opstinski informator 28

20
општински ИНФОРМАТОР БРОЈ 28 / ОКТОМВРИ 2012 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК ОПШТИНА ПРОБИШТИП Владо Јовановски почесен граѓанин на општина Пробиштип www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip ОД АКТИВНОСТИТЕ ПО МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ СВЕЧЕНО ПУШТЕН НОВ ВОДОВОД ВО с. ДРЕВЕНО СВЕЧЕНО ПУШТЕНИ НОВОИЗГРАДЕНИТЕ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ПРОБИШТИП

Upload: opstina-probistip

Post on 10-Mar-2016

226 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Opstina Probistip Opstinski informator 28

TRANSCRIPT

Page 1: Opstinski informator 28

општинскиИНФОРМАТОР

БРОЈ 28 / ОКТОМВРИ 2012 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Владо Јовановскипочесен граѓанинна општина Пробиштип

www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

ОД АКТИВНОСТИТЕ ПОМЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

СВЕЧЕНО ПУШТЕННОВ ВОДОВОД ВО с.ДРЕВЕНО

СВЕЧЕНО ПУШТЕНИНОВОИЗГРАДЕНИТЕ УЛИЦИВО НАСЕЛБАТА ПРОБИШТИП

Page 2: Opstinski informator 28

СОДРЖИНА4-5 странаГрадби во Пробиштип

10-11 странаОдбележување на 28 Август

14 странаБела ноќ во Пробиштип

16 странаОдбележување на 5 Октомври„Ден на учителот„

18 странаМировен корпус

20 странаВладо ЈовановскиПочесен граѓанин на Пробиштип ВОВЕД

На прагот сме на есента, временски период кога малку ќе здивнеме од пеколно топлото лето. Настапува попријатно време, а погледите ни се вперени кон облаците во исчекување на дождовите кои би требало да го ублажат и да го надминат проблемот со водоснабдување, да ја наполнат земјата со влага за да може полесно да се обработува и да се сади, но и да има уште убави и сончеви денови за да може летината да се собере и на мира да го чекаме доаѓањето на долгата ладна зима за која пак се надеваме дека нема да биде како минатата година. И во овој информатор, 28 по ред, Ви нудиме богати содржини. Во моментот во Пробиштип има десетина градби и тоа претежно на капитални објекти. Верувам дека со нивната изградба значително ќе се подобри живеењето, но и изгледот на Пробиштип. Асфалтиравме и повеќе улици, а имаме активности и во месните заедници. Во село Древено го пуштивме во употреба новоизградениот водовод, а ќе се менува и кровот на киносалата, со што ќе се заокружи надворешната реконструкција на овој прекрасен објект. Ве информираме за низата

Почитувани сограѓани,

Издавач:Општина Пробиштип

За издавачот:Тони Тоневски

Главен уредник:Радослав Илиевски

Уредува:Трајче Строимановски

Лектор:Бранка Арсовска

Печати:ЕВРОПА 92 Кочани

Графички дизајн:Мише Милановски

Тони ТоневскиГрадоначалник на општина Пробиштип

на културни манифестации коишто се одржаа во овој период и кои привлекоа голем број на посетители од Пробиштип, но и од регионот. Полека но сигурно во текот на летниот период стануваме атрактивни и општо препознатливи на низа на оригинални културни настани. Ќе имате можност да прочитате и за одбележувањето на 5 Октомври, меѓународниот ден на учителот. Во овој период одбележавме повеќе значајни празници, а крајот на летото го красеа спортските турнири кои ги имаше речиси на сите спортски терени и кои беа масовно посетени. За жал заради пеколните температури имаше повеќе пожари на територијата на нашата општина, кои за среќа беа мошне бргу локализирани и изгаснет, а наша обврска е не само за убавите нешта, туку и за лошите работи да Ве информираме. Од оваа година воведовме и награда „Почесен граѓанин на Пробиштип“, прв добитник на оваа награда е нашиот драг сограѓанин, актерот Владо Јовановски. Но да не Ви откриеме се. Само сакам да Ви посакам пријатни мигови додека го читате новиот број на Општинскиот информатор.

Со почит.

ОПШТИНСКИИНФОРМАТОР28

Page 3: Opstinski informator 28

3

инф

орм

атор

28

Откако минатата година се асфалтираа низа на улици во приградската населба Камењар, годинава асфалтирањето продолжи на улици во приградската населба Пробиштип, каде што се асфалтираа повеќе улици во вкупна должина од 1610 метри. Поединечно по улици состојбата е ваква:- Асфалтирани се улици во Барбаревско маало во вкупна должина од 480 метри, улицата „Григор Прличев“ е асфалтирана во должина од 180 метри, улицата „Рајко Жинзифов“ во должина од 270 метри, потоа улицата „Скопска“во должина од 480 метри и улицата „Стив Наумов“ во должина од 200 метри. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс инженеринг“ ДОО Штип, со кого е направен договор за изградба на улици во вкупна вредност од 24. 956.440 денари, а со истиот е предвидено изградба на уште улици во приградска населба Пробиштип, во с. Пишица и во Злетово. Инаку овде може да се напомене дека месното население кое живее на новоизградените улици на ова место се повеќе од 20 години, а толку години истите имаат платено комуналии и за жал досега не ги користеа бенефициите од асфалтот. Сега асфалтираните улици многу ќе им го олеснат живеењето на населението кое гравитира во тој дел од градот. Р.И.

