karpos urban 11

36
КАРПОШ УРБАН БРОЈ 11 СЕПТЕМВРИ - ОКТОМВРИ 2011 ОПШТИНА КАРПОШ 1 Информатор на Општина Карпош, септември-октомври 2011 година / број 11 / година 2 Славиме ЈУБИЛЕЈ ПОСВЕТЕН СУМ НА КАРПОШ ИНТЕРВЈУ : СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ

Upload: opstina-karpos

Post on 27-Mar-2016

239 views

Category:

Documents


16 download

DESCRIPTION

Javen Vesnik na Opstina Karpos

TRANSCRIPT

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 1

Информатор на Општина Карпош, септември-октомври 2011 година / број 11 / година 2

СлавимеЈУБИЛЕЈ

ПОСВЕТЕН СУМ НА КАРПОШ

ИНТЕРВЈУ : СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАРПОШ

2 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

ИЗДАВАОПШТИНА КАРПОШ

ул. Демир Трајко бб1000 Скопје, Република Македонија

тел. 02/3061-353факс 02/3071-040

[email protected]

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ:СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ,

ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ,

ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК:

ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: ЈАСМИНА АРСОВА ЧАШУЛЕ

ЛЕКТУРА:АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА

ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИФОТОГРАФИЈА:

САША РАМАНОВ, ЗЛАТКО ЧЕГАР И

МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА,

СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА ИМИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

Во овој број

ИНТЕРВЈУ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ГРАДОНАЧЕЛНИК НА

ОПШТИНА КАРПОШПОСВЕТЕН

СУМ НА КАРПОШ

ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ

16-17

ДOНИРАНИ 348 ЕДИНИЦИ КРВ 24 -25

СТИПЕНДИРАНИ ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА УЧЕБНАТА 2011/2012 28 -29

8 - 10

ГРАФИЧКА МАПА„12 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ“ 18 - 19

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 3

Почитувани сограѓани,

На 3. ноември е роденденот на нашата општина. Овојпат тој датум за нас е од посебно значење–славиме јубилеј! Карпош годи-нава одбележува 35 години од своето постоење. Триесет и пет го-дини постоење можеби е релативно краток временски период за опстојувањето на една единица на локална самоуправа, наспроти постоењето на некои вековни општини, жупании, губернии кои зад себе пишувале истории. Но, нејсе, сепак, тоа е доволно долг период, и тоа многу значаен период во животот на еден човек, дури и повеќе, во животот на илјадници карпошовци. За изминатите 35 години додека растеше општината, се пишуваа животните истории и се сменија гене-рации и генерации нејзини жители. На ова мало парче земја, од кога се формираше општина Карпош, до денес се родија стотици, илјадници карпошовци, нережани, трнодолци кои тука пораснаа, тука созадоа семејства, тука остареа. Тоа беа децата од нашата улица, кои безгрижно трчаа по широките ливади од таа страна на Вардар, кои крадеа кајсии од Нерези, кои се капеа во Вардар и ловеа риби во Лепенец, а навечер ги „шпар-таа“ ретките улици во Влае и Тафталиџе. Но, Карпош растеше, а со него и неговите поколенија. Тоа се истите некогашни деца кои сега се инженери, што ја издигаат и ја разубавуваат општината, професори, доктори, уметници, музичари и политичари, кои градеа свои лични кариери, но кои, градејќи се себе ја градеа и општината во која живеат, станаа нејзин бренд и нејзин еквивалент. Сега Карпош по нив се познава.

Конечно, Карпош сме сите ние заедно. Точно 35 години Карпош и неговите граѓани се нешто испреплетено и нераскинливо. Затоа што нема општина без граѓани, а и граѓаните без општина се како бездомни, ничии и сечии.

Во овие три и пол децении со нашата Општина управуваа десеттина градоначалници. Од први-от претседател на Собранието на Општина Карпош, Ристо Попески, потоа Јован Цубалески, Кирил Алксовски, Митко Велков, до Војче Кушевски, во време на делегатскиот ситем. Пруларистички Карпош почна со претседателот на Општина Карпош Владимир Станковски, за потоа да почне периодот на градоначалници со Сашо Кузмановски, Стевчо Јакимовски, Андреј Петров, накратко и Саша Димиќ за повторно, денес, да го имаме за градоначалник Стевчо Јакимовски.

Секој од нив, секој општински татко поединечно, зад себе остави трага од своето работење во Карпош. Секој од нив се обиде да стори најдобро што знае и умее за своите граѓани. Нашиот сегашен градоначалник е единствениот од десеттемина кој доби доверба од граѓаните во втор на-врат да ја менаџира општината, што несомнено е привилегија, но и обврска. Двојната доверба од карпошовци значи дека тие веруваат дека тој знае што, како и колку им треба на неговите граѓани и како најцелисходно и најдомаќински да ги троши нивните пари. Така и почна приказната за за-емната љубов и доверба и таа од ден на ден се потврдува и се оправдува. Карпош е се поурбана општина, општина која како што си вети општинскиот татко на почетокот на вториот мандат, во 21 век не смее да остане со ниту една септичка јама, со ниту метар неасфалтирана улица. Градбата почна и таа тече. Никнаа километри нова атмосферска, фекална канализација, илјадници кило-метри нови асфалтирани улизи, нови паркиралипшта, тротоари. Добивме три целосно реконстру-ирани училишта, што се вели од корен, и уште толку делумно.Во училиштата вложивме само за една година над 2,5 милиони евра. Донесени се грст урбанистички планови, влегоа голем број инвеститори. Карпош се гради, Карпош напредува. Но тоа не е крајот на приказната. Тоа е поче-токот. Карпош сега стартува со нов европски, урбанистички изглед, нов имиџ на една напредна општина. Со локална самоуправа каква што ја избраа граѓаните, по своја мерка, и свој тертип. Онаа што секогаш има уво и чувство за сите потреби на младите, талентираните, учениците, на возрасните , оние во зрело доба, за социјално маргинализираните, сиромашните, болните и оса-мените. За сите нив,локаланата самоуправа ги држи вратите широко отворени. Тоа е нивниот втор општински дом, до кој се доаѓа по еден изгазен и добропознат трасиран цели 35 години. Тој пат води кон иднината, а Карпош има иднина!

Виолета Цветковска Главен и одговорен уредник на „Карпош урбан“

4 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

И денес, на 35-от роденден на на-шата општина, како и секогаш досега, со задоволство се навраќаме на 3-ти Ноември далечната 1976 годинаа, де-нот кога таа е формирана, на првите

нејзини почетоци, на многуте планови и резултати .

Ги паметиме и споменуваме и луѓето коишто со огромен ентузијазам и силна посветеност ги започ-нуваа тие први чекори на својата општина. Некои од нив, на наше особено задоволство, се сеуште тука, меѓу нас, и со занес и гордост ни зборуваат за тоа време. Такви се и денес, на крајот од својата работна кариера. Тие, и многу други како нив, оставиле си-лен печат и белег и со своето однесување, и со својот однос кон работата, но и со нивните резултати во развојот на Општина Карпош. Вистински примери што треба да се следат. Затоа, и сега и во иднина, со пиетет ќе ги споменуваме и ќе зборуваме за нив.

Сите овие изминати години, ќе забележат хронича-рите, се години на незапирлив растеж. Но в и те мо-дерни градби, булевари, улици, тротоари, пешачки патеки, детски и фудбалски игралишта, водоводи и што уште не, континуирано го менуваат ликот на Карпош. Го препознаваат тоа сите. И оние кои што живеат и работат тука, но и добронамерните посети-тели. Сите тие ќе ви речат дека во Карпош постојат извонредни услови и дека е тоа посакувано место на живот.

Без лажна скромност, на сите нас кои што сме де-нес во Општина Карпош ни ласкаат таквите оценки. Ги прифаќаме и добронамерните критики и забе-лешки затоа што во Карпош секогаш има простор и за нови идеи и за наше уште поголемо ангажирање. Затоа настојуваме таквите укажувања да бидат дел од нашите проекти.

Оттаму, со право може да се каже дека сите овие 35 години Општината Карпош е во постојан развој, со резултати за особен респект и почитување. Тие се потврда на исправниот пат и силен поттик за на-редните наши чекори.

Впрочем, во таква работна атмосфера го до-чекуваме и овој 35- годишен јубилеј на нашата општина. И годинава, како и претходните, според она што досега успеавме да го сработиме, ќе ни биде плодна и бериќетна. Реализиравме бројни проекти во речиси сите сфери. Сведочат за тоа ре-конструираните улици, тротоари, новите паркинг-простори, новите детски и фудбалски игралишта, реконструираните основни училишта и градинки, донесените урбанистички планови, но и бројните други проекти од областа на локалниот развој, животната средина, образованието, културата и спортот, хуманитарните и крводарителски акции... Така секојдневно. Според потребите и барањата на граѓаните. Општина Карпош е нивна и тие со право очекуваат таа да придонесе да се решат нивните потреби и барања, а Карпош и во иднина да биде привлечно и сигурно место на живеење на сите.

Токму поради тоа, наша најважна цел беше и останува граѓаните на Карпош да бидат секогаш задоволни, а притоа да им биде обезбедена квали-тетна, навремена и ефикасна услуга.

Затоа, во Општина Карпош ќе бидете љубезно пречекани, а Вашите барања ќе добијат брз одго-вор, најчесто и пред роковите утврдени со закони-те. Постојана гаранција за тоа се искуството, компе-тентноста, стручноста, посветеноста и ентузијазмот на луѓето што работат тука. Без тоа, се разбира, тоа ќе биде неможно. Гаранција за тоа е воведувањето на Системот за управување со квалитет според меѓународните стандарди ИСО 9001:2008, за што Општина Карпош го доби и меѓународниот сер-

Карпош 1936/2011

Пишува: Владо Поповски,Секретар на Општина Карпош

Пред нови предизвици

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 5

тификат за управување со квалитет во делот на Развојот и давањето на услуги во надлежност на локалната самоуправа. Тоа е потврда на нашата досегашна работа, но и постојана обврска и одго-ворност за подобрување на квалитетот на нашите услуги и на системот за управување со квалитет.

