radioaktivnost

29
СОУ “КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ СОУ “КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ДЕМИР ХИСАР ДЕМИР ХИСАР ФИЗИКА ФИЗИКА РАДИОАКТИВНОСТ Ментор: Проф. Благојче Кривевски Изработил: Мартин Милошевски

Upload: martin-milosevski

Post on 09-Jul-2015

5.066 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Radioaktivnost

СОУ “КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“СОУ “КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ДЕМИР ХИСАРДЕМИР ХИСАР

ФИЗИКАФИЗИКА

 

РАДИОАКТИВНОСТ

Ментор:

Проф. Благојче Кривевски

Изработил:

Мартин Милошевски

Page 2: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ВОВЕД

Радијацијата е појава која се случува во космосот, но и на земјата. На оваа појава човекот не може да делува.

Целта со оваа проектна задача е да дојдеме до повеќе сознанија за радијацијата, видовите на радијација, нивното штетно влијание врз живиот свет, но и користа од истата.

Благодарение на научните сознанија, ние денес можеме да ја користиме за добробит на човештвото.

Page 3: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

НАСТАНУВАЊЕ

Радиоактивност е физичка појава кај која атомите спонтано се распаѓаат притоа емитувајќи една или повеќе видови јонизирачко зрачење, како што се алфа, бета, неутронско и гама зрачење. При оваа појава, атомското јадро се преобразува во друго јадро.

Page 4: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

НАСТАНУВАЊЕ

Радиоактивноста може да биде:Природна ивештачка.

Page 5: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

НАСТАНУВАЊЕ

Природна радиоактивност.

Сл. 1 Сонцето емитува бран на радијација

Page 6: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

НАСТАНУВАЊЕ

Вештачка радиоактивност.

Вештачката радиоактивност доаѓа како резултат на активности на човекот (атомски централи, лаборатории итн.).

Со бомбардирање на атомските јадра и елементарни честички со други атомски јадра доаѓа до распаѓање или разделување на јадрата при што се добиваат радиоактивни изотопи.

Долготрајните радиоактивни изотопи настануваат и при експериментални нуклерни проби кои се вршат денес, а особено во минатиот период.

Page 7: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Радиоактивното распаѓање се карактеризира со вид и енергија на емитуваната радијација и временското полураспаѓање. Во природата се јавува:

-алфа распаѓање;

-бета распаѓање;

-гама распаѓање и

-спонтана фисија.

Page 8: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Алфа-честички (α)

Алфа-честички не се многу продорни. Тие се апсорбираат од неколку сантиметри воздух или од тенок лист хартија. Алфа честички патуваат со брзина поголема од 5% од брзината на светлината. Алфа честички од обичното алфа распаѓање не навлегуваат во кожата и не предизвикаат никаква штета на ткивата. Некои многу високи енергетски алфа честички сочинуваат околу 10% од космичките зраци, и тие се способни да продрат во телото, па дури и тенки метални плочки.

Page 9: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Алфа-честички (α)

Сепак, тие се опасност само за астронаутите, бидејќи под влијание на магнетното поле на Земјата тие скршнуваат, но и земјината атмосфера ги запира.

Page 10: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Бета радиоактивност (β)

Кај Бета-радиоактивноста доаѓа до откинување на еден електрон од атомското јадро. Се покажало дека неутроните, всушност можат да се распаднат на еден протон и еден електрон и една мала честица со занемарливо мала маса што се нарекува антинеутрино. Тоа значи дека при бета распадот доаѓа до одделување на еден електрон од јадрото тогаш во јадрото ќе се појави вишок од еден протон за сметка на распадниот неутрон.

Page 11: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Бета радиоактивност (β)

Електронот при бета-распадот го напушта атомот со голема брзина околу 9/10 од брзината на светлината во форма на бета-радиоактивна честица. Јонизирачката способност на бета-честиците не е толку голема како кај алфа-честиците, но сепак нивната продорност е далеку поголема бидејќи тие се многу помали. Алуминиумската плоча со дебелина од неколку милиметри би била сосема доволна заштита од бета-радиоактивните матријали. Бидејќи се работи за лесните електрони, тогаш и скршнувањата во елктричните и магнетните полињна се големи.

Page 12: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Бета радиоактивност (β)

Бидејќи се работи за лесните електрони, тогаш и скршнувањата во елктричните и магнетните полињна се големи.

Page 13: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Гама-зраци (γ)

Гама-зраците се елктромагнетни бранови, слични на рендгенските или (X) зраците. Тие имаат сосема друга природа од алфа и бета зраците. Не носат полнеж и се движат со брзина на светлината. Ефектот на јонизацијата е многу слаб бидејќи тие се елктромагнетни бранови, но затоа пак се многу продорни.

Page 14: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Гама зрачењето (за разлика од алфа и бета-зрачењето) не свртува од праволиниската патека во магнетното поле.

Сл. 2 Скршнување на зраци низ електро-магнетно поле.

