенки. Во втората фаза учениците од основното училиште го посетија СОУ „Таки Даскало“ и во графичкиот кабинет, заедно со учениците од графичката секција, учествуваа во печатењето на корици за тефтерчиња и боенки, во подготовка, комплетирање и доработка на книжните блокови, како и во изработка на новогодишни честитики. На крајот на посетата, учениците од графичката секција подготвија новогодишни пакетчиња од изработените производи, дидактички игри и промотивен материјал од училиштето и на огромно задоволство на сите им ги подарија на учениците од I 1

ПРОЕКТ „РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ХАРТИЈА“

Проектот се одвиваше во периодот октомври 2011 г. – февруари 2012 г., а одговорни наставници беа: Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Љубица Мешкова-Солак. Во рамки на проектот се спроведуваа активности за: рециклирање на собраната хартија од минатогодишниот еко-проект на училиштето „ЕкоТД“ (учениците од секцијата на графичари ја сортираа и ја иситнија хартијата на потребната големина, потоа ја рециклираа по рецептура, ја исцедија и ја исушија); ликовна доработка на рециклираната хартија (дел од примероците ликовно ги доработија ученици од гимназиско образование во рамки на проектните активности по ликовна уметност, а дел членовите на графичката секција) и изложување на готовите производи.

ГРАФИЧКА СТРУКА

Page 12: SLOVO 2012

12

ПРОЕКТ „ПРЕРАБОТКА НА ХАРТИЈА – ОРИГАМИ“

Партнери во проектот беа СОУ „Таки Даскало“ и ОУ „Тодор Ангелевски“. Проектот се рњализираше во двете училишта во текот на февруари и март 2012 г. Одговорни наставници беа: Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Лидија Стерјов. Во реализацијата на проектот учествуваа 39 ученици од двете училишта.Најпрво во графичкиот кабинет се изведоа подготвителни активности (пребарување на Интернет, изработка на пробни примероци на оригами-цвеќиња и изработка на вазнички за оригамите од пресвлечена тврда лепенка и картон), а на 05 и на 07 март 2012 г., во ОУ „Тодор Ангелевски“, учениците од графичката секција заедно со учениците од I 1 одд. изработуваа фигури на цвеќиња од хартија.

ПРОЕКТ „ВРАМЕНИ ФОТОГРАФИИ“ Овој проект го реализираа наставниците Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Лидија Стерјов, со 26 ученици од I 1 одд. од ОУ „Тодор Ангелевски“ и 13 од графичката секција, во периодот март – април 2012 г.Во графичкиот кабинет беа изработени модели на рамки од брановиден картон, a на 17 април 2012 г. во ОУ „Тодор Ангелевски“ сите учесници во проектот заеднички ги декорираа рамките со природни материјали и ги поставија во училишните простории.

ПРОЕКТ „ПРАВА, БЕЗБЕДНОСТ И ОБВРСКИ ПРИ РАБОТА“

Овој проект започна да се реализира од март 2012 г., а ќе трае до јануари 2013 г. Во проектот партнери на нашето училиште се СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, а активно ќе учествуваат околу 100 ученици од трите училишта. Одговорни наставници од нашето училиште се: Весна Мундишевска-Велјановска и Снежана Паскова.На 07 април 2012 г. во СОУ „Таки Даскало“ се реализираше воведна работилница заради запознавање на учениците и нивно воведување во тимска работа, а на 23 април 2012 г. во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се реализираше втората работилница - „Опасности на работно место“.

ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА Во периодот 05-11 април 2012 г. волонтерскиот клуб од нашето училиште и графичката секција спроведоа волонтерска активност во градинката „Коца Василева“ во Битола. Во активноста учествуваа ученици од II, III и IV год. графичка струка, а одговорни наставници беа: Катерина Спасовска-Маурдева и Весна Мундишевска-Велјановска. Учениците од графичката струка спроведоа активност за собирање на играчки, а на 10 и 11 април во графичкиот кабинет реализираа работилници за изработка на Велигденски украси. На 11 април 2012 г. сите собрани играчки и изработените украси ги донираа во градинката при што споделија заеднички активности со најмладите на задоволство на сите кои учествуваа во оваа волонтерска активност.НАПИСИ

Активностите на графичката струка се забележани во повеќе училишни весници во Битола. Така написи се објавени во весникот „Светлини“ во издание на ОУ „Климент Охридски“, во училишниот весник „Баирска Ластовичка“ од ОУ „Тодор Ангелевски“ и се разбира тие редовно излегуваат во весникот „СЛОВО“ во издание на СОУ „Таки Даскало“.

Page 13: SLOVO 2012

13

Во чекор со модните трендови на МАССУМ-Образовно рандеву 2012 - Струмица

На Образовното рандеву кое оваа година се одржа во Струмица од 20-21 04.2012год. текстилната струка од нашето училиште се претстави со модна ревија. На модната ревија беа презентирани 15 модели кои беа изработени од ученици од трета и четврта година од текстилната струка под менторство на наставниците Стефановска Анита и Кадинска Лиле. Дел од самите автори на моделите беа и манекени, а дел беа носени од соученици од текстилната и гимназиската насока. Целата кореографија, шминка и фризура беа дело на вредните раце на овие ученици. Иако моделите не беа наградени со првите три награди, сепак се голема гордост бидејќи се дело на самите ученици. Ова ќе послужи како мотив и поттик за натамошна упорна работа и ангажираност.