ВО ПРИГРАДСКАТА НАСЕЛБА ПРОБИШТИП

СЕ АСФАЛТИРАА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ

Page 4: Opstinski informator 28

4

инф

орм

атор

28

ВО ПРОБИШТИП ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ

1

Последните две години Пробиштип е како градилиште. Се гради насекаде низ градот. Во моментот има десетина градби и тоа на капитални објекти. Се гради градски

пазар, пречистителна станица, мини трговски центар, хотел, конфекциски погон, деловни и станбени згради, игралишта, се реновира и се поставува фасада на зграда

во центарот на градот. Во Пробиштип после периодот на стагнација во последните две години се гради како во најдобрите времиња. Секако тоа значи дека полека но

сигурно Пробиштип оди кон подобро и веќе почнува да претставува едно сигурно и убаво место за живеење.

Р.И.

НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

5МИНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАРВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

2ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦАЗА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

6СТАРАТА И РУИНИРАНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ДОБИВА НОВ ЛИК СО НОВАТА ФАСАДА

Page 5: Opstinski informator 28

5

инф

орм

атор

28

3ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ 4ИЗГРАДБА НА НОВ СМЕСТУВАЧКИ

КАПАЦИТЕТ, КОЈ ЌЕ БИДЕ ВО СКЛОП НА ХОТЕЛОТ „ЦРЕШОВО ТОПЧЕ“

9НОВО ДЕТСКО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

7МЕСТО КАДЕ ЌЕ ИЗНИКНЕ НОВДЕЛОВНО - СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА УЛ. „ЈАКИМ СТОЈКОВСКИ“ 8НОВ ДЕЛОВНО - СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА

УЛ. „ВЕЉКО ВЛАХОВИЌ“

10 СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ МЕРМЕРНИ ПЛОЧКИ ОКОЛУ ЗГРАДАТА НА КИНО „РУДАР“

Page 6: Opstinski informator 28

6

инф

орм

атор

28

Во рамки на заложбите за рамномерен развој во општина Пробиштип, на средбите коишто ги прави со претседателите и со месното население од Месните

заедници во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски по извршените сондажи за приоритетни потреби кои не бараат зафаќање на поголеми средства, а значително ќе ги подобрат условите во месните заедници, даде налог за мали реконструкции во Месните заедници. Од страна на службите од општина Пробиштип, на лице место беа согледани објектите коишто треба да бидат реконструрани и по распишаниот тендер за избор на изведувач на работите почнаа со работа. Најпрво беше опфатена Месната заедница во с. Стрмош, каде е доизградена канализација во селото и извршена е санација на зградата на Месната заедница. Исчистен е одводниот канал на локалниот пат Пробиштип - с. Стрмош. Во Месната заедница на с. Петршино, поплочена

е селската чешма со камени плочи. Во с. Турско рудари извршрни се повеќе зафати и тоа санација на критична точка на локалниот пат с. Турско Рудари - с. Рајчани. Поплочен е приодот и просторот пред селската чешма, саниран е дел од зградата на Месната заедница и прочистени се пропустите на патот с. Турско Рудари - с. Рајчани. Во приградската населба Пробиштип освен што се асфалтираа повеќе улици, се поставија детски реквизити на просторот пред училиштето. Исто така исчистена е делница од регионалниот пат Пробиштип - Свети Николе на потегот помеѓу селата Неокази и Петршино. Во с. Древено изграден и пуштен е нов водовод во селото. Вакви или слични мали реконструкции ќе следат и во многу други Месни заедници, а се со една цел подобрување на условите на живеење кај месното население.

Р.И.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА „ЦРНИ ТОЧКИ“ ВО МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ОПШТИНАТА

Page 7: Opstinski informator 28

7

По реконструкцијата на фасадата на киносалата, општина Пробиштип продолжува со активностите за реконструкција и на кровот

на оваа зграда. Општина Пробиштип изработи комплетна проектна и техничка документација, а реализацијата на проектот ќе биде заеднички финансирана од страна на општината и Министерството за култура. Вкупната проценета вредност на проектот изнесува околу 2.750.000 денари со ДДВ од кои Министерството за култура обезбеди 1.500.000 денари, а останатите средства ќе бидат обезбедени од страна на општината. Деновиве ќе биде објавен тендерот за избор на најповолен Изведувач и веднаш по изборот на Изведувачот ќе започнат активностите на терен. Согласно планот на општината, проектот треба да се реализира најдоцна за три месеци со што целосно ќе се заврши надворешната реконструкција на една од најрепрезентативните објекти во центарот на градот.

