mojot ishmael

80
Мојот Ишмаел Продолжение Даниел Квин наопаку 002 burntheguilt.blogspot.com

Upload: goran-argiroski

Post on 23-Jul-2016

251 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Македонски превод на Мојот Ишмаел, продолжение на легендарната Ишмаел од Даниел Квин

TRANSCRIPT

Мојот Ишмаел

Продолжение

Даниел Квин

наопаку 002 burntheguilt.blogspot.com

2

Здраво

Мислам дека е доста бедно да се разбудите на шеснаесетгодишна возраст и да сфатите дека сте биле измамени. Не дека има

нешто невообичаено во тоа да бидете измамени на оваа возраст. Изгледа дека сите во околина од сто километри сакаат да

ве измамат. Но не многу шеснаесетгодишни се измамени на овој одреден начин. Повеќето луѓе ја немаат можноста да

бидат измамени на овој начин. Јас сум благодарна, навистина.

Но оваа приказна не е за тоа кога имав шеснаесет години. Оваа приказна е за нешто што се случи кога имав дванаесет

години. Тоа беше болно време во мојот живот.

Мојата мајка одлучи дека едноставно може да стане пијаница. Претходните три или четири години сакаше да мислам дека

таа е само социјален пијач. Но сигурно претпоставила дека досега сигурно ја знам вистината, па зошто би продолжила да се

преправа? Таа не ме праша за моето мислење во врска со тоа. Ако ме прашаше, јас ќе речев, “Те молам продолжи да се

преправаш, мамо. Посебно пред мене, во ред?”

Но ова не е приказна за мојата мајка. Едноставно морате да разберете дел од ова за да можете да го разберете и остатокот.

Моите родители се разведоа кога имав пет години, но нема да ве заморувам со таа приказна. Всушност, јас и не ја знам таа

приказна, затоа што мајка ми ја раскажува на еден начин, а татко ми на сосема поинаков. (Звучи познато?)

Како и да е, татко ми се прежени кога имав осум години. Мајка ми го направи речиси истото, но излезе дека типот е

тотален кретен, па таа го прескокна тоа. Во тоа време, таа почна многу да се здебелува. За среќа, имаше многу добра работа. Таа беше раководител во една голема фирма во центарот на градот. И тогаш почна да “застанува на еден пијалак

после работа.” Тоа излезе едно долго застанување.

И покрај тоа, таа секое утро стануваше во седум и триесет, без разлика на с . И јас мислам дека си имаше ветено себеси

дека нема да почне да пие пред крајот на работниот ден. Освен за викендите, се разбира - но нема да навлегувам во тоа,

исто така.

Јас не бев среќна девојка.

Во тоа време мислев дека ќе помогне ако ја играм улогата на послушна ќерка. Кога ќе се вратев од училиште, се обидував

да ја доведам куќата во ред на оној начин на кој би сакала мајка ми да биде, кога би се грижела повеќе. Тоа најчесто

значеше чистење на кујната. Остатокот од куќата остануваше прилично чист. Но ниту една од нас немаше време да се

посвети на кујната пред да оди на работа или на училиштe.

Како и да е, еден ден додека го земав весникот, нешто во огласите го привлече моето внимание. Пишуваше:

УЧИТЕЛ бара ученик.

Мора да има вистинска желба

да го спаси светот. Аплицирајте лично.

Подолу беа напишани бројот на собата и името на една стара канцелариска зграда во центарот на градот.

Ми беше многу чудно тоа што учител бара ученик. Едноставно немаше никаква смисла. За учителите кои јас ги познавам,

барањето на ученик би било како куче да бара болва.

Тогаш повторно ја погледнав втората реченица. Мора да има вистинска желба да го спаси светот. Си помислив, леле, па

овој човек не бара многу.

Лудата работа беше тоа што иако овој учител требаше да ги нуди своите услуги како и сите други, тој не го правеше тоа.

Тоа беше како оглас во кој се бара помош. Изгледаше како на учителот да му е потребен ученикот, а не обратно. Ми поминаа морници околу вратот и се наежив.

“Леле,” реков. “Јас би можела да го направам ова. Би можела да му бидам ученичка на овој човек. Би можела да бидам

корисна!”

Така некако. Сега звучи глупаво, но овој оглас остана во моите соништа. Знаев каде се наоѓа зградата и се што требаше да

направам е да го запомнам бројот на собата. Но го искинав огласот за секој случај и го ставив во фиоката во мојата соба.

Па, доколку паднев и си ја удрев главата и добиев амнезија, с уште ќе можев еден ден да го најдам огласот како ме чека

таму.

Најверојатно беше петок навечер, затоа што следното утро лежев во мојот кревет размислувајќи за тоа. Всушност имав

дневен сон за тоа.

Ќе се навратам на тоа подоцна.

Соба 105

Добрата вест е што мајка ми не се обидуваше да ме држи на ланец. Таа себеси не се држеше на ланец, па најверојатно

сфатила дека нема причина зошто мене да ме држи на ланец. Во секој случај...

После појадокот ѝ реков, “Јас излегувам,” а таа рече, “Во ред.”

Не рече, “Каде ќе одиш?” или “Кога ќе се вратиш?” Само “Во ред.”

Отидов со автобус до центарот.

Ние живееме во прилично пристоен мал град (нема да кажам точно каде). Можеш да застанеш со автомобилот на црвено

светло без да те ограбат. Пукањата од автомобили во движење се многу ретки. Нема снајпери на покривите. Така некако.

Затоа воопшто не се двоумев дали да одам во центарот на градот во сабота попладне сосема сама.

Ја знаев зградата спомената во огласот. Тоа беше Ферфилд. Чичко ми порано имаше канцеларија таму. Тој го одбрал ова место бидејќи се наоѓаше на добра локација, а беше ефтино. Со други зборови, целосен крш.

3

Кога влегов со ходникот, се потсетив на некои работи. Изгледаше исто како што и мирисаше, на влажни кучиња и цигари.

Ми требаше некое време за да сфатам каде треба да одам. Имаше само една низа на канцеларии на првиот кат, а собата 105

не беше меѓу нив. Конечно ја најдов одзади, кај платформата за растоварање, свртена накај товарниот лифт.

Си реков себеси, ова не може да е вистина. Но таму беше, соба 105.

Си реков себеси, што правам овде, воопшто? Оваа врата нема да биде отклучена во сабота. Но беше.

Влегов во една голема празна соба. Потоа земав воздух и за малку ќе се онесвестев. Овој пат не беше влажни кучиња и цигари. Беше зоолошка градина. Не ми пречи тоа. Сакам зоолошки градини.

Но како што реков, местото беше празно. Имаше само една полица со книги од левата страна и една фотелја од десната

страна. Тие изгледаа како остатоци од некоја распродажба или нешто слично.

Си реков себеси, човекот се преселил.

Погледнав повторно наоколу. Кон валканите прозорци коишто гледаа кон уличката. Кон правливите индустриски светилки

коишто висеа од таванот. Кон излупените ѕидови со боја на гној.

Потоа си реков себеси, во ред, јас ќе се вселам.

Мислам дека сериозно го мислев тоа. Никој не би сакал вакво место, нели? Па, зошто не би можела јас да го имам?

Мислам, фотелјата веќе беше таму, зарем не? Би можела да живеам без останатите работи некое време.

Имаше една работа којашто с уште не успеав да ја откријам. Фотелјата беше свртена кон голем прозорец со темно стакло

којшто се наоѓаше на ѕидот од десната страна. Ме потсетуваше на оној вид на прозорци коишто се користат во полициските

станици за да можат сведоците да ги идентификуваат осомничените. Сигурно имаше соба зад него, затоа што имаше врата веднаш до прозорецот.

Се доближив за да погледнам. Го допрев стаклото со мојот нос и ги искористив моите раце за да ја блокирам светлината

и…

Мислев дека се наоѓам во филм.

На неколку метри оддалеченост од стаклото седеше едно огромно и дебело горило и грицкаше гранка од дрво. Тој гледаше

право во мене и веднаш знаев дека не се наоѓам во филм.

“Оф!”, викнав и скокнав наназад.

Бев вознемирена, но не многу исплашена. Изгледаше како да треба да бидам исплашена, мислам, да бев личност од филм

ќе врескав на цел глас. Но горилото само седеше таму. Не знам, можеби едноставно бев преглупава за да бидам исплашена.

Во секој случај, погледнав накај вратата за да се осигурам дека имам доволно чист простор во случај да морам да бегам.

Погледнав уште еднаш внатре за да видам дали горилото е мирно. Беше мирно. Тој дури не ни трепереше, инаку во спротивно ќе избегав од таму.

Во ред. Морав да го разјаснам сето ова.

Учителот не си заминал. Мислам, никој не би можел да си замине и да заборави да го земе со себе своето горило. Значи,

учителот не се заминал. Можеби само бил излезен. На ручек или нешто слично.

И заборавил да ја заклучи вратата. Или нешто слично.

Учителот набргу ќе се врати. Најверојатно. Можеби.

Погледнав повторно наоколу, с уште обидувајќи се да сфатам што се случува овде.

Собата во којашто се наоѓав не беше место за живеење - немаше кревет, немаше кујна, немаше никаков плакар за алишта

или нешто слично. Значи, учителот не живееше овде. Но очигледно горилото живееше овде, во собата од другата страна на

стаклото.

Зошто? Како?

Па, по ѓаволите, претпоставувам дека можеш да чуваш горило ако сакаш. Но, зошто би чувал горило на овој начин?

Погледнав повторно внатре и забележав нешто што сум го пропуштила претходниот пат. Тоа беше плакат на ѕидот зад

горилото. Пишуваше:

АКО ЧОВЕКОТ ГО НЕМА,

ЌЕ ИМА ЛИ НАДЕЖ

ЗА ГОРИЛОТО?

Па, си реков себеси, тоа е интересно прашање. Но не изгледаше како многу тешко прашање. Дури и на возраст од дванаесет

години знаев што се случува во светот. На начинот на којшто живееме, горилата нема да бидат тука уште долго. Значи,

одговорот беше да. Ако го нема човекот, ќе има надеж за горилото. Мајмунот во другата соба крикна со негодување, како да немаше некое високо мислење за моето размислување.

Се прашував дали плакатот беше дел од курсот. Огласот во весникот велеше Мора да има вистинска желба да го спаси

светот. Тоа имаше смисла. Спасување на светот секако би значело и спасување на горилата.

Но не и спасување на луѓето? Тоа едноставно се појави во мојата глава. Знаете како е кога идеи ви се појавуваат во главата.

Како да доаѓаат директно од небото. Но оваа беше од вселената. Мислам, можам да разликувам непознати од пријатели.

Оваа беше непозната.

Го погледнав мајмунот. Мајмунот ме погледна мене - и едноставно знаев.

Исчезнав од тоа место. Толку бргу си отидов оттаму. Една секунда гледав во горилото, а веќе следната стоев на тротоарот,

дишејќи забрзано.

Не бев далеку од центарот на градот, каде што с уште имаше неколку трговски центри. Отидов таму за да најдам малку

луѓе. Сакав да бидам помеѓу луѓе додека размислував за ова. Горилото зборуваше со мене - внатре во мојата глава.

Тоа беше она за кое што морав да размислувам.

4

Не морав дури ниту да се прашувам дали навистина се случило тоа. Се случи. Не можев да измислам нешто такво. А и

зошто би измислила нешто такво? За да се залажувам себеси?

Размислував за ова додека се возев со екалаторот во Пирсонс. Шест ката нагоре. Шест ката надолу. Одлично. Никому не му

е гајле. Никој не те вознемирува. Никој не те забележува. На дното треба да се префрлиш од ескалаторот за надолу на

ескалаторот за нагоре. Накит и подароци. Женска облека. Машка облека. Куќни помагала. Играчки. Мебел. На врвот треба

да се префрлиш од ескалаторот кој води нагоре на ескалаторот кој води надолу. Мебел. Играчки. Куќни помагала. Машка облека. Женска облека. Накит и подароци. Сето ова доаѓаше кон тебе со забавена снимка.

Учител бара ученик. Мора да има вистинска желба да го спаси светот.

Јас велам, Мислиш, да го спаси светот, како горилата?

А горилото вели, Но не и луѓето?

Каде беше учителот додека се случуваше сето ова?

И што ќе се случуваше ако учителот беше таму?

Кој беше планот? Која беше идејата?

Можев да го разберам фактот дека егзотичен учител има егзотично милениче.

Мајмун кој зборува со умот. Многу егзотично. Да.

Учител бара ученик. Мора да има вистинска желба да го спаси светот и да се справи со телепатски мајмун.

Еј - тоа бев јас, од глава до пети.

Застанав да се напијам кока-кола. С уште не беше ни пладне.

Го прифаќам мајмунот

Кога се вратив во соба 105, ја ставив раката на вратата и увото до дрвото. И слушнав машки глас.

И слушнав машки глас

Не можев да разберам што велеше тој. Беше многу оддалечен од вратата - и свртен на спротивната страна. Барем јас така си

замислував.

“Мумбле умбле бумбле,” рече тој. “Бум бум умбле мумбле.”

Тишина. Една минута тишина.

“Ум бумбле умбле бум,” продолжи човекот. “Бум бум мумбле ум бумбле.”

Тишина. Само половина минута тишина овој пат. “Умбле?,” праша човекот. “Умбле бумбле ум мумблебум.”

И така натаму. Беше возбудливо за слушање. И продолжуваше понатаму.

Размислував едноставно да влетам внатре. Тоа беше привлечна идеја - како идеја.

Размислував да се вратам подоцна, но тоа не беше привлечна идеја. Кој знае што с ќе пропуштев?

Останав. Минутите поминуваа како врнежливи попладниња. ( Тоа го напишав еднаш во една училишна задача. Минутите

поминуваа како врнежливи попладниња. Учителот напиша Одлично!!! на маргините. Каков кретен.)

Одеднаш машкиот глас беше многу блиску до вратата.

“Не знам,” велеше тој. “Навистина не знам. Но ќе се обидам.”

Истрчав низ ходникот и се сокрив зад вратата на товарниот лифт.

Помина една минута. Потоа човекот рече: “Во ред,” и ја отвори вратата.

Тој излезе во ходникот, ме виде и се стаписа за кратко, како јас да сум кобра која се подготвува да нападне.

Потоа одлучи да се преправа дека јас вопшто не сум таму. Ја затвори вратата и почна да се оддалечува. Јас реков, “Вие сте учителот?”

На начинот на кој ме погледна, не би помислиле дека ова беше тешко прашање. Конечно тој си ги среди мислите и одлучи

што сакаше да каже. Се исправи и рече... не.

Очигледно е дека сакаше да каже нешто повеќе - можеби илјада зборови повеќе. Но тоа беше единственото нешто што

успеа да го каже во моментот: Не.

Јас реков многу учтиво, “Благодарам.”

Гледаше во мене уште малку, се сврте и си замина.

На училиште, човекот кого не го сакате е кретен, но кретен не е збор што го користам многу често. Претпоставувам дека

сакам да го сочувам тој збор за посебни луѓе, каков што беше овој човек. Овој човек беше кретен. Веднаш не ми се

допадна, не знам зошто. Беше на возраст на мајка ми, облечен ефтино и грдо. Еден од оние мрачни, напнати типови на луѓе,

ако ме разбирате што сакам да кажам. Се колнам дека не знаев што е тоа лоша фризура с додека не ја видов неговата. Тој имаше “интелектуалец - не се приближувај,” испишано по целото негово тело.

Го свртев вниманието кон вратата пред мене. Не можев да се присетам на ништо што вредеше да се размислува за тоа и

едноставно поминав низ вратата.

Ништо не беше променето, но сега с беше поразлично, затоа што сега разбирав за што се работи. Она што го слушнав низ

вратата беше разговор помеѓу кретенот и мајмунот. Нормално, го слушнав само кретенот, затоа што мајмунот не зборуваше

на глас.

Кретенот не беше учителот. Мајмунот беше учителот.

Имаше уште една работа. Кретенот не беше исплашен. Тоа беше многу важно. Сакам да кажам дека мајмунот не беше

опасен. Ако кретенот не мораше да биде исплашен, не морав ни јас да бидам исплашена.

Сега кога знаев дека е таму, беше многу лесно да се забележи горилото позади стаклото. Беше таму каде што го оставив.

Му реков, “Дојдов поради огласот.” Тишина.

Помислив дека не ме слушнал. Се доближив до фотелјата и повторно го реков истото.

Мајмунот ме гледаше во тишина.

5

“Што е проблемот?” реков. “Еднаш веќе разговараше со мене.”

Тој ги затвори неговите очи многу, многу бавно. Не е воопшто лесно да ги затвориш очите толку бавно.

Мислев дека заспива или нешто слично.

“Што е проблемот?” реков повторно.

Мајмунот воздивна. Не знам како да опишам таква воздишка. Очекував ѕидовите да се распаднат после една таква

воздишка. Чекав. Помислив дека се подготвува да проговори. Но и после една цела минута тој само седеше таму. Јас реков, “Зарем не го објави ти огласот во весникот?”

Ги затвори очите толку силно како да сакаше да ја отфрли сета оваа непријатност. И покрај тоа, тој конечно ги отвори

очите и проговори. Исто како и претходно, тоа го слушнав во мојата глава, а не во моите уши.

“Го објавив огласот во весникот,” конечно тој призна. “Но не за тебе.”

“Како мислиш, не за мене? Таму не видов нешто коешто вели, ‘Овој оглас е за сите освен за Џули Герчак.’”

“Извини,” тој рече. “Требаше да кажам дека не го објавив огласот во весникот за деца.”

“Деца!” Ова навистина ме разлути. “Ти мене ме нарекуваш дете? Јас имам дванаесет години. Доволно сум стара да крадам

автомобили. Доволно сум стара да имам абортус. Доволно сум стара да препродавам дрога.”

Ова огромно и дебело горило почна да се превиткува, се колнам. Навистина се опуштив. Почнав да се распаравам со

горило коешто тежеше петстотини килограми.

Се превиткуваше некое време. Потоа го промени ставот. Се смири и почна да зборува.

“Се извинувам што се обидов да те отфрлам толку лесно,” рече тој. “Очигледно е дека не си личност која се отфрла лесно. И покрај тоа, фактот што си доволна стара да крадеш автомобили не е важен овде.”

“Продолжи,” му реков.

“Јас сум учител,” рече тој.

“Го знам тоа.”

“Како учител, јас можам да помогнам само на одреден вид на ученици. Не на сите. Не можам да му помогнам на некој со

хемија или алгебра или француски или геологија.”

“Јас не дојдов овде за тоа.”

“Ова се само примери. Тоа што сакам да го кажам е дека можам да ти понудам одреден вид на учење.”

“Значи, што сакаш да кажеш? Сакаш да кажеш дека јас не го сакам тој ‘одреден вид на учење’?”

Тој климна со главата. “Тоа сакам да го кажам. Учењето коешто можам јас да го понудам нема да ти биде од корист... сега.”

За секунда моите очи гореа од солзи, но јас секако немаше да му дозволам да го види тоа. “Ти си како и сите други,” му реков. “Ти си лажго.”

Ова го натера да ги подигне веѓите. “Лажго?”

“Да. Зошто не ми ја кажеш вистината? Зошто не кажеш, ‘Ти си само дете - никому не си му од корист. Врати се за десет

години. Тогаш можеби ќе бидеш вредна за моето внимание.’ Кажи го тоа и повеќе нема да слушнеш ниту еден збор од

мене. Кажи го тоа и ќе си одам дома.”

Тој воздивна повторно, овојпат подлабоко од претходниот пат. Потоа климна еднаш со главата.

“Ти си потполно во право,” рече тој. “Јас лажев. И очекував да не го забележиш тоа. Те молам прифати го

моето извинување.”

И јас климнав со главата.

“Но вистината исто така може да не те задоволи многу,” тој продолжи.

“Која е вистината?”

“Ќе дознаеме подоцна. Твоето име е Џули?” “Точно.”

“И не сакаш да се однесуваат со тебе како со дете?”

“Точно.”

“Тогаш, седни и ќе те испрашувам исто како возрасна личност.”

Седнав.

“Што те доведе овде, Џули? И те молам немој да ми кажеш дека огласот те доведе овде. Го надминавме тоа. Што сакаш?

Што правиш овде?”

Ја отворив устата, но ништо не излезе од неа, ниту еден слог. Седев таму и гледав во празно околу минута и половина.

Потоа реков, “А што е со човекот којшто пред малку беше овде? Дали и него го праша што сака? Дали и него го праша што

прави овде?”

Тогаш горилото ја направи најчудната работа. Ја стави неговата десна дланка пред неговите очи. Изгледаше дека ќе почне да брои за криенка и миженка. Чудната работа беше што тој, всушност, не си го допираше неговото лице. Тој ја држеше

неговата рака неколку сантиметри пред неговото лице, како да чита некоја мала порака напишана на неговата дланка.

Јас чекав.

Околу две минути подоцна, тој ја спушти неговата рака и рече, “Не, не го прашав.”

Јас само седев, трепкав и гледав во него.

Горилото ги лижеше неговите усни нервозно, барем мене ми изгледаше така. “Мислам дека слободно можеме да кажеме

дека јас не сум подготвен да се справам со потребите на личност од твоја возраст. Мислам дека тоа слободно може да биде

кажано. Да.”

“Сакаш да кажеш дека се откажуваш. Тоа ли ми го кажуваш? Сакаш да си одам затоа што се откажуваш?”

Горилото гледаше во мене. Не можев да сфатам дали ме гледа надежно или луто или било што.

Јас реков, “Зарем не мислиш дека едно дванаесет годишно девојче може да има вистинска желба да го спаси светот?” “Воопшто не се сомневам во тоа,” рече тој, иако изгледаше дека го кажува тоа со голема тешкотија.

“Тогаш, зошто не сакаш да зборуваш со мене? Твојот оглас во весникот вели дека имаш потреба од ученик. Зарем не е

така?”

6

“Така е.”

“Тогаш, имаш еден. Тука сум.”

Се доближуваме до стартната линија

Долг момент помина. Го прочитав тоа еднаш во некоја книга: Долг момент помина . Но ова беше навистина долг момент. Конечно горилото повторно проговори. “Во ред,” рече тој со одобрување. “Ќе започнеме и ќе видиме до каде ќе стигнеме.

Моето име е Ишмаел.”

Изгледа очекуваше некаква реакција, но за мене тоа беше само врева. Исто ќе беше и да кажеше дека се вика Визбанд. Тој

веќе го знаеше моето име, па затоа јас само чекав. Конечно продолжи да зборува.

“Зборувајќи за младиот човек кој беше овде пред малку - неговото име е Алан Ломакс, патем - реков дека не го прашав што

сака тој. Но му реков да ми раскаже приказна која би објаснила зошто е тој овде.”

“Приказна?”

“Да, ја побарав неговата приказна. Сега ја барам твојата.”

“Не знам што подразбираш под приказна.”

Ишмаел се намурти како да знаеше дека ќе се правам глупава. Можеби и го правев тоа, малку.

Тој продолжи: “Твоите соученици прават нешто друго ова попладне, нели? Што и да прават, ти не го правиш тоа.”

“Тоа е точно.” “Значи, објасни ми зошто не го правиш тоа што го прават твоите соученици. Како се разликува твојата приказна од нивната

штом те довела во оваа соба ова саботно попладне?”

Сега знаев што сакаше да каже, но тоа не ми помогна многу. За која приказна зборуваше? Дали сакаше да слушне за

разводот на моите родители? За авантурата на мојата мајка со пиењето? За проблемите коишто ги имав со г-ин Монстро на

училиште? За моето поранешно момче, Дони?

“Сакам да разберам што бараш,” рече тој, одговарајќи на овие прашања како да сум ги изговорила на глас.

“Не сфаќам,” му реков. “Учителите коишто јас ги познавам не н прашуваат што бараме. Едноставно н учат тоа што н

учат.”

“Тоа се надеваше дека ќе го најдеш овде? Учител како оние на коишто си навикнала?”

“Не.”

“Тогаш имаш среќа, Џули, затоа што јас не сум како нив. Јас сум она што се нарекува маеутски учител. Маеутски учител е оној којшто се однесува како бабица кон неговите ученици - или, се разбира, нејзините ученици. Дали знаеш што е тоа

бабица?”

“Бабица е... некој што помага при пораѓање. Така?”

“Така е. Бабицата помага да се донесе на свет новороденчето коешто растело внатре во мајката. Маеутскиот учителот

помага да се донесат на свет идеите коишто растеле во неговите ученици. ” Горилото гледаше интензивно во мене додека

размислував за ова. На крајот продолжи, “Дали мислиш дека има идеи коишто растат во тебе?”

“Не знам,” му реков. Тоа беше вистината.

“Дали мислиш дека нешто расте во тебе?”

Го гледав многу бледо. Почнуваше да ме плаши.

“Кажи ми го ова, Џули. Дали ќе дојдеше овде пред две години ако тогаш го видеше мојот оглас?”

Тоа беше лесно. Му реков не.

“Значи, нешто се променило,” тој продолжи. “Нешто внатре во тебе. За тоа сакам да зборуваме. Морам да разберам што те довело овде.”

Гледав во него некое време и потоа реков, “Дали знаеш што си велам себеси цело време? Мислам, навистина цело време -

дваесет пати на ден. Си велам себеси, ‘Морам да избегам одовде.’”

Ишмаел се намурти, обидувајќи се да го сфати ова.

“Ќе се туширам или ќе ги мијам садовите или ќе чекам автобус и тоа ќе се појави во мојата глава: ‘Морам да избегам

одовде.’”

“Што значи тоа?”

“Не знам.”

Тој крикна, “Секако дека знаеш.”

“Тоа значи... Спасувај си го животот.”

“Дали е твојот живот во опасност?” “Да.”

“Од што?”

“Од с . Од луѓе кои влегуваат во училници со автоматски пушки. Од луѓе кои бомбардираат аеродроми и болници. Од луѓе

кои испуштаат нервни гасови во метроата. Од луѓе кои фрлаат отрови во водата којашто ја пиеме. Од луѓе кои ги сечат

шумите. Од луѓе кои ја уништуваат озонската обвивка. Не ги знам многу добро овие работи, затоа што не сакам да ги

слушам. Дали разбираш што сакам да кажам?”

“Не сум сигурен.”

“Сакам да кажам, навистина мислиш дека знам што е озонска обвивка? Не знам. Но тие велат дека ние правиме дупки во

неа и ако дупките станат доволно големи, ќе почнеме да умираме како муви. Тие велат дека дождовните шуми се белите

дробови на планетава и ако ги исечеме сите, ќе се задушиме. Мислиш дека знам дали е ова точно? Не знам. Еден од моите

учители рече дека околу двеста видови на растенија и животни исчезнуваат секој ден поради она што ѝ го правиме на планетава. Го запомнив тоа - имам добра меморија за такви работи - но мислиш дека знам дали ова е точно? Не знам, но

верувам дека е. Истиот учител вели дека испуштаме петнаесет милиони тони карбон-диоксид во воздухот секој ден.

Мислиш дека знам што значи тоа? Не знам. С што знам е дека карбон-диоксидот е отров. Не знам каде го видов или го

7

слушнав тоа, но степенот на самоубиства помеѓу тинејџерите е трипати поголем последниве четириесет години. Мислиш

дека ги барам овие работи? Не. Но тие ме пронаоѓаат самите. Луѓето го јадат светот жив.”

Ишмаел климна со главата.“И затоа мораш да избегаш одовде.”

“Точно.”

Ишмаел ми даде неколку секунди да размислам за тоа, а потоа рече, “Но ова не објаснува зошто си дошла кај мене. Мојот

оглас не вели ништо за бегање одовде.” “Да, знам. Звучи како да нема никаква смисла. ”

Ишмаел ја подигна едната веѓа.

“Морам да размислам малку за ова,” му реков.

Станав и се свртев кон остатокот од собата. Немаше многу за разгледување. Само тие високи, правливи прозорци, тие

ѕидови со боја на гној и таа стара полица со книги на другиот крај. Се упатив кон полицата. Можев да се поштедам од тоа

патување. Таму имаше неколку книги за еволуција, неколку за историја и праисторија и неколку за примитивните народи.

Имаше книга за културата на шимпанзата - но ништо за горилата. Имаше и неколку археолошки атласи. Имаше книга со

најдолгиот наслов што некогаш сум го видела, нешто како Човечкото издигнување кон цивилизацијата прикажано преку

абориџинските народи од Новиот свет од праисториски времиња до создавањето на Индустриската држава. Имаше три

превода на Библијата, што изгледаше претерано за еден мајмун. Се вртев наоколу колку што можев подолго и потоа се

вратив назад и седнав.

“Сакаше да ти раскажам приказна. Немам приказна за раскажување, но имам дневен сон.” “Дневен сон?” рече Ишмаел, со полупрашање.

Јас климнав со главата, а рече тој дека дневен сон ќе заврши работа.

“Во ред. Ова го сонував утрово. Си мислев, зарем не би било прекрасно кога би пристигнала во соба 105 во зградата

Ферфилд и би влегла внатре и на рецепцијата би имало жена која би ме погледнала и -”

“Чекај,” рече Ишмаел. “Извини што те прекинувам.”

“Да?”

“Ти... нуркаш.”

“Нуркам?”

“Удираш. Одиш напред, брзаш.”

“Сакаш да кажеш дека одам премногу брзо?”

“Да, премногу брзо. Ние немаме краен рок, Џули. Ако сакаш да ја поделиш оваа приказна со мене, те молам дозволи ѝ да се одвитка слободно - онолку слободно како што се одвиткала во твојата глава утрово.”

“Во ред,” реков. “Разбирам што сакаш да кажеш. Сакаш да почнам од почеток?”

“Да, те молам. Но без нуркање овојпат. Среди си ги мислите малку. Опушти се и потсети се на приказната. Но не ми ја

кажувај во кратки црти. Кажи ми ја точно како што се случила.”

Среди си ги мислите? Опушти се? Потсети се на приказната? Изгледа не сфаќаше што бара од мене. Јас седев, секако, но не

можев да седам и да се опуштам, затоа што ако го направев тоа, моите нозе ќе висеа преку работ на фотелјата и ќе се

чувствував како шест-годишно дете. Морав да го допирам подот со нозете бидејќи морав да бидам подготвена да избегам

од таму за половина секунда – и ако мислите дека вие не би се чувствувале така, тогаш би ви предложила да седнете лице

во лице со возрасно горило и да се обидете. Единствениот начин да се опуштам и да почнам да го раскажувам сонот беше

да се соберам во еден агол од фотелјата и да ги затворам очите - но с уште не бев подготвена да го направам тоа во

присуство на мајмун од петстотини килограми.

Го погледнав Ишмаел малку накриво и нетрпеливо, со намера да го пренесам сето тоа. Тој го прифати тоа, размислуваше некое време, а потоа направи нешто што речиси ме натера да се насмеам на глас.

Тој употреби два прста и ги доближи до неговото срце, а потоа свечено ги подигна за да можам да ги видам, исто како

извидник: Се колнам во мојот живот.

По ѓаволите, се насмеав гласно.

Дневниот сон

Во мојот сон јас не бев облечена убаво за мојата посета на зградата Ферфилд - исто како што не го направив тоа и кога

отидов таму во реалниот живот. Тоа би било невкусно. Немаше да биде во ред да ја облечам најлошата облека, па затоа

ја поделив разликата. Има многу девојки кои се поубави од мене, погрди од мене, повисоки од мене, пониски од мене,

подебели од мене, послаби од мене - и можеби има смисла за нив да обрнуваат внимание на тоа што го носат, но за мене нема.

Зградата Ферфилд во мојот сон беше малку средена и не беше целосен крш како во реалниот живот. И во мојот сон соба

105 не беше на приземјето покрај платформата за растоварање, туку мораше да се возиш со лифт се до врвот (а некој исто

така добро го обоил лифтот, притоа откривајќи доста интересни детали).

Вратата кон соба 105 велеше... ништо. Размислив малку за тоа. Сакав да открие некој интригантен натпис како Глобални

Можности или Космичка Храброст, но не, таа остана тврдоглаво празна. Влегов внатре. Млада жена стоеше покрај

бирото во средината на собата. Не беше рецепционерка. Не носеше облека каква што носат сите секретарки, туку нешто

многу опуштено и елегантно. И таа не седеше на бирото, туку се потпираше на него и пакуваше кутија.

Таа погледна нагоре љубопитно, како странци ретко кога да влегуваат тука и праша дали може да ми помогне.

“Тука сум поради огласот,” ѝ реков.

“Огласот,” таа рече, подигнувајќи се нагоре за да ме погледне подобро. “Не знаев дека огласот с уште излегува.” Не знаев како да одговорам на тоа и само стоев и молчев.

“Почекај малку,” рече таа и исчезна некаде надолу по ходникот. Се врати по неколку минути во друштво на човек кој

беше на иста возраст како неа, дваесет или дваесет и пет години. Тој беше облечен исто како неа, не во одело туку

8

опуштено – изгледаше повеќе како планинар отколку како бизнисмен. Тие гледаа во мене бледо с додека не почнав да се

чувствувам како дел од мебел кој бил донесен тука со одобрение.

Конечно, човекот проговори, “Ти си тука поради огласот?”

“Точно.”

Жената му рече,“Знаеш дека тие навистина би сакале да имаат уште еден.” Очигледно е дека немав поим кои беа “тие”.

“Свесен сум за тоа,” рече тој. Потоа: “Дојди во мојата канцеларија и ќе зборуваме за тоа. Јас сум Фил, патем, а ова е Андреа.” Седнавме во канцеларијата, и тој рече, “Причината зошто се двоумиме е поради тоа што ни требаат луѓе кои ќе

можат да заминат на одредено време. На доста долго време, всушност.”

“Тоа не е проблем,” му реков.

“Не разбираш,” Андреа рече. “Ние зборуваме за години, можеби декади.”

“Навистина?”

“Навистина.”

“Па, не би ми пречело тоа,” им реков. “Најискрено.”

( “Забележуваш дека,” му реков на Ишмаел, “никој од нив не рече дека сум премногу млада или дека подобро ќе беше да

бев момче, или дека треба да останам дома и да се грижам за мојата мајка, или да завршам училиште или нешто

слично.” Тој климна со главата за да покаже дека не го пропуштил тој важен детаљ.)

Тие двајцата се погледнаа уште еднаш, а потоа Фил ме праша колку време би ми било потребно за да се подготвам.

“Мислиш, за да можам да заминам?” Тој климна со главата. “Јас сум подготвена сега. Јас дојдов подготвена. ” “Тоа е одлично,” рече Андреа. “Како што можеш да видиш, ние се пакуваме и да дојдеше еден час подоцна ќе бевме

заминати.”

Забележуваш дека и двајцата се одѕваа на огласот, ни ниту еден од нив не изговори ниту еден слог од главниот збор, а тоа

е учител. Тоа ме загрижи малку. Се прашував дали работата со учителот е само една измама, но не реков ништо.

Возрасните знаат да бидат навистина непријатни ако почнеш да ги распрашуваш за измамите коишто ги прават. Па затоа

молчев и им помогнав носејќи кутии до едно комбе паркирано во уличката позади зградата.

Еден час возење не одведе до едно непознато место (место кое го нема на мапите од регионов). Изгледаше како место на

кое се снимаат сите оние стари хорор-научно фантастични филмови со џиновски пајаци и вештерки. Би се рекло дека тоа

беше местото. Како и да е, тоа беше мој дневен сон.

Нашата дестинација беше налик на мал воен камп без војници. Влеговме внатре, а луѓето не поздравија и продолжија со

својата работа. Лесно можеше да се забележи дека имаше две групи - персоналот, коишто сите беа слично облечени, како Андреа и Фил, и регрутите, коишто беа доста мешовити, како луѓе во трговски центар во сабота попладне.

Фил и Андреа ме оставија кај касарните, каде што неколку регрути ме одведоа внатре и ми доделија кревет и така натаму.

Никој не се потруди да ми објасни било што и јас не прашав. Претпоставував дека се ќе се разјасни набргу. Тоа што

навистина се случи, всушност, беше тоа што јас конечно реков нешто што јасно стави до знаење дека сум целосно

незапознаена со нештата. Тие беа шокирани поради тоа што Фил и Андреа не ми кажале ништо и јас реков, па зошто не

ми кажете вие? Па, тие мораа да се почешаат малку по главите, но на крајот еден од нив презема одговорност и рече,

“Зошто мораш да одиш и да бараш учител ако сакаш да го спасиш светот?”

“Затоа што не знам како да го направам тоа самата, очигледно.”

“Но што мислиш, каков вид на учител би знаел да го направи тоа?”

“Не знам,” ѝ реков. Тоа беше една жена на возраст од околу четириесетина години по име Гамаен.

“Дали мислиш дека тој би бил некој официјален владин службеник или нешто слично?”

Ѝ реков дека не мислам така и кога ме праша зошто, ѝреков, “Затоа што ако некој во владата знаел како да го направи тоа, тогаш тој веќе би го правел тоа, нели?”

“Зошто мислиш дека повеќето луѓе не знаат како да го спасат светот?”

“Не знам.”

“Мислиш дека никој во целиот универзум не знае како да живее без да го уништува светот?”

“Не знам,” ѝ реков.

Малку се збунија овде. Конечно еден од момците се обиде да продолжи. Тој рече, “Има луѓе насекаде низ универзумот

коишто знаат како да живеат во светот без да го уништуваат.”

“Да?” реков. Не се правев паметна. Тоа беше првото што го слушнав - и тоа и му го кажав.

“Па, тоа е работата,” рече тој. “Има илјадници населени планети низ целиот универзум - можеби милиони - и луѓето

коишто живеат на нив немаат никакви проблеми.”

“Навистина?” “Навистина. Тие не ги уништуваат, не ги соголуваат и не ги полнат со отрови нивните планети.”

“Па, тоа е одлично,” јас реков. “Но како нас би ни помогнало тоа ?”

“Би ни помогнало кога би знаеле како го прават тоа, нели?”

“Секако.”

За момент изгледаше дека повторно се збунети, но Гамаен најде начин да продолжи.

“Ние ќе одиме таму да научиме,” таа рече.

“Кој?”

“Ние. Сите регрути - ти, ние.”

“Каде ќе одиме?” јас прашав, бидејќи с уште не ми беше јасно што сакаше да каже.

“Во универзумот,” таа рече.

Конечно ми се разјасни: Ние чекаме да бидеме земени. Се очекуваше дека ќе не нема со децении. Нема да одиме на училиште. Ќе посетуваме други планети, ќе набљудуваме -

ќе се обидеме да ја откриеме тајната.

И кога ќе ја научиме тајната ќе им ја донесеме на луѓето на земјата.

9

Тоа беше програмата.

И тоа беше дневниот сон.

Запознај ја Мајката Култура

“Глупаво, нели?” Ишмаел се намурти. “Зошто го велиш тоа?”

“Па, тоа е дневен сон. Брборење. Глупост.”

Тој одмавна со главата. “Ниту една приказна не е без значење, ако знаеш каде да го побараш. Ова важи за детските песни

и дневните сонови исто како што важи и за новелите и епските поеми.”

“Во ред.”

“Твојот дневен сон не е глупост или само обично брборење, Џули. Можам да те уверам во тоа. И што е уште поважно, го

направи токму она што сакав да го направиш. Ти побарав приказна која ќе објасни што бараш овде и ти ми ја даде. Јас

сега разбирам што бараш. Или да бидам појасен, сега разбирам што си подготвена да научиш - а без тоа не би можел да

продолжам.”

Не разбрав најдобро што сакаше да каже со тоа, но му реков дека ми е мило што го слушам тоа.

“И покрај тоа,” тој продолжи, “с уште не сум сигурен како да продолжам со тебе. Без разлика дали знаеш или не, ти ме

соочи со посебен проблем.” “Зошто е тоа така?”

“Јас не сум како учителите во твоето училиште, Џули, кои едноставно ве учат работи коишто вашите старци одлучиле

дека треба да ги знаете - работи како математика, географија, историја, биологија итн. Како што ти објаснив порано, јас

сум учител кој се однесува како бабица со своите ученици, ги донесувам на свет идеите коишто растат во нив.” Ишмаел

застана за момент за да размисли малку, потоа ме праша што мислам која е разликата помеѓу мене и Алан Ломакс - во

однос на образованието.

“Па претпоставувам дека тој има завршено средно училиште, а можеби и факултет.”

“Тоа е точно. И?”

“Па, тој знае работи кои јас не ги знам.”

“Тоа е точно,” рече Ишмаел. “И покрај тоа, истите идеи растат во вас двајцата.”

“Од каде знаеш?” Неговите усни се искривија во насмевка. “Затоа што двајцата сте ја слушале истата мајка од денот на вашето раѓање. Не

зборувам за вашата биолошка мајка, се разбира, тука за вашата културна мајка. Мајката Култура зборува со вас низ

гласот на вашите родители - кои исто така го слушале нејзиниот глас од денот на нивното раѓање. Таа зборува со вас

преку ликовите од цртаните филмови, ликовите од книгите и ликовите од стриповите. Таа зборува со вас преку

временските прогнозери, учителите и претседателските кандидати. Сте ја слушале на вашите ток-шоуа. Сте ја слушале во

популарните песни, рекламните џинглови, предавањата, политичките говори, проповедите и шегите. Сте ги прочитале

нејзините мисли во весниците, книгите и стриповите. ”

“Во ред,” реков. “Претпоставувам дека разбирам што сакаш да кажеш.”

“Ова, се разбира, не е својствено само за вашата култура, Џули. Секоја култура има своја едукативна мајка. Идеите кои се

одгледани во тебе и во Алан Ломакс се многу поразлични од идеите коишто биле одгледани во племенските народи

коишто с уште живеат на начинот на којшто живееле нивните претци пред десет илјади години - Хули од Папуа Нова

Гвинеја, на пример, или Макуна индијанците од источна Колумбија.” “Да, разбирам.”

Работитите коишто треба да излезат од тебе и Алан се исти, но се на различен степен на развој. Алан ја слушал Мајката

Култура дваесет години подолго од тебе, па тоа што се наоѓа во него нормално е многу повеќе фокусирано и

артикулирано.

“Да, го разбирам тоа. Како што фетусот е повеќе оформен кога има седум месеци, отколку кога имал два месеци.

“Точно.”

“Во ред. И што сега?”

“Сега би сакал да си одиш и да ме оставиш да размислам како да продолжам со тебе.”

“Каде да одам?”

“Било каде. Каде што сакаш. Во твојот дом, ако го имаш.”

Сега беше мојот ред да се налутам. “Ако го имам? Зошто мислиш дека немам дом?” “Не мислам ништо,” Ишмаел рече смирено. “Се налути кога ти реков дека си дете и ми велиш дека си доволно стара да

крадеш автомобили, да имаш абортус или да препродаваш кокаин. Затоа мислев дека е најдобро да не претпоставувам

ништо за твојата имотна состојба.”

“Леле,” реков. “Зарем се сфаќаш толку буквално?”

Ишмаел се почеша малку по вилицата. “Да, претпоставувам. Ќе откриеш дека имам одредена смисла за хумор, но изјави

на комична претераност се несфатливи за мене.”

Му реков дека ќе го имам тоа на ум - впуштајќи се во комично претерување. Потоа го прашав кога да се вратам.

“Врати се кога сакаш.”

“Утре?”

“Секако,” рече тој. “Неделите не се неработни за мене.”

Малиот грч околу неговата уста ми кажа дека ова требаше да биде некој вид на шега. Мајка ми беше во пријатно расположение кога се вратив. Претпоставувам мислела дека е нејзина мајчинска должност да

се заинтересира за тоа како сум го поминала денот надвор од дома, па затоа ме праша каде бев. И ја кажал лагата којашто

однапред ја подготвив, дека бев со Шерон Спејли, една моја пријателка.

10

Дали некој случајно помисли дека ќе ѝ ја кажам вистината? Дека имав мал пријатен разговор со еден мајмун?

Ви се молам.

Проколнатите луѓе

Кога се вратив во соба 105 следното утро, го доближив увото до вратата. Сакав да знам дали кретенот Алан дошол пред мене. Кога се осигурав дека не е таму, влегов внатре.

Ништо не беше променето. Тоа значи дека за малку ќе се онесвестев од миризбата, за којашто сега знаев дека е миризба

на горило. Не сакам да кажам дека не ми се допаѓаше. Напротив. Посакувам да имав цело шише со неа. Знаете, да се

попрскате малку пред да одите на некоја забава. Тоа би ги натерало луѓето да ви обрнат внимание и да се заинтересираат

за некои работи.

Ишмаел беше онаму каде што го оставив. Се прашував дали воопшто може да биде на некое друго место во таа соба.

Мислев дека мора да има уште една соба одзади. Собата зад стаклото беше премногу мала за да може кој било да живее

во неа, а камоли горило.

Седнав и се гледавме некое време.

Јас реков, “Што ќе направиш ако дојде Алан додека сум овде?”

Тој направи гримаса. Претпоставувам мислеше дека ова е непотребно прашање. И покрај тоа, тој го одговори -

прашувајќи ме што сакам јас тој да направи. “Сакам да му кажеш да дојде подоцна.”

“Разбирам. И тоа е она што сакаш да ти го кажам тебе ако дојдеш додека е Алан овде?”

“Да.”

“Ако Алан биде овде кога ќе дојдеш, да ти кажам да дојдеш подоцна?”

“Тоа е точно.”

Тој одмавна со главата. “Морам да разговарам со него во врска со ова. Јас можам тебе да ти кажам да дојдеш подоцна, но

не можам него да му кажам да дојде подоцна. Не без да разговарам со него за тоа.”

“Не сакам да го направиш тоа,” му реков. “Ако Алан дојде додека сум овде, јас едноставно ќе си заминам.”

“Но зошто? Што имаш против него?”

“Не знам. Едноставно не сакам да знае за мене.”

“Што е тоа што не сакаш да го знае за тебе?” “Не сакам воопшто да знае било што за мене. Не сакам да знае дури и дека постојам.”

“Не можам да ти гарантирам такво нешто, Џули. Ако тој сега влезе во собава, очигледно ќе знае дека постоиш.”

“Го сфаќам тоа. Но тоа е едноставно мојот прв избор,” му реков. “Ако не можам да го имам тоа, тогаш ќе го земам

следното најдобро нешто.”

“А што е следното најдобро нешто?”

“Тоа што ќе го добијам со излегување надвор, тоа е следното најдобро нешто.”

Ишмаел ненадејно ја подигна неговата горна усна, изложувајќи ги неговите златно-кафени заби големи како палци. Ми

требаше една секунда да го препознаам тоа како насмевка.

Тој рече,“Почнувам да мислам дека имаш карактер многу сличен на мојот, Џули.”

Гледав во него.

“Ако моментално не разбираш што сакам да кажам со тоа, ќе разбереш еден ден.”

Беше во право, не го разбрав тогаш. Сега, четири години подоцна, мислам дека разбирам. Можеби. Како и да е, кога завршивме со разговорот, Ишмаел се смести во неговиот кревет и почна да зборува. “Ти веруваш дека

некој во универзумот мора да знае како да живее во светот без да го уништува истиот. Тоа го кажува твојот сон.”

“Па... не би рекла дека многу верувам во тоа.”

“Тогаш, да кажеме дека тоа има смисла за тебе. Ти изгледа разумно дека, доколку има интелегентен живот некаде на

друго место во универзумот, некои луѓе некаде мораат да знаат како да живеат одржливо на нивната планета.”

“Тоа е точно.”

“Зошто ти изгледа тоа разумно, Џули?”

“Не знам.”

Ишмаел се намурти. “Пред да кажеш, ‘не знам,’ би бил благодарен ако размислиш малку за да видиш дали можеби

знаеш. И дури ако откриеш дека навистина не знаеш, те молам пробај да одговориш.”

“Во ред. Ти сакаш да знаеш зошто изгледа разумно луѓе од некои други планети да знаат како да живеат одржливо.” “Точно.”

Размислував малку за тоа и потоа му кажав дека тоа е навистина добро прашање.

“Целата уметност се состои од поставување навистина добри прашања, Џули. Ова е информација која што морам да ја

извлечам од тебе уште на почетокот. Тоа ќе биде основата на нашата подоцнежна работа.”

“Разбирам,” реков и продолжив да размислувам. После подолго време реков, “Тешко е да се објасни.”

“Едноставните работи секогаш се најтешки за објаснување, Џули. Да покажеш некому како се врзуваат врвците на

чевлите е многу лесно. Да му објасниш е речиси невозможно.”

“Да,” му реков. “Така е.” Размислував за тоа уште некое време. Конечно реков, “Не знам зошто овој пример

функционира, но фукционира барем малку. Да речеме дека имаш дузина машини за мраз произведени од дузина

различни компании. Една или две од овие машини воопшто нема да функционираат. Но повеќето од нив ќе работат

прилично добро.” “Зошто е тоа така?”

“Претпоставувам дека е така затоа што не можеш да очекуваш секоја од тие компании да биде неспособна. Повеќето од

нив мораат да бидат барем просечно способни за да можат да функционираат воопшто.”

11

“Со други зборови, кога би живеела на планета каде што многу луѓе произведуваат машини за мраз, но ниту една од нив

не функционира, ти ќе претпоставуваш дека твојата планета е посебна. Ако посетиш други светови ќе очекуваш да

најдеш луѓе коишто знаат како да произведат машини за мраз кои функционираат. Со други зборови, ти мислиш дека има

нешто ненормално во врска во нефункционалноста. Нормално е работите да функционираат. Не е нормално работите да

се распаѓаат. ” “Да. Тоа е точно.”

“Од каде ти е тој впечаток, Џули? Од каде ти е впечатокот дека е нормално работите да функционираат?” “Леле,” реков. “Од каде ми е впечатокот? Можеби од овде. Изгледа дека сите останати работи во целиот универзум

функционираат многу добро. Воздухот функционира, облаците функционираат, дрвјата функционираат, желките

функционираат, бактериите функционираат, атомите функционираат, печурките функционираат, птиците

функционираат, лавовите функционираат, црвите функционираат, сонцето функционира, месечината функционира -

целиот универзум функционира! С фукционира - освен нас. Зошто? Што не прави нас толку посебни?”

“Знаеш што ве прави посебни, Џули.”

“Знам?”

“Да. Ова ќе биде првиот дел од знаењето коешто ќе го изведам на светлина од тебе. Што вели Мајката

Култура за ова? Што е она што ве прави поразлични од желките, облаците, црвите, сонцето и печурките? Сите тие

функционираат, но само вие не. Зошто не функционирате, Џули? Што ве прави толку посебни?”

Го гледав бледо некое време, а потоа продолжив. “С е во ред со желките, облаците, црвите и сонцето. Затоа тие

функционираат. Но нешто не е во ред со нас. И затоа ние не функционираме.” “Добро. Но што е тоа, Џули? Што не е во ред со вас?”

Размислував некое време за тоа. На крајот реков, “Вака изгледа маеутското учење?”

Ишмаел климна со главата.

“Воодушевена сум. Ми се допаѓа. Никој не го направил ова со мене претходно. Како и да е, тоа што не е во ред со нас е

што сме цивилизирани. Мислам дека е тоа.” Но како што продолжив да размислувам за тоа, одговорот изгуби дел од

сигурноста. “Тоа е само еден дел од проблемот,” му реков, “тоа што сме цивилизирани. Но има нешто во врска со

начинот на којшто сме цивилизирани. Ние не сме доволно цивилизирани.”

“А зошто е тоа така?”

“Леле,” реков. “Причината поради која не сме доволно цивилизирани е тоа што нешто не е во ред со нас. Како да има

капка отров во нас, а таа капка е доволна да уништи с што правиме.” Претпоставувам седев таму со устата отворена,

затоа што на крајот Ишмаел ми рече да продолжам да зборувам. Продолжив. “Ова е тоа што го слушам, Ишмаел. Во ред е ако те викам Ишмаел?”

Горилото климна со главата, велејќи, “Така се викам.”

“Ова е тоа што го слушам: Мораме да еволуираме во повисока форма ако сакаме да преживееме. Не сум многу сигурна

каде го слушам ова. Како да е некаде во воздухот.”

“Разбирам.”

“Формата во којашто сега се наоѓаме едноставно е премногу примитивна. Ние сме едноставно премногу примитивни.

Мораме да еволуираме во некоја повисока, ангелска форма.”

“За да можете да функционирате исто така добро како и печурките, желките и црвите.”

Се насмеав и реков, “Да, тоа е смешно. Но тоа е перцепцијата, мислам. Не фукционираме толку добро како печурките,

црвите и желките затоа што сме премногу интелегентни, но не фукционираме доволно добро како ангелите и боговите

затоа што не сме доволно интелегентни. Ние се наоѓаме во чудна ситуација. Сме функционирале одлично кога сме биле

помалку од луѓе, а ќе функционираме одлично кога ќе бидеме повеќе од луѓе, но сме целосно нефункционални во моментов. Луѓето едноставно не се добри. Самиот облик не е добар. Мислам дека тоа има да го каже Мајката Култура.”

“Значи, недостатокот е интелегенцијата, тогаш - според Мајката Култура.”

“Точно. Интелегенцијата е она што н прави посебни, нели? Бувовите не можат да го уништат светот. Морските мачки не

можат да го уништат светот. За тоа е потребна интелегенција.”

“Тогаш, што е со потрагата во твојот сон? Дали ќе бараш ангели кога ќе отпатуваш во универзумот за да научиш како да

живееш?”

“Не, тоа е смешно.”

Ишмаел ја наведна главата на едната страна и ме погледна збунето.

“Ќе барам интелегентни раси како нашата - но тие ќе знаат како да живеат без да го уништат нивниот свет. Ние сме

многу попосебни отколку што мислев.”

“Продолжи.” “Ние сме на некој начин проколнати. Луѓето на оваа планета.”

Ишмаел климна со главата. “Тоа е општо прифатено, помеѓу луѓето од твојата култура, дека човештвото е проколнато -

на некој начин лошо создадено, или фундаментално грешно или буквално, божествено проколнато.”

“Точно.”

“Затоа, во твојот сон, знаењето коешто вие го барате мора да се наоѓа некаде на друго место во универзумот. Не можете

да го најдете меѓу вас, затоа што вие сте проколната раса. За да го најдете знаењето коешто ви е потребно за да можете да

живеете одржливо, вие морате да најдете раса којашто не е проколната. И нема причина да претпоставувате дека сите се

проколнати. Чувствувате дека некој таму некаде мора да знае како да живее одржливо.”

“Точно.”

“Гледаш, Џули, твојот сон не е само празно брборење. Сигурен сум дека патувањето за коешто сонуваш, ако навистина

се случило, всушност ќе те довело во контакт со илјадници други луѓе кои живеат одржливо без никаква тешкотија.” “Сигурен си? Зошто?”

“Затоа што проклетството кое управува со вас е многу, многу ограничено - спротивно на тоа што ве учи Мајката Култура.

Тоа дури и не се протега низ целото човештво. Илјадници луѓе живееле одржливо овде, Џули. Без тешкотија. Без напор.”

12

Нормално, го гледав бледо. “Мислиш на... Атлантида?”

“Не мислам на ништо далечно како Атлантида. Атлантида е само приказна.”

“Тогаш, не знам за што зборуваш. ”

Ишмаел климна полека со главата. “Го сфаќам тоа. Многу малку од вас би знаеле за што зборувам. ”

Чекав да ми објасни, а кога не ми објасни, јас реков, “Зарем нема да ми кажеш кои се тие луѓе?”

“Подобро не, Џули. Гледај, ти дефинитивно ја имаш таа информација и ако посегнам внатре во тебе и ја извадам, ти ќе бидеш воодушевена, но нема да научиш ништо. Бабицата е таму за да ѝ помогне на жената да го донесе на свет детето, а

не таа да го донесе на свет.”

“Сакаш да кажеш дека јас знам кои се тие луѓе?”

“Немам ни најмал сомнеж, Џули.”

Слегнав со рамениците, ги вкрстив рацете и потоа му реков да продолжи.

Вашата Култура

Ишмаел рече, “Перцепцијата дека мудроста не може да се пронајде меѓу вас е длабоко вкоренета во вашата култура. Тоа

го открива твојот сон. Знаете како да направите неверојатни електронски апарати, знаете како да испраќате бродови во

вселената, знаете како да продрете во длабочините на атомот. Но наједноставното знаење на светот - знаењето за тоа како

треба да живеете - едноставно не постои меѓу вас.” “Да, изгледа дека е така.”

“Ова не е нова перцепција во никој случај, Џули. Таа постои во вашата култура со милениуми.”

“Извини,” реков. “Ти цело време го велиш тоа -‘луѓето од вашата култура’- и јас не сум сигурна на што поточно мислиш.

Зошто едноставо не кажеш ‘вие луѓето’ или ‘Американци’?”

“Бидејќи не зборувам за луѓе или Американци. Зборувам за луѓето од твојата култура.”

“Па, претпоставувам дека ќе мораш да го објасниш тоа.”

“Дали знаеш што е култура?”

“Најискрено, не сум сигурна.”

“Зборот култура е како камелеон, Џули. Нема сопствена боја, туку едноставно ја зема бојата од својата околина.

Воопшто не е исто кога зборуваш за културата на шимпанзата и за културата на Џенерал Моторс. Може да се каже дека

има само две фундаментално различни човечки култури. Исто така може да се каже дека има илјадници човечки култури. Наместо да се обидувам да ти објаснам што значи зборот култура кога е целосно сам за себе (што е речиси невозможно),

ќе ти објаснам што сакам да кажам кога велам ‘вашата култура.’ Во ред?”

“Во ред,” реков.

“Всушност, ќе ти ја олеснам работата уште повеќе. Ќе ти дадам две општи правила со кои ќе можеш да ги

идентификуваш луѓето од твојата култура. Еве едно од нив. Можеш да бидеш сигурна дека си помеѓу луѓето од твојата

култура ако храната е поседувана, ако е заклучена.”

“Хмм,” реков. “Тешко е да се замисли дека може да биде поинаку.”

“Но се разбира дека некогаш било поинаку. Храната не била поседувана исто како што воздухот и сонцето не можат да

бидат поседувани. Сигурен сум дека го сфаќаш тоа.”

“Да, претпоставувам.”

“Не изгледаш многу импресионирана, Џули, но заклучувањето на храната е една од најголемите иновации на вашата

култура. Ниту една друга култура во историјата никогаш не ја заклучувала храната - а тоа е основата на вашата економија.”

“Зошто е тоа така?” јас прашав. “Зошто е тоа основата на нашата економија?”

“Затоа што ако храната не е заклучена, Џули, кој би работел?”

“Ох. Да. Точно. Леле.”

