prezentacija -motivacija na poe dine cot

16
Стратегиски менаџмент Мотивација на поединецот во тимот Попова Благица бр.индекс 400012

Upload: mrp

Post on 16-Oct-2014

67 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Стратегиски менаџментМотивација на поединецот во тимот

Попова Благица бр.индекс 400012

Page 2: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

• Поим и објаснување на поимот мотивација

• Под поимот мотивација се подразбираат сите оние фактори кои го предизвикуваат, насочуваат, подржуваат човечкото однесување во организациите и тимовите, и секогаш биле важни за раководните лица (менаџери, лидери и др.) бидејки луѓето се комплексни личности нивната мотивираност не секогаш е лесна да се открие. Зборот мотивација потекнува од латинскот збор motivatio- што во превод значи потик, побудување на нешто.

Page 3: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

• Дефинирање на поимот мотивација

Мотивација претставува онашто од внатре го потикнува човекот на определени активности за остварување на определени цели.

Дефинирање според Маслов: Збирен поим на внатрешни сили кои го потикнуваат човекот на определена

активност.

Дефинирање според Роко: Појава на состојба на неурамнотеженост во организмот, која за последица

спремност за вршење на определена акција, а крајна цел на таа акција е да се воспостави рамнотежа.

Page 4: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Теории за мотивацијата и нејзината примена

Содржински теории Процесни теории

Содржинската теорија на мотивацијата става акцент на прашањето: што е

тоа што ги мотивира вработените на точно определено однесување ?

• Во ова група на теории спаѓаат следниве:

• Теорија на хиерархија на потребите,

• ERG теорија за мотивација,

• Теорија на два фактори

• Теорија на посакувани потреби

Page 5: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Процесните теории на мотивација ги набљудуваат потребите само како елемент во процесот на однесување на подредените. Тие се фокусираат на прашањето: како се мотивираат луѓето ? Односно како се одвиваат процесите на мотивација.

Во оваа група како најистакнати теории се среќаваат:

• Теорија на еднаквост

• Теорија на очекување

• Теорија на поставување на цели

Page 6: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Само актуелизација

Почитување

Социјални потреби

Потреба од сигурност

Психофизиолошки потреби

Page 7: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Маслова херархија на потребите на секој поединец од тимот)Од пирамидата може да се констатира следното дека секој поединец во тимот најпрвин

мора да му се задоволат базичните потреби како што се :• Психофизиолошки(храна , вода, сон, секс и др, )

• Потреби од сигурност (ред, ослободеност од страв и напнатост, ослободеност од страв од губење на имот храна и др.)

• Социјални потреби(вклучува потреби од чуство на љубов, чуство на припадност и контакти со луѓе

• Почитување (вклучува потреба за само почитување и почитување од другите )

• Смоактуелизирање(вклучува потреба за напредување, чуство за исполнување и моќ)

Теорија за мотивирање на поеднците во тимот според АлдерферАлдерфер ги става потребите во три категории и тоа : • Егзистенцијални потреби • Потреби за поврзување • Потреби за унапредување (прогрес во кариерата )• Како и теоријата на маслов теоријата на Алдерфер не е целосно задоволувачка

Page 8: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Теорија на менаџерска мотивација Од останатите теории посебно внимание привлекува теоријата на засилување.

• Теоријата на засилување се фокусира на настаните во опкружувањето кои што влијаат на однесувањето на членовите на тимот.

Има поголемо пракатично значење за менаџерите од колку другите теории за мотивација. Менаџерот може да нема доволно време да ги сознае и разбере потребите и личноста на подредените, па оваа теорија со техниките за обликување на однесувањето во голема мера може да му помогне во водењето на подредените. Имено кога менаџерот сака да го промени однесувањето тој треба да ги промени последиците на тоа однесување.

Page 9: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

С.Робинс и М.Калутар даваат сугестии како менаџерите на тимовите да ги мотивираат поединците во тимот.

• Да се препознаат индивидуални разлики • Да се поврзат членовите со работата • Да се користат целите • Да се обезбеди согледување на целите како достижни • Да се индивидуелизираат наградите • Да се поврзе наградата со извршувањето• Да сепровери системот за праведност • Да не се игнорираат парите како мотиватор

Page 10: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Мотивација на поединецот како дел од тимската работа • Тимови и тимскo работење• Тимовите се незаменливи во денешни услови за работење на

организацијата кој а настојува да ја подобри продуктивноста и општата конкурентност на пазарот. Заради се поголемата примена, заради спесифичноста во нивното водење , какои значењето што им се дава во работењето, потревное да се согледа што е тоа тми и тмско равотење, да се укаже на разликите меѓу тимобите и тимското работење, да се укаже на разликата меѓу тимобите и групите, какви тимови постојата , кои се реперкусиите на организациските структури др.

