konten plan novii

80
Стр. 3824. Автентично толкување на членoви- те 16, 17, 18 и 19 од Законот за изме- нување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Репуб- лика Македонијаброј 18/11)............... 2 3825. Правилник за изменување и допол- нување на Правилникот за формата и содржината на годишната сметка........ 3 3826. Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план.................................. 12 Стр. 3827. Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начи- нот на водење на евиденцијата за спроведената едукација......................... 76 3828. Правилник за форма, содржина и на- чин на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни пар- цели(*).................................................... 78 3829. Тарифник за дополнување на Тариф- никот за утврдување на висината на надоместоците што ги наплатува Ко- мисијата за хартии од вредност............ 80 Број 174 год. LXVII 16 декември 2011, петок Цената на овој број е 270 денари www.slvesnik.com.mk [email protected] СО Д РЖИНА

Upload: tatjana544

Post on 20-Jan-2016

204 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Konten Plan Novii

TRANSCRIPT

Page 1: Konten Plan Novii

Стр. 3824. Автентично толкување на членoви-

те 16, 17, 18 и 19 од Законот за изме-нување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Репуб-лика Македонија“ број 18/11)............... 2

3825. Правилник за изменување и допол-нување на Правилникот за формата и содржината на годишната сметка........ 3

3826. Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план.................................. 12

Стр. 3827. Правилник за формата и содржината

на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начи-нот на водење на евиденцијата за спроведената едукација......................... 76

3828. Правилник за форма, содржина и на-чин на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни пар-цели(*).................................................... 78

3829. Тарифник за дополнување на Тариф-никот за утврдување на висината на надоместоците што ги наплатува Ко-мисијата за хартии од вредност............ 80

Број 174 год. LXVII 16 декември 2011, петок Цената на овој број е 270 денари

www.slvesnik.com.mk [email protected]

С О Д Р Ж И Н А

Page 2: Konten Plan Novii

Стр. 2 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3824.

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 16 декември 2011 година, даде

АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ

НА ЧЛЕНOВИТЕ 16, 17, 18 И 19 ОД ЗАКОНОТ ЗА ИЗ-МЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПОРТОТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 18/11)

Одредбата од членот 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), гласи:

„Постојните спортски клубови кои се натпревару-ваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се организира сени-орски систем на натпревари во повеќе степени во фуд-бал, кошарка и ракомет ќе се регистрираат во акцио-нерски друштва согласно со членот 1 од овој закон, најдоцна до 31 јули 2012 година.

Постојните спортски клубови кои се натпреварува-ат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се организира сени-орски систем на натпревари во повеќе степени во од-бојка ќе се регистрираат во акционерски друштва сог-ласно со членот 1 од овој закон, најдоцна до 31 јули 2016 година."

Одредбата од членот 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), треба да се толкува така што при регистрација во акционерски друштва на постојните спортски клубови кои се нат-преваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се органи-зира сениорски систем на натпревари во повеќе степе-ни во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка ќе се приме-нува членот 1 од овој закон, а не членот 9 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2002, 66/2004, 81/2008, 18/11 и 51/11). Постој-ните спортски клубови кои се натпреваруваат во најви-сокиот степен на натпревари во сениорска конкуренци-ја во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во фудбал, кошарка и ракомет треба да се регистрираат во акционерски друштва најдоцна до 31 јули 2012 година, додека пак постојните спортски клубови кои се натпреваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конку-ренција во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во одбојка треба да се регистрираат во акционерски друштва до 31 јули 2016 година.

Одредбата од членот 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), гласи:

„Основачи на акционерските друштва од членот 16 од овој закон можат да бидат физички лица-членовите на спортскиот клуб, како и други физички лица и правни лица.

Собранието на спортските клубови од членот 16 од овој закон носат одлука за основачите на акционерски-те друштва од членот 16 од овој закон."

Одредбата од членот 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), треба да се толкува така што спортските клубови продолжуваат да постојат со своите права и обврски, а нивното Собрание носи одлука кои ќе бидат основачи на акцио-нерските друштва од членот 16 од овој закон.

Одредбата од членот 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), гласи:

„Фирмата на акционерското друштво регистрирано согласно со членот 16 од овој закон го содржи името на спортскиот клуб чии членови донеле одлука за основачите на акционерското друштво со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Собранието."

