razmisluvaj kako sampion_web

30
Доналд Трамп РАЗМИСЛУВАЈ КАКО ШАМПИОН

Upload: jovanovski-vladimir

Post on 14-Apr-2015

54 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Kniga

TRANSCRIPT

Page 1: Razmisluvaj Kako Sampion_web

Доналд ТрампРАЗМИСЛУВАЈ КАКО ШАМПИОН

Page 2: Razmisluvaj Kako Sampion_web

Dru{tvo za izdava~ka dejnostPABLI[ER DOO, Skopjeul. Ruzveltova 19-2/2tel. 02 521 21 50e-mail: [email protected]

Direktor Teodor Aleksov

Glaven urednik Aleksandar Sazdov

Urednik Bojan Sazdov

Site prava se zadr`ani. Nitu eden del od ova izdanie ne smee da bide prepe ~a-tuvan, kopiran ili objavuvan vo koja bilo forma ili na koj bilo na~in vo elek-tronskite ili pe~ateni te mediumi, bez pismena soglasnost od izdava~ot.

Naslov na originalotDonald J. TrumpTHINK LIKE A CHAMPIONAn Informal Education In Business and Life

Copyright © by Donald J. Trump, 2009Copyright © za makedonskoto izdaniePABLI[ER, 2010

Prevod od angliskiGorica Popova

Ova izdanie e poddr`ano od

Page 3: Razmisluvaj Kako Sampion_web

Доналд Трамп

РАЗМИСЛУВАЈКАКО ШАМПИОН

Неформално образование за бизнисот и за животот

Page 4: Razmisluvaj Kako Sampion_web

4

Page 5: Razmisluvaj Kako Sampion_web

На моите родители, Мери и Фред Трамп

Page 6: Razmisluvaj Kako Sampion_web

6

Page 7: Razmisluvaj Kako Sampion_web

7

ПРЕДГОВОР

од Роберт Киосаки1

Една од придобивките од работењето со Доналд Трамп е да се набљудува како тој дејствува во реалниот живот. Во текот на годините, успеав да го запознаам како вистинскиот Доналд, така и „славниот Доналд“. Открив дека тој е истата личност... Всушност, тој е поголем во реалниот живот отколку во оној „славниот“.

Додека работев со него, го набљудував додека размислува, па слушав како неговите мисли стануват зборови, па потоа како неговите мисли и зборови ста ну ваат акција. Во повеќето случаи, неговите мисли, збо рови и акции се исти. Можеби е директен и не так тичен поради тоа што неговите мисли, зборови и акции се интегрирани, складни и дејствуваат како едно.

Многумина од нас, познаваат луѓе кои, всушност, се три личности. Тие мислат едно нешто, велат нешто друго, а не го прават она што го велат или го мислат. Сум забележал дека таа сорта луѓе, кои се навистина три личности во една, постигнуваат ограничени ус песи и живеат конфликтни животи.

Во почетокот на 1980 година, ми пропадна првиот главен бизнис. Губењето на сè што имав беше онолку страшно колку што може и да се очекува. Губењето на сè го направи надмоќен губитникот во мене. Нај ло шо од сè беше што ја изгубив довербата во самиот се беси. Знаев што морам да правам, но поради не как ва причина, едноставно, не го правев она што зна­

1 Robert Kiyosaki ­ Американски инвеститор, биз нисмен, автор на 15 книги за бизнис и мотивација, меѓу кои Богат татко, сиромшен татко, една од најпродаваните книги во својата област. (заб.на прев.)

Page 8: Razmisluvaj Kako Sampion_web

8

ев дека морам да го направам. Мојата лична бит ка помеѓу 1980 и 1990 година беше да ја стекнам моќ та врз моите сопствени мисли. За да ја повратам моќта врз сопствените мисли, почнав да читам и да слушам големи мисли од големи луѓе... и потоа да ги претворам тие мисли во мои. Полека но сигурно, во мојот деловен живот се случи пресврт и јас повторно почнав да победувам.

