МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. ·...

25
МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИНОВАЦИСКИ АКТИВНОСТИ (ИНОВАЦИИ) НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ, 20102012 Скопје, 2013 година

Upload: others

Post on 21-Mar-2021

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИНОВАЦИСКИ АКТИВНОСТИ

(ИНОВАЦИИ) НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ, 2010‐2012

Скопје, 2013 година

Page 2: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

2

С О Д Р Ж И Н А

I ВОВЕД

II МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ

1. Правен основ на истражувањето

2. Меѓународни препораки и стандарди

3. Цел и значење на истражувањето

4. Заштита на податоците

5. Извештајни единици

6. Прибирање на податоците (време, начин, техника)

7. Публикување на податоците

8. Дефиниции и објаснувања за одделни белези кои се користат во

истражувањето

III УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ИНОВАЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ , 2010‐2012 ( Образец ‐ ИНОВ)

Page 3: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

3

I ВОВЕД

Во ова упатство се објаснуваат методолошките основи и инструменти за спроведување на статистистичкото истражување за иновациски активности на деловните субјекти, 2010‐ 2012.

Упатството се состои од два дела, првиот дел ги содржи методолошките основи, а вториот дел се однесува на Упатството за пополнување на статистичкиот образец за иновации, (Образец ‐ ИНОВ).

Упатството е наменето како за учесниците во реализацијата на истражувањето, така и на корисниците кои се занимаваат со проблематиката од оваа област.

II МЕТОДОЛОШКИ ОСНОВИ 1. Правен основ на истражувањето

Статистичкото истражување за иновации се спроведува во согласност со Законот за државна статистика ("Службен весник на Република Македонија" бр. 54/ 97, 21/07, 51/11 и 104/13) и Петгодишната програма за работа на ДЗС, 2013‐2017 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 20/ 2013). 2. Усогласеност со меѓународните препораки и стандарди

Со цел да се обезбеди меѓународна споредливост на податоците, применет е стандардниот прашалник за прибирање на податоците (развиен од страна на Евростат). Методолошкиот концепт како основа на статистичкото истражување за иновациите е Прирачникот од Осло, (OECD’s Oslo methodology) 2005 год., (трето издание), а методологијата е хармонизирана со меѓународните дефиниции, класификации и номенклатури во согласност со Регулатива на Европската комисија бр. 995/2012.

3. Цел и значење на истражувањето

За успешна реализација на политиката за развој на конкурентни и успешно ориентирани мали и средни претпријатија од особено значење е следење на нивниот потенцијал за воведување на иновации. Со тоа се овозможува да се согледа реалниот однос на деловните субјекти кон иновациите и подобрување на информираноста за потребата и ефектите од иновациската активност на деловните субјекти.

Целта на статистичкото истражување за иновации е добивање на податоци за иновациите и иновациските активности во производството на производи, стоки и услуги, односно добивање на податоци за бројот на претпријатија кои се вклучени во процес или/и продукт иновации во анализираниот период (2010‐2012), претпријатија со тековни/незавршени или пак напуштени иновациски активности и претпријатија со маркетинг и организациски иновации. Добивање на податоци за тоа колку средства се инвестираат во иновациски активности, за соработката со други претпријатија, институции и добавувачи за развојот на иновациите, ефектите од иновациските активности и итн. Со ова истражување се добиваат податоци и за бројот на иновативни претпријатија и остварениот промет како резултат на воведувањето на иновации.

4. Заштита на податоците

Податоците што се прибираат со ова статистичко истражување претставуваат индивидуални податоци што се заштитени со Законот за државната статистика ("Службен весник на Република Македонија" бр.54/97, 21/07, 51/11 и 104/13 ), од каде произлегува обврската за нивна заштита при прибирањето, обработката, објавувањето, складирањето на податоците како и при нивното уништување во пропишаните рокови.

Page 4: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

4

Индивидуалните податоци ќе се користат само за статистички цели и како поединечни нема да се даваат ниту да се објавувааат.

Овие податоци ќе се чуваат според пропишани услови, а лицата кои вршат прибирање, обработка и се запознале со нив, должни се да ги чуваат како службена тајна. Податоците, по завршувањето на потребата за која се прибрани, ќе се уништат.

5. Извештајни единици

Извештајна единица во статистичкото истражување за иновациски активности се економско активни деловни субјекти, одбрани по пат на репрезентативен стратификуван примерок од статистичкиот деловен регистар.

Извештајните единици кои ќе бидат вклучени во истражувањето, се претпријатија со најмалку 10 вработени лица и според Националната класификација на дејности (НКД Рев.2) ги опфаќа следните сектори и оддели:

• B/Б Рударство и вадење на камен (05‐09) • C/В Преработувачка индустрија (10‐33) • D/Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (35) • Е/Д Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад

и дејности за санација на околината (36‐39) • Трговија на големо, освен со моторни возила и моторцикли (46) • H/Ж Транспорт и складирање (49‐53) • Издавачка дејност (58) • Телекомуникации (61) • Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (62) • Информативни услужни дејности (63) • К/И Финансиски дејности и дејности на осигурување (64‐66) • Архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа (71)

Според бројот на вработени, претпријатијата се поделени во три класи: • мали претпријатија, кои имаат 10‐49 вработени, • средни претпријатија, кои имаат 50‐249 вработени и • големи претпријатија, кои имаат 250 и повеќе вработени.

6. Прибирање на податоците (време, период и метод на спроведување на истражувањето)

Статистичкото истражување за иновациските активности на деловните субјекти се спроведува за период од 2010 до 2012 година (референтна е 2012 година). Истражувањето ќе се спороведе во периодот од 15 август до 15 октомври 2013 година.

Обрасците до извештајните единици ќе се испраќаат во печатена форма, преку пошта и тие треба до 16 октомври 2013 година да се достават до Државниот завод за статистика на адреса: ул. Даме Груев бр. 4, 1000 Скопје. 7. Публикување на податоците

Објавувањето на конечните податоци за потребите на корисниците и за други намени се врши преку:

• Соопштение • Публикација за Иновациска дејност • Статистички годишник на Република Македонија • Државниот завод за статистика доставува податоци на меѓународните

организации утврдени во согласност со меѓународните обврски, како и на посебно барање.

Page 5: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

5

8. Дефиниции и други објаснувања Поим за иновации

Иновациите вклучуваат воведување на нови или пак значително подобрени стоки, услуги или процеси. Иновацијата се спроведува кога се воведува на пазарот како (производ иновации) или пак кога се користи во процесот (процес иновации). Иновациите вклучуваат голем број на научни, технолошки, организациски, финансиски и економски активности. Иновативно претпријатие е претпријатие кое во набљудуваниот период има воведено нов или пак значајно подобрен производ или процес.

Иновациите се базираат врз основа на новиот технолошки развој, нова комбинација на веќе постоечките технологии, или користење на други знаења во претпријатието.

Иновацијата треба да биде нова за претпријатието, но не е неопходно да биде нова за пазарот. Исто така, не е важно дали иновацијата е развиена од самото претпријатие или пак првично е развиена од друго претпријатие/институција.