Во присуство на градоначалникот Тони Тоневски, претседателот на Советот Ранко Давитков, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик

министерот за одбрана Емил Димитриев, Државниот Секретар во СЕП Јован Андоновски, Пратеникот во Собранието на РМ Владимир Ѓорчев, директорката на Инспекторатот за образование како и други претставници на Владата на РМ и раководители во општина Пробиштип, во неделата на 9 септември, свечено беше пуштен во употреба новоизградениот водовод до с.Древено. Досега жителите на ова село се соочува со нередовно снабдување со вода, како и со добивање на нечиста вода за пиење. Имено, постоеше систем за водоснабдување кој се состоеше од доводен цевковод, резервоар од 50 м3 и разводна мрежа низ селото, но овој водоснабдителен систем не ги задоволуваше потребите за водоснабдување. Поради тоа, Општина Пробиштип ја изработи потребната техничка документација со која се предвиди дополнување на резервоарот за вода со вода од резервоарот во с.Злетово која со цевковод со црево ф75 мм во должина од 2573,11 метри се доведува до постојниот резервоар во с.Древено. Согласно спроведената тендерска постапка и склучениот Договор за градење со Изведувачот, вкупната вредност на проектот изнесува 3.291.793 денари. Дел од средствата, односно 1.556.000 денари се обезбедни од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање како донација на општина Проибштип, а останатите

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА НОВОИЗГРАДЕНИОТ ВОДОВОД ДО с. ДРЕВЕНО

средства се обезбедени од општинскиот буџет. Како што истакна Градоначалникот во своето обраќање, изградбата на овој нов цевковод започна на 14-ти август и истиот беше завршен во рекордно време, иако предвидениот рок за изградба беше 6 месеци. Министерот за транспорт и врски го истакна своето задовослтво од брзината на реализација на овој проект напоменувајќи дека инвестирањето во патната и водоводната инфраструктура е основа за понатамошен развој и просперитет на сите населени места. Со изградбата на овој водовод целосно се реши проблемот со водоснабдување на с.Древено.

В.А.

РЕКОНСТРУКЦИЈАНА КРОВОТНА КИНОСАЛАТА

Page 8: Opstinski informator 28

8

myM

agaz

ine

Источниот плански регион во соработка со Општина Пробиштип преку ИПА 3, проектот за прекугранична соработка, го доби и го реализираше проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“. Во рамки на овој проект беа опфатени општините Штип, Пробиштип, Кочани и Виница од македонска страна и од страна на Република Бугарија беше опфатена општината Гоце Делчев. Вкупна вредност на проектот е 278 000 евра, од кои по 50% им припаднаа на општините од македонска и од бугарска страна. Во Пробиштип со овој проект беше опфатено ООУ „Браќа Миладиновци“ каде има паралелка со деца со посебни потреби. За време на летниот распуст во ова училиште беа изградени пристапна патека, лифт и санитарен јазол, адаптиран за деца со посебни потреби. Во понеделник на 1 октомври во училиштето беше извршен технички прием на новоизградените објекти, на кој освен инвеститорот беа присутни изведувачот „Аква Монтинг“ и надзорот за изведување на работите. На техничкиот прием беше присутен и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој не го криеше задоволството од новоизградените објекти во училиштето, коишто целосно ќе бидат ставени за децата со посебни потреби. „Ова е првата соодветно изградена пристапна рампа во Пробиштип, а во периодот што следи се надеваме дека и во останатите установи кои што се под локалната самоуправа ќе изградиме вакви соодветни пристапи“ истакна градоначалникот Тоневски. Р.И.

- уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице, односно копија од патна исправа за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице извод од Централниот регистар на Република Македонија, односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште,- доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.), а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред 14 февруари 2011 година и- геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект.Доколку помошниот објект, оранжерија или објектот за примарна обработка на земјоделски производи бесправно се изградени на земјоделско земјиште кое не е сопственост на барателот, односно земјиштето е сопственост на

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ извршен технички прием на изградените објекти во рамки на проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“

Согласно измените на Законот за земјоделското земјиште се овозможува легализација на бесправно изградени објекти и тоа: оранжерии, помошни објекти и објекти за примарна обработка на земјоделски производи кои се изградени до 14 февруари 2011 година. Постапката за легализација се спроведува преку Единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се изградени објектите. Заинтересираните лица барањата за легализација може да ги поднесат во рок од 12 месеци сметано од денот на влегувањето во сила на овој закон. Како подносители на барање може да бидат:- физички лица - државјани на Република Македонија,- правни лица регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија и институции кои се иматели на бесправните објекти- странски правни и физички лица можат да бидат баратели, доколку ги исполнуваат условите за стекнување на право на сопственост утврдени со Законот за сопственост и други стварни права.Кон барањето се доставува следната документација:

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ

Page 9: Opstinski informator 28

9

myM

agaz

ine

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГОРЊИ МИЛАНОВАЦ,РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА ПРОБИШТИП

На покана од првиот човек во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски, а по повод 28 август, Ден на рударите во Република Македонија и Ден

на општина Пробиштип од 26 – 28 август, делегација од Горњи Милановац, на чело со претседателот на собрание г. Михајло Вучетиќ, претставници на рудникот за олово и цинкова руда „Рудник“ од Рудник, делегација од ЗГМНЗ „Даме Груев“ и Ф.А. „Типопластика“, престојуваше во Пробиштип. Ова е возвратна посета откако наша делегација на чело со градоначалникот Тоневски пред неколку месеци ја посети општина Горњи Милановац, но пред се местото Рудник, каде во рудникот за олово и цинк работата триесетина наши сограѓани. Гостите од Република Србија пред пробиштипјани се претставија на вечерта на фолклор на ракометното игралиште во центарот на градот, каде што заедно со домаќините одржаа двочасовен концерт. Тие го посетија Лесновскиот манастир и се запознаа со убавините

на Пробиштип и она што гo нуди нашата општина во областа на културата и алтернативниот туризам. Средбата резултираше со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете општини во областа на културата. „Првиот чекор е направен, комуникацијата е воспоставена, потпишан е меморандум за соработка во областа на културата, а со понатамошните контакти помеѓу овие две општини оваа соработка ќе продолжи и во многу други области.“ истакна градоначалникот Тоневски. Претседателот на здружението на Mакедонците „Даме Груев“, г. Славе Груевски не го криеше задоволството од гостувањето во Пробиштип. „Драго ми е што една идеја со која се носев од поодамна се реализира и функционира повеќе од очекуваното. Многу сум среќен што во овој крај на Македонија стекнавме големи пријатели“ истакна г. Груевски.

