metropola br.2

32
Informativno spisanie na Op{tina Centar DEKEMVRI 2010 GODINA ı BROJ 02 Среќна нова 2011

Upload: tina-manevska

Post on 09-Mar-2016

243 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Informativno spisanie na Opshtina Centar Metropola br.2

TRANSCRIPT

Page 1: Metropola br.2

Informativno spisanie na Op{tina Centar

DEKEMVRI 2010 GODINA ı BROJ 02

Среќна нова 2011

Page 2: Metropola br.2

Списание на Општина Центар

МЕТРОПОЛА

Уредувачки совет:Лидија неделковскаБранислав Саркањац

насер Хот

Соработници:вера новаковаелена ЧалческаЖивка ХристоваЈулијана Шалевавесна николова

Уредува:одделение за односи со јавност

во општина Центар

Техничко уредување европа 92-Кочани

Издава:

општина Центар

За издавачот:Градоначалник

владимир Тодоровиќ

телефон: 3203 634

факс: 3211 089

e-mail: [email protected]

web: opstinacentar.gov.mk

адреса: ул. Михаил Цоков бб,

1000 Скопје

Печати европа 92-Кочани

Тираж 15 000

Општина Центар им благодари на сите оние кои во изминатиов период ни јавуваа за: дупки на улици и тротоари, неисчистен смет и шут, светилки кои не работат и слично.

Ги охрабруваме и понатаму сите жители на Општина Центар да го користат дежурниот телефон 071/28 24 24 со испраќање на СМС пораки, да ни се јавуваат, со цел

истите да бидат што побрзо отстранети. Наш совет е: меморирајте го овој број и да ви биде секогаш при рака.

Исто така за ваков вид на интервенции, можете да не контактирате и преку електронска пошта: [email protected] за пријавување и превземање мерки за

интервенции од наша страна.

2 Број 02 Декември 2010

Градоначалникот, вработените и Советот на Општина Центар

им jа честита Новата 2011 година на сите свои сограгани

Page 3: Metropola br.2

Меѓуопштинското партнерството е од големо значење бидејќи претствува ин-струмент за имплементирање на искуства и планирање на стратешки цели. За таа цел, Општина Центар во својата програма става посебен акцент на меѓународната соработка и афирмација во регионот и пошироко. Од таму и иницијативата за оваа манифеста-ција, која овозможи продлабочување на вр-ските на економски, културен и образовен план.

-Чест ми е официјално да ја отворам манифестацијата која за прв пат ја органи-зира Општина Центар и која ќе прерасне во традиционална, од идната година. Да се биде општина со европски предзнак, е вистински предизвик за нас. Со оваа мани-фестација сакаме да ги зацврснеме уште по-веќе нашите веќе воспоставени мостови на пријателство меѓу народите од Македонија со Украина, Турција и Србија. Затоа, сакам да изразам посебна благодарност и за амба-садите на овие земји, кои ни дадоа целосна поддршка и ни излегоа во пресрет за да се одржи оваа манифестација,-истакна градо-началникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ на свеченоста што се одржа во Домот на АРМ.

-Иницијативата за збратимување меѓу Чанкаја и Општина Центар започна од пора-но, а со оваа посета ќе добие и официјална форма, бидејќи утре ќе потпишеме протокол за соработка. Оваа манифестација има по-себна важност, бидејќи се одржува во пери-од кога светот се соочува со големи тешко-тии поради актуелната економска криза. Во еден ваков свет неопходно е градовите да имаат меѓусебна солидарност, помеѓу опш-тините е потребно да се воспостават вистин-

ски мостови на соработка, бидејќи од големо значење е народите меѓусебно да се почиту-ваат и сакаат. Сакам да нагласам дека овде се чувствувам како во своја земја, бидејќи на сите вас ви е познато дека реформаторот на Турција Кемал Ататурк потекнува токму од овие простори- истакна градоначалникот на општина Чанкаја, Булент Таник.

-Ја користам оваа прилика да се забла-годарам на Општина Центар за поканата и топлиот пречек, а воедно и да ви честитам на вложениот труд за организирање на една ваква манифестација. Искрено се надевам дека ова заедничко дружење помеѓу наши-те општини и градови, ќе прерасне во еден празник на пријателство, а на тој начин са-мите ние ќе допринесеме за зближување помеѓу нашите народи и нашите држави,-рече Милан Мајсторовиќ кој ја предводеше српската делегација од Стари Град.

-Моја длабока почит за Вашите напори насочени кон зближување и меѓусебно разби-рање помеѓу народите од разните земји. 2010 година не помина попусто за украинско-маке-донските односи, кои што се развиваа доста динамично и конструктивно. Затоа нашата главна придобивка е јакнењето на довербата и взаемните симпатии меѓу двата народи. Како заеднички влог во оваа благородна ми-сија, од голема важност е и збратимувањето меѓу Општина Центар и Шефченкискиот реон на градот Киев. Им посакувам да не запираат на постигнатото. Воедно посакувам долг и успешен живот на Меѓународните де-нови на Општина Центар,- порача Амбасадо-рот на Украина Јуриј Гончарук.

На свеченоста Општина Центар на збратимените општини им додели специјал-ни плакети. Исто така беа доделени и награ-дите за: најдобрите детски цртежи на тема „Моето омилено место во Општина Центар“ и најдобрите фотографии на тема „Центар-вчера, денес и утре“.

Во уметничката програма на свечено-то отварање зедоа учество: КУД Јени Јол со сплет на турски песни и игри, КУД Бранко Чајка од Тетово со сплет српски народни игри, хорот на руското културно друштво Славјанка кој се претстави со украински народни песни, украинската поетеса Ана Багрјана, Андријана Алачки и Драган Да-утовски.

МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР 2010

ПРАЗНИК НА ПРИЈАТЕЛСТВОТO

Od 3 do 5 dekemvri 2010, Op{tina Centar be{e doma}in na manifestacijata “Me|unarodni denovi na Op{tina Centar – Denovi na kreativnost”, proekt koj ima za cel kontinuirano da ja odr`uva i neguva multilateralnata sorabotka pome|u Op{tina Centar so zbratimenite op{tini: Stari Grad od Belgrad, ^ankaja od Ankara i [ef~enkiskiot reon na dr`avnata administracija na gradot Kiev.

Број 02 Декември 2010 3

Page 4: Metropola br.2

Годинешнава манифестација беше ор-ганизирана и во соработка со Стопанската комора за туризам на Македонија и Асоција-цијата за култура, уметност и креативност Деница.

Во текот на овој тридневен настан се одржаа повеќе настани. Посебно вни-

Јуриј Гончарук, амбасадор на Украина

КУД Славјанка

КУД Бранко Чајка КУД Јени Јол

Доделување на Плакети за збратимените општини

мание предизвика Форумот, на кој освен странските делегации, присуствуваа и советници и претставници од админи-стративни служби на Општина Центар. На овој форум беа разгледани можности-те за подготовка на заедничка програма која вклучува активности од областа на

економијата, културата и образованието. Беше констатирано дека општините со за-еднички сили се залагаат за соработка на меѓународен план, преку промовирање на размена на искуства помеѓу администра-тивните стручни служби, што ќе овозможи реализирање на заедничките интереси.

Исто така беше констатирано дека од ис-клучителна важност е поврзувањето на секторите од збратимените општини кои работат на слични области и дејности, со цел преземање на позитивните искуства од одредена општина и инкорпорирање на тие искуства во матичната општина.

Иницијативата за збратимување меѓу Чанкаја и Општина Центар започна од пора-но, а за време на оваа посета беше потпишан и Протокол за соработка. За време на Меѓу-народните денови, гостите од збратимените општини ги посетија и винариите Фонко и Тиквеш, каде имаа можност директно да

се запознаат со процесот на производство, а воедно и да уживаат во дегустацијата на нивните најдобри вина. Екслузивен настан на годинешната манифестација беше госту-вањето на Народно позориште од Белград со најкултната претстава „Дервишот и смртта“, со Никола Ристановски во главната улога.

4 Број 02 Декември 2010

Потпишување Протокол со општина Чанкаја - Анкара

Page 5: Metropola br.2

„ДЕРВИШОТ И СМРТТА“ ЈА ОСТАВИ

МАКЕДОНСКАТАПУБЛИКАБЕЗ ЗДИВ

Со громогласен аплауз во траење од цели 15 минути, каков што добиваат само највеличенствените, публиката им

одаде признание на глумците од Белград и на нашиот Никола Ристановски. За прв пат во земјава, на сцената на Македонската

о п е р а и балет пред исклучително многубројна публика, актерите од Народно позориште ја изведоа театарската претстава “Дервиш и смрт” во режија на Егон Савин. Магијата и возбудата на претставата овозможи да биде една од најбараните и најнаградуваните претстави во 150-те години постоење на Народно позориште и за две години откако се игра, изведена е 60-тина пати на многу места ширум Балканот.

И конечно, македонската публика ја имаше таа чест и задоволство да се увери зошто оваа претстава освои толку многу престижни награди, но и во современоста на темите за моќта и човековиот пад забележани во романот-класика на Меша Селимовиќ, по кој е работена претставата.

Театарската публика во Скопје одамна не доживеала таква експло-зија на емоции, па можеби затоа со право не можеше да си го контроли-ра восхитот, па често ракоплескаше и среде сценски дијалог, спонтано, искрено. А во тој аплауз имаше и многу гордост, патриотизам, бидејќи нашиот Никола Ристановски брилираше во главната улога на Ахмед Ну-ридин .