Заради сето она што досега е постигнато, со право Општина Карпош се вбројува во редот на најтранспарентните и најдобрите. Така велат и истражувањата, но и нејзините граѓани.

Но, пред сите нас овде, во Општина Карпош, во времето што доаѓа претстојат уште многу анга жи-ра ња, нови планови, програми, проекти. Уште мно-гу потреби и барања од граѓаните треба да бидат преточени во практиката. Досегашните резултати, визии и планови на раководството на Општината и нераскинливата врска со граѓаните се довол-на гаранција дека и во иднина овде ќе се бележат успешни резултати. Ќе има уште многу нови рекор-ди и постигања. Независно од пречките и тешко-тиите, подготвени сме да истраеме на тој пат и на предизвиците на времето. Со уште поголем чекор и посилен ентузијазам. Нека ни е честит Јубилејот!

ПочетоциОпштина Карпош е формирана на 3 ноември 1976 година со Законт за формирање на Општини на Град Скопје и за утрвдување на нивните подрачја (Службен Весник на СРМбр. 8/76).Најголемиот дел од подрачјето на кое е формира-на општината го носела името Карпош кое е за-едничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на македонскиот народ :Карпош – војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумоановскиот крај и се борел против турските феудалци – паши (Карпошево востание) и Христијан Тодоровски – народен херој на Македонија од НОВ и легендарен партизански командант во североисточна Македонија. Тој храбро загинал на 7 февруари 1944 година, во борба против фаши-стичката полиција во селото Билјача.

Генерални податоциОпштина Карпош претставува составен дел од Градот Скопје , т.е. е една од десетте скопски општини.Општина Карпош е поделена на 14 единици т.н. месни заедници , од кои 12 се урбани единици, а само две (Бардовци и Горно Нерези) се рурални единици.Површина : 35 km2

6 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Некогаш...

СДУ Ѓeорѓи Димитров

Градинка

ООУ Лазо Трповски

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 7

...и сега

бул. Партизански Одреди

Поликлиника Букурешт

Населба Тафталиџе

8 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Интервју: Стевчо Јакимовски, Градоначелник на Општина Карпош

Јубилејот на Општина Карпош прославува редок јубилеј, прет-ставува убав повод за разговор со нејзиниот прв човек, госпо-динот Стевчо Јакимовски, кој, спо ред мислењето на нејзините граѓани е еден од најуспешните градоначалниици во нејзината три и пол децениска историја.

Урбан: Како човек кој најдолго раководи со Општината, како најкратко би ја претставиле нејзината полна зрелост ?

Јакимовски: Секој јубилеј е значаен, а особено јубилеј во којшто се постигнува полна зрелост, како што се 35 годи-ни од постоењето на Општина Карпош. Карпош, во најголем дел е изграден по земјотресот во 1963 година, меѓутоа, како што е евидентно, генерации-те кои што ја изградиле и оние потоа, грижливо се однесуваа кон потребите на граѓаните на Општина Карпош, која стана си-ноним за односот на локалната самоуправа кон граѓаните и е една од водечките општини во Република Македонија. Ние сме задоволни што во неа живеат задоволни граѓани кои имаат најдобро решени инфраструк-турни проблеми, што неврабо-теноста е најмала во земјава, што можат да се пофалат дека живеат во чиста општина, а најмладите, учениците да се горди што учат во најсредени училишта.

Урбан: Што уште недостасува Општината вистински да го заслужи епитетот модерна?

Јакимовски: Она што не-достасува е локалната само-управа да има поголеми ин-

Посветен сум на Карпош

МОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ОПШТИНАТА КАРПОШ МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ НА „ПАРТИЗАНСКА„. ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА ТАА, ТАКА ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДААТ СИТЕ УЛИЦИ ВО КАРПОШ; ДА ИМАМЕ ШИРОКИ БУЛЕВАРИ, ТРЕВАТА ДА БИДЕ ЗЕЛЕНА И СЕКОГАШ ИСКОСЕНА, СЕКОЈА ЗГРАДА ДА ИМА НОВА ФАСАДА... НАМЕСТО 16 ОТСТО ДА ИМАМЕ САМО ШЕСТ ОТСТО НЕВРАБОТЕНИ. ОНИЕ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ ДА ЖИВЕАТ ВО КАРПОШ ДА ПОСАКААТ ЗА СЕКОГАШ ДА ОСТАНАТ ТУКА

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 9

геренции, да не ги делиме со градот Скопје и да не зависи-ме од милоста на Владата на Република Македонија. Иако Општина Карпош е во немилост на Владата, сепак ние успешно ги разрешуваме проблемите на граѓаните и напротив, ние во секој поглед, во однос на дру-гите општини одиме напред: во поглед на урабаното живеење, културата, спортот, образова-нието.Карпош навистина е оп-штина за пример.

Урбан: Како ја стекнавте оценката на јавноста дека сте најуспешен градоначалник во државата?

Јакимовски: Најпрвин на еден човек некоја работа треба да му „легне„ , да има дарба за таа работа и трето, да се биде посветен на работата. Мислам дека е неподелено мислењето дека локалната самоуправа на чие чело сум е целосно по све тена на решавањето на проблемите на граѓаните на Општина Карпош.Притоа ,треба да се има слух за нивните потреби, да се одобруваат вистинските проекти, да се разрешат вистинските пробле-ми на граѓаните и во исто време треба да се знае да се организира и да се менаџира локалната самоуправа и фи-нанси ските конструкции, и секако, да се биде „цел човек“ во градоначалничка фотеља. Секаква поделеност нема да даде резултати какви што се, евидентно, резултатите што заедно со мене ги постигнува ангажираниот тим.

Урбан: Со привилегиите во два мандати одат и обврските. Дали веќе не сте заморен ?

Јаимовски: Да. Ова е поголе-ма обврска отколку што беше првиот мандат, бидејќи по две-

иполгодишна пауза и моето министерување, граѓаните по-вторно ми ја дадоа довербата. Искрен да бидам, почесто има одредени ситуации во коиш-то некои барања од граѓани или од пријатели се косат со моралните норми и интереси-те на граѓаните.Тогаш морам да пресечам и да ги одбијам. Јас секогаш велам: и Господот и граѓаните повторно ми ја дадоа довербата да ја водам Општината,а притоа, ако се знае дека нашата општина има 63 илјади жители, не се штедам да им возвратам и таа доверба целосно да ја оправдам.

Урбан: Два пати бевте министер, во два мандати сте градоначалник. Во позиција сте да направите споредба помеѓу тие две функции.

Јакимовски: Министе рување-то е и чест и задоволство, огромно искуство и мислам дека се снајдов во таа улога иако бев министер во исклучи-телно тежок период,во посткон-фликтна Македонија,етнички поделена, меѓународно раз-небитена, во период со негати-вен раст на БДП, во време кога се затворени 40 загубари....

Но,морам да бидам искрен и да признам дека функцијата градоначелник носи поголе-мо задоволство бидејќи дава можност да направите нешто добро за граѓаните. Улогата на министер, особено во земја која е во транзиција,значи, лошите работи што се прават, кои што се викаат реформи, да ви до-несат сериозни главоболки.Меѓудругото, и поради тоа што реформите понекогаш значат од некој и од некаде каде што има повеќе да земеш, а никому да не даваш. Улогата на градо-началник е поинаква, и на оној што ја врши таа функција му дава можност конкретните ра-боти полесно да ги решава, и тоа е веднаш видливо. Работата на министер, добра или лоша, најчесто може да се види многу подоцна.

Урбан: Има ли државни прописи кои ја попречуваат целосната самостојност на локалната самоправа?

Јакимовски: Има, но тие во-општо не ни влијаат. Ние во нашите планови ја немаме ста-вено поддршката од Владата ниту од било кој друг. Ние се потпираме на сопствените

Среќата на баба Маре Урбан: Има ли настан којшто во повеќегодишното раководење со Општина Карпош, на Вас оставил траен впечаток- настан кој ве трогнал како човек ?

Јакимовски: При вршењето на градоначалничката функција има многу работи на кои ќе се сеќавам и ќе ги паметам. Но, морам да речам дека најголем впечаток секако ми остави средбата со нашата Баба Маре, која при реконструкцијата на улицата „Демир Трајко“, легна пред булдожерот, сакајќи да ја одбрани од уривање нејзината мала куќичка, правена од тули уште на почетокот на минатиот век. Таа не веруваше во нашите ветувања дека ќе и изградиме нова куќа. Кога за кратко време ветувањето го исполнивме, таа, при вселувањето во нова и мо-дерна куќа, беше толку среќна што таа глетка и тој момент ќе го паметам како нешто навистина посебно.

10 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

сили, на сопствените, односно на сретствата на граѓаните и како што гледате на граѓаните на Општина Карпош ништо не им фали. Доволно би било од нив само да не ни попречуваат, а јас како градоначалник га-рантирам дека Карпош ќе биде најнапреден во секој поглед.

Во Карпош има најмала не-вработеност, во Карпош има слобода на движењето и на паркирањето. Во Карпош не гаснат бизнисите, дури и најмалите дуќани живеат. Само прошетајте низ општината и ќе видите дека нема ниту еден оглас „дуќанот се затвора“.

Урбан: Вас, секојдневно, од утро до мрак, граѓаните можат да ве сретнат во обиколка и надгледување на секое катче во Општината. Дали немате доверба во вашите соработници?

Јакимовски: Општинските служби не се на реизбор како мене.Понекогаш тие сметаат дека нивното работно време трае осум часа и дека потоа, тре-ба да си заминат дома кај свои-те семејства. Искрено мислам дека тие се во право, а јас сум тој што по четири години оди на реизбор и што новиот мандат можам да го добијам само спо-ред оценката на граѓаните, како сум ја организирал општин-ската администрација да биде сервис на граѓаните. Јас сум тој

што мора да води сметка, што треба да направиме и дали тоа ќе го направиме доволно брзо, доволно квалитетно и дали ќе ги продуцираме проектите во кои ќе уживаат граѓанита на Карпош, а од тоа зависи дали јас ќе го добијам и следниот мандат или не. Ете тоа е при-чината заради која јас го про-верувам тоа што е изработено

и дали е изработено како што треба. Доколку не е и има про-пусти, а има, особено и по моето укажување, тогаш сум нервозен и лут и тогаш не е добро некој да биде во моја близина.