Анита Стефановска, наставник по текстилни стручни предмети

ТЕКСТИЛНА СТРУКА

Page 14: SLOVO 2012

14

Рударското „среќно“-суштина на една професија и стручно оспособување

Рударско – геолошко металуршката струка е карактеристична по начинот на реализација на практичната настава која придонесува за што поквалитетно стручно оспособување на учениците.За подобра едукација од областа на експлоатација на камен и машинска пракса во склопот на наставната програма, оваа пракса се реализира во втора година и е карактеристична со многубројни посети на претпријатија и организации како: Комуналец“ ( сечење, обликување на камен, полирање, брусење), “Мак Мермер “ (истата дејност, само што опремата им е доста пософистицирана), Каменоломот “ Слоештица” (правење на мински дупки, дробење, класирање на здробениот минерал во класи), “ Метеорит “ ( обработка на лим со подебел профил), АД “ Металец “ ( обработка на лим со помал профил), РЕК “ Суводол “ ( монтажа и демонтажа на мотори со внатрешно согорување), “ ФОД “ ( правење на навои, термичко сечење на лим и др. )

Учениците при реализација на практичната настава и самите се активни учесници во процесот на производството. Во АД “ Металец “ од страна на претпоставените учениците беа пофалени за квалитетот и брзината на сработеното.

Жанета Шишкин, наставник по пракса

ГЕОЛОШКО РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА

самодна дупчалка – “ Слоештица“ минска дупка – “ Слоештица “

валчеста дробилка – “ Слоештица” издробен, класиран минерал “ Слоештица“

правење на кингеритни шајбни АД “ Металец “

набивање на рагловани рачки со L55АД “ Металец “

Page 15: SLOVO 2012

15

ГЕОЛОШКО РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА

Ако некој е наклонет кон нас Македонците, со сигурност можеме да речеме дека тоа е природата. Р. Македонија е мала земја, но изобилува со голема разновидност на минерални суровини, кои побудуваат интерес не само кај нас туку и надвор од границите на нашата држава. Голем дел од овие минерални богатства се истражени и се наоѓаат во активна експлоатација, но уште поголем дел чекаат на новите генерации геолози и рудари кои допрва треба да ги осознаат природните убавините на нашата таковина и богатствата кои се кријат во нејзината утроба. Нашиот позив е надвор од канцелариите. Геолозите и рударите се динамични луѓе спремни на предизвик, луѓе од акција на кои секој нов работен ден се разликува од претходниот. Учениците од СОУ „Таки Даскало“ кои се запишани во геолошко - рударската струка учат вештини за пронаоѓање и начини за откопување на минерални лежишта. Покрај теоретската настава за подобрување на способностите на учениците се иззведува и практична настава во Рудник „Суводол“ – Битола, како и теренска настава во природа. Наставниците од оваа струка се активно вклучени во сите случувања во Mинистерството за образование и наука и центарот за стручно образование и обука, учествуваат во изработка на планови и програми, изработка на стандардизирани тестови изработка на учебници и рецензенти на учебници. Постојано се работи на усовршување на стандардите и наставните планови и програми посебно во три годишното образование кое повеќе од 20 години немаше претрпено измени.Наставниците од оваа струка беа вклучени и на семинар на тема “Развој на стандарди за стручни квалификации како координативни механизми меѓу образованието и вработувањето - социјално партнерство„, во декември 2011г (Стандарди за изведување практична обука на учениците кај работодавачите).

Во рамките на Твининг проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука”, формирани се работни групи и започнати активности за изработка на профил на занимање, стандарди на стручни квалификации и занимања и нови наставни планови и програми за двегодишно стручно оспособување и тригодишно образование за занимања. Во моментот се дефинираат компетенциите за профилот Ракувач со рударски машини, во геолошко-рударската и металуршката струка. За таа цел, се организираат посети на работодавачи од ова подрачје за да се утврди процесот на работа и компетенциите на Ракувачот со рударските машини. . Г-ѓа Барбара Крајнц, експерт од Словенија и г-ѓа Роза Арсовска, советник за Геолошко-рударската и металуршката струка од Центарот за стручно образование и обука заедно со Валентина Маневска наставник по стручни рударски предмети, беа во посета на рудник Суводол, за точно да се определат знаења и вештини кои треба да ги поседуваат учениците и точно да се определат компетенциите на Ракувачот.Во работните групи кои работат на оваа проблематика се вклучени експерти од Словенија, советници од Центарот за стручно опбразование и обука, работодавачи и работници од РЕК Битола и професори од нашата струка и од Факултетот за Политехнички науки од Штип, отсек - рудартсвоГеолошко рударска и металуршка струка е вклучена и во YES проектот за Вештини за подготвеност за работа, а ке бидат вклучени и во Програмата за учење преку работа. Со овие програми кај учениците ќе се развијат вештини кои недостасуваа во досегашното образование, а се посветува големо внимание на практичната настава и практиканство.Учениците од III 1 се вклучени во проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување„ – ЈЕС Мрежа. На слободните часови учениците работат работилници за стекнување на вештини. Работилниците им се доста интересни и со големо задоволство ги завршуваат обврските.

