proekna po istorija adolf hitler-zivot i delo

21
СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија Адолф Хитлер-Живот и дело (монографски труд) Матурска проекна задача по наставниот предмет Историја Изработила: Ментор:

Upload: elizabetka

Post on 01-Apr-2015

662 views

Category:

Documents


11 download

TRANSCRIPT

Page 1: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија

Адолф Хитлер-Живот и дело

(монографски труд)

Матурска проекна задача по наставниот предмет

Историја

Изработила: Ментор:

Елизабета Ефтимова проф.Дељо Старделов

Клас IV3

Гевгелија,

2009

Page 2: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Содржина

1. Воведен дел ......................................... стр.3

Раните години на Хитлер

2. Главен дел ............................................ стр.5

Воздигнувањето на Хитлер

Втората светска војна

Мојата Борба

3. Заклучок ............................................... стр.14

4. Користена литература......................... стр.15

2

Page 3: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Воведен дел

Човек кој остави голем белег во историјата на човештвото е Адолф

Хитлер. Адолф Хитлер (слика 1) е австриски политичар, диктатор и воен

злосторник, роден на 20ти април 1889 година во Браунау на Ин, Австро-

Унгарија (денес Австрија). Тој бил син на цареник и поради работата на

неговиот татко тие постојано се преселувале од град во град

(Браунау,Пасау,Линз,Фулхам,Леондинг).

Слика 1

Во основното образование бил добар ученик и со тоа се издвоил од

своите врсници. По завршувањето на своето основно образование, Алоис

одлучил неговиот син да го запише во гимназија (позната како „Реална

гимназија“ во Швајцарија), да навлезе во водите на чиновништвото, иако оваа

идеја не била потполно одобрена од Адолф бидејќи тој сакал да стане уметник.

Неговиот татко, Алоис Хитлер умрел кога тој имал 13 години (јануари 1903) , а

неговата мајка Клара Хитлер 5 години потоа (декември 1907). По

пензионирањето на неговиот татко од царината, Адолф Хитлер го поминал

3

Page 4: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

поголемиот дел од детството во Линз – Главен град на Горна Австрија. Тоа бил

неговиот омилен град, и сакал по смртта неговото тело да биде закопано таму.

Алоис Хитлер починал во 1903 год. Но оставил доволна сума на пари за

неговата сопруга и неговиот син да можат да живеат. Меѓутоа Адолф Хитлер не

го обожавал својот татко и се плашел од него, тој бил повеќе поврзан со

неговата мајка која почина во 1907 после долготрајно страдање. По

завршувањето на училиштето заминал во Виена, па се вратил во Линз каде што

сонувал да стане актер. Искористил дел од својот џепарлак во Виена на

материјали за цртање за да може да се издржи самиот себе. Сакал да студира

уметност, за што имал и познавања, меѓутоа двапати не успеал да го обезбеди

својот влез во Академијата на Уметност. Неколку години живеел сам и

изолиран преживувајќи со цртање на разгледници, плакати и преместувајќи се

од едно прифатилиште во друго. Во 1913 Хитлер се преселил во Минхен. Се

пријавил во Австриската војска, но бил одбиен со коментар дека физички е

недоволно силен, меѓутоа кога започнала Првата Светска Војна веднаш се

пријавил во Германската војска т.е. во Шестнаесетата Баварската Резервистичка

Пешадија. Во Октомври 1916 год. бил тешко ранет, а две години подоцна

затруен со боев отров. Хитлер бил хоспитализиран по завршувањето на војната.

Во текот на војната постојано бил на самиот фронт. Неговата храброст е

двапати наградувана, првиот пат со железен крст од втора класа во Декември

1914, а вториот со железен крст од прва класа во Август 1918 година. Тој

учествувал во војната со силен ентузијазам, како големо опуштање од

фрустрациите и бескорисноста во цивилниот живот.