Одредбата од членот 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен вес-ник на Република Македонија“ број 18/11), треба да се толкува така што фирмата на акционерското друштво регистрирано согласно со членот 16 треба да го содржи името на спортскиот клуб чии членови донеле одлука за основачите на акционерското друштво со двотре-тинско мнозинство од вкупниот број на членовите на Собранието.

Одредбата од членот 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), гласи:

„Националната спортска федерација го признава континуитетот на остварениот резултат на акционер-ското друштво кое се регистрирало како акционерско друштво согласно со членовите 16 и 17 од овој закон и го содржи името на спортскиот клуб согласно со чле-нот 18 од овој закон."

Одредбата од членот 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 18/11), треба да се толкува така што на акционерското друштво реги-стрирано согласно со членовите 16 и 17 му се признава континуитетот на остварените резултати од страна на Националната спортска федерација и единствено го презема називот на спортскиот клуб-здружение, кое продолжува да постои со своите права и обврски.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Бр. 07 - 5260/1 Претседател 16 декември 2011 година на Собранието на Република Скопје Македонија, Трајко Вељаноски, с.р.

Page 3: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 3

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

3825.

Врз основа на член 476 став (8) од Законот за трговските друштва (“Службен весник на Република Маке-

донија”, број 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10,48/10 и 24/11), министерот за финансии донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА

НА ГОДИШНАТА СМЕТКА

Член 1

Во Правилникот за формата и содржината на годишната сметка („Службен весник на Република Македо-

нија“ број 52/2011), во образецот „ Биланс на успех за периодот од ____ до ____ 20__ година “ во позицијата

под реден број 11 зборовите: „останати оперативни расходи“ се заменуваат со зборовите: „останати трошоци

од работењето“.

Во позицијата под реден број 14 зборовите „материјални и нематеријални“ се заменуваат со зборот „не-

тековни“.

Во позицијата под реден број 17 зборот „трошоци“ се заменува со зборот „расходи“.

Извештајот за останата сеопфатна добивка за периодот од ____ до ____ 20__ година, се заменува со нов

извештај кој е составен дел на овој правилник.

Член 2

Во образецот „Биланс на состојбата на ден ____ 20__ година“ и образецот „Биланс на успехот во перио-

дот од ____ до ____ 20__ година“ во колоната износ-тековна година и претходна година се внесуваат пода-

тоци согласно Прегледот на групите сметки и сметките по одделни позиции (АОП) на образецот Биланс на

состојба и Прегледот на групите сметки и сметките по одделни позиции (АОП) на образецот Биланс на

успех кои се составен дел на овој правилник.

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-

лика Македонија“.

Број 12 - 38748/3

декември 2011 година Министер за финансии,

Скопје м-р Зоран Ставрески, с.р.

Page 4: Konten Plan Novii

Стр. 4 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 5: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 5

Page 6: Konten Plan Novii

Стр. 6 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 7: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 7

Page 8: Konten Plan Novii

Стр. 8 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 9: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 9

Page 10: Konten Plan Novii

Стр. 10 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 11: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 11

Page 12: Konten Plan Novii

Стр. 12 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

3826.

Врз основа на член 472 став (9) од Законот за трговските друштва ("Службен весник на Република Маке-

донија" број 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10 и 24/11), министерот за финансии донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА СМЕТКОВНИОТ ПЛАН И СОДРЖИНАТА НА ОДДЕЛНИТЕ СМЕТКИ ВО СМЕТКОВНИОТ

ПЛАН

Член 1

Со овој правилник, се пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот

план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за

водење сметководство.

Овој правилник не се однесува на субјектите од став 1 на овој член, чие работење се уредува со посебен

закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови.

Сметковниот план и содржината на групите и на одделните сметки во сметковниот план од став 1 на овој

член како и споредбениот преглед на сметките во сметковниот план се составен дел на овој правилник.

Член 2

Состојбата и движењето на средствата, капиталот, обврските, приходите, расходите и резултатот од

работењето, се евидентираат на синтетички (трицифрени) сметки во сметковниот план во согласност со

усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување и меѓународниот стандард за финансиско

известување за мали и средни субјекти.

Пропишаните синтетички (трицифрени) сметки можат да се расчленат на аналитички.

