prof.oliver tashev

108
БИОЛОГИЈА за седмо одделение Илинка Танева за осмо одделение деветгодишно основно образование

Upload: otashev

Post on 16-Apr-2015

262 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

ucvebnik Biologija sedmo odd

TRANSCRIPT

Page 1: prof.Oliver Tashev

БИОЛОГИЈАза седмо одделение

Илинка Танева

за осмо одделениедеветгодишно основно образование

Page 2: prof.Oliver Tashev

Како ќе го користиш учебникот

Во учебникот по биологија за VII одделение ќе учиш за животните. Во него се опфатени сите теми, поттеми и наставни содржини предвидени со наставните програми за седмо одделение на осумгодишното образование, односно осмо одделение на деветгодишното основно образование. Учебникот е изработен така што ќе ти пружи широки можности за активно учење и соработка со другарчињата и наставникот. Воведниот дел на наставната содржина е разновиден и содржи кратки упатства со кои се овозможува поврзување на содржините што се учени предходно со новата содржина што треба да ја изучуваш. Учебникот ќе те упатува како активно да учиш преку набљудување, истражување, вежби, дисекции, споредување на текстот со сликите од учебникот, свеж матерјал, обиди, правење збирки, табели и друго. Многубројните прашања и задачи ќе те наведуваат на самостојно размислување и учење, откривање на нови знаења, кои долго ќе ги паметиш. Една од наставна содржина и активностите во неа е претставена на следната слика.

На крајот од секоја наставна содржина согледај ги активности тонирани со соодветна боја и тоа:”Активности и одговори “, “ Јас открив “, “Знаеш ли дека “. Работи самостојно и ќе дојдеш до одредени заклучоци, ќе се потсетиш на најбитното и ќе дознаеш интересни податоци.

Авторот

2

18

, ,

!- ?

- ?

Od zigot do embrionot

@ivotinski tkiva

.

.

- ,

- .

. ,

, '

,

.

,

. .

:- ( - ) -

.- ( , ' , , )- ( ).- ( ).

,

19

-

.

.

: ,

, , , .

, ,

. .

, , .

Vnatre{na anatomija na ptica

. , , .

.

: , , , , , , . - .

- ?

- ? .- ?

- , .

- - .

Page 3: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 1

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И

РАСТЕНИЈАТА

1. ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА

ПРИСПОСОБЕНОСТ

2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА

Page 4: prof.Oliver Tashev

Тема 1

6

Сигурно се сети дека животната средина е Земјиниот простор со сите еколошки фактори кои тука делуваат на живите организми и човекот и овозможуваат да живеат, да се хранат, растат и размножуваат. Секоја животна средина се одликува со посебна комбинација на еколошки фактори: храна, вода, воздух, светлина, топлина, скривалиште и друго. На земјата постојат три големи животни средини: водна, воздушна и копнена. Живите организми се приспособуваат на промените на животната средина на различни начини.

Еколошките фактори - услови во животната средина, не се постојани тие се променливи. Набљудувај ја сликата. Што откри?

ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СОЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА ПРИСПОСОБЕНОСТ

Потсети се !

- Кои животни средини ги знаеш?- На што се должи разновидноста на живиот свет на Земјата?

Rastenija koi `iveat vo su{ni predeli - kaktusi

Пустинските растенија се приспособиле на различни начини. Еве некои од тие приспособувања: - Имаат редуцирана површина на листовите. - Листовите преобразени во боцки и дебела кутикула. - Влакнести стоми. - Складираат вода во стеблото.

Кај животните има многубројни примери за приспособеност кон условите на животната средина.Копнените животни се приспособиле да живеат на многу различни начини, бидејќи копното нуди различни услови: топлина, сонце, храна, вода и друго.

Page 5: prof.Oliver Tashev

Сличности и разлики меѓурастенијата и животните

7

Тропските предели нудат најповолни услови за живот и затоа овие предели се густо населени со разновиден свет.

Спротивно од тропските предели, пустините нудат посурови животни услови : високи температури, големи суши и малку вода. Затоа животните се приспособиле на различни начини да опстанат во живот. Тие најчесто ноќе се активни, а дење се кријат во дупки и пештери.

Набљудувај ја сликата! Забележуваш ли дека камилата на грбот има една или две грпки во кои складира храна? При долги патувања низ пустината камилата од грпката добива храна и вода.

Kamila Noj Zebra

Во водната животна средина живеат водни животни и растенија. Алгите живеат во горните слоеви на водата дотаму до каде продира светлината. Во своите клетки имаат зелен пигмент-хлорофил и вршат фотосинтеза. Животните што живеат во водната средина се приспособиле да живеат на повеќе начини. Еве некои од нив:

- Рибите се водни 'рбетни животни со хидродинамична форма на телото.- Се движат со перки, дишат со жабри, кожата им е лигава и со стргунки.- Повеќето се светлосино обоени и многу од нив имаат форми и бои за камуфлажа

во средината во која живеат.Морските иглокожни животни живеат на дното на морињата и се слабо подвижни.

Тие имаат надворешен скелет од варовнички плочки и боцки за заштита.Тоа се само некои примери за проспособување на организмите во животната

средина. Повеќе ќе учиш во текот на учебната година.

Page 6: prof.Oliver Tashev

Тема 1

8

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУРАСТЕНИЈАТА И ЖИВОТНИТЕ

Потсети се!- Од што се изградени сите живи организми?- Сети се што учеше во шесто одделение за сличностите и разликите помеѓу растенијата и животните и кои животни процеси се одвиваат во живите клетки?

Сигурно се потсети дека сите живи организми се изградени од клетки. Во живите организми и во секоја клетка се одвиваат животните процеси:

исхрана, движење, дишење, осетливост, растење и развиток, размножување, излачување и друго. Меѓутоа, меѓу нив постојат и разлики кои што ни овозможуваат да ги разликуваме растенијата од животните.

Сите зелени растенија се автотрофни организми - сами си создаваат органска храна во зелените делови на растението под дејство на светлината - вршат фотосинтеза. Оваа група на организми се наречени произведувачи на храна.

Животните се потрошувачи на храна. Таквата исхрана се вика хетеротрофна, а животните-хетеротрофни организми. За полесно да дојдат до изворот на храна кај животните се развиле сетилни органи за вид, слух, мирис, како и органи за движење и тоа: нозе кај цицачите и водоземците, крила кај инсектите и птиците, перки кај рибите.

Животните, храната ја земаат и внесуваат во телото преку посебни органи за варење како што се: устата, желудникот и црева. Тука таа се ситни и се разложува за да се предаде на клетките.

Јас открив декаРазновидноста на растителниот и животинскиот свет на земјата е условен од различните услови за живеење (светлина, топлина, вода, храна, почва).Најнаселен дел од Земјата е тропскиот предел, а најсиромашен е пустинскиот.Во водната средина се сретнуваат растенија (алгите) и многубројни видови на животни (морски полжави, морски ѕвезди и ежови, риби и други).

Знаеш ли дека, постојат разлики меѓу животните и растенијата, но сепак тие се многу мали и не може да се подвлече остра граница.

Еве неколку примери:- Растенијата не се движат активно. Исклучок се алгите кои се движат во водата.- Животните активно се движат, но сунѓерите и коралите се животни кои водат прикрепен начин на живеење.

- Растенијата се автотрофни организми, но габите се растенија кои се хранат хетеротрофно - паразитски и сапрофитски.Значи, здобиените разлики се само начини на приспособување на живите

организми кон надворешните услови.

Page 7: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 2ГРАДБА НА КЛЕТКИТЕ, ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ

КАЈ ЖИВОТНИТЕ 1. ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТА НА ЖИВОТИНСКАТА

КЛЕТКА

2. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА

КЛЕТКА

3. ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ, ОРГАНСКИ СИСТЕМИ И НИВНА УСОГЛАСЕНОСТ

Page 8: prof.Oliver Tashev

Тема 2

10

ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТАНА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА

Потсети се!

- Од што се изградени сите живи организми ?- Кои се основните делови на клетката и каква е нивната улога ?

Сигурно се потсети дека сите живи организми се изградени од клетки.Клетката е основна структурна и функционална единка на сите живи

организми. Таа ги извршува сите животни процеси: исхрана, дишење, излачување, размножување, развиток и умирање. Таа го носи наследниот материјал, гените од своите родители. ФОРМА И ГОЛЕМИНА НА КЛЕТКАТА

Клетките по форма и големина се различни и може да бидат: правоаголни, плочести и цилиндрични (епителни-кожните), издолжени (мускулните), звездести (коскените), разгранети (нервните) и топчести (крвните). Животинските клетки се помали од растителните. Најголеми се некои специјални клетки, како јајцата на птиците. Јајцето на нојот достигнува тежина и до 1,5 килограм.

Formata i goleminata na kletkite na `ivotnite

Jajce na noj.

1 2 3

4 5 6

7

Page 9: prof.Oliver Tashev

Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

11

и спореди го со сликата. Што заклучи ?Забележуваш ли дека клетките се изградени од: цитоплазма, јадро и клеточна

мембрана. Секоја клетка е одделена од средината во која живее со клеточна мембрана или

ципа. Таа е тенка и еластична, полупропуслива и селективна, ги селектира (одбира) материите кои влегуваат и излегуваат од клетката. Тоа се должи на сложената градба

Вакуоли

Гликоген

Клеточна или цитоплазматична мембрана

Јадрена мембрана Цитоплазма

Јадренце (нуклеола)

Јадро (нуклеос)

Sostavni delovi na ~ove~kata kletka

Градба на клетката

Набљудувај под микроскоп свеж или готов препарат од крвно ткиво, кожа, мускули

Page 10: prof.Oliver Tashev

Тема 2

12

Delba na kletkata

на мембраната која е изградена од липо-протеини (масти и белковини), има и пори преку кои цитоплазмата комуницира со надворешната средина.

Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода и минерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестата структура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршат животните процеси.

Познати органели се: - Јадрото е органела која ја има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадрена

обвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетската информација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.

- Вакуоли претставуваат мали торбички што служат за складирање на резервни материи како вода, масти кај масните клетки и други органски материи. Вакуолите, воедно, служат и за исфрлање на непотребните материи од клетката, а тоа е застапено кај едноклеточните организми.

- Гликоген е сложен шеќер кој се складира како резервен шеќер во цитоплазмата на клетката. Кај растителната клетка шеќерот во цитоплазмата се наоѓа во вид на скробни зрнца, додека кај животинската клетка во вид на сложен шеќер - гликоген.

Делба на клетката

Развитокот, растењето и заздравувањето на повредите на еден организам се објаснува со зголемување на бројот на клетките. За таа цел клетките се размножуваат т.е. се делат. Пред да почнат да се делат клетките, зрнестата хромозомска материја на јадрото се згуснува и формира хромозоми.Тие надолжно се делат, се закачуваат на делбеното вретено и се упатуваат на спротивните страни на клетката, од кои се формираат две нови јадра. Потоа се дели и цитоплазмата и се добиваат две нови клетки со ист број на хромозоми како мајката-клетка. Процесот е познат како митоза. Со митоза се делат сите клетки во организмот освен половите. При делба на половите клетки не се добиваат две туку четири нови клетки кои имаат половина број од хромозомите. Оваа делба е наречена мејоза.

Page 11: prof.Oliver Tashev

Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

13

Јас открив дека

- Клетката е изградена од јадро, цитоплазма и клеточна мембрана. Органели во клетката се делчиња во кои се врши некој од животните процеси. Познати органели во цитоплазмата се: митохондри, ендоплазматична мрежичка, голџиев апарат и лизозоми.- Клетките можат да бидат различни по форма и големина зависно од улогата што ја вршат.Размножувањето на клетката може да биде со проста делба кај едноклеточните организми и со сложена делба - митоза.

СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА КЛЕТКА

Потсети се!Од што се изградени живите организми? Кои се основните делови на клетката?Што се органели и кои органели ги знаеш кај растителната а кои кај животинската клетка?

Сигурно се сети дека сите живи организми се изградени од клетки. Животинската и растителната клетка имаат сличности и разлики како во градбата така и во функциите. Еве некои од нив:

Јадрото е заеднички белег и на животинската и на растителната клетка. Тоа има улога да ги регулира животните процеси во клетката и да ги пренесува наследните особини.

Клеточната мембрана е присутна во двете клетки, таа ја обвиткува клетката и и дава форма и облик. Преку клеточната мембрана се врши размена на материите, и преку неа влегуваат потребните материи, а излегуваат непотребните, но има и заштитна улога.

Одговори

- Набљудувај клетки од свеж или готов препарат и спореди ги со сликата.- Што откри, што заклучи?- Ако препаратот го обоиш со лугол или разблажен јод, ќе ги забележиш јадрото и органелите. Објасни ја нивната улога.- Што е митоза, а што мејоза и како се одвиваат во клетката?

Page 12: prof.Oliver Tashev

Тема 2

14

јадрена мембрана

јадрена мембрана

A В

клеточна мембрана

клеточнамембрана

цитоплазма

клеточен ѕид

хроматин

јадренце

јадренце

хлоропласт

јадро

јадро

вакуола

цитоплазма

вакуола

Op{ta {ema na `ivotinska i rastitelna kletka

Активности

Пополни го Венов дијаграм. Во кругот А запиши ги деловите на растителната клетка, а во кругот В, деловите на животинската клетка. Во преклопот на кругот А и В запиши ги заедничките белези. Со тоа ќе откриеш што е зедничко и по што се разликуваат овие две клетки.

Цитоплазмата ја исполнува клетката (растителната и животинската) и во неа има делчиња наречени органели. Во растителните клетки има пластиди (хлоро-пласти и хромопласти) во кои се врши процесот фотосинтеза. Животинските клетки немаат пластиди и не вршат фотосинтеза. Растителните клетки имаат клеточен ѕид, а животинските клетки го немаат. Вакуолите кај растителните клетки се исполнети со клеточен сок. Во животинските клетки многу ретко се сретнуваат вакуоли.

Кај животните одредени клетки се спецјализирани да примаат дразби од надворешната средина и соодветно да реагираат на нив. Тоа се сетилните клетки.

Мускулните клетки имаат во себе мускулни влакненца, кои со нивното собирање и отпуштање го движат мускулот, а со тоа и телото.

Тоа се некои сличности и разлики меѓу животинската и растителната клетка. Значи здобиените разлики кај клетките се само начин на приспособување кон надворешните услови.

Page 13: prof.Oliver Tashev

Градба на клетките, ткивата и органите кај животните

15

ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ И ОРГАНСКИ СИСТЕМИ

Потсети се!- Како настануваат ткивата и што се ткива?

- Што е орган и наброј некои органи кај животните?

Od zigot do embrionot

@ivotinski tkiva

Животните се изградени од клетки.

Зигот се дели на мали клетки

Збир од клетки со изглед на

морула

Веќе е развиен ембрионот

Наблјудувај ја сликата. Забележуваш ли дека ткивата се зачнуваат и настануваат од оплодената јајце клетка - зигот, кои понатаму се делат и се добива голема група клетки - морула или зачеток на ткивата. Тогаш почнува диференцирањето на клетките и зачнување на ткивата и органите. Покрај клетките, во составот на ткивата влегува и меѓуклеточната материја која може да биде еластична, како кај 'рскавичното и жилното ткиво, тврда кај коскеното ткиво која ја дава цврстината на коската и течна кај крвното ткиво .

Ткиво е збир од клетки слични по форма, големина и градба кои се наоѓаат на одредено место и вршат иста или слична улога.

Набљудувај ја сликата и запознај се со некои животински ткива.Животните се изградени од четири вида ткива и тоа:- Покривно (епително-кожно) - Кожата е надворешна обвивка на телото која има

заштитна улога.- Соединително (жилно, 'рскавично, коскено, крвно и масно ткиво)- Мускулно (заедно со коскеното ткиво даваат потпора и го движат телото).- Нервно (ја усогласува и контролира работата на сите органи).

Page 14: prof.Oliver Tashev

Тема 2

16

OРГАНИ И ОРГАНСКИ СИСТЕМИ

Набљудувај ја сликата и запознај се со некои органи на животните.

Орган е збир од повеќе ткива кои вршат одредена функција. Органите што ги откри на сликата се: срце, орган за крвоток кој е изграден од мускулно, епително, нервно, крвно и жилно ткиво. Желудник е изграден од мускулно, слузокожа, нервно и крвно ткиво. Желудникот има улога да ја вари храната. Бубрегот е изграден од епително, крвно, сврзно и нервно ткиво. Бубрегот има улога да ги исфрла водата и штетните материи од организмот. Мускулите се изградени од мускулно, сврзно,

УСОГЛАСЕНОСТ НА СИСТЕМИТЕ ВО ОРГАНИЗМОТ - ОРГАНИЗАМ

Сите органи и органски системи кај животните функционираат усогласено и складно како една целина - организам. За тоа се грижи регулацијата која се одвива преку нервниот систем, крвта и телесните течности, кои допираат до секоја клетка.

Крвта и телесните течности, служат за пренесување на хранливите материи, водата и кислородот до сите клетки, и за излачување на непотребните и штетните материи од организмот.

Улогата на нервниот систем е да управува со работата на телото - органите. Тој ја контролира и усогласува работа на сите органи за да можат да работат правилн, навремено и складно.

Кај рбетниците покрај нервната регулација, постои и хормонална регулација. Таа се одвивапод дејство на хормоните кои се излачуваат директно во крвта, од посебни ќлезди наречени жлезди со внатрешно лачење. Хормоните ги поттикнуваат и регулираат функциите и размената на материите и енергијата во клетката, органот.

Срце

Бел дроб

Црн дроб

Жолчната ќеса

Дебело цревоНервен систем

Мочна бешика

БубрегЖелудник

Панкреас

Семеник

Црево

Душник

Хранопровод

Vnatre{na anatomija na gu{ter

крвно и нервно ткиво и имаат улога во движењето.Повеќе поврзани органи во кои се врши некој животен процес преставуваат

органски систем.Познати системи кај животните се: систем за варење на храната, за дишење, за

движење, за излачување, за крвоток, нервен, за размножување и ендокрини систем, кои сите заедно формираат една целина - организам.

б

Page 15: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 3ГРУПИ ЖИВОТНИ И

ИМЕНУВАЊЕ

1. ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА

2. ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ: ПРАЖИВОТНИ

3. ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ - БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ

4. ‘РБЕТНИ ЖИВОТНИ

Page 16: prof.Oliver Tashev

Тема 3

18

ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА

Подготви се!По можност донесете во училиште разни видови животни : инсекти, црви, полжави, птици, или искористете ги препарираните животни или инсектариумите од училишните збирки.

Набљудувај ги животните што ги донесе. Можеш ли да заклучиш дека покрај големата разновидност на животните, постојат и некои сличности по кои животните се групираат во помали или поголеми групи. Најмалата група од многу слични организми се вика вид.