Раководителите на претпријатијата најверојатно нема да имаат потешкотии во препознавањето големи иновации како iPhone, ABS системи за кочење, нови видови на лекови за одредени болести, финансиски услуги итн. Затоа, во примерите дадени подолу се опишани иновации кои не може лесно да се препознаат како иновации со цел да им се помогне на претпријатијата да препознаат слични типови на иновации во нивното претпријатие.

Примерите дадени овде ги надополнуваат примерите и објаснувањата на иновациите во Прирачникот од Осло. Видови иновации

1. Иновации на производи (стоки и услуги) 2. Иновации на процеси 3. Организациски иновации 4. Маркетинг иновации

1. Иновации на производи (стоки и услуги)

Иновација на производ претставува воведување на нова или значитело подобрена стока или услуга, во однос на карактеристиките и можностите на стоката или услугата, нивната употребливост, составните делови и потсистемите. На пример, усовршување на софтверот, неговите компоненти или под‐системи.

Иновациите на производи опфаќаат стоки и услуги кои имаат намена или карактеристики што во голема мера се разликуваат од претходните производи ( стоки и услуги) што претпријатието ги произведувало. Овде се вклучени нови или значително подобрени технички спецификации, компоненти и материјали, софтвер, употребливост или други функционални карактеристики.

Иновациите на производи се однесуваат на стоки или услуги што се целосно нови за претпријатието или нови за пазарот на претпријатието, или стоки или услуги што се значително подобрени.

Иновациите на производи не вклучуваат: • Незначителни промени или подобрувања • Рутински надградби • Сезонски промени (како на пример за модна линија)

Page 6: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

6

• Прилагодување кон барањата и потребите на посебен клиент што не вклучува значително различни карактеристики во споредба со производите направени за другите клиенти.

• Промени во дизајнот кои не ја менуваат функцијата или техничките карактеристики на стоката или услугата.

• Обичната препродажба на нови стоки и услуги купени од други претпријатија, но вклучени се стоки и услуги развиени и произведени од страна на странски филијали за вашето претпријатие.

Примери за нови или значително подобрени стоки

• Замена на постоечките материјали со материјали со подобрени карактеристики

(пр. пропустливоста на текстилот, лесни но цврсти композити, еколошка пластика, итн.).

• Воведување нови или подобрени компоненти во постоечките производни линии (камери во мобилните телефони, системи за закопчување кај облеката, итн.).

• Опрема која вклучува софтвер што ја подобрува употребливоста или погодноста, (пр. тостер што автоматски се исклучува кога лебот ќе се испече или ГПС системи кои ја одредуваат локацијата на одредени видови на продавници или услуги).

• Додавање нови функции: двострано печатење, велосипедски светла кои може да се полнат преку УСБ приклучок, канти за отпадоци што сигнализираат кога се полни, производи кои може да се свиткаат за лесно складирање, итн.

Примери за нови или значително подобрени услуги

• Подобрување на пристапот до услугата за клиентите, како на пример

подигнување и оставање на изнајмено возило на домашната адреса. • Претплатничка услуга за ДВД, каде што за месечна претплата корисниците

можат да порачаат определен број ДВД‐а преку интернет со поштенска испорака до дома, а враќање преку однапред адресиран плик.

• Воведување нови интернет услуги, како на пример во банкарството воведување на системи за плаќање сметки, електронско купување билети за патување и театарски претстави, сајтови за социјално вмрежување, итн.

• Нови форми на гаранција, како на пример продолжена гаранција на нови или користени стоки, или гаранции во пакет со други услуги, како на пример со кредитни картички, банкарски сметки, или картички за лојални клиенти.

• Инсталирање на греалки во отворените тераси на рестораните и баровите, или видео екрани за гледање филмови на задниот дел од седиштата во авионите, автобусите или возовите.

Разликa меѓу иновација на стоки и услуги

Претпријатијата не може секогаш да бидат сигурни дали нивниот иновативен

производ претставува стока или услуга. Класификацијата на дејноста на претпријатието не е секогаш сигурен показател, бидејќи претпријатија кои припаѓаат во производствениот сектор може да даваат услуги, а претпријатија од услужниот сектор може да произведуваат стоки.

Стоките вообичаено се материјални, во сопственост на потрошувачите и може

да се користат повеќе пати, на пример мебел, апарати, електронска опрема, софтвер и облека. Но, постојат и исклучоци, како на пример храна купена во супермаркет или

Page 7: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

7

дизел гориво купено од рафинерија, кои може да се користат само еднаш, како и филмови и музика преземени од интернет, кои имаат нематеријална природа.

Услугите вообичаено се нематеријални, може да се користат само еднаш, и не

се во сопственост на потрошувачот. Услугите вклучуваат банкарство, малопродажба, хотелско сместување, осигурување, образовни курсеви, патување со авион, забава (театри, спортски настани итн.), поправки и реновирање, консултации, директен пренос на видео или музика (во споредба со видео и музика што се преземаат од интернет).

Во комуналните претпријатија за гас, канализација, вода, струја, итн. и во

градежништвото производите може да имаат карактеристики и на стоки и на услуги. Комуналните претпријатија кои нудат производ (гас, вода, итн.) за приватни и комерцијални корисници, се само посредници кои не го произведуваат производот (гас или вода), туку само го доставуваат до потрошувачите. Производителите на електрична енергија исто така се класифицирани како даватели на услуга, дури и кога истовремено произведуваат и испорачуваат електрична енергија. Изградбата на куќи и комерцијални објекти за клиенти се смета за услуга, но градежните претпријатија исто така може да градат станови и за продажба. Во вториот случај испитаникот може да смета дека неговото претпријатие произведува стока, а не услуга.

2. Иновации на процеси

Иновацијата на процес претставува примена на нов или значително подобрен процес на производство, начин на дистрибуција или помошна активност.

Иновациите на процеси се случуваат и во услужните и во производствените сектори и вклучуваат нови или подобрени методи на производство, логистика, системи за испорака и дистрибуција, како и помошни активности, како што се одржување, набавки и сметководствени операции. Тие вклучуваат значителни промени во специфични техники, опрема и/или софтвер, со намера да се подобри квалитетот, ефикасноста или флексибилноста на производството или набавките, или намалување на опасноста по животната средина и безбедноста.

Некои иновации на процеси, особено тие што вклучуваат логистика или дистрибуција се тесно поврзани со организациските иновации, како на пример за управување со синџирот на снабдување. За нив може да биде речиси невозможно да се дадат јасни насоки за видот на иновации. Најдобро претпријатието само да одлучи дали иновацијата е првенствено иновација на процес, организациска иновација, или и двете. Иновациите на процеси не вклучуваат:

• Незначителни промени или подобрувања. • Зголемување на производствените и услужните способности преку додавање

на производни или логистички системи кои се многу слични со оние кои се веќе во употреба.

• Иновации кои имаат важен кориснички интерфејс, како на пример услуга за доставување или подигнување (ова се иновации на производи).

Примери за иновативни методи на производство на стоки или услуги

• Инсталација на нова или подобрена технологија на производство, како на пример опрема за автоматизација или сензори за следење кои можат да вршат приспособување на процеси.

Page 8: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

8

• Нова опрема која е потребна за нови или подобрени производи. • Компјутерски потпомогнат развој на производи или друга технологија за

подобрување на истражувачките способности, како што е опремата за микроскопи.

