kriteriumi za opisna ocenka prvo tromesecie - prirodni nauki i tehnika za - vi-9 letka

1
КРИТЕРИУМИ ЗА ОПИСНО ОЦЕНУВАЊЕ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ И ТЕХНИКА ЗА VI-9 (ДЕВЕТЛЕТКА) ОЦЕНКА ОПИСЕН ПРИКАЗ НА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС НЕДОВОЛЕН ЕДЕН (1) Знаењето на ученикот не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту пооделните поединости. Не може да се снајде ниту со помош на наставникот, бидејќи воопшто не се труди да ги научи предвидените поими во наставните содржини на зададените наставни целини т.е. теми. Ученикот не покажува интерес за предметот, се однесува безгрижно, а неговото знаење не е доволно за да може успешно да напредува во наставата во погорното одделение. ДОВОЛЕН ДВА (2) Ученикот покажува елементарно познавање на предвидените за усвојување поими во наставните содржини од наставните теми за прво тромесечие, кое се состои од препознавање на основните поими и нивно делумно поврзување со примери и претставници карактеристични за нив. Иако се труди, одвај ги постигнува минималните барања по предметот, а неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција и покажува одредени способности знаењето да го искаже со свои зборови. ДОБАР ТРИ (3) Ученикот идентификува особините на групите небески тела, на природните појави на Земјата, како и на различните видови на карпи и почви. Наведува примери за нив, и ги опишува нивните најважни особини. Објаснува поими на конкретни примери, и посочува претставници од различните поими присутни во наставните содржини на опфатените теми. МН. ДОБАР ЧЕТИРИ (4) Ученикот ги применува информациите за особините на небеските тела, за природните појави на Земјата како и за карпите и почвите. Тој е способен да изврши идентификација на непознати примероци на карпи и почви. Изложува правила за именување на небеските тела и природните појави, како и за видовите карпи и почви. Ја разбира главната идеја на темите и изведува едноставни истражувања со мала помош. ОДЛИЧЕН ПЕТ (5) Конструира систематика на планети во склоп на внатрешен и надворешен дел на Сончевиот систем. Спротивставува особини на цврсти и гасовити планети. Подредува претставници и дава примери за природни појави на Земјата од реалното опкружување. Подробно ги објаснува причините за настанување на природните појави како и за различните видови карпи и почви. Ја разбира главната идеја на предвидените за прво тромесечие теми, самостојно се снаоѓа при истражувачките активности и дава свои заклучоци. Брзо доаѓа до дополнителни информации (преку интернет или користење друга литература).

Upload: netka-mitko-dimoska

Post on 24-Apr-2015

2.248 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

KRITERIUMI ZA OPISNO OCENUVANJE VO, PRVO TROMESECIE PO, PRIRODNI NAUKI I TEHNIKA, ZA VI-9 (DEVETLETKA). Descriptive criteria for evaluation in the first quarter on the subject of natural sciences and engineering.

TRANSCRIPT

Page 1: Kriteriumi Za Opisna Ocenka Prvo Tromesecie - Prirodni Nauki i Tehnika Za - Vi-9 Letka

КРИТЕРИУМИ ЗА ОПИСНО ОЦЕНУВАЊЕ ПО ПРИРОДНИ НАУКИ И ТЕХНИКА ЗА VI-9 (ДЕВЕТЛЕТКА)ОЦЕНКА ОПИСЕН ПРИКАЗ НА СТЕКНАТИТЕ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

НЕДОВОЛЕН ЕДЕН (1)

Знаењето на ученикот не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту пооделните поединости. Не може да се снајде ниту со помош на наставникот, бидејќи воопшто не се труди да ги научи предвидените поими во наставните содржини на зададените наставни целини т.е. теми. Ученикот не покажува интерес за предметот, се однесува безгрижно, а неговото знаење не е доволно за да може успешно да напредува во наставата во погорното одделение.

ДОВОЛЕН ДВА (2)

Ученикот покажува елементарно познавање на предвидените за усвојување поими во наставните содржини од наставните теми за прво тромесечие, кое се состои од препознавање на основните поими и нивно делумно поврзување со примери и претставници карактеристични за нив. Иако се труди, одвај ги постигнува минималните барања по предметот, а неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција и покажува одредени способности знаењето да го искаже со свои зборови.

ДОБАР ТРИ (3)

Ученикот идентификува особините на групите небески тела, на природните појави на Земјата, како и на различните видови на карпи и почви. Наведува примери за нив, и ги опишува нивните најважни особини. Објаснува поими на конкретни примери, и посочува претставници од различните поими присутни во наставните содржини на опфатените теми.

МН. ДОБАР ЧЕТИРИ (4)

Ученикот ги применува информациите за особините на небеските тела, за природните појави на Земјата како и за карпите и почвите. Тој е способен да изврши идентификација на непознати примероци на карпи и почви. Изложува правила за именување на небеските тела и природните појави, како и за видовите карпи и почви. Ја разбира главната идеја на темите и изведува едноставни истражувања со мала помош.

ОДЛИЧЕН ПЕТ (5)

Конструира систематика на планети во склоп на внатрешен и надворешен дел на Сончевиот систем. Спротивставува особини на цврсти и гасовити планети. Подредува претставници и дава примери за природни појави на Земјата од реалното опкружување. Подробно ги објаснува причините за настанување на природните појави како и за различните видови карпи и почви. Ја разбира главната идеја на предвидените за прво тромесечие теми, самостојно се снаоѓа при истражувачките активности и дава свои заклучоци. Брзо доаѓа до дополнителни информации (преку интернет или користење друга литература).