Р.И.

Република Македонија, или на друго физичко или правно лице, барателот покрај напред цитираната документација е должен да достави и договор за закуп или користење на земјиштето склучен со сопственикот на земјиштето во времетраење од најмалку 15 години односно пет години за земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија под култура пасишта и изјава за согласност од сопственикот на земјиштетето заверена на Нотар доколку земјиштето е во приватна сопственост. Доколку е поднесено барање за бесправно изграден објект на земјоделско земјиште во сопственост на Република Македонија а за кое барателот нема склучено договор за закуп, должен е да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доделување на користење на земјиштето на кој е изграден бесправниот објект. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по секое поднесено барање од страна на единиците на локалната самоуправа издава согласност за потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште во зависност од видот на објектот, од големината на површината на земјоделското земјиште со кое располага имателот, од број на објекти во иста катастарска општина, и постоечката соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура. Р.Д.

Page 10: Opstinski informator 28

10

инф

орм

атор

28

ОПШТИНА

ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА

Со низа на културни и спортски манифестации, во рамки на неделата посветена на спортот и културата, општина Пробиштип го одбележа 28 август, Успение на пресвета Богородица, Денот на рударите во Република Македонија и Ден на општина Пробиштип. Градскиот плоштад, платото пред домот на култура „Злетовски рудар“ и спортските терени во центарот на градот беа целосно исполнети со настани. Имаше турнири во мал

фудбал, кошарка и одбојка, а публиката сите турнири ги проследи со голем интерес. Најпосетен беше турнирот во мал фудбал на кој на ракометното игралиште во центарот на градот секоја вечер имаше огромен број на посетители. Во делот на културните настани овде можеме да ги издвоиме вечерта на староградска музика и песни, вечерта на изворен фолклор на кој настапија нашите драги гости од Горњи Милановац, Република Србија, Ф.А. „Типопластика“, концертот на познатата македонска естрадна ѕвезда Анета и групата „Молика“ и Белата ноќ на градскиот плоштад на која настапија повеќе локални бендови, а имаше гости и од Македонска Каменица. Драган Мијалковски и CONTRI DJ – DJ MIKAR, DADONI TRUMPHET & ZOKI KONGA, беа главните гости на вечерта, а на градскиот плоштад ги собраа и младите, но и постарите. Од годинава Општина Пробиштип започна со една убава манифестација, доделување на награда – почесен граѓанин на Пробиштип. Прв добитник е популарниот македонски актер Владо Јовановски, со кого општина Пробиштип се гордее. На самиот ден, на 28 август, Советот на општина Пробиштип одржа свечена седница, на која пред присутните гости се обрати градоначалникот Тони Тоневски кој меѓудругото истакна „Денес, на овој значаен ден за нашата општина, сакам да напоменам дека е особена гордост да се биде Градоначалник на општина Пробиштип, Градоначалник на една општина која од точка на стагнација полека но сигурно се издигна во една развиена општина која достигнува цели, реализира проекти, се грижи за сите области на живеење се со цел обезбедување услови за подобар живот на своите граѓани. Како прв човек на општита моја должност и задача е Пробиштип да го направиме пријатно место за живеење, град кој е препознатлив, модерен град со можности за младите луѓе, и град кој има иднина која ние треба да ја обезбедиме“. На најуспешните ученици Градоначалникот им даде парични награди, а на свечената седница беше потпишан и меморандум за соработка во областа на културата помеѓу општина Пробиштип и општина Горњи Милановац, Република Србија. Во чест на празникот беше отворена ликовна изложба во холот на домот на култура „Злетовски рудар“, а во приградската населба свечено, со сечење на лента од страна на градоначалникот Тони Тоневски, замени министерот за одбрана, Емил Димитриев и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, беа пуштени во употреба новоизградените и асфалтирани улици во приградската населба Пробиштип.

Р.И.

28 АВГУСТ

Page 11: Opstinski informator 28

11

myM

agaz

ine

Page 12: Opstinski informator 28

12

myM

agaz

ine

myM

agaz

ine

Градоначалникот Тоневски присуствуваше на првиот појадок а потоа и на свечената програма организирана од воспитниот кадар и дечињата од Детската градинка во Пробиштип, а по повод почетокот на новата учебна година. - Убаво е чувството кога околу себе имате разиграни и распеани мали дечиња. Ми причинуваше огромно задовослтво дружењето со најмладите мои сограѓани, кои се згрижуваат во детската градинка ,,Гоце Делчев,,. Особено сум радосен од податокот што еве за прв пат од доверениот градоначалнички мандат се соочуваме со еден изненадувачки, но пријатен момент, кога во детската градинка нема доволно место за сите пријавени и запишани деца. Во градинката до сега се запишани околу 350 дечињиња. За наредната година очекуваме оваа бројка да биде уште поголема, па зата со директорката на градинката веќе сме во преговори за зголемување на просторниот капацитет на детската градинка, за да можат да бидат прифатени сите деца кои ќе бидат запишани. Локалната самоуправа и оваа година ќе го подржи проектот за вклучување и на децата од руралните (селски) средини во детските градинки - изјави градоначалникот Тоневски. Т. С.