Слични видови на животни, како на пример: домашната мачка, дивата мачка, лавот, тигарот се групираат во поголема група - род мачки. Домашното куче (Шарпланинец, леси, пудлица, далматинец и др.), лисицата и волкот го градат родот кучиња. Покрај разликите меѓу овие два рода - мачки и кучиња, животните имаат и сличности. Еве некои од нив:

Царство: животинско

Тип (оддел): хордати

Класа: цицачи

Ред: месојади

Фамилија: кучиња

Род: КучињаВид: Куче Лупус

Klasifikacija i grupirawe na `ivite su{testva

- Се исхрануваат со месо, имаат добро развиени кучешки заби и канџи на прстите.- Имаат добро развиени сетила за: мирис, вкус, слух и вид.- Тие се брзи и снаодливи животни.Родот мачки и родот кучиња чинат поголема сродна група - фамилија ѕверови.Повеќе фамилии како на пример: фам. ѕверови, фам.папкари, фам.копитари и

други спаѓаат во редот плацентни цицачи. Редовите плацентни и безплацентни цицачи ја даваат класата цицачи.

Филогенетскиот преглед ги преставува групите на животни според нивната градба и сродство од најпростите до најсложените.

Page 17: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

19

(Туна) (Жаба) (Змија) (Врапче)

Водоземци

Копривкари

(Сунѓер) Копривкари (Дождовен црв) (Полжав) (Морски еж)

Раковидни Пајаковидни Инсекти Многуножни

(Многуногалка)(Скакулец)(Пајак)(Рак)

Птици

Мекотели

Цицачи

Иглокожи

Риби

Сунѓери

Еуглена Амеба Парамециум

Влечуги

Црви

(Зајак)

’Рбетни животни

Безрбетни животни

ПРАЖИВОТНИ - ЕДНОКЛЕТОЧНИ ЖИВОТНИ

МНОГУКЛЕТОЧНИ ЖИВОТНИ

Безрбетни членконожни животни

Page 18: prof.Oliver Tashev

Тема 3

20

со помош на кои се движи, тоа се камшикарите. Зелената еуглена се храни на два начина:

афтотрофно и хетеротрофно. Еуглената реагира на промените на светлината со помош на малото очно петно (окце) сместено во предниот дел на телото. Со помош на светлината се врши процесот фотосинтеза (афтротрофно). На темно го губи хлорофилот и се храни со готови частички од гнилежот кои ги вари во хранителните вакуоли (хетеротрофно).

ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ ПРАЖИВОТНИ

Подготви се и сети се!- Кои ги викаме едноклеточни животни? - По можност донеси барска вода за набљудување . Земи малку суво сено (трева), сипи една чаша од барската вода врз сеното и остави го да постои неколку дена на собна температура. Земи предметно стакло и на него стави капка од барската вода (од горниот површински слој каде се нафатила коричка) и набљудувај под микроскоп.

Во капката вода се гледаат едноклеточни животни - протозои (праживотни).Нивната основна одлика секако е едноклеточната градба на телото со присуство

на едно или повеќе јадра (поретко). Цитоплазмата е диференцирана на надворешен површински слој - ектоплазма и внатрешен подебел слој од потечна и похомогена зрнеста маса - ендоплазма. Во овие два слоја се наоѓаат органели кои повеќе ги има во ендоплазмата. Во органелите се вршат сите животни процеси: варење, дишење, излачување и друго.

Кај мал број праживотни цитоплазмата (протоплазмата) е гола и незаштитена, на пример кај амебата. Кај други пак протоплазмата е заштитена со еластична мембрана (пеликула) или со поцврста кутикула.

Исхраната на праживотните е хетеротрофна, а кај некои и афторотрофна, на пример кај зелената еуглена.

Во биологијата познати се близу триесет илјади видови праживотни. Еве некои од нив: камшикари (еуглена), спорозои - паразитски животни (плазмодиум), трепкари (цилиоподи-парамециумот и амебата).

ЕУГЛЕНА - КАМШИКАР

Во капката вода гледана под микроскоп се гледаат мали едноклеточни организми со валчесто издолжено тело. На предниот дел од телото има едно или повеќе камшичиња

Euglena

Page 19: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

21

Одговори

Јас открив дека...

- Набљудувај праживотни од барска вода, скицирај ги во тетратката и спореди ги со сликите.- Кои животни ги викаме трепкари, а кои камшикари?- Што се органели и каква е нивната улога?

- Најпрости се едноклеточните организми - протозои. Во нив спаѓаат амебата, еуглената, парамециумот и други.- Скоро сите праживотни живеат во вода.- Сите имаат органели во кои се вршат животните процеси.

Ameba

АМЕБА

Цитоплазма

Лажни ноџиња

Јадро

Во капката вода гледана под микроскоп се гледаат мали едноклеточни организми кои ползат испуштајќи делови од телото наречени псевдоподи или лажни ножиња, тоа се амебите. Телото на овие праживотни е голо - без клеточна мембрана (пеликула). Амебата се храни со бактерии или ситни честички од храна, кои ги прибира со псевдоподите и ги вовлекува внатре во цитоплазмата. Храната се вари во хранителната вакуола.

Постојат повеќе видови амеби: слатководна амеба која живее во бари и мочуришта, дизинтериска амеба која паразитски живее во цревата на човекот и предизвикува тешко заразно заболување - дизинтерија.

ПАРАМЕЦИУМ

Покрај другите едноклеточни организми, под микроскоп сигурно забележа и брзо подвижни едноклеточни животни, тоа се трепкарите. Трепкарите се највисоко организирани едноклеточни организми. Познати трепкари се: парамециумот, опалината, звончето и други.

Парамециум (чевелче) го добило името по формата на телото која личи на чевел. Во цитоплазмата на парамециумот се забележува клеточна уста преку која ја внесува храната, хранителна вакуола во која се вари храната и контрактилна вакуола преку која се исфрла несварената храна. Во цитоплазмата се забележуваат и две јадра - мало и големо јадро (макро и микро нуклеус) .

Парамециумот се размножува бесполово со проста делба на клетката и полово со коњугација.

Page 20: prof.Oliver Tashev

Тема 3

22

ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИ БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ ИНВЕРТЕБРАТА

Размисли и подготви се !- Кои животни се викаат безрбетни? Доколку знаеш наброј некои од нив.- Излези во природа и собери црви, стави ги во тегла со малку почва.Донеси ги во училиште за набљудување. Користи и училишни збирки.

Сигурно се потсети дека безрбетни животни се повеќеклеточни животни изградени од ткива и органи и истите немаат потпорен столб - 'рбет.

Во безрбетници спаѓаат : сунѓери, мешести организми, црви, мекотели, членконоги и иглокожни животни.

СУНЃЕРИ

Пронајдете природен сунѓер или сунѓер од училишната збирка за набљудување. Сунѓерите се исклучиво водни животни од кои најголемиот број живеат во морињата, а мал број во слатките води. Тие водат прикрепен начин на живеење. По форма можат да бидат: топчести - охридски топчест сунѓер (ендемичен вид), морски сунѓер портокал, по форма топчест со портокалова боја, лушпест сунѓер, кој како лушпи се лепи на камењата (живее во Охридското Езеро). Има и пехарести сунѓери по форма. Денес се познати околу пет илјади видови.

Телото на сунѓерите е изградено од надворешен слој - ектодерм и внатрешен слој - ендодерм. Меѓу овие два слоја се наоѓа пифтиеста маса со малку живи клетки кои имаат повеќе улоги. Еве некои од нив: излачуваат скелет богат со минерали (варовник) или органски материи, создаваат пигментни материи кои ја даваат бојата на сунѓерот и други.

Во средината на телото има централна Sun|eri

празнина која е поврзана со главен и странични отвори. Сунѓерите се простоградени организми без ткива и органи.

КОПРИВКАРИ (мешести организми)

Набљудувај ги сликите од медузите, хидрата и скелетот на коралите ако ги имаш во училишната збирка.

Забележуваш ли дека сите имаат пехареста форма на телото и пипалки кои се зрачно поставени околу устата. Телото им е изградено од надворешен слој епителни клетки - ектодерм. Во ектодермот, покрај епителните клетки има и сетилни (жарни)

Page 21: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

23

клетки. Жарните клетки се изградени од меурче во кое се лачи отровна материја и долго конче со зашилен врв кое го забодува во телото на жртвата и го убива пленот со отровот од меурчето. Со помош на пипалата ја внесува жртвата во устата и во мешето каде се вари храната со соковите што ги лачи ендодермот.

Копривкарите се посложени животни изградени од ткива: епително, мускулно и сетилно. Познати се околу девет илјади видови копривкари групирани во неколку групи: слатководни мешести организми, на пример - хидрата и морски мешести организми и тоа медузите и коралите.

Медузи. Познати медузи се: црвена актинија која живее во Јадранско Море, актинија цијанеа која живее во северните води и достигнува должина до триесет метри.

Корали. Коралите се застапени со околу шест илјади видови. Познати корали се: црвениот корал од чии скелет се прават украси и накити, морскто перо кое има белузлав скелет со должина од дваесет сантиметри и

личи на птичје перо, мадрепорни корали кои живеат во тропските мориња и Јадранот. Тие создаваат големи масивни скелети познати како коралски гребени.

ЦРВИ

Црвите се животни со издолжено, тенко и меко тело, со должина од неколку милиметри до неколку метри. Телото им е покриено со еднослоен епител, заштитено со кутикула. Под епителот се наоѓа мускулно ткиво со помош на кое се движи црвот.

Korali, meduzi i hidra

Tenija

Потоа се отвара телесна празнина во која се сместени органите за варење, излачување, крвоток и нервен систем. Сите овие органи се упростени кај паразитските црви.

Познати групи на црви се: прстенестите (анелида) во која група спаѓаат дождовниот црв, пијавицата и некои морски црви. Плочести црви (планарија) и плочести паразитски црви - тениите и тоа кучешка - ехинокок, свинска - трихина, говедска и метил .

Do`doven crv

Page 22: prof.Oliver Tashev

Тема 3

24

Подготви се !По можност донеси живи полжави и черупки од полжави, школки и морски ежови и ѕвезди, ако предходно си ги собрал или побарај ги во училишната збирка. Живиот полжав што го донесе стави го во млака вода за да го испушти стопалото од черупката. Обиди се да го извлечеш целото тело. Набљудувај го! Што откри?

Телото на мекотелите е меко и нежно, по што го добиле и името. Кај голем број мекотели телото е поделено на три дела: Глава - на која се наоѓаат устата и сетилните органи; труп - во кој се сместени внатрешните органи и стопало - месест орган кој служи за движење. Постои уште мантија - голем кружен набор на кожата, меѓу стопалото и трупот. Однадвор телото е покриено со еднослоен епител во кој има жлездести клетки кои лачат лига и клетки кои ја лачат заштитната варовникова обвивка со различна форма и

МЕКОТЕЛИ

Pol`av

[kolki

градба. Мекотелите претставуваат една од најбројните групи животни со околу сто илјади видови. Живеат во вода, а има и такви кои се приспособени за живот на копно. Во мекотели спаѓаат: полжави, школки и главоноги.

Познати пртставници од полжавите се: лозов, гол и барски полжав, морско уво и други.

Познати школки се: барска, речна, црна школка, острига, паластура и други.

Познати главоноги се: наутилус, сепија и октопод.

Gol pol`av

Page 23: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

25

Активности

Јас дознав дека...

- Направи шема на повеќеклеточните животни - групирај ги во поголеми редови и класи.- Набљудувај скелет од корали и сунѓери - ако ги имаш и направи краток опис.- Стави мало парче од корал или черупка од школка или полжав во десетпостотен раствор на солна киселина. Што заклучи?

Безрбетните животни немаат потпорен внатрешен скелет - 'рбет. Мекотелите, иглокожите и членконогите имаат надворешна варовничка покривка на која се прикрепуваат мускулите. Сунѓерите се многуклеточни организми без ткива и органи. Црвите можат да бидат: валчести, валчестопрстенести, плочести и плочесто паразитски црви.

Igloko`i

ИГЛОКОЖИ

Сите иглокожи се морски животни. Некои од нив живеат во плитките води, а некои и до четири илјади метри длабочина.Телото на иглокожите однадвор е покриено со тенка кожичка под која се наоѓа варовнички скелет кој се состои од варовнички плочки наредени во низа. Од варовничките плочки преку кожичката на површината на телото излегуваат иглички. Поради тоа овие животни се наречени иглокожи. Иглокожите се движат со боцките и амбулакралните

ноџиња водни ноџиња, а се хранат со ситни мали растенија и животни.

Page 24: prof.Oliver Tashev

Тема 3

26

ЧЛЕНКОНОГИ

Подготви се !Собери разновидни инсекти, ракчиња, пајаци и стоногалки или побарај ги во училишната збирка.Набљудувај го собраниот материјал и спореди ја надворешната градба. Што заклучи?

Дали забележа дека членконогите имаат членковидна градба на телото и нозе составени од повеќе членчиња, зглобно поврзани што им дава можност да се свиткуваат во различни правци, соодветно на движењата што ги вршат. Телото на членконогите е заштитено со цврст слој на хитин кој го лачи надворешниот дел од кожата. Хитинот меѓу членчињата е мек и растеглив што го прави телото подвижно.

Благодарение на заштитната улога на хитинскиот скелет, голем број членконоги можеле да ја напуштат водната средина и да се приспособат кон сувоземниот начин на живеење. При растење на животните хитинот пука, се отфрла и се создава нов. Во тој период животното расте (ракот првите години се преслекува два до три пати годишно).

Членчињата на одделни делови на телото станале различни меѓу себе, формирајќи посебни делови на телото - глава со пипала, очи и уста, гради на кои има нозе, а кај инсектите и крила како орган за летање и абдомен - меше.

РАКОВИ

Ако имате аквариум со речен рак, набљудувајте го како се движи и како се храни. Раковите преставуваат голема група животни со околу 30.000 видови , населени

во морските и копнените води. Телото им е изградено од 10 до 15 членчиња групирани во: глава, гради или главоградник и абдомен.

Rakovi

На главата имаат два пара пипала и три пара усни екстремитети, кои им служат за прифаќање на храната. На секое членче од градите има по еден пар нозе за движење (одење или пливање). Абдоменот завршува со ладало - орган за пливање.

Познати слатководни видови се: циклопс, водна болва (дафнија) и речниот рак.

Page 25: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

27

Подготви се !Набљудувај ја надворешната градба на инсектите што ги донесе или ги најде во училишниот инсектариум и спореди ги со сликата. Што заклучи?

Телото на инсектите е поделено на три дела и тоа: глава со добро развиени очи (сложени очи), сетило за мирис и устен апарат за грицкање, боцкање, цицање и за лижење. Гради на кои има три пара нозе за одење, скокање и пливање. На грбната страна има два пара крила кои всушност претставуваат тенки кожни набори со мрежа од жилички. Со нив инсектите летаат. Мешето им е изградено од членчиња со помалку хитин.

Во морските води живее надалеку познатиот рак јастог, крабата, шкампите и други. Сите овие имаат економско значење, се користат во исхраната на човекот.

ИНСЕКТИ

Insekti

Инсектите се најбројната група животни на Земјата, ги има преку 1.000.000 видови, приспособени да живеат во воздух, вода и почва. Има и такви кои живеат во телото на животните и растенијата, како на пример - растителните вошки, шугавецот и крлежот. Најпознати инсекти се: пеперугите, скакулците, лебарките, пчелите, бумбарите, мувите и други. Инсектите се од големо значење - вршат опрашување на цветовите од растенијата.

Page 26: prof.Oliver Tashev

Тема 3

28

Активности

Јас открив дека...

- Собери разни инсекти, ракчиња, пајаци и закачи ги со шпенагли на парче стиропор, распоредувајќи ги во групи според некои надворешни белези. Така самиот ќе направиш убав инсектариум.

- Телото и нозете на членконожните животни се изградени од членчиња зглобно поврзани - подвижни.- Телото е поделено на глава, гради и меше.- Телото е покриено со хитин кој има заштитна улога.

'РБЕТНИ ЖИВОТНИ ВЕРТЕБРАТА

'Рбетниците претставуваат најсложена и најразновидна група животни на Земјата.Затоа тие успеале да ги населат сите животни средини (водата, копното, воздухот).

Овие животни се викаат 'рбетници затоа што во телото имаат 'рбет, кој им дава потпора на телото и на него се прикрепени другите коски како коските на главата, ребрата и коските на нозете.

ПАЈАКОВИДНИ ЖИВОТНИ

Во пајаковидни животни спаѓаат пајаците, крлежите и шкорпиите. Шкорпиите живеат во сушни предели, а во станбени простории живеат пајаците. Кучешкиот крлеж и шугавецот паразитираат во животните. Познат отровен пајак е тарантулата.

Многуножните животни живеат во земјата и се хранат со ларви и ситни животни. Некои од нив се отровни.

Pajak

Page 27: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

29

Подготви се !Донеси помала риба или ако имаш аквариум со риби. Набљудувај ја нивната надворешна градба и движење.

КЛАСА РИБИ - ПИСЦЕС

Забележуваш ли дека телото на рибите е хидродинамично што му овозможува полесно пливање во вода. Телото им е поделено на глава, труп и опашка. Живеат во слатки и солени води. Можат да бидат големи од неколку сантиметри до десетици метри. Телото им е покриено со многуслојна кожа во која се наоѓаат многу жлезди што лачат лигава материја и ја прават кожата влажна и лигава. На кожата се наоѓаат стругунки кои имаат заштитна улога.

Движејќи се, рибите го свиткуваат телото, но притоа најактивна улога има мускулестата опашка со опашната перка. Други перки се: грбната (непарна), аналната (непарна), градните и стомачните перки (парни) со кои се движи и ја одржува равнотежата на телото. Рибите дишат со жабри.

Постојат две големи групи риби: 'рскавични и коскориби.

Ajkula

Tuna

'Рскавични риби.

Во оваа група спаѓаат ајкулите и ражите.

Карактеристично за нив е што имаат 'рскавичен скелет. Има околу 500 вида 'рскавични риби со должина од неколку сантиметри до 20 метра. Тие се хранат со риби и други морски животни - месојади. Познати преставници се: китајкула (20 м), сино морско куче (6-7 м), тигарајкула (6 м), челичарка (6-7 м).

Ражите се листовидни 'рскавични риби кои живеат на дното од морето.

Коско риби.

Во оваа група спаѓаат преку 20.000 видови риби. Карактеристично за нив е што имаат коскен скелет - 'рбет. Се разликуваат по форма, боја и големина

Page 28: prof.Oliver Tashev

Тема 3

30

Потсети се!Излезете во природа или побарајте во училишната збирка некој гуштер, змија или желка. Проучете ја неговата градба. Сети се кои животни спаѓаат во групата влечуги.

на телото.Познати коскориби се: сините морски риби (сардела, сардина, скуша), туна,

бакалар и други. Слатководни риби се: крапот, пастрмката, штуката, сомот и други. Сите риби имаат стопанско значење, се користат за исхрана. Нивното месо е

богато со белковини и витаминот А и Д како и органски киселини - омега 3.

КЛАСА ВОДОЗЕМЦИ - АМФИБИЈА

Водоземците се први копнени четириножни 'рбетници. Тие живеат во две животни средини. Додека се млади полноглавците живеат во вода и дишат со надворешни жабри, а возрасните живеат на копно и дишат со бели дробови, но повремено живеат во вода или на влажни места. Карактеристично за жабите е краткото и дебело тело без опашка, долги и моќни задни нозе за скокање, крупни очи, но слаб вид. Телото им е покриено со набрана и растеглива влажна кожа која го заштитува телото и преку неа диши. Познати видови се: барската, краставата, лиснатата жаба и други. Од групата опашести жаби се: дождовникот, мрмолецот и човечката рипка.