Податоците за синтетички (трицифрени) сметки се обезбедуваат на начинот кој и одговара на техниката

што се применува во водењето на сметководството.

Член 3

Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за сметковниот

план и содржината на одделните сметки во сметковниот план („Службен весник на Република Македонија”

бр. 113/06 и 127/07).

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Републи-

ка Македонија“.

Број 12 - 38748/3

12 декември 2011 година Министер за финансии,

Скопје м-р Зоран Ставрески, с.р.

Page 13: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 13

Page 14: Konten Plan Novii

Стр. 14 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 15: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 15

Page 16: Konten Plan Novii

Стр. 16 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 17: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 17

Page 18: Konten Plan Novii

Стр. 18 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 19: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 19

Page 20: Konten Plan Novii

Стр. 20 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 21: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 21

Page 22: Konten Plan Novii

Стр. 22 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 23: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 23

Page 24: Konten Plan Novii

Стр. 24 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 25: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 25

Page 26: Konten Plan Novii

Стр. 26 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 27: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 27

Page 28: Konten Plan Novii

Стр. 28 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 29: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 29

Page 30: Konten Plan Novii

Стр. 30 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 31: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 31

Page 32: Konten Plan Novii

Стр. 32 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 33: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 33

Page 34: Konten Plan Novii

Стр. 34 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 35: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 35

Page 36: Konten Plan Novii

Стр. 36 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 37: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 37

Page 38: Konten Plan Novii

Стр. 38 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 39: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 39

Page 40: Konten Plan Novii

Стр. 40 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 41: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 41

Page 42: Konten Plan Novii

Стр. 42 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 43: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 43

Page 44: Konten Plan Novii

Стр. 44 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 45: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 45

Page 46: Konten Plan Novii

Стр. 46 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 47: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 47

Page 48: Konten Plan Novii

Стр. 48 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 49: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 49

Page 50: Konten Plan Novii

Стр. 50 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 51: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 51

Page 52: Konten Plan Novii

Стр. 52 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 53: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 53

Page 54: Konten Plan Novii

Стр. 54 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 55: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 55

Page 56: Konten Plan Novii

Стр. 56 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 57: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 57

Page 58: Konten Plan Novii

Стр. 58 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 59: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 59

Page 60: Konten Plan Novii

Стр. 60 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 61: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 61

Page 62: Konten Plan Novii

Стр. 62 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 63: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 63

Page 64: Konten Plan Novii

Стр. 64 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 65: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 65

Page 66: Konten Plan Novii

Стр. 66 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 67: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 67

Page 68: Konten Plan Novii

Стр. 68 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 69: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 69

Page 70: Konten Plan Novii

Стр. 70 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 71: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 71

Page 72: Konten Plan Novii

Стр. 72 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 73: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 73

Page 74: Konten Plan Novii

Стр. 74 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

Page 75: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 75

Page 76: Konten Plan Novii

Стр. 76 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА 3827.

Врз основа на член 61 ставови 2 и 9 од Законот за туристичка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11 и 53/11), министерот за економија донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА, НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВА-ЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕ-ЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДЕНАТА

ЕДУКАЦИЈА

Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содр-

жината на поканата за едукација, начинот на спроведу-вање на едукацијата и начинот на водењето на евиден-цијата за спроведената едукација.

Член 2

Поканата за едукација од член 1 од овој правилник се изготвува на образец со формат А4 во три идентич-ни примероци изработени од тенка индиго хартија во бела боја.

Поканата од ставот 1 од овој член ги содржи след-ните елементи:

- грб на Република Македонија и називот на орга-нот која ја спроведува едукацијата;

- број на предмет, датум и место; - име и презиме на сторителот на прекршокот, ме-

сто на живеење, а за одговорното лице во правното ли-це и функцијата што ја врши во тоа правно лице;

- назив и седиште на правното лице; - кратко означување на предметот на поканата; - законска одредба во која е утврден недостатокот; - датумот, местото и време на спроведување на еду-

кацијата; - име и презиме на инспекторот, - место за печат и потпис и - напомена дека доколку во закажаниот термин ли-

цето, или субјектот, над кој се спроведува едукацијата не се јави на закажаната едукација ќе се смета дека истата е спроведена.

Образецот на поканата за едукација е даден во При-лог, кој е составен дел на овој правилник.