• Поефикасен процес на обработка со што се намалува потребниот материјал или потрошувачката на енергија по единица производ.

Примери за иновативни методи на доставување, дистрибуција и логистика

• Воведување бар‐кодови или чипови за пасивна идентификација преку радио фреквенција (RFID) за следење на преносот на материјали во синџирот на снабдување.

• ГПС системи за следење за транспортна опрема. • Автоматска повратна информација до добавувачи со употреба на електронска

размена на податоци. Примери за помошни иновациски активности

• Воведување софтвер за одредување на оптималните патишта за доставување. • Нов или подобрен софтвер за набавки, сметководство или системи за

одржување. 3. Организациски иновации

Организациска иновација опфаќа воведување на нови методи на организација во деловното работење, нови методи на организирање на работните обврски и донесување на одлуки и нови методи на организирање на надворешните односи со други претпријатија и јавни институции.

Организациските иновации подразбираат спроведување на значајни промени

во деловните практики, организацијата на работните обврски и донесувањето одлуки, што вклучува обука или едукација за зголемување на вештините и одговорностите на вработените; и организацијата на надворешните односи со други претпријатија или јавни институции. Тие се наменети за подобрување на иновативниот капацитет или карактеристиките на претпријатието, како што се квалитетот или ефикасноста на работните текови или времето на реакција на укажаните можности и на кризите. Организациските иновации обично вклучуваат промени во повеќе делови од синџирот на снабдување на претпријатието и се помалку технолошки зависни од иновациите на процеси. Организациските иновации не вклучуваат:

• Промени во стратегијата на управување, освен ако не се придружени со воведување значајни организациски промени.

• Воведување нова технологија која се користи само од страна на еден оддел на претпријатието (на пример во производството).

• Едноставно дополнување на организациските промени кои веќе биле имплементирани во минатото или во еден дел на претпријатието. На пример, реорганизацијата на работните задачи во една деловна единица не е организациска иновација ако таа реорганизација веќе била имплементирана во друга деловна единица во состав на претпријатието.

Page 9: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

9

Примери за иновации на деловни практики

• Воспоставување формални или неформални работни тимови за подобрување на пристапот и размената на знаење од различни сектори, како на пример маркетинг, истражување, производство, итн.

• Воведување стандарди за контрола на квалитетот во работењето за добавувачи и подизведувачи.

• Системи за управување со снабдувањето за да се оптимизира распределбата на средства, од влезните ресурси до конечната испорака на производите.

• Воведување за првпат индивидуални или групни стимуланси за подобрување на работењето.

• Воведување за првпат на "работа на далечина" или канцеларија "без хартија". Примери за иновации во организацијата на работата

• Намалување или зголемување на хиерархиската структура за донесување одлуки.

• Промена на одговорности, како на пример давање значително поголема контрола и одговорност над работните процеси на персоналот за производство, дистрибуција или продажба.

• Воведување високоефективен систем на работа (High Performance Work System ‐ HPWS) кој се карактеризира со холистичка организација во која има рамни хиерархиски структури, ротација на работни места, самоодговорни тимови, мултитаскинг, поголема вклученост на вработените од пониско ниво во донесувањето одлуки и замена на вертикалните со хоризонтални комуникациски канали.

• Нови системи на обука или едукација, како на пример редовно прикажување видеа на компјутерот на секој вработен, кои ги опишуваат тековните предизвици за претпријатието или нудат надградба на вештините, со цел подобрување на способноста на вработените да ги препознаат проблемите и да преземат одговорност.

• Создавање нови оддели, на пример, со разделување на маркетингот и производството во два различни оддели, или алтернативно, промена за да се интегрираат повеќе оддели во еден.

Примери за иновации на надворешни односи

• Употреба за првпат на надворешни услуги (outsourcing) за истражување или производство ако е потребна промена во начинот на организација на работните текови во рамките на претпријатието.

• Употреба за првпат на сојузи кои наложуваат тесна соработка на вработените со персонал од друга организација, вклучувајќи и привремена размена на персонал.

4. Маркетинг иновции Маркетинг иновација претставува примена на нови маркетинг концепти или стратегии што значајно се разликуваат од веќе постоечките употребувани методи во претпријатието. Маркетинг иновација претставува воведување на значајни промени во дизајнот или пакувањето на производот. Маркетинг иновацијата исто така вклучува и воведување на нови техники на промоција на производите и нови методи на пласман на производите и канали за продажба. Покрај тоа вклучува и нови политики за формирање на цените на стоките и услугите.

Page 10: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

10

Маркетинг иновации опфаќаат значителни промени во начинот на кој претпријатието ги продава своите стоки и услуги, вклучувајќи ги и промените на дизајнот и пакувањето. Голем дел од нив мора да бидат употребени првпат од страна на претпријатието. На пример, првиот пласман на една производна линија на интернет претставува иновација, но вториот пласман на интернет на друга линија на производи или за друг географски пазар не е иновација. Иновациите во маркетингот не вклучуваат:

• Рутински или сезонски промени, како на пример модни линии • Рекламирање, освен ако не се базира на употреба на нови медиуми за

првпат. Примери за иновации на дизајн и пакување

• Нов дизајн за производи за широка потрошувачка, како што се апарати наменети за многу мали станови.

• Прилагодување на пакувањето за различни сегменти од пазарот (различни корици и фонт за различни верзии на истата книга ‐ за деца и за возрасни).

Примери за иновации на промоција на производ

• Промоција на постоечките стоки или услуги на нови начини за да бидат привлечни за различни сегменти од пазарот.

• Развивање трговски марки за нови линии на производи. • за првпат дистрибуција на производот , до познати личности, или одредени

групи кои ги поставуваат модните трендови, со цел промоција од нивна страна. • За првпат, промоција на производот на телевизија, во книги, филмови, итн.

• За првпат примена на социјалните мрежи за промоција на производот како маркетинг метод.

Примери за иновации за пласман на производ

• Прва употреба на интерна продажба која е достапна само за имателите на наградна или клуб‐картичка.

• Прва употреба на посебно медиумско рекламирање во одредени институции, како на пример во болници, автобуси или возови за стимулирање на продажбата на одредени производи.

• Употреба за првпат на директен маркетинг преку пошта, телефон или електронска пошта за веќе постоечките клиенти.

• Прва примена на ексклузивна продажба на мало, како на пример продажба само на луксузни производи во специјални продавници.

Примери за иновации во одредувањето на цените

• За прв пат примена на варијабилни цени, при што цената варира во зависност од времето на купување, локацијата на купувачот, количината итн.

• За првпат примена на ниски почетни цени за влез на пазарот или продажба на производи со загуба за да се привлечат купувачите, со цел да се воспостави удел на пазарот и препознатливост на брендот.

• Прва употреба на системи за попуст како на пример картички за лојалност.

Page 11: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

11

Иновациски активности

Иновациските активности вклучуваат набавка на машини, опрема, софтвер и лиценци, инженерски и развојни работи, обуки, маркетинг, истражување и развој, кога се преземаат конкретно за развој и/или воведување на производ или процес иновација. Иновативните активности во набљудуваниот период може да бидат:

• Успешни, ако претпријатието воведе нови или значително подобрени производи или процеси

• Напуштени, доколку иновацијата е оставена поради проблеми пред да се воведе нов или значително подобрен производ или процес

• Незавршени/тековни, иновацијата не е се уште завршена и не е воведена.