Сигурно се сети дека во групата влечуги спаѓаат: гуштери, змии, желки и крокодили. Тие се првите вистински копнени животни ('рбетници).

При набљудување на живи примероци забележа дека тие се движат со два пара кратки нозе, но секогаш со долниот дел на телото се влечат по земјата поради што се наречени влечуги.

Кожата им е сува, покриена со рожни плочки (стргунки), кај желките се сраснати во оклоп. Дишат со бели дробови.

Формата, големината и бојата на кожата им е различна зависно од средината во која живеат.

@abi

КЛАСА ВЛЕЧУГИ - РЕПТИЛИЈА

Page 29: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

31

Денес се познати околу 6.000 видови од кои половината се гуштери, нешто помалку змии, 260 вида желки и 25 вида крокодили.

Гуштери

Познати гуштери се: сив гуштер, кој живее на суви места и карпи, зелен гуштер кој живее во трева и жбунови, варанот кој живее во Африка и Југоисточна Азија, а достигнува должина до 3 м. Камелеонот е познат по тоа што ја менува бојата на телото по потреба. Тој живее во Африка, Шпанија и Америка. Сите гуштери имаат леплив и долг јазик со кој го фаќаат пленот.

Gu{teri

Zmii

Змии

Змиите се поделени во две групи: отровни и безотровни.Познати отровници се: поскок (камењарка) кој е лесно препознатлив по рокчето

на главата, шарката која има темна извиткана пруга на грбната страна. Овие два преставника живеат во Европа и Азија. Потоа, кобрата (наочарка) која се карактеризира со бели полиња околу очите, а достигнува должина до 2 м и царската кобра со должина од 5,5 м. Кобрите живеат во Азија и Африка.

Познати безотровници се боите, анакондата, питоните и други чија должина достигнува од 5 до 10 метри. Живеат во Африка, Америка и Азија.

Page 30: prof.Oliver Tashev

Тема 3

32

Желки

Живеат на копно и во вода. Познати преставници се: барската, шумската и морската желка. Морските желки се гигантски желки тие достигнуваат тежина и до 300 кг, а живеат и до 300 години.

@elki

Крокодили

Живеат во вода и на копно. Тие се месојадни животни, со долга муцка и остри заби со кои го раскинуваат пленот. Познати видови се: нилски крокодил (долг 8 м и живее во Африка). Алигаторот и кајманот кои живеат во Америка и Азија и гавијалот кој живее во Азија.

Диносаурусите живееле пред околу 180 милиони години во периодот јура. Тие се претци на сегашните влечуги и биле најголемите копнени животни. Некои од нив достигнувале и до 25 м должина. Бронтосаурусот и диплодокусот биле тревопасни животни и живееле покрај барите и мочуриштата. Тираносаурусот достигнувал должина до 14 м, а висина до 8 м и бил крволочен грабливец. Поради големите

Krokodili

Page 31: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

33

Одговори

Јас дознав дека...

- Кои животни се викаат 'рбетници и зошто?- Донеси 'рбет од риба. Набљудувај го. Што заклучи?- Каква е улогата на 'рбетот кај 'рбетниците?- Наброј некои 'рскавични и некои коскориби?- Кои се водоземци и по што го добиле името?- Кои групи влечуги ги знаеш?- Наброј некои познати отровни и безотровни змии?

- Рибите, водоземците, влечугите, птиците и цицачите се 'рбетници. Сите имаат потпорен скелет - 'рбет на кој се прицврстуваат другите коски и мускули. Живеат во вода - рибите, во вода и копно - водоземците, а влечугите претежно се копнени животни.

КЛАСА ПТИЦИ - АВЕС

Потсети се!Излези во природа или побарај во училишната збирка некоја препарирана птица. Набљудувај ја нејзината надворешна градба. Што откри, што заклучи?

Птиците се најдобри летачи кои имаат аеродинамично тело со два пара крајници предни крила за летање и задни нозе за одење. Телото им е обраснато со рожни пердуви кои служат како топлински изолатор за заштита на телесната температура. Тие се топлокрвни животни со постојана температура - хомеотермни.

Кожата им е сува без жлезди. Вилиците им се издолжени во клун, без заби. Познати се три групи на птици:1. Птици - летачи. Тоа е најбројна и најразновидна група птици, кои живеат на сите

климатски промени диносаурусите не успеале да преживеат. Денеска ги наогаме како фосилни остатоци. Трагите од фосилните остатоци го откриваат времето, местото и начинот на нивното живеење.

Page 32: prof.Oliver Tashev

Тема 3

34

континенти. Тие се со најразлични големини и бои на перјата. Познати преставници се: колибрите - најмалите птици на Земјата чија должина достигнува до 2 см, албатросите - чиј распон на крилјата достигнува и до 3 м. Други птици се орел, сокол, пеликан, галеб, врапче итн.

Noj Pingvin

Ptici leta~i

2. Птици-тркачи. Тоа се ноевите кои живеат во пустините и степите на Австралија, Америка и Африка. Тие се најголеми птици со долги нозе со по два или три прсти и закржлавени крилја. Познати преставници се: афрички ној, австралиски ему и америчкиот казуар.

3. Птици - пливачи. Тоа се пингвините кои живеат во поларните морски предели. Имаат закржлавени крила кои личат на перки и задни нозе со пловни кожички. Тие се одлични пливачи и нуркачи. Познати се 18 вида од кои најпознат е кралскиот пингвин.

Птиците се од големо значење. Во природата ја одржуваат рамнотежата на инсектите, а некои од птиците човекот ги користи за исхрана.

Page 33: prof.Oliver Tashev

Групи животни и именувања

35

Цицачите се животни со најсложена градба. Телото на цицачите е покриено со цврста и еластична кожа обрасната со влакна. Влакнестата покривка преставува топлински изолатор. Цицачите се топлокрвни животни - хомеотермни. Во кожата се наоѓаат потни, лојни и млечни жлезди. По раѓањето на младенчето, мајката го храни со млекото што го лачат млечните жлезди, по кое го добиле името цицачи. Ембрионот се развива во матката на мајката се до неговото раѓање. Оваа група на цицачи е наречена плацентни цицачи. Во плацентни цицачи спаѓаат повеќе фамилии. Еве некои од нив: фамилија инсектојади (крт, еж, зајак, глушец), фамилија ѕверови (мачка, куче, лав, рис, тигар), фамилија папкари (коза, овца, свиња, говедо) и фамилија примати (мајмуни и човекот) .

Подготви се!Излези во природа или побарај во училишната збирка препарирани цицачи. Набљудувај ја нивната надворешна градба. Што откри ? Што заклучи?

КЛАСА ЦИЦАЧИ - МАММАЛИА

Втората група цицачи се бесплацентни цицачи - клунари и торбари. Познат преставник од торбарите е кенгурот кој ги раѓа своите малечки недооформени. Нивниот развиток продолжува да се одвива во торбата (кожен стомачен набор, по што го добиле и името торбари).

Kengur Koala

Page 34: prof.Oliver Tashev

Тема 3

36

Одговори

Знаеш ли дека:

- Наброј ги основните белези на птиците и цицачите. - Кои се трите групи на птици и кои се нивните одлики?- Кои се двете поткласи на цицачи?- Наброј некоја фамилија цицачи и кои се нивни преставници?

- Ноевите се најкрупните птици на Земјата. - Јајцето на нојот може да тежи 1,5 кг.- Ноевите трчаат од 50 до 70 км на час.- Најмалите колибри имаат само 2 цм дложина од кои 1 см е клунот.- Синиот кит е најголемиот цицач.

Во тема 3 изучивме поважните групи животни, и се запознавме со местото и начинот на нивното живеење.

Сите живи организми се поврзани меѓу себе и тоа на таков начин при што се одржува рамнотежа во природата.

Секоја промена на климатските и болошките услови ја нарушува биолошката рамнотежа.

Нарушувањето и загадувањето на животнта средина го врши човекот. Тоа може да биде физичко и хемиско. Сите издувни гасови од фабриките, автомобилите, сите киселини, хемиски средства, отрови од фабриките и домаќинствата ја нарушуваат животната средина. Во последните педесетина години овие загадувања се поголеми и затоа има забрзан процес на изумирање или намалување на поедини видови.

Заштитата на животните од исчезнување е обврска на секој поединец, како и на државата.

Во училиштата формирајте еколошки секции и друштва за заштита и унапредување на животната средина.

И вие заедно приклучете се и допринесете во следново:- не ловете ги ретките и загрозени животни;- штедете ги природните богатства: вода, струја, огрев;- селектирајте ги отпадоците, бидејќи некои отпадоци се рецеклираат;- не загадувајте ја водата непотребно;- не предизвикувајте пожари;- не сечете ги дрвјата без потреба;- прихранувајте ги животните и птиците во зимскиот период.

Вложувајте во природата, а таа ќе ви врати троструко.

Page 35: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 4НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА

КАЈ ЖИВОТНИТЕ

1. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ

2. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Page 36: prof.Oliver Tashev

Тема 4

38

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Подготви се!Потруди се да најдеш полжав со черупка, некој инсект или донеси черупки од морски полжави, школки, ракчиња или морски ежови и ѕвезди, ако претходно си ги собрал или побарај ги во училишната збирка.

Сигурно се потсети дека животните имаат надворешна покривка - кожа која го штити телото од надворешни влијанија (влага, суша, светлина и друго). Кожата кај некои животни создава творби како кутикула, хитин, стргунки, пердуви, влакна и друго.

жарно тело

Crv

Insekti

Телото на копривкарите е изградено од поткожичка (епидермис), што содржи еден ред епителни клетки кои имаат заштитна улога. Покрај епителните клетки има и клетки во вид на меурчиња наречени жарни клетки. Во меурчето има отровна лигава течност која преку долгото конче и боцката го уфрлува

отровот во пленот и го убива.Телото на црвите е покриено со кожа која има

повеќе функции. Во кожата има жлезди кои излачуваат лигава материја за полесно движење. Има и сетилни клетки со кои ја чувствува светлината, а црвот преку влажната кожа диши. Исто така преку кожата се излачува непотребната вода и штетните материи. Некои кожни клетки излачуваат посебни материи кои на површината на телото образуваат заштитен слој наречен кутикула.

Кај мекотелите кожата излачува варовикова обвивка и има заштитна улога.

Кај членконогите телото е покриено со еднослојна кожа што излачува цврст заштитен слој наречен хитин. Хитинот не е подеднакво дебел по целото тело. Помеѓу членчињата тој е потенок и еластичен што овозможува движење на одделни делови на телото. Хитинот го заштитува телото од механички повреди, од губење вода, а воедно тој преставува надворешен скелет за кој се прицврстени мускулите.

Page 37: prof.Oliver Tashev

Надворешна покривка кај животните

39

НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ' РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ КОЖА.

Подготви се!Потруди се да најдеш стргунки од риби, пердуви од птици и кожички со влакна од цицачи.

Со помош на наставникот набљудувај под микроскоп готов препарат од пресек на кожа од некој цицач и спореди го со сликата. Дали забележуваш дека кожата на цицачите е повеќеслојна. Можат да се издвојат два слоја и тоа: надворешен потенок слој, наречен поткожичка или епидермис и внатрешен подебел слој - вистинска кожа или дерма. Во неа се сместени некои органи за кои подоцна ќе стане збор.

Истражување.

Со помош на наставникот направи го следниот обид: Земи една стаклена чаша и наполнија до половина со 10% раствор од солна ќиселина и во неа стави една черупка од полжав или школка. Што забележуваш и што откри?

Дали забележуваш дека од черупката се ослободуваат меурчиња. Тоа е јаглеродниот диоксид (СО2). Черупката станува се потенка и помала, а за три до четири минути целосно ќе се раствори. Тоа е затоа што черупката е изградена од калциум карбонат (варовник) што во солна киселина се раствара.

РИБИ. Телото на рибите е покриено со многуслојна кожа. Во кожата има жлездести клетки кои лачат лигава материја што им овозможува полесно движење во водата. Површината на рибите е покриена со варовикови стргунки различни по форма и големина, кои имаат заштитна улога.

Presek na ko`ata

Ko`a na riba e pokriena so varovikovi strgunki

Стргунки

ЕпидермисВлакно

Вистинска кожа (дерма)

Page 38: prof.Oliver Tashev

Тема 4

40

ВОДОЗЕМЦИ. Водоземците имаат влажна, лигава и набрчкана кожа. Преку кожата жабата упива вода и преку неа диши.

ВЛЕЧУГИ. Телото на влечугите е покриено со сува кожа без кожни жлезди, врз неа има рожни стргунки кои го спречуваат испарувањето на водата.

Кај желките стргунките меѓусебно се сраснати и формираат заштитен оклоп.

Ko`a na vle~ugi ima ro`ni strgunki

Vla`na, ligava i nabr;kana ko`a na `abata

Ko`a na pticite e pokriena so perja

Nozete na pticite se pokrieni so ro`ni lu{pi

Во кожата постојат пигментни клетки, поради што повеќето влечуги се одликуваат со јаки живи бои.

ПТИЦИ. Кожата на птиците е тенка, нежна и сува. Од кожните жлезди се развиле само лојните жлезди познати како тртна жлезда, која се наоѓа во основата на опашката.Таа лачи масни материи за подмачкување на перјето.

Набљудувај ги перјата што ги донесе. Што заклучи?

- Кожата на птиците е покриена со перја - рожни творби кои се различни по боја, форма и големина. Нивната улога е заштитна, ја одржуваат постојаната топлина на телото.

- Нозете на птиците се покриени со рожни лушпи. Прстите завршуваат со нокти или канџи. Устата им е преобразена во клун исто така од рожна материја.

Page 39: prof.Oliver Tashev

Надворешна покривка кај животните

41

Teloto na cica~i e pokrieno so vlakna

Ro`ni tvorbi na ko`ata

ЦИЦАЧИ. Набљудувај ги кожичките (крзната) што ги донесе. Што откри?Што заклучи ?- Телото на цицачите е покриено со цврста, еластична и дебела кожа. Во неа се

наоѓаат три вида жлезди и тоа: потни, лојни и млечни жлезди.

- Телото на цицачите е покриено со влакна - рожни творби. Влакнестата покривка претставува совршен топлински изолатор - против губење на топлината. Тоа се хомеотермни (топлокрвни - животни). Покрај влакната, рожни творби сé и ноктите, канџите и копитата. Копитата ги има на врвовите на прстите кај коњот, магарето, зебрата и други животни.

Папците се рожни творби на врвовите на прстите кои имаат заштитна улога. Папци има кај свињата, говедото, овцата, жирафата и други. Роговите се рожни творби на главата на овците, козите и говедата и им служат за борба со непријателот.

Page 40: prof.Oliver Tashev

Тема 4

42

Одговори:

Јас дознав дека

Какви се творби создава епителот на кожата кај: рибите и влечугите и каква е нивната улога?Наброј ги рожните творби на кожата кај птиците!Наброј ги рожните творби на кожата кај цицачите!Кои животни ги нарекуваме хомеотермни животни. Како и со што ја одржубаатнивната топлина?Што е митарење?

Безрбетните животни имаат тенка еднослојна кожа која кај црвите создава заштитна кутикула, кај мекотелите - варовничка обвивка, кај членконогите - хитин, кај иглокожите – варовничка обвивка со боцки. Сите овие творби имаат заштитна улога. Кај рбетниците кожата е двослојна, од кои горниот слој е наречен епидермис и вистинска кожа – дерма. Епидермисот на површината изумира создавајки мртви рожни творби и тоа: кај рибите и влечугите – стргунки, кај птиците – пердуви, лушпи, нокти, канџи и клун, кај цицачите – влакна, нокти, канџи, копита, папци и рогови.

Page 41: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 5

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ

1. ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВOТНИТЕ

2. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНА СРЕДИНА

3. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВОЗДУХ

Page 42: prof.Oliver Tashev

Тема 5

44

ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА

Подготви се!- Наброј повеќе причини зошто животните се движат?Ако имаш аквариум со риби, набљудувај ја нивната надворешна градба и движење.

Животните се приспособиле да се движат со посебни органи и на посебен начин во сите животни средини: во водата на копното и во воздухот. Органи за движење кај животните се: нозе, крила, перки и друго.

Движењата се должат на коските и на мускулите. Коските им даваат цврстина и потпора на телото. За нив се прицврстени мускулите, како меки и еластични делови. Тие имаат особина да се стегаат и отпуштаат, со што ги движат коските и целото тело. Коските на нозете кај животните се поврзани со зглобови - подвижно. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат со согорување на органските материи во клетките.

Во водната средина живеат и се движат преставници од најпростите едноклеточни животни до најсложените 'рбетници - цицачите.

Камшикарите се едноклеточни животни кои се движат со помош на камшичето.

Koski, muskuli, zglobovi

Page 43: prof.Oliver Tashev

Движење на животните

45

Dvi`ewe na najprostite ednokleto~ni `ivotni

Dvi`ewe na mekotelite Dvi`ewe na ~lenkonogite

Трепкарите - парамециумот плива со помош на ситни трепки што се наоѓаат на површината на клеточната ципа.

Удар за напред

Удар за назад

Копривкарите - хидрата може да си го промени своето место на живеење со превртување и лазење по дното на водата.

Плочести црви - планаријата ползи по подлогата со помош на мускулите што и

се наоѓаат под кожата. Со помош на трепките планаријата плива во водата.

Мекотелите се движат со мускулестото стапало - ползат по подлогата.

Членконоги - ракови. Во училишниот аквариум можеш да одгледуваш и речен рак .Набљудувај го како

се движи по дното и како плива. Речниот рак се приспособил за движење по подлогата со ножињата. Тој може да плива и со опашниот дел, наречен ладало.

Иглокожите се движат со помош на амбулакрални ножиња. Тоа се тенки цевчести израстоци кои се полнат со вода и истите се издолжуваат.

Page 44: prof.Oliver Tashev

Тема 5

46

ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВО ВОЗДУХ

Потсети се!Потсети се од она што го учеше предходно за одделни групи животни и нивното движење на копно.Набљудувај ги во природата или во училишната збирка црвите, инсектите, гуштерите, птиците и други копнени животни. Како се движат?

Дождовни црви. Донеси дождовен црв. Стави го на лист хартија. Причекај да почне да се движи. Што забележа?

Телото на дождовниот црв постојано се собира и издолжува. Тоа му го овозможуваат мускулите и четинките. Под кожата се наоѓа слој од кружни, а под него слој од надолжни мускули. Со нивно собирање и издолжување црвот се движи.

Инсекти. Набљудувај ги инсектите што ги донесе и спореди ги со сликата.

Забележуваш ли дека на грбната (горна) страна на второто и третото членче се наоѓаат два

Рибите се вистински водни животни. Тие имаат вретеновидна или чуновидна форма на телото која им овозможува полесно пливање во водата. Притоа најактивна улога игра мускулестата опашка со опашната перка. Перките им помагаат на рибите во движењето и одржувањето на рамнотежата.

Dvi`ewe na ribite

Dvi`ewe na insektite

Водни цицачи (кит, делфин). Телото на овие цицачи е валчесто, издолжено (рибовидно). Нивните крајници се преобразени во водни перки за пливање.

Page 45: prof.Oliver Tashev

Движење на животните

47

пара крила кои всушност претставуваат тенки кожни набори со мрежа од жилички. Тие им овозможуваат на инсектите да летаат. Со екстремитетите (нозете)тие одат.

