rjk koduproject

24
СУГС Гимназија Раде Јовчевски - КорчагинПроект Направи го светот подобро место за живеење“

Upload: biljana-kumpanijoska

Post on 19-Mar-2016

223 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Направи го светот подобро место на живеење

TRANSCRIPT

Page 1: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“

Проект

„Направи го светот подобро место за живеење“

Page 2: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Автори на проектот:

Билјана Кумпанијоска

Андријана Чичевалиева

Роза Никодиноска—Мајсторовик

февруари, 2012 година

Page 3: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Предговор

Забрзаниот развој на технологијата наметнува нејзина употреба во речиси сите

сфери од современото живеење. Во светот кој станува сѐ покомплексен,

очигледна е потребата младите луѓе да се оспособат за живот во услови на

брзи промени и експанзија на информации. Денес, повеќе од кога и да е, на

младата генерација ѝ е неопходна способност за критичко размислување и

изнаоѓање на алтернативни решенија на постоечките проблеми.

“Направи го светот подобро место за живеење” е проект реализиран со цел

да се промовира критичкото мислење и самостојното учење кај учениците со

користење на ИКТ алатки. Во проектот учествуваа 80 ученици од СУГС

Гимназија ,,Раде Јовчевски - Корчагин,, на воздраст од 16 - 18 години,

распределени во 10 тимови. Секој од тимовите имаше задача да истражува

одделна актуелна проблематика од повеќе сфери од живеењето и на

инвентивен начин, преку дизајн на видео игра, да предложи сопствено

решение за проблемот од избраната тема. Покрај развивање на вештини за

анализа, верификација и синтеза на прибраните информации, учениците имаа

можност да стекнат вештини за програмирање преку процесот на создавање

на видео игрите, но и да научат да ја развиваат и негуваат својата креативност

преку создавањето на сценарио за игра. Секако, за сето ова да биде успешно

реализирано потребно беше учениците да изградат позитивна социјална

интеракција преку развивање чувство на одговорност кај секој член од тимот

за сопствениот придонес во изнаоѓањето заеднички решенија.

Неизбежно е да се нагласи дека учесниците во проектот со особен ентузијазам

ги извршуваа своите задачи, а мотив плус им претставуваше фактот дека преку

овој проект тие ќе дадат сопствен придонес за будење на свеста не само кај

своите врсници, туку и кај пошироката заедница. На наредните страници,

погледнете ги плодовите на двонеделниот труд на овие млади креативци.

Page 4: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Батерии – обичен отпад или

сериозна закана?

Ученици: Елена Андонова, Анастасија

Демировска, Симона Иванова, Катерина

Бојкова, Тамара Илиќ, Мартин Милиќевиќ,

Дејан Крстевски

Решение: Како решение на проблемот за адекватно ослободување од батериите го

дадовме следниов предлог. Во секое училиште да се обезбеди специјално место за

фрлање на батериите. На крајот на секоја недела одговорните ученици ќе ги однесат

собраните батерии на места во градот означени за фрлање батерии. Ние го

реализиравме овој предлог со тоа што обезбедивме такво место во нашето училиште.

Се надеваме дека и други ќе го следат нашиот пример.

На почетокот на 19 век, Алесандро Волта ја измислил првата батерија. Мала по

големина, со слаба енергија, не многу присутна во секојдневната употреба таа беше

само почетокот на големи нешта. Два века подоцна батериите доживуваат огромен

подем и се се поприсутни во нашите животи. За жал окупирани со брзиот стил на живот

не забележуваме дека полека но сигурно се водиме кон сопствената пропаст.

Батеријата е една или повеќе електрохемиски ќелии што ја конвертираат хемиската

енергија во електрична. Широкораспространета употреба на батериите создава многу

грижи за животната средина. Иако постои разлика во хемискиот состав кај различните

типови батерии, најголемиот број од нив содржат тешки метали кои се главната

причина за загриженоста поврзана со животната средина. Ако батериите се несоодветно

отстранети, овие тешки метали може да се најдат во почвата при кородирањето на

батериите. Ова придонесува за загадување на почвата и на водата и загрозување на

живиот свет. Кадмиумот на пример, може да биде токсичен за водните безрбетници и да

се акумулира во рибите, што ги прави неподобни за исхрана на човекот. Некои батерии,

како на пример малите сплеснати батерии, исто така содржат жива која има

слични штетни карактеристики.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 5: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: Prophetia: the battery quest

Главниот лик Пропхетиа, е на мисија да ги собере сите батерии загубени

на планетата Земја, кои полека ја загадуваат. Има 4 вида на батерии. Батериите

со жолта боја се батерии кои содржат жива и тие се едни од најлесните за

пронаоѓање; батериите со портокалова боја се батерии кои содржат цинк и тие

се еден степен поопасни и малку потешки за наоѓање; виолетовите батерии се

батерии кои соржат никел-кадиум и тие се уште подлабоко скриени, а црните

батерии се најопасните, зошто содржат олово и се најтешки за пронаоѓање.