Во 1987 година, веднаш по паѓањето на берзата, ми падна в раце книгата Уметноста на договарањето од Доналд. Мојата сопруга Ким и јас оставивме настрана сè што работевме и ја прочитавме таа книга. Додека светот пропаѓаше, ние имавме можност и придобивка ­ низ мислите, зборовите и дејствувањето на Доналд ­ да го согледаме светот на бизнисот. До 1994 година Ким и јас бевме финансиски слободни. Во моментите на одмор, честопати разговаравме како книгата на Доналд нè инспирира да одиме напред, и покрај тоа што светот околу нас пропаѓаше.

Во 1997 година, читањето на неговата книга Умет носта на враќањето, ни докажа дека сме ги следеле мислите на голем човек. Многу малку луѓе зборуваат јавно, уште помалку пишуваат ­ за своите грешки, за своите лекции и за своето враќање.

Во 2004 година, Ким и јас за прв пат го сретнавме Доналд. Очигледно, тој не знаеше кои сме, но се пак, беше крајно љубезен и ние му се заблагодаривме што, преку своите книги, ги сподели своите мисли со нас.

На крајот на 2006 година, Доналд и јас ја издадовме нашата книга, Зошто сакаме да сте богати: Двајца луѓе, една порака. Поттикнати од нашата заедничка грижа за луѓето и желбата да подучуваме, Доналд и јас соработувавме врз таа книга, предвидувајќи многу од она што го донесе финансискиот хаос во 2008 година.

Чест е да се напише овој предговор за неговата книга, Размислувај како шампион, затоа што поуката да размислувам како шампион е подарокот што Доналд ни го даде на мојата сопруга и на мене... подарок што тој го споделува со светот... подарок вреден многу повеќе отколку пари.

Page 9: Razmisluvaj Kako Sampion_web

9

БЛАГОДАРНОСТ

Би сакал да ѝ се заблагодарам на мојата главна по мошничка, Рона Граф, за нејзината посветеност и насоченост во процесот на создавање на оваа книга, и на мојата коавторка, Меридит Мекајвер, за нејзината внимателна работа.

Работењето со тимот на Вангард прес беше големо искуство, и особено сакам да им се заблагодарам на Роxер Купер, потпретседател и издавач, и на Ѓорѓина Левит, придружен издавач, како и на Аманда Фербер, директор­издавач, за нивниот ентузијазам и мошне професионалната работа. Специјално благодарам на Џенет Санс, од Персијас букс груп.

Page 10: Razmisluvaj Kako Sampion_web

10

Page 11: Razmisluvaj Kako Sampion_web

11

ВОВЕД

Во текот на годините, гледав многу луѓе како се стремат кон успех. Јас бев еден од нив, и иако сè уште го немав постигнато својот врв, бев релативно успешен. Честопати ме прашуваат кои се моите „тајни“ за успехот. Не мислам дека се тоа некакви тајни, но секој од нас има потреба да има формула што функционира за него лично или за неа.

Овие текстови се показ за процесот на размислу вање што, верувам, може да ги одведе луѓето до успех. Тој кај мене функционираше. Тој е другата страна на мојата личност ­ порефлективната страна што ги одразува моите извори и начинот на кој сум ги при менил во големата слика, каков што е животот. Лич носта што вие толку често ја гледате преку светските медиуми е некој што е отворен, самоуверен, понекогаш дрзок ­ но, искрен. Една од причините зошто луѓето ме сакаат е затоа што сум директен. Една од причините зошто луѓето не ме сакаат е затоа што сум директен. Но една од причините зошто сум успешен, е затоа што можам брзо да се пробијам низ глупоста и да дојдам до срцевината на нештата.

Размислувај како шампион е пример за таквиот пристап кон животот и кон бизнисот. Ја земам те ма та, размислувам за неа, ја сецирам и ја враќам како формула создадена од она што верувам дека е со лиден совет. Секогаш сум уживал вложувајќи време и енергија во копањето под површината на проблемот и во извлекувањето единствен и ефективен одговор.