“Ако одиш во Сингапур или Амстердам или Сеул или Буенос Аирес или Исламабад или Јоханесбург или Тампа или

Истамбул или Токио, ќе видиш дека луѓето многу се разликуваат во начинот на кој се облекуваат, во нивните свадбени

обичаи, во нивните религиозни ритуали, итн, но сите тие очекуваат храната да биде заклучена. Целата храна некој ја

поседува и ако сакаш малку, ќе мораш да ја купиш.”

“Сфаќам. Значи ти велиш дека сите овие луѓе припаѓаат на една култура.”

“Јас зборувам за основите, а ништо не е поосновно од храната. Сигурен сум дека е многу тешко за тебе да сфатиш колку

сте бизарни во однос на ова. Вие мислите дека е комплетно разумно да работите за она што е слободно за земање за сите останати суштества на земјата. Вие ја заклучувате храната и потоа работите многу напорно за да ја вратите назад - и си

замислувате дека ништо друго не би можело да биде поразумно од тоа.”

“Да, бизарно е кога ќе го кажеш тоа на тој начин. Но не го направила тоа само нашата култура. Тоа го има направено

целото човештво, зарем не?”

“Не, Џули. Знам дека Мајката Култура ве учи дека тоа е нешто што целото човештво го има направено, но тоа е лага. Тоа

сте го направиле само вие, една единствена култура, а не целото човештво. Кога ќе завршиме, воопшто нема да имаш

сомнежи за тоа.”

“Во ред.”

“Друго општо правило коешто можеш да го употребиш за да ги идентификуваш луѓето од твојата култура е ова: Тие се

сметаат себеси за раса којашто има вроден недостаток и е осудена на страдање и мизерија. Затоа што имаат недостаток,

тие очекуваат мудроста да биде реткост, нешто што е многу тешко да се достигне. Затоа што се осудени на страдање, тие не се изненадени што живеат во сиромаштија, неправда и криминал, не се изненадени што нивните владетели се себични

и корумпирани, не се изненадени што го уништуваат светот. Тие можеби се разочарани од овие работи, но не се

13

изненадени од нив, затоа што очекуваат работите да бидат такви. Тоа е разумно за нив, исто како што е разумно нивната

храна да биде заклучена.”

“Дали ќе ти пречи ако малку си играм адвокат на ѓаволот?"”

“Не, воопшто.”

“Има еден учител во моето училиште кој секогаш не гледа со сожалување затоа што тој е будист, што значи дека е

километри понапред од нас во однос на свесноста и духовната просветленост итн. За него, луѓето од ‘нашата култура’ се луѓето од Западот, а луѓето од Истокот припаѓаат на сосема друга култура.”

“Претпоставувам дека и тој самиот е западњак.”

“Да, е. Каква врска има тоа?”

Ишмаел слегна со рамениците. “Западњаците често мислат дека Истокот е еден огромен Будистички храм, а тоа е исто

како да се мисли дека Западот е еден огромен Картузиски манастир. Ако учителот којшто го спомена некогаш го посети

Истокот, тој секако ќе искуси многу нови нешта, но ќе види дека, прво, и таму храната е заклучена, и второ, и таму

луѓето се сметаат себеси за мизерни, деструктивни и алчни, исти какви што се и на Западот. Овие се работите коишто ги

квалификуваат за да бидат наречени ‘луѓето од вашата култура.’”

“Дали има луѓе во светот коишто не мислат дека се мизерни, деструктивни и алчни?

Ишмаел размисли малку за ова и потоа рече, “Ќе го свртам прашањето кон тебе на овој начин. Во твоето замислено

патување низ универзумот, дали планираше да бараш други проколнати раси?”

“Не.” “Дали очекуваш дека сите интелегентни видови во универзумот се проколнати?”

“Не.”

Ишмаел ме проучуваше некое време и потоа рече, “Гледам дека твоето прашање останува неодговорено. Ќе ти го

одговорам на овој начин. Дури и на твоја возраст, сигурно си се запознала со одреден вид на личност која е убедена дека

с што ѝ се случува лошо во животот и нечија друга вина - никогаш нејзина. Ако с уште не си запознала таква личност,

ти уверувам дека еден ден ќе запознаеш. Таквата личност никогаш не учи од сопствените грешки бидејќи, што се

однесува до неа, таа не прави грешки. Никогаш не ги открива изворите на нејзините грешки затоа што верува дека тие

извори лежат во другите луѓе кои се надвор од нејзина контрола. Да го кажеме тоа поедноставно, за с што не е во ред во

нејзиниот живот таа ги обвинува другите. Никогаш не си вели себеси, ‘Проблемот е во нешто што јас го правам.’ Таа

вели, ‘Проблемот е во нешто што другите го прават. Другите се виновни за сите мои проблеми - а јас не можам да ги

променам нив и затоа сум беспомошна.’” “Да, знам една таква личност,” му реков. Не можев да најдам доволно добра причина да му кажам дека тоа беше мајка

ми.

“Целата ваша култура го има прифатено овој начин на справување со проблемите. Вие не велите, ‘Проблемот не е во

нешто што ние го правиме.’ Вие велите, ‘Проблемот е во самата човечка природа. Човечката природа е виновна за сите

наши проблеми - и ние не можеме да го промениме тоа и затоа сме беспомошни.’”

“Аха,” реков. “Сфаќам.”

“И јас исто така сфаќам, Џули,” Ишмаел рече. “На учителите им требаат учениците за да им помогнат да го продолжат

нивното патување кон откритието.”

Ги подигнав веѓите.

“Си ме слушнала дузина пати како велам дека луѓето од вашата култура се сметаат себеси за припадници на раса со

недостаток, на проколната раса.”

“Точно,” му реков. “Сега, благодарение на вас, имам многу подобар начин да го кажам ова: Луѓето од вашата култура ја обвинуваат

човековата природа за сите нивни проблеми. С уште е точно дека вие се сметате себеси за припадници на раса со

недостаток, проколната раса, но сега имаме подобро разбирање за тоа зошто вие размислувате за себеси на овој начин.

Ви овозможува да ја префрлите вината на нешто што е надвор од вашата контрола - човечката природа. Вие сте невини.

Вината е во самата човечка природа, а тоа не можете да го промените.”

“Да, го сфаќам тоа.”

“Дозволи ми да нагласам дека ‘човечката природа’ е нешто што луѓето од вашата култура тврдат дека добро го

познаваат. Тоа не е нешто за што јас тврдам дека го познавам добро. Кога и да го употребам тој термин, тоа ќе биде на

оној начин на којшто излегува од устата на Мајката Култура. Самиот концепт е непознат за мене. Тој ѝ припаѓа на

епистемолошка рамка, единствена за твојата култура. Немој да правиш гримаси. Нема да ти биде ништо ако слушнеш

некој нов збор. Епистемологија е наука за она што е познато. За луѓето од вашата култура, ‘човечката природа’ е нешто што е познато. За мене, тоа е фабулозен објект, измислен за да се трага по него, како Светиот Грал или Филозофскиот

Камен.”

“Во ред,” му реков. “Но не знам зошто инсистираш на ова.”

“Учителите продолжуваат да живеат преку своите ученици. Тоа е уште една причина зошто им се потребни. Ти изгледа

имаш необична меморија. Ти паметиш с што слушаш со необична чистота.”

“Да, претпоставувам дека тоа е точно.”

“Ти ќе бидеш мојот гласник. Ти ќе го носиш моите зборови преку ѕидовите на оваа соба.”

“Каде ќе ги носам?”

“Секаде каде што ќе одиш - каде и да биде тоа.”

Па, поминав некое време гледајќи намуртена во него. Потоа реков, “А што е со Алан? Дали и тој е гласник?”

Ишмаел слегна со рамениците. “Претпоставувам дека можам да ти го кажам ова сега, Џули. Имав многу ученици. Некои не земаа ништо од мене, некои земаа малку, а некои многу. Но никој од нив не зема с . Секој зема онолку колку што

може да носи. Дали ме разбираш?”

“Мислам дека разбирам.”

14

“Што прават со тоа што ќе го земат, очигледно е надвор од мојата контрола. Најчесто, воопшто не знам што прават со тоа

- или дали воопшто прават нешто. Еден од нив ми прати писмо пред некое време со неговото чудно сфаќање за тоа што

треба да прави. Тој има намера да мигрира во Европа и да биде некој вид на патувачки учител или проповедник.”

“Што сакаше ти да биде тој?”

“Не се работи за тоа што сакам јас. Секој мора да го прави она што може. Мене ми е чуден неговиот избор само поради

тоа што тоа е незамисливо за мене. Јас знам како да ги поведам луѓето само на овој начин - преку дијалог. Едноставно не можам да се замислам како го правам тоа во некоја сала за предавања. Мој недостаток, не негов.”

“Се чувствувам целосно изгубена, Ишмаел. Каква врска има тоа со Алан и со мене?”

“Кога те нареков мој гласник, ти ме праша дали и Алан е исто така гласник. Сакав да разбереш дека тоа што ти го давам

да го запомниш е многу поразлично од она што нему му го давам да го запомни. Ниту едни две патувања не се исти,

затоа што ниту едни два ученика не се исти.”

“Во ред. Тоа има смисла.”

“Малку скршнавме од патот за да ти покажам како можеш да ги препознаеш припадниците на твојата култура. Сега да

пробаме да се вратиме на главниот пат... Велев дека перцепцијата којашто кажува дека мудроста не може да се најде меѓу

вас е длабоко вкоренета во вашата култура и дека оваа перцепција постои во вашата култура со милениуми.”

“Да, се сеќавам.”

“Дали разбираш зошто го кажувам ова?”

“Не.” “Твојот сон вели дека мудроста мора да биде пронајдена некаде - милиони километри подалеку од оваа планета. Затоа

било потребно за тебе да создадеш сон, на прво место. Ти си сигурна дека тајната којашто ја бараш не може да биде

најдена овде.”

“Да, тоа е точно. Разбирам што сакаш да кажеш.”

“Тоа што сакам следно да го сфатиш е дека губитокот на оваа тајна бил важен настан во вашата историја. Тоа не е нешто

што им недостасува на вашите гени. Човештвото не е родено со недостаток. Тоа е нешто што се случило единствено меѓу

луѓето од вашата култура.”

“Во ред. Но зошто сакаш да го сфатам тоа?”

“Затоа што... Дали некогаш си изгубила нешто? Клуч, книга, алат, писмо?”

“Секако.”

“Можеш да се сетиш како се обиде да го пронајдеш тоа?” “Се обидов да се сетам каде се наоѓав кога го имав со мене последен пат.”

“Се разбира. Ако знаеш каде си изгубила нешто, ќе знаеш и каде да го бараш тоа, нели?”

“Да.”

“Тоа е она што сакам сега да ти го покажам: каде и кога вие сте ја изгубиле тајната којашто им е позната на сите останати

видови на оваа планета - и на сите останати интелегентни суштества во универзумот, ако ги има.”

“Леле,” му реков. “Ние сигурно сме многу посебни, доколку секој друг вид во универзумот знае нешто што ние не го

знаеме.”

“Вие навистина сте посебни, Џули. Јас целосно се сложувам со Мајката Култура во однос на тоа.”

Историјата на човекот во 17 секунди

Ишмаел рече, “Има едно место од каде што може да се започне со секој ученик, Џули, а тоа место е онаму каде што се наоѓа ученикот. Дали разбираш што сакам да кажам?”

“Мислам дека разбирам.”

“Најчесто, единствениот начин за да дознаам каде се наоѓа некој мој ученик е ако тој самиот ми го каже тоа. И ти мораш

да го направиш тоа сега. Мораш да ми кажеш с што знаеш за човечката историја.”

Јас застенкав, а Ишмаел ме праша зошто го направив тоа. “Историја не е мојот омилен предмет,” му реков.

“Можам да го разберам тоа,” рече тој, “знаејќи на кој начин се принудени да ве учат учителите во вашите училишта. Но

јас не ти велам да го изрецитираш тоа што си го научила (или не си успеала да го научиш) на училиште. Дури и ако не си

поминала ниту еден ден на училиште, би имала општ впечаток за тоа што се случило овде, само поради фактот што очите

и ушите ти биле отворени дванаесет години во оваа култура. Дури и некој кој не направил ништо освен што читал

стрипови сигурно го има тој впечаток.”

“Во ред,” реков, и потоа ги поврзав работите. “Дали е тоа верзијата на Мајката Култура за човечката историја?” Ишмаел климна со главата. “Тоа го барам. Морам да знам колку од тоа си примила. Или подобро кажано, ти мораш да

знаеш колку си примила.”

“Разбирам,” му реков и почнав да размислувам за тоа. После три минути тој почна да се превиткува, а знаејќи ја неговата

големина, тоа изгледаше импресивно. Го погледнав зачудено.

“Не комплицирај, Џули. Ова не е нешто за коешто ќе добиеш оцена. Само дај ми го основниот нацрт којшто сите го

разбираат. Не сакам илјада зборови, дури ниту петстотини. Педесет би биле доволни.”

“Се обидувам да сфатам како да ги вклопам пирамидите и Втората Светска Војна.”

“Да започнеме со оквирот. Кога ќе го имаме тоа, ќе можеме да ‘вклопиме’ с што ќе посакаме.”

“Во ред. Луѓето се појавиле пред околу пет милиони години, така?”

“Три милиони е општо прифатената бројка.”

“Во ред, три милиони. Луѓето се појавиле пред три милиони години. Тие биле мршојадци. Дали е тоа вистинскиот збор?” “Можеби биле мршојадци на почетокот. Но мислам дека зборот што го бараш е собирачи.”

“Да, така е, тие биле собирачи. Номади. Тие живееле од земјата, како што живееле и индијанците. ”

“Добро. Продолжи.”

15

“Па, тие живееле од земјата до пред околу десет илјади години. Потоа од некоја причина се откажале од номадскиот

живот и почнале да живеат како фармери. Дали е тоа точно - десет илјади години?”

Ишмаел климна со главата. “Новите откритија би можеле да додадат уште неколку илјади години, но с додека не го

направат тоа, десет илјади е општо прифатената бројка.”

“Во ред, значи тие се населиле на едно место и започнале да ја обработуваат земјата и тоа во основа бил почетокот на

цивилизацијата. Сите овие нешта. Градови, нации, војни, параброди, велосипеди, ракети, атомски бомби, нервни гасови итн.”

“Одлично,” рече горилото. “Алан требаше да го направи истиот подвиг, но него му беа потребни речиси два часа за тоа.”

“Навистина? Зошто?”

“Делумно затоа што е маж и мора малку да се покаже на почетокот. И делумно затоа што го слушал гласот на Мајката

Култура толку долго што почнал да мисли дека тоа е неговиот сопствен глас. Тешко му е да го разликува едниот од

другиот.”

“Разбирам,” реков, обидувајќи се да не звучам премногу самоуверено.

“Во секој случај, основната лага сега е во игра: Пред околу десет илјади години луѓето се откажале од собирачкиот живот

и почнале да живеат како фармери.”

Размислував за тоа околу една минута и потоа го прашав кој дел од тоа е погрешен. “Датумот е точен, нели?”

Тој климна со главата.

“Делот со собирањето, исто така, нели? Мислам, пред да бидат фармери, луѓето биле собирачи, така?” Тој повторно климна со главата.

“Потоа тие станале фармери. Тоа го направиле, нели?”

“Да.”

“Тогаш, каде е лагата?”

“Лагата е скриена во единствениот дел од изјавата на којшто не помисли.”

“Може да ја повториш?”

Пред околу десет илјади години луѓето се откажале од собирачкиот живот и почнале да живеат како фармери.”

“Леле,” реков. “Јас овде воопшто не гледам простор за лага.”

“Исто така и повеќето луѓе од твојата култура не би виделе. На крајот, тоа е верзијата на вашата култура на приказната,

па затоа ти изгледа неважно. Можеш да ја видиш (или некои нејзини варијации) како се повторува во вашите учебници.

Можеш да ја видиш како се повторува одново и одново во весниците и списанијата. Ако ги држиш очите отворени можеш да ја сретнеш неколку пати во неделата. Можеш да ја видиш како се повторува рутински од историчарите, кои

секако би ја препознале како лага кога не би ја повторувале рутинирано.”

“Но каде е лагата?”

“Лагата е во зборот луѓе, Џули. Не го направиле луѓето ова, туку луѓето од вашата култура - една култура од десетици

илјади култури. Лагата е дека вашите акции се акции на човештвото. Лагата е дека вис сте самото човештво, дека вашата

историја е човечката историја. Вистината е дека пред десет илјади години едни луѓе се откажале од собирачкиот живот и

станале фармери. Остатокот од човештвото - останатите деведесет и девет проценти - продолжиле да си живеат како и

претходно.”

Паднав во кома неколку минути, а потоа реков, “Тоа звучи вака. Како тоа да бил следниот чекор во човечката еволуција.

Хомо Собирач исчезнал, а Хомо Фармер ја превземал работата.”

Ишмаел климна со главата. “Тоа е одлична забелешка, Џули. Јас никогаш не би се сетил на тоа. Тоа е впечатокот кој се

добива, но секако е невистинит.” “Од каде го знаеш тоа?”

“Прво, затоа што Хомо Собирач не исчезнал - и с уште не е исчезнат. И второ, затоа што собирачите и фармерите не

припаѓаат на различни видови. Тие се биолошки потполно исти. Разликата помеѓу нив е само културолошка. Однеси

собирачко бебе кај фармери и тоа ќе биде фармер. Однеси фармерско дете кај собирачи и тоа ќе биде собирач.”

“Во ред. Но и покрај тоа, ова звучи како... не знам. Звучи како групата да почнала да свири нова песна и сите почнале да

танцуваат на неа низ целиот свет.”

Ишмаел климна со главата и рече, “Знам дека така звучи, Џули. Вашите учебници по историја го претставиле тоа како

многу едноставна приказна. Всушност, тоа е една екстремно голема и комплексна приказна - и приказна која секој во

вашата култура мора да ја знае. Вашата иднина не зависи од разбирање на падот на Рим или подемот на Наполеон или

Американската граѓанска војна или Светските војни. Вашата иднина зависи од тоа дали ќе сфатите како сте станале такви

какви што сте, а ова е приказната која се обидувам да ти ја откријам.” Ишмаел престана да зборува и се изгуби десетина минути. Потоа се намурти и одмавна со главата и јас го прашав што не

е во ред.

“Се обидувам да најдам начин да ја направам приказната разбирлива за тебе со едно раскажување, Џули, но мислам дека

не можам да го направам тоа. Мора да биде презентирана во неколку различни раскажувања и секое раскажување да биде

дизајнирано на тој начин што ќе отвори различни теми. Дали тоа тебе ти звучи разумно?”

“Не, не многу, да бидам искрена. Но секако сум подготвена да слушам.”

“Добро. Еве едно раскажување базирано на твојата метафора со песната и танцувачите. Можеби ќе звучи многу лудо, но

не е ни приближно лудо како што е раскажана приказната во вашите книги, којашто е корисна, историски гледано, исто

колку и приказните за Мајката Гуска.”

Песни и танцувачи

Терпсичора е едно од местата во универзумот кое ти би сакала да го посетиш (Ишмаел рече). Ова била планета

(наречена, патем, по музата на танцувањето) каде што луѓето настанале на вообичаениот начин во заедницата на

16

животот. Некое време живееле исто како што живееле и другите, едноставно јадејќи го она што ќе им се најде до рака. Но

после неколку милиони години живеење на овој начин, тие забележале дека е многу лесно да се унапреди растот на

нивната омилена храна. Може да се каже дека тие пронашле неколку лесни чекори коишто ќе им помогнат да дојдат до

овој резултат. Тие не морале да ги превземат овие чекори за да преживеат, но кога ќе ги превземеле, нивната омилена

храна секогаш била достапна. Ова биле, се разбира, чекори на еден танц.

Неколку чекори од овој танц, одиграни само три или четири дена во месецот, ги збогатиле нивните животи, и тоа речиси без напор. Како и овде на земјата, луѓето на оваа планета не биле само едни луѓе, туку многу луѓе и како што поминувало

времето, секој од нив развил свој пристап кон танцот. Некои продолжиле да танцуваат само неколку чекори три или

четири дена во месецот. Други откриле дека е разумно за нив да имаат многу повеќе од нивната омилена храна, па затоа

танцувале по неколку чекори секој втор или трет ден. Но сепак други не можеле да најдат причина зошто не би живееле

најмногу од нивната омилена храна, па затоа танцувале по неколку чекори секој ден. Работите продолжиле на овој начин

уште десетици илјади години помеѓу луѓето на оваа планета, кои мислеле дека живеат во рацете на боговите и целата

работа им ја препуштале ним. Поради ова, тие се нарекувале себеси Оставачи.

Но една група од Оставачите си рекла себеси, “Зошто да живееме само делумно од нашата омилена храна? Зошто да не

живееме целосно од нашата омилена храна? С што треба да направиме е да посветиме малку повеќе време на

танцувањето. И оваа одредена група почнала да танцува по неколку часа во денот. Бидејќи мислеле дека ги земаат

работите во свои раце, ние ќе ги наречеме Земачи. Резултатите биле спектакуларни. Земачите биле преплавени со

нивната омилена храна. Наскоро се појавила менаџерска класа за да се грижи за акумулација и складирање на вишокот - нешто што не било воопшто потребно кога сите танцувале само неколку часа во неделата. Членовите на оваа менаџерска

класа биле премногу зафатени за да танцуваат и затоа што нивната работа била толку многу важна, набргу почнале да ги

сметаат за општествени и политички водачи. Но по неколку години, овие водачи на Земачите почнале да забележуваат

дека производството на храна опаѓа и затоа отишле да видат што не е во ред. Откриле дека танцувачите не работат колку

што треба. Тие не танцувале неколку часа на ден, туку танцувале само ден или два часа, а понекогаш ни толку. Водачите

прашале зошто.”

“Која е смислата на сето ова танцување,” рекле танцувачите. “Не е потребно да танцуваме седум или осум часа на ден за

да ја имаме храната којашто ни е потребна. Имаме доволно храна и ако танцуваме само еден час во денот. Ние никогаш

не сме гладни. Па затоа, зошто да не се опуштиме и не почнеме да живееме лесно, исто како порано?”

Се разбира, водачи имале различен поглед на работите. Ако танцувачите се врателе на начинот на којшто живееле

порано, тогаш и водачите ќе морале да го направат истото, а тоа нив воопшто не им се допаѓало. Тие измислиле и испробале многу различни начини за да ги охрабрат или да ги принудат танцувачите да танцуваат подолго, но ништо не

успеало, с додека еден од нив не дошол до идеја да ја заклучи храната.

“Како ќе помогне тоа?” го прашале.

“Причината поради којашто танцувачите не танцуваат е тоа што тие треба само да посегнат и да ја земат храната што ја

сакаат. Ако ја заклучиме, тие нема да можат да го прават тоа.”

“Но ако ја заклучиме храната, танцувачите ќе умрат од глад!”

“Не, не, ти не разбираш,” рекол другиот со насмевка. “Ние ќе го поврземе танцувањето со добивањето храна - толку

храна за толку танцување. На овој начин, тие што не сакаат да работат секогаш ќе бидат гладни, а танцувачите кои

танцуваат долги часови ќе имаат полни стомаци.”

“Тие никогаш нема да прифатат ваков договор,” му рекол некој.

“Нема да имаат избор. Ќе ја заклучиме храната во магацини и танцувачите или ќе танцуваат или ќе гладуваат.”

“Танцувачите едноставно ќе ги ограбат магацините.” “Ќе регрутираме стражари од танцувачите. Ќе ги ослободиме од танцување и ќе ги поставиме да ги чуваат магацините.

Ќе им плаќаме на истиот начин на кој им плаќаме и на танцувачите, со храна - толку храна за толку часа чување.”

“Тоа нема никогаш да функционира,” некој му рекол.

Но за чудо, функционирало. Функционирало дури подобро и од порано, со храната под клуч, секогаш имало доволно

танцувачи кои биле подготвени да танцуваат, а на многу од нив дури им било мило затоа што им било дозволено да

танцуваат по десет часа, дванаесет часа, дури и четиринаесет часа секој ден.

Заклучувањето на храната имало и други последици. На пример, во минатото, обичните кошници биле доволни да го

чуваат вишокот на храна којшто бил произведен. Но овие се покажале како премногу мали за огромниот вишок кој сега

се произведувал. Грнчарите ја преземале работата на производителите на кошници и тие морале да научат да

произведуваат поголеми грниња од кога било, а тоа значело дека морало да се изградат поголеми и поефикасни печки. И

затоа што некои од танцувачите не ја прифатиле идејата храната да биде заклучена, чуварите морале да бидат опремени со подобро оружје од порано, што значи дека производителите на алатки морале да почнат да бараат нови материјали за

да ги заменат камените оружја од минатото - бакар, бронза итн. Како што металите станале достапни за употреба за

оружје, други занаетчии пронашле нивна употреба. Секој нов занает раѓал нови занаети.

Но поради тоа што танцувачите биле принудени да танцуваат по десет или дванаесет часа на ден, тоа имало уште една

многу важна последица. Растот на популацијата е нераздвоен дел од достапноста на храна. Ако ги зголемиш залихите на

храна на која било популација, на кој било вид, таа популација ќе се зголеми - доколку има простор каде да се зголеми. И

се разбира Земачите имале простор колку што сакаат - просторот на нивните соседи.

Тие биле потполно расположени мирољубиво да се населат на просторот на нивните соседи. Тие им рекле на Оставачите

околу нив, “Видете, зошто не почнете да танцувате како нас? Погледнете што с постигнавме танцувајќи на овој начин.

Ние имаме работи за кои вие можете да сонувате. Начинот на кој вие танцувате е ужасно неефикасен. Начинот на кој ние

танцуваме е начинот на кој луѓето отсекогаш требало да танцуваат. Затоа, дозволете ни да се населиме на вашата територија и ќе ви покажеме како се прави тоа. ”

Некои од луѓето околу нив мислеле дека ова звучи како добра идеја и го прифатиле начинот на Земачите. Но други рекле,

“Нас ни е добро и вака. Танцуваме само неколку часа неделно и не сакаме да танцуваме повеќе. Мислиме дека вие сте

17

луди затоа што танцувате по педесет или шеесет часа неделно, но тоа е ваша работа. Ако сакате да го правите тоа,

правете го. Но ние нема да го правиме тоа.”

Земачите се рашириле околу овие луѓе и постепено ги изолирале. Едни од овие луѓе биле Синг, кои биле навикнати да

танцуваат само неколку часа во денот за да ја произведат храната што им се допаѓа. На почетокот тие живееле како

порано. Но потоа нивните деца почнале да стануваат љубоморни на работите коишто ги имале децата на Земачите и се

понудиле да танцуваат за Земачите по неколку часа на ден и да ги чуваат нивните магацини. По неколку генерации Синг биле целосно асимилирани во животниот стил на Земачите и целосно заборавиле дека некогаш биле Синг.

Други луѓе биле Кемке, коишто биле навикнати да танцуваат само неколку часа во неделата и уживале во слободното

време кое им го обезбедувал нивниот животен стил. Тие биле одлучни да не дозволат да им се случи она што им се

случило на Синг и се држеле до нивната одлука. Но наскоро Земачите пристигнале кај нив и им рекле, “Видете, ние не

можеме да ви дозволиме да ја поседувате сета оваа земја во средината на нашата територија. Не ја искористувате

ефикасно. Или почнете да танцувате како нас или ќе бидеме принудени да ве преселиме во еден агол од вашата

територија за да можеме остатокот добро да го искористиме.” Но Кемке одбиле да танцуваат како Земачите, па затоа

Земачите пристигале и ги преселиле во еден агол на нивната земја којшто тие го нарекле “резерват”, што значело дека

бил “резервиран” за Кемке. Но Кемке биле навикнати да ја земаат нивната храна со собирање, а нивниот резерват не бил

доволно голем за да може да издржува такви луѓе. Земачите им рекле, “Нема проблем, ние ќе ве снабдуваме со храна. С

што сакаме да направите е да останете во вашиот резерват.” И Земачите започнале да ги снабдуваат со храна. Со време,

Кемке почнале да забораваат како самите да ловат и собираат, и што повеќе заборавале, толку повеќе станувале зависни од Земачите. Тие почнале да се чувствуваат како безвредни просјаци, го изгубиле чувството за самопочит и потпаднале

под алкохолизам и самоубиствена депресија. На крајот, нивните деца виделе дека нема ништо вредно во резерватот, го

напуштиле и започнале да танцуваат по десет часа на ден за Земачите.

Уште едни луѓе биле Вади, коишто танцувале само неколку часа во месецот и биле совршено среќни со тој животен стил.

Тие виделе што им се случило на Синг и Кемке и биле решени да не дозволат тоа да им се случи ним. Тие сфатиле дека

имаат да изгубат многу повеќе отколку Синг и Кемке, коишто веќе биле навикнати на многу танцување за да можат да

имаат повеќе од нивната омилена храна. Па, кога Земачите ги поканиле нив да станат Земачи, Вади едноставно рекле “Не

благодарам” ние сме целосно задоволни со овој начин на живот. Потоа, кога конечно Земачите пристигнале и им рекле

дека мораат да се преселат во резерват, Вади им рекле дека ниту тоа не ги интересира. Земачите им рекле дека всушност

не им нудат избор по тоа прашање. Ако не сакаат да се преселат во резерват доброволно, тогаш ќе бидат преселени со

сила. Вади одговориле дека и тие ќе употребат сила и ги предупредиле Земачите дека се подготвени да се борат до смрт за да го зачуваат нивниот начин на живот. Тие рекле, “Видете, вие ја имате целата земја на овој дел од светот. Не ви

треба овој мал дел на којшто ние живееме. С што бараме е да не оставите да живееме на начинот којшто нам ни се

допаѓа. Ние нема да ве вознемируваме.”

Но Земачите рекле, “Вие не разбирате. Начинот на којшто живеете вие не само што е неефикасен и расипан, туку е и

погрешен. Луѓето не биле создадени да живеат на овој начин. Луѓето биле создадени да живеат на начинот на којшто ние

Земачите живееме.”

“Како можете да знаете такво нешто?” Вади прашале.

“Очигледно е,” рекле Земачите. “Само погледнете колку сме успешни. Ако не живеевме на начиниот на којшто луѓето се

создадени да живеат, немаше да бидеме толку успешни.”

“Нам не ни изгледате толку успешни,” Вади одговориле. “Вие ги принудувате луѓето да танцуваат по десет или дванаесет

часа на ден само за да останат живи, а тоа е ужасен начин на живот. Ние танцуваме само неколку часа во месецот и

никогаш не сме гладни, затоа што сета храна во светот е слободна за земање. Ние водиме бавен, безгрижен живот и за тоа нас претставува успех.”

Земачите рекле, “Тоа не е успех. Ќе видите што е успех кога ќе ги испратиме нашите војници кои ќе ве принудат да се

преселите на земјата којашто ние ја одредивме за вас. ”

И Вади навистина научиле што е успех - или она што Земачите го сметале за успех - кога нивните војници пристигнале

да ги избркаат од нивната земја. Војниците на Земачите не биле повешти или похрабри, на биле помногубројни од Вади и

можеле да донесат замени кога ќе посакаат, а тоа Вади не можеле да го направат. Напаѓачите исто така имале и

понапредни оружја, и најважно од с , неограничени залихи на храна, што Вади секако го немале. Војниците на Земачите

никогаш не морале да бидат загрижени за храна, затоа што свежи пратки пристигнувале секој ден од дома, каде што се

произведувала постојано и чудесно. Како што се развлекла војната, силата на Вади станувала с послаба и послаба и с

помала и помала, и напаѓачите успеале потполно да ги уништат.

Ова бил моделот не само за годините што следувале, туку и за милениумите што следувале. Производството на храна се зголемувало немислосрдно, а популацијата на Земачите се зголемувала бескрајно, принудувајќи ги да се прошируваат од

една земја во друга. Каде и да оделе, тие среќавале луѓе коишто танцувале само неколку часа неделно или месечно, и на

сите овие луѓе им бил даден истиот избор којшто им бил даден и на Синг, Кемке и Вади: Придружете ни се и дозволете

ни да ја заклучиме сета ваша храна - или ќе бидете уништени. На крајот, сепак, овој избор бил само илузија, затоа што

тие биле уништувани во секој случај, без разлика дали избирале да бидат асимилирани, без разлика дали дозволувале да

бидат протерани во резервати или се обидувале да ги истераат напаѓачите со сила. Земачите позади себе не оставале

ништо друго освен Земачи, додека јуришале низ светот.

И конечно се случило, после десет илјади години, скоро целата популација на Терпсичора да биде составена од Земачи.

Имало само неколку остатоци од Оставачите засолнети во пустините и џунглите, простори коишто Земачите не ги сакале

или с уште не дошле до нив. И немало никој меѓу Земачите кој воопшто се сомневал дека начинот на којшто живеат

Земачите е вистинскиот начин на којшто треба да живеат сите луѓе. Што можело да биде послатко од заклучување на храната и танцување по осум, десет или дванаесет часа на ден само за да се остане жив?

18

На училиште, ова била историјата која ја учеле нивните деца. Луѓе како нив биле тука на оваа планета околу три

милиони години, но поголемиот дел од тоа време тие не биле свесни за фактот дека танцувањето ќе го охрабри растењето

на нивната омилена храна. Тој факт бил откриен пред само десет илјади години од основачите на нивната култура.

Среќно заклучувајќи ја нивната храна за да не можат да дојдат до неа, Земачите веднаш започнале да танцуваат осум или

десет часа на ден. Луѓето околу нив никогаш претходно не танцувале, но го прифатиле тоа со голем ентузијазам, веднаш

сфаќајќи дека тоа бил вистинскиот начин на живот. Освен за некои луѓе кои биле премногу глупави за да ја сфатат очигледната предност на заклучување на нивната храна, Големата танцувачка револуција се раширила низ целиот свет

без противење.

Разгледаната парабола

Ишмаел престана да зборува, а јас гледав во просторот пред мене како да сум жртва на бомбардирање. Конечно му реков

дека морам да излезам и да земам малку кофеин и да размислам за ова. Или можеби само излегов без зборови, не се

сеќавам добро.

Всушност, се вратив во Стоковната куќа Пирсонс и се возев со ескалаторот некое време. Не знам зошто ова ми одговара,

но така е. Други луѓе одат на прошетка во шума. Јас одам да се возам со ескалатори во трговски центри.

Потоа застанав да купам кока-кола. Гледајќи наназад, ова е втор пат како споменувам кока-кола. Не сакам да помислите

дека ја поддржувам. Што се однесува до мене, сите во светот треба да престанат да купуваат кока-кола, но се плашам дека понекогаш знам да се напијам една.

После четириесет и пет минути јас с уште се чувствував како жртва на бомбардирање, само што не страдав или нешто

слично. Се чувствував како конечно да разбрав што е тоа учење. Се разбира, учењето може да биде како барање на

значењето на некој збор. Тоа е учење, секако, исто како да садиш трева на некој тревник. Но исто така има и учење кое е

исто како да го дигнете во воздух целиот тревник и да почнете одново, а токму тоа го направи приказната на Ишмаел.

Конечно некои прашања почнаа да се формираат во мојата глава и се вратив во соба 105 за да ги поставам.

Јас реков, “Да видам дали добро го разбрав тоа што го слушнав.”

“Тоа е добар план, ” Ишмаел се сложи.

“Кога велиш ‘танцување,’ ти всушност сакаш да кажеш практикување земјоделство.”

Тој климна со главата.

“Ти сакаш да кажеш дека земјоделството не е само целосно обработување на земјата. Ти сакаш да кажеш дека земјоделството е охрабрување на растот на храната којашто ти се допаѓа.”

Тој повторно климна со главата. “Што би било друго? Ако си на некој пуст остров, не можеш да одгледуваш кокошки и

наут - освен ако не се веќе таму. Можеш да го одледуваш само тоа што веќе расте таму.”

“Точно. И ти сакаш да кажеш дека луѓето го охрабрувале растот на нивнита омилена храна долго време пред

Земјоделската револуција.”

“Секако. Нема ништо чудно во врска со тој процес. Имало луѓе коишто биле паметни исто колку и вие и биле тука двесте

илјади години пред вашата револуција да започне. Имало луѓе во секоја генерација доволно паметни да бидат научници,

но не мораш да бидеш научник за да сфатиш дека растенијата растат од семе. Не мораш да бидеш научник за да сфатиш

дека е разумно да посадиш малку семе во земјата пред да напуштиш некоја област. Не мораш да бидеш научник за го

исчистиш местото од коров. Не мораш да бидеш научник за да знаеш дека кога одиш на лов, секогаш е подобро да

уловиш мажјак отколку женка. Номадските ловци се само еден чекор од тоа да бидат ловци-сточари кои ја следат

миграцијата на нивните омилени животни, а овие се само еден чекор од тоа да бидат сточари-ловци кои спроведуваат одредена контрола над миграцијата на нивните омилени животни и ги бркаат другите предатори. А овие се на еден чекор

да станат целосни сточари, кои целосно ги контролираат и ги одгледуваат нивните животни.”

“Значи, ти сакаш да кажеш дека револуцијата единствено се состоела од потполно правење на нешто што луѓето веќе го

правеле повремено илјадници години.”

“Се разбира. Ниту една иновација не се создава целосно со само еден чекор, од ништо. Десетици илјади иновации морале

да бидат измислени пред да можел Едисон да ја измисли сијалицата.”

“Да. Но ти исто така велиш дека вистинската иновација на нашата револуција не била одгледувањето на храната, туку

заклучувањето на храната.”

“Да, тоа секако бил клучот. Вашата револуција ќе застанела без таа особеност. И денес би престанала да функционира без

таа особеност.”

“Тоа беше последното нешто што сакав да го кажам. Ти сакаш да кажеш дека револуцијата никогаш не завршила.” “Точно. Меѓутоа, ќе заврши наскоро. Револуцијата функционирала одлично се додека имало доволно простор за да може

да се шири, но сега едноставно нема повеќе.”

“Претпоставувам дека можеме да ја извеземе на други планети.”

Ишмаел одмавна со главата. “Дури и тоа би било привремена мерка, Џули. Да речеме дека шест милијарди жители

претставува разумен планетарен максимум за вашиот вид (иако мислам дека шест милијарди е всушност многу повеќе од

здрав максимум). Вие ќе ја достигнете таа бројка до крајот на веков. И да речеме дека вие имате моментален пристап до

секоја планета во универзумот погодна за живот, на која ќе можете веднаш да започнете да извезувате луѓе. Во моментов

вашата популација се дуплира секои триесет и пет години, што значи за триесет и пет години вие ќе исполните и друга

планета. После седумдесет години, четири планети ќе бидат исполнети. После сто и пет години, осум планети ќе бидат

исполнети. И така натаму. Со овој степен на дуплирање, милијарда планети ќе бидат исполнети до крајот на 3000-та

година. Знам дека тоа звучи неверојатно, но верувај ми, математиката е точна. До крајот на 3300-та година сто милијарди планети ќе бидат исполнети; ова е бројката со која можете да ја заземете оваа галаксија ако секоја ѕвезда има по една

планета погодна за живот. Ако продолжите да растете со вашата сегашна брзина, уште една галксија би била исполнета

за триесет и пет години. Четири галаксии би биле исполнети триесет и пет години подоцна, а осум галаксии би биле

19

исполнети триесет и пет години потоа. До крајот на 4000-та година планетите на милион галаксии би биле исполнети. До

крајот на 5000-та година планетите на трилион галаксии би биле исполнети - со други зборови, секоја планета во

универзумот. Сето тоа за само три илјади години и тоа работејќи под неверојатната претпоставка дека секоја ѕвезда во

универзумот има една планета погодна за живот.”

Му реков дека е тешко да се поверува во овие бројки.

“Пресметај самата некогаш и тогаш нема да мораш да веруваш во тоа, ќе го знаеш тоа. С што расте без ограничување мора неминовно да заврши со преплавување на универзумот. Антропологот Марвин Харис еднаш пресметал дека ако

човечката популација се дуплира секоја генерација - секои дваесет години, спротивно на бројката од триесет и пет

години, целиот универзум би бил претворен во цврста маса од човечка протоплазма за помалку од две илјади години.”

Седев таму некое време и се обидував да го сведам сето тоа на некоја разумна големина. На крајот му раскажав за нешто

што го знам, за една девојка која речиси полуде кога конечно некој ѝ кажа од каде навистина доаѓаат бебињата. “Сигурно

пораснала на дното од некој бунар или нешто слично,” му реков.

Ме награди со поглед на учтива љубопитност.

“Претпоставувам дека најпрво се почувствувала предадена од Господ, дека тој можел да измисли толку валкан начин за

создавање на едно човечко суштество. Потоа се почувствувала предадена од сите околу неа коишто знаеле, но не и

кажале. Потоа се чувствувала понижена од тоа дека таа била последниот човек на планетата којшто го слушнал овој

едноставен факт.”

“Претпоставувам дека ова има некаква врска со нашиот разговор?” “Да, сакам да знам дали јас сум последната личност на земјата којашто го слушна она што ми го раскажа денеска во оваа

приказна за танцувачите.”

“Прво, да видиме дали сигурно знаеме што сум ти раскажал. Што открива приказната?”

Тоа не беше многу тешко прашање. Размислував за ова додека се возев на ескалаторот во Пирсонс. Јас реков, “Ја

разоткрива лагата дека пред десет илјади години сите луѓе се откажале од собирање и се населиле на едно место и

станале фармери. Ја разоткрива лагата дека тоа бил настан којшто сите чекале да се случи уште од почетокот на времето.

Ја разоткрива лагата дека, бидејќи нашиот начин на живот станал доминантен, тоа мора да е единствениот начин на

којшто сите луѓе мораат да живеат.”

“Значи ти си последната личност на светот која дознава за ова? Тешко. Има многу кои, слушајќи ја приказната,

почувствувале дека ‘отсекогаш го знаеле тоа’ или се сомневале дека е ‘нешто слично на тоа.’ Има многу кои можеле да

го откријат тоа - кои ги имале сите факти на располагање – но не го направиле тоа. Волјата којашто е потребна за да го откријат тоа, тие едноставно не ја поседуваат.”

“Што сакаш да кажеш со тоа?”

“Сакам да кажам дека луѓето многу ретко бараат работи што не сакаат да ги најдат. Тие го вртат погледот настрана од

тие работи. Би додал дека ова не е многу оригинална забелешка од моја страна.”

“Изгубена сум,” му реков по некое време. “Мислам дека повторно скршнавме од патот.”

“Не скршнавме, Џули - а ако сме скршнале тоа не било ненамерно. Некои од работите коишто мораш да ги проучиш не

можат да се видат на главниот пат. Дали гледаш каде не води главниот пат?”

“Имам некакво чувство, но не сум сигурна.”

“Главниот пат не води кон тоа зошто луѓето од твојата култура мораат да ја напуштат оваа планета во потрага по мудрост

- на небото, домот на Господ и неговите ангели; во вселената, домот на напредните вонземски раси; во задгробниот

живот, домот на душите на починатите.”

“Леле,” реков. “Значи таму одиме! Никогаш не сум помислила дека мојот сон одговара со ваков вид на шема. Тоа сакаш да го кажеш, нели?”

“Тоа сакам да го кажам. Вие мислите дека сте лишени од едно основно знаење. Отсекогаш сте биле. Тоа е природно за

вас. Самата недостапност на ова знаење го прави тоа знаење да биде посебно. Недостапно е затоа што е посебно, а

посебно е затоа што е недостапно. Всушност, толку е посебно што вие можете да дојдете до него само преку

натприродни средства - молитви, сеанси, астрологија, откривање на минати животи, тарот карти итн.”

“Со други зборови, хокус-покус,” јас додадов.

Ишмаел ме гледаше некое време, а потоа трепна двапати. “Хокус-покус?”

“Сите тие работи коишто ги спомена. Сеанси, астрологија, ангели, сите тие работи.”

Ја протресе малку главата, исто како кога проверувате дали останало нешто во соларникот. Потоа продолжи. “Тоа што

сакам да го разбереш e дека луѓето од твојата култура го прифаќаат фактот дека ова знаење е недостапно за нив. Тоа не

ги зачудува, дури не ги ни збунува. Не е потребно објаснување. Тие очекуваат ова знаење да биде тешко достапно. Ти, на пример, беше сигурна дека само галактичко патување може да те одведе до тоа знаење.”

“Да, го разбирам сега тоа.”

Ишмаел ја протресе главата. “С уште не сум успеал да разјаснам што ми е целта. Дозволи ми да се обидам повторно.

Мислителите не се ограничени со она што го знаат, затоа што секогаш можат да го зголемат своето знаење. Тие се,

всушност, ограничени од она што ги збунува, затоа што нема шанса да станете љубопитен за нешто што не ве збунува.

Ако нешто излезе од опсегот на човечката љубопитност, тогаш тие едноставно не можат да истражуваат за тоа. Тоа

формира слепа точка - точка на слепило за која не знаете дека е таму с додека некој не ви го сврти вниманието кон неа.”

“А тоа е она што ти сакаш да го направиш овде со мене.”

“Точно. Ние двајцата истражуваме непозната територија - цел континент кој лежи во таа слепа точка на вашата култура.

Направи кратка пауза, а потоа рече дека ова изгледа како добро место за да завршиме денес со разговорот.

Претпоставувам дека се согласив. Не бев многу уморна, но се чувствував како да сум изела три парчиња пита.” Станав и му реков дека тогаш ќе се видиме следната сабота. Бидејќи ова не предизвика никаквва реакција, после триесет

секунди јас реков, “Дали е тоа во ред?”

“Идеално е,” рече тој.

20

Му реков дека штотуку започна училишната година и дека секогаш се трудам да оставам добар впечаток првите неколку

недели. Што значеше дека сум сериозна околу домашната работа.

“Да ти ја објаснам ситуацијата, Џули. Јас сум во тешка ситуација.” Покажа со раката наоколу.

“Одржувањето на оваа соба, а воедно и мене, беше обврска на една моја стара пријателка, Рејчел Соколов. Таа почина

пред два месеци.”

“Жал ми е што го слушам тоа,” реков, како што обично викаат луѓето. “Јас ја нареков мојата ситуација тешка, но всушност е многу посериозно од тоа. За две недели јас ќе бидам принуден да ја

напуштам оваа просторија.”

“Каде ќе одиш?”

Тој одмавна со главата. “С уште работам на тоа. Тоа што мораш да го разбереш сега е дека немам уште многу време

овде. Тоа значи дека не е практично за тебе да доаѓаш само за викенди.”

Размислував за тоа некое време, а потоа го прашав дали Алан Ломакс му помага.

“Зошто го прашуваш тоа?”

“Не знам. Претпоставувам дека сега сфатив дека не можеш да излезеш одовде без помош.”

“Алан не ми помага,” рече Ишмаел. “Тој не знае ништо за тоа. И нема потреба да знае за тоа. Но има потреба ти да знаеш

за тоа, затоа што мислеше дека го имаме целото време на светот.” Претпоставувам тој забележа дека не сум задоволна со

тоа што ми го кажуваше, па затоа продолжи да зборува. “Алан е со мене веќе неколку недели, скоро секој ден и наскоро

ќе го завршиме нашиот разговор.” И покрај тоа, очигледно беше дека имаше нешто што тој внимателно не го објаснуваше, а тоа беше зошто Алан беше

држен во темнина? Иако тој не мораше да знае за следниот потег на Ишмаел, зошто да не знае за тоа?

Тогаш Ишмаел ми покажа дека може да “кажува” работи без да употребува зборови. Тој можеше да ми го испрати

неговиот став директно во мојот мозок, и ставот којшто ми го испрати беше: Тоа не е твоја работа.

Тоа не беше толку грубо како што би изгледало кога би било искажано со зборови. И јас секако знаев дека тоа не е моја

работа. Душкалата секогаш знаат што е, а што не е нивна работа.

Посета на Калиопи

На Ишмаел му беше многу полесно откако ми го откри неговиот проблем. Ние имавме краен рок и не можевме да си

дозволиме да водиме празни разговори. И покрај тоа, јас ја започнав следната сесија со едно прашање, кое најверојатно беше непотребно:

“Ако си знаел дека имаш само уште неколку недели, зошто си го ставил огласот во весникот?”

Тој крикна. “Го ставив огласот во весникот токму поради тоа што имам само неколку недели. Ова можеби е мојата

последна шанса.”

“Последна шанса, за што?”

“Да најдам некој којшто ќе го земе сето ова.”

“Кога велиш ‘ова’ мислиш на тоа што е во твојата глава?” Тој климна со главата. “Извини ако сум малку глупава, но јас

мислев дека ти досега си имал многу ученици.”

“Точно, но никој од нив го нема земено она што ти ќе го земеш. Никој од нив го нема земено она што Алан ќе го земе.

Секој од вас ја сфаќа порака различно. Секој од вас има добиено различно раскажување и ќе пренесе различно

раскажување - од истата порака.”

“Алан ја нема слушнато приказната за танцувачите?” “Не, и ти нема да ја слушнеш приказната за несреќниот авијатичар. Приказните кои ти ги слушаш се приказни создадени

само за тебе, во одредено време кога треба да ги слушнеш, исто како што и приказните коишто ги слуша Алан се

создадени само за него, во одредено време кога треба да ги слушне. И со тоа како вовед, јас ќе ти раскажам уште една

приказна којашто ја подготвив за тебе претходната ноќ. Се сеќаваш кога реков дека на приказната за тоа како сте станале

вакви ќе ѝ бидат потребни неколку раскажувања.”

“Да.”

“Приказната за Терпсичора беше првото раскажување. Оваа, приказната за Калиопи (наречена по музата на епската

поезија), е второто раскажување.”

“Ова е дефинитивно уште една планета која би сакала да ја посетиш за време на твојата потрага по просветлување,”

започна Ишмаел. “Животот на Калиопи започнал на истиот начин како и на земјата. Оние коишто сакаат да веруваат дека

Бог ги создал сите видови на живот во финална, неменувачка форма можат слободно да го направат тоа, но јас сум неспособен да прифатам такво примитивно сценарио. Ако некој ја прифати поканата да размислува за Бог како за

родител, тогаш тој мора да се запраша каков е тој родител кој би сакал да ги донесе на свет неговите деца како целосно

оформени возрасни личности, целосно подготвени да летаат како орли, да гледаат како соколи, да трчаат како гепарди, да

ловат како ајкули и да размислуваат како компјутерски научници. Еден многу несигурен и без фантазија родител, би

рекол.

“Како и да е, суштествата на Калиопи настанале преку процесот познат како еволуција. Нема причина да си замислуваме

дека овој процес е единствен само за земјата. Спротивно на тоа, од причини кои подоцна ќе станат многу едноставни, би

било големо изненадување да е така.

“Нема потреба или причина да одиме низ процесот во детали. Ќе биде доволно само ако разбереш и видиш неколку

негови резултати. На пример, би го свртел твоето внимание кон едно суштество кое се појавило на Калиопи пред десет

милиони години, бодликав гуштер со долг нос погоден за пребарување во мравјалниците. Кога велам дека се појавил, не сакам да кажам дека немал негов предок. Секако дека имал - верувам дека го разбираш тоа.

Реков дека разбирам

21

“Овој бодликав гуштер (ајде да го наречеме поркузард), бил доста чудно суштество - или нам би ни изгледал чудно - како

што ни изгледаат бодликавото прасе или мравојадот. Сега да те прашам што очекуваш ти од ова суштество? Дали

очекуваш дека тоа ќе биде успешен додаток во заедницата на животот на Калиопи?”

Реков дека немам основа за такво очекување. Како би можела да имам? Ишмаел климна со главата како да можеше да ја

види поентата на овој одговор.

“Да ја префрлиме работата на локација блиска до нашиот дом. Да претпоставиме дека биолозите пронашле поркузард кој живее во најдлабоките џунгли во Нова Гвинеја. Вакво нешто не е воопшто невозможно. Нови видови се откриваат

постојано.”

“Во ред.”

“Какво би било твоето очекување во овој случај? Дали би очекувала вакво суштество да биде успешен жител на џунглите

во Нова Гвинеја?”

“Секако. Зошто не би било?”

“Тоа не е прашањето коешто го истражувам овде, Џули. Прашањето коешто го истражувам е: кое е твоето очекување? И

твојот одговор е дека: Очекуваш да биде успешен. Следното прашање е зошто очекуваш да биде успешен?”

“Затоа што... ако не бил успешен, тогаш воопшто немало да биде таму.”

“Каде би бил?”

“Никаде. Би исчезнал.”

“Зошто?” “Зошто? Затоа што... Затоа што неуспешните исчезнуваат. Нели?”

“Во овој случај, Џули, би сакал ти да одговориш самата. Дали неуспешните исчезнуваат?”

“Исчезнуваат. Мораат да исчезнат. Ако некој вид е овде, тогаш очигледно не може да биде неуспешен.”

“Точно. Без разлика колку нас да ни изгледа тоа чудно. Дури и птица што не може да лета, како што е Ему, колку

неверојатно да звучи, е успешна - таму каде што е, засега. Ова не дава гаранција дека ќе биде таму за време на целиот

животен век на планетава. Додо била успех - каде што била, во тоа време. Потоа условите се промениле и не можела

повеќе да биде успешна и затоа исчезнала.”

“Разбирам.”

“Ова е основен факт: Заедницата на животот којашто ја гледаме тука во овој момент не е само случајна колекција. Таа е

колекција на успеси. Таа е остатокот што останал кога несупешните исчезнале.”

“Добро.” “Сега да се вратиме на Калиопи. Уште еднаш ќе те прашам какво е твоето очекување за поркузардот.”

“Моето очекување е дека тој е успешен, затоа што ако не бил успешен, немало воопшто да постои.”

“Тоа е точно. Ниту еден вид не е создаден од неуспех. Тоа што создава заедницата е успеси - видови кои можат да се

справат со условите околу нив. Затоа велам дека процесот кој го набљудуваме овде е најверојатно процесот кој би го

набљудувале било каде. Во секој даден момент заедниците насекаде би биле составени од видови кои функционираат.”

“Да, не гледам како воопшто би можело да биде поинаку.”

“Сега да се вратиме повторно на Калиопи. Еве слика на репродуктивниот живот на поркузардот. Тие се целосно

промискуитетни. Ниту женките, ниту мажјаците не ги препознаваат своите млади, но женките го препознаваат своето

гнездо и ќе го чуваат секое младенче во тоа гнездо. Ако женката најде гнездо на друг прокузард на своја територија, таа

ќе влезе во гнездото и ќе ги убие сите младенчиња што ќе ги најде.”

Го прашав зошто би го направила тоа.

“Не можеме да ги знаеме нејзините намери, се разбира, но убивањето на овие младечиња всушност го зголемува нејзиниот репродуктивен успех. Кога ќе ги нема овие младенчиња, многу поверојатно е дека нејзините младенчиња ќе ги

однесат нејзините гени во базенот на гените. Дали разбираш што сакам да кажам?”

“Мислам. Можеби малку нејасно, но мислам дека разбирам.”

“Добро. Мажјаците следат спротивна навика. Како што објаснив, женката убива младенчиња внатре во нејзината

територија. Мажјакот убива младенчиња надвор од неговата територија.”

“Зошто надвор, а не внатре?”

“Затоа што внатре во неговата територија, младенчињата можат да бидат негови. Внатре во нејзината територија,

младенчињата на женката се само во нејзиното гнездо. Внатре во територијата на мажјакот, тие се насекаде.”

“Мојата глава почнува да плива малку. Како убивањето на младенчињата надвор од неговата територија го зголемува

неговиот репродуктивен успех?”

“На сосема различен начин од начинот на кој убивањето на младенчињата ја зголемува шансата на женката за репродуктивен успех. Мажјакот кој се движи надвор од неговата територија бара можности за парење, а тие можности ќе

се зголемат ако женките коишто ќе ги сретне немаат младенчиња. Ако тој ја убие оваа генерација на младенчиња, тогаш

следната генерација ќе ги носи ексклузивно неговите гени.”

“Леле,” реков. “Значи ова убивање на младенчињата нема никаква врска со контрола на популацијата.”

“Индивидуите се однесуваат на начин којшто ја подобрува нивната репрезентација во базенот на гените, но се разбира,

овој начин на однесување има и други ефекти. Кога популацијата е многубројна на домашната територија на женката,

многу веројатно е таа да сретне гнезда на нејзините ривалки - и да ги убие младенчињата. Од друга страна, кога

популацијата е малубројна, мажјакот има многу малку можност за парење на неговата територија и затоа ја напушта

својата територија. И како што оди на друга територија, поверојатно е дека ќе најде младенчиња коишто ќе ги убие. Со

други зборови, кога домашната територија е малку населена, женката убива малку младенчиња, а мажјакот убива многу

младенчиња. Кога територијата е пренаселена, женката убива многу младенчиња, а мажјакот убива малку младенчиња. Целосниот ефект има тенденција да ја стабилизира популацијата. Ништо не може да успее ако го има спротивниот

ефект.”

“Во ред.”

22

“Сега, кое е твоето очекување од овој систем? Дали очекуваш да биде успешен за поркузардот, или неуспешен?”

Ова прашање ми изгледаше малку бесмислено и го кажав тоа. “Начинот на којшто ти го поставуваш тоа, секој систем би

функционирал. Можеш да измислиш што било и јас би морала да кажам дека моето очекување е дека функционира.

Можеш да измислиш систем во кој поркузардите воопшто не се парат и јас би морала да кажам дека функционира, инаку

во спротивно не би биле таму, нели?”

“Добра забелешка,” рече тој. “Ова не е некоја фантазија којашто јас сум ја измислил. Ова истото е забележано и кај белите глувци. Peromyscus leucopus, коишто можат да се најдат во шумите на планината Алегени. Но тоа не значи дека

само тие се однесуваат така. Слични шеми се забележани и кај неколку видови мајмуни.”

“Во ред. Претпоставувам дека с уште не можам да сфатам што сакаш да постигнеш со ова.”

“Се обидувам да ти го покажам патот. Начинот на поркузардот (или белиот глушец) изгледа бизарен - с додека не

разбереш како тие допринесуваат кон животинскиот успех. Можеби дури и изгледаат неморални, нешто што луѓето

коишто размислуваат правилно треба да го запрат.”

“Да, тоа е точно.”

“Меѓутоа, треба да сфатиш дека, ако успееш да ги преобратиш да живеат на начин на кој тебе ти изгледа повозвишен и

поблагороден, тие најверојатно ќе исчезнат за само неколку генерации. Едноставно кажано, нашето испитување на овие

стратегии покажува дека тие се еволуциски стабилни. Замисли си дека сите овие видови коишто ги гледаме сега се

производ на стотици илјади експерименти извршени во период од десет милиони години. За тоа време секакви

репродуктивни стратегии биле тестирани. Многу од нив се покажале како самоуништувачки, како оној што го предложи ти - воопшто да не се парат. Животните коишто воопшто не се парат не допринесуваат ништо во базенот на гените.

Генерација по генерација, оние видови коишто немаат тенденција да се парат не се размножуваат. Генерација по

генерација, с помалку се забележува ваквата тенденција. Дали тоа ти звучи разумно?”

“Да, се разбира.”

“За време на овој период дузина стратегии се тестирани и тие што имаат тенденција да промовираат репродуктивен успех

зајакнуваат со секоја генерација, а тие што имаат тенденција да го уништат репродуктивниот систем ослабнуваат. Дали

тоа ти звучи разумно?”

“Да.”

“На крајот од овој период забележано е дека само еден одреден вид на стратегии преживеал. Кога домашната територија

станува пренаселена, женките убиваат младенчиња во туѓите гнезда. Кога репродуктивните можности се намалуваат,

мажјаците ја напуштаат својата територија и убиваат младенчиња каде што ќе најдат. Секоја анализа на овие стратегии ќе ти покаже зошто тие не можат да се подобрат со други стратегии, но ова не е ни време ни место за такви анализи. Во

отсуство на такви анализи, те молам да ми веруваш на зборот. Овие две стратегии се еволуциски стабилни, што значи

дека не постојат други коишто можат да ги заменат. Секоја друга стратегија не би успеала. Индивидуите коишто се

воздржуваат од убивање младенчиња во условите кои ги опишав нема да бидат репродуктивно успешни како

индивидуите коишто не се воздржуваат. Тоа значи дека секој напад на овие стратегии претставува напад на билошката

одржливост на овие видови.”

“Добро, мојата глава повторно плива, но мислам дека го разбрав тоа.”

“Овие чедоморни шеми тебе најверојатно ти се многу чудни. Би кажал дека тоа не е затоа што тие се посебно чудни, туку

затоа што ти не си растела со нив на начин на којшто си растела со други шеми. Никогаш нема да видиш документарен

филм за бели глувци затоа што тие не се интересни за кинематографијата. Тоа што ќе го видиш се документарни

филмови за големи, драматични суштества како што се дивите кози или слоновските фоки. И овие без грешка ќе ти

демонстрираат однесувања кои промовираат репродуктивен успех на индивидуите. На пример, во секој филм за дивите кози сигурно ќе видиш сцена во која мажјаците се удираат со главите еден со друг. Исто така, во секој филм за

слоновската фока сигурно ќе видиш како мажјаците брутално се борат за да го освојат харемот. Луѓето наоѓаат таква

забава во овие спектакли каква што никогаш нема да најдат во спектаклот на белиот глушец кој му ја откинува главата на

некое беспомошно младенче кое не е поголемо од еден палец.”

“Верувам дека е така.”

“И покрај тоа, натпреварите на овие суштества коишто сега ги споменав не се помалку смртоносни. Тие едноставно се

повозбудливи за гледање.”

“Точно, претпоставувам. Но не сум сигурна што сакаш да кажеш со тоа.”

“Јас се обидувам да те навикнам на фактот дека работите што тебе ти изгледаат чудно, всушност не се почудни од

работите што ти изгледаат нормално. Ти си навикната да ги гледаш животните агресивни, па затоа агресивноста на

дивата коза или слоновската фока ти изгледа тотално безначајна. Но не си навикната да гледаш животни коишто ги убиваат младенчињата на своите противници, па затоа чедоморното однесување на белиот глушец тебе најверојатно ти

изгледа гротескно или дури можеби и шокантно. Но всушност, двете стратегии се еднакво чудни и обични. Би можело да

се каже дека се обидувам да те натерам да престанеш да ги гледаш твоите соседи во заедницата на животот како да се

ликови од цртаниот филм Бамби - луѓе со животинска маска. Во цртан филм на Дизни, два елена кои се удираат еден со

друг со главите би биле прикажани како храбри воини. Но белиот глушец кој се прикрадува во гнездото на неговиот

противник за да убие некое младенче сигурно би бил претставен како зол и кукавички злосторник.”

“Да, тоа секако го разбирам.”

Калиопи, втор дел

“Чувствувам дека треба да изнесам некои општи забелешки во врска со натпреварот во заедницата на животот.”

“Во ред.”

23

“Алан и јас ја истражуваме темата на натпревар помеѓу различни видови. Одреден вид на правила и стратегии се развиле

во заедницата на животот кои овозможуваат многу жива, но ограничена конкуренција. Грубо кажано, тие можат да се

прикажат вака: Натпреварувај се до целосниот опсег на твоите можности, но немој да ги ловиш твоите противници, немој

да ја уништуваш нивната храна и немој да им го забраниш пристапот до храната. Ти и јас (во случај да не си забележала)

истражуваме друг вид на натпревар, натпревар помеѓу членови на ист вид.”

“Да,” реков. “Во ред.” “Како што можеш лесно да забележиш во случајот со белиот глушец, правилата коишто важат за натпреварот помеѓу

различните видови не важат за натпреварот помеѓу членовите од ист вид. Женката на белиот глушец ќе оди да ги убие

младенчињата на нејзината противничка, но никогаш нема да оди да ги убие младенчињата на црниот глушец. Се

прашувам дали можеш да откриеш зошто.”

“Размислував некое време за тоа и потоа реков, “Ако добро разбирам, со убивање на противничките младенчиња, белиот

глушец си ги зголемува можностите за сопствен репродуктивен успех. Нејзините гени ќе одат во базенот на гените, а не

на нејзината противничка. Точно?”

“Точно.”

“Тогаш, таа нема никаква корист од тоа да ги убие младенчињата на црниот глушец.”

“Зошто?”

“Затоа што тоа би било безначајно. Гените на црниот глушец одат во базенот на гените на црниот глушец, зарем не?”

Ишмаел климна со главата. “Да. Гените на црниот глушец одат единствено во базенот на гените на црниот глушец.” “Тогаш убивањето на црниот глушец не може да ја зголеми нејзината репрезентација во базенот на гените на белите

глувци, исто како и убивањето на бувови или алигатори.”

Ишмаел гледаше во мене толку долго што започнав да се грчам. На крај го прашав што е не е во ред.

“С е во ред, Џули. Твојата способност да дадеш таков одговор едноставно ме тера да се запрашам дали порано си учела

нешто за оваа област.”

“Не,” реков. “Јас дури и не сум сигурна која е ‘оваа област.’”

“Не е важно. Ти си многу брза. Ќе морам да бидам внимателен. Сепак твојот заклучок е премногу брз. Белиот глушец би

имал малку корист од убивање на младенчињата на црниот глушец, затоа што младенчињата на црниот глушец се

натпреваруваат со нејзините младенчиња за некои ресурси.”

“Тогаш, зошто не ги убива?”

“Затоа што има илјадници видови коишто се натпреваруваат со нејзините младенчиња за некои ресурсии - и таа не може да ги убие сите. Има само еден вид кој се натпреварува со нејзините младенчиња потполноо - за сите ресурси.”

Најпрво не сфатив, но набргу ми стана јасно: “Другите бели глувци.”

“Секако. Убивањето на гнездо полно со црни глувци би имало многу мала корист за неа. Но убивањето на гнездо полно

со бели глувци претставува јасна и несомнена корист.”

“Да, сфаќам.”

“Затоа правилата коишто управуваат со натпреварот помеѓу видовите се многу поразлични од правилата кои управуваат

со натпреварот внатре во видовите. Натпреварот внатре во видовите секогаш е многу потежок отколку натпреварот

помеѓу видовите. Тоа е така затоа што членовите на еден ист вид засекогаш се натпреваруваат за истите ресурси. Ова

посебно важи кога се работи за парење. Стотици различни видови би можеле да се натпреварувале со белиот глушец за

шанса да дојдат до малините, но само друг бел глушец би се натпреварувал со него за шанса да се спари со друг бел

глушец.”

“Ах,” реков. “Што значи тоа ‘ах’?”

“Тоа значи... дека сега се враќаме на борбите на слоновските фоки и дивите кози.”

“Не баш,” рече горилото. “Нашиот фокус е натпреварот внатре помеѓу видовите општо - за сите ресурси, не само за

репродуктивните.”

“Во ред. Но... дали сме с уште на главниот пат? Дали с уште одиме кон објаснувањето зошто се обраќаме кон духовите

и англелите и вонземјаните за да дознаеме како треба да живееме?”

“Колку и да изгледа неверојатно, ние дефинитивно с уште сме на главниот пат.”

“Добро.”

“Еволуцијата го изнесува напред она што функционира. На пример, веќе видовме дека убивањето на младенчињата на

противниците функционира за белиот глушец. Но се разбира не би функионирало убивањето на сопствените

младенчиња. Таа стратегија никогаш не би еволуирала. Не би можела да еволуира, затоа што е самоуништувачка. Сигурен сум дека го разбираш тоа.”

“Да.”

“Сега ќе погледнеме што функцинира во однос на конфликтот помеѓу членови на истиот биолошки вид. Поради тоа што

членовите од истиот биолошки вид се во постојан натпревар за истите ресурси, можностите за меѓусебен контакт

произлегуваат секој ден, дури и секој час. Очигледно, еволуцијата, морала да пронајде средства за решавање на овие

конфликти коишто се помалку смртоносни. Не би функционирало кога секој конфликт би се решавал со смртоносна

борба.”

“Да, разбирам.”

“Има одреден број на стратегии коишто можат да бидат прифатени од членовите од истиот биолошки вид за време на

некој конфликт, но ние немаме никаква корист од тоа сега да составам целосна листа од нив. Наместо тоа, би сакал уште

еднаш да ја посетиме Калиопи за да ги изучуваме Окс и да видиме кои стратегии им ги донела еволуцијата за справување со конфликтите.”

“Што се Окс?”

24

“Окс се еден вид помеѓу мајмуни и ноеви, ако можеш да си замислиш нешто толку бизарно. Првобитно тие биле птици,

но тие поминувале толку многу време на дрвјата што летањето за нив станало непотребно. Значи, тие се доста слични на

ноевите во однос на тоа дека имаат закржлавени мали крилја, а се доста слични на мајмуните во однос на тоа дека имаат

многу корисни додатоци како раце и опашки кои им овозможуваат да го избегнат секој предатор што ќе ги нападне. За

разлика од многу други видови, во кои мажјакот е непотребен по забременувањето на женката, мажјакот Окс мора да

остане и да помага во обезбедување на храна за новороденчињата. А кога веќе нема да биде потребен како собирач на храна за младенчињата, трите или четирите женки за коишто тој се грижи повторно се подготвени за парење. Можеме да

заклучиме дека Окс имаат препознатлив начин на семеен живот.

“Кога два Окса ќе се соочат еден со друг за некое сочно парче на овошје, еве што најчесто се случува. Тие се гледаат еден

со друг, си ги покажуваат забите и врескаат. Ако едниот е многу помал од другиот, тогаш тој најчесто ќе се откаже брзо и

ќе побегне. Но не секогаш. Во два од пет случаеви (во зависност од тоа колку е гладен), тој ќе почне да скока наоколку

на заканувачки начин. Кога тоа ќе се случи, другиот најчесто ќе се повлече, иако е поголем. Но повторно, не секогаш.

Можеби еднаш во пет случаеви, тој ќе одбие да биде заплашен и ќе се обиде и тој исто така да го заплаши неговиот

противник со скокање наоколку и покажување на неговите заби. Тоа најчесто ќе го избрка другиот - но повторно, не

секогаш. Можеби еднаш во десет случаеви, помалиот ќе продолжи невнимателно да му се заканува на поголемиот и сето

тоа ќе заврши со физичка борба која ќе трае дваесет или триесет секунди и ќе заврши со неколку модринки пред

победникот да го однесе овошјето.

“Стратегијата што секој Окс ја следи може да се изрази на следниов начин. ‘Ако се соочиш со противник Окс, биди агресивен, но повлечи се ако другиот е многу поголем - освен ако навистина не ти е потребен тој извор на храна, а во тој

случај можеш повремено да се обидуваш да бидеш агресивен само за да видиш дали другиот ќе се повлече. Ако другиот

одговори со уште поголема агресивност, бегај, освен ако навистина не ти е потребен тој извор на храна и се чувствуваш

среќен.’ Секако, јас не сакам да кажам дека оваа стратегија е логично исклучена како опција. Но кога би било така и би

била преточена во зборови, тогаш би звучела нешто слично на ова. Окс се однесуваат на начин како да следат постојана

стратегија, како таа што ја опишав сега.”

“Разбирам.”

“Овој тип на однесување не е воопшто необичен. Повеќето видови на земјата ги решаваат нивните внатрешни конфликти

за ресурси на овој начин. Не се исплати да се впуштиш во сериозна битка за секој жерав, но исто така не се исплати да се

повлечеш за секој жерав. Важно е да бидеш предвидлив до одреден степен, но исто така е важно да не бидеш премногу

предвидлив. На пример, твојот противник треба да знае дека кога ќе почнеш да му ги покажуваш забите, ти најверојатно ќе нападнеш. Од друга страна пак, твојот противник не треба да мисли дека ти ќе се повлечеш само затоа што тој почнал

да ти ги покажува забите.”

“Добро.”

“Повторно, овој вид стратегија еволуирал затоа што функционира - одново и одново, за сите видови и најверојатно низ

целиот универзум.”

“Да, тоа звучи разумно.”

Ишмаел направи мала пауза за да може малку да размисли. “Сакам да ти покажам дека, ако ти си заминала на патувањето

за коешто си сонувала во твојот сон, ќе си го откриела истиот еволуциски процес насекаде, затоа што насекаде (не само

на нашата планета) еволуцијата е процес што чисто и непроменливо го изнесува напред она што функционира, а она што

функционира нема да биде многу поразлично од една планета до друга. Каде и да одиш во универзумот, ќе најдеш

видови кои исчезнуваат поради неуспех, но никогаш нема да најдеш видови кои настануваат од неуспех. Каде и да одиш

во универзумот ќе видиш дека никогаш не се исплати да се бориш до смрт за секое парче храна.” Ги затворив очите и се сместив удобно во мојата фотелја за да можам да размислам малку. Кога се освестив, реков, “Ти

ми кажуваш нешто за мудроста којашто ќе ја најдев ако имав можност да одам на тоа галактично патување.”

Тој климна со главата. “Да. На некој начин, ние двајцата го правиме тоа патување овде, без да ја напуштиме земјата. Да

продолжам... Во моето почетно истражување на натпреварувачките навики на Окс јас чувствував дека е најдобро да го

пропуштам многу важниот елемент на територијалност. Би сакал сега да се навратам на тоа. Луѓето често погрешно ја

разбираат животинската територијалност размислувајќи во човечки термини. Човечката група би започнала со наоѓање

на сопствена територија - место кое можат да го наречат свое. Тие отсекуваат дел од некој недвижен имот и велат, ‘Ова е

наша територија и ние ќе заштитуваме с во неа.’ Затоа луѓето претпоставуваат дека животното го прави истото кога

одбележува некоја територија со својот мирис. Овој антропоморфизам води кон таква збунетост. Тоа не е така, затоа што

животните се неспособни за таква апстракција, туку затоа што тие не знаат ништо за територии и немаа никаков интерес

за територии. Да започнеме од почеток. Животното никогаш не оди да бара територија - место кое може да го нарече свое. Тоа оди да бара храна и партнери и кога ќе ги најде, исцртува круг околу нив и со тоа им кажува на противниците

од неговиот вид дека, ‘ресурсите внатре во овој круг се веќе земени и ќе бидат заштитени.’ Него воопшто не му е гајле за

големината на територијата, и ако ресурсите во неа исчезнат, животното ќе ја напушти без да се сврти назад.”

“Тоа звучи доста очигледно.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Секој пат е видлив кога веќе еднаш е откриен. Меѓутоа, иако заклучивме дека има

разлика, ние можеме да продолжиме како тоа да не е важно. Најчесто, животните кои ги бранат своите ресурси се

однесуваат исто како да бранат територија. Можеме да започнеме со забелешката дека животните не ја штитат својата

територија од сите илјадници видови коишто ја напаѓаат - тие не можат тоа да го прават и немаат потреба тоа да го

прават. Единствен вид од којшто мораат да ја штитат територијата е нивниот сопствен, од причините кои веќе ги

споменавме.

“Територијалноста му додава друга димензија на конфликтот помеѓу истите биолошки видови. Пред четириесет години, холандскиот зоолог Николас Тинбергер конструирал прекрасна демонстрација на ова, употребувајќи две глувчиња

коишто изградиле гнезда за размножување на спротивните страни на еден аквариум. Тинбергер употребил два стаклени

цилиндра за да може да ги зароби и да ги преместува наоколу низ аквариумот. Да ги наречеме Црвен и Син. Кога ги

25

ставил Црвениот и Синиот еден до друг во нивните цилиндри во центарот на аквариумот тие реаргирале со еднакво

непријателство еден кон друг. Но кога ги приближил до гнездото на Црвениот, нивното однесување се променило.

Црвениот се обидел да нападне, а Синиот да се повлече. Кога ги доближил до гнездото на Синиот, улогите се промениле:

Синиот се обидел да нападне, а Црвениот да се повлече. (Ова, патем, исто така ја демонстрира ‘територијалната’ заблуда;

тие очигледно не се натпреваруваат за вода.) Ова е елементот кој територијалноста го додава кон стратегијата која ја

следат животните од ист вид кога се наоѓаат во конфликт: ‘Ако си домаќин, нападни; ако си натрапник, повлечи се.’ Ако имаш куче или мачка, би можела да ја видиш оваа стратегија многу пати во близина на твојот дом.”

“Да - но кога зборуваме за мачки и кучиња, тоа покренува прашање за животните и територијалноста. Мачките и

кучињата често инсистираат на враќање во стариот дом иако нивната човечка фамилија се преселила во нов.”

Ишмаел климна со главата. “Ти си апсолутно во право, Џули. Јас не мислев на домашните животни кога ги кажав тие

забелешки. Домашните животни прикажуваат многу човечки однос кон територијата и секако тоа е она што најмногу ги

прави да бидат домашни. Самиот израз домашен значи ‘да бидеш приврзан или навикнат на дом.’ Ако се напуштени и им

е дозволено да бидат диви, тие многу брзо ќе ја напуштат оваа приврзаност кон домот како крајно нефункционална за

нив.”

“Да, го сфаќам тоа,” реков.

“Да се вратиме кај Калиопи и кај Окс,” рече Ишмаел. “Поминале пет милиони години од нашата последна посета и се

случиле значајни климатски промени. Нескршливата шумска покривка којашто ги заштитувала Окс сега повеќе ја нема,

но таа не исчезнала толку брзо за да не можат Окс да се прилагодат на промените. Тоа што сега го гледаме е вид којшто живее на земјатa, а не на дрвјатa и затоа што тие сега претставуваат посебен вид, треба да им дадеме ново име. Ајде да ги

наречеме Бокс. Овие Бокс повеќе не се во можност да ги избегнуваат предаторите едноставно одлетувајќи во шумската

покривка како што правеле нивните предци. Во тоа време важело правилото секое животно за себе и тоа функционирало

одлично. Но сега тие мораат да се држат заедно и да се бранат себеси како група и индивидуата којашто ќе ја напушти

таа групи најверојатно ќе биде таа што ќе биде изедена од некој предатор.

“Предците на Бокс јаделе с што ќе најделе на дрвјата - овошје, ореви, лисја, и разни видови на инсекти. Не биле многу

способни да ловат возрасни птици, но незаштитените гнезда биле омилена гозба за нив. Затоа што биле принудени да се

симнат од дрвјата во потрага по храна, тие продолжиле да јадат с што ќе најделе, но условите на земјата биле многу

поразлични. За почеток, храната не паѓала во нивните раце како порано. И на земјата имале многу повеќе конкуренција

за ресурсите што биле достапни. Тие морале да станат поавантуристички јадачи. Повеќето од нивните противници биле

одлични за јадење, но исто така и потешки за ловење, затоа што Бокс не биле толку способни на земјата како што биле на дрвјата. Бокс постепено развиле нешто што ќе го компензира нивниот недостаток на брзина, а тоа била тимската работа

која направила од нив успешни ловци - нешто што нивните предци воопшто не морале да бидат.

“Природата на натпреварот помеѓу нив се променила. Иако индивидуите с уште се натреваруваат со другите индивидуи

за ресурси, конечниот успех на индивидуата исто така зависи и од соработката со другите индивидуи за да го обезбеди

успехот на групата. Како што споменав претходно, Окс едноставно бегале во шумската покривка кога биле напаѓани, но

Бокс не биле доволно брзи на земјата за да можат да го прават тоа. Тие морале да се држат заедно и да се борат како тим.

Окс биле индивидуални собирачи и тоа функционирало одлично на дрвјата, но Бокс, затоа што се заробени на земјата,

имаат подобар успех на собирање во група. Сега можеме да видиме дека натпреварот не е индивидуа против индивидуа,

туку група против група. И покрај тоа, иако натпреварувачкиот елемент се променил, стратегиите останале исти: ‘Ако

твојата група е домаќин, нападни; ако е натрапник, повлечи се. Ако ниту една група не е ниту натрапник ниту домаќин,

тогаш употреби комбинирана стратегија. Закани ѝ се на другата група и ако таа се повлече, супер. Но ако не се повлече,

тогаш повремено нападни и повремено повлечи се. Или ако си под закана, повремено закани се и повремено повлечи се.’ Овие стратегии им овозможуваат на Бокс да живеат едни до други без да бидат прегазени едните од другите. Во исто

време, тие можат да се натпреваруваат за ресурсите којшто им се потребни без да мораат да се борат до смрт за секое

едно нешто.”

“Да, разбирам,” реков храбро.

“Сега ја напуштаме Калиопи и се враќаме пет милиони години подоцна. После малку истражување, гледаме дека Бокс с

уште се успешни, но една гранка од нив еволуирала во нов вид кој ќе го наречеме Кокс. Нема да се обидам да

претпоставувам каков притискок го предизвикал овој еволуциски развој. За нас ќе биде доволен самиот факт дека тоа се

случило. Во повеќето случаи Кокс изгледаат многу поблиски до Бокс отколку што Бокс изгледале до Окс, коишто, се

сеќаваш, живееле на дрвјата. Биле индивидуални собирачи и бегале кога биле нападнати. Кокс се слични на Бокс во

однос на тоа дека и тие живеат на земја, собираат во групи и се борат рамо до рамо кога се нападнати. Кокс едноставно

ги развиле овие тенденции еден чекор понапред. Ова се културни суштества. Ова значи дека родителите од секоја генерација го пренесуваат на нивните деца она што тие го научиле од нивните родители, заедно со сето она ново што го

научиле за време на нивниот живот. Она што тие го пренесуваат е акумулација од материјал од различни периоди на

нивното минато. На пример, секое дете учи дека гранката од одредено дрво може да биде соголена од листовите и да

биде употребена како рибарски стап за собирање на мравки од нивното гнездо. Оваа техника е стара три или четири

милиони години. Секое дете знае како да ја одере кожата на некое животно за да може истата да биде употребена за

ремен или облека и оваа техника е стара две или три милиони години. Секое дете знае да направи јаже од кората на

дрвјата, како да запали оган, како да претвори камен во алат за сечење, како да направи лак и стрела, и овие техники се

стари милион години. Илјадници техники и уметности - од различни ери - се префрлуваат од една генерација на друга.

“Иако Кокс живеат во групи како и нивните предци Бокс, сепак не би било коректно да ги наречеме групи, затоа што

групите во основа не се разликуваат едни од други. Кокс живеат во племиња - Џејс, Кејс, Елс, Емс, Енс и така натаму -

секое различно од другите. Секое племе има своја карактеристична културна колекција која се пренесува од една генерација на друга, заедно со многу различни техники кои ги споменав пред малку, коишто се заеднично наследство.

Племенското наследство вклучува песни, митови и обичаи кои може да бидат десетици илјади години стари или дури и

стотици илјади години стари. Кога ќе отидеме кај нив во денешно време можеме да забележиме дека тие не се писмени

26

луѓе, а дури и да се, нивните архиви нема да одат наназад во времето десетици илјади години. Ако ги прашате колку се

стари овие работи, тие ќе можат само да кажат дека никој не знае. Ова се работи кои, што се однесува до нив, постојат од

почетокот на времето. Колку што знаат самите, постојат буквално отсекогаш. Истото важи и за Кејс, Елс, Емс и сите

останати.

“Има одредени разлики помеѓу племињата коишто изгледаат самоволни. Едно племе сака кошници направени од јаже, а

друго племе сака ткаени кошници. Едно племе сака ткаенини кои се црно-бели, а друго племе сака повеќебојни ткаенини. Но има и други многу поважни разлики. Во едно племе, потеклото се пресметува преку мајката; во друго, преку таткото.

Во едно племе, старците имаат посебен глас во племенските работи; во други племе, сите возрасни имаат еднаков глас.

Едно племе функционира под правилото на наследство, друго има шеф кој владее се додека некој не го победи во

поединечна борба. Меѓу припадниците на племето Емс, твоите најважни роднини се твојата мајка и твојот вујко, а твојот

татко нема некоја посебна важност. Помеѓу Елс, мажите и жените никогаш не живеат заедно како сопруг и сопруга;

мажите живеат заедно во една голема колиба, а жените во друга. Едно племе практикува полиандрија (многу сопрузи), а

друго полигамија (многу сопруги). И така натаму.

“Но најважни се племенските закони и сите тие имаат една заедничка работа: Тие не се листа на работи коишто се

забранети, туку процедури за справување со проблемите коишто неизбежно се појавуваат во колективниот живот. Што

ќе правиш ако некој постојано го нарушува мирот со неговото или нејзиното лошо однесување? Што ќе правиш ако

сопругата ти е неверна? Што ќе правиш ако некој ранил или убил некој друг член на племето? За разлика од законите

коишто ти ги знаеш, Џули, овие закони никогаш не биле создадени од некој комитет. Тие всушност се развиле меѓу племенските членови на ист начин на кој се развиле и стратегиите за натпревар - со постепено отфрлање на она што не

функционира, што не го постигнало она што го сакале луѓето - за време на десетици илјади години. Во вистинска смисла

на зборот, Елс се законите на Елс. Или подобро кажано, законите на секое племе ја претставуваат војлата на самото

племе. Нивните закони се крајно разумни во контекст на целата нивна култура. Законите на Елс воопшто не би биле

разумни за Емс, но каква врска има тоа? Емс имаат нивни сопствени закони, коишто се крајно разумни за нив, иако тие

јасно се разликуваат од тие на Елс и на сите останати.

“Ќе ти биде тешко да го замислиш тоа, на законите на едно племе се целосно доволно за нив. Затоа што тие биле

формулирани за време на целиот животен век на тоа племе, илјадници години, скоро е невозможно да се создаде

ситуација која не се случила претходно. Ништо не е поважно за една генерација од тоа да го прими законот во целост.

Младината на секоја генерација е обоена со волјата на племето. Племенските закони го претставуваат тоа што значи да се

биде Елс или Емс. Ова не се вашите закони, Џули, коишто се доста бескорисни, игнорирани и презирани од повеќето луѓе и секогаш се предмет на промена. Ова се закони коишто го прават тоа што сите закони треба да го прават, година по

година, генерација по генерација, ера по ера.”

“Па,” реков, “тоа звучи одлично, претпоставувам, но исто така звучи и малку млитаво, да бидам искрена.”

Ишмаел климна со главата. “Секако дека сакам да бидеш искрена, Џули. Секогаш. Меѓутоа, запомни дека овие закони ја

претставуваат волјата на племето, не војлата на некој странец. Никој не ги принудува да ги прифатат овие закони. Ниту

еден суд нема да ги прати во затвор ако тие го отфрлат нивното наследство. Тие се слободни да го направат тоа кога и да

посакаат.”

“Во ред.”

“Остана само уште една работа пред да завршиме за денес, а тоа е да го проучиме натпреварот помеѓу Кокс. Шемите кои

еволуиралемеѓу нив се многу слични на оние коишто преовладуваат и меѓу Бокс. Внатре во племето, она што

функционира најдобро за секоја индивидуа е да го поддржува и да го брани племето; иако на секој член на племето му се

потребни истите ресурси, негов или нејзин најдобар начин да дојде до нив е да соработува со останатите членови на племето. Како во случајот со Бокс, чиј натпревар е група против група, натпреварот помеѓу Кокс е племе против племе.

Во овој случај можеме да забележиме дека нова стратегија е во игра. Оваа може да биде опишана како стратегија на

непредвидлива одмазда: ‘Дај го најдоброто што го имаш, но немој да бидеш премногу предвидлив.’”

“Во пракса, дај го најдоброто што го имаш значи, ако Емс не те вознемируваат , немој ниту ти да ги вознемируваш, но

ако Емс те вознемируваат, тогаш врати им со иста мерка. Немој да бидеш премногу предвидлив значи, дури и ако Емс не

те вознемируваат, не е лошо од време на време да направиш непријателски потег против нив. Тие секако ќе се одмаздат,

давајќи го најдоброто што го имаат, но тоа е само цената што треба да ја платиш за да им ставиш до знаење дека с уште

си тука и дека не си омекнал. Така, кога ќе се израмнат сметките меѓу вас, можете да се соберете заедно на голема забава

за помирување за да го прославите вашето вечно пријателство и да склучите неколку брака (затоа што, се разбира, не е

добро да се размножувате бесконечно само во сопственото племе).

“Иако стратегијата на Непредвидливиот Одмаздник можеби звучи воинствено, тоа е всушност стратегија за зачувување на мирот. Помисли на двајца кои се расправаат дали да одат во кино или во театар. Наместо да ја решат расправата со

тупаници, тие фрлаат паричка, согласувајќи се претходно дека ќе одат во кино ако биде глава, а во театар ако биде петка.

Истото се постигнува и со стратегијата ‘нападни ако си домаќин, бегај ако си натрапник.’ Борбата ќе биде избегната ако

двете групи ја следат истата стратегија. И покрај тоа, ако поминеш една година набљудувајќи ги Џејс, Кејс, Елс, Емс Енс,

Онс и така натаму, ќе видиш дека тие се во состојба на константна, но многу ниско степена војна. Не мислам на дневна

или месечна војна, иако ќе има гранични инциденти многу почесто од тоа. Сакам да кажам дека секое племе живее во

состојба на постојана подготвеност. И еднаш или двапати годишно, секое племе ќе започне напад против еден или повеќе

негови соседи. За личност која е припадник на вашата култура, ова ќе изгледа збунувачко. Личност од вашата култура ќе

сака да знае кога Кокс конечно ќе се смират и ќе научат да живеат во мир. Одговорот е дека Кокс ќе се смират и ќе

научат да живеат во мир кога планинските кози ќе се смират и ќе научат да живеат во мир и кога слоновските фоки ќе се

смират и ќе научат да живеат во мир. Со други зборови, натпреварувачките стратегии коишто ги употребуваат Кокс не смеат да бидат гледани како нереди, како проблеми коишто треба да се решат, исто како и стратегиите на белите глувци,

волците и елените. Далеку од тоа дека тие се проблеми кои треба да бидат отстранети, тие се она што останува кога сите

27

стратегии ќе бидат елиминирани. Накратко, тие се еволуциски стабилни. Тие функционираат за Кокс. Тие биле тестирани

во период од милион години и секоја стратегија којашто била тестирана против нив била елиминирана како неуспех.”

“Леле,” реков. “Тоа звучи како климакс.”

“Да,” рече Ишмаел. “Уште една работа и ќе завршиме за денес. Зошто Енс само се одмаздуваат на нападите и повремено

започнуваат свој напад? Зошто едноставно не ги елиминираат нивните соседи?”

“Зошто би го направиле тоа?” Ишмаел одмавна со главата. “Тоа не е вистинското прашање, Џули. Не е важно зошто би го направиле тоа. Прашањето е,

зошто тоа не би функционирало? Или можеби би функционирало. Можеби би функционирало подобро и од другата

стратегија. Овој пат, наместо само да ги нападнат Емс, Џејс ги елиминираат целосно.”

“Тоа целосно ја менува играта,” јас реков.

“Продолжи.”

“Тоа би било како да се согласиш на фрлање паричка и потоа да не го почитуваш резултатот.”

“Зошто е тоа така, Џули?”

“Затоа што Емс не можат да се одмаздат ако ги елиминираш целосно. Играта е, ‘Знаеш дека ќе се одмаздам ако ме

нападнеш и јас знам дека ти ќе се одмаздиш ако јас те нападнам. Но ако те елиминирам целосно, ти нема да можеш да се

одмаздиш. Играта завршува.’”

“Тоа е точно, но што потоа Џули? Да претпоставиме дека Џејс ги елиминирале Емс. Што ќе помислат за тоа останатите

племиња?” Конечно сфатив. “Разбирам што сакаш да кажеш,” му реков. “Тие ќе речат, ‘Ако Џејс почнат да ги елиминираат сите

противници, ние мораме да развиеме нова стратегија кон нив. Не можеме да си дозволиме да се однесуваме со нив како

тие с уште да играат Непредвидлив Одмаздник, затоа што тие повеќе не се тоа. Мораме да се однесуваме со нив како тие

да играат Уништувач, затоа што во спротивно тие можат да н уништат нас.’”

“И како ќе се однесуваат со нив ако тие играат Уништувач?”

“Би рекла дека тоа зависи од многу работи. Ако Џејс се вратат на старата игра, тогаш најверојатно можат да бидат

оставени намира. Но ако Џејс продолжат да играат Уништувач, тогаш преживеаните ќе мораат да ги здружат силите и да

ги уништат нив.”

Ишмаел климна со главата. “Ова го направиле Индијанците кога Европските доселеници конечно ставиле до знаење дека

тие никогаш нема да играат ништо друго освен Уништувач со нив. Индијанците се обиделе да ги стават настрана нивните

стари меѓуплеменски разлики и да ги здружат силите против доселениците - но тие чекале предолго.”

Интермецо

Помеѓу сесиите во соба 105 се чувствувам како да морам да презентирам музичка пауза или да споделам некои длабоки

мисли или нешто за да можат луѓето да станат и да се протегнат, да одат во купатило или да јадат нешто. Морам да

признаам дека Алан се справил многу добро со ова во неговата книга, но тој е професионалец, нели? Тој би требало

добро да се справи со тоа. Најдоброто што јас можам да го направам е да степувам десет или дваесет секунди.

Не, вистината е дека јас сум малку мрзелива. Не сакам да размислувам за она што ми се случуваше во оние четириесет и

осум часа коишто поминаа помеѓу сесијата којашто сега ја опишав и следната.

Не, тоа не е точно. Вистината е дека не сакав никој да знае што ми се случуваше. Беше премногу важно. Ишмаел ме

превртуваше наопаку и не можев да го споделам тоа со никој. С уште не можам. Се извинувам. Исто така му се восхитувам на Алан затоа што успеа да ја претвори секоја посета во настан. Колку што

можам да се сетам, следниот пат кога влегов во соба 105, само влегов и седнав и Ишмаел ме погледна зачудено.

Погледнав назад и прашав учтиво, “Дали е тоа целер?”

“Целер е,” рече достоинствено.

“За мене целерот претставува нешто што се служи на забави, заедно со салата од туна.”

Ишмаел размисли малку за ова и потоа рече: “За мене целерот е нешто што го јадат горилата кога ќе го најдат во

дивината. Вие не сте го измислиле, знаеш.”

И тоа беше начинот на кој ја почнавме таа сесија.

Кога разиграноста спласна, јас реков, “Не сум сигурна што треба да заклучам од твојата приказна за Окс, Бокс и Кокс. Дали може да ти кажам јас што мислам дека треба да заклучам од неа?”

“Те молам.”

“Кокс се модел за луѓето што живееле тука пред десет илјади години.”

Ишмаел климна со главата. “И с уште живеат, каде што луѓето од твојата култура с уште не успеале да дојдат до нив и

да ги уништат.”

“Во ред. Но зошто разговаравме за начинот на живот на Окс, Бокс и Кокс?”

“Ќе ти ги објаснам моите причини, и можеби тогаш ќе има има смисла. Натпреварувачката стратегија што ја следат

племенските луѓе денес е приближно истата онаа на непредвидлива одмазда којашто им ја припишав на Кокс: ‘Дај го

најдоброто што го имаш, но немој да бидеш премногу предвидлив.’Тоа што е видливо кај нив е токму она што го

опишав: Секое племе живее во состојба на постојана подготвеност - и во состојба на константна, но ниско степена војна

со нивните соседи. Кога Земачите - луѓето од вашата култура - ќе ги сретнат нив, тие воопшто не се љубопитни да дознаат зошто тие живеат на овој начин и дали воопшто функционира за нив. Тие едноставно велат, ‘Ова не е добар

начин за живеење и ние нема да го толерираме тоа.’ Ним никогаш не би им паднало на памет да се обидат да ги спречат

белите глувци да живеат на начинот на којшто живеат или да ги спречат планинските кози да живеат на начинот на

28

којшто живеат или да ги спречат слоновските фоки да живеат на начинот на којшто живеат, но тие природно се сметаат

себеси за експерти за начинот на којшто треба луѓето да живеат.”

“Тоа е точно,” јас реков.

“Следното прашање кое треба да го разгледаме е, колку долго племенските луѓе живеат на овој начин? Еве го одговорот.

Нема причина да претпоставуваме дека овој начин на живот е новост за племенските луѓе - исто како што нема причина

да претпоставуваме дека хибернацијата е новост за мечките или дека миграцијата е новост за птиците или дека градењето брани е новост за дабарите. Напротив, она што го гледаме во натпреварувачките стратегии на племенските луѓе е

еволуциски стабилна стратегија која се развивала во период од стотици илјади години или можеби милиони години. Не

знам како всушност се развила оваа стратегија. Наместо тоа, јас нудам теоретска приказна за тоа како можеби се развила.

Конечната состојба на стратегијата не е спорна, но како настанала таа состојба можеби никогаш нема да биде повеќе од

само обична претпоставка. Дали ова ти помага?”

“Да, ми помага. Но кажи ми повторно каде се наоѓаме на главниот пат.”

“Еве каде се наоѓаме. Кога ќе отидеш кај племенските луѓе, ќе видиш дека тие не гледаат кон небото за да откријат како

треба да живеат. Нив не им треба ангел или вонземјанин да ги просветли. Тие знаат како да живеат. Нивните закони и

нивните обичаи им даваат целосно детален и задоволителен правец. Кога го велам ова, не сакам да кажам дека Акоа

пигмејците од Африка мислат дека знаат како треба сите човечки суштества да живеат или дека Нинивак од Алјаска

мислам дека знаат како треба сите човечки суштества да живеат или дека Бинбиду од Австралија мислат дека знаат како

треба сите човечки суштества да живеат. Ништо такво. Единственото нешто што тие го знаат е дека тие имаат начин којшто ним потполно им одговара. Идејата дека можеби има некој универзален вистински начин за сите во светот за нив

би била потполно смешна.”

“Во ред,” реков, “но каде сме сега?”

“С уште сме на главниот пат, Џули. Ние се обидуваме да откриеме зошто луѓето од вашата култура се различни од овие

племенски луѓе, кои се гледаат себеси за да откријат како треба да живеат. Ние се обидуваме да откриеме зошто ова

знаење е толку тешко да се стекне помеѓу луѓето од вашата култура, зошто тие мораат да гледаат кон боговите и ангелите

и пророците и вонземјаните за да дознаат како треба да живеат.”

“Добро. Во ред.”

“Би морал да те предупредам дека луѓето ќе ти кажат дека впечатокот којшто ти го дадов за племенските луѓе е

романтичен. Овие луѓе веруваат дека Мајката Култура ја кажува несомнената вистина кога ве учи дека луѓето се

природно грешни и целосно осудени на мизерија. Тие се сигурни дека има многу лоши работи во секој племенски начин на живот и се разбира дека тие се во право - ако под ‘лошо’ мислиш на работи коишто не ти се допаѓаат. Има работи во

сите култури коишто ги споменав коишто ќе ти изгледаат невкусни или неморални или непријатни. Но фактот останува

дека кога антрополозите среќаваат племенски луѓе, тие среќаваат луѓе кои не покажуваат знаци на незадоволство, кои не

се жалат дека се чувствуваат мизерно и дека некој лошо се однесува со нив, кои не се полни со гнев, кои не се борат цел

време со депресија, немир и отуѓеност.

“Луѓето коишто си мислат дека го идеализирам овој начин на живот не можат да сфатат дека секоја постоечка племенска

култура е постоечка затоа што преживеала илјадници години, а преживеала илјадници години затоа што нејзините

членови се задоволни со неа. Можеби племенските општества понекогаш се развивале на начини коишто биле

неподносливи за нивните членови, но тие општества исчезнале, од едноставна причина затоа што луѓето не биле

принудени да ги поддржат. Има само еден начин на којшто можеш да ги натераш луѓето да прифатат неподнослив

животен стил.”

“Да,” реков. “Мораш да ја заклучиш храната.”

Плодната Полумесечина

Сега сме подготвени за третото и последното раскажување на приказната, Џули, а тоа овојпат е сместено во Плодната

Полумесечина пред десет илјади години. Ова не била празна област во светот - сакам да кажам, не била ненаселена од

луѓе. Во тие денови Плодната Полумесечина била градина, а не пустина каква што е денес и луѓето живееле таму

најмалку стотици илјади години. Исто како и модерните ловци-собирачи и овие луѓе практикувале земјоделство до

одреден степен, во смисла дека практикувале охрабрување на растењето на нивната омилена храна. И исто како и на

Терписчора, секој народ имал свој посебен пристап кон земјоделството. Некои поминувале само неколку минути неделно

работејќи. Други сакале да имаат повеќе од нивната омилена храна и работеле неколку часа неделно. А други пак не

можеле да најдат причина зошто да не живеат целосно од нивната омилена храна и работеле по неколку часа на ден. Ќе се сетиш дека, во приказната за Терписчора, јас ги нареков овие луѓе Оставачи. Можеме да го задржиме ова име и за

нивните противници, бидејќи и тие живееле во рацете на боговите и ним с им оставале .

“На крајот, исто како и на Терписчора, една група од Оставачи си рекла себеси, ‘Зошто да живееме само делумно од

храната којашто ни се допаѓа? Зошто да не живееме целосно од храната којашто ни се допаѓа? Се што треба да направиме

е да посветиме повеќе време на садење, жнеење, одгледување на животни итн.’ Затоа оваа одредена група започнала да

работи на нивните полиња по неколку часа на ден. Нивната одлука да станат целосни фармери не била донесена во само

една генерација. Можеби се развила бавно за време на дузина генерации, или можеби се развила брзо во период од

неколку генерации. Двете сценарија можат да бидат напишани на начин кој изгледа прифатлив. Но бавно или брзо, имало

племенски луѓе од Плодната Полумесечина кои несомнено станале целосни фармери. Сега сакам да ми кажеш што значи

тоа за овие различни народи.

“Како мислиш?” “Кога беше овде последниот пат, потрошивме многу време анализирајќи го натпреварот внатре во видовите - различни

стратегии коишто им овозможуваат на противниците да ги решат конфликтите без да се впуштаат во смртоносна борба за

секое едно нешто. На пример, територијалната стратегија вели, ‘Нападни ако си домаќин, бегај ако си натрапник.’”

29

“Да, го разбирам тоа.”

“Значи: Кажи ми што значи тоа за овие народи во Плодната Полумесечина.”

“Претпоставувам дека тие играле Непредвидлив Одмаздник. ‘Дај го најдоброто што го имаш, но немој да бидеш

премногу предвидлив.’”

“Тоа е точно. Како што кажав, нема причина да се мисли дека племенските луѓе живееле поразлично пред десет илјади

години од начинот на којшто живеат сега. Тие биле подготвени за борба цело време, го давале најдоброто што го имаат, и од време на време самите предизвикувале збрки само за да не помислат нивните соседи дека омекнале. Фактот што вие

живеете целосно од земјоделство не ја отфрла оваа стратегија како нефункционална. Имало целосни земјоделци во

Новиот Свет коишто живееле одлично следејќи ја оваа стратегија - ниту ги прегазувале своите соседи, ниту биле

прегазени од нив. Но на некое одредено место на Блискиот Исток пред десет илјади години, една група од овие фармери

започнала да ги прегазува своите соседи.

“Кога велам дека ги прегазиле нивните соседи, сакам да кажам дека тие им го направиле на своите соседи истото тоа што

нивните Европски потомци им го направиле на староседелците на Новиот Свет. Кога Европските доселеници почнале да

пристигнуваат овде, строседелците с уште ја следеле стратегијата на Непредвидлив Одмаздник. Ова функционирало

одлично за нив од почетокот на времето и тие биле внимателни да ја следат оваа стратегија исто и со новодојденците, кои

биле, во најдобар случај, збунети од неа. Само што ќе се вдомеле убаво - или барем така тие мислеле! - староседелците

ненадејно организирале брутални и непровоцирани напади (исто како што биле навикнати да прават меѓу себе). Ова било

сосема разумно за староседелците и всушност функционирало многу добро за нив доста долго време. Белите доселеници научиле да ја почитуваат оваа непредвидливост на староседелците. Но на крајот, секако, бројката на доселениците се

зголемила до степен кој им овозможил да ја прегазат стратегијата на староседелците. Во некои случаи тие се вселувале и

ги асимилирале староседелците. Во други случаи тие се вселувале и ги бркале староседелците да живеат или да умрат на

некое друго место. А во други случаи тие само се вселувале и ги уништувале. Но во секој случај, тие ги уништувале нив

како племенски ентитети. Земачите не биле воопшто заинтересирани да бидат опкружени од племенски луѓе кои играат

Непредвидлив Одмаздник - во Новиот Свет или во Плодната Полумесечина. Можеш да сфатиш зошто.”

Реков дека сфаќам.

“Последниот пат кога беше овде ти откри што ќе се случи ако едно племе од Непредвидливите Одмаздници почне да

игра Уништувач. Дали се сеќаваш?”

“Нивните соседи би ги здружиле силите за да ги запрат.”

“Точно, И обично ова би функционирало одлично. Зошто не функционирало тоа против Земачите во Плодната Полумесечина?”

“Претпоставувам дека не функционирало од истата причина од која не функционирало и овде во Новиот Свет. Земачите

биле во можност да создадат неограничени залихи од работите што ги добиваат војните. Ова ги направило непобедливи

во војната против племенските луѓе, иако овие ги здружиле силите.”

“Да, тоа е точно. Нови околности можат да уништат секаква стратегија, дури и ако таа функционирала безгрешно

милиони години и племе со навистина неограничени земјоделски ресурски кое игра Уништувач секако било нешто ново.

Земачите биле неодоливи, а тоа секако ги натерало да мислат дека се агенти на човечката судбина. И с уште го мислат

тоа, се разбира.”

“Секако.”

“Тоа што сакам сега да го погледнеш е револуцијата во нејзината педесетта година. Земачите прегазиле четири племиња

северно од нив, да ги наречеме Хулас, Пуала, Каиро и Албас. Пуала живееле од земјоделство дури и пред да бидат

прегазени од Земачите, па промените биле помалку стресни за нив. Хулас, спротивно на тоа, биле ловци-собирачи коишто минимално употребувале земјоделство. Албас биле сточари-собирачи некое време. А Каиро одржувале неколку

главни посеви кои ги надополнувале со ловење и собирање. Пред да бидат прегазени од Земачите, овие племиња живееле

на вообичаениот начин, го давале најдоброто што го имаат и повремено извршувале напади едни на други. Само за да

бидеме сигурни дека не си заборавила, од каква корист е стратегијата на Непредливиот Одмаздник?”

“Од каква корист?”

“Зошто ја имаат таа стратегија? Зошто воопшто им треба било каква стратегија?”

“Тие се противници. Оваа стратегија им овозможува да бидат на еднаков чекор едни од други. ”

“Но Земачите ставиле крај на играта на Непредвидлив Одмаздник меѓу нив, затоа што програмата е дека Хулас, Пуала,

Каиро и Албас сега ќе бидат Земачи. Така треба да живеат луѓето, нели?”

“Да.”

“Значи, стратегијата на Непредвидлив Одмаздник е завршена за овие луѓе.” “Точно.”

“Но што ги одржува на еднаков чекор едни од други сега? ”

“Леле,” реков. “Тоа е многу добро прашање. Можеби повеќе немаат зошто да се натпреваруваат?”

Ишмаел климна со главата ентузијастички. “Тоа е многу интересна идеја, Џули. Што мислиш, како би се случило тоа?”

“Па, тие се на некој начин на иста страна сега.”

“Со други зборови, можеби племенскиот начин на живот бил всушност причината за натпреварот, а не еволуиран начин

за справување со натпреварот. Со исчезнувањето на одредени племиња, натпреварот едноставно исчезнува и следува мир

во светот.”

Му реков дека не сум сигурна за делот со мир-во-светот.

“Да речеме дека ти си Каиро. Летото било многу сушно, Џули, и твоите соседи на север, Хулас, изградиле брана на

потокот којшто ти го користиш за новоднување на твоите посеви. Бидејќи сега сте сите на иста страна, дали едноставно ќе се повлечеш и ќе дозволиш да ти се уништат посевите?”

“Не.”

“Значи, тоа што се сите на иста страна не значи дека завршил натпреварот. Што ќе правиш?”

30

“Најверојатно ќе им кажам на Хулас да ја срушат нивната брана.”

“Секако. И тие ќе кажат, не фала. Тие изградиле брана за да можат да ги наводнуваат сопствените посеви.”

“Можеби би можеле да ја делат водата со мене.”

“Тие велат дека не им е грижа за тоа. Им треба сета вода.”

“Би можела да се пожалам на нивната смисла за фер игра.”

Тежок загушувачки глас допре до мене преку стаклото и јас погледнав нагоре и видов дека Ишмаел се смее. Кога заврши, рече, “Верувам дека се шегуваш.” “Точно.”

“Добро. Значи, што ќе направиш во врска со браната, Џули?”

“Претпоставувам дека ќе одиме во војна.”

“Тоа е, секако, една можност.”

“Се сетив на нешто. Мене ми изгледа дека Каиро и Хулас можеле да го имаат овој конфликт и пред да станат Земачи.”

“Апсолутно,” рече Ишмаел. “Што реков дека биле Хулас пред да станат фармери? Со твојата одлична меморија, сигурно

се сеќаваш.”

“Тие биле ловци-собирачи.”

“Зошто би изградиле брана едни ловци-собирачи, Џули? Тие немаат посеви за наводнување.”

“Точно, но во корист на дискусијата, да речеме дека биле фармери.”

“Во ред. Но колку што се сеќавам, Каиро биле само делумно зависни од земјоделство. Губењето на еден поток не би го загрозил нивниот начин на живот.”

“И тоа е точно,” реков, “но повторно, само во корист на дискусијата, да речеме дека биле фармери.”

“Во ред. Тогаш Каиро ќе се впуштат во многу брутална и многу непредвидлива одмазда. Соочувајќи се со ова, Хулас ќе

мораат да размислат дали вреди да изградат брана на потокот.”

“Значи, во секој случај ќе има војна,” му реков. “Тоа што станале Земачи не прави никаква разлика.”

Ишмаел одмавна со главата. “Пред малку рече дека, зборувајќи за Каиро, ќе мораш да одиш во војна поради браната.

Дали ‘одењето во војна’ е исто што и одмазда?”

“Не, претпоставувам дека не е.”

“Која е разликата?”

“Одмаздата е давање на најдоброто што го имаш, одењето во војна е освојување на луѓето за да ги натераш да го прават

она што ти го сакаш.” “Значи, иако може да се каже дека тоа е ‘војна во секој случај’, тоа се два различни видови на војна, со различни цели.

Целта на одмаздата е да им покажеш на луѓето дека можеш да бидеш и фин и груб, во зависност од тоа дали тие се фини

или груби. Целта на војната е да ги освоиш луѓето и да принудиш да го прават она што ти го сакаш. Две сосема различни

работи.”

“Да, претпоставувам дека тоа е точно.”

Ишмаел беше тивок некое време. Потоа ме праша дали сум видела непредвидлива одмазда на дело било каде помеѓу

Земачите. После некое време на размислување му реков дека сум го видела тоа во војните помеѓу малолетните банди.

“Тоа е многу итро, Џули. Непредвидливата одмаздата е стратегијата која ја употребуваат за да одржат еднакво растојание

помеѓу себе. А што сакаат да направат луѓето од вашата култура со овие малолетни банди?”

“Тие сакаат да ги уништат, секако.”

“Нормално,” рече Ишмаел, климајќи со главата. “Но има и едни многу повидливи борци коишто ја следат стратегијата на

Непредвидливата Одмазда сега, нели?” “Ах,” реков, “да, претпоставувам. Мислиш на сите оние луди луѓе во Босна.”

“Точно. И што сакаат луѓето од вашата култура да направат со нив?”

“Тие сакаат да престанат да се однесуваат како Непредвидливи Одмаздници.”

“Точно така.”

“Одењето во војна е прифатливо за вас, но непредвидливата одмаздата никогаш не е и никогаш не била. Уште од

почетокот, Земачите биле непријателски настроени кон оваа стратегија. Претпоставувам дека тоа е така затоа што

непредвидливата одмаздата е во основа само-контролирачка и нечувствителна кон надворешно управување. А Земачите

не му веруваат на ништо што е само-контролирачко. Тие сакаат да управуваат со с и не можат да поднесат кога се

случува нешто околу нив што не е под нивна контрола.”

“Точно. Но ти сакаш да кажеш дека треба да ги оставиме да војуваат?”

“Не, Џули. Би требала досега да знаеш дека не се преправам дека знам што треба да прават луѓето. Непредвидливата Одмаздата не е ‘добра’, а нејзиното уништување ‘лошо.’Тоа што се случува во тој дел од светот е едноставно дел од

најновата несреќа од несреќната историја којашто не може да се поправи со никакви средства.”

“Да, изгледа дека е така,” јас реков.

“Додека сме надвор од патот, би сакал да нагласам дека сме во позиција да набљудуваме нешто ново овде. Ти покажав

дека натпреварот помеѓу членовите од истите видови е многу пожесток од натпреварот помеѓу членовите од различните

видови. Кардиналите се натпреваруваат многу пожестоко со другите кардинали отколку со чавките и врапчињата, а

луѓето се натпреваруваат пожестоко со другите луѓе отколку со мечките или јазовците.”

“Да.”

“Сега можеш да видиш дека натпреварот помеѓу луѓето со ист животен стил е секогаш пожесток отколку натпреварот

помеѓу луѓето со различен стил на живеење. Фармерите се натпреваруваат многу пожестоко со другите фармери отколку

со ловците-собирачи.” “Леле, тоа е точно,” реков. “Значи, со тоа што сме создале свет полн со фармери, ние сме го засилиле нивото на

натпревар до максимум.”

31

“Ова е ситуацијата во која се наоѓаат Хулас, Пуала, Каиро и Албас, Џули. Имало доволно натпревар помеѓу нив дури и

кога живееле на различни начини. Сега сите тие живеат на ист начин и затоа тие мораат да се натпреваруваат многу

поинтензивно.”

“Да, го сфаќам тоа.”

“Во нашето истражување на натпреварувачките стратегии, видовме дека нивните ефекти им овозможуваат на

противниците да живеат едни до други без да мораат да се впуштат во смртоносна борба за секое мало нешто. Хулас, Пуала, Каиро и Албас повеќе не живеат едни до други играјќи си Непредвидлив Одмаздник. Таа стратегија е отфрлена.

Без неа, во ситуацијата со браната, твојата единствена идеја досега беше: ‘да одиме во војна.’ Со други зборови, да одиме

во смртоносна војна. Но, сигурен сум дека можеш да видиш дека нема да функционира добро за Хулас, Пуала, Каиро и

Албас да одат во војна за секое едно нешто.”

“Да.”

“Стратегијата за одржување на мирот во минатото била, ‘Дај го најдоброто што го имаш, но немој да бидеш премногу

предвидлив.’ Земачите го отфрлиле тоа. Со што го замениле?”

Се борев со тоа неколку минути и конечно реков, “Би рекла дека Земачите го замениле тоа со самите себе. Тие самите

станале одржувачи на мирот.”

“Така е, Џули. Тие се назначиле себеси за администратори на хаосот и тие се таму уште од почетокот, импровизирајќи

генерација по генерација со различни степени на успех. Тие го земале одржувањето на мирот во нивните раце на

почетокот на нивната револуција и тоа с уште трае. Кога пристигнале во Новиот Свет, никој овде не го оддржувал мирот, како што знаеш. Всушност, мирот бил одржуван на традиционалниот начин, така што луѓето го давале најдоброто

што го имаат и секогаш останувале непредвидливи. Земачите ставиле крај на сето тоа и сега одржувањето на мирот е во

нивните способни раце. Криминалот е мулти-милијардерска индустрија, децата препродаваат дрога на улиците, а

побеснетите граѓани го истураат нивниот гнев едни врз други со автоматско оружје.”

Полумесечина, втор дел

Пред да бидат прегазени од Земачите, секое племе имало свој начин на справување со проблемите, подарок од десет

илјади години на културно искуство. Начинот на Хулас не бил начинот на Пуала, а начинот на Пуала не бил начинот на

Албас, а начинот на Албас не бил начинот на Каиро. Единствената сличност што овие начини ја имале била тоа што

функционирале - начинот на Хуалас за Хуалас, начинот на Пуала за Пуала, начинот на Албас за Албас и начинот на Каиро за Каиро.

“Тоа што било многу важно за овие луѓе е да имаат начини за справување со луѓето такви какви што се. Тие не ги

сметале луѓето за паднати суштества, но исто така не значи дека ги сметале за ангели. Тие многу добро знаеле дека

луѓето можат да бидат проблематични, себични, злобни, сурови, алчни, насилни итн. Луѓето се страствени и непостојани

и не треба многу интелегенција за да се сфати ова. Систем којшто функционира десетици илјади години нема да биде

систем којшто функционира само за луѓето кои се добри, несебични, добродушни, пристојни и нежни. Систем којшто

функционира десетици илјади години ќе биде систем што функционира за луѓето коишто секогаш се способни да бидат

проблематични, алчни, себични, сурови и насилни.”

“Дали ова ти звучи разумно?”

“Да.”

“Помеѓу племенските луѓе никогаш нема да најдеш закони кои забрануваат лошо однесување. За нив, ова би било

потполно бесмислено. Наместо тоа, можеш да најдеш закони коишто служат да ја намалат штетата од лошото однесување. На пример, никој од племенските луѓе никогаш не би формулирал закон кој ја спречува прељубата. Наместо

тоа, она што ќе го најдеш се закони кои кажуваат што мора да се направи кога ќе се случи прељубата. Законите

предвидуваат чекори кои ја намалуваат штетата од овој чин на неверство, којшто не го повредил само сопружникот, туку

и го обезвреднил бракот во очите на децата. Повторно, целта не е да се казни, туку да се доведат работите во ред, да се

залечат раните, за да може повторно с да биде нормално во најкраток можен рок. Истото важи и за нападот. За нив,

бескорисно е да им кажеш на луѓето, ‘Не смеете никогаш да се борите.’ Тоа што не е бескорисно е да знаеш точно што

мора да биде направено кога ќе се случи борбата, за да може секој да претрпи што е можно помалку штета. Сакам да

видиш колку е ова различно од ефектите на вашите закони, коишто, наместо да ја намалат штетата, тие всушност ја

зголемуваат и ја дуплираат штетата низ целиот општествен пејсаж, уништуваат фамилии, уништуваат животи и ги

оставаат жртвите сами да си ги лекуваат раните.”