4

Page 5: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Главен дел

По напуштањето на болницата, тој активно почнува да го живее

политичкиот живот во Минхен во Мај – Јуни 1919. Како воен-политички агент

се зачленил во една мала Работничка партија во Минхен во Септември 1919. Во

1920 тој доаѓа на чело на Работничката партија. Се откажал од војската, и се

жртвувал себеси унапредувајќи го своето место во партијата која истата година

била преименувана во Национал-социјалистичка Германска Работничка

Партија. (Овој поим Нацизам или Национал-социјализам главно се однесува

на целата идеологија и дејствување на Нацистичката партија на чело со Адолф

Хитлер. Исто така се однесува на политиката на владата на Германија од 1933

до 1945 год, период во германската историја познат како Нацистичка Германија

или „Третиот Рајх“). Имаше поволни услови за развивање на оваа партија.

Економските грижи, како и навредата на Германија со поразот во Првата

Светска Војна особено беше изразена во Баварија за време на традиционалниот

сепаратизам, како и омразата кон републиканската влада во Март 1920 кога

неколку воени офицери се обидоа да воспостават десницата во владата.

Постоеле поволни услови за развивање на оваа малечка партија, кои

Хитлер успешно ги искористувал. Кога се приклучил на партијата тој бил

неактивен, тој се придружил на програма со разни националистички и

социалистички идеи и го развил своето лидерство. Неговата пропаганда и

неговите лични амбиции кој ги покажувал предизвикале многу конфликти со

другите лидери во партијата. Тој им го возвратил ударот на останатите кои

сакале да го избркаат од партијата на тој начин што му понудиле оставка, но

кога виделе дека иднината на нивната партија стои во негови раце се откажале

од идеата. Во 1921 годнина Хитлер станал нивни водач со речиси неограничена

моќ. Со самото стапнување на лидерското место тој на преден план решил да

формира масовно движење, чија мистичност и моќ ке ги заслепи сите и ке ги

направи да му бидат лојални. Тој својата пропаганда ја започнал преку

партискиот весник, и преку митинзи на кои публиката од неколкумина

5

Page 6: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

прераснала во илјадници фанатици. Со својата харизматична личност и своето

динамично лидерство, тој привлечел верен кадар на Нацистички лидери, луѓе

чии имиња денес живеат во срам – Алфред Росенберг, Рудолф Хес, Херман

Горинг и Јулис Стречер.

Кулминацијата на наглото растење на нацистичката партија започнала

во Баварија во обидот да зададе државен удар во Ноември 1923, кога Хитлер и

генералот Ерик Лудендорф се обиделе да ја одземат предноста на актуелната

конфузија и опозицијата на Веимарската Република, да ги натераат лидерите на

Баварската влада и командантот на локалната војска да прокламираат

национална револуција.

Во пресметката која што се случила, полицијата и армијата испалиле

предупредувачки оган. Хитлер бил повреден а четири полицајци убиени. Тој

нацртал и неколку лекции од движењето кое морало легално да ја достигне

власта. Хитлер беше обвинет со казна затвор од пет години од кои одслужил

само девет месеци и тоа во релативна удобност во Ландберскиот замок. За

време на одслужувањето на казната затвор тој успеал да го напише првиот том

на книгата Мојата Борба, кое претставува негова политичка автобиографија.