Од Елена Велковска ученичка во III1 паралелка во Геолошко рударска и металуршка струка СОУ „Таки Даскало“ Битола

Пред да се запишам во средно моите познавања за рударството беа минимални, а и очекувањата не беа многу големи, но со текот на време во оваа струка се случија многу нешта кои во суштина го променија моето мислење. Практична настава се одвива или во училница или на терен и е многу интересна. Кога сме на терен секој пат се воодушевуваме од храброста и силата на рударите кои работат во РЕК Битола. Гледаме колку треба да сме одговорни и спремни за да можеме и ние таму утре да се вработиме. Кога гледаме како еден ракувач ракува со толку голема машина од која се врти во главата, ни станува јасно колку е важна нашата струка и дека само големи луѓе можат да работат во рудник и да се соочат со сите опасности и потешкотии.Ние учениците од рударска струка сме многу сложни, секогаш си помагаме кога ни е потребна помош. А исто така има и многу професори кои се секогаш тука за да ни помогнат кога не можеме ние учениците сами да се снајдиме и за тоа им благодариме.

Page 16: SLOVO 2012

16

Модерна и современа , пример и поука, која буди восхит кај многу млади ученици, место за современи и безгрижни средношколски денови - е која друга ако не сообраќајната струка која постои долги години во рамките на СОУ “Таки Даскало”- Битола. Во неа функционираат две насоки со четиригодишно образование: техничар за патен транспорт и техничар за транспорт и шпедиција, кој е се поатрактивен за пазарот на трудот. Сообраќајната струка нуди образование на кадри по пат на редовно и вонредно школување. Со висока професионалност може да се стекне и специјалистичко образование (В степен) за Возач инструктор од сите категории т.е. образование за возрасни. После полагањето на сите испити, кандидатите се стекнуваат со компетенции и уверенија за завршен повисок степен на образование-специјалистичко образование. Долги години постои и сообраќајната единица во соработка со МВР –Битола каде учениците во одредени временски периоди вршат регулирање на сообраќајот во градот.Мото на сообраќајната струка е: “Ние секогаш можеме подобро... “ што во суштина значи постојана тенденција за следење на модерните трендови и качување скалило погоре во секој сегмент на училишниот живот и работа.

Нашата визија и мисија е смело и храбро да влеземе во разрешување на тековните проблеми, - негување на позитивностите од претходниот период со должен респект на се она што е добро, -унапредување, осовременување и развивање на самодејностите преку нови активности, содржини, методи и форми, - напуштање стереотипи во реализација на практичната настава (теоретско преклопување и паралелизам со

теоретската настава)- перманентна обука на учениците во рамките на практичната настава на шалтерско-административни работи.- обновување на авто-школата во училиштето која пиорано постоеше Во периодот од 20.03.2012 до 27.03.2012 во сите средни училишта во Битола изведена е воспитно едукативна настава на тема “Сообраќајни правила и прописи”и “Собраќајна култура и етика” . Во акцијата беа вклучени претставници од Општинскиот Совет за безбедност, Министерството за внатрешни работи, Авто -мото сојузот на Македонија и СОУ „Таки Даскало”-Битола.Како предавачи беа ангажирани наставниците од сообраќајните стручни предмети СОУ „Таки Даскало”-Битола, м-р Гордана Кожуваровска и Вен Нашоку.Акцијата беше со цел да се види колкава е спремноста на средношколската младина од аспект на сообраќајната култура и познавањето на правилата и прописите особено кај 16-годишниците, за стекнување на право за управување со моторно возило - автомобил во сообраќајот.Вакви предавања се одржаа во сите општински и средни училишта, како и во Петта приватна гимназија и Приватното средно училиште Саба. Стручното усовршување на наставниците е еден од приоритетите на сообраќајната струка. Така оваа година наставникот по сообраќајни стручни предмети, м-р Гордана Кожуваровска, од 28 и 29 септември 2011 учествуваше на Меѓународен симпозиум во Р Србија, во Заечар со научен труд со наслов „Значењето на

СООБРАЌАЈНА СТРУКА

Page 17: SLOVO 2012

17

транспортот во логистичкит систем”.Истовремено овој настан беше искористен за посета и размена на искуства со Сообраќајното училиште во Заечар, каде присуствуваше и м-р Анита Ангелевска, директор на СОУ „Таки Даскало”-Битола.Практичната настава се реализира според потребите на наставата. Постои квалитетна соработка и добри партнерски односи со локалната заедница каде учениците можат да ја изведуваат практичната настава како посета на автотранспортни претпријатија, царински терминал, граничен премин “ Меџитлија”, шпедитерски компании, складишта и др.

Секоја година на државните натпревари од АСМУЦ нашата струка бележи забележителни резултати.Исто така се организираат екскурзии од едукативен карактер во текот на целата учебна година. Времето кое е пред нас бара храброст, стручност, компетентност, одлучност, чувство за простор и напуштање на старите навики, градење на плурално капиталистички навики, осет за пазарна економија и лојалност кон струката и кон училиштето. Само така можеме да градиме современо и конкурентско способно училиште на 21 век, училиште кое бара брза флексибилност и адаптибилност на сите промени кои ги носи ова време, т. е. нашата иднина ќе ја градиме на брзи и квалитетни преквалификации и доквалификации.