Урбан: Која е Вашата визија за Карпош ?

Јакимовски: Мојата визија за Општината Карпош може да се види на „Партизанска„. Така како што сега изгледа таа, така треба да изгледаат сите улици во Карпош; да имаме широки буле-вари, тревата да биде зелена и секогаш искосена, секоја зграда да има нови фасади... Наместо 16 насто невработени, колку што се сега, да имаме само шест насто и оние што ќе дојдат да живеат во Карпош да посакаат за секогаш да останат тука. За тоа има при-чани бидејќи за секое семејство во Карпош е важно што има мре-жа од основни училишта, речиси секоја населба има свое училиш-те, има пет средни училишта, три приватни средни училишта, три Универзити... Во Карпош имате места за рекрација и спортување, го имате кејот на реката Вардар, спортски игралишта, театар, уба-ви кафеани, кафулиња ... Имате сé за квалитетно живеење...

На нас останува во овој и во наредниот мандат да сториме се Карпош да биде модерна, ви-стински европска општина.

Урабан: Има ли градоначалникот време за хоби, за сопственото семејство ?

Јакимовски: Морам да ка-жам дека имам хоби, тоа се играњето бриџ и задолжително шетање по кејот.Но,да бидам искрен, за сето друго немам време. Ангажманот што го имам во локалната самоуправа,си има и свои предности и маани, особено што малку време оста-нува за семејството,но таков е животот...

М.Р-В.Ц

Интервју: Стевчо Јакимовски

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 11

Кога велиме дека една општина е навистина убава, средена, урбана, тогаш првенствено мис-лиме на нејзиното инфрастуктурно уредување.Нови и асфалтирани улици, решена атмосферска и фекална канализација, цветни арнажмани долж булеварите, пространи тревни површини, дет-ски игралишта, нови фасади...И сето тоа е дел од бескрајните обврски на локалната власт. Таа, за тоа и добива мандат, а граѓаните очекуваат од неа

секој нивен проблем час поскоро да биде решен. Во Карпош за тој дел е првоодговорен Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи. Тоа се оние луѓе од администрацијата кои се најчество присутни по улиците каде се гради, пред домовите на граѓаните. Тие се ѕвездите на нашето маало. Аспиринот за сите главоболки на Карпошовци. И овие изминати два месеци работеа со „полна пареа“.

Разубавувачи на ликот

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Милан МарковиќИзведувач: Енергомонт

Изградба на рампи за лица со посебни потреби (ТЦ Лептокарија и ТЦ Порта Влае)Изведувач: ДА – БО Компани

Реконструкција – асфалтирање на ул. Просек, УЗ Вале 2Изведувач Пелагонија Инженеринг

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Пијанец и КрчинИзведувач: Енергомонт

Реконструкции

12 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Изведени објекти во периодот септември-октомври 2011 година

Реконструкција со асфалтирање на ул. Вич со крак 1 и 2Изведувач: Сандра инженеринг

Асфалтирање на ударни дупки на јавни сообраќајни површини, сервисни и станбени улици, локални патишта и санации на прекопи на територија на Општинс КарпошИзведувач: ДА - БО Компани

Реконструкции

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 13

Реконструкција - асфалтирање на ул. 10, НерезиИзведувач: Кодинг

Реконструкција - асфалтирање на ул. ЖелевоИзведувач: Сандра инженеринг

Изградба и реконструкција на паркинг простор пред 10 та руска

зграда на ул. Женевска со сервисна улицаИзведувач: Жикол

Изградба и реконструкција на паркинг простор пред станбена зграда на ул. Копинхагенска пред руска зграда број 7Изведувач: Жикол

Реконструкција - асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Џумајска до ул. БратфордскаИзведувач: Кодинг

Реконструкции

14 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Објекти кои ќе се изведуваат во наредниот период

1. Проширување со реконструкција на тротоари на паркинзи на Јуриј Гагарин и Миле Поп Јорданов

2. Реконструкција на тротоари на сервис-на улица во дворот на Општина Карпош

3. Реконструкција - асфалтирање на ул. Копенхагенска

4. Изградба на Новопроектирана улица на потег помеѓу улиците Просек и ул. Сливовска

5. Реконстреукција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3

6. Дислоцирање на постоечките дворни огради со влезни врати и бетонирање на стопи за цокле за нови огради за-ради изградба на тротоари предви-дени со ДУП на ул. Струшка, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“

7. Изградба на атмосферска канализација по крак од ул. Ванчо Мицков

Изградба на заштитна ограда околу објект на О.У. „Лазо ТрповскиИзведувач: Мастеф

Реконструкција – асфалтирање на ул. Џумајска на потег од Миле Поп Јорданов до БратфордскаИзведувач: Транс Мет

Реконструкции

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 15

Дебата

На младите им треба Оп-ш тина која ќе го слушне нивниот глас, која ќе ги

вклучи во процесот на носење на одлуки, која ќе им го поттик-не интересот за учество во со-ци јалниот живот, која ќе им ги отвори портите за волонтер-ска работа, доедукација и која првенствено ќе им обезбеди про стор за нивно собирање и ангажирање. Од другата стра-на пак, на Општината и требаат среќни и задоволни млади луѓе, младинци кои ќе се чувствуваат безбедно, кои со задоволство ќе сакаат да живеат и работат тука, кои ќе основаат семејства и ќе градат кариери токму во Општина Карпош.

Ова се одговорите на двете кл учни шрашања „Каква оп -ш тина им треба на младите? Какви млади и се потребни на Општината?“ кои во орга ни-за ција на Младинскиот обра-зовен форум МОФ и Општина Карпош се одржа во хотелот

„Александар Палас“ во Скопје. Младите учесници во дебата-та Елена Мицајкова, Теодора Столевска,Огнен Јо ка са новски и Сара Кајевиќ, поделени во два тима, афирматорски и не-гаторски се обидоа пред гра-доначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски да ги артикулираат потребите и размислувањата на младите од неколку невладини организа-ции за тоа што всушност тие са каат од локалните власти и како општината (било која, и било каде) да ја направат по-сакувано и пристојно место за живеење. Младите афирмато-ри бараа локалната власт да им обезбеди простор,, ресурси и ментор кој ќе ги води напред, да им обезбеди културни центри, уметнички галерии, неформал-но образование и курсеви по стран ски јазици. Негаторите пак велат: „да тоа ни треба но не е приоритет!Не ни требаат об јек-ти туку да работиме да го зго-лемиме интересот на младите за учество во одлучувањето на локалната власт (на пример по Финскиот теркк на 20 отсто за-стапеност на младите во локал-ните совети на општините) и ни недостасува последната алка од процесот-употреба на стек-натите знаења.

Но што се стори Општина Кар пош за младите, одговори градоначалникот Стевчо Ја ки-мовски.Младите во Карпош се вклучени во сите спортски и

културни манифестации Оп -ш тината секоја година сти-пендира по 100т-на млади и талентирани ученици, млади и талентирани спортисти и фи-нансиски поддржува спортски клубови од нејзинотот подрачје.Отвори четири школи надвор од настваниот процес, за шах, фолклор, за актерска игра и за цртан и анимиран филм. Учи-ли шните спортски лиги во ко-шарка, фудбал, одбојка и од годинава –шах, им се посветени токму ним, а наскоро општината ќе работи на разрешување на просторниот проблем на невла-дините организации во кои пар-тиципираат младите, а ги пови-ка и младите да волонтираат во сите акции кои ги организира Општина Карпош.

Младите на трибината беа за-по знаени и со сите можни начини за комуникација со општината и за тоа што се пра ви општина-та за нивното информирање, од веб страницата, весникот „Кар-пош Урбан“ до учеството во социјалните мрежи: фејсбук, тви-тер, Гугл+, Линкедин и др.

Оваа јавна дебата е исто така беше дел од Програмата за одбележување на јубилејот - 35 години Општина Карпош, но и дел од осуммесечниот проект на МОФ наречен „Фестивал на јавни дебати“ финансиран од Општина Карпош.

В.Цветковска

И младите сакаат да одлучуваатНА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ОПШТИНА КОЈА ЌЕ ГО СЛУШНЕ НИВНИОТ ГЛАС, КОЈА ЌЕ ГИ ВКЛУЧИ ВО ПРОЦЕСОТ НА НОСЕЊЕ НА ОДЛУКИ, А НА ОПШТИНАТА И ТРЕБААТ СРЕЌНИ И ЗАДОВОЛНИ МЛАДИ ЛУЃЕ, КОИ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ БЕЗБЕДНО И КОИ СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ САКААТ ДА ЖИВЕАТ И РАБОТАТ ТУКА

16 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Во поновата историја на Ре п у -блика Македонија со епитет на државник можат да се наре чат и да се пофалат неколку неј-зи ни граѓани. Меѓу таквите, без сомнение, спаѓа и госпо-динот Стојан Андов. Ваквата констатација ја верифицира не-говата животна и работна би о-графија, но и стварноста чии сме современици, во која тој го вло-жи најзрелиот дел од жи вотот.

Од далечната 1960 година, кога во политичкиот живот на земјата влезе како прет се -дател на Собранието на Оп -штина Кавадарци, па до денес, господинот Андов ни за миг- без оглед на околностите, не скршнуваше од патеката на етичките вредности во чие сре-диште се добрината и правда-та. Тој не им робуваше на вос-тановените догми, туку кон нив имаше дистан ца, иманентна на интелектуалец и рационален човек.

Во една пригода, пред некој месец, кога достоинствено за-мина во заслужената пензија, г. Андов инсистираше на фактот

дека имал среќа што нештата важни за животот ги осознал и усвоил во семејството на ка-вадаречките лозари во кое мо-ралните особини биле насле дни као и благородната винова лоза. Тој наук ќе биде прe познатлив белег во неговата петдецени-ска политичка кариера, за секо-гаш овековечен во синтагмата „Човеци, да се разбереме„.

