pilot proekt 7-idejni soobr. resenija za krstosnici na kriti

43
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА Технички факултет - Отсек за сообраќај и транспорт ИДЕЈНИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА ОБЈЕКТИ (КРСТОСНИЦИ) НА КРИТИЧНИ ДЕЛОВИ НА СООБРАЌАЈНАТА МРЕЖА НА ГРАД БИТОЛА СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА - Пилот проект 7 - Јуни, 2011 год.

Upload: mile-gorgievski

Post on 28-Apr-2015

94 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

kruzni raskrsnici

TRANSCRIPT

Page 1: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА Технички факултет - Отсек за сообраќај и транспорт

ИДЕЈНИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА

ОБЈЕКТИ (КРСТОСНИЦИ) НА КРИТИЧНИ

ДЕЛОВИ НА СООБРАЌАЈНАТА МРЕЖА НА

ГРАД БИТОЛА

СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА

- Пилот проект 7 -

Јуни, 2011 год.

Page 2: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА Технички факултет - Отсек за сообраќај и транспорт

ИДЕЈНИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА

ОБЈЕКТИ (КРСТОСНИЦИ) НА КРИТИЧНИ

ДЕЛОВИ НА СООБРАЌАЈНАТА МРЕЖА НА

ГРАД БИТОЛА

СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА

- Пилот проект 7 -

НАРАЧАТЕЛ: ИЗВРШИТЕЛ:

Оштина Битола Технички факултет

Договор бр. 08 – 1124/1 од 03.06.2010 год Претставуван од деканот

Датум: 10.07.2011 Ред.проф.д-р Весна Ангелевска

Битола, јуни 2011 год.

Page 3: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

Учесници во проектот:

1. Ред. проф. д-р Кристи БОМБОЛ, Технички факултет – Битола, раководител

2. М-р Даниела КОЛТОВСКА НЕЧОСКА, асистент, Технички факултет – Битола

3. Горан МОЈСОСКИ, инж.геодет, соработник

Page 4: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД 1

1.1 Предмет и цел 1

2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПФАТ 2

3. АНАЛИЗА НА СООБРАЌАЈНИТЕ ТОКОВИ И КОНТРОЛАТА НА

КРСТОСНИЦИТЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ОПФАТ 3

3.1 Анализа на крстосницата:

ул. „Васко Карангелевски “ - ул. „Партизанска“ (К1) 3

3.2 Анализа на крстосниците:

ул. ,,Партизанска – ул. „14 –та“, (К2) и

крстосницата: ул. „Партизанска “ - ул. „Север Југ“ (К3) 6

3.3 Анализа на крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „Никола Тесла “ – ул. 4 ти Ноември (К4) 12

4. ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА 16

4.1 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Васко Карангелевски“ - ул. „Партизанска“ (К1) 16

4.2 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Партизанска – ул. „14-та“ (К2) 19

4.3 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „Север Југ“ (К3) 21

4.4 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Партизанска “ - ул. „Никола Тесла – ул. 4 ти Ноември“ (К4) 21

5. ЗАКЛУЧОК 23

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА 24

ПРИЛОЗИ 25

Прилог бр. 1: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Васко Карангелевски“ – ул. ,,Партизанска“ (К1) 26

Page 5: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

Прилог бр. 2: Излезни резултати од примената на софтверскиот пакет SIDRA во

анализа на перформансите на предлог- решението (К1) за плански

период од 10 години (2021) 28

Прилог бр. 3: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Партизанска – ул. „14-та“ (К2) 32

Прилог бр. 4: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Партизанска - ул. ,,Никола Тесла - ,,ул. 4 ти Ноември“ (К4) 33

Прилог бр. 5: Применета вертикална сигнализација 34

Page 6: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

1

1. ВОВЕД

На барање на Општина Битола и со Договор бр. 08 – 1124/1 од 03.06.2010 год.,

на Отсекот за сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет – Битола доверена му е

задачата – изработка на Сообраќајна студија за Град Битола. Во рамките на

сообраќајната студија, како составен дел на проектната задача, е изработката на

пилот-проекти за одделни задачи и цели.

Еден од пилот-проектите е проектот Идејни сообраќајни решенија за објекти

(крстосници) на критични делови на сообраќајната мрежа на град Битола.