Додека бев на училиште, мојот татко, Фред С. Трамп, секоја седмица ќе ми испратеше инспиративни забелешки. Многу од нив беа за лидерството, за тоа како да се биде шампион во животот. Од нив научив многу, и сè уште им се навраќам, така што тие се вклучени во книгава, за вас.

Page 12: Razmisluvaj Kako Sampion_web

12

Имав среќа што во животот имав ментор како мојот татко и се надевам дека овие текстови ќе ви бидат од полза. Би сакал да ја посветам оваа книга на татко ми и на сето она што тој ме научи. Се надевам дека споделувањето на овие размислувања со вас ќе ви обезбедат и насоки и инспирација.

­ Доналд Џ. Трамп

Page 13: Razmisluvaj Kako Sampion_web

13

РАЗМИСЛУВАЈ КАКО ШАМПИОН

Page 14: Razmisluvaj Kako Sampion_web

14

Page 15: Razmisluvaj Kako Sampion_web

15

Иднината им припаѓа на оние кои веруваатво убавината на своите сништа.

- Еленор Рузвелт

Изборот на Барак Обама најавипоинаков свет

По изборите во 2008 година, бев на интервју кај Доминик Картер од телевизијата Њујорк 1, во неговата емисија „Внатре во Сити Хол“. Њујорк 1 е телевизија што емитува само вести и е популарна во Њујорк, а Доминик Картер е новинар кон кого имам голема доза на почит. Тој би требало да има национална емисија, но во тој случај на Њујорк ќе му недостасува неговата редовна и динамична присутност. Тој ме опиша како „човек кој не е познат по тоа што си го задржува мислењето за себе“, а во интервјуто опфативме некои интересни теми.

Доминик ме праша за изборите и јас искрено од говорив дека Мекејн беше во речиси невозможна си туација. Буш беше толку некомпетентен што на кој и да е републиканец му претстоеше те жок пе риод, освен ако не го вратеа назад Ајзенхауер. Буш бе ше катастро фа за државата, исто како и за Републиканската пар тија.

Потоа, новинарот ме праша за Барак Обама. Му одговорив дека Барак ќе треба да биде голем прет се дател затоа што како држа ва сме во сериозна неволја. Не било така уште од 1929 го­дина2. Така што, тој нема многу избор ­ тој, едноставно, мора да биде голем, и има многу добра шанса тоа и да биде.

2 Во октомври 1929 година една од најмоќните берзи во светот, онаа на Вол­стрит во Њујорк ­ падна. Ова паѓање познато како Големото паѓање е најго ле ­мото во историјата на САД што предизвика невидена економска криза во Аме­ри ка, како впрочем и во целиот свет, како еден вид најава на Втората светска војна. (Заб.на прев.)

Page 16: Razmisluvaj Kako Sampion_web

16

Она што тој го направи е неверојатно. Фактот што го постигна она што мораше ­ за само една година и соочен со големи тешкотии ­ е навистина феноме нално. Ако некој ме прашаше дали црн човек или жена може да стане претседател, јас ќе им кажев да, но не сè уште. Барак Обама докажа дека решителноста комбинирана со можноста и интелигенцијата мо жат да направат нештата и да се случат ­ и тоа, на ис клу­чителен начин.

Тој не влегува во лесен или завиден период. Во октомври 2008 година, американската влада објави дефицит од 237 милијарди долари. Добрата вест е што се чинеше дека Обама е многу свесен за ситуацијата. Неговите коментари ме наведоа да верувам дека тој разбира дека економијата функционира на сеопфатно ниво. Тој, исто така, се опкружи себеси со мошне ком петентни луѓе, а тоа е карактеристика на силен ли дер. Јас верувам дека тој ќе даде сè од себе и дека имаме некој што е сериозен во решавањето на проблемите што ги имаме и со кои ќе се соочиме во иднина. За мене тоа е мошне добра вест.