Иновациските активности опфаќаат: • Истражување и развој • Набавка на напредни машини, опрема, софтвер и згради кои ќе се користат

за нови или значително подобрени производи или процеси • Набавка на авторски заштитени дела, патентирани и непатентирани изуми,

практични знаења итн. од други претпријатија или организации • Интерна или екстерна обука на вашите вработени, насочена кон развој

и/или воведување нови или значително подобрени производи и процеси • Активности за воведување на вашите нови или значително подобрени стоки

и услуги на пазарот, вклучувајќи и истражување на пазарот и рекламна кампања за пласман на пазарот

• Процедури и техничка подготовка за имплементација на нови или значајно подобрени производи или процеси, кои што не се опфатени на друго место.

Претпријатија според иновациски активности

Претпријатијата во зависност од тоа дали спроведуваат иновативни активности

или пак не се поделени на: 1. Иновативно активни претпријатија

Се претпријатија кои што имаат воведено производ/процес иновација или претпријатија кои во набљудуваниот период имаат тековна/недовршена или напуштена иновација и/или претпријатија кои што имаат воведено организациона или маркетинг иновација. Оваа изменета дефиниција за иновативно активни претпријатија, е воведена во меѓународниот методолошки водич (Oslo Мануал 2005). Според претходната дефиниција, претпријатијата кои имаат воведено организациона и/или маркетинг иновација не беа вклучени како иновативно активни претпријатија, а сега и тие спаѓаат во иновативно активни претпријатија.

2. Производ иноватори; процес иноватори; организациски иноватори; маркетинг иноватори се претпријатија кои во набљудуваниот период имаат воведено иновација/иновации во некој од наведените видови.

3. Претпријатија со тековни и/или напуштени иновативни активност Оваа категорија вклучува претпријатија кои во набљудуваниот период имаат само тековна/незавршена или напуштена иновативна активност или пак и двата видови и кои се уште немаат воведено некој вид на иновација на пазарот.

4. Не‐иновативни претпријатија се претпријатија кои во набљудуваниот период немаат воведено некој вид на иновација и кои исто така немаат преземено некоја иновативна активност во набљудуваниот период.

Page 12: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

12

III УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ ЗА ИНОВАЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ , 2010‐2012 ( ОБРАЗЕЦ ‐ ИНОВ)

Образецот за иновациска активност на деловните субјекти, 2010‐2012( Образец

ИНОВ) е составен од 12 групи на прашања. Одговорите на прашањата ги дава директорот на деловниот субјект или

членовите на раководниот тим. Одговорите се даваат со впишување на знакот "Х" во соодветните полиња

или со запишување на одговорот на предвидените празни линии. Пополнувањето на Образецот‐(ИНОВ) треба да се одвива во согласност со

дадените насоки, појаснувањата на прашањата или фусноти и предвидените скокови во зависност од видот на одговорот кои се јасно наведени на самиот Образец.

Претпријатијата кои во последните три години (2010 ‐ 2012 ) имаат воведено иновации во производи (стоки или услуги) и процеси, го пополнуваат секој дел од прашалникот.

Претпријатијата, кои во последните три години (2010 ‐ 2012) немаат воведено иновации во производи или процеси, одговараат со ,,Нe" на прашањата 2.1. 3.1. 4.1., a задолжително го пополнуваат Дел 1, и од Дел 8 заклучно со Дел 12.

Пополнувањето на Образецот започнува со Oпштите податоци за деловниот

субјект за кој се пополнува образецот. На првата страница од Образецот , правилно со печатни букви треба да се

пополнат општите податоци за деловниот субјект: називот (името), адресните податоци, единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), претежната дејност според НКД Рев.2 , видот на сопственоста и годината на основање.

Прашање 1.1 Дали Вашето претпријатие во 2012 година било дел од група на претпријатија?

Ако Вашиот деловен субјект е дел од група на претпријатија , одговорете со ДА, а во спротивно одговорете со НЕ. Ако сте одговориле со ДА, напишете во кој земја се наоѓа седиштето на вашата група.

Групата на претпријатија ја сочинуваат две или повеќе правно дефинирани претпријатија, кои може да бидат "сестрински" (други правно дефинирани производни оддели), "претпријатија‐ќерки" (подружници), или "матични претпријатија" (регионално или меѓународно седиште). Секое од овие може да се наоѓа во истата земја како и претпријатието или во друга земја.

Ако Вашето претпријатие е дел од група на претпријатија на сите понатамошни прашања одговорете само за претпријатието за кое сте одговорни во Република Македонија. Не земајте ги предвид подружниците или матичните претпријатија надвор од Република Македонија.

Прашање 1.2 Во тригодишниот период 2010‐2012 година, дали Вашето претпријатие:

1. Се споило или преземало друго претпријатие 2. Предало, затворило или пренело надвор од рамките на претпријатието

некои од активностите или функциите 3. Отворило нови подружници во Македонија или во други европски

земји 4. Отворило подружници надвор од Европа

На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да се обележат сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие.

Page 13: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

13

Појаснувања: Спојување претставува здружување на два или повеќе деловни субјекти

(компании) во едно, преку купување или здружување на интереси. Екстернализацијата (оutsourcing) е пренос на деловен процес кој претходно

може бил спроведен интерно во една организација или за кој има нова потреба, во друга независна организација од која потоа процесот се купува назад како услуга.

Подружница или претпријатие‐ќерка е претпријатие кое целосно или делумно е во сопственост, или целосно или делумно под контрола, на друго претпријатие кое поседува повеќе од половина од акциите на подружницата. Прашање 1.3 На кои географски пазари Вашето претпријатие продавало стоки и/или услуги во периодот 2010‐2012 година?

Појаснување: Локален или регионален пазар не ја вклучува целата земја каде што се наоѓа испитаникот, додека национален пазар ја вклучува целата територија на земјата. Кај претпријатијата во пограничните региони што продаваат на регионално ниво во неколку соседни земји пазарот вклучува "Други европски земји или земји кандидати".

На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да се обележат сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие. Прашање 1.4 Која од географските области ( наведени на прашање 1.3 ) била вашиот најголем пазар во однос на реализираниот прометот во периодот 2010‐2012 година?

Одговорот се дава со запишување на соодветниот број (1, 2, 3, 4) од прашање 1.3. во предвиденото поле. 2. Иновации на производи (стоки или услуги) Прашање 2.1 Во периодот 2010‐2012 година дали Вашето претпријатие вовело:

1. Иновации на стоки: Нови или значително подобрни (не треба да се земе предвид препродажбата на нови производи или промените кои имаат само естетска природа)

2. Нови или значително подоберни услуги Ако на понудените одговори под 1 и 2 е одговорено со ,,НЕ", треба да преминете

на Поглавје 3. Ако сте одговориле на барем едно прашање со ДА, треба да продолжете на прашањето 2.2. Прашање 2.2 Кој ги развил овие иновации на производите?

1. Вашето претпријатие самостојно 2. Вашето претпријатие заедно со други претпријатија или институции 3. Вашето претпријатие преку прилагодување или изменување на стоки или

услуги првично развиени од други претпријатија или инстутуции 4. Други претпријатија или институции На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е

повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да ги обележете сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие.

