ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и...

22

Upload: others

Post on 03-Sep-2019

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!
Page 2: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

ХАМЛЕТ: „Ова време се исчашило од зглобот.

О, проклетство, за срам што сум роден сам да го поправам“.

Драмски аматерски фестивал на

Македонија – Кочани

БИЛТЕН 1

24 мај 2016

Page 3: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

,

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ

Општина Кочани 033 274 001

Полициска станица - кочани 192

Противпожарна служба – Кочани 193

Брза помош 194

Центар за управување со кризи 195

АМСМ – помош на патишта 196

Општа болница – Кочани 033 275 000

Автобуска станица – Кочани 033 272 206

Железничка станица – Кочани 033 274 075

Page 4: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

РАТКО ДИМИТРОВСКИ Градоначалник на Општина Кочани

КОЧАНИ – ЧЕТИРИЕСЕТ ЛЕТА ФЕСТИВАЛСКИ ГРАД

Почитувани, добравечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Кочани веќе четириесет години има посебно место и улога во организацијата на најзначајната аматерска театарска манифестација во државава. Нашиот град и овој театарски фестивал се тесно поврзани. Фестивалот го профилира Кочани, му дава уметнички белег, го димензионира како одредиште на драмскиот аматеризам и претставува значаен дел од глобалниот мозаик на македонскиот театар.

Имајќи го предвид значењето на четирите децении фестивалско живеење на Кочани, дозволете ми накратко да потсетам на неговата историја.

Аматерската драмска ревија, започна во 1961 година во Скопје, во Работничкиот дом. Првите неколку изданија на најдобрите македонски драмски аматерски ансамбли се одржаа биенално во најразлични градови и временски периоди, менувајќи го своето првобитно име. До 1970 година домаќин на РАДС-Републичката драмска аматерска смотра беше Штип, а од 1970 фестивалот се сели во Битола, Струмица и Титов Велес и се одржува секоја година.

Почнувајќи од 1977 година, Кочани – градот на оризот, градот под Осоговијата ја презеде организацијата на Ревијата, односно Смотрата и се зацврсти како средиште на развојот и афирмацијата на драмскиот аматеризам во Македонија. Притоа се трансформираше во времето и го отвараше широко вратите на еден поорганизиран и континуиран развој на аматерската, а подоцна и на алтернативната сцена кај нас, Неодминливите промени го менуваа и името на оваа Смотра. Така, во 1992 година таа стана ФААТ-Фестивал на аматерскиот и алтернативен театар,

Page 5: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

а веќе 16-та година се организира под името Драмски аматерски фестивал на Македонија – Кочани.

Многу врвни театарски и воопшто уметнички имиња оставиле печат на фестивалскиот драмски аматеризам. Еве само дел од нив: Александар Алексиев, Иван Ивановски, Васил Ќортошрв, Илија Милчин, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Илија Џувалековски, Дарко Дамевски, Снежана Коневска-Руси, Мето Јовановски,, Нада Гешоска, Мери Бошкова и други.

Статистиката вели дека на ДАФ се прикажани повеќе од 700 театарски претстави, настапиле повеќе од 8 илјади актери-аматери, режисери, сценографи, костимографи и тон-мајстори или во просек годишно, на фестивалската сцена во Кочани на публиката и биле прикажани 15-ина сценски остварувања.

И уште еден важен податок за ДАФ, 2004 година е почеток на меѓународниот карактер на ДАФ, ново поглавје во драмскиот аматеризам. Интернационализацијата на оваа театарска манифестација значеше напуштање на потесните рамки на воспоставување на неопходната соработка. Кочани ги отвори вратите на многу театарски ансамбли од странство.

Почитувани гости, ценети љубители на театарот. Искрено се надевам дека и овој пат, во знакот на 40-те

фестивалски години, Кочани ќе создаде творешка атмосфера, а на публиката ќе и бидат понудени пиеси со проверени сценски вредности. Тоа ќе биде потврда за една од главните цели на ДАФ – грижата за квалитетниот репертоарски спектар на застапените драмски дела.

На крајот, дозволете ми да ги честитам четириесетте лета на фестивалскиот град и да посакам традицијата на ДАФ бо Кочани да биде вечна, а квалитетот на фестивалот непрекинато да расте!

52-от Драмски аматерски фестивал на Македонија – Кочани го прогласувам за отворен!

Page 6: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

ДАРКО СПАСОВ селектор на ДАФ 2016, Кочани

ДА СЕ БИДЕ,... БЕЗДРУГО ЌЕ СЕ БИДЕ...