Идеите на Хитлер вклучувале нееднаквост меѓу расите, нациите и

единките како дел од природната селекција која што ја издвоила Аријанската

раса како креативен елемент на човештвото. Според него природна единка на

човештвото бил човекот , од кои најмоќни биле Германците. Тој верувал дека

државата постои за да му служи на народот, елемент кој Вејмарската Германска

Република го предала. Парламентарно демократската влада била двојно

проколната. Ги апсорбирала еднаквостите на индивидуите која за Хитлер не

постоела и претпоставувала дека тоа може преку парламентарни процедури да

биде донесено во корист на народот. Наместо тоа Хитлер се залагал за

обединување на народот кое ќе го најде своето очовечување во Фирер, што

придонело перфектен афторитет. Под Фирерот, партијата била обликувана од

народот и се претворила во негово обезбедување. Најголемиот непријател на

Нацизмот не биле погледите на Хитлер, ниту пак либералната демократија во

Германија која била пред колапс туку тоа бил Марксизмот. Покрај Марксизмот,

уште поголеми непријатели биле евреите, кои Хитлер ги сметал за

6

Page 7: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

реинкарнација на злото. Постојат различни верувања на историчарите за тоа

кога Антисемитизмот станал најдлабоката и најсилната хитлерова осуда. Во

1919 тој напишал: “Рационално Антисемитизмот мора да води кон систематска

легална опозиција. Неговата крајна цел мора да биде елиминирање на сите

евреи.” Во “Мојата Борба” тој ги опишал евреите како “уништувачи на

културата”, “паразити на нацијата” и “закана.”

За време на присуството на Хитлер во затворот, Нацистичката Партија

ослабела како резултат на внатрешни недоразбирања. По излегувањето од

затворот, Хитлер се соочил со потешкотии кој не постоеле пред 1923.

Економската стабилност била постигната со реформи во финансиите. Се чинело

дека републиката станала многу повеќе почитувана. На Хитлер му се

забранувало да одржува говори, најприн во Баварија, а подоцна и во многу

други Германски држави. Покрај ова партијата растела полека, и во 1926год

Хитлер успешно ја воспоставил својата позиција против Грегор Страсер, чии

следбеници биле од северна Германија.

Пристигнувањето на финансиската криза во 1929 предвидувала нов

период на политичка нестабилност. Во 1930 Хитлер влегол во алианса со

националистот Алфред Хугенберг во кампања против Јунг План, втор

преговарач за Германските воени давачки за обештетување. Со помош на

Хугенберговиот весник, Хитлер бил во можност за прв пат да стигне до

националната публика. Алиансата исто така му овозможила да побара помош од

голем број на моќни влијателни индустриски лица кои ги контролирале

политичките фондови и сакале да ги искористат за создавање на силна десно-

ориентирана антисоцијалистичка влада. Сумата која што Хитлер ја добил од

индустријалците ја поставиле неговата партија на сигурна финансиска нога и му

овозможиле да ја направи ефективна неговата емоционална појава пред

средната класа и невработените, базирана на прокламацијата на неговата

судбина дека Германија ќе се ослободи од нејзините страдања. Конекцијата на

Хитлер со Хугенберг и индустријалците ги илустрирала вештините да ги

користи оние кои сакале да го искористат него. Но најважно негово

достигнување било воспоставувањето на вистинска национална партија ( со

нејзини гласачи и следбеници од различни класи и религиозни групи).

7

Page 8: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

На парламентарните избори во јули 1932, нацистите направиле уште

еден голем чекор напред, добивајќи 37,4% и станувајќи најголемата партија во

Рајхстагот, далеку пред другите. Понатаму, нацистите и комунистите заедно

имале 52% од гласовите и мнозинство седишта. Бидејќи и двете партии биле

против тековниот политички систем и ни едната не сакал да влезе или да

поддржи некое министерство, неможно било да се формира влада од

мнозинството. Под наредба на Сталин, КПД ја задржала својата полиса спрема

СПД, третирајќи ги како главниот непријател, ословувајќи ги како „социал-

фашисти“, така што ја распарчувале опозицијата на нацистите. Подоцна, СПД и

КПД се обвиниле меѓусебно за отворање на патот на Хитлер со нивната

неволност за компромис.

Канцеларот Франц фон Папен свикал уште едни парламентарни избори

во ноември, надевајќи се дека ќе најде излез од тој ќорсокак. Резултатот бил

истиот; нацистите и КПД добиле вкупно 50% од гласовите и повеќе од

половина од седиштата во Рахјстагот. Но поддршката на нацистите паднала на

33,1%, со претпоставка дека го поминале својот врв - можеби затоа што

најлошиот дел од кризата поминал, можеби затоа што некои гласачи од

средната класа го поддржувале Хитлер во јули како протест, но сега се повлекле

од намерата да го донесат на моќ. Нацистите го разбрале овој резултат како

предупредување дека мора да ја зграбат власта пред нивното време да помине.