По 11 септември, нашата земја прими многу со чувство од државите и од луѓето од целиот свет. Но, по само еден кус период, нè мразеа. Како се случи тоа? Немавме дијалог со другите држави затоа што тие толку очигледно нè мразеа. Она што денес е различно, е тоа што имаме нова шанса, нов почеток. Светот е восхитен од Барак Обама и од новите Соединети Американски Држави. Ајде да го зачуваме тоа.

Page 17: Razmisluvaj Kako Sampion_web

17

Какви и да е игри да се играат со нас,ние не смееме да си играме со самите себеси.

­ Ралф Валдо Емерсон

Есеите, капиталот и Стивен Кинг

Њујорк тајмс бук ривју на 30 септември 2007 година објави есеј од Стивен Кинг за краткиот расказ. Како што најверојатно знаете, Стивен Кинг е плоден и мошне успешен автор на 60 книги и речиси 400 кратки раскази. Еден од неговите кратки раскази ја доби наградата О.Хенри3 во 1996 година. Поентата во неговиот есеј е дека разгледувајќи ја состојбата со кратките раскази денес, забележал дека тие изгледаат „претенциозни и попрво напишани за уредниците и за учителите, отколку за читателите“. Ова е прониклив коментар и ме натера да размислувам за тоа зошто пишуваме и кој мислиме дека би можел да ни биде публика.

Јас ги сакам есеите, па така можам да го разберам и краткиот расказ, и покрај тоа што тоа е измислена прозна приказна. Краткиот расказ, како што секој писател ќе ви каже ­ не е лесен медиум, затоа што мора те да бидете концизни. Есеите му се малку слични, затоа што се збиени и специфични. Доколку читате есеј од Стивен Кинг, ќе видите дека тој ја искажува поентата во прекрасен обем од една страница.

Јас не можам да бидам Стивен Кинг, но можам да го ценам она што тој го прави. Вие сè уште не можете да бидете богаташ, но мислам дека можете да го цените она со што секојдневно

3 O.Henry Award – престижна годишна награда за краток расказ објавен во САД и во Канада. Се доделува од 1919 година, а го носи името на мајсторот на таа форма, американскиот писател, О’Хенри. (заб.на прев.)

Page 18: Razmisluvaj Kako Sampion_web

18

морам да излегувам на крај. Стивен Кинг упатува на тоа дека денес пазарот за кратки раскази е ограничен, така што се чини дека пишувачите на кратки раскази се порешителни од кога и да е да остават трага ­ но кај уредниците кои се во можност да ги објават нивните раскази, а не кај читателот, кој очекува да се забавува. Логично размислување, ќе кажам. Сите ние имаме целни пазари и демографијата е важна, без оглед во која индустрија работите.

Накусо, Стивен Кинг вешто признава дека пишу вачите на краткиот расказ во денешно време го заш титуваат својот капитал насочувајќи ги своите текс тови кон луѓето кои најверојатно ќе бидат во можност да ги објават. Тие го ставаат читателот на второ мес то затоа што, доколку не го земат предвид прво уредникот, нивниот читател никогаш не ќе има шанса дури и да го види нивниот краткок расказ, без разлика дали е тој можеби прекрасен или, пак, просечен. Ова е интелигентен приод, но сепак можам да ја сфатам и поентата на господинот Кинг, кој ламентира врз фактот што расказите се чинат префабрикувани со цел да ѝ се обратат на една определена публика ­ во случајов, на уредниците и на учителите.