Кочани, градот матица на драмскиот аматеризам во Македонија, четвртата недела во месец Мај 2016 година се приклучува кон чествувањето на годишнината 400 години по Шекспир.

На денот на отворањето на 52. издание на фестивалот ДАФ 2016 Културното друштво Дрзне ин лепи од Стична, Република Словенија ќе ги изговори првите Шекспирови реплики на словенечки јазик, а со тој свечен чин ќе ја отворат сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани за вкупно 11 драмски претстави од Македонија, Словенија, Црна Гора и Србија.

Фестивалот годинава е особено значаен за градот Кочани, затоа што со гордост може да се објави јубилејот Кочани 40 години домаќин. Бездруго огромната љубов кон драмската уметност на генерации и генерации вљубеници во театарот, нивните соништа, нивниот елан, пионерски дух, нивната потреба да се заедничари со безбројните драмски автори од сите епохи, го одржувале во живот овој фестивал, а преку него и идејата за возобновување на Театарот во Кочани.

Изборот на претставите за овој наш мал, но значаен јубилеј носи свежина пред публиката на Даф, и има тенденција/концепција да внесе радост и смеа на сцената на НУЦК „Бели мугри“ во Кочани и во иднина да ги отвори портите за гости не само од Балканот, туку и од Европа и од целиот свет. Ќе се биде... бездруго ќе се биде...

Ви посакувам пријатна театарска недела во Кочани.

Page 7: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Започна 52. ДАФ на Македонија КОЧАНИ ОСТАНУВА СТОЖЕР НА ДРАМСКИОТ АМАТЕРИЗАМ

Во ЦК „Бели мугри“ синоќа започна четириесетото во низа во Кочани и вкупно 52-ро издание на ДАФ на Македонија.

„Кочани е град стожер на драмскиот аматеризам, расадник на уметници, актери, режисери, драматурзи, сценографи. На Фестивалот во

програмски план и сега преовладува стремежот да се претстават најсовремените правци и движења од домашната, македонската и европската аматерска драмска сцена, со акцент на етичките и естетските разновидности на театарскиот израз. Во изминатите четириесетина години имавме сили и мечти да го осмислиме и негуваме драмскиот аматерски фестивал. И да го оствариме: еднаш како ревија, па републичка драмска смотра, па ФААТ, па ДАФ. Но, имавме и способност – моќните, велможите да ги убедиме дека вреди да се вложува во културата и уметноста на својот народ, за неговиот развој и растеж. Во одредени бурни децении од развојот, во нашите четири децении постоење во Кочани, имавме потешкотии во работењето, но успеавме аматерскиот фестивал да го спасиме од згаснување, да не ги исклучиме рефлекторите на кочанската театарска сцена“, рече на отворањето во името на управата на ДАФ, извршниот директор, Благој Пенов.

„Многу врвни театарски, воопшто уметнички имиња, оставиле печат на фестивалскиот драмски аматеризам.

Page 8: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Александар Алексиев, Иван Ивановски, Васил Ќортошев, Илија Милчин, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Илија Џувалековски, Дарко Дамевски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Мери Бошкова се само дел од нив. Статистиката вели дека на ДАФ се прикажани повеќе од 700 театарски претстави, настапиле повеќе од 8 000 актери аматери, режисери, сценографи, костимографи и тон мајстори или во просек годишно на фестиваската сцена во Кочани на публиката биле прикажувани петнаесетина сценски остварувања. И уште еден важен податок за ДАФ. 2004-та година е почетокот на меѓународниот карактер на фестивалот, ново поглавје во драмскиот аматеризам. Интернационализацијата на оваа театарска манифестација значеше напуштање на потесните рамки на дејствување, поттик за размена на нови искуства. Кочани ги отвори вратите на многу театарски ансамбли од странство“, издвои градоначалникот Ратко Димитровски, отворајќи го овогодишниот ДАФ и посакувајќи му среќа на фестивалот и театарските работници.

Овогодишниот Драмски амтерски фестивал имаше пред-

отвороње, што се одржа на скалите од влезот на ЦК „Бели мугри“,

Page 9: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

при што млади актери читаа текст за ДАФ, за градот домаќин и за фестивалот на драмските аматери воопшто.

Со „Хамлет“ и „Просидба“ - „Вечер“ на режисерот Трајче Ѓоргиев „Треба да кажам дека сум презадоволен од тоа што го видов вечерва, затоа што премиерата помина пред некои месец дена и

ова што како период поминало од некаква, ајде да ја наречеме дигресија и од некое уигрување последниве неколку претстави што ги имаа децава. Значи она што го видов вечерва ме изненади

и мене во смисла на полна енергија, во смисла на посветеност – можам само да кажам дека сум презадоволен од изведбата вечерва“, рече режисерот Трајче Ѓоргиев, за играта на Марија Ѓоргиева, Тоше Ѓоргиев и Александар Арсов во неговата „Просидба“ од Антон Павлович Чехов, со која беше затворан репертоарот од првиот фестивалски ден.