Училишното звонче на 3 септември го означи почетокот на учебната година и во училиштата во Општина Пробиштип. Во Основното училиште Кирил и Методиј во Злетово новата учебна година им ја честитаа градоначалникот на Општината Пробиштип, Тони Тоневски, и претседателот на Советот на Општина Пробиштип, Ранко Давитков. Првиот училишен ден започна со пригодна програма која се реализира во дворовите на училиштата. На првиот училишен час, градоначалникот на Општината Пробиштип, на првачињата во Злетово им подели училишни папки и боенки.-Првиот училишен ден е значаен момент за секој ученик. Ваквите свечености, кои се одржуваат во оваа пригода, се убава можност новата училишна година да се започне во една релаксирана атмосфера, но и да се види и покаже дека во училиштето децата се воспитуваат и образуваат со интересни наставни приредби и содржини. Редовно сум меѓу учениците, па и на почетокот на учебната 2012/2013 година еве им посакав успешен почеток на новата учебна година на сите ученици, а посебно на новата генерација првачиња во Основното Училиште ,,Кирил и Методиј,, во Злетово, изјави градоначалникот Тоневски.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНЕВСКИ НА ПОЈАДОК ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ПОЧНА НОВА УЧЕБНА2012/2013 ГОДИНА

Образованието на најмалите е мошне важна работа за целата заедница. Затоа локалната самоуправа на Општина Пробиштип посветува големо внимание на условите во воспитнообразовните институции. Во изминатите неколку месеци, додека траеше летниот распуст на учениците, во училиштата се извршени сите предвидени внатрешни и надворешни реконструкции. Училиштата и објектите на детската градинка ,, Гоце Делчев,, се целосно подготвени за почетокот на новата училишна година. Во Општина Пробиштип во сите општински училишта наставата ќе ја посетуваат вкупно 1627 ученици. Од нив 122 ученици се првачиња. Т.С.

Page 13: Opstinski informator 28

ИЗМИНАТОТО ЛЕТО ПРИПАДНИЦИТЕ

ОД ПП ЕДИНИЦАТА ВО ПРОБИШТИП

ИНТЕРВЕНИРАА ВО ОКОЛУ 100-ТИНА ПОЖАРИ

На 20 септември, градоначалникот Тони Тоневски заедно со претставници на раководството на рудниците “Индо минерали и метали“ го посетија рудникот за олово и цинк во Добрево. Целта на посетата беше увид во условите за работа на рударите, запознавање со тековните активности на рудниците како и плановите за понатамошен развој на рудникот. Градоначалникот се спушти и во окната на рудникот и на лице место ги посети рударите на нивното работно место. Како рударски инженер не пропушти да истакне дека е среќен поради адреналинот кој го почувствувал после низа на години, а заради местото каде повеќе години беше и негово работно место. Рударите пак не го криеја задоволството од посетата на првиот човек во општината.

13

инф

орм

атор

28

Временските прилики, проследени со долготраен сушен период и екстремно високи температури во текот на летните месеци придонесоа за честа појава од пожари на отворен простор поради штo припадниците од територијалната противпожарна единица од Пробиштип речиси секојдневно добиваа повици за гаснење на распламтените огнови.-Изминатите летни месеци се карактеризираа со зголемен број на интервенции. Ако до месец март имавме реализирани 27 интервенции, од април до средината на септември ТПП интервенираше во дури 62 случаи. Како се зголемуваа летните температури така постојано се зголемуваше и бројот на повиците за излегување на терен. Во месец јуни имаме интервенирано во 5 случаи на гаснење пожар на отворен простор. Во јули гасневме 16 опожарени локации, во август 19 интервенции на отворен простор и една интервенција при гаснење на семејна куќа, додека до 21 септември интервениравме во 6 случаи, - изјави Васе Митревски, командир на ТПП во Пробиштип.Она што е од посебно интерсно со бројот на реализирани интервенции е и опожареноста на голема површина од предизвиканата огнена сила.Така во месец јули биле опожарени 223 хектари, од кои за одбележување се пожарите на 16 јули кога гореа околу 200 хектари во близина селото Патетино, на границата со општината Свети Николе. Во месец август со огнената стихија биле зафатени 613 хектари. Од овој период посебно за одбележување се пожарите кои се случија на 18 август кога во атарите на селата Бунеш и Трипатанци гореа 250 хектари како и на 24 август кога пожарот зафати површина од близу 300 хектари во атарите на селата Пестришино и Пуздерци , а огнот во селото Куково зафати и неколку помошни објекти.-Она што е интересно, кога се во прашање пожарите, ова лето гореа пасишта, нискожбунеста вегетација, но и дабова и борова шума, како и неожнеана површина под житарица. За среќа со навремената и добро организирана активност на ПП единицата се спречи огнот да предизвика многу поголема материјална штета, додаде командирот на пробиштипската ПП единица, - Васе Митревски.