Критериуми за критични крстосници се:

- Поставеност на крстосниците кон околните објекти и околината, улогата во

сообраќајната мрежа

- Сообраќајното оптоварување

- Неправилната геометрија

- Работа на крстосницата (капацитет, ниво на услуга, должина на редови, временски

загуби)

- Безбедност на сообраќајот (конфликтни токови, стапка на сообраќајни незгоди).

Врз основа на анализираните податоци12

и дефинираните критериуми, освен

критичните крстосници коишто беа третирани во Пилот проектот 1 и Пилот

проектот 3), во овој пилот проект (Пилот проект 7), третираме 4 (четири) крстосници

кои се наоѓаат на обрачот на централното градско подрачје, т.е. на ул. Партизанска.

1.1 Предмет и цел

Предмет на овој пилот-проект е анализа на сообраќајните токови на:

- крстосницата: ул. ,,Васко Карангелевски“ – ул. ,,Партизанска“ (К1)

- крстосницата: ул. ,, Партизанска – ул. „14-ти јули“ (во продолжение на ул. ,,Ѓорѓи

Наумов) (К2)

- крстосницата: ул. ,,Партизанска“ – ул. ,,Север - Југ“ (К3)

- крстосницата: ул. Партизанска – ул. Никола Тесла“ – ул ,,4 ти Ноември“ (К4).

1 Податоци за сообраќајни токови во град Битола, Сообраќајна студија. ТФБ, 2010

2 Податоци за случени сообраќајни незгоди во град Битола, Сообраќајна студија. ТФБ 2011

Page 7: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

2

Цел на проектот е проектирање на идејни сообраќајни решенија и обезбедување

на рационален, функционален и безбеден режим на движење на моторизираниот и

немоторизираниот сообраќај.

2. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕ НА ОПФАТ

Потегот на ул. Партизанска (од пресек со ул. ,,Васко Карангелевски“ до пресек

со ул. ,,Никола Тесла“- ул ,,4ти Ноември“) е со вкупна должина од 2 520 m.

Во анализата се опфатени следните крстосници (Фотографија бр. 2.1):

- Крстосницата: ул. ,,Васко Карангелевски“ – ул. ,,Партизанска“ (К1)

- Крстосницата: крстосница ул. ,,Партизанска – ул. во продолжение на ул. ,,Ѓорѓи

Наумов (К2)

- Крстосницата: ул. ,,Партизанска“ – ул. ,,Север - Југ“ (К3)

- Крстосницата: ул. Партизанска – ул. Никола Тесла“- ул ,,4 ти Ноември“ (К4).

Фотографија бр. 2.1: Подрачје на опфат

Page 8: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

3

3. АНАЛИЗА НА СООБРАЌАЈНИТЕ ТОКОВИ И КОНТРОЛАТА НА

КРСТОСНИЦИТЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ОПФАТ

3.1 Анализа на крстосницата:

ул. „Васко Карангелевски “ - ул. „Партизанска“ (К1)

Анализираната крстосница К1 е меѓу улиците „Васко Карангелевски“ и

„Партизанска“, во непосредна близна на супер маркетот ,, Веро“ (Слика бр. 3.1).

Слика бр.3.1: Микро локација на анализираната крстосница (К1)

Оваа крстосница е четирикрака, семафоризирана крстосница во ниво (Слика бр.

3.2). Главната сообраќајна насока (ГСН) се протега во правец исток – запад; на неа се

приклучува споредната сообраќајна насока (ССН) од правец север – југ.

Page 9: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

4

Слика бр.3.2: Краци на анализираната крстосница К1

Меродавните сообраќајни токови за крстосницата во врвен час од 13 до 14ч.

година, прикажани се на Слика бр. 3.3.

Page 10: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

5

Слика бр. 3.3: Сообраќајна слика за К1 – тековна состојба

Светлосните сигнали работат во четири фази; циклусот трае 87 секунди.

Зеленото и црвеното време се различни во секоја фаза. Жолтиот интервал изнесува 3

секунди, а црвено-жолтиот изнесува 2 секунди.

Анализата на постојната состојба на работа на К1 е изработена во софтверскиот

пакет SIDRA. Во продолжение следува приказот на распределбата на фазите и резиме

од вкупните перформански на К1.