Page 15: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Радијацијата на својот пат низ некој материјал може да биде апсорбирана. Колку што материјалот е подебел, толку повеќе радијација се апсорбира во него.

Сл. 3 Апсорбирање на радијацијата низ материјали.

Page 16: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Неутронско зрачење.

Неутронско зрачење се состои од слободни неутрони. Овие неутрони може да бидат емитувани во текот или спонтано или предизвикани од процес на нуклеарна фисија и нуклеарна фузија или од било кои други нуклеарни реакции. Неутроните се единствениот вид на јонизирачко зрачење што може да ги направи другите објекти или материјали, радиоактивни. Овој процес, наречен неутронска активација, е примарен метод кој се користи за производство на радиоактивни извори за употреба во медицината, академските и индустриски апликации

Page 17: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Неутронско зрачење.

Неутроните не јонизираат атоми на ист начин како наелектризираните честички, како што се протони и електрони. Сепак и бавните и брзите неутрони, судирајќи се со атомски јадра на многу елементи, создаваат нестабилни изотопи и затоа предизвикуваат радиоактивност во претходно не радиоактивен материјал..Ова се нарекува неутронска активација.

Page 18: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Неутронско зрачење.

Високо-енергетските неутрони се многу продорни и можат да патуваат на големи растојанија во воздухот (стотици или дури илјади метри) и умерени растојанија (неколку метри) во заеднички материи. За заштита од овие неутрони обично се користи бетон или вода, за да ги блокира во растојание помалку од еден метар. Заеднички извор на неутронската радијација се случува во внатрешноста на нуклеарен реактор, каде што водата се користи како ефективна заштита.

Page 19: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Период на полураспаѓање е времето потребно за една супстанца во процес на распаѓање да се намали за половина. Во почетокот, терминот обично се користел да се опише особината на нестабилни атоми (кои радиоактивно се распаѓале), но може да важи за било која количина која следи одредена стапка на распаѓање.

Page 20: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ВЛИЈАНИЕ

Алфа зрачењето е опасно кога алфа-честиците се внесуваат при дишење или голтање. На овој начин тие доаѓаат доволно блиску до ткивата и ги оштетуваат клетките. на високо отровни алфа-емитери се радиум, радон и полониум.

Page 21: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ВЛИЈАНИЕ

Од зрачење не може да се скрие ниедно живо суштество. Секој човек годишно прима ефективна (просечна) доза зрачење од околу 3,5 mSv која се состои од следните параметри. -Вдишување на радон 2 mSv-Внес на останати радионуклиди во телото 0,39 mSv-Зрачење од Земјата 0,28 mSv-Космичко зрачење 0,28 mSv-Вештачко извори 0,50 mSv

Page 22: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ВЛИЈАНИЕ

Просечно човек, на пр. во САД добива ефективна доза на зрачење од околу 3 mSv годишно.

Page 23: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ЗАШТИТА

Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса. Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците. Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина.

Page 24: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ЗАШТИТА

Колку поголема е енергијата на гама зраците, толку подебела заштита е неопходна. Материјалите за заштита од гама зраците обично се мерат со нивната дебелина што е неопходна за на половина да се намали интензитетот на гама зраците. На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см. Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност.

Page 25: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

УПОТРЕБА

Емитирањето на гама зраците на кобалт-60 се користи при стерилизирање на медицинската опрема или лекувањето на рак, како и при зрачењето на цезиум-137.

Page 26: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ЗАКЛУЧОК

Радиоактивност е физичка појава кај која атомите спонтано се распаѓаат притоа емитувајќи една или повеќе видови јонизирачко зрачење, како што се алфа, бета, неутронско и гама зрачење. При оваа појава, атомското јадро се преобразува во друго јадро.

Радиоактивноста, односно процесот на “распаѓање“ на јадрото на атомот може да биде природно или вештачки со помош на човекот.

Page 27: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ЗАКЛУЧОК

Природната радиоактивност потекнува од природни радиоактивни извори на чие дејство е изложен живиот свет од самото настанување на земјата. Природната радиоактивност доаѓа од космосот (сонцето и други ѕвезди) и од процесите кои настануваат на земјата, а за кои човекот нема влијание.

Вештачката радиоактивност доаѓа како резултат на активности на човекот (атомски централи, лаборатории итн.).

Page 28: Radioaktivnost

РАДИОАКТИВНОСТРАДИОАКТИВНОСТ

ЗАКЛУЧОК

Зрачењето е опасно кога честиците се внесуваат при дишење или голтање или навлегуваат преку кожата. На овој начин тие доаѓаат доволно блиску до ткивата и ги оштетуваат клетките. Од тие причини потребно е да се користи соодветна заштита при работа во лабаратории, во атомски централи, при складирање на нуклеарно гориво итн.

И покрај негативното дејство на радиоактивните изотопи, истите наоѓаат примена особено во медицината, при лекување на карциноми.

Page 29: Radioaktivnost

ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТОВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО