moirecepti e kniga sovrseno postavena masa

26
Совршено поставена маса за секоја пригода Воодушевете ги гостите со помош на овие едноставни совети од експерти!

Upload: kosta-kockov

Post on 15-Apr-2016

29 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

moi recepti

TRANSCRIPT

Page 1: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Совршено поставена маса за секоја пригода

Воодушевете ги гостите со помош на овие едноставни совети од експерти!

Page 2: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

ВоведОсновните работи кои треба и не треба да ги правите. Сите основни правила кои треба да ги знаете за сè да биде совршено.

ВелигденЗајчиња, јајца и други слатки работи кои ќе го направат овој Велигден незаборавен.

БожиќСоздадете топла, семејна и пријатна атмосфера.

Нова ГодинаБлескава вечера за најлудата ноќ во годината.

Детски забавиСветли бои, забавни декорации и специјални ефекти кои децата ќе ги обожаваат.

Роденденски забавиПрославете го вашиот роденден со стил.

Романтична вечера за двајцаСвеќи, вино, неверојатна храна и романса …

Вечера со пријателитеРелаксирана атмосфера за совршена ноќ со пријателите

Page 3: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa
Page 4: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

ВоведПоставувањето на масата е нешто што сите знаеме како да го направиме, бидејќи тоа го правиме секој ден. Сите знаеме одредени правила кога станува збор за поставување на масата, но, во оваа книга нема да зборуваме за правила. Со помош на книгава и на вашата креативност и фантазија, вие ќе имате совршено поставена маса која ќе ги импресионира и воодушеви вашите гости.

Не е важно дали сте планирале романтична вечера за двајца, обичен оброк за блиски пријатели или пак детска забава, секогаш е важно вниманието и времето кои сте го посветиле за да направите нешто посебно. На тој начин, вие ќе им покажете на гостите колку ги почитувате, ќе направите да се чувствуваат пријатно и ќе бидете сигурни дека максимално ќе уживаат во оброкот.

Не грижете се, иако на прв поглед следењето на правилата во комбинација со креативноста може да ви изгледа сложено и тешко, всушност е навистина едноставно. Неколкуте часа со вашето семејство можат да се претворат во посебна пригода, секој пат!

Вистинската маса ќе ги претвори обичните оброци во специјални пригоди. Најобичната храна ќе се претвори во нешто магично и обичната понеделничка вечера ќе ја доживеете како петочно дружење во отмен ресторан. Сè што ви треба е малку време и труд.

Дали сте подготвени да ја претворите вашата трпезарија во нешто посебно?

Page 5: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

1

2 3 4

5

6

7 8 9 10

11

12

14

13

15

16

17

Основните работи кои треба и не треба да ги правитеОсновни правила кои треба да ги знаете за сè да биде како што требаПоставување на масата за специјални пригоди може да биде сложена работа, па, ајде да ги разјасниме работите еднаш-засекогаш .

Формално наспроти неформално поставување на масатаПоголем дел од забавите кои ги приредувате во вашиот дом се неформални, па затоа, лесно можете да го искористите неформалното поставување на масата и да го прилагодите на моменталните потреби. Главната ралика помеѓу формалното и неформалното поставување на масата е во тоа што неформалното поставување има помалку парчиња, но сепак треба да има повеќе од доволно за секоја посебна пригода која сакате да ја поминете со вашите најмили.

1. Салфета2. Вилушка за салата3. Вилушка за главно јадење4. Чинија за главно јадење5. Чинија за салата

6. Чинија за супа7. Нож за главно јадење8. Нож за салата9. Лажица за главно јадење10. Лажица за супа11. Нож за путер12. Чинија за леб

13. Вилушка за десерт14. Лажица за десерт15. Чаша за вода16.Чаша за црвено вино17. Чаша за бело вино

Page 6: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

ЧашиВо зависност од тоа каков вид на гости ви доаѓаат (децата ќе имаат потреба од различни чаши, во однос на возрасните) и какви пијалоци ќе послужувате, ќе ви требаат различни чаши. Со децата е едноставно, ќе им треба само една чаша и би било супер ако најдете чаши со интересни апликации. Кога приредувате забава за помали деца најдобро е да користите пластични или хартиени чаши со цел за ги заштитите од повреди.Кога приредувате забава за возрасни, поставете ги чашите кои ќе ги користат во горниот дел, од десната страна на чинијата. Почнете со чашата за вода, потоа продолжете со чаша за бело или црвено вино (или ставете ги и двете и потоа едноставно тргнете ја чашата која нема да ја користат), чаша за апертив и шолја за кафе. Поставете ги чашите во една права линија, од најмалата до најголемата.

Порто Чаша за аперитви Црвено вино Бело вино

Чаша за шампањ Розе Црно вино

Page 7: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

ПриборПриборот, најверојатно е најсложениот дел кога станува збор за поставување на масата и овде, поголемиот дел од луѓето грешат. Но, кога ги знаете основните правила, навистина е едноставно.

Ајде да започнеме со левата страна на чинијата, таму стои вилушката. Вилушката за салата/предјадење е најдалеку од чинијата, додека вилушката за главно јадење е најблиску до чинијата.

Ножот за главното јадење и лажицата за супа (доколку служите супа) се на десната страна на чинијата, со тоа што, ножот треба да биде најблиску до чинијата. Ножот за путер треба да стои на чинијата за путер и леб, а приборот за десерт треба да е поставен над чинијата. Сите ножеви треба да се свртени кон чинијата со страната за сечење и целиот прибор треба да е поставен во права линија.

a -Вилушка за главно јадењеb -Нож за главно јадење

c - Мала лажицаd - Нож за путерe - Вилушка за салата

f - Лажица за супаg - Fish fork

ag

e

d

b f c

Page 8: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

ЧинииЧиниите се главниот дел од секоја маса, па затоа, треба предвреме да планирате што е она што би им требало на вашите гости за време на јадењето. Ако планирате да послужите супа тогаш на вашите гости најпрво ќе им треба чинија за супа, а доколку оброкот започнува со салата, тогаш не ја заборавајте чинијата за салата.

Подоцна, на вашите гости ќе им треба чинија

за главното јадење, а можеби

и чинија за леб и путер, тие

треба да бидат поставени на

горниот дел од левата страна на чинијата,. Во зависност

од тоа дали ќе имате десерт

треба да имате и соодветна чинија.

Page 9: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Чаршафи, салфети и други ткаенини за масатаЗа помалку формални пригоди, лесно може да искористите хартиени салфети, но, одберете интересен дизајн кој ќе одговара на пригодата. За поформални прилики изберете салфети направени од материјал. Секогаш салфетите поставувајте ги на левата страна од сетот за јадење, а ако сте покреативни можете од нив да направите интересни фигури и да ги поставите на средина на чинијата.

Чаршафот е многу важен дел од секоја маса и игра важна улога во создавање на пријатна атмосфера. Ако прославувате некој празник, тогаш чаршафот треба да одговара со него, но, ако организирате опуштена вечера со пријателите одберете светли бои. Доколку сте домаќин на некоја формална пригода тогаш одберете чаршаф изработен од подебел материјал во конзервативна боја,како што е белата или пак црната.

Page 10: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Украс на средина на масаНе грижете се, вашата маса секако ќе биде преполна, освен ако не планирате романтична вечера за двајца. Од друга страна пак, украсот кој ќе го ставите на средината на масата е навистина прекрасен додаток и ќе ù даде посебен изглед.

Клучот за одбирање на украс за асате кој ќе ги воодушеви гостите, но нема да зафаќа многу простор, е да изберете нешто што ќе биде високо, а не широко. Одберете некој украс кој ќе биде тесен за да можете да ги видите луѓето кои седат спроти вас, а доволно мал за да може да ја послужите превкусната храна која ја приготвивте.

Page 11: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Слатки деталиИзненадете ги гостите со нешто посебно што ќе ù даде уште пософистициран изглед на вашата трепезариска маса! На пример, можете да направите картички со имиња, или, можете да го украсите задниот дел на столчето за да додадете гламур или едноставно да ја декорирате масата со голем свеќник кој ќе ја осветли целата соба и ќе ја направи атмосферата опуштена и пријатна.

Page 12: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Велигден Зајчиња, јајца и други слатки задоволства кои ќе го направат овој Велигден незаборавен!

Како да го добиете изгледот• Користете бои кои ќе создадат разиграна и среќна

маса. Велигден е многу весел празник и ова треба да

го пренесете на своите декорации.

• Измешајте материјали и текстури за да добиете

разновидност - вашата маса за Велигден треба да

изгледа малку неуредно.

• Поставете свежи цветови како украс на масата или

пак земете некоја стаклена вазна со свежи цвеќиња,

ова целосно ќе го промени изгледот на вашата маса.

Додадете нешто уникатно• Користете пластични велигденски јајца за да ги

зацврстите салфетите и врзете ги со конци во боја.

• Искинете ливчиња од цвеќињата и расфрлете ги

низ масата...

Ќе ви треба• Многу жолти и розеви чинии и салфети • Совршено декорирани велигденски јајца• Многу чоколадни зајчиња• Малку сено за декорација• Свежо цвеќе

Page 13: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Совет од експерт

“Велигден е посебно време во годината кога времето се разубавува и пролетта доаѓа. Ако навистина сакате да ги импресионирате гостите, на вашата маса нека има што е можно повеќе природа...свежи цвеќиња, природно сено и мотиви од трева на салфетите се одличен избор да ги надградите вашите велигденски декорации”

Page 14: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

БожиќСоздадете топла, пријатна и удобна семејна атмосфера.

Ќе ви треба• Црвени, зелени или златни салфети• Декорации во црвена, зелена или златна боја за да ја нагласите празничната атмосфера• Свеќи за совршено осветлување• Неколку гранчиња смрека или шишарки

Како да го добиете изгледот• На празничната вечера ù е потребна убава декорација во соодветен сезонски стил. Одберете бои кои го отсликуваат тој период од годината: зелена, црвена, сребрена, златна и бела. • Божиќ е време од годината кога кичот е дозволен; заборавете на минималистичките декорации и храбро украсете ја масата со раскошни и свечени украси кои не би ги искористиле во друга пригода. • Користете бои кои одговараат на атмосферата која сакате да ја создадете, не заборавајте дека сребреното и златното ќе создадат покласичен изглед, додека виолетовата, тиркизната и црната боја ќе ù дадат помодерен изглед.

Додатете нешто уникатно

• За да создадете посебна божиќна атмосфера, целата соба нека мириса на смрека или шишарки.

Page 15: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Кога станува збор за божиќни прослави често знаеме да претераме и да ги извадиме најдобрите порцелански чинии или пак да го користиме целиот прибор кој го имаме во кујната.

Експертите советуваат да не го заборавиме правилото: „помалку е повеќе“. Иако сакате да создадете посебна празнична атмосфера, сепак расположенитето треба да биде опуштено и пријатно. ”

Совет од експерт

Page 16: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Нова ГодинаСветкава маса за најлудата ноќ во годината

Како да го добиете изгледот• Ставете неколку златни чоколадни парички на масата, ќе создадете светкав ефект и вашите гости ќе можат да си земат чоколадо кога ќе посакаат.

• Ако сакате масата да биде поелегантна и софистицирана тогаш пробајте со црно-бела комбинација и мали сребрени украси. Ќе изгледа гламурозно, а истовремено и модерно.

• Огромна тегла или голема вазна, наполнета со светкави декорации се одлични за да бидат во средината на вашата новогодишна трпеза. Едноставно е, се прави за неколку секунди и изгледа неверојатно.

• Црни и сребрени балони кои летаат наоколу се исто така одлична идеа за да додадете нешто посебно за вашата новогодишна забава.

• Ако не сакате модерни држачи за свеќи, едноставно измијте неколку конзерви со иста големина, извадете им ги налепниците, со помош на ноже направете ѕвезди и внатре ставете мали свеќички.

Додадете нешто уникатно• Капи за забава! Ова можеби ви изгледа смешно, но тие ќе ја создадат совршената празнична атмосфера!

• Додадете малку светки: покријте ја основата на пластични чаши со лепак, напрскајте ги со светки. Истресете го вишокот и оставете ги да се исушат.

Ќе ви треба• Чаши за шампањ - сега повеќе од кога и да е!• Декорации во сребрена и златна боја• Светкави ленти на чаршафот• З златни или сребрени топчиња за да ја декорирате масата

Page 17: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Новогодишните забави се случуваат еднаш во годината, па може нема да ги имате сите потребни украси за да го добиете совршениот изглед. Малку креативност и импровизација можат многу да ви помогнат; на пример, доколку немате светкави ленти за на масата, едноставно може да искористите хартија за виткање на подароци која ќе ја поставите по должина на масата. ”

Совет од експерт

Page 18: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Како да го добиете изгледот• Масата за детска забава треба да претставува среќа и безгрижна игра, најлесниот начин за да го направите тоа е да искористите повеќе бои. Децата ги обожаваат светлите бои и ќе бидат воодушевени од жолтите, портокаловите, црвените или сините додатоци на масата.

• Масата не треба да биде формално наместена. Користење на салфети кои не е препорачливо да се извалкаат, комплициран прибор и повеќе чинии не само што нема да ги израдува децата, туку и ќе ви создаде главоболка.

• Децата не се грижат за елеганција и гламур, користете пластични чаши и чинии (со мотиви од цртани филмови за да им биде позабавно).

• Користете ниска маса или ставете дебели перничиња за да им биде удобно ако седат на висока маса.

Додадете нешто уникатни• Играчка која може да ја гушкаат ќе направи децата да се забавуваат постојано.

• Ставете картички со имиња на масата за да добие поелегантен изглед.

Детски забавиСветли бои, забавни декорации и специјални ефекти кои децата ќе ги обожаваат

Ќе ви треба • Салфети во боја, чинии во боја, прибор во боја и сè друго во боја• Материјали од кои нема да можат да се повредат и кои лесно се заменуваат• Мотиви од цртани• Украс на масата кој ќе послужи и како играчка

Page 19: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Кога поставувате маса за деца треба да заборавите на правилата. Сложени дизајни, гламурозни ткаенини, соодветно поставен прибор и елегантни чинии нема да ги израдува децата. Наместо тоа, создадете чувствто дека влегуваат во циркус, нека биде шарено, забавно и возбудливо. ”

Совет од експерт

Page 20: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Роденденски забавиПрославете го вашиот роденден со совршено поставена маса

Ќе ви треба• Елегантни чаши и чинии• Балони во сите форми, бои и големини• Салфети во боја• Свежи цвеќиња

Како да го добиете изгледот• Одберете една боја и држете се до неа! Боите се одличен начин за декорирање, но, многу лесно може да погрешите. Испланирајте однапред и размислете за тоа кои бои сакате да ги искористите!

• Роденденот е посебен ден, па затоа, оној кој го прославува треба да се чувствува навистина посебно. Тој ден масата нека биде поразлично наместена, одберете различни бои и додадете нешто што веднаш ќе посочи кој треба да биде во центарот на вниманието.

• Масата нека биде елегантна. Целата атмосфера ќе биде поубава, гостите ќе се чувствуваат пријатно и удобно, а исто и славеникот.

Додадете нешто уникатно• Земете слики од славеникот/славеничката и закачете ги на балони, кои ќе летаат низ целата просторија. Ова е одличен начин тој/таа да се чувствува посебно.