Распределба на фазите на светлосната сигнализација (тековна состојба)

G = 13 seconds

G + I = 18 seconds

G = 23 seconds

G + I = 28 seconds

G = 13 seconds

G + I = 18 seconds

G = 18 seconds

G + I = 23 seconds

Page 11: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

6

(G + I)/C = 20.7 % (G + I)/C = 32.2 % (G + I)/C = 20.7 % (G + I)/C = 26.4 %

G – зелено светло

I – жолто + црвено жолто светло

C – циклус

Seconds - секунди

Normal Vehicle

Permitted/Opposed

Stopped Vehicle

Slip-Lane

Opposed Slip-Lane

Continuous

Pedestrian

Turn On Red

Dummy

Резултатите од анализата на крстосницата во врвниот час - вкупната

оптовареност, нивото на услуга и просечните доцнења (временски загуби), прикажани

се Табелата 3.1.

Табела 3.1: Показатели на работата на К1

Крстосница

К1

Показатели на работа

ул.,,Партизанска“ –

ул.,,Васко Карангелевски“

Вкупна

оптовареност

(воз/час)

Ниво на

услуга

Временски загуби

(s)

1 478

D

50

Коментари:

Крстосницата е оптоварена со 1 478 возила/час во врвен час

Нивото на услуга е D

Просечните доцнења се 50 секунди

Семафоризацијата и геометријата на крстосницата не се усогласени со

сообраќајните токови.

3.2. Анализа на крстосниците: ул. ,,Партизанска – ул. „14 –та“, (К2) и

крстосницата: ул. ,,Партизанска“ – ул. ,,Север - Југ“ (К3)

Анализираната крстосница е меѓу улиците „Партизанска“ – ул.,, 14 –та, излез на

„ул.Мирка Гинова“ (К2) (Слика бр. 3.4).

Page 12: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

7

Слика бр.3.4: Микро локација на анализираната крстосница (К2)

Оваа крстосница е избрана за анализа, заради својата функција која би ја имала

во иднина - прием на сообраќајните токови заради растоварување на сообраќајот на

потегот на ул. „Мирка Гинова“ до пресек со ул. Партизанска (многу тесна широчина

на профилот и постоен 2-насочен сообраќај).

Трета крстосница во анализата е крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и

„Север Југ“ (К3) (Слика бр. 3.5).

Page 13: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

8

Слика бр.3.5: Микро локација на анализираната крстосница К3

Анализираната крстосница К3 е трикрака, несемафоризирана крстосница во

ниво (Слика бр. 3.6). Главната сообраќајна насока се протега во правец исток – запад, и

на неа се приклучува споредната сообраќајна во правец север – југ.

Page 14: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

9

Слика бр.3.6: Краци на анализираната крстосница К3

Меродавните сообраќајни токови на крстосницата во врвниот час од 14 до 15 ч.,

прикажани се на Слика бр 3.7.

3

1

2

Page 15: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

10

Слика бр. 3.7.Сообраќајна слика за К3 – тековна состојба

Односот на токовите - главен (приод 1-3):спореден ток (приод 2) е 5:1.

Во продолжение ќе бидат прикажани резултатите од анализата на крстосницата

во врвниот час: вкупната оптовареност, нивото на услуга и временските загуби. (Т.3.2).

92

482 459

56

459 446

14

432

42

50

417

42

Page 16: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

11

Табела 3.2: Показатели на работата на К3

Крстосница

Показатели на работа

ул.,,Партизанска“ –

ул.,,Север Југ“

Вкупна

оптовареност

(воз/час)

Ниво на

услуга

Временски загуби

(s)

997

B

16.19

Коментари:

Вкупната оптовареност на крстосницата е 997 возила/час. Најинтензивни се

токовите на ул. Партизанска (приод 1-3).

Нивото на услуга е B (високо)

Просечните временски загуби (доцнења) се 16.19 секунди.

Од аспект на перформанси, крстосницата задоволува. Меѓутоа, од интерес е

безбедносниот критериум. Анализата на податоци за стапката на сообраќајни незгоди

укажува дека на оваа делница треба да се преземат одредени превентивни мерки.

(Табела бр.3.3).

Табела бр.3.3: Број на сообраќајни незгоди според последици за 2007, 2008 и 2009

година на делници со приказ на ПБСН

Реден број Делница

Број на сообраќајни незгоди

ПБСН со

загинати

со

ТТП

со

ЛТП

со

МШ

1

ул.„Партизанска“

(делница ул. АСНОМ-ул.Ѓ.

