МСС 18 - Приходи, МСС 11 - Договори за изградба, (ifric 15). mss 18...
TRANSCRIPT
МСС 18 -Приходи
www.pwc.com/mk
Содржина
Дел 1: МСС 18 Преглед
Дел 2: Признавање на приходи
Дел 3: Мерење на приходите
Дел 4: Трансакции со повеќе елементи
Дел 5: Останати прашања
Дел 6: Обелоденување
МСС 18 Преглед
www.pwc.com/mk
PwC
Преглед– Видови на Приходи
4
Клучни принципи
МСС 18 МСС 11
Продажба на
производи
Давање на услуги
Камати, тантиеми, дивиденди
Договори за изградба
Останати прашања
Трансакции со повеќе елементи
Признавање на приходите
www.pwc.com/mk
PwC
Признавање на приход од продажба на производи
Приходот од продажба на производи треба да биде признаен кога ќе бидат исполнети сите од следниве услови:
ентитетот му ги пренел на купувачот значајните ризици и награди од сопственоста на производите;
ентитетот не задржува ниту континуирана менаџерска инволвираностдо степен кој вообичаено се поврзува со сопственоста ниту пак ефективна контрола над продадените производи;
износот на приходот може веродостојно да се измери;
веројатно е дека економските користи поврзани со трансакцијата ќе преставуваат прилив за ентитетот; и
трошоците кои се направени или треба да бидат направени во врска со трансакцијата може веродостојно да се измерат.
6
МСС 18 параграф 14
PwC
Продажба на производи– ризици и награди
Пренесувањето на ризиците и наградите, се совпаѓа со пренесувањето на законското право на сопственост (продажба на мало). Но исто така може да се случи порано или подоцна.
Размислете за:
• На кого му припаѓа ценовниот ризик?
• Кој го има ризикот од застареност?
• Кој го има ризикот на осигурување?
• Кој го има ризикот од враќање на производите?
• Дали може продажбата да биде откажана?
7
PwC
Спротивставување на приходите и расходите
8
Приходи
Расходи
Приходите и расходитекои се однесуваат на истатрансакција се признаваатистовремено.
Не може да се признеприход доколку расходитене можат веродостојнода се измерат. Тогаш,надоместокот кој билпримен за продажбатана производите сепризнава како обврска.
PwC
Признавање на приход од давање на услуги
Кога резултатот на трансакцијата која вклучува давање на услуги може веродостојно да се процени, приходот поврзан со трансакцијата треба да се признае со повикување на степенот на довршеност на трансакцијата на крајот на периодот на известување.
За приходот веродостојно да се измери, сите овие услови треба да бидат исполнети:
износот на приходот може веродостојно да се измери;
веројатно е дека економските користи поврзани со трансакцијата ќе преставуваат прилив за ентитетот;
степенот на довршеност на трансакцијата на крајот на периодот на известување може веродостојно да се измери; и
трошоците направени за трансакцијата и трошоците за довршување на трансакцијата може веродостојно да се измерат.
9
PwC
Признавање на приход од давање на услуги
• Кои се идните економски придобивки?
• Во кој период ќе се даваат услугите?
• Дали постои веродостојна проценка на исходот?
10
PwC
Давање услуги - тек
11
Признавање на приход врз
основа на фази на проектот
Нема признавање на
приход (трошоците се признати како
расходи)
Веродостојна проценка на исходот?
Признавање очекувана
загуба веднаш
Покривање на трошоците?Добивка ?
Признавање приход до степен на
трошоците (нема профит)
Да Не
Да Не Да Не
Мерење на приходите
www.pwc.com/mk
PwC
Основи на мерењето на приходите
Приходите треба да се мерат според објективната
вредност на надоместокот кој е примен или се
побарува. (мсс 18 пара 9)
Износот на приходот кој произлегува од дадена трансакција
вообичаено се определува со договор помеѓу ентитетот и
купувачот или корисникот на средството. Тој се мери според
објективната вредност на надоместокот кој е примен или се
побарува, земајќи го предвид износот на сите трговски рабати
и количински попусти одобрени од страна на ентитетот. (мсс 18 пара
10)
13
PwC
Давање на услуги
Од практични причини…
14
Неопределив број на дејствија:
Специфични значајни дејствија:
Трансакции со повеќе елементи
www.pwc.com/mk
PwC
Повеќе елементи– Дрво на одлучување
16
Идентификување на трансакцијата
Колку елементи?
Можат да бидат разграничени?