“Разбирам,” му реков. “Иако мислам дека е јасно од она што го реков досега, имаше еден императив којшто беше својствен за сите племиња:

Напаѓај други племиња, заштити го своето. Со други зборови, и покрај сите внатрешни проблеми и одмазди, состојбата

е следнава: племето против целиот свет. Ако си Хуалас, во ред е да ги нападнеш Каиро или Пуала, но нема смисла да

напаѓаш други Хуалас. Ако си Каиро, во ред е да напаѓаш Хуалас или Пуала, но нема смисла да напаѓаш други Каиро.

Дали можеш да сфатиш зошто ова мора да биде вака?”

“Мислам. Ако законот на Каиро ги охрабрувал Каиро да се напаѓаат едни со други, тогаш Каиро би исчезнале како

племе. А ако законот на Каиро им забранувал да ги напаѓаат Хуалас и Пуала, тогаш стратегијата на Непредвидлива

Одмаздата повеќе не би функционирала и Каиро би исчезнале како племе.”

“Токму така. На почетокот на вашата револуција, вашето племе, коешто јас го нареков Земачи, било исто како и Хулас,

Пуала, Албас и Каиро - исто како и останатите десетици илјади племиња коишто постоеле тогаш. Сакам да кажам дека

тие имале начин на живот којшто функционирал одлично за нив и серија закони коишто им овозмужувале да се справат со лошото однесување во нивната средина. Што мислиш, што се случило со тој првобитен начин на живот којшто

функционирал одлично за Земачите?”

“Не можам да си замислам,” реков.

32

“Да видиме дали можеме да си замислиме заедно, Џули. Еве една работа за која можеме да бидеме сигурни: Ништо во

племенскиот начин на Земачите не ги подготвило за одговорноста која ја превземале кога ги прегазиле нивните соседи на

почетокот на револуцијата.”

“Како можеш да го знаеш тоа?”

“Племенската култура им покажувала на луѓето како да излезат на крај со работите коишто се случувале уште од

почетокот на времето. Не им покажувала како да излезат на крај со нешта кои никогаш не се случиле претходно во историјата на светот - а вашата револуција била токму таква работа. Луѓето се натпреварувале и се бореле уште од

почетокот на времето. Тие знаеле како да живеат употребувајќи ја стратегијата на Непредвидлива Одмазда. Но сега, едно

племе со импулс никогаш претходно почувствуван меѓу луѓето, било подготвено да управува со вид на моќ со каква

досега никој не управувал. Бидејќи нивната популација се зголемувала поради изобилството на храна, Земачите повеќе

не биле заинтересирани да се воздржуваат кога се работело за нивните соседи. Тие имале с повеќе луѓе за хранење, им

била потребна повеќе земја и ја имале моќта да ги прегазат своите соседи - асимилирајќи ги, бркајќи ги, или едноставно

уништувајќи ги. Но кога еднаш ќе ги прегазеле своите соседи, тие се наоѓале на необележана територија. Што ќе прават

сега со нив? Сигурно нема да се вратат да си играат Непредвидлив Одмаздник со нив. Тоа не би имало никаква смисла. И

исто така нема да им дозволат да си играат Непредвидлив Одмаздник помеѓу себе. И тоа исто така не би имало смисла.

Дали знаеш зошто?”

“Да, мислам. Непредвидливата Одмаздата е начин на одржување на твојата независнот на еднаков чекор од твоите

соседи. Земачите биле против тоа. Тие не сакале Хуалас, Пуала и Каиро да бидат независни ентитети, константно војувајќи меѓу себе.”

“Што вели стариот закон на Земачите за војувањето? Мислам на законот што го следеле пред револуцијата.” Гледајќи

дека не ми е јасно, тој додаде, “Ова е законот што сите племенски луѓе го почитуваат.”

“Ах. Мислиш ‘војувај со твоите соседи, не со себе.’”

“Точно. Ова е законот којшто бил почитуван од сите племиња во Плодната Полумесечина, од сите племиња на Блискиот

Исток и од секое племе во светот.”

“Го разбрав тоа,” му реков.

“Но кога Земачите почнале да ги прегазуваат своите соседи, тие морале да создадат нов закон. Тие не сакале племињата

што ги прегазиле да продолжат да војуваат меѓу себе.”

“Го разбрав и тоа.”

“Па, кој бил новиот закон, Џули?” “Новиот закон сигурно бил, ‘Немој да војуваш со никој.’”

“Се разбира. И како што ти кажа пред една минута, ова значело дека стратегијата на Непредвидлива Одмазда повеќе не

важела - а со тоа и племенската независност. Земачите сакале да управуваат со свет во кој сите работат, а не свет во кој

луѓето ја трошат енергијата играјќи си Непредвидлива Одмазда.”

“Да, тоа е очигледно.”

“Старите племенски граници сега биле безначајни - географски и културно - не само за Хуалас, Пуала, Каиро и Албас,

туку и за самите Земачи. Земачите не ги донеле во новата чорба нивните стари племенски закони. Тие би биле безначајни

за другите. Сите стари племенски закони сега биле еднакво безначајни во новиот светски поредок што го изградиле

Земачите. Било безначајно за Хуалас да ги учат своите деца она што функционирало за Хуалас десетици илјади години,

затоа што тие повеќе не биле Хуалас. Било безначајно за Каиро да ги учат своите деца она што функционирало за Каиро

десетици илјади години, затоа што тие повеќе не биле Каиро.

“Но иако припаѓале на нов светски поредок, луѓето не престанале да бидат проблематични, себични, сурови, алчни и насилни, нели? Истото старо однесување продолжило - но без племенски закон да ги омекне последиците од таквото

однесување. Дури и ако старите племенски закони биле запаметени, за Земачите би било невозможно да управуваат со

такви закони. Начинот на Хуалас за справување со лошото однесување можеби е добар за Хуалас, но тој би бил

неприфатлив за Каиро. Сигурен сум дека го сфаќаш тоа.”

“Да.”

“Како ќе се справат Земачите со лошото однесување на луѓето со коишто владеат? Што ќе прават со прељубата,

нападите, силувањата, крадењето, убиствата итн?”

“Ќе ги забранат со закони.”

“Се разбира. Во племенскиот поредок, не постоело вакво нешто. Наместо тоа, законите во секое племе постоеле за да ја

намалат штетата и да ги вратат луѓето повторно заедно. Племенските закони никогаш не велеле, ‘Такви работи не смеат

никогаш да се случат,’ затоа што тие многу добро знаеле дека такви работи ќе се случат. Наместо тоа, тие велеле, ‘Кога ќе се случат такви работи, еве што мора да биде направено за да може да се поправат работите онолку колку што можат

да бидат поправени.’ ”

“Разбирам.”

“Ние сме блиску до крајот, Џули. Има само уште една работа. Според сфаќањата на племенските луѓе, глупаво е да

создадеш закон кој знаеш дека нема да биде почитуван. Да создадеш закон кој знаеш дека нема да биде почитуван е да му

нанесеш лош углед на целиот концепт на законот. Прв пример за закон за кој знаеш дека нема да биде почитуван е

законот во формата ти нема да. Не е важно што следи после овие зборови. Ти нема да убиваш, ти нема да лажеш, ти

нема да вршиш прељуба, ти нема да крадеш - секој еден од овие закони е закон кој знаеш дека нема да биде почитуван.

Бидејќи племенските луѓе не трошеле време со закони за кои знаеле дека нема да бидат почитувани, непослушноста не

била проблем за нив. Племенскиот закон не го казнувал лошото однесување, тој пронаоѓал начини да го уништи лошото

однесување и затоа луѓето го почитувале тој закон.” “Законот правел нешто добро за нив, па зошто би го прекршувале? Но уште од самиот почеток законот на Земачите бил

тело од закони кои знаеш дека ќе бидат прекршени – и (без изненадување) тие биле прекршувани секој ден во период од

десет илјади години.”

33

“Да. Тоа е неверојатно - неверојатен поглед на работите.”

“И затоа што вашите закони биле создадени со сфаќањето дека тие ќе бидат прекршени уште првиот ден, мораш да имаш

начин да се справиш со прекршителите на законот.”

“Да. Прекршителите на законот мораат да бидат казнети.”

“Точно. Што друго можеш да правиш со нив? Со самото тоа што сте создале закони за кои сте претпоставувале дека ќе

бидат прекршени, вие никогаш не сте откриле ништо што било поразумно од тоа да ги казнувате луѓето коишто го правеле точно она што сте очекувале да го направат на прво место. Десет илјади години вие сте создавале закони за кои

сте очекувале дека ќе бидат прекршени и сега претпоставувам дека имате буквално милиони закони, кои се прекршуваат

милиони пати на ден. Дали знаеш некоја личност којашто не прекршила никаков закон?”

“Не.”

“Сигурен сум дека дури и на твоја возраст ти си прекршила дузина.”

“Стотици,” реков самоуверено.

“Самите официјални лица коишто ги избирате да ги одржуваат законите ги кршат. Во исто време, вашите столбови на

општеството се повредени од факот дека некои луѓе имаат многу малку почит кон законот.”

“Тоа е неверојатно.”

“Уништувањето на племенскиот закон и на стратегијата на Непредвидливата Одмазда не е нешто што можело да се

случи постепено, во период од стотици илјади години. Тоа морало па започне веднаш, на местото на првото освојување на Земачите. Племенскиот закон и стратегијата на Непредвидливата Одмазда биле барикади коишто морале веднаш да се

срушат. Кои и да биле нивните вистински имиња, Хуалас, Пуала, Каиро и Албас, тие морале да исчезнат како племенски

ентитети. За време од неколку декади, истото морало да им се случи и на околните племиња, по своја волја, или против

своја волја да ја заменат племенската независност со моќта на Земачите. Револуцијата се проширила надвор од овој

центар, како круг од оган кој го гори културното наследство кое се протегало се до вашето приматско потекло.

“Сеќавањето дека тие некогаш биле Хуалас, Каиро, Албас и Пуала не исчезнало во една генерација. Но исто така

најверојатно не преживеало повеќе од четири или пет генерации - да речеме и десет генерации, а тоа се само два века.

После илјада години, потомците на Хуалас, Каиро, Албас и Пуала воопшто не се сеќавале дека некогаш воопшто

постоело нешто како племенски живот. Очигледно луѓето околу периметарот на експанзијата на Земачите с уште се

сеќавале на тој живот, но сега тој периметар ги обиколувал Персија, Анадолија, Сирија, Палестина и Египет. По илјада

години тој периметар ќе се зголеми на далечниот Исток, Русија и Европа. Племенските луѓе с уште биле пресретнувани и проголтувани околу периметарот на експанзијата на Земачите, но ова било пред осум илјади години, Џули.

“Срцето на револуцијата с уште било Блискиот Исток и секако Плодната Полумесечина. Месопотамија, земјата помеѓу

Тигар и Еуфрат, била како Њујорк за оваа област. Овде, најголемата иновација на вашата култура (после тоталитарното

земјоделство и заклучувањето на храната) само што била измислена - пишувањето. Но поминале уште пет илјади години

пред логографите од стара Грција да почнат да размислуваат да ја употребат оваа алатка за документирање на човечката

историја. Кога конечно започнале да ја документираат човечката историја, оваа слика започнала да се појавува:

Човечката раса била родена пред само неколку илјади години во околината на Плодната Полумесечина. Таа била родена

зависна од растенијата и почнала да ги засадува инстинктивно како што осите градат осила. Исто така имала и

инстинкт за цивилизација. Значи, штом се родила, човечката раса почнала за засадува растенија и да гради

цивилизација. Буквално не останало никакво сеќавање за племенското минато на човештвото, кое се протегало стотици

илјади години наназад. Тоа исчезнало без трага во она што еден од моите ученици го нарекува Големото Заборавање.

“Стотици илјади години, луѓето паметни како вас имале начин на живот којшто функционирал одлично за нив. Потомците на овие луѓе денес можат с уште да се најдат тука и таму, и каде и да можат да се најдат во недопрена

состојба, тие покажуваат дека се целосно задоволни со нивните животи. Тие не се во војна едни со други, генерација

против генерација или класа против класа. Тие не се обземени од болка, загриженост, депресија, омраза, криминал,

лудило, алкохолизам и зависност од дрога. Тие не се жалат на репресија и неправда. Тие не ги опишуваат нивните

животи како безначајни и празни. Тие не врескаат од омраза и бес. Тие не гледаат кон небото и не копнеат за контакт со

боговите и ангелите и пророците и вонземјаните и душите на починатите. И не посакуваат некој да дојде и да им каже

како треба да живеат. Тоа е така затоа што тие веќе знаат како да живеат, исто како што пред десет илјади години луѓето

во целиот светот знаеле како да живеат. Но знаењето како да се живее е нешто што луѓето од вашата култура морале да

го уништат за да направат од себе владетели на овој свет.

“Тие биле сигурни дека ќе можат да го заменат она што го уништиле со нешто исто така добро, и тоа с уште го прават,

пробуваат една работа по друга и им даваат на луѓето с што мислат дека можеби ќе ја пополни празнината. Археологијата и историјата раскажуваат приказна стара пет илјади години за едно Земачко општество по друго како

бараат нешто да ги смири и инспирира, нешто да ги восхити и збуни, нешто што ќе направи луѓето да ја заборават

мизеријата која од некаква непозната причина едноставно не сака да исчене. Фестивали, слави, маскенбали, храмски

свечености, ракош и сјај, бескрајно присутната надеж за добивање на моќ, богатство и луксуз, игри, драми, натпревари,

спортови, војни, крстоносни војни, политички интриги, витешки потраги, истражување на светот, почести, титули,

алкохол, дроги, коцкање, проституција, опера, театар, уметности, влада, политика, кариера, политичка предност,

планинарење, радио, телевизија, филмови, шоу-бизнис, видео игри, компјутери, информациски суперавтопат, пари,

порнографија, освојување на вселената - овде има за секого по нешто, секако, нешто што ќе го направи животот вреден за

живеење, нешто што ќе ја пополни празнината, нешто што ќе инспирира и управува. И се разбира дека овие работи ја

пополниле празнината за многумина од вас. Но само дел од вас можеле да се надеваат дека ќе ги добијат добрите работи

коишто биле достапни во едреден период, исто како што и денес само мал процент од вас можат да се надеваат дека некогаш ќе живеат како што живеат луѓето кои сигурно имаат живот вреден за живеење - милијардери, филмски ѕвезди,

спортски херои и супермодели. Секогаш мнозинството од вас било составено од сиромашни. Дали ти е познат тој израз?”

“Сиромашни? Да.”

34

“Племенскиот живот не бил договор на богати и сиромашни. Зошто луѓето би поднесувале таков договор освен ако не

биле принудени на тоа? И се додека не сте ја заклучиле храната, немало никаква шанса да ги натерате луѓето да го

поднесуваат тоа. Сиромашните секогаш биле мнозинството, и како можеле тие да го откријат изворот на нивната

мизерија? Кого можеле да прашаат зошто светот е ваков, во смисла дека тој им е наклонет само на неколкумина,

оставајќи ги повеќето луѓе да се преморуваат од работа само за на крајот да бидат гладни, голи и без дом? Дали можеле

да ги прашаат владетелите? Господарите? Нивните шефови? Секако дека не. “Пред околу две илјади и петстотини години, четири различни објаснувачки теории почнале да еволураат. Најверојатно

најстарата теорија била онаа која вели дека светот е создаден од два вечно спротивставени бога, едниот бог на доброто и

свелината, а другиот бог на злото и темнината. Ова секако имало смисла во свет во кој изгледало дека вечно бил поделен

на оние коишто живеат во светлината и оние коишто живеат во темнината; оваа теорија била прифатена во

Зороастрианизмот, Маничаеизмот и другите религии. Друга теорија велела дека дека светот бил создаден од заедница на

богови кои, зафатени со своите сопствени проблеми, го воделе светот на начин на којшто нив им одговарал, и кога луѓето

се појавиле, тие можеле да бидат поддржани, искористени, уништени, киднапирани или игнорирани, целосно зависни од

волјата на боговите; ова секако биле теоријата прифатена од стара Грција и Рим. Друга теорија велела дека страдањето е

дел од животот, дека тоа е неизбежна судбина на тие коишто живеат и дека мирот може да биде достигнат само од оние

коишто се откажуваат од сите желби и страсти. Ова била теоријата на Гуатама Буда. Друга теорија велела дека првиот

човек, Адам, којшто живеел во Месопотамија пред неколку илјади години, не го послушал Бог, ја изгубил милоста

господова и бил избркан од рајот за да живее вечно од потта на своето чело, мизерен, отфрлен од Бог и склон кон грев. Христијанството се изградило на оваа Еврејска основа, обезбедувајќи спасител кој велел дека во Кралството Господово

првите ќе бидат последни, а последните први - што значело дека богатите и сиромашните ќе ги заменат местата. За време

на живеењето на Исус и во годините коишто следеле, повеќето мислеле дека Кралството Господово ќе биде земско

кралство управувано лично од Бога. Кога тоа не се остварило, почнало да се мисли дека Кралството Господово е рајот,

достижно само по смртта. Исламот исто така бил изграден на оваа Еврејска основа, отфрлувајќи го Исус како спасител,

но потврдувајќи дека добрите дела ќе бидат наградени во задгробниот живот.”

“Но како што добро знаеш, овие теории никогаш потполно не ве задоволиле, посебно последниве векови, или подобро

кажано последниве декади, кога големата празнина во центарот на вашите животи голта бескраен излив на религии,

спиритуални измамници, гуруа, пророци, култови, терапии и мистични лекувања - без да бидете задоволени.”

“Тоа е точно,” му реков.

Ишмаел ме погледна мрачно. “Можеби сега разбираш зошто толку многу луѓе од вашата култура гледаат кон небото, копнеејќи за контакт со боговите и ангелите и пророците и вонземјните и душите на починатите. Можеби сега разбираш

зошто толку многу луѓе во вашата култура имаат соништа како оној којшто ти ми го опиша мене за време на твојата прва

посета.”

“Разбирам,” реков.

“Сега знаеш каде води главниот пат. Но секако не завршува овде.”

“Па, мило ми е што го слушам тоа.”

Проклета гордост

“Се надевам знаеш дека имам милион прашања, ” му реков кога пристигнав во саботата, два дена подоцна.

“Очекував неколку, да,” рече Ишмаел.

“Многу луѓе, ако го слушнат ова, би рекле, ‘Господи, па тогаш нема никаква надеж за нас!’” “Зошто е тоа така?”

“Па, не можеме да се вратиме да живееме во пештери, нели?”

“Многу малку племенски луѓе живееле во пештери, Џули.”

“Знаеш што сакам да кажам. Не можеме да се вратиме да живееме племенски.”

Ишмаел се намурти. “Всушност, не сум сигурен дека тоа е она што сакаш да го кажеш.”

“Во ред. Сакам да кажам дека не можеме да се вратиме назад и да почнеме одново. Не можеме да се вратиме да живееме

на начинот на којшто живееле луѓето пред да станат Земачи.”

“Но што сакаш да кажеш со тоа, Џули? Сакаш да кажеш дека не можете да се вратите да живеете на начин којшто

функционира за луѓето?”

“Не. Претпоставувам дека сакам да кажам дека не можеме да се вратиме да живееме како ловци-собирачи.”

“Секако дека не можете. Дали некогаш си ме слушнала да предложам такво нешто?” “Не.”

“И никогаш нема да ме слушнеш. Десетина планети со оваа големина нема да бидат доволни за вас како ловци-собирачи.

Таа идеја е апсурдна.”

“Што да правиме тогаш,” јас прашав.

“Си заборавила зошто дојде кај мене, Џули. Ти дојде кај мене за да научиш како другите луѓе во универзумот успеваат да

живеат без да го уништуваат нивниот свет.”

“Точно.”

“Сега знаеш како се прави тоа, нели? Не мораш да се качиш на вселенски брод за да научиш. Вонземјаните коишто ги

бараш се едноставно вашите предци, коишто успеале да живеат овде стотици илјади години без да го уништуваат светот -

вашите предци и нивните културни потомци, племенски луѓе коишто с уште постојат. Тоа што те збунува е дека ти си

замислуваш дека јас ти ги покажав одговорите, но всушност јас ти покажав само каде да ги бараш одговорите. Ти мислиш дека јас велам, ‘Прифати го начинот на живот на Хуалас,’ но јас всушност велам, ‘Разбери зошто начинот на

живот на Хуалас функционирал - и продолжува да функционира исто толку добро како и секогаш каде што с уште

постои.’ Како Земачи, вие сте се труделе десет илјади години да измислите начин на живот кој функционира, но не сте

35

успеале досега. Вие сте измислиле милиони работи коишто функционираат - авиони, тостери, компјутери, параброди,

видео касети, часовници, атомски бомби, водни пумпи, електрични светилки и пенкала - но не и начин на живот кој

функционира. И како што имате с повеќе луѓе, така овој неуспех станува с поочигледен, пораспространет и многу

болен. Имате проблем да изградите доволно затвори за сите ваши криминалци. Нуклеарната фамилија чекори во заборав.

Опсегот на зависностите од дрога, самоубиствата, менталните болести, разводите, злоупотребата на деца, силувањата и

сериските убиства продолжува да расте. “Фактот што вие никогаш не сте биле способни да измислите начин на живот кој функционира невоопшто не изненадува.

Уште од самиот почеток, вие сте ја потцениле тежината на таа задача. Зошто функционирал племенскиот начин, Џули?

Не мислам на механизмот, туку како почнал да функционира ваквиот начин на живот?”

“Претпоставувам дека функционирал затоа што бил тестиран од почетокот на времето. Тоа што функционирало

преживеало, тоа што не функционирало не преживеало.”

“Се разбира. Функционирал затоа што бил дел од истиот еволуциски процес кој создал функционални животни стилови

за шимпанзата и лавовите и срните и пчелите и дабарите. Не можеш едноставно да залепиш нешто и да очекуваш дека ќе

функционира исто така добро како и систем кој бил тестиран и обликуван три милиони години.”

“Да, го сфаќам тоа сега.”

“Но доста чудно, скоро секоја од вашите импровизации би функционирала доколку...”

“Доколку што?”

“Тоа сакам ти да го одговориш, Џули. Мислам дека можеш да го направиш тоа. Месопотамската империја би функционирала под кодот на Хамураби доколку... што? Осумнаесеттата династија на Египет би функционирала под

религиското водство на Акенатон доколку.. .што? Јуда и Израел би функционирале под владеењето на кралевите

доколку... што? Огромната Перскиска империја би функционирала доколку... што? Уште поголемата Римска империја би

функционирала под водство на Цезар доколку... што? Нема да навлегувам во тоа ера по ера, импровизација по

импровизација. Светот којшто најдобро го знаеш, Соединетите Американски Држави, под водство на веројатно

најпросветлениот устав во човечката историја, би функционирал доколку... што?”

“Доколку луѓето биле подобри.”

“Се разбира.”

“Сето ова би функционирало прекрасно, Џули, доколку луѓето едноставно биле подобри. Вие би биле една голема и

среќна фамилија, доколку луѓето биле подобри. Раскараните фракции на Балканот би се прегрнале и би се смириле.

Садам Хусеин би ја размонтирал воената машинерија и би се преселил во манастир. Криминалот би исчезнал преку ноќ. Никој никогаш не би прекршил некој закон. Вие би можеле да живете без судови, полиција, затвори. Сите би го

напуштиле својот сопствен интерес и би работеле заедно на подобрување на состојбата на сиромашните луѓе и

ослободување на светот од глад, расизам, омраза и неправда. Би можел со часови да ги набројувам сите прекрасни работи

коишто би можеле да се случат... само доколку луѓето биле подобри.”

“Да, сигурна сум во тоа.”

“Огромната сила на племенскиот начин била во тоа што неговиот успех не зависел од добрината на луѓето. Тој

функционирал за луѓето такви какви што се - ненапредни, непросветлени, проблематични, себични, лоши, сурови, алчни

и насилни. А тоа Земачите никогаш не успеале да го достигнат. Всушност, тие воопшто и не се обиделе. Наместо тоа, тие

мислеле дека ќе можат да ги подобрат луѓето, како да се лошо дизајнирани производи. Тие мислеле дека ќе можат да ги

казнуваат луѓето за да бидат подобри, ќе можат да ги инспирираат луѓето да бидат подобри и ќе можат да ги образуваат

за да бидат подобри. И после десет илјади години на обиди да ги подобрат луѓето - без трага од успех - тие не би ни

сонувале да го свртат нивното внимание на друга страна.” “Да, тоа е точно. Прилично сум сигурна дека повеќето луѓе, кога би го слушнале ова што јас го слушнав овде, с уште би

рекле, ‘Да, сето тоа е многу добро, но ние имаме обврска да продолжиме да се обидуваме да ги направиме луѓето

подобри. Само што с уште не сме откриле како да го направиме тоа. ’Или би рекле, ‘Тоа е с уште нешто на што може

да се работи. Замисли само колку лоши би биле луѓето доколку ние константно не се обидуваме да ги направиме

подобри.’”

“Се плашам дека си во право, Џули.”

“И покрај тоа,” јас реков, “с уште се чувствувам заглавена. Што би требало да правиме ние со ова? Не очекуваш од нас

да ја вратиме стратегијата на Непредвидливата Одмазда, нели?”

Ишмаел гледаше во мене добри две минути, но јас не бев исплашена. Знаев дека тој не е незадоволен од мене, тој само

размислуваше за нешто. Кога конечно заврши со размислувањето, тој продолжи со уште една негова приказна.

“Многу одамна, еден дрвен мост поврзувал два народа коишто биле сојузници илјадници години. Бил изграден над река која на секое друго место била премногу широка за да може воопшто да се изгради мост. Локацијата изгледала како

создадена за такво нешто, со огромени камени блокови од двете страни коишто служеле како потпорни ѕидови. Меѓутоа,

по многу векови, почувствувале дека е потребно нешто многу понапредно од обичен дрвен мост за да ги спојува двете

земји, и една група инжинери исцртала план за метален мост кој ќе го замени стариот. Овој мост бил правилно изграден,

но по неколку декади одеднаш се урнал. Студирајќи ја урнатината, друга група инжинери одлучила дека очигледниот

замор на материјалот којшто го виделе бил знак дека бил употребен неквалитетен челик. Мостот бил повторно изграден и

биле употребени најдобрите материјали, но тој повторно се урнал по само четириесет години. Друга група на инжинери

се собрала за да го проучи проблемот и овој пат тие се фокусирале на оригиналните планови за градба, за коишто тие

сметале дека имаат грешка на неколку важни места. Тие исцртале нови планови и бил изграден нов мост - и повторно се

урнал, овојпат само за триесет години.”

“Нови инжинери пробале уште неколку пати со различни видови мостови, но тие секогаш се уривале само по дваесетина или триесетина години.

“Градителите на дрвениот мост ги немало со векови, се разбира, но имало еден човек кој ја проучувал нивната работа и

тој истапил напред за да им објасни на инжинерите зошто металните мостови биле толку краткотрајни. ‘Сообраќајот на

36

мостот предизвикува металот да вибрира,’ рекол тој. ‘Тоа е нормално и очекувано. Тоа што е неочекувано е моќната

резонанса што оваа вибрација ја предизвикува во овие одредени камења. Оваа резонанса, која се пренесува назад на

мостот преку металот е причината зошто тие се рушат толку брзо. Оригиналниот мост, направен од дрво, не пренесувал

никаква вибрација на камењата, па така не се создавала и одговарачка резонанса во нив. Затоа оригиналниот мост траел

толку долго и затоа тој би бил с уште тука и би функционирал одлично доколку вие не сте го урнале.’

“И покрај тоа, инжинерите не биле многу задоволни со ова објаснување. Без да му изразат никаква благодарност на човекот, тие рекле, ‘Па што сакаш да направиме во врска со тоа? Сакаш да кажеш дека треба повторно да го изградиме

мостот од дрво?’”

Ишмаел долго гледаше во мене, а исто и јас во него додека размислував за ова. После неколку минути реков, “Па зарем

тој не сакал да каже дека треба повторно да го изградат мостот од дрво?”

“Секако дека не, Џули. Тој се обидувал да го достави делот што недостасува од загатката која ги збунувала овие

инжинери, за да можат да почнат да размислуваат продуктивно. Патем, би додал дека, инжинерите во реалниот живот не

би граделе еден мост по друг на овој начин. Ниту би реагирале на оваа информација на начинот на кој овие инжинери

реагирале. Јас би очекувал инжинерите во реалниот живот да бидат позитивно инспирирани од оваа информација,

недостаток кој ја блокирал секоја можност за успех. Оваа информација создава можност за истражување на секакви

видови начини кои во спротивно воопшто не би биле истражени.”

“Го сфаќам тоа. Едноставно не можам да видам какви начини на истражување ти создаде за мене - или како што велиш,

за луѓето од мојата култура.” Ишмаел размислуваше некое време за ова и потоа рече, “Да претпоставиме, Џули, дека сме тргнале на галактичкото

патување за коешто ти сонуваш. И да претпоставиме дека сме пронашле планета каде што луѓе многу слични на вас

имаат многу задоволувачки и одржлив начин на живот, којшто функционирал за нив стотици илјади години. И да

претпоставиме дека можеме да фрлиме ласо околу планетата и да ја довлечеме овде на земјата, каде што сите вие ќе

бидете слободни да ја проучувате во вашето слободно време с додека не бидете целосно задоволни. Дали, гледајќи го

ова, с уште би мислеле дека нема што да се истражува?”

“Не.”

“Те молам објасни ми која е разликата.”

“Претпоставувам дека едноставно не сакам да живеам на начинот на којшто живееле луѓето пред десет илјади години.”

Тој ја подигна десната веѓа. “Извини, Џули, но ти беше толку разумна досега.”

“Не сум неразумна, само сум искрена.” Тој одмавна со главата. “Ти одбиваш преглог кој не ти бил понуден никогаш, Џули - а тоа не е многу разумно. Јас

никогаш не побарав од тебе да живееш на начинот на којшто живееле луѓето пред десет илјади години. Ниту воопшто

споменав такво нешто. Ако ти кажев дека биохемичарите во некој Језуитски универзитет откриле лек против ракот, дали

ти би го одбила на основа дека не сакаш да станеш Римокатолик?”

“Не”

“Тогаш, те молам објасни ми ја разликата.”

“Не гледам каква врска има тоа што го зборуваш со лек за ракот.”

Ишмаел гледаше во мене неколку минути, а потоа рече, “Можеби треба да одиш и да ги проучуваш плакатите на

ѕидовите или она што вообичаено го правиш кога ти треба пауза.”

Скокнав од фотелјата и отидов на крајот од собата за да ги разгледам книгите на старата полица. Дури и отворив неколку

од нив со надеж дека некој брилијантен цитат ќе скокне од страницата право кон мене, но тоа не се случи. После десет

минути се вратив и седнав. “Тоа има некаква врска со нашата проклета гордост,” му реков.

“Продолжи.”

“Ако имаше планета во нашето соседство населена од членови на вонземска раса - напредна вонземска раса - тоа е една

работа. Би било подносливо тие да знаат нешто што ние не го знаеме. Она што не е подносливо е фактот дека овие

проклети дивјаци знаат нешто што ние не го знаеме.”

“Разбирам, Џули. Мислам дека разбирам. Но еве нешто што ти мораш да го разбереш. Ние овде не изучуваме нешто што

овие луѓе го знаеле. Ти би можела да седнеш и да разговараш со секоја племенска личност на оваа планета и ниту еден од

нив не би ја разоткрил спонтано стратегијата на Непредвидливиот Одмаздник за тебе. Но кога ти би ја разоткрила за нив,

тие веднаш би ја препознале и најверојатно би рекле нешто како, ‘Па, сите ние го знаеме ова. Не го кажавме тоа затоа

што е премногу очигледно за да биде кажано’- и јас се согласувам. Бил потребен еден од најголемите научни умови да го

разоткрие фактот дека објектите без поддршка паѓаат кон центарот на земјата, нешто што секое нормално петгодишно дете го знае - или сигурно би си замислувало дека го знае ако некој му го посочел тоа.”

“Не сум сигурна што точно сакаш да кажеш.”

“Ниту јас не сум сигурен, Џули, да бидам искрен. Ќе мораш да бидеш трпелива додека барам одговори што ќе те

задоволат... Многу научници се заинтересирани за биолуминисценција - производство на светлина од живи суштества -

но ниту еден од нив не се потрудил да дознае што овие суштества знаат за производство на светлина. Тоа што тие го

знаат за производство на светлина воопшто не е важно. Не многу одамна, ние го проучувавме однесувањето кое му

овозможува на белиот глушец да биде успешен. Но ние не се обидувавме да дознаеме што знаат белите глувци за

успешност. Дали ти е тоа јасно?”

“Да.”

“Истото важи и за нашето учење. Нас не н интересира што знаат Оставачите за животот, исто како што не н

интересира дали биолуминисцентните суштества знаат воопшто нешто за светлината. Нивното знаење не е предмет на нашето учење. Нивниот успех е предмет на нашето учење.”

“Добро, го разбирам тоа. Она што не го разбирам е каква врска има нивниот успех со нас.”

37

Ишмаел климна со главата. “Токму затоа тој никогаш не бил изучуван од вас, Џули. Никогаш не изгледало важно за вас

да изучувате луѓе чие единствено достигнување било да живеат на планетава три милиони години без да ја уништат. Но

како што се доближувате до точката од која нема враќање во вашиот скок кон исчезнувањето, ова учење многу брзо ќе

стане важно за вас.”

“Да, разбирам што сакаш да кажеш. Малку.”

“Добро познато е дека Викинзите го посетиле Новиот Свет петстотини години пред Колумбо да го направи тоа. Но викиншките современици не биле електризирани од нивното откритие, затоа што тоа не било важно за нив. Си можел да

го објавиш твоето откритие од покривот на секоја куќа, но луѓето само би се чуделе зошто воопшто си се трудел да одиш

таму. Но кога Колумбо го открил Новиот Свет петстотини години подоцна, неговите современици биле електризирани.

Откритието на нов континент всушност и не било многу важно. Се досега, Џули, јас бев како Леиф Ериксон кој оди сам

наоколу по еден голем, прекрасен континент за кој никому не му е гајле и никој не сака да слушне за него. Овој

континент бил отворен и достапен за изучување на вашите филозофи, учители и политички научници повеќе од еден век,

но никој од нив не посветил посебно внимание на него. Неговото појавување воопшто не ги инспирирало. Но гледам дека

работите почнуваат да се менуваат. Твоето појавување овде во оваа соба е знак на таа промена - и ако добро се сеќаваш,

за малку и јас ќе го пропуштев. Чувствувам дека с повеќе луѓе стануваат исплашени од вашиот скок кон катастрофата.

Чувствувам дека с повеќе луѓе сакаат да слушнат нови идеи.”

“Да. Но за жал с повеќе луѓе сакаат да слушнат с повеќе егзотични форми на хокус-покус.”

“Тоа е очекувано, Џули. Тоа што вие го доживувате е еднакво на културен колапс. Десет илјади години вие сте верувале дека го имате вистинскиот начин на живот за сите луѓе. Но последните неколку декади, тоа верување е се понепостојано

и понепостојано со секоја година што изминува. Можеби ќе ти биде тешко да поверуваш, но луѓето од вашата култура се

најтешко погодени од неуспехот на вашата културна митологија. Тие имаат (и отсекогаш имале) многу голема

инвестиција во праведноста на вашата револуција. Во годините што доаѓаат, како што знаците на колапсот ќе стануваат

повеќе видливи, ќе можеш да видиш како тие с повеќе се повлекуваат во својот измислен свет на машки успех, светот на

спортот. И уште полошо, ќе можеш да видиш како се понасилно и понасилно се одмаздуваат за нивното разочарување од

светот околу нив - најчесто врз жените околу нив.”

“Зошто врз жените?”

“Сонот на Земачите отсекогаш бил сон на мажите, Џули, и мажите од вашата култура си замислуваат дека колапсот на

нивниот сон ќе ги уништи нив, а ќе ги остави жените прилично неповредени.”

“Зарем нема да ги остави неповредени?” Ишмаел размисли малку пред да одговори. “Затворениците во затворот на Земачите го градат затворот одново со секоја

нова генерација, Џули. Твојата мајка и твојот татко ја одиграле својата улога и с уште го прават тоа. Ти лично, како што

одиш послушно на училиште и се подготвуваш да го заземеш твоето место во светот на работата, уште од сега се

вклучуваш во изградбата на затворот, за да може твојата генерација да го насели. Кога ќе биде завршен, тој ќе биде дело

на сите вас, мажи и жени. И покрај тоа, жените никогаш не биле толку ентузијастички расположени за затворскиот живот

како мажите - ретко кога добивале од затворот онолку колку што добивале мажите.”

“Што е затворот, тогаш?”

“Затворот е вашата култура, која што вие ја одржувате генерација по генерација. И ти самата учиш од твоите родители

како да бидеш затвореник. Твоите родители научиле од нивните родители како да бидат затвореници. И нивните

родители научиле од нивните родители како да бидат затвореници. И така натаму, се до почетокот во Плодната

Полумесечина пред десет илјади години.”

“Како да го запреме тоа?” “Со учење на нешто ново, Џули. Со одбивање да ги учите вашите деца како да бидат затвореници. Со уривање на

шемата. Затоа, кога ќе ме прашаат луѓето што треба да прават, јас им велам, ‘Учете ги другите она што го научивте овде.’

Но најчесто, нивниот одговор е, ‘Да, тоа е одлично, но што треба да направиме?’ Кога шест милијарди од вас ќе одбијат

да ги учат своите деца како да бидат затвореници на културата на Земачите, овој ужасен сон ќе заврши - во само една

генерација. Тој може да продолжи само ако учествувате во него. Вашата култура нема независно постоење - не може да

постои без вас - и ако престанете да учествувате во неа, тогаш таа ќе исчезне. Ќе мора да изчезне, како оган кој нема од

што да се храни.”

“Да, но што ќе се случи тогаш? Не можеш едноставно да престанеш да ги учиш децата, нели?”

“Секако дека не, Џули. Не можеш да престанеш да ги учиш. Меѓутоа, мораш да ги учиш нешто ново. И ако имаш намера

да ги учиш нешто ново, тогаш, се разбира, мораш и самата да научиш нешто ново. А тука си да го направиш токму тоа.”

“Разбирам,” реков.

Школски денови

“Мислам дека морам да ти покажам како да го истражуваш овој нов континент кон кој јас те упатив, Џули.”

“Мило ми е што го слушам тоа,” му реков.

“Можеби ќе сакаш да слушнеш како јас започнав да го истражувам?”

“Многу би сакала.”

“Мината недела ја споменав Рејчел Соколов како личноста која ми овозможи да ја одржувам оваа установа. Не мораш да

знаеш како се случило ова, но јас ја знам Рејчел уште од дете - комуницирав со неа како што комуницираме јас и ти.

Немав никакво искуство со вашиот образовен систем кога Рејчел тргна на училиште. Бидејќи немав причина за тоа, јас

никогаш не размислував сериозно во врска со тоа. Како и повеќето деца, таа беше среќна што конечно ќе оди на училиште и јас бев среќен за неа, мислејќи (исто како и неа) дека ја очекува некакво прекрасно искуство. После само

неколку месеци забележав дека нејзината возбуда бледее - и продолжи да бледее месец по месец, година по година, и

кога тргна во трето одделение, таа беше пресреќна кога можеше да пропушти ден на училиште. Дали ти е чудно ова?”

38

“Да,” реков со горчлива насмевка. “Сигурно осум милиони деца минатата ноќ си легнале молејќи се да паднат два метра

снег за да не мораат да одат на училиште.

“Преку Рејчел, јас станав ученик на вашиот образовен систем. Во основа, и јас одев на училиште заедно со неа. Повеќето

возрасни во вашето општество изгледа дека заборавиле што се случувало кога тие оделе на училиште. Кога би биле

принудени, како возрасни, да го видат сето тоа одново преку очите на нивните деца, мислам дека би биле зачудени и

згрозени.” “Да, и јас го мислам тоа.”

“Она што прво се забележува е колку вашиот образовен систем е неспособен да го оствари идеалот на ‘будење на

младите умови’. Најголемиот дел од учителите би биле пресреќни кога би можеле да разбудат нови умови, но системот

во кој работат ја уништува таа желба со инсистирање на тоа дека сите умови мораат да бидат отворени на истиот начин,

употребувајќи ги истите алатки, со ист чекор, по одреден редослед. Работата на учителот е да го доведе класот до

однапред определена точка во наставниот план во однапред определено време, и индивидуите коишто го сочинуваат

класот учат како да му помогнат на учителот во оваа задача. Некои го учат тоа многу брзо и лесно, а други го учат многу

тешко и бавно, но на крај сите го научуваат тоа. Дали знаеш за што зборувам?”

“Мислам дека знам.”

“Што си научила ти лично за да им помогнеш на твоите учители да ја завршат нивната задача?”

“Не поставувај прашања.” “Кажи ми нешто повеќе за тоа, Џули.”

“Ако ја подигнеш раката и кажеш, ‘господине Смит, не разбрав ништо што зборувавте цел ден,’ господин Смит ќе те

мрази. Ако ја подигнеш раката и кажеш, ‘господине Смит, не разбрав ништо што зборувавте цела недела,’ господин

Смит ќе те мрази пет пати повеќе. А ако ја подигнеш раката и кажеш, ‘господине Смит, не разбрав ништо што зборувавте

цела година,’ господин Смит ќе извади пиштол и ќе те убие.”

“Значи, основната идеја е да оддаваш впечаток дека разбираш с , без оглед дали навистина разбираш или не.”

“Точно. Последното нешто што сака да го слушне учителот е дека не си разбрал нешто.”

“Но ти започна кажувајќи ми го правилото против поставување прашања. Не ми кажа многу за тоа.”

“Не поставувај прашања значи... не изнесувај работи на виделина само затоа што не ти се јасни. Сакам да кажам, на

пример, да претпоставиме дека ги изучуваш силите на плимата и осеката. Ти не можеш да ја подигнеш твојата рака и да

прашаш дали е вистина дека лудите луѓе имаат тенденција да бидат уште полуди на полна месечина. Можам да си

замислам да направиш такво нешто во градинка, но кога ќе дојдеш на моја возраст, тоа би било табу. Од друга страна пак, некои учители сакаат да им биде свртено вниманието со одредени прашања. Ако имаат дрвен коњ, тие секогаш ќе

очекуваат покана да го јавнат и децата веднаш го сфаќаат тоа.

“Зошто би сакале да имате учител кој јава дрвен коњ?"”

“Затоа што тоа е многу подобро отколку да слушаме објаснувањето за тоа како Конгресот донесува некој закон.”

“На кој друг начин им помагате на учителите во нивната задача?”

“Немој никогаш да противречиш. Немој никогаш да поставуваш прашања надвор од наставниот план. Немој никогаш да

дозволиш да забележат дека ништо не ти е јасно. Секогаш обидувај се да изгледаш како да го разбираш секој збор. С се

сведува на истата работа.”

“Разбирам, ”рече Ишмаел. “Повторно, јас мислам дека ова е грешка на системот, а не на учителите чијашто обврска е да

‘поминат низ материјалот.’ Се надевам сфаќаш, и покрај сето ова, дека вашиот образовен систем е најнапредниот во

светот. Функционира многу лошо, но сепак е понапреден од кој било друг.” “Да, тоа го разбирам. Би сакала да ми покажеш со некаков израз на лицето кога зборуваш иронично.”

“Не сум сигурен дека би можел да го направам тоа, Џули... Да се вратиме на приказната. Јас гледав како Рејчел маршира

низ училишните години (и би требало да додадам дека таа одеше во многу скапо приватно училиште - најнапредно од

најнапредните). Додека ја гледав Рејчел, почнав да ги поврзувам работите што веќе ги знаев за вашата култура и за оние

култури кои вие ги сметате за примитивни. Тогаш с уште ги немав развиено теориите коишто ги слушна овде. Во

општествата кои вие ги сметате за примитивни, младите луѓе ‘завршуваат’ со детството на возраст од тринаесет или

четиринаесет години и на оваа возраст тие веќе имаат научено с што им е потребно за да функционираат како возрасни

во нивната заедница. Тие всушност имаат научено толку многу што, дури и остатокот од заедницата да исчезне преку

ноќ, тие ќе можат да преживеат без никаква тешкотија. Тие знаат како да ги направат орудијата потребни за ловење и

рибарење. Тие знаат како да изградат засолништа и да направат облека. На возраст од тринаесет или четиринаесет

години, нивната преживувачка вредност изнесува сто проценти. Претпоставувам дека знаеш што сакам да кажам со тоа.” “Се разбира”

“Во вашиот многу понапреден систем, младите луѓе дипломираат на возраст од осумнаесет години и нивната

преживувачка вредност е речиси нула. Ако остатокот од заедницата исчезне преку ноќ и тие бидат оставени само на

нивните ресурси, ќе имаат среќа ако воопшто преживеат. Без орудија - и без урудија за создавање други орудија, тие

нема да можат да ловат или да рибарат многу ефикасно (или воопшто). И повеќето нема да знаат дека дивите растенија се

добри за јадење. Тие нема да знаат како да направат облека или да изградат засолниште.”

“Тоа е точно.”

“Кога младите луѓе од вашата култура ќе дипломираат (освен ако нивните фамилии не продолжат да се грижат за нив),

тие мораат веднаш да најдат некој да им даде пари за да можат да ги купуваат работите коишто им се потребни за да

преживеат. Со други зборови, тие мораат да најдат работа. Мислам дека би можела да објасниш зошто е тоа така.”

Јас климнав со главата. “Затоа што храната е заклучена.”

“Точно. Сакам да ја видиш врската помеѓу овие две работи. Бидејќи немаат сопствена преживувачка вредност, тие мораат да најдат работа. Тие немаат никаков друг избор, освен ако не се независно богати. Ако не најдат работа, ќе

гладуваат.”

“Да, го разбирам тоа.”

39

“Се надевам сфаќаш дека возрасните во вашето општество секогаш велат дека вашите училишта ја вршат нивната работа

многу лошо. Тие се најнапредни во историјата на светот, но с уште ја вршат нивната работа многу лошо. Зошто вашите

училишта не го прават она што луѓето го очекуваат од нив, Џули?”

“Господи, не знам. Ова е нешто што не ме интересира многу. Јас едноставно се исклучувам кога луѓето зборуваат за

такви работи.”

“Ајде, Џули. Не мораш да слушаш многу внимателно за да го знаеш ова.” Јас крикнав. “Оцените на тестовите се лоши и непотребни. Училиштата не ги подготвуваат луѓето за работа. Училиштата

не ги подготвуваат луѓето да имаат подобар живот. Претпоставувам дека некои луѓе би рекле дека училиштата би

требало да ни дадат одредена преживувачка вредност. Би требало да бидеме успешни кога ќе дипломираме.”

“За тоа се создадени училиштата, нели? Тие се создадени да ги подготват децата да имаат успешен живот во вашето

општество.”

“Точно.”

Ишмаел климна со главата.“Ова ве учи Мајката Култура, Џули. Тоа е една од нејзините најелегантни измами. Затоа што

вашите училишта воопшто не се создадени за тоа.”

“За што се создадени, тогаш?”

“Ми беа потребни неколку години да го сфатам тоа. Тогаш с уште не бев способен да ги разоткривам овие измами. Тоа

беше мојот прв обид и бев малку бавен. Училиштата се создадени за да го регулираат протокот на млади натпреварувачи

на пазарот на работни места.” “Леле,” реков. “Го сфаќам тоа.”

“Пред сто и педесет години, кога Соединетите Држави с уште биле аграрно општество, немало причина да се држат

младите луѓе подалеку од пазарот на работни места после возраста од осум или десет години и не било необично децата

да го напуштат училиштето на таа возраст. Само мал дел од нив оделе на колеџ за да учат професии. Со зголемување на

урбанизацијата и индустријализацијата, ова почнало да се менува. До крајот на деветнаесетиот век, осум години на

училиште станале правило, а не исклучок. Како што урбанизацијата и индустријализацијата продолжувала да се забрзува

низ 1920-те и 1930-те, дванаесет години на училиште станале правило. По Втората Светска Војна, напуштањето на

училиштето пред крајот на дванаесет годишна возраст воопшто не било охрабрувано, и исто така дополнителните четири

години на колеџ повеќе не биле сметани за привилегија само на елитите. Секој треба да оди на колеџ, барем на неколку

години. Да?”

Јас ја кренав раката нагоре “Имам прашање. Мене ми изгледа дека урбанизацијата и индустријализацијата би имале целосно спротивен ефект. Наместо да ги држи младите луѓе подалеку од пазарот на работни места, системот би се

обидувал да ги донесе на пазарот за работни места.”

Ишмаел климна со главата. “Да, на површината тоа звучи возможно. Но замисли што би се случило ако вашиот

образовен систем одлучи дека средното образование не е потребно.”

Размислував за тоа неколку секунди и реков, “Да, разбирам што сакаш да кажеш. Би имало дваесет милиони деца кои се

натпреваруваат за работни места коишто не постојат. Бројката на невработени би скокнала до небото.”

“Тоа буквално би била катастрофа, Џули. Гледај, не е важно само да ги држиш овие четиринаесет годишни деца подалеку

од пазарот на работни места, исто така е многу важно да ги држиш дома како конзумери кои не заработуваат.”

“Што значи тоа?”

“Оваа возрасна група повлекува голема сума на пари, - проценката е двесте милијарди долари годишно - од џебовите на

нивните родители за да бидат потрошени на книги, облека, игри, компактни дискови и слични работи кои се дизајнирани

специјално само за нив и никој друг. Многу големи индустрии зависат од младите конзумери. Сигурно си свесна за тоа.” “Да, претпоставувам. Само никогаш не сум размислувала за ова на овој начин.”

“Ако одеднаш почне да се очекува од овие тинејџери да заработуваат пари и да не бидат повеќе слободни да извлекуваат

милијарди долари од џебовите на нивните родители, овие тинејџерско-ориентирани индустрии би исчезнале преку ноќ,

додавајќи милиони луѓе на пазарот за работни места.”

“Разбирам што сакаш да кажеш. Кога четиринаесетгодишните деца би морале да се издржуваат самите, тие не би ги

трошеле нивните пари на најк патики, компјутерски игри и дискови.”

“Пред педесет години, Џули, тинејџерите оделе во кино да гледаат филмови наменети за возрасни луѓе и носеле облека

дизајнирана за возрасни луѓе. Музиката којашто ја слушале не била музика пишувана и изведувана за нив, тоа била

музика напишана и изведувана за возрасни луѓе - од возрасни луѓе како Кол Портер, Глен Милер и Бени Гудмен. За да

бидат дел од големата повоена мода, младите девојки ги краделе белите бизнисменски кошули на нивните татковци.

Такво нешто никогаш не би се случило денес.” “Тоа е сигурно.”

Ишмаел замолкна неколку минути. Потоа рече, “Пред малку спомена слушање на учителот како објаснува како

Конгресот донесува некој закон. Претпоставувам дека ова сте го учеле на училиште.”

“Така е. По предметот граѓанско општество.”

“Дали ти всушност знаеш како Конгресот донесува некој закон?”

“Не знам, Ишмаел.”

“Дали си имала тест за тоа?”

“Сигурно.”

“Дали си го положила тој тест?”

“Секако. Јас никогаш не паѓам на тестови.”

“Значи, ти наводно си ‘научила’ како Конгресот донесува некој закон, си положила тест на таа тема и многу брзо си заборавила на тоа.”

“Точно.”

“Дали можеш да поделиш една дропка со друга?”

40

“Мислам дека можам.”

“Дај ми пример.”

“Да видиме. Имаш половина пита и сакаш да ја поделиш на третини. Едно парче ќе биде шестина.”

“Тоа е пример за множење, Џули. Една половина помножена со една третина е еднаква на една шестина.”

“Да, во право си.”

“Си учела делење на дропки во четврто одделение, Џули.” “Не се сеќавам многу јасно.”

“Обиди се повторно да се сетиш на пример во кој би поделила една дропка со друга.”

Се обидов и морам да признаам дека тоа беше премногу за мене.

“Ако поделиш половина пита со три, добиваш шестина од питата. Тоа е јасно. Ако поделиш половина пита со два,

добиваш четвртина од питата. Ако поделиш половина пита со еден, што добиваш?”

Го гледав бледо.

“Ако поделиш половина пита со еден, добиваш половина пита, се разбира. Секој број поделен со еден е самиот тој број.”

“Точно.”

“Значи, што ќе добиеш ако поделиш половина пита со половина?”

“Оф леле. Една цела пита?”

“Се разбира. И што ќе добиеш ако поделиш половина пита со третина?”

“Три половини, мислам. Една и пол пита.” “Точно. Кога си била четврто одделение, ти си поминала многу недели обидувајќи се да го совладаш овој концепт, но се

разбира тој е премногу апстрактен за деца од четврто одделение. Но претпоставувам дека си го положила тестот.”

“Сигурна сум дека сум го положила.”

“Значи, си научила онолку колку што ти било потребно за да го положиш тестот и потоа многу брзо си заборавила на тоа.

Дали знаеш зошто си заборавила на тоа?”

“Сум заборавила затоа што, кому му е гајле?”

“Токму така. Си го заборавила тоа од истата причина од која си заборавила како Конгресот донесува некој закон, затоа

што не си имала никаква корист од тоа во животот. Всушност, луѓето многу ретко паметат работи од кои немаат никаква

корист.”

“Тоа е точно.”

“Колку се сеќаваш од она што си го учела на училиште минатата година?” “Речиси ништо, би рекла.”

“Дали мислиш дека си поразлична од твоите соученици по ова прашање?”

“Не, воопшто.”

“Значи, повеќето од вас не се сеќаваат речиси на ништо од она што го учеле на училиште низ годините.”

“Токму така. Очигледно сите знаеме да читаме и да пишуваме и да пресметуваме проста аритметика - или подобро

кажано, повеќето од нас знаат.”

“Тоа многу добро ја потврдува мојата теорија, нели? Читањето, пишувањето и аритметиката се работи од кои имате

корист во животот.”

“Да, тоа е точно.”

“Еве едно интересно прашање за тебе, Џули. Дали вашите учители очекуваат да запомните с што сте учеле минатата

година?”

“Не, не верувам. Тие очекуваат да се сеќаваш дека си слушнал за тоа. Ако учителката рече, ‘силите на плимата и осеката,’ таа очекува сите да климнат со главата и да кажат, ‘Да, го учевме тоа минатата година.’ ”

“Дали ја разбираш операцијата на силите на плимата и осеката, Џули?”

“Па, знам што е тоа. Но зошто океаните се шират на двете страни на земјата во исто време нема никаква смисла за мене.”

“Но не си ѝ го кажала ова на твојата учителка.”

“Секако дека не. Мислам дека добив 97 поени на тој тест. На оцената се сеќавам подобро отколку на предметот.”

“Но сега си во ситуација да сфатиш зошто си поминала толку многу години на училиште учејќи работи кои веднаш ги

забораваш откако ќе го положиш тестот.”

“Да?”

“Да. Обиди се.”

Се обидов. “Тие мораат да ни дадат нешто да правиме за време на годините поминати далеку од пазарот на работни

места. И мораат да направат тоа да изгледа добро. Мора да изгледа дека е нешто мноооогу корисно. Не можат едноставно да ни дозволат да пушиме марихуана и да слушаме рокенрол дванаесет години.”

“Зошто не, Џули?”

“Затоа што не би изгледало добро. Лагата би била разоткриена. Сите би знаеле дека сме таму само за да губиме време.”

“Кога набројуваше работи кои луѓето ги сметаат за погрешни со вашите училишта, ти нагласи дека тие не ја вршат добро

работата во подготвување на луѓето да најдат работа. Зошто мислиш дека не ја вршат добро работата?”

“Зошто? Не знам. Не сум сигурна ниту дека го разбирам прашањето.”

“Сакам да размислуваш за ова на начинот на кој јас би размислувал.”

“Ох,” реков. Единствено тоа успеав да го кажам наредните три минути. Потоа признав дека не знам како да размислувам

на начинот на кој тој би размислувал.

“Што мислат луѓето за овој неуспех на училиштата, Џули? Тоа ќе ти покаже што ве учи Мајката Култура.”

“Луѓето мислат дека училиштата се неспособни. Претпоставувам дека тоа го мислат.” “Пробај да ми кажеш нешто со кое ќе се чувствуваш многу посигурна, а не само една обична претпоставка.”

Размислував за тоа некое време и реков, “Децата се мрзеливи, а училиштата се неспособни и не се доволно

финансирани.”

41

“Добро. Тоа е она што ве учи Мајката Култура. Што би направиле училиштата кога би имале повеќе пари?”

“Кога училиштата би имале повеќе пари, би можеле да набават подобри учители или да им платат повеќе пари на

учителите и претпоставувам теоријата е дека повеќе пари би ги инспирирале учителите да работат подобро.”

“А што е со мрзеливите деца?”

“Дел од парите би биле употребени за купување на подобри уреди и книги и поубави тапети, и децата не би биле повеќе

мрзеливи. Нешто слично на тоа.” “Да претпоставиме дека овие напредни и нови училишта ќе произведат нови и напредни матуранти. Што ќе се случи

тогаш?”

“Не знам. Претпоставувам дека полесно ќе најдат работа.”

“Зошто, Џули?”

“Затоа што ќе имаат подобри вештини. Тие ќе знаат како да ги прават работите што работодавачите ги сакаат.”

“Одлично. Значи Џони Смит нема да мора да работи како помошник во продавницата, нели? Тој може да аплицира за

работа како асистент менаџер.”

“Точно.”

“И тоа е прекрасно, нели?”

“Да, претпоставувам.”

“Но знаеш, братот на Џони Смит заврши училиште пред четири години, пред да бидат нови и напредни.”

“Па што?” “И тој исто така отиде да работи во продавницата. Но се разбира, бидејќи немаше вештини, мораше да започне како

помошник.”

“Ох. Точно.”

“И сега, после четири години и тој исто така сака да аплицира за работното место како асистент менаџер.”

“Аха,” реков.

“А тука е и Џени Џонс, уште една од твоите нови и напредни матуранти. Таа не мора да ја прифати работата како низок

административен асистент во сметководствената фирма. Таа може веднаш да започне да работи како канцелариски

менаџер. И тоа е прекрасно, нели?”

“Досега е.”

“Но нејзината мајка почнала да работи пред неколку години и бидејќи немала никакви вештини, таа морала да започне да

работи како низок административен асистент во истата фирма. Сега таа е подготвена да биде унапредена во канцелариски манаџер.”

“Лошо.”

“Како ќе им се допаднат на луѓето твоите нови и напредни училишта коишто ги подготвуваат учениците за подобри

работни места?”

“Нема да им се допаднат.”

“Сега дали знаеш зошто училиштата не си ја вршат добро работата во подготвување на матурантите за работни места?”

“Секако. Матурантите мораат да започнат од дното на скалата.”

“Значи, гледаш дека вашите училишта го прават она што вие всушност сакате да го прават. Луѓето си замислуваат дека

сакаат да ги видат нивните деца како го започнуваат нивното работно место со вистински корисни бизнис вештини, но

ако навистина го направат тоа, тие веднаш ќе почнат да се натпреваруваат за работните места со нивните родители, а тоа

би било катастрофа. И ако матурантите излезат од училиште со напредни вештини, кој ќе ги пакува производите, Џули?

Кој ќе ги подготвува хамбургерите?” “Претпоставувам дека возраста би играла улога.”

“Сакаш да кажеш дека ќе им кажеш на Џони и Џени дека не можат да ги добијат работните места кои ги сакаат, не затоа

што другите се поквалификувани, туку затоа што другите се постари?”

“Точно.”

“Тогаш, зошто би им давале вештини на Џони и Џени кои би им овозможиле да ги работат овие работи?”

“Претпоставувам дека ако завршат училиште со овие вештини, тогаш барем ќе ги имаат кога ќе дојде нивното време.”

“Каде ги добиле овие вештини нивните родители?”

“На работното место, претпоставувам.”

“Сакаш да кажеш, додека ги пакувале производите, ги метеле подовите, пумпале бензин и ги подготвувале

хамбургерите.”

“Да, претпоставувам.” “Зарем нема твоите напредни матуранти да ги добијат овие вештини на самото работно место, како што ги добиле

нивните родители?”

“Да.”

“Тогаш, што ќе добијат со тоа што ќе ги научат однапред, бидејќи и онака ќе ги научат на работното место?”

“Претпоставувам дека нема никаква предност,” реков.

“Сега да видиме дали можеш да откриеш зошто вашите училишта произведуваат матуранти со нула преживувачка

вредност.”

“Во ред... За почеток, Мајката Култура вели дека би било бесмислено да се произведуваат матуранти со висока

преживувачка вредност.”

“Зошто е тоа така, Џули?”

“Затоа што не им е потребна. Потребна им е на примитивните луѓе, секако, но не и на цивилизираните луѓе. Би било губење на време за луѓето да учат како да преживуваат самите.”

Ишмаел ми рече да продолжам.

42

“Претпоставувам дека ако го управуваше овој разговор, ќе прашаше што би се случило доколку произведевме клас од

нови и напредни ученици со стопроцентна преживувачка вредност.”

Тој климна со главата.

Размислував некое време за тоа. “Првото нешто што го помислив е дека ќе одат да работат како водичи низ дивината или

нешто слично. Но тоа е многу глупаво. Ако тие имаат стопроцентна преживувачка вредност, тогаш воопшто нема да им

биде потребна работа.” “Продолжи.”

“Заклучувањето на храната нема да ги задржи во затворот. Тие ќе бидат надвор. Тие ќе бидат слободни.”

Ишмаел повторно климна со главата. “Се разбира дека некои од нив би избрале да останат - но тоа би било прашање на

избор. Се осмелувам да кажам дека Доналд Трамп или Џорџ Буш или Стивен Спилберг не би имале никаква наклоност да

го напуштат затворот на Земачите.”

“Се обложувам дека би биле повеќе од само неколкумина. Се обложувам дека половината би останале.”

“Продолжи. Што би се случило тогаш?”

“Дури и ако половина останат, вратата ќе биде отворена. Луѓето едноставно ќе почнат да излегуваат надвор. Многумина

ќе останат, но исто така многумина ќе излезат.”

“Сакаш да кажеш дека за многу од вас, наоѓањето работа и работењето до пензија не изгледаат како многу добра опција.”

“Секако дека не,” реков.

“Сега знаеш зошто вашите училишта произведуваат матуранти без преживувачка вредност.” “Точно, знам. Затоа што немаат никаква преживувачка вредност, тие се принудени да станат дел од економијата на

Земачите. Дури и да сакаат да излезат од таа економија, тие не можат.”

“Уште еднаш, важната работа којашто треба да се напомене е дека, со сето ваше жалење, вашите училишта го прават она

што вие всушност сакате да го прават, а тоа е да создаваат работници кои немаат избор освен да станат дел од вашиот

економски систем. Луѓето со средно образование се генерално осудени да работат на физички работни места. Тие

можеби се исто толку интелегентни и талентирани како луѓето со факултетско образование, но тие не го демонстрирале

тоа со преживување на дополнителни четири години учење - учење кое, најчесто, не е многу покорисно во животот од

учењето претходните дванаесет години. И покрај тоа, студент со факултетска диплома добива пристап до

административните работни места кои генерално се недостапни за луѓето со средно образование.

“Знаењето кое го стекнуваат на училиште физичките и административните работници не е многу важно - и во нивните

работни животи и во нивните приватни животи. Многу мал дел од нив ќе бидат повикани да поделат една дропка со друга, да анализираат реченица, да сецираат жаба, да критикуваат поема, да докажуваат теорија, да дискутираат за

економската политика на Жан Батист Колберт, да направат разлика помеѓу Спенсерова и Шекспирова сонета, да објаснат

како Конгресот донесува закони, или да објаснат зошто океаните се шират на спротивните страни од светот под дејство

на силите на плимата и осеката. Всушност, дури и да дипломираат без да можат да ги направат сите овие работи, тоа

воопшто не е важно. Работата после дипломирањето очигледно е многу различна. Докторите, адвокатите, научниците

итн, навистина мораат да го користат она што го научиле на училиште во реалниот живот, што значи дека за овој мал

процент од популацијата, одењето на училиште прави нешто повеќе од само држење понастрана од пазарот на работни

места.

“Измамата на Мајката Култура е во тоа дека училиштата постојат за да им служат на потребите на луѓето. Всушност, тие

постојат за да и служат на потребите на вашата економија. Училиштата произведуваат матуранти кои не можат да живеат

без работа, но исто така немаат работни вештини, а ова и служи одлично на потребите на вашата економија. Она што го

гледате во вашите училишта не е дефект на системот, туку потреба на системот и тие ја достигнуваат таа потреба со сто процентна ефикасност.”

“Ишмаел,” реков, и нашите очи се сретнаа. “Сето ова си го сфатил самиот?”

“Да, но ми беа потребни неколку години, Џули. Јас размислувам многу бавно.”

Школски денови 2

Ишмаел ме праша дали сум гледала некои помлади роднини како растат од бебиња и јас му реков не.

“Тогаш не би знаела од искуство дека малите деца се најмоќните машини за учење во универзумот. Тие без никаков

напор ги учат сите јазици коишто се зборуваат во нивната куќа. Никој не мора да ги седне во училница и да учи

граматика и изговор. Тие не пишуваат домашна работа, не полагаат тестови, немаат оцени. Учењето на нивните домашни

јазици воопшто не е проблем, затоа што тоа е неизмерно корисно и пријатно за нив. “С што учиш овие години е неизмерно корисно и пријатно, дури и ако тоа е само да научиш како да ползиш или како да

изградиш кула од карти или да удираш во тава со лажица. Учењето на малите деца единствено е ограничено од она што

тие можат да го видат, помирисаат или да го допрат. Нагонот за учење продолжува кога одат во градинка, барем некое

време. Дали се сеќаваш какви работи учеше во градинка?”

“Не, не можам да кажам дека се сеќавам.”

“Ова се работите кои Рејчел ги научила пред дваесет години, но се сомневам дека нешто е променето денес. Таа ги

научила имињата на сите основни и секундарни бои - зелена, жолта, сина, црвена итн. Ги научила имињата на основните

геометриски форми - коцка, круг, триангл. Научила како да гледа на часовник. Ги научила деновите во неделата. Научила

да брои. Ги научила основните делови на парите - пени, паричка итн. Ги научила месеците и годишните времиња.

Очигледно ова се работи кои сите би ги научиле без разлика дали ги учеле на училиште или не, но тие се несомнено

корисни, па повеќето деца ги учат многу лесно во градинка. По повторувањето на сето ова во прво одделение, Рејчел продолжи да учи собирање и одземање и да ги унапредува почетните читачки вештини (иако таа знаеше да чита уште од

четири години). Уште еднаш, децата овие учења генерално ги сметаат за многу корисни и пријатни. Меѓутоа, немам

намера да поминувам низ целиот наставен програм на овој начин. Тоа што сакам да го кажам е дека, од градинка до трето

43

одделение, повеќето деца владеат со овие вештини коишто им се потребни на граѓаните за да можат да живеат во вашата

култура, најчесто прикажани како ‘трите Р’- читање, пишување и аритметика. Ова се вештини кои, дури и на возраст од

седум или осум години, децата ги употребуваат и уживаат да ги употребуваат. Пред сто и педесет години ова било

основното образование на граѓаните. Одделенијата од четврто до дванаесетто биле додадени во наставната програма за

да ги држат младите подалеку од пазарот на работни места и вештините кои се учат низ овие години се оние кои

најголемиот број на ученици ги сметаат за бескорисни и непријатни за учење. Собирање, одземање, множење, делење на дропки, ги претставуваат овие вештини. Ниту едно дете (и многу малку возрасни) нема прилика да ги користи, но тие се

достапни да бидат додадени во наставната програма и затоа се додадени. Тие одземаат многу месеци, и сето ова е многу

корисно, затоа што крајната цел е да пополни времето на ученикот. Ти спомена други предмети како граѓанско право и

науки за земјата, коишто претставуваат одлични можности за активности кои го пополнуваат времето. Се сеќавам дека

Рејчел мораше да ги запомни главните градови на државите. Мојот најомилен пример за оваа тенденција го забележав

кога таа беше осмо одделение. Таа научи да пополнува федерален даночен формулар, нешто што не би морала да го

прави најмалку наредните пет години во нејзиниот живот, а дотогаш таа сигурно би заборавила на формуларот, којшто

дотогаш сигурно ќе биде многу поразличен. И се разбира, секое дете поминува многу години учејќи историја -

национална, државна и светска, античка, средновековна и модерна - од која тие запомнуваат само еден процент.”

Јас реков, “Мислев дека ќе го прифатиш учењето на историјата.”

“Го прифаќам. Го прифаќам учењето на с , затоа што децата сакаат да знаат с . Тоа што децата сакаат да го знаат од

историјата е како работите станале такви какви што се - но никој во вашата култура не би помислил да ги научи тоа. Наместо тоа, тие се преплавени со десет милиони имиња, датуми и со факти кои ‘мораат’ да ги знаат, но сето тоа

исчезнува од нивните глави во моментот кога повеќе не им се потребни за да го положат тестот. Тоа е како да му дадеш

медицински текст од илјада страни на четиригодишно дете кое сака да знае од каде доаѓаат бебињата.”

“Да, тоа е апсолутно точно.”

“Ти, овде во оваа соба ја учиш историјата што е важна за тебе, нели?”

“Да.”

“Дали ќе ја заборавиш некогаш?”

“Не. Никогаш.”

“Децата ќе го научат сето она што сакаат да го научат. Тие нема да научат на училиште како да пресметуваат проценти,

но без никаков напор ќе научат како да пресметуваат обложувачки просек (кој во основа е исто така проценти). Тие нема

да научат физика на училиште, но без никаков напор, работејќи на нивните компјутери, ќе ги поразат најсофистицираните компјутерски безбедности системи.”

“Точно, точно, точно.”

“Ако ги набљудуваш вистинските списанија, весници или телевизиски програми, ќе можеш да видиш извештај барем

еднаш неделно за некоја нова шема создадена да ги ‘поправи’ вашите училишта. Она што луѓето подразбираат под

поправање на училиштата е да ги направат да функционираат за луѓето наместо само да ги задржуваат дванаесет години,

а потоа да ги ослободат целосно неспособни за пазарот на работни места. За да создадат нешто што функционира за

луѓето, луѓето од вашата култура мораат да измислат нешто од почеток. Никогаш не им паднало на памет дека можеби се

обидуваат повторно да ја измислат топлата вода. Во случај овој израз да ти е непознат, ‘повторно измислување на топла

вода’ значи да се трудиш да копираш откритие кое било направено одамна.

“Помеѓу племенските луѓе, образовниот систем функционира толку добро што не е потребен никаков напор од ниту една

страна, не наметнува никакви тешкотии врз учениците и произведува матуранти кои се безгрешно обучени да го заземат

нивното место во нивното општество. Меѓутоа, да се зборува за тоа како за систем би било погрешно, ако очекуваш да видиш големи згради со стражари и нивни претпоставени, под водство на регионални и локални училишни одбори. Такви

работи не постојат. Системот е целосно невидлив и нематеријален и ако ги прашаш племенските луѓе да ти го објаснат,

тие нема ниту да знаат за што зборуваш. Образованието меѓу нив се случува константно и без никаков напор, што значи

дека тие не се повеќе свесни за неговото функционирање отколку што се свесни за функционирањето на гравитацијата.

“Образованието меѓу нив се случува константно и без никаков напор исто како и во секое семејство каде што има

тригодишно дете. Освен ако не го заробиш во детски кревет или ограда за деца, тогаш едноставно нема начин да го

спречиш детето од учење. Три годишното дете е истражувачки ѕвер со илјадници раце кои допираат насекаде. Тоа мора

с да допре, с да мирисне, с да проба, с да преврти наопаку, да види како е да се плови низ воздухот итн.

Четиригодишното дете исто така е жедно за знаење, но повеќе нема потреба да ги повторува експериментите на

тригодишното дете. Тоа веќе допрело, мириснало, пробало, превртело с наопаку и голтнало с што е потребно. Тоа е

подготвено да оди напред и надвор - исто како и петгодишното дете, шестгодишното дете, седумгодишното дете, осумгодиншното дете, деветгодишното дете, десетгодишното дете итн. Но ова не е дозволено во вашата култура. Тоа би

било премногу хаотично. Почнувајќи од пет годишна возраст, детето мора да биде задржано, затворено и принудено да

го научи не она што сака да го научи, туку она што вашите закони и уредувачи на наставната програма се сложуваат дека

‘мора’ да го научи, во чекор со сите останати деца

“Ова не се случува во племенските општества. Во племенските општества, тригодишното дете е слободно да го

истражува светот околу него колку што сака, а тоа не е многу далеку во споредба со тоа кога ќе има четири, пет, шест,

седум или осум години. Едноставно нема ѕидови кои го задржуваат детето на која било возраст, нема затворени врати.

Нема одредена возраст кога ‘треба’ да научи некоја одредена работа. Ниту пак некој би помислил на такво нешто.

Конечно, сите работи коишто ги прават возрасните се чудесни за едно дете и после некое време сака да ги прави и тоа

самото - но не значи дека сака да ги прави истиот ден, истиот месец, или истата година како и сите останати деца. Овој

процес, Џули, не е културолошки, туку е генетски. Сакам да кажам дека децата не учат да ги имитираат своите родители. Како може такво нешто да биде научено? Вродено е децата да ги имитираат своите родители. Тие се раѓаат со желбата

да ги имитираат своите родители, исто како што патките се раѓаат со желбата да го следат првото нешто што ќе го видат,

а тоа најчесто е нивната мајка. До кога функционира ова, Џули?”

44

“Што?”

“Детето копнее да научи да ги прави сите работи коишто ги прават неговите родители, но овој копнеж на крајот

исчезнува. Кога?”

“Господи, од каде јас да знам?”

“Знаеш многу добро, Џули. Овој копнеж исчезнува со почетокот на пубертетот.”

“Леле,” реков. “Секако.” “Почетокот на пубертетот го сигнализира крајот на учењето на детето од неговите родители. Го сигнализира крајот на

самото детство. Повторно, ова не е културолошки, туку е генетски. Во племенските општества, младите луѓе на

пубертетска возраст се сметаат за подготвени за преминување во полнолетство - и мораат да преминат во полнолетство.

Не можеш повеќе да очекуваш оваа личност да сака да ги имитира возрасните. Копнежот исчезнува и таа фаза од

животот е завршена. Во племенските општества, тие прават посебна церемонија за да го објават ова, на сите да им биде

јасно.

‘Вчера овие луѓе беа деца. Денес се возразни. Толку.’

“Фактот дека оваа трансформација е генетска е демонстриран со вашиот неуспех да ја уништите со културолошки

средства - закони и образование. Всушност, вие имате донесено закон кој го продолжува детството неограничено и сте го

редефинирале полнолетството како морална привилегија која на крајот може да биде само себе-наградувачка, која се

темели на многу нејасни работи. Во племенските општества, луѓето стануваат возрасни исто како што вашите

претседатели стануваат претседатели и воопшто не се сомневаат дека се возрасни, исто како што Џорџ Буш не се сомнева дека е претседател. Повеќето возрасни во вашата култура, од друга страна пак, никогаш не се потполно сигурни кога

успеале да ја преминат границата - или дали воопшто некогаш успеале да ја преминат границата.”

“Тоа е точно,” реков. “Мислам дека сето ова има врска со бандите.”

“Секако дека има. Можеш да го откриеш тоа, сигурен сум.”

“Мислам дека децата од бандите се бунтуваат против законот кој го продолжува детството во бескрајна иднина.”

“Да, но не го прават тоа свесно, се разбира. За нив, едноставно е неподносливо да живеат под тој закон, неподносливо е

постојано да биде барано од нив да го отфрлат генетскиот код кој им вели дека се возрасни. Се разбира, бандите цветаат

само во релативно сиромашни групи. Другите групи се доволно добро наградени за да ги заборават нивните возрасни

привилегии уште неколку години. Децата се единствените кои не добиваат никаква награда за тоа - или барем не

добиваат награда која ќе им значи нешто - и затоа завршуваат во банди.”

“Да, тоа е точно.” “Скршнавме малку од патот. Сакав да ти покажам образовен модел кој функционира за луѓето. Тој функционира многу

едноставно, без никаков трошок, без никаков напор, без никаква администрација. Децата едноставно одат каде што

сакаат и го поминуваат времето со кого сакаат за да ги научат работите коишто сакаат да ги научат, кога сакаат да ги

научат. Образованието на секое дете не е идентично. А зошто би било? Идејата не е дека секое дете треба да го добие

целото наследство, туку дека секоја генерација треба да го добие целото наследство. И тоа се случува, без грешка; ова е

докажано со фактот дека општеството продолжува да функционира, генерација по генерација, а тоа не би можело да се

случи ако наследството не било пренесено точно и целосно, генерација по генерација.

“Очигледно е дека многу детали се изоставаат од една генерација до друга. Озборувањето не е наследство. Настаните

стари петстотини години не се запаметени на начинот на кој се запаметени настаните стари педесет години. Настаните

стари педесет години не се запаметени на начинот на кој се запаметени настаните од претходната година. Но сите

разбираат дека с што не е пренесено на помладата генерација е изгубено, целосно и неповратно. Но секогаш клучните

работи се пренесени, токму поради тоа што се клучни. На пример, вештините за правење на алати коишто се потребни секојдневно не можат да бидат изгубени - токму поради тоа што се користат секојдневно и децата ги учат рутински исто

како што децата од вашата култура учат да ги користат телефоните и далечинските управувачи. Денешните шимпанза

учат како да ги подготват и да ги употребат гранките за да можат да ловат мравки внатре во мравјалникот. Кога

вештината е откриена, таа се пренесува безгрешно, генерација по генерација. Однесувањето не е генетско, но

способноста за учење е генетска.”

Му реков на Ишмаел дека се обидува да ми покаже нешто што не допира многу до мене. На мое големо изненадување,

тој посегна по дршка од целер којашто ја гризна толку силно што звучеше како истрел од пиштол. Џвакаше малку пред

да продолжи да зборува.

“Еднаш една истакната стара патка со сини крилја по име Тити свикала голема конференција на истакнати стари патки,

која требала да се одржи на Островот Вајт на Англискиот канал. Кога конечно се собрале, една не толку истакната патка

по име Ооли истапила напред за да каже неколку воведни зборови. ‘Сигурен сум дека сите знаете кој е Тити,’ тој почнал, ‘но, во случај да не знаете, ќе ви кажам. Тој е, без сомнение,

најголемиот научник на денешницата и светски авторитет за авијациска миграција, којашто тој ја изучувал подолго и

подлабоко од која било друга патка во историјата. Не знам зошто не повика сите овде, но не се сомневам дека неговите

причини се одлични.’ И со тоа, Ооли му ја препуштил конференцијата на Тити.

“Тити ги разбушавил малку своите пердуви за да го привлече вниманието на сите и потоа рекол, ‘Дојдов овде денес да ви

претставам една многу важна иновација во врска со одгледувањето на вашите младенчиња.’ Па, Тити сигурно им го

привлекол вниманието на патките со оваа изјава и бил опсипан со прашања од останатите патки кои барале да знаат што

наводно било погрешно во навиките на одгледување на младите пилиња коишто функционирале со генерации и

генерации.”

“‘Ја разбирам и ја прифаќам вашата навреденост,’рекол Тити, кога успеал конечно да ги смири. ‘Но за да ја разберете

мојата поента, ќе морате да разберете и да прифатите дека јас сум многу поразличен од вас. Како што спомена мојот стар пријател Ооли, јас сум најголемиот светски авторитет за авијациска миграција. Тоа значи дека јас имам длабоко

теоретско разбирање за процесот којшто вие едноставно го доживувате на несвесен и рутински начин. Eдноставно

45

кажано, секоја година за време на пролетта и есента вие доживувате одреден немир којшто се смирува кога ќе полетате

во еден или друг правец над Англискиот канал. Дали е тоа точно?’

“Сите негови слушатели морале да се сложат дека тоа е точно и Тити продолжил, ‘Не го оспорувам фактот дека вашите

нејасни чувства на немир и служат на основната цел, а тоа е да полетате, но не би сакале да ги видите животите на

вашите деца да бидат управувани од нешто многу посигурно од нејасното чувство на немир? ’

“Кога го прашале да објасни што сакал да каже со тоа, тој рекол, ‘Ако сте биле во можност детаљно да набљудувате како што имаат можност научниците како мене, би знаеле колку долго одолговлекувате, правејќи едно тргнување по друго,

летајки наваму-натаму, полетувате како навистина да сакате да емигрирате, а потоа се враќате после десет или дваесет

милји. Би знаеле колку од вас досега полетале во погрешен правец!’

“Патките во публиката ги рашириле нивните крилја нервозно и ги рабушавиле нивните пердуви за да го прикријат

срамот. Тие знаеле дека сето она што Тити го рекол е вистина (и навистина е точно - не само за патките туку и за сите

птици кои мигрираат) но биле повредени од фактот дека некој всушност го забележал ова нивно однесување. Тие

прашале што може да биде направено за да се подобри нивната ситуација.

“‘Мораме нашите пилиња да ги направиме свесни за елементите на еден идеален миграциски распоред. Мораме да ги

подготвиме да ги набљудуваат временските услови и да го пресметуваат оптималниот момент за полетување.’

“‘Но изгледа дека ти, којшто си научник, веќе знаеш да го правиш тоа,’ посочил еден од неговите слушатели. ‘Зарем не

можеш едноставно да ни кажеш кога да мигрираме?’

“ ‘Тоа би било многу глупаво,’ Тити одговорил. ‘Не можам да бидам насекаде во исто време, правејќи ги сите важни пресметки. Вие морате самите да ги правите тие пресметки онаму каде што се наоѓате, во однос на специфичните услови

во кои се наоѓате.’

“Не е лесно да се слушне патка како вреска во нормални услови, но ова јато од патки испуштило многу гласен вресок

кога ги слушнало овие зборови. Но Тити продолжил, велејќи, ‘Ајде, ајде, не е толку тешко. Вие едноставно треба да

разберете дека миграцијата станува корисна кога погодноста на вашето сегашно живеалиште е помалку погодна од

идното живеалиште помножено со она што се нарекува миграциски фактор, кој е само мерка на опсегот, со кој делот од

вашиот потенцијален репродуктивен успех, којшто е под ваша активна контрола, би се намалил како резултат на оваа

миграција. Знам дека ова можеби ви звучи многу нејасно во моментов, но неколку дефиниции и математички формули

веднаш ќе ви го разјаснат тоа.’

“Па, овие патки биле само обични птици и тие не можеле да си замислат да му се спротивстават на ваков авторитет,

којшто бездруго знаел многу повеќе за миграцијата отколку што знаеле тие. Тие чувствувале дека немаат друг избор освен да ги следат плановите коишто очигледно биле создадени за нивно добро. Набргу тие поминувале долги часови со

своите пилиња обидувајќи се да сфатат и објаснат работи како што се патувачки шеми, навигациски механизми, степен

на враќање и степени на растурање и повторно собирање. Наместо да си играат на утринското сонце, пилињата учеле

пресметување, математичка алатка развиена во седумнаесетиот век од две познати птици наречени Лајбниц и Њутон,

којашто им овозможувала справување со диференцијацијата и интеграцијата на функциите на една или повеќе

променливи. Се очекувало за неколку години секое пиле да биде способно да ги пресмета миграциските променливи.

Временските услови, правецот и брзината на ветрот, дури и тежината на телото и процентот на сало влегувале во

пресметките за миграција.”

“Почетните неуспеси на новиот образовен систем биле спректакуларни, но не и неочекувани. Тити предвидел дека

всушност емигрирачкиот успех ќе биде помал од нормалата првите пет години, но ќе се поврати и ќе ја надмине нормата

во наредните пет години. После дваесет години, тој рекол, многу патки ќе мигрираат поуспешно од било кога. Но кога

патките почнале повторно нормално да мигрираат, било откриено дека повеќе од нив ги заобиколувале пресметките - најчесто ги следеле нивните инстинкти, споредувајќи ги податоците со однесувањето, наместо однесувањето со

податоците. Кога биле воведени построги правила за да се спречи ова, миграцискиот успех забележал огромен пад. На

крајот било заклучено дека обичните родители не биле доволно способни да ги учат нивните деца нешто толку

комплексно како што е миграциската наука. Тоа можеле да го направат само професионалци. Пилињата биле земани од

мала возраст и предадени на нов кадар на специјалисти, кои ги поделиле нивните млади ученици во брутални

натпреварувачки единици, наметнувајќи им високи стандарди, униформирано тестирање и груба дисциплина. Одреден

степен на одбивност кон новиот режим бил очекуван и набргу се материјализирал, во форма на хронично безделничење,

непријателство, депресија и самоубиства помеѓу младите. Новите кадри од офицери, чувари, психотерапевти и советници

се бореле да ги држат работите под контрола, на после кратко време членовите на јатото бегале како да се станари на

зграда која е во пламен.”

“Гледајќи ги остатоците од јатото раштркани на небото, Ооли се запрашал каде погрешиле. Тити си ги разбушавил пердувите и рекол, ‘Погрешивме затоа што не успеавме да земеме во предвид една голема вистина, а тоа е дека патките

се глупави и мрзеливи и сакаат да останат такви.’”

“Проблемите на миграцијата како - кога да се започне, каде да се оди, колку далеку да се оди, кога да се застане - не може

ниту еден компјутер да ги реши, но тие рутински се решаваат не само од животни со релативно голем мозок како

птиците, желките, срните, саламандерите и лососите, туку и од вошките, црвите, комарците, бубачките и полжавите. Тие

не мораат да одат на училиште за да го научат ова. Дали разбираш?”

“Секако дека разбирам.”

“Милиони години на природна селекција создале суштества способни да ги решаваат овие проблеми на многу едноставен

начин кој не е совршен, но функционира, затоа што - погледни! - тие суштества се овде. На истиот начин, милиони

години на природна селекција создале човечки суштества кои се раѓаат со голема желба да го научат сето она што

нивните родители го знаат и се способни за учење чии граници се тешко замисливи. Децата кои растат во семејство во кое се зборуваат четири јазици ќе ги научат тие четири јазици без грешка и без напор за неколку месеци. Не мораат да

одат на училиште. Но за две години -”

46

Ја подигнав раката. “Дозволи ми да ти помогнам, Ишмаел. Мислам дека сфатив. Децата ќе научат с што сакаат да

научат, с што им е од корист. Но за да ги натераш да научат работи коишто не сакаат да ги научат, мораш да ги пратиш

на училиште. Затоа ни се потребни училиштата. Тие ни се потребни за да ги присилиме децата да научат работи од кои

немаат никаква корист.”

“Работи коишто всушност и не ги учат.”

“Работи коишто, всушност, кога с ќе заврши и последното ѕвоно ќе заѕвони, тие не ги научиле.

Одучување на светот

“Но,” јас продолжив, “зарем навистина мислиш дека оригиналниот систем би функционирал во модерниот свет?”

Ишмаел размислуваше за тоа некое време и потоа рече, “Вашите училишта би функционирале совршено доколку... што,

Џули?”

“Доколку луѓето би биле подобри. Доколку учителите би биле брилијантни и децата би биле послушни и вредни и

доволно паметни за да сфатат дека с што ќе научат на училиште навистина ќе биде добро за нив.”

“Вие сте откриле дека луѓето нема да бидат подобри и не сте успеале да најдете начин да ги направите подобри и наместо

тоа, што правите?”

“Трошиме пари.”

“С повеќе и повеќе пари. Не можете да ги направите луѓето подобри, но затоа секогаш можете да трошите повеќе пари.” “Точно.”

“Како се нарекува системот којшто би функционирал само доколку луѓето биле подобри отколку што се сега?”

“Не знам. Дали има посебно име за тоа?”

“Како се нарекува системот којшто е изграден врз основа на тоа дека луѓето во овој систем ќе бидат подобри од било

кога? Сите во овој систем ќе бидат добри, љубезни, несебични, сочувствителни и мирољубиви. Каков е тој систем?”

“Утописки?”

“Точно, Џули. Секој од вашите системи е утописки систем. Демократијата би била рај - доколку луѓето биле подобри. Се

разбира, Советскиот комунизам требало да биде рај исто така - доколку луѓето биле подобри. Вашиот правен систем би

функционирал совршено доколку луѓето биле подобри. И с разбира, вашите училишта би функционирале совршено под

истите услови.”

“Па? С уште не ми е јасно што сакаш да кажеш.” “Го вртам прашање кон тебе, Џули. Дали навистина мислиш дека вашиот утописки училишен систем би функционирал

во современиот свет?”

“Разбирам што сакаш да кажеш. Системот којшто го имаме не функционира. Освен како средство за да ги држи децата

понастрана од пазарот на работни места.”

“Племенскиот систем е систем кој функционира за луѓето онакви какви што се, а не какви што сакаш да бидат. Тоа е

практичен систем којшто функционирал совршено за луѓето стотици илјади години, но вие очигледно мислите дека е

невозможно тој да функционира сега за вас.”

“Едноставно не сфаќам како би функционирал. Како би можел да функционира.”

“Најпрво кажи ми за кого функционира вашиот систем, а за кого не функционира.”

“Нашиот систем функционира за бизнизите, но не функционира за луѓето.”

“А што бараш ти сега?”

“Систем којшто функционира за луѓето.” Ишмаел климна со главата. “За време на раните години во животот на вашите деца, вашиот систем не се разликува од

племенскиот систем. Вие едноставно комуницирате со вашите деца на начин кој е заеднички задоволителен и им ја

давате слободата на куќата - во најголем дел. Нема да им дозволите да се лулаат на лустерите или да ставаат вилјушки во

штекерите, но освен тие неколку работи, тие се целосно слободни да го истражуваат сето она што сакаат да го

истражуваат. На возраст од четири или пет години, децата сакаат да одат понапред и најчесто тоа им е дозволено с

додека се во близина на домот. Дозволено им е да ги посетуваат домовите на другите деца во соседството. На училиуште,

ова би биле часови по општествени науки. На оваа возраст, децата учат дека сите фамилии не се исти. Тие се раликуваат

во бројноста, во навиките, во стилот. На оваа возраст, вашите деца се праќаат на училиште, каде што сите нивни движења

се контролирани преку целиот ден. Но тоа не се случува во племенскиот систем, се разбира. На возраст од шест или

седум години, децата почнуваат да се разликуваат многу во нивните интереси. Некои ќе продолжат да остануваат блиску

до домот, а некои -” Ја кренав раката. “Како ќе научат да читаат?”

“Џули, за време на стотици илјади години, децата успевале да ги научат работите што сакаат да ги научат и мораат да ги

научат. Тоа не се променило.”

“Да, но како учат да читаат?”

“Тие учат да читаат на истиот начин на кој учат да гледаат, со тоа што се во близина на луѓе што гледаат. На истиот

начин научиле и да зборуваат, бидејќи биле во близина на луѓе што зборуваат. Со други зборови, тие учат да читаат со

тоа што се во близина на луѓе што знаат да читаат. Знам дека ти си научена да немаш многу доверба во овој процес. Знам

дека те научиле дека тоа е нешто што треба да биде оставено на ‘професионалците’, но всушност професионалците имаат

многу сомнителен степен на успех. Запомни дека, на еден или друг начин, луѓето од твојата култура успевале да научат

да читаат во период од илјадници години без професионалци да ги учат да го прават тоа. Факт е дека децата што растат

во семејства што знаат да читаат многу брзо учат да читаат.” “Да, но сите деца не растат во семејства кои знаат да читаат.”

“Да претпоставиме дека има дете кое расте во семејство каде што инструкциите на обвивките за храна не можат да бидат

прочитани, каде што телевизиските пораки не можат да бидат разбрани, каде што телефонските сметки на можат да

47

бидат прочитани, каде што родителите се целосно, сто процентно неписмени. Каде што родителите на можат да

препознаат дали во раката држат банкнота од еден долар или банкнота од пет долари.”

“Во ред.”

“На четиригодишна возраст детето почнува да ги зголемува своите познанства. Дали ќе претпоставиме дека сите негови

соседи се сто проценти неписмени? Тоа би било премногу, но сепак да го направиме тоа. На петгодишна возраст детето

го зголемува опсегот уште повеќе и мислам дека би било премногу ако претпоставиме дека целата населба е неписмена. Тој е опкружен со напишани пораки, бомбардиран од напишани пораки - коишто се разбирливи за луѓето околу него,

посебно за неговите врсници, кои воопшто не се скромни во покажување на нивната супериорност. Можеби нема веднаш

да научи да чита на ниво на осмоодделенец, на на оваа возраст во вашите училишта, тој и онака ќе ја учи само азбуката.

Тој учи доволно. Тој учи она што мора да го знае. Без грешка, Џули. Му верувам во тоа. Му верувам дека ќе успее да го

направи она што децата го правеле без никаков напор стотици илјади години. А она што сега му е потребно е да може да

го прави она што го прават неговите врсници.”

“Да, верувам дека е така.”

“На шест или седумгодишна возраст, како што ќе продолжи да се зголемува опсегот на детето, тој ќе посака да има малку

пари во неговите џебови, исто како и неговите другари. Нема да треба да оди на училиште за да научи да ги разликува

парите. И тој ќе ги научи собирањето и одземањето исто како што вдишува воздух, не затоа што е добар математичар,

туку затоа што тоа му е потребно ако сака да напредува.

“Сите деца се фасцинирани од работата што ја вршат нивните родители надвор од домот. Со нашиот нов племенски систем, родителите ќе разберат дека вклучувањето на нивните деца во нивните работни животи е нивната алтернатива на

трошење на стотици милијарди долари годишно на училишта кои во основа се центри за задржување. Не сакам да кажам

дека треба да ги претвориме нашите деца во помошници - тоа е нешто сосем друго. Само треба да им овозможиме

пристап до она што сакаат да го научат, а сите деца сакаат да знаат што прават нивните родители кога ќе го напуштат

нивниот дом. Кога ќе се најдат во некоја канеларија, децата го прават истото она што го прават и дома - ги откриваат сите

тајни, ги пребаруваат сите ормари и секако научуваат како да ракуваат со секоја машина, од фотокопирот до компјутерот.

И ако с уште не знаат да читаат, тие секако ќе научат сега, затоа што нема да можат да прават ништо во канцеларијата

без да знаат да читаат. Ова не значи дека треба на децата да им биде забрането да помагаат. Децата на оваа возраст сакаат

да мислат дека им помагаат на мама и тато - и повторно, ова не е нешто што е научено, туку е генетски.

“Во племенските општества, се зема здраво за готово дека децата сакаат да работат покрај нивните родители. Работниот

круг исто така е и социјален круг. Не зборувам за фабрики. Нема такво нешто во племенските општества. Не се очекува од децата да се однесуваат како работници на подвижна лента. Како ќе научат да ги прават работите ако не им дозволено

да го прават тоа?

“Но, децата многу брзо ќе ги исцрпат можностите на работното место на нивните родители, посебно ако работното место

е тип на место каде што задачите се повторуваат цело време. Ниту едно дете нема долго да биде фасцинирано од редење

на конзерви во продавница. Замисли што с може да научи дванаесет годишно дете кое е музички надарено во музичко

студио. Замисли што с може да научи дванаесет годишно дете со интерес за животните во зоолошка градина. Замисли

што с може да научи дванаесет годишно дете со интерес за цртање во уметничко ателје. Замисли што с може да научи

дванаесет годишно дете со интерес за настапување во еден циркус.

“Секако дека училиштата не би биле забранети, но единствени училишта кои би привлекувале ученици би биле истите

оние кои ги привлекуваат и сега - уметнички училишта, училишта за музика и танци, училишта за воени вештини и така

натаму. Училиштата за вишо образование исто така би привлекувале постари студенти - училишта посветени на научни

студии, технички студии и професии. Важно е да се нагласи дека ниту едно од овие училишта не е центар за задржување. Сите овие се посветени на тоа да им дадат на студентите знаење кое тие всушност го сакаат и им е потребно.

“Би очекувал вообичаената забелешка да биде дека таквиот образовен систем нема да произведе ‘обликувани’ студенти.

Но оваа забелешка само го потврдува недостатокот на доверба во вашите сопствени деца. Со тоа што ќе им дадете

слободен пристап до с во вашиот свет, децата нема да станат образовно обликувани? Мислам дека таа идеја е апсурдна.

Тие ќе станат обликувани онолку колку што сакаат да бидат и нема да се претпоставува дека образованието завршува на

осумнаесет години или на дваесет и две години. Зошто би било така? Овие одредени возрасти би станале образовно

безначајни. И всушност би се покажало дека многу малку луѓе сакаат да бидат мажи или жени на Ренесансата. Зошто би

сакале такво нешто? Ако си задоволен со тоа да не знаеш ништо повеќе од хемија и дрводелство или компјутерска наука

или форензичка антропологија, тоа е твоја работа. Секоја специјалност успева да пронајде кандидати во секоја генерација

коишто сакаат да ја достигнат таа специјалност. Никогаш не сум чул дека некоја специјалност исчезнала затоа што

немала доволно кадидати кои се интересирале за неа. На овој или оној начин, секоја генерација создава неколку луѓе кои сакаат да изучуваат мртви јазици, кои се фасцинирани од послединците на болестите во телото, кои сакаат да ги научат

тајните на однесувањето на стаорците - и ова би важело и за племенскиот систем исто како што важи и денес за вашиот

систем.”

“Но се разбира, тоа што вашите деца ќе бидат слободни да се движат на вашето работно место сериозно ќе ја намали

ефикасноста и продуктивноста. Иако праќањето на училиште е многу лошо за децата, тоа е несомнено одлично за

бизнисот. Системот кој го претставив овде никогаш нема да биде имплементриран помеѓу луѓето од вашата култура с

додека го ставате бизнисот пред луѓето.”

“Значи,” јас реков, “ти го поддржуваш домашното образование.”

“Јас воопшто не го поддржувам домашното образование, Џули. Тоа не е само едноставен каприц којшто го поврзува

образованието на децата со образованието на рибите. Образованието од каков било вид е непотребно и

контрапродуктивно за децата. На децата не им е потребно образование затоа што тие без напор ги изведуваат чудата на учењето. Последните неколку години некои родители ја забележале залудноста на праќањето на нивните деца на

училиште, и училиштата одговориле, ‘Па, добро, ќе ви дозволиме да ги задржите вашите деца дома, но, секако морате да

разберете дека вашите деца мораат да бидат образовани, не можете да им дозволите да го учат само она што сакаат да го

48

учат. Ќе ве проверуваме за да се осигураме дека не им дозволувате да го учат само она што сакаат да го учат, туку дека го

учат она што нашите државни законодавци мислат дека треба да го учат вашите деца.’ На петгодишна или шестгодишна

возраст домашното образование веројатно е помало зло од регуларното образование, но после тоа тешко дека е помало

зло. На децата не им е потребно образование. Ним им е потребен пристап до она што сакаат да го научат - а тоа значи

дека им треба пристап до светот надвор од нивната куќа.”

Му реков на Ишмаел дека можам да се сетам на уште една причина зошто луѓето не би го прифатиле племенскиот систем. “Светот е премногу опасен. Луѓето не би дозволиле нивните деца да талкаат слободно низ градот.”

“Не сум толку сигурен, Џули, дека повеќето урбани подрачја се толку многу поопасни од училиштата. Од она што можам

да го прочитам, децата многу повеќе тежнеат да одат на училиште наоружани со смртоносни оружја отколку

работниците. Многу компании немаат потреба од обезбедување во ходниците за да ги заштитат директорите од напади

на работниците и да ги заштитат работниците едни од други.”

Морам да признаам дека имаше право.

“Но главната работа којашто сакам да ја сфатиш е дека вашиот систем е утописки. Племенскиот систем не е совршен, но

не е утописка шема. Целосно е изводлив и би ви заштедил десетици или стотици милијади долари секоја година.”

“Меѓутоа, претпоставувам дека нема да добиеш многу гласови од учителите.”

Ишмаел слегна со рамениците. “Со половина од она што го трошите сега, би можеле да го пензионирате секој учител во

системот со потполна пензија.”

“Да, тоа можеби би го прифатиле. Но еве нешто што знам дека луѓето би го рекле во врска со сето ова: Има толку многу работи да се научат во нашата фабулозно ужасна култура, па затоа мораме да ги праќаме нашите деца

на училиште толку многу години.”

“Точно е дека ќе го речат тоа и тие што ќе го речат тоа ќе бидат во право во смисла дека има огромен збир на знаење

достапно за да биде научено во вашата култура коешто не било достапно во која било племенска култура. Но ова ја

промашува поентата којашто сакам да ја постигнам овде. Вашето основно граѓанско образование не било проширено од

четири на осум години за да се додадат астрологијата, микробилогијата и зоологијата. Не било проширено од осум на

дванаесет години за да се додадат астрофизиката, биохемијата и палеонтологијата. Не било проширено од дванаесет на

шеснаесет години за да се додадат ексобиологијата, плазма физиката и срцевата хирургија. Денешните матуранти не

излегуваат од училиште со сите достигнувања од последните стотина години во нивните глави. Исто како и нивните

прародители од претходниот век, тие излегуваат од училиште со доволно знаење за да започнат од дното на пазарот на

работни места, правејќи хамбургери, пумпајќи бензин и пакувајќи производи. Единствената разлика е што на денешните матуранти им е потребно повеќе време за да стигнат дотаму.”

Богатство, во стилот на Земачите

Следниот ден, недела, сакав да ја завршам домашната работа пред да се сретнам со Ишмаел, па затоа пристигнав во соба

105 доцна попладне. Раката ми беше на вратата кога слушнав како некој од другата страна на вратата вели одлучно:

“Боговите би го имале.”

Кретенот пристигнал пред мене.

Околу десет секунди размислував дали да останам тука, но потоа решив да не го направам тоа. Чувствувајќи се доста

очајно, се свртев и си заминав дома.

Боговите би го имале.

Се прашувам од каков разговор беше дел тоа прашање. Сигурно не за образовни системи и учителски пензии. Не дека тоа правеше некаква разлика. Ќе се чувствував исто доколку слушнев и “Супермаркетите би го имале,” или “Чикаго Булс би

го имале.” Разбирате што сакам да кажам - јас бев љубоморна.

Претпоставувам вие мислите дека не би биле.

“Сакам да видиш, Џули, дали можеш да навлезеш до јадрото на мојата порака за тебе,” рече Ишмаел кога конечно успев

да се вратам, во средата. “Види дали можеш да разбереш што сакам да ти кажам повторно и повторно и повторно, на

секаков можен начин.”

Размислував малку и реков, “Сакаш да ми покажеш каде е богатството.”

“Токму така, Џули. Луѓето од твојата култура си замислуваат дека ковчегот бил празен кога тие пристигнале и почнале

да ја градат цивилизацијата пред десет илјади години. Вие си замислувате дека првите три милиони години од

човековиот живот не произвеле ништо вредно за зачувување од човековото знаење освен оганот и камените алатки. Всушност, вие сте започнале со празнење на ковчегот од неговите највредни елементи. Сте сакале да започнете од

почеток и да создадете с , и така и сте направиле. За несреќа, освен производите (коишто функционираат многу добро),

вие сте создале многу малку работи коишто функционираат добро за луѓето. Вашиот систем на пишани закони за кои

знаете дека ќе бидат прекршени функционира многу лошо, но без разлика каде и да барате во вашиот ковчег вие не

можете да најдете друг систем кој ќе го замени постоечкиот, затоа што сте започнале со отфрање на тој систем. Но тој с

уште е таму, функционира совршено, во ковчегот на Оставачите кој јас ти го покажувам. Вашиот образовен систем

функционира многу лошо, но без разлика каде и да барате во вашиот ковчег вие не можете да најдете систем кој ќе го

замени постоечкиот, затоа што сте започнале со отфрлање на тој систем. Но тој с уште е таму, функционира совршено,

во ковчегот на Оставачите којшто јас ти го покажувам. Сите работи кои ти ги покажав досега и ќе ти ги покажам до

крајот биле во ковчегот на Оставачите кои вие сте ги прегазиле и уништиле. Секој народ од Оставачите знаел колку се

важни овие богатства коишто вие сте ги фрлиле во калта. Многу од нив се обидувале да ви ја покажат нивната вредност, но никогаш не успеале. Можеш да откриеш зошто?”

49

“Мислам дека тоа е така затоа што... Да го погледнеме тоа на овој начин: ‘Па, секако дека Сијуксите мислат дека нивниот

начин на живот е прекрасен. Голема работа. Секако дека Арапахо мислат дека треба да бидат оставени намира. Зошто не

би биле оставени намира?’”

“Точно. Доколку успеам да ти ја покажам вредноста којашто вие сте ја отфрлиле, тоа нема да биде поради тоа што сум

попаметен од Оставачите на вашата раса, тука затоа што не сум еден од нив.”

“Разбирам.” “Која вреќа од богатството да ја отворам за тебе денес?” тој праша.

“Леле,” му реков. “Јас не сум подготвена да одговорам на тоа.”

“Знам, Џули. Размислувај за систем кој не функционира добро за повеќето луѓе, иако можеби функционира за некои од

вас. Размислувај за систем со кој се борите уште од почетокот. Размислувај за проблем за кој вие сте сигурни дека ќе го

решите еден ден.”

“Дали е ова некој одреден систем, Ишмаел?”

“Не, јас се обидувам да те вовлечам во игра на погодување. Ова се карактеристиките на сите системи кои вие сте ги

создале за да ги заменат системите кои сте ги отфрлиле на почетокот на вашата револуција.”

“Во ред. Има еден систем на кој можам да се сетам, но не сум сигурна дека има вреќа во богатството на Оставачите која

кореспондира со него. Всушност, се сомневам.”

“Зошто е тоа така, Џули?”

“Затоа што тоа е систем којшто го користиме за да ја заклучиме храната.” “Сфаќам што сакаш да кажеш. Бидејќи Оставачите не ја заклучуваат нивната храна, тие немаат таков систем.”

“Точно.”

“И покрај тоа, да продолжиме во оваа насока. Јас всушност не сум сигурен за кој систем поточно зборуваш.”

“Претпоставувам дека зборувам за економскиот систем.”

“Сфаќам. Значи ти мислиш дека економскиот систем на Земачите функционира многу добро.”

“Па, функционира одлично за малку луѓе, очигледно. Ова е клише. Има мал дел на врвот кои крадат како бандити, потоа

има некои кои живеат многу добро на средината и има многу на дното кои живеат во тоалети.”

“Сонот на социјализмот бил да ги изедначи овие разлики. Да го респредели богатството поеднакво за да не бидат

концентрирани огромни количини во рацете на неколкумина додека масите гладуваат.”

“Претпоставувам дека тоа е точно. Но морам да ти кажам дека знам повеќе за нуклеарна физика отколку што знам за

овие работи.” “Знаеш доволно, Џули. Не грижи се за тоа... Кога сте почнале да имате проблеми со распределбата на богатството? Да го

поставам тоа прашање поинаку. Кога почнале огромни количини на богатство да се концентрираат во рацете на

неколкумина на врвот?”

“Господе, не знам. Имам слики во главата од првите владетели коишто живеат во прекрасни палати додека нивните

поданици живеат како животни.”

“Нема сомнеж дека тоа е така, Џули. Најраните Земачки цивилизации пристигнале целосно оформени во овој калап. Не

може овде да се види некоја развојна неодлучност. С додека има видливо богатство - освен основните работи како

храната, облеката и покривот на главата - лесно е да се предвиди како ќе биде распределено. Ќе има неколку ултра богати

на врвот, не толку богата класа во средината и голема класа на трговци, војници, занаетчии, работници, слуги, робови и

просјаци на дното. Со други зборови, кралеви, благородници и обични луѓе. Големината и членството на класите се

менувало низ вековите, но начинот на кој се распределувало достапното богатство не се променил. Типично (и

разбирливо), првите две класи чувствуваат дека системот функционира одлично - и секако дека функционира - за нив. Системот е стабилен с додека првите две класи се прилично големи, како што се, на пример во САД. Но во Франција во

1789 и во Русија во 1917 богатството било концентрирано само во неколку раце. Дали разбираш што зборувам?”

“Мислам дека разбирам. Нема да има револуција ако повеќе луѓе мислат дека им оди доста добро.”

“Точно. Во денешно време разликата помеѓу најбогатите и најсиромашните во вашата култура е многу поголема отколку

што можел да си ја замисли некој египетски фараон. Фараоните не можеле да поседуваат работи какви што поседуваат

вашите милионери. Ова е една од причините зошто граделе пирамиди. Што друго можеле да прават со парите? Не

можеле да купуваат острови и да патуваат до нив со приватни авиони и големи јахти.”

“Точно.”

“Богатите луѓе во вашата култура го гледаат колапсот на Советската империја како последица на капиталистичка

алчност. Се зема здраво за готово сфаќањето дека сиромашните попрво би живееле во свет каде што барем можат да

сонуваат дека еден ден ќе бидат богати, отколку да живеат во свет каде што сите се сиромашни, но повеќе или помалку еднакво сиромашни. Античкиот ред бил афирмиран и сега можеш да гледаш напред кон бескрајно економско

задоволство, под услов, како и секогаш, ако си дел од високите слоеви. А ако не си, тогаш ти самиот си крив за тоа, затоа

што во капитализмот секој може да биде богат.”

“Многу убедливо,” јас реков.

“Богатите се секогаш подготвени да ги остават работите такви какви што се, воопшто да не се бунтуваат и не можат да

сфатат зошто другите не можат да бидат толку внимателни како што се тие.”

“Има смисла,” јас реков.

“Сега да видиме дали можеш да го откриеш основниот механизам за создавање на богатство на Земачите.”

“Тој механизам не е ист за сите?”

“Не,” рече Ишмаел. “Механизмот за создавање на богатство на Оставачите е доста различен.”

“Ти сакаш да го опишам механизмот за создавање на богатство на Земачите?” “Така е. Тоа не е многу тешко.”

Размислував малку и потоа реков, “Претпоставувам дека се сведува на ова, ‘Јас имам нешто што ти го сакаш, ти дај ми

нешто што јас го сакам.’ Или е премногу едноставно?”

50

“Не за мене, Џули. Попрво би почнал од почетокот отколку да морам да копам за да стигнам до него.” Ишмаел го рече

ова додека се преместуваше низ собата за да најде нотес и пенкало. Бараше празен лист, и кога го најде ги помина

следните три минути цртајќи дијаграм, и потоа го залепи на стаклото за да можам да го видам.

“Оваа шема покажува која е основата на вашата еконимија: создавање производи за да се добијат производи. Зборот

производ го користам опширно, но секој кој работи во вашата индустрија ќе знае за што зборувам ако тоа се однесува на

неговиот или нејзиниот производ. И најчесто, она што луѓето го добиваат за нивните производи се пари, но парите се

само еден чекор зад производите кои можат да се купат со нив, а производите се она што луѓето го сакаат, не малите

парчиња хартија. На основа на нашите претходни разговори, нема да ти биде тешко да го откриеш настанот кој бил

причина за почеток на оваа размена на производи.”

“Да. Заклучувањето на храната.” “Секако. Пред тоа, немало смисла да се произведуваат производи. Имало смисла да се произведе лонец или алат или

кошница, но немало смисла да се призведат илјадници такви. Никој не бил во бизнисот со грнчарство или бизнисот со

производство на алати. Но кога храната била заклучена, тоа веднаш се променило. Со самото тоа што храната била

заклучена, таа била трансформирана во производ - основниот производ на вашата економија. Наеднаш станало

вообичаено некој со три лонци да има трипати повеќе храна од некој кој има само еден. Одеднаш некој со триесет илјади

лонци можел да живее во палата, додека некој со три илјади лонци можел да живее во убава куќа, а некој без ниту еден

лонец да живее во калта. Целата ваша економија се оформила кога храната била заклучена.”

“Значи, сакаш да кажеш дека племенските луѓе воопшто немаат економија.”

“Не, Џули. Еве ја основната трансакција на племенската економија.” Тој најде нов празен лист и нацрта нов дијаграм за

мене:

“Производите не ја движат племенската економија, туку човечката енергија. Ова е основната размена и таа се случува

толку незабележително што луѓето често мислат дека тие воопшто немаат економија, исто како што често мислат дека

тие немаат образовен систем. Вие купувате и продавате милиони производи годишно за да можете да ги изградите и

опремите вашите училишта. Племенските луѓе ја постигнуваат истата цел преку повеќе или помалку константна нискостепена размена на енергија помеѓу возрасните и младите, што тие воопшто и не го забележуваат тоа. Вие

купувате и продавате милиони производи годишно за да можете да ја плаќате полицијата да го одржува редот и мирот.

Племенските луѓе ја постигнуваат истата цел правејќи го тоа самите. Одржувањето на редот и мирот никогаш не е нешто

со кое сите се сложуваат, но тоа не е најважната грижа за нив како што е за вас. Вие купувате и продавате трилиони

производи годишно за да одржувате владејачки тела кои се неефикасни и корумпирани - како што добро знаеш.

Племенските луѓе успеваат во ова без да мораат да купуваат и да продаваат било што.

“Систем чија основа е размена на производи неизбежно го канализира богатството на само неколку луѓе и никаква

промена на власта нема да го измени тоа. Тоа не е дефект на системот, тоа е составен дел од системот. Ова нема никаква

врска со капитализмот. Капитализмот е само моментален израз на идејата која настанала пре десет илјади години, кога се

основала вашата култура. Револуционерите на интернационалниот комунизам не навлегле доволно длабоко за да влијаат

51

на промените кои сакале да ги постигнат. Тие мислеле дека ќе ја запрат вртелешката ако ги заробат сите коњи. Но коњите

не ја движат вртелешката. Коњите се само патници како сите вие.”

“Кога велиш коњи, сакаш да кажеш владетели.”

“Точно.”

“Тогаш, како да ја запреме вртелешката?”

“Да претпоставивме дека никогаш не си видела вртелешка и се налетала на една како се движи без контрола. Би можела да скокнеш на неа и да се обидеш да ја запреш со повлекување на уздите.”

“Би можела, доколку сум се разбудела малку глупава тоа утро.”

“Доколку тоа не успее, што би направила следно?”

“Би скокнала и би се обидела да го најдам управувачот.”

“А ако нема управувач?”

“Тогаш, претпоставувам дека би се обидела да дознаам како функционира таа проклета работа.”

“Зошто?”

“Зошто? Затоа што, ако нема прекинувач, мораш да знаеш како функционира за да ја запреш.”

Ишмаел климна со главата. “Сега разбираш зошто се обидувам да ти покажам како функционира вртелешката на

Земачите. Нема прекинувач, па затоа ако сакаш да ја застанеш, мораш да знаеш како функционира.”

“Пред една минута,” му реков, “ти рече дека системот чија основа е размената на производи секогаш концентрира

богатство само во неколку раце. Зошто е тоа така?” Ишмале размислуваше малку, и потоа рече, “Богатството во вашата култура е нешто што може да биде заклучено. Дали

би се сложила со оваа изјава?”

“Мислам дека би се сложила. Освен можеби за нешто како што е парче земја.”

“Се обложувам дека тапијата за тоа парче земја е заклучена,” рече Ишмаел.

“Точно.”

“Сопственикот на земјата можеби никогаш нема да стапне на неа. Ако ја има тапијата, тој може да ја продаде на некој кој

исто така можеби никогаш нема да стапне на неа.”

“Точно.”

“Затоа што вашето богатство може да биде заклучено, тоа е заклучено, а тоа значи дека се акумулира. Конкретно, се

акумулира кај луѓето кои ги поседуваат катанците и клучевите. Можеби ова ќе ти помогне... Ако го замислиш

богатството на античкиот Египет како видлива супстанција која се извлекува од земјата атом по атом од фармери, рудари, градители и занаетчии, ќе го видиш тоа богатство најпрво како магла која се протега низ целата земја. Но оваа

магла од богатство е во движење. Тоа се влече мирно нагоре кон помирен и порамен поток од богатство кој тече

директно во магацините на кралското семејство. Ако го замислиш богатството на средновековна англиска земја како

видлива супстанција на истиот начин, ќе видиш дека тоа се влече мирно нагоре кон локалниот дјук или ерл. Ако го

замислиш богатството на Америка во деветнаесетиот век на истиот начин, ќе видиш дека тоа се влече мирно нагоре кон

рацете на железничките магнати и индустријалците. Секоја трансакција на пониско ниво го турка богатството нагоре кон

Рокфелер или Морган. Рударот кој купува чевли го збогатува Рокфелер моментално, затоа што дел од неговите пари

завршуваат во Стандард Оил. Следната минута дел од тоа богатство го наоѓа својот пат до Морган преку една од

неговите железници. Во денешна Америка, богатството тече нагоре кон истиот тип на луѓе, само што сега се нарекуваат

Баскин и Трамп, наместо Рокфелер и Морган. Очигледно е дека може уште многу да биде кажано за ова, но дали ова

одговара на твоето прашање?”