Никола ја прикажа својата неприкосновеност како актер, со многу сензибилитет и емоции, преку брилијантно одиграната улога на ликот на Ахмед Нуредин. Без сомнение предизвикот беше голем да се совлада овој голем сценски простор на оваа интимна претстава. За сето време пред изведбата во неговата потсвест, живееше замислата како да се одигра претставата и како ќе биде возбудливо за прв пат на македонско тло. Уште еднаш се потврди фактот дека не постои сомнеж во неговите квалитети кај домашната публика, која и во двете вечери му ја подари безрезервно својата поддршка, за актерското чудо што тој го направи во претставата.

„^ovekot doa|a na vlast za da go promeni svetot, a vsu{nost samiot toj se menuva, svetot ostanuva ist“, - Me{a Selimovi}

Во организација на општина Центар

Број 02 Декември 2010 5

Page 6: Metropola br.2

Но не беше само публи-ката желна за оваа претстава. И Никола цело време сакаше да го видат дома во оваа улога со која се искачи на највисо-кото актерско скалило до сега, бидејќи овде израсна, тука стана голем актер, миленик на публиката, секогаш позитивно вреднуван од критиката.

Никола Ристановски за ликот на Ахмед Нуредин доби 11 награди во 2009 и 2010 годи-на во Србија и во екс-ју просто-рите што е единствена бројка

Иако долго време го очеку-вав своето „гостување“ дома, сега- после скоро еден месец, не можам да се оттргнам од впе-чатокот дека тоа се случи по-брзо и поинтензивно одошто очекував во изминатите две години, колку што помина од премиерата на „Дервишот“...

ОПШТИНА ЦЕНТАР им се заблагодарува на сите пријатели кој помогнаа воспонзорирањето на претставата „ДЕРВИШОТ И СМРТТА“.

Уште еден доказ дека „животот“ – многу често е сето она што ти се случува додека планираш некои други работи.

Веројатно останаа мно-гу малку работи што веќе не сум ги кажал изминатиов период, за она колку ми зна-чи играњето (особено на оваа) претстава пред „своја “ пуб-лика, пред публика со која сум елементарно врзан веќе 15 го-дини. Публика со која споделу-вам се, од самите почетоци. Во градот, каде се фрлени моите котви, без разлика во кои насо-ки пловам, повремено.

И сега, после скоро еден месец од ова „гостување“, кога повторно сум во нов интензи-вен театарски процес надвор од Скопје, се уште живеам под импресии од таа средба, од мојата возбуда, од возбудата

на сите оние луѓе во публика на кои им беше важно да ја спо-делиме оваа приказна... и кои ја почувствуваа како своја.

Сите оние што дојдоа, но и сите оние што не беа во мож-ност да дојдат...

Сите искрени љубители на театарот, но и оние кои тие денови случајно ги среќа-вав низ градот...

Сите кои „само“ искрено се радуваа од написите во ве-сниците, но и оние што веќе две години беа неуморни побор-ници на ова „гостување“...

А особено оние што по-кажаа цврста иницијатива и вложија сериозен напор да го доведат „Дервишот“ во Скопје – направија да се чувствувам празнично.

Поздрав до сите вас!Белград 21.12.2010

за било кога и било каде. Тој меѓу другото, е и првиот стра-нец кому му е доделена главна улога во Народно позориште од Белград. Поради професио-налните ангажмани, престојува повеќе надвор, а за себе вели дека не се чувствува како стра-нец, бидејќи актерот во ниеден театар не е странец. Најважни му се вибрациите, да оние исти сосема идентично пренесени од публиката.

Поради неговата профе-сионалност и одговорност кон

секоја улога што ја добива, и за улогата на Ахмет патуваше по текии, посетуваше џамии, ги разрешуваше во себе и со себе проблемите и принципите на религијата, на болката, мора-лот, искушението, одмаздата, смртта, па дури и јазикот. Ги запозна филозофијата и начи-нот на живот во дервишките редови, при што доживеа фор-ма на средба со самиот себеси. Поради тоа сега себеси се на-рекува дервиш на театарскиот ред. Тоа чувство по претстава-

та, го понесе и публиката, која уште еднаш се увери во тоа дека Никола Ристановски е су-периорно најголемата македон-ска актерска ѕвезда.

Она што беше потребно за претставата, е ликот на Ах-мет Нуредин да се пренесе на еден карактеристичен актер-ски начин проследен со психо-лошки превирања. Актерите се ставаат во служба на идејата на Меша Селимовиќ, кој говори, чувствува и делува преку ликот на Ахмед Нуредин, а се околу беше филигранска актерска изведба. Меѓутоа и улогите на останатите во „Дервиш и смрт“ не отстапуваа од својата профе-сионалност, бидејќи сето оста-нато мора да функционира до последниот актер за да може претставата заеднички да се круниса со беспрекорност. Во оваа претстава нема ниту една споредна улога, не постои ниту еден поважен од другиот.

„Доаѓањето на Никола нам ни значеше како огледало во кое ние можевме поинаку да се видиме и да се соочиме са-мите со себе“, - вака актерската екипа од Народно позориште со најпофални зборови говори за македонскиот актер, пред се поради неговата професионал-ност, но и поради односот кој тој го градел со екипата.

За одлуката Македонец да го толкува главниот лик, ре-жисерот Егон Савин ја оценува како позитивна: „Никола Рис-тановски е најточниот избор

6 Број 02 Декември 2010

Page 7: Metropola br.2

за тој лик. Она што ми беше важно беше неговиот сензи-билитет, емотивност и темпе-рамент. Никола Ристановски е единствен актер“.

Ристановски е повторно во нов ангажман во Белград, овој пат во „Ателје 212“, каде што ја подготвува улогата на Леоне Глембај во „Глембаеви“ на Мирослав Крлежа, чија пре-миера е закажана за 4 февруа-ри 2011 година.

Гос-тувањето на

оваа во моментов најк-ултна претстава на Балканот, го

организира Општина Центар, во рамки на манифестацијата Меѓународни денови на

Општина Центар – Денови на креативност. Никола Рис-тановски на прес конференцијата што се одржа по тој повод, не можеше да ги сокрие своите емоции за возбудата што ја чувствува да се заблагодари на домаќинот Општина Центар, медиумите од кои претставата доби голема поддршка и сите добри луѓе кои ја вреднуваат уметноста и помогнаа во реали-зирање на претставата.

Број 02 Декември 2010 7

Page 8: Metropola br.2

УСПЕШНА СОРАБОТКА НА УСАИД СО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Во Општина Центар, пре-ку Проектот на УСАИД за основ-но образование годинава беше реализирано реновирањето на 3 основни училишта: „Кочо Ра-цин„ “Гоце Делчев” и “Св. Ки-рил и Методиј”.

РЕНОВИРАНО НАЈСТАРОТО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

На 21 октомври 2010 година во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ беше организирана свече-ност по повод успешно завршениот проект на УСАИД во соработка со Општина Центар, за реконструкција на училиштето, што се со-стоеше од целосна промена на електрична-

-Училишните реновирања се само дел од работите што ние ги правиме за да го подобриме образованието во Македонија, - вели Небојша Мојсоски, ди-ректор на Проектот на УСАИД за основно образование – ПЕП.

Сите овие активности го потти-кнаа партнерството меѓу УСА-ИД, општината и училишните заедници. Секогаш бараме учи-лиштата да бидат поддржани од општината со најмалку 10% од вкупното чинење и финансис-ката конструкција на проектот. Бевме повеќе од пријатно из-ненадени кога добивме извес-тување дека Општина Центар ќе учествува со 90% од потреб-ните финансиски средства во ОУ “Гоце Делчев”, односно со преку 60% од истите во ОУ “Св. Кирил и Методиј’’. Кога ќе доби-ете таков партнер како Општи-на Центар, кој не штеди на ин-вестиции во образованието и во создавањето подобри услови за учениците, и кој прашањето за одржување на училишните објекти го става меѓу своите

највисоки приоритети, може да бидете сигурни дека соработка-та секогаш ќе биде успешна и ќе заврши со позитивни резулта-ти,- ни изјави Мојсоски.

Освен компонентата за реновирање, Проектот за основно образование (ПЕП) работи на тоа да се зголеми пристапот и користењето на ин-форматичката технологија. Ток-му во оваа последна компонен-та од ПЕП, неодамна влегоа три училишта од нашата општина “Димитар Миладинов”, “Кочо Рацин” и повторно “Гоце Дел-чев”. Тие добија одобрување за нови средства од ПЕП, кои ќе бидат вложени во опремување со мебел, опрема, алати и ма-теријали и модернизирање на лаборатории за техничко обра-зование.

На свеченоста свое обраќање пред присутните имаа: градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, директорката на училиштето Горица Ве-ловска, Солвеиг Рикер сопругата на аме-риканскиот амбасадор и министерот за образование и наука Никола Тодоров.

-Реновирањето на ова училиште е од голема важност, дотолку повеќе што ова е најстарото училиште во Република Македонија кое постои од 1836 година и во кое веќе 174 години во континуитет наставата се одржува на македонски ја-зик – истакна меѓу другото градоначал-никот Тодоровиќ.

-Овој проект е резултат на заеднич-ките напори. Соединетите Американски Држави обезбедија финансиски средства за електричната инсталација, Општина Центар го обезбеди техничкиот проект и надзорот, а училиштето ја отстрани ста-рата инсталација и ги вароса ѕидовите. За да напредува Македонија, заедниците, владата, наставниците, родителите, а осо-бено вие, учениците, треба да продолжите да работите заедно за да обезбедите ква-литетно образование за секое дете. Учени-

та инсталација и обновување на кровот на училиштето. Образованието е еден од столбовите на кои се потпира идни-ната на оваа земја и затоа Општината во своето работење го става образованието меѓу своите највисоки приоритети.