Излишно е во ова пригода да ги набројуваме сите функции што му беа доверувани во вла-дите и партијата на поранешна Југославија, но треба да се по-тенцира дека сите ги извршу-ваше така што секоја следна беше повисока и поодговорна. Од тој период ќе биде запа-метен како најмлад, но и како функционер кој беше во сите реформски тимови и зафати. Бескомпромисен во бранењето на сопствените ставови и идеи во етапната демократизација на неврзаната Југославија и самостојна Македонија, се здо-би со општа почит кај колегите и пошироката јавност.

Сепак, доблесните елемен-

ти на неговата личност дојдоа до полн израз во неизвесните миго ви на созадавањето на не-зависна и самостојна Република Македонија. Кога господинот Андов, заедно со поранешниот претседател Киро Глигоров инси-стираа револуционерниот занес да се прилагоди на она што е „сега и овде„. По изборот за претседа-тел на првиот повеќепартиски Пар ла мент, г. Андов, тој принцип ќе го востанови за државна стра-те гија на Република Ма кедонија.

Во тандем со Глигоров даде не мерлив придонес за мирно-то осмостојување на замјата, трпејќи ги притоа навредите и ударите на оние што мислеа дека „без крв нема држава„.Во тоа време тој ги зададе пара-метрите на мудро раководење со Парламентот на една демо-кратска држава, кои тешко дека некогаш ќе бидат надминати.

Не се памети дека негогаш ја злоупотребил реалнат моќ со која располагал, па ниту во функција на својата писателска дарба, која ја практикува по заминувањето од важните државнички функции.

Во интервјуто за општинскиот весник ќе открие дека е жител на Општина Карпош од доаѓањето во Скопје до денес, и дека може да се пофали оти расне заедно со Карпош. Па дали има поголе-ма препорака за почеста заслу-жен граѓанин на Општината, што во овој миг му ја искажуваат ло-калната самоуптава и граѓаните на Општина Карпош?

Ни преостанува на г. Стојан Андов да му честитаме за таа почест и да му посакаме уште долго да остане нејзин ре-презент, како човек и полити-чар, како оној чие име трајно е вградено во историјата на Република Македонија.

М. Р.

Заслужни граѓани на Општината Карпош

ДРЖАВНИК СО ЧОВЕЧКИ ЛИКСтојан Андов

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 17

Коле Ангеловски е персони-фи кација на филмската и теа-тар ска уметност во севкупна та историја на Република Ма ке до-нија и е еден од ретките за кој таквата одредница важи и во двете спомнати сфери во пора-нешната Југославија. Од каде и да тргнете со набројување на личности од Македонија, чие де ло е вградено во севкупниот постамент на СФР Југославија, не ќе можете да го одминете не-го вото име.

Неговите улоги во антоло-гиските југословенски фил-мови; „Неретва“ и „Сутјеска“ остануваат еталон за филмска креација на одредени исто-риски но и анонимни хероји. Спомнатите ли ко ви се огле-дало и траен по казател за ак-терската виртузно ст на Коле Ангеловски, но истовремено и неизбришлив сведок, дека тоа го постигнал во ти нејџерски години.

Филмската и театарската теорија Коле Ангеловски ќе ја изучува по искуството пред филмските камери, рамо до рамо со филмските бардови, Павле Вуисиќ, Петре Прличко, Бата Живоиновиќ, Борис Двор-ник, Јанез Врховец..., повеќе за да ја задоволи формалната стра на на професијата со која постојано се занимава речиси половина век.

Едноставноста што Анге л ов -ски ја презентира во се ко ја од стотината филмски и театaраски улоги, ја пра ктикува и „во жи во’’, та ка што средбите со не го нема-ат ни ронка од „офи ци јал носта„ што се подразбира за личност со негово ре номе. За себе вели дека е дибидус скоп ско дете и дека жи вотната филозофија ја уче л во поп ското и учителско сe мејство Ангеловски и во не -повторливите скопски ма а ла. Оттаму веројатно по тек нува,

шеретството и пасторалната шегобијност и смеа во него вите филмски и драмски кре аци и, без оглед дали е актер, режи-сер, сценарист или ра скажувач.

Во тандем со неговиот брат Дади и, како што вели неговиот „личен„ актер и најдобар дру-гар Мешко, Агеловски е вир-туозен и народен забавувач, некој што треба да се измисли во средини кои се духовно си-ромашни или преоптоварени со виртуелна стварност.

А секоја, пофална тирада за Коле Ангеловски нема смисла доколку не сте ги гледале него-вите филмови, драмски ролји и режии на антологиските, урне-бесни комедии „Болва во уво „ и „Викенд на мртовци... Оние што добро го познаваат велат дека е „незгоден„ кога ќе реши да работи, дека ништо не пре-пушта на случајот и за евенту-алните утки не бара виновни-ци туку прстот го свртува кон себе. Велат уште дека со сме-ата управува како маѓепсник, дека е прочуен по шеги на своја сметка и дека пее поубаво од брат му Дади.

Тој е француски зет кој, по една случка со таткото на женаму Жана, научил дека вино со вода не се меша, во спротивно може и ќотек да се изеде. Носталгијата за скопскиот маалски живот од педесетите и шесетите годи-ни на минатиот век, ја лечи во селски амбиент, во Леуново, во куќичката што ја купил на шега во една кафеанска теревенка.

Доколку сакате лесно да го на-лутите, започнете муабет за по-литика на тема „наши„ и„нивни„. А ако сакате негова искрена на-клоност, само спомнете му ги дечињата и кучињата За нив мо же да ви држи предавање и при-знава дека ги сака бидејќи, како што вели, тие се чиста љубов.

Ако на сето ова му додадете дека Никола Коле Ангеловски е жител на нашата општина, ќе ви стане јасно зошто е Карпош и урбан и духовен шампион во рамките на нашата држава и колку е убаво што е и тој меѓу избраните за почеста заслужен граѓанин на Општина Карпош.

М.Р.

Заслужни граѓани на Општината Карпош

Коле Ангеловски

КРАЛОТ НА СМЕАТА

18 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Графичка мапа

12 величествениОпштина Карпош ја издаде својата прва графичка мапа од делата на дванаесетте македонски ака-

демски сликари -сите жители на општина Карпош. Овој грандиозен уметнички проект е во заедничка соработка со асоцијацијата ‘‘Икон’’.

Доне Миљановски

Илија Кафкалевски

Симон Шемов Родољуб Анастасов

Глигор Чемерски

Нове Франговски

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 19

Графичка мапа

Цане Јанкуловски

Ставре Димитров

Душан Перчинков Васко Ташковски

Таки Павловски

Владо Аврамчев

20 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Тој е жива историја на Општината Карпош, оној што со неа ги прележал нејзините детски болести, што рас-тел, се радувал и тагувал

со неа. Оној, што може да ја пофали кога е за фалење и да и забележи кога ќе скршне, урбано и идеолош-ки. Таквото право, господин Трифун Трифуновски, сега веќе легендар-ниот Трифе, никој не му го подарил ниту му го доделил. Таквото право се заслужува и е привилегија за ретки луѓе, оние што се издигнуваат над секојдневните општествено политич-ки тривијалности.

Сега, кога неговата Општина може да се пофали со потполна зрелост, впрочем го слави својот 35. роденден,, тој мирно се подготвува службено да се збогува со неа, си-гурен дека повеќе нема потреба за грижа. Со едвај забележлива тага во гласот и очите, признава дека сите убави нешта, во животот и работата му ги должи на неговиот Карпош.

Она по што Трифе се издвојува од заслужните врсници на Општината Карпош, секако е неверојатната вистина дека сите 35 години бил во врвот на нејзиното раководство, или

како што ќе рече самиот, и „во едноумието»и во „безумието». Ако со таков континуитет ретко кој може да се пофали, се наметнува логично прашењето, како е можно во една динамична општествено политичка институција, некој да се одржи на врвот толку години? Одговорите што ги дава практика-та не се во доменот на природата на Трифун Трифуновски, бидејќи според сведочењето на негови-те подредени и надредени, не го „краси итрината, а уште помалку сервилноста.“

- Вие не сте ни прв ни последен што ми го поставува ова прашање. Сега, повеќе од кога и да е порано, во позиција сум да дадам реален одговор. За жал, тоа е истиот оној што го дадов пред пет години, односно секаде може да се опстои ако знаеш да ја вршиш доверена-та работа, ако истата ја сакаш, ако можеш да ги разбереш приликите и луѓето во нив и најпосле, ако си на страна на вистината, без оглед дали таа ја застапува оној од кого зависиш. Освен тоа, јас никогаш и никому не се натурав. Тие што ме бараа и бираа, сигурно тоа не го правеа заради мојата убавина, вели најдолговечниот службе-ник и функционер во Оп ш ти на Карпош.

Доволно е да се рече дека точно десет мандати, бил секретар на Општината и раководител на разни тела во неа и дека денес е претсе-дател на Советот на Општината, па да се сфати суштината на напред кажаното. Дури и навлегување во детали во сите негови бирања на раководни и одговорни работни места, ни најмалку не би ја нару-шиле човечката постојаност на г. Трифуновски.

Признава дека преку глава пре-турил се и сешто, дека имал недо-

раснати и неодговорни шефови, дека соработувал со врвни поли-тичари-интелектуалци, оние што се искачиле на врвот на државната власт, но дека ниту со еден од нив не се замерил, ниту е посебно бли-зок, како што може да се подраз-бере. Од неговата уста тешко из-легуваат пофалби, а уште потешко навреди.

Вели дека е „слаб́ ́ кога е во прашање актуелниот градоначел-ник Стевчо Јакимовски, бидејќи смета оти токму тој ги поместил границите во раководењето со една голема општина, посебно во претходниот мандат, кога вкупни-те околности биле посложени.