Проф. Специјалист по менаџмент во образование Драгица Здравковска

ВО ПОСЕТА НА АЕРОДОРМОТ „Александар Велики” во Скопје

На ден 24.04.2012 вторник, учениците од III-3 и III-4 беа во посета на аеродромот „Александар Велики” во Скопје.Целта на посетата беше практично да ги погледнеме аеродромската писта, уредите, аеродромската зграда, транспортните средства, како и да се запознаеме со работата и функцијата на уредите, задачите на вработените идр. По пристигнувањето на аеродромското паркиралиште кое брои 1200 паркинг места бевме пречекани од техничкиот директор г-н Горан Јандреоски. На почетокот се запознавме со главните простории, а потоа заедно со менаџерот ја разгледавме авионската писта каде пристигнуваат и полетуваат авионите.Се запознавме и со начинот на внесување и изнесување на багажот, во и од авионот, како и со влезот и излезот на патниците од авион.На крајот од средбата г-н Горан Јандреоски нè запозна и со потрошувачката на гориво, електрична енергија како и преземените мерки за заштита на околината.Моника Митревска III-3

ПРАКТИЧНА НАСТАВА Со наставната програма за градежно геодетската струка во втора година предвидена е практична настава со четири часа неделно. Истата е воведена со цел учениците стекнатите знаења од теоретскиот дел да го применат на терен. Практичната настава се изведува комбинирано и тоа во рамките на училиштето во кабинет опремен со компјутери и на терен во Рек Битола .Во првиот дел од практичната настава, во кабинет опремен со компјутери учениците ги користат актуелниот софтверски прогам (AutoCAD) кој се користат за изработка на геодетски елаборати и за картирање на детали.Со овие програми учениците работат на конкретни проектни задачи (геодетски елаборати) користејќи ги податоците од теренот.

Во вториот дел од практичната работа кој се изведува во Рек Битола учениците изведуваат теренска настава. Со геодетските инструменти( теодолит, тотална станица) вршат мерења на теренот за потребите на Рек .Прибраните податоци од теренот ги префрлаат на компјутер, ги обработуваат и со тоа ги комплетираат знаењата во областа на геодезијата.

Предметен наставник по геодетски стручни предмети Жанета Сиваков

ГРАДЕЖНО - ГЕОДЕТСКАТА СТРУКА

Page 18: SLOVO 2012

18

Советувањето на родителите е предвидено согласно измените на Законот за основно и средно образование ( „Службен весик на Република Македонија“ бр.18/11 ) и е во насока јакнење на воспитната компонента на училиштата. Семејството и училиштето се две клучни средини во кои се одвива животот на децата и младите, затоа соработката со родителите е важна составка за педагошко разбирање и напредување во процесот на учење Ефективното партнерство помеѓу родителот и училиштето, теба да биде процес кој треба прогресивно да еволуира. Вклученоста на родителите во училишниот живот има позитивно влијание, не само врз училишниот успех на нивните деца, туку и врз нивниот развој и севкупното однесување. Продуктивното и конструктивното партнерство помеѓу родителите и училитето треба да се темели на здрави и делотворни комуникациски и интерперсонални односи. Овие односи ќе помогнат во личниот развој на учениците, во јакнењето на позитивните вредности – кои ќе им обезбедат: физичка, ментална и социјална благосостојба да бидат зрели, активни и одговорни личности во едно граѓанско и мултикултутно пштество.Суштината на партнерските односи се огледа во споделувањето одговорност за создавање услови за непречен раст и развој на децата што се постигнува, пред се , со меѓусебна доверба, комуникација и соработка. На родителите понекогаш им се потребни информации, совети и поддршка за да можат успешно да се справат со предизвиците што произлегуваат од развојните промени и од искуствата што ги стекнуваат нивните деца во разни животни контексти. Тоа ја потврдува неопходноста од стручно информирање, поддршка и советување на родителите за поуспешно идентификување и надминување на низа специфични проблеми со кои може да се соочат нивните деца. Советувањето може да помогне подобро да се разберат потребите на децата, влијанието на семејството и родителскта грижа врз развојот и однесувањето и да пронајдат одговори на низа вообичаени родителски дилеми и прашања. Иако советувањето е зконска обврска само за родители чии деца имаат одредени проблеми во училиштето, во смисла на нередовно посетување настава, намалување на успехот во учењето и/или манефестирање разни форми на несоодветно однесување, негова цел не е само надминување на актуелните тешкотии, туку и развивање свесност за потребата од унапредување на родителските вештини, кои позитивно би влијаеле во однос на квалитетот на животот на детето и на неговите училишни постигања. Советувањето на родителите има две основни цели:(1) запознавање на родителите на учениците кои нередовно ја посетуваат наставата, го намалуваат успехот во учењето и/или манифестираат одредена форма на несоодветно однесување и (2) едуцирање на родители за начините на кои може да се подобрат вештините на воспитување на децата и да се унпредат односите во семејството за да можат нивните деца поуспешно да се справуваат со разни видови училишни тешкотии и животни предизвици. Основен услов за постигнување на целите на советувањто е градењто доверба и развивање партнерски односи со родителите за надминувањето на тешкотиите или проблемите што ес јавиле кај нивните деца. Советувањето на родители во рамките на училиштето се реализира од страна на психолошко-педагошката служба (психолози/педагог) по реализираната презентација на Програмата за советување на родители и Правилниците