8 Број 02 Декември 2010

Page 9: Metropola br.2

УСПЕШНА СОРАБОТКА НА УСАИД СО ОПШТИНА ЦЕНТАР нова ЛаБораТорИЈа во ОУ КОЧО РАЦИН

На 15.12.2010 година свечено беше промовирана новата лабораторија по техничко образование во ОУ ” Кочо Рацин”.

На отворањето беа присутни гости од Министер-ството за образование и наука, Општина Центар, ро-дители и ученици. Родителите се сегмент кој е клучен за нашето училиште. Нивните донации, како и оние на Општина Центар и УСАИД, помогнаа во опремувањето на лабораторијата.

Вратата на секое училиште вклучувајќи го и на-шето, е врата преку која влегуваат наставници, уче-ници и родители кои се клучни фактори на промените во образованието. Учениците со голема љубов и задовол-ство работеа и несебично дадоа се од себе. Тие се успеш-ни, креативни, учат, истражуваат, работат тимски. Оспособени се за носење одлуки, при професионалното ориентирање за понатамошното школување.

РЕНОВИРАНО НАЈСТАРОТО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

-Безбедно и убаво учи-лиште е само еден аспект од тоа што значи добро училиште. Најважната работа е што се случува внатре во училиштето, -истакна директорот на ПЕП, Небојша Мојсоски. “Токму за-тоа, ние заедно со Министер-ството за образование и Биро-то за развој на образованието, работиме на подобрување на курикулумот и на обука на наставниците за да обезбеди-ме најдобро можно образова-ние за нашите ученици и за да можат тие да се стекнат со вештини кои ќе им обезбедат кариери какви што посакува-ат. Со задоволство можам да констатирам дека практично не постои училиште на тери-торија на Општина Центар, кое не испратило свои наставници

на некоја од нашите обуки. Би ги спомнал “11 Oктомври”, “Ј.Х. Песталоци” и “Коле Неделков-ски”, покрај оние спомнати погоре, како едни од поза-бележителните, кои праќаат исклучително активни нас-тавници и од кои веќе имаме ангажирано многу обучувачи кои ги дисеминираат нашите обуки на своите колеги. За нас ќе претставува задоволство да ја продолжиме и продлабочи-ме соработката и во иднина, особено на планот на јакнење на врската меѓу бизнисите и училиштата, затоа што постојат одлични компании и локални претпријатија кои можат да се вклучат во обезбедувањето реална помош на училиштата и во обезбедувањето работни места за нашата младина.

ците од „Свети Кирил и Методиј“ се дел од македонската иднина и го заслужуваат најдоброто – истакна Солвеиг Рикер, сопругата на амбасадорот на САД.

Успешното завршување на заедничкиот проект беше одбе-лежано со сечење на лента и разгледување на реновираното учи-лиште. По овој повод учениците од „Св. Кирил и Методиј“ изведоа и пригодна уметничка програма.

Број 02 Декември 2010 9

Page 10: Metropola br.2

ОДБЕЛЕЖАНА 200 – ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ДИМИТАР МИЛАДИНОВ

ПРИМЕР ЗА УСПЕШЕН СОЖИВОТ

Браќата Димитар и Констан-тин Миладинови се основачи на националната ренесанса во Ма-кедонија од средината на 19-от век. Нивната централната улога во македонската преродба било

Во ОУ „Коле Неделковски“ се одржа литературна средба на тема „Љубов за секое дете“, на која зедоа учество учени-ци од ова училиште и од ОУ „Тефејус“ во кое учат деца од турската заедница. Личните творби беа прочитани на ма-кедонски и турски јазик, пееја песни на двата јазика.

ОТВОРЕНА УЧИЛНИЦА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Воспоставена соработка меѓу ОУ Коле Неделковски и ОУ Тефејус

Оваа литературна средба е реализирана во рамките на проектот „Негување на етнич-ка толеранција, разбирање и соживот меѓу турскиот и ма-кедонскиот народ“, чија цел е откривање на длабоката историска поврзаност меѓу двата народи, како и емоци-оналниот флуид што постои

меѓу нив, како позитивен поттикнувач за градење на добро граѓанско општество.

Основниот хуманистички принцип „Да ги прифатиме разликите и тие секогаш да не обединуваат“, овозможи

прекрасна соработка меѓу учениците од двете учи-лишта. Во знак на тоа прија-телство, на крајот од средба-та тие си разменија подароци и договорија нови средби и дружења.

печатењето на Зборникот на на-родни умотворби. Тие биле пре-родбеници, поети и собирачи на народни песни.

Учениците од основното училиште “Димитар Милади-

нов” во текот на оваа година ја чествуваа 200 годишнината од раѓањето на Димитар Милади-нов. Во април претставници од учениците ја посетија спомен куќата на браќата Миладинов-ци во Струга и изведоа пригод-на програма во присуство на нивните потомци Димитар Ми-ладинов, неговиот татко Ристе Миладин историчарот Петар Аврамовски, сликарот Живко Поповски-Цветин и претстав-ници на градот Струга. Од мос-тот на реката Црн Дрим беше пуштена порака по водите на Дрим до Босфор со вонвремен-ската мисла на Димитар Мила-динов.

На 8 ноември 2010, и на Ка-мениот мост во Скопје ученици-те од ОУ “Димитар Миладинов” одржаа пригодна свеченост.

Хорот ја исполни химната за Д. Миладинов и народната песна од зборникот на браќата Миладиновци “Ја излези стара мајко”, а беше прочитана бесе-да и лична творба за патронот. По водите на Вардар беше исту-рена водата, донесена од реката Црн Дрим, а потоа по водите на Вардар ја пуштија пораката – мислата на Димитар Мила-динов: “Јас го посеав семето, а вие бидете живи да го ожнеете неговиот плод ” која симболич-но треба да патува до Босфор. Идејата за славење на името на преродбеникот ќе продолжи и во иднина со желба следното чествување да биде во Истанб-ул, каде што згаснаа животите на двајцата македонски дејци Константин и Димитар Мила-динови.

10 Број 02 Декември 2010 10

Page 11: Metropola br.2

ЕСЕНСКИ КРОС НА ОСНОВЦИТЕ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

И годинава на кејот на реката Вардар, се одржа есенски крос, што претставува настан од традициона-лен карактер, на кој земаа учество учениците од сите седум основни училишта на територија на Општи-на Центар. Стартот беше од аголот на северната и источната трибина на градскиот стадион, а целта кај паркот на Франкофонијата. Учес-твуваа околу 100 ученици од V до VIII одделение, кои беа поделени во 4 категории. Учениците од секое училиште носеа маички во раз-лични бои со натпис на Општина Центар, препознатливи за своето училиште и комисијата. На овој есенски спортски настан, ученици-те од сите училишта беа придружу-вани од страна на наставниците по физичко воспитување и други уче-

ници кои воедно и ги бодреа.Најдобрите во категорија на

400 и 500 метри, машки и женски од V и VI одделение беа: Миа Џаго-ра (ОУ Коле Неделковски), Марина Митева (ОУ Гоце Делчев), Вера Ура-даревска (ОУ Коле Неделковски), Мартин Веселинов (ОУ Кочо Ра-цин), Иван Тончев (ОУ Димитар Ми-ладинов), Раим Демир (ОУ Димитар Миладинов) и Мојсоски Илија (ОУ Кочо Рацин).

Во категоријата на 500 и 600 метри, машки и женски од VII и VIII одделение најуспешни беа: Дарија Тимофејев (ОУ Кочо Рацин), Стефа-нија Блажевска (ОУ Димитар Ми-ладинов), Теодора Филипоска (ОУ 11 Октомври), Сара Фејзулај (ОУ Св. Кирил и Методиј), Филип Јанкоски (ОУ Кочо Рацин), Кристијан Мој-

соски (ОУ Кочо Рацин), Кристијан Коцевски (ОУ Димитар Миладинов) и Оливер Стоименовски (ОУ Ј.Х. Песталоци).

На најдобрите ученици им беа доделени дипломи за општински есенски крос и пригодни награди. Општина Центар организира вак-ви настани, со цел да се афирмира

спортот кај младите, како неопход-на активност во нивното секојдне-вие.

Општина Центар и во иднина ќе се залага за крос-настани, кои ќе придонесуваат да се стави поголем акцент за правилен физички развој и да се поттикне спортскиот дух кај учениците.

ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“ ВО ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

По повод ослободувањето на градот Скопје и 59-тиот ро-денден на градинката „13 Ноември”, беше реализирана посе-та кај Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дечињата од градинката во придружба на воспитно-згрижу-вачкиот кадар имаа ретка можност да бидат во непосредна близина со нашиот претседател и заеднички да го проследат чинот на менувањето на македонското знаме. Во спомен и долго сеќавање на овој настан, му подарија на Претседателот слики изработени од вредните раце на дечињата од градин-ката. Децата имаа можност да се запознаат и со просториите на резиденцијата на претседателот каде се претставија со не-колку поетски и музички точки и пригоден рецитал, со кој на присутните им го честитаа празникот на градот и градинката.

Претседателот на Република Македонија ги покани деца-та и во работната просторија каде во непосреден разговор, им одговори на сите прашања на нашите најмлади сограѓани.

Број 02 Декември 2010 11

Page 12: Metropola br.2

дини предавањата ги пренесува Channel 4, a на задоволство на целиот свет преда-вањата одат и на интернет.

Многумина стануваат научници ин-спирирани од овие предавања. Како, на пример, Тони Рајан кој станува хемичар то-кму поради овие предавања што како дете ги гледал на BBC. Потоа станува професор на универзитетот Шефилд и пред четири години предавач на Кралската институ-ција.

Што се тоа Божикни предавања? Прецизно кажано, Божикните предавања претставуваат образовен форум на кој се презентираат сложени научни проблеми на младите на информативен и забавен начин.