“Разбирам сега. Но имам едно прашање.” “Продолжи.”

“Што е со луѓето како Инките и Ацтеките? Колку што знам, и тие ја заклучувале нивната храна.”

“Ти си апсолутно во право, Џули. Идеја за заклучување на храната била развиена независно во Новиот Свет. И меѓу

Ацтеките и Инките богатството течело неуморно кон рацете на богатите.”

“Тогаш, дали овие луѓе биле Земачи или Оставачи?”

“Тие биле нешто помеѓу, Џули. Тие повеќе не биле Оставачи, но с уште не биле Земачи, затоа што им недостасувал еден

важен елемент: Тие не мислеле дека сите во светот треба да живеат како нив. Ацтеките, на пример, имале територијални

претензии, но кога ќе те освоеле, не им било важно како живееш.”

Богатство, во стилот на Оставачите

“Богатството произведено во племенската економија нема тенденција да одлета во рацете на неколкумина,” рече

Ишмаел. “Тоа не е така затоа што Оставачите се подобри луѓе од вас, туку затоа што тие имаат поинакво богатство. Нема

начин да се акумулира нивното богатство - не може да се заклучи - па затоа не е возможно да биде концентрирано во

нечии раце.”

“Не знам кое е нивното богатство.”

“Го сфаќам тоа, Џули, и секако имам намера да го поправам тој недостаток. Всушност, најлесниот начин да ја разбереш

нивната економија е да започнеш со гледање на богатството која таа го произведува. Се разбира дека кога луѓето од

твојата култура ги гледаат племенските луѓе, тие не гледат никакво богатство, тие гледаат сиромаштија. Ова е

разбирливо, затоа што единственото богатство кое тие го препознаваат е она кое што може да биде заклучено, а

племенските луѓе не се многу заинтересирани за тоа.”

“Најосновното богатство на племенските луѓе е сигурност од лулка до гроб, за секој еден член. Тоа секако не е импресивно или возбудливо, посебно (извини што ќе го кажам ова) за некој на твоја возраст. Меѓутоа, има стотици

милиони од вас кои живеат во страв од иднината затоа што никаде не гледаат сигурност за себе. Да се биде бескорисен

како последица на некоја нова технологија, да се биде отпуштен како технолошки вишок, да се изгуби работата или

52

целата кариера поради предавство или наклоност - ова се само мал дел од кошмарите кои ги прогонуваат соништата на

вашите работници. Сигурен сум дека си слушнала приказни за отпуштени работници кои се враќаат да ги убијат своите

шефови и соработници.”

“Секако. Еднаш неделно.”

“Тие не се луди, Џули. Губењето на работата ним им изгледа како крај на светот. Тие чувствуваат дека им е зададен

смртоносен удар. Животот е завршен и не им останува ништо друго освен одмазда.” “Верувам дека е така.”

“Ова е незамисливо во племенскиот живот, Џули - и тоа не е така само затоа што племенските луѓе немаат работни места.

Исто како и секој од вас, секој член на племето мора да работи за да живее. Средствата за живот не им паѓаат од небото

во нивните раце. Но нема начин некој член на племето да биде лишен од средствата за живот. Тој или таа ги има тие

средства, и тоа е тоа. Ова не значи дека никој никогаш не гладува. Но единствениот момент кога некој гладува е кога

сите гладуваат. Повторно, ова не е така затоа што племенските луѓе се несебични, дарежливи и грижливи - ништо такво.

Дали можеш да го сфатиш ова самата?”

“Мислиш на тоа зошто никој не гладува освен ако сите не гладуваат? Не знам. Можам да се обидам.”

“Те молам.”

“Во ред. Па, тие немаат магацин од каде што можат да ја набавуваат храната. С уште не сум сигурна што сакам да

кажам.”

“Не брзај.” “Ова се случува во филмовите. Да речеме дека има истражувачи кои се на експедиција на Северниот Пол. Нивниот брод

заглавува во мразот и тие не можат да се вратат дома на време. Значи, проблемот е како да преживеат. Тие мораат да ја

распределат храната праведно и внимателно. Кога се на крајот од нивните сили и пред смртта, погоди што? Лошиот

човек има тајно место со храна за кое тој бил внимателен никој да не дознае.”

Ишмаел климна со главата.

“Причината којашто ова не се случува во некоја племенска ситуација е затоа што тие не започнуваат со магацин за храна.

Тие едноставно се движат напред и од некаква причина храната постепено почнува да исчезнува. Има суша или шумски

пожар или нешто слично. Уште од првиот ден, сите се во потрага по храна. Племенскиот водач е исто така гладен како и

сите останати. Зошто не би бил, кога нема магацин од кој ќе може прв да избере храна? Сите собираат колку што можат

повеќе храна и ако некој собере повеќе од другите, најдоброто нешто што може да го направи е да ја подели со другите,

не поради тоа што е фин човек, туку затоа што кога има повеќе луѓе на нозе и способни да ловат, толку подобро за сите - вклучувајќи го и него.”

“Тоа е одлична анализа, Џули. Ти имаш посебна вештина за ова... Се разбира, ова не е единствено само за луѓето. Каде и

да најдеш животни здружени во групи, ќе видиш дека тие ја делат храната - не алтруистично, туку во нивниот најдобар

интерес. Од друга страна, сигурен сум дека имало племенски општества кои не го користеле овој начин на справување со

гладот, општества во кои правилото било, ‘Ако има недостаток на храна, немој да ја делиш, чувај ја.’ Но такви општества

не се видени. Сигурен сум дека знаеш зошто.”

“Да. Затоа што ако се следело тоа правило, племето би се распаднало. Барем јас мислам така.”

“Секако дека би се распаднало, Џули. Племињата преживуваат со тоа што се држат заедно по секоја цена, а кога

ситуацијата е секој човек за себе, племето престанува да биде племе.”

“Го започнав овој дел од разговорот велејќи дека основното богатство на племенските луѓе е сигурност од лулка до гроб

за секој член. И како што можеш да видиш, невозможно е за една личност да поседува повеќе богатство од некој друг.

Нема начин да биде акумулирано, нема начин да биде заклучено. “Не сакам да кажам дека ова богатство е неуништиво. Останува недопрено се додека племето останува недопрено, и

затоа многу Оставачи се бореле против вас до смрт. Како што тоа им изгледало ним, ако племето е уништено, тогаш тие

во секој случај се мртви. Исто така не сакам дека кажам дека луѓето не можат да бидат измамени да го напуштат ова

богатство. Секако дека можат да бидат измамени и тоа најчесто се прави, кога поради некоја причина не можат да ги

испратат трупите да ги убијат. Младите се најподложни на искушението на Земачите, коешто очигледно многу повеќе

блеска и сјае од нивното. Кога еднаш ќе успееш да ги натераш младите да те слушаат тебе наместо нивните луѓе, тогаш

ти си на сигурен пат да го уништиш племето, затоа што сето она што нема да успеат постарите да го пренесат на

помладите е загубено засекогаш кога ќе умрат.

“Да живееш и да чекориш без страв помеѓу твоите соседи е второто најголемо богатство на племенските луѓе. Повторно,

ова не е многу гламурозно богатство, иако многу од вас би сакале да го поседуваат. Не сум го изучувал ова многу, но

мене ми изгледа како рутинска работа тоа што секоја анкета открива дека стравот од криминален напад е вашата најголема или втора-најголема загриженост. Во општествата на Земачите, само богатите живеат ослободени од страв -

или релативно ослободени од страв. Во племенските општества, сите живеат ослободени од страв. Но секако, ова не

значи дека никогаш не им се случува ништо лошо. Тоа значи дека тоа се случува толку ретко што никој не живее позади

заклучени врати и никој не носи оружје со кое ќе се брани од своите соседи. Повторно, очигледно, ова не е богатство кое

може да биде концентрирано во нечии раце. Не може да биде акумулирано или заклучено.

"Еднакво на ова е облик на богатство кое вам толку многу ви недостасува што ве прави навистина патетични. Во

општествата на Оставачите, никогаш не си оставен самиот да се справуваш со некој голем проблем. Имаш дете со

аутизам, или со инвалидитет. Тоа ќе биде сфатено како товар за племето – но (како и секогаш) не од алтруистички

причини. Едноставно нема смисла да им кажеш на родителите на детето, ‘Ова е целосно ваш проблем. Немојте да не

вознемирувате нас останатите со тоа.’ Имаш родител кој станува сенилен. Остатокот од племето нема да ти го сврти

грбот додека се бориш со овој проблем. Тие знаат дека проблемот кој е широко распределен, престанува да биде проблем - и тие многу добро знаат дека еден ден на секој од нив ќе му биде потребна слична помош за некој проблем. Многу ми е

тешко кога ги гледам луѓето од вашиот свет како страдаат без ова богатство. Некоја средновечна двојка се соочува со

некоја ужасна болест, нивната заштеда е целосно потрошена за неколку месеци, поранешните пријатели ги одбегнуваат,

53

немаат повеќе пари за лекови, нивната ситуација е целосно очајна. Повторно и повторно единственото решение за нив е

да умрат заедно - убиство од милост и самоубиство. Ваквите приказни се честа појава во вашата култура, но се целосно

нечуени во културата на Оставачите.

“Во системот на Земачите, вие го употребувате вашето внимателно акумулирано богатство да купите богатство за

поддршка кое е целосно бесплатно во системот на Оставачите. Кога племенските луѓе мораат да се справат со некој

проблематичен човек во нивната средина, силните луѓе се собираат заедно за да направат с што е потребно, и ова, всушност е многу ефикасно. Вие, од друга страна пак, со цел да избегнете вакво нешто, го претворате тоа во производ.

Вие создавате полициски сили, а потоа се натпреварувате за да ги имате најдобрите (најдобро платените, најдобро

опремените итн.). Ова е целосно неефикасно, и покрај фактот што вие трошите с повеќе и повеќе пари секоја година, но

тоа резултира со ситуација во која богатите се подобро заштитени од сиромашните. Во Оставачките општества, сите

возрасни земаат учество во образованието на младите, коешто се случува безболно и без грешка. Вие, од друга страна

пак, за да избегнете такво нешто, го претворате тоа во производ, градејќи училишта, а потоа се натпреварувате за да ги

имате најдобрите (со најдобар персонал, најдобро опремени итн). Ова исто така е неефикасно, и покрај фактот што

трошите с повеќе и повеќе пари секоја година, но тоа резултира со фактот дека децата на богатите се образуваат многу

подобро и многу полесно. Грижата за хронично болните, старите, хендикепираните и ментално болните - сите овие

работи се поделени заеднички во општествата на Оставачите, а во вашите се претворени во производи за кои морате да се

натпреварувате, и богатите ги добиваат најдобрите производи, а сиромашните се среќни ако воопшто добијат нешто.”

Тоа беше еден од оние моменти кога никој од нас немаше ништо да додаде. Потоа јас реков, “Мораш да ми го разјасниш ова, Ишмаел. Не сум многу сигурна каде бевме и каде сме сега.”

“Ако сакате да преживеете на оваа планета, Џули, морате дапочнате да ги слушаат вашите соседи во заедницата на

животот. Колку и да изгледа неверојатно, вие не знаете с . И колку и да изгледа неверојатно, вие не морате да пронајдете

с . Не морате да пронаоѓате работи кои функционираат, единствено морате да го посетите богатството околу вас. Не

треба да биде изненадување тоа што Оставачите уживаат во сигурност од лулка до гроб. Најпосле, помеѓу вашите соседи

во заедницата на животот, истата сигурност ја уживаат сите видови чии членови формираат заедници. Патките, морските

лавови, срните, жирафите, волците, осите, мајмуните и горилата (да споменеме само неколку видови) уживаат таква

сигурност. Треба да претпоставиме дека и членовите на Хомо Хабилисот уживале таква сигурност - инаку како би

преживеале? Дали има причина за сомневање дека членовите на Хомо Еректусот уживале во таквата сигурност или дека

им ја пренеле таа сигурност на нивните потомци, Хомо Сапиенсите? Не, како вид, вие сте биле создадени во заедници во

кои сигурноста од лулка до гроб била правило и истото правило било почитувано низ целиот развој на Хомо Сапиенсот с до денешен момент - во општествата на Оставачите. Само во општествата на Земачите оваа сигурност станала

реткост, посебен благослов на привилегираните.

“Џули, ти сонуваше да патуваш низ универзумот за да ги научиш тајните за животот. Јас ти покажувам каде да ги најдеш

тие тајни овде на твојата планета, помеѓу твоите соседи во заедницата на животот.”

“Разбирам... претпоставувам. Имаше една девојка во моето одделение минатата година која доби писмо од некоја

организација. Не се сеќавам на името на организацијата, но се сеќавам на нејзиното мото, барем приближно. Тоа беше,

‘Лекувајќи се себеси, го лекуваме светот.’ Дали би рекол дека тоа е она за кое што зборуваш?”

Ишмаел размислуваше малку за тоа и потоа рече, “Се плашам дека немам многу симпатии за ‘лекувачкиот’ пристап на

вашите проблеми, Џули. Вие не сте болни. Шест милијарди од вас стануваат секое утро и започнуваат со уништување на

светот. Ова не е некоја настинка којашто сте ја добиле некоја ноќ седејќи на провев. Лекувањето секогаш е погоди-или-

промаши потфат. Сигурен сум дека го знаеш тоа. Понекогаш аспринот ја смирува главоболката, а понекогаш не.

Понекогаш хемотерапијата го убива ракот, а понекогаш не. Не можете да си дозволите да се залажувате со ‘лекување’. Морате да почнете да живеете на друг начин, и морате тоа да го направите многу брзо.”

Помалку не е секогаш повеќe

“Знаеш,” јас реков, “има нешто што можеш да направиш што би ми помогнало. Не знам дали воопшто е моја работа да го

прашувам тоа, но морам да го направам тоа.”

Ишмаел се намурти. “Дали некогаш сум ти оставил впечаток дека мојата работа не е подложна на промени? Дали

навистина изгледам толку круто за да не ти угодам?”

Леле, си реков себеси, но откако размислив малку за тоа, решив да не се извинувам. Му реков, “Претпоставувам дека

поминало многу време откако си бил дванаесет годишно девојче кое разговара со горило кое има петстотини килограми.”

“Не гледам каква врска има мојата тежина со тоа.” “Па, добро, горило старо сто години.”

“Јас немам сто години и имам помалку од триста килограми.”

“Господе Боже,” јас реков. “Ова почнува да звучи како нешто од Алиса во Земјата на Чудата.”

Ишмаел се насмевна и ме праша што може да направи за да ми помогне.

“Кажи ми што мислиш каков би бил светот кога ние би почнале да живееме поинаку.”

“Ова е многу легитимно барање Џули, и не можам да си замислам зошто си се двоумела да го побараш. Од искуство знам

дека многу луѓе си замислуваат дека јас зборувам за иднина во која технологијата исчезнала. Премногу е лесно сите ваши

проблеми да и ги префрлите на технологијата. Но луѓето биле родени како технолози, исто како како што биле родени и

како лингвисти, и никогаш не било откриено дека Оставачите се лишени од тоа. Меѓутоа, како и многу други аспекти од

животот на Оставачите, нивната технологија има тенденција да биде невидлива во споредба со моќната технологија што

вие ја поседувате. Во секој случај, јас не замислувам иднина во која вие сте лишени од технологија. “Многу често, луѓето кои се навикнати да размислуваат на Земачки начин ми велат, ‘Па, ако начинот на Земачите не е

правиот начин, тогаш кој е правиот начин?’ Се разбира дека нема еден вистински начин за луѓето да живеат, исто како

што нема еден вистински начин за птиците да градат гнезда или пајаците да плетат пајажина. Значи, јас секако не

54

замислувам иднина во која империјата на Земачите е отфрлена и заменета со нова. Тоа е целосна глупост. Што вели

Мајката Култура дека морате да направите?”

“Оф леле,” јас реков. “Претпоставувам таа вели дека не мораме да направиме ништо.”

Тој одмавна со главата. “Слушај ја, не се обидувај да претпоставуваш. Ти спомена едно од нејзините учења на оваа тема

пред неколку минути. Еве го: ‘Ти имаш некоја непозната и најверојатно неизлечива болест; никогаш нема да дознаеш

што е, но еве неколку лекови кои можеш да ги пробаш. Пробај го овој, и ако тој не функционира, тогаш пробај го овој. А ако и тој не функционира, тогаш пробај го овој. И така во бесконечност.”

“Во ред, разбирам што сакаш да кажеш. Почекај малку да размислам.” Ги затворив очите и после пет минути почнав да

зборувам. “Ова е можеби целосно погрешно,” му реков. “Ова е можеби простата вистина, но ова е тоа што го слушам:

‘Да, секако дека можете да го спасите светот, но тоа навистина нема да ви се допадне. Тоа ќе биде многу болно.’”

“Зошто ќе биде многу болно?”

“Поради сите работи од кои ќе треба да се откажеме. Но како што реков, ова е можеби само простата вистина.”

“Не, тоа не е простата вистина. Тоа е простата лага на Мајката Култура. Иако Мајката Култура е само метафора, таа

понекогаш навистина се однесува како вистинска личност. Што мислиш, зошто таа ја кажува оваа лага?”

“Сака да не обесхрабри, претпоставувам.”

“Секако. Нејзината функција е да го одржува статус-квото. Ова не е особина својствена само за вашата Мајка Култура.

Во секоја култура, функцијата на Мајката Култура е да го одржува статус-квото. Не сакам да кажам дека ова е лоша

активност.” “Разбирам.”

“Мајката Култура сака да ве предупреди уште од почетокот убедувајќи ве дека, за вас, секоја промена мора да биде

промена на полошо. Зошто за вас секоја промена мора да биде промена на полошо, Џули?”

“Не рабирам зошто го нагласи тоа ‘за вас.’”

“Па, помисли на Бушманите во Африка наместо на вас. Дали некоја промена би била промена на полошо за нив?”

“Леле, рабирам што сакаш да кажеш. Одговорот е не, секако... За Бушманите во Африка секоја промена би била промена

на подобро, според Мајката Култура.”

“Зошто е тоа така?”

“Затоа што тоа што тие го имаат е безвредно. Па затоа секоја промена би била напредок.”

“Точно. И зошто секоја промена за вас би била промена на полошо?”

“Затоа што тоа што ние го имаме е совршенство. Не може да биде подобро од ова, па затоа секоја промена мора да биде промена на полошо. Дали е тоа точно?”

“Точно е, Џули. Изненаден сум од фактот колку многу од вас навистина веруваат дека тоа што го имате е совршенство.

Ми требаше доста долго време за да сфатам дека тоа е резултат на чудното сфаќање кое вие го имате за човечката

историја и еволуцијата. Многу од вас свесно или несвесно мислат дека еволуцијата е процес на неуморен напредок. Вие

си замислувате дека луѓето започнале како целосно мизерни суштества, но под влијанието на еволуцијата постепено

станувале с подобри и подобри се додека еден ден не станале вие, потполни, со фрижидери, микробранови печки,

еркондишни и сателитски телевизии со шестотини канали. Поради ова, откажувањето од нешто би претставувало чекор

назад во човечкиот развој. Па затоа, Мајката Култура вака го формулира овој проблем: ‘Спасувањето на светот значи

откажување од работите, а откажување од работите значи враќање кон мизеријата. Затоа...’”

“Затоа заборавете на откажување од работите.”

“И уште поважно, заборавете на спасување на светот.”

“А што велиш ти?” “Јас исто така велам ‘заборавете на откажување од работите.’ Вие треба да се сметате за богати луѓе кои треба да се

откажат само од некои богатства. Вие треба да се сметате за луѓе кои се во очајна ситуација. Дали го разбираш основното

значење на зборот богатство, Џули?”

“Не сум сигурна.”

“Кој е коренот на зборот топлина?”

“Топло, најверојатно.”

“Па, ајде обиди се да погодиш. Кој е коренот на зборот богатство?”

“Благосостојба?”

“Се разбира. Основата на зборот богатство не е синоним за пари, туку е синоним за благосостојба. Во однос на

производи, вие секако сте многу богати, но во однос на човечко богатство, вие сте патетично сиромашни. Во однос на

човечко богатство, вие сте многу бедни. И ова е причината зошто не треба да се фокусирате на откажување од работите. Како можеш да очекуваш бедни луѓе да се откажат од нешто? Тоа е невозможно. Токму спротивното, вие морате да се

концентрирате на добивање на работи - но не тостери, радија, телевизори и играчки, Џули. Вие морате да се

концентрирате на добивање работи кои очајно ви се потребни како човечки суштества. Во моментот кога сте се

откажале од тие работи, вие сте одлучиле дека тие работи ќе бидат недостапни. Но мојата задача, Џули, е да ти покажам

дека тоа не е така. Вие не морате да се откажете од работите кои очајно ви се потребни како човечки суштества. Ти се во

вашиот дофат - ако знаете каде да ги барате. Ако знаете како да ги барате. И тоа е она што ќе го научиш овде.”

“Но како да го направиме тоа, Ишмаел?”

“Морате да барате повеќе за себе, Џули - не помалку. Овде е моментот кога се разделувам од вашите религиозни лица

кои имаат тенденција да ве охрабруваат да бидете храбри и трпеливи и да очекувате многу малку од животот - и да

очекувате подобро само во наредниот живот. Морате да го барате богатството за кое абориџините се подготвени да умрат

бранејќи го. Морате да го барате богатството кое луѓето го имале уште од почетокот, коешто тие го земале здраво за готово стотици илјади години. Вие морате да го барате богатството кое сте го отфрлиле за да станете владетели на

светот. Но не можете ова да го барате од вашите лидери. Вашите лидери не го поседуваат. Тие го немаат за да можат да

55

ви го дадат. Затоа морате да се разликувате од револуционерите од минатото, кои едноставно сакале други луѓе да ги

водат работите. Не можете да ги решите вашите проблеми со тоа што ќе поставите некој друг на власт.”

“Да, но од кого да го бараме богатството, ако не од нашите лидери?”

“Барајте го од себеси, Џули. Племенското богатство е енергијата која членовите на племето си ја даваат меѓусебно за да

може племето да функционира. Оваа енергија не се троши, таа е целосно обновлив ресурс.”

“С уште не ми кажуваш како да го направиме тоа.” “Џули, работите што ви се потребни се достапни. Ова е мојата порака за вас. Вие можете да ги имате овие работи.

Луѓето кои ги сметате за необразувани дивјаци ги имаат овие работи, па зошто не можете вие да ги имате?”

“Но како? Како да ги имаме овие работи?”

“Најпрво морате да сфатите дека е возможно да ги имате. Гледај, Џули, пред да сте можеле да одите на месечината, вие

најпрво сте морале да сфатите дека е возможно да одите на месечината. Пред да сте можеле да создадете вештачко срце,

вие најпрво сте морале да сфатите дека е возможно да создадете вештачко срце. Дали го разбираш тоа?”

“Да.”

“Во овој момент, Џули, колку од вас сфаќаат дека вашите предци имале начин на живот кој функционирал многу добро

за луѓето? Луѓето кои живееле на овој начин не се бореле постојано со криминалот, лудилото, депресијата, неправдата,

сиромаштијата и гневот. Богатството не било концентрирано само кај неколку луѓе. Луѓето не живееле во страв од

нивните соседи и иднината. Луѓето се чувствувале безбедни и тие навистина биле безбедни - на начин кој е скоро

незамислив за вас. Овој начин на живот с уште постои и с уште функционира одлично како секогаш - за разлика од вашиот кој функционира многу добро за бизнисот, но многу лошо за луѓето. Колку од вас го сфаќаат ова?”

“Никој,” реков. “Или само неколкумина.”

“Тогаш, како да започнат? За да одите на месечината, вие најпрво сте морале да сфатите дека е возможно да одите на

месечината.”

“Значи, што сакаш да кажеш? Дека тоа е невозможно?”

Ишмаел воздивна. “Дали се сеќаваш на огласот во весникот?”

“Секако. Огласот беше за ученик кој има вистинска желба да го спаси светот.”

“Тогаш, најверојатно ти си дошла тука затоа што ја имаш таа желба. Дали мислеше дека ќе ти дадам магично стапче?

Или автоматско оружје со кое ќе можеш да ги убиеш сите лоши луѓе во светот?”

“Не.”

“Врз основа на сето она што го кажа овде, Џули, што треба да биде направено? Дали мислеше дека можеш да дојдеш овде, да ме слушаш некое време и потоа да одиш дома и да не правиш ништо? Дали мислиш дека тоа е мојата идеја за

спасување на светот?”

Одмавнав со главата, но тоа не беше доволно. Станав од мојата фотелја и ги вкрстив рацете. Ишмаел ме гледаше

љубопитно, како конечно да сум го загубила умот. Му реков, “Гледај! Ти не зборуваш за спасување на светот. Не можам

да те сфатам! Ти зборуваш за спасување на луѓето!”

Ишмаел климна со главата. “Ја сфаќам твојата збунетост, Џули. Но вака стојат работите. Луѓето од вашата култура се во

процес на уништување на оваа планета. Ако успеете во ова, животот секако ќе продолжи, но на нивоа кои вие несомнено

би ги сметале за примитивни. Кога јас и ти зборуваме за спасување на светот, ние зборуваме за спасување на светот таков

каков што го знаеме - свет населен со слонови, горила, жирафи, кенгури, бизони, орли, фоки, китови итн. Дали

разбираш?

“Секако.”

“Има само два начина да се спаси светот во оваа смисла. Едниот е да ве уништиме веднаш - да не чекаме да го уништите светот. Јас не знам никаков начин за да го постигнеме тоа. Дали ти знаеш?”

“Не.”

“Другиот начин за да го спасиме светот е да ве спасиме вас. Да ви покажеме како да дојдете до работите кои очајно ви

требаат - наместо да го уништите светот.

“Аха,” реков.

“Мојата бизарна теорија, Џули, е дека луѓето од вашата култура го уништуваат светот не затоа што се лоши или глупави,

како што ве учи Мајката Култура, туку затоа што се целосно лишени од работите кои луѓето мораат да ги имаат, работи

без кои не можат да продолжат да живеат година по година и генерација по генерација. Мојата бизарна теорија е дека,

ако им се даде можност да избираат помеѓу уништување на светот и поседување на работите кои навистина им требаат,

тие ќе го изберат второто. Но пред да можат да го направат тој избор, тие мораат да го видат тој избор.”

“Јас треба да им покажам дека тие го имаат тој избор. Така?” “Така е, Џули. Зарем не сакаше да го направиш тоа во твојот сон? Да му донесеш просветлување на светот?”

“Да, тоа сакав да го направам во мојот сон, секако. Но во вистинскиот живот, ти се молам. Јас сум само дете кое се

прашува како ќе преживее кога конечно ќе почне да оди во средно училиште.”

“Го сфаќам тоа. Но нема засекогаш да останеш дете. Без разлика дали си свесна за тоа или не, ти си дошла овде за да

бидеш променета и ти си променета. И без разлика дали си свесна за тоа или не, промената е трајна.”

“Свесна сум за тоа,” му реков. “Но ти не ми одговори на прашањето. Те прашав каков би бил светот кога навистина би

почнале да живееме на друг начин. Мислам дека ни треба нешто кон кое ќе се стремиме. Мене секако ми треба.”

“Ќе го направам тоа, Џули, но следниот пат. Мислам дека е доста за денес. Дали можеш да дојдеш во петок?”

“Да, претпоставувам. Но зошто баш во петок?”

“Затоа што има некој кој сакам да го запознаеш. Не е Алан Ломакс,” тој додаде набрзина кога го виде моето лице.

“Неговото име е Арт Овенс и тој ќе ми помогне да избегам од ова место.” “Јас би можела да ти помогнам.”

“Сигурен сум дека би можела, Џули, но тој има возило и место каде да ме одведе, и сето тоа ќе биде изведено навечер.

Тоа не е време кога треба да бидеш надвор.”

56

Размислив малку за тоа. “Би можел да ме земе од дома. Ако може да дојде до овде, ќе може да дојде и до таму.”

Ишмаел одмавна со главата. “Четириесетгодишен црнец кој навечер зема дванаесетгодишно бело девојче би било покана

за катастрофа. ”

“Да, мразам што морам да го кажам ова, но во право си.”

Господи, тоа не сум јас

Кога пристигнав во петокот, таму имаше уште една фотелја, и тоа воопшто не ми се допаѓаше - не самата фотелја, туку

идејата дека треба да го делам мојот Ишмаел со некој друг, затоа што сум многу себична девојка. Но барем не беше

толку добра како мојата фотелја. Се преправав дека не сум ја забележала и почнавме да разговараме.

“Помеѓу нејзините пријатели на колеџ,” Ишмаел започна да зборува, “мојот доброчинител Рејчел Соколов, имала еден

пријател по име Џефри, чиј татко бил познат хирург. Џефри станал важна личност во многу животи во тоа време, а и

подоцна, затоа што им претставил на луѓето еден проблем. Тој не можел да открие што да прави со себеси. Тој бил

физички привлечен, интелегентен, културен и талентиран речиси за с . Можел да свири многу добро на гитара, но немал

интерес за музичка кариера. Тој можел добро да фотографира, да измисли добра шега, да одигра главна улога во

училишна претстава и да напише интересна приказна или провокативен есеј, но тој не сакал да биде фотограф, уметник,

актер или писател. Добро му одело училиштето, но тој не сакал да биде учител или научник, и не бил заинтересиран да ги

следи стапките на неговиот татко или да биде адвокат, математичар, бизнисмен или политичар. Тој бил привелечен од духовни работи и понекогаш одел во црква, но не бил заинтересиран да стане теолог или свештеник. И покрај сето тоа,

тој бил прилично ‘нормален’, како што се вели. Тој не бил фобичен или депресивен или невротичен. Тој не бил

несигурен за неговата сексуална ориентација. Тој сакал еден ден да се ожени, но не пред да најде некоја цел во животот.

“Пријателите на Џефри никогаш не се измориле од измислување на нови идеи кои му ги презентирале со надеж дека ќе

разбудат некаков интерес во него. Зарем не би уживал да рецензира филмови за локалниот весник? Дали некогаш

размислувал да произведува накит? Или да биде археолог? Или готвач? Можеби би можел да биде извидник. Таткото на

Џефри бил сочуствителен со неговата неспособност да најде некаков интерес во неговиот живот и секогаш бил подготвен

да му помогне во с . Ако сакал да патува низ светот, тој наоѓал патувачки агент да го среди тоа. Ако сакал да биде

планинар, тој му ја обезбедувал потребната опрема. Ако сакал да патува по морето, тој му обезбедувал брод. Тој учтиво

го одбил сето тоа и бил засрамен, затоа што не сакал да ги измачува луѓето околу него.

“Не сакам да помислиш дека тој бил мрзелив или разгален. Тој секогаш бил на врвот во неговиот клас, секогаш имал некаква привремена работа, живеел во обичен студентски дом, немал кола. Тој го гледал светот кој му бил понуден и не

можел да најде ниту една работа која била вредна за поседување. Неговите пријатели постојано му велеле, ‘Гледај, ти не

можеш да продолжиш вака. Има толку многу работи што те чекаат. Мораш да имаш некаква амбиција, мораш да најдеш

нешто што ќе сакаш да го правиш во животот!’

“Џефри дипломирал со најголеми почести, но без насока. Откако летото го поминал во татковата куќа, тој отишол да

посети некои пријатели од неговиот колеџ кои штотуку се венчале. Тој го земал неговиот ранец, неговата гитара и

неговиот дневник. После неколку недели, отишол да посети некои други пријатели, автостопирајќи. Тој не се брзал. Го

прекинал патувањето, им помогнал на некои луѓе кои граделе фарма, заработил доволно пари за да го продолжи

патувањето и на крајот пристигнал на неговата дестинација. Набргу пристигнала зимата и тој се вратил дома. Тој и

неговиот татко имале долги разговори, играле билјард, играле тенис, гледале фудбал, пиеле пиво, читале книги, оделе во

кино.”

“Кога пристигнала пролетта, Џефри купил половна кола и отишол да посети некои други пријатели во спротивен правец. Луѓето насекаде го примале. Тие го сакале и го сожалувале, тој бил толку нефокусиран, неуспешен и без цел. Но тие не

се откажувале од него. Една личност сакала да му купи камера за да ги снима неговите патувања, но Џефри не бил

заинтересиран. Друга личност ја праќала неговата поезија на различни издавачки куќи со надеж делка можеби некој ќе ја

објави. Џефри рекол дека тоа е во ред, но лично, не му било многу важно тоа. Откако работел во извиднички камп тоа

лето, тие му понудиле постојано место како член на персоналот, но тоа не го интересирало многу.

“Кога пристигнала зимата, татко му го наговорил да оди на психијатар. Џефри одел таму три пати неделно цела зима, но

на крајот психијатарот морал да признае дека, освен тоа што тој можеби е ‘малку незрел,’ с било во ред со него. Кога

бил прашан што значи тоа ‘малку незрел’, психијатарот рекол дека Џефри немал мотивација, не бил фокусиран и немал

цел - с што тие веќе го знаеле. ‘Ќе најде нешто за година или две,’ предвидувал психијатарот. ‘И најверојатно тоа ќе

биде нешто многу очигледно.’ Кога пристигнала пролетта, Џефри повторно отпатувал.

“Како што поминувале годините, Џефри гледал како неговите стари пријатели се венчаат, имаат деца, градат кариери, градат бизниси, добиваат малку слава тука, малку среќа таму... А тој продолжил да свири на неговата гитара, да пишува

поеми и да го исполнува дневникот. Минатата пролет го прославил својот триесет и прв роденден со неговите пријатели

во една колиба на едно езеро во Висконсин. Утрото тој отишол до водата, напишал неколку реченици во неговиот

дневник и потоа влегол во езерото и се удавил.”

“Тажно,” реков после некое време, не можејќи да смислам ништо попаметно.

“Тоа е вообичаена приказна, Џули, освен еден важен факт - фактот што таткото на Џефри му овозможувал да патува и

буквално го издржувал додека тој не правел ништо речиси десет години - не му вршел притисок да стане одговорен

возрасен човек. Тоа е она што го прави Џефри поразличен од милиони други луѓе во вашата култура коишто всушност

немаат многу повеќе мотивација од него. Или мислиш дека грешам?”

“Не те разбирам доволно добро за да можам да кажам дали грешиш или не.”

“Помисли на луѓето кои ги познаваш и кажи ми дали тие горат од желба да бидат адвокати и банкари и инжинери и готвачи и фризери и осигурителни агенти и возачи на автобуси?”

“Некои од нив, да. Можеби не работите коишто ти ги спомена, фризери и возачи на автобуси, но сигурно некои работи.

Знам деца кои би сакале да бидат филмски ѕвезди или професионални спортисти.”

57

“А кои се шансите за да станат тоа, реално?”

“Еден во милион, претпоставувам.”

“Дали мислиш дека има осумнаесетгодишни луѓе кои сонуваат да бидат таксисти или забари или физички работници?”

“Не.”

“Дали мислиш дека има многу осумнаесетгодишни луѓе кои се како Џефри, кои не ги привлекува ништо во светот на

работата на Земачите? Кои би биле целосно среќни да го прескокнат тоа ако некој им даде стипендија од четириесет илјади долари?”

“Господи, да, сигурна сум дека има. Се шегуваш? Милиони.”

“Но, ако нема ништо за нив во светот на Земачите, зошто воопшто влегуваат во него? Зошто прифаќаат работни места

кои за нив се безначајни?”

“Ги прифаќаат затоа што мораат. Нивните родители ги исфрлаат од дома. Или ќе најдат работа или ќе гладуваат.”

“Точно. Но се разбира, во секој клас има неколку кои би гладувале. Луѓето порано ги нарекувале скитници. Денеска тие

самите се нарекуваат ‘бездомници,’ ставајќи до знаење дека тие живеат на улица затоа што мораат, а не затоа што сакаат.

Тие се одметници, курви и измамници, ограбувачи и скокачи во контејнери. Тие успеваат некако да преживеат. Храната

можеби е заклучена, но тие ги пронашле сите дупки во големиот ѕид. Тие собираат празни лименки, претураат по

контејнери за храна и практикуваат ситни кражби. Тоа не е лесен живот, но тие попрво би живееле на овој начин отколку

да најдат некоја безначајна работа и да живеат како сиромашните урбани маси. Ова, всушност е многу голема

субкултура, Џули.” “Да, сега можам да ја препознаам. Јас познавам деца кои зборуваат дека сакаат да одат да живеат на улица. Тие зборуваат

дека сакаат да одат во одредени градови каде што има многу луѓе кои живеат на овој начин. Мислам дека еден од нив е

Сиетл. ”

“Овој феномен се отсликува во феноменот на малолетните банди и култови. Кога овие улични мангупи се органзирани

околу харизматични шефови, тие се сфаќаат како банди. Кога тие се организирани околу харизматични гуруа, тие се

сфаќаат како култови. Децата кои живеат на улиците имаат низок степен на преживување и не им треба многу време да

го сфатат тоа. Тие гледаат како нивните пријатели умираат многу млади и знаат дека нивната судбина ќе биде иста. И

покрај тоа, тие не можат да се натераат себеси да изнајмат некој стан, да купат пристоја облека и да се обидат да најдат

некоја слабо платена работа којашто ја мразат. Дали разбираш што сакам да кажам, Џули? Џефри е само претставник од

високата класа на овој феномен. Претставниците на ниската класа ја немаат таа привилегија да се удават во некое убаво

езеро во Висконсин, но она што го прават се сведува на истата работа. Тие набргу ќе бидат мртви ако им се приклучат на обичните урбани просјаци и тие најчесто набргу се мртви.”

“Го разбирам сето тоа,” му реков. “Но она што не го разбирам е која е целта на сето ова.”

“С уште е рано за тоа, Џули. Јас само ти го свртувам вниманието кон нешто за кое луѓето од твојата култура сакаат да

мислат дека е неважно. Приказната за Џефри е многу тажна - но тој е реткост, нели? Вие можеби би се загрижиле

доколку илјадници како него би се давеле во езерата. Но илјадници млади отпадници кои умираат по вашите улици е

нешто што можете безбедно да го игнорирате.”

“Да, тоа е точно.”

“Она што го гледам е нешто што луѓето од вашата култура мислат дека не треба да биде гледано.” Тие се зависници од дрога, губитници, ганстери, ѓубре. Ставот на возрасните за нив е,‘Ако сакаат да живеат како

животни, оставете ги да живеат како животни. Ако сакаат да се убијат, оставете ги да се убијат. Тие се дефектни,

социопати, идиоти и подобро ни е без нив.’ ”

“Да, би рекла дека најголемиот дел од возрасните така гледаат на тоа.” “Тие се во состојба на негирање, Џули, и што е она што го негираат?”

“Тие негираат дека тоа се нивни деца. Тоа се нечии други деца.”

“Точно. Нема порака за вас во давењето на Џефри во езерото или умирањето на Сузи во калта од преголема доза. Нема

порака за вас во десетиците илјади кои се самоубиваат секоја година, кои исчезнуваат на улиците, не оставајќи ништо

освен нивните лица на тетрапак пакувањата. Ова не е порака. Ова е како реклама на радио, нешто што треба да биде

игнорирано, и колку повеќе го игнорираш, толку подобро звучи музиката.”

“Точно. Но с уште ја барам твојата поента.”

“Никој не би помислил да се запраша себеси, ‘Што им е потребно на овие деца?’”

“Секако. Кому му е гајле што им е потребно?”

“Но ти можеш да се запрашаш, нели? Дали можеш да го направиш тоа, Џули? Дали можеш да го поднесеш тоа?”

Седев и молчев една минута, гледајќи во празно, и наеднаш се случи најчудната работа: јас се расплакав. Едноставно експлодирав. Седев таму целосно преплавена во големи солзи кои не изчезнуваа, и не изчезнуваа, се додека не почнав да

мислам дека сум ја пронашла мојата животна цел, а тоа е да седам во таа фотелја и да плачам.

Кога успеав да се смирам, јас станав, му реков на Ишмаел дека ќе се вратам набргу и отидов да прошетам наоколу.

Потоа се вратив и му реков дека не знам како да го претворам тоа во зборови..

“Не можеш да ги искажеш емоциите преку зборови, Џули. Го знам тоа. Ти го направи тоа преку солзите, и нема зборови

еднакви на тоа. Но има други работи кои можеш да ги претвориш во зборови.”

“Да, претпоставувам дека е така.”

“Ти имаше некој вид на визија за уништувачката загуба која ја споделуваш со младите луѓе за кои зборувавме овде.”

“Да. Не знаев дека ја споделувам со нив. Не знаев дека воопшто споделувам нешто со нив.”

“Кога дојде првиот ден, ти рече дека постојано си велиш себеси, ‘Морам да си одам одовде, морам да си одам одовде. Ти

рече дека тоа значи ‘Спасувај си го животот!’” “Да. Претпоставувам може да се каже дека тоа го чувствував додека седев и плачев. Ве молам! Ве молам оставете ме да

си го спасам животот! Ве молам пуштете ме одовде! Ве молам, пуштете ме. Ве молам немојте да ме чувате

затворена овде до крајот на животот! Морам да си одам! Не можам да издржам повеќе!”

58

“Но ова не се мисли кои можеш да ги споделиш со твоите соученици.”

“Ова не се мисли кои можев да ги споделам со себе пред две недели.”

“Би се осмелила да ги погледнеш.”

“Не, кога би ги погледнала, би рекла, ‘Господе, што не е во ред со мене? Сигурно имам некоја болест!’”

“Ова се истите мисли кои Џефри ги запишувал цело време во неговиот дневник. ‘Што не е во ред со мене? Што не е во

ред со мене? Сигурно нешто не е во ред со мене штом не можам да најдам задоволство во светот на работата.’ Тој секогаш пишувал, ‘Што не е во ред со мене? Што не е во ред со мене? Што не е во ред со мене?’ И се разбира сите негови

пријатели постојано му велеле, ‘Што не е во ред со тебе? Што не е во ред со тебе? Што не е во ред со тебе штом не

можеш да ја прифатиш оваа одлична програма?’ Можеби сега сфаќаш дека мојата улога овде е да ви ги донесам овие

неверојатни вести: С е во ред со ВАС. Вие не сте она што е погрешно. Мислам дека имаше елемент на ова разбирање во

твоите солзи: ‘Господе, не е проблемот во мене!’”

“Да, во право си. Половината од она што го чувствував беше огромно чувство на олеснување.”

Револуционери

“Ти сакаше да знаеш како би изгледал светот доколку би почнале да живеете на друг начин. Сега имаш подобра идеја за

тоа каков би бил тој поразличен начин на живот. Ти реков дека треба да престанете да размислувате за откажување од

работите и да барате повеќе, но мислам дека не ме сфати најдобро што сакам да кажам со тоа.” “Не, не сфатив. Но мислев дека сум сфатила.”

“Но сега сфаќаш. Ти целосно се распадна кога конечно сфати дека јас всушност би ги слушнал твоите барања, дека би

сакал да ги слушнам твоите барања - дека ти заслужуваш твоите барања да бидат слушнати.”

“Да, тоа е точно.”

“Така ќе го дизајнираме новиот свет за вас, Џули. Ќе ги слушаме вашите барања. Што е она што го сакате? За што би

умреле?”

“Леле,” реков. “Тоа е тешко прашање. Јас сакам место каде што нема постојано да си велам себеси, морам да избегам

одовде, морам да избегам одовде, морам да избегам одовде, морам да избегам одовде.”

“Тебе и на луѓето како Џефри ви треба ваш сопствен културен простор.”

“Да, така е.”

“Културниот простор не е секогаш географски простор. Децата кои живеат на улиците во Сиетл и слични места, не бараат илјадници хектари. Тие се целосно задоволни да го споделат просторот со вас, и всушност најверојатно би умреле

од глад кога би требало да живеат на посебен простор. Тие велат, ‘Видете, ние сме целосно задоволни да живееме од она

што вие го фрлате. Зошто едноставно не не оставите да го правиме тоа? Само дајте ни доволно простор да бидеме

мршојадци. Ние ќе бидеме племето на Гавранот. Вие не ги убивате гавраните кои ги јадат мршите, нели? Ако ги убиете

гавраните, тогаш ќе морате самите да се погрижите за мршите. Оставете ги гавраните да го прават тоа. Тие не земаат

ништо што вие сакате, па затоа кој е проблемот со гавраните? Ние исто така не земаме ништо што вие сакате, па затоа кој

е проблемот со нас?’”

“Тоа звучи убаво - но никогаш нема да се случи.”

“А што е со тебе, Џули? Дали би сакала да припаѓаш на племето на Гавранот?”

“Да бидам искрена, не.”

“Па, зошто би сакала? Нема еден вистински начин на живот. Но да претпоставиме дека луѓето од Сиетл всушност рекле,

‘Да се обидеме со ова. Наместо да војуваме со овие деца и да се обидуваме да ги промениме и да им го направиме животот пекол, ајде да им помогнеме. Ајде да им помогнеме да станат племето на Гавранот. Што е најлошото што може

да се случи?’”

“Тоа би било одлично.”

“И кога би знаела дека има такви луѓе во Сиетл - луѓе кои се подготвени на таков ризик - каде би сакала да живееш кога

би барала место за живот?”

“Би сакала да живеам во Сиетл.”

“Тоа би можело да биде интересно место, Џули. Место на кое луѓето пробуваат работи.” Ишмаел замолкна неколку

минути и јас помислив дека малку се изгубил. Но конечно продолжи, “Без разлика колку и да сум бил темелен, кога ќе

дојдеме до овој стадиум, учениците секогаш ми велат, ‘Да, но што треба всушност ние да направиме?’ И јас им велам,

‘Вие Земачите се годеете со тоа што сте инвентивни, нели? Па, бидете инвентивни.’ Но тоа не е доволно, нели?”

Не знаев дали ми зборува мене или си зборува себеси, па затоа само молчев и слушав. “Кажи ми нешто за инвентивноста, Џули.”

“Како мислиш?”

“Кој е вашиот најдобар период на инвентивност? Најдобриот период на инвентивност во човечката историја.”

“Јас би рекла дека тоа е овој период.”

“Периодот на Индустриската Револуција.”

“Точно.”

“Како профункционирала?”

“Како мислиш?”

“Вашата најголема задача во годините што следуваат е да бидете инвентивни - но не за машините, туку за себеси. Дали

тоа има смисла за тебе?”

“Да.” “Тогаш можеби има некои работи кои можеме да ги научиме за инвентивноста од најдобриот период на инвентивност во

човечката историја. Дали тоа ти звучи прифатливо?”

“Да, апсолутно.”

59

“Значи, уште еднаш, како профункционирала?”

“Индустриската Револуција? Господи, не знам.”

“Дали Индустриско-револуционерна армија влегла во главниот град и ја превземала власта? Дали го уапсила кралското

семејство и го ставила на бесилка?”

“Не.”

“Тогаш како профункционирала?” “Господи... ти ме прашуваш за картели и монополи?”

“Не, ништо такво. Не зборувам за пари. Зборувам за инвентивност. Пробај вака, Џули. Како почнала Индустриската

Револуција?”

“Во ред. Се сеќавам на тоа. Тоа е единственото нешто на кое се сеќавам. Џемс Ват. Парната машина. Илјада

седумстотини и некоја.”

“Одлично, Џули. Џемс Ват. Парната машина. Илјада седумстотини и некоја. Џемс Ват најчесто се смета за човекот

којшто ја измислил парната машина која го започнала сето ова, но ова е збунувачко објаснување коешто го пропушта

целата смисла на оваа револуција. Џемс Ват во 1763 едноставно ја подобрил машината дизајнирана во 1712 од Томас

Њукомен, кој едноставно ја подобрил машината дизајнирана во 1702 од Томас Савери, кој несомнено знаел за машината

опишана во 1663 од Едвард Сомерсет, која била само варијација на парната фонтана на Саломон да Каус од 1615, којашто

всушност била многу слична со направата опишана тринаесет години порано од Гиамбатиста дела Порта, кој бил првиот

што ја искористил позначајно моќта на пареата од времето на Александар Херојот во првиот век од христијанската ера. Ова е одлична демонстрација за тоа како функционирала Индустриската Револуција. Но претпоставувам дека с уште не

ти е доволно јасно, па затоа ќе ти дадам друг пример.

“Парните машини би биле бескорисни без кокс, којшто е без чад и не согорува. Согорувањето на јагленот создава

јагленов гас, кој на почетокот бил испуштан како безвреден. Но до крајот на 1790 тој почнал да се согорува во фабриките,

за да ја придвижи опремата и да произведува светлина. Но согорувањето на јагленот за да се произведе јагленов гас

создал уште еден отпаден производ, јагленов катран, одвратен, смрдлив талог кој бил многу тежок за отстранување.

Германските научници мислеле дека е глупаво да се отстранува тој катран бидејќи би можел да се употреби за нешто. Со

дестилација на јагленовиот катран тие произвеле керозин, ново гориво и супстанција која се покажала одлична за

презервација на дрвата. Бидејќи тој го заштитувал дрвото од распаѓање, изгледало разумно дека слични резултати би

можеле да се добијат од други јагленови деривати. Во еден таков експеримент, карбонската киселина била употребена за

да го спречи распаѓањето во канализацијата. Кога слушнал за ефектот на овој материјал во 1865, англискиот хирург Џозеф Листер се запрашал дали тој би можел да го спречи распаѓањето во човековите телесни повреди (коишто во тоа

време ја правеле сета хирургија опасна по живот). Ги спречил. Уште еден дериват бил црниот јаглен, остаток од чадот од

изгорениот јагленов катран. Тој бил употребен во еден вид на индиго измислено од Сајрус Далкин во 1823. Тој исто така

бил искористен и кога Томас Едисон открил дека може да го засили телефонскиот звук со вметнување едно зрно на црн

јаглен во слушалката.”

Ишмаел ме погледна надежно. Му реков дека јагленовиот катран бил многу покорисен отколку што си замислував. “Жал

ми е,” му реков. “Знам дека ја пропуштам поентата.”

“Ти ме праша што да правиме, Џули и јас ти дадов една едноставна наредба: Бидете инвентивни. Сега се обидувам да ти

покажам што значи да се биде инвентивен. Се обидувам да ти покажам како функционирал најдобриот период на

човечката инвентивност: Индустриската Револуција била производ на милион мали почетоци, милион одлични мали

идеи, милион скромни иновации и подобрувања на претходни иновации. За период од триста години, стотици илјади од

вас, речиси секогаш водени од себични мотиви, го трансформирале човечкиот свет со ширење идеи и откритија и со подобрување на овие идеи и откритија чекор по чекор кон нови идеи и откритија.

“Знам дека меѓу вас има луѓе кои мислат дека Индустриската Револуција е производ на ѓаволот, но јас не сум еден од

нив, Џули. Делумно затоа што не продолжила според никаков теоретски дизајн, Индустриската Револуција не била

утописки потфат - за разлика од вашите училишта, вашите затвори, вашите судови, вашите владини структури. Не

зависела од тоа луѓето да бидат подобри отколку што се. Всушност, таа зависела од луѓето онакви какви што биле

отсекогаш.Дај им на луѓето газиени ламби и тие ќе ги остават свеќите. Дај им електична светлина и тие ќе ги остават

газиените ламби. Понуди им чевли кои се удобни и атрактивни и тие ќе ги остават чевлите кои се неудобни и грди.

Понуди им електрични машини за шиење и тие ќе ги остават мануелните машини за шиење. Понуди им телевизори во

боја и тие ќе ги остават црно-белите телевизори.

“Многу е важно да се нагласи дека богатството на човечката инвентивност кое било создадено од Индустриската

Револуција било раширено, а не концентрирано во рацете на неколку привилегирани луѓе. Не зборувам за производите кои биле произведени, туку за интелектуалното богатство кое било создадено. Никој не можел да го заклучи ниту

иновативниот процес ниту пронајдоците кои тој ги создал. Секој пат кога бил измислен нов пронајдок или нов процес,

секој бил слободен да каже, ‘Јас можам да го искористам тоа.’ Секој бил слободен да каже, ‘Можам да ја надградам оваа

идеја.’ Секој можел да каже, ‘Можам да ја употребам ова идеја на начин на кој нејзините пронаоѓачи никогаш не

сонувале.’”

“Па,” му реков, “никогаш не би помислила да размислувам за Индустриската Револуција на овој начин.”

“Многу е важно да се нагласи дека јас не велам дека таа е безгрешна. Јас не ги препорачувам нејзините цели и срамни

одлики - нејзиниот немилосреден материјализан, нејзината ужасна разорувачка моќ, нејзиниот огромен апетит за

незаменливи ресурси, нејзината подготвеност да ја следи алчноста во кој било правец. Јас само го препорачувам

нејзиниот метод на фунционирање којшто го ослободил најголемото и најдемократското излевање на човечка

креативност во човечката историја. Не треба да размислувате за откажување од работите, вие сега треба да размислувате за уште едно излевање на човечката креативност - излевање кое нема да биде насочено кон создавање на богатство на

производи, туку на создавање на она богатство кое сте го отфрлиле за да станете владетели на светот и по кое сега очајно

копнеете.”

60

“Дај ми пример, Ишмаел, дај ми пример.”

“Проектот Сиетл за кој зборувавме е еден пример. Тој би бил еквивалент на парната фонтана на Саломон де Каус од

1615, Џули. Не последен збор, туку само почеток. Луѓето од Лос Анџелес би го погледнале нивниот експеримент и би

рекле, ‘Да, тоа не е лошо, но ние можеме да направиме нешто подобро.’И луѓето во Детроит би го погледнале трудот на

Лос Анџелес и би пронашле различен пристап на напад кој би го употребиле во нивниот град.”

“Дај ми уште еден пример.” “Луѓето од Пеориа, Илиноис, велат, ‘Видете, можеби би можеле да се насочиме кон племенскиот модел со градење на

училиште во Садбури Бели во Франингам, Масачусетс. Би можеле да ги пензионираме нашите учители, да ги затвориме

училиштата и да го отвориме градот за нашите деца. Да им дозволиме да го учат она што го сакаат. Би можеле да го

превземеме тој ризик. Им веруваме на нашите деца до таа мера.’ Ова е екперимент кој ќе го привлече вниманието на

целата нација. Сите ќе гледаат за да видат дали ќе функционира добро. Јас лично воопшто не се сомневам дека ќе има

голем успех - доколку тие навистина им дозволат на децата да ги следат нивните носеви наместо да го уништат проектот

со наставен план. Но се разбира, проектот Пеориа ќе биде само почеток. Други градови ќе најдат начин да го збогатат, да

го надминат.”

“Во ред. Уште еден пример, те молам.”

“Знаеш, Џули, не се сите здравствени работници пресреќни да бидат дел од машинеријата за правење пари во која се

претвори здравството во оваа земја. Многу од нив станале здравствени работници од целосно други причини отколку

само да се збогатат. Можеби во Албукерки, Ново Мексико, би можеле да се здружат и да го однесат системот во целосно друга насока. Можеби ќе се сетат дека веќе има еден Џемс Ват на ова поле, физичар по име Печ Адамс, кој го основал

Институтот Гезундхајт, болница во Вирџинија каде што луѓето се лекуваат бесплатно. Но можеби им треба дополнителна

инспирација да видат дека слични работи се случуваат насекаде - работи како проектот Сиетл или проектот Пеориа.

Вака функционирала Индустриската Револуција, Џули. Луѓето гледале како другите луѓе откриваат како да направат

работите да функционираат и биле инспирирани да се обидат самите да направат нешто.”

“Мислам дека најголемата пречка за сите овие работи ќе биде владата.”

“Секако, Џули. Затоа е тука владата, да спречи да се случуваат добри работи. Но морам да кажам дека ако вие не можете

да ја принудите вашата демократска влада да ви дозволи самите да ги правите работите, тогаш вие најверојатно

заслужувате да изчезнете.”

“Се сложувам.”

“Го отворив племенскиот ковчег со богатството за тебе, Џули. Ти ги покажав работите кои вие сте ги отфрлиле за да станете владетели на светот. Систем на богатство чија основа е размена на енергија која е неисцрпна и целосно

обновлива. Систем на закони кој всушност им помага на луѓето да живеат наместо да ги казнува за работи кои луѓето

отсекогаш ги правеле и ќе ги прават. Образовен систем кој е бесплатен, функционира одлично и ги поврзува луѓето

генерациски. Има многу други системи кои се вредни да бидат истражувани, но нема да најдеш такви кои ги охрабруваат

луѓето да ги надградуваат креативно своите идеи на начин на кој вие сте го направиле тоа за време на Индустриската

Револуција. Таквата креативност не била забранета во племенскиот живот - но исто така немало побарувачка, ниту пак

награда за тоа.”

Молчеше некое време. Јас ја отворив мојата уста за да почнам да зборувам, а тој ја подигна едната рака за да ме сопре.

“Знам дека с уште не ти го дадав она што го сакаш. Ќе дојдам дотаму. Само треба да бидеш трпелива и да ме оставиш да

дојдам дотаму на мој начин.”

Поглед кон иднината

За вас, тоа е само уште еден дел од античката историја, како Втората Светска војна или Корејската војна, но пред дваесет

и пет години илјадници деца на твоја возраст знаеле дека начинот на Земачите е смртоносен начин. Тие не знаеле многу

повеќе од тоа, но знаеле дека не сакаат да го прават она што нивните родители го правеле - да бидат во брак, да најдат

работа, да остарат, да се пензионираат и да умрат. Тие сакале да живеат на нов начин, но единствените вистински

вредности кои ги имале биле љубовта, пријателството, емотивната искресност, дрогата и рокенролот - тоа воопшто не се

лоши вредности, но не се доволни за основа на една револуција, а она што тие го сакале била револуција. Исто како што

немале револуционерна теорија, исто така немале ниту револуционерна програма. Тие имале само слоган -'Наштимај се,

вклучи го засилувачот и почни да свириш’ - и си замислувале дека ако сите го направат тоа, тогаш би имало танцување

на улиците и новата човечка ера би започнала. Ти го кажувам ова затоа што е важно да се знае зошто работите успеваат и

зошто работите пропаѓаат. Детскиот револт од шеесетите и седумдесетите години пропаднал затоа што тој немал ниту теорија ниту програма. Но тие секако биле во право за една работа: Време е за нешто ново.