Размислете за алокација
Признавање врз основа на генералните принципи
ЕДЕН ЕЛЕМЕНТ КОМБИНАЦИЈА ПОСЕБНИ ЕЛЕМЕНТИ
ЕДЕН ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН
ДАНЕ
PwC
Повеќе елементи– Една трансакција
Фактори кои укажуваат дека повеќе елементи треба да се комбинираат во една трансакција:
Се во иста нарачка или ист договор
Внесен во рамките на краток временски период
Преговарано со клиентот да биде како една трансакција
Деловите се технички поврзани
Одредбите од едниот елемент се однесуваат на другиот
17
Клучен фактор - Комерцијалната суштина
PwC
Повеќе елементи– Дали елементите можат да бидат разделени?
Фактори кои укажуваат дека два или повеќе елементи не можат да се одвојат се:
Елементите немаат самостојна вредност или не може да се продаваат одделно во самостојна трансакција;
Испораката на елементот во иднина не е во контрола на продавачот или не е веројатно дека ќе се случи;
Објективната вредност ме може да се утврди за секој елемент;
Другите елементи се незначителни.
18
Клучен фактор – Комерцијалната суштина
Останати прашања
www.pwc.com/mk
PwC
Останати прашања- Застапник или агент
20
Дистрибутер
Производител
Купувач
PwC
Останати прашањаЕвалуација кој е застапник
Застапник типично:
ја има примарната одговорност за обезбедување на стоки или услуги
има ризик на залихи (вклучувајќи за време на транспорт
има дискреционо право во создавањето на цените – директно или преку обезбедување дополнителни стоки или услуги
го носи кредитен ризик
21
PwC
Останати прашања- Сметководство за агент
Агентот:
Нема примарна одговорност за директни трошоци
има мала или никаква дискреција во создавањето на цените
веројатно нема значаен ризик на залихи
може само да препознае провизија заработена на трансакција
22
Обелоденување
www.pwc.com/mk
PwC
Обелоденување
Ентитетот треба да ги обелодени:
• Усвоените сметководствени политики за признавање на
приходите, вклучувајќи ги и усвоените методи за определување
на степенот на довршеност на трансакциите кои вклучуваат
давање на услуги;
• Износот на секоја значајна категорија на приходи признаени во
текот на периодот, вклучувајќи ги и приходите кои
произлегуваат од продажба на производи, давање на услуги,
камати, тантиеми, дивиденди
• Износот на приходот кој произлегува од размена на производи
или услуги вклучен во секоја значајна категорија на приходи
24
МСС 11 -Договори за изградба
www.pwc.com/mk
Содржина
Секција 1: Вовед
Секција 2: Комбинирање и сегментирање на договорите за изградба
Секција 3: Приходи поврзани со договори за изградба
Секција 4: Трошоци поврзани со договори за изградба
Секција 5: Признавање на приходите и трошоците
Секција 6: Обелоденување
Секција 7: КТМФИ 15 Толкувањe
Вовед
www.pwc.com/mk
PwC
Цел и делогруг
Да го опише сметководствениот третман на приходите итрошоците кои произлегуваат од договорите за изградба.
Се применува во сметководството за договорите заизградба во финансиските извештаи на изведувачите.[МСС 11.1]
28
PwC
Договори за изградба?
29
Што е договор за изградба?
Како се разликува од продажба на добра?
PwC
Договори за изградба – примери
30
МСС18
МСС11
Спортски автомобил со клима, автоматски менувач, големи тркала, четири отвори за издувни гасови и 12 звучници
Опрема за печатење на списанија дизајнирана за потребите на списанието ‘Big Business’ кој се печати на триаголна хартија
Договор со архитект за дизајнирање на деловна зграда
Договор за изградба на болница за Владата
www.pwc.com/mk
Комбинирање и сегментирање на договорите за изградба
PwC
Комбинирање и сегментирање на договорите за изградба
Кога договорот покрива определен број на средства, изградбата на секое средство треба да се третира како посебен договор за изградба кога:
За секое средство била доставена посебна понуда;
Секое средство било предмет на одделно договарање, а изведувачот и нарачателот биле во можност да го прифатат или одбијат делот од договорот за секој средство; и
Можат да се идентификуваат трошоците и приходите за секое средство.
32
PwC
Група на договори, без поглед на тоа дали се однесуваат на еден нарачател или на неколку нарачатели, треба да се третира како еден единствен договор за изградба кога:
Групата на договори е договорена како еден единствен пакет;
Договорите се толку тесно меѓусебно поврзани што, практично претставуваат дел на еден единствен пакет со вкупна бруто маржа; и
Договорите се извршуваат истовремено или во континуиран редослед.
33
Комбинирање и сегментирање на договорите за изградба
www.pwc.com/mk
Приходи од договорот
PwC
Дефиниција на приходи
35
Приходи
Почетниот износ на
договорените приходи
Измените во договорената
работа, барањата (claims) и
стимулативни плаќања
- До степен до кој е веројатно дека тие ќе резултираат во приходи;
- Можат веродостојно да се измерат.
PwC
Приходи од договорот - мерење
Приходите од договорот се мерат според објективната вредност на надоместокот којшто е примен или се побарува.
