sholohov - sudbina na covekot

2
Андреј соколов Секој човек уште со самото негово раѓање добива своја судбина. Таа е единствено негова, но, во одредени ситуации прави нештата да се случуваат различно од неговата волја. Таа е причина заради која се раѓаме, живееме и умираме. Целиот наш живот е судбина. Но, не секогаш таа е среќна. Многу често знае сурово да си поигра и да му нанесе болни удари на човекот. Таква судбина имаат многу луѓе, но ретко кој од нив застанува исправено и погледнува во нејзините очи. Таква беше судбината и на Андреј Соколов. Во почетокот неговиот живот беше обичен, ги имаше сите задоволства што му ги нуди животот во општеството. Но, доаѓа Втората Светска Војна и менува се – уништува се. Андреј се збогува со својата фамилија (со саканата жена и децата) и заминува на фронт. Животот во војната за него е многу тежок. Поминува низ вистински пекол, ќе преживее натчовечки тортури и страдања. Но, тој е силен, жилав, вистински руски војник кој е спремен да ги издржи сите овие маки и страдања за повторно да ја сретне својата фамилија. Во војната доаѓа до дното на сопствената трагедија, ги губи најблиските и домот. Удиран е од судбината што му ја наметнува завојувачот, но морално истрајува и во омразата и болката наоѓа сили за понатамошна добрина и љубов. Колку и да е тежок животот на еден човек, колку маки и трагедии да му се имаат случено, тој треба да живее, треба да им помогне на оние кои се уште понесреќни од него, заради една светла цел: Живот во кој ќе има се помалку несреќа, живот врз кој не ќе тежи проклетството на војната. Омразата не го заробила неговото срце, во него има место за

Upload: tose-todor-petrov

Post on 30-Oct-2015

2.920 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

ghj

TRANSCRIPT

Page 1: Sholohov - Sudbina Na Covekot

Андреј соколов

Секој човек уште со самото негово раѓање добива своја судбина. Таа е единствено негова, но, во одредени ситуации прави нештата да се случуваат различно од неговата волја. Таа е причина заради која се раѓаме, живееме и умираме. Целиот наш живот е судбина. Но, не секогаш таа е среќна. Многу често знае сурово да си поигра и да му нанесе болни удари на човекот. Таква судбина имаат многу луѓе, но ретко кој од нив застанува исправено и погледнува во нејзините очи. Таква беше судбината и на Андреј Соколов.

Во почетокот неговиот живот беше обичен, ги имаше сите задоволства што му ги нуди животот во општеството. Но, доаѓа Втората Светска Војна и менува се – уништува се. Андреј се збогува со својата фамилија (со саканата жена и децата) и заминува на фронт. Животот во војната за него е многу тежок. Поминува низ вистински пекол, ќе преживее натчовечки тортури и страдања. Но, тој е силен, жилав, вистински руски војник кој е спремен да ги издржи сите овие маки и страдања за повторно да ја сретне својата фамилија. Во војната доаѓа до дното на сопствената трагедија, ги губи најблиските и домот. Удиран е од судбината што му ја наметнува завојувачот, но морално истрајува и во омразата и болката наоѓа сили за понатамошна добрина и љубов. Колку и да е тежок животот на еден човек, колку маки и трагедии да му се имаат случено, тој треба да живее, треба да им помогне на оние кои се уште понесреќни од него, заради една светла цел: Живот во кој ќе има се помалку несреќа, живот врз кој не ќе тежи проклетството на војната. Омразата не го заробила неговото срце, во него има место за малечкиот Вања, воено сираче кое го посинува. Тој ја враќа смислата и радоста во животот со детенцето што потскокнува околу него. Со таа добрина и љубов го пронаоѓа патот кон блаженството и смислата за својот испуштен живот.

Животот продолжува понатаму, а пустошот што го создава и остава зад себе војната е новата надеж, новата енергија, природен циклус што ќе значи обнова на постоењето и на смислата во него.