Член 3

Едукацијата ја вршат државните пазарни инспекто-ри и раководните државни службеници во Инспектора-тот.

Едукацијата се врши во најблиските простории на инспекторатот, до местото на сторување на прекршо-кот, или местото каде се наоѓа седиштето, односно жи-веалиштето на контролираниот субјект.

По исклучок од став 2 на овој член, едукацијата мо-же да се врши во деловните простории на контролира-ните субјекти, доколку одговорното лице на правното лице е присутно при вршење на испекцискиот надзор.

Едукацијата се врши двапати во неделата, а по по-треба и повеќе пати во текот на работното време.

Член 4

Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврде-ни исти, или истородни неправилности, за еден или по-веќе субјекти.

За спроведената едукација се составува записник кој содржи:

- називот на органот која ја спроведува едукацијата, - име и презиме на сторителот на прекршокот, ме-

сто на живеење, а за одговорното лице во правното ли-це и функцијата што ја врши во тоа правно лице,

- назив и седиште на правното лице, - датумот, местото и времето кога се спроведува по-

стапката за едукација, - име и презиме на државниот пазарен инспектор,

односно раководен државен службеник во Инспектора-тот,

- укажување на одредбата во која е утврден недо-статокот за кој се спроведува едукација и на мерките кои следат доколку не се отстрани недостатокот во да-дениот рок,

-укажување дека доколку инспекторатот при инс-пекциски надзор утврди недостаток за кој е спроведена едукација ќе бидат веднаш превземени соодветни за-конски мерки.

Евиденцијата за спроведената едукација се води во пишана и во електронска форма.

Член 5

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“.

Бр. 13 – 8644/3

24 ноември 2011 година Министер, Скопје Ваљон Сараќини, с.р.

Page 77: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 77

Page 78: Konten Plan Novii

Стр. 78 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

3828.

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за земјо-делство и рурален развој (“Службен весник на Репуб-лика Македонија“ бр.49/10 и бр.53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

П Р А В И Л Н И К

ЗА ФОРМА, СОДРЖИНА И НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ ЗА ИДЕНТИФИКА-

ЦИЈА НА ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ(∗)

Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржи-

ната и начинот на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни парцели (во понатамош-ниот текст: база на податоци) од системот за идентифи-кација на земјишните парцели (во понатамошниот текст: СИЗП).

Член 2

Одделни поими употребени овој правилник го има-ат следното значење:

1. Географскиот материјал се карти, или други до-кументи за пренесување на податоци од Географскиот информативен систем како авионски ортофото снимки во боја со големина на пиксел од 0,50 m, со хомогена стандардна гарантирана точност во размер 1:5000;

2. Нива е земјоделско земјиште која се обработува минимум еднаш во пет години за производство на ед-ногодишни култури;

3. Овошен насад е земјоделско земјиште засадено со овошни култури со правилна структура на редовите засадени со индивидуални овошни садници со вклуче-ни земјени патеки во и околу парцелите со интензивни овошни насади кои служат за маневрирање на земјо-делската механизација;

4. Оранжерија е нива под стаклени или пластични оранжерии со постојана конструкција;

5. Ливада е земјоделско земјиште кое се користи са-мо за производство на кабаста сточна храна преку ко-сење на тревата неколку пати во текот на годината и не се обработува за друга земјоделска намена повеќе од пет години;

6. Матични насади е парцела од земјоделско земји-ште со јасно дефинирани граници каде што овошни и лозови садници се одгледуваат до соодветна големина;

7. Насад со јаткесто овошје е земјоделско земјиште засадена со насад од јаткасто овошје: бадем, орев, леш-ник, фстак и сл., вклучувајќи ги земјените патеки кои служат за маневрирање на земјоделската механизација;

8. Маслинов насад е земјоделско земјиште засадено со маслинов насад кој се карактеризира со правилна структура на редовите засадени со индивидуални мас-линови садници, со вклучени земјени патеки во и око-лу парцелите со интензивни маслинови насади кои слу-жат за маневрирање на земјоделската механизација;

9. Лозов насад е земјоделско земјиште засадено со интензивен лозов насад кој се карактеризира со пра-