36
Врз мерењето на приходите влијаат различни неизвесности кои зависат од резултатите на идните настани. Проценките често треба да бидат ревидиранисо случувањето на настаните и решавањето на неизвесностите. Според тоа, приходите од договорот може да се зголемуваат или намалуваат од еден период во друг.
На пример: Изведувачот и нарачателот можат да договорат измени или дополнителни
надомести кои ги зголемуваат или намалуваат приходите од договорот во некој последователен период;
Износот на приходите кои се договорени во договор со фиксна цена може да се зголеми како резултат на клаузула за зголемување на трошоците;
Износот на прихосите од договорот може да се намали како резултат на казникои произлегуваат од задоцнувања предизвикани од страна на изведувачот;
Кога договорот со фиксна цена содржи фиксна цена по излезна единица, приходите од договорот се зголемуваат со зголемување на бројот на единиците.
PwC
Измени во изградбата
Измената претставува упатство на нарачателот за промена во опсегот на работите кои треба да бидат извршени според договорот. Измената може да резултира во зголемување или намалување на приходите од договорот.
Пример:
Промени во спецификациите или дизајнот на средството;
Промени во времетраењето на договорот.
Измената се вклучува во приходите од договорот кога:
Е веројатно дека нарачателот ќе ја одобри измената и износот на приходите кои произлегуваат од измената ; и
Износот на приходите може веродостојно да се измери.
37
PwC
Дополнителен надомест (Claims)
Дополнителен надомест претставува износ кој изведувачот настојува да го наплати од нарачателот или некоја друга странка како надоместок за трошоците кои не се вклучени во договорената цена.
Пример: Задоцнувања предизвикани од нарачателот, грешки во спецификациите
или дизајнот и спорните измени во договорените работи.
Забелешка: Мерењето на дополнителните надомести, е поврзано со висок степен на неизвесност и често зависи од резултатите на преговорите.
Дополнителните надомести се вклучуваат во приходите, само кога: Преговорите достигнале напредна фаза, така што е веројатно дека
нарачателот ќе го прифати дополнителниот надомест; и Износот кој веројатно ќе биде прифатен од нарачателот може
веродостојно да се измери.
38
PwC
Стимулативни плаќања(Incentive payments)
Стимулативни плаќања се дополнителни износи кои му се исплаќаат на изведувачот доколку бидат исполнети или надминати определени стандарди за работа.
Пример: Стимулативно плаќање за предвремено завршување на договорот.
Стимулативните плаќања се вклучуваат во приходите, само кога:
Договорот е во значително напредна фаза, така што е веројатно дека определените стандарди за работа ќе бидат исполнети или надминати; и
Износот на стимулативното плаќање може веродостојно да се измери.
39
www.pwc.com/mk
Трошоци на договорот
PwC 41
Трошоци
Други трошоци кои конкретно се наплаќаат од
нарачателотспоред условите
од договорот
Трошоците кои општо земено се припишуваат на
договорената активност и можат да се алоцираат на
договорот
Трошоците кои директно се
однесуваат на определен
договор
Трошоци на договорот
PwC
1. Директни трошоци
42
Трошоци за труд на местото на
изградба, вклучувајќи го и
надзорот
Трошоци за материјали
употребени во изградбата
Амортизација на постројките и
опремата кои се користат при
изградбата
Трошоци за пренесување на
постројките, опремата и материјалите до и
од местото на изградба
Трошоци за закуп на постројки и
опрема
Трошоци за дизајн и техничка помош кои
директно се поврзани со договорот
Проценети трошоци за
одржување во гарантниот рок
Побарувања (claims) од трети
лица
МСС 11.17 Овие трошоци можат да бидат намалени за износот на инцидентни
приходи кои не се вклучени во договорените приходи (пр.
Приходи од продажба на вишок на материјали или
отуѓување на постројките и опремата по завршување на
договорот)
PwC
2. Трошоците кои општо земено се припишуваат на договорената активност и можат да се алоцираат на договорот
43
Осигурување
Трошоци за дизајнирање и
техничка помош кои не се однесуваат
директно само на еден договор
Општи трошоци на изградбата
(Constructionoverheads)
PwC
3. Други трошоци
44
Трошоците кои конкретно се наплаќаат од нарачателот врз основа на условите од договорот,
може да се вклучат извесни општи административни трошоци и трошоци за развој чиешто надоместување е определено со условите
од договорот. [MСС 11.19]
PwC
Трошоци кои не можат да се припишат на договорената активност или кои не можат да се алоцираат на некој договор
45
Општите административни трошоци чиешто
надоместување не е определено со договор
Трошоците на продажба
Трошоците за истражување и развој
чиешто надоместување не е определено со
договорот
Амортизација на неискористениот
капацитет на постројките и опремата кој не се
користи на конкретен договор
www.pwc.com/mk
Признавање на приходите и расходите од договорот
PwC
Видови на договори за изградба
Во зависност од очекуваниот резултат на договорот за изградба, МСС 11 разликува три типа на договори:
Договори со очекувана добивка;
Договори со очекувана добивка; и
Договори кај кои резултатот не може веродостојно да се процени.