Копнените 'рбетници: водоземците, влечугите, птиците и цицачите се движат со нозе.

Набљудувај ја жабата што ја донесе и спореди ја со сликата. Жабата како и другите копнени 'рбетници освен птиците, имаат два пара крајници (предни и задни нозе). Задните нозе имаат поактивна улога во движењето, па затоа тие се подобро развиени. Нозете на 'рбетниците се изградени од долги и кратки коски, зглобно кои се подвижно поврзани. Коските се покриени со мускули кои имаат особина да се стегаат и отпуштаат, со што ги движат нозете.

Dvi`ewe na `aba

Ptici vo let

Коските на задните нозе се многу големи, за да овозможат скокање

Птиците се приспособиле за живот во воздушната средина. Како последица на тоа, кај птиците настанале големи промени во градбата на нивното тело. Еве некои од нив: имаат аеродинамично тело покриено со пердуви а на крилата имаат поголеми пердуви кои ја зголемуваат нивната површина.

Градната коска (кобилицата) е добро развиена. На неа се поврзани градните мускули што ги движат

крилата. Коските на птиците летачи се пневматични (шупливи), исполнети со воздух. На копно птиците се движат со задните нозе. Бројот на прстите на нозете е различен зависно од начинот на живеење. Најчесто имаат 3 до 4 прсти, но афричкиот ној има два прста, добро развиени кои наликуваат на стапало.

Page 46: prof.Oliver Tashev

Тема 5

48

Знаеш ли дека...Птиците се најбрзи летачи. Соколот достигнува брзина до 300 км на час. Нојот е најбрз тркач и достигнува брзина до 120 км на час, а гепардот е најбрз цицач-120 км на час. Најдолги нозе од птиците има нојот, а од цицачите - жирафата.

Активности

Наброј ги органелите со кои се движат едноклеточните организми.Опиши го движењето на црвот.Кои органи се за движење кај членконогите- раковите и инсектите? Како се приспособиле рибите за движење во вода? Опиши како и со што се движат копнените 'рбетници?

Цицачите се четириножни животни, односно имаат четири екстремитети. Крајниците на цицачите се развиени во зависност од условите за живот и начинот на движење. Како на пример: зверовитe се брзи животни, тие имаат силни и јаки нозе со кои побрзо доаѓаат до пленот. На предните нозе имаат четири прсти со канџи, и задни подолги и посилни нозе со пет прсти и каџи на нив. Копитарите пак имаат долги нозе, најчесто со еден прст препокриени со рожна материја - копито.

Page 47: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 6

ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ

1. ИСХРАНА И НАЧИНИ НА ИСХРАНА КАЈ ЖИВОТНИТЕ

2. НАЧИНИ НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

3. НАЧИН НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ

ЖИВОТНИ

Page 48: prof.Oliver Tashev

Тема 6

50

ИСХРАНА И НАЧИНИ НА ИСХРАНА КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Потсети се!Во петто и шестто одделение учеше за исхрана на живите организми.- Што е исхрана и на каков начин се хранат животните?

Сигурно се потсети дека растенијата сами си создаваат храна па затоа се наречени произведувачи, а животните кои користат готова органска храна и се наречени потрошувачи.

Исхрана е внесување на храна неопходна за живот. Животните со храната внесуваат готови органски материи: шеќери, белковини, масти, масла и витамини и неоргански материи: вода и минерални соли.

Според начинот на исхраната и според видот на храната што ја земаат животните се групирани во три групи: тревојади, месојади и сештојади.

Тревојадите се животни кои се хранат со растителна храна (трева, плодови, семки, корења и друго). Во оваа група спаѓаат: говедото, овцата, срната, зебрата, коњот и други.

Trevojadni `ivotni

Meosjad

Месојадите се животни кои се хранат со месото и крвта од животните. Тоа се брзи животни со добро развиени сетила, остри канџи и заби за полесно ловење на пленот. Во оваа група спаѓаат: лавот, тигарот, куната, волкот, лисицата и други.

Сештојади се животни кои се хранат со растителна и животинска храна. Во оваа група спаѓаат голем број животни. Еве некои од нив: ракот, мечката, птиците, жабите и други.

Page 49: prof.Oliver Tashev

Исхрана на животните

51

Se{tojadni `ivotni

Metil Tenija

Паразити - Можат да бидат: надворешни кои живеат на кожата, пр.: вошката, болвата, комарецот, крлежот, пијавицата и внатрешни паразити кои живеат во телото на животните и тоа: во цревата живеат тениите (свинската, говетската и детската глиста); во црниот дроб - кучешката тенија и метилот. Овие паразити со целото тело или со смукалки ги смукаат соковите и сварената храна.

НАЧИНИ НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Подготви се!- Што преставува варењето на храната?- Наброј некои органи за варење на храната кај животните!

Знаеш ли дека животните храната ја внесуваат во телото на повеќе начини. Некои ја внесуваат жвакана, а некои ја голтаат. Внесената храна во организмот (органот) претрпува две битни промени и тоа: механичка или дробење (ситнење) на храната и хемиско варење или разложување на храната од посложени органски материи до

Page 50: prof.Oliver Tashev

Тема 6

52

Во капката вода, покрај другите едноклеточни организми, ќе го забележиш и парамециумот. Парамециумот при движење весла со трепките. Со подолгите трепки, кои се наоѓаат на вдлабнатата страна, ја прифаќа храната. Како храна ги користи бактериите, едноклеточните организми и органските честички. Храната ја внесува преку клеточната уста во клеточното ждрело. Потоа околу храната се создава хранителна вакуола во која се вари храната. Несварените материи се исфрлаат преку контрактилна (пулсативна) вакуола. Контрактилната вакуола е меурче со додатни странични каналчиња кои се полнат и празнат и на тој начин ги исфрлаат непотребните материи и водата.

Кај мешестите организми храната која доаѓа низ усниот отвор се вари во мешето. Храната се лови со пипалата, а со копривните клетки се умртвува пленот.

Во мешето храната се ситни и разложува под дејство на ензимите. Потоа хранливите честички се прифаќаат од клетките на ендодермот, се внесуваат во цитоплазмата каде продолжува варењето. Значи кај мешестите организми има комбинирано варење: вонклеточно во мешето и клеточно во клетките.

Земи во една чаша барска вода и во неа стави сува трева (сено). Остави ја чашата со водата на собна температура неколку дена. На површината ќе се нафати сивкаста коричка. Земи со капалка неколку капки од водата и стави ги на предметно стакло. Набљудувај под микроскоп! Што забележуваш? Што откри?

попрости, под дејство на сокови - ензими. Разликуваме два вида на варење на храната:

клеточно и вонклеточно.Клеточно варење. Клеточното варење го

среќаваме кај едноклеточните организми и просто градените повеќеклеточни организми. Набљудувај ја сликата! Дали забележуваш дека амебата при движењето испушта клеточни продолжетоци наречени лажни ножиња, со нив ја внесува храната (хранливите честички) во цитоплазмата. Околу хранливата честичка во цитоплазмата се создава

Ameba: vnesuvawe hrana

Paramecium ja vnesuva hranata so trepki

хранителна вакуола во која храната се вари - разложува под дејство на ензими (сокови за варење).

Излачувањето на несварените или непотребните материи кај амебите се врши преку меурести творби - контрактилни (пулсативни) вакуоли.

Лажни ножиња

Page 51: prof.Oliver Tashev

Исхрана на животните

53

Одговори

Јас дознав дека...

- Што е варење на храната и кои промени ги претрпува храната?- Кое варење го нарекуваме клеточно варење и каде се врши? - Кое варење го нарекуваме вонклеточно и каде се врши?- Каква промена претрпува храната во системот за варење?

- Храната во органите за варење претрпува механичка промена, се ситни и дроби како и хемиска промена при што се врши разложување на сложените органски материи, до попрости што можат да стигнат до клетките.- Клеточното варење се врши во хранителните вакуоли на клетката.- Вонклеточно варење се врши во органите за варење.

Digestiven sistem na do`doven crv

Digestiven sistem na p~elata

Кај поголемиот дел црви (дождовниот) системот за варење е цевчест и се состои од уста, голтка, желудник и црево со заден анален отвор. Храната се вари во желудникот и цревото. Дождовниот црв како храна ги користи изгниените листови од растенијата.

ГолткаЖледест желудник

Мускулест желудник

Црево

Уста

Плунковна жлезда

Дебело црево

Хранопровод

ЖелудникРектум

Тенко црево

Членконогите (инсекти и ракови) имаат најсложен систем за варење. Во зависност од видот на храната усниот апарат може да биде: за боцкање - кај комарците, за грицкање - кај лебарките, за лижење и цицање - кај пеперугите и пчелите. Системот за варење е цевчест, сличен како кај дождовниот црв.

Се состои од уста, голтка и жлездест желудник во кој се натопува храна со сокови богати со ензими. Потоа храната преминува во мускулестиот желудник во кој се ситни. Потполното варење на храната се одвива во цревото со помош на цревните сокови богати со ензими (ферменти) и соковите од црниот дроб.

Page 52: prof.Oliver Tashev

Тема 6

54

НАЧИН НА ИСХРАНА И ОРГАНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА КАЈ РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Подготви се!Од месарница побарај црево од овца и парче од желудник (кај луѓето познат како шкембе).

Сигурно се сети дека во рбетни животни спаѓаат: риби, водоземци, влечуги, птици и цицачи. Кај 'рбетните животни има различни начини на исхрана, па поради тоа има попрост или посложен систем за варење.

Риби.Наставникот ќе направи дисекција на рибата што ја донесе. На стиропор полека ќе

ги издвој органите за варење и истите спореди ги со сликата.

Прв орган од системот за варење кај рибите, со кој ја зема храната, е усната празнина. Устата кај рибите се состои од горна неподвижна вилица на која често се наоѓаат мустачиња (пипала), што им служат како сетило за допир и им помагаат во барањето на храната; долна подвижна вилица, на која кај некои риби имаат заби и служат за прифаќање на пленот, но не и за ситнење на храната. Потоа следува грло (голтка) во кое со помош на жабрените заби се ситни храната. Од грлото храната се внесува преку хранопроводот во желудникот каде се ситни и вари. Желудникот продолжува во средно - тенко црево каде се доварува храната со помош на цревните сокови и соковите од црниот дроб (жолчни сокови). Тенкото црево продолжува во задно црево кое завршува со анален отвор.

Рибите најчесто се сештојади, но има и риби кои се хранат со месо, а тоа се рскавичните риби.

Право цревоЦрево

Црн дроб

Поджелудочна жлезда Желудник

Хранопровод

Голтка Уста

Клоака

Organi na varewe kaj ribata

Page 53: prof.Oliver Tashev

Исхрана на животните

55

Водоземци и влечуги.Кај водоземците и влечугите системот за варење е сличен како кај рибите. Во

усната празнина, овие две групи животни, имаат долг леплив јазик кој го исфрлаат надвор од устата со чија помош ловат разни инсекти, ларви, црви и друго.

Птици. Системот за варење кај птиците започнува со клун (уста без заби) и затоа ја голтаат

храната, која потоа оди во грлото. Од грлото храната продолжува во хранопроводот, кој во средината има едно проширување наречено бапка, каде храната се собира и омекнува. Потоа храната се спушта во жлездестиот желудник, при што се натопува со сокови богати со ензими (ферменти). Вака натопената и омекната храна оди во мускулестиот желудник, каде се ситни со помош на неговите јаки мускули и каменчињата што птиците ги голтаат заедно со зрнестата храна. Желудникот одвнатре е обложен со рожна лушпа, која го заштитува од механички повреди при мелењето на храната. Вака омекнатата и иситнета храна преминува во цревото каде се доварува

Усна празнина

Мускулест желудник

Дванаесетпалечноцрево

Слабинскотенко црево

Слепо црево

Право црево

Поджелудочна жлезда

Жлездест желудник

Жолчен канал

Храноровод

Црн дроб

Бапка

Клун

Клоака

Organi na varewe kaj ptica

потпомогната од цревните сокови, соковите од панкреасот и жолчниот сок од црниот дроб. Сварените органски материи се впиваат низ цревниот ѕид, а несварените се исфрлаат преку аналниот отвор. Задниот дел на цревото е проширен и е наречен клоака.

Цицачи. Набљудувај ја усната

празнина од скелетот на главата кај човекот.

Забележуваш ли дека во усната празнина се наоѓаат забите кои се сместени на вилиците, во посебни отвори - алвеоли. Формата и бројот на забите кај цицачите зависи од начинот на исхраната. Главно разликуваме три вида заби: секачи (предни) кои служат за сечење на храната - најразвиени секачи имаат гризачите: зајакот, верверичката, дабарот и други. Кучешките заби служат за раскинување на пленот, а најразвиени заби имаат ѕверовите: мачката, лавот, тигарот, рисот и др. Предкатници и катници - служат за ситнење на храната.

Во устата цицачите имаат три пара плунковидни жлезди кои излачуваат плунка со која се натопува храната. Други органи за варење се: грло, хранопроводник, желудник, дванаестопалачно црево, тенко и дебело црево и анален отвор.

Жлезди што го помагаат варењето на храната се црниот дроб и панкреасот.

Page 54: prof.Oliver Tashev

Тема 6

56

Набљудувај го желудникот од јагне што го донесе!Дали забележуваш дека желудникот на јагнето е изграден од мускули кои се

стегаат и отпуштаат и ја дробат храната. Ресестата слузокожа лачи сокови со кои ја вари храната.

Желудникот на преживарите. (овцата, козата, говедото, антилопата) е поделен на четири дела: со нежваканата храна прво се полни најголемиот дел од желудникот - бураг, а при преживувањето преку капурата, дел по дел од храната се враќа во устата каде се жвака. Потоа храната се враќа во третиот дел од желудникот - листенецот и на крајот оди во четвртиот дел - сириштето. Во сириштето храната се натопува со желудечниот сок во кој има ензими, со чија помош се врши хемиско разложување на органските материи од храната.

Од желудникот храната преминува во цревата.

Понатамошното варење на храната во цревата се врши исто како и кај другите цицачи.

1

23

4

59

67

1110 9

8

1. Плувачна жлезда2. Јазик3. Хранопровод4. Желудник5. Дванаесетпалачно црево6. Црн дроб7. Жолчка8. Тенко црево9. Дебело црево10. Право црево11. Слепо црево

Organi na varewe kaj ~ovekot

Zabi vo ustata na ~ovek

Јас дознав дека...- Системот за варење кај 'рбетниците се состои од усна празнина, грло, хранопроводник, желудник и црево. Црниот дроб и панкреасот се жлезди кои го помагаат варењето на храната во цревата.- Во устата некои 'рбетници имаат заби за прифаќање на храната (рибите, водоземците и влечугите). - Птиците немаат заби, па затоа ја голтаат храната.- Цицачите имаат диференцирани заби: секачи, кучешки, преткатници и катници.

Дали знаеш дека?

Ајкулите во грлото (ждрелото) имаат ни помалку ни повеќе, туку 10.000 заби.Коњот во устата има 40 заби, но нема кучешки заби.Човекот во устата има 32 заба, по 16 на една вилица.

Page 55: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 7ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ХРАНАТА

И ГАСОВИТЕ

1. КРВ ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА

2. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАРНИОТ СИСТЕМ

3. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ

4.ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

5. МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК.

Page 56: prof.Oliver Tashev

Тема 7

5858

КРВ ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАТОРНИОТ СИСТЕМ

Потсети се!- Какво ткиво е крвта и која е нејзината улога?

Ако имаш можност, кога се коле теле или прасе , собери во една чаша крв. Остави

плазма: 55%

плазма

бела крвна клетка

црена крвна клетка (гледано отстрана)

црена крвна клетка (гледано однапред)

крвна плочка

крвниелементи: 45%

Sostojki na krvta

ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ

Хранливите материи , кислородот и водата им се потребни на клетките за да можат да ги извршуваат животните процеси – исхрана , дишење , растење, равиток и друго.

Кај едноклеточните како и кај повекеклеточните животни со попроста градб а кои живеат во вода , улогата на пренесување на материите , ја врши течноста која циркулира низ организмот и стасува до секоја клетка . Течноста носи кислород кој е растворен во неа , како и хранливи материи, и ги предава на клетките , а во исто време извлекувајки ги од клетките јаглеродниот диоксид и штетните материи . Оваа циркуларна течност е наречена ХИДРОЛИМФА .

ХЕМОЛОМФАТА или крвта на некои безрбетници е циркуларна течност која циркулира низ телото на некои посложени црви, мекотели и членконоги. Хемолимфата содржи крвни клетки, лекукоцити и хемоглобин кој се наога во крвната плазма.Хемоглобинот содржи бакар, а крвта има сина боја. Улогата на хемоглобинот е да го пренесува кислородот до клетките, а од клетките да го изнесува јаглеродниот диоксид.

ЛИМФАТА се формира од ткивната течност и циркулира низ посебен систем на садови наречени лимфни садови. Лимфниот систем започнува со лимфни капилари чии почеток е во ткивата. Тие формираат поголеми лимфни садови и на крај се влеваат во вените пред крвта да влезе во срцето.Лимфата е безбојна течност со сличен состав како крвната плазма во која има бели крвни клетки – леукоцити.Лимфата како и венската (редуцирана) крв има улога да ги пренесува непотребните штетни материи и јаглеродниот диоксид до органите за излачување и органите за дишење преку кои тие се исфрлаат надвор од организмот.

ја да отстои неколку часа. На гор ни от дел ќе се издвои жолтеникава лепли-ва течност наречена крвна плазма. Во долниот дел се до-бива потсирок во кој се наоѓаат крвните клетки.

Page 57: prof.Oliver Tashev

Пренесување на храната и гасовите

59

Крвната плазма содржи најмногу вода, од 79-82 % ,потоа белковини, масти, шеќери, витамини, минерални соли, јаглерод диоксод, кислород и друго. Во крвната плазма пливаат црвените крвни клетки - еритроцити, белите крвни клетки - леукоцити и крвните плочки - тромбоцити.

крв: 4-5 литри

клеточни елементи 45%

црвени крвни клетки

бели крвни клетки

крвни плочки

вода 90% протеини (8%)

јони, шеќери, масти, минерали,

витамини, хормони итн.

плазма 55%

црвена крвна клетка

бела крвна клетка

гледано однапред

гледано отстрана

плочка

Ако имаш можност набљудувај готов препарат од крв. Тоа што ќе го видиш спореди го со сликата. Што заклучи?

Во крвта се гледаат крвни клетки и тоа: бели, црвени клетки и крвни плочки. Еритроцитите се најбројни во крвта. Коњот има од 5 до 6 милиони, а човекот има од 4 до 5 милиони еритроцити во 1см ³. Еритроцитите се изградени од белковинеста материја - хемоглобин, кој ја дава црвената боја на крвта. Хемоглобинот содржи и железо со помош на кое се пренесуваат кислородот и јаглеродниот диоксид .

Леукоцитите - бели крвни клетки ги има од 6 до 10 илјади во 1см ³.Леукоцитите немаат клеточна мембрана, ја менуваат својата форма и испуштаат

лажни ножиња со што ги прифаќаат бактериите и ги уништуваат. Значи тие имаат заштитна улога во организмот.

Тромбоцити - крвни плочки имаат улога да ја засируваат крвта при повреда на крвните садови.