Page 14: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

14

Дополнителни објаснувања за прашањето за тоа "кој ги развил иновациите" Претпријатие самостојно

Развојот првенствено се одвивал во рамките на претпријатието, без активно учество на други претпријатија или институции. Претпријатието може да се служело со надворешни извори на информации како што се технички и професионални списанија, конференции, саеми, користење рутински услуги од надворешни претпријатија, или ограничени совети од надворешни експерти или консултанти.

Вашето претпријатие заедно со други претпријатија или институции

Развојната работа се врши заеднички со едно или повеќе претпријатија или институции. Ова вклучува и соработки и работа доделена на надворешни соработници, сè додека нивната цел е да решаваат проблеми. Тука не спаѓаат договори за рутински активности, како што се тестирање на силата или составот на материјали, тестови на крв, итн.

Вашето претпријатие преку прилагодување или изменување на стоки или услуги првично развиени од други претпријатија или институции

Ова се случува кога едно претпријатие прави мали измени на производот, услугата или процесот што првично бил развиен од друго претпријатие или институција. На пример, претпријатието може да прилагоди комппоненти да одговараат на неговиот производ, да направи мали промени на еден производ преку имитирање на карактеристиките на производ развиен од друго претпријатие, или да изврши измена на нова опрема за да ги задоволи сопствените барања.

Други претпријатија или институции

Претпријатието усвоило иновација што била развиена од друго претпријатие или институција, без понатамошни промени. Во суштина, иновацијата била усвоена онаква каква што е. Пример за ова е кога една компанија користи нов чип за обработка купен од производител на чипови или кога една компанија купува нова опрема за пакување.

Прашање 2.3 Дали некоја од иновациите на производи (стоки или услуги) во тригодишниот период 2010‐2012 година била:

1. Нова за вашиот пазар (Вашето претпријатие вовело нов или значително подобрен производ на вашиот пазар пред конкуренцијата, можно е производот веќе да бил достапен на други пазари.) 2. Нова само за Вашето претпријатие (Вашето претпријатие вовело нов или значително подобрен производ што веќе бил пласиран на вашиот пазар од вашата куренција.) На секој од понудените одговори треба да се одговори со Да или Не во

предвиденото поле. Прашање 2.4 Користејќи ги дадените дефиниции, одредете го уделот во вашиот вкупен промет во 2012 година од:

1. Нови или значително подоберни производи воведени во тригодишниот период 2010‐2012 година кои биле нови за вашиот пазар

2. Нови или значително подобрени производи воведени во тригодишниот период 2010‐2012 година кои биле нови само за вашето претпријатие

3. Производи кои биле непроменети или само занемарливо променети во периодот 2010‐2012 година (вклучете ја препродажбата на нови производи купени од други претпријатија)

Одговорот на прашањето треба да биде запишан на предвидената линија како % од вкупниот промет на претпријатието остварен во 2012 година. Вкупниот промет е еднаков на (1+2+3 ) и треба да е еднаков на 100%.

Page 15: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

15

Прашање 2.5 Според вашите сознанија дали која било од вашите иновации на производи во периодот 2010‐2012 година била:

1. Прва во Република Македонија 2. Прва во Европа 3. Прва во светот На секој од понудените одговори треба да се одговори со Да, Не или Не занам во

предвиденото поле. Ако немате иновација на производ што е прва во светот, преминувате на Поглавје

3., во спротивно продолжете со следното прашање 2.6 Прашање 2.6 Колкав процент од вашиот вкупен промет во 2012 година бил од светски иновации на производи воведени во периодот меѓу 2010 и 2012 година? Одговорот на прашањето се означува со Х во предвиденото поле кое се однесува на соодветниот % од вкупниот промет. 3. Иновации на процеси Прашање 3.1. Дали Вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година вовело: 1. Нови или значително подоберни методи на производство на стоки или услуги 2.Нова или значително подобрена логистика, методи на доставување или дистрибуција на суровини, стоки или услуги 3. Нови или значително подобрени помошни активности за вашите процеси Ако секаде одговорот е ,,Не", преминете на Поглавје 4., во спротивно продолжете на прашање 3.2 Прашање 3.2 Кој ги развил овие иновации на производите?

1. Вашето претпријатие самостојно 2. Вашето претпријатие заедно со други претпријатија или институции 3. Вашето претпријатие преку прилагодување или изменување на стоки или

услуги првично развиени од други претпријатија или инстутуции 4. Други претпријатија или институции

На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да ги обележете сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие. Прашање 3.3 Дали некоја од наведените иновации на процеси во тригодишниот период 2010‐2012 година била нова за Вашиот пазар ?

На прашањето треба да се одговори со Да, Не или Не занам во предвиденото поле. 4. Незавршени или напуштени иновации на производи или процеси

Иновациските активности вклучуваат набавка на машини, опрема, згради, софтвер, лиценци, инженерски и развојни работи, дизајн, обучување и маркетинг кои се воведуваат конкретно за развој и/или воведување иновации на производи или процеси. Земете ги предвид сите видови активности за истражување и развој. Овие активности мора да биле во тек за време на референтниот период 2010‐2012 година, пред да бидат напуштени или привремено прекинати.

Page 16: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

16

Прашање 4.1 Дали вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година имало иновациски активности што не резултирале со иновација на производ или процес затоа што биле:

1. Напуштени или прекинати пред нивното завршување 2. Сеуште се во тек на крајот од 2012 година

Ако Вашето претпријатие немало иновации на производи или процеси или не спроведувало иновациски активности во периодот 2010‐2012 година (односно ако сте одговориле со Не на сите понудени можности од прашањата 2.1. 3.1. 4.1) преминете на Поглавје 8., во спротивно продолжете со Поглавје 5.

5. Видови иновациски активности и трошоци за иновации на производи и процеси

Прашање 5.1. Дали вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година вршело некоја од наведените иновациски активности

За одговор на прашањето понудени се осум модалитети со појаснувања за видот на иновациска активност и на што се однесува таа.

На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да ги обележете сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие. Прашање 5.2. Колкави биле трошоците на Вашето претпријатие за секоја од наведените иновациски активности само во 2012 година?

Во одговорот на прашањето треба да ги вкучите следниве тековни трошоци: трошоци за вработените, трошоци за екстерни услуги и други тековни трошоци за иновативни активности, како и капитални трошоци за згради и опрема.

Трошоците прикажете ги во илјада денари во предвидените полиња. На модалитетот 6 треба да се прикажат вкупните издатоци за иновациски

активности т.е. збирот од издатоците за иновациските активности од претходните 5 модалитети ( 1+ 2+ 3+4+5). Прашање 5.3 Дали во периодот 2010 ‐ 2012 година Вашето претпријатие примило некаква финасиска помош за иновациски акивности од следниве државни органи?

Во одговорот на прашањето треба да биде вклучена финансиска поддршка во вид на даночни олеснувања, неповратни средства т.е. грантови, субвенционирани кредити, кредитни гаранции, а треба да бидат исклучени истражувачки и други иновациски активности кои се изведуваат само за јавниот сектор врз основа на договор. Одговорот се дава со обележување на ДА или НЕ во секое од предвидените полиња. Напомена: Ако на модалитетот 3 сте одговориле со ДА, задолжително треба да одговорите на модалитетот 4 .