Кога градам зграда за живеење, на пример, прво земам предвид кој ќе живее во неа. Ја проучувам демографијата, како што прави секој бизнисмен, би ло да е во работата со рекламирањето или е во ме наџментот со станбените нед­вижнини. За да ја ис пратам пораката, исто така, морам да им се обратам на луѓето кои ќе изберат ­ или нема да изберат ­ да ја промовираат зградата. Досега, моето име е доволно големо и во определена мерка се поистоветува со златниот стандард4, така што не морам премногу да зборувам околу тоа. Името Трамп е гаранција за определено ниво на квалитет. Стивен Кинг спомнува дека кратките раскази изгледа се предодредени за долните полици во книжарниците. Тој вели дека аме­риканскиот краток расказ во ова време е жив, но не е во добра состојба. Се чини дека основната причина за ова е што целниот пазар, едноставно, исчезнува.

4 Во економската терминологија: златен стандард или еталон, мера за квалитет. (заб.на прев.)

Page 19: Razmisluvaj Kako Sampion_web

19

Мислам дека тој прави точна анализа на ситу ацијата кога забележува дека се чини дека расказите се пишуваат поради објавување, а не поради прос ве тување на читателот. Јас знам дека доколку на правам нешто со намера да ги импресионирам така наречените критичари, веднаш би се продал не са­мо самиот себеси, туку, исто така, и други луѓе. Тоа е една од причините зошто ме сакаат, исто како и една од причините зош то не ме сакаат. Всушност, еден критичар од Њујорк тајмс, Херберт Мјушамп, спомна дека подобро ми оди кога ќе из­берам да ги игнорирам своите критичари, отколку кога им обр нувам внимание. Морам да се согласам со ова, а и Стивен Кинг, исто така, би можел да се согласи со ова кога размислува за судбината на краткиот расказ.

Да се биде искрен кон самиот себеси и кон својата работа е капитал. Запомнете дека капиталот вреди да се заштитува. Никој никогаш нема да ви каже дека е лесно да се придржуваш кон своите убедувања, но јас сметам дека тоа е потребно. Во спротивно, што работите и за кого работите? Нека биде ди­ректно и едноставно. Ќе бидете побогати ­ во секој полед ­ долгорочно.

Page 20: Razmisluvaj Kako Sampion_web

20

Page 21: Razmisluvaj Kako Sampion_web

21

Има едно нешто посилно од сите армии во светот, а тоа е идејата чиешто време пристигнало.

­ Виктор Иго

ИНОВАЦИЈА

Луѓето честопати зборуваат дека нешто ново било „ори­гинално“. Најчесто, тоа е едноставно обединување на пос­тоечките елементи за да се создаде нешто што изгледа како ново. Бев промовиран како оригинален кога се појавив со комбинираната намена на еден објект за станови и за хотел, што го направив со Трамп интернешенел хотел и тауер5 во Њујорк. Оттогаш, концептот е копиран (од мене и од други) и се докажа како неверојатно успешен, како на национално така и на меѓународно ниво.

За мене, идејата беше здраворазумна и не мис лев дека сум нешто особено креативен. Кога раз мис лувам наназад, можеби и бев. Но кога потоа чи тав еден по друг напис за иновацијата и за некои ино ватори, почнав да размислувам како некој може да ста не иноватор, и мислам дека е важно за ова да размислуваат и студентите.

Си припомнувам што прочитав за еден ком по зитор по име Стив Рејч кој се појави со нова идеја на речена „етапно воведување“, што е исто како и синхронизираното работење на бришачите на шо фер шајбната. По сè изгледа, еден дождлив ден, тој бил заглавен во сообраќаен метеж, а ритамот на бри­шачите врз шофершајбната го привлекол неговото внимание и

5 Trump International Hotel & Tower – луксузен хотел и ресто ран рангиран со 5 ѕвезди на Форбс во своето име, што го вбројува во најлуксузните хотели од ваков вид во светот. (заб.на прев.)

Page 22: Razmisluvaj Kako Sampion_web

22

она што го слушал го применил во својата музичка композиција. Тој изврши значајно влијание врз современата музика и сметам дека е голем пример за креативна личност. Некогаш новите идеи можат да дојдат од нешто толку секојдневно и функционално, како што се тоа бришачите на вашата шофершајбна. Клучот е во тоа да обрнувате внимание и да ги држи те отворени мозокот и чувствата за нови стимули.