поврзани со советување на родители од страна на Министерството за образование и наука, Сектор за основно и средно образование, по отпочнувањето на второто полугодие во учебната 2011/2012 год. За советување беа вклучени родители на ученици од сите години и видови на образование врз основа на евиденција на успехот во учењето, редовноста во наставата, постигнати на крајот на прво полугодие во учебната 2011/2012 год. Советувањето се реализира во две средби со време траење од 60 минути. Советувањето на првата средба ги вклучува активностите: претставувањe на учесниците во советувањето и запознавање со правилата на работа, опишување на проблемот на учениците, разгледување можноста за надминување на проблемот и резимирање. Советувањето на втората средба ги вклучува активностите: преглед на првата средба, разгледување на важноста на придонесот на родителите, запознавањe со стилови на родителство, препораки за поуспешна комуникација која ќе ги подобри социјалните вештини на детето ќе го зголеми неговото самопочитување и чувство на исполнетост и ќе придонесува за учење и практикување на разни форми на социјална поддршка и актвноста - резиме на средбата и советувањето. Советувањето се реализираше во групи составени од родители на ученици со исти или слични потешкотии. Родителите на учениците за време на советувањето немаат улога на пасивни слушатели, туку активно учествуваат во сите негови фази, споделвајќи и разменувајќи искуства за начините на кои ги воспитуваат децата, за начините на кои нивните деца се однесуваат срема нив и спрема училишните и другите видови обврски и за начините како да постапуваат во иднина. Преку дискусија и изложените искуства од

страна на родителите е нагласена клучната улога на родителот за надмиување на проблемот ( намален успех во учењето, нередовна посета на настава и несоодветно однесување) со зголемување на будноста и заинтересираноста на родителот за редовноста и успехот на нивните деца во училиштето, со почести посети на родителите на училиштето и контактите си класните раководители,

со редовно следење на училишните обврски и на начинот на користење на слободното време, со подобрување на комуникацијата со детето, со мотивирање на детето на поголема активност, со морално подучување .... Од емпириското искуство врз основа на реализираното советување со родители по вториот класификационен период , процентот на родители кои реализираа две средби за советување изнесува 88,54%, една средба за соетување реализираа 4,16% се додека 7,29% не реализираа советување. Подобрување на успехот во учењето во третиот класификационен период процентуално изнесува 18,07%( намалување на бројот на негативните оценки за една, две или три). Кај категоријата нередовна посета на настава не постои значително подобрување .

СОВЕТУВАЊЕ, СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ, СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНА САМОУПРАВАПРОГРАМА ЗА СОВЕТУВАЊЕ РОДИТЕЛИ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Page 19: SLOVO 2012

19

ТРИБИНА СО РОДИТЕЛИТЕ НА ТЕМА “ИЗВОРИ НА ЕМОЦИОНАЛНИ НАРУШУВАЊА“Грижата и унапредувањето на емоционалното здравје на учениците и поддршката на учениците е еден од приоритетите на Психолошко-педагошката служба во училиштето. Токму затоа стручната служба има изготвено и посебна програма и акционен план за грижа за учениците со емоционални потешкотии во рамките на кои се предвидени бројни активности како предавања, работилници, презентации за учениците, но и за родителите.Како дел од активностите на стручната служба на 06.03.2012 година беше организирана трибина со родителите на тема: “Извори на емоционални нарушувања“ на која предавачи беа стручните соработници Славица Наумовска и Марија Младеновска-Димитровска, професорката по педагогија Милка Наумовска и професорката по социологија Анита Божиновска, а на која покрај родители присуствуваа и професори и класни раководители. На трибината родителите беа запознати со изворите на емоционални нарушувања кај учениците, како навремено да ги откријат емоционалните проблеми и со различните стратегии за унапредување на емоционалното здравје на учениците и градење на здрав животен стил.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИИ

Во рамките на програмата за структурно вклучување на Програмата за превенција од злоупотреба на психоактивни супстанции во средните училишта, на Министерството за образование и наука на Република Македонија, НВО – ХОПС- опции за здрав живот-Скопје-Р.М. и TRIMBS- Институт за ментално здравје и зависност од Холандија, со претходна тренинг обука на стручната служба-психолози во работилници за: „Превенција од злоупотреба на психоактивни суостанции“ и

„Рана детекција и интервенција“ во рамките на училиштето беа спроведени едукативни работилници . Едукативните работилници беа реализирани со цел учениците да запознаат подетално со различните видови дроги, со дејството на дрогата и другите психоактивни супстанции врз физичкото и психичкото здравје, со различните ефекти што ги предизвикуваат ПАС, со ризиците кои следуваат по конзумирањето на ПАС, кои се симптомите и знаците на препознавање на лицата кои се под дејство на ПАС, како и со начините како да се заштитат. Реализатори на еддукативните работилници беа психолозите: Славица Наумовска и Марија Младеновска-Димитровска. Едукативните работилници беа реализирани со цел стекнување знаења преку континуирано спроведување на Програмата за превенција од злоупотреба на ПАС (психоактивни супстанции) - имплементирани и како дел од Образованието за здрави животни вештини.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ - СТОП ЗА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ Врз основа на ИПА проектот за прекугранична соработка насловен како „Прекугранични партнерства за борба против трговија со луѓе во Р.Македонија, Р. Албанија и Босна и Херцеговина“, на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Владата на Р. Македонија со претходна обука од едуцирани тренери од партнерските организаци:CISS- Палермо- Р. Италија, Бирото за човекови права- Тузла- Босна и Херцеговина Man-uel- Корча- Р. Албанија и Semper-Битола- Р. Македонија за наставници и стручни соработници од средните училишта, со цел стекнување на знаења кои ќе бидат применети во образовните институции со активности насочени кон едукација и превенција од трговија со луѓе преку воведување наставни содржини каде се третира овој проблем. Едукативните работилници кои беа реализирани со учениците во рамките на училиштето под мониторинг на