Улога на крвта.Крвта има улога да ги пренесува хранливите материи и кислородот до сите

клетки каде се врши согорување (разложување) на органските материи, при што се добива вода, минерални соли, јаглероден диоксид како и штетни отровни материи.

Овие штетни и непотребни материи, крвта ги носи до органите за излачување бубрезите преку кои се излачуваат надвор од организмот. Јаглерод диоксид се исфрла преку белите дробови. Крвта има и заштитна улога, таа го заштитува организмот од болести. Крвта има улога и во регулирањето на постојаната температура кај птиците и цицачите.

Page 58: prof.Oliver Tashev

Тема 7

6060

Кај животните кои имаат затворен крвоток, помеѓу артериите и вените се сретнуваат и крвни капилари. Крвните капилари се изградени од еден ред епителни клетки низ чии ѕидови се врши размена на хранливите материи и гасовите - јаглерод диоксид и кислород.

Артерија Вена

Вена

Клапи

Мускул

Dvi`ewe na krvta vo arteriite i venite Razmena na gasovite vo kapilarite

Одговори

Јас дознав дека...

- Набљудувај под микроскоп готов препарат од крв. Откри ги крвните клетки. Скицирај ги во тетратката и дај краток опис.- Опиши го состсвот на крвта и наброј ги нејзините улоги.

Крвта е црвена леплива течност составена од крвна плазма и крвни клетки.Улогата на крвта е да ги пренесува хранливите материи и гасовите.Крвта има и заштитна улога.

КРВНИ САДОВИ Крвта како течно крвно ткиво се движи низ крвни садови: срце, артерии, вени, а кај рбетниците и крвни капилари.

Артерии Артериите се крни садови со еластични ѕидови. Изградени се од сврзно ткиво однадвор, кое ги поврзува крвните садови со околните ткива, среден мускулен слој и внатрешен епителен слој. На својот пат од срцето до органите, артериите се разгрануваат. Најголемата артерија која излегува од срцето е позната како аорта. Сите артерии носат крв богата со кислород - оксидирана крв.

Вени Вените се потенки крвни садови што ја враќаат крвта во срцето. Во вените крвта се движи потпомогната од стегањето и отпуштањето на мускулите. Сите венски садови (со исклучок на белодробните вени) од ткивата до срцето носат крв богата со јаглерод диоксид - редуцирана крв.

Page 59: prof.Oliver Tashev

Пренесување на храната и гасовите

61

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ

Подсети се!- Како се пренесуваат сварените хранливи материи и кислородот до клетките?- Што станува со храната во клетките и што се добива?

Знаеш ли дека сварените хранливи материи, кислородот и водата им се потребни на клетките за да можат да ги извршуваат животните процеси: исхрана, дишење, растење, развитик и др.

Едноклеточните животни и простоградените повеќеклеточни животни - копривкарите и плочестите црви, потребните материи ги добиваат и ги пренесуваат по пат на осмоза и дифузија од една клетка до друга.

Кај прстенестите црви, пренесувањето на храната и кислородот се врши преку крвоносен систем. Тој се состои од два главни крвни сада: грбен и стомачен. Двата крвни сада се спојуваат во предниот и задниот дел со мрежа од крвни капилари поради што крвниот систем се вика затворен.

Krvonosen sistem na mekotelite

Krvonosen sistem na ~lenkonogi

Кај мекотелите и членконогите крвниот систем е отворен и преставен со еден грбен крвен сад на кој е сместено срцето. Кај мекотелите срцето е составено од една комора и најчесто две преткомори.

Krvonosen sistem na crv

Кај членконогите срцето е во вид на цевка, поделено на повеќе комори.Кај отворениот крвоток крвта се движи низ крвни садови кои на краевите се

отворени. Крвта се излива во шуплините на телото и органите пливаат во ткивна крвна течност. Преку клеточната мембрана на клетките се врши размена на материите.

Срце

Page 60: prof.Oliver Tashev

Тема 7

6262

ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ 'РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Срцето и крвните садови - артериите, вените и крвните капилари кај 'рбетниците формираат затворен крвоносен систем.

Риби. Позади жабрите е сместено срцето на рибата. Тоа е изградено од една комора и една преткомора.

Низ срцето на рибите поминува крв богата со јаглерод диоксид која прво влегува во преткомората, па во комората. Од комората преку жабрената артерија крвта се носи во жабрите каде го предава јаглерод диоксид и го прима кислород. Од жабрите, крвта збогатена со кислород - оксидирана крв, преку грбната и други артерии и капиларите, крвта се носи до сите органи. Преку вените на главата и стомачната вена, крвта се враќа до преткомората на срцето.

Крвоносниот систем кај водоземците и влечугите е сличен како кај рибите. Срцето кај нив е изградено од две преткомори и една комора. Кај влечугите има појава на непотполна преграда меѓу коморите, а преградата е целосна само кај крокодилите.

Srce

аортагорна шуплива вена

белодробна артерија

лева преткомора

лева комора

перикард (пресек)десна преткомора

десна комора

Срцето кај птиците и цицачите е мускулест шупликав орган. Со целосна надолжна преграда е поделено на лева и десна половина, а со напречна преграда е поделено на две преткомори и две комори. На попречните прегради меѓу преткоморите и коморите се наоѓа по еден отвор на кој има клапи (залисци), кои служат како вентили за отварање и затварање на отворите. Клапите дозволуваат крвта да патува во еден правец - од преткоморите во коморите. Од коморите преку артериите крвта излегува од срцето. Левата половина од срцето е исполнета со оксидирана крв, богата со кислород, а десната - со редуцирана крв, богата со јаглероден диоксид.

Page 61: prof.Oliver Tashev

Пренесување на храната и гасовите

63

МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК

Крвоток е циркулација на крвта во системит на крвните садови. Голем крвоток. Големиот крвоток кај птиците и цицачите преставува циркулација

на крвта од левата комора на срцето преку артерија аорта, артериите и преку артериските капилари, клетките се снабдуваат со кислород и храна. Непотребните и штетни материи преку венските капилари влегуваат во крвта, а вените ја враќаат венската крв во десната преткомора на срцето.

Шематски прикажано изгледа вака:

Napre~en presek na srce na cica~ite - ~ovek

Горна шуплива венаАртерија аорта

Белодробни артерии

Белодробни вени

Лева преткомора

Долна шуплива вена

Десна преткомора

Клапи или залисциКлапи или залисци

Срцев мускул

Мускулна преграда

Десна комораЛева комора

Белодробна артерија

Лева комора на срцето

Десна комора на срцето

артерии

белодробниартерии

ткива и органи

бели дробови

вени

белодробнивени

десна преткомора на срцето

лева преткомора на срцето

Мал крвоток. Малиот крвоток кај птиците и цицачите е циркулација на крвта од десната комора на срцето, преку белодробните артерии до белите дробови, каде се врши размена на гасовите. Оксидираната крв преку белодробните вени се враќа во левата преткомора на срцето.

Шематски прикажано изгледа вака:

Page 62: prof.Oliver Tashev

Тема 7

6464

Дали знаеш?

Јас дознав дека...

- Кај слонот срцето отчукува 25 пати во минута, кај човекот 60-80 пати, а кај канаринецот дури до 1.000 пати во минута.

Крвоносниот систем го сочинуваат: крвта и крвните садови (срце, артерии, вени и капилари).Срце имаат мекотелите, членконогите и сите ' рбетници.Најсложен крвоносен систем и срце имаат птиците и цицачите.

белодробна артерија

белодробни вени

артерија аорта

артерии

долна шуплива вена

вени

срце

капилари

горна шуплива вена

[ema na cirkulacioniot sistem

Page 63: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 8

ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

1. ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ

2. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА

СРЕДИНА

3. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОЗДУШНА СРЕДИНА И НА КОПНО

Page 64: prof.Oliver Tashev

Тема 8

66

ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ

Подсети се!- Сети се што претставува процесот на дишење кај живитните .- Каде и како се врши дишењето?

Сигурно се сети дека дишењето е процес на разложување - тивко согорување на органските материи-шеќерите, под дејство на кислородот и ослободување на енергија, јаглероден диоксид и вода. Ваквото дишење кое се одвива во секоја жива клетка се вика клеточно или внатрешно дишење.

Претставено на скица, изгледа вака:

Набљудувај ја скицата и потруди се да одговориш какво значење има процесот на дишење кај животните.

Основното значење на процесот дишење е ослободување на енергија која е потребна за извршување на животните процеси: движење, исхрана, излачување, раст, развој и друго. Кај топлокрвните животни (птици и цицачи) енергијата се претвара во топлина и служи за затоплување на телото .

Кај едноклеточните и простоградените животни јаглерод диоксидот се исфрла надвор преку целото тело - кожата, а кај посложено градените животни исфрлањето се врши преку оформени органи за дишење.

Размената на гасовите помеѓу надворешната средина и органите за дишење се вика надворешно дишење. Јаглеродниот диоксид што е донесен со крвта до органите за дишење се исфрла во надворешната средина, а се прима кислород кој преку крвотокот се носи до клетките.

Дишењето се одвива постојано бидејќи на живите клетки и на целиот организам им е потребна енергијата. Кај животните, кога спијат и за време на зимскиот сон, се намалува работата на органите, а со тоа и дишењето. Кога трчаат животните побрзо дишат.

Органски материи во клетката

кислородпостапно

разложување (согорување )

топлотна енергија јаглероден диоксид

вода и минерални соли+

Page 65: prof.Oliver Tashev

Дишењекај животните

67

ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА

Подготви се!- Во училиште донеси риба или ако имаш аквариум со риби. Набљудувај ја рибата како диши.

Во водната средина живеат голем број праживотни. Некои од нив ги учеше во почетокот на седмо одделение. Сите животни немаат посебни органи за дишење. Некои се приспособени да го примаат кислородот од средината по дифузен пат преку целата површина на телото. Тоа се едноклеточните животни.

Црвите немаат органи за дишење, но тие дишат преку влажната кожа.Водните мекотели, раковите и иглокожните животни дишат со жабри. Кај ракот жабрите се наоѓаат во основата на нозете, а кај мекотелите во телесната празнина.

Со пинцета подигни и ги жабрените капаци на рибата што ја донесе, кои се наоѓаат од двете страни на главата. Дали забележуваш дека жабрите се црвено ресести тенки ливчиња кои се богати со крвни капилари. Рибите дишат така што ја отвораат устата преку која влегува вода и ги облива жабрите. Тогаш во крвните капилари настанува размена на кислородот и јаглениот диоксид (кислородот влегува во крвта, а јаглеродниот диоксид излегува). Со подигање на жабрените капаци се исфрлаат надвор СО2 и водата.

Кај водоземците телото е покриено со набрана растеглива кожа, секогаш влажна и лигава, богата со крвни капилари низ кои кислородот од водата влегува во телото. На @abri na riba

@abri

копно жабите дишат и со бели дробови.

Page 66: prof.Oliver Tashev

Тема 8

68

Активности и одговори

Јас открив дека

- Ако во кабинетот по Биологија имаш аквариум со риби, набљудувај ги како дишат. Истражување. Набљудувај ги жабрите на рибата што ја донесе. Тоа што го откри запиши го во тетратката и спореди го со сликата. - Како дишат мекотелите и раковите?- Кое дишење го викаме внатрешно и зошто?- Кое дишење го викаме надворешно и зошто?

- Праживотните дишат преку целото тело.- Црвите дишат преку кожата.- Мекотелите, ракот и рибите дишат преку жабри.

ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВ0ТНИТЕ ВО ВОЗДУШНАТА СРЕДИНА И НА КОПНОТО.

Подготви се и сети се !Во училиште донеси парче од бел дроб или цел бел дроб од јагне или теле.

Кое дишење го викаме белодробно дишење и зошто?

Од безрбетните животни инсектите се најбројната група која живее на копно и во воздух. Покрај другите приспособувања инсектите се приспособиле да дишат атмосверски воздух со трахеи. Трахеите се хитински цевчиња кои се создале од

Трахеи Воздушни ќесиња

Издишници

Di{en sistem na eden skakulec

Page 67: prof.Oliver Tashev

Дишењекај животните

69

крила наликуваат на два меури обвиткани со крвни капилари каде се врши размена на гасовите. Жабите дишат и преку влажната кожа.

Влечугите дишат само преку белите дробови. Кај нив белодробните крила се подобро развиени. Нивната кожа е сува и преку неа не се одвива дишењето.

Белите дробови на птиците имаат сунгереста градба и се изградени од многубројни воздушни каналчиња - бронхии околу кои има крвни капилари. Во бронхиите се врши дишењето. Посебен белег кај птиците се воздушните ќесиња кои

прочистува, затоплува и навлажнува. Преку грлото воздухот влегува во гркланот. Тоа е предниот дел на душникот, кој покрај дишен пат претставува и орган за создавање на звук.

Душникот е канал изграден од рскавици во облик на потковица, чии краеви на задната страна се поврзани со сврзно ткиво кое му дава можност на душникот да се шири и собира. Во долниот дел душникот се разгранува на две гранки - душнички гранки.

Душничките гранки штом навлезат во белодробните крила се разгрануваат во поситни гранки - бронхии, па бронхиоли кои завршуваат со воздушни ќесиња изградени од меурчиња - алвеоли. Алвеолите се изградени од еден ред епителни клетки обвиткани со крвни капилари. Во нив се врши размена на гасовите. Кислородот од алвеолите поминува во крвните капилари и со крвотокот се разнесува до сите клетки. А јаглерод диоксид од клетките влегува во венските капилари кои преку крвните садови - вени, се враќа во белите дробови и преку алвеолите и дишните патишта се исфрла надвор. Полнењето и празнењето на белите дробови е потпомогнато од дијафрагмата и меѓуребрените мускули .

кожата и се разгрануваат во телото допирајќи до органите. Тие внесуваат кислород до клетките и ткивата. Трахеите имаат отвори (устенца) странично од телото кои постојано се отворени и низ нив влегува воздухот. Кога инсектите го издолжуваат мешето трахеите се полнат со воздух - вдишуваат, а кога го собираат мешето воздухот се истиснува-издишуваат.

Сите 'рбетници (освен рибите) дишат со бели дробови. Воздухот го примаат преку ноздрите и преку грлото и душникот оди во белите дробови.

Водоземците имаат најпросто градени бели дробови. Нивните белодробни

преставуваат продолжеток на бронхиите и истите се протегаат низ шуплините меѓу органите, па дури влегуваат и во внатршноста на коските. Ваквите коски се наречени пневматични коски. Кога воздушните меури се полнат, птицата станува полесна и полетува.

Набљудувај го белиот дроб од јагнето или од друг цицач што го донесе.Дали забележуваш дека белите дробови се парни органи - лево и десно

белодробно крило. Тие имаат розова боја, сунѓерести се и лесни.Белите дробови се полнат со воздух кој влегува преку носната празнина, грлото,

гркланот, душникот и двете душнички гранки. Во носните празнини воздухот се

Page 68: prof.Oliver Tashev

Тема 8

70

Јас дознав дека:Сите 'рбетници освен рибите дишат со бели дробови.

Најсложено градени бели дробови имаат цицачите.

Размената на гасовите кај птиците се врши во бронхиите, а кај цицачите во белодробните меурчиња.

Истражување

Отсечи едно парче бел дроб и стави го во чаша со вода. Дали забележуваш дека парчето од белиот дроб плива во водата. Тоа е затоа што белите дробови се полни со воздух кој ги прави лесни.

Носнапразнина

Бронхии

Дијафрагма

Грклан

Душник

Бел дроб

Alveoli

Page 69: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 9

ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

1. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

2. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

3. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Page 70: prof.Oliver Tashev

Тема 9

72

ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ.

Сети се ! - Каков процес е лачењето и што сe се излачува од организмот? - Кои се органи за излачување? - Што е клеточно дишење и кои се продукти на процесот дишење?

Сигурно се потсети дека органските материи во клетката постојано се разложуваат во присуство на кислород ,при што се добива јаглерод диоксид ,енергија, вода и штетни материи, кои ако не се отстранат од организмот можат да предизвикаат труење .Такви материи се разни соли растворени во вода, мочната киселина, уреата, амоњакот и други. Овие материи ја сочинуваат мочта.

Отстранувањето на штетните материи и водата (мочта) од организмот се вика лачење. Органите преку кои се исфрла мочта се викаат органи за излачување.

Кај парамециумот непотребните материи што се создаваат при варењето, се исфрлаат преку целото тело, преку порите на клеточната мембрана или преку контрактилните вакуоли. Вакуолите имаат ѕвездовидна форма. Преку каналчињата на вакуолата во неа однадвор навлегува и излегува водата. На тој начин постојано се врши полнење и празнење на вакуолата, и исфрлање на непотребните материи. Поради тоа оваа вакуола е наречена уште и пулсативна вакуола.

собирни каналчињ

а

странично каналче левкасти цевчиња

пораOrgani za la~ewe

na planarija

Mnogubrojni cev~iwa kako organi za izla~uvawe kaj prstenesti crvi

Кај планаријата излачувањето се врши преку ситни собирни каналчиња кои се влеваат во два главни странични изводни канали, кои преку пори, ги излачуваат штетните материи од телото.

левкасти цевчиња

Кај прстенестите црви излачувањето се врши преку мали парни цевчиња со отвори од страната на телото. Овие цевчиња

Page 71: prof.Oliver Tashev

Излачување кај животните

73

ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГАКАЈ 'РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ

Подготви се !Обиди се да обезбедиш бубрег од јагне или свиња, или искористи го моделот на бубрегот од училишната збирка .

Organi za la~ewe kaj insektite

се наречени левкасти цевчиња (малпигиеви). Цевчињата на почетниот дел се проширени и имаат трепки. Трепките ја тераат водата и штетните материи да влегуваат во цевчето, бидејќи треперат навнатре.

Малпигиевисадови

Кај членконогите во телесната празнина (мешето) има систем од цевки за излачување, наречени малпигиеви садови. Преку малпигиевите цевчиња мочта се влева во задното црево и заедно со изметот се исфрла надвор.

Мекотелите имаат органи за излачување - бубрези. Бубрезите се изградени од каналчиња кои на почетниот дел се проширени во вид на инка со трепки. Сите каналчињата завршуваат со еден заеднички отвор кој се наоѓа меѓу стопалото и трупот.

Kaj 'рбетниците, штетните материи и водата се излачуваат преку систем на органи за излачување и тоа: бубрезите, мочоводите, мочниoт меур и изводен мочен канал.

Сите 'рбетници немаат ист систем за излачување.Кај рибите системот за излачување е преставен со парни бубрези сместени од

двете страни на 'рбетот, како две издолжени ленти со темноцрвена боја. Секој бубрег преку мочоводен канал е поврзан со мочниот меур. Преку изводен мочен канал мочта се исфрла надвор низ отвор кој се наоѓа зад аналниот отвор.

Органите за излачување кај водоземците, влечугите и птиците се слични како кај рибите. Кај овие групи животни, бубрезите се пократки и истите немаат мочен меур. Преку мочоводните канали мочта се исфрла во клоаката кој е проширен заден дел на цревото. Мочта заедно со изметот се исфрла надвор.

Цицачите имаат најсложен систем за излачување.Набљудувајќи го моделот на бубрегот од училишната збирка ќе забележиш дека

бубрегот има форма на гравче со темноцрвена боја. На вдлабнатата страна се гледаат два крвни сада и излезот на мочоводот.