6. Извори на информации и соработка за иновации на производи и процеси

Прашање 6.1. Во периодот 2010‐2012 година, колкава важност за иновациските активности на Вашето претпријатие имале секој од наведените 11 (единаесет) извори на информации?

На ова прашање како одговор треба да ги наведете изворите на информации од кои што сте обезбедиле информации за новите иновациски проекти или придонеле во комплетирањето на постоечките проекти.

Page 17: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

17

Одговорот се запишува во предвидените полиња според степенот на важноста (голема, средна, мала, не е користена) на изворите на информациите. Прашање 6.2. Дали Вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година соработувало со други претпријатија или институции во некоја од вашите иновациски активности?

Соработката на полето на иновации претставува активно учество во иновациски активности и проекти со други претпријатија или институции. Партнерите не мора да имаат комерцијална корист од соработката. Исклучете ја работата што за Вас ја вршат други изведувачи, без активна соработка со Вашето претпријатие. Заокружете еден од можните одговори, Да или НЕ. Ако сте одговориле со НЕ, преминувате на Поглавјето 7, а во спротивно одговорете на прашањето 6.3 Прашање 6.3 Наведете го партнерот за соработка според локацијата

Ако Вашето претпријатие имало соработка во областа на иновациската дејност со други претпријатија или институции во периодот 2010‐ 2012, означете го видот на партнерот – соработник и неговата локација во предвидените полиња (Македонија, Европа, САД, Кина или Индија и Други земји).

Можни се повеќе одговори така што во секој ред на наведените модалитети од 1 до 8 , се означува соодветната локација во предвидените полиња. Прашање 6.4 Кој вид партнерство сметате дека бил најкорисен за иновациските активности на Вашето претпријатие?

На линијата запишете кој вид на партнер соработник е најзначаен за соработка. Одговорот на прашањето е со запишување на соодветниот број (од 1 до 8) во

предвиденото поле, наведено на претходното прашање 6.3

7. Конкурентност на иновациите на производи и процеси на Вашето претпријатие

Прашање 7.1 Каков ефект имале следниве методи за одржување или зголемување на конкурентноста на вашите иновации на производи и процеси воведени во периодот 2010‐2012 година?

За одговор на прашањето оценете го степенот на важноста (висок, среден, низок и не е користен) на наведените методи (од 1 до 7) за одржување или зголемување на конкурентноста на вашите иновации на производи и процеси воведени во периодот 2010‐2012 година. 8. Организациски иновации

Организациска иновација е нов метод на организација во деловното работење на вашето претпријатие (вклучувајќи и управување со знаење), организацијата на работното место или надворешните односи, кој претходно не бил користен во вашето претпријатие.

Мора да биде резултат на стратешка одлука на раководството. Не се зема предвид спојување или преземање на други претпријатија, дури и ако е за првпат. Прашање 8.1 Дали во периодот 2010‐2012 година Вашето претпријатие вовело нови методи на организација во деловното работење?

За одговор на прашањето понудени се три модалитети со појаснувања за видот на организациската иновациска активност и на што се однесува таа.

На секој од понудените одговори треба да се одговори со Да или Не.

Page 18: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

18

9. Иновации во маркетингот

Маркетинг иновација е примена на нови маркетинг концепти или стратегии што значително се разликуваат од постоечките маркетинг методи на вашето претпријатие и кои не биле употребени претходно.

Потребни се значителни промени во дизајнот или пакувањето на производот, пласман на пазарот, промоција и цена на производот, за промената да се смета за маркетинг иновација.

Не се земаат предвид сезонските, регуларните и другите рутински промени во маркетинг методите. Прашање 9.1 Дали во периодот 2010‐2012 година, Вашето претпријатие вовело, нови маркетинг концепти или стратегии?

За одговор на прашањето понудени се четири модалитети со појаснувања за видот на иновациите во маркетингот и на што се однесуваат тие.

На секој од понудените одговори треба да се одговори со Да или Не. 10. Јавни набавки и иновации Прашање 10.1. Дали во периодот 2010‐2012 година Вашето претпријатие имало склучено договори за снабдување со стоки или услуги со:

1. Домашни организации од јавниот сектор 2. Странски организации од јавниот сектор На секој од понудените одговори треба да се одговори со Да или Не. За одговор на прашањето задолжително прочитајте го појаснувањето дадено

во фуснотата дека: Јавниот сектор вклучува државни организации, како што се локалните и националните агенции, администрација, училишта, болници, јавни претпријатија за транспорт, енергија, домување, водоснабдување и сл.

Ако сте одговориеле со Не и на двата модлалитети понудени како одговор на прашањето преминете на Поглавје 11, во спротивно треба да продолжите со прашањето 10.2. Прашање 10.2. Дали Вашето претпријатие вршело некакви иновациски активности како дел од договор за снабдување стоки или услуги до организација од јавниот сектор?

За одговор на прашањето треба да бидат вклучени иновациски активности поврзани за иновации на производ, процес, организација и маркетинг!

На секој од понудените одговори може да се одговори со Да или Не. Можен е повеќе од еден одговор на прашањето и во тој случај треба да ги обележете сите полиња што се однесуваат на Вашето претпријатие. 11. Стратегии и пречки за остварување на целите на Вашето претпријатие Прашање 11.1 Во периодот 2010‐2012 година, колку важна била секоја од наведените цели за Вашето претпријатие? (без оглед дали Вашето претпријатие ги остварило тие цели)

За одговор на прашањето оценете го степенот на важноста ( голема, средна, мала и не е релевантно) за наведените цели ( од 1 до 4) за Вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година.

Page 19: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

19

Прашање 11.2 Во периодот 2010‐2012 година, колку важна била секоја од следниве стратегии за остварување на целите за Вашето претпријатие?

За одговор на прашањето оценете го степенот на важноста (голема, средна, мала и не е релевантно) на наведените стратегии (од 1 до 8) за остварување на целите за Вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година. Прашање 11.3 Во периодот 2010‐2012 година, колкава важност имале наведените фактори како пречки во остварувањето на целите на Вашето претпријатие?

За одговор на прашањето оценете го степенот на важноста ( голема, средна, мала и не е релевантно) на наведените фактори ( од 1 до 8) како пречки во остварувањето на целите на Вашето претпријатие во периодот 2010‐2012 година. 12. Основни економски информации за Вашето претпријатие Прашање 12.1 Колкав бил вкупниот промет на Вашето претпријатие во 2010 и во 2012 година?

Прометот се дефинира како вредност на продадените стоки и услуги на пазарот вклучувајќи ги сите даноци освен ДДВ.

Одговорот запишете го на предвидените линии во милиони денари. Прашање 12.2 Колкав бил просечниот број на вработени во Вашето претпријатие во 2010 и во 2012 година?

За одговор на прашањето на предвидените линии се запишува годишниот просечен број на вработени. Ако се користат административни податоци и годишниот просек не е достапен, прикажете го бројот на вработени на крајот на секоја година. Прашање 12.3 Приближно колкав процент од вработените во Вашето претпријатие во 2012 година имале високо образование?