Првите два типови на договори бараат веродостојно мерење на резултатот од договорот.
47
PwC
Признавање на приходите – Клучни критериуми
48
Приходите можат веродостојно да се измерат
Постои веројатност дека економски користи ќе бидат прилив за ентитетот
Степенот на довршеност на крајот на периодот на известување може веродостојно да се измери
Трошоците на договорот можат јасно
да се идентификуваат и веродостојно
да се измерат
Договор
со фиксна цена
Договор
со фиксна цена
Договор
трошоци - плус
Договор
трошоци - плус
PwC
Правило !
Кога резултатот на договорот за изградба може веродостојно да се процени, приходите од и
трошоците на договорот за изградба треба да бидат признаени во Извештајот на сеопфатна добивка, во
зависност од степенот на довршеност на договорената активност на крајот на периодот на
известување.
Секоја очекувана загуба треба да биде признаена како расход веднаш (согласно МСС 11.36).
49
PwC
Определување на степенот на довршеност
[МСС 11.30] Степенот на довршеност на договорот може да се утврди на различни начини. Ентитетот може да користи метода која веродостојно ја мери извршената работа. Во зависност од природата на договорот, методите можат да вклучат:
50
• Кумулативни трошоци до датумот на известување / Вкупни проценети трошоци
Мерење на соодносот на трошоците направени за извршената работа до
датумот и проценетите вкупни трошоци на договорот (‘метод на трошоци - cost
method’)
• Кумулативните трошоци за извршената работа до датумот на известување, кои се прифатени од купувачот / Вкупни приходи од договорот
Надгледување на извршената работа (‘метод на приходи - revenue method’)
Завршување на физички дел од договорената работа (проценки на експерти
- expert estimates)
PwC
Резултатот од договорот за изградба не може веродостојно да се процени
Приходите треба да бидат признаени само до висината на трошоците на договорот кои биле направени, а коишто е веројатно дека ќе бидат надоместени;
Трошоците на договорот треба да бидат признаени како расходи во периодот во кој биле направени.
51
[МСС 11.32]
www.pwc.com/mk
Обелоденување
PwC
Обелоденување
Ентитетот треба да го обелодени:
Износот на приходите од договорот кои се признаени како приходи во периодот на известување;
Методите кои се користени за определување на приходите од договорот кои се признаени во периодот; и
Методите кои се користени за определување на степенот на довршеност на договорите чиешто извршување е во тек.
53
PwC
Ентитетот треба да ги обелодени следниве податоци за договорите чиешто извршување е во тек на крајот на периодот на известување:
Збирниот износ на трошоците кои биле направени и признаените добивки (намалени за признаените загуби) до датумот на известување;
Износот на примените аванси; и
Износот на задржаните исплати.
54
Обелоденување
PwC
За сите отворени договори, ентитетот треба да презентира:
55
Средства
Бруто износот кој им се должи на нарачателите за
договорените работи
Обврски
Бруто износот кој се побарува од
нарачателите за договорените
работи
Обелоденување
КТМФИ - IFRIC 15Договори за изградба на недвижен имот
www.pwc.com/mk
PwC
МСС11 или МСС 18 – Кој стандард треба да се примени
57
Договор за изградба е договор конкретно склучен за изградба на средство или комбинација на средствата кои се меѓусебно зависни во поглед на нивниот дизајн, технологија и функција
или во поглед на нивната крајна намена или употреба.
Изградба на средство
Можност за специфични
прилагодувања
КТМФИ 15
PwC
КТМФИ 15 Толкување - Водич
58
МСС 11 МСС 18
Можност да се специфицираатглавните структурни елементи
на дизајнот на недвижниот имот
Ограничена можностда се влијае на дизајнот
PwC
Договор за изградба или договор за продажба?
59Време
Пр
их
од
и
МСС 18МСС 11
КТМФИ 15
1) Контрола; и
2) Значајни ризици и награди.
PwC
Други толкувања на приходи
60
КТМФИ 4 – Определување дали аранжманот содржи наем
КТМФИ 12 – Аранжмани за концесија на услуги
КТМФИ 13 – Програми за лојалност на потрошувачите
КТМФИ 18 – Трансфер на средства на купувачите
ПКИ 31 – Приходи – Компензации кои вклучуваат услуги за рекламирање
Ви благодариме за вниманието!
Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставувапрофесионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани вонеа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавенитеинформации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлукидонесени врз основа на презентираните информации.
© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува намрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен инезависен правен ентитет.