Вечерта на отвора-њето на 52-то издание на ДАФ на Македонија, всушност, му припадна токму на Ѓоргиев, бидејќи

тој ја режираше и претставата „Хамлет“ на аматерите од малото гратче во Словенија, Ивачна Горица.

„Во суштина претставата беше кратка, затоа што ‘Хамлет’ трае некои 4-5 часа во зависност од видувањето. Во

постановката што ја направив во Словенија во август минатата година, интевенирав во текстот затоа што, сепак, тоа е аматерска група која прв пат се соочува со стих. Имавме доста незавидна

Page 10: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

ситуација во смисла на кастингот ако така може да се нарече, бидејќи Иванчна Горица е мало место и нема некој избор во смисла на актери и актерки. Видовте и сами дека Хамлет го играше девојка. Мене ме радува тоа што на некој начин успеав да го поврзам Шекспир, Хамлет и оваа млада група со тоа истражување во самиот стих, во самото осознавање што значи Хамлет, што значи Шекспир, пред се тој судир со стихот кој е тешко да се изговори за професионални актери, а камоли за една група која прв пат се среќава со ваква материја. Тие воглавно имаат работено детски претстави во минатото. Сепак, ми се чини дека тие и јас како режисер успеавме да направи претстава која е гледана, доста ја играат низ Словенија. Ете ја виде и публиката во Кочани. Се надевам дека се задоволни иако јазикот може да биде некаква бариера. Но, се претпоставува дека публиката што доаѓа на фестивалот треба да има некаково познавање, ако не за целото дело на Шекспир, тогаш барем за Хамлет, кој е некаква основа за театарот.

Page 11: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Денес 24 мај и утре 25 мај 2016 година на репертоарот на 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе ги проследиме претставите:

ВТОРНИК, 24.мај 2016 Сцена: НУЦК „Бели мугри“ Почеток: 19:50 часот СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес Драмска секција Људмила РАЗУМОВСКАЈА „ДОМА“ режија: Слободанка ЧИЧЕВСКА

ВТОРНИК, 24.мај 2016 Сцена: НУЦК „Бели мугри“ Почеток, 22:15 часот КЛАП – Колашински аматерски театар Колашин – Република ЦРНА ГОРА Ива БРДАР „АВИОНСПОТИНГ“ (едночинка за атерирањето) режија: Зоран РАКОЧЕВИЌ

СРЕДА, 25. мај 2016 Сцена: НУЦК „Бели мугри“ Почеток, 19:50 часот ЈОУ Дом на култура „Бранд Петрушев“-Богданци Драмско студио Дарио ФО „БЕЗ ПАРИ ИЛИ НЕ ПЛАЌАМ“ режија: Кире ЃОРЃИЕВ

Page 12: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

СРЕДА, 25.мај 2016 Сцена: НУЦК „Бели мугри“ почеток, 22:15 часот Здружение на граѓани „ЦУГ“ и Театар „Бора Станковиќ“-Врање, Република СРБИЈА Младинска сцена Радое ДОМАНОВИЌ „ВОДАЧ“ Адаптацијани режија: Бојан ЈОВАНОВИЌ

Page 13: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Ретро

КОЧАНИ 1977

Пропаганден материјал

Page 14: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Ретро

КОЧАНИ 1977

ДРАГАН ТОПЧИЕВСКИ Секретар на КПЗМ

ПОДЕМ НА ДРАМСКИОТ АМАТЕРИЗАМ1 . . .

Културно-просветната заедница на Македонија, се договори со општинските културно-просветни заедници, да се обноват општинските смотри во прв ред за драмските, а потоа и за другите видови на самодејностите. Тоа беше прифатено и се покажа како чекор напред во квалитетот. Но, на тоа не се остана, се воведоа регионални смотри за драмските ансамбли. Овој вид на селектирање се покажа уште едно стапало погоре во квалитетот на ансамблите.2

Регионалните смотри денеска на повидок се како новина, во смисла на ангажирање на градовите домаќини, а меѓу ансамблите интерес за да се дојде на регионална смотра од каде се добива виза за учество на Републичката драмска смотра.