“Вие морате да имате револуција ако сакате да преживеете, Џули. Ако продолжите да живеете на начинот на кој сега

живеете, тешко е да се замисли дека ќе преживеете уште еден век. Но не можете да имате негативна револуција. Секоја

револуција која сака да се врати назад кон ‘старите добри времиња’ на замислена едноставност кога мажите ги симнувале

шапките, жените седеле дома и готвеле и никој не се разведувал и никој не се сомневал во авторитетите е заснована на

соништа. Секоја револуција која очекува од луѓето доброволно да се откажат од работите кои им се потребни,за работи

кои не им се потребни е чиста утопија и ќе пропадне. Вие морате да имате позитивна револуција, револуција којашто им

дава повеќе на луѓето од она што навистина им треба, а не помалку од она што не им треба. Ним не им требаат

електронски игри, но ако тоа е најдоброто што можат да го добијат, тогаш тоа ќе го земат. Нема да постигнете многу во

вашата револуција ако им кажете да се откажат од електронските игри. Ако сакате да изгубат интерес за играчки, тогаш

морате да им дадете нешто подобро од играчки. “Тоа мора да биде лозинката на вашата револуција, Џули - не доброволна сиромаштија, туку доброволно богатство. Но

вистинско богатство овој пат. Не играчки, не направи, не ‘љубезности.’ Не работи кои можете да ги ставите во банкарски

сефови. Вид на вистинско богатство со кое се родени луѓето. Вид на вистинско богатство во кое уживале луѓето стотици

61

илјади години - и продолжуваат да го уживаат на местата каде што Оставачите се с уште недопрени. И ова е богатство

во кое можете да уживате без да се чувствувате виновни, Џули, затоа што тоа не е нешто што е украдено од светот. Тоа е

богатство кое е производ на вашата енергија. Дали ме разбираш?”

“Да.”

“Ајде да видиме дали можеме да најдеме разумен и прифатлив начин да погледнеме во иднината на вашата револуција.

Во 1816 Баронот Карл вон Драјс од Карлсруе, Германија, сакал да се обиде да пронајде нешто (Индустриската Револуција ги опфатила сите класи, високи и ниски). Тој сакал да создаде возило на сопствен погон и она што го создал

бил доста добар дизајн за прв обид: велосипед кој се движел со помош на туркање со сопствените нозе. Ако можел да

погледне седумдесет години во иднината, ќе можел да види велосипед кој функционирал многу добро - велосипедот

создаден од Џејмс Старли, кој, освен неколку измени, с уште се користи денес, еден век подоцна.

“Исто како и Баронот, јас и ти не можеме да погледнеме во иднината и да видиме глобален човечки општествен систем

кој функционира одлично. Таков систем можеби ќе постои еден ден - но ние не можеме да си го замислиме, исто како

што не можел Баронот да си го замисли велосипедот на Џејмс Старли. Дали разбираш што сакам да кажам?”

“Мислам дека разбирам.”

“И покрај тоа, ние сме во подобра ситуација од Баронот. Баронот не можел да погледне во иднината (затоа што никој не

може), но исто така не можел да погледне и во минато, затоа што таму немало велосипеди. Ние сме во подобра ситуација

од него затоа што, иако не можеме да погледнеме напред за да видиме глобален човеков општествен систем, ние можеме

да погледнеме назад кон оној што функционирал одлично. Функционирал толку добро што можеме со сигурност да кажеме дека тој бил конечен, непроменлив систем за племенските луѓе. Немало комплексна организација, имало само

независни племиња кои си играле Непредвидлива Одмазда: Дај го најдоброто што го имаш, но немој да бидеш премногу

предвидлив.”

“Добро.”

“Сега кажи ми, кои закони и принципи ги спроведува или заштитува стратегијата на Непредвидливиот Одмаздник?”

“Па... ги заштитува племенската независност и идентитет.”

“Да, тоа е точно, но тоа се работи, а не закони и принципи.”

Размислував малку за тоа и на крајот признав дека не знам.

“Не е важно. Стратегијата на Непредвидлива Одмазда го спроведува овој закон: Нема еден вистински начин за луѓето да

живеат.”

“Добро, сега разбирам.” “Ова важи и денес исто како што важело пред милион години. Ништо не може да го направи да биде неупотреблив. Овој

закон е нешто на коешто можеме да му веруваме, Џули. Барем јас и ти можеме, зборувајќи како револуционери.

Противниците на револуцијата најверојатно ќе инсистираат дека сигурно има некој вистински начин за луѓето да живеат,

и тие генерално инсистираат дека знаат кој е тој начин. Сето тоа е во ред, се додека не се обидуваат да ни го наметнат

нам нивниот вистински начин на живот. ‘Нема еден вистински начин за луѓето да живеат,’ е местото каде што ние ќе

започнеме, како што ‘мислам значи постојам,’ било местото од каде што Декарт започнал. Двете изјави мораат да се

прифатат како очигледни, или во спротивно едноставно да бидат отфрлени. Ниту една не може да се докаже. Двете

можат да бидат спротивставени од други аксиоми, но ниту една не може да биде отфрлена. Дали ме следиш?”

“Мислам дека те следам, Ишмаел. Од далечина.”

“Значи, имаме мото за нашиот транспарент: ‘Нема еден вистински начин за луѓето да живеат.’ Дали ќе смислиме име за

самата револуција?”

Откако размислив малку, јас реков, “Да. Би можеле да ја наречеме Племенска Револуција.” Ишмаел климна со главата. “Тоа е добро име, но мислам дека е подобро да ја наречеме Нова Племенска Револуција. Во

спротивно луѓето ќе помислат дека зборуваме за копја и стрели и за живеење во пештери.”

“Да, во право си.”

Еве неколку работи кои можеме да ги очекуваме од Новата Племенска Револуција, на основа на искуството од

Индустриската Револуција. Можеме да го наречеме план од седум точки.

“Еден: Револуцијата нема да се случи насекаде во истиот момент. Таа нема да биде некаков вид на државен удар како

Француската или Руската револуција.”

“Два: Таа ќе биде постигната постепено, од луѓе кои ги надградуваат сопствените идеи. Ова е големата движечка

иновација на Индустриската Револуција.”

“Три: Нема да биде управувана од никој. Исто како и Индустриската Револуција, нема да биде потребен овчар,

организатор, водач на врвот; таа ќе биде преголема за кој било да може да ја води.” “Четири: Таа нема да биде иницијатива на ниту едно политичко, владеачко и религиозно тело - повторно, исто како и

Индустриската Револуција. Некои сигурно ќе сакаат да тврдат дека се нејзини поддржувачи и заштитници; секогаш има

водачи кои се подготвени да истапат напред кога другите ќе им го покажат патот.”

“Пет: Нема да има крајна цел. Зошто би имала крајна цел?”

“Шест: Нема да се одвива по никаков план. Како би можело да има било каков план?”

“Седум: Таа ќе ги награди оние кои ја надградуваат револуцијата со средствата на револуцијата. Во Индустриската

Револуција, тие коишто многу придонесувале во богатството на производите, добивале многу од богатството на

производите; во Новата Племенска Револуција, тие кои придонесуваат многу во поддршката на револуцијата, ќе добијат

многу поддршка од револуцијта.”

“Сега имам едно прашање за тебе. Што мислиш, што ќе се случи со Земачите во оваа револуција?”

“Како мислиш ‘ќе се случи’?” “Сега сакам да почнеш да размислуваш како револуционер. Не ме оставај сам да ја завршам работата. Првото нешто што

луѓето ќе сакаат да го направат е да го отфрлат начинот на Земачите. Точно?”

Го гледав бледо. “Не знам.”

62

“Размислувај, Џули.”

“Како ќе го отфрлат начинот на Земачите?”

“Претпоставувам на истиот начин на кој отфрлаат с друго.”

“Сакам да кажам... ако навистина нема еден вистински начин за луѓето да живеат, како можеш тогаш да го отфрлиш

начинот на Земачите? Или кој било друг начин?”

“Тоа е многу подобро. Ако нема еден вистински начин за луѓето да живеат, тогаш секако дека не можеш да го отфрлиш начинот на Земачите. Начинот на Земачите ќе продолжи и луѓето кои ќе го следат ќе бидат луѓето кои навистина сакаат

да работат за да можат да јадат. Тие навистина ќе сакаат да ја заклучуваат нивната храна за да не можат да дојдат до неа.”

“На овој начин, Земачите ќе изгубат многу луѓе, затоа што остатокот од нас ќе сака храната да биде слободна за земање.”

“Тогаш тоа ќе се случи, Џули. Не морате да го отфрлите начинот на Земачите за тој да исчезне. Вие само требате да ја

отворите вратата на затворот и луѓето ќе почнат да излегуваат. Но секогаш ќе има луѓе кои повеќе ќе го сакаат начинот

на Земачите, кои навистина се имаат приврзано кон тој животен стил. Можеби сите тие можат да се соберат заедно на

островот Менхетен. Ќе можете да го прогласите тоа место за национален парк и да ги праќате вашите деца да ги

проучуваат жителите на тој парк.”

“Но како ќе функционира сето останато, Ишмаел?”

“Во оригиналниот систем, племенското членство било одредено со раѓањето. Тоа значи дека, ако си се родил како Уте

или Пенобскот или Алава, не си можел да го измениш тоа по избор. Претпостаувам дека тоа било возможно, но било

реткост. Зошто некој Хопи би сакал да стане Навахо и обратно? Но во Новата Племенска Револуција, племенското членство ќе мора да биде единствено по избор, барем на почетокот. Замисли си свет во кој Џефри, наместо да патувал од

една група на Земачки пријатели до друга, да можел да патува од едно племе до друго - секое племе различно, секое

племе отворено за луѓето да можат да влезат или да излезат. Дали мислиш дека тој би се удавил во тоа езеро?”

“Не, не мислам. Мислам дека би завршил во племе во кое луѓето сакаат да седат и да свират гитара и да пишуваат

поезија.”

“Тие најверојатно нема многу да постигнат во животот, нели?”

“Најверојатно не, но каква врска има тоа? Зарем нема многу наменски заедници како овие во моментов?”

“Да, повеќе од било кога. За жал, сите тие функционираат внатре во затворот на Земачите. Тие мораат да функционираат

така, затоа што затворот на Земачите нема надворешни граници. Земачите одамна ја завземале целата планета, па затоа

сите се внатре.”

“Каква врска има тоа?” “Внатре во вистинските затвори, затворениците формираат групи за различни цели, некои санкционирани од затворските

авторитети, некои не. На пример, некои постојат поради заштита; членовите се заштитуваат еден со друг. Групите немаат

официјален статус. Тие се несанкционирани, дури отфрлени. Кога би биле санкционирани, тие би биле безвредни,

бидејќи на тој начин не би можеле да преземаат акции кои затворските авторитети не ги одобруваат. За да можат да ја

извршуваат функцијата за која се создадени, тие мораат да останат несанкционирани - слободни да прекршуваат

правила. Кога еднаш ќе бидат санкционирани тие стануваат како клуб на шахисти или група за дискусија - послушни на

затворските правила и далеку од ‘вистинските грижи’ на затворениците.”

“Каква врска има ова со наменските заедниците?”

“Наменските заедниците скоро секогаш започнуваат со цел да бидат санкционирани од законот на Земачите. Тоа им

овозможува да не бидат малтретирани од полицијата, но го ограничува степенот на важност којшто можат да го

постигнат во животите на своите членови. Ова е разликата помеѓу наменските заедниците и култовите и бандите.

Наменските заедниците сакаат да бидат официјално санкционирани, додека култовите и бандите никогаш не сакаат - и ова објаснува како можат култовите и бандите да имаат племенска важност за животите на нивните членови.”

“Што сакаш да кажеш со изразот ‘племенска важност’?”

“Сакам да кажам дека ако припаѓаш на некој култ или банда, тоа ја има истата важност исто како да припаѓаш на некое

Оставачко племе. Во основа, сакам да кажам дека членството станува вредно за умирање, Џули. Кога следбениците на

Џим Џонс сфатиле дека Џонс-Таун е осуден на пропаст, тие веќе немале причина да живеат. Џонс им рекол, ‘Ако ме

сакате како што јас ве сакам вас, тогаш сите мораме да умреме заедно или да бидеме уништени од надвор.’ Знам дека ова

се случило неколу години пред да се родиш, но мислев дека можеби се слушнала за тоа.”

Му реков дека не сум слушнала.

“Деветстотини луѓе извршиле самоубиство заедно со него. Оставачките племиња го правеле истото кога сфаќале дека

конечно нема надеж да продолжат да живеат како племе.”

Одмавнав со главата и тој ме праша што не е во ред. “Не сум сигурна. Или можеби сум. Навикната сум да размислувам за гангстерите како за животни. Навикната сум да размислувам за членовите на култовите како за лудаци. Тоа што ги

ставаш Оставачите заедно со бандите и култовите многу ме збунува.”

“Разбирам. Како што ќе се движиш повеќе низ светот, ќе видиш дека интелектуално несигурните луѓе многу често ја

одржуваат нивната самодоверба со одржување на работите во цврсти, непробојни категории на добро и лошо.

Индустриската Револуција е лоша, и нема ништо во неа што би можело да биде карактеризирано како добро. Бандите и

култовите се лоши, и нема ништо во нив што би можело да биде карактеризирано како добро. Од друга страна,

племињата се добри, и нема никаква врска помеѓу нив и лошите работи како бандите и култовите. Дозволиво е да се каже

дека Оставачите функционираат многу добро без класи и приватна сопственост, но треба да се биде внимателен и да се

нагласи дека тие не читале книги од Маркс и Енгелс.”

“Да, верувам во тоа. Но с уште не ми е јасно каква врска има ова со наменските заедниците.”

“Кога владините претставници почнале да го проверуваат неговиот храм, Џим Џонс го преселил во Гвајана. Тој го направил тоа затоа што знаел дека ќе престане да функционира ако потпадне под владин надзор. Да се префрлиме на

еден друг пример. Еден излекуван алкохоличар по име Чарлс Дедерич изградил центар за рехабилитација во Санта

Моника во 1958. Центарот бил наречен Синанон. Тоа всушност и не била заедница, затоа што зависниците доаѓале и си

63

оделе, но како што поминувало времето, Дедерич станувал се понезадоволен од овој модел. Тој сакал заедница и не

поминало многу време пред да почне да ги охрабрува излекуваните зависници да останат како постојани вработени.

Следно, тој ја отворил заедницата за странци-професионалци и бизнисмени кои биле подготвени да се откажат од

нивните недвижнини, автомобили и банкарски сметки во корист на Синанон со цел да припаѓаат на уникатна заедница и

да имаат дом да крајот на животот. Чекор по чекор, Синанон постепено преминал од центар за рехабилитација во култ - и

тоа борбен култ, вооружен не само за одбрана туку и за напад, впуштајќи се во обиди за убиства и брутални напади на обележани непријатели во околината на заедницата. Култовите на Багван Шри Рајнеш и Христијанската Фондација

Аламо биле прифатени од луѓе кои на сличен начин биле подготвени да ги предадат сите работи кои ги поседуваат и да

работат за ништо со цел да припаѓаат - да имаат членство и сето она што доаѓа со членството - храна, живеалиште,

облека, транспорт, здравство итн. Сигурност, со еден збор.”

“Уште еднаш, не сум сигурна зошто ми го кажуваш сето ова.”

“Се обидувам да ти објаснам дека овие луѓе не се луди. Тие очајно сакаат нешто што луѓето го имале стотици илјади

години и с уште го имаат на местата каде што преживеал начинот на живот на Оставачите. Тие сакаат да бидат

згрижени на племенски начин, Џули. Тие се целосно подготвени да му ја дадат на култот целата нивна поддршка - во

замена за неговата целосна поддршка, што значи храна, живеалиште, облека, транспорт, здравство итн - с што е

потребно за да се живее како човек. Тие не ги бараат овие култови затоа што ги гледаат како племенски. Тие ги бараат

затоа што ги гледаат како нешто што очајно им било потребно - и с уште им е потребно, ти гарантирам, Џули. Во

годините што доаѓаат, ќе видиш с повеќе и повеќе обични и интелегентни луѓе кои се привлечени кон култовите, не затоа што се луди туку затоа што култовите им нудат нешто што тие многу го сакаат, а не можат да го добијат во светот

на Земачите. Парадигмата поддршка-за-поддршка е многу повеќе од само начин да се остане жив, таа е целосен

задоволувачки стил на живеење. Луѓето навистина сакаат да живеат на овој начин. ”

“Во ред. Го разбирам тоа. Сега кажи ми што треба да направам во врска со тоа.”

“Во моментов, Џули, на кој му е дозволено да создава култови?”

“Би рекла дека никому не му е дозволено да создава култови.”

“И бидејќи никому не му е дозволено да создава култови, кој всушност создава култови?”

“Луди луѓе,” јас реков. “Луѓе во заблуда или богати луѓе. Исто така и измамници.”

“Џули, ова е она што се обидувам да ти го објаснам. Поради тоа што никому не му е дозволено да создава култови освен

на лудаците и измамниците, зошто си изненадена од фактот дека сите ваши култови се создадени од лудаци и

измамници?” “Тоа е проклето добро прашање.”

“Еве уште едно прашање за тебе. Што би направила со култ што не бил создаден од лудаци и измамници?”

“Како мислиш, што би направила?”

“Па, дали би го уништила?”

“Не знам.”

“Дали знаеш кои се Амишите?”

“Да. Пред неколку години Харисон Форд се криеше кај Амишите во еден од неговите филмови.”

“Зарем не мислиш дека Амишите треба да бидат уништени?”

“Не. Зошто би го мислела тоа?”

“Затоа што тие живеат како култ кој не е управуван од лудак или измамник.”

Ги затворив очите и одмавнав со главата. “Ишмаел, ти ме збунуваш.”

“Добро. Тоа е напредок. Морам да те натерам да прегазиш преку твоите културни табуа. Не знам друг начин на кој можам да го урнам начинот на кој си била условена да одговараш на зборовите. Кога ќе го слушнеш зборот банда, ти си

била условена да размислуваш, ‘лошо - не смеам да размислувам за тоа.’ Кога ќе го слушнеш зборот култ, ти си била

условена да размислуваш, ‘лошо - не смеам да размислувам за тоа.’ Кога ќе го слушнеш зборот племе, ти си била

условена да размислуваш, ‘добро - во ред е да размислувам за тоа.’”

“Што треба да мислам кога ќе ги слушнам зборовите банда и култ?”

“Можеш да започнеш со размислувањето, ‘Светот не е нешто апстракно.’ Можеш да започнеш со размислувањето,

‘Нештата не се лоши само затоа што се дефинирани како лоши.’ Можеш да започнеш со размислувањето, ‘Фактот што

нешто е дефинирано како лошо, не значи дека не можам да размислувам за тоа.’”

“Во ред. Но како да размислувам сега?”

“Ти треба да размислуваш за фактот дека нема оперативна разлика помеѓу племето и култот, Џули. Нема оперативна

разлика помеѓу карбураторот создаден од христијански републиканец и карбураторот создаден од атеистички анархист. И двата функционираат на ист начин. Тоа сакам да го кажам кога велам дека нема оперативна разлика помеѓу нив.”

“Го разбирам тоа.”

“Истото важи и овде. Можеби ќе ти помогне ако ти посочам уште еден пример на племенски живот кој преживеал (и

дури напредувал) во вашата култура: циркусот. Можеш да го наречеш циркусот бизнис кој функционира на племенска

основа, но се разбира никој сопственик на циркус никогаш намерно не го создал бизнисот на тој начин. Всушност,

циркусите настанале како племиња и би престанале да бидат циркуси кога би престанале да бидат племиња. Нивната

легендарна племенска солидарност, толку различна од општеството низ кое се движат, ги прави нив неодоливо

искушение и луѓе од сите возрасти ‘бегаат за да му се приклучат на циркусот’, да бидат дел од таа солидарност. Тие се

исклучително важни како модели за вашата револуција, затоа што, за разлика од абориџинските племиња, тие многу

ретко имаат етнички граници. Границата околу нив е цврста за општата јавност, но ќе се отвори за која било циркуска

личност. Племето, култот (и секако циркусот) функционираат на овој принцип: Дај ни ја твојата целосна поддршка и ние ќе ти ја дадеме нашата целосна поддршка. Целосна - обострано. Без исклучок - обострано. Луѓе умирале за тоа,

Џули. Луѓе ќе умрат за тоа, Џули - не затоа што се луди, туку затоа што тоа е нешто што всушност значи нешто за нив.

Тие никогаш не би ја замениле таа целосна поддршка за работни места од-девет-до-пет и пензиски чекови.”

64

(Секако, би се сетила на овој разговор три и пол години подоцна кога моќната американска влада одлучи дека е

непходно да уништи мала секта во Вако, Тексас. Не беше важно што гранката давидијанци не беа осудени за никакво

злосторство - дури не беа ниту обвинети за никакво злосторство. Тие беа во заблуда, а тоа значеше дека можат да бидат

уништени без судење - очигледно на основа на тоа дека нашите заблуди се во ред, но нивните заблуди се несомнено

лоши и мораат да бидат избришани од лицето на земјата.)

Јас реков, “Ти како да ме охрабруваш да започнам култ.” Ишмаел воздивна и одмавна со главата. “Ти си мојот гласник, Џули, и ова е мојата порака: Отворете ги вратите на

затворот и луѓето ќе почнат да излегуваат. Изградете работи кои луѓето ги сакаат и тие ќе се врзат за нив. И немојте да ги

затворате очите пред работите кои луѓето ви ги покажуваат. Немојте да бегате од нив само затоа што Мајката Култура ги

дефинирала како лоши. Наместо тоа, пробајте да разберете зошто таа ги дефинирала како лоши.”

“Разбирам. Таа ги дефинирала како лоши затоа што сака да бегаме од нив како од оган.”

“Се разбира.”

Наеднаш, еден човек седна на фотелјата до мене - и јас веднаш знаев дека мојот курс на студии со мајмунот е завршен.

Човекот од Африка

Ишмаел рече, “Ова е Арт Овенс,” и јас го погледнав подобро. Ишмаел рече дека тој има четириесет години, на јас би

помислила дека е помлад - не ми оди добро погодувањето на возраста на некој човек. Тој имаше побогата нијанса на црна боја отколку што бев навикната да ја гледам кај афроамериканците, најверојатно (подоцна фатив) затоа што немало

белци помеѓу неговите предци. Тој беше убаво облечен, во ленен костим, маслинеста кошула и сива вратоврска.

Тој изгледаше како Мајк Тајсон, низок и прост, но моќен, како тежок француски клуч. Не знам што да кажам за неговото

лице. Тој не беше згоден, ниту одвратен. Тој имаше лице што можеше да те натера повторно да размислиш што може да

биде направено со лицата. Тоа беше лице кое припаѓаше на некој кој, ако речеше дека ќе врне четириесет дена и

четириесет ноќи, почнувајќи од утре, ќе се присетеше дека отсекогаш си сакал да имаш брод.

“Здраво Џули, ” рече тој, со длабок, силен глас. “Имам слушнато многу за тебе.” Доколку тоа беше кажано од некој друг,

ќе го сфатев само како вообичаеното клише. Јас му реков дека не сум слушнала ништо за него, а тој одговори на тоа со

скромна насмевка. Потоа го погледна Ишмаел, очигледно очекувајќи од него да ми го каже она што тој сакаше да го

знам.

“Всушност, имаш слушнато нешто за Арт, Џули. Ти реков дека тој има возило и дека ќе ми помогне да избегам одовде.” “Да,” реков. “Во ред.”

“Ти се понуди да помогнеш - и сега твојата помош е потребна.”

Го погледнав Арт Овенс, најверојатно мислејќи дека тој не можел да исполни нешто што го ветил. Тој исто така климна

со главата. “Пропуштивме нешто за кое мислевме дека сме го откриле.” Потоа го праша Ишмаел колку ми кажал од

планот.

“Не сум ѝ кажал ништо,” рече Ишмаел.

“Ишмаел се враќа во Африка,” рече Арт. “Тој не може повеќе да живее овде, сега кога Рејчел е мртва.”

“Што има во Африка?”

“Дождовна шума во северен Заир.”

“Се шегуваш,” му реков. Арт се намурти и го погледна Ишмаел.

“Таа мисли дека сакаш да кажеш неколку илјади хектари со ограда околу нив,” објасни Ишмаел.

“Јас зборувам за вистинска дождовна шума - илјадници квадратни километри.” “Вие двајцата не ме разбирате,” јас реков. “Кога реков дека се шегуваш, сакав да кажам дека вие ми велите дека тој ќе

оди да живее како горило?”

Тие се погледнаа како да сум станала и сум ги удрила по вилицата. Арт прв се поврати од шокот и рече, “Зошто да не оди

и да живее како горило? Тој е горило.”

“Тој не е горило, тој е проклет филозоф.”

Тие разменија зачудени погледи.

Ишмаел рече, “Верувај ми, Џули, нема катедри за филозофија отворени за мене никаде во светот и никогаш нема да има.”

“Тоа не е единствениот избор.” Ишмаел ја подигна едната веѓа, предизвиквајќи ме да именувам некои други, но јас реков

дека не гледам причина зошто тој би очекувал јас да најдам други алтернативи. Јас размислував за проблемост само

триесет секунди.

“Јас размислував за проблемот со месеци Џули, и ќе мораш да ми веруваш кога велам дека ова е најдоброто нешто што може да се изведе. Не го сметам ова за пораз или последна надеж. Ова ми нуди слобода која не можам да ја добијам на

ниту еден друг начин.”

Ги погледнав двајцата истовремено. Нема сомнеж дека работата веќе беше договорена, па затоа јас само ги прашав зошто

сум им потребна.

Тие се опуштија, и Ишмаел рече, “Што мислиш, како би можело да се изведе такво нешто, Џули?”

“Па, претпоставувам дека не можеш да резервираш седиште од прва класа во авион.”

“Тоа е точно. Но детаљите за транспорт се полесниот дел. Првите осум илјади милји од тука до Киншаса не се никаков

проблем. Следните петстотини милји, од Киншаса до местото каде што можам да бидат ослободен, не можат да бидат

организирани од ниту една патувачка или превозна агенција во светот. Тие не соочуваат со проблеми кои можат да бидат

решени само од некој човек во Африка кој може да командува со соработка и помош во највисоките нивоа на владата.”

“Зошто е тоа така?” “Затоа што Заир не е Канзас или Ново Мексико или Онтарио или Англија. Тоа е така затоа што Заир е потполно над

твоето досегашно искуство. Заир има достигнато ниво на корупција и организиран хаос поголемо отколку што можеш да

си замислиш.”

65

“Тогаш, зошто одиш таму, по ѓаволите? Оди на некое друго место.”

Ишмаел климна со главата и се насмевна. “Сигурно има многу поубави места каде што можам да одам, но нема многу

места каде што горилата се вообичаена глетка, Џули. Единствениот проблем е само како да стигнам до дивината. Кога ќе

стигнам таму, корупцијата на Заир ќе биде зад мене, барем во блиска иднина. Покрај тоа, го избравме Заир затоа што

таму имаме некој кој може да командува со соработката и помошта во највисоките нивоа на владата. Тоа го немаме на

ниту едно друго место.” Најверојатно, јас си мислев, тоа мора да е Арт Овенс, и го погледнав.

“Претпоставувам дека не знаеш ништо за Заир,” рече тој.

“Ништо,” јас потврдив.

“Накратко, Заир извојува независност од Белгија пред триесет и една година, кога јас имав пет години. После почетниот

период на хаос, моќите на управување паднаа во рацете на Џозеф Мобуту, бескрупулозен и корумпиран моќен човек кој

оттогаш ја има власта во неговите раце. Моето вистинско име е Макиади Овона. Мојот помлад брат Лукомбо, и јас се

дружевме со Моконзи Нкеми, уште едно момче на наша возраст. Ние тројцата бевме сонувачи, но со различни соништа.

Нкеми беше активист кој сакаше да го ослободи Заир не само од Мобуту, туку и од влијанието на белиот човек. Лук беше

роден да биде помошник. Тој мислеше за мене како за Африка која Нкеми сакаше да ја спаси и двајцата многу не

обожаваше. Дали тоа има смисла за тебе?”

“Мислам дека има,” му реков.

“Кога бевме тинејџери, Нкеми почна да зборува дека си должиме себеси и на луѓето од Заир да го победиме белиот човек во неговата игра, што значеше да го добиеме најдоброто образование што можеме. Тоа значеше дека нема да биде

доволно да живеам во некоја грмушка и да глумам натуралист. Морав да одам на училиште и да студирам ботаника и

зоологија. Лук мораше да оди на училиште и да студира политички науки, што воопшто не беше лошо за него. Вака се

одвиваа работите. Со многу труд и напорна работа, сите завршивме на универзитетот во Киншаса. Потоа, со уште повеќе

труд и напорна работа, Нкеми и јас успеавме да одиме и да студираме во Белгија во раните осумдесетти. Таму Макиади

се скрати на Ади. После две години, ми беше дозволено да земам белгиско државјанство и јас го земав. По некое време

успеав да заминам за САД, каде што студирав управување со ресурсите на дождовните шуми на универзитетот Корнел.

Таму Ади стана Арти, а Арти стана Арт. Додека бев на Корнел, случајно ја сретнав Рејчел Соколов и ми беа дадени

првите знаци за нејзината врска со горилото наречено Ишмаел. Во меѓувреме, Нкеми, во Заир, беше избран во локалното

урбано собрание во Боламба, со Лук од неговата десна страна, каде што тој отсекогаш сакаше да биде.

Се вратив во Заир во 1987, со глава полна соништа за зачувување на дивиот живот на северот - нашиот дел, и најмалку неселениот дел во целата земја. Тоа беше годината кога Нкеми се обиде да го направи својот прв обид да влезе во

националната политика, добивајќи понуда за избори од Националниот Легислативен Совет. Но неговите идеи беа

премногу радикални и Мотубу го спречи во тоа. Нкеми се врати во Боламба и ние тројцата - но најмногу Нкеми, се

разбира - почнавме да планираме наша револуција.”

Арт направи пауза и ме гладаше внимателно, за да види колку сум сфатила од сето ова. Му возвратив со мирен поглед и

тој продолжи.

“Секоја визија би била подобрување за Заир, којшто е само обичен хаос на кој сите се навикнати, и корупцијата и митото

се единствените работи на кои можеш да сметаш секој ден. Но Нкеми, всушност имаше прекрасна визија. Северот долго

време беше копиле на ‘поцивилизираниот’ централен дел на областа околу Киншаса. Мобуту сакаше странска валута,

што значи дека тој сакаше северот да произведува повеќе производи за извоз. Бидејќи фармерите произведуваа

производи за извоз, тие мораа да купуваат храна за јадење. Тоа го направи животот многу тежок.” Тој престана да

зборува и побара помош од Ишмаел. “Замисли се дека си чевлар со големо семејство,” рече Ишмаел. “Ти си чевлар, но можеш да призведуваш чевли само за

извоз, не смееш да призведуваш чевли за твоето семејство. Ти ги продаваш твоите чевли на некој дистрибутер за пет

долари. Тој ги продава на трговецот за десет долари. А трговецот ги продава за дваесет долари. Тоа значи дека ти мораш

да призведеш и да продадеш четири пара чевли за да можеш да купиш еден пар чевли за твоето семејство.”

“Разбирам,” им реков.

“Тоа беше основата на револуцијата на Нкеми. Луѓето ќе се погрижеа најпрво за луѓето. Моравме да престанеме да

гледаме кон Киншаса, затоа што Киншаса гледаше кон Париз, Лондон и Њујорк. Моравме да погледнеме кон себеси, кон

традиционалниот селски живот, кон племенските вредности. Моравме да се ослободиме од странците кои се обидуваа да

го насочат нашето внимание на друго место - мисионери, мировни сили и странските трговци со нивните слуги,

продавачи, кафанџии и проститутки. Сите странци мораа да си заминат и на луѓето им се допаѓаше таа идеја. Им се

допаѓаа сите идеи на Нкеми.” “На 2 март 1989 ние ја превземавме контролата на владиното собрание во Боламба и прогласивме Република Мабили -

име кое е инспирирано од источниот ветар кој ги привлекува луѓето заедно. Како што се случува секогаш во вакви

ситуации, на почетокот имаше доста збунетост и несогласувања затоа што богатите се бореа да го зачуваат она што беа

навикнати да го имаат. Нема да навлегувам во тоа. Нашата најголема грижа беше Мобуту. Би му биле потребни три или

четири недели за да ги распореди своите трупи на нашата позиција и ние воопшто не се сомневавме дека тој ќе го

направи тоа. Иако ние претставувавме неважен и далечен дел од земјата, тој не можеше да си дозволи да не остави да

избегаме без борба. Практично преку ноќ, оружјето доаѓаше во нашите раце преку границата од Централната

Африканска Република, северно од нас. Изгледаше дека Андре Колингба, диктаторот на таа нација, беше одушевен од

нашата мала компанија.

“Се подготвивме за нападoт. Кога конечно се случи, во средината на април, беше изненадувачки неуспешен. Трупите на

Мобуту завземаа неколку села, убија неколку бунтовници, запалија неколку полиња и потоа се вратија дома. Ние бевме зачудени. Дали Мобуту беше болен? Дали неговото внимание беше свртено од немири во другите делови на земјата? Не

можевме да знаеме со сигурност бидејќи бевме многу изолирани. Друга можност беше дека тој сакаше да н заспие. Без

регуларна армија и војничка дисциплина, оружјето на Колингба набргу ќе рѓоса. Добро испланиран напад за една година

66

би бил разорен. Се обидувавме да ги држиме луѓето цело време подготвени, но обичните граѓани сметаа дека ние сме

премногу внимателни.”

“Имаше агитатор од типот на Нкеми наречен Рубундо кој се обидување да ги обедини Занде племињата во источниот

регион. Тој дојде да не извести дека неговите следбеници се подготвени да го напуштат Заир и да ѝ се придружат на

Република Мабили ако им дозволиме. Нкеми му рече дека тоа е целосно спротивно на она што тој го сака и беше во

право. Рубундо рече дека го разбира тоа - но го праша дали би се сложиле да ја поддржиме нивната сопствена револуција? Нкеми му рече дека ќе размисли за тоа. Тој размислуваше и размислуваше, јас и Лук го гледавме како

размислува, а Рубундо продолжи да се јавува и да испраќа пораки, додека неделите поминуваа. Тогаш еден ден во

ноември добивме вест дека Рубундо бил убиен. Кога го слушнав тоа, с сфатив. Нкеми тајно се договорил со Мобуту:

Дозволи ни да избегаме и ние ќе ги контролираме сите племиња на северот за тебе. Ова беше едиственото објаснување

зошто Мобуту ѝ дозволи на Република Мабили да продолжи да постои само со симболично спротивставување. Кога го

изнесов ова на отворено, немаше сомнеж дека тоа е вистината. Лук го знаеше сето тоа, но мислеше дека договорот е

добар - само обична, практична политика. Бидејќи не се сложував со тоа, Нкеми ме праша какви се моите намери.”

“Јас реков, ‘Зарем очекуваш да молчам за ова?’”

“Тој рече, ‘Само ако сакаш да продолжиш да живееш,’ и јас ја напуштив Боламба таа ноќ и се вратив во САД.”

Размислував за тоа некое време и потоа реков, “Се обидувам да сфатам зошто ми го кажувате сето ова. Вие рековте дека

имате човек во Заир. Дали тој човек е Лук?”

“Да, така е. Мојот брат.” “Во ред. Тогаш, с уште не сфаќам. Зошто ми го кажавте сето ова?”

“За да ја разбереш ситуацијата.”

“Да, тоа го сфатив. Но зошто морам да ја разберам ситуацијата?”

Арт Овенс го погледна горилото и потоа продолжи. “Релативно лесно е да го донесеме Ишмаел до Киншаса. За

остатокот од патот ќе биде потребна мрежа од луѓе - соработка, тајни договори, подмитување. Лук може да го среди сето

тоа, но само со овластување од Моконзи Нкеми. Со други зборови, нему не му треба само дозвола од Нкеми за да го

направи тоа, туку му треба директна наредба од Нкеми за да може да го направи тоа.”

“Во ред. И?

“И како ќе успее Лук да го убеди Нкеми да го направи тоа?”

“Не знам. Ќе го праша?”

Арт одмавна со главата. “Лук не би имал причина да праша нешто такво. Не сакам да кажам дека тој не би сакал. Сакам да кажам дека на тој начин би предизвикал сомнеж.”

“Каков сомнеж?”

“Доволно е само да предизвика сомнеж, Џули. Не мора да биде некаков посебен сомнеж. ”

“Сакаш да кажеш дека ќе биде опасно за него ако отиде кај Нкеми и рече, ‘Сакам да увезам горило од САД.’”

“Ако отиде кај Нкеми и го каже ова, Нкеми ќе помисли дека тој го полудел. Тој всушност воопшто не би се сомневал во

тоа.”

“Сфаќам. И?”

“И затоа некој друг мора да го замоли Нкеми да му нареди на Лук да ја заврши оваа работа.”

Ишмаел и Арт погледнаа во мене. Кога конечно сфатив зошто, се насмеав гласно. “Значи тоа е работата. Вие сакате јас да

го замолам Нкеми да му нареди на Лук да го префрли Ишмаел од Киншаса во Мабили?”

“Не, нема да има потреба воопшто да го споменуваш Лук. Се што треба да направиш е да го замолиш Нкеми да ти

помогне да го префрлиш Ишмаел од Киншаса до Мабили. Тој автоматски ќе му ја префрли работата на Лук.” Гледав во двајцата со неверување. Тие не се шегуваа.

“Вие сте луди,” им реков.

“Зошто, Џули?” праша Ишмаел.

“Прво, зошто Нкеми би направил нешто само затоа што јас сум го замолила да го направи тоа?”

Арт климна со главата. “Мораш да ми веруваш дека јас го разбирам Нкеми. Ти ќе го замолиш да направи нешто што ниту

една друга личност на светот не може да го направи. Ќе му биде големо задоволство да мисли дека има моќ да направи

нешто што никој друг на светот нема моќ да го направи.”

“Тоа не е многу добра причина.”

“С што ќе побараш ти од него, Џули, е да го помрдне прстот. Толку време би му било потребно да ја исполни желбата на

една млада жена од најмоќната нација на светот. Претседателот Буш не би можел да ти ја исполни оваа желба, но Нкеми

би можел, едноставно вртејќи се кон Лук и велејќи, ‘Направи го тоа.’” “Со други зборови, тој би го направил тоа од чиста... кој е зборот што го барам, Ишмаел?”

“Суетност.”

“Да. Вие велите дека тој ќе го направи тоа само за да се задоволи себеси.”

“Тој може да си дозволи да се задоволи себеси.”

“Во ред. Но тоа е само првиот дел. Вториот дел е, вие навистина сакате да кажете дека јас ќе одам таму?”

“Да. Ништо помалку од тој напор не би го убедило во твојата сериозност.”

“Колку долго би траело тоа патување?”

“Обичниот патник би морал да патува со брод од Киншаса до Боламба, патување кои многу лесно би можело да трае две

недели во еден правец. Ти ќе патуваш со хеликоптер. Со малку среќа, целото патување - оттука дотаму и назад - нема да

трае повеќе од една недела.”

“Една недела! Господи, тоа не доаѓа в предвид. Сакам да кажам, ако успеете да ме однесете до таму и назад на време за да можам да одам на училиште во понеделник наутро, тогаш тоа би било возможно.”

Арт одмавна со главата. “Дури ни претседателот на САД, со сите свои ресурси, не би успеал да го направи тоа.”

67

“Па, една недела е едноставно невозможно. Зошто не го натерате Алан Ломакс да го направи тоа, за име божје? Тој е

возрасен. Тој може да прави што сака.”

Тоа беше момент на мртва тишина. Арт се премести во својата фотелја, ги прекрсти нозете и чекаше, заедно со мене.

“Алан не е кандидат за оваа мисија, Џули,” Ишмаел рече на крајот. “Тој не би можел да го направи тоа.”

“Зошто не?”

Ишмаел се намурти и ме погледна попреку. Тој очигледно не сакаше неговите зборови да се доведуваат во прашање, но мораше да се справи со тоа, нели? “Ќе ти го кажам тоа на овој начин, Џули. Без разлика што мислиш, без разлика кој е

твојот став по ова прашање, јас нема да го прашам Алан. Но те прашувам тебе.”

“Па, почестена сум, навистина, но тоа не го менува фактот дека тоа е невозможно.”

“Зошто е невозможно, Џули?”

“Затоа што мајка ми нема да ме пушти.”

“Дали би те пуштила кога би можела да се вратиш до понеделник наутро?”

“Не... но би можела да ѝ кажам дека ќе го поминам викендот со некоја пријателка.”

“Јас никогаш не би го дозволил тоа, Џули.” Арт рече свечено. “Не затоа што сум многу морална личност, туку затоа што

тоа би било премногу ризично.”

“Во секој случај, не е важно, затоа што јас секако не можам да ѝ кажам на мајка ми дека ќе поминам една недела со

некоја пријателка.”

“Можеме да ѝ кажеме нешто блиску до вистината, Џули. Можеме да ѝ кажеме дека ти ќе посетиш еден африкански претседател на многу важна мисија.”

“Тогаш таа ќе викне полиција.”

“Зошто?”

“Затоа што очигледно вие сте луди. Никој не испраќа дванаесет годишно девојче на важна мисија.”

Арт се сврте кон Ишмаел и рече, “Ти ме наведе да очекувам некој попаметен од ова, Ишмаел”

Скокнав од фотељата и го спржив со молња од моите очи што го претвори во мал куп пепел кој испаруваше.

Ишмаел се насмевна и ми рече да седнам. “Џули е доволно паметна. Само што таа не е искусен сплеткар и доверлив

измамник.” Вртејќи се кон мене, тој продолжи: “Бидејќи реалноста нема да соодејствува со нашите потреби во ова

ситуација, Џули, ние ќе мораме да помогнеме малку. Всушност, би можело да се каже дека ќе треба да создадеме наша

реалност, во која има одредени мисии кои можат да бидат доверени само на дванаесет годишни девојчиња.”

“И кој ќе ѝ ја предаде оваа реалност на мајка ми?” “Ако се сложуваш, Министерот за надворешни работи на Република Мабили ќе го направи тоа, Џули - Макиади Овона,

попознат како Арт Овенс. На неговиот пасош с уште пишува дека тој ја има таа позиција. Импресивно, нели?”

Подготовка за патот

Нема да навлегувам во тоа.

Тоа што на крајот ѝ го кажавме на мојата мајка не беше многу далеку од вистината, но начинот на којшто беше кажано

тоа беше целосна лага. Како што реков, нема да навлегувам во тоа. Арт Овенс и Ишмаел создадоа реалност којашто беше

толку уверлива што едниственото нешто што таа можеше да го каже беше: “Господи, ако Џули е единствената личност

на планетава којашто може да го направи тоа, тогаш претпоставувам дека таа мора да го направи тоа.” Нејзиниот

единствен услов беше јас никогаш да не бидам доведена во ситуација да патувам сама од едно место до друго или од

еден авион до друг. Некој мораше да ме пречекува после секој лет и да биде со мене се до следниот лет. Нормално, таа единствено знаеше дека мисијата има врска со враќање на едно горило во неговото природно живеалиште.

Истото тоа требаше да му биде кажано и на Лук. Тоа беше с што требаше тие да знаат. Ако им кажевме нешто повеќе,

тие најверојатно немаше да прифатат да учествуваат во тоа. Зошто беше толку важно да се врати едно горило во Африка

не можеше да биде тема на разговор. Тоа беше чин со космичка симболична важност, затоа заборавете на тоа.

Ишмаел избега од зградата Ферфилд во неделата во три часот наутро. Јас не бев вклучена во тоа.

Арт и Ишмаел очигледно не сакаа толку лесно да ми ја откријат неговата непосредна дестинација, но на крајот немаше

начин да го заобиколат тоа.

Годините кои Арт ги поминал играјќи си натуралист му овозможиле да пронајде начин да се издржува себеси за време на

неговото студирање во Брисел и САД. Тој работел како скротувач на животни во менаџерии, зоолошки и циркуси и

стекнал репутација на човек кој може да реши секакви проблеми - животни кои не можеле да се навикнат на животот

позади решетки, животни кои не сакале да јадат, животни кои биле невообичаено непријателски настроени или развивале чудни, самоуништуваки навики како отворање на рани на нивната кожа кои постојано ги одржувале отворени. Кога се

вратил во Америка во 1989, тој можел да одбира повеќе работни места и го прифатил работното место во карневалот на

Дерил Хикс. Како што подоцна се покажало, Хикс имал здравствени проблеми и планирал да го олесни товарот со

ликвидирање на менаџеријата прикачена за карневалот. Наместо тоа, тој му ја продал на Арт, кој во никој случај не бил

сиромашен. Тој направил неколку мудри инвестиции додека бил во Америка и ги оставил во рацете на пријател за кого

знаел дека може да му верува - Рејчел Соколов. Една година подоцна Хикс бил подготвен целосно да го напушти овој

бизнис и му понудил на Арт да му го продаде целиот карневал. Арт имал доволно капитал да го земе од неговите раце,

меѓутоа не можел да го купи веднаш. За време на втората половина од 1990 тој подобро ја запознал Рејчел Соколов -

заедно со Ишмаел, на крајот. Во Јануари 1991 Рејчел била тестирана како ХИВ-позитивна. Изгледа дека била

инфицирана за време на некаква операција поврзана со срцеви проблеми. Рејчел, Арт и Ишмаел набргу започнале да ги

формулираат плановите кои сега ме вклучуваа и мене. По напуштањето на зградата Ферфилд, Ишмаел би бил сместен во кафез во менаџеријата на карневалот на Дерил Хикс за

време на неговиот престој во овој град. Од тогаш па натаму, се додека не биде организиран трансферот за Заир, Ишмаел

би одел секаде каде што би одел карневалот. Нормално, јас имав прашања како, Зошто во кафез, за име божје? Затоа

68

што би се создала паника ако некој види горило кое не е зад решетки; локалниот закон веднаш би ги нападнал. И ако тие

можат да си ги дозволат сите овие други работи, зошто не го остават во зградата Ферфилд се додека не дојде време

да биде качен на авион? Затоа што карневалот ги имал сите потребни документи, дозволи и врски коишто ќе бидат

потребни за да можеме да го качиме во авион - а Ишмаел не само што ги немаше, туку не можеше ниту да ги добие.

“Ќе мораш да ни веруваш, Џули,” рече Ишмаел. “Ништо од ова не е совршено, но тоа е најдоброто што можеме да го

направиме во овие услови.” Морав да се помирам со тоа. Но првиот пат кога отидов во посета на карневалот, којшто беше сместен на едно празно земјиште на крајот од градот и го видов Ишмаел во неговиот кафез, тоа речиси ми го скрши

срцето. Знаев дека ќе морам да го направам тоа еден ден, но јас с уште не можев да се соочам со него на овој начин. Јас

бев засрамена - не од него, туку од себеси. Иако знаев дека тоа е нелогично, јас сепак се чувстував виновна затоа што тој

е таму.

Многу работи мораа да се завршат. Планот беше јас да заминам во понеделник наутро, на 29 октомври и (ако се оди по

планот) да се вратам околу полноќ во петок, на 2 ноември.

Ова значеше дека нема да можам да одам на училиште една недела. Овој датум на поаѓање ни даде доволно време за да:

Организирам авионски резервации;

Да набавам фотографии за пасош;

Да набавам пасош;

Да набавам апликација за виза;

Да добијам инјекции - тетанус-дифтерија, хепатит-А глобулин, жолта треска, колера ( нормално не сите во еден ден);

Да започнам да земам таблети против маларија (две недели пред поаѓање);

Да направам медицински и забни прегледи;

Да набавам карти и патничко осигурување (вклучувајќи и здравствено осигурување);

Да набавам меѓународен здравствен сертификат;

Да набавам француски речник;

Да набавам медицински залихи: аспирин, антихистамин, антибиотици, таблети против болки во стомакот, таблети против

дијареа, таблети со сол, крема за сончање, завои, ножици, спреј против комарци, таблети за прочистување на вода, балсам

за усни, марама, влажни марамчиња, швајцарско ноже;

Да набавам ранец;

Ако случано сте го загубиле умот и планирате одмор во Заир оваа година, можете да ја следите оваа листа од горе удолу, освен тоа што сега ќе ви треба декларациски формулар за валути (којшто бил елиминиран во 1980 и повторно вратен во

Киншаса во 1992).

Ми требаше осумдневна транзитна виза, но тие не ја издаваа по пошта на некој на моја возраст. Морав да ја посетам

Заирската амбасада во Вашингтон попат.

Најважни беа инструкциите кои ги добив од Арт, коишто ми ги повторување секој ден во период од три недели.

“Ќе бидеш пречекана на портата на крајот на секој лет. Почекај додека да пристигне твојата придружба. Немој да одиш

никаде. Секогаш биди околу портата на видно место.”

“Ќе бидеш згрижена на секоја дестинација од моментот кога ќе пристигнеш до моментот кога ќе заминеш, па затоа нема

потреба да носиш многу пари.”

“Немој да носиш многу работи.”

“Кога ќе бидеш во авионот, спиј кога можеш, колку што можеш повеќе. Кога ќе пристигнеш во Цирих, ќе се чувствуваш како да е средина на ноќта, но всушност ќе биде почеток на работниот ден за нив. Кога ќе пристигнеш во Киншаса, ти ќе

се подготвуваш да се соочиш со денот, а тие ќе се подготвуваат да вечераат и да одат на спиење. Во краткото време

коешто го имаш, не можеш да направиш ништо повеќе освен да спиеш колку што е можно повеќе.”

“Немој да се зближуваш со луѓето кои ќе ги сретнеш во авионот. Биди учтива, но имај книга со тебе која те интересира.”

“Киншаса е најверојатно најопасниот град во светот. Луѓето рутински се ограбуваат и убиваат на улиците сред бел ден -

посебно странците. Ти нема да бидеш, затоа што ќе бидеш одлично заштитена, но мораш да разбереш зошто ти е

потребна таа заштита. Немој да се правиш важна. Немој да си играш. (Овој аспект од патувањето не ѝ го кажавме на

мајка ми, затоа што тоа беше непотребно). ”

“Нема да има знаци на аеродромот и објави преку интерфон. Следи ја толпата кон терминалот, но мојот брат Лук би

требало да те пречека пред да стигнеш таму. Запомни дека ќе бидеш пречекана само од Лук и никој друг. Тој не личи на

мене (ние имаме различни татковци). Всушност, ние воопшто не изгледаме како браќа. Тој е висок и трапав и носи тенки очила. Ако се сомневаш дали е навистина тој, натерај го да ти го каже неговото име и името на неговиот брат, и ако не го

знае тоа, тогаш тој не е Лук и ти не треба да зборуваш со него. Остани со толпата од авионот и не зборувај со никој освен

со Лук.”

69

“Лук ќе има двајца луѓе со него - телохранител, кој ќе биде вооружен до заби и возач, кој ќе остане кај автомобилот (во

спротивно ќе биде ограбен или украден). Телохранителот ќе остане со тебе додека Лук ги пренесе твоите торби и

пасошот преку царина. ”

“Немој да носиш очила за сонце. Тие сигнализираат ‘голема ѕверка’- мета. Немој да носиш чанта или накит - тие ќе бидат

оттргнати од тебе без разлика дали има телохранител или не. И немој да ги преполнуваш твоите џепови - некој со

скалпел ќе ги отвори и ќе избега со нивната содржина пред да можеш да ја отвориш устата. Во споредба со Киншаса, Тајмс Сквер во Њујорк е безбеден како неделен училишен пикник.”

“Имај копии од сите твои документи и чувај ги во појас под твојата кошула.”

“Не очекувај полицијата да те заштити - дури ни на аеродромот. Нема аеродромско обезбедување. Никој не го обезбедува

ова место за туристите. Детски банди и скитници ќе грабнат с што можат и ќе избегаат со тоа.”

“Луѓето кои имаат полициски идентификации не се секогаш полицајци. Дури и ако се полицајци, не значи дека се твои

пријатели. Тие ќе те држат во притвор и за најмала грешка - или без никаква причина - додека не платиш.”

“Немој да носиш фотоапарат - фотографирањето на погрешни работи може да те стави во затвор. Не очекувај твојата

возраст да те заштити. Никој во Киншаса нема да мисли дека си премлада за да бидеш криминалец - или проститутка.

Треба да бидеш свесна дека многу африканци, посебно под муслиманско влијание мислат дека сите американски девојки

се проститутки.”

“Додека чекаш Лук да заврши, може да ти пријде некој странец и да ти стави пакет или вреќа во твојата рака и да си

замине без збор. Тој ќе се надева дека ти ќе го пренесеш тоа преку царина и дека никој нема да забележи. Без разлика дали веруваш или не, луѓето постојано го прават ова. Тие се толку збунети што навистина го пренесуваат пакетот преку

царина за нив. Потоа, се разбира, тој им приоѓа и им го зема пакетот.”

“Секако, ова не се однесува на луѓето кај кои јас те испраќам. Можеш целосно да му веруваш на секој со кого Лук ќе те

запознае и тие ќе бидат многу почестени ако бидеш пријател со нив како што си со мене.”

“Добар начин да фатиш црви е преку стапалата на твоите нозе, па затоа немој да се шеташ боса наоколу. Немој да

пливаш. Миј ги рацете често. Пиј само пиво или прочистена вода. Пиј повеќе вода отколку што мислиш дека ти е

потребна - но само прочистена вода. И не дозволувај да ти ставаат мраз во пијалокот, освен ако не е направен од

прочистена вода. Користи прочистена вода за миење на забите. Ако некој ти понуди сладолед како десерт, ќе мораш да го

одбиеш.”

“Кога ќе простигнаш во Боламба, биди подготвена да јадеш со твоите раце. Исто така биди подготвена да јадеш чудна

храна. Луѓето често ќе ти нудат Заирски специјалитети - пржени ларви и термити. Затвори ги очите ако мораш и преправај се дека ти се допаѓа. Термитите се крцкави и имаат вкус на пуканки. Ти ветувам дека нема да умреш ако ги

јадеш овие работи.”

“Не привлекувај внимание. И почитувај ги сите.”

Најмногу ми се допаѓаше ова последното.

En Route

Првиот пресретнувач не успеа да се појави на аеродромот во Атланта за да ме поврзе со Вашингтон. Го чекав се додека

не ми останаа уште петнаесет минути да го фатам следниот лет, а потоа заминав, следејќи ги знаците надолу до некоја

проклета железничка станица. Моето искуство со возовите е дека не можеш да се симнеш од нив кога ќе го започнат

патувањето. Дали ќе се качев на воз на оваа раскрница на мојот живот и можеби ќе се разбудев во Монтана три дена

подоцна? Не, немаше да го направам тоа. Трчав. Јас не сум стручно лице, но моето мислење е дека тој што го дизајнирал овој аеродром мора да бил некој со

голема омраза кон патниците. Можеби мојот начин не беше најдобриот, но успеав да стигнам дотаму.

Се надевав дека ова нема да се случува на целото патување, но не требаше да се грижам. На аеродромот Дулс мојот

пресретнувач ме чекаше кај портата, тоа беше четириесетгодишна сериозна жена која беше облечена како адвокат во

филм. Се чувствував како сираче во моите фармерки и маица (но јас одев во Заир, а не таа). Земавме такси и додека

патувавме јас ја прашав дали таа е пријател на Арт Овенс. Таа се насмевна - но на пријателски начин. Таа ми објасни дека

всушност работи како професионална придружничка, пречекува луѓе на аеродроми и железнички и ги носи таму каде

што треба да одат. Таа ми објасни дека во другите градови, придружничките најголемиот дел од нивното време го

поминуваат со писатели на нивните турнеи за промоција на нивните нови книги. Во Вашингтон исто така се очекува да

служат и како бирократски трагачи.

Во Заирската амбасада немаа податок за мојата апликација за виза, ниту за писмото кое тие го напишаа кое велеше дека ќе ми издадат виза веднаш штом ќе докажам дека не сум сиромашна. Ги извадив сите документи плус копија од нивното

писмо, плус моите патнички чекови со износ од 500 долари и му ги покажав на службеникот. Тој се согласи дека с е во

ред и ми даде да пополнам уште една апликација и ми рече да се вратам за два дена. Тогаш мојата придружничка се

вмеша и многу учтиво му објасни дека ако не престане да ме малтретира, таа буквално ќе му ги искорне белите дробови и

ќе ги продаде како кучешка храна. Не го кажа тоа со тие зборови, но тоа беше основната идеја. На основа на ова

искуство, јас ја додадов професијата ‘професионална придружничка’ на листата на идни избори за професија.

Авионскиот лет до Киншаса беше многу долг и исполнет со досада, филмови, спиење, чипсови и досада. Од воздух,

Киншаса ме изненади. Јас очекував зачадена, постапокалиптична урнатина. Наместо тоа, Киншаса беше обичен голем

град, со канцелариски згради, трговски центри и сето останато. Дури имаше и сонце.

Аеродромот Нџили во шест часот попладне беше жежок и маглив, и не беше опремен со патнички мостови кои водеа до

излезната порта. Не моравме да излеземе надвор за да дознаеме како мириса Киншаса, затоа што во моментот кога ја отворија вратата, Киншаса влезе внатре и ни даде примерок, а тој не беше пријатен.

Се симнавме до пистата и тргнавме кон зградата на терминалот. Постар хипик со сива коса и брада ми пристапи со

насмевка и рече, “Џули?” ги игнорирав и продолжив да одам. Збунет, тој погледна повторно кон толпата, барајќи друго

70

дванаесетгодишно девојче за да му пристапи. Кога не успеа да најде друго дванаесетгодишно девојче, тој повторно ми

пристапи и рече, “Џули?”

Му реков цврсто, “Јас сум овде да се сретнам само со Лукомбо Овона и никој друг и ако ти не си тој, би сакале да се

оддалечиш од мене.”

Тој се насмеа. “Ќе чекаш многу долго, дете. Лук Овона е во Боламба.”

Јас едноставно продолжив да одам напред додека размислував што да правам. Ми беше јасно ставено до знаење дека не треба да прифатам никаква замена за Лукомбо Овона. Тоа беше само Лук - Лук и само Лук. Овој човек заврши со

неговото барање. Јас го започнав моето, барајќи висок и трапав човек кој можеби беше братот на Арт Овенс. На портата

на терминалот стоеше еден црнец кој изгледаше како поголема, покрупна верзија на Арт - не беше ниту висок ниту

трапав, но дефинитивно беше заинтересиран за мене. Му пристапив и му реков, “Лук?”

Тој се намурти и се сврти кон хипикот и двајцата разменија неколку зборови на француски. Кога завршија, хипикот ме

погледна и рече, “Му објаснив на Мафута дека ти очекуваш да го сретнеш Лук Овона на аеродромот, а Мутифа рече,

‘Лук Овона е премиер на Мабили. Тој не пречекува луѓе на аеродром.’ Тоа е реалноста, Џули. Тој испраќа луѓе да

пречекуваат луѓе. Тој го испрати Мафута и ме испрати мене и се плашам дека ќе мораш да се помириш со тој факт. Или

тоа или сврти се назад и врати се дома.”