Просто кажено, тоа се предавања за популаризирање на науката кои ги иници-ра Мајкл Фарадеј, прочуениот пронаѓач на Фарадеевиот кафез. Во 1826, Мајкл Фарадеј, веќе бивш директор на Royal Institution, ги иницира првите Божикни предавања. Целта била да им се доближи науката на децата, во тоа време кога об-разованието било далеку од современото организирано образование. Велат дека Фарадеј преку предавањата дошол и до еден пронајдок кој нема многу врска со физиката, но и денес е дел од секојднев-ниот живот ширум планетата. Предавања-та станале толку интересен настан што во петок навечер на Albemarle Street и пред куќата на Royal Institution станувала так-ва мешаница од луѓе и кочии, што морало да се најде решение. Решението било „one way“ – еднонасочна улица.

Пет дена по ред точно во осум часот (со знак на звонче) почнува предавањето на професорот. Предавањето веднаш поч-нува без поздравни зборови и трае точно 1 час (завршува со знак на звонче), зашто Мајкл Фарадеј, добро знаел дека кој збо-рува повеќе од еден час станува здодевен за публиката. А тоа е многу важно да не се случи, зашто во публиката – во салата на Royal Institution - има само деца.

Години по ред на пријателите им зборувам за Royal Institution и за тоа што значи вистински однос на општеството спрема науката и на науката спрема опш-теството. И никој не чул за оваа институ-ција. А на сите им звучи фасцинантно. Последниот кому му раскажував за ова кралска институција, мојот пријател Ван-чо, дури со нескриено одушевување зак-лучи дека сепак некаде бајките постојат стварно. Оваа година, токму за Божик, има ја раскажувам оваа бајка на читателите на Метропола.

Зошто студентите од машинските факултетите во Европа се натпреварува-ат да добијат шест месеци платен престој во Кембриџ? Кој не би сакал да работи во лабораториите на Формула 1 на автомбил-скиот гигант „Рено“ - кои се наоѓаат токму таму – во Кембриџ. Или, зошто се британ-ските студенти најдобри во дебатирање? Зошто се Кембриџ и Оксфорд најдобри универзитети?

Meѓу другото и поради Божикните предавањата што ги организира „Кралска-та институција“.

Новогодишните празници за нашите деца значат подароци и распуст – среќни денови како што велат децата денес.

За многу генерации во Македонија деновите по дочекот на Новата година се врзуваат со руска салата, скијачки скокови (Гармишпартенкирхен), виенски валцери и малтретирање со некоја поема или еп (на пример, пола Илијада) што треба да се научи напамет за време на празниците. За огромното мнозинство деца во Македонија она вистинското секогаш било надвор од училиштетото и подалеку од професорите.

Но, во Велика Британија не е така – и тоа повеќе од век и половина. Од 1826 година децата, освен на Божик и Нова го-дина, им се радуваат и на Божикните пре-давања. За огромен број деца Божик значи две работи: подароци и научните Божикни предавања на BBC. Од 1966 година ова е традиција на BBC, но од пред неколку го-

Професорот кој ги држи предавања-та се бира меѓу неколку стотини професо-ри. Хемичарот Тони Рајан, професорот по хемија, беше избран меѓу 400 професори.

Професорот што ќе ја добие честа да ги држи предавањата станува вистинска звезда со кого колегите и студентите се гордеат. Универзитетот или институтот на кој работи со неговото име станува попрес-тижен и привлекува повеќе студенти.

И три месеци предавачот сериозно се подготвува за големиот настан. И нор-мално, ослободен е од други обврски, како што се предавања, пишување научен труд или истражувања. Не работи ништо друго освен што се подготвува за предавањата. Тој мора добро да ги смисли петте преда-вања наменети за деца од основните учи-лишта. И колку да е спремен, во Кралската институција пак не му веруваат. Пред да почне предавањето тој е затворен во едно сопче, за да случајно не избега од премно-гу возбуда (како што еднаш и навистина се случило).

Науката мора да се популаризира. И заради науката и заради децата. Науката не се остава на случајни таленти кои пока-жуваат интерес или кои сосема сами доне-ле одлука да се занимаваат со наука.

Зошто на науката и се земени дос-тоинството и важноста во Македонија и може ли некогаш воопшто да имаме неш-то слично на новогодишни или божикни предавања во Македонија, се прашања од друга приказна, не толку бајковита и ја ос-таваме за друга пригода.

Тука само еден одговор на овие пра-шање: кралска институција нема во Маке-донија, но науката е кралска. И научници-те не мора да изгледаат смотани (како на филмовите). Тоа и го покажуваат предава-чите на Royal Institution.

Сакам моите деца во својата соба да имаат постер на Џони Деп („пиратот од Ка-риби“), но и на Ајнштајн.

Честит Божик и Среќна Нова Година.

БОЖИКНА БАЈКА ИЛИЗА ROYAL INSTITUTION И

CHRISTMAS LECTURE

Branislav Sarkawac

12 Број 02 Декември 2010

Page 13: Metropola br.2

ОТВОРЕНА УЧИЛНИЦА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Благодарение на проектот на Општина Центар и Амбасада-та на Обединетото Кралство на Британија, вклучувајќи и други институции, Детската клиника доби целосно опремена училница. Овој одличен пример на заеднич-ка соработка претставува голема поддршка за децата и за нивните семејства. Законот за основно об-разование вели дека секое дете има право на школување, кое може да се остварува во училиште, но и во здравствените установи. Големо влијание има и психичката состој-ба, за неговото лекување да биде успешно. Наставникот го охрабрува и му ги олеснува условите тоа да се чувствува пријатно и задоволно, заборавајќи ја за момент лошата со-стојба во кое западнато. На овој на-

И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО ДА УЧИМЕ

Site nas deneska na ova mesto ne sobra edna humana misija - na decata koi se na podolgo lekuvawe vo Klinikata za detski bolesti, od neodamna im ovozmo`ivme da u~at i vo bolni~ki uslovi. Fizi~kata bolka te{ko se lekuva, no i edna podarena nasmevka go krepi deteto. - pora~a Gradona~alnikot Todorovi}.

чин децата кои овде се лекуваат, ќе го сочуваат и чувството за реалност, што ќе им помогне и подобро да се приспособат кога ќе излезат и ќе се вратат во училишните клупи.

-Од причина што во Општи-на Центар се наоѓа најголемата здравствена установа во земјава, односно Универзитетската клини-ка за детски болести, ангажирав-ме наставник што ќе ја има најбла-городната образовна задача - да ги учи децата што се во болница. Неопходно е и децата кои се на подолго лекување во оваа Кли-ника, да се почувствуваат дека се како и сите други – рече Тодоро-виќ на свеченото отварањето на училницата.

Иако просторијата е наме-нета само за децата кои се на од-

делот за онкологија, одделенскиот наставник ја одржува наставата и во останатите оддели на Детската клиника, на оние кои тука се леку-ваат во период повеќе од 10 дена. На одделот за онкологија се лекува-ат сите малигни болести од детска возраст, а најголем број од децата се заболени од акутни леукемии.

Овие услови кои се овоз-можуваат се од големо значење, бидејќи влијаат на квалитетот на животот на децата и придонесуваат за подобрување на нивното распо-ложение. Една од основните цели е кај нив да се избегнат стресни ситуации, како и да им се олесни престојот во болничките услови. За успешно лекување на секое дете, големо влијание има неговата мо-ментална психичка состојба. Со подобра комуникација на децата, им се подигнува енергијата која позитивно влијае за нивно побрзо оздравување. За прв пат идејата за ваков вид настава, се иницираше во Словенија, а нејзиниот пример го следеа и другите соседни земји. На Клиниката за детски болести во Скопје, овие активности ги води наставничката Андријана Гуговска.

-Децата учат, но и се заба-вуваат преку логички игри, кви-зови, асоцијации и многу други разновидни активности поврзани со возраста. Во текот на школска-та година, тие изучуваат наставни материи по математика, македон-

ски јазик, природа и општество според утврдена програма, пред-видена за дадена возраст. Меѓутоа одвивањето на наставата е преку непосреден разговор и дискусија, без оценување, бидејќи подлежат под дејство на терапии. Следната година дечињата полагаат тестови од различни предмети, при што им се овозможува да не ја изгубат учебната година. Овие деца поса-куваат секој момент да се чувству-ваат пријатно, посакувано и заш-титено во овие наметнати услови. Се трудам секој миг да им биде исполнет со интересни содржини, што верувам дека ќе овозможи за момент да заборават на болката.

Повеќето од децата се како пријатели со мене- вели Андријана. Мајките и покрај тоа што со голема емпатија сочувствуваат со маките на своето дете, сепак во нив постои искрена надеж и верба дека нивно-то детство ќе продолжи нормално. Децата кои боледуваат од леуке-мија, се со намален имунитет и не смеат да се мешаат со други деца, а просторијата мора да се одржува се-когаш чиста и средена. Некогаш по-ради лековите кои ги примаат при терапии, се нерасположени и тогаш разговараме. Меѓутоа претежно се расположени и сакаат да учат.

Со донациите од страна на Британската Амбасада, обезбеде-ни се многу книги и на англиски јазик. Просторијата е опремена со минијатурни училишни клупи, сложувалки, музички синтисај-зер, на музика пеат по интонација песни на Тоше, многу сакаат да играат со играчки со ликот на разновидни животни, уживаат да гледаат цртани филмови.

Овие деца секогаш треба да го чувствуваат оптимизмот, кој ќе им влее надеж дека по долгото лекување, ќе излезат од овие бол-нички простории и ќе продолжат со безгрижното детство.