Наумов)

0 6 11 14 107

2

Партизанска

(делница ул.Студентска -

ул.К.Охридски)

1 3 9 15 157

Легенда:

ТТП - тешки телесни повреди

Page 17: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

12

ЛТП - лесни телесни повреди

МШ - материјална штета

ПБСН - пондериран број на сообраќајни незгоди.

Во Табела бр.3.4 даден е приказ на делниците според опаѓачкиот износ на

ПБСН за Општина Битола во последните три години.

Од оваа табела видливо е дека најзагрозени делници, меѓу останатите, се ул.

„Партизанска“, на потегот од крстосницата со ул. Студентска до крстосницата со ул.

Климент Охридски. Со оглед на тоа дека ПБСН за оваа делница е поголем од 140, таа е

класифициранa како опаснo местo од I (прв) ранг.

Исто така, на подрачјето на Општина Битола регистрирани се четири делници,

кои спаѓаат во опасни места од II (втор) ранг. Од нив, една повторно се наоѓа на

анализираниот потег. Тоа е делницата од крстосницата со ул. АСНОМ до крстосницата

со ул. Ѓ.Наумов на делницата ул. Партизанска.

Табела бр.3.4: Приказ на опасните делници според вредноста на ПБСН

Овие податоци за безбедноста во сообраќајот нè наведоа на размислување дека

треба да се премине кон своевидно смирување на брзините на овој потег со физички

мерки за смирување.

3.3 Анализа на крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „Никола Тесла “- ул 4 ти Ноември (К4)

Анализираната крстосница е меѓу улиците „Партизанска“, „Никола Тесла “ и 4-

ти Ноември (К4) (Слика бр. 3.8).

Реден број Делница ПБСН

1

Ул. Партизанска

(делница ул.Студентска-ул.К.Охридски)

157

2

Ул.„Партизанска“

(делница ул.АСНОМ-ул.Ѓ.Наумов)

107

Page 18: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

13

Слика бр.3.8: Микро локација на анализираната крстосница К4

Анализираната крстосница е четирикрака, несигнализира во ниво (Слика бр. 3.9).

Главната сообраќајна насока е насоката 4-1, а споредната сообраќајна насока (исток –

запад) е 1-3 (според постојната сигнализација).

Page 19: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

14

Слика бр.3.9: Краци на анализираната крстосница (К4)

Меродавните сообраќајни токови за крстосницата во врвен час (14-15ч.)

прикажани се на Слика бр. 3.10.

2

1 3

4

Page 20: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

15

Слика бр. 3.10: Сообраќајна слика за К4 – тековна состојба

Во продолжение ќе бидат прикажани резултатите од анализата на крстосницата

во врвниот час: вкупната оптовареност на крстосницата, нивото на услуга и просечните

доцнења (временски загуби). (Т. 3.5).

Табела 3.5: Показатели на работата на К4

Крстосница

Показатели на работа

ул.,,Партизанска“ –

ул.,,Никола Тесла“ – ул. 4

ти Ноември“

Вкупна

оптовареност

(воз/час)

Ниво на

услуга

Временски загуби

(s)

1 478

C

24.5

Page 21: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

16

Коментари:

Вкупната оптовареност на крстосницата е 1 478 возила/час. Оптовареноста е

рамномерна. Најинтезивни се токовите по ул. Партизанска, правите и левите

движења (приод 3)

Нивото на услуга е задоволително – НУ=С

Просечните временски загуби се 24.5 секунди.

Од аспект на перформанси, крстосницата задоволува. Но имајќи ја предвид

нејзината функција во иднина (преземање на токовите на товарни возила од патниот

правец Грција – Прилеп и обратно, токовите на товарни возила над 7.5 тони од патниот

правец Охрид – Грција и обратно), за истата се предлага ново сообраќајно решение.

Друга причина, е неправилната геометрија, поместеноста на краците коишто ги

отежнуваат вртењата, особено на тешките товарни возила и автобусите.

4 ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА

4.1 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Васко Карангелевски“ - ул. „Партизанска“ (К1)

Од постојна состојба на 4-крака сигнализирана крстосница, оваа крстосница е

геометриски преуредена во класична кружна крстосница. Предлог-сообраќајното

решение за крстосницата е дадено на Слика бр. 4.1 и во Прилог 1.