Кога другите партии би се соединиле, ова можело да се спречи, но нивната

краткогледност спречила секакво обединување. Папен, неговиот следбеник

Курт фон Шлајхер и моќниот националистички капиталист Алфред Хугенберг

го поминале декември и јануари во ковање политичка завера, којашт

резултирала во тоа што го убедиле претседателот Хинденбург дека

назначувањето на Хитлер за канцелар со влада што вклучувала само

малцинство од нацистички министри не било ризично, и тој тоа го сторил на 30

јануари 1933.

8

Page 9: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Втора светска војна

Германската воена стратегија била превземена од Хитлер. Кога

успешната кампања против Полска не успеала да го произведе посакуваниот

мир со Британија, тој наредил на својата армија да се припрема за офанзива кон

западот. Лошото време направило некој од неговите неподготвени генерали да

ја одложат офанзивата. Ова водело кон две огромни промени во плановите.

Првата промена била хитлеровата наредба да попречи евентуално британски

претседател во Норвешка на тој начин што би ги окупирал Норвешка и Данска

во Април 1940. Хитлер имал лични интереси во оваа операција. Од тој момент

па натаму неговата интервенција во детаљите на воените операции

пораснала.Втората промена била прифаќањето на планот за напад преку

Ардените на Генералот Ерик вон Маштајн кој започнал на 10 Мај. Ова бил

брилијантен план и почетокот на успехот на Германија. Германската војска

сигнала до каналните порти, каде што не успеале да стасат во првата светска

војна, за време од 10 дена. Холандија се предала по 4 дена, а Белгија по 16 дена.

Хитлер ги задржал тенковите на Генералот Карл вон Рундштед јужно од

Дункирк, што им овозможил на британските војски да се евакуираат. Меѓутоа

западната кампања во целост била неверојатно силна. На 10 Јуни Италија влегла

во војна од страната на Германија. На 22 Јуни Хитлер потпишал триумпфално

примирје со Франција.

Хитлер се надевал дека Британците ке сакаат да преговараат за примирје.

Но тоа не се случило, па тој продолжи со неговиот план за инвазија на

Британија и елиминација на британската воена сила. Во исто време почнале и

подготовките за инвазија на СССР, кои според Хитлер, биле последна надеж за

Британската заштита од контролата на Германија над континентот. Потоа

Мусолини извршил инвазија врз Грција, кадешто поразите на италијанската

армија ги намами германските сили да дојдат на Балканот но и во Северна

Африка. Хитлеровите планови биле нарушени од страна на Југославија во Март

1941 на тој начин што била отфрлена владата која имала склучено договор со

Германија. Хитлер веднаш наредил на неговата армија да ја покори Југославија.

9

Page 10: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Нападите на медитеранот, иако успешни, биле ограничени, споредувајќи ја

инвазијата на СССР.

Нападот врз СССР започнал на 22 Јуни 1941 година под името

Барбароса. Германската армија многу брзо навлегувала на територијата на

СССР, заробувајќи околу 3 милиони руси, но неуспеала да го победи

противникот. Хитлер станал арогантен кон своите генерали. Тој не се сложувал

со нив во врска со главниот напад, и го трошел своето време и сила на

концентрирање во една единствена цел. Во Декември 1941, неколку милји пред

Москва, Руската контраофанзива конечно му докажала на Хитлер дека неговите

планови неможат да бидат реализирани.

На 7 Декември, Јапонија ги нападнала американската воена база, Перл

Харбур. Хитлеровиот сојуз со Јапонија го натерал да објави војна на Америка.