Играчот има 6 минути да ги пронајде сите батерии, доколку не успее да

ги пронајде за 6 минути тогаш неговата мисија е неуспешна. Good luck :D!

Приказна : Prophetia: the battery quest

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Катаклизма.Филмско сценарио за катастрофа.За жал тоа сега е нашата реалност.Во 3012 нема сонце,нема светлина, нема убавина.Како чудовишта талкаме низ улиците со нашите гас маски без радост или надеж за подобро утре.Нели е иронично тоа дека заради нашата желба за напредок се уништивме себеси и нашата планета? Па токму заради тоа ти го праќам ова писмо од 3012,писмо, од иднината, во надеж за спречување на оваа катастрофа.Би помислиле смешно е ,со оглед на тоа што успеавме да најдеме начин да испраќаме и примаме пораки низ времето ,што не можеме да ја спречиме оваа наша реалност.Но алчноста и гладта за моќ на човекот

отсекогаш ме изненадувале. Ќе го прекинам филозофското дрдорење и ќе ти ја раскажам тажната приказна за тоа како човештвото е близу до своето исчезнување.

Годината кога ова писмо ќе биде примено е 2064. Ти како негов примач си сигурно известен за новиот проект промовиран од големите компании и претседателите на сите нации.

Пропхетиа

http://planetkodu.com/TheBatteryQuest

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/TheBatteryQuest

Преземи ја играта од

Page 6: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение

Подигање на свеста кај луѓето, со што тие ќе го употребат своето право на глас и ќе се изјаснат против ACTA.

Ние како средношколци можевме само да ги искажеме нашите мислења, да ги пренесеме на хартија и во електронска форма преку овој проект и да ги поставиме во нашето училиште (а и пошироко ) со надеж дека ќе ги поттикнеме учениците да се информираат повеќе за ACTA и за нејзиното влијание.

Дали ни се заканува

информативен мрак после

АКТА?

Ученици: Јована Кчева, Леона Еделински,

Ангела Василевска, Марина Ангеловска,

Искра Ѓорчевска, Филип Станојковски

Многумина знаат да одговорат на прашањето -”Дали сте слушнале за АКТА?” со позитивен одговор, но малкумина всушност знаат што е ACTA.

Звучи како безопасен акроним, но е далеку од тоа. Има многу прашања околу само четири букви. Дали ни претставува закана и дали светот ќе доживее трајни последици пo нејзиното одобрување е фокална точка на нашето истражување. Сметаме дека сите треба да бидат информирани со цел да бидат спречени последиците, а можеби и самото појавување на АКТА. Зошто некој кој комотно си седи пред својот компјутер со безброј слободни содржини и информации при рака воопшто би имал мотивација да превзима

било какви мерки против овoj договор? Токму поради тоа што во иднината не би уживал во слободна размена на информации и во привилегијата на анонимност и приватност која што ја имаме сите денес. Користењето на интернетот ќе ги изгуби своите претпознатливи карактеристики.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 7: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Приказна - Борба со моќните

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Дејството започнува вo Брисел-Белгија во јуни, кога Европскиот

Парламент ќе ја одобри ACTA. По само неколку месеци

започнуваат да се забележуваат огромни промени во светот,

има бунтови, востанија, но се е залудно. Се забранува дури и

секакво зборување и потсетување на „стариот“ интернет. Ryаn

Hadson познат по неговото хакерско име WillRex исчезна од

градот во кој живееше со неговата 6 годишна ќерка Kayla.

Малечкото девојче беше оставено само на себе, но за нејзина

среќа од Шпанија пристигна татковиот стар пријател Дон

Родриго со цел да ја згрижи и заштити. Поминаа 10 години, Kayla

израсна во чесна девојка,физички и психички добро подготвена

за секакви предизвици. На нејзиниот 16-ти роденден Дон Родриго ќе и го предаде

последното нешто што нејзиниот татко и го оставил пред да исчезне. Тензијата

расте како што одекнуваат зборовите од неговатауста.