Исто така, помага и кога се размислува за две нешта одеднаш ­ јас тоа го нарекувам фокусирање на повеќе нивоа. Кога ќе се случи вкрстување на идеите, следува иновацијата ­ да се размислува во музички термини додека ги слушате бришачите на вашата шофершајбна, или да се размислува за комбинација на хотелска кула во која едновремено има и станови, или можеби да се набљудува камен што се тркала и да се замисли тркало. Којзнае каков ќе биде резултатот? Некогаш ќе биде фантастичен, друг пат ­ нема, но тоа придонесува умот да работи во нова димензија што, понекогаш, може да се покаже како плодоносно.

Ова може да се случи и без промислени обиди да се биде иновативен, па така, друга техника за ко ристење ­ свесно и несвесно ­ е да се има отворен ум. Тоа е мошне важно во бизнисот, исто како и во кре ативната уметност. Не ограничувајте се себеси со трезвено размислување затоа што сакате да се пока­жете брилијантен во бизнисот. Мојата прва книга ја нареков Уметноста на договарањето затоа што договорите за зделки во бизнисот ги гледам како постоење на уметничка форма. Можеби поради тоа бев успешен договарач на зделки. Јас ги употребувам обете страни на мозокот кога размислувам и кога работам.

Веројатно сте свесни за бројот Фи, што има зачу дувачка историја. Тој бил употребуван од луѓето почнувајќи од Пи­тагора, па сè до да Винчи, а нај ве ројатно го употребувале и градителите на пирамидите. Бројот постои веќе долго време, а неговата вредност е 1.6180339887. Наречен е златен пресек и доколку сакате да дознаете повеќе детали, можете да ја прочитате книгата Златниот пресек од Марио Ливио, каде што тој навлегува во негова детаљна анализа. Поентата ми

Page 23: Razmisluvaj Kako Sampion_web

23

е дека изгледа дека некои луѓе намерно го употребуваат овој број, додека други го знаат потсвесно и тој може да се појави во нивната работа со или без намера. Но тој може да биде употребен намерно, и тоа се случува многу често. Мистериозно е тоа што овој златен пресек се појавува во неповрзани работи и природни феномени, од школките­наутилуси6, до галаксиите, до уметничките дела и до архитектурата. Ова може малку да ги олесни вашите иновативни обиди кога ќе направите напор да сфатите дека во животот постојат мистерии и да бидете отворени кон нив.

Јас не ве советувам да се нурнете во мистериозното ­ ус­пешниот живот бара здрав разум и напорна работа ­ туку да бидете свесни за нештата коишто понекогаш се необјасниви, затоа што тие можат да бидат голем чекор кон иновацијата. Ние не соз даваме вистински, ние го обединуваме она што би ло создадено за нас. Бидете голем обединител ­ без разлика за што се интересирате ­ и ќе бидете на својот пат кон инвентивноста. Големиот ум бара разновидност на мислите и на импулсите за да биде добро преокупиран, така што, обезбедете умот да ви биде ангажиран на најдобар можен начин. Тоа може да биде вашата најдобра карта­адут за успех.

6 Chambered nautilus ili Nautilus pompilius – вид школки кои живеат во спирални комори од калцифицирана обвивка покриена со седеф и со деко­ративни спирални линии, чии комори биле употребувани, особено во 18. и 19. век како украсни чаши.(заб.на прев.)

Page 24: Razmisluvaj Kako Sampion_web

24

Page 25: Razmisluvaj Kako Sampion_web

25

Здружувањето е почеток, останувањето заедно е напредок, работењето заедно е успех.