Од тој момент Целата негова стратегија се променила. Тој се надевал и пробал

( како неговиот идол Фредерик II Велики ) да го скрие она што мислел дека е

надприродна коалиција на неговиот опонент на тој начин што сакал да го натера

еден од нив да склучи примирје со Германија. Неговиот план за растурање на

надприродната коалиција меѓу Сталин, Черчил и Рузвелт се остварил, но било

прекасно за Хитлер. Тој исто така наредил и реорганизација на германската

воена економија. Во меѓувреме, Хитлер ја подготвувал земјата за нова

распределба на Европа. Од 1933 до 1939 а во некои барања дури и за време на

првите години на војната, Хитлер правел планови да ги избрка евреите од

Големиот Германски Рајх. Во 1941 неговиот план за бркање на евреите се

променил во план за чистење на евреите. Концентрационите логори кои ги

створил под нацистички режим беле проширени и вклучувале уништувачки

кампови, како Аушвиц, и мобилни бригади за чистење како што била Ајнсатз-

групата. Дури и католиците, пољаци, роми, хомосексуалци, и хендикепираните

биле мета на прогонување. Дури 6 милиони евреи биле убиени за време на

војната. На крајот на 1942, поразот кај Ел-Алмеин и Сталинград како и

пристигнувањетоа на американските трупи во француска северна африка

придонеле до пресвртница во војната. Со ова почнало да се менува и карактерот

на Хитлер. Тој почнал да ги предводи операциите на исток од главните

штабови, одбил да ги посети бомбардираните градови или да дозволи

10

Page 11: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

повлекувања, станал зависен од неговиот психијатар, Теодор Морел, и бил под

медикаменти. Сепак Хитлер не ја изгубил моќта да реагира енергично. По

апсењето на Мусолини во Јули 1943 и италијанската капитулација, тој не само

што наредил окупација на сите важни позиции окупирани од италијанската

армија, исто така и наредил да се спаси Мусолини, со намера да биде премиер

на новата фашистичка влада. На источниот фронт, имало се помалку и помалку

можност да биде под власт на италијанската армија. Односите со неговите

коаманданти на армијата станале напнати, се повеќе и повеќе со растењето на

важноста на СС дивизиите. Во меѓувреме неуспехот на мисијата на У-бродот

како и бомбардирањето на Германија многу ги намалиле шансите за победа.

Очајните офицери и анти-нацистичките цивили се спремале да го отстранат

Хитлер и да преговараат за мир. Биле планирани неколку обиди во периодот од

1943-1944; најблиску до успехот бил оној на 20 Јули 1944 на Колонел Клаус во

Стауфенберг кога експлодирала бомба на конференцијата во хитлеровиот штаб

во Источна Прусија. Но Хитлер се извлекол без големи повреди, и со неколку

исклучоци, сите кој учествувале во тој план биле убиени.

Намалувањето на независноста на неговата армија била комплетна;

Национал Социјалистичките политичари биле избрани за сите воени штабови.

Потоа Хитлер се разболел, но не се одморал, ниту губел контрола, и продолжил

да вежба скоро хипнотичка моќ кон неговите потчинети. Сојузната инвазија над

Нормандија ( 6 Јуни 1944 ) го обележила почетокот од крајот на војната. За

неколку месеци, 8 европски главни градови ( Рим, Парис, Букурешт, Софија,

Атина, Белград, Хелсинки ) биле ослободени од сојузниците или се предадале

на нив. Во Декември 1944 Хитлер ги преместил неговите штабови на запад за да

организира офанзива на Ардените насочена кон разделување на американските

и британските армии. По неуспехот, неговите надежи за успех сега биле

минимални, базирани на употребата на нови оружја ( Германските ракети биле

лансирани во Лондон од Јуни 1944 ) или на раскунување на сојузничките сили.