(∗) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Европската Комисија (ЕЗ) бр. 1122/2009 од 30 ноември 2009 го-дина за утврдување на детални правила за спроведување на Регу-лативата (ЕЗ) бр. 73/2009 на Советот во однос на вкрстена усогла-сеност, модулација и интегрираниот систем за администрација и контрола, според шемите за директна поддршка на земјоделците предвидени во истата, како и за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр.1234/2007 на Советот во однос на вкрстената усогласе-ност според шемата за поддршка предвидена за винскиот сектор (CELEX 32009R1122)

вилна структура на редовите, со вклучени земјени па-теки во и околу парцелите со интензивни лозови наса-ди кои служат за маневрирање на земјоделската меха-низација;

10. Мешани долгогодишни насади е лозов насад со расфрлани овошни дрвја каде густината на дрвја е по-голема од 40 дрвја по хектар, или повеќе видови долго-годишни култури на една парцела со наизменично за-садени редови;

11. Пасиште е земјоделско земјиште кое се користи за испаша на добиток повеќе од деведесет дена во го-дината;

12. Постојано пасиште е земјоделско земјиште кое се користи за одгледување трева или друга сточна хра-на и кое не било вклучено во ротацијата на земјодел-ските култури во период од пет години или подолго и

13. Привремено неупотребувано земјиште е земјо-делска површина која може да биде искористена како земјоделско земјиште, но привремено не е обработува-на во период од повеќе од 2 години.

Член 3

Базата на податоци се води во електронска форма преку:

- внесување на податоците во базата на податоци на СИЗП;

- проверка на валидноста на податоците и исправка на неправилности;

- оценување на квалитетот на податоците; - ажурирање на податоците и - подготовка на извештаи од базата на податоци на

СИЗП.

Член 4 (1) Во базата на податоци на СИЗП се регистрираат

податоци за парцелите на земјоделско земјиште иден-тификувани преку лоцирање на референтната парцела на географски материјал и со мерење на нејзината го-лемина.

(2) Референтна парцела од став (1) на овој член врз основа на која се врши идентификацијата на земјишни-те парцели, има географски ограничена површина и единствен број засебен за секоја поединечна парцела наречен Единствен идентификациски број на рефе-рентната парцела (во понатамошниот текст ЕИБРП).

(3) Референтната парцела која се користи во нацио-налниот СИЗП е земјоделска парцела која означува не-прекината површина земјоделско земјиште пријавена од страна на еден носител на земјоделско стопанство или член на земјоделското стопанство назначен од не-гова страна (во понатамошниот текст: носител или ов-ластен член), на која не се одгледува повеќе од една група на истовидни земјоделски култури.

(4) Доколку за потребите на земјоделската полити-ка е потребно дополнително пријавување на користе-њето на површини со одредени култури во рамките на една група на земјоделски култури, површината на земјоделската парцела може дополнително да се огра-ничи.

Член 5

(1) Минимално прифатлива големина на референт-ната парцела е 0,01 хектар, измерена и регистрирана во хектари со две децимали.

(2) Максимална прифатлива површина на секоја ре-ферентна парцела се определува согласно критериуми-те на мерките за финансиска поддршка по површина, измерена и регистрирана во хектари со две децимали.

Член 6

(1) При регистрирањето во СИЗП, за секоја рефе-рентна парцела се запишуваат следниве податоци:

- ЕИБРП;

Page 79: Konten Plan Novii

16 декември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 174 - Стр. 79

- максимална прифатлива површина; - максимална површина на референтната парцела; - ИД на носител или овластен член; - употреба на земјоделското земјиште по типови; - наклонот на парцелата; - наводнување и - надморската висина на парцелата. (2) Определувањето на податоците за референтната

парцела од став (1) на овој член се врши врз основа на следниве геопросторни и алфанумерички податоци:

- последни ортофото карти во боја; - архивски ортофото карти во боја; - архивски црно-бели ортофото карти; - топографски карти; - дигитален теренски модел (DTM); - инфрацрвени ортофото снимки; - слој на општински граници; - координатна мрежа TK 25; - катастарски карти 1: 5 000, 1: 2 500, 1: 1 000, и 1:

500; - последни просторни податоци од физички блоко-

ви /слој; - последни просторни податоци од референтни пар-

цели/слој - просторни податоци од иницијалните физички

блокови /слој; - просторни податоци на архивските референтни

парцели /слој (најмалку за три последователни години – поради мерките од вториот столб каде што е препо-рачливо да се имаат податоци од пет последователни години;

- сателитски ортофото карти кои се користат за Да-лечински Управувана Контрола;

- слој на контролирани парцели со методот на Дале-чински Управувана Контрола (последен и архивски слој);

- слој со ГПС резултати со мерење на парцели про-верени за време на класичната контрола на лице место (последен и архивски слој) и

- други геопросторни податоци за потребите на зем-јоделската политика, како податоци за постоечки наса-ди, агроеколошки шеми, подрачја со ограничени усло-ви за производство, органско земјоделство, ГМО и дру-ги.