Page 22: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

17

Слика бр. 4.1: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата: ул. „Васко

Карангелевски“ – ул. „Партизанска“ (К1)

Коментари:

Предвидената крстосница е четирикрака класична кружна крстосница

Надворешниот радиус е 20 м, ширината на лентите – 4 м, а кружната возна лента

има ширина од 5,5 м

Предвиден е дел од средишниот остров (проширен дел од кружната коловозна

лента – возен дел од средишниот остров) кој би го користеле товарните возила за

движење, со ширина од 1,5 м

Page 23: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

18

Дијаметарот на средишниот остров би изнесувал 29 м, со можност за засадување

на зеленило или поставување на „грбот“ на град Битола.

Сообраќајната брзина на приодите е ограничена на 30 км/час.

Во продолжение ќе бидат прикажани резултатите од анализата на крстосницата

во врвниот час (2011 г.), и за плански период од 10 години (2021 г.): вкупната

оптовареност, нивото на услуга и временските загуби (Т. 4.1).

Табела 4.1: Показатели на работата на К1 - кружна крстосница

Крстосница

Показатели на работа

2011 г.

Показатели на работа

2021 г.

ул.,,Партизанска“

ул.,,Васко

Карангелевски

Вкупна

оптовареност

(воз/час)

Ниво

на

услуга

Временски

загуби

(s)

Вкупна

оптовареност

(воз/час)

Ниво на

услуга

Временски

загуби

(s)

1 478 А 7.8 3 381 Најдобро

А

Најслабо

С

Мин 9.8

Макс 30,4

Коментари за плански период од 10 години (за 2021 година):

- Нивото на услуга на крстосницата изнесува НУ = А.

- Најслабо ниво на услуга пресметано е за Приодот 4 („Нова Битола“), и изнесува НУ

= C.

- Капацитетот на раскрсницата изнесува 3 381 возила/час,

- просечната временска загуба е 9,8 секунди,

- најголемата временска загуба изнесува 30,4 секунди - на Приодот 4.

- Најголемата должина на редот е за Приод 1 и изнесува 63 м.

- Раскрсницата во врвниот час ја поминале вкупно 1 954 возила.

Од излезните податоци на софтверската програма СИДРА, може да се каже дека

оптимално решение е еднолентна четирикрака кружна крстосница:

- во класичната кружна раскрсница не се добиени големи промени (од 2011 до 2021

година). Нивото на услуга на крстосницата останува исто (НУ=А).

- најголемата должина на редот во класичната кружна раскрсница по 10 години (63 м)

е помала во однос на семафоризираната раскрсница на почетокот од планираниот

период

Page 24: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

19

- временските загуби на крајот од планираниот период во кружната раскрсница

остануваат приближно исти во однос на почетокот на планираниот период, додека

во семафоризираната раскрсница се зголемуваат сè повеќе и повеќе,

- кај кружната раскрсница капацитетот е 3 381 возила/час, во споредба со постојната

семафоризирана крстосница (2 722 возила/час).

Кружната раскрсница е подобра, првенствено од гледна точка на временските

загуби што директно се одразува на нивото на услуга (А, В) во споредба со

ефикасноста на класичната семафоризирана раскрсница (НУ=D).

Oд гледна точка на сообраќајно – безбедносниот критериум, кај кружната

раскрсница намален е бројот на конфликтни точки; исто така, кружната раскрсница го

„смирува“ сообраќајот.

4.2 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „14-та“ (К2)

Заради можноста од воведување пар улици со еднонасочен режим на сообраќај

и заради растоварување на дел од ул. „Мирка Гинова“ до пресек со ул. „Партизанска“,

се предлага:

Влез од ул. „Партизанска“ во ул. „14 – та“ (продолжение на Ѓорѓи Наумов) и излез

на ул. „Мирка Гинова“ – еднонасочен сообраќај

Излез од ул. „Мирка Гинова“ на ул. „Партизанска“ – еднонасочен сообраќај

Се растоварува сообраќајот од ул. „Мирка Гинова“ до пресек со ул. „Партизанска“

заради постојниот тесен напречен профил на ул. „Мирка Гинова“

Ул. Мирка Гинова и ул. „14-та“ се пар за еднонасочен систем.

Приказот на предлог-сообраќајното решение е даден на Сл. 4.2 и Прилог 3.

Page 25: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

20

Слика бр. 4.2: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата: ул. „Партизанска“-ул.