Page 72: prof.Oliver Tashev

Тема 9

74

На надолжниот пресек од моделот на бубрегот забележуваш ли дека однадвор бубрегот е потемен и има зрнеста структура. Тоа е бубрежната кора. Тие ситни зрнца се наречени нефрони или малпигиеви телца, кои се богати со крвни капилари. Малпигиевите телца продолжуваат во малпигиеви цевчиња кои се групираат и формираат од 10 до 12 бубрежни пирамиди. Бубрежните пирамиди го формираат вториот слој на бубрегот наречен бубрежна средина. Третиот слој на бубрегот е празнина со неправилна форма и жолтеникава боја, наречен бубрежно легенче.

Во нефроните телца и цевчиња се врши цедење и прочистување на крвта при што се создава мочта, која се собира во бубрежното легенче и преку мочоводите се спроведува во мочниот меур. Од мочниот меур преку изводниот мочен канал се исфрла надвор.

Мочта е жолтеникава течност со солен вкус и непријатен мирис кој доаѓа од растворениот амоњак и други штетни материи. Дел од штетните материи и водата кај цицачите се исфрла и преку кожата како пот. Потта има сличен состав како мочта.

Јас дознав дека

- Излачување на водата и штетните материи кај рбетниците се врши преку бубрези.- Излачувањето кај безрбетниците се врши преку систем на цевчиња наречени нефрони цевчиња.- Мочта е продукт на органите на излачување.

1 2

3

4

5

6

7

1. Бубрег2. Бубрежна ципа3. Бубрежни чашки4. Бубрежно легенче5. Бубрежна средина со пирамиди6. Бубрежна кора7. Мочовод8. Бубрежна вена9. Бубрежна артерија

8

9

Page 73: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 10СЕТИЛА КАЈ ЖИВОТНИТЕ И ВРСКИ СО ЖИВОТНАТА

СРЕДИНА1. ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ

ЖИВОТНИТЕ

2. СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД - СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА СЛУХ

- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА МИРИС- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВКУС

- СЕТИЛО ЗА ДОПИР

3. ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Page 74: prof.Oliver Tashev

Тема 10

76

ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Сети се!Кои органи се викаат сетилни органи и каква е нивната улога?Наброј некои сетилни органи кај животните.

Сети се! - Какви дразби примаат органите за вид и зошто им служат на животните? Ако си во можност донеси очи од јагне, прасе или друг цицач за дисекција.

Опстанокот на животните зависи од условите на животната средина што ги опкружува. Во неа тие обезбедуваат храна, вода, засолниште и друго.

Како можат да се снајдат животните во своето живеалиште?Животните имаат специјализирани органи за воспоставување врска со средината.

Тоа се сетилните органи за: вид, слух, мирис, вкус и допир. Мирисот, вкусот, звукот, светлината и топлината се сетилни дразби.

Сетилните органи кај животните имаат огромно значење за нивно одржување, за пронаоѓање на храна, партнери за оплодување, за заштита од непријатели и неповолни услови.

Преку сетилните органи и врските со мозокот, животните дознаваат за се што се случува во животната средина и соодветно реагираат.

СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД - ОЧИ

Сигурно се присети дека органите за вид ги примаат светлосните дразби. Тие служат за распознавање на светло, темно, форма, големина, боја, движење и друго.

Кај зелената еуглена, во предниот дел на телото, во близина на камшичето се наоѓа едно телце наречено очно петно или окце кое реагира на светлосни дразби. Кога еуглената се наоѓа во погорните осветлени делови на водата, таа во цитоплазмата создава хлорофил и се исхранува автотрофно. Во темно, таа го губи хлорофилот и се исхранува хетеротрофно. Crveno okce kaj euglena

окце

Page 75: prof.Oliver Tashev

Сетила кај животните и врски со животната средина

77

Sitni okca vo slo`enite o~i na

insektite

Krupni o~i na insekti

Со усложнување на градбата на животните, сетилните клетки за вид се групираат на одредени места во организмот градејќи ги првите сетилни органи за вид - очи.

Очите може да бидат прости и сложени. Повеќето прости очи служат за детектирање на светлината, како на пример кај планаријата и други морски црви.

Сложените очи ги сретнуваме кај мекотелите, членконогите и сите 'рбетници. Кај главоногите, раковите и инсектите окото им е сложено, изградено од голем број независни оптички леќи. Секоја леќа гледа само еден дел од предметот, а сите заедно го формираат ликот на предметот во мозокот.

'Рбетните животни имаат најсложени очи наречени очно јаболко.

Кај рибите окото е меуресто, сложено градено со една очна леќа која може да се поместува напред-назад и на таков начин ја подесува острината на ликот. Окото на водоземците и влечуѓите е слично како кај рибите.

Најсложени очи имаат птиците и цицачите. Окото кај птиците е со подобра акомодација за гледање во далечина.

Набљудувај го окото од јагне што го донесе. Дали забележуваш дека окото е топчесто, бело по боја а во предниот дел преминува во проѕирна рожница. Потоа направи пресек на окото. Забележуваш ли дека одвнатре окото е обложено со темен слој кој е наречен мрежница. Мрежницата е изградена од сетилни клетки од кои започнува очен нерв кој води до центарот за вид во мозокот. Мрежницата во предниот дел преминува во проѕирна очна леќа која има задача да ги прекршува и насочува светлосните зраци до мрежницата - жолтата дамка, каде се прима ликот. Помеѓу белката и мрежницата се наоѓа слој наречен садовница која е богата со крвни капилари преку кои

крупниочи

ситниокца

(леќи)

се храни окото. Вo предниот дел садовницата преминува во ирис или шареница, од бојата на ирисот зависи бојата на очите-црна, сина, зелена и други. Во средината на ирисот се наоѓа отвор - црнка или зеница низ кој влегува светлината во окото. Внатрешноста на окото е исполнета со проѕирна пивтиеста маса - стаклесто тело кое му дава цврстина на окото.

тврда обвивка (белка)

спојница (конјуктива)

леќа

црнка

рожница

шареница (ирис)

мрежница (ретина)

садовница

кружен мускул

очен нерв

Sostavni delovi na oko

Page 76: prof.Oliver Tashev

Тема 10

78

Како гледаме?Набљудувај ја сликата! Што откри?Сигурно откри дека светлосните зраци што паѓаат на предметот што го гледаме,

се одбиваат и паѓаат на нашето око. Преку рожницата и црнката светлосните дразби пристигнуваат до леќата која ги собира, прекршува и насочува во задниот дел на окото - очната дамка, формирајќи смален и превртен лик. Преку очниот нерв дразбите се носат до центарот за вид, во мозокот каде се добива реална слика на предметот што го гледаме.

Одговори

Знаеш ли дека ...

- Кои органи се викаат сетилни органи и каква е нивната улога ? - Што е дразба и кои видови дразби ги знаеш?- Направи дисекција на око од јагне или теле ! Спореди го со сликата од учебникот и потруди се да ги откриеш и опишеш деловите на окото.

Околу 85% од информациите од средината што не опкружува човекот ги добива преку очите. Окото на инсектите може да има околу 3.000 леќи.

Јас открив дека ...Сетило за вид се очите кои можат да бидат прости и сложени.Очното јаболко кај 'рбетниците е најсложено и е изградено од три слоја : белка со рожница, садовница со ирис и мрежница со очна леќа . Други делови на окото се стаклестото тело и очниот нерв.

СЕТИЛО ЗА СЛУХ - УВО

Какви дразби примаат органите за слух и зошто служат?Сигурно се сети дека преку сетилото за слух животните ги примаат звучните

дразби кои можат да бидат пријатни, непријатни,предупредувачки и други.Од безрбетниците само инсектите и раковите имаат прости органи за слух во

вид на влакненца поставени на предните нозе.'Рбетниците имаат уши како орган за слух. Цицачите имаат најсложена градба

на увото. Увото се состои од три основни дела: Надворешно уво кое го сочинуваат ушен канал и ушно тапанче а кај цицачите и ушна школка; Средно уво е изградено од три ковчиња зглобно поврзани меѓу себе; Внатрешното уво е исполнето со лимфна течност во која плива слушен полжав, два меури и три полукружни канали. Внатре во полжавот се сместени сетилните клетки. Од сетилните клетки започнува слушен нерв кој ги носи звучните дразби до мозокот каде се дознава за видот на звукот.

Page 77: prof.Oliver Tashev

Сетила кај животните и врски со животната средина

79

Знаеш ли дека ...

Најмалата коска во човечкото тело се наоѓа во средното уво и е долга 3 мм.Јачината на звукот се мери со децибели. Појаките звуци од 90 децибели предизвикуваат тешкотии и болки, а над 130 децибели можат да предизвикаат оштетеност на увото, кај човекот дури и глувост.

Delovi na uvoto

1. U{na {kolka. 2. U{en kanal. 3. U{no tapan~e. 4. U{ni kov~iwa. 5. U{en pol`av. 6. Polukru`ni kanali. 7. U{en nerv.

Kako slu{ame

Како слушаме?Кај цицачите звучните бранови ги собираат ушните школки и ги насочуваат кон

ушниот канал, удираат на тапанчето и го растреперуваат. Треперењата од тапанчето се пренесуваат преку слушните кофчиња од средното уво до внатрешното уво во кое се наоѓа ушниот полжав. Во ушниот полжав се сместени сетилните клетки кои ги примаат дразбите и ги пренесуваат преку слушниот нерв до центарот за слух во мозокот. Во мозокот се добива престава за она што го слушаат животните.

4 67

5321

Органите за мирис ги примаат мирисните дразби. Мирисните дразби се примаат во вид на миризливи честички кои се наоѓаат во воздухот. Кога миризливите честички се налепуваат на влажните трепки од сетилните клетки, тие се раствораат и создаваат осет за мирис.

Кај членконогите мирисните дразби се примаат преку влакненцата распоредени по целото тело, а посебно се осетливи влакненцата на антените.

СЕТИЛО ЗА МИРИС

Кај рибите сетилото за мирис се наоѓа на мустачињата, усните и усната празнина.

Кај копнените 'рбетници сетилото за мирис е сместено во горниот дел на носната празнина. Сетилните клетки се издолжени по Setila za miris kaj som (musta~iwa)

Page 78: prof.Oliver Tashev

Тема 10

80

СЕТИЛО ЗА ВКУС

Органите за вкус служат за примање на вкусните дразби и за распознавање на храната дали е пријатна или непријатна за јадење. Вкусните дразби како и мирисните се примаат како растворени материи. Растворените материи ги дразнат сетилните клетки за вкус, од каде дразбата се предава на сетилниот нерв кој истата ја носи до центарот за вкус во мозикот. Тогаш се дознава за вкусот на храната.

Кај членконогите сетилото за вкус е сместено на влакненцата по целото тело. Посебно се осетливи влакненцата на антените.

Кај рибите сетилото за вкус е сместено на усните, усната празнина и на мустачињата.

брадавички во облик на влакна

брадавички во облик на влакна

брадавички во облик на габа

брадавички во облик на габа

брадавички во облик на чашка

брадавички во облик на чашка

солено

кисело

слатко

горчливо

Oblasti za vkus na jazikot Bradavi~ki za vkus na jazikot

Sostavni delovi na nos

мирисен коренносна косканервот за мирис

мирисната мембрана

форма, кои на едниот крај имаат сетилни влакненца, а на другиот крај долги нервни влакна кои го сочинуваат мирисниот нерв. Тој нерв ги носи дразбите до центарот за мирис во мозокот

Мирисните дразби можат да бидат пријатни и непријатни. Голем број на животни со сетилото за мирис си наоѓаат храна,партнер за размножување и можат да ја разликуваат храната.

Page 79: prof.Oliver Tashev

Сетила кај животните и врски со животната средина

81

Кај копнените 'рбетници сетилните клетки се распоредени во вид на брадавички на јазикот и расфрлани сетилни клетки на непцето и грлото. Вкусот на храната може да биде: солен, сладок, кисел и горчлив. Многу животни, како и човекот се потпираат на ова сетило при изборот на храната.

Истражување.

Ако си во можност донеси јазик од јагне или теле и набљудувај го. Потруди се да ги откриеш брадавичките на јазикот кои се наоѓаат на неговата горна страна. Направи краток опис за големината и густината на брадавичките. Сето тоа бележи го во тетратката и презентирај го пред своите другарчиа.

СЕТИЛО ЗА ДОПИР

рецептор на притисок

рецептор на допир

телото.Кај птиците најосетлив

на допир е врвот на клунот.Кај цицачите најосетливи

се врвовите на прстите, дланките, шепите и усните.

Со сетилото за допир се открива формата, тврдоста, тежината, рапавоста на предметите и храната.

Setilo za dopir na ko`ata kaj cica~ite

Сетилото за допир е сместено во кожата. Целата кожа е осетлива на допир . Кај некои животни ,некои делови од телото се поосетливи. На пример кај инсектите и полжавите најосетливи се пипалата.

Кај рибите сетилните клетки за допир се сместени во страничната линија на

Одговори

Што се сетилни дразби и какви видови дразби познаваш?Наброј ѓи сетилните органи кај животните.Од какво значење се сетилните органи кај животните?

Јас дознав дека ...Животните примаат: мирисни, вкусни, топлотни, звучни, светлосни и допирни дразби.Сетилните дразби ги примаат преку сетилни клетки и органи.Најразвиени сетила имаат цицачите.

Page 80: prof.Oliver Tashev

Тема 10

82

ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Потсети се!- Што е дразба и како животните ги примаат дразбите?- Како се пренесува дразбата до мозокот?

- Од што е изграден и каква улога има нервниот систем кај животните?

Сигурно се присети дека дразбите што ги примаат животните преку сетилните органи се пренесуваат до мозокот каде се дознава за видот на дразбата и животното реагира соодветно.

Значи улогата на нервниот систем е да одржува врска на животните со животната средина.

Нервниот систем има улога да ја управува, контролира и усогласува работата на сите внатрешни органи и овозможува организмот да работи како целина.

ГРАДБА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ

Нервната клетка преставува основна градбена и функционална единка на нервниот систем.

Gradba na nervna kletka - nevron

Mre`est nerven sistem na hidra

клеточно тело или сома

миелинска обвивка

аксон или неврит

разгранувања на аксонот

дендритијадро

Набљудувај ја сликата и запознај се со градбата и функцијата на нервната клетка.

Нервната клетка-неврон е со неправилна форма. Изградена e од тело на клетката во чија средина се наоѓа јадрото. На периферијата, цитоплазмата создава повеќе кратки и разгранети продолжетоци - дендрити и еден долг продолжеток - неврит. Повеќе долги израстоци градат снопчиња, а повеќе снопчиња градат нерв. Разликуваме сетилни нерви кои ги носат дразбите од периферијата кон мозокот и моторни нерви, кои ги враќаат одговорите од дразбите.

Кај сите животни нервниот систем е изграден од нервни клетки.

Кај попросто градените животни нервниот систем може да биде расфрлан по целото тело, кое личи на мрежа и е наречен мрежест нервен систем. Ваков нервен систем имаат копривкарите (хидрата).

Кај плочестите црви (планаријата) нервниот

Page 81: prof.Oliver Tashev

Сетила кај животните и врски со животната средина

83

Goren del na golemiot mozok Mozoci kaj cica~ite

Ganglionaren skalest nerven sistem na do`doven crv

систем е преставен со две ганглии (група од повеќе нервни клетки) сместени во предниот дел на телото и две странични врвки изградени од нервни клетки кои со нервни влакна се поврзани меѓу себе.

Кај прстенестите црви нервниот систем е ганглионарен. Во секое прстенче има по еден пар ганглии меѓу себе поврзани со нервни влакна.

ганглиипредни ганглии

грбна и стомачна врвка

Кај мекотелите и членконогите нервниот систем е изграден од синџир на ганглии кои во предниот дел се групирани во мозок.

НЕРВЕН СИСТЕМ КАЈ 'РБЕТНИЦИТЕ

'Рбетниците имаат најсложено граден нервен систем,познат како цевчест нервен систем. Нервната цевка е сместена во 'рбетниот канал познат како 'рбетен мозок. Во предниот дел 'рбетниот мозок се проширува и го гради черепниот мозок. Черепниот мозок е составен од пет дела: голем или преден, мал или заден, меѓумозок , среден и продолжен мозок. Овој нервен систем е познат како централен нервен систем. Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нервни клетки надвор од мозоците.

Нервниот систем кај цицачите достигнал највисок степен на развиток. Најдобро е развиен предниот мозок познат како голем мозок .

лева хемисфера

десна хемисфера голем мозок

рбетен мозок

продолженмозок

среденмозок

меѓумозок

мал мозок

Page 82: prof.Oliver Tashev

Тема 10

84

Големиот мозок е изграден од две хемисфери (полутопки), лева и десна, кои се меѓусебно поврзани. Кај големиот и малиот мозок на цицачите се развива мозочна кора која е набрчкана, со многу бразди (виуги). Во кората на мозокот се сместени голем број на центри кои на цицачите им овозможуваат многу побрзо и полесно да се снајдат во надворешната средина и соодветно да реагираат на надворешните дразби.

Активности-истражувања.

Од месарница обезбеди черепен мозок од јагне,теле или друг цицач и стави го во 5% формалин или алкохол (а може и да се замрзне). По два до три дена користи го за набљудување. Со помош на наставникот потруди се да ги откриеш трите мозоци: големиот, малиот и продолжениот мозок. Набљудувај ја кората на големиот и малиот мозок од надворешната страна. Сe што откри бележи во тетратката. Направи надолжен пресек на едната хемисфера од големиот мозок. Со помош на наставникот откри ја мозочната кора и дај краток опис на тоа што го откри. Внатрешноста на мозокот е исполнета со бела мека мозочна маса.

Знаеш ли дека...Мозочната кора на човекот е изградена од 12 до 14 милјарди клетки. Површината на кората на големиот мозок на човекот изнесува 2.200 см ³, а дебела е од 1 до 5 мм.Мозокот содржи 85% вода.

Page 83: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 11РАЗМНОЖУВАЊЕ И

РАЗВИТОК

1. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ

2. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ

БЕЗРБЕТНИЦИТЕ

3. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ

‘РБЕТНИЦИТЕ

Page 84: prof.Oliver Tashev

Тема 11

86

РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ

Подсети се! Како се размножуваат животните?Како се викаат машките полови органи, а како женските?Што е оплодување, а што развиток?

Сигурно се сети дека размножувањето е биолошка одлика на животните, со што се создава потомство кое личи на родителите и продолжува да живее по нивната смрт.

Размножувањето може да биде: полово и бесполово.Бесполовото размножување го сретнуваме кај едноклеточните и простоградените

повеќеклеточни организми. Бесполовото размножување може да биде со обична - проста делба на клетката, каде од една клетка се добиваат две исти клетки. Вакво размножување сретнуваме кај едноклеточните организми.

Кај планаријата бесполовото размножување е познато како фрагментација. Телото на планаријата напречно се дели на делови (фрагменти) од кои се добиваат нови млади единки.

Мешестите организми и сунѓерите се размножуваат бесполово со пупење. Пупките се формираат од ѕидот на телото на мајката. Кога ќе созреат пупките кај хидрата се одделуваат од

Delba na planarija Hidra

Delba na ameba i paramecium

ПарамециумАмеба

телото на мајката и продолжуваат самостоен живот. Кај сунѓерите пупките не се откинуваат од родителот и продолжуваат да живеат заедно, формирајќи колонија.