Член 7

Употребата на земјоделското земјиште од член 6 став (1) алинеја 5 на овој правилник која се запишува за секоја референтна парцела може да биде од некој од следниве типови:

- нива; - стакленик на обработлива површина; - ливада; - пасиште; - лозов насад; - маслинов насад; - овошен насад; - насад со јаткасто овошје; - мешани долгогодишни насади; - матични насади и - привремено неупотребувано земјиште.

Член 8 (1) Внесувањето на податоците за референтните

парцели во базата на податоци на СИЗП се врши на ба-рање од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на податоците од Единстве-ниот регистер на земјоделски стопанства во подрачна-та единица на Министерството за земјоделство, шу-марство и водостопанство на територијата на која се наоѓа.

(2) Референтните парцели чии граници се иденти-фикуваат на дигиталните ортофото карти од страна на

носителот или овластен член на земјоделското сто-панство треба да бидат потврдени со доказ за сопстве-ност или доказ за право на користење на земјиштето.

(3) По потврдувањето на точноста на податоци за парцелата, на носителот на земјоделското стопанство му се издава “Извештај за идентификација на земјишни парцели” во печатена форма.

(4) Извештајот од став (3) на овој член, покрај лич-ните податоци за носителот на земјоделското стопанс-тво, особено ги содржи следните податоци за секоја ре-ферентна парцела:

- ЕИБРП; - максимална прифатлива површина во хектари со

две децимали; - типот на употребата на земјиштето и - потврда на носителот или овластениот член дека

се сложува со локацијата и означувањето на границите на референтната парцела.

Член 9

(1) Во случај кога при проверка на валидноста на податоците се пронајдат неправилности, поголема или помала пријавена површина во однос на фактичката, Министерството за земјоделство, шумарство и водо-стопанство го повикува носителот или овластениот член во рок од 15 дена да ја утврдат фактичката состој-ба.

(2) Доколку при проверката се утврдени неправил-ности во однос на процесот на доделување на финанси-ска поддршка кои се однесуваат на површина на парце-лата помала од 50м2, исправката може да се изврши без известување и присуство на носителот или овла-стен член.

(3) Крајниот рок на исправка на неправилностите може да се изврши најдоцна пред почетокот на подне-сување на барање за финансиска поддршка.

(4) Доколку носителот или овластениот член кој е уредно повикан не се јават во Министерството за зем-јоделство, шумарство и водостопанство во пропишани-от рок, регистрацијата на парцелите од став (2) на овој член се сметаат за невалидни, за што носителот или ов-ластениот член е потребно да биде информиран во рок од 15 дена.

Член 10

(1) Проценка на квалитетот на податоците во база-та на податоци на СИЗП ги опфаќа следниве оценки на:

- точната површина на максималната прифатлива површина на парцелата;

- пропорцијата и распределбата на референтни пар-цели каде максималната прифатлива површина на пар-целата вклучува земјиште кое не е прифатливо или ка-де што земјоделска површина не се зема во предвид;

- категоризација на референтни парцели каде ма-ксималната прифатлива површина на парцелата вклу-чува земјиште кое не е прифатливо или каде што земјо-делска површина не се зема во предвид;

- појава на референтна парцела со критични недо-статоци;

- соодносот на пријавената површина во однос на максималната прифатлива површина внатре во рефе-рентната парцела;

- процентот на референтните парцели кои биле предмет на промена акумулирани во текот на годините и

- стапката на неправилности во процесот на кори-стење на финансиска поддршка утврдени при контроли на лице место.

(2) Проценката од став (1) на овој член се прави врз основа на податоци со кои може да се процени момен-талната реална состојба, како и преку случаен избор на примерок од сите референтни парцели.