Се воодушевувам на неговиот ентузијазам и ене р гијата што ја троши, но му забележувам што тоа го прави наместо оние кои се за тоа платени и одговорни, а не се вклопуваат во стандардите што тој ги креира и практикува.

М. Раденковиќ

ЖИВА ИСТОРИЈА на Општина Карпош

Паметат со Карпош

Оние кои ги помнат по-четоците на Карпош како самостојна општина и кои ја пишуваат нејзината хро но-логија речиси од самите по-четоци, полека ја исполнува-ат својата работна зрелост, и едни по други заминуваат во пензија. Оваа година тоа е Радмила Кранго, потоа на ред е Даница Мартиновска и Дубравка Таневска, па доаѓаат Марика Тодоровска и Снежана Радуловска, за да на крајот од „карпошови те доајени“ доаѓаат Јелка Савиќ Тасевска, Дафина Банди лова и Оливера Груев ска

Растевме заедно

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 21

Растевме заедно

- Ваќе ја чувствувам но стал-гијата, бидејќи освен што овде го поминав целиот работен век, Општината ми беше втор дом, вели нашата колешка Радмила Кранго, на денот на заминување во заслужена пензија.

Има ли поголема и поубава сим-болика од тоа работниот век да ви се совпадне со прославувањето на 35 годишнина на институцијата во која сте работеле?! Со такво совпаѓање, може да се пофали Радмила Кранго, долгогодишeн работник во администрацијата на Општина Карпош. Со колеш-ките и колегите од општинската архива се збогуваше на својот роденден, неколку дена пред 35. роденден на Општината, па раз-делбата беше „зачинета” со торта и роденденски подароци.

Скромна и ненаметлива, велат, Радмила на генерации општин-ски активисти и административ-ци била пример, секогаш подгот-вена да помогне и да посоветува, а на странките да им го олесни патот до бараниот документ.

- Целата филозофија лежи во личниот приод кон работа та и обврските, вели госпоѓа Рад-мила, и додава: Доколку ја сакате работата, полесно се справувате со обврските, па згора на тоа ако имате среќа да работите во ам-биент на истомисленици, тогаш можете да се сметате за среќна и исполнета особа. Јас можам да се пофалам дека заминувам во пензија со такви чувства.

Инаку, на прстите од една рака можат да се избројат слу-жбениците во општинската ад ми-ни страција кои целиот ра ботен век го поминале во неа. Нашата славеничка во Општината се вра-ботила во далечната 1977 година, а тој животно важен настан го па-мети по една анегдотска случка.

- Тоа и не е за кажување, но се сеќавам, кога ја земав телефон-ската слушалка со намера да се

јавам дома и таа радосна вест да им ја соопштам на домашни-те, мозокот, од возбуда, наеднаш ми се укочи, никако не можев да се сетам на домашниот телефон-ски број. Бидејќи ми беше срам да им признаам на присутните колешки, реков дека подоцна ќе се јавам...

Инаку, ние тогаш имавме среќа да се вработиме во колектив во кој немаше никакви поделби и потенцирање на хиерархијата, но имаше многу работа. Бидејќи го подготвувавме материјалот за седниците на Советот на општин-ското Собрание, во кое тогаш имаше 127 делегати, во работата ни помагаа и функционерите...

Кога ме прашувате кој од функционерите ми оставил тра-ен впечаток, со задоволство мо-жам да истакнам двајца од нив, а тоа се Трендафил Ивановски и Стевчо Јакимовски. Од првиот, многу научив, а го паметам и по тоа што велеше; кога немате ра-бота земете и читајте било што бидејќи само со читањето може-те да се надградите како лично-сти. Актуелниот градоначелник ќе го паметам како човек кој во нашата Општина внесе невиден

ентузијазам и не се штедеше ниту себе си, ниту нас, Општина Карпош да биде она што е денес, веројатно една од најуредените и најмодерните општини во државата.

Госпоѓа Кранго со блага на-смевка на лицето ги евоцира спомените и вели дека е воспи-тана лошите работи да ги трга на страна, а на добрите да се сеќава и да раскажува за нив. Вели дека во трииполдецениската кариера на општински службеник, како лоши ги памети времињата пред распаѓањето на заедничката др жава.

Заминувањето во пензија го смета за природен настан во сечиј живот и во неа заминува горда на својот придонес за сев-купната физиономија на општин-ската администрација.

- Веќе ја чувствувам но с тал-гијата, бидејќи освен што овде го поминав целиот работен век, Општината ми беше втор дом. Од утре ќе имам многу повеќе време за некои други работи, за семејството, за внуците за читање убави книги и за шетање. Ќе го зе-мам сопругот под рака и ќе се ше-там низ градот, бидејќи со години не сум излегувала. Сега ќе имам време, опуштено, да го разгле-дам целиот град и да видам што се сменило во него, во однос на времињата кога бев млада...

На младите колеги и колеш-ки, и вопшто на младите луѓе, би им порачала многу повеќе да учат и да се образуваат и да ба-раат работа која ќе ја работат со љубов, бидејќи само така, еден ден ќе можат да го почувствува-ат она што јас сега го чувствувам, заминувајќи во пензија.

Редакцијата на весникот „Урбан„ на Радмила Кранго, и посакува пензионерскиот век да и трае колку што и траеше и работниот век во Општина Карпош.

М. Раденковиќ

Горда сум на својата општина

22 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Архивата е срцето на администрацијата.Со новата поставеност во Општината, сега граѓаните полесно и побрзо можат да ги завр-шат административните работите, поврзани со промените во сите сфери на живеење.

По заминувањето на Радмила Кранго во заслужена пензија, ветеранската палка во администрацијата на Општина Карпош ја презе-ма госпоѓа Оливера Груевска. По сплет на живот-ни околности, и раководителот на Одделението за стручно административни работи, Груевска во општинската администрација се вработила во 1977 година и како што вели, ако Господ даде, во пензија ќе си замине за некоја година, и како нејзината колешка Радмила, ќе може да се пофа-ли дека целиот работен век го поминала во една институција.

- Навистина, треба да се има и среќа триипол децении да се работи на едно место, но и многу други нешта без кои таквиот континуитет не е можен. Колку и да звучи чудно, ќе кажам дека времето кога јас се вработив во Општината, многу наликува на денешниве прилики. И то-гаш вработувањето беше тешко, но оние кои имаа среќа да се вработат, не беа изложени на стресови, како што е тоа денес.

Ентузијазмот со кој ние тогаш им приоѓавме на работата и обврските е нешто на што со гор-дост се сеќавам. Без оглед што во Општината и посебно во овој сектор, во Архивата, секо-гаш имало многу работа, во моите почетоци колегијалноста беше недвосмислена. Немаше моја и твоја работа, туку, кога ќе требаше, сите работевме се и многу полесно си ја завршував-ме работата. Оливера работела во повеќе сек-тори и општинската администрација ја познава

од сите страни.Вели дека некогаш, пред три децении, било

много потешко, бидејќи главните алатки при работа биле машините за чукање и леген-дарниот гештетнер, направа за умножување на материјали. Денес е многу полесно, вели Оливера, а благодарејќи му на градоначални-кот Стевчо Јакимовски, ние постарите адми-нистративци, пред десетина години добивме можност и се обучивме за работа со компјутер, што повеќекратно ни ја олеснува работата, осо-бено во Архивата.

Зборувајќи за Одделението со кое денес ра-ководи, госпоѓа Груевска смета дека треба да биде задолжително, секој новопримен колега, работата да ја започне токму во Архивата, која е срцето на секоја администрација.

- Бидејќи растев со Општината, сум ги дожи-веала и преживеала сите нејзини трансформа-ции. Груевска со нагласено уважување зборува за сегашното раководство на локалната само-управа во општината.

- Гледано од страна, ова што ќе го кажам може да се протолкува како пристрасност, но е вистина. А вистина е, дека во првиот мандат на сегашниот градоначалник г. Јакимовски, започна вистинска трансформација на оп-штинската администрација. Тој, во Општината донесе ентузијазам кој практично може да се види во денешниот изглед на нашата Општина. Уредениот кеј, реновираните улици, училишта-та и новите спортски игралишта, тротоарите и зелените површини се вистинското огледало на работата на целото раководство, па и на оп-штинската администрација.

Инаку, што се однесува до внатрешните одно-си во моето одделение, тие се, како и секогаш, целосно во функција на граѓанинот.Со новата поставеност во Општината, сега граѓаните полесно и побрзо можат да ги завршат рабо-тите, поврзани со промените во сите сфери на живеење. Сега роковите за добивање на каков било документ се драстично скратени, така што нема турканици и нервози, како порано.

Моето задоволство е потполно бидејќи рабо-тата целосно ме исполнува, особено што сите ние доверената работа си ја извршуваме на рамништето на барањата и стандардите што во Општина Карпош ги востанови нашиот градо-началник, заклучува Груевска.

М.Р.

Работата ме исполнуваРастевме заедно

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 23

Растевме заедно

Како што Шарл Де Гол го имал до себе Андре Малро, па бил тоа што бил, така и Општина Карпош ја има својата Данче, па е она што е, една од нај-ус пе шните локални заедни-ци во Република Македонија Вза емната врска на Данче и Општината Карпош, приказ-на која трае 35 години и е све док на нивната совршена ко ег зистенција.

За возрасните администра-тивци таа е едноставно Дан че, а за младите тетка Данче. И за едните и задругите зедничко е што таа е синонимот на општи-ната, нишката ко ја поврзува генерации и генера-ции. Таа полека станува персонификација на една институција.Но што беше таа во изминатите 35 години? И младите и поискусните се едногласни. Таа е гуру во протоколот. Нема свечена седница, нема забава, нема прослава или манифестација да мине без неа. Како волшебни кот од Оз. Секаде ја има нејзината невидлива трага. Од сценариото до редослед, од распоред до сместување, од из-бор на знаме до цветен аражман, сето тоа мора да го обмисли прво она. Таквата привилегија ја има нашата Данче, онаа симпатична дама која во ниедно време ќе ви тропне на врата да ви пода-де покана или да ве извести за некој настан, спо-ред неа важен за нејзината и нашата Општина. Тоа е онаа дама, која и при случајна средба, она-ка во од, со насмевка, ќе ве потсети дека утре е Ден на Општината, ден за гласање или некак-ва друга културна и хуманитарна акција. Тоа е онаа госпоѓа, која и со температура, ако може и ако смее ќе ја дарува последната капка крв за нејзиниот Карпош да го собори или да го подобри државниот рекорд.