• Тие ја зголемуваат иновативноста и продуктивноста на организацијата.

Page 11: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Ефекти од тимовите и тимското работење можата да се забележат следниве:• Создава Espirit de corpus. Членовите на тимовите очекуваат и бараат многу еден од

друг.Тие ја олеснуваат кооперацијата и го подобруваат моралот на вработените.Тимските норми ги потикнуваат членовите да создаваат и креираат клима на зголемено задоволство од работата.

• Овозможува менаџментот стратегиски да се размислува. Користењето на тимовите предсе на самоуправуваните тимови го ослободува менаџментот од надгледувањето на вработените (однос на поединец спрема поединец), од, т.е. гасење на "гасење на пожарите "им овозможува да се посвети на побитни долгорочни проблеми на организацијата.

• Брзи решенија. Пренесувањето на одлучувањето од горе надолу кон тимовите овозможува поголема флексибилност за побрзо одлучување.Често пати, челновите на тимот знаат повеќе за проблемите од самиот менаџер. И уште повеќе членовите на тимот се поблиску до проблемите и одлуките ги донесуваат веднаш штом се соочата со нив.

• Обезбедува различност на работната сила. Групите составени од поединците со различен степен на образование и искуство, често ги гледаат работите кои што хомогените групи неможат да ги видат. Затоа користењето на хомогените тимови резултираат со поголем број на иновациски идеи и подобри одлуки, отколку во случај кога поединецот сам ги донесува одлуките.

• Подобрување на работата

Page 12: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Тимска работа како стимулација• Тимската работа се појавува како основа на стимулацијата. Со тоа се избегнува одговорноста на поединецот, а во секој момент се создава „атмосфера

на професионализам“. Тимот работи секогаш како една целина. При тоа членовите на тој тим работат на своите работни задачи, но проблемите,

на кои наидуваат, ги решаваат заеднички. Структурата на тимот е секогаш според соодветна класификација, но по потреба, тимот повикува и стручњаци од други области. Секоја поставена задача мора да има дефиниција, термин заизвршување и крај со текстуално објаснување.

• Како силна стимулација е и методот за обука на кадри. Тоа не е класичен вид обука т.е предавање, туку тоа е обука на вработените во вид на разговори или тренинг. Обуката ја водат соодветно подготвени стручни лица од претпријатието, од разни области: финансии, производство и сл.Со цел на луѓето да им се дадат информации, низ дискусии, без наметнување на мислењата, за претпријатието, во каква состојба се наоѓа и сл.

Page 13: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

• Односи во група или тим• Потребата од раководење со луѓето потекнува од

потребата за комуникациски успех. Таа формула содржи во себе четири елементи значајни за

-непречено одвивање на протокот на информациите:

- Флексибилност на личноста

- Вештина на размислување која може да се научи

- Почитување на соговорникот и себеси

- Работа во тимови

Page 14: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

• Хиерархијата во организацијата (тимовите). Така во дефинирање на моќта можеме да се задржиме и со описот на карактеристики на лице кое има моќ и може да се забележи со:

- Влијание - Сила на промена - Подготвеност на водење - Подготвеност на контрола - Подготвеност за донесување на одлука - Можност за наградување и казнување - Времетраење - Домен и домет - Ширина на делување• - Ефикасност

Page 15: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Раководење со тим со користење моќ

• Секое управување или раководење е и одреден специфичен облик на комуникација + манипулација.

Категории на „психолошки игри на моќ“ се:

1. категорија на игри од типот се или ништо

2. категорија на игри од типот на застрашување

3. категорија на игри со лажење

4. категорија на игри ќорсокак

5. пасивни игри на моќта

6. невербални игри на моќта

Page 16: Prezentacija -Motivacija Na Poe Dine Cot

Тимската работа или групната работа најчесто зависи од поставувањето или селекцијата на поединците во истата. Карактеристични позици на поединците во тимот се следниве:

координатор (водач или раководител на помала група или некој подтим), директор(раководител на некој сектор) и работник (обичен поединец во тимот). мотивирањето на поединецот во тимот зависи од неколку

фактори : зависно од херархиската распределба , образовниот статус, нивото на развиеност на средината во која функционира тимот. Од сето ова можеме да донесеме заклучок дека поединецот зависи од тимот а и тимот зависи од поединецот, а главен фактор за добро функционирање на поединецот е соодветната мотивација на истиот.