Па, така една основна директива отиде по ѓаволите.

Мафута отиде да ги пренесе моите работи преку царината додека стариот хипик ме чуваше во една чекална која

изгледаше како автобуска станица од пеколот, полна со луѓе кои седеа на подот, потпрени на ѕидот, спиеја, се досадуваа и трпеливо ги чекаа летовите кои требаше да пристигнат некогаш, или можеби никогаш. Хипикот беше Глен, или

всушност Само Глен, како што беше познат овде. Додека бил пилот во Виетнам тој го напуштил своето презиме во

замена за хеликоптерот кој н чекаше да н одведе во Боламба - со други зборови, тој дезертирал во украден хеликоптер

полн со резервни делови и гориво, ги поминал следните неколку години шверцувајќи оружје и дрога насекаде и на крајот

се сместил во Заир.

Додека Глен зборуваше, јас почнав да развивам надеж дека можеби би можеле да летаме дирекно кон Боламба и дека

нема да мораме да преспиеме во Киншаса како што беше планирано. Но тоа не се случи. Авионското патување во

Африка, тој ми објасни, не треба да се помеша со авионскотот патување во САД. Во САД, ти можеш да ја следиш твојата

позиција константно, дење и ноќе, со помош на Лоран – долго-опсежна навигација која функционира како мрежа од

радио станици - и секогаш знаеш во какво време ќе влеташ. Во Африка се лета по проценка, а летањето ноќе преку

петстотини милји дивина е потфат само за херои и лудаци. Половина час подоцна ние бевме надвор и влеговме во автомобил каков што никогаш не сум видела, сигурно не

американски. Мафута седна напред, покрај возачот, со пушка видливо потпрена на неговото лево колено. Ова, објасни

Глен, им става до знаење на сите неранимајковци дека ние не сме лесен плен.

Се возевме долго низ Ла Сите, огромна населба во која живее две третини од населението на Киншаса - улица по улица

на ниски натстрешници со мали кујни каде што се готвеа оброци над отворен оган. Не ми требаше долго да сфатам дека

ова беше изворот на одвратната смрдеа што н пречека на аеродромот. Кога го прашав Глен што ја предизвикува, тој ме

праша дали некогаш сум посетила голема депонија. Морав да признаам дека досега не сум ја имала таа чест.

“Па, накратко кажано, оган од ѓубре.”

“И?”

“Во Ла Сите, ѓубрето е гориво за готвење. Многу луѓе кои готват храна врз оган од ѓубре создааат смрдеа која останува

со тебе долго време.”

Немав што да кажам на тоа - се концентирав на голтањето. Доста чудно, имаше илјадници барови и ноќни клубови во Ла Сите - многу од нив работеа на отворено и речиси сите

пулсираа од жива музика, која мене ми звучеше како најжешката салса. Се прашував како може луѓето кои живеат во

таква ужасна сиромаштија да создаваат музика која едноставно е дива, забавна и возбудлива - потоа помислив дека

можеби музиката е нивниот противотров на ужасната сиромаштија. Бидејќи забележа дека ми се допаѓа сето тоа, Глен

додаде дека Киншаса е главниот град на живата музика во Африка. Не паднав во искушение да погледнам и да слушнам

одблизу.

После половина час возење, ние с уште не бевме блиску до центарот, каде што беа владините згради, музеите и

европските продавници, туку бевме во побогат дел од населбата, каде што Глен живееше и каде што ја поминав ноќта.

Тој и неговата девојка Китоко имаа апартман во куќа од колонијалната ера, некогаш елегантна, но сега доста разрушена.

Дури и овде имаше луѓе коишто беа раштркани наоколу и готвеа на отворен оган и моравме да пресконеме некои од нив

за да стигнеме до надворешните скалила кои водеа до апартманот на Глен. Веднаш ми се допадна Китоко. Таа имаше околу дваесет и пет години, беше слаба, не беше многу убава, но имаше

голема, пријателска насмевка. Исто како и Мафута, таа зборуваше само лингала и француски, но не требаше да ѝ цртам

слики за да ѝ објаснам дека копнеам по бања, која за среќа, ја имаа. Ми олесна кога дознав дека имаат печка на керозин -

овде немаше готвење со ѓубре. Местото беше опремено со керозински светилки (и мирис на керозин) затоа што многу

често снемуваше струја.

Китоко готвеше моамбе - пилешко и ориз со масло од палма и кикирики што ја исполни кујната со прекрасен мирис.

Глен ми ја покажа неговата колекција на аудио касети - половина рокенрол, половина заирска музика - и ми рече да

изберам нешто. Мразам кога луѓето го прават тоа, па затоа само грабнав неколку касети и му ги дадов.

Додека слушавме музика и чекавме моамбе, Глен ми објасни дека ја запознал Китоко додека летал и извршувал некои

работи за Република Мабили. Излезе дека таа е ќерка на братучедот на жената на Лук - роднинска врска која е целосно

неразбирлива за мене. Таа работеше во центарот во фирма за увоз-извоз и исто така служеше како огранизатор, посредуваш и очи и уши на Лук овде во Киншаса

Арт беше во право за една работа. Го преспав целиот пат до Цирих и поголемиот дел од патот до Заир и до девет часот

јас веќе бев подготвена за играм покер цела вечер или нешто слично. Меѓутоа, откако испив неколку големи пива за

71

време на вечерата и по неа, почнав да се опуштам и во еден часот наутро веќе бев подготвена да си легнам. Осум часа

подоцна појадувавме и Китоко не испрати обајцата со огромна прегратка. Мафута н чекаше во автомобилот и успеавме

да се вратиме назад на аеродромот без да не ограбат, каменуваат, бомбардираат и убијат. Никој не не погоди ниту со

воден балон.

Сеедно, преку ноќта некој го испумпал целиот бензин од хеликоптерот, паркиран на видно место на аеродромот и чуван

цело време од аеродромски механичар потплатен специјално за тоа. Што се однесуваше до Глен, тоа беше вообичаено и конечно успеавме да полетаме со неколку часовно задоцнување.

Кога полетавме, Глен напомена дека сега сум во можност да им кажам на моите пријатели дека сум сретнала вистински,

жив шпион.

Најпрво мислев дека зборува за себе, но тоа немаше никаква смисла. Откако размислив малку, јас реков,

“Аха - ти мислиш на Мафута.”

“Не, не Мафута. Toj e само мускул. Јас зборувам за Китоко. Повеќе шпиони коишто постојат во вистинскиот живот

воопшто не се како оние за кои читаш во шпионските новели.”

Лукомбо Овона

Основниот пат до Боламба беше многу едноставен: Следи ја ја реката Заир североисточно петстотини милји, сврти лево

кој Монгала и после педесет милји таму си. Делот во Заир би бил доволно лесен - тоа е огромна река, голема и каллива како Мисисипи. Вртењето лево кај Монгала исто така би било лесно - доколку беа означени со некој прекрасен споменик

како Светскиот трговски центар. Не беше мој проблем да се грижам за тоа. Очигледно Глен имаше начин како да го

одбере вистинскиот пат за Монгала од сите останати споредни патишта кои исчезнуваа во дождовната шума секои 3-4

милји.

Дури и ако можевме да патуваме директно до Боламба, мило ми е што не го направивме тоа, затоа што тогаш ќе

пропуштев да видам една од најинтересните работи на светот, еден вид на пловечко село кое патува од Киншаса до

Кисингани и назад. Колку што можев да забележам, тоа беше параброд којшто туркаше товарни чамци натоварени со

трговски намирници и луѓе од кои воопшто не можеш да ги видиш товарните чамци. Имаше живи крокодили, кокошки и

кози, каучи и фотелји, кутии, јажиња, облека, рѓосан џип, ковчези, едно пијано и луѓе насекаде, кои готвеа, тргуваа, се

обложуваа и преминуваа од еден чамец во друг. Секој товарен чамец имаше бар и цело време имаше музика и танцување.

Трговците од внатрешните села веслаа за да стигнат до реката и да го пресретнат парабродот - понекогаш тоа траеше со денови. Попат, луѓето веслаат и се врзуваат за товарните чамци за да продаваат работи како банани, риби, мајмуни и

папагали и купуваат работи како тенџериња и бокали и облека. Глен рече дека тоа е речиси село, деца се раѓаат и растат

на овој параброд, кој патува постојано од Кишаса до Кисингани и обратно. Посакував Ишмаел да го види ова, тоа беше

одлична демострација на идејата дека нема еден вистински начин за луѓето да живеат - секако не за сечиј вкус, но морам

да признаам дека имаше моќна привлечност за мене.

Додека летавме над Заир, јас го сфатив она што Глен ми го зборуваше за ноќното летање над дождовните шуми без радар

и временски прогнози. Шумата се протега од хоризонт до хоризонт и расте до работ на реката. Ако се најдеш во невреме

и си принуден да слеташ, имаш само два избора - да слеташ на шумскиот кров или право во реката. Првиот избор е

речиси сигурна смрт, а вториот исто така не ветува големи шанси за преживување. Преку ден проблемот лесно би бил

решен со слетување на полјана во некое село крај реката; навечер тие полјани се невидливи.

Претпоставувам дека летавме околу три часа кога свртевме на север кон Монгала. На оваа притока видовме три чамци

кои пловеа по реката кон Заир за да се приклучат на пловечкото село рано наутро следниот ден. Глен рече дека тие носат сладок компир и суво манго.

После половина час ја здогледавме Боламба. Мислев дека Глен ме зафркава и дека вистинската Боламба е на триесет

или четириесет милји нагоре по реката. Но тој беше сериозен. Ова мало село со големина на игралиште за безбол, беше

главниот град на Република Мабили. Знам дека ова ќе звучи глупаво, на јас се почувствував навредена. Ако знаев дека

ова е местото, ќе речев, “Еј, видете, не ме испраќајте во Боламба, испратете ја Боламба кај мене.”

Насетувајќи го мојот гнев, Глен ми објасни дека ова бил многу поголем град за време на колонијалната ера и дека покрај

неговиот неимпресивен изглед тој с уште беше најголем трговски центар во целиот регион. Слетавме во училишниот

двор - и дузина деца и возрасни се појавија да видат што носи Глен. Помеѓу нив беше еден млад човек којшто истапи

напред и се претстави себеси како Лоби, помошник на министерот и ме покани да го следам до официјалната резиденција

оддалечена стотина метри. Тој ги грабна мојот куфер и ранец и рече, “Ова е с што понесе?”

Кажав дека тоа е с и продолживме по патот. Тој учтиво ме праша дали сум имала пријатен пат и дали мојот престој во Киншаса бил ‘задоволителен.’ Му кажав дека сум имала пријатен лет и дека сум задоволна од мојот престој во Киншаса

и тоа беше крајот на разговорот.

Официјалната резиденција беше колекција на згради позната како Кампус, остаток од колонијалните денови - со пријатен

изглед однадвор, но немаше ништо повеќе освен една брозена плоча на портата која ја покажуваше нејзината владина

функција. Зградата од предната страна всушност изгледаше како помалку обезбедена верзија на Заирската амбасада во

Вашингтон. Влеговме внатре и Лоби му климна со главата на некој човек кој седеше на рецепцијата, ме однесе на

вториот кат, ми покажа каде е тоалетот и ме седна на една клупа.

“Министерот знае дека сте овде,” рече тој, “и набргу ќе пристигне. Во меѓувреме, јас ќе ги однесам вашите работи во

собата. Дали е тоа во ред?”

Реков дека е во ред и тој исчезна надолу по ходникот. Се врати по десет минути и беше изненаден кога виде дека с уште

седам овде. “Зарем не дојде министерот?” тој праша, би рекла непотребно.

Му реков дека не дојде.

72

Рече дека ќе оди да провери што го задржало и изчезна низ една врата во ходникот. После три минути тој ја извади

неговата глава надвор и ме повика.

“Тој зборуваше на телефон,” рече Лоби , “но сега е подготвен да ве прими.”

Тој ме поведе низ една надворешна канцеларија - којашто изгледаше како да била направена за рецепционер, но во

моментот беше без рецепционер – а потоа во внатрешниот дел, каде што еден човек кој несомнено беше Лук Овона,

стана од неговата фотелја и се поклони пред мене. “Добредојдовте во Боламба, г-це Герчак,” рече тој со непријатен тон и ме покани да седнам. Без да покаже многу интерес, тој изрази надеж дека сум имала пријатен лет и дека мојот престој во

Киншаса бил задоволителен, а потоа веднаш премина на главната работа.

“Колку што разбрав, вие барате помош за наоѓање на дом на едно горило.”

Додека седев и го слушав како зборува, конечно сфатив колку далеку беше Арт Овенс во неговата проценка на оваа

ситуација. Можеби требаше да го сфатам тоа кога Лук не ме пречека на аеродромот во Киншаса (и најверојатно никогаш

немал намера да го направи тоа). Можеби требаше да го сфатам тоа кога тој не помина ниту една улица да го пречека

хеликоптерот - или да ја извади главата низ ходникот, или да го напушти неговото биро за да се поздрави со мене. Но тоа

секако го сфатив сега.

Спротивно на с што ми кажа Арт, неговиот брат Лук не беше наш пријател. Не знаев дали беше непријател, но во секој

случај не беше наш сојузник.

Во рок од три секуди јас бев целосно изнервирана - делумно затоа што Арт беше толку слеп и делумно затоа што Лук

беше она што беше. Јас целосно изгубив контрола, а кога тоа ќе се случи, способна сум да направам многу глупави нешта. Тоа што следно го направив можеби ќе им изгледа храбро на некои луѓе, но јас немам такви илузии. Тоа

едноставно беше глупост.

Му реков дека сум слушнала дека тој и неговиот брат имаат различни татковци.

Тој беше целосно збунет од оваа изјава, но призна дека тоа е вистина.

Јас реков, “Таткото на Арт сигурно го научил како да се однесува убаво.”

Лук седеше мирно околу дваесет секунди и пробуваше да ја сфати оваа забелешка, и кога конечно успеа да го направи

тоа, неговото лице пребледе.

Веднаш посакав да сум мртва. Веднаш посакав да сум дома, или барем назад во хеликоптерот. Си замислував како ме

одведуваат некаде и ме стрелаат. Тој ме гледаше како да сака да ме одведат некаде и да ме стрелаат. Јас исто така го

гледав него - барем толку знам. Ако бегаш, тогаш луѓето напаѓаат.

“Како се осмелуваш,” конечно рече тој ладно, “да доаѓаш во мојата канцеларија и да ме навредуваш.” “Како се осмелуваш ти,” јас реков уште поладно, “да бидеш толку неучтив со пријателката на твојот брат која поминала

осум илјади милји да те замоли за услуга.”

Дали бев инспирирана до тој степен за да го употребам зборот неучтив? Нема да се заколнам во тоа, но секако без

инспирирана.

Тој ме гледаше мене и јас го гледав него. Набргу сфатив дека нашите улоги се променија. Тој сега посакуваше да е мртов.

Ги спушти очите и знаев дека, за чудо, сум победила. Можеби не се здобив со доживотен пријател, но јас го турнав

посилно отколку што тој ме турна мене.

Седевме и молчевме. Очигледно тој не знаеше што да прави, а очигледно ниту јас не знаев што да правам. Само што му

зададов смртоносна навреда на човек кошто е доволно моќен да ме убие - и го натерав да ја проголта. И ниту еден од нас

не знаеше како да продолжи со разговорот.

Конечно, очајно, јас реков, “Твојот брат ми рече да ти кажам дека му недостасуваш - исто така и Африка.”

Ова беше целосна измислица, се разбира. Тој не очекуваше таква чувствителност или нешто слично. “Тешко ми е да поверувам во тоа,” рече Лук.

“Што можеш да правиш со некој толку глупав?”

“Добар е?”

“Добро му оди,” одговорив нејасно. Неговите прашања и моите одговори значеа дека беше избегната отворена војна.

После уште една подолга пауза, рече тој, “Те молам прифати го моето извинување... и те молам објасни ми каква е оваа

работа со горилото.” Мислам дека тој доста добро го направи тоа, начинот на кој извинувањето го поврза со молбата. Го

поштедив од дополнително понижување да ме слуша како се извинувам.

И покрај тоа, судејќи по неговиот тон, јасно беше дека тој претпоставуваше дека ‘работата со горилото’ беше камуфлажа

за некоја поважна работа. Ова ме принуди да се спуштам малку на земја. Ако му ја кажев вистината на Лук, дека

интересот на Арт беше само префрлување на едно горило, Лук многу лесно можеше да го отфрли тоа како недоволно

вредно за неговото внимание. Тоа секако беше впечатокот кој го добив. За да го избегнам тоа, јас ја превртив работата наопаку и реков дека јас сум таа која е заинтересирана за префрувлање на горилото. Со други зборови, наместо јас да

бидам алатот кој Арт го користеше да ја постигне својата цел, јас го искористив Арт како алат за да ја постигнам мојата

цел. Тоа беше храбар и потенцијално катастрофален потег затоа што имав само пет секунди да се запрашам дали тоа

воопшто има смисол.

Не можев ништо да направам во врска со ова. Се му се разјасни на Лук. Јас имав горило (којзнае како и зошто) кое сакав

да го префрлам во дождовна шума во централна западна Африка. Арт не можел да оддолее на искушението да ми

помогне. Арт не можел да дојде лично во Заир да го организира тоа и затоа јас бев тука. Сета оваа огромна збрка и

трошок не се поради горилото - тоа би било апсурно. Сето ова е поради мене. Ова беше нешто што Лук можеше да го

разбере... па затоа му дозволив да го разбере.

По мојата средба со Лук, ми ја покажаа собата, којашто не беше ништо посебно. Го извадив фустанот којшто требаше да

го носам наредниот ден за да се сретнам со Моконзи Нкеми и пробав да ги израмнам видливите набори. Тоа беше прилично убав фустан, каков што мене воопшто не ми се допаѓа, но ми беше кажано (повторно и повторно) дека

фармерки и маица ќе бидат одвратни mal a propos за средба со претседателот на републиката. Имаше бања на крајот од

ходникот со када која беше доволно длабока да можеш да пливаш во неа, и јас се истуширав и потоа легнав да спијам.

73

Бидејќи немаше многу луѓе кои зборуваа англиски, Само Глен се назначи самиот себеси да биде мој ментор за вечерта.

Требаше да има голема вечера во балската соба, но ми олесни кога слушнав дека тоа не е во моја чест. Токму

спротивното, стилот на Нкеми беше да организира вечерни забави за целата влада. Тој и Лук ретко беа заедно бидејќи се

чувствуваше дека присуството на големите шефови би ги амортизирало пониските слоеви. Вечерва (како и повеќето

вечери) се очекуваа триесет или четириесет луѓе - вработените и нивните фамилии, од деца до старци.

Глен ме предупреди дека, без разлика дали ми се допаѓа тоа или не, моето влегување ќе предизвика сензација. И навистина предизвика, посебно кај децата и младите луѓе. Огромен ѕид од испрашувачи се формира околу мене и Глен

ми кажа дека е подобро да ја задоволам нивната љубопитност како група, инаку во спротивно ќе ме прогонуваат

индивидуално цела ноќ, прашувајќи ги истите прашања цело време.

Нормално, тие сакаа да знаат зошто сум таму, и јас им објаснив дека сум таму за да се видам со претседателот.

Нормално, следното што сакаа да знаат е зошто сакам да се видам со него. Откако го преведе прашањето, Глен ме

советуваше да кажам дека не смеам да зборувам за тоа и јас го прифатив тој совет. Тие сакаа да знаат од каде сум и како е

таму, со сите детали. Тие сакаа да знаат што мислам за заирската храна и заирската музика и заирските патишта и

заирското време. Тие сакаат да знаат што може да биде видено на американската телевизија, и не можев да им објаснам

што е ситуациска комедија. Јас ги прашав што може да биде видено на заирската телевизија и тоа предизвика голема

смеа. Глен ми објасни дека Мобуту многу сака професионално борење, па затоа тоа најчесто може да биде видено на

заирската телевизија. Некои од постарите луѓе сакаа да знаат дали ја одобрувам политиката на САД во места како

Либија, Израел и Иран. Кога реков дека го држам умот отворен и му реков на Глен да им објасни дека се шегувам, тој рече дека тие нема да го сфатат тоа, и беше во право, не го сфатија. Тоа го надоместив со тоа што бев (за посетител)

невообичаено запознаена со историјата на Република Мабили, а тоа очигледно ги задоволи многу.

После еден час Глен го прекина разговорот за да можеме да одиме да јадеме. Тој ме прошета околу масите, каде што

изгледаше дека има преку педесет различни јадења - од кои повеќето ниту Глен не можеше да ги идентификува. Тој

избра пет или шест работи кои ги препозна и мислеше дека ќе ми се допаднат и потоа уште неколку други работи само за

да ги пробам - ништо необично и егзотично, па не успеав да дознаам дали навистина пржените термити имаат вкус на

пуканки. С беше многу вкусно, сакам да кажам дека беше необично да се проба храна која всушност има вкус, за

разлика од американската храна, која нема сопствен вкус, па затоа ја правиш да има вкус како нешто друго - сол или

пипер или соја сос или сенф или сок од лимон. Една од работите што ја пробав по препорака на Глен излезе дека е чаден

мајмун, за која најверојантно мислеше дека ќе ме исплаши. Тоа не беше нешто за фалење, но воопшто не ме исплаши.

Моконзи Нкеми

Целта на интервјуто кое што го имав со Лук Овона во средата беше многу јасна. Во бајката која се обидувавме овде да ја

продадеме, неговата улога беше ‘да открие што сакам јас’ за да може да го подготви Моконзи Нкеми за нашата средба во

четврток наутро. Мојата молба не требаше да има поврзаност со Арт Овенс, затоа што тој беше непожелна личнот и не

смееше воопшто да се споменува.

Средбата со Нкеми требаше да биде многу едноставна. Требаше да влезам, да размениме неколку зборови и да му

објаснам што сакам. Нкеми би рекол, секако, зошто да не, потоа јас би му кажала благодарам, пријатно, и би се вратила

дома. Сите беа убедени дека тоа ќе биде така.

Нкеми имаше рецепција со вистински рецепционер. Откако таму ме однесе Лоби (чие име, Глен тврдеше, дека е збор од

лингала јазикот кој истовремено значи и “вчера” и “утре”), седнав и чекав околу десет минути и потоа ме повикаа да

влезам. Канцеларијата на Нкеми беше поголема и поелегантна од канцеларијата на Лук, но вистинското изненадување беше самиот човек. Без некоја посебна причина, јас очекував некој дрзок и низок човек - генералче, со други зборови.

Спротивно на тоа, Нкеми беше висок, со големи рамена, облечен во темно одело, бела кошула и темна вратоврска. И тој

исто така носеше очила, но ги симна и со нив ми покажа да седнам на фотелјата пред негото биро.

“Дали ќе ми се придружите на едно кафе,” тој ме праша. Кога ја забележа мојата неодлучност, ме увери дека ќе биде

направено со прочистена вода. Му реков дека тоа би било одлично, иако да бидам искрена посакувам да го прескокнев

тоа. И тој исто така ме праша дали имав пријатно патување и дали мојот престој во Киншаса бил задоволителен. Потоа

ме праша дали за мојот престој во кампусот и за вечерата од претходната ноќ, која тој ја нарече прием. Набргу пристигна

кафето и следните неколку минути ги посветивме на тоа. На крајот, тој премина на работата.. Тој ми објасни дека му е

жал што ме брза, но дека очекува повик од Париз за неколку минути. Реков дека разбирам и дека тоа воопшто не ми

пречи. Тој рече дека г. Овона му ја кажал основата на проектот. Потоа ме замоли да му го презентирам проектот во

целост. Конечно дојде времето за настап.

Горилото Ишмаел, јас му објаснив, е позната личност во Америка, исто како што било горилото Гаргантуа за

претходната генерација. Гаргантуа умрел во заробеништво, но многу работи се промениле оттогаш помеѓу љубителите

на животни во Америка. Постои силна желба да се види Ишмаел ослободен во дивината и неговите сопственици се

подготвени да соработуваат во остварување на овој план - не само да се откажат од животно кое чини многу пари, туку и

да потрошат многу пари за да го вратат во неговата родена земја во дождовната шума во централна северна Африка. С

што ни требаше беше помош во преместување на Ишмаел од точката на неговото пристигнување во Киншаса до точката

на неговото ослободување во Република Мабили.

Нкеми покажа учтив интерес прашувајќи ме дали мислам дека животно кое целиот живот го поминало во заробеништво

би можело да преживее во дивината.

“Ако беше предатор, не,” јас одговорив. “Возрасен лав, кој бил чуван во кафез целиот негов живот, воопшто би немал ловечки вештини за да може да преживее во дивината. Но собирачко животно како горилото нема да има тешкотии да

преживее во соодветно живеалиште. И покрај тоа, неговите одгледувачи ќе останат со него се додека не бидат сигурни

74

дека тој успешно се прилагодил на животот во дивината. Ако не успее да се прилагоди, тие ќе мораат или да го вратат

назад или да го успијат.” Не сакав да го споменувам ова последново, но тоа мораше да биде кажано.

Нкеми сакаше да знае дали овој потфат е спонзориран или барем поддржан од некоја интернационална организација за

заштита на дивиот живот. Арт предвиде дека ова прашање ќе биде поставено. Она кон што целеше Нкеми беше можноста

да добие неколку добри наслови во светските весници. Му реков дека с уште не сме побарале спонзорство или

поддршка, но би го направиле тоа доколку е потребно. Нкеми праша зошто дете било испратено на оваа мисија. Ова, според мое мислење, беше еден од неколкуте слаби

елементи во нашата приказна, но мојот единствен избор беше да му го кажам тоа што го смисливме. Бил оддржан

национален натпревар во училиштата, на кој ќе победи ученик кој ќе напише најдобар есеј и ќе учествува во враќањето

на Ишмаел во неговото родно место. Јас бев победникот и наградата беше ова патување и одговорноста да го замолам

претседателот на Република Мабили за неговата помош. Мислењето на Нкеми за оваа бајка не беше поголемо од моето,

но не кажа ништо.

“Кажете ми го ова, г-це Герчак,” рече тој после некое време. “Која би била причината за да ви ја исполнам јас оваа

желба?”

“Се надевам дека можноста да направите добро дело е доволно добра причина.”

Тој климна со главата во одобрување на овој дипломатски одговор, но тоа не беше крајот. “Но да претпоставиме дека,”

тој продолжи, “можноста да направам добро дело е недоволна. ”

“Во ред. Го сфаќам тоа. Ве молам кажете ми што би било доволно.” Тој одмавна со главата. “Јас не барам мито, г-це Герчак. Сакам да најдете нешто во овој потфат што ќе ми се исплати

мене, затоа што, да бидам искрен, с уште не го гледам тоа. Да бидам целосно искрен, што имам јас од тоа? Или ако нема

ништо за мене, што има за Мабили - или за Африка? Јас не сум многу алчен човек, но секако очекувам да бидам платен

на некаков начин за мојата соработка. Вие добивате нешто што сакате. Сопствениците на ова животно добиваат нешто

што сакаат - или не би го правеле тоа воопшто, ве уверувам во тоа. И ако тоа што ми го кажувате е вистина, тогаш сите

љубители на животни во Америка ќе го добијат тоа што го сакаат. Од сите овие луѓе, зошто јас да бидам единствениот

кој нема да добие нешто што сака?”

Без сомнение, ова беше многу добро прашање и бидејќи не знаев како да му одговорам на тоа, не можев да видам ништо

друго освен само неуспех на целата моја мисија. Бев во прегратки на целосен ужас и мојот мозок се блокираше.

“Проблемот е што јас не знам што сакате вие.”

Тој повторно одмавна со главата, на сосема истиот начин - болно и тажно. “Работите што јас ги сакам не се важни, г-це Герчак. Доколку, слушајќи за вашата желба да го вратите ова животно во дивината ве поканев овде со цел да ве убедам

да ми дозволите да ви помогнам, тогаш сигуно би сакале да слушнете зошто мене би ми била дадена оваа можност, а не

на некој друг. И би ви го кажал тоа, затоа што би го разработил тоа на самиот почеток, пред да ве поканам овде."”

Седев и го гледав збунето.

“Вие сте шармантна млада дама,” Нкеми продолжи да зборува, “и сигурно сте напишале одличен есеј, но се плашам дека

организаторите на оваа работа требало да испратат некој кој всушност знае како се прават овие работи.”

“Многу луѓе ќе бидат разочарани,” јас реков тивко.

“Не е моја работа да ги правам луѓето среќни.”

“Но ние бараме многу малку.”

Тој слегна со рамениците. “Ако барате многу малку, тогаш исто така треба да понудите многу малку. Но тоа што барате

многу малку, не го оправдува тоа што не нудите воопшто ништо.”

За среќа, во тој момент секретарката на Нкеми влезе и му кажа дека е воспоставен повикот со Париз. Ме праша дали можам да почекам надвор неколку минути. Дали можам? Избегав како да ми горат чевлите.

Ќе можете да сфатите како размислував во моментот ако ви кажам дека сакав да се обидам да му телефонирам на Арт.

Таму каде што се наоѓаше тој беше 3:40 наутро, па бев сигурна дека ќе биде дома. Проблемот беше што не знаев уште

колку време имам и не знаев колку време ќе биде потребно да се воспостави повикот. Одлучив дека времето ќе биде

подобро искористено доколку се соземам и смислам некој неверојатен одговор кој во тој момент беше незамислив за

мене.

Покрај тоа, јас веќе слушнав што имаше Арт да каже во врска со тоа. Тој беше авторот на аргументот кој јас штотуку го

презентирав: “Ние не бараме многу, зошто не сакате да ни го дадете тоа?” Овој аргумент се покажа како неуспешен.

Ишмаел не понуди никаков аргумент за ова, но и ако го направеше тоа, кој ќе беше тој аргумент? Доста чудно, јас не

знаев каков аргумент ќе понудеше, но знаев како ќе го направеше тоа.

Тој ќе раскажеше приказна - бајка. Приказна за еден крал и еден странец... За крал кој е замолен да учествува во некаква реставрација, но кој не успева да сфати дека таа реставрација е негова сопствена награда...

Сум видела како Ишмаел смислува таква приказна за неколку минути. Тоа можеше да биде направено. Проблемот беше

во наоѓањето на вистините елементи и како да направам да фунционираат заедно. Помислив на бисер. Помислив на

златна паричка. Откако се загреав малку со нив, продолжив внатре кон структурата на внатрешното уво која го

контролира еквилибриумот; ако знаев како се вика проклетата работа, можеби ќе се задржев до неа. Потоа добив една

идеја за која мислев дека ќе биде добра како и секоја друга и почнав да ја разработувам. После пет минути бев

подготвена за Нкеми и тој беше подготвен за мене.

“Сакам да ви раскажам една приказна,” реков кога се вратив повторно во неговата канцеларија. Нкеми климна со главата

за да ми стави до знаење дека тоа е интересен и нов пристап и дека можам да продолжам да зборувам.

“Еден ден некој принц бил посетен од некој странски посетител кој дошол да го замоли за услуга. Принцот го однел во

една внатрешна одаја и го прашал каква е таа услуга.” “ ‘Сакам да ја отворите вратата од вашиот дворец за да можам да внесам еден коњ во вашата штала,’ рекол странецот.”

“ ‘Каков коњ?’ прашал принцот.”

“ ‘Тоа е сив пастув, Ваше височество, со црна ѕвезда на челото.’ ”

75

“Принцот се намуртил и рекол, ‘Имаше еден таков коњ во шталата на мојот татко кога бев дете. Имаше катастрофален

пожар и тој исчезна заедно со уште неколку други.’”

“ ‘Значи, ќе ја отворите вратата и ќе ми дозволите да го вратам коњот во вашата штала?’”

“ ‘Не сфаќам зошто би го направил тоа,’ одговорил принцот. ‘Извини ако сум прост, но каква корист имам јас од тоа?’”

“ ‘Јас мислев дека сфативте, Ваше Височество,’ рекол странецот. ‘Ова е истиот оној коњ којшто исчезнал од шталата на

вашиот татко кога вие сте биле дете. Јас само враќам нешто што воопшто не требало да замине одовде.’” Нкеми се насмевна и ми рече да продолжам да зборувам.

“Ние не бараме од вас да се грижите за нешто што ни припаѓа нам,” јас му реков. “Ние сакаме да вратиме нешто што ви

припаѓа вам.”

Нкеми климна со главата, с уште насмевнувајќи се. “Гледате? Јас можев да го откријам ова со мал напор. Но ваша

обврка беше да ми го покажете тоа, а не моја да го откријам тоа. Со тоа што очекувавте сам да откријам каква корист

имам од вашиот предлог, вие изразивте непочитување кон мене - иако јас совршено разбирам дека вие лично немавте

таква намера.”

“Разбирам,” реков, “и целосно се сложувам со вас.”

“Се разбира дека ќе ми биде мило да соработувам со вас во овој чуден мал потфат. Господин Овона ќе се погрижи за

сите работи коишто мора да бидат направени за да се заврши оваа работа.”

Кога го кажа тоа, тој стана и ја подаде неговата рака за да се поздрави со мене и да ми посака пријатно патување.

Осум часа подоцна јас летав назад за Цирих.

Точно навреме

После една долга и досадна пауза во Атланта, јас бев дома во петок на полноќ - дома, но практично во кома. Мајка ми ме

легна во кревет. Не бев многу пријателски расположена кога таа ме разбуди во осум часот наутро следното утро за да ми

каже дека господин Овенс доаѓа по мене. Добро ќе ми дојдеа уште шест часа спиење, но станав, се истуширав, се облеков

и појадував брзо за да бидам навреме на улица да го пречекам за да не мора тој да влезе внатре и да разговара со мајка

ми. Моравме да се возиме околу деведесет минути за да дојдеме до карневалот, кој веќе имаше поминато два града

северно одовде.

Откако му ја раскажав мојата африканска авантура, го прашав што се случува тука.

“Две работи се случија откако ти замина,” рече тој. “Едната е дека Ишмаел има лоша настинка која се плашам дека може да премине во пневмонија. Нема многу ветеринари кои можат да лекуваат горило, или имаат услови да лекуваат горило,

но успеав да најдам еден и една амулантна кола оди кон карневалот во моментов.”

С што сакав да кажам беше: “Тој ќе биде во ред, нели?” Но го познавав Арт доволно добро за да знам дека ако тој

можеше да ми вети такво нешто, досега ќе го направеше тоа. Тој не изгледаше премногу загрижен и јас морав да се

задоволам со тоа.

Тој се насмеа кратко и горчливо. “Втората работа е што Алан Ломакс не успеа да н пронајде.”

“Слушај,” јас реков, “мораш да ми кажеш што е целата оваа работа со Алан. Знам дека Ишмаел не сака да зборува за

него, но тоа не треба да те спречи тебе да зборуваш за него.”

Арт возеше уште малку додека размислуваше за тоа. Конечно рече, “Од време на време, Ишмаел има средба со ученик

кој не сака да си оди. Тој станува... посесивен. Тоа многу го плаши Ишмаел - и има добри причини за тоа, всушност.”

“Зошто го велиш тоа?”

“Размисли за тоа. Кога поседуваш животно, па, да бидеме искрени, ти го контролираш целосно.” “Но Алан не го поседува Ишмаел.”

“Работата е што тој сака да го поседува. Завчера тој ми понуди илјада долари за него.”

“Господи,” јас викнав. Сакав да врескам. Сакав да го гризнам воланот. “Што му кажа ти?”

Арт се насмеа. “Му кажав дека можеби би му го продал за две илјади и петстотини долари.”

“Зошто си го направил тоа?” го прашав недостоинствено.

“Што сакаше да направам?” Морав да му покажам дека Ишмаел е само уште едно животно во мојата колекција.

“Да, можам да го разберам тоа.”

“Мораш да разбереш дека, од негова гледна точка, тој прави нешто многу восхитувачко. Тој се обидува да го спаси

Ишмаел од очајна ситуација.”

“Зарем Ишмаел не му кажал дека не му треба помош?”

“Сигурен сум дека му кажал. Но не се осмелува да му каже зошто не му треба помош.” “Зошто не?”

“Размисли, Џули. Ова можеш самата да го сфатиш.”

Размислував малку за тоа, но не успеав да сфатам. Го прашав Арт, “Дали Алан знае како Ишмаел пристигнал во

менаџеријата?”

“Не знам.”

Се возевме во тишина некое време. На крај реков, “Што мислиш, што ќе направи тој следно?”

“Алан? Јас мислам дека ќе оди дома и ќе се обиде да собере колку што може повеќе пари. Кога ќе биде во можност да ми

ги покаже парите, алчноста ќе ме натера да му го предадам Ишмаел.”

“Но, Ишмаел ќе си замине дотогаш, нели?”

“Да - освен ако Алан не биде многу брз. Ишмаел ќе си замине за неколку часа, а карневалот ќе си замине во понеделник.”

Во тој момент пристигнавме во едно мало гратче и проклета да сум ако не го видов Алан Ломакс на бензиската пумпа. Тој и еден механичар го разгледуваа моторот на еден стар Плимут кој најверојатно беше тука уште од времето на Џими

Картер.

“Изгледа има проблеми со моторот,” рече Арт.

76

“Да.”

“Изгледа има малку песок во ладилникот.”

“Навистина мислиш така?”

“Па, би можел да има.”

Го погледнав љубопитно. “Дали ќе му треба нов ладилник?”

“Секако,” рече тој. “За несреќа, не е лесно да се најдат резервни делови во овие провинциски гратчиња, посебно во сабота. Ако вози полека, најверојатно може да стигне до дома, но ќе биде премногу доцна за да може да го поправи

денес.”

“Лоша среќа,” јас реков.

Збогум, мој Ишмаеле

Тој изгледаше многу лошо и мизерно во неговиот кафез, дишеше тешко и стенкаше, неговото крзно стрчеше на сите

страни, но не беше исцрпен и не покажуваше знаци на предавање. Всушност, тој беше многу напнат и лошо расположен,

што во никој случај немаше да биде таков ако беше подготвен да го вдиши неговиот последен здив.

Откако ги слушна сите детали од мојата африканска авантура, тој беше лут затоа што тој и Арт погрешно ги разбрале

Лук Овона и Моконзи Нкеми. “Правилото треба да биде ‘Надевај се на најдоброто, подготви се за најлошото,’ а ние само

се надевавме на најдоброто,” рече тој. “Еден месец надвор од мојата канцеларија и веќе го губам моето чувство.” Од друга страна пак, тој беше многу заинтересиран за приказната за сивиот коњ која му ја раскажав на Нкеми. “Ти рече

нешто за една идеја на која си работела која го вклучува внатрешното уво. Што по ѓаволите беше тоа?”

“Па знаеш, тоа е една мала направа којашто лебди во твоето внатрешно уво и ти помага да го одржуваш балансот.

Размислував... лошиот волшебник ја краде таа направа од увото на принцот за време на неговата крштевка. Еден ден се

појавува внукот на волшебникот и му вели на тогашниот крал, ‘Видете, јас сакам да ви ја предадам оваа направа.’ И

кралот вели, ‘Што ќе ми е такво нешто? Што имам јас од тоа ако ја земам оваа направа од твоите раце?’ Потоа внукот на

волшебникот објаснува.”

“Малку е… збунувачко.”

“Точно. Затоа му ја раскажав приказната за коњот.”

“Ти ќе бидеш добар учител,” рече Ишмаел и ме изненади.

“Зарем тоа треба да бидам?” “Не сакам да кажам професионален учител,” рече тој. “Сите вие морате да бидете учители, без разлика дали сте учители,

доктори, адвокати, филмаџии, индустријалци, светски водачи, студенти, готвачи или чистачи на улици. Ништо помалку

од свет на променети умови нема да ве спаси - а менувањето на умови е нешто што секој од вас може да го направи, без

разлика кои сте и колку добро сте ситуирани. Му реков на Алан да допре до стотина умови, но да бидам искрен станав

малку нетрпелив со него. Се разбира дека нема ништо лошо во тоа да допреш до стотина, но ако не можеш да допреш до

сто, тогаш допри до десет. Ако неможеш да допреш до десет, тогаш допри до еден - затоа што тој еден може да допре

милиони.”

“Јас ќе допрам милиони,” му реков.

Гледаше во мене некое време, а потоа рече, “Верувам дека ќе го направиш тоа.”

“Дали ќе се обидеш да подучуваш во Африка?” јас го прашав.

“Не. Можеби некој ден ќе ти напишам писмо, но во спротивно нема да бидам вклучен во такво нешто.”

“Тогаш, што ќе правиш?” “Јас ќе одам до најтемниот, најгустиот и најоддалечениот дел од дождовната шума и ќе се обидам да најдам племе од

мојот вид кое ќе ми дозволи да живеам со нив. Не сакам да те загрижувам, но бесмислено е да го сокријам фактот дека

ние најверојатно нема да преживееме како посебен вид во дивината уште долго време. Но јас секако ќе внесам нови

работи во играта.”

“Што значи тоа?”

“Тоа значи дека ако некогаш слушнеш дека таму с уште има едно диво и старо горило со сребрен грб кое не се предава,

ќе знаеш дека тоа сум јас.”

За кратко време, Арт наврати за да не извести дека пристигнала амбулантната кола.

Го прашав Ишмаел дали можам да дојдам со него.

“Подобро би било да не доаѓаш, Џули. Утре ќе ми биде уште потешко да се разделам од тебе.”

Посегнав кон решетките и тој ја зема мојата рака исто како да беше кршлива како балонче од сапун.

Животот продолжува

Колку и да изгледа неверојатно, во понеделникот наутро јас станав, појадував и отидов на училиште. Во вторникот го

направив истото.

Не беше возможно за мене да останам во контакт со Арт. Тој требаше да остане во контакт со мене, и остана. Преку него,

јас дознав дека Ишмаел постепено закрепнал и еден ден во јануари 1991 година тргнал на патување во Африка. Не

прашав како поминало патувањето; сигурно не било многу забавно, и колку помалку знаев за тоа, толку подобро. Во

март, Арт ми се јави да ми каже дека целата мисија била успешна. Ишмаел беше дома.

На некаков необичен начин, мајка ми постепено дошла до сознание дека реалноста за заирската работа е различна од она

што ѝ го кажавме. Таа не ме предизвикуваше и не бараше објаснување. Наместо тоа, таа беше благо навредена од тоа и кажуваш мрачни забелешки од типот, “Знам дека ти имаш свои тајни. Па, имам и јас свои.”

77

Во септември, карневалот на Дерил хикс се врати во градот и јас и Арт поминавме некое време заедно. Му реков дека,

кога гледам на тоа од временска дистанца од една година, тешко ми е да поверувам дека тие двајцата не можеле да најдат

друг начин да го договорат трансферот освен преку мене.

Арт се насмеа и рече, “Мислев дека ќе го сфатиш тоа досега, паметна девојка каква што си ти.”

“Како мислиш?”

“Ние имавме два други планови подготвени за трансферот. Секој од нив ќе беше поефтин - и многу полесен за раководење - отколку тоа што те испратиме тебе.”

“Тогаш, по ѓаволите, зошто ме испративте мене?”

“Ишмаел инсистираше. Тој сакаше ти да го направиш тоа, и никој друг.”

“Но зошто?”

“Би рекол дека тоа е последното нешто што имал да ти го даде. Тоа беше неговиот последен подарок: знаењето дека ти си

одиграла клучна улога во неговиот живот. И нема сомнеж дека го направи тоа. Фактот дека можевме да го направиме тоа

на друг начин, не го менува тоа.”

“Но јас можеби немаше да успеам.”

Арт одмавна со главата. “Тој знаеше дека ќе успееш. Ова беше дел од подарокот, се разбира. Тој сакаше да знаеш дека ти

верува со својот живот.”

“Дали дојде Алан повторно?”

“Да, дојде, баш тогаш кога мислев дека ќе дојде. Ние тргнавме рано наутро и јас оставив човек да го пресретне ако се појави и тој го направи тоа, околу пладне.”

“Зошто го направи тоа?”

“Затоа што тоа мораше да биде завршено.”

“Не разбирам.”

“Знам дека не разбираш. Ишмаел беше во комплицирана ситуација кога требаше да зборува со тебе за Алан.”

“Зошто е тоа така?”

Арт направи пауза и ме погледна сомнително, “Какво беше твоето мислење за Алан?”

“Да ти кажам најискрено, мислев дека е кретен.”

“Токму затоа Ишмаел не можеше да зборува со тебе за него. Ти не беше склона кон слушање.

“Тоа е точно, претпоставувам”

“Нема што да претпоставуваш, Џули. Од некоја причина, кога се работеше за Алан, твојот ум беше затворен.” “Во ред, во право си. Го знам тоа. Продолжи.”

“Повеќето ученици на Ишмаел беа исти како тебе, кога ќе дојдеше времето да го напуштат, тие го напуштаа. Дали знаеш

за што зборувам?”

“Не сум сигурна. Во секој случај, немав никаков избор. Морав да го напуштам.”

Арт не се согласуваше со тоа. “Не, не мораше да го напуштиш, Џули. Можеше да кажеш, ‘Ако не ми дозволиш да одам

со тебе ќе си ги пресечам вените.’”

“Точно.”

“Алан беше еден од оние ученици кои едноставно не сакаат да го напуштат. Ишмаел го забележа тоа многу рано и тоа

стана важен елемент во неговото планирање.”

“Како мислиш?”

“Кога стана јасно дека Ишмаел мора да ја напушти зградата Ферфилд, тој можеше да те вклучи тебе во неговите планови,

но не можеше да го вклучи Алан. Поради тоа, Ишмаел немаше друг избор освен да исчезне. С што Алан требаше да види е дека еден ден Ишмаел беше во неговата канцеларија, а следниот не. Тој повеќе не беше таму, исчезнал во

воздухот.”

“Сакаш да кажеш дека Алан не беше претходно известен дека Ишмаел си заминува?”

“Точно. Што би помислила ти кога еден ден би влегла во канцеларијата на Ишмаел и би видела дека го нема?”

“Леле, не знам. Мислам дека би помислила, ‘’Па, од сега си препуштена сама на себе.”

“Тоа би го помислиле повеќето луѓе - но не и Алан. Тој размислувал вака: ‘Ако Ишмаел исчезнал, јас морам да го

најдам.’ И имал намера да го направи тоа.”

“Сфаќам. Тој воопшто не помислил дека можеби Ишмаел сакал да изчезне.”

“Се сомневам дека воопшто размислувал за тоа што сака Ишмаел. Најважната работа била тоа што Алан сакал, а тоа било

да го врати Ишмаел назад.”

“Да, сфаќам.” “Треба да разбереш дека Ишмаел не сакал едноставно само да се ослободи од Алан. Тој се обидувал да да го разбуди

него. Тој се обидувал да ја уништи зависноста на Алан од него. Во спротивно Алан ќе останел ученик засекогаш.”

“Што сакаш да кажеш со тоа?”

“Ишмаел не сака само ученици, тој сака ученици кои ќе станат учители. Зарем не ти го кажа тој тоа?”

“Да. Рече тој дека сите негови ученици се гласници. Затоа е многу важно за нив да имаат ‘вистинска желба да го спасат

светот.’ Без таа желба, тие најверојатно нема да направат ништо со она што го научиле.”

“Точно. Но еве што слушал Ишмаел од Алан: Јас никогаш нема да ја следам мојата желба да го спасам светот - никогаш

нема да станам учител како тебе, никогаш нема да ја пренесам твојата порака на светот - затоа што ќе останам тука и ќе

бидам твој ученик засекогаш.”

“Го разбирам тоа сега.”

“Кога Алан го пронајде Ишмаел на карневалот, ситуацијата стана уште поочајна затоа што Алан не велеше само, ‘Јас сакам да останам овде и да бидам твој ученик засекогаш,’ тој сега велеше, ‘Јас сакам да те купам и да те одведам дома со

мене и да бидам твој ученик засекогаш.’ Ние моравме да го запреме тоа засекогаш.”

“Да, го сфаќам тоа.”

78

“Но како ќе го направевме тоа, Џули? Како би го направила ти тоа, знаејќи каква е нашата ситуација? Алан си замина

дома, најверојатно за да собере пари за да може веднаш да го купи Ишмаел. Ишмаел страдаше од лоша настинка,

доволно лоша за да биде хоспитализиран. Кога Алан ќе се врати во понеделник, Ишмаел веќе ќе биде заминат. Но јас

можам да оставам некој човек со порака за Алан.”

“Во ред.”

“Која порака ќе ја оставам за него?” “Оди си дома и остави не на мира.”

Арт одмавна со главата. “Тоа нема да успее, Џули. Алан го спасува неговиот учител од силите на злото. ‘Оди си дома и

остави не на мира’ едноставно не е доволно.”

“Точно.” Слегнав со рамениците. “Знам како јас би го направила тоа, но мислам дека Ишмаел не би го одобрил тоа.”

“Ишмаел сакаше Алан да се откаже од секаква надеж дека некогаш повторно ќе биде ученик. Тој сакаше Алан еднаш за

секогаш да си каже себеси, ‘Препуштен сум сам на себе - сосема и засекогаш. Ишмаел нема повеќе да биде тука и да ме

подучува.’ Тој сакаше Алан еднаш за секогаш да си каже себеси,

‘Ишмаел го нема, па затоа јас самиот морам да станам Ишмаел.’”

“Тогаш, можеби би одобрил.”

“Значи, каква порака би оставила за Адам?”

“Би ја оставила оваа порака: ‘Ишмаел е мртов. Неговата состојба стануваше с полоша и полоша и тој почина од

пневмониа.’” “Тоа е пораката којашто јас ја оставив за него, Џули.”

“Господи.” Иако не го реков тоа, се сеќавам дека се прашував: Дали ќе успее тоа?

Пет месеци подоцна го добив мојот одговор.

Алановиот Ишмаел

Во книгата на Алан Ломакс за неговото искуство со Ишмаел, тој признава дека протестирал бидејќи не е “таков тип на

писател” кој може да ја пренесе порака на Ишмаел на светот. Но соочен со смртта на Ишмаел, тој заминал дома и

пронашол начин да стане таков тип на писател. Го поздравувам за тоа.

Сум зборувала со многу луѓе кои ја имаат прочитано книгата на Алан, но ниту еден од нив не го коментираше чудниот

факт дека кога дошло времето Ишмаел да ја напушти зградата Ферфилд, тој си заминал без да му каже ниту еден збор на Алан за тоа. (Алан исто така не коментира за тоа!). Исто така, изгледа дека никој не забележува дека Ишмаел вопшто не е

воодушевен кога Алан конечно се појавува на карневалот на Дерил Хикс. (Иако Алан го забележува тоа, тој не посветува

многу внимание на тоа).

Сигурна сум дека на сите ќе им олесни кога ќе слушнат дека немам намера да ги споредувам работите што Ишмаел ми ги

кажа мене со работите кои му ги кажал на Алан. Според мене, единствената различност се појавува во однос на другите

ученици на Ишмаел. Ако Алан ја кажува вистината (а зошто не би го превел тоа?), тогаш Ишмаел му дал впечаток дека

тој имал само неколку ученици во минатото - и со сите доживеал неуспех. Ова е многу чудно, затоа што мене ми даде

целосно спротивен впечаток - дека тој имал многу ученици и дека доживеал успех со сите нив. Тоа покажува дека

Ишмаел ги криеше фактите од нас, иако не можам да замислам зошто го направил тоа.

Дали Алановиот Ишмаел е Мојот Ишмаел? Јас лично не верувам, но тешко дека сум во ситуација да бидам објективна за

тоа. Алановиот Ишмаел мене ми изгледа малку строг и мрачен и малку непријатен со овој одреден ученик. Но како ќе им

изгледа мојот Ишмаел на луѓето коишто ќе ја прочитаат оваа книга? Не знам. Научив нешто многу важно читајќи ја книгата на Алан - покрај она што Ишмаел него го научил. Сакам да кажам, научив

нешто лично од Алан. Не ми е лесно да го искажам тоа со зборови, делумно затоа што тоа значи дека признавам дека сум

погрешила. Од читањето на Алановата книга, јас научив колку е лесно да се добие погрешен впречаток за некоја личност

и потоа секоја нејзина акција да се гледа низ призмата на тој впечаток. Читањето на неговата книга ме натера да сфатам

дека тоа не е само погрешно, туку и неточно. Арт Овенс исто така беше виновен за тоа - но не и Ишмаел. Ишмаел

постојано го бранеше Алан пред мене, беше лут на моите предрасуди за него и одбиваше да допринесува кон тие

предрасуди со тоа што одбиваше да дискутира со мене за неговата загриженост од Алановата посесивност. Зигмунд

Фројд еднаш напишал, “Да се разбере е да се прости.” Во случајот на Алан, откако живеев со неговата книга четири

години, јас би ја заменила оваа максима со, “Да се разбере е да се разбере.”

Луѓето исто така ме прашуваат за моите реакции за учењата на личноста позната како Б - Чарлс Атерли, уште еден

ученик на Ишмаел. Ова е она што јас го мислам: Ишмаел не тренираше папагали, а Б секако не беше папагал. Тој го земал она што го научил од Ишмаел и го насочил кон неговата страст, и јас сум сигурна дека тоа е она што Ишмаел

сакаше да се случи. Дали учењата на Б се автентични - во смисла, дали тие на било каков начин произлегуваат од

учењата на Ишмаел? Би морала да кажам да, на основа на наговестувањата во книгата на Алан. Фактот што овие

наговестувања не можат да се најдат во мојата книга не значи ништо. Ишмаел јасно стави до знаење дека секој од

неговите ученици добива “различно раскажување” на неговата порака.

Додека ја пишував оваа книга, цело време знаев дека некогаш ќе морам да ја оправдам мојата почетна изјава дека сум се

разбудила на шеснаесет години и сум сфатила дека сум измамена. Претпоставувам дека сега е времето да го направам

тоа.

Кога излезе книгата на Алан, јас му кажав на Арт дека имам намера да напишам и јас една книга. Неговиот одговор беше:

Ишмаел секако би сакал да го направиш тоа - но ќе мораш да почекаш малку.

Нормално, прашав зошто. “Ќе мораш да ми веруваш, Џули,” рече тој.

“Ти верувам,” јас реков, “но тоа не значи дека не можам да прашам зошто.”

“Во овој случај токму тоа значи, Џули. Едноставно ќе мораш да ми веруваш.”

79

“Во ред. Но што всушност јас чекам ?”

“Ниту тоа не можам да ти го кажам.”

“Дали е ова некаква наредба од Ишмаел?”

“Не.”

“Колку долго треба да чекам?”

“Се додека јас не ти кажам да продолжиш.” “Да, но колку долго ќе биде тоа? Една година? Две години? Пет години?”

“Жал ми е, Џули. Едноставно не знам.”

“Тоа не е фер.”

“Знам дека не е фер. Не го правам тоа затоа што е фер. Го правам тоа затоа што е неопходно.”

Овој разговор се случи летото 1992 година Претпоставував дека ќе попушти следната година, но тој не го направи тоа.

Во 1993 година претпоставував дека следната година тој сигурно ќе попушти - но повторно, тој не го направи тоа.

Есента 1994 година имав предавање по историја на кое книгата на Алан беше прочитана од целата група како еден вид на

вовед. Едвај се воздржав да не прозборам. Инаку, тоа не беше лоша година. Мојата мајка на некој начин сврте нова

страна во нејзиниот живот и целосно го остави пиењето. Почна да слабее, да оди на терапија и повторно почна да се смее.

Кога се сретнав со Арт летото 1995 год, му реков, “Види, сигурно нема да има никаква штета ако ја напишам книгата,

нели? Можам да ја напишам ако ти ветам дека нема да ја издадам?”

То рече да, можам да ја напишам, само доколку се заколнам врз еден куп библии дека нема да ја покажам на никој. Почнав да пишувам - но, навистина се чувствував дека сум измамена.

Почнав да ја пишувам и ја завршив во рок од шест месеци - с освен ова поглавје.

Му испратив една копија на Арт. Тој рече, “Одлична е - но с уште мораш да чекаш.”

Чекав уште една година и потоа го напишав ова поглавје.

Арт вели... чекај.

Денеска е 28 ноември 1996 година... и јас с уште чекам.

Чекањето завршува

На 11 февруари 1997 година, две недели пред мојот осумнаесетти роденден, Арт ми телефонираше за да ми даде зелено

светло. Тој рече, “Деновите на Мобуту се одбројани. Тој ќе биде симнат од власт за неколку недели.” “За име божје, зарем тоа го чекавме цело време?”

“Тоа го чекаше ти, Џули. Ако деновите на Мобуту се одбројани, тогаш и деновите на Нкеми се одбројани.”

“Сакаш да кажеш дека ти сакаше Нкеми да биде симнат од власт пред јас да откријам каде е Ишмаел?”

“Не е тоа работата. Се додека Нкеми беше на власт, јас не сакав тој да дознае какво горило има во неговата земја. Сети се

дека ти го нарече Ишмаел по него.”

“Точно. Но Алан исто така го именува. Нкеми можел да дознае од книгата на Алан какво горило има во неговата земја.”

“Не, не можел да го дознае тоа од книгата на Алан, затоа што според книгата на Алан, Ишмаел е мртов.”

“Во ред, го сфаќам тоа. Но што би направил Нкеми ако дознаел?”

“Не знам, но секако не сакав да дознаам на потешкиот начин, да го гледам како го прави тоа.”

“Точно.” Размислував за ова некое време и потоа го прашав дали е сигурен дека деновите на Нкеми се одбројани.

“Верувај ми, Џули. Јас имам информација која ја нема ниту Стејт Департментот. До лето, Нкеми и неговата република ќе

бидат историја.” “Ми се допаѓаше Нкеми - исто и твојот брат.”

“Немој многу да се грижиш за нив. Пред Божиќ, тие двајцата ќе имаат добри работни места предавајќи политичка наука

и Африканска историја во Париз или Брисел - иако најверојатно ќе заработуваат пари советувајќи ги бизнисмените кого

да подмитат во новиот режим.”

“Зошто не можеше да ми кажеш што чекав сиве овие години?”

“Ако го направев тоа, ти ќе ме прашаше уште колку долго ќе остане Мобуту на власт и јас ќе морав да речам, ‘Којзнае?’

Можеби ќе живее сто години. Мислам дека немаше да сакаш да го слушнеш тоа.”

“Точно.”

Значи чекањето заврши и јас сум две години постара и помудра од девојката која ја напиша оваа книга. Би можела многу

лесно да изменам некои груби делови кои знам дека ги има во книгата.

Но мислам дека е подобро да ја оставам ваква каква што е.

80