По Јануари 1945 Хитлер не ја напуштил канцеларијата во Берлин или неговиот

бункер, смислувајќи план за последен отпор на југот како што се ближеле

советските сили кон Берлин. Во состојба на целосна исцрпеност и нервоза, тој

на крајот прифатил неизбежен пораз, и одлучи да си го одземе својот живот и да

ја остави земјата врз која имал апсолутна моќ. Пред ова, останаале уште две

11

Page 12: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

работи да се извршат. Првата – се оженил со Ева Браун на полноќ помеѓу 28 и

29 Април. Веднаш потоа го издиктирал својот политички тестамент,

оправдувајќи ја неговата кариера и назначувајќи го Адмиралот Карл Дониц за

Претседател и Јозеф Гоебелз за канцелар. На 30 Април за последен пат се

поздрави со Гоебелз и неколку останати кои што биле со него. Хитлер и

неговата жена избршиле самоубиство. Хитлеровиот успех бил во врска со

осетливоста на поствоена Германија на неговиот уникатен талент како

национален лидер. Неговото воздигнување до моќ не било неизбежно. Сеуште

нема никој кој може да се спореди со неговата способност да ги управува

настаните до неговата смрт. Моќта која што ја имаше била безценета. Неговите

идеали и намери беа прифатени во целиот свет или во дел од милиони луѓе,

особено во Германија. Со текот на времето тој бил поразен, уништил голем дел

од тоа што останало од старата Европа, додека Германскиот народ морал да се

справи со тоа што би го нарекле подоцна “Year Zero,” 1945.

12

Page 13: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Мојата Борба

„Мојата борба“ (германски: "Mein Kampf") е книга од австриско-

германскиот водач, политичар, канцелар и диктатор, Адолф Хитлер, во којашто

се содржат елементи на автобиографија и вовед и претставување на

нацистичката политичка идеологија на Хитлер. Првиот том од „Мојата борба“ е

издаден во 1925, а вториот во 1926 година.

„Мојата борба“ е збир од автобиографски раскажувања, историски и

политички анализи и дискусии за многу различни теми, како меѓународни

финансии, демократија, трговски заедници, улогата на пропагандата итн. без

строга структура и редослед. Погледите на Хитлер на било која од тие теми се

расфрлани во разни делови од книгата, некогаш како дел од долго анализирање

на темата, а некогаш како одеднаш нафрлени забелешки. Севкупно, книгата ја

претставува нацистичката идеологија (национал-социјализам). Книгата му била

диктирана на Рудолф Хес, но се открива карактеристичниот говорнички стил, со

изразена реторичност, генерализирање, повторување, емоционализам и

недостаток на детали и факти.

„Мојата борба“ јасно го претставува Хитлеровиот расистички светоглед,

делејќи ги луѓето по нивното потекло. Хитлер вели дека германските ариевци се

на врвот на хиерархијата, а Евреите и Циганите се на дното. Понатаму вели дека

доминираните народи имаат корист од учењето од супериорните ариевци. Тој

тврди дека Евреите коваат завера за спречување на „господарската раса“

правилно да го владее светот преку тоа што ја изретчуваат расната и културната

чистота и што ги убедуваат ариевците да веруваат во еднаквост, наместо во

супериорност и инфериорност. Ја опишува борбата за владеење на светот како

расна, културна и политичка битка помеѓу ариевците и неариевците.

13

Page 14: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Заклучок

Хитлер бил човек кој сакал да постигне нешто добро за својата нација, но

тоа го правел на многу погрешен начин. Хитлер бил човек со визија за својата

нација,но таа визија за подобра држава ја спровел со болни и нехумани методи.

Сите големи луѓе завршуваат некако бедно по својата судбина.

Веројатно тоа е и нивната казна. Како и да е, Адолф Хитлер со својата

монструозна моќ на убедување, злите дела кои ги вршел, масовното

уништување на Евреите и подигањето на фашизмот до еден врв се фактите со

кои засекогаш ќе остане запаметен во светската меморија по тоа колку може

човекот да биде зoл.

14

Page 15: proekna po istorija Adolf hitler-zivot i delo

Користена литература

http://sr.wikipedia.org

http://www.astrorion.com/hitler.htm

http://www.atdhe.net/

15