Одговорот на прашањето се означува со Х во предвиденото поле кое се однесува на соодветниот % за бројот на вработените со високо образование во 2012 година. Напомена:

На крајот на прашалникот пополнете ги податоците за лицето за контакт од Вашето претпријате во случај да има дополнителни прашања како и потребното време кое Ви требаше за да го пополните прашалникот.

Многу од прашањата во образецот Ви се познати, но сепак некои претпријатија

би можеле да имаат потешкотии во разбирањето на некои од термините. За таа цел термините кои може да бидат проблематични или можат поинаку да бидат толкувани се објаснети подолу во Табела 1, според редоследот како што се појавуват во Образецот.

Page 20: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

20

Табела 1. Објаснување на термини

Термин Каде се користи

(прашање)

Опис

Група на претпријатија

1.1 Групата на претпријатија ја сочинуваат две или повеќе правно дефинирани претпријатија, кои може да бидат "сестрински" (правно дефинирани производни оддели), "претпријатија‐ќерки" (подружници), или "матични претпријатија" (со регионално или меѓународно седиште). Секое од овие може да се наоѓа во истата земја како и претпријатието или во друга земја.

Спојување 1.2 Спојување претставува здружување на два или повеќе деловни субјекти (претпријатија) во едно, преку купување или здружување на интереси.

Географски пазари 1.3 Локалниот пазар се однесува на територијата во рамките на регионот. Во Република Македонија има 8 (осум) региони (НУТС‐3) . Национален пазар ја вклучува целата територија на земјата. Кај претпријатијата во пограничните региони што продаваат на регионално ниво во неколку соседни земји пазарот вклучува "Други европски земји или земји кандидати".

Екстернализација (Outsourcing)

1.2 Екстернализацијата (оutsourcing) е пренос на деловен процес кој претходно се спроведувал во рамките на едно претпријатие ,а за кој се јавува потреба, во друго независно претпријатие од кое потоа процесот се купува назад како услуга.

Подружници 1.2 Подружница или претпријатие‐ќерка е претпријатие кое целосно или делумно е во сопственост, или целосно или делумно под контрола, на друго претпријатие кое поседува повеќе од половина од акциите на подружницата.

Можности на производ

2 Функциите на еден производ или што со него може да направи или за што може да се користи.

Препродажба 2.1 Тука спаѓаат стоки купени и препродадени од друго претпријатие без никакви промени. Новите производи купени од добавувачи и потоа вклучени како компоненти во нови производи на претпријатието се сметаат за иновации.

Првично развиено Вовед во 2 и 3

Претпријатието е првичниот производител на функционален прототип или комерцијална верзија на производ или процес. Производот или процесот може да биде и целосно развиен надвор од рамките на претпријатието или групата претпријатија на испитаникот.

Page 21: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

21

Стоки и услуги Вовед во 2 Три услови одредуваат дали еден производ е стока или услуга, но не мора сите услови да бидат исполнети за производот да се дефинира како стока или услуга. Овие услови се однесуваат на материјалноста, сопственоста и трајноста.

Услугата вообичаено е нематеријална, сопственоста е ограничена на времето на употреба, и не е трајна (не може да се сочува или употреби со години или физички да се премести од едно на друго место). На пример, авионскиот билет претставува услуга бидејќи не е траен (услугата целосно се искористува во периодот на нејзината употреба), купувачот нема право на повторно користење на услугата без претходно купување нов билет (нема сопственост), и билетот не му дава на купувачот материјален предмет што може да го сочува. Наспроти тоа, стоките како мебелот, апаратите за домаќинството, електричните уреди, облеката итн., може да се поседуваат, имаат материјална природа и се трајни.

Не сите услуги ги исполнуваат сите три услови, ниту пак сите стоки. Стоките вклучуваат храна купена во супермаркет и дизел гориво купено од рафинерија, кои може да се користат само еднаш значи не се трајни, како и филмови и музика преземени од интернет, кои имаат нематеријална природа.

Услугите вклучуваат банкарство, малопродажба, хотелско сместување, осигурување, образовни курсеви, патување со авион и други транспортни услуги, забава (театри, спортски настани итн.), поправки и реновирање, консултации и сл. Некои услужни претпријатија, како што се градежните, може да даваат услуги, на пример изградба на станови врз основа на договор или да создаваат производ, како на пример изградба на станови за продажба.

Постојат бројни примери на услуги што не ги исполнуваат сите три услови. На пример, оброкот во ресторан е услуга што не подразбира сопственост и не е трајна, но самиот оброк е материјален. Изнајмувањето автомобили или опрема исто така се смета за услуга, иако тие се материјални и трајни. Автомобил може да се изнајми и за период од една година, да се чува и транспортира, но тоа сепак се смета за услуга бидејќи корисникот не го поседува автомобилот. Ова укажува дека сопственоста (или отсуството на сопственост) е клучен фактор за тоа дали производот се смета за стока или услуга, а потоа и трајноста.

Во многу случаи, од деловниот модел на испитаникот зависи дали се работи за стока или услуга. Како резултат на тоа, испитаникот ќе треба да одреди дали неговите производи се поблиску до стоки или до услуги.

Вашето претпријатие самостојно

2.2 и 3.2 Иновацијата е целосно развиена од претпријатието, без помош од други претпријатија (вклучувајќи и претпријатија од групата претпријатија на која припаѓа). Претпријатието може да се служи со научни истражувања или други надворешни извори на информации за решенија, но главниот развој мора да го спроведе самото претпријатие.

Вашето претпријатие Заедно со други претпријатија или институции

2.2 и 3.2 "Заедно" подразбира активно учество на претпријатието со други претпријатија или институтции во иновацискиот развој. Тоа вклучува соработка, но не задолжително. На пример, претпријатието за развојните активности може да ангажира консултантски куќи или институции.

Page 22: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

22

Вашето претпријатие преку прилагодување или изменување на производи ( стоки и услуги) или процеси што првично биле развиени од друго претпријатие или институција

2.2 и 3.2 Ова се случува кога претпријатието се базира и надоврзува на производи ( стоки и услуги) или процеси што првично биле развиени од другопретпријатие или институција. На пример, претпријатието може да прилагоди комппоненти да одговараат на неговиот производ, да направи мали промени на производ преку усвојување на карактеристиките на производ развиен од друго претпријатие, или да изврши измена на нова опрема за да ги исполни сопствените барања.

Други претпријатија или институции

2.2 и 3.2 Претпријатието усвоило иновација што била развиена од друго претпријатие или институција, без понатамошни промени. Во суштина, иновацијата била усвоена онаква каква што е. Пример за ова е кога една компанија користи нов чип за обработка купен од производител на чипови или кога една компанија купува нова опрема за пакување.

Нови на пазарот 2.3, 3.3 Претпријатијата може да ги дефинираат своите пазари или во географска смисла или според производна линија. И во двата случаи, иновацијата на производ што е нова за нивниот пазар мора за првпат да се појавува на конкретниот пазар. На пример, ако пазарот на испитаникот е Европа, тогаш производот мора за првпат да се појавува во Европа, иако претходно може бил достапен во САД. Ако испитаникот размислува од аспект на производ, како на пример MP3 уред, тогаш иновацијата мора да биде нова за тој производ, иако претходно може да била користена за друг производ, како на пример за компјутери.

Напуштени или прекинати иновациски активности

4.1 Овие активности мора да биле во тек за време на референтниот период 2010‐2012 година, пред да бидат напуштени или привремено прекинати.