• Кога ќе послужувате торта или пак колачиња, користете светкави прскалки наместо свеќи. Згаснете го светлото и уживајте во лицата на вашите гости.

Page 21: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Кога ја поставувате масата за роденденска забава за некој близок или за вас, планирајте однапред. Нема ништо полошо од тоа да го поминете целиот ден трчајќи низ домот, да се грижите за она што можело однапред да се подготви. ”

Совет од експерт

Page 22: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Романтична вечера за двајца Свеќи, вино, неверојатна храна и романтика...

Ќе ви треба• Многу свеќи и цвеќиња• Најелегантните чинии и прибор кои ги имате во вашиот дом• Долг, елегантен чаршаф• Романтична музика во позадина

Како да го добиете изгледот• Цвеќињата се основен дел кога станува збор за

романтична вечера, па затоа, погрижете се да има

доволно. Можете да ги поставите на средина на масата

или едноставно да расфрлете неколку ливчиња од

цвеќе низ целата маса, ќе изгледа спектакуларно!

• Пригушете ги светлата и запалете свеќи. Ако сакате да

избегнете вештачко светло, тогаш ќе ви требаат многу

свеќи, само поставете ги на масата и низ целата соба.

• Бидејќи ова е романтична вечера, треба да знаете

дека масата не треба да биде преполна, зошто секако

ќе сакате да се држите за раце, да се гледате, па затоа,

немојте во средината на масата да ставите нешто

преголемо.

Додадете нешто уникатно• Употребете мали свеќи за да формирате срце на самата маса, можеби звучи излитено, но, изгледа прекрасно.

• Ако времето и околностите дозволуваат, тогаш вечерата нека биде на отворено.

Page 23: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Кога станува збор за романтична вечера не грижете се за правилата, вашата прва и единствена инспирација треба да биде вашата љубов. Секако дека романтична вечера за двајца не оди без црвената боја, но ако вашиот партнер/ка сака посмирени бои, тогаш користете такви. Имајте го тоа предвид кога подготвувате романтична вечера за вашиот сакан/а. ”

Совет од експерт

Page 24: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

Вечера со пријателитеОпуштена атмосфера за одлична вечера со пријателите

Ќе ви треба• Елегантни чаршафи и салфети• Чаши во разни форми и големини• Дрвени даски за послужување• Мала масичка

Како да го добиете изгледот• Најпрво, не комплицирајте. Станува збор за вашите

пријатели и тие сакаат да поминат време со вас, па затоа атмосферата нека биде опуштена, а вие, сконцентрирајте се на нив. Убаво е да користите елегантен прибор, но, немојте да ја местите масата премногу формално.

• Бидејќи се работи за опуштена вечера со вашите пријатели, предвреме испланирајте што ќе понудите за пиење. Ова значи дека треба да имате чаши соодветни за тоа што ќе пијат, а оние што нема да ги користат треба да ги тргнете за да не им пречат.

• Вечерата со пријателите треба да е пријатно искуство, па затоа, преполна маса е последното нешто што сакате да го имате. Користете мала масичка на која ќе ги ставите пијалоците, чашите и сè друго што во моментот нема да ви треба.

Додадете нешто уникатно• Наместо чинии користете дрвени даски за послужување на храната. Изгледа пријатно и интересно.

• За едноставна елеганција, користете контрастни бои како што се бели чаршафи и црвена вазна во средината на масата.

Page 25: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

“ Вечерата со пријателите е опуштена пригода и таква треба и да биде, но сепак, може да ги изненадите гостите со тоа што ќе ги измешате работите. Може да ставите гранче од лаванда во секоја салфета, да ги послужите со шампањ, пред или после оброкот или пак десертот да го послужите во дневната соба за да ја смените атмосферата. ”

Совет од експерт

Page 26: Moirecepti e Kniga Sovrseno Postavena Masa

www.delimano.com.mk