„14-та“ (К2)

Page 26: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

21

4.3 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „Север Југ “ (К3)

Оваа крстосница од постојна состојба на „Т“ несигнализирана крстосница,

геометриски се преуредува во мини кружна крстосница. Преуредувањето се врши од

следните причини:

Состојбата со стапката на сообраќајни незгоди на овој потег од ул. „Партизанска“

Постојниот број на конфликтни движења

Високите брзини на правите движење на ул. „Партизанска“

Сообраќајното проектирање на мини кружната крстосница го вклучува првенствено

безбедносниот критериум (смирување на сообраќајот на ул. „Партизанска“ и

намалување на бројот на конфликтни точки).

4.4 Предлог-сообраќајно решение за крстосницата:

ул. „Партизанска“ - ул. „Никола Тесла “ – ул. 4 ти Ноември (К4)

Оваа крстосница од постојна состојба на 4-крака несигнализирана крстосница е

геометриски преуредена во кружна крстосница. Предлог-сообраќајното решение за

крстосницата е дадено на Слика бр. 4.3 и во Прилог 4.

Page 27: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

22

Слика бр. 4.3: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата

ул. ,,Партизанска “ – ул. ,,Никола Тесла“ – ул ,,4 ти Ноември“ (К4)

Коментари:

Предвидената крстосница е класична кружна крстосница

Надворешен радиус - 18 м

Внатрешен радиус - 12 м.

Дијаметар на кружниот остров – 24 м

Ширина на кружната возна лента - 6 м.

Ширина на приод – 4.5 м

Предвиден е дел од средишниот остров (проширен дел од кружната коловозна

лента – возен дел од средишниот остров) кој би го користеле товарните возила за

движење, со ширина од 1,5 м

Сообраќајната брзина на приодите е ограничена на 30 км/час.

Page 28: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

23

5. ЗАКЛУЧОК

Идејните сообраќајни решенија се резултат на:

а) деталното согледување на улогата, функцијата и значењето на сообраќајниците: „ул

Партизанска“, ул Васко Карангелевски, ул. „14-та“, ул. „Север Југ“, ул. „Никола

Тесла“ и ул. ,, 4 ти Ноември“.

б) деталната анализа и обработка на влезно-излезните сообраќајни токови на потегот

во подрачјето на опфат

в) деталната анализа на состојбата со безбедност на сообраќајот во подрачјето на

опфат.

Цел што се постига со воведување на измените во постојните сообраќајни

решенија е:

1. постигнување повисок степен на безбедност и смирување на сообраќајот

2. максимално дотерување и поправање на неправилната геометрија на крстосниците

(особено К4)

3. обезбедување континуалност на токот, глатки и рамномерни брзини на целиот

потег на ул. „Партизанска“, намалување на бројот на конфликтни точки и

смирување на сообраќајот.

Сообраќајното проектирање и преуредување на двете (2) крстосници во кружни

беше резултат на големината на влезно-излезните токови, на функцијата на

сообраќајниците и задоволување на безбедносниот критериум.

Сообраќајното проектирање на мини кружната крстосница го вклучува

безбедносниот критериум (превентивна мерка за намалување на брзините на движење -

смирување на сообраќајот на ул. „Партизанска“ (намалување на брзините на движење)

и намалување на бројот на конфликтни точки.

Не се придвидени радикални зафати на мрежата, освен двете преуредувања на

крстосници (во кружни) (1. Ул. „Партизанска“ - ул. „Васко Карангелевски“, и 2. Ул.

„Партизанска“ - ул. „Никола Тесла“ – ул. „4-ти ноември“), промени на постојниот

напречен профил на сообраќајниците (воведување велосипедски патеки), и

поставување на соодветна и обновена хоризонтална и вертикална сигнализација.

Page 29: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

24

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

[1] Генерален урбанистички план на град Битола – II книга. Завод за урбанизам и

проектирање, ДОО- Битола, Битола 1999

[2] Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот, Службен

весник на РМ 49/2010 од 13.04.2010

[3] Правилник за стандарди и нормативи за урбанстичко планирање, Службен весник

на РМ, 2006

[4] Правилник за техничките елементи за изградба и реконструкција на јавните

патишта и објектите на патот, Службен весник на РМ,бр.110 од 03.09.2009

[5] Ажурирана геодетска подлога, ДООЕЛ КАТ ПЛУС, Битола, 2011

Page 30: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

25

ПРИЛОЗИ

Page 31: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

26

Прилог бр 1: Предлог- сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Васко Карангелевски“ – ул. ,,Партизанска“ (К1)