Број 02 Декември 2010 13

Page 14: Metropola br.2

Ул. Васил Ѓоргов (заеднички проект со Град Скопје) – изградена е нова атмосферска канализација во должина од 300 метри; извршено е проши-рување на коловозот; реконструирани се 3.000 м² коловоз и тротоари со површина од 770 м². Ова техничко решение во целост ја елиминира колоната возила што беа секојдневна слика на излезот од ул. Васил Ѓоргов.

Ул. Рајко Жинзифов – извршена е реконструкција на коловоз во должина од 120метри и површина од 770м² и на тротоари со повр-шина од 450м²

Ул. 50-та Дивизија – извршена е реконструкција на коловоз во должина од 200 метри и на тротоари во должина од 165 метри и површина од 256м²

Ул. Петар Поп Арсов – извршено е асфалтирање на 440м²; по-ставени се нови бетонски рабници во должина од 130метри

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗИКОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

14 Број 02 Декември 2010

Page 15: Metropola br.2

Ул. Васил Стефановски – извршена е реконструкција на коловоз во должина од 130метри и површина од 650м²

Ул. Роза Луксенбург – извршена е реконструкција на коловоз во должина од 163,45метри и површина од 820м²

Крак на ул. Пролет – извршена е изградба на атмосферска ка-нализација во должина од 180 метри; извршено е асфалтирање во должина од 1400м²

Ул. Славејко Арсов – извршена е изградба на коловоз во должи-на од 700 метри и ширина на коловоз од 5 метри

Број 02 Декември 2010 15

Page 16: Metropola br.2

На ул. Адвокатска, Глигор Прличев, дел од Загребска (ул.5 и ул. 7), ул. 42 извршена е реконструк-ција на коловозите, а на улици во Топаана реконструкцијата е во тек

Извршено е поплочување на тротоари и патеки со површина од 4500м², на следните локации: крак на ул. М.Х.Јасмин (спроти Рамстор), околу кулите на Градски Ѕид, ул. Глигор Прличев.

ул. Адвокатска (потоа)ул. Адвокатска (пред)

ул. Глигор Прличев (потоа)ул. Глигор Прличев (пред)ул. Загребска

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ

ул. М.Х.Јасмин (спроти Трготекстил)

ул. Глигор Прличев

КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

16 Број 02 Декември 2010

Page 17: Metropola br.2

Извршено е санирање на оштетени делови од колово-зот (ударни дупки) со асфалтирање на 60–тина улици, во кои е вградено вкупно 300 тони асфалт.

Извршена е реконструкција на жардинерии на локациите: кај паркот Мајка Тереза, и на потегот од Зелен Пазар до гимназијата Јосип Броз Тито. Исто така поставени се и 100 нови клупи.

УРБАНА ОПРЕМА

САНАЦИЈА НА УДАРНИ ДУПКИ

Број 02 Декември 2010 17

Page 18: Metropola br.2

Во изминативе неколку месеци поставено е јавно осветлу-вање на улиците: на дел од ул. Благоја Давков во должина од 130 метри, поставени се 8 канделабри; на крак од ул. 50-та Ди-визија поставена е нисконапонска мрежа во должина од 150 метри и 8 декоративни двостепени канделабри; на ул. Наум Наумовски Борче во близина на паркот поставена е нова 210 метарска нисконапонска мрежа и 10 декоративни тростепени канделабри; на ул. 29-ти Ноември (од булевар Партизански одреди до ул. Теодосиј Гологанов) изградено е ново улично ос-ветлување во должина од 450 метри со 23 двостепени декора-тивни канделабри; на ул. Радњанска поставена е 75 метарска нисконапонска мрежа и 5 двостепени канделабри; на дел од ул. Дане Крапчев - 210 метри со 14 двостепени канделабри; на дел од ул. Црвена Вода – 75 метри и 5 двостепени канде-лабри; на ул. Мајаковски – 145 метри со 9 двостепени канде-лабри и на ул. Лермонтова (Плоштад Македонија) поставена е 200 метарска нова нисконапонска мрежа со 21 декоративни двостепени канделабри. На сите ново поставени канделабри монтирани се натриум штедливи сијалици.

Во ОУ 11-ти Октомври – извршена е реконструкција на гарде-роби и санитарни јазли во фискултурната сала со површина од 300м² (поплочување на подови и ѕидови со керамички плочки, промена на делови од инсталација на водоводна и фекална канализација, заме-на на врати); молерисани се ѕидови и плафони во холот и ходниците во површина од 4000м²; реконструирана е надворешната фекална канализација во должина од 260 метри; извршена е реконструкција на кров (замена на постоечки азбестно цеметни плочки со лимен кров во површина од 3000м² и поставен е громобран во должина од 600 метри); поставени се 6 нови клупи

Во ОУ Ј.Х.Песталоци – извршена е реконструкција на 3 са-нитарни јазли (заменета е дел од фекалната и водоводната ин-сталација во 15 тоалети; извршено е поплочување со керамички плочки и поставување на санитарна опрема)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

ИЗГРАДБА НА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

КОМУНАЛНИ АКТИВНОСТИ

ул. Благоја Давков

18 Број 02 Декември 2010

Page 19: Metropola br.2

Во ОУ Св. Кирил и Методиј – извршена е реконструкција на кров (замена на постоечки азбестно цеметни плочки со лимен кров во површина од 1000м², поставен е гро-мобран во должина од 320 метри); уреден е и поплочен дел од дворна-та површина од 800м²; поставени се детски реквизити за игра и забава во училишното игралиште

Во ОУ Кочо Рацин – извршена е реконструкција на кров (за-мена на постоечки азбестно цеметни плочки со лимен кров во површина од 1600м², поставен е громобран во должина од 320 ме-три). Исто така реконструирани се и 4 кабинети (поставен е под од ламинат, молерисани се ѕидовите и плафоните)

Во ОУ Коле Неделковски – извршена е реконструкција на сани-тарни јазли во приземјето (заменета е дел од фекалната и водовод-ната инсталација; извршено е поплочување со керамички плочки и поставување на санитарна опрема)

Во ОУ Димитар Миладинов – направени се нови пристапни патеки со павер елементи во должина од 140 метри и површина од 580м²; во дворот е изградено спортско игралиште за мал фудбал и кошарка со површина од 1400м²

Број 02 Декември 2010 19

Page 20: Metropola br.2

Детска градинка Кочо Рацин (клон Бели Мугри)Извршена е реконструкција на санитарните јазли во детската градинка

Кочо Рацин, клон Бели Мугри. При тоа се промени старата и дотраена фе-кална и водоводна инсталација со набавка и вградување на нова санитарна опрема, со замена на санитарните елементи и галантерија. Исто така беше извршено поплочување со керамички плочки на површина од 700 квадрат-ни метри и молерисување на ѕидовите и плафоните на површина од 1.000 квадратни метри.

Во внатрешноста на објектот беше заменета оштетената дрвена стола-рија. Во просториите каде што престојуваат децата, се постави нова електро инсталација. На површина од 600 квадратни метри се изврши лакирање на паркетот. Во градинката се поставија и 100 нови радијатори со сите потреб-ни приклучни елементи. Во дворот беше постави нова метална ограда во должина од 150 метри.

Изградено е и ново детско игралиште, опремено со реквизити за игра и забава. На барање на децата се поставија нови мостови, качувалки и клац-калки.

По завршената реконструкција, дечињата од градинката приредија све-чена приредба од која беа упатени детски пораки, во кои не се криеше нив-ното задоволство што ќе ја посетуваат ново обновената градинка, а воедно изразија и голема благодарност до Градоначалникот Владимир Тодоровиќ и останатите присутни претставници од Општина Центар кои помогнаа во целата реализација на проектот.

Се изведоа комплетно нови детски игралишта на повеќе локации во Општина Центар: на ул. Партение Зографски; детско катче во населба Пролет; детска градинка “Кочо Рацин“; детска градинка “13 Ноем-ври“, клон Јасмин и Франкофонска детска градинка. На барање на децата се поставија нови детски реквизити за игра и забава.

Франкофонска детска градинкаВо состав на ОУ Димитар Миладинов се изведе реконструкција

на простор кој се пренамени за Франкофонска детска градинка. Ра-ботните активности се изведоа на вкупно површина од 160 квадратни метри, при што се опфатени градежно занаетчиски работи. Поставен е под од ламинат, ѕидни и подни керамички плочки, се молерисаа ѕи-довите и плафонот на градинката. Поставени се нови санитарни еле-менти со целосна изведба со изведена нова водоводна инсталација.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА

градинка 13 Ноември Франкофонска градинка

градинка Кочо Рацин

ул. Партение Зографскинас. Пролет

20 Број 02 Декември 2010

Page 21: Metropola br.2

ДЕН НА ДРВОТО –ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

Континуирано веќе трета година по ред, Општина Центар учествува во традиционалната акција за пошумување Денот на дрвото – засади ја својата идни-на, која што под мотото САДИМЕ ЗАЕДНО ЗА НАС се спроведе на

локацијата Ржаничино, Општина Петровец.

Во акцијата, учествуваа 150 ученици од 7-мо и 8-мо одделение од сите 7 основни училишта од Општината со своите одговорни наставници, кои засадија околу

300 садници. Останатите учени-ци спроведуваа еколошки актив-ности во училишните дворови, како што се засадување садници и цвеќиња, полевање и чистење на тревата и садниците во дворовите и жардиниерите.

ЗЕЛЕНА АГЕНДА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Општината во партнерство со Центарот за истражување и информирање за живот-ната средина Еко-свест од Скопје, започна со спроведување на проектот Зелена Агенда во урбаната заедница Боте Ботевски.

За таа цел, проектниот тим спроведе ан-кета во урбаната заедница. Според одговори-те, најголеми проблеми се: управувањето со комуналниот отпад, сообраќајот и бучавата.