Т. С.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНЕВСКИ

ВО ПОСЕТА НА РУДАРИТЕ ВО РУДНИКОТ ЗА ОЛОВО И ЦИНК “ИНДО МИНЕРАЛИ И МЕТАЛИ“

Page 14: Opstinski informator 28

14

инф

орм

атор

28

Во очи 28 август, вечерта на 27 август во организација на Општина Пробиштип, на градскиот плоштад во Пробиштип беше организирана првата бела ноќ на која настапија неколку локални бенда (The job, The Chill и Еуфорија), ДЈ Дино и ДЈ Цобе. Од Македонска Каменица гостуваa групата Endles Sanity, ѕвездата на вечерта Драган Мијалковски и Con-tru DJ, DJ Mikar, Dadoni Trumphet & Zoki konga. Целата манифестација беше пропратена со поставување на шанкови од локални угостителски објекти на кои беа запалени скарите и се точеше пиво. Плоштадот беше претесен за да ги собере сите посетители коишто сакаа да бидат дел од оваа убава и оригинална манифестација, а нив ги имаше премногу и од Пробиштип но и од соседните градови, а кои сите заедно во ритамот на музиката и добрата скара се веселеа. Белата ноќ започна во 22 часот, а траеше се до 5 часот наутро, идниот ден. Се потроши многу скара и пијалоци, а се забавуваа и младите и старите. Изборот на музика беше токму наменет за сите возрасти. „Ова е нешто што се нема случено во Пробиштип“ е само еден од позитивните коментари кои што ги дадоа посетителите на градскиот плоштад во Пробиштип. Р.И.

Драган Мијалковски

Contru DJ

Тhe Job

БЕЛА НОЌ ВО ПРОБИШТИП

Page 15: Opstinski informator 28

Љубителите на театарот и традиционалната македонска музика од Пробиштип имаа ретка можност на платото пред општинската установа dом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип, да присуствуваат на театарската претстава „Пеани“ изведена “ според текстови на Тихомир Стојановски, Анте Поповски и Трајче Кацаров, музика на Јане Пенов, а во режија на Страшко Милошевски. Театарската претстава беше збогатена со настапот на вокалното трио „Пеани“, кои на Пробиштипското културно лето дојдоа од Република Словенија. Присутните не останаа рамнодушни на сето она како пакет што им беше понудено во текот на театарската претстава. Започна со триото Злетовчанки, кои со својот прекрасен глас ги растреперија присутните на настанот. Настанот продолжи со театарската претстава која ги наежи сите, за да ги воодушеви со изборот на македонски народни песни во прекрасната изведба на вокалното трио „Пела“. Уште еден оригинален и квалитетен културен настан кој се одржаа во рамките на Пробиштипското културно лето 2012. Р.И.

Љубителите на рок музиката имаа ретка можност да уживаат на концертот што го имаше Рок бендот..... , кој на Пробиштипско културно лето 2012 дојде од Ќустендил, Република Бугарија. Во организација на домот на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип, во четвртокот вечерта, на 9 август, на градскиот плоштад се одржа рок концерт, кој не ги остави рамнодушни посетителите. Овој бенд во Пробиштип доаѓа по втор пат, откако минатата година доби голем број на позитивни критики за нивниот настап. Гостувањето на овој бенд е како резултат на извонредната соработка што ја имаат Домот на култура и Општина Пробиштип со Читалиште „Братство“ од Ќустендил, Република Бугарија. Уште еден во низата на успешни концерти или воопшто успешни културни настани, коишто се одржуваат во рамките на Пробиштипско лето 2012, а кое се надеваме дека ги задоволува сите вкусови и потреби на нашите сограѓани, се разбира на нивно општо задоволство, со што е исполнета токму и целта која беше поставена со организирањето на овогодишното културно лето, а таа беше „Задоволување на сите културни потреби на нашите сограѓани, па и на оние најпребирливите“. Р.И

Театарската претстава „Пеани„заедно со вокалното трио „Пела“ од Р. Словенија на Пробиштипско културно лето 2012

15

инф

орм

атор

28

Рок бендот од Ќустендил, Република Бугаријана летната сцена на градскиот плоштад во Пробиштип

Page 16: Opstinski informator 28

16

инф

орм

атор

28

Со свеченост во хотелот „Црешово топче“ во присуство на голем број на „учители“ од пробиштипските општински училишта, општина Пробиштип го одбележа 5 октомври, меѓународниот ден на учителот. Трета година по ред, во ваква форма, општина Пробиштип го одбележува денот на учителот. Пред присутните се обрати Радослав Илиевски, раководител на Одделението за јавни дејности, кој зборуваше за значајот на овој убав ден и за улогата на учителот во развојот и на личноста, но и на општеството. Првиот човек во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски честитајќи им го празникот на општинските учители меѓу другото истакна „Најголемиот дел од луѓето, скоро четвртина од својот животен век минуваат низ процесот на образование и воспитание, овој факт е и повеќе од доволен да заклучиме колку е значајно влијанието на овој долг процес во животот. Колкава одговорност носат сите оние кои ја одбрале оваа професија, преку која се градат личностите на младите, се обликува нивниот карактер, навики...“ Дечињата од Детската градинка „Гоце Делчев“ од