Lexis

Игра: Lexis

Играта се состои од три острови(мисии) кои главниот лик ќе треба да ги освои. Играта

започнува на првиот остров, каде што Коду ја започнува својата авантура од една куќичка

која го преставува неговото засолништето. Тргнувајќи од таму, Коду треба да го помине

лавиринтот, патем да собира парички, срциња, ѕвезди. На вториот остров Коду ќе се

сретне со многу непријатели со кои ќе треба да се бори. Целта на играта не е само да се

помине патеката во што е можно пократко време, туку победик ќе биде оној кој ќе има

најмногу поени. Во текот на играта за постигнување на повеќе поени ќе придонесат и

прашањата кои се поставени насекаде низ патеката со чие точно одговарање се добиваат

20поени, но доколку одговорот не е точен се одземаат 20поени.

http://planetkodu.com/Lexis

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/Lexis

Преземи ја играта од

Page 8: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение

Како претставници на помладата генерација, сметаме дека доколку превземеме барем некакви разумни рестрикциски мерки во врска со употребата на водата, не би имале толкав проблем со нејзиниот недостаток. Водата би ја заштедиле преку подигање на јавната свест кај народот со поставување разни плакати низ градот, со изработки на учишни весници или веб страници кои би ги содржеле потребните информации за тоа како да ги зачуваме водните ресурси кои и онака бргу се трошат и непрестајно се загадуваат.

Дали водата е доволно моќна за

да ја предизвика Третата

Светска Војна?

Ученици: Теодора Илиевска, Магдалена

Ендровска, Миа Миткова, Ива Цветановска,

Стефан Јовановски, Стефан Секуловски,

Александар Божиновски, Михаела

Цацановска

Иако живееме во цивилизирано општество, луѓето кои не опкружуваат стануваат сe посебични. Како резултат на тоа, гледаме драматична промена во климата која се припишува на човекот. Глобалното затоплување го привлече вниманието на целиот свет и тоа во моментов е проблемот против кој сите треба да се бориме.Но , дали го правиме тоа?

Осиромашувањето на водните ресурси, е еколошки проблем кој може да предизвика сериозни последици во годините што доаѓаат,но се чини дека е неважен и темелно запоставен факт. Несовесното користење на водата во последните неколку децении го предизвика осиромашувањето на водните ресурси.

Бројот на населението во светот пред 2000 години беше само 3% од она што е

денес. Денес на оваа планета живеат околу 7 милијарди луѓе, а околу 12 милиони

од нив немаат пристап до чиста вода за пиење.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 9: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: Cluster

Централниот дел од теренот на играта го зафаќа водата. Ја има и во рајот и во

пеколот, во минатото и сегашноста.Претставени се четири кружни терени со патека.

Ти припаѓаш во добрите ликови. Твојот лик е „Витезот на коњ” и твоја задача е да ги

одбраниш твоите територии ,односно рајот и минатото. Твои противници се „Моќ”,

„Марсовец”, и „Сокол”. Нивна цел, како и твоја е да се освојат повеќе поени.

Максимумот кој можеш да го освоиш е 300 поени. На десниот агол од екранот се

наоѓаат поените. Црвените се на твоите противници , а зелените се твои и на „Риба”,

„Воздух” и „Суша”. Со удар на противникот се добиваат 02 поени а со уништување

на противникот 50 поени. Целта е да го поразиш противникот кој сака да ти наштети.

Ти ја имаш моќта да ја одбраниш добрината.

Приказна: И водата чувствува

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

2199. Пеколно лето, како и минатото. Жегата е неподнослива. Земјата

е распукана и сува просто моли да биде наводенета. Очите на и онака

ретките минувачи се вперени кон небото. Коритата на реките зјаат

празни само како потсетување дека некогаш тука течела вода. Луѓето

се толку исцрпени и немоќни што не можат ни да плачат. И она малку

што остана од чистата питка вода се продава во мали количини по

многу висока цена. На половите има вода, но е заробена во вечен

мраз. Човештвото е се повеќе свртено кон себе. Се бара нешто да се

разбие проклетството. Се бара петтиот елемент. Се бара љубовта која

полека почнала да се губи како вредност низ вековите. Природата ни

се налути и ни ветува остварување на пророштвото. Сите сакаат да биде како порано. Ама

тоа е проклетството на човековата душа, додека го имаме нештото не го цениме, а кога ќе го

изгубиме сфаќаме што сме имале.

лик „Воздух “

http://planetkodu.com/Cluster

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/Cluster

Преземи ја играта од

Page 10: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение Нашата активност и допринос ја дадовме со поставување плакати со едукативен карактер на инфо паноата, поставување канти за рециклирање на хартија и пластика. Исто така поставивме пораки за важноста на рецилклирањето со цел да со нашиот пример ја разбудиме и подигнеме свеста на младата генерација.

Човечкиот род инстинкт или

само фикција?!

Ученици: Оливер Спасовски, Ернес

Никочевиќ, Бранко Младеновски, Ненад

Станојковиќ, Михаил Нацев, Стефан

Станојковиќ, Милош Јанковиќ

Нашата планета е стара 4,5 милиарди години, а на неа човекот живее и

еволуира повеќе од 200.000 години . Овој период е многу краток во однос на

животот и менувањето на Земјата до денешната форма, која ни е позната

нам.Иако човекот е само остра лузна на лицето на планетата ,тој за овие

години ги користел ресурсите на мајката природа, но со времето тој станувал

се помалку зависен од неа и нејзините готови производи.Но, како што рекле

старите “Тркалото се врти”, а со тоа и човештвото се доведува себе си до фаза

на исчезнување .Ресурсите стануваат минимални,а идеите и новите начини за

спас на човечката раса и планетата се се поретки. Време е човекот да се разбуди и

соочи со фактите кои се обидува да ги игнорира многу долго време.