­ Хенри Форд

Важноста на тоа да се биде тимски играч

Отсекогаш сум ја знаел важноста на способноста да се биде тимски играч, и покрај тоа што сум претприемач. Во основната смисла, ние сите сме заедно во ова, и размислувањето поинаку нема да ни ги даде резултатите што можеби ги посакуваме. Повеќе од секогаш, работењето заедно е неделиво од опста­нокот, исто како и од успехот.

Додека размислував за ова, си припомнив на не колку добри примери за тимски играчи. Мнозинство то од нас го знаат Том Брокоу, телевизиски новинар и автор. Има добиено многу награди и е високо ценет и во својата дејност и кај публиката. Апрентис7 се дава ше премиерно и се покажа како многу добра програма ­ во таа седмица беше рангирана како шоу­емисија број еден, а јас бев поканет да седнам во ложата на Џорџ Штајнбренер8 и да бидам гостин на натпреварот на тимот на Јенки. Том беше таму со својата прекрасна сопруга, ме потапка по рамото и ми рече: „Доналд, ти благодарам за тоа што го направи за Ен-би-си. Ние навистина го цениме тоа“.

7 The Apprentice (Почетникот) ­ реално шоу, чиј извршен продуцент е Доналд Трамп. Најдобрите, откако ќе поминат низ многубројни тестови и зададени задачи, добиваат вработување во некоја од фирмите на Трамп. Емитувано е и на една од националните телевизии во Македонија. (заб. на прев.)

8 George Steinbrenner (1930­2010) ­ главен сопственик и парт нер­менаџер на првакот во американската безбол лига, Њујорк јенки. (заб.на прев.)

Page 26: Razmisluvaj Kako Sampion_web

26

Тоа што го рече тој, беше перфектен пример за тимски дух. Бевме во истата телевизиска куќа и нему му беше важно тоа што го правев за нив. „Нив“ стана „ние“ и јас веднаш разбрав од каде доаѓа тоа. Тој мо жеби е познат, но знае дека неговите емисии не се само за него. Мојата програма, исто така, не е само за мене. Всушност, како што ќе откриете додека со текот на годините се стекнувате со мудрост, најмногу од нештата што ги правите, ретко ќе бидат само за вас. Том се грижеше за телевизијата, а неговиот тим има ше корист од успехот на Почетникот. Коментарот што го кажа ми го откри неговиот интегритет како личност ­ и можеби поради тоа секој во Ен-би-си, исто како и публиката, го сака и го почитува.

Исто така, додека стоев зад сцената во Лос Анџелес за наградата Еми кога Почетникот беше номиниран, блиску до мене стоеше Дебра Мисинг, која освои признание и награда Еми за својата улога во Вил и Грејс. Дебра отсекогаш ми се допаѓала, можеби затоа што косата ѝ е толку прекрасна, но, таа ми се доближи и мошне љубезно ми се заблагодари за успехот на Почетникот. Уште еднаш, сфатив дека тука е уште еден важен тимски играч ­ нејзината емисија исто така се емитуваше на Ен-би-си.

Поминаа неколку години оттогаш, но јасно се сеќавам кога Џеф Цукер9 дојде во мојата канцеларија за да ме праша дали би сакал да бидам домаќин на емисијата Во сабота навечер во живо. Една од причините поради која сакав да му одговорам по­зи тивно на Џеф, беше тоа што Во сабота навечер во живо беше емисија на Ен-би-си, а јас бев дел од нив ниот тим. Тимскиот дух е важен, и морам да кажам дека тоа беше одличен избор. Сите убаво си поминаа и сите беа победници.

Поентата ми е дека одржувањето на тимскиот дух во живот, како во вашите лични така и во вашите професионални животи, ќе ви донесе мошне добри, дури изненадувачки резултати. Плус, прекрасно е чувството да се тргне по патот на успехот. Никогаш не негирајте ја моќта на тимот и ќе бидете тимски играч, исто толку важен колку и моќен.

9 Jeff Zucker – американски ТВ­менаџер и претседател на Управ ниот одбор на Ен­би­си. (заб.на прев.)

Page 27: Razmisluvaj Kako Sampion_web

27

На моменти нашата сопствена светлина исчезнува и повторно се пали од искрата на друга личност.