Page 32: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

27

Вертикална сообраќајна сигнализацја на пресек на кружната раскрсница К1

Page 33: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

28

Прилог бр. 2: Излезни резултати од примената на софтверскиот пакет SIDRA

во анализа на перформансите на предлог-решението (К1) за плански

период од 10 години (2021)

Кружен ток 2021 г

ПРЕДВИДЕНА КРСТОСНИЦА

Геометриски преуредена крстосница

Параметри на раскрсницата (intersection parameters):

Intersection Level of Service = A

Worst movement Level of Service = C

Average intersection delay (s) = 9.8

Largest average movement delay (s) = 30.4

Largest back of queue, 95% (m) = 63

Performance Index = 35.53

Degree of saturation (highest) = 0.797

Practical Spare Capacity (lowest) = 13 %

Total vehicle capacity, all lanes (veh/h) = 3381

Total vehicle flow (veh/h) = 1954

Total person flow (pers/h) = 2931

Total vehicle delay (veh-h/h) = 5.31

Total person delay (pers-h/h) = 7.97

Total effective vehicle stops (veh/h) = 2394

Total effective person stops (pers/h) = 3591

Page 34: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

29

Total vehicle travel (veh-km/h) = 566.4

Total cost ($/h) = 485.68

Total fuel (L/h) = 118.4

Total CO2 (kg/h) = 298.80

Сообраќајни токови (traffic flow data):

Mov Left Through Right Flow Peak

No. --------- --------- --------- Scale Flow

LV HV LV HV LV HV Factor

------------------------------------------------------------------------

VEHICLES Demand flows in veh/hour as used by the program

SouthWest: Dimce Lahcanski

3 7 9 139 6 20 2 1.23 1.00

------------------------------------------------------------------------

SouthEast: Bolnica

2 28 2 116 14 293 87 1.23 1.00

------------------------------------------------------------------------

NorthEast: Pedagoshki fakultet

1 354 159 273 123 81 19 1.23 1.00

------------------------------------------------------------------------

NorthWest: Nova Bitola

4 89 0 106 17 6 4 1.23 1.00

--------------------------------------------------------------------

Based on unit time = 60 minutes.

Flow Scale and Peak Hour Factor effects included in flow values

Page 35: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

30

Графички приказ на излезните резултати

СППБРАЌАЈНИ ТПКПВИ (возила/час) СТЕПЕН НА ЗАСИТУВАОЕ

НИВП НА УСЛУГА ВРЕМЕНСКИ ЗАГУБИ (с)

ДПЛЖИНА НА РЕДПТ (м) БРЗИНА НА ПАТУВАОЕ (км/час)

Page 36: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

31

Page 37: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

32

Прилог бр. 3: Предлог-сообраќајно решение за крстосницата: ул. ,,Партизанска – ул.

„14-та“ (К2)

Page 38: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

33

Прилог бр 4: Предлог сообраќајно решение за крстосницата:

ул. ,,Партизанска “ – ул. ,,Никола Тесла“- ул. 4 ти Ноември (К4)

Page 39: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

34

Прилог бр. 4: Применета вертикална сигнализација

Код Облик на знакот Значење

201

Крстосување со пат со

првенство на минување

202

Задолжително запирање

205

Забрана за сообраќај во

една насока

245

Задолжителна насока

245.1

Задолжителна насока

245.2

Задолжителна насока

246.1

Дозволени насоки

Page 40: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

35

246.2

Дозволени насоки

246.3

Дозволени насоки

247

Кружен тек на сообраќајот

248.1

Задолжително

обиколување од левата

страна

248.2

Задолжително

обиколување од десната

страна

321

Дозволено обиколување

9.07

Табла или елемент за

означување на

сообраќајниот остров

Page 41: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

36

253

Патека за велосипедисти и

пешаци

302.1

Обележан пешачки

премин

302.2

Обележан премин за

велосипедска патека

305

Пат со еднонасочен

сообраќај

306

Пат со првенство на

минување

325.3

Временско ограничување

на паркирањето

Page 42: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

37

323

Болница

328

Бензинска станица

330

Стојалиште за автобус

346

Такси стојалиште

402

Крстосница со кружен

облик

Page 43: Pilot Proekt 7-Idejni Soobr. Resenija Za Krstosnici Na Kriti

38

504.1

Дополнителна табла –

положба на патото со

право на првенство

504.2

Дополнителна табла –

положба на патот со право

на првенство

131

Вкрстосување со кружен

тек на сообраќајот