И така, полни 35 години, во делниците и празни ците, лете и зимe, без наметнување и вре-ва, без поза и горделивост Данче пишува дел од историјата на Карпош. Но, Карпош има иднина. Тоа се младите кои тетка Данче најмногу ги сака и во кои најмногу вложува.

- Верувам,во нив, затоа што гледам дека до-аѓаат млади, образовани и многу способни кадри. На нив со задоволство им пренесувам дел од мо-

ето ис куство, од моето умеење, затоа што само така знаењето и умешноста продолжуваат, а со тоа Карпош се подмладува и оди напред. Со нив е задовол-ство да се работи, а се надевам дека и ним им е задоволство да работат со мене.

Кога не е на терен, кога ќе ја снема од нашиот видокруг, знај те дека таа, во своето ра-ботно катче, во својство на шеф на протокол, подготву-ва „викторијански» пречек на гости, сценарио за свечeна седница, прослава на јубилеј или некоја важна општинска

манифестација. Оттука, и честите повици од ко-легите од збратимените општини Данче да им го напише „рецептот како некој важен чин би бил бес-прекорен и на рамниште со неговиот повод.

- Така било судено, ќе рече, потенцирајќи дека Општината и е живот, дом и семејство, амбиент во кој жи-вее. Сепак, како што вели самата, најголемата награда ми е кога некому нешто ќе помогнам или со нешто ќе го израдувам. Тоа е онаа човечка сатисфакција која сите не исполнува. Признава дека, по сплет на околности, имала привилегија во оп штинската администрација постојано да биде до нејзините челници, од кои пак учела да биде точна, трпелива и исполнителна, што и да работела и за што и да се работело.

Ако сте настојчиви, и ќе ви ги спомне: Јован Цубалевски, Никола Кацарски, Трендафил Ива но-вски, Сашо Кузмановски, Владимир Станковски, Андреј Петров... челниците на Општина на кои им била десна рака, а кои и во Општината и на неа оставиле неизбришлива трага.Но, сепак со посебен пиетет го спомнува легендарниот Трифе, нашиот и нејзиниот Трифун Трифуновски, бардот со најдолг функциионерски стаж во Општината.

Данче признава дека слабост и бил градоначал-ниокот Андреј Петров, а сегашниот свој шеф, Стевчо Јакимовски го смета за инспиратор и реформатор на општинската администрација, со која на чело, во два мандата ги дели маките и ловориките, среќна што нејзиниот Карпош е знаменосец на локалната самоуправа во државата.

М. Р.-В.Ц.

Данче-„Кралицата“ на протоколот

24 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш24

Дoнирани 348 единици крв

Хуманитарни акции

НОВ КРВОДАРИТЕЛЕН РЕКОРД ВО КАРПОШ

Општина Карпош повторно го собори рекор-дот во доброволно дарување крв. Имено во акцијата по повод јубилејот-35 години

Карпош, која беше организирана на 27 и 28 ок-томври, беа собрание 348 крвни единици, што е најдобар резулатат од сите акции постигна-ти годинава. Ова ни го потврдија и докторите од Институтот за трансфузиона медицина д-р Горан Андонов и д-р Елена Ристовска, кои ис-кажаа задоволство од одзивот на карводарите-

ли до Општина Карпош, каде традиционално се одржуваат мошне успешни акции од страна на Секторот за развој.Во акцијата која ја организираа заеднички Општината, Црвениот крст на Македонија и Институтот, на две локации во Карпош ( во ста-рата и во новата општина) имаше и 45 прво-кратни дарители што е извонреден успех,а 55 потенцијални дарители беа одбиени од разни причини.

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 2525

Хуманитарни акции

26 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Хуманитарни акции

„Општина Карпош е општи-на на солидарноста, изгра-дена во 1963 непосредно по земјотресот, од средствата на тогашната југословенска и свет-ската заедница. Токму затоа Општината, поточно нејзините граѓани не смеат да заборават да бидат солидарни кон своите сограѓани кои се нашле во зо-ната на социјален ризик и кои немаат доволно средства да го прехранат своето семејство“. Ова го изјави градоначални-кот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски пред супермарке-тор „Веро“ во Тафталиџе, кога на „солидарниот штанд“ донираше продукти во рамки те на хума-нитарната акција на Општина Карпош „Да бидеме солидарни со своите сограѓани“.

„Вакви акции, рече Јакимов-ски, Општината организира три пати годишно, а оваа која ќе тече денес и утре низ 14 супер-маркети кои се на територијата на Карпош, е по повод јубилејот 35 години од постоењето на Општина Карпош. Тој ги повика сите граѓани кои пазарат да до-нираат нешто за сиромашните соседи. Вообичаено при вакви акции се донираат прехранбе-ни продукти и хигиенски сред-ства за едномесечна употреба на едно четиричлено семејство, рече Јакимовски.

Акцијата продолжи пред маркетите на „Веро’, „Тинекс“, „Тедико“, „Кам Маркет“, СП-Маркет и другите поголеми маркети во Општина Карпош.

В.Ц.

Да не ја заборавиме СОЛИДАРНОСТА

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 27

„Дали Пом“ (Куманово) е годинешниот освојувач на трофејот на „Сокол“.на XIV-тиот турнир во мал фудбал „Сокол 2011“.Четири најдобри екипи, си ги одмерија силите во полуфиналето и тоа: „Дали Пом“ (Куманово) – „Сук Импекс“ (Скопје) 2:0 „Црна Река“ (Кавадарци) – „Жито маркети“ (Велес) 5:4.

Во пресметката за третото место меѓу „Сук Импекс“ (Скопје) – „Жито маркети“ (Велес ) 1:0 поуспешно беа скопјаните и заслужено се најдоа на пиедесталот. Најфер плеј-екипа „Жито марке-

ти“ (Велес) Најдобар играч – Зоран Левески („Дали Пом“) Најдобар стрелец – Драган Петровиќ „Дали Пом“ Најталентиран млад играч – Драган Петровиќ „Дали Пом“ Најдобар голман – Берат Јакупи „Сук Импекс“ Оваа година за прв пат во рамките на турни-рот „Сокол“ се одржа и „Јуниор куп“ на кој настапија дечиња до 12 години. Во малото финале се сретнаа екипите на „Петлиња“ и „Форца“ каде што поуспеш-ни беа „Петлиња“ и заслужено го освоија провото место на „Јуниор купот Сокол 2011“.

Кумановци го освоија годинешниот „СОКОЛ“

Со врачување на пехари и па-рични награди за победниците, како и дипломи за сите уесници, во Карпош заврши дводневниот меѓународен шаховски турнир, организиран во чест на роденде-нот на Општината. Турнирот кој се одржа по по-вод јубилејот се играше два

дена, и беше составен од два дела:првиот –аматерскиот дел и вториот кога се натпреваруваа шахисти -професионалци по т.н. швајцарски модел. По првиот ден на кои настапија 48 натпре-варувачи, првото место го освои Сашо Ефтовски, второт му при-падна на Агим Шемшиу, а трето-

то на Зоран Мукаетов.Во натпре ва ру ва њето на

ш а х и с т и - п р о ф е с и о н а л ц и настапија 43 учесници, а по-бедник во овој дел на турни-рот беше интернационалниот мајстор Марко Кривокапиќ од Црна Гора, второто место му при падна на велемајсторото Зоран Станојоски и третото на Филип Панчевски. По по-вод победите на овој турнир, во наградите на првопласи-раните свечено им ги предаде градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски,кои им честиташе на успехот и ги повика на повто рна средба на друг нареден шаховски турнир во Општината. Тој му врачи пе-хар и на најмладиот чесник на турнирот Никола Николовски од Скопје. В.Ц.

Марко Кривокапиќ победник на шаховскиот турнир во Карпош

Како славиме

28 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Стипендирани талентирани ученици за учебната 2011/2012 од општинските основни училишта

I КАТЕГОРИЈА 3500,00

II КАТЕГОРИЈА 2500,00

III КАТЕГОРИЈА 1500,00

Моника Ѓеорѓиевска Вера ЦиривириИван Манасов Вера ЦиривириЛеон Шулајковски Петар Поп АрсовЈована Цониќ Петар Поп АрсовАлексеј Шулајковски Петар Поп АрсовТеодора Јолаковска Владо ТасевскиТамара Ѓорѓиева Владо ТасевскиТамара Тодорова Димо Х.ДимовКристина Симовска Војдан ЧернодринскиТијана Додов Јан А.КоменскиИвона Апостоловска Лазо ТрповскиАндреј Тасев Лазо Трповски

Моника Ѓеорѓиевска Вера ЦиривириИван Манасов Петар Поп Арсов Леон Шулајковски Петар Поп АрсовЈована Цониќ Петар Поп АрсовАлексеј Шулајковски Аврам ПисевскиТеодора Јолаковска Аврам ПисевскиТамара Ѓорѓиева Владо ТасевскиТамара Тодорова Владо ТасевскиКристина Симовска Владо ТасевскиТијана Додов Владо ТасевскиИвона Апостоловска Христијан Т.КарпошАндреј Тасев Димо Х.Димов Димо Х.Димов Димо Х.Димов Димо Х.Димов Братство Братство Војдан Чернодрински Јан А.Коменски Јан А.Коменски Лазо Трповски Лазо Трповски

Вера ЦиривириИван Манасов Петар Поп Арсов Леон Шулајковски Петар Поп АрсовЈована Цониќ Аврам ПисевскиАлексеј Шулајковски Аврам ПисевскиТеодора Јолаковска Владо ТасевскиТамара Ѓорѓиева Владо ТасевскиТамара Тодорова Владо ТасевскиКристина Симовска Владо ТасевскиТијана Додов Владо ТасевскиИвона Апостоловска Димо Х.ДимовАндреј Тасев Димо Х.Димов Димо Х.Димов Димо Х.Димов Војдан Чернодрински Ј. А. Коменски