пупка

Page 85: prof.Oliver Tashev

Размножување и развиток

87

Razvitok kaj insektite

Половото размножување е создавање на потомство со спојување на две полови клетки.

Кај животните разликуваме машки и женски полови органи. Машките полови органи - семениците, создаваат машки полови клетки - сперматозоиди.

Женските полови органи - јајниците, создаваат женски полови клетки - јајце клетки. Кога сперматозоидната клетка ќе навлезе во јајце клетката, се врши оплодување. Оплодената јајце клетка е позната како зигот.

Прстенестите црви (дождовниот црв) и мекотелите се двополови животни - хермафродити, што значи дека во нивното тело се развиваат и машки и женски полови органи во кои се создаваат полови клетки. Оплодувањето се врши помеѓу две единки. Од оплодената јајце клетка се развиваат малечки кои личат на родителите.

Членконогите (ракот и инсектите) се разделно полови единки. Разликуваме мажјак и женка. Кај инсектите и сите 'рбетници, многу често мажјакот се разликува од женката по некои надворешни белези. Оваа појава се вика полов диморфизам.

Инсектите се размножуваат со јајца. Оплодувањето на јајце клетката настанува со парење на мажјакот и женката. Женката снесува оплодени јајца.

Набљудувај ја сликата и објасни како се одвива ембрионалниот и постембрионалниот развиток кај инсектите.

ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ.

Page 86: prof.Oliver Tashev

Тема 11

88

ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ 'РБЕТНИЦИТЕ

Подсети се! Како се размножуваат 'рбетниците?Како се викаат машките полови органи, а како женските? Што е оплодување а што развиток?

Presek na jajce so pile vo razvoj

Млада жаба

возрасна

јајца

ларви

полноглавец со надворешни жабри

полноглавец со внатрешни жабри

РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК НА ЖАБАТА

на јајце клетката се врши во клоаката. По извесно време женката снесува јајца кои се заштитени со лушпа. Влечугите јајцата ги закопуваат во топол песок, а птиците ги снесуваат во предходно направени гнезда. Со топлината на телото птиците ги загреваат јајцата - квачат.

Набљудувај ја сликата и сигурно ќе заклучиш дека ембрионалниот развиток се одвива во неколку фази. Додека трае ембрионалниот развиток, зачетокот се храни со хранливите материи од жолчката на

Сигурно се сети дека 'рбетниците се размножуваат полово. Машките полови органи - семениците, создаваат машки полови клетки - сперматозоиди. Сперматозоидните клетки, преку семеводите и низ половиот отвор кај рибите и водоземците се исфрлаат во водата. Женката исто така ги исфрла јајцата во водата и тука се врши оплодувањето. Ова оплодување надвор од организмот на животните е познато како надворешно оплодување.

Влечуѓите, птиците и цицачите имаат внатрешно оплодување. Кај влечугите и птиците оплодувањето

Белка

Ембрион на пиле

Крило во развој

Мембранозна лушпа

Варвита лушпа

Жолчно ќесе

Воздушна комора

Page 87: prof.Oliver Tashev

Размножување и развиток

89

Spermatozoid

Raspukuvawe na jajceto

Razmno`uvawe kaj zmijata Razmno`uvawe kaj cica~i

Otfrlawe na lu{pata

Пиле

Лушпа

Лушпа

Око

КлунЈајцев забец

Пукнатина се шири околу целото јајце

Пилето ја турка лушпата на јајце

Мембранозна лушпа Лушпа

Пукнатина предизвикана од натамошните удари на пилето со клунот

јајцето, а дишењето се одвива преку ситните пори на обвивката (черупката). Откако ќе се развие ембрионот, тој ја пробива варовиковата лушпа и излегува во надворешната средина. Понатамошниот развиток на малечкото во надворешната средина е познат како постембрионален развиток.

Кај водоземците и влечугите малечките водат самостоен живот. Храна, вода, засолниште и друго сами си наоѓаат во средината во која живеат. За разлика од овие животни, птиците и цицачите своите

акрозомглава

опашка

камшиче

капа на главатавратмеѓузона

краен прстен

влакнеста мембрана

цитоплазмајадро

Jajcekletka

малечки ги хранат и се грижат за нив се додека не се оспособат за самостоен живот.Кај цицачите се врши внатрешно оплодување. Сперматозоидните клетки

кои се создаваат во семениците, се спуштаат низ семеводите во машкоит полов

Page 88: prof.Oliver Tashev

Тема 11

90

орган-пенис. Преку него сперматозоидите се уфрлуваат во вагината или јајцеводите, каде доаѓа до спојување со јајце клетката и се добива зигот (оплодена јајце клетка). Оплодената јајце клетка од јајцеводите се спушта во едно проширување на јајцеводот наречено матка. Тука зачетокот се прицврстува за ѕидовите на матката и преку плацентата и папочната врвка од крвта на мајката добива храна, кислород и сe

1. Главата на сперматозоидот се потпира на мембраната на јајцеклетката.

Јајцеклетка оплодена од сперматозоид.

Плацента со папочна врвка

Зиготот поделен на четири бластомери.

2. Сперматозоидот почнува да влегува во внатрешноста на јајцеклетката.

3. Мембраната на јајцеклетката се обновува со цел да спречи влегување на друг сперматозоид.

4. Опашката на сперматозоидот се откачува и влегува само главата.

Морула создадена четири дена по оплодувањето.

Пресек на бластула во моментот на вгнездувањето во

матката.

Sozdavawe na morulata i blastulata

Spojuvawe na jajce-kletkata i spermatozoidot

Razvoj na embrionot vo matkata

што е потребно за развитокот. Времетраењето на развитокот и бројот на зачетоците кај различни цицачи е различен. Пример: развитокот кај човекот трае 280 дена, кај глушецот 15 дена, а кај слонот 2 години.

Одговори

- Што е размножување и кои видови размножувања ти се познати?- Како ги нарекуваме машките полови органи и што создаваат тие?- Како ги нарекуваме женските полови органи и што создаваат тие?- Кој развиток го нарекуваме ембрионален а кој постембрионален развиток?

Знаеш ли дека ...Женките на жабите исфрлаат до 9.000 јајца, крапот 800.000 јајца, а бакаларот 2.000.000 јајца. Рибите (мажјакот) исфрлаат 30 пати повеќе сперматозоиди.Мајскиот бумбар како ларва живее од 4 до 5 години, а како возрасна единка живее неколку недели.

Кај цицачите, по раѓањето на малечкото, мајката го храни - дои со мајчиното млеко кое го лачат млечните жлезди.

Page 89: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 12НАСЛЕДУВАЊЕ, ОПСТАНОК И

СЕЛЕКЦИЈА

1. КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

2. ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ

3. БОРБА ЗА ОПСТАНОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ

4. СЕЛЕКЦИЈА: ПРИРОДНА И ВЕШТАЧКА

Page 90: prof.Oliver Tashev

Тема 12

92

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

При половото размножување новиот организам се развива од оплодената јајце клетка-зиготот. Значи во зиготот се наоѓаат наследните фактори (материи) од двата родители. Сите клетки во еден организам имаат ист број на хромозоми. Половите клетки имаат двојно помалку хромозоми. Кај човекот, клетките во јадрото имаат 23 пара хромозоми или 46 хромозоми, а половите клетки само 23 хромозоми. При спојување на машката и женската полова клетка , бројот на хромозомите се удвојува. Значи оплодената јајце клетка-зиготот има 46 хромозоми (по 23 хромозоми од двата родители).

Хромозомите се изградени од една сложена белковинеста материја, составена од дезоксирибонуклеинска киселина - ДНК, во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени. Сите гени кои ги поседува клетката, Dvete nizi na DNK

односно организмот преставуваат генотип.Под генотип се подразбира збир од сите гени, односно генетски

информации содржани во клетката. Кога клетката мирува, оваа наследна генетска материја е

во зрнеста форма наречена хроматин. Пред да почне да се дели клетката, хроматинот се згуснува, здебелува и формира хромозоми. Бројот на хромозомите кај сите животни не е ист.

Пример: винската мушичка има 8 хромозоми, козата 60 хромозоми, срната 70 хромозоми, а човекот 46 хромозоми. Хромозомите секогаш се парни, заедно по два, а само во

Hromozomi na vinska mu{i;ka

половите клетки се непарни.Ако се набљудуваат хромозомите со електронски

микроскоп, се забележува дека тоа се две спирално извиткани ленти (зони) во кои се наоѓаат гените. Во генот се запишани наследните особини. За некоја особина е одговорен еден ѓен, а за некои повеќе ѓени.

Vo genot se zapi{ani naslednite osobini

Најчесто гените што се истакнуваат од едниот родител се викаат доминантни а оние кои не се истакнуваат се наречени рецесивни. Рецесивните гени не се изгубени, бидејќи гените можат да се пренесуваат на втората генерација.

Page 91: prof.Oliver Tashev

Наследување, опстаноки селекција

93

ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ

Порано учевме дека поколенијата личат на родителите. Но, колку и да личат, тие никогаш не можат да бидат исти. Особините не се наследуваат како готови, туку тие се менуваат. Надворешните фактори: светлина, топлина, храна, космички и хемиски озрачувања и други фактори предизвикуваат промени кај организмите. Од ова можеме да закључиме дека покрај наследувањето, организмите имаат особина и да се менуваат.

Главно разликуваме два вида промени кај организмите: модификации и мутации.

МОДИФИКАЦИИ

Модификациите се такви промени кои настануваат под влијание на надворешните услови во кои живее организмот. Познато ти е дека еуглената на сонце е зелена и се храни автотрофно - врши фотосинтеза, додека на темно го губи хлорофилот и се храни како животно. Човекот во лето има потемна боја на кожата, а во зима посветла. Алпскиот зајак во зима има погусто и бело крзно, а во лето - сиво и поретко крзно.

Промените на организмите што настануваат поради различните услови на средината се викаат модификации.

Модификациите не се наследни, бидејќи кога ќе ги промени условите, организмот ги губи тие особини. Модификациите, иако не се наследни промени имаат значење. Во практиката најчесто се прави избор на организмите со позитивни модификации, бидејќи истите даваат подобар квалитет и принос.

МУТАЦИИ

Организмите не се менуваат само под влијание на надворешните фактори, туку и поради промените што настануваат во генетскиот материјал, кои можат да се пренесуваат, односно наследуваат од повеќе генерации. Овие промени на генетскиот материјал се познати како мутации. Мутациите можат да бидат спонтани и индуцирани. Промените на гените што се јавуваат неочекувано без видливи причини, спонтано во природни услови, се наречени спонтани мутации. Меѓутоа за повеќето такви промени вистинските причини не се познати. 20 % од мутациите се спонтани - предизвикани од непознати причини. Индицираните мутации се предизвикани од разни хемиски и физички фактори. Причини за промени на хромозомите можат да бидат: радиоактивно и космичко зрачење, кое во последните години за жал е се поголемо, брзите промени на температурата, хемиски материи, отрови, лекови, отровни гасови, пестициди, инсектициди и други фактори. Сите тие можат да предизвикаат промени во градбата на хромозомите. Тогаш се губат или појавуваат некои нови особини. Ако таа особина биде корисна за човекот, ќе се пренесува на наредните поколенија. Значи мутациите се наследни промени и се пренесуваат од генерација на генерација и не се губат.

Page 92: prof.Oliver Tashev

Тема 12

94

Одговори

- Што преставуваат промените кај животните?- Какви промени се модификациите и наброј некои видови модификации кај животните?- Кои промени ги викаме мутации?Наброј некои фактори кои можат да предизвикаат мутации кај животните?

БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА ЖИВОТНИТЕ

Условите на животната средина: температура, вода, светлина, воздух, храна и друго не се насекаде исти и благопријатни за сите живи организми. Животните постојано се изложени на надворешните влијанија како: сушата, мразот, разни напаѓачи што се хранат со растителна или животинска храна, паразити-предизвикувачи на болести и друго. Надворешните влијанија не се секогаш исти, туку тие се менливи.Тие промени подеднакво не ги поднесуваат единките од ист вид. Пример: на јако сонце и малку врнежи можат да опстанат оние растенија кои имаат тврди листови и длабок корен. Од животните ќе опстанат оние видови кои имаат сува кожа-гуштерите, змиите, шкорпиите и други.

Зошто на пролет кај некои растенијата се развиваат многу гасеници, а нареднта пролет ги има сосема малку? Одговорот е следниот: ако зимата е сурова (ладна) повеќето јајца ќе бидат уништени, а ако зимата е блага напролет ќе има повеќе гасеници.

Во природата, борба за опстанок постои меѓу растенијата и животните како и помеѓу самите животни. Месојадните животни: волкот, лисицата, рисот, лавот и други се непријатели на тревопасните животни. Во оваа борба ќе опстанат: посилните, појаките, поитрите и поприспособените единки. На тој начин самата природа врши одбирање на поспособните единки. Ова одбирање Дарвин го нарекол природно одбирање.

Borba za opstanok

Page 93: prof.Oliver Tashev

Наследување, опстаноки селекција

95

Mimikrija kaj `ivtnite

ВЕШТАЧКО ОДБИРАЊЕ СЕЛЕКЦИЈА

Во природата голем број животни со бојата на кожата или формата на телото многу личат на средината во која живеат или личат на опоменувачките (отровните ) животни. Оваа појава е позната како мимикрија.

Неколку примери за мимикрија:Гасениците со својата зелена боја ја имитираат бојата на листот.Ноќната пеперуга со кафејавата боја ја имитира кората на дрвото.Поскокот со сивата боја го имитира песокот.

Подсети се! Што е вештачко одбирање ?Зошто човекот врши вкрстување?

Човекот одсекогаш ги одбирал оние животни кои се помирни, побрзо растат, даваат подобро и повеќе месо,волна или јајца. Од секој вид ги одбирал и размножувал оние животни на кои им се најсилно изразени корисните особини. Досега тој успеал да создаде повеќе раси на овци за месо, за волна или за млеко. Во поново време човекот ги одгледува меснатите свињите или коњите тркачи. Ова одбирање што го врши човекот е познато како вештачко одбирање.

Merino ovca Visokoprinosni sorti na `ivotni

Page 94: prof.Oliver Tashev

Тема 12

96

Одговори

- Кое одбирање го викаме природно одбирање и како се случува?- Кое одбирање го викаме вештачко одбирање? - Зошто човекот врши вештачко одбирање и какво значење има за човекот?- Наброј некои познати раси на животни добиени со вкрстување.

Јас открив дека...Природата врши одбирање на поспособните и посилните единки - природно одбирање.Човекот по пат на одбирање, вкрстување и други методи успеал да добие нови сорти и видови со подобар квалитет и поголем принос. Ова одабирање е познато како вештачко одбирање.

По пат на вкрстување човекот ги развива нивните корисни особини. Вкрстувањето се врши помеѓу слични единки. На пример по пат на вкрстување на овчеполската или шарпланинската овца со мерино овцата, позната по своето руно (меко и долго влакно), се добиени мерино-мелез овци. Мерино мелез овците ги носат особините од двата родители. Оваа раса дава помалку млеко од шарпланинската, но повеќе и поквалитетна волна.

Во нашата земја и во светот постојат повеќе научни институти кои користат различни методи кои предизвикуваат промени на генетскиот материјал. На пример: разни хемиски средства, хормонално поттикнување на растот и развитокот или со зрачење на половите клетки пред оплодување може да се предизвикаат крупни промени на наследните особини и да се добијат високоприносни сорти на животни. Многу често овие постапки можат да дадат не сакани резултати.

Page 95: prof.Oliver Tashev

ТЕМА 13ОРГАНИЗМИТЕ И

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА

2. ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА

ЖИВОТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

3. ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА

ВО ЕКОСИСТЕМОТ

4. ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА

Page 96: prof.Oliver Tashev

Тема 13

98

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА

Сето тоа што го гледаме секојдневно околу нас се нарекува природа. Природата се дели на жива и нежива природа.

Неживата природа ја сочинуваат водата, воздухот, светлината, топлината, почвата, планините, карпите и друго без кои животните не можат да опстанат, бидејќи тоа се основни услови за живот.

Живата природа ја сочинуваат животните, растенијата, микроорганизмите и човекот. Тој дел населен со живот е наречен биосфера.

Биосфера

Земјата, гледана од Вселената изгледа како сина топка. Тоа е затоа што на Земјата две третини е вода, една третина почва на која постои живот, и гасовита обвивка - атмосфера. Цврстата маса на планетата Земја се нарекува литосфера. Но живите суштества населуваат мал дел од неа. Површинскиот дел, наречен почва кој обично изнесува неколку метри под површината е соодветен дел за развиток на живиот

Krt

свет. Во неа и на неа живеат копнените животни и растенија. Но корените на некои растенија достигнуваат длабочина и до десетици метри во потрага по вода. Некои животни голем дел од животот го минуваат во почвата, како кртот, подземното куче, црви и други.

Водениот слој што ја опкружува Земјата се нарекува хидросфера. Водата со своите карактеристики, меѓу кои е и густината е одличен простор за развиток на животот во неа. Најнаселен е површинскиот слој до каде што продира светлината. Тука ги сретнуваме зелените растенија - алгите, кои се и главните произведувачи на храна во водата.

Водните животни ги сретнуваме и до најголемите длабочини. На различни начини животните се приспособиле за животот во водата.

Еве некои приспособувања:- перки за движење кај рибите;- хидродинамично тело;- тело покриено со оклоп кај ракот и мекотелите;- добро развиени сетила за допир.Воздушната обвивка околу Земјата е наречена атмосфера. Кислородот и

јаглеродниот диоксид како составен дел на атмосферата, овозможиле живот во неа. До пет илјади метри надморска височина, густината на гасовите е поволна за развиток

Page 97: prof.Oliver Tashev

Организмите и животнасредина

99

на животот. Во погорните слоеви, како што се намалува густината на слоевите така се намалува и животот во нив.

Биосферата е ограничена до единаесет километри висина. Од триесет до педесет илјади метри се наоѓа озонската обвивка.

Живеалиште

Во рамките на секој еко-систем има многу разни места каде што живеат животните. Таквите места во животната средина во кои делуваат посебни еколошки фактори и во нив живеат посебни растенија и животни се вика живеалиште или биотоп. Значи биотоп е единица на животниот простор во кој главно владеат воедначени услови за живот (песочен морски брег, планински карпи, езерска шир).

Секој тип на биотоп е населен со специфична животна заедница наречена биоценоза. Всушност во биоценозата што населува еден биотоп, (пример бара) на разни делови на Земјата може да се најдат различни видови организми, но заедницата во целина има типичен состав во однос на организационите форми, бројот и количината на организмите. Во еден биотоп различните видови што припаѓаат на една биоценоза имаат различни функции, но сите градат една целина.

Page 98: prof.Oliver Tashev

Тема 13

100

ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА ЖИВИТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Еколошките фактори може да бидат абиотски и биотски фактори.Водата, воздухот, почвата, светлината, топлината се наречени абиотски или

еколошки фактори од кои зависи климата во една област.Абиотските фактори го добиле името од зборот абиос што значи неживо.Освен климатските фактори постојат и други абиотски фактори како што се

релјефот, надморската височина, видот на почвата и други.Биотските фактори ги сочинуваат сите меѓусебни односи помеѓу растенијата

и животните или помеѓу самите животни. Водата, воздухот, почвата, светлината, топлината за живите организми се основни услови за живот. Тие уште се викаат животни или еколошки услови (фактори) затоа што без нив не можат да живеат живите организми. Животните, растенијата и човекот не можат да опстанат без вода, но сепак има некои видови животни кои можат да издржат подолго време (камилата, кактусот, шкорпите, змиите и др.). На растенијата почвата им е потребна како подлога на која се прикрепуваат и од неа црпат вода и минерални соли. Копнените животни ја населуваат почвата приспособувајќи се кон условите што ги нуди истата.