Со големите откритија и почетокот на индустриската револуција човекот почнува

да прави големи штети на мајката природа.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 11: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: Ekoland

Светот е во криза, а единствениот излез е преку генијалните идеи на Др.Еко кој е исмеан

од страна на неговите соработници. Со цел да се одмазди Др.Еко се повлекува во

далечниот и изолиран остров Омерион и го создава биомеханичкот робот Хакс.

Согледувајќи го злобнот план на неговиот татко, Хакс ќе застане на страната на доброто.

Сега иднината на островот е во рацете на Хакс. Со цел да ја оствари неговата замисла и да

ја спречи одмаздата на неговиот создавател, тој се здружува со домородното население

желките-тортуги. Тие се наоѓаат во групи на островот и оставени сами да преживуваат.

Хакс оди и ги обединува сите и така со заеднички сили се соочува со многуте пречки и

машини кои се создадени од Др.Еко. Иднината на островот е во рацете на Хакс.

EkoLand приказна

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Крајот е близу…некогашниот сјај на човечката цивилизација полека гасне, како ѕвезда која згаснува во бескрајот на вселената. Недостатокот од природни ресурси и елементарни услови за живот само уште повеќе ја вжештуваат моменталната ситуација која е на работ да ескалира во нова светска војна. Надежта лежи во идеите на научниците во чии раце се наоѓа иднината на човештвото. Моќта родена со парите ја дава функцијата на човекот во гнилото општество.

Еко Кенион, млад научник кој уште од своите најмлади години

го најавува својот потенцијал, смета дека го поседува клучот за

излез од кризата. Биоинжењерство кое всушност претставува создавање на биороботи со

чија помош ќе се започне сосема нова ера во човековата историја, е одлучно отфрлена од

страна на Советот на научници.

лик од приказната

http://planetkodu.com/Ekoland

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/Ekoland

Преземи ја играта од

Page 12: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение Нашата екипа дојде до заклучок дека најдобриот начин да се намали електромагнетното зрачење би било наместо да се вршат обиди за пригушување на истото преку разновидни методи кои најверојатно нема ни да покажат никаков успех (а и доколку би се покажале успешни би биле многу тешки за примена), да се ограничи првобитното емитување на зрачењето . Како би го направиле тоа? Со едноставна програма која би се вметнала во секој модерен мобилен телефон или уред за бежичен интернет би се регулирало емитувањето на електромагнетни бранови.

Електромагнетно зрачење:

скриена закана?

Ученици: Петар Тановски, Игор Панчевски,

Петар Грчевски, Стефан Станоевски, Стефан

Манојловски, Михаил Димитров

Уште од модернизацијата на човечкото живеење , со примената на електричната енергија во домовите , човекот е изложен на електромагнетно зрачење. Тоа зрачење е со мал интензитет и не претставува никаква опасност за човекот. Но со постепеното напреднување на технологијата , се повеќе и повеќе се изложуваме на електромагнетното зрачење со голем интензитет. Поради преголемата застапеност во секојдневниот живот , која со развојот на технологијата се очекува и да се зголеми , редно време е да се запрашаме какво е нивното влијание врз човекот и дали може да предизвикаат и посериозни последици. Дали сме подложени на зрачење во нашите домови? Најпрвин можеме да направиме основна поделба на електричните и магнетните полиња на природни и вештачки. Природни се оние во чие настанување човекот не игра никаква улога. Тука спаѓаат геомагнетското поле на земјата, електричното поле во воздухот над

земјината површина и други појави поврзани со потенцијална разлика на атмосферските слоеви. Вештачките полиња се оние кои ги создава човекот.Тука спаѓаат полиња кои настануваат околу каблите за пренос на електрична енергија , полиња кои настануваат во близина на секој уред кој во себе содржи трансформатор или трансмитер.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 13: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: Nightmare Radiation

Дејството на играта се случува во кошмарот на Џим. Тој се наоѓа надвор на улица,

каде се изгледа чудно. Градбите, улиците, дрвјата. Во сонот Џим треба да се соочи со

огромниот број на летала кои непрекинато зрачат. Ти е се движат насекаде со

огромна брзина, и поради огромниот интензитет на електромагнетното зрачење кое

го испуштаат, имаат способност да разорат се што е органско. Така Џим веднаш се

качува на својот мотор, со цел да им избегал на овие деструктнивни летала. Колку

долго Џим ќе успее да издржи?