5ти ОктомвриМеѓународниот ден на учителот

Пробиштип, заедно со учениците од средното училиште „Н.Н. Борче“ приредија една мала и наменска приредба во знакот на учителот, а по повод распишаниот конкурс на тема „Учителот“ на најдобрите три творби градоначалникот Тоневски им додели скромни подароци. На самата манифестација беа прогласени најистакнатите учители во изминатиот период во сите општински училишта и во Детската градинка. Од ООУ „Браќа Миладиновци“ најистакнат учител е наставничката по математика Благица Милисова. Од ООУ „Никола Карев“ за најистакнат учител беше избрана Станојка Гичева, одделенски наставник. Блаже Спирков, професор по македонски јазик и литература, е прогласен за најистакнат учител од СОУ „Н.Н. Борче“ и од Детската градинка „Гоце Делчев“ е воспитувачката Виолета Зиврева. На сите истакнати учители, Градоначалникот им даде благодарница за особен придонес во развојот на образовниот процес во општина Пробиштип. Оваа манифестација е оригинална и единствена од ваков вид во регионот и пошироко. За многу години драги учители!!! Р.И.

Page 17: Opstinski informator 28

17

информ

атор 28

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖA 8-МИ СЕПТЕМВРИ

По повод одбележување на 8-ми септември, Денот на независноста на РМ и Денот на ослободување на градот Пробиштип, делегација од општина Пробиштип предводена од Градоначалникот, делегација од Советот, делегација од Резервните офицери, како и делегации од поголемите политички партии во нашата општина

положија свежо цвеќе на спомен бистата на Јаким Стојковски во центарот на градот. Во рамки на одбележувањето на овој значаен празник, во петокот (07.09.2012) во Злетово се одржа турнир во одбојка за девојчиња, а во неделата (09.09.2012) свечено се пушти во употреба новоизградениот водовод до с.Древено. В.А.

И годинава Лесново беше местото каде што од сите страни на нашата држава се слеа река од народ за да го прослави големиот христијански

празник Мала Богородица. На 21 Септември Лесново, односно бисерот на македонското културно богатство, Лесновскиот манастир го посетија 8 000 посетители. Овде на надморска височина од 900 метри и старо и младо дојдоа да бидат дел од овој наш голем христијански празник, да запалат свеќа и да се помолат за здравје и за себе и за семејството. 20 здруженија на пензионери од Република Македонија, односно околу 3 500 пензионери, се собраа на едно место за да се дружат и заеднички да го прослават овој значаен датум, но и да го одбележат 20 септември, Денот на пензионерите. По тој повод освен домаќините на собирот, здружението на пензионери на општина Пробиштип и претставници од уште 19 здруженија, овој собир на пензионерите во Лесново со свое присуство го удостои потпретседателот на ИО на СЗПМ, Методија Тошевски, кој не го криеше задоволството што токму на овој ден е во Лесново заедно со голем број на посетители, од кои доста голем дел се пензионери. Присутните гости ги поздрави првиот човек во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски, кој во придружба на претседателот на Совет на општина Пробиштип, Ранко Давитков и познатиот стопанственик

Чедо Петров ги посетија и беа дел од овој убав собир на пензионерите од цела Македонија. Со жива музика, со убавата македонска песна, со традиционалните ора од овој крај и со вкусна скара, пензионерите се дружеа до доцните попладневни часови. А на оро можеа да се видат сите вљубеници во фолклорот и стари и млади, со што освен Денот на пензионерите, 20 септември и големиот верски празник Мала Богородица се одбележа и годината на меѓугенерациска солидарност и соработка.

Р.И. и М.З.

ЛЕСНОВО ГО ОДБЕЛЕЖА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК МАЛА БОГОРОДИЦА

МАЛА БОГОРОДИЦА

Page 18: Opstinski informator 28

18

ДОБРОВОЛЦИ ОД МИРОВНИОТ КОРПУС НА САД

И ГОДИНАВА ВО ПРОБИШТИПОд 21 септември, па се до крајот на ноември 10 доброволци од Мировниот корпус на САД ќе престојуваат во Пробиштип. Ова е веќе четврта година по ред како доброволци од САД доаѓаат овде во Пробиштип, учат за Македонија и го учат македонскиот јазик, за после два месеца да заминат во некое место во Република Македонија и таму да останат две години и да и помагаат на локалните самоуправи во различни области. Воспоставена пракса од поодамна која се покажа и како успешна, но пред се и како корисна за локалните самоуправи.

Доброволците од Мировниот корпус пријатно се изненадени и од градот и од срдечниот однос на луѓето. Уште една наша позитивна карактеристика со што не прави интересни и привлечни и за домашните, а пред се за странските посетители. „За Македонија речиси ништо не знаев. Многу пријатно сум изненаден од убавината на земјата, од убавиот Пробиштип и од срдечноста на луѓето кои живеат овде“ истакна еден од доброволците во мировниот корпус, Zachary Brett, кој во Македонија дојде од Мериленд, САД. Р.И.