Со овој проект се овозможи директно учество на жителите од урбаната заедница. Затоа проектниот тим ги поканува граѓаните на јавни средби да дадат придонес со свои идеи и сугестии за подобрување на животната средина и на квалитетот на животот во заед-ницата.

ЕКОЛОГИЈА

Број 02 Декември 2010 21

Page 22: Metropola br.2

ЕКОЛОГИЈА АКЦИЈА ЧИСТ ЦЕНТАРОпштина Центар во соработка

со Град Скопје и јавните претприја-тија: Комунална Хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и Канализација и Улици и патишта, спроведе голема акција под мотото ЧИСТ ЦЕНТАР.

Активностите во акцијата опфа-тија расчистување на диви депонии од комунален смет и градежен шут, миење на улиците, уредување на блоковско зеленило, паркови и др-вореди, поправка на хидранти, чеш-ми за вода и шахти, како и крпење на дупки на улиците во сите населби на територија на Општината.

Во акцијата учествуваа и 50 ра-ботници ангажирани од Општината за извршување јавни работи кои спроведуваа метење на сообраќајни-те површини и уредување на зелени-лото во парковите, собирање смет и косен материјал од сите локации.

Во текот на акцијата, ЈП Кому-нална Хигиена постави големи кон-тејнери за кабаст отпад на неколку локации во Општината, каде што граѓаните исфрлаа стари предмети од домаќинство или опрема која што повеќе не се користи.

Во акцијата учествуваа и ра-ботниците од Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена кои што ги опо-менуваа прекршители што оставаат отпад.

За да ја одржиме чистата живот-на средина, апелираме до граѓаните континуирано да учествуваат во уре-дување на зеленилото пред домови-те и станбените објекти, правилно исфрлање на комуналниот отпад и одржување на јавната чистота во населбите.

ЦВЕТЕН ЦЕНТАРВо текот на минатите 5 месеци,

активностите во проектот Цветен Центар продолжија со несмален ин-тензитет, со цел реновирање и хор-тикултурно уредување на бетонски жардиниери во централно градско

подрачје.На атрактивната локација пред

Домот на АРМ, во близина на спо-меникот на Мајка Тереза, целосно се реновирани и хортикултурно уредени трите големи жардиние-

на Општината засадени се 1.500 љубичици. Во жардиниерите на ул. Македонија се засадени околу 120 љубичици во различни бои.

Во текот на следниот период, планирано е хортикултурно уре-дување и на други жардиниери во централно подрачје, со цветен ра-сад и зимзелени садници.

ри, на кои се засадија зимзелени садници, опкружени со бордура од љубичици во различни бои.

На потегот од Работнички дом, Зелено пазарче кон ОУ Гоце Делчев во жардиниериите помеѓу стам-бените блокови, засадени се 2.500 љубичици, додека во дворовите и жардиниерите во основните учи-лишта и градинки на територија

ул. Петар Поп Арсов

ул. Мирче Мацан

ул. Самоилова

ул. Топаанска

22 Број 02 Декември 2010

Page 23: Metropola br.2

УРЕДУВАЊЕ НА ПРАЗНИ И ЗАПУШТЕНИ ЛОКАЦИИСо цел оплеменување и разубавување на

празните простори на територија на Општи-ната, во текот на минатиот месец хортикул-турно беа уредени 3 локации: просторот во близина на Народна Банка, на која беа засадени зимзелени садници, покрај огра-дата на ОУ 11 Октомври каде се формираше тревна површина и дрворед и во близина на Трготекстил, на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, на која се засадија зимзелени сад-ници и цветни леи со љубичици.

ОБНОВУВАЊЕНА ДРВОРЕДИ

Општина Центар учестува во големата есенска акција на Градот Скопје за садење листопадни дрвја, со која за Општина Центар се обезбедени околу 500 листопадни садници, кои што ќе бидат засадени на различни лока-ции на територија на Општината.

Садењето на дрвјата го извршуваат екипи на ЈП Паркови и зеленило со помош на анга-жирани работници од Општина Центар.

Досега се обновени дрворедите на буле-варите, во тек е садење дрвја на улиците во надлежност на Општината, но дел ќе бидат засадени и во училишните дворови на основ-ните училишта во Општина Центар.

ПОСТАВЕНИ 200 КОРПИ ЗА О Т П А Д О Ц И

Општина Центар во текот на минатите 2 ме-сеци, постави 200 корпи за отпадоци со пепелни-ци на целата територија на Општината. Кантите се во сребрена и зелена боја, со натпис Општина Центар, поставени на канделабри или столпчиња на улиците и патеките во населбите: Дебар маа-ло, Буњаковец, Пролет, Водно, како и на улиците: Ленинова, Орце Николов, Народен фронт, 29 Но-ември, 50 Дивизија, околу Дом на градежници, на платоата и патеките околу соборната црква Св. Климент Охридски и црквата Св.Спас , на патеките околу Градска болница, во Паркот на Франкофонијата, како и во строгиот централен

дел во близина на улица Македонија, каде што има највеќе минувачи.

Целта е да се овозможи место за оставање ситни отпадоци и отпушоци на фреквентни локации, за да се спречи фрлање отпад на јавните зелени површини. Општината упатува апел до граѓаните да не ги уништуваат корпи-те и да не ставаат домашен смет во нив и око-лу нив. Празнењето на корпите го извршуваат работниците ангажирани за јавни работи од Општина Центар.

Планирано е да се постават уште 200 кор-пи за отпадоци на повеќе локации на тери-торија на Општината, согласно потребите на граѓаните во сите урбани заедници.

во близина на ОУ 11 Октомври

во близина на Трготекстил

во близина на ОУ 11 Октомврикај Народна банка

кај Народна банка

Број 02 Декември 2010 23

Page 24: Metropola br.2

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - ФЕНИКС ЗА 2010 ГОДИНА

И годинава, по деветти пат беше доделена годишна-та награда на Општина Цен-тар – Феникс. Оваа награда, Општината ја востанови од 2002 година, како знак на опш-тествено признание за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето и образованието, спортот, како и во други области на трудот и творештвото од значење за раз-војот на Општината и нејзината афирмација во Република Ма-кедонија и во светот.

По тој повод во Општи-на Центар се одржа пригодна свеченост на која градоначал-никот Владимир Тодоровиќ, секретарот Бојан Наумов и претседателот на Комисијата

за доделување на годишната награда Дончо Герасимовски им ги доделија наградите на добитниците, посакувајќи им при тоа уште поголеми успеси во нивната понатамошна кари-ера. Годинешни добитници на наградата Феникс се:

Јулијан Мицевски - ак-тивен и примерен ученик, кој покажува посебен интерес во областа на музиката, спортот и математиката. Својата надаре-ност кон музиката ја докажа на државниот натпревар за млади музичари во 2010 година, каде го освои првото место за гитара и второто место за пијано. Тој е редовен учесник на повеќе др-жавни натпревари за музика, како и на интернационалниот

натпревар за музика „Охридски бисери”.

Игор Таневски - со кон-тинуиран одличен успех по сите наставни предмети, пока-жува посебен интерес во обла-ста на ликовната и музичката уметност, а посебно е активен на спoртското поле. Има учес-твувано на повеќе меѓународ-ни и домашни натпревари од областа на каратето, за што има добиено голем број на златни, сребрени и бронзени медаљи. Неговата активност во каратето е потврдена од страна на Карате Федерација-та на Македонија, преку него-вото прогласување за најдобар каратист на Македонија, во категоријата помлади кадети за 2009 година.

Александар Димитриев-исклучиво надарен ученик, со особени постигнувања на науч-ното и културното поле. Својата наклонетост кон музиката, мате-матиката, физиката, литература-та, уметноста, ја има покажано преку учеството на голем број на меѓународни, републички и регионални натпревари, на кои освоил голем број на награди.

Катерина Маринковиќ -особени постигнувања има во спортот. Нејзините резултати, постигнати на многубројните турнири, ја вбројуваат во една од најдобрите тенисерки во нашата држава, во нејзината категорија и секако претставува една од нашите најперспекитв-ните млади спортисти.

24 Број 02 Декември 2010

Page 25: Metropola br.2

Во галеријата ОКО на 20 декември, пред очекувано многубројна публи-ка беше отворена изложбата на Друштвото на ликовни уметници на Маке-донија „Македонско ликовно творештво – минијатура 2010“, на која своите, над 100 мали по формат, а големи творечки ликовни светови, ги открија 68 уметници од различни генерации.

Минијатурните дела, покажуваат дека предизвикот е исплатлив, и од авторски аспект, и за публиката која може да види и да се воодушевува на минијатурни уметнички дела, со пропорции 10 на 10 сантиметри, но и да размисли за предновогодишен подарок бидејќи изложбата е продажна. На-градата "Златна четка", ја доби академскиот сликар Денис Тенев.

Минијатурните дела, покажуваат дека предизвикот е исплатлив, и од авторски аспект, и за публиката која може да види и да се воодушевува на минијатурни уметнички дела, со пропорции 10 на 10 сантиметри, но и да размисли за предновогодишен подарок бидејќи изложбата е продажна. На-градата "Златна четка", ја доби академскиот сликар Денис Тенев.

Изложбата е продолжение на животот на нововоспоставениот бренд од минатата година, на соработката меѓу ДЛУМ, Општина Центар и ОКО.