носители на проектот, имаа за цел запознавање на учениците со процесот на трговија со луѓе како вид организиран криминал, запознавање со различните методи и средства што се користат за да се измамат луѓето и да се вовлечат во ланецот на овој вид криминал, да научат да ги препознаваат, да научат да се заштитат да не станат жртви на трговијата со луѓе, и да се запознат со последиците на физички, психички и социјален план кои настануваат кај оние кои биле жртви на трговијата со луѓе, да се запознат со начините како да им се помогне и да им се даде поддршка на жртвите на трговија со луѓе. Реализатори на еукативните работилници беа психолозите:Славица Наумовска и Марија Младеновска – Димитровска. Едукативните работилници беа реализирани со цел стекнување знаења за штетноста на овој вид криминал и примена на советите за спречување на трговија со луѓе кои исто така се имплементирани како дел од Образованието за здрави животни вештини.

Page 20: SLOVO 2012

20

Како и секогаш членовите на младинската организација од СОУ „Таки Даскало“- Битола, при реализацијата на голем број активности, тргнаа од идејата дека секогаш можат да подобрат нешто. Тој најголем простор на животот да се манифестира хуманост, иновативност, желба за нови сознајни вредности, почитување, свесност и одговорност е само дел од остварувањето на целите на нашето дејствување. На почетокот на учебната година во месец октомври , младинската организација зеде учество на традиционалното „Образовно рандеву“ во Гостивар во организација на МАССУМ. Целта на ова рандеву беше да им се пружи можноста на сите заинтересирани ученици од средните стручни училишта да учествуваат во најразлични активности кои директно влијаат на подобрување на нивните знаења и вештини. Во овој месец се реализираа и општинските натпревари Футсал каде нашето училиште по втор пат во последните три години го освои првото место во оваа спортска дисциплина. Екипата успешно ја водеше професорот

Илиевски Сашо. На 05.10.2011 – светскиот ден на учителот беше прогласен првенецот на генерацијата и тоа за гимназиско образование Бакиевска Флорија, а за стручно образование Дамчевски Горан. На 13 истиот месец беше одржан „Есенски крос“ под раководство на професорот Борко Тромбев. Исто така беше организиран еднодневен тренинг воркшоп на тема: „Намалување на штети од употреба на дроги во Битола“ како дел од програмата на невладината организација “ВИА ВИТА“.

Во текот на месец ноември се реализираа поголем број на спортски активности од кои најзначајно место завзема натпреварот во стречаштво на кој беа освоени 1-во и 3-то место. Исто така се одржа и ноќна трка на 04.11.2011 по повод ослободувањето на Битола.

Во организација на Американското катче ученици од IV година учествуваа во едукативна емисија на ТВ или радио под раководство на професорката Наташа Котевска. На регионалниот натпревар за знаење, вештини и способности кој се одржа на 28.01.2012 ученикот Владимир Ѓоргиевски освои 3-то место под менторство на професорката Весна Мундишевска Велјановска. Во текот на месец март се одржа предавање на тема: „Пружење прва помош“ од страна на професорот Томе Андоновски. Се реализира и хуманитарна акција „Хуманоста не бара награди“, во организација на Општинската организација на Црвениот крст.

Во текот на месец април се реализира крводарителска акција со ученици од нашето училиште. На 17.04.2012 беше одржана и трибина за здравјето во присуство на доктор. По втор пат во оваа учебна година учениците учествуваа на „Образовно рандеву“ -20-21 април во Струмица. Се оствари соработка со Приватната високообразовна установа „Меѓународен Славјански институт“ одржана на ден 24.04. 2012. По повод Велигденските празници беше организиран Велигденски крос на ден 11.04.2012, на кој ученикот Ѓорѓи Кузмановски го освои првото место. Во април се одржа и турнир во кошарка на кој беше освоено 3-то место.

Александра Ивановска, претсдател на Маладинската организација

АКТИВНОСТИ НА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2011/2012 ГОДИНА

Page 21: SLOVO 2012

21

АКТИВ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИКДенес, кога се наоѓаме на почетокот на 21 век и третиот милениум, наставниците сè повеќе се носители на стручната и научната одговорност, како и за судбината на учениците од една страна, така и за успехот на образованието од друга страна. На темелите на постигнувањата во образованието и воспитувањето ја градиме сегашноста со намера благовремено да се припремиме за иднината.