Доброволците се сместени и ќе бидат дел од осум семејства од Пробиштип, а ќе учат во општинското основно училиште „Никола Карев“. Во вторникот, на 25 септември во нивните училници ги посетија и срдечно добредојде им посакаа раководителот на Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип, Радослав Илиевски и директорката на училиштето Голубина Алексова, при што им беа дадени карти на градот за полесно да се снаоѓаат движејќи се низ Пробиштип.

Page 19: Opstinski informator 28

19

СПОРТСКИ ТУРНИРИПО ПОВОД 28 АВГУСТ

ДОБРОВОЛЦИ ОД МИРОВНИОТ КОРПУС НА САД

И ГОДИНАВА ВО ПРОБИШТИП

И годинава во организација на Општина Пробиштип, а во рамки на неделата посветена на спортот и културата во Пробиштип по повод 28 август, Денот

на рударите и Денот на општина Пробиштип се одржаа веќе добро познатите турнири во мал фудбал, одбојка и street ball. Заинтересираноста за учество на овие турнири беше мошне голема, а најголема беше за турнирот во мал фудбал, кој од година во година станува се поатрактивен и привлекува екипи од целиот регион. Сите турнири беа мошне посетени, а на ракометното игралиште во центарот на градот каде што се играше турнирот во мал фудбал, посетата беше огромна. Трибините беа до последното место исполнети. Љубителите на спортот тие денови имаа можност да уживаат гледајќи ги нашите помлади сограѓани како играат ширум спортските терени во центарот на градот. Во финалето во мал фудбал екипата на „Калниште“ ја победи екипата на „Дрводекор“, За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Даниел Манасиевски, а Ангелчо Крстев од екипата на „Дрводекор“, е прогласен за најдобар голман. Во Street ball (женски) третото место и припадна на екипата „Бандитас“, второто место го зема екипата „Бела техника Лукс“, а победник на турнирот е „Сендвичара 5“. За најдобар играч во женска категорија е прогласена Јована Јовановска. Кај машките резултатите се следни: третото место и припадна на екипата „Кочани“, второто место го освои екипата „Ние“, а победници на овогодишниот Street ball 2012 е екипата „Пробаскет“. За најдобар играч во машка конкуренција е прогласен Давор Тоневски. Кај машката одбојка на турнирот 2012, третото место го освои екипата „No name“, второто место и припадна на „Стрелци“, а екипата на „Гоја“ се закити со првото место на овој траадиционален турнир во Street ball 2012. Додека кај девојчињата на турнирот во одбојка третото место и припадна на екипата „ Тин волеј 2 “, второто место на „Тин волеј 1“, а втора година по ред првото место го освојуваат гостинките од Тетово, екипата „Бамикор“.

Р.И.

Page 20: Opstinski informator 28

АКТЕРОТ

ВЛАДО ЈОВАНОВСКИПРВ ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ПРОБИШТИП

Општина Пробиштип, тел: 032/483-131email: [email protected] | www.probistip.gov.mk | facebook.com/probistip

Во рамките на одбележување на празникот на општината, 28 Август, Општина Пробиштип од оваа година започна со уште една убава манифестација, доделување признание , ,Почесен граѓанин на Пробиштип“. Оваа година, ова ласкаво признание, му се додели на нашиот сограѓанин, популарниот филмски и татарски актер, Владо Јовановски.Градоначалникот на општината Пробиштип, Тони Тоневски, на свеченоста, која се одржа пред платото на домот на културата „Злетовски рудар“, доделувајќи го признанието изјави:-Денес, на овој значаен ден за нашата општина, сакам да напоменам дека ми преставува особена гордост и чест да се биде Градоначалник на општина Пробиштип. Ми причинува посебна чест што признанието,, Почесен граѓанин на Пробиштип“ го доделувам на човек којшто е од исклучително значење за нашата општина. Човек кој сите ние пробиштипјани го познаваме и го почитуваме. Човек кој на достоен начин не претставува ширум светот, личност која посебно на младата генерација им преставува идол. Владо покажа дека патот од анонимноста до препознатливите, до славните, ни малку не е едноставен. Тој пат, од неговото родно село Пробиштип, преку рудникот Добрево, до филмската Венеција и останатите светски метрополи не беше лесен, но тој знаеше да го изоди. Горд сум што Владо потекнува од ова наше место и затоа со особено задоволство му го доделувам и му честитам на годинашново признание.По бурниот и долготраен аплауз, кој следуваше од присутните на свеченоста, лауреатот Владо Јовановски се заблагодари на луѓето кои ја покеренаа ваквата манифестација со зборовите: - Големо е задовослтвото што ова Признание доаѓа од најблиските, од моите сограѓани. Ми причинува голема чест и неизмерна радост. За мене ова дојде некако неочекувано, но ете ми причини задовоство. Ми го развесели и срцето и душата. Признанието , , Почесен граѓанин“ ме тера да се замислам на она што го создавав во минатото, но истовремено ме обврзува на одговорноста што треба да ја носам со себе, пред себе, пред сограѓаните во иднина, - изјави по доделувањето Владо Јовановски.Јовановски изјави дека признанието го посветува на мајка си Благуна, на своите најблиски, синот Григор, Ана, Дарја, а дел засекогаш ќе носи во себе, за да го потсетува на овој незаборавен миг кој му го приредија неговите сограѓани. Т.С.