На регионалните смотри редовно во просек настапуваат по 60-70 драмски ансамбли, а од нив се врши избор на најквалитетните, најинтересните и оние ансамбли што внесуваат

1 Билтен бр. 1, XIII Републичка аматерска драмска смотра Кочани. 2 Регионалните драмски смотри се одржаа во месец април и тоа: Струга од 9-11 април 1977 година; во Скопје од 12-16 април 1977 година (најпрво планирано да се одржат до 14 април, но поради голем број на пријави е продолежо до 16 април); Гевгелија од 15-18 април 1977 година; во Пробиштип од 19-20 април 1977 година и Куманово од 21-22 април 1977 година.

Page 15: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

нови сценски изрази, како и оние што истражуваат и експериментираат, било да вршат драматизација на текстови, или внесуваат нови изразни средства, сето ова само го збогатува драмскиот аматеризам кај нас.

На Републичката драмска смотра редовно настапуваат по 15 ансамбли, што претставува една четвртина од оние што настапиле на регионалните смотри, а секој осми од нив што поминале преку општинските смотри. Ова веднаш сакам да го потврдам со бројка, погоре реков дека имаме 120 ансамбли, од нив редовно работат над 80 со свој репертоар, а многу е голем бројот на оние што работат неконтуирано

Радува податокот што се менува структирата на ансамблите во прв ред со ансамбли од селските населби. Тој број веќе изнесува околу четириесет драмски ансамбли што работат во селата.

Не може, а да не се рече нешто и за репертоарот што денеска го имаат нашите ансамбли. Ако речеме дека порано во репертоарот преовладувале битовите пиеси, денеска тие се сосема малку застапени, а ансамблите веќе се зафаќаат со текстови не само од современата македонска и југословенска драмска литература, туку и со текстови од најсовремената светска драмска литература. Почнувајќи од Јонеско, Бекет, Пинтер и други до внесување на нови изрази и иновации во изразните средства. Има и експериментирање од некои ансамбли, со што внесуваат нови форми и облици во драмското делување...

Page 16: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Ретро

КОЧАНИ 1977

РЕПУБЛИЧКА АМАТЕРСКА ДРАМСКА СМОТРА ВО КОЧАНИ

СМОТРА НА АМАТЕРСКИОТ ЕНТУЗИЈАЗАМ

● ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА АМАТЕРСКИТЕ АНСАМБЛИ ПОЧНУВА ДЕНЕС И ЌЕ ТРАЕ ДО 22 МАЈ ● ДВАЕСЕТИНА РАБОТНИ ОРГАНИЗАЦИИ – ПОКРОВИТЕЛ И НА АМАТЕРИТЕ

Од денес до 22 мај во Домот на културата во Кочани се одржува Репбличката аматерска драмска смотра со учество на петнаесет аматерски театри, грипи и драмски секции од Кочани, Пробиштип, Струга, Чегране (Гостиварско), Куманово, Скопје, Титов Велес, Босилово (Струмичко), Кавадарци, Кичево, Гевгелија, Лопатица (Битолско) и Неготино.

Вечерва во 19,30 часот Смотрата ја отвори театарот „Бели мугри“ од Кочани со изведба на комедијата „Вук Бубало“ од Бранко Ќопиќ. Во режија на Борис Стојчев улогите ги толкуваат Никола Димитров, Анка Митева, Димче Спасов, Бранко Бацов, Убавка Анастасова, Стојан Ананиев, Тодор Лазаров, Благој Лазаров и Митко Тодоров. Исто така настапуваат Христина Аргирова, Драгица Накова, Славица Аргирова, Здравка Николова, Калина Постолова, Душко Стојанов, Нацко Костадинов, Стојчо Јованов, Ѕвонко Ѓорѓиев.

Утрешната програма донесува две претстави: „Марко Крале“ во режија на Васил Шумански и Симеон

Гаврилов со артистите на драмското студио „Злетовски рудар“ од Пробиштип: Паца Ивановска, Крсто Трајковска, Страшо Милошевски, Анка Василевска, Грозде Цветковски, Драгица

Page 17: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Јовановска, Живко Милошевски, Гицка Атанасова, Трајче Стојковски, Вера Милковска, Нада Трифунова, Десанка Јаначковска, Зоран Митевски, Силвана Петровска, Васка Василевска, Ленче Досева, Љупчо Милевски, Јасминка Велковска и Олга Милковска.

„Даринка од Рајковци“ од Стеван Пешиќ, во режија на Љупчо Кумбаровски и Ристе Миладинов, во изведба на артистите на Драмското секција при „Нико Нестор“ од Струга: Сузана Костовска, Виолета Ташковска, Гордана Матковска, Ристе Миладинов, Даница Наумовска, Виолета Мартиновски и Гоце Матлиевски.