Секој од нас има причина да размислува со голема благодарност за оние што го запалиле пламенот во нас.

­ Алберт Швајцер

Еден подранет Ден на благодарноста

На ден пред празникот Рош Хашанах, секоја година во из­минатите осумнаесет години, добивам порака од еден рабин во Лос Анџелес. Јас не сум Евреин, но познавам многу Евреи кои ги почитуваат обичаите, а кои работат за мене, така што во голема мерка ги познавам празниците и знам дека Рош Хашанах е нивната Нова година, време за прославување.

Открив дека неговата порака на благодарност е особено искрена, поради тоа што тој и неговата сопруга пред една година го изгубија својот син, а сè уште се потсетуваат себеси (и мене) на многуте благослови што ги имале во животот. Желбата на Роби да ми се јавува секоја година е прекрасен пример за духот на благодарност: Во 1988 година, тој и неговата сопруга имаа тригодишен син кој имаше болест што беше збунувачка за лекарите во Лос Анџелес. Еден ден, таткото на детето ми се јави за да види дали може да го позајми мојот авион. Тој не ме познаваше, ниту, пак, јас него. Но, ми објасни дека ниту една редовна авионска линија не сакала да лета поради обемната медицинска опрема потребна за да се одржи детето во живот. Тоа го сметале за премногу ризично. Во тоа време и јас имав мали деца, и веднаш ја прифатив неговата молба. Како би мо­жел да кажам не?

Page 28: Razmisluvaj Kako Sampion_web

28

Го испратив мојот авион и ги донесов детето и неговите родители во Њујорк, со надеж дека лекарите тука би можеле да изнајдат лек за тешката болест на дишните органи од којашто страдаше. Не се најде лек за неговата болест, но неговите родители останаа благодарни за тој ден. Секогаш сум трогнат што се сеќаваат на мене.

Во овие денови на пресврт во нашата земја, от крив дека редовната годишна порака од рабинот проникнува во тоа како на добар начин да се решат тешкотиите дури и во трагични времиња ­ да се најде среќа среде несреќа. Ова семејство и неговата судбина е прекрасен пример за сите нас, и би сакал да им се заблагодарам за нивното редовно годишно потсетување на мене. Би требало да сфатиме дека сите имаме многу нешта за кои треба да сме благодарни, без разлика дали е тоа на Нова година, Денот на благодарноста или само уште една Среда во нашите животи.

Page 29: Razmisluvaj Kako Sampion_web

Книги кои ќе ве донесат чекор поблиску до успехот!

Повеќе информации за книгите на www.kniga.com.mk

Page 30: Razmisluvaj Kako Sampion_web

Dru{tvo za izdava~ka dejnostPABLI[ER DOO, Skopjeul. Ruzveltova 19-2/2tel. 02 521 21 50e-mail: [email protected]

Tehni~ki urednik Slavko Jovanovski

Lektura Vaska Ko~ovska

Menaxer za proda`ba Milan Jovanovski

Pe~at Pe~atnica Naumovski

CIP - Katalogizacija vo publikacijaNarodna i univerzitetska biblioteka „Sv. Kliment Ohridski“, Skopje

159.947.2/.5

TRAMP, DonaldRazmisluvaj kako {ampion : neformalno obrazovanie za

biznisot i za `ivotot / Donald Tramp ; [prevod od angliski Gorica Popova]. - Skopje : Pabli{er, 2010. - 210 str.; 21 sm.

Prevod na deloto: Think like a champion / Donald J. Trump, - фусноти кон текстот. - Предговор/ Роберт Киосаки: стр. 7-8

ISBN 978-608-4569-07-7I. Trump, J. Donald види Трамп, Доналдa) Uspeh - Psiholo{ki aspektiCOBISS.MK-ID 84760074

Dizajn na korica

www.creativecollective.mk