Приказна: Кога кошмарите ќе почнат да зрачат

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

На телевизорот во дневната соба на Џим се појави онаа

препознатлива црна позадина на која со бели букви беа

испишани имињата на оние кои беа заслужни за

реализацијата „Paranormal Activity“. Со оглед на тоа

дека Џим беше многу голем скептик по природа, иако

имаше моменти кога се почувствува како срцето да му

прескокна по некое отчукување, немаше никаков страв,

пошто беше цврсто убеден дека духови не постојат.

Веќе беше поминало полноќ, и Џим пополека почна да

се подготвува да си легне. Откако ја заврши

секојдневната рутина, Џим легна во својот кревет и се подготви да му се препушти на сонот.

Меѓутоа оваа ноќ нешто не беше во ред. Џим беше невообичаено вознемирен. Долго време

се превртуваше во креветот и по некое време почна да слуша „чудни“ звуци. „Не е можно

ова...“ – си рече Џим и ја исправи главата, во обид да се сконцентрира за да го пронајде

изворот на овие чудни звуци.

Џим

http://planetkodu.com/NightmareRadiation

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/NightmareRadiation

Преземи ја играта од

Page 14: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение

Решение за проблемот, беше демантирање на сите оние дезинформации кои постојат во нашето општество како и сите стереотипи околу ХИВ/СИДА. Уште поважно мора да се обидеме да ги нагласиме начините на превенција. Бидејќи таа, сепак постои!!!

Знаеме ли доволно за сидата?

Ученици: Никола Мирчевски, Андреј

Блажевски, Стефан Пушев, Љубен

Трајановски, Стефан Русомаровски, Горазд

Пушкоски

Во целото наше истражување најголем предизвик беше да ги откриемеме причините за

високиот процентот на заболени од ХИВ/СИДА и да изнајдеме решениеза тоа како да го

спречиме нејзното понатамошно ширење. Во неколку наврати сфативме дека всушност

треба да започнеме од самиот корен, односно од неинформираноста која заклучивме

дека е присутна особено во светот на младите.. Затоа одлучивме повеќе да обрнеме

внимание на процесот на информирање. Истовремено сакавме и да едуцираме во однос

на социјализирање на носителите на вирусот и спречување на нивното отфрлање од

страна на околината.

„ХИВ всушност претставува кратенка од англискиот поим за вирусот причинител на

имунитетски недостаток кај човекот (англиски: Human Immunodeficiency Virus). Тој

е вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем, кој пак му помага на човекот во заштитата

од болести. Кога нашиот имунолошки сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен

да се бори со болестите. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на

стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот

тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Но, тоа не значи дека носителот е

заразен и опасен по околината .

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 15: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: The black masked killer

Во градот ХИВ се појавува вирус кој што ги напага луѓето и ги заразува, но тука е

главниот лик во играта кој што се вика Harley и ке се обиде да го спречи опасниот

вирус. Неговата цел во играта е да ги следи стапките за да стигне до зелените Коду

карактери од кои што треба да собере информации за опасниот вирус и со нивна

помош да го уништи и да го спаси главниот доктор Хиксен. Главната цел на играта е

да го уништиш опасниот вирус и да го спасиш докторот Хиксен ,кој што ке ти каже

важна информација за тоа како да се заштитиш од вирусот ХИВ.

Приказна - Моето име не е важно

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Човековата големина е првенствено во можноста на изборот. Оној кој ми дозволи самиот да се доведам во безизлезна ситуација. На прагот на смртта сум каде носталгично и патетично копнеам по толку посакуваната, невозможна втора шанса ги живеам последните минути, а плаќам со болката која остана последна да го одржува отчукувањето на срцево. Чувствувам

мојот живот беше проследен со толку безделни години во кои го пополнував местото на некој друг, го дишев кислородот на многу покорисни и го изодував патот без никаква цел. Се родив за да умрам. Од оваа состојба во која се наоѓам, во која меланхолијата го одликува секој напишан збор, а умов е мој маченик си дозволувам да ги вратам стрелките на одминатите времиња на часовниците и да ги претворам во сегашност.

еден од ликовите

http://planetkodu.com/TheBlackMaskKiller

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/TheBlackMaskKiller

Преземи ја играта од

Page 16: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение: Проект—365

Решението за среќа се наоѓа во оние мали нешта што во секого од нас будат барем мала насмевка. Ние понудивме неколку: си зададовме задача, секој ден од годината, да креираме по една фотографија со забавна содржина и да ја споделуваме со пријателите на социјалните мрежи Flickr, Facebook и Twitter. Си зададовме задача и да приготвиме„колачиња на среќата“ и да ги споделиме со нашите соученици.

Дали Интернет технологијата

не прави посреќни или сепак не?