Page 99: prof.Oliver Tashev

Организмите и животнасредина

101

Живите организми кои живеат во едно живеалиште преставуваат животна заедница. На пример: растенијата и животните што живеат во една шума, ливада, бара или езеро ја сочинуваат нивната животна заедница.

Животната заедница на едно живеалиште не е случајна, но таа настанува како резултат на долготрајно усогласување помеѓу разновидните растенија и животни и со условите на живеалиштето. Животната заедница на шумата, барата и друго, настануваат и се одржуваат по природен пат. Тоа се природни животни заедници. Постојат и вештачки животни заедници кои ги создал и одржува човекот. На пример: паркови, овоштарници и др.

Но еколошките фактори во животните заедници се во процес на постојано побавно или побрзо менување кое пак води кон изградување на нови адаптации и нови видови на растенија и животни.

Во животните заедници ништо не функционира изолирано, туку сите нешта и сите организми меѓусебно се поврзани, и тоа на таков начин со што се одржува рамнотежа во заедниците.

ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ

Присети се! - Кои организми ги нарековме произведувачи на храна, а кои потрошувачи?

Сигурно се сети дека произведувачи на органска храна се зелените растенија. Растенијата со процесот на фотосинтеза создаваат органски материи (шеќери, масти и белковини) во кои ја врзуваат сончевата енергија, при што се добива (ослободува) кислород. Дел од храната уште веднаш ја трошат за своите потреби: растење, развиток, размножување и други процеси.

Potro{uva~i od prv red

Page 100: prof.Oliver Tashev

Тема 13

102

Piramida na ishranata

Набљудувај ја сликата. Дали забележуваш дека како први во синџирите на исхрана се произведувачите, а со нив се хранат тревојадите. Тревојадите се најбројни и најситни животни. Тие го формираат вториот ред во таканаречената пирамида. Третиот ред го сочинуваат сештојадите кои се покрупни но помалубројни. На врвот на пирамидата ги сретнуваме месојадите кои се најсилни и најмалубројни. Пирамидата ја прикажува бројноста и големината на животните во животната заедница на екосистемот.

Доколку се создаваат поголеми количини на органска храна, таа се складира како резервна храна во подземните изданоци и корења, како на пример: шеќерната репа, морковот, компирот и др.; во семенките кај голем број мешункасти (житни) растенија: грав, грашок, леќа и др.; во плодовите на овошните растенија, како и во листовите на зелката.

Произведувачите (растенијата) во животната средина, служат како храна на потрошувачите на органски материи; пример: срната, овцата, зајакот, говедото, коњот, жирафата и др. Тие животни се хранат со растителна храна и се наречени тревојадни или потрошувачи од прв ред.

Потрошувачите од прв ред се храна на потрошувачите од втор ред, наречени месојади (волкта, лисицата, рисот, куната, лавот, тигарот, хиената и други.)

Постојат и сештојадни животни кои се хранат со растителна и животинска храна, пример: човекот, мечката, рибите, ракот и други.

Така, почнувајќи од растенијата како произведувачи на храна и многубројните потрошувачи, се формираат низи, кои се викаат синџири на исхрана.

Секој организам е една алка во синџирот на исхраната и има одредено место.Животните во една ливада се хранат со разновидна храна и тие се поврзуваат

во повеќе синџири на исхраната. Така се формира еден вид мрежна поврзаност на синџирите на исхраната во животната заедница во екосистемот.

Произведувачи на храна

Потрошувачиод први ред

Потрошувачиод втори ред

Потрошувачиод трети ред

Потрошувачиод четврти ред

Потрошувачиод петти ред

Page 101: prof.Oliver Tashev

Организмите и животнасредина

103

Кружење на материјата и протекувањето на енергијата во еко системотСинџирите на исхрана не се линеарни, но тие се кружни. Нив ги поврзува алката

на разградувачите. Разградувачите ги разложуваат изумрените организми до јаглерот диоксид, вода и минерални соли. Овие материи повторно се искористуваат во процесот фотосинтеза. Во процесот фотосинтеза, во органските соединенија се врзува сончевата енергија која преку храната се пренесува од еден на друг потрошувач, а делумно се троши и испушта во животните процеси, за на крај кај разградувачите да се потроши целата.

Човекот како дел од природата се наоѓа во иста поврзаност и зависност со живиот свет.

Значи рамнотежата во природата ја одржуваат сите живи организми и човекот.

Активности.Донеси на часот слики од животни и растенија, лепак, бели листови, хартија

или хамер. Потруди се да ги подредиш во синџири на исхраната. Сликите поткрепи ги со краток текст за животните што ги подреди во синџирот. За оние за кои не си сигурен, прашај ги соучениците или наставникот. Кога ќе бидеш готов презентирај го на другарчињата (работи самостојно или во групи).

Во природата ништо не функционира изолирано, туку сите нешта и сите живи организми се поврзани меѓу себе и тоа на таков начин што се одржува рамнотежа. Секоја промена на климатските и биолошките услови ја нарушуваат биолошката рамнотежа.

Човекот како дел од природата се наоѓа во иста поврзаност и зависност со живиот свет и условите кои ги нуди екосистемот. Тој дирекно или индирекно делува на

ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА

Zagrozeni `ivotni

Page 102: prof.Oliver Tashev

Тема 13

104

природата, а неговото влијание може да биде позитивно или негативно. Еве неколку позитивни влијанија: пошумување на голините, намалено сечење на шумите и секакво друго уништување на шумите, поставување филтри на индустриските објекти, поставување на филтри за прочистување на водите што ги испуштаат фабриките. Тој свесно влијае на односите во животните заедници со цел да ја подобри бројноста на растенијата и животните од кои има полза. Кога бројноста на некои видови животни, во одредена средина или подрачје, ќе се зголеми и ги загрозува друбите видови, човекот превзема мерки за намалување на нивниот број, а со тоа придонесува за одржување на еколошката рамнотежа во природата.

На пример: ако зимата е блага, напролет на растенијата има многу гасеници и растителни вошки. Човекот превзема мерки за нивно намалување. Тој ги прска растенијата со хемиски средства и ги уништува инсектите. Наесен кога ќе се намножи зајакот, се дозволува лов. Со закон се регулирани правата и обврските на човекот (ловџијата), кога, како и кое животно може да се лови.

Izumirawe na ribite poradi zagaduvawe na vodata

Во урбаните средини, моторниот транспорт е главно превозно средство, но воедно претставува и значаен извор на отровни гасови: азотен оксид и јаглерод моноксид.

Производителите на автомбили прават напори да го намалат овој вид на загадување со употреба на безоловен бензин, вградени катализатори, филтри за прочистување и друго.

Со порастот на населението во последниот век, се зголемува потребата од животен простор, зголемена е потреба од храна и друго. Човекот врши се поголема експлоатација на природните богатства. Неплански ги сече шумите, претварајќи ги во обработлива почва, трасира патишта, гради мостови, врши регулирање на речните корита, а со тоа и иссушување на мочуриштата. Сето тоа довело до нарушување на растителниот и животинскиот свет во екосистемот.

Човекот врши загадување на морињата и океаните преку речните води кои со себе ги носат индустриските отпадоци како тешки

Page 103: prof.Oliver Tashev

Организмите и животнасредина

105

метали, сулфурна киселина, отрови и друго, а од домаќинствата се носат фекални отпадоци, детергенти, киселини и друго. И покрај сите мерки што се преземаат во последните педесетина години има забрзан процес на изумирање или намалување на поедини видови. Годишно исчезнуваат илјадници видови, а на голем број им се заканува изумирање. Според најновите истражувања од четири вида цицачи еден е загрозен и му се заканува изумирање. Кај водоземците секој трети вид, а кај птиците секој осми. Главен виновник е човекот. Еве некои од тие загрозени видови: гологлавиот орел, рисот, дивата

мачка, дивата коза, човеколиките мајмуни, слонот, носорогот, морското коњче, пандата и другите.

Заштитата на животните од исчезнување е обврска на секој поединец, како и на државата. Заводите имаат задача да предлагаат кои животни, растенија, реки, езера и места да се заштитат со закон и како разумно да се користат.

За да се спречи натамошното уништување на животната средина, максимално треба да се штедат природните богатства на Земјата. Потребно е секојдневно и одговорно однесување, а тоа ќе го постигнеш со штедењето на водата, гасењето на светилките што непотребно светат. Многу важна е и селекцијата на отпадокот. Некои отпадоци се рециклираат, на пример, стаклото, алуминиум, пластиката, хартијата. Од еден тон стара хартија се добиваат деветстотини килограми рециклирана хартија. Со тоа се спасуваат од сечење голем број дрвја. Стаклото и алуминиумот се рециклираат дури и до 100%.

Во училиштата се формираат еколошки секции или друштва за заштита и унапредување на животната средина. Вклучи се и ти како поединец.

Значи рамнотежата во природата ја одржуваат сите живи организми и човекот.

Page 104: prof.Oliver Tashev

ПОВАЖНИ ЗБОРОВИ И ПОИМИ

А анален отвор – заден отвор на системот

за варење на храна абиос – нежива природа алвеоли – белодробни меурчиња во

кои се врши размена на гасовите помеѓу

крвта и вдишаноит воздух автотрофен организам – е организам

кој е способен од неоргански материи

да создаде органска храна Б

биотоп ( живеалиште ) – место

во животната средина населено со

растенија и животни приспособени кон

условите за живот биотски фактори – мегусебни односи

помеѓу растенијата и животните или

помеѓу самите животни бураг – дел од желудникот кај

преживарите ( цицачи ) бронхии и бронхиоли – воздушни

каналчиња во органите за дишење В

вакуоли – мали торбички ( меурчиња)

што служат за складирање на резервна

храна или за исфрлање на непотребните

материи од клетката

водоземци – животни кои живеат во

вода и на копно Г ганглија – група нервни клетки

меѓусебно поврзани кои управуваат со

животните функции во организмот ген – носител на наследните особини

од родителите на потомците

Дделбено вретено – дел од клетката

на кој се закачуваат хромозомите при

делба на клетката

дождовник – вид опашест водоземец

диморфизам – различност во

надворешниот изглед на мажјак и женка

дијафрагма – мускулна преграда

помегу градната и стомачната празнина

кај цицачите

душник ( трахеја ) – дишна цевка која го

спроведува воздухот до белите дробови

Е еритроцити – црвени крвни клетки

одговорни за пренесување на

кислородот и јаглеродниот диоксид

ембрион – зачеток од оплодена

јајцеклетка до оформување на нов орга-

низам

Жжабри – органи за дишење кај животните

кои живеат во вода

Ззигот – оплодена јајце клетка

Ииглокожи животни – морски животни

со варовикови плочки и боцки на телото

Page 105: prof.Oliver Tashev

кои имаат заштитна улога

ирис (шареница) - ја дава бојата на

окото и ја регулира светлината која

влегува во окото

Јјадро – органела во клетката носител на

наследните информации од родителите

на потомците јајце клетка – женска полова клетка јајник – женски полов орган јајовод – изводен канал на јајникот

преку кој се исфрлаат јајцеклетките К

капура – дел од желудникот кај

преживарите - цицачи капилари – тенки крвни садови преку

кои се врши размена наматериите копито рожна творба на нозете (прстите)

кај цицачите - копитари копривкари – водни животни со жарни

клетки со чија помош го умртвуваат

пленот

контрактилни меурчиња (вакуоли) - преку кои се исфрлаат непотребните

материи од клетката кутикула - заштитна обвивка на телото

кај некои црви која ја лачи епителот

(кожичката) Л

ларва – недоразвиен организам леукоцити – бели крвни клетки кои

имаат заштитна улога во организмот

листенец – дел од желудникот кај

преживарите (цицачи) М

матка – проширување на јајцеводите

каде што се развива ембрионот кај

цицачите малпигиеви телца – делови на

бубрегот во кои се филтрира крвта

(создава мочта)

месојади – животни што се хранат со

месо

митоза – процес на делба на клетката

мејоза – делба на половите клетки

мембрана клеточна – обвивка на

клетката преку која се врши размена

на материите

мрмолец – опашест водоземец

мрежница – слој на окото во кој се

наогаат сетилни клетки

модификација – надворешни

ненаследни промени кај животните

предизвикани од некој фактор

морула – стадиум на зачеток на ткива

кај ембрионот мочоводи – изводни мочни канали кои

ја изнесуваат мочта од бубрезите

мочен меур – собирно мочно кесе

мутации – наследни промени кои

настануваат во генетскиот материјал

на јадрото

Оорганели – посебни делчиња во

Page 106: prof.Oliver Tashev

клетката во кои се вршат некои животни

процеси

орган – збир од повеќе ткива кои вршат

одредена функција

органски систем – поврзани органи во

кои се врши некој животен процес

Ппапци – рожни творби на кoжата на

прстите кои имаат заштитна улога (кај

некои цицачи )

преживари – животни кои ја сечат

тревата со забите и неџвакана ја голтат

за повторно да ја вратат во устата за

џвакање - ситнење

преткомори - срцеви празнини во кои влегува крвта

Рраи – видови рскавични риби

рогови – рожни творби на главата кај

преживарите кои им служат за борба и

одбрана од непријателите

рожница – преден прозирен дел на

окото низ кои влегуваат светлосните

зраци во окото

Ссадовница – слој на окото богат со

крвни капилари преку кои се храни

окото

селекција – одбирање на појаките,

поиздржливите или покорисните

животни кои ги одбира човекот

семеници – машки полови органи

семеводи – изводни каналчиња на

семениците преку кои се исфрлаат

сперматозоидните клетки

сперматозоиди – машки полови

клетки

сештојади – животни што се хранат со

растителна и животинска храна

синџир на исхрана – мегусебна

поврзаност на живите организми преку

исхраната

сириште – дел од желудникот кај

цицачите - преживари

стргунки – рожни лушпи на кожата кај

рибите и влечугите

Ххитин – надворешна заштитна обвивка

на телото кај членконогите

хромозоми – хроматински телца во кои

се сместени наследните особини

Page 107: prof.Oliver Tashev

Како ќе го користиш учебникот 3

Тема 1. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА 51. ВРСКИТЕ НА ЖИВИТЕ ОРГАНИЗМИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НИВНАТА ПРИСПОСОБЕНОСТ 62. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ МЕЃУ ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА 8

Тема 2. ГРАДБА НА КЛЕТКИТЕ, ТКИВАТА И ОРГАНИТЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 9 1. ОСНОВНИ ОДЛИКИ НА ГРАДБАТА И ФУНКЦИЈАТА НА ЖИВОТИНСКАТА КЛЕТКА 102. СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЖИВОТИНСКАТА И РАСТИТЕЛНАТА КЛЕТКА 133. ЖИВОТНИТЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ ОД КЛЕТКИ, ТКИВА, ОРГАНИ, ОРГАНСКИ СИСТЕМИ И НИВНА УСОГЛАСЕНОСТ 15

Тема 3. ГРУПИ ЖИВОТНИ И ИМЕНУВАЊЕ 171. ГРУПИРАЊЕ И ИМЕНУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ СПОРЕД СРОДНОСТА 182. ЦАРСТВО НА ПРОТИСТИ: ПРАЖИВОТНИ 203. ЦАРСТВО НА ЖИВОТНИТЕ - БЕЗРБЕТНИ ЖИВОТНИ 224. ‘РБЕТНИ ЖИВОТНИ 28

Тема 4. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 371. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ЖИВОТНИТЕ 382. НАДВОРЕШНА ПОКРИВКА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 39

Тема 5. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ 431. ОРГАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ КАЈ ЖИВOТНИТЕ 442. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНА СРЕДИНА 443. ДВИЖЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ НА КОПНО И ВОЗДУХ 46

Тема 6. ИСХРАНА НА ЖИВОТНИТЕ 491. Исхрана и начини на исхрана кај животните 502. Начини на исхрана и органи за варење на храната кај безрбетните животни 513. Начин на исхрана и органи за варење на храната кај ‘рбетните животни 54

С ОД РЖ И Н А

Page 108: prof.Oliver Tashev

Тема 7. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ХРАНАТА И ГАСОВИТЕ 571. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА ЦИРКУЛАРНИОТ СИСТЕМ (ТЕЛЕСНИ ТЕЧНОСТИ) 582. КРВ - ЦИРКУЛАРНА ТЕЧНОСТ, ГРАДБА И УЛОГА 583. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА КРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 614. ГРАДБА И ФУНКЦИЈА НА СРЦЕТО КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 625. МАЛ И ГОЛЕМ КРВОТОК. 63

Тема 8. ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 651. ДИШЕЊЕ И КЛЕТОЧНО ДИШЕЊЕ 662. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ ВО ВОДНАТА СРЕДИНА 673. ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ И НАЧИНИ НА ДИШЕЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ВОЗДУШНА СРЕДИНА И НА КОПНО 68

Тема 9. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 711. ИЗЛАЧУВАЊЕ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 722. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ БЕЗРБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 723. ОРГАНИ ЗА ИЗЛАЧУВАЊЕ И НИВНАТА УЛОГА КАЈ ‘РБЕТНИТЕ ЖИВОТНИ 73

Тема 10. СЕТИЛА КАЈ ЖИВОТНИТЕ И ВРСКИ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 751. ЗНАЧЕЊЕ НА СЕТИЛНИТЕ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 762. СЕТИЛНИ ОРГАНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 76

- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВИД 76- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА СЛУХ 78- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА МИРИС 79- СЕТИЛНИ ОРГАНИ ЗА ВКУС 80- СЕТИЛО ЗА ДОПИР 81

3. ГРАДБА И УЛОГА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 82

Тема 11. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК 851. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РАЗВИТОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 862. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ БЕЗРБЕТНИЦИТЕ 873. ОРГАНИ ЗА РАЗМНОЖУВАЊЕ И НАЧИНИ НА РАЗВИТОК КАЈ ‘РБЕТНИЦИТЕ 88

Тема 12. НАСЛЕДУВАЊЕ, ОПСТАНОК И СЕЛЕКЦИЈА 911. КАКО СЕ ПРЕНЕСУВААТ НАСЛЕДНИТЕ ОСОБИНИ КАЈ ЖИВОТНИТЕ 922. ПРОМЕНЛИВОСТ НА ОРГАНИЗМИТЕ 933. БОРБА ЗА ОПСТАНОК КАЈ ЖИВОТНИТЕ 944. СЕЛЕКЦИЈА: ПРИРОДНА И ВЕШТАЧКА 95

Тема 13. ОРГАНИЗМИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 971. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА 982. ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ И ОДРЖЛИВОСТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗАЕДНИЦИ 1003. ОДНОСИ НА ИСХРАНА И ПИРАМИДА НА ИСХРАНАТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ 1014. ЕКОЛОШКА КОНТРОЛА ВО ПРИРОДАТА 103

ПОВАЖНИ ЗБОРОВИ И ПОИМИ 106