Моника Ѓеорѓиевска Иван Манасов Леон Шулајковски Јована Цониќ Алексеј Шулајковски Теодора Јолаковска Тамара Ѓорѓиева Тамара Тодорова Кристина Симовска Тијана Додов Ивона Апостоловска Андреј Тасев

Мила ГроздановскаМарија БошковскаРоберт Јованов Сара ПоповскаСтефан БожиновскиАндреј БожиновскиМоника ФиданчевскаНаталија СотировиќФилип ВелковТијана ЈанковскаЕмануел НиколиќЉупка НамичеваВладимир ТасевскиИрена ДојчиновскаАња Велкова Леонид ТанасковиќХава ХусениЈована КртолицаБојан Ѓорѓиоски Софи ЛазовскаЛеон ГуцуљФилип Кочовски

Бојан СтолескиМихаела СтојановскаКирил ПетковФилип ПетрушевскиДамјан ВасилевскиКатерина KолчаковскаЃорѓи ЈовановскиАнастасија МуратовскаАнгела СтојчевскаМирјана ДимитриевскаБојана ПетровскаВикторија ЛазоваМартина ПетревскаАна ЧерепналковскаАнтоанета Гелевска Јана Чубриноска

Образование

Еден од слоганите по кој се препознава Општина Карпош е „Карпош има иднина“. А иднина-та на Карпош се младите.Токму затоа тие го заземаат централ-ното место во речиси сите пла-нови, планирања, манифеста-ции и активности на Општината.

Општината, од друга страна пак, знае да мисли на нив и да се грижи за нив.Пред се да ги под-држува во нивниот напредок и развој. Токму затоа Општината востанови годишни стипендии за најталентираните ученици кои имаат докажан успех во раз-

лични сфери од образованието.Тоа се ученици од седмо и осмо одделение од сите десет основ-ни училишта кои функционира-ат на територијата на Карпош.Педесеттина од нив и годинава се добитници на стипендии за талентирани ученици.

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 29

ПрозаПрво место„Среќен 35 ти роденден моја општино Карпош“„ Наталија Сотировиќ –ООУ„Владо Тасевски“

Второ место „35 ти роденден на нашата општина“Ангелина Цветковска- ООУ„Хриостијан Тодоровски Карпош“

Трето место „Среќен роденден Карпош“-Лео Кралевски ООУ„Вера Циривири Трена“

Образование: Литературен конкурс 2011

СпотПрво место учениците од ООУ Војан Чернодрински

Второ место учениците од ООУ Лазо Трповски

Трето место учениците од ООУ Димо Хаџи Димов Посебна награда учениците од ООУ Петар Поп Арсов

ПоезиjаПрво место„Нашата општина“ Деана Андоновска –ООУ„Лазо Трповски“ Второ место „Мојата општина“ Тијана Лазаревска-ООУ„Аврам Писевски„ Трето место „35 ти роденден на мојата општина“Тамара Ѓорѓиева- ООУ„Владо Тасевски“

ФотографијаПрво место Бојана Ѓорѓиева ООУ„Лазо Трповски“

Второ место Маја Соколовиќ и Емилија Јаневска ООУ„ Владо Тасевски“

Трето место Димитри Димовски ООУ „Владо Тасевски“

Наградена композиција Ангела Ѓорѓиева ООУ„ Владо Тасевски“

Наградена идеја Марио Ташковски ООУ„ Братство“

Квиз ФиналистиООУ Петар П оп АрсовООУ БратствоООУ Владо Тасевски

Нашата општина

Деана АндоновскаVIII б одд.

Велат дека и порано убава била.Вардар на два брега-птица со две крила.Првата љубов се раѓала таму,И животот си течел оттогаш наваму.

Но сега е сета како винижитоВо бои сјајни и со изглед питом.Училишта нови, патишта амбулантиИгралишта за деца, клупи и зелени канти.

Лете, кога светлата полека се палатИ ко светулки ноќта ја галатСе слушаат нејзините весели звуци.Ќе ги одгледаме овде и нашите внуци!

Општино моја, семејство големо мое!Во тебе живеат луѓе за кои нема мое и твое!Биди ми весела, биди ми здрава,Води не низ животот по патека права.

30 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Бесплатно мерење на очниот притисок за граѓаните на Општина Карпош

Интернационалниот клуб „Добредојде Ма-ке донија“ (Macedonia Welcome Centar) кој се наоѓа и дејствува на територијата на општина Карпош, заедно со „Систина – Офталмологија“ организираше акција за бесплатно мерење на очниот притисок, како и давање совети за гри-жа на видот. Околу 160 граѓани добија бесплат-но мере ње на очниот притисок и проверка на видната функција од страна на медицинската екипа на „Систина – Офталмологија“. Од пре-гледаните пациенти кои беа на воздраст над 45 години, околу 20% им се утврдија вредно-сти на висината на очниот притисок, кои бараат итна или задолжителна контрола и посета кај специјалист офталмолог, 10% од пациентите имаа веќе дијагностицирани проблеми со очи-те со кои истите веќе беа запознаени и добија совети за понатамошно лекување и хируршко решавање на болестите. Oстанатиот дел од па-циентите беа информирани како и со какви оп-тички помагала можат да си го подобрат видот.

Заврши обуката за прва помош и пожари

Со обука за укажување на прва медицинска помош и правилно ракување со противпожар-ни апарати и хидранти за брзо и навремено локализирање на почетни пожари, (овој пат од-ржана за вработените во администрацијата), во просториите на Општина Карпош завршија предвидените обуки спроведени од страна на фирмата „Хелиум ДОО“.

Имено, станува збор за обуки кои се составен дел од Програмата за работа на Одделението за заштита и спасување на граѓани и материјални добра 2011 год, а според Законот за заштита и спасување се обврска на секоја општина, да ги спроведе меѓу утврдени целни групи кои посе-дуваат вакви апарати.

Обуката се спроведе од 19. 9. – 27. 9. 2011 год. на седум локации, при што беа обучени око-лу 250 вработени и тоа оние од општинската администрација, како и вработените од основ-ните училишта и детските градинки кои рабо-тат на подрачјето на Општина Карпош.

Сите учесници на обуката потоа добија серти-фикати од фирмата обучувач, за ракување со апаратите и првата помош.

„НЕ“ за зонско паркирање во „Лептокарија“Граѓаните од станбениот дел на ТЦ „Карпош 3“ се изјаснија:

„Не“ за зонското паркирање во овој дел од општината.Имено, на 21 септември беше спроведена анкета во ТЦ Карпош

3 (Лептокарија) која требаше да го покаже расположението на станарите од тој дел на општината околу воведувањето на т.н. зонско паркирање. Анкетата ја извршија заеднички екипи на ЈП “Градски паркинг” - Скопје и Општината Карпош, а беа анкетира-ни сите станари кои беа во своите домови во периодот од 18 до 20 часот.

Петте екипи од по два члена (претставник на Општината и претставник на Градски паркинг) добија пополнети 192 анкетни листа. Резултатите од анкета-та недвосмислено покажаа дека мнозинството на граѓани кои живеат на таа локација не сакаат воведување на зонско паркирање, односно 62,5% гласале „против“, а 37,5% биле „за“.

Вести

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 31

Донација на прва помош и противпожарни апарати

Општина Карпош, во сите основни училиш-та и детски градинки на нејзиното подрачје, донираше 35 комплета нови ормани за прва медицинска помош целосно опремени со ме-дицински материјал и 35 противпожарни апа-рати. Донацијата е обезбедена со финансиски средства од буџетот на Општината, во висина од 200.000 денари, и е заснована врз барањата на Законот за заштита и спасување, со цел за квалитетно овозможување на прва медицинска помош и противпожарна заштита во посебни пригоди кога за тоа ќе се укаже потреба.

Исто така, Општина Карпош почна со заме-на на старите и дотраени противпожарни апа-рати (постари од 25 години) во основните учи-лишта и детските градинки. Во првата фаза се набавени нови 35 противпожарни апарати за оние места каде што се најнеопходни, одно-сно први кои ќе се заменат се оние што ги по-сочи овластената фирма за противпожарна заштита, а во наредните години постепено ќе се заменат сите дотраени апарати.

Поради дотраеност се набавени и пет ком-плета хидрантски црева со млазница кои исто така ќе се донираат во институциите каде што за тоа има најнужна потреба.

Се одржа петтата по ред Меѓународна ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Традиционално, мла ди сликарски таленти од де-сетте основни училишта во општина Карпош и од петте пријателски и збратимени општини на Општина Карпош: Нов Белград – Белград, Три-ја дица – Софија, Тиват – Црна Гора, Стари град и Травник од БиХ, какои од Словачка учеству-ваа на ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ .Околу 20 млади сликари од училиштата од Карпош и 15 од странство сликаа со акрил-ни бои на платно мотиви од манастирот „Св. Пантелејмон“ и од другите културни знамени-тости на градот Скопје.

Младите уметници своите платна ги поставија во Т.Ц.Лептокарија. Колонијата ја прогла-си за отворена, градоначалникот на општи-на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече дека „Карпош постојано инвестира во својата иднина, а нејзината иднина се токму младите. Општината во секое време е подготвена да ин вестира во ентузијазмот и на професорите по ликовна умет-ност и во младите таленти, а како доказ за тоа е организирањето и оп сто ју вањето токму на оваа ликовна колонија која од година во година доби-ва на масовност, но и на квалитет.“

„Од цвет на цевет, со оро и песна“XV-от јубилеен Меѓународен детски фолклорен

фестивал „Од цвет на цевет, со оро и песна“ кој тра-диционално се одржува во Општина Карпош,оваа година, беше единствен по многу нешта. Покрај де-цата–играорци од Унгарија, Полска и Србија уче-ствуваа и повеќе од десетина фолклорни друштва од Македонија кои го збогатија јубилејот.