Ученици: Наташа Костовска, Роберт

Андоновски, Лина Јакимовска, Никола

Којчевски, Игор Тарчуговски, Теодора

Бараковска, Дејан Богатиновски, Марија

Исаковска

Денес, светот се соочува со неверојатно многу проблеми. Некои од нив се стари , а некои

пак се сосема нови. Од сите проблеми има и последици, за некои од нив сме свесни и ги

носиме со себе целиот наш живот, а за некои и не сме. Среќата како среќа не доаѓа сама

од себе, туку за неа треба да се бориме целиот свој живот. Старите велат: „Што си посеал -

тоа ќе жнееш’’, што значи дека се што правиме, правиме за самите нас. Со своите одлуки

всушност ја зацртуваме нашата инднина и нашата среќа. Но што всушност е среќа? Дали е

тоа нешто што се учи, се постигнува или пак доаѓа само по себе како резултат на други

состојби и емоции? Како до дојдеме до неа? Дали таа е поврзана со интернет

технологијата или сепак не? Да се обидеме да најдеме одговори на овие прашања ни

беше основната цел.

“Како што луѓето поминуваат повеќе време на интернет, важно е да се оцени влијанието на користењето на интернет на поединечна благосостојба. Употребата на интернетот дава директна полза и економска придобивка (на пример, подобра работа, поголема продуктивност), кои може да го зголеми задоволството од животот. Но Интернетот, исто така, може да има штетни последици (на пример, зависност, социјална изолација и сл.)“

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 17: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: 365srekja

Главниот лик во играта Коду, се наоѓа во замокот каде што е заробена

сирената. Цел на играта е да се поминат пречките во замокот, да се

отстранат непријателите што ја држат во заробеништво и да се ослободи

сирената.

Приказна: 365 среќа

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Си беше еднаш едно далечно…веќе наидувам на проблем. Далечно што ? Царство?

Кралство? Што смe? Впрочем ,ова не е бајка ,ова е Балкан. Oва е Европа. Oва е планетата

Земја. Значи, си беше еднаш на планетата Земја..Смешно, не ? Та затоа и не сме бајка, оти

обично бајките среќен крај имаат. Нас ни ја предвидоа 2012 – не баш среќно. Во ред,

завршувам со оваа тирада околу дефинирањето на почетокот.

Со самиот факт што приказната за среќата, приказната за животот не може да почне како

бајка, треба да се сфати дека не ни треба да биде бајка! Ние можеме и подобро!

Една мистерија, една никогаш неоткриена тајна која го мачела , а и денес го мачи светот, е дефинирањето на нејзиното Височество Среќата! Сите се обидуваат да кажат што значи таа, но секогаш е различно, оти таа нема еден облик. За неа општа дефиниција нема. Човек е среќен кога тоа ќе го почувствува и тоа всушност е СРЕЌА! Да си свесен дека си среќен! Од психолошка гледна точка, луѓето се среќни кога имаат чувство на автономија, кога се реализирани и последно, но најважно-кога чувствуваат дека некаде пригаѓаат .

Еден ден ја прашав мојата мајка што за неа претставува среќата . Ми одговори :

-Моите деца , моето семејство .

И сега кој беше посреќен ? ! Мојата мајка или пак јас, што сфатив дека некаде припаѓам ?

http://planetkodu.com/365srekja

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/365srekja

Преземи ја играта од

Page 18: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение: Остваривме контакти со организирацијата Go Green која работи нa законот за батерии и рециклирање на хартијата. Она што е наш допринос е едукацијата на децата од 4то одделение во ОУ “Његош”. Презентацијата и флаерите кои им ги поделивме на децата се надевавме дека ќе придонесат за нивна едукација и подобро запознавање со она што човекот и прави на оваа планета која засега е единствената на која има живот. Поточно , целта е импутирање на идејата како тие да не го уништуваат тоа што природата и нашите предци го чувале милиони години наназад , туку да го заштитат тоа што останало!

Климатски промени – дали

природата ќе ни се одмазди?

Ученици: Елена Давидовска, Тамара

Чутревска, Никола Алексовски, Александар

Васовски, Анамарија Велиновска, Никола

Цветковски, Викторија Ѓеорѓиевска,

Маријана Тодевска

Климатските промени се последица на сето човечко невнимание во текот на неговата еволуција и живеење на планетата Земја. Планетата Земја е најголемиот подарок што човекот некогаш би можел да си го замисли , но сепак сите ние и враќаме на Земјата со огромни штети. Токму тука ги сместуваме и климатските промени. Затоа се поставува прашањето : Кога последиците ќе достигнат толку драстични мерки , што во вистинска смисла ќе ја почуствуваме одмаздата на природата?

Групата Be Positive истражуваше на темата : Последици од климатските промени . Тоа што тимот го направи во текот на целото истражување беше подетално запознавање со климатските промени и што тие носат со себе.