Page 23: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

23

Дизајн 5.1 Ова прашање се однесува на дизајнот на стоки и услуги.

Концептот на дизајн на стоки се разликува од земја до земја и се нарекува уште и дизајн на предмет, индустриски дизајн и дизајн на масовно производство. Дизајнот на стоки генерално опфаќа еден или повеќе од следните аспекти на тродимензионалните предмети како мебел, потрошувачка електроника, транспортни возила, опрема за готвење и сл.: 1) облик и изглед, 2) ергономски карактеристики, 3) употребливост или читливост, како на пример позицијата и изгледот на информативните содржини како прекинувачи, бројачи, мерачи и други дисплеи (на пример контролна табла на автомобил, кориснички интерфејс на iPod итн.), и 4) карактеристики што овозможуваат ефтино масовно производство со што се намалуваат трошоците за исполнување на првите три аспекти на дизајнот.

Концептот на дизајн на услуги е релативно нов. Концептот на изгледот на еден предмет се заменува со дизајнот и распоредот на простори како хотелски соби, ресторани, аеродроми, итн. Концептот на употребливост или читливост на предмети се заменува со дизајн на веб‐страници или ознаки и други информации за насочување на луѓето низ аеродромите, железничките станици, хотелите, итн.

Сите наведени активности за дизајн треба да бидат ограничени на дизајн на нови или значително подобрени стоки или услуги. Едноставните естетски промени на стоките или пакувањето се опфатени во прашањето 9.1 за маркетинг иновации. Сепак, на претпријатијата може да биде тешко да направат разлика меѓу концептот на дизајнот во прашањето 5.1 и естетските или стилски промени само за маркетинг цели. Во принцип, надградбата на предмет или простор претставува едноставна естетска промена, како на пример преуредување на хотел или менување на обликот на браниците на автомобилот, така што автомобилот има нов изглед и стил. Дизајнот, како што е опфатен во прашање 5,1, е многу поширок и вклучува или дизајнирање на изгледот и обликот на некој предмет или услуга, кои се нови за претпријатието, или промени во формата или изгледот на постоечки предмет на начин што исто така ги подобрува и ергономските карактеристики, употребливоста или читливоста, или карактеристиките што овозможуваат масовно производство.

Многу од промените во пакувањето се само естетски. Меѓутоа, промените во дизајнот на пакувањето со цел да се подобрат ергономските карактеристики, употребливоста или карактеристиките што овозможуваат масовно производство, спаѓаат под концептот на дизајн опфатен во прашањето 5.1.

Треба да се забележи дека концептот на активности за дизајн во прашање 5.1 исклучува подготовка на нацрти и други технички спецификации, кои се дел од истражувањето и развојот.

Други иновациски активности

5.1 Категоријата "Друго" ги вклучува иновациските активности кои не се дел од истражувањето и развојот или од другите опции во прашањето 5.1, но кои се неопходни помошни активности за иновации како што се изработка на студии за изводливост и опремување. Покрај тоа, оваа категорија вклучува активности како индустриското инженерство кои ги комбинираат постоечките знаења на нови начини. Меѓу примерите за користење на постоечки знаења на нови начини се вбројуваат големите градежни проекти, постепените подобрувања на производи и процеси, или создавањето нови функции за постоечки производ со додавање на дополнителни компоненти.

Page 24: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

24

Клиенти или корисници од јавниот сектор

6.1 Клиенти или корисници од јавниот сектор вклучуваат владини организации, како што се локалните, регионалните и националните агенции, администрација, училишта, болници, јавни претпријатија за транспорт, енергија, домување, обезбедување и сл.

Соработка 6.2 Соработката може да вклучува истражување и развој, но проекти кои не вклучуваат истражување и развој исто така се опфатени овде. На пример, едно претпријатие може да соработува со добавувачот во инсталацијата на нови машини за производство, особено ако треба да се решат инженерски проблеми или ако машините за производство треба да се прилагодат на системот на производство на претпријатието.

Корисен за иновациските активности на вашето претпријатие

6.4 Корисноста на партнерот за соработка е субјективна и зависи од сопственото толкување на претпријатието. Таа може да се мери во однос на нови идеи или технологија стекнати преку соработката, во однос на износот на заштедени или заработени пари како резултат на соработката, во однос на уделот на пазарот стекнат како резултат на соработката, итн.

Патенти 7.1 Патентот претставува ексклузивно право доделено за пронајдок, кој е производ или процес што во принцип обезбедува нов начин на правење нешто, или нуди ново техничко решение на проблем.

Регистрација на дизајн

7.1 Индустриски дизајн е орнаменталниот или естетскиот аспект на еден предмет. Дизајнот може да се состои од тродимензионални карактеристики, како што се обликот или површината на еден предмет, или од дводимензионални карактеристики, како што се шара, линии или боја.

Авторско право 7.1 Авторското право е правен концепт што му дава ексклузивни права на креаторот на оригиналното дело, обично за ограничен временски период.

Заштитен знак 7.1 Трговската марка е специфичен знак според кој се распознава дека одредени стоки или услуги се произведени или обезбедени од страна на одредено лице или претпријатие. Заштитниот знак датира од древни времиња, кога занаетчиите ставале свои потписи, или "знаци" на своите уметнички или практични производи.

Временска предност во однос на конкуренцијата

7.1 Временската предност пред конкуренцијата се однесува на временскиот период што иноваторот го има пред конкурентите да влезат на пазарот и во кој иноваторот може да постави повисоки цени.

Сложеност 7.1 Претпријатијата може да ја користат сложеноста на производите како бариера против конкурентите, кои би направиле несразмерни трошоци за да ги ископираат.

Тајност 7.1 Тајност или деловна тајна е формула, пракса, процес, дизајн, инструмент, шема, или збир од информации кои не се општо познати или лесно достапни и со кои претпријатијата може да стекнат економска предност во однос на конкурентите или клиентите.

Договор за набавка 10.1 Преку договорот за набавка купувачот се согласува да набави стоки или услуги од продавачот, во замена за надоместок.

Page 25: МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ... · 2013. 8. 20. · МЕТОДОЛОШКО УПАТСТВО ЗА СТАТИСТИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ

25

Развивање нови пазари

11.2 Новите пазари може да се дефинираат во однос на географска локација, пазарни сегменти, или производи. На пример, едно претпријатие што дејствува во Франција ќе влезе на нов пазар ако почне да ги продава своите производи во Германија. Претпријатието што им продава услуги на постари лица ќе влезе на нов пазар ако почне да им продава слични услуги и на помладите. Едно претпријатие кое создава дигитални фотоапарати може да влезе на нов пазар преку развивање делови за микро камери за пазарот на мобилни телефони.

Флексибилност 11.2 Леснотијата со која претпријатието може да го промени видот на стоките или услугите што ги произведува, како одговор на променливата побарувачка.

Деловни

здружувања

(сојузи)

11.2 Деловниот сојуз е договор меѓу претпријатија, обично мотивиран од намалување на трошоците и подобрување на услугите за клиентите. Деловните сојузи често се ограничени од еден единствен договор со правична распределба на ризикот и можностите за сите засегнати страни и тие обично се управувани од страна на заеднички проектен тим.