-Ова е втора година по ред како ја одржуваме оваа изложба и се наде-вам дека ќе стане традиционална, благодарение пред се на поддршката од Општина Центар. Со оглед дека се одржува на најубавата улица во Скопје, улицата Македонија, оваа традиција заличува на уметничките саеми кои се практикуваат во светот - галериите, со прифатливи цени, да ги изложуваат на продажба своите дела пред големите празници. На овој начин сите љуби-тели на ликовната уметност, имаат можност да инвестираат во уметноста, купувајќи квалитетни минијатури по пристапни цени, - вели Тања Балач, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

ИЗЛОЖБА ПО ПРИМЕРОТ НА СВЕТСКИ ГАЛЕРИИ

Македонско уметничко творештво

Број 02 Декември 2010 25

Page 26: Metropola br.2

„ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД" 2010

И годинава по 6-ти пат на улица Македонија беше одржана традиционалната манифеста-ција „Денови на македонскиот мед" во организација и покро-вителство на Општина Центар. Партнери на oпштината во го-динешната манифестација беа ПЗ „Матица" и Федерација на

фармерите. На неа земаа учест-во 30-тина производители на мед и други пчелни производи од целата Република. Настанот од година во година претставува посебно доживување за многу-бројните посетители, кој има за цел да ја одржува традицијата за презентирање на медот и

пчелните производи. За отворе-на манифестацијата ја прогласи градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. Интересот за Фестивалот на ме-дот и годинава беше огромен.

Она што посебно радува е големиот број и на деца од ос-новните училишта, но и многу помали кои заедно со нивните родители со задоволство ги де-густираа различните видови на мед. Годинава, посетителите

И годинава Општина Центар во соработка со детската градин-ка Раде Јовчевски Корчагин тра-диционално реализираше низа активности по повод Светската недела на детето. По тој повод група деца од градинката Кор-чагин беа во работна посета во Општината со цел да се запознаат со работата на Општина Центар. При тоа децата остварија средба и со Градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кој во оваа пригода им порача на најмладите што е основа за успехот во текот на це-лото понатамошно живеење на личноста. За време на средбата тој им одговори на сите интересни прашање: дали има некој пријател од детството со кој се уште друга-рува, дали постои школо за гра-

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДЕЈСТВУВА И ВЛИЈАЕ ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Општина Центар, во соработка со На-ционалниот Совет на жени на Македонија – СОЖМ, е пилот општина, која во рамки на проектот “Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство“, се вклучи во активностите за справување и превенција на семејното насилство во Република Македо-нија, со цел подобрување на ефикасноста на механизмите кон случаите на семејно насил-ство и воспоставување на модел на соработка помеѓу локалните релевантни субјекти.

Заради успешност на овој проект е фор-мирано и Локално координативно тело во Општина Центар. Во наредниот период активностите на територијата на Општина Центар ќе бидат насочени кон: зголемување на ефективноста на функционирањето на Локалното координативно тело во насока на јакнење на нивните капацитети за заедничка

доначалник, дали има време да си игра со децата, па дури се ин-тересираа и за тоа на што е горд во својата работа и што го прави задоволен и среќен. А исто така децата му поставија и прашања од кои директно беа засегнати, како на пример кога ќе се постават нови играчки, клацкалки, лулаш-ки и други реквизити во дворот на градинката. Посетата имаше за цел, градоначалникот да им упати порака на младите што е основа за успехот во текот на целото по-натамошно живеење на личноста.

Беа и во обиколка и на дру-гите служби во Општината, а во салата на Советот на Општината, се запознаа со начинот на одржу-вање на седниците.

По повод Светската недела на

детето во Домот на АРМ се одржа пригодна манифестација на која балетската група Соната од Ох-рид ја изведоа детската претста-ва "Снежана и седумте џуџиња”. Присутните деца од градинките и првооделенците во Општина Цен-тар, најнапред ги поздрави градо-началникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ:

- Вложувањето во децата е вложување во иднината – ова е чест слоган на Обединетите На-ции, кој се однесува на детската популација. Сите деца имаат пра-во да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во

утрешнината која доаѓа. Општина Центар е цврсто определена да ги следи препораките за креирање на свет по мерка на детето! Дра-ги деца, ви посакувам на вашиот животен пат, полека но сигурно, да се стекнете со мудроста од која ова општество ќе биде уште подобро и поубаво место за жи-веење. Минувајте го слободното време во дружење, спортување, учење. Апелирам до Вас најмла-дите дека моќта е во знаењето. Са-кајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Ви се обраќам де-неска и како родител со пораката дека Вие сте нашето најголемо богатство, - истакна градоначал-никот Тодоровиќ.

ОДБЕЛЕЖАНА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

26 Број 02 Декември 2010

Page 27: Metropola br.2

„ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД" 2010 можеа да се запознаат и со ор-

ганското пчеларење преку ди-ректниот контакт со пчеларите, а за најмладите имаше и едука-тивни содржини, за да можат да ги осознаат вредностите од консумирањето на медот, уште од најраната возраст.

Медот бил, е и останува еликсир на животот. Инаку, тој е високо хранлива и квалитетна материја со широк спектар на превентивно и лековито дејство.

соработка и упатување на случа-ите на семејно насилство, како и зголемување на свеста и степенот на информираност на граѓаните во Општина Центар за превен-ција и заштита од насилство во семејството.

Во меѓувреме дефинирани се одговорностите и подготвен е правилник/протокол за поста-пување со случаите од семејно насилство, односно дефинира-ни се обврските на надлежните тела, како и облиците, начините и содржината на соработката меѓу надлежните тела и останатите чи-нители во заштита на жртвите од семејно насилство и улогата на од-делни професионални структури при обезбедување на потребната заштита на локално ниво.

Како дел од предвидените активности, во рамки на “16 Дена активизам против насилство врз

жената“, беше организирана и театарска претстава “Белег од чо-вечки заби“, во изведба на Велеш-киот Театар, наменета за граѓа-ните на Општина Центар, со цел зголемување на нивната свест за проблемот и промена на ставови-те и предрасудите кон положбата на жената во семејството.

Реализирањето на овие актив-ности, како и исполнувањето на проектните цели, ќе придонесе за зајакнување на заедницата во на-сока на подобрени мулти-сектор-ски сервиси кон случаите на семејното насилство и зголемена свест за потребата од промена на однесувањето и ставовите кон ова прашање.

Активностите во рамките на овој проект се реализираат во со-работка и поддршка на УНФПА (Фонд за популација на Обедине-тите Нации).

оПШТИна ЦенТар – ДоМаќИн наФорУМоТ За ДеМоКраТИЈа, еДнаКвИ

МоЖноСТИ И МоБИЛноСТ

Од 12 до 14 ноември 2010 во Скопје се одржа 4-от по ред Фреја Форум, овој пат на тема „Демократија, еднакви можности и предизвиците на мобилноста за редуцирање на сиромаштијата", на кој присуствуваа 200 претставници од 12 европски земји.

Фреја Форумот овозможува воспоставување и одржување на платформа на соработка помеѓу граѓан-скиот, бизнис секторот и владините институции преку размена на искуства од регионот и Европската Унија. Форумот претставува заедничка платформа за демократија и вмрежување, дава голем придонес кон консолидирањето на мирот во Балканот, зајак-нување и унапредување на демократските процеси во општеството, подобрување на квалитетот на жи-вотот и намалување на сиромаштијата во рамки на европската година за борба против сиромаштијата.

Домаќин на годинешниов Форум беше Општина Центар. По тој повод Форумот за отворен го прог-ласи Градоначалникот Владимир Тодоровиќ, а свои обраќања имаа и: Јенс Орбак - Генерален секретар на меѓународниот Центар Улоф Палме, Милан Мрџа – програмски директор на Центарот за промоција на цивилното друштво од Босна и Херцеговина, Рад-мила Букумирич Катич од Министерство за труд и социјална политика од Република Србија, Александар Кржаловски – Извршен директор на МЦМС и Савка То-доровска - Претседателка на НСЖМ – СОЖМ (како ор-ганизатори на Форумот).

-Ми претставува особено задоволство што Општина Центар ја има таа чест да биде домаќин на оваа истакната европска манифестација, која претставува синоним за демократија и консолиди-рање на мирот на Балканот. Се надевам дека сите учесници на годинешниов Форум ќе видат колку многу и Македонија напредуваше во развојот на демокра-тијата и еднаквите можности, што е предуслов за подобар живот, - истакна меѓу другото градоначал-никот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, поса-кувајќи им успешна работа и незаборавен престој во Скопје на сите учесници на Фреја Форумот 2010.

Медот е многу важна храна и лек за мали деца, за организми кои се развиваат и растат, но и за сите во напредната возраст. Со еден збор, медот е корисен за секој човек.

Од тие причини, Општина Центар во рамки на годинешнава манифестација, стави акцент на едукацијата на децата во сите 7 основни училишта, спроведени од професионални медари, кои имаа за цел да им ги приближат на уче-ниците корисните својства на ме-дот, начинот на неговото произ-ведување, неговото применување и воедно севкупното осознавање на хранливите состојки и благо-дети од медот, матичниот млеч и прополисот.

Број 02 Декември 2010 27

Page 28: Metropola br.2

БОЗАТА КАЈ „АПЧЕ“– ЛЕГЕНДА ЗА ДЕБАР МААЛО

“Debar maalo ne e {ala”, site znaeme da gi potpevneme stihovite na popularnata pesna na “Leb i sol” za edno od najpoznatite stari maala vo Skopje. Sekoe maalo si ima svoe obele`je. A koga se govori za Debar maalo, prvata asocijacija {to }e vi padne na pamet e kafeanata Idadija i slatkarnicata Ap~e.

Легендарната слаткарница Апче во Дебар маало е основа-на во 1954-та година од Исман Кадрија, кога Апче стариот од тетовско Јеловјане, решил да се вдоми во дуќан, по годините што ги поминал продавајќи боза по улици, во ѓумови и лончиња. Но историјата почнува многу по-рано, пред да го отвори стариот дуќан, на дваесетина метри од денешниот. Слаткарницата де-нес ја води Невзат Кадрија, внук на Апче, легендарниот мајстор на бозата.

И токму поради добрата боза за која луѓето често велеле дека е лек за сите болести, дуќа-

нот бил прекрстен во “Апче”. За слаткарницата велат дека е ле-генда која се пие, бидејќи овде ги има највкусните слатки и нај-добрата боза. Впрочем кога ќе се спомене Апче веднаш ве асоцира на бозата, а кога ќе седнеш на боза ќе земеш и нешто од голе-миот избор на разновидни кола-чи. Велат дека ако си прав ско-пјанец, ти се прави повеќе кејф ако после пладне се насладиш со слатки и боза од кај Апче, откол-ку во некоја од ново отворените слаткарници. Постарите дебар-маалчани секогаш со носталгија се присетуваат на „Апче“, како слаткарница на нивната мла-

СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ

28 Број 02 Декември 2010

Page 29: Metropola br.2

дост. Старите скопјани често на-враќаат таму, а љубовта за старо Скопје и спомените што ги врзу-ваат за „Апче“, никој не може да им ги одземе. Новите времиња што доаѓаат носат нови нешта, меѓутоа скопскиот дух остану-ва. На сите дебармаалчани овде им бил првиот состанок со де-војка, а по долги години веќе и во брак доаѓаат да се присетат на доживувањата од младоста. Времето изминува, но луѓето во својата меморија го имаат вре-жано споменот за Апче.

Чекајќи го газдата Невзет на закажаната средба, еден човек ми пристапи и ми рече: „Апче, па овде сите ние сме из-раснале, од деца доаѓаме на ова место. Веќе трета генерација го наследува дуќанот, меѓутоа ква-литетот никогаш не изостанал“.

-Мојот дедо најпрво за-почнал да продава боза на Бит пазар. Во 30-тите години на минатиот век, по економската криза, откако почнале да се до-селуваат жителите од стариот дел на Скопје во Дебар маало, на ова место се отварале дуќа-ни. Подоцна со помош на де-бармаалчани, го отворил својот дуќан на две три скалички во подрум. Тоа било како резултат на тешкиот економски живот, меѓутоа со квалитетот се по-стигнала целта, слаткарницата да опстои. Се продавале раз-новидни колачиња, баклава, кадаиф, еклери, боза и лиму-нада на кои никој не можел да им остане рамнодушен. Според преданијата на дедо ми, се пра-веле големи редици од млади луѓе пред ќумбето на Апче, кои во студените зимски денови че-кале да го вкусат топлиот салеп за да им дојде топло на душата. Интересна и стара традиција која постоела во Дебар маало биле серенадите, кои во вечер-ните часови започнувале од пред Апче, а завршувале пред кафеаната Идадија.

Урбаното време си го на-прави своето, Дебар маало доби нов современ изглед, но полека ги изгуби старите традиции. Но онаа за бозата кај Апче, остану-

ва непроменета. Освен старите скопјани, исто така и оние што доаѓаат од другите градови, го применуваат стариот обичај, се-кое утро да им започне со сед-нување на боза во Апче.

-Пред и после секој кон-церт во Универзална сала, гос-тите не ја пропуштаат можнос-

„Бозата е многу поодамна наша семејна тради-ција. Дедо ми, прадедо ми и чичковците работеле со боза во Бугарија, Русија и во соседните земји. Почнав-ме со слатки, но за нас најважна е бозата и по бозата сме најпознати. Бозата има своја мајсторија. Мно-гумина прават боза, но дедо ми дошол до формула која направила нашата боза да биде неспоредлива. И затоа формулата за бозата е семејна тајна која нико-му не ја откриваме и која се пренесува генерациски, строго само во фамилијата“, - со нескриена гордост ни раскажуваше Невзет, стоејќи покрај портретот на дедо му, закачен на почесно место во дуќанот.

та да ги пробаат прочуените слатки и боза од боровница. Од јавните личности не може да се издвои кој не бил овде, а се уште редовни гости се: Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Гоце Тодоровски, Димче Мешковски и многу дру-ги. Тијана Дапчевиќ во едно

интервју рече дека во Србија освен што и недостасува се-мејството и пријателите, и не-достасува едната и единствена боза на Апче. И ден денес по освоениот триумф на спорт-ските натпревари, фудбалери-те, кошаркарите, како и Коми-тите на Работнички и Вардар, секој свој успех го прославу-ваат во ова легендарно место. Им посакувам на луѓето кои за-почнуваат со претприемаштво да имаат своја визија во она што го создаваат, меѓутоа да го сочуваат амбиентот на старите нешта и старите објекти кои се од културно-историски карак-тер. Би сакал да има повеќе луѓе кои ќе го достигнат успе-

хот во нивната работа, како што тоа го достиг-навме ние - порача газ-

дата Невзет Кадрија.

Број 02 Декември 2010 29

Page 30: Metropola br.2

Ако не знаете како да го поминете саботното попладне, а сте вљубеници во уметноста и имате неоткриена дарба за цр-тање, за вас имаме интересен предлог. Во најстрогиот дел од градот, во затскриено катче на просторот на Музејот на Град Скопје, се наоѓа галеријата „Езарија“. Сопственичката Маја Стојанова во неа има свое учи-лиште за рекреативно цртање. Со своите ученици често орга-низира и групни изложби преку кои го применува естетското вос-питување и ја стимулира изра-зеноста на нивниот талент. Маја завршила Ликовна академија на уметности, а парарелно се има

здобиено и со диплома по ликов-на педагогија.

-Од секогаш имав желба да имам свое училиште за цртање, каде секој ќе има можност да слика во стилот кој го префери-ра, каде што заедно со учениците ќе организирам групни изложби. Конечно, мојата долгогодишна желба се оствари. Од самиот почеток посакав да го пренесам моето знаење и да го доживеам задоволството на оние кои што учат. Јас пред се сум вајар, меѓу-тоа помеѓу вајарите и сликари-те нема некоја голема разлика, бидејќи кога сликаат на платно, сликарите се навикнати да рабо-тат во втора димензија, а вајари-те во трета. Среќна сум што имам можност да го направам тоа сега. Особено во еден простор што зрачи со позитивна енергија за време на часовите, а воедно опкружен и исполнет со умет-

ност. Секогаш кога времето го дозволува тоа, надвор

ЛИКОВНО УЧИЛИШТЕ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

си ги вадиме штафелаите и цр-таме. Паузираме само 2 месеци, јули и август, поради годишните одмори. Часовите ги посетуваат сите генерации, од осум до ше-есет и осум годишна возраст. Се работи во групи според возраста, а со секој индивидуално се рабо-ти во различни правци. Часовите во саботите се бесплатни за сите оние што се љубители на умет-носта и сметаат дека имаат тво-речка дарба.

Имам многу планови, нови идеи за работата на галеријата во иднина. Би сакала и со Општина Центар да направиме заеднич-ки проект во кој ќе бидат вклу-чени учениците од основните училишта на ниво на Општина Центар. Навистина со задовол-ство сакам да соработувам со сите заинтересирани граѓани, без оглед на нивната возраст, би-дејќи уметноста е во самите нас, во нашето опкружување, каде се чувствуваме пријатно, задоволно и исполнето...

Ова е пораката на Маја Стојанова до сите љубители на уметноста, барем еднаш да ја посетат галеријата „Езарија“ и се разбира да поминат несекојднев-но саботно попладне.

30 Број 02 Декември 2010

Page 31: Metropola br.2

АКЦИЈА НАЈУБАВИ ДВОРОВИВО ОПШТИНА ЦЕНТАРОпштина Центар од 2011

година започнува со акција „Из-бираме најубаво уреден двор“. Истата има за цел да ги поттикне жителите да ги уредат хортикул-тутно своите дворни површини.

Затоа ги повикуваме куќ-ните совети, сите сопственици на индивидуални куќи и компаниите на територија на Општина Центар да земат учество во оваа акција. Сопствениците на најдобро уре-дените дворови ќе бидат награ-дени. Сите заинтересирани можат да ни се обратат во Општината на тел 3203 634 или на e-mail: [email protected] и со задоволство ќе ги посетиме.

Објавените слики на дво-рови се направени во Општина Центар од страна на компанијата Хорти Експерт. Истите нека ви бидат предизвик да се потрудите и вие, да бидете креативни во уре-дувањето на вашите простори.

Број 02 Декември 2010 31

Page 32: Metropola br.2

МУЗИЧКИ ХеПенИнГ -“МУЗИКА ЗА СТАРТ”

Музичкиот хепенинг, именуван како "МУЗИКА ЗА СТАРТ”, по повод почетокот на новата учебна година се одржа на Школката во Градскиот парк. Општина Цен-тар како организатор и покровител на настанот, им посака успешен почеток на учениците од основните учи-лишта кои се под нејзина надлежност.

Публиката ја забавуваа ексклузивците на продукција Република, односно Врчак, ДНК, Влатко Лозановски, Дар-ко Илиевски, Магдалена Цветковска, Оливера Ѓоргоска и Орхдеја Дукова. Заедно со младите пејачи настапија и ученици од ритмичките секции од седумте училишта, кои со големо задоволство ги придружуваа на сцената своите музички идоли.

Како ексклузивно изненадување за присутната пуб-лика, на овој музички хепенинг се појави кошаркарски-от ас и капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ, кој подели повеќе баскет топки со личен потпис. Перо им упати порака на основците, дека за нив сега е најважно да учат и да бидат одлични ученици, да се дру-жат и спортуваат.

На тревникот во близина на Школката беа поставе-ни и мини – кошеви, на кои вежбаа деца од кошаркарскиот клуб Јуниор.

Овој музички хепенинг кој помина во името на му-зиката, дружењето и спортот, во идни-на ќе прерасне во традиционална манифестација за успешен старт на учениците во новата учебна годи-на.