До 22 мај ќе бидат прикажани и претставите „Седумте шељани“ од Ндроко Луцај (Чегране), „Зла жена“ од Јован Стерија Поповиќ (Куманово), „Кловнови“ од Раде Павелиќ (Скопје), „Медеја“ од Робинсон Џеферс (Титов Велес), „Жената се вика Вера Сашина“ од Јован Павлевски (Босилово), „Лага и паралага“ од Јован Стерија Поповиќ (Кавадарци), „Чекори“ од Марија Матковиќ (Кичево), „Наследници“ од Бранко Пендовски (Гевгелија), „Бранете ја љубовта“ од Ѓорѓе Радишиќ (Скопје), „Мува“ и „Кирија“ од Бранислав Нушиќ (Лепатице), „Карловата тетка“ од Брандан Тома (Неготино) и „Наталка Полтавка“ од Тарас Шевченко (Кочани).

▀ Секој ансамбл – учесник на Републичката аматерска драмска смотра има свој покровител – работна организација. Тоа се Фабриката за целулоза и хартија, „Руен“, ОЗТ „Борис Кидриќ“ на ЗДИШ „Треска“, Рудници за неметали „Опалит“, „Жито ориз“, Автотранспорт и сервис Кочани, ГП „Бетон“ X градилиште, конфекција „Пролетер“, ЗИК „Кочанско Поле“, „Југотутун“, Кочани, ГП „Младост“, „Нова трговија“, „Водовод“ Кочани, „Брегалница“, „Меркур-импорт“, Стопанска банка, Југобанка, СОК Кочани, ЗЗ„Зрновка“, „Галеб“ – Тркање, ЗЗ „Моша Пијаде“ и „Електромакедонија“ и ООЗТ Кочани.

„Вечер“ 14 мај 1977 година

Page 18: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Ретро

КОЧАНИ 1977

Прва тетарска претстава одиграна во Кочани на XIII Републички аматерски драмски смотри (14-22 мај 1977)

14 мај 1977 година (сабота) 19,30 часот „ВУК БУБАЛО“ текст: Бранко Ќопиќ, режија: Борис Стојчев „Бели мугри“ Дом на култура – Кочани, Аматерски театар

Page 19: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

Ретро

КОЧАНИ 1977

ПЕЧАТ

Page 20: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

изборник/селектор Дарко Спасов, драматург, Театар комедија - Скопје

Жири:

проф. Здравко Митков, Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ – Софија, Р. Бугарија

Јанка Лефкова, актер Благојчо Стојанов, актер

Водители на разговори:

Димче Николовски, режисер Управен одбор на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани:

Звездана Ангеловска, претседател, Трајче Ѓоргиев, член, Кристина Атанасова-Арсова, член, Коце Стојменов, член, Лазар Тодоров, член.

Благој Пенов, извршен директор

Драмски аматерски фестивал на Македонја – Кочани

ул. „Кеј на револуцијата“ бб 2300, Кочани тел./факс: 00389 33 272 964 моб.: 00389 70 62 17 26 e-mail: [email protected] www.dafkocani.com

Page 21: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!

СОДРЖИНА

Кочани – четириеет лета фестивалки град, Ратко

Димитровски , Градоначалник на Општина Кочани ................... 3

Да се биде,... бездруго ќе се биде..., Дарко Спасов, селектор

на ДАФ 2016, Кочани ..................................................................... 5

Кочани останува стожер на драмскиот аматеризам,

Започна 52-от ДАФ на Македонија ............................................... 6

Денес 24 мај и утре 25 мај 2016 година на репертоарот

на 52-то издание на ДАФ на Македонија ................................. 10

Ретро, КОЧАНИ 1977, пропаганден материјал ....................... 12

Ретро, КОЧАНИ 1977, Подем на драмскиот аматеризам,

Драган Топчиевски, секретар на КПЗМ ...................................... 13

Ретро, КОЧАНИ 1977, Републичка аматерска драмска

смотра во Кочани, Смотра на аматерскиот ентузијазам,

Вечер, 14 мај 1977.......................................................................... 15

Ретро, КОЧАНИ 1977, Прва тетарска претстава

одиграна во Кочани на XIII Републички аматерски

драмски смотри ........................................................................... 17

Ретро, КОЧАНИ 1977, печат ...................................................... 18

Page 22: ХАМЛЕТ - dafkocani.comdafkocani.com/images/document/bilten1.pdfвечер и добродојдовте на 52 издание на ДАФ, по 40 пат во нашето Кочани!