Годинава за прв пат фолклорните ансамбли од-ржаа концерти во самите училишта во Карпош, при што ги посетија училиштата „Петар Поп Арсов“ и „Јан Амос Коменски“. На тој начин младите фолклорци, на самото место, пред своите другарчиња ја презенти-

раа својата национална култура и традиција, а и повеќе се зближија и дружеа со своите врсници.

Вести

32 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Спорт

Општина Карпош во целост го финансираше настапот на Томи Јаневски на Европското првен-ство во пинг-понг „Сплит 2011“ за лица со по-себни потреби. Ова официјално беше соопште-но на конференцијата за печат која се одржа по повод заминувањето на Томи Јаневски на овој меѓународен спортски настан. Општина Карпош во континуитет ги поддржува лицата со посебни по-треби, како и спортистите, а токму тоа е и случајот со Томи Јаневски со кој соработува со години како преку невладиниот сектор така и преку поддршката во неговите спортски настапи.,изјави во таа приго-да градоначалникот на Карпош.

Во тој контекс, Општина Карпош издвои од својот буџет средства од околу 1200 евра за неговото уче-ство на Европското првенство во Сплит кое се од-ржа од 19-23 октомври. „Со ова како Општина сакаме да дадеме целосна поддршка и поттик на лицата со посебни потреби да го негуваат спортскиот дух што придонесува да го подобрат нивното психофизичко здравје“ изјави Јакимовски. Инаку, Томи Јаневски од неодамна е и вработен во Општината. „Јас сум еден од тројцата претставници на Република Македонија на Европското првенство во пинг-понг во Хрватска.

Се натпреварувам во најтешката категорија со нат-преварувачи од 31 земја рангирани во 11 категории. И се заблагодарувам на Општина Карпош која ме поддржа како нејзин граѓанин во текот на подготов-ките и настапот на ова првенство. Јасу сум борец и ветувам дека ќе се обидам што подобро да се пла-сирам. Евентуалното освојување на медал за мене ќе значи и директен пласман на параолимпијадата во пинг-понг“, изјави Јаневски.

Во преполната сала „Форца“ во Тафталиџе, во која присуствуваа над 1.000 деца од сите ос-новни училишта на територијата на Општина Карпош, на 14-ти октомври официјално стартуваа јубилејните, десетти по ред, училишни спортски игри „Карпош 2011“.

Училишните спортски игри, кои веќе трета година прераснаа во лига натпревари, ги про-гласи за отворени градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода рече: „Оваа година очекуваме најмасовен одѕив и учество на околу 450 деца, ученици во десетте

основни училишта на општина Карпош и од при-ватното училиште ,Нова‘.

Очекуваме темпераментни и фер борби, кои кај младите ќе го разбудат натпреварувачкиот спортски дух, желбата за победа но и искуството да поднесат спортски пораз.

Ги поканувам годинешните предизвикувачи во трите спорта, од сите десет училишта од Карпош и од ,Нова‘, да се обидат да ги победат лански-те шампиони во фудбал и во одбојка-девојки – ОУ ,Петар Поп Арсов‘, и во кошарка ОУ ,Владо Тасевски‘“, порача Јакимовски. Со дуелот меѓу „Петар Поп Арсов“, минатогодишниот победник на лигата во фудбал, екипата на „Владо Тасевски“, пред вжештена навивачка атмосфера на фуд-балските фанови од Карпош се одржа и први-от натпревар од годинешнава училишна лига. Инаку, натпреварите годинава се збогатени и со вклучување во игрите и на најинтелигентниот спорт – шахот.

Училишните спортски игри, на кои ќе настапат 38 екипи, ќе се одржат во два турнуси, есенски и пролетен дел, и ќе траат до крајот на учебната година.

Стартуваа десеттите училишни спортски игри „Карпош 2011“

Томи Јаневски на Европското првенство во пинг-понг „Сплит 2011“

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 33

К.К.„Карпош Соколи 2000“„Херкулес“ Клуб за фит-нес и боди билдинг Академија за те-нис „Крстевски“Пливачки клуб „Карпош“К.К„Водњаски лисици“Мото Клуб „Сакамото“Ф.К. „Локомотива“Ф.К. „Лепенец“Одбојкарски клуб „Вардар“Одбојкарски клуб „Вардар“ (ж)Одбојкарски клуб „Форца“Шаховски клуб „Карпош“Пливачки клуб „Акватик“Ракометен клуб „Велкова 5“Шаховски клуб „Гамбит Асеко“Ф.К.„ Алумина“Пинг-понгарски клуб Влае

Спорт

СПОРТИСТИ ПОЕДИНЦИ 2011/12

КошаркаПавел ЈосифовскиФилип Бакоч

ЏудоОмер Сулејмани

КаратеСандра ЈаневаНикола

ДимитријевиќСара РадичевскаМери РадичевскаМарко СекуловскиЕмануел РистевскиСара ГичевскаСимона ЗаборскаМоника

Стефановска Пливање

Деа КалајлиовскаЈаков ЈовановВања ЈовановаЕва БарамачеваКонстантин БитраковДамјан Петровски

Сандра ИвановаСтефан ЈакимовскиСтефан Стојановски

ПланинарењеИлија Циривири

Боди БилдингАлександра

Маџаровска Бадминтон

Ведран ЗдравковскиДеа ЗдравковскаМарко НакиќВасил ПујовскиДрагана

ВолкановскаИрина ЈанкуловскиХристијан Волкановски

ТенисИвана ТасевскаДавид Мицевски

ОдбојкаБисера РистевскаИвана Пејовска

КартингРисто Вуков

АтлетикаСтојановски Александар

Пинг понгЈулија ВесковскаМагдалена

Ташковска Тријатлон

Стојан Поповски Скијање

Антонио Ристевски Фудбал

Тодор НиколовскиДавид Петковски

ТријатлонСимона Терзин

КикбоксАлександар

СтојковскиРакомет

Никола Даниловски

М А Т Е Р И Ј А Л Н А П О Д Р Ш К А

СПОРТСКИ КЛУБОВИ 2011/12

Ги следиме успешните спортистиОпштина Карпош е докажан поддржувач на спортот и спортистите, како во индивидуалниот, така и

во масовниот спорт. Токму затоа секоја година Општината од сопствениот буџет издвојува значителен дел од средствата за финансиска поддршка на младите спортисти.Тие се нашиот најдобар амбасадор и достоинствено ја претставуваат земјата и општината ширум светот. Тие се и најдобриот учител на сите млади поколенија како преку спортскиот дух што го носат во себе, во победа и во пораз, така и со примерот за здраво живеење и пријателско дружење.

Во таа насока, и годинава Советот на Општина Карпош додели едногодишни стипендии на таленти-рани спортисти и финансиска поддршка на спортски клубови од територијата на општината.

34 К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш

Општинската администрација на Карпош, ро-денденот го прослави, покрај другото, и работно со есенско чистење на општината.Притоа се со-бираа отпадоци, лисја, искршени гранки во трев-натите површини, по улиците,под зградите, во училишните дворови. Во акцијата беа вклучени 150 вработени во администрацијата на локалната власт,распоредени во 15 работни групи.

во акцијата беа опфатени урбаните заедници: Влае 1 и Влае 2, Карпош 3 и Карпош 4 и Тафталиџе 2, Карпош 1 и Карпош 2, Тафталиџе 1, „Владо Тасевски“,„Пецо Божиновски Кочо“, „Кузман Јосифовски Питу“ и Нерези.

Есенско чистење на КарпошЕколошка акција

К А Р П О Ш У Р Б А Н Б Р О Ј 1 1 С Е П Т Е М В Р И - О К Т О М В Р И 2 0 1 1 О П Ш Т И Н А К А Р П О Ш 35

Анкета

АМИД АЛИЕВ, ПЕНЗИОНЕРПоубаво, здравје

Јас во Општината, овде во населбата Нерези живеам од 1949 г. и не можам да се пожалам на ништо. Ние, овде отсекогаш живеевме убаво, а сега многу работи се променија на подобро. Ги асфалтираа улиците, направија убави тротоари, а гледам дека многу се работи околу обновување на училиштата. Што друго да ви кажам, освен дека од ова нема поубаво во смисла како ни е уредена Општината. За нас пензиоерите не е лошо, пензиичката е редовна и се живее и да се надеваме дека ќе биде уште подобро.

ВЛАДО ЈОВЧЕВСКИ, ПЕНЗИОНЕРНие сме европска општина

Сметам дека не е фалење ако се каже дека на-шата Општина е најубава на територијата на град Скопје. Впрочем, за тоа дека Општината Карпош ур-бано е најсредена веќе се зборува и се знае во цела Македонија. Имаме среќа што за градоначалник го имаме г. Стевчо Јакимовски. Некои го критикуваат, некои му завидуваат, имаат и забелешки за некои ра-боти, но ако зборуваме реално тоа што тој во своите два мандати го направи, може да се види на секој че-кор. Лично сметам дека локалната самоуправа треба малку поопстојно да се позанимава со ситни кому-нални работи сврзани за фекалната канализација, конкретно на нашата зграда овде во Тафталиџе.

НАТАША ЛОПАРСКАОпштината ни е според европски стандарди

Убаво е што ми давате прилика јавно да го из-разам она што го чувствувам и мислам за урбани-от амбиент во кој живеам речиси четири децении. Според мое мислење Општина Карпош е сосема блиску до европските стандарди на една модер-на заедница на локална самоуправа. Јас тоа би го појаснила со следниве зборови: „Нашата Општина, во секоја смисла го одразува моето сфаќање како треба да изгледа еден урбан амбиент примерен на потребите на секој граѓанин. Партиски не сум определена, но му ги упатувам сите комплименти на актуелниот градоначалник бидејќи знам дека сите работи во една општина, добри или лоши, зависат од челниот човек на Општината, секако со комплетна поддршка, разбирање и почит од граѓаните кои живеат во истата”.

ЧЕСТИТ РОДЕНДЕН КАРПОШ