Работата со учениците, како и поттикнувањето и развојот на нивниот талентот е најголемото богатство што општеството го има. Со употрeба на современи и иновативни форми на работа, со употреба на соодветни наставни методи, а особено со примена на современа наставна технологија и современите научни достигнувања(особено компјутерски науки) се поставуваат основните постулати на современата настава.Успешното применување на адекватна индивидуализација на наставниот процес и осовременување на наставата е евидентно преку постигнувањата

Tака во тект на измнатиов период наши наставници и ученици не само што го афирмираа македонскиот јазик и литература, туку и ја негуваа македонската традиција и култура. Николина Поповска со своите рецитатори традиционално учествува во активности по повод 4 Ноември -Денот на ослободувањето на Битола. Оваа година учествуваше и во манифестацијата по повод прославата на годишнината на македонскиот

револуционер Даме Груев. Во текот на месец октомври беше организирана прослава по повод 5 Октомври -Светскиот ден на учителот кога беше прогласен и првенецот на генерацијата од завршените матуранти, односно ученичката Флорина Бакиевска, гимазиското образование и Горан Дамчевски од стручното образование.Нашите ученици редовно земаат учество на повеќе традиционални конкурси на општинско, регионално и државно ниво и ги освоија следните награди.

мај 2011, прво место- Викторија Илиевска, Државен • натпревар по македонски јазик и литература за најдобар есеј „Ацо Караманов“, ментор Милица Радевскамај 2011, трето место, Ивана Момоковска, Државен • натпревар по македонски јазик и литература за најдобар есеј „Ацо Караманов“, ментор Весна Јовановскамарт 2012 , второ место, Општински натпревар на • “Црвен крст” Битола , Зорица Митевска, за најдобра литературна творба, ментор Весна Јовановскамарт 2012-ученикот Никола Радевски од I 10 • учествуваше на наградниот конкурс на Светска банка со есејот „Дали Македонија е подготвена да се справи со климатските промени “ и неговиот есеј е објавен со економското списани „Капитал“ со најуспешните есеи.

Весна Јовановска, наставник по македонски јазк и литература

Членовите на Активот со својата работа придонесуваат за развивање на љубовта кон овој наставен предмет и продлабочување на знаењата кај талентираните ученици кои учествуваат на регионални, републички и меѓународни натпревари со организирање на додатна настава и со Математичката секција во рамките на која се реализираат проекти со математичкиот софтвер Геогебра.

На Регионалниот натпревар по математика во февруари кои се одржа во СОУ „Наум Наумовски –Борче“ од Крушево, учествуваа ученици од прва и трета година.

На регионалниот натпревар Валентина Ацевска и Зорка Христовска учествуваат во комисијата за прегледување на тестовите

На овој натпревар ученикот Ризоска Ангела од трета година освои пофалница и со тоа се здоби со право да учестува на Државниот натпревар по математика.И оваа година, 70 ученици од прва, втора, трета и

четврта година од нашето училиште учествуваа на Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2012, кој се одржа на 22.03.2012 година во нашето училиште. Резултатите од натпреварот, поради големиот број натпреварувачи, ќе бидат објавени при крајот на учебната година, од страна на Сојузот на Математичари на Македонија.

Учениците кои зедоа учество на Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2011 ги освоија следните награди: III награда: Дојчиновски Никола (I година); Ѓоргиевски Владимир (III година); Kузмановски Иле (IV година);

Подготвил:Валентина Ацевска

АКТИВ ПО МАТЕМАТИКА

Page 22: SLOVO 2012

22

Поттикнувањето на развојот на европската димензија во образованието, особено по пат на изучување и популаризација на јазиците на членките на ЕУ, во СОУ „Таки Даскало“-Битола рефлектира низа активности од страна на наставниците по странски јазици и учениците. Така во изминатиов период се остварија низа активности и соработка со Американското катче. Учениците кои следат настава по англиски јазик учествуваа на повеќе регионални и државни натпревари каде ги постигнаа следните резултати:

Регионален натпревар за пишување на есеј “Essay Writ-ing Contest”на тема :“My life, my passion”, декември 2011: освоено прво место од Тарандек Дарко IV 12, ментор Наташа Котевска.Државен натпревар за пишување на есеј “Essay Writing Contest”на тема :“My life, my passion”, јануари 2012: освоено трето место од Тарандек Дарко IV 12, ментор Наташа Котевска.Регионален натпревар за спелување “Spelling Bee Con-test”, март 2012:освоено прво место од Илиевски Зоран IV 7 ,ментор Наташа Котевска..

I место на регионалниот натпревар за есеј-• Стефанија Јосифовска I година, јануари , 2012, ментор Анета Темелковска

II место на државниот натпревар за есеј - Стефанија • Јосифовска I година, февруари , 2012, ментор Анета Темелковска

Исто така се реализираа и низа активности кои претставуват соработка со локалната заедница. Така во соработка со МДН – Битола, Друштво за македонско-еврејско пријателство-Битола и НУУБ Св. Климент Охридски – Битола, се реализира Комеморација по повод депортацијата на Еврејското население од Битола на 10/11 март 1943. Учениците под менторство на Зора Русомарова , наставник по француски јазик настапија во соработка со ученици од ОУ Даме Груев – Битола во уметничкиот дел на програмата.Во насока на перманентно стручно усовршување настaвниците учествува и на низа семинари, научни собири, симпозиуми. „Вештини за подготвеност за работа“ „Имплементација на програматаподготвеност за вработување и работа“Меѓународна стручна конференција на тема „Ефикасност и ефективност на наставата“ - учество на семинар во Охрид на тема “Neue Methoden im Deutschunterricht - Ausblick 1”, организирано од страна на Hueber Verlag.