Иако во минатото имало земјотреси и поплави сето тоа било дел од климатскиот циклус кој постојано кружел и создавал нови епохи и периоди во еволуцискиот тек на планетава. Денес сите последици од климатските промени не се нешто што природата самa го крои , туку е дело на човекот.

Киселите дождови се уште една последица на климатските промени. Овие дождови се

неверојатно страшни и штетни за човекот бидејќи во себе содржат сулфурна и

јаглеродна киселина.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 19: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Приказната се одвива во два света: Првиот свет гo претставува островот " Пурпурна

Магнолија " кој е целосно црн , мрачен и прекриен со фабрики, големи згради и црна

земја. Овој свет е зафатен од климатските промени и поради топењето на глечерите и

ледниците е покриен со вода. Со него загосподариле лошите суштества кои сакаат да

ја преземат планетата Земја. Cycle (Арамус) се обидува да премине во другиот свет,

островот “Големото око” , кој не е допрен од човекот и сеуште не е уништен. Но, пред

него има многу пречки. Една од пречките е справување со Скорус и неговите

помошници. Суштества од планетата Вивилис го отежнуваат преминот на Арамус на

другиот остров.

Приказна - Вивилис напаѓа

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Беше тоа 2553та година. Насекаде низ површината на Земјината топка преовладуваше сивило и урнатини. Земјата беше станала толку малечка и толку непрепознатлива. Копно речиси и немаше, се беше под вода вклучувајќи ја Австралија која прва настрада како последица на климатските промени, Африка ја нема, Европа и Азија исчезнаа во длабочините на океанот. Замислете си еден огромен бран, со разурнувачка сила кој проголтува еден цел континент за неполна минута. Копното беше како зрно песок во океанот, се беше поплавено, глечери веќе немаше, зошто сите се беа растопиле.

Високите планини и ридишта беа проголтани од водата. Воздухот беше жежок, големи температури ја обиколија целата Земја, беше исто како да си во печка. Насекаде на Земјата имаше вулкански ерупции кои исфрлаа прав, чад и го боеја воздухот сиво. Се прашувате што стана со луѓето?

Арамус: главен лик

Игра: Vivilis Attacks

http://planetkodu.com/Vivilis Attacks

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/Vivilis Attacks

Преземи ја играта од

Page 20: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение: Едно од решенијата против загаденоста на воздухот во Скопје е тоа што можеме почесто да го користиме јавниот превоз и особено велосипедите.

Скопје – најзагаден град во

светот или само шпекулации?

Ученици: Никола Томиќ, Марко Никлов,

Петар Божаров, Филип Димишковски, Берат

Хусеин, Кристијан Велјановски

Мотивација ни е шпекулацијата дека Скопје е најзагаден град во светот, па одлучивме да истражуваме дали е ова вистина или не. Ова е многу важен податок за жителите во Скопје чиј број според пописот во 2002г. е 506 926, а денес се претпоставува дека тој број е над 900 000. Според тоа 1/3 од жителите во Македонија го дишат скопскиот воздух. За квалитетот на воздухот зедовме некои основни претпоставки: 1)Претпоставуваме дека квалитетот на воздухот најмногу го нарушува присуството на гасови, прашина и други штетни и опасни материи, со количества и концентрации кои се над вообичаена граница; 2)Како загадувачи најчесто се јавуваат: сулфур диоксидот, јаглеродниот моноксид, јаглеродниот диоксид, азотните оксиди и цврстите честички прашина; 3)Најмногу се загадува воздухот од фабирките и сообраќајот(возилата).

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Од податоците можеме да заклучиме дека градот Скопје не е насекаде подеднакво загаден со SO2 и црвсти честички прашина, односно позагаден е во централното подрачје, а е многу помалку загаден во приградското подрачје. Воопшто, загаденоста на воздухот е поголема онаму каде што е повеќе населен. Цврстите честички прашина во здухот многу зависат од атмосферските појави. Врнежите се тие што ги навлажнуваат и ги спуштаат на земја, нормално не можат да ги отстранат. Скопје се загадува со чад и со SO2 многу повеќе во грејната сезона(од октомври до март месец) поради тоа што во домовите многу често се користат дрва како енергенс за греење, додека исто така голем дел користат парното затоплување кое е под раководство на Топлификација , што значи дека ова ја предизвикува фабриката да произведува повеќе чад предизвикани од нафтените деривати. Во однос на сообраќајот најголем степен на загадување е присутен во периодот на големиотметеж , кога луѓето одат и се враќаат од работа.

Page 21: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: KODU's Revange

Главниот лик, Коду, има мисија да го исчисти светот од секаков вид смет. Целта е да

се уништи фабриката-загадувач која работи против него. Патот кој тој треба да

го помине е исполнет со непријатели кои треба да ги уништи за да преживее.