Page 80: Konten Plan Novii

Стр. 80 - Бр. 174 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 16 декември 2011

(3) Доколку по извршената проценка на квалитетот на податоците се утврдат неправилности во податоците од базата на податоци на СИЗП, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да из-врши корекција на податоците. По извршената корек-ција на податоците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на носителот или овла-стениот член на земјоделското стопанство во печатена форма му испраќа усогласен “Извештај за идентифика-ција на земјишни парцели“ од член 8 став (3) на овој правилник.

Член 11

(1) Реалната состојба која ја прикажуваат податоци-те во базата на податоци на СИЗП се оценува и ажури-ра врз основа на:

- нови ортофото карти добиени при редовното воз-душно снимање на најмалку секои пет години;

- врз основа на изјава од страна на носителот или овластен член кои треба да го информираат Мини-стерството за земјоделство, шумарство и водостопанс-тво за секоја настаната промена на референтната пар-цела во рок од 15 дена од настанување на промената или најкасно еден ден пред рокот за почеток на кампа-њата за финансиска поддршка во земјоделството и ру-ралниот развој;

- други помошни просторни податоци како топо-графски карти и други релевантни катастарски подато-ци од јавната книга за недвижности и

- резултатите добиени со контрола на самото место и контрола со далечински методи.

(2) Промената на референтната парцела од став (1) алинеја 2 на овој член се однесува на:

- површината на референтната парцела; - употребата на земјиштето; - корисникот на референтната парцела; - границите на референтната парцела; - поништување на референтната парцела и - поништување на корисникот на референтната пар-

цела. (3) Доколку резултатите од контролите од став (1)

алинеја 4, на овој член, покажат различна состојба во однос на податоците во базата на податоци на СИЗП, истите ќе се усогласат со податоците од контролата.

Член 12

(1) Податоците од базата на податоци се достапни за носителот или овластениот член заради доставување на барање за финансиска поддршка, како и на Агенци-јата за финансиска поддршка во земјоделството и ру-ралниот развој за автоматска идентификација на бара-њата со проблеми поврзани со пријавување на поголе-ма површината од површината на референтната парце-ла и идентификација на двојно пријавени површини и за контрола на самото место.

(2) Податоци од базата на податоци на СИЗП до-стапни само за носителите на земјоделско стопанство се геопросторните податоци од член 6 став (1) и (2) на овој правилник.

(3) Освен податоците од став (2) на овој член, сите други податоци се достапни за пошироката јавност во дигитален формат преку интернет.

Член 13

Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де-нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Бр. 22-7099/6 Министер за земјоделство, 30 ноември 2011 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

________ КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3829.

Врз основа на член 227 став 4 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македо-нија“ бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010 и 135/2011) Комисијата за хартии од вредност на Република Маке-донија, на седницата одржана на 15.11.2011 година, до-несе

Т А Р И Ф Н И К

ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТАРИФНИКОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕ-СТОЦИТЕ ШТО ГИ НАПЛАТУВА КОМИСИЈАТА

ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Член 1 Во Тарифникот за утврдување на висината на надо-

местоците што ги наплатува Комисијата за хартии од вредност бр.03-2989/1 од 06.12.2010 година и бр.03-1629/1 од 01.07.2011 година („Службен весник на Ре-публика Македонија“ бр. 169/2010 и 94/2011), во член 1 во табелата ,,Други приходи’’, се додава нова точка под реден број 2 ,,Надомест за разгледување и одлучу-вање по поединечно барање за одобрение за издавање акции поднесено врз основа на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на позајмици во траен влог во друштвото АД Органско хемиска индустрија „,Наум Наумовски-Борче Скопје“, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2011)", а во колоната ,,Висина" се додаваат зборо-вите ,,10.000 денари".

Член 2

Овој Тарифник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб-лика Македонија“, а ќе се објави по добивањето на сог-ласност од Владата на Република Македонија.

Бр. 03- 2655/1 Комисија за хартии од вредност 15 нoември 2011 година на Република Македонија Скопје Претседател, Марина Наќева-Кавракова, с.р.

www.slvesnik.com.mk [email protected]

Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.-Скопје бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефон: +389-2-55 12 400. Телефакс: +389-2-55 12 401. Претплатата за 2011 година изнесува 10.100,00 денари. „Службен весник на Република Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД - Скопје. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ, Скопје.