Научно - стручен собир со меѓународно учество „Образование во 21 век“

22-26 август 2011 семинар во Скопје - La Formation des enseignants français par la démultiplication des forma-tions organisées par CREFECO 4 февруари 2012 следена дисеминација на тема : IN-GINERIE DE LA FORMATION ( градбени елементи на обучувачкиот процес ) во Скопје.-Обука за класни раководители за спроведување на програмата `Образование за животни вештини`-октомври-ноември 2011

-Обука на наставниците по француски со демултипликација организирани од КРЕФЕКО и ЗПФРМ на Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје од 22-26 август 2011 година.-Учество на меѓународни симпозиуми на Зора Русомарова, наставник по француски јазик: -Македонско научно друштво –Битола, учество на III Научен-стручен собир Образованието во 21 век одржан на 09.12.2011 година во Битола, со научниот труд Евалвација на наставниците во средното образование. -Универзитет Св. Кирил и Методиј, Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје : Меѓународен симпозиум Францускиот јазик, книжевност и култура во франкофонскиот контекст што се одржа во Скопје на 12 и 13 декември 2011 во организација на Катедрата за романски јазици и книжевности. Тема на трудот : Основни карактеристики на преводот на поемата Албатрос од Бодлер од француски на македонски јазик.

АКТИВ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

Page 23: SLOVO 2012

23

ЗНАЧЕЊЕТО НА ФИЗИКАТА ВО НАСТАВАТА

Нашата цивилизација, култура и технологија се тесно поврзани со природните науки. Науката го менува нашето општество и начин на живот. Плодовите на научната работа се среќаваат во секодневниот живот: во домаќинството, во медицината, во техниката и индустријата, во сообраќајот, рударството, графиката... насекаде физиката како наука зазема важна улога.Преку наставата по физика во нашето училиште учениците доаѓаат до познание дека физиката и другите природни науки се темел на современата технологија и култура. На интересен и лесно достапен начин, преку компјутерски симулации и практични активности ги воочуваат појавите што се случуваат околу нив, ги сфаќаат тие појави и законитости. Познавањето на физичките закони на учениците им овозможува да ја совладаме природата и да ја запознаеме нејзината убавина, но истовремено им дава стручни теоретски знаења за нивната идна професија. Преку наставата по физика ги оспособуваме учениците за самостојно истражување, работа и експериментирање.

Славица Трајковска и Елизабета Наумовска Професори по физика

Оваа година учествувавме на регионалниот натпревар по Географија каде се освоија следниве награди:Андоновска Ирена освои I место по ГеографијаЈовановска Мартина освои II место по Географија Овие ученици ќе земат учество и на државниот натпревар по Географија како и Сообраќајна Географија кој ќе се одржи на 04.05.2012година.

Гилевска Марија , наставник по хемија

АКТИВ ХЕМИЈА, ГЕОГРАфИЈА, БИОЛОГИЈА

Одговорен наставник по ликовна уметностЉубица Мешкова-Солак

февруари 2012, ликовен конкурс ,,Хуманоста на дело,, осовоено 1 место на регионален натпревар со ученичката Мартина Шипинкаровска од 1-13, ментор Љубица М.Солак

декември 2011 г., републички ликовен конкурс на тема ,,запознајте ја Македонија,, на ДСУСЛУ ,,Лазар Личеноски,, освоено 2 место -ученичката Марија Трајковска 2 год. Гимназија, ментор Љубица М.Солак

АКТИВ ПО ЛИКОВНА И МУЗИЧКА УМЕТНОСТ

Во организација на Сојузот на училишни спортови на Р. Македонија на 24.03.2012 година на скијачкиот центар “Копанки” на Пелистер се одржа Државно првенство во Алпско скијање и snowboard-инг.На овој натпревар, по претходно одржаното општинско првенство, учествуваа и Марјан Нашоку, ученик во II година сообраќајна струка, Михајлевиќ Дамјан, ученик во II година сообраќајна струка и Мицевски Дејан, ученик во II година сообраќајна струка.Натпреварот во алпско скијање се одржа во дисциплината велеслалом каде што првото место и титулата државен првак му припадна на нашиот ученик и репрезентативец на Македонија, Марјан Нашоку со убедливо најдобро време.Ова е уште една потврда дека во СОУ “Таки Даскало” отсекогаш се воспитувале и образувале ученици кои подоцна станале и врвни спортисти.

Учество на хорот на прославата на годишнината на ОУ „Даме Груев“ Битолаодговорен наставник Доне Јошевски

Оваа учебна година под менторство на наставникот Весна Мундишевска-Велјановска следните ученици од графичката струка освоија награди:

Елена Андоноска IV 5 – трета • награда за постер на општинскиот конкурс на ОО на Црвен крст „Хуманоста не треба да бара награда“Мартин Димитриевски III 6 – прва • награда на училишниот конкурс за најдобра професионална биографија и прва награда на државниот натпревар во рамки на Образовното рандеву на МАССУМ во категоријата најуспешно кариерно портфолио.

Графичка струка

Page 24: SLOVO 2012