Коду не е бесмртен и секој негов погрешен потег како паѓање во вода и

пораз од непријателите, можат да го уништат. Целта на играта е да се соберат

што повеќе поени и да се уништи фабриката што загадува.

Приказна: Светот и еколошката катастрофа

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Светот се наоѓа во 2086 година , земјата е преплавена со смет. Во секој светски

град завладува хаос поради неспособноста на тамошните бласти да се справат

со таа катастрофа.Како врв на се расте и стапката на криминалот, а

пренаселеноста во градовите станува неподносливо лош знак за иднината.Се

губат сите надежи за опстанок .Сите се прашуваат дали сеуште има надеж за

подобра иднина и дали постои таков херој кој ке се осмели да го направи

првиот чекор и да се обиде да ја врати насмевката на лицата на граѓаните.

Среќно или не, се јавува една компанија која сака да го исчисти секој град,еден

по еден и да го спречи “крајот” на светот. Таа компанија се вика Еколошката

компанија “Природа” или ЕКП. Вложува напори, но на самиот почеток е

сопрена од други компании кои профитираат од сметот и не размислуваат за

ништо друго освен за себе. За да ја запрат ЕКП тие извршуваат атентат на

главниот агент и единствената надеж на светот-Крег . Крег

http://planetkodu.com/KODU’sReveange

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/KODU’sReveange

Преземи ја играта од

Page 22: RJK KoduProject

СУГС Гимназија „Раде Јовчевски– Корчагин“

Решение

Задачата на овој проект е да се подигне свеста кај луѓето. Решението зависи од поединецот кој со чист разум треба да тргне од себеси. Зад секој карактер стои приказна која ако биде истата сфатена, го покажува вистинскиот пат по кој треба да се движиме. Треба да се биде ентузијаст, насочувајќи се кон позитивните резултати. Во тоа е успехот.

Каде се наоѓа црвената линија

помеѓу ентузијазмот на

доброто и иронијата на

гревот?

Ученици: Ивона Мицевска, Андреј Буровски,

Максим Осман-Николов, Кристијан Ѓошев,

Мања Величковска, Андреј Златевски, Маја

Миланова

Гревот е гледан како најголемото зло што ја разорува човековата природа. Самата негова појава претставува егзистенционално иронично промашување ,а душата на човекот попушта на телесните страсти. Во борбата против гревовите секогаш доаѓа до компензација помеѓу волјата да се стори правичното над нечистите помисли и страсната желба истите да се сторат. Самиот чин е жива рана, р’ѓа на душата.

Општеството кое е многу пати обвинето, не владее само, со него владеат луѓето. Оние пак истите кои владеат со него ,,уллаат” на се што не е во склад со нивното его, но во самото зло се одразени слабостите на поединецот, тоа е вистината на животот.

Прочитај го извештајот за истражување на http://koduproject.wordpress.com/

Page 23: RJK KoduProject

Проект: Направи го светот подобро место за живеење

Игра: Infernal Quest

Дејствието се одвива во Обливион каде херојот Грид се соочува со седумте смртни гревови.. Уште од самиот почеток Грид се соочува со еден од демоните кој ја чува портата, ненаситноста. Од кога го поразува се соочува и со останатите шест демони (зависта,мрзеливоста,страста,бесот,алчоста и гордоста). Од кога ги поразува сите се враќа на Земјата. Времето ке покаже дали човештвото ке ја искористи оваа шанса да изгради подобар свет без место за злото во него. Иако демоните се поразени злото сеуште постои на секаде. Само луѓето ја имаат моќта да му одолеат и да ги поразат своите внатрешни демони.

Приказна: Пеколна мисија

Прочитај ја целата приказна на http://koduproject.wordpress.com/

Уште од зората на човештвото злото е всадено во него.

Злото кое живее во луѓето е причина за многу војни,

убиства, масакри и борби низ историјата. Злото има многу

форми и се манифестира на најразлични начини.

Најпознати и најопасни се седумте смрттни гревови:

ненаситноста, зависта, мрзливоста, страста, бесот, алчноста

и гордоста. Овие седум гревови постојат уште од кога

постои човекот и како одминува времето тие стануваат се

пораспространети. Но, ова не се само обични гревови.

Позади секој од нив стои демон. Седум демони и секој од

нив претставува еден од гревовите. Тие владеат со мрачната димензија Обливион.

Секој човек кој бил грешен во својот живот после смртта одеше во Обливион каде

демоните се хранеа со неговата душа. Со секоја нова душа во нивната мрачна

колекција тие стануваа се посилни и посилни, а со тоа растеше и нивниот мрачен

зафат околу светот. На светот му требаше херој да го спаси од оваа кобна ситуација.

Pride

http://planetkodu.com/InfernalQuest

DOWNLOAD at

http://planetkodu.com/InfernalQuest

Преземи ја